31
Организација на реализацијата на истражувањето Со поимот организација на реализацијата на истражувањето се опфаќа системот на одбирање, насочување, координирање и синхронизирање на меѓусебно поврзаните, условените, и согласно на практичните дејности, дејства и чинови на учесниците, средствата, просторот и времето во согласност со научните и општествените цели на истражувањето. Процесот на организирањето започнува со утврдување на организациониот механизам т.е. прецизирањето на работните задачи, улогите, функциите, овластувањата, одговорноста, начинот на информирањето, одлучувањето, комуницирањето и вреднувањето на сите активности во процесот на реализација на истражувањето. Избор и распоредување на учесниците во истражувањето Изборот и распоредувањето на учесниците во истражувањето е вториот чин на истражувањето. Изборот на кадрите е условен од следните својства: 1) предметот на истражувањето, 2) одбраните методи, техники, инструменти и постапки, 3) изворите на податоците, 4) условите за работа во кои ја вклучуваме и општествената ситуација, 5) расположливите средства за истражувањето. Барањата во поглед на личните особини и способности се различни и зависат од дејствата за кои се ангажира соработникот, но во сите случаи потребно е да се води сметка за: 1) нивото и видот на вистинското и формалното образование на соработниците, 2) физичкото здравје и издржливоста (посебно кога станува збор за теренска работа), 3) интелегенцијата, 1

Организација на реализацијата на истражувањето

  • Upload
    -

  • View
    283

  • Download
    2

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Организација на реализацијата на истражувањето

Организација на реализацијата на истражувањето

Со поимот организација на реализацијата на истражувањето се опфаќа системот на одбирање, насочување, координирање и синхронизирање на меѓусебно поврзаните, условените, и согласно на практичните дејности, дејства и чинови на учесниците, средствата, просторот и времето во согласност со научните и општествените цели на истражувањето.

Процесот на организирањето започнува со утврдување на организациониот механизам т.е. прецизирањето на работните задачи, улогите, функциите, овластувањата, одговорноста, начинот на информирањето, одлучувањето, комуницирањето и вреднувањето на сите активности во процесот на реализација на истражувањето.

Избор и распоредување на учесниците во истражувањето

Изборот и распоредувањето на учесниците во истражувањето е вториот чин на истражувањето.

Изборот на кадрите е условен од следните својства:

1) предметот на истражувањето,2) одбраните методи, техники, инструменти и постапки,3) изворите на податоците,4) условите за работа во кои ја вклучуваме и општествената ситуација,5) расположливите средства за истражувањето.

Барањата во поглед на личните особини и способности се различни и зависат од дејствата за кои се ангажира соработникот, но во сите случаи потребно е да се води сметка за:

1) нивото и видот на вистинското и формалното образование на соработниците,

2) физичкото здравје и издржливоста (посебно кога станува збор за теренска работа),

3) интелегенцијата,4) карактерните особини (чесност, совесност, точност, оговорност,

довеливост итн.),5) комуникативноста, адаптибилноста, способноста за концентрација,

паметење, задржување на вниманието и сл.

Изведување на истражувањето

Изведувањето на истражувањето ги подразбира сите активности од почетокот на собирањето на податоците, со примената на определени техники, до примената на резултатите на истражувањето во општествената практика. Изведувањето на истражувањето се состои од:

1

Page 2: Организација на реализацијата на истражувањето

1) предистражувањето, со реконструкција на проектот,2) собирањето на податоци на терен,3) средување на собраните податоци,4) обработка на собраните податоци,5) анализа и евентуално дополнување на собраните податоци,6) заклучување и изработка на извештајот за резултатите на

истражувањето врз основа на податоците.

Значењето на изразот “податок”

Изразот податок се употребува доста често во различни контексти, но неговото значење тешко се определува, па поради тоа постојат повеќе дефиниции. Најбројни се обидите изразот податок да се дефинира со посредство на изразот информација (или обратно) или со помош на изразот факт, или со изразот показател.

... Информациите се податоците што се обработени во форма што е промислена за примачот и што се од вистинска или перцепирана вредност во сегашните или во идните акции и одлуки.

... Фактите се случаи или состојби. Податоците се симболички реперезентации на случувањата или состојбите.

... Податоците не се ништо друго освен вредности меѓу значењето на изразот податок или факт, податок и информации, податок и показател.

Собирање на податоците

Собирањето на податоци претставува систем на однапред организирани активности насочени кон забележување и евидентирање на одрабните надворешни манифестации на определена суштина, со користење на соодветни научно верификувани методи, техники, инструменти и постапки што одговараат на својствата на појавата, предметот и целите на истражувањето и изворите на податоците и известувањата.

Основни критериуми за класифицирање на изворите на податоците

За почеток на секој истражувачки проект значајна е поделбата на:

1) искуствени извори (искуството на субјектот),2) научни извори на податоците.

Научните извори на податоците се сите дела што настанале со користењето на методологијата на научните истражувања. Овие извори се делат на:

- теоретски (оние го го сочинуваат фондот на верификуваните научни сознанија за политичките појави), и

2

Page 3: Организација на реализацијата на истражувањето

- хипотетско – емпириски (оние што се во фаза на хипотеза што се истражува или се резултат на емпириското истражување, но сеуште не постанале составен дел на теоријата).

Изворите на податоци можат да се класифицираат и според следните важечки критериуми:

1) природата на граѓата,2) предметноста на содржината,3) субјектот (авторот),4) обликот на искажување на содржината,5) јавноста,6) достапноста,7) службеноста или официјалноста,8) изворноста,

и одтанати помошни критериуми кои се однесуваат на вредноста и сигурноста на изворите на податоците.

Според природата на граѓата податоците можеме да ги поделиме на:

1) творби на материјалната култура- уметнички (различни склуптури и сл.)- рекреативни - дејствено – оперативни (јавни и стамбени објекти, сообраќајни

објекти)2) творби на духовната култура - се она што не е опфатено во

творбите на материјалната култура.3) непосредно однесување на општеството (вистинско, вербално,

итн.)

Документите како извор на податоци

Поимот документ ги претставува сите извори на податоци кои не се актуелно однесување (вербално или вистинско) на субјектите.

Документите се делат на :

1) научни (научните дела),2) публицистички (тука спаѓаат и уметничките дела),3) информативни (средствата за јавно информирање),4) акциони (програми и планови),5) пропагандни (сите облици и средства на пропагандни облици),6) евиденциски (евиденции, книговодства),7) нормативни (прописи, процедури)8) работно – деловни договори, протоколи итн.

3

Page 4: Организација на реализацијата на истражувањето

Основни проблеми при користењето на изворите

Првиот проблем, при користењето на изворите на податоци е информирањето за неговото постоење, локацијата, условите за користењето и природата на изворот.

Основни извори за информирање за податоците се:

1) разните видови библиотеки,2) каталозите,3) деловните протоколи,4) каталозите на издавачите,5) разните саеми на книги.

Изворите на податоци главно се лоцирани:

1) во библиотеки,2) научните архиви,3) архивите,4) статистичките заводи,5) судските регистри,6) даночните книги,7) катастарските книги,8) личната преписка, белешките, дневниците и сл.

Можноста за користење на расположливите извори на податоци – документи е условена од:

1) оспособеноста за користење на расположливите документи на соодветните институции,

2) познавањето на методот на анализа на содржината.

Вреднување на изворите на податоците

Oд аспект на истражувањето, основен критериум за вреднување на изворите на податоци е употребливоста на изворот, односно можноста за негово користење.

Битни се две димензии:

1) дека постои општа реална можност за користење на изворите,2) од аспект на предметот на истражувањето, изворот содржајно да е

адекватен на предметот.

Индикатори за употребливоста на изворот на податоци се:

1) достапноста,

4

Page 5: Организација на реализацијата на истражувањето

2) навременоста (од аспект на временсото определува на предметот на истражувањето и терминскиот план на истражувањето),

3) адекватноста на содржината (изворот на податоци да ги содржи потребните податоци за проверка на хипотезите),

4) вистинитоста (веродостојноста на податоците),5) потполноста (доволен број на меѓусебно смислено организирани

податоци што се во непосредна врска со предметот на истражување и хипотезите).

Проверката на употребливоста на изворите на податоци се врши со соодветна постапка која се движи во два основни правци:

1) собирање на информации за изворот на податоците од други извори,2) анализа на самиот документ.

Најсложен и најтежок дел од постапката е утврдување на вистинитоста (веродостојноста) на изворот. Основни чинители на оваа постапка се:

1) проверка на физички својства на изворот (состав, обем, тежина, облик, боја, итн.)

2) проверката на содржината на изворот на податоците (логичката конзистентност и согласност на податоците и сл.),

3) проверката на формата на содржината (јазикот, симболите, знаците, итн.).

Вреднување на податоците

Вреднувањето на податоците во суштина не е ништо друго освен утврдување на нивната адекватност и вистинитост. Во врска со тоа се користат термините корисност, вредност и сигурност.

Основни критериуми за вреднувањ e на податоците :

1) колку податоците се однесуваат на предметот на истражувањето,

2) веродостојноста, вистинитоста на податоците. Вистинитоста на податоците се обезбедува претходно со изборот на изворот на податоците, инструментите и постапките во собирањето на податоците.

3) доволноста на податоците. Со поимот доволност го опфаќаме не само вкупното количество на податоците, туку и соодветното потребно количество на квантитативни и квалитативни податоци во врска со секоја битна хипотеза што ја проверуваме.

Начини и техники за собирање на податоците

Собирањето на податоци е карактеристика на секое научно истражување, но и воопшто на секое истражување. Тоа подразбира во сите ситуации на

5

Page 6: Организација на реализацијата на истражувањето

истражувањето да се користат: анализата и синтезата, индукцијата и дедукцијата, класификацијата, специјализацијата и генерализацијата, апстракцијата и конкретизацијата. Понатаму, тоа подразбира користење на општонаучните методи, методот на моделирање и статистичката метода, итн.

Можеме да зборуваме за два основни начини на собирање на податоците:

1) собирање на податоците по непосреден пат со помош на сетилните забележувања (сетило за вид, слух, допир, мирис и вкус) – тука спаѓаат набљудувањето и експериментот

2) собирање на податоците со помош на други – со посредство на забележување на исказите на другите за појавата – тука спаѓа испитувањето.

Поимите метод, техника и постапка при собирањето на податоци

Методот е целина, комплекс на кохерентни, конзистентни, синтетизирани, научно верификувани сознанија и научно – теоретски и практично проверени правила и норми, мисловни и практични дејности и инструменти, со кои се стекнува научно сознание или, поедноставено, тоа е начин на стекнување на научно сознание.

Составни делови на методот, согласно дадената дефиниција се:

1) логичкиот дел (правилата и нормите на вистинитото мислење како општи рамки и насочувач на интелектуалните процеси во стекнувањето на научното сознание),

2) епистемилошкиот т.е. научно теоретскиот дел (во кој се содржани основните научно – теоретски поставки и фундаментални сознанија на определена наука, односно научна дисциплина, како и категоријално – појмовниот и терминолошки систем),

3) методско – техничкиот дел (чии содржини се научно и практично проверени сознанија за начините на истражување, техниките на примена со кои тие начини (методи) се користат во истражувачката практика).

Инструментите се средства што непосредно се користат за собирање на податоци. Некои од нив се научни, други технички.

Постапките се однесувањата на истражувачите во ракувањето и користењето на инструментите.

ДЕСКРИПТИВЕН МЕТОД

Суштината на дескриптивниот метод е во опишувањето на педагошките појави. Со нивниот опис ги запознаваме карактеристиките на тие појави и можеме да пристапиме кон разгледување на можните причини и поврзаноста помеѓу појавите.

6

Page 7: Организација на реализацијата на истражувањето

На дескрпицијата на педагошката ситуација доаѓаме и таму каде не се работи за научно – истражувачка работа. Сепак, доколку таа работа ги нема специфичните карактеристики на научната примена на дескрипцијата, тогаш не може да се смета за научна работа. Овие карактеристики можат да се резимираат во следните две основни точки:

1. Работата на дескрипцијата во научното истражување е специфично насочена кон искористување на резулататите на научното сознание, а тоа значи дека е насочено спрема генерализацијата, кон подобрувањето на битните заеднички карактеристики на истовидните, односно сродните појави.

2. Научниот труд покрај опишувањето на она што е’, собирањето и средувањето на податоците, опфаќа и споредување, спротиставување, вреднување и интерпретација на податоците.

Некои од можностите за научна обработка на некои педагошки проблеми преку доминантна примена на дескриптивниот метод се:

1. Снимање на нивото на образованоста на учениците на опрделен вид училишта – најпрво се мери тоа ниво (со тестови) потоа добиените податоци статистички се обработуваат и резултатите се интерпретираат во една или повеќе насоки.

2. Опис на наставната практика во училиштата – систематски се набљудува оној аспект на наставната работа спрема кој е насочено истражувањето (пр. облиците на организирање на наставата, примената на наставни методи, употребата на наставни средства, итн.). Снимките од набљудуваното потоа се средуваат, податоците се систематизираат и класифицираат, квантитативните податоците се обработуваат и статистички, со што се добива општа слика која потоа се интерпретира од саканиот аспект.

3. Прибирање на мислења за содржината и формите на работата младинските организации – најпрво се врши анкетирање на младинците, просветните и останатите работници и родителите и се собираат податоци за мислењата на одделните групи испитаници во врска со целите на тие организации, како и во врска со ефикасноста на нивната работа. Врз основа на средените и обработени податоци се вршат воочувања, споредувања и спротиставувања по групи испитаници (според нивната старост, пол, звање, давањето приоритети на определени цели и формите на работа и според аспектите на кои е насочено истражувањето. Од тоа се изведуваат мислења и упатства за тоа дали и каде би требало да се извшат промени во работата на младинската организација.

7

Page 8: Организација на реализацијата на истражувањето

Специфичности на проектот на дескрипција на педагошките појави

Проектот на дескрипција на педагошките појави треба да одговори на следните три прашања:

1. Што ќе се опишува?2. Кога ќе се опишува?3. Како ќе се опишува?

Во врска со точката 1. Прецизно се определува педагошката појава која ќе биде предмет на дескрипцијата. Во врска со ова прашање, покрај општото определување, како на пример дека ќе се испитат знаењата на испитаниците од подрачјето на естетското воспитание, поблиску треба да се определи:

- кои ученици (старост, односно одделение и училиште, географски да се определи дали целата држава или само некој регион или град, или некоја специфична ознака, пример дали се работи за ученици со нормален психо – физички развој, или со пречки во развојот),

- со кои знаења од подрачјето на естетското воспитание (во врска со уметноста или уметностите, кој прдмет, односно воспитно подрачје, итн.)

Во врска со точката 2 која се однесува на факторот време треба да се разликува:

1) времето кога се врши дескрипцијата,2) времето на кое се однесува дескрипцијата.

Разликата помеѓу времето кога се врши дескрипцијата и времето на кое се однесува дескрипцијата, особено се појавува при историско – педагошките истражувања, бидејќи појавите што се опишуваат не се презентни, не се одвиваат во исто време кога се врши нивниот опис, туку тие се случиле во минатото. Од друга страна, во истражувањето на современите проблеми често се поклопуваат овие две димензии.

Статистичката терминологија времето кога се врши дескрипцијата го означува како време на набљудување, додека времето на кое се однесува дескрипцијата во статистичката терминологија се нарекува критичен час или критичен период.

Точката 3 во врска со начинот на опишувањето бара најопшт одговор. Таа се однесува на постапките што се има намера да се применат (систематско набљудување, интервју, писмено испитување на испитаниците, односно анализа на документацијата), инструментите на опишување (записници, анкетни листови, тестови и др.) и на статистичката обработка на податоците таму каде истата е потребна.

8

Page 9: Организација на реализацијата на истражувањето

КАУЗАЛЕН МЕТОД

Со цел за што потполно запознавање со законитостите на педагошката појава, потребно е да се истражат каузалните т.е. причинско – последичните врски. Затоа, повеќето педагошки истражувања не остануваат на самиот дескриптивен метод, туку го применуваат и каузалниот метод, кој всушност е насочен кон пронаоѓање на каузалните врски.

Научните постапки со кои се востановува каузалната врска ги систематизирал Ј.С.Мил кој во своето дело “Системот на дедуктивната и индуктивната логика ” истакнува четири правила (канони) врз основа на кои се востановува каузалната врска. Истите правила се однесуваат и на педагошката научна мисла.

Првото правило (канон слагање) гласи:

Кога две или повеќе случаи на иста појава имаат една и единствена заедничка околност, тогаш таа околност е причина (односно последица) на таа појава.

Второто правило (канон на дефиницијата) гласи:

Aко околностите во кои истражуваната појава се појавува и околноста во која не се појавува, еднаква во се’ освен во една околност, која се појавува само во првиот случај. Таа околност во која тие два случаи единствено се разликуваат е последица или причина, или неопходен дел на мострата на таа појава.

Третото правило (канон на остатокот) гласи:

Ако од една иста појава се одземе оној дел кој со поранешните индукции е утврден како последица на определени услови, тогаш остатокот од појавата е последица на останатите услови.

Четвртото правило (канон на споредбени промени) гласи:

Секоја појава, која врз основа на промената на некоја друга појава на определен начин се менува, е причина, односно последица на таа појава, или на било кој начин е каузално поврзана.

Неекспериментална примена на каузалниот метод

Понекогаш, каузалниот метод се изедначува со експериментот. Сепак, тие два поима не можат да се изедначат. Во прв ред, во истражувањата на идните појави е битна примената на каузалната анализа затоа што единствено на познавањето на каузалната поврзаност меѓу појавите може да се врши прогноза на иднината. Слично е и со историските истражувања. Иако постојат историско – педагошки истражувања што исклучиво се служат со дескрипцијата, сепак во доминантниот број наоѓаме и на барање на каузалната

9

Page 10: Организација на реализацијата на истражувањето

поврзаност меѓу минатите појави. Но, и овде не може да стане збор за некое “експериментирање со минатите појави”.

Експериментот значи се појавува единствено во истражувањето на каузалната поврзаност на сегашните педагошки појави. Сепак, треба да се истакне дека оние автори што го сметаат експериментот за постапка со која намерно се предизвикува појавата ги наведуваат примерите на неексперименталната примена на каузалната метода. Под тоа ги подразбираат т.н.”еx – post - facto” истражувања.

МЕТОД НА СЛУЧАЈ “СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ” – CASE STUDY

I. ПОИМОТ МЕТОД НА СЛУЧАЈ

Метод на случај, во научна смисла се дефинира како ригорозно, систематско заокружување на некоја целина, врз основа на единствен карактер, било да станува збор за појава, збир на истородни појави, процеси, односи, групи на луѓе или дури и цело општество. Централен момент е целината на случајот (т.н. холистички принцип) која го определува карактерот на методот и неговата организација.

Предмет на методот на случај може да биде се’ што може да се заокружи во единствена целина со своите реални особини, како што е, еден поединец, мала група, како што е семејството или училишното одделение, некоја населба или регион, некоја установа, како што е на пример детската градинка, универзитетот, работната организација итн. Како заокружена целина случајот се проучува така што навистина се открива она што е карактеристично за него.

Постојат четири изведени својства на методот на случај:

1) разновидноста на податоците кои мора да бидат од демографски, економски, политички, културен и историски карактер,

2) сеопфатноста на податоците кои ги откриваат најзначајните особини на проучуваниот случај,

3) создавањето на тип на случај врз основа на прецизни критериуми,4) зафаќањето на временската димензија на податоците, која го

обезбедува развојот на случајот.

Изворите на податоци за изведување на студија на случајот, според начинот на своето уредување можат да бидат:

1) формални (институционални) и2) неформални.

10

Page 11: Организација на реализацијата на истражувањето

Формални се оние извори кои се изградени од страна на званични установи и организации на општеството, a најважни се оние што ги создава државата на сите нивоа – од локалните до сојузните инстанци.

Неформални се оние извори кои спонтано ги создаваат самите луѓе, како што се разни видови на лични документи, записи, писма, белешки, дневници.

Другата поделба на изворите на податоци која е направена според причините за настанување и тие се делат на:

1) настанати во врска со истражувањата,2) настанати самостојно, но употребливи за истражување.

Изворите на податоци настанати во врска со истражувањата се нарекуваат намерно формирана граѓа за да ги задоволи поставените цели на истражувањето, односно тие се научно насочени.

Изворите на податоци настанати самостојано главно се совпаѓаат со ][0формалните и неформалните извори на податоци, односно со оние што за други цели ги создава организираното општество или самите поединци.

II. ВИДОВИ НА МЕТОДОТ НА СЛУЧАЈ

Според тоа што се истражува:

1) истражување на формалните установи организации (званични)

e засновано врз уредени односни каде целината што се издвојува како случај е дел од поширокото општеството, па внатре во таквото општество може јасно да се определат границите на случајот и тој да биде објективен.

2) истражување на неформалните установи организации (незванични)

се однесува на неформалните установи и организации, подразбирајќи го тука и самиот поединец како предмет на студијата на случај.

Според тоа како настанува случајот:

1) студија на спонтано настанати случаи

се засновува врз случајот кој самиот од себе се случува, а за научното истражување е интересен поради значењето што го добива во општеството.Најчесто се работи за инцидентни ситуации, кои на површина ќе исфрлат нешто како случај.

2) студија на намерно создадени случаи

11

Page 12: Организација на реализацијата на истражувањето

е поврзана со т.н. “предизивикани” случаи што ги создава науката во согласност со своите потреби за да проучи некој проблем кој е важен за неа, или со општествените потреби кои бараат некое решение.

Според број на случаите на испитување:

1) испитување на поединечните случаи

е типичен вид на овој метод во кој некој поединец, појава, процес, група или установа – организација е предмет на истражување. Поединечниот случај е реперезент на овој метод и сите студии на случај, во принцип, се поединечни. Ако како случај се јавува она што е општо и бара истражување во сите вариации, тогаш поединечниот случај прераснува во повеќекратен случај.

2) испитување на повеќекратните случаи

III. ПРЕДНОСТИ И НЕДОСТАТОЦИ НА МЕТОДОТ НА СЛУЧАЈ

Предности:

1) Незаменлив е кога се работи за сестрано проучување на целината на поединечното искуство, појава, установа и организација.

2) Длабинското снимање на случајот што се прави врз основа на сеопфатна граѓа и доаѓање до суштината која се состои во низата на врски што се воспоставува во рамките на целината на случајот.

3) Најефикасен метод во барањето на процесуалноста на случајот, односно во проучувањето на неговата динамика, развојност, историјатот на движењето и промените.

4) Неговото лесно комбинирање со другите методи, бидејќи токму целината на постапката и разновидноста на граѓата подразбира користење и други истражувачки процедури и нивно инкомпорирање во случајот.

Недостатоци:

1) Самоволноста на истражувачот во определувањето што ќе биде истражувано како случај, како резултат на недостатокот на постојани критериуми.

2) Во значителна мера е несигурен.3) Истражувањето врз основа на методот на случај трае долго, обично

повеќе години, и кога ќе заврши случајот во многу нешта повеќе не е ист како што бил кога започнало истражувањето.

12

Page 13: Организација на реализацијата на истражувањето

МЕТОД НА АНАЛИЗА НА СОДРЖИНАТА – CONTENT ANALYSIS

I. ПОИМОТ МЕТОД НА АНАЛИЗА НА СОДРЖИНАТА

Најважни карактеристики на овој метод се:

1) Насоченоста кон пораките што се создаваат и пренесуваат преку средствата за масновно комуницирање,

2) Органичувањето на манифестирањата на значењето на комуникациите, иако се открива и латентната содржина, но само посредувано,

3) Стандардизирањето на постапката што подразбира објективност,4) Систематичноста која се согледува во создавањето на систем на

категории и класификација што може да ја проверуваатб други истражувачи,

5) Зафаќањето само на квантитативната страна на содржината, преку неа откривање на значењето.

Анализата на содржината првенствено се однесува на пораката која е пишувана и во рамките на средствата за масовно комуницирање (печат, радион, ТВ итн.) но која порака е неделива од авторот и примачот и тие се вклучени во наведениот метод.

Но, во потесна смисл, метод на анализа на содржината се однесува само на текстуалниот дел на пораката преку средствата за масовни комуникации и кон него се пристапува така што се претпоставува дека тој има некоја определена смисла што се сака да се открие на тој начин што се создаваат како единците на анализата, така и основните категории на посматрањето.

Во единците на анализата на содржината спаѓаат: зборовите, речениците, реченичките склопови, карактеристичните пасуси или делови од текстот, статиите, темите итн.

Во категориите на анализата на содржината спаѓаат: жанровите, областите на програмите, видовите на текстовите, областите на содржината итн.

II. ВИДОВИ НА АНАЛИЗАТА НА СОДРЖИНАТА

Aнализата на содржината може да се подели на два облика и тоа:

Според широчината на зафатот:

1) Непосредна анализа на содржината

е онаа која се однесува на самата содржина или на нејзините единици и категории.

13

Page 14: Организација на реализацијата на истражувањето

2) Посредна анализа на содржината

се однесува на утврдувањето на пошироките услови на комуникации и ги вклучува авторот на пораките, неговите намери и барања, како и примачот на пораките и неговите реакции.

Според самата содржина на анализата:

1) Анализа на манифестната содржина

е метод во вистинска смисла на зборот како што тој е определен, односно нејзиниот предмет сфатен само како она што е експлицитно дадено како реченички контекст на пораката без никакво проширување.

2) Анализа на латентната содржина

се однесува на двојниот карактер на самата содржина доколку постои т.н. нејзина скриена смисла која што се сака да се постигне со пораката, а која притоа не е јасно изразена, но е поважна од манифестната содржина. Притоа, се тргнува од претпоставката дека во одделни случаи испраќачот на пораката намерно се стреми низ разни формулации да ја изрази токму манифестната содржина, меѓутоа општетвените услови го ограничуваат јасно да се изрази.

III. ПРЕДНОСТИ И НЕДОСТАТОЦИ НА МЕТОДОТ НА АНАЛИЗА НА СОДРЖИНАТА

Предности:

1) тој е силно средство за разбирање на човековата комуникација на која се однесуваат мал број на методи за прибирање на факти

2) тој ја погодува суштината на општествените појави, односи и процеси, затоа што сите тие се засновани на човечката комуникација

3) тој е незаменлив метод за добивање на податоци за општеството во кое е проширена масовната свест и таа се формира по пат на средствата за масовно општење

4) врз основа на овој метод се назначуваат пошироките општествени услови на човековата комуникација, како целини се откриваат општествените структури што нуди поточни и повистините заклучувања за социјалниот живот воопшто.

Недостатоци:

1) тој сеуште не е изграден во науни цели и е доста пристрасен и несигурен

2) неговата примена во научни цели зависи од добрата обученост на аналитичарите – стручнаци, што не е можно да се псотигне лесно и за кратко време.

14

Page 15: Организација на реализацијата на истражувањето

3) овој метод бара долги истражувања кои може да траат и повеќе години.

МЕТОД НА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ (БИОГРАФСКИ МЕТОД “ЖИВОТНА ИСТОРИЈА)

I. ПОИМОТ МЕТОД НА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ

Методот на лични документи научно се дефинира како оној начин на прибирање на факти врз основа на лични записи кои се однесуваат на субјективното искуство на учесниците во определени општествени ситуации и настани врз основа на кои како лично гледање се разбираат мотивите на однесувањето.

Методот на лични документи се засновува на две претпоставки:

1) Првата, се однесува на уверувањето дека поединцот како човек е креатор на општествените појави, настани, па затоа е најважно да се осознаат неговите психички состојби.

2) Втората, тргнува од тоа дека во личните документи, поради поголемиот степен на искреност, е содржано важно градиво кое може да го објасни не само животот на поединецот, туку и општествените текови.

Докментите кои се однесуваат на личноста т.н. “лични документи” врз основа на кои и овој метод го добил името, може да се поделат во две групи :

1) документи за личностите кои може да се добијат од официјалните установи, тоа се т.н. формални документи.

2) документите што ги создава самиот поединец со своите записи и тие може да се поделат во неколку видови:

1. писма или преписка за други лица,2. дневници (подолготрајно и посистематско бавење со

појавите),3. автобиографии (кои се однесуваат на целиот животен век, и

се важни поради искреноста и редоследот на настаните за личноста,

4. биографии (записи што ги правеле други поединци за личноста),

5. спомени (мемоари) слични се со автобиографиите, но се помалку систематични и само се бават со одделни збиднувања,

6. кратки забелешки (обично со сврзани за еден настан).

Постапката на методот на лични документи се состои во распределување на материјалите врз основа на некој план и создавање на категории кои се однесуваат на личната и општествената ситуација на испитаникот. Кога

15

Page 16: Организација на реализацијата на истражувањето

станува збор за рспределувањето на материјалите значајна е следната класификација :

1) Главен регистер ја содржи целата собрана документација, било од официјална или неофицијална природа.

2) Аналитички регистер е пречистен главен регистер во кој е ставено само она што е карактеристично, утврдено како повторувачко и општо за личноста.

3) Дневнички регистер е самиот запис на научникот по повод на создавањето и прегледувањето на личните документи на испитаникот.

II. ВИДОВИ НА МЕТОДОТ НА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ

Според родовите на изворната граѓа:

1) Метод на животна историја заснован врз официјални документи се разликува од своите слични видови по тоа што е пишуван од позиција на друго лице и иако изјавата на испитаникот е во подлогата на записот, сепак може да биде преработен со самата улога на пишувачот.

2) Метод на животна историја заснован на сопствените записи на испитаникот иако е субјективен сепак е репрезентативен и вистински начин на истражување.

Според видовите на настаните:

1) Метод на лични документи кои се однесуваат на општиот живот на испитаникот има поуниверзално значење, бидејќи ги открива не само одделните значајни настани кои се сврзани за испитаникот, туку и на начинот на неговото формирање како личност, промените што се случуваат со текот на времето, промената на ставовите спрема промените на општествената ситуација.

2) Метод на лични документ кои се однесуваат само на одделни негови животни аспекти и проблеми е со поограничен досег, иако неговото значење не се мери со количеството на збиднувања, туку со поттикот што го имаат за самиот испитаник, од една страна, како и со важноста на случувањаѕа, од друга.

Tретта поделба:

1) Метод на лични документи што се создаваат за научни потреби е посистематски и воден со планот да се постигнат вистинските цели на овој метод, односно јасно да се осветли односот на испитаникот спрема општествените текови.

2) Метод на лични документи кои се создаваат независно од овие потреби, ја задржуваат изворноста и ширината која е неопходна за процена на општествените процеси, но поради тоа што во текот на

16

Page 17: Организација на реализацијата на истражувањето

истражувањето се оди во подробности неважни детали кои ги дезориентираат истражувачите, тие бараат дополнително распоредување на материјалот, односно средување.

III. ПРЕДНОСТИ И НЕДОСТАТОЦИ НА МЕТОДОТ НА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ

Предности:

1) единствен метод кој се насочува кон улогата на поединецот во општествените процеси,

2) дава драгоцени известувања и за обратниот процес, односно за тоа како општествените процеси ја формираат личноста на испитаникот,

3) во значителна мера успева да ја зафати процесуалната, динамичката страна на личноста.

Недостатоци:

1) клучен недостаток е тоа што е изразито субјективен и како таков има место во психологијата, но не и во општествените науки дури и кога е објективизиран.

2) прашањето за достапноста на документите за спроведување на истражувањата.

3) создавањето на документација е бавен, долготраен процес кој покрај времето бара и значителни материјални средства.

СОЦИОМЕТРИСКИ МЕТОД

I. ПОИМОТ СОЦИОМЕТРИСКИ МЕТОД

Како посебен начин за испитување на меѓучовечките односи се издвојува социометрискиот метод. Суштината на овој метод се определува со тоа што тој е начин на егзактно утврдување на социјално – психолошките карактеристики на членовите, поединците во групата врз основа на она што тие го забележуваат, чувствуваат и мислат едни за други. Оттука, овој метод се заснова на оценките на испитаниците за себе и за другите со кои се поврзани непосредно во помали групи.

Битна карактеристика на овој метод е примената на математичките симболи за изразување на односите помеѓу поединците. За таа цел постојат социометриски тестови што ги пополнуваат единките и се издвојуваат тестот кој го означува изборот на поединецот и тестотот на конфигурацијата кој се однесува на кохезијата во групата.

17

Page 18: Организација на реализацијата на истражувањето

Најпознатиот приказ е социограмот, која е таква графичка мапа или дијаграм кој го покажува бројот и валенцијата на истражуваните интеракции во групата. Поединците се прикажуваат како кругови или квадрати, а нивните односи се означени со стрелки така што се гледаат позитивните и негативните односи. Дијаграмот може да биде едноставен или сложен во зависност од видот и бројот на односите на поединците. Табеларно приказот се изразува како социометриска матрица која го претставува полето на сите испитаници и нивните меѓусебни односи. Математичкиот приказ се однесува на пресметувањето на индексите како индивидуални, така и групни така што секој поединец добива јасен израз колку е пожелен или непожелен или точно кое место го има во групата.

II. ВИДОВИ НА СОЦИОМЕТРИСКИ МЕТОДИ

Според обележјата на насоченоста на истражувањата:

1) Социометриска преференција претставува испитување на психолошките стремежи на поединците, нивните наклоности и антипатии Во него до полн израз психолошките карактеристики на личноста или нејзината внатрешна страна.

2) Социометриска конфигурација се однесува на испитувањето на односите во групата и кохезијата во неа и на можноста за преуредување на групата, со цел нејзината единственост да биде уште поголема, а поединците да ја искажат својата инвентивност.

Според примената на социометријата во терапевтски цели:

1) Психодрама е определен акт или работа што ја презема поединецот, кој во интеракциите е насочен кон себеси и играјќи определена улога како во театар се ослободува себеси од општествениот притисок, слободно ги искажѕва своите доживувања.

2) Социодрама претставува определен чин што го преземаат поединци, а кој е насочен кон другите поединци со кои, истотака се играат разни улоги за низ меѓудејството да се врши ослободување од тензиите. Битниот момент кај социодрамата е групното доживување и третман.

III. ПРЕДНОСТИ И НЕДОСТАТОЦИ НА СОЦИОМЕТРИСКИОТ МЕТОД

Предности:

1) пополнува значајна празнина во објективизираните истражувања кои во меѓучовечките односи ја гледаат само надворешната страна на заедничкото дејствување.

2) прегледноста и точноста што го прават социометрискиот метод сигурен и релевантен за секое социјално – психолошко испитување.

18

Page 19: Организација на реализацијата на истражувањето

3) социометријата припаѓа на хуманистичкиот зафат во најдобра смислан на зборот, чии идеали се да се менува стварноста и да се направи подобра.

Недостатоци:

1) кај овој метод постои евиднетен расчекор помеѓу нејзините замисли и научните зафати.

2) иако се стреми да ја избегне формализацијата и да се занимава со човечките мотиви, сепак преку математизацијата ги врамува луѓето во нумеруси и графички шеми.

3) повеќе е сврзан за мали групи, а е сосема неприменлив во поширокото општество.

METOД НА ПРОЕКЦИЈА

I. ПОИМОТ METOД НА ПРОЕКЦИЈА

Меѓу начините за прибирање на факти кои се однесуваат на внатрешната страна на личноста, значаен е и методот на проекција. Методот на проекција како научен метод се определува со тоа што низ излагањето на поединецот, се открива придавањето на сопствените чувства и когнитивни содржини или особини на другите, што се утврдува на плански и систематски начин со помош на определени техники, тестови.

Меѓутоа, пошироката употреба на овој метод која е сврзана за односот на поединецот спрема другите, е позначајна од наведената, затоа што идејата да се искажуваат и утврдуваат проекциите дава искуствена евиденција за тоа како луѓето се гледаат себеси преку другите во општеството, дали се успешни, неуспешни. Понатаму, со тоа се открива во која мера тие се идентификуваат со другите и така се интегрираат во групите, односно остануваат на нивните маргини.

II. ВИДОВИ НА METOДИ НА ПРОЕКЦИЈА

Според субјектот на проекцијата разликуваме:

1) Meтод на самопроекција е оној метод во кој се согледуваат само особините на поединецот, со отсуство на проектирање на другиот. Во оваа постапка се сознаваат склоповите на личноста и нејзините важни црти, кои секогаш се индивидуализирани.

2) Метод на проекција на “другиот низ себе” го означува припишувањето на сопствените интенции, чувства и работи на други личности, така што со него се сознава колку личностите со своите карактеристични особини

19

Page 20: Организација на реализацијата на истражувањето

се врзуваат за друга, односно настојуваат да се заштитат од другите како што тие тоа го замислуваат.

Според ситуацијата која може да биде изразито субјективна или општествено условена разликуваме:

1) Метод на субјективна ситуација се однесува на поединечното исклучиво видување на својата положба во однос на другите, само доколку до израз доаѓаат неговите црти на личноста. Наведениот метод служи за сознание за самосвеста на поединецот при оценувањето на своите способности, можности.

2) Метод на субјективно – објективна ситуација упатува на општествената состојба во која се наоѓа поединецот, а таа состојба ја рефлектира низ нејзиното препознавање и снаоѓање според низата особини што ги развива под влијание на општествените текови. Овој начин покажува токму во која мера проекциите на поединецот, било позитивни, било негативни придонесуваат кон неговото вклопување со другите личности или, пак, исклучување од нив.

III. ПРЕДНОСТИ И НЕДОСТАТОЦИ НА METOДОТ НА ПРОЕКЦИЈА

Предности:

1) изразито субјективен метод и укажува на фактите кои се сврзани за поединецот и неговото видување на себеси и другите.

2) предноста на овој метод во однос на другите е во самосведочењето, кое јасно се воочува таму каде останатите постапки можат да затаат и да се најдат пред бариерата на затвореноста на единката.

3) кога за предмет е земена општествената ситуација, ги покажува и човековите релации во конкретните општествени ситуации и на проективен начин го осветлува односот на поединецот и општествените структури.

Недостатоци:

1) во еден дел недостатоците на овој метод произлегуваат од субјективноста на постапката, која не може да се објективизира за да биде потполно научно употреблива.

2) исто како и другите психолошки методи, применлив е на помали општествени групи.

3) поради субјективноста тешко е да се прават инструменти за верификување на методот.

20

Page 21: Организација на реализацијата на истражувањето

METOД НА ИНТРОСПЕКЦИЈА

I. ПОИМОТ METOД НА ИНТРОСПЕКЦИЈА

Методот на интроспекција е изразито психолошки метод. Сличен е со посматрањето, но од него се разликува по тоа што станува збор за посматрање од страна на единката, кое се врши под надзор на истражувачот. Поради таквата постапка интроспекцијата се јавува како посебен и единствен метод на создавање на искуствена евиденција. Затоа, овој метод и се дефинира како самоопсервација од страна на личноста, забележување на сопствените содржини на свеста, настаните или сеќавање на настаните според однапред строго формиран план и начин на бележење на податоците, односно оценување на сите состојки на личноста (интелегенцијата, карактерот, темпераментот итн.).

Покрај посматрањето, кое се однесува на ставовите за доживувањата, предмет на оценка од страна на испитаникот може да бидат и цртите на личноста, односно нивното оценување.

Како и кај доживувањето, така и кога се работи за самооцена на цртите на личноста кај конкретна единка, кое е засновано врз непосредното искуство, се врши негова кристализација врз основа на критичкото искуство.

На крајот, како поле на истражување на фактите во интроспекцијата постојат и социјални ставови, кои се однесуваат на разни проекции на испитаникот спрема други со што овој метод се доближува до методот на проекција.

II. ВИДОВИ НА METOДИ НА ИНТРОСПЕКЦИЈА

Од самата суштина на интроспекцијата произлегуваат и нејзините видови и тоа:

1) Интроспекција на непосредното искуство e база на секое самопосматрање и често се завршува како таква, без критичка валоризација кога е неопходно да се утврдат психолошките механизми кои ја покренуваат личноста, а притоа да не е толку важно колку податоците се точни или не.

2) Интроспекција на критичкото искуство подразбира промена на логичките постапки за “чистење” на непосредното искуство, ослободување од заблудите или таа претставува интроспекција вистинската смисла на зборот. Тоа е битно кога се сака да се псотигне терапевтски третман за ослободување на личноста од самозалажување и во лекување на болниот. Тогаш е важно да се дојде до вистините податоци за состојбата на единката.

Според својството на содржината на интроспекција се делат на:

21

Page 22: Организација на реализацијата на истражувањето

1) Интроспекција на доживувањата e класична постапка на интроспекција и се применува за утврдување на психичките состојби на индивидуите за различни цели, од кои едната од најважните е лекувањето во патолошко – фрустрирачките ситуации.

2) Интроспекција на цртите на личноста е самооценување на сопствените особини, кое не мора да биде точно, но е важно затоа што претставува најдлабока основа на реакциите на единката и нејзината стабилност или нестабилност.

III. ПРЕДНОСТИ И НЕДОСТАТОЦИ НА METOДОТ НА ИНТРОСПЕКЦИЈА

Предности:

1) незаменлив метод во самопосматрањето на личноста преку кое треба да се дојде до изворни известувања за внатрешната страна на нејзиното битие, психа.

2) индиректно предупредува и на општетсвената страна на личноста, што се согледува во социјализацијата.

3) интроспекцијата покажува колку е важна внатрешната страна на единката за она што е вистински предмет на општествените науки, интеракциите и релациите меѓу луѓето.

Недостатоци:

1) интроспекцијата е ограничена само на внатрешната страна на индивидуалноста, а не ги подразбира објективните факти што можат да се проверат интерсубјективно.

2) критичкото искуство кое секогаш останува ограничено со самата практика на конкретното општество и не може да се воопштува за сите општества, ниту пак да се споредува.

3) несогласувањето на научниците околу цртите на личноста.

МЕТОД НА НАКРСНИ КУЛТУРИ (“GROSS CULTURAL METHOD”)

I. ПОИМОТ МЕТОД НА НАКРСНИ КУЛТУРИ

Методот на накрсни култури е специфичен метод кој се однесува на испитувањето на значењето на културата. Тој припаѓа на низата начини кој се стремат зад феноменалната страна на општествените појави да ја откријат т.н. внатрешна латентна фактичка содржина која се однесува на смислата што луѓето им ја придаваат на појавите.

22

Page 23: Организација на реализацијата на истражувањето

Методот на накрсни култури претставува собирање на факти за улогата на значењето и типовите на општествените установи, односно за нивното значење во одделни култури, но со стремеж да се определи нивното место во културата воопшто. Варирањето на улогата и типот на општествените институции или нивното значење зависи од обликот и содржината на општеството во кое се развива културата.

II. ВИДОВИ НА МЕТОДИ НА НАКРСНИ КУЛТУРИ

Според критериумот кој се однесува на општествените установи за кои се прибираат факти:

1) Метод на ограничен тип на “накрсни култури” е оној во кој за проучување се земаат само определени видови на социјални институции, како на пример крвното сродство, религиските забрани, космогониските митови итн. кои играат важна улога во одделни култури , бидејќи претставуваат основа за регулирање на општествените односи.

2) Метод на пошироки барања за проучување зема поголем збир на општествени установи, создавајќи од нив типови кои помалку или повеќе постојат во сите култури. Целта на прибирањето податоци е да се укаже на она што постои како заедничка културна константа.

Според критериумот за бројот на културите:

1) Метод на одделни култури во центарот на проучување ги става само одделните карактеристични култури. Стремежот е да се проучат сите установи кои го определуваат еден тип на култура, со што тој се одделува од другите типови.

2) Метод кој се однесува на човековата културата во целина е најширок и настојува да сознае се’ за карактеристичните установи и за сите типови на култури, го претставува она што ги поврзува одделните култури во единствена универзална култура на човекот.

III. ПРЕДНОСТИ И НЕДОСТАТОЦИ НА МЕТОДОТ НА НАКРСНИ КУЛТУРИ

Предности:

1) исклучива постапка за сознавање на духовните содржини, значење и смисла на културните појави.

2) доста е објективен бидејќи ја утврдува колективната културна содржина за разлика од откривањето на значењето на индивидуалните постапки.

3) неговата вредност се состои и во тоа што културата ја става во општествениот контекст.

23

Page 24: Организација на реализацијата на истражувањето

Недостатоци:

1) во прв ред се однесуваат на начинот на истражувањето кое е сврзано за значењето и формирањето на идеално – типски конструкции кои секогаш не се идентични како и самиот живот.

2) прибирањето на факти врз основа на овој метод, иако замислено како сознание за сите видови на култури, сепак, се ограничува на одделни типови на култури и тоа главно минати.

3) трае долго време, бара голем опфат и значителни материјални средства.

24