14
ЃОРЃИ ЕФРЕМОВ ИСТОРИЈА ПРАИСТОРИЈА ЗНАМИЊА АНТИКА ТРАДИЦИЈА КУЛТУРА ВОСТАНИЕ СРЕДЕН ВЕК ЦАР САМОИЛ ЈАЗИК НУМИЗМАТИКА ВМРО ТМОРО ВМОРО КОМУНИЗАМ НОБ ОКУПАЦИЈА ИСТОРИЈА НАЦИЈА ВОЈСКА РЕЛИГИЈА НОВ ВЕК АРХЕОЛОГИЈА СОЦИЈАЛИЗАМ СЛОБОДА

Печатот за Македонците и нивната состојба - 1903 година

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Зулумите на отоманската империја нешто пред и по илинденскиот период. Поткрепено со многу оригинални цитати од весници.Автор: Ѓ. Ефремов - Штип

Citation preview

Page 1: Печатот за Македонците и нивната состојба - 1903 година

ЃОРЃИ ЕФРЕМОВ ИСТОРИЈА

ПРАИСТОРИЈА ЗНАМИЊА АНТИКА

ТРАДИЦИЈА КУЛТУРА ВОСТАНИЕ

СРЕДЕН ВЕК ЦАР САМОИЛ ЈАЗИК

НУМИЗМАТИКА ВМРО ТМОРО

ВМОРО КОМУНИЗАМ НОБ

ОКУПАЦИЈА ИСТОРИЈА НАЦИЈА

ВОЈСКА РЕЛИГИЈА НОВ ВЕК

АРХЕОЛОГИЈА СОЦИЈАЛИЗАМ СЛОБОДА

Page 2: Печатот за Македонците и нивната состојба - 1903 година

Вовед:

Во македонската историографија можеме да сретнеме голем број на

докуметни, пишани извори и медиумски дописи, македонскиот бит го

запишувал своето дејствување низ бројни јавни извори и ја шири својата

дејност низ весници и друг вид на пишан извор во навистина голем број.

Севкупните случувања не останале во границите на Македонија, посебно не во

периодот на илинденскиот период, периодот опишан во оваа семинарска

работа.

Експлицитно и неуморно е заведена секоја ново-стара состојба во екот на

Илинденското востание, дописките од многу европски и преку океански автори

и новинари ни оставаат небројани информации за работата и случувањата во

Македонија, оставајќи ги информациите како еден од многуте извори кои го

потврдуваат трудот за остварување на македонската кауза.

Новинарството како главен чинител и извор од кои ги црпам информациите

помага во градењето слика за периодот на “воскреснување” на

македонштината, тогаш кога прангите паднаа пред бесниот народ и јурна кон

ослободување.

Изворот долунапишан не само што ни ја пренесува реалноста во Македонија и

Империјата на османлиите, тој ни остава простор да анализираме и да

расудуваме за голем број прашања кои “подмолно” се развлекуваат и

поттикнуваат дилема и причина за дискусија. Не ретко може да се воочи

неинформираноста на новинарот и дописникот кој пак ни дава до значење и не

уверува во неутралноста при описот на случувањата.

Во овие неколку страни не само што ќе сретнете цитати за илинденскиот

период, туку и македонците и како биле нарекувани и како се нарекувале

самите себе си.

Page 3: Печатот за Македонците и нивната состојба - 1903 година

Македонија низ делата на западните автори

Следејќи ги преводитте

класифицирани според датумите, јасно

може да се следат тековните настани и

историјата на Македонија низ сликовите

описи се дава до знаење за постоењето на

македонците како посебен етникум, како

народ кој треба да се смета за одделен,

истото се среќава не само во весниците,

повеќе и во делата на западните автори.

Инструкциите на македонците во рамките

на нивниот ослободителен комитет и револуционерното “дело” кое е основа и

суштина во борбата за слободна Македонија.

Во овој осврт, ќе напоменам само неколку светски дела кои јасно го

покренуваат прашањето за Македонија, за дистинкцијата “македонски јазик” и

идентитет, наспроти вечните тези кои гледаат на македонците како “срби со

говорна маана”, “еден народ во две држави”. Низ страниците на Гуртлер од

1835 кој вели: “Македонците не треба да се сметаат за Грци, од старите

тие не беа сметани за исти и ги нарекуваа варвар. Да Македо беше пцовка-

име. Тие се разликуваа од Грците во етиката и во себе уште додека Грците

беа култивирани; Македонците беа и по јазик различни од Грците. Не беше

ниту грчки дијалект1, Старбо дури и претерува, дека Македонецот не

можеше воопшто да се разбере. Сам човек не знае ништо. Толку се знае,

македонците се разликуваат од грците; затоа Македонија како Македонија

овде не не интересира повеќе.”2

“Посета на Белград” од Џејмс Витли издадена во 1854 година при која, јасно ги

разликува сите народи или раси на Балканот, исто пренесувајќи зборови од

уста на еден турчин-големец во Белград:

1 Ef. Starvo 6, pag. 326. Curtius lib. 9, cap, 9, 34.

2 J.D Gurtler ,”Vorlesung – “Alterthumswissenschaft”pg.28-1835.

Page 4: Печатот за Македонците и нивната состојба - 1903 година

The Balkan Lands – “ Јас го уверив Хасан дека луѓето, необичните бои и

начинот на живот ме интересираат исклучително, и дека јас ништо не бев

уморен од зјапањето во мене. “Ах!” продолжи тој, “секогаш има нешто што

веди да се види во Белград. Луѓето се собираат тука од сите делови на

целиот свет, - Македонци, Грци, Бугари, Бошњаци па дури и шваби.”3

Ништо по различно не пишуваат и Македонците преку весникот “Македонски

глас” издаден во Санкт-Претербург на 9 јуни 1913.

“Ние Македонците, не сме Срби, ниту Бугари, туку просто Македонци.

Македонскиот народ е постоечки и независен од бугарскиот или српскиот

народ. Имаме симпатии кон нив, Бугарите и Србите, ете помогнете ни во

нашето ослободување, а ние ќе ви кажеме благодарам, но пустите Бугари и

Срби не зборуваат дека Македонија е дело на Македонците. (Борис

Сарафов)”4

Дописи за

американските и

европските венсици

Генерален секретар на

мак. друштва во Швајцарија

проф. Константин Е.:

“ …таму има Македонија и

дел од светот кој нејасно е дефиниран, северно од Грција. На север ја допира

Србија, Бугарија, Романија. Овој агол е познат како Македонија...во нашите

учебници под насловот “антчка историја”, била Македонија; Земјата на

светот му ги даде Филип и Александар и од кој Павле имал визија…” 5

И сеапк, излишни се коментарите кои говорат за не постоење на “македонски

етникум” на територијата на тогашна Османслиска Империја, токму овие

автори и новинари ја толкуваат состојбата и говорат за Македонците и

Македонија воопшто без предрасуди, за разлика од соседите чии

3 The Geographical Jurnal of The Royal Geographical Society in London Vol. XXVII. Jul.to Dec. 1906.

4 Драган Ристов “903’”стр. 15-Штип 2013г.

5 “Times” – pg. 7 – 16.09.1919

Page 5: Печатот за Македонците и нивната состојба - 1903 година

предиспозиции и намери нам ни се добро познати. Авторите и новинарите на

народот кој живее на територијата на Вилаетите Скопје, Манастир, Солун се

нарекувани Македонци а нивната земја Македонија. За тоа дека овие дописки

чија рецензија некогаш се и самите турците, не се фалсификат, дека не се

изменувани и дека новинарите не се под нечие влијание е и фактот дека

одредени новинари гледаат на македонците како бугари што не е нелогично за

тој период. За ужасната состојба во која се наоѓа Македонија како политички

сегмент пишува и Гладстоун во писмото упатено до Дамзис – Лондон, Англија,

16 април 1897:

“Често пати гледа како се дебатира по прашањето до кој степен

Македонија, кога денот на нејзиното ослободување ќе дојде, треба да биде

анектирана или поделена; Како што Бугарија отиде кај Бугарите а Србија

кон Србите, Македонија да не биде слободна земја на Македонците.; далеку

сме од ефикасно разгледување на едно вакво прашање, кога ние сме срамно

неспособни да се справиме друи и со отворање на ова прашање за нас, и

наменето за наше забележување”. 6

Гладстоун јасно ни прецизира во која состојба се наоѓаат и самите тие,

европјаните и другите политичари за чие внимание Македонците се втурнуваа

многупати, еден друг страшен факт е дека Европа останува нема на

случувањата на Балканот, па дури и Русија кој во одредени моменти и се

спротиставува на Македонците кои бараа помош при ослободувањето т.е

кревањето на востание од 1903.

Суровоста применувана кон Македонците е прототип во историјата на еден

народ, а за тоа ни зборува и при транскрипција на Светото писмо за кое

весникот “Сан” од 16ти јуни 1903, меѓу другото пишува: “...Цензорите се

спротивставија на зборот “Македонија” во Новиот завет. За античкиот

географски поим Македонија, кој се појавува во првиот апстолат на Павле

до Тесалијците, Турците сега инсистираат да биде заменет со модерниот

назив “Вилает на Солун и Манастир” – Врв кој зборува за ситуација која

излегла вон контрола.

6 “Times” (Washington D.C) April 21, 1897

Page 6: Печатот за Македонците и нивната состојба - 1903 година

- “Ноје Фрајг Прес” отпечатл интервју со кралот Александар на Србија за

Македонското прашање.;Кралот силно се спротивставува на

обезбедување на автономија за Македонија. Тој вели дека тоа значи

создавање на нова држава, и дека сите нејзини конфликтни

националности кои војуваат уште од самиот почеток при што ќе

водат до опасна меѓународна компликации; Според Прес, македонските

бунтовници веќе се активни. Весникот додава дека армијата на

востаници напредува кон долината на Струма кон Серес, утврден град

во Македонија, 47 милји северно од Солун.7

Пишаните медиуми за Илинденското востание

-Одбрани цитати-

Додека нашите учебници и книги не пишуваат ништо за

периодот пред кревањето на Илинденското востание а и после

тоа, странските дописници и мисионери активно и со дробни

информации ги пренесуваат случувањата во детали, еден од

многуте такви текстови се пишувани и во “San Francisco call” со

насловна страна:

“Сто илјади Македонци ќе земат оружје и ќе прогласат војна за

независност од Турција – Христијаните во Охрид се

масакрирани” --- Турците ја поразија групата на Стојанов---

Сите Бугари желни за војна.

“Допис од Манастир, Македонија, до париската нова агенција, објави дека

револуционерниот комитет ќе прогласи генерално востание во вилаетите

помеѓу 25-5и и 29-ти април, кога 100.000 луѓе наоружани со пушки и 7 “The Washington Time,pg.2 - February 22, 1903, Sunday Edition

Page 7: Печатот за Македонците и нивната состојба - 1903 година

динамитни бомби ќе бидат под знамето на независноста. Случаен извештај

дојде и од Константинопол.”

“…Дописникот цитира информатор кој само што се врати од посета на

дистрактот Манастир, Ушкуб и Иштип и вели дека таму постои најголема

исритираност помеѓу популацијата…”8

- Македонскиот комитет на неколку наврати го најавува востанието

предвремено, од ова може да дојдеме до знаење дека за генералното

востание сепак се знаело однапред, за тоа биле смесни и новинарите,

најмногу пак биле османлиските управници.

Истиот весник, Калифорнија – Април 06, 1903 – “Комитетот вели дека

Македонците сакаат одвојување од Турција, но многу добри патници

наведуваат дека добар дел од популацијата не сака ништо друго освен мир и

добро владение, и се повеќе против Бугарија отколку против Турција”

8 “The San Francisco Call” – Paris, 06, april, 1903.

Page 8: Печатот за Македонците и нивната состојба - 1903 година

• Смртта на Делчев

Една од нај актуелните вести, за која

сите новини пишуваат е и смртта на Делчев,

но поголемата причина не е што е

напишано, туку како е наречен, долго време

бугарскиот фактор зборува за Делчев како

Бугарин т.е бугарски лидер, “New York

Tribune” – “Мacedonian leader killed –

Дописник на “Tajmс” во Софија доби

веродостојна информација дека Делчев,

славниот шеф на Македонското

револуционерно движење, е убиен при

уништувањето на селото Беласица, близу

Серес од Туеците. Неговата прерана

смрт, вели дописникот може привремено

да го парализира движењето.“9

“The colonist – “Делчев креаторот на Македонското револуционерно

движење, беше убиен во заседа во Паница. Неговата рана смрт најверојатно

ќе го парализира движењето” 10

- “” Франкфурт Цајтунг”, ова утро оптечати допис од нивниот

македонски дописник кој покажува дека масакар во с. Баница, близу

Серес на 10-ти Мај се случил, дека загубите на животи се поголеми од

претходно иницираното – 1500 семејства масакрирани од Турците во

Македонија по херојскиот отпор. “11

Можеби клучниот проблем зошто бугарскиот и македонскиот субсрат е

нарекуван измешано од дописниците е и обој важен цитат, кој вели дека бо

9 “New York Tribune” – London 25

th, May, 1903.

10 “The colonist”( New Zeland, Vol XLVI, Issue 10728 ) – pg.3 27

th, May, 1903 y.

11 “The Washington Times” – Berlin pg.1., 26th May, 1903.

Page 9: Печатот за Македонците и нивната состојба - 1903 година

Бугарија има голем процент на Македонско население. Во понатамошната

содржина ќе наведам неколку клучни факти кои говорат за засебноста на

Комитетот, кој е одделен од Софискиот, таков заклучок не ни даваат директно

авторите, индиректно подразбираме за одделноста на Комитетите. Главен лик

споменат освен Делчев е и Сарафов за кој во денешна Македонија многумина

го нарекуваат бугарин.

“Генерално не е познато дека има два комитета, еден централен во Софија и

уште еден во Софија, секој од нив со комитет и под-комитети.”

“Бугарската армија, која брои, неколку стотина илјади луѓе, во најголем дел

е составена од Македонци. Процентот на Македонски офицер е преку 30%

додека просекот на луѓе по ранг, иако не е толку голем, не е ниту замерлив.”

“Во Бугарија има 300,000 македонци кои формираат активен елемент, иако

добар дел од армијата не се нивни офицери.”

Нај одбивно од се е неутралноста на Русија

во која постои македонско движење, истата

е во политички односи со Бугарија, Србите

пак ни даваат до знаење дека се против

автономија на Македонија, додека бугарите

не “симпатизираат” но всушност оние кои и

помогнаа на Македонија во востанието а не се од Македонија се Македонците

од Бугарија. По се изгледа, лакомоста на соседите за поделба на Македонија

својот корен го влечат од многу по одамна, плановите за инвазија и поделба на

Македонија се спомнуваат како можно сценарио за време на востанието, за тоа

дознаваме од “The Washington times” во еден од текстовите читаме:

“Ќе биде оставена на своја судбина – Неизбежната војна која почна со

Македонското востание, ќе следи со Бугарска инвазија на Македонија,

кулминација од непријатествата од Србија ќе резултира со остра и тешка

борба помеѓу Русија и Турција, во која вторите ќе бидат најверојатно

Page 10: Печатот за Македонците и нивната состојба - 1903 година

поразени, ќе заврши уште еден меѓународен конгрес организиран со цел да ја

ефектуира поделбата на Европскиот континент.”12

- Новинарите се уште по

прецизни и во описот на тоа од

каков карактер е македонското

ослободително движење и

востание. Додека востанието

сеуште трае еден важен допис е

напишан во “The New York Times” на страна 4 издаден

на шеснаести Август 1903 вели: “Востанието е

целосно Македонско движење организирано од

Внатрешнио Македонки комитет кој сам по севе е

доказ за шокантната состојба на работите

предизвикани од испадите на турските трупи, кои

со образложение за пребарување на куќите за

оружје, влегуваа во македонските села да

ограбуваат и уништуваат”

Ослободување на Крушево

Весникот “New York Tribune” во статија објавена во втората страна на

единаести Август 1903, од дописка од Цариград испратена на 10, претходниот

дел ја објавува веста за кревање на генерално востание за ослободувањето на

Македонија во кој вели: “ Според поштенски совети кои датираат од петти

август, бунтовниците кои неодамна го окупираа малиот град Кушево,

дваессет милји северно од Манастир бројат деветстотини души. Тие го

уништиле гарнизонот од педесет и два војник, ја разнеле владината зграда

и потоа го подигнале на ридот кое гледа кон градот знамето на кое на

едната страна со лав како лого пишува “Смрт или слобода” а на другата

страна “храброст, братство”. Веста уште побргу доаѓа за тоа дека Крушево е

завземено, а веднаш потоа следат и масакрите врз македонското недолжно

население.

12 “The Wachington times” pg. 11 – Feb, 13, 1903.

Page 11: Печатот за Македонците и нивната состојба - 1903 година

Крушево заземено ( Специјален допис од Асошиејтед прес) “Турците успеаја

денес да го завземат Крушево од рацете на бунтовниците. На нападот 4000

турски трупи кои го опколија градот му претходеше бомбандирање кое

направи страшни егзекуции. Бунтовниците се повлекле во планините”

Насилства врз населението

Историјата која зборува за Македонија во рамките

на Отоманската империја, не познава по големи злочини

вршени врз недолжниот христијански народ во

деветнаесеттиот век. Злосторствата не се броени само во

човечки жртви, статии се среќаваат кои говорат за

уништување на цели села, убиства на семејства, поедини

злосторства, како резултат на гневот од бунтот на комитите

во пред и после Илинденското востание.

Наместо прости наведувања за тоа колкав и на каков начин

е убиван македонскиот народ, ги користам озворите на “The San Francisco Call”

од осумнаесети Август, 1903 кој на четврта страна

пишува: “Телата на убиените жени и бебиња

фрлени во река- Берлин, 17 Август, 1903 –

Според дописите и добиени од Франкфурт

Цајтунг, реката во близина на Манастир,

Македонија е полна со остатоци од телата на

жени и деца кои се масакрирани од баши

бозукот, слика за заковано веве на градите на

својата мајка.”13;

13 “The San Francisco Call” (San F. California ) pg. 4, 18 August, 1903.

Page 12: Печатот за Македонците и нивната состојба - 1903 година

“Нехумани злосторства врз македонските жени

– Деца заковани за своите мајки е честа глетка

тука. Главите на потврдогалвите борци, луѓе

кои ја пуштаат и последната капка крв со чест,

се изложени јавно на видливи места набиени на

остри колци.”14; “ Ги соблекуваат младите

девојки во присуство на своите родители,

ограбуваат и убиваат. Други и погребните

процеси се стопирани а труповите штрчат од новата облека во која се

облечени согласно македонските погребни обичаи.”15

За суровоста на турците и начинот на тортура говори “The Seattle star” објавено

на дваесет и први Ноември 1903 во кој пишува:

“Овде живеел старец на кој му треба помош по име Типо. Бунтовниците

имале обичај да доаѓаат таму и да земаат оброк. Турците успеале да

дознаат за тоа. Затоа отишле по оброкот, го пронашле старецот и го

прашале да им каже како бунтовниците даѓаато до леб. Тој не сакал да

стане предавник, и одбил да ја исполни нивната желба. Затоа го врзале за

коњ и го уштиле коњот да оти. Така старецот ја дочекал својата смрт.” ;

“...во една слика селанец е распнат со користење на чекрци додека на друга

за нозе е врзан тежок камeн; На друга лсика трговец, неможејќи да ја издржи

тортурата, се оттргнал од неговите пленци и се фрлил од врвот на

затворска кула.”

14

“Bisbee daily review” pg. 8 – August 27, 1903. 15 “New York Tribune – pg. 5, September, 11, 1903

Page 13: Печатот за Македонците и нивната состојба - 1903 година

“Бугарија ги брише нејзините македонци” “London Times” 04.12.1975

“…Бројот во 1950 кој бил даден 500.000, во 1956 бил 180.000 а неколку години

подоцна, официјалниот претставници тврдат дека нема повеќе од неколку

илјади во северна Бугарија. Југословените тврдат дека во изминатите 10

години 23 организирани групи Македонци се осудени во Бугарија за

изразување на своите национални чувства. Според телевизијата во Скопје,

полицијата ги конфискува дкомунетите, исправите, апси и депортира

Македонци во специјални кампови. Луѓето и семејствата познати како

“непоправливи Македонци” одеднаш исчезнаа.16

Заклучок

Дебела е книгата која говори за “македонската каузална историја”,

преку класифицираните новинарски извештаи ние само ја потврдувам веќе

познатата состојба во Македонија, од целите анализирани и класифицирани

информации доаѓаме до знаење за трновитиот пат кој “морал” да го помине

македонскиот народ за да заслужи слобода. Бурните настани одиграни на

Македонски тло како буре барут не успеало да остане притаено, невидено од

видикот на неутралниот сегмент, истиот тој ја запечатува и и става крај на сите

двоумења и контраверзни мислења на било која тема или цитат.

Текстовите ни говорат за начинот на вкопување темели за идната македонска

држава, која за жал заврши спротивно – поделба. Но и покрај се, историјата е

“архива” за сите дела, воедно ја покажува и вредноста и моќта на човековиот

бит, кон патот за ослободување, кон патот за рамноправност.

Се чини дека македонскиот народ пострадал доволно, за да ја разбере

потребата од создавање на “заеднички дом” кој ќе ги обедини сите нејзини

етнички елементи.

16 “London Times”- 04.12.1975

Page 14: Печатот за Македонците и нивната состојба - 1903 година

Читајќи ги делата на бројните писатели и дела, нам ни останува да расудуваме

и да полемизираме за севкупните случувања во можеби најкрвавиот период од

македонската историја, ни дава до знаење за вредноста, за борбата

напоробениот за слободата а слободниот за совршенството.

Користена литература:

1. Драган Ристов, “’903”, Штип, 2013.

2. J.D Gurtler ,”Vorlesung – “Alterthumswissenschaft”

3. “Times” - 1919

4. “Times” (Wshingtong D.C)

5. “The Washington Time”

6. “The San Francisco Call”

7. “New York Tribune”

8. “Bisbee daily review”

9. “London Times”