28
Правен систем и правни гранки Поим и значење на системот на правото Најпрво правото го разгледуваме како посебна општествена појава. Како такво, правото реално посои во општествениот живот како што постојат и моралот, обичајот, државата, општествените организации и целото општество, како целина. Од овој аспект, правото не се изучува само од правните туку и од многу други општествени науки. Од втор аспект, правото се изучува како збир од правни норми и човековото однесување според тие норми. Во рамките на ова се зборува за правни норми, правни акти и правни односи според кои луѓето се должни да постапуваат. Доколку така не постапуваат, тогаш тие се сметаат за прекршители на нормите содржани во разните видови акти со кои се воспоставуваат различни видови правни односи и тогаш за нив следува санкиција. Во овој случај, под поимот право се подразбира целината на правниот поредок. Третиот аспект е изучувањето на правото, како систем од општи правни норми, логично средени во една непротивречна целина – тоа е системот на правото. Значи под систем на правото се подразбира збир од општи правни норми средени според определени критериуми во определени помали или поголеми групи, целини, така што тие претставуваат единствена и непротивречна целина. 1

Правен систем и Правни гранки

Embed Size (px)

DESCRIPTION

praven sistem i pravni granki

Citation preview

Page 1: Правен систем и Правни гранки

Правен систем и правни гранки

Поим и значење на системот на правото

Најпрво правото го разгледуваме како посебна општествена појава. Како такво, правото реално посои во општествениот живот како што постојат и моралот, обичајот, државата, општествените организации и целото општество, како целина. Од овој аспект, правото не се изучува само од правните туку и од многу други општествени науки. Од втор аспект, правото се изучува како збир од правни норми и човековото однесување според тие норми. Во рамките на ова се зборува за правни норми, правни акти и правни односи според кои луѓето се должни да постапуваат. Доколку така не постапуваат, тогаш тие се сметаат за прекршители на нормите содржани во разните видови акти со кои се воспоставуваат различни видови правни односи и тогаш за нив следува санкиција. Во овој случај, под поимот право се подразбира целината на правниот поредок. Третиот аспект е изучувањето на правото, како систем од општи правни норми, логично средени во една непротивречна целина – тоа е системот на правото.

Значи под систем на правото се подразбира збир од општи правни норми средени според определени критериуми во определени помали или поголеми групи, целини, така што тие претставуваат единствена и непротивречна целина.

1

Page 2: Правен систем и Правни гранки

Правен систем и правни гранки

Видови на правен систем

Секоја земја има свој посебен правен систем. Тој се разликува во одделните земји главно по некои свој обележја и карактеристики. Тие разлики произлегуваат од конкретната содржина на општествените односи кои што егзистираат во една земја, од културата, традицијата, историските услови како и од степенот на економската развиеност. Покрај разликите постојат и определени сличности. Сличностите и разликите помеѓу правните системи се правило, а не исклучок. Тоа пак ја стеснува можноста за нивно класифицирање т.е. според кои критериуми тоа може да се врши. Во практиката попознати и почесто применувани критериуми според кои се врши класификацијата на правните системи се: етиката, моралот и методот во правото. Тргнувајќи од нив предмет на нашата глобална анализа ќе бидат европскиот континентален систем, англосаксонскиот континентален систем и правниот систем на исламското право.

а) Евопски континентален правен систем – својот почетен развој го доживеал главно во три европски земји: Германија, Франција и Италија, за да покасно тој почне да се развива во другите земји на европскиот континент и во него како на пример во Африка, Азија и Латинска Америка. Во основата на овој систем е рецепцијата на Римското право. Неговата главна карактеристика се состои од тоа што тој се заснова врз пишаното и кодифицираното право, при што главен правен извор е законот и другите пишани општи правни акти. Во рамките на овој систем улогата на обичајот и судската практика се занемарени. Со буржоаските револуции, кој се изведоа во споменатите и другите земји дојде до значајни промени во односот на системот на правото, односно т.е. пишано право. Со тие промени се укинаа бројни феудални правни институции, а се изврши етаблирање на законот како основен извор на правото. Кодифи-кацијата на одделни закони по области се наметна сама посебе. Во случа-чајов би ја споменале кодификацијата од поголем обем изразена во создавањето на тн европско континентално право. Современите фази од развојот на овој систем коинцидираат со општите напори за развој на законодавството и вршење на помали или поголеми коификации. Она што е значајно и карактеристично за овој систем особено во современата фаза е тоа што освен законот како основен извор на правото се позначајна е улогата на подзаконските прописи во регулирањето на одделни општествени односи, дури и нешто повеќе како забележлива генерална тенденција во современите услови на овие земји е користењето и примената на институтот ,, делегирано законодавство“ со кои што на управните и извршните органи им се дава генерално овластување со свои-те акти да регулираат бројни и значајни општествени односи. Со подзаконските прописи не само што се врши дооперационализирање на

2

Page 3: Правен систем и Правни гранки

Правен систем и правни гранки

определени законски норми, туку воедно подзаконските прописи се јавуваат како оргинални извори на правото во регулирањето на одделни значајни општествени односи и подрачја. Според овој систем правото е поделено на три глобални подрачја и тоа:

-Јавно право – претставува таков систем на правото кој се однесува на оние правни гранки и правни институции со кој се определува статусот, положбата и улогата на државата во целина и одделните нејзини органи.

-Приватно право – го регулира режимот и односите помеѓу граѓаните како физички субјекти, правните и другите субјекти на правото како носители на права и обврски утврдени со закон.

-Внатрешно право – е право кое ги регулира односите кои се остваруваат во внатршниот живот на определна земја.

-Меѓународно право – ги регулира односите и проблемите во правниот сообраќај кој настануваат помеѓу две или повеќе држави. Овој вид на право особено добива интензитет и значење со засилувањето на меѓународните односи и врски помеѓу државите на политички, економски, културен и друг вид на план. Денес се поголем број на држави склучуваат билатерални и мултилатерални меѓународни договори како основни инструменти преку кои се остварува и меѓународното право. Во современите услови се поголем е бројот на земјите во кои што меѓународните договори се повеќе стануваат значаен извор и во домашното право.

-Материјално право – може да се подразбере како збирот од правни норми, чијашто содржина се изразува во регулирањето и однесувањето на луѓето и нивните правни односи.

-Формално право – е збир од правни норми со кои се регулираат процесните дејствија со кои практично се остваруваат целите и содржина-та на нормите на материјалното право.

б) Англо-саксонски правен систем – овој систем се развива постапно и самостојно без соодветно влијание на европскиот систем. Земја колевка на неговата појава е Англија, а покасно тој своето влијаниего проширува на многу земји во кои што основен јазик на комуникација е англискиот. Неговата фундаментална специфичност е превласта на обичајот над сите други извори на правото. Инструмент преку кој се остварува примената на обичајот се одлуките кои ги донесуваат надлежните судски органи. Бидејќи обичајот и воопшто прецедентното судско право се доста крути и тешко променливи што во практиката доведува до противречност и судир со општествениот развој и општествените односи кој во основа се динамични, еволуциони и променливи. Иако овој систем претежно и во прво време е прифатен во Англија, а потоа и под нејзино колонијално влијание и во САД, покасно и особено во современите услови и во други останати земји, сепак е забележливо дека постојат определени разлики особено во двете водечки земји во овој систем Англија и САД. Англиското право се создаваше без влијание и рецепција на некое друго

3

Page 4: Правен систем и Правни гранки

Правен систем и правни гранки

право. За него е карактеристично создавањето врз изворни принципи, без био каква рецепција на примеси на право на други држави. Во однос на создавањњето се смета дека англиското право е продукт на обичаите и традициите на англиската практика. Во однос на создавањето на судските органи и особено нивните одлуки не спорно е дека тие представуваат не само основа како во создавањето, така и во примената на правото. Врз тие основи е создадено тн common law (општо право). Наспроти тоа, правото на САД се создаваше под силно влијание на Англија и нејзиното англиско право. Освојувајќи го американскиот континент англиските колонизатори со ,,себе” го носеа и своето англиско право и познатите англиски традиции. Поради овие причини, сосема е разбирливо во тоа време американскиот правен систем да се развива и изведува под силно влијание на англискиот правен систем. Но, со понатамошниот развој, особено на економски план, се повеќе се забележува тенденцијата на извесно оддалечување на американското од англиското право. Така, денес на територијата на САД место англискиот позитивизам се забележува теоријата на природното право и народниот суверенитет. Посебно донесувањето на пишаниот устав одигра пресудна улога во дизајнирањето на американскиот правен систем, при што место обичајното право се повеќе во своето значење добива и пишаното право изразено во законите и посебно подзаконските прописи што ги донесува американската администрација. Сето тоа наведува на констатација на извесно доближување на американското до европското право.

в) Исламски правен систем – е во примена претежно во дел од исламските земји. Таму каде што се применува исламското право, тоа постанува воедно и државно право, а во исто време и право на исламската вера. Она што претставува посебно обележје на овој вид на право е него-виот персонален карактер, што значи дека неговата примена е само во оние области од правото кој го регулираат личниот и семејниот статус на поединците и членовите на нивните семејства. Кај останатите видови на права, како што е стопанското и облигационото право во примена е она право кое соодветната држава го презела од други држави кој припаѓаат на европско-континенталниот или англо-саксонскиот правен систем. По својата суштина исламското право е комплексно право кое се јавува во повеќе варијанти од гледна точка на неговиот вид и неговата примена, бидејќи врз различни групи на секти се применува и различно право.

4

Page 5: Правен систем и Правни гранки

Правен систем и правни гранки

Елементи на правниотсистем

Системот на правото го изградува правната наука со содејство на практиката. Како и секоја целина, така и правниот систем се состои од определени елементи. Елементите на правниот систем мора да бидат така средени за да претставуваат непротивречни и истовремено, лесно употребливи целини. Појдовен дел при изградба на системот на правото е општата правна норма. Општите правни норми, дадени низ многубројни општи правни акти, науката ги групира во поголеми целини според нивната содржинска сродност. На тој начин, покрај утрдувањето на степенот на сродноста на одделни групи правни норми, науката врши систематизација според степенот на општоста на одделни видови норми кои влегуваат во основата на правниот ситем од кој поаѓаат помалку општите групи и правни норми за овие, во последна инстанца, да се разложат до поединечна правна норма. Групирањето на општите правни норми во поголеми целини, според нивната содржинска сродност, всушност значи соединување на нормите во одделни целини затоа што:

еден ист предмет во основа го регулираат на ист начин еден ист општествен однос или група од такви односи го

регулираат според исти основни начелаДоколку еден ист предмет или општествен однос се регулираат според различни основни начела, дотолку станува збор за две или повеќе различни групи норми кои тој предмет или однос го регулираат на различни начини, според различни начела. Во тој случај ке имаме и различни систематизирани целини. На пр. имотно-правните односи можат да бидат регулирани според различни начела, иако станува збор за ист вид општествени односи. Во еден случај, тие можат да бидат регулрани како слободни односи меѓу субјектите, во друг како принудно наметнати од државата. Нормите што ги регулираат односите на првиот начин ќе спаѓаат во гараѓанското право, а оние од принуден карактер во управното или казненото право. Разложувањето на правниот систем на одделни негови елементи во многу го олеснува сознавањето и практичното применување на правото. Освен разликите, постојат и многу допирни точки, што и овозможува помалку општите целини да се групираат во поопшти целини за, последниве, да го физиономираат правниот систем како целина. Според овој критериум ги разликувамње следниве три елементи на системот на правото: правна институција (установа), правна гранка и правна област.

а) Правна институција (установа) – е збир од повеќе истородни правни норми што регулираат еден ист општествен однос или помал негов дел засновано врз исти начела. Правната институција е најнизок дел или основен елемент на системот на правото. Институцијата е сочината од правни норми кои регулираат еден комлексен општествен однос. Така

5

Page 6: Правен систем и Правни гранки

Правен систем и правни гранки

на пр. збирот на норми што се однесува на брачните односи, ја создаваат правната институција брак. Тука пред се би влегле нормите кои определуваат што е бракот, под кои услови настанува, кој може, ако кој не може да стапи во брак, како тој се склучува, кој се меѓусебните права и обрски на брачните другари, како тој престанува итн. Во правото постојат многубројни правни институции. Еве уште неколку примери на правни институции: договор, купопродажба, сопственост, застареност, одржува-ње, семејство, старателство, посвојување итн. Правната установа е почетно групирање на правните норми, прво во обличување и групирање на нормите во изградбата на системот на правото. Од изнесените примери на правни установи може да се заклучи дека и меѓу нив постојат разлики. Така, некои установи се поопшти, а други помалку општи, некои се потес-ни, а други пошироки, некои се повисоки а други пониски. Ако не пример ги разгледаме институциите брак и договор, меѓу нив ќе забележиме и сличности и разлики. Најпрво, тие припаѓаат во различни правни гранки (бракот е институција во рамките на семејното право, а договорот во имотното право), затоа што поаѓаат од различни основни начела. Слич-носта меѓу нив е во тоа што и кај двете институции станува збор за слободно општествени односи од договорен карактер (нема изнудена принуда од државата, ни при склучување на брак, ниту при заклучување договор). Меѓутоа, договорот, за разлика од бракот, е повисока, поширока и поопшта правна устонова од бракот затоа што и бракот во кранја лини-ја, е еден посебен, специфичен вид договор.

б) Правна гранка – е збир од повеќе истородни правни установи,што регулираат ист вид општествени односи. Во системот на правото, прав-ната гранка се појавува како следна единица, односно како втор елемент по значајност и општост, затоа што правната гранка обединува повеќе сродни правни институции. Така на пример правната гранка семејно право ја сочинуваат правните институции што се однесуваат на семејството. Тука значи, освен правната институција брак би се изучувале и институциите: посвојување, старателство, семејство, односот помеѓу родителите и децата итн. Во правната гранка имотно право предмет на изучување би биле установите: сопственост, купопродажба, застареност, одржување договор итн. Правните институции кои се однесуваат на осно-вите на општествено-економскиот и политичкиот систем, како и на највисоките органи на власта во една земја, ја конституираат правната гранка уставно право, итн. Во постарите правни системи, поради слабата развиеност на правото постоеле и сразмерно помал број правни гранки. Денес, како резултат на се поголемата социјализација на општествените односи, значително е зголемена и државната интервенција и нејзината правна регулатива. Од тука и зголемениот број правни гранки во совреме-ните правни системи. За разлика од постарите правни системи, во кои најпрвин се разликувале само две правни гранки: казненото и граѓанското право, граѓанската правна наука воспоставува еден многу поразвиен правен систем со присуство на бројни правни гранки. Таа систематизаци-

6

Page 7: Правен систем и Правни гранки

Правен систем и правни гранки

ја, извршена според областите на општествените односи кои правно се регулираат, и покрај многуте напори да се надмине и да се воспостават нови систематизации – до денес не е надмината. Се разбира, во зависност од специфичностите на одделни правни системи, нужно ќе постојат и извесни разлики во систематизацијата на правните гранки на одделните правни системи.

в) Правна област – е најширокиот елемент на правниот систем. Таа е составена од поголем број на правни гранки, кои припаѓаат на иста област на општественте односи. Од тука поимот на правната област може да се дефинира како збир од норми со кои се регулираат цели области од оп-штествените односи засновани врз исти принципи и исти начела. Во рамките на тие правни области, правните гранки се соединуваат според определнеи свосјтва и карактеристики. Една од најизразитите примери за институцијата правна област е поделбата на внатрешното и меѓународно-то право, јавното и приватното, формално и материјално итн.

Главни правнигранки

а) Уставно право – претставува основна гранка на правниот систем. Позицијата на уставното право како основна и најзначајна правна гранка во правниот систем на една земја прозилегува од позицијата на уставот како основен, почетен и највисок правен акт во правниот поредок. Затоа, со право, некои автори, за уставното право велат дека претставува темел на правниот систем и дека од него произлегуваат останатите правни гранки. Со тоа во основа се исполнува и начелото на уставност на законите и пониските правни акти, начело кое треба да биде во основата на правната држава. Како гранка на правниот систем уставното право содржи норми кои ги регулираат уставно–правните односи во една земја. Тоа, по правило, се оние односи кои се од најбитно значење за остварување на функциите на правото, за остварување на интересите во општеството (тука, пред се, уставот, уставното право, ги регулира прашањата кои се однесуваат на правата и слободите на човекот и граѓанинот, организацијата на државната власт и општествено-економското уредување. Терминот уставно право за оваа основна и најважна правна гранка, не е секаде прифатен. Во еден поголем број земји од средна Европа во примена е терминот државно право. Во Западна Европа се употребува терминот конституционо право, што е идентичен на уставно право. Не е сеедно дали оваа правна гранка ќе ја наречеме уставно или државно право, зашто не е во прашање само терминолошки спор. Тука не се во прашање само национално-правните особености, туку и тоа дали во соодветната држава доследно се применети начелата на буржоаската револуција. Од тука, во земјите (пред се Германија), каде со голем отпор се прифаќаа начелата на буржоаската револуција и преку

7

Page 8: Правен систем и Правни гранки

Правен систем и правни гранки

називот државно право, се искажувата натценета и релативно поголема осамостоеност на државата во однос на народните маси. Говорејќи за уставното право како гранка на правниот систем на една земја не треба да заборавиме дека терминот уставно право се употребува и во друго значе-ње – како посебна наука. Уставното право како наука е поширок и покомлексен поим од уставното право како гранка на правниот систем.

б) Управно право – како гранка на правниот систем ги опфаќа прописите кои ја уредуваат организацијата и дејноста на државната упра-ва. Кога велиме дека управното право ја регулира дејноста на управата, тогаш должни сме да дадеме едно појаснување. Управните органи дејствуваат во својство на јавен орган само тогаш кога е во прашање остварување на јавен интерес, т.е. истапуваат како орган на власта. Пос-ледново значи дека на оваа волја и се подредени сите други субјекти (правни субјекти и приватни лица). Значи, во остварувањето на јавниот интерес нема рамноправност на волјите на субјектите – пред управните органи изнудена е покорноста од страна ан сите други субјекти. И, само во овие случаи имаме работа со управно право. Во сите други случаи кога управат се појавува како рамноправен партнер со другите субјекти во правото (на пример, купопродажба или лицитација на имот) не станува збор за управно право, зашто управата тука не се појавува како орган на јавна власт. За секоја современа држава која почива врз демократски на-чела, од особена важност е начелото на законитост во работењето на органите на управата. Тоа начело значи дека јавниот интерес што го остваруваат органите на управата, мора точно и исклучиво да биде определен во законските норми, а не и со подзаконски општи правни акти. На тој начин управата останува постојано врзана за највисокиот представничко-политички и законодавен орган како претставник на целиот народ, или барем мнозинството од населението во една држава. работата на органите на управата е регулирано со бројни и разновидни прописи. Тоа резултира од фактот што и самата управа дејствува во најразлични подрачја од општествениот живот. Во управното право, освен прописите за органиазија, надлежност и дејствување на органите на државната управа, влегуваат и прописите што ги регулираат управната постапка, управниот спор, прописите во врска со установите односно системот на општествените или јавните служби и др. Инаку, и за оваа правна гранка се применуваат два термина: управно и административно право. Првиот потекнува од германската правна терминологија, а вториот доаѓа од Западна Европа (поточно од Франција). Меѓу овие два назива освен терминолошка, донекаде постои суштинска разлика. Така, под административно право, акцентот е врз дејноста на чиновништвото, односно статусот на администрацијата, додека, со називот управно право акцентот се става и врз сите други што се наоѓаат во функција на управување.

8

Page 9: Правен систем и Правни гранки

Правен систем и правни гранки

в) Судско право – е гранка на правниот систем која содржи општи правни норми со кои се регулира организацијата и дејноста на судовите. Бидејќи дејноста на судовите опфаќа повеќе видови акти, а донесувањето на овие акти е регулирано со различни постапки кои се приспособени на соодветни видови акти. Тоа и нормите за постапките влегуваат во судското право. Постојат следниве видови судски постапки:

парнична постапка

казнена судска постапка

вонпарнична постапка

извршна постапка

Во својата работа судските органи, слично на управните, непосредно ги применуваат општите правни норми врз чија основа донесуваат конкретни судски пресуди или решенија. Освен сличноста, меѓу судските и управните органи постојат и битни разлики. Најбитните разлики се состојат во тоа што судовите уживаат посебна самостојност и независ-ност, судовите не се подложни на хиерархиска потчинетост пред повисоките судски инстанци или други државни органи, изборот на судиите се врши на посебен начин и тн. Во многу земји, денес, покрај редовните судови, како државни органи (судови од општа надлежност, стопански и др. специјализирани судови) се воспоставуваат и други видови општествени судови (арбитражи, мировни совети и др.). Кај нас, во услови на постоење систем на поделба на власта, судската постапка во рамките, на едиствениот судски систем, ја вршат основни апелациони и врховниот суд на РМ. Наместо судови од општа надлежност (општиснки, окружни и врховен суд на РМ) и специјализирани судови (воени и стопански) дојде до обединување на функциите на овие судови во единствени судови. Институцијата која за прв пат е воведена кај нас (но не и непозната за други уставни сисеми – Франција и др.), а поврзана со организирањето на дејноста на судството е Републичкиот Судски Совет. Како орган на Републиката, тој не е суд, иако дејствува во рамките на судството. Тој не претставува ниту орган на заканодавната власт, ниту орган на извршната власт, туку како самостоен и независен, со прецизно утврден делокруг на работа и надлежност, дејствува во рамките на едиснтвениот судски систем кај нас. Во уставните и политичките системи на одредени земји, како посебни органи, постојат и уставни судови. Нивната задача е остварување на заштитата на уставноста и законитоста. Во некои земји, пак, контролата на уставноста и законитоста е дадена во надлежност на редовните судови. Меѓутоа, таа контрола ја вршат највисо-ките судови.

9

Page 10: Правен систем и Правни гранки

Правен систем и правни гранки

г) Казнено право – е правна гранка во правниот систем која ги содр-жи оние правни норми со кои се одредуваат казнените дела и нивните санкции. Казнените дела се противправни дела, што со закон се определе-ни како казнени дела и чии обележја се определени со закон. Како казнени дела се сметаат најтешките деликти од сите правни гранки, пора-ди што се издвојуваат од нив и создаваат посебна правна гранка – казнено право. Од тука и тесната поврзаност меѓу казненото право и сите други правни гранки со кои тоа е во тесна органска врска, затоа што казнено-правните норми всушност само ги дополнуваат другите правни гранки. Со оглед на тоа што казнено правните норми навлегуваат во такви човеч-ки, лични, општествени вредности што се од најголемо значење, казнено-то право, за разлика од другите гранки на правото, во најголема мерка ги ограничува применувачите на овие норми – тие да дејствуваат во строго определени рамки, со стриктно почитување на словото на законот. Тоа значи дека во казненото право најмалку е дозволено постоење на слобод-ни, диспозитивни, алтернативни, дискрециони диспозиции. Казненото право е една од најстарите правни гранки во системот на правото. Во него и најмногу се чувствува еволуцијата во сфаќањата во тоа што е казнено-правен деликт. Во таа смисла, постои суштинска разлика помеѓу традиционалното и современото казнено право. Промените се однесуваат на се поголемата хуманизација во сфаќањето на казнено правната санкци-ја. Таа, за разлика од традиционалната казнено правна наука, која почиваше врз два структурални елементи: казнено дело и казнена санкција, современото сфаќање во казнено правната наука поместува уште еден основен елемнт – извршител (сторител) на делото. Со вметнувањето на овој трет елемент во системот на казненото право се настојува да се отстрани сфаќањето за претпоставената вина на извршителот на казненото дело, кој сразмерно на стореното деликтно поведение, треба да се исплати, да биде накажан,аналогно на старото талонско начело: заб за заб, око за око, крв за крв. Со вметнувањето на елементот сторител на казненото дело, казненото право се определуваза тоа пред да се изрече казната за деликвентот, да се испитаат неговите лични својства (старост, пресметливост) од кој зависи неговата деликтна способност. Понатаму , се утврдува обликот на вината (заблуда, принуда, намера, мотив). Се испитува, исто така и евентуалното соучество на други лица при изврчувањето на деликтното поведение (соучесници, злосторничка група, поттикнување, помош, прикривање, наведување). Во врска со самото дејство, од посебна важност ќе биде и фактот дали деликтното поведение е извршено до крај или само во обид. Казнено правните санкции се делат на два вида: казни и мерки на безбедност. Казните се класични казнени санкции, додека мерките на безедност се санкции кои во казненото право се појавиле во последниве децении. Листата на човкови добра што со казната се одземаат е многу широка: од смртна казна и казна затвор (за дела со кои се нарушуваат добра од најголема општествена вредност) до парична казна и конфискација на имот. Смислата на овие казни е во застрашувањето како на сторителите

10

Page 11: Правен систем и Правни гранки

Правен систем и правни гранки

на казнените дела, така и на другите лица – такви дела да не се прават. Во последно време, примената на смртната казна се повеќе се стеснува, а во некои права таа потполно се исклучува, затоа што таа не може да исполни една од основните цели на казната – превоспитувањето.

д) Граѓанско право - е гранка на правниот систем која ги опфака прописите со кои се уредуваат имотите и личните односи кои настануваат помеѓу субјекти кои се рамнпоравни. Ги уредува, попрецизно кажано, имотните односи кој настануваат во стоковно-паричното стопанство, како и одредени лични односи поврзани со тие односи, а кои настануваат по повод стварите, човечките дејствија и имот, односно по повод присвојува-њето на стварите, размените и наследувањето. Граѓанското право, исто така, го уредува и прашањето на правната положба на лицата субјекти во граѓанско правните односи. Инаку системот на граѓанско-правните норми се формира врз основа на прости граѓанско-правни институции од кои израснуваат посложени граѓанско-правни институции, па потоа на граѓанското право.Сите делови го сочинуваат граѓанско-правниот систем. Како основни, т.е. најважни граѓанско правни институции се сметаат:сопственоста, договорот и тестаментот. Некои автори кон ови го додаваат институтот одговорност за штета. Еднаквоста и ли рамноправ-носта на странките, слобободната иницијатива или автономија на волјата се некој од основните принципи на граѓанското право. Рамноправноста на странките во граѓанско-правниот однос ја претставува и автономијатата на волјата на учесниците во овој однос. А тоа значи дека субјектите на овој однос самите, доброволно и без никаква надворешна принуда да одлучуваат дали ќе стапат или не во граѓанско-правен однос. Горните правила на граѓанското право важат не само за физичките лица, како субјекти, туку и за сите други правни лице (вклучително и јавните организации, установи, па државата како целина). кога се појавуваат како титулари (носители) на сопственост. Во граѓанско правниот промет, за разлика од рамноправната свера (вршење на државна власт), равноправ-носта на странките и автономијата на нивната волја, мора, за своите учесници, подеднакво да биде обезбедена. Од тука, граѓанското право може да го определиме како збир на правни норми со кои се определуваат такви права и обврски на кои слободно се засновуваат и со правни работи (правни дела) непречено можат да се пренесуваат. Затоа нормите во граѓанското право се претежно од диспозитивен (заменлив) карактер. Граѓанското право се дели на три дела:

стварно

наследно

облигационо

11

Page 12: Правен систем и Правни гранки

Правен систем и правни гранки

-Стварно право – (право врз предметите) е дел од граѓанското право кое ги опфаќа стварите како предмет на граѓанско-правниот однос. Тоа ги класифицира предметите според посебни критериуми, со што и се определува статусот и улогата на стварите во правниот промет. Според различни критериуми, добиваме и разични поделби на стварите. Еве некој од нив: телесни и нетелесни, подвижни и неподвижни, потрошни и не потрошни, заменливи и незаменливи, деливи и неделиви, главни и споредни, прости и сложени, проценливи и непроценливи, итн. Стварното право го изучува статусот на сите видови предмети според нивните изворни својства: стекнувањето и губењето на правото на сопственост врз различните видови предмети; разликата помеѓу сопственичкиот однос врз предметите и правото на владеење (плодоуживање) врз предметите; за деривативно настанување на правото на сопственост врз предметите (кога тоа право е пренесено од друг субјект што пред тоа бил поседник на предметот) и оригинерната сопственост (кога таа за прв пат настанува во корист на сегашниот субјект); различните видови сопственост што паралелно постојат во едно општество (приватна, државна, акционерска, задружна и друго).

-Наследно право – ова право се занимава со судбината на имотот, оставен по смртта на оставателот и правните последици што настануваат во односите меѓу луѓето во врска со тој имот. Наследното право е посебна институција во правото и истата во различни правни системи различно е поставена. Меѓу другите, наследното право ги разработува и следниве проблеми: обемот, структурата (кругот) на наследниците; до кој степен по крвно-сродствена линија ќе се ужива правото на наследување; наследните права на жената; наследното право на преживеаниот брачен другар во однос на децата и другите наследнициџ; наследните права на вонбрачните деца; правото на наследување на правните лица (граѓанско-правни, политичките организации, на државата итн). Наследувањето може да биде од два вида: законско и тестаментално. Кај тестаменталното наследува-ње се почитува волјата на тестаторот (т.е. оставателот на имотната маса), меѓутоа и при ова наследување, тестаторот не може да ги лиши наследни-ците од прв ред (децата и сопругата, на пример) од нужниот законски дел што ним им припаѓа и со кој оставителот не може своеволно да располага. Законското наследување се остварува преку делење на оставинска маса според приоритетот на наследните редови, што изрично се наведени во законот.

-Облигационо право – уште се нарекува договорно право, ги обрабо-тува правните овластувања и правните задолженија меѓу точно определени правни субјекти што произлегуваат од договорно-правните (облигациони) работи. Договорните односи главно се воспоставуваат со тн. правни работи (правни дела) и се однесуваат исклучиво на догово-рените странки. Меѓутоа, договорни односи можат, истотака да настанат и врз основа на позитивните прописи како и врз основа на одговорноста за причинување штета (на пример – сопственикот на стока-та е одговорен

12

Page 13: Правен систем и Правни гранки

Правен систем и правни гранки

и должен да ја надомести штетата за напасувањето на неговата стока на туѓ насад), основано збогатување (на пример – купена е куќа по двојно повисока цена од нејзината реална вредност. Продавачот има право на дополнителна правна заштита доколку купувачот доброволно не ја рефундира ненаплатената сума до ралната вредност на куќата), итн. Облигационото право ги проучува разните видови договори: договор за купопродажба, договор за наем, договор за заем, договор за замена (трам-па), договор за подарок, за закуп, за послуга, за остава (депозит), договор за дело, за полномошо, за ортаклук, итн. Во својството на доверител и должник, како две главни странки во облигациите, можат да се јават како физички така и правни лица. Нивниот заемен однос, по правило, секогаш е корелативен, т.е. правните овластувања и правните задолженија на доверителот се реципрочни, т.е. еднакви на овластувањата и задолженија-та што произлегуваат (се создаваат) од конкретниот договор за должни-кот.

Под поимот граѓанско право се подразбира и граѓанското право како наука, т.е. научна дисциплина. Граѓанското право како наука има за цел да го проучува системот на граѓанско-правни норми, да го проучува граѓанското право како правна гранка (како објективно важечко право). За да може граѓанското право да се изсучува систематски, граѓанско правна-та наука ги средува нормите, врши нивна систематизација, при тоа, научната систематизација на граѓанско-правните норми, и ако за основа ја има законската систематика на нормите по институти и гранки, не мора целосно да се поклопи со законската систематика.

ѓ) Лично и семејно право – правната гранка под овој назив ги содржи оние општи норми што ја регулираат положбата на поединецот, човекот, како личност и како член на семејство. Единката како личност, крвно-сродствено нужно е врзана за најосновната општествена заедница – семејството. Секако од еден поширок видоглед, сите правни гранки, во крајна линија, ја регулираат положбата на човекот, односно личноста зашто, во сите нив, станува збор за односи меѓу луѓе.Од тука и тежината попрецизно да се определи предметот на:

-Лично право – преовладува мислењето дека предмет на личното право се само најосновните и најопштите норми за положбата на човекот. Тука влегуваат само оние овластуања и задолженија што се општи за сите луѓе и што се претпоставка за сите правни односи во кои човек може да стапи, без оглед на тоа во која правна гранка тие односи влегуваат.

-Семејно право – ги регулира семејно-правните односи. Семејството, како и најосновната општествена заедница во која живеат брачните другари, нивните родители, како и нивните деца, не е само предмет на правно регулирање. Семејните односи се регулирани и со бројни морални и други општествени норми. Во оваа специфична материја, правото се појавува само тогаш и само толку, кога и доколку тоа е неопходно во

13

Page 14: Правен систем и Правни гранки

Правен систем и правни гранки

дадениот степен и сеопштиот социјален развиток. Покрај семејството, како поширока заедница, семејното право го регулира бракот и брачните односи. Материјата за бракот е опфатена во тн. брачно право, како дел од семејното право. Бракот претставува животна заедница меѓу еден маж и една жена регистрирана пред надлежен државен орган. Накусо речено, во нашето семејно право се опфатени следниве прашања: прашањата за склучување на бракот, неговата форма и односите во бракот, рамноправноста на брачните другари, како и рамноправноста на децата родени во брак и во вонбрачна заедница, прашањата на брако-разводот, правата и должностите меѓу родителите и децата, посвојувањето и старателството, итн.

е) Трговско (стопанско) право – трговското право е посебна гранка на приватното право.Иако корените на трговското право можат да се бараат уште во римското доба, трговското право, како заокружаена целина со посебни правни институти, се појавило во средниот век со развитокот на трговијата, на посебен сталеж на луѓе, чија главна професија станала трговијата. Тогаш се појавуваат првите размисли за поделба на граѓанското право на две посебни гранки: граѓанско и трговко право. Граѓанското право ги уредувало граѓанско-правните односи меѓу обичните луѓе и се карактеризирало со одредена трајност, стабилност и непроменливост. Трговското право, под своја страна, настојувало да ги уреди односите помеѓу трговците, кои биле многу динамични и помасов-ни во споредба со оние уредени со граѓанското право. Исто така, со тек на времето се појавиле правни институти карактеристични само за трговците и трговијата, кои биле неспојливи со начелата на општото граѓанско право. Поради тоа, во осумнаесеттиот и деветнаесетиоит век започнуваат првите рационални кодификации на трговското право, така на пример– во 1807 година во Франција бил донесен Трговски законик – Code de commerce. Сепак, неможе да се тврди дека трговското право наполно се издвоило од граѓанското право, затоа што кога не постојат посебни правила за уредување на некој институт на трговското право се применуваат општите правила на граѓанското право. Како посебна наставна и научна дисциплина, трговското право има свој предмет на проучување. Тој се состои од три основни дела и тоа: статусен дел, во кој се проучуваат видовите и статусните обележја на трговските субјекти (основање, внатрешна организација, елементи на индивидуализација и постанокот на трговските субјекти); договорен или облигационен дел, кој ги анализира трговско-правните работи во кој стапуваат трговските субјекти; и поимот, карактеристиките и видовите на хартиите од вредност, како што се меницата, чекот, акцијата и обезбедувањето на врските настанати по основ на склучени правни работи помеѓу трговките субјекти. Покрај заедничките правни извори, кои ги имаат трговското право со граѓанското право, може да се каже дека трговското право има и свој автономни извори. Би ги споменале трговските обичаи, узансите, општите услови за работење, трговските транспортни клаузили,

14

Page 15: Правен систем и Правни гранки

Правен систем и правни гранки

унификациите на правилата и обичаите на трговското право на меѓународно ниво и друго.

ж) Трудово право – е посебна и самостојна гранка на правниот систем на секоја модерна држава. Таа ги опфаќа нормите со кои се регулираат прашањата за основните за организација на трудот и за уредување на работните односи; за засновање и престанок на работниот однос; за организацијата и заштитата на лицата во работен однос; за системот на правата и должностите од работниот однос; за системот на дисциплинската и материјалната одговорност; за институтите во врска со работата и работните односи итн. Трудовото право, меѓутоа, може да се посматра и како научна дисциплина која ги проучува нормите на трудовото право како правна гранка, условите на настанувањето и развојот на трудовото право, позитивниот, важечкиот систем на норми, нивана-та примена и функционирање во пракса, како и односот помеѓу трудовото право спрема останатите правни гранки и правниот систем. Трудовото право, како по-себна правна гранка како и трговското право, се развила од граѓанското право односно од неговата подгранка облигационото право. Попрецизно кажано, тоа се развило од посебниот граѓанско правен односно облигационо правен договор за дело (труд, работа). Се работи за еден подолг процес на издвојување на трудовото од граѓанското право во чиј почеток наемните работни односи биле вклучени во облигационо-договорните односи и како такви влегувале во граѓанските законици кои настанувале во текот на XIX век. Трудовото право (неговите норми и институции) се развило во зависност и во согласност со про-мените и развитокот на општеството, како и специфичностите на општествено-економскиот и политичкиот развој на секоја земја посебно. Со почетоците на развитокот на капиталистичкиот начин на производство, посебно со појавата на капиталистичките претпријатија, како облик на негово организирање, се појавува и наемниот работен однос во кој стапуваат, од една страна, сопствениците на средствата за производство (работодавачите), а на друга страна, наемните работници. Притоа, наемните работници, како правно слободни а истовремено лишени од сопственоста врз средствата за производство, економски се принудени, со посредство на пазарот на трудот, својата работна сила да ја изнајмуваат на работодавачите. Во почетокот на својот развиток заштитните норми на трудовото право опфаќале само мал број лица (посебно жените и децата). Иако, во почетокот, заштитните норми се ограничуваат исклучиво на уредување на наемните работни односи, односно ра-ботните односи кои настануваат со примена на работната сила помеѓу работниците и работодавачите, подоцна, со развојот на општествено-економските односи доаѓа до проширување на предметот на регулирањето на трудовото право. Трудовото право се шири и почнува да

15

Page 16: Правен систем и Правни гранки

Правен систем и правни гранки

ги регулира работните односи и во другите стопански области (земјоделство, трговија итн.). Трудовото право значи, не останува само на опфаќање на лицата кои работат во индустријата. Уште подоцна тој процес на ширење на нормите на трудовото право почнува да ги опфаќа и лицата кои се вработени во јавни и државни служби, разни здруженија, занаети и др. Процесот на ширење на заштитните норми на трудовото право особено е поттикнуван со развој на свеста кај работниците за потреба од нивно организирање заради подобрување на нивната социјална и економска положба. Заради подобрување на нивната положба работниците се принудени да создаваат здруженија за взаемно помагање и спро-тивставување на работодавачите. Овие здруженија наидуваат на силен отпор кај работодавачите и државата. Во оваа смисла познати се некои закони кои се донесуваат во одредени земји во кои се забранува вакво здружување. Подоцна се појавува уште посилен и поорганизиран отпор на работниците (штрајкови) против работодавачите и државата. Поради се повеќе присутниот, во прво време спонтан, а подоцна се повеќе организиран отпор и притисок на работништвото (преку синдикални и политички организации XIX и XX век) државата е принудена да донесува одредени прописи со кои се интервенира во сверата на трудот со цел за подобрување на економската и социјалната положба на работниците. Оваа интервенција станува се поголема и опприсутна особено по Првата светска војна, а потоа се одразува врз процесот на еманципација на прописите од областа на работните односи и трудот воопшто од граѓанското право. Во оваа смисла посебен придонес дава Меѓународната организација на трудот. Во некои држави, сите прописи кои ги регулираат прашањата на трудот се кодифицирани во посебни законици.

з) Меѓународно право – ова право за разлика од внатрешното, претставува збир од прописи со кои се регулираат меѓународни односи. Бидејќи има два вида меѓународни односи, односи помеѓу две или повеќе држави и односи поме-ѓу поединци (физички лица) државјани на различни земји, и меѓународното право се дели на две осносвни области: меѓународно јавно и меѓународно приватно право. Називот меѓународно право води потекло од стариот Рим. Тој е изведен од латинскиот термин иус гентиум. Во римското право означувал дел на единствениот домашен правен систем кој се применувал како врз странците така и врз Римјаните. За разлика од него терминот иус цивиле се однесувал и им бил достапен само на римските граѓани. Меѓународното јавно право претставува збир од правни правила со кои се регулираат односите помеѓу државите, помеѓу држави и меѓународни организации, односите помеѓу меѓународните организации и нивната внатрешна организација како и односите помеѓу народите како носители на суверенитетот и на правото на самоопределување. Нормите на меѓународното право се содржани во меѓународните договори и во меѓународните обичаи и тие имаат првенство над нормите на внатрешното право. Класичната поделба на меѓународното јавно право е

16

Page 17: Правен систем и Правни гранки

Правен систем и правни гранки

на: меѓународно воено право и меѓународно мирновременско право. Интензификацијата на најразличните видови на меѓународни односи ја наметна потребата од нивното регулирање. Како резултат на тоа се јавуваат бројни, посебни гранки на меѓународното јавно право: договорно, дипломатско и конзуларно, сообраќајно (поморско, железничко, речно, воздухопловно, патно, поштенско), административно, казнено, хуманитарно итн. На пример, меѓународното казнено право е гранка на меѓународното јавно право кое се занимава со регулирање на меѓународната одговорност на државите и со индивидуалната одговорност на извршителите на меѓународните казнени дела. Меѓународното поштенско право е гранка на меѓународното јавно право, кое се занимава со правното регулирање на односите помеѓу државите во врска со испраќањето, приемот и транзитот на поштенските пратки и укажувањето на други услуги од поштенската област. Меѓународното воено право е гранка на меѓународното јавно право кое ги регулира односите помеѓу државите во време на војна. Тоа ги регулира односите на државите што војуваат и на овие со неутралните држави. Подгранка на меѓународното воено право е меѓународното хуманитарно право, кое ги регулира состојбите предизвикани со војните, односно ублажување на последиците од војните преку

ограничување на изборот на средствата и методите за водење на воените дејствија

обврзување на завојуваните страни да ги поштедуваат лицата кои не учествуваат или престанале да учествуваат во преземање на воени дејствија

За разлика од меѓународното јавно право, кое регулира односи помеѓу држави, помеѓу држави и меѓународни организации како и односи помеѓу меѓународни организации, меѓународното приватно право претставува збир од правни норми со кои се регулираат граѓанско правните односи во кои се појавува странски елемент. Станува збор за: стварно-правни, наследни, семејни, статусни, облигациони, трудови и слични односи во кои стапуваат домашни и странски, физички и правни лица (на пример странско државјанство, живеалиште во странска земја, заклучување или извршување на правна работа во странство итн.). За разлика од меѓународното јавно право кое е меѓународно во вистинска смисла на зборот, меѓународното приватно е внатрешно право на секоја држава, чии основни извори се законите на државите и меѓународните договори. Меѓународното приватно право е меѓународно, поради странскиот-меѓународен елемент што се појавува во граѓанско правните односи што ги регулира. Нормите на меѓународното приватно право (колизиони норми) давааат решенија за тоа:

17

Page 18: Правен систем и Правни гранки

Правен систем и правни гранки

судот или друг орган, на која од државите со која е поврзан односот, ќе биде надлежен за неговото регулирање

со правото на која од државите мериторно ќе се регулира конкретниот граѓанско правен однос.

Решението, судот на која од државите ѓе биде надлежен и правото на која од државите ќе биде меродавно, зависи од тоа со која држава односот што треба да се регулира е во најинтензивна, најблиска врска. Помеѓу меѓународното јавно право и меѓународното приватно право има бројни допирни точки и гранични области, а чести се случаите регулирањето на определен граѓанско-правен однос со странски елемент од надлежност на меѓународното приватно право да се пренесе во надлежност на меѓународното јавно право, да се регулира со учество на овластени претставници на заинтересираните држави. Станува збор за трансформирање на меѓународно приватно-правниот однос во меѓународно јавно-правен однос – однос помеѓу држави. Денес, кога станува збор за односот на внатрешното и меѓународното право, уставите на современите држави различно го регулираат ова прашање. Има земји односно нивни устави кои предност му даваат на меѓународното право или барем на меѓународните договори.Тие правила не само што имаа предност над законите туку создаваат непосредно права и обврски за населението на сојузната територија. Некои земји, во нивните устави, овој однос го изразуваат во поблага форма итн. Има држави кои во своите устави предвидуваат предност само на меѓународните договори. Холандскиот устав предвидува дека на нејзината територија не може да се применат внатрешни закони кои се во спротивност со заклучените и објавените меѓународни договори. Денес покрај класичното меѓународно право, постои и право на Европската унија, како ново конституирано право. Карактеристично е тоа што е организирано по принципите на внатрешното право, што подразбира постоење на посебен суд (Европскиот суд на правдата). Пред овој суд можат да водат спорови како дрѓавите меѓусебно, така и поединците, односно установите, и истите да очекуваат изрекување судски санкции, па и грижа за извршувањето на тие санкции.

18

Page 19: Правен систем и Правни гранки

Правен систем и правни гранки

Користена литература: Основи на правото – Проф. Д-р Јосиф Талевски, Битола 2008 Вовед во правото – Проф. Д-р Димитар Бајалџиев, Скопје 2004

19