21
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА ОТСЕК: БИЗНИС ЛОГИСТИКА – ГЕВГЕЛИЈА СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ ТЕМА: РАЗВОЈ НА ПЛАНИНСКИ ТУРИЗАМ ВО МАКЕДОНИЈА Ментор: Кандидат: Гевгелија, Декември 2014

планински туризам

Embed Size (px)

DESCRIPTION

м

Citation preview

Page 1: планински туризам

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА

ОТСЕК: БИЗНИС ЛОГИСТИКА – ГЕВГЕЛИЈА

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ

ТЕМА:

РАЗВОЈ НА ПЛАНИНСКИ ТУРИЗАМ ВО МАКЕДОНИЈА

Ментор: Кандидат:

Гевгелија, Декември 2014

СОДРЖИНА

Page 2: планински туризам

1. Краток извадок...............................................................................................03

2. Клучни зборови..............................................................................................03

3. Abstract…………………………………………………………………..………....04

4. Key words………………………………………………………………………......04

5. Вовед (Introduction)……………………………………………......…………..…05

6. Развој на планинскиот туризам во Македонија..........................................06

7. Заклучок (Concluding remarks)……………………………………………….....15

8. Користена литература(References)………………………………………….....16

2

Page 3: планински туризам

КРАТОК ИЗВАДОК

Во овој семинарски труд е обработена темата развој на планинскиот

туризам во Македонија. Туризмот е стопанска гранка која го опфаќа привременото

патување на луѓето од едно до друго место заради задоволување на културни,

рекреативни, здравствени и други потреби. Развојот на туризмот зависи од

повеќе природно - географски, антропогени и материјални фактори.

Планинскиот туризам во Македонија е дел од вкупната палета на

алтернативни видови на туризам во Македонија.

Клучни зборови: туризам, планини, развој , култура,

3

Page 4: планински туризам

ABSTRACT

In this seminar paper is processed topic development of mountain tourism in

Macedonia. Tourism is an economic sector that includes temporary travel of people

from one place to another to meet the cultural, recreational, health and other needs.

Tourism development depends more natural - geographical, physical and anthropogenic

factors.

Mountain tourism in Macedonia is part of the total range of alternative types of

tourism in Macedonia.

Keywords: tourism, mountains, development, culture

4

Page 5: планински туризам

ВОВЕД (INTRODUCTION)

Планински туристички места во Република Македонија има повеќе.

Најпривлечни и најразвиени се: Попова Шапка на Шар Планина, Маврово на

Бистра, Нижеполе и Копанки на Пелистер, Крушево на Бушева Планина, Пониква

на Осоговските Планини, Сувилаки на Малешевските планини и други. Тие имаат

услови за летен рекреативен, зимско-спортски и за ловен туризам. Во некои од

нив се присутни карактеристични населби како што се: Галичник кој е познат по

манифестацијата Галичка свадба, Крушево како највисок град на Балканот, со

мочне пријатна клима, Маврово како комбиниран зимско-спортски и езерски

центар.

Македонија ги има сите предуслови да прерасне во комплетна туристичка

приказна, земја која на странските посетители ќе им понуди уникатно и

несекојдневно доживување. За жал, големиот туристички потенцијал се уште не е

целосно искористен.

Македонија е претежно планинска земја, со извонредни природни богатства

и убавини. Во Македонија има 34 планински врвови со над 2.000 метри надморска

висина кои се богати со вегетација. Планините и планинските венци се

испреплетени со бројни зелени котлини и долини. Влијанијата на медитеранската

и континенталната клима овозможуваат висока плодородност на обработливата

површина, развој на сточарството, а исто така, и можности за развој на летен и

зимски туризам.

5

Page 6: планински туризам

Развој на планинскиот туризам во Македонија

Сместена меѓу Охридското и Преспанското езеро, со својата специфична

местоположба, природните убавини и карактеристичниот растителен и животински

свет, Галичица е атрактивна дестинација за планински туризам. Поголем дел од

планината е прогласен за национален парк. Локалните власти, од година во

година, регистрираат зголемен број на посетители, кои доаѓаат буквално од сите

краеви. Дополнителен плус е фактот што има мапирани и обележани пешачки и

велосипедски патеки, а оваа дестинација е често посетувана и од страна на

параглајдеристите. Уште една планина која плени со својата убавина е Бистра,

сместена во централниот дел од Западна Македонија, на надморска висина од

2.163 метри. Освен двата највисоки врвови, Меденица и Карбула, Марвовското

езеро и преубавата Радика, Бистра ви нуди прекрасен преглед на Реканскиот крај.

Идеална за скијање, планинарење, алпинизам, планински велосипедизам,

параглајдерство, риболов е и Шара, уште еден горд репрезент на домашниот

туризам. На околу 200 километри од Скопје и 130 од Солун, Кожуф изминативе

години прерасна во атрактивен ски – центар кој располага со најсовремена

опрема и можност за вештачки снег. Низа дестинации кои Македонија високо ја

позиционираат на мапата за планински и ски туризам. Имаме адути и за

љубителите на параглајдеството, падобранството, за низа воздухопловни

спортови. Како најатрактивни локации за слободно летање се избрани: Крушево,

Галичица, Трескавец и Попова Шапка.

Планината Бистра

Бистра е планина во Македонија која се граничи со шест други планини:

Шар Планина, Буковиќ, Стогово, Крчин, Дешат и Кораб. Позната е по своите

6

Page 7: планински туризам

пасишта, а бидејќи се граничи и со Мавровското езеро поголем дел од планината

спаѓа во националниот парк „Маврово“. Искачувањето на највисокиот врв

„Меденица“ се врши по стандардната насока од веројатно најпознатото село

Галичник, кое се наоѓа на 1350 метри надморска височина.

На пасиштата на Бистра има триесетина диви коњи кои доаѓаат во

близината на овчарските бачила. Овој вид коњи е се помалоброен на Бистра,

нивното неконтролирано ловење и припитомување.

На Бистра се наоѓа голем скијачки центар. Добро подготвените патеки се

вистинско уживање за скијачите, на кои им стојат на располагање седум ски-

лифта за крстосување низ непрегледните белини.

Релативно зарамнет масив на млада верижна планина, со

рашткрани врвови високи над 2.000 метри надморска висина, скрасена во

срцето на западниот дел од Македонија, во вечен дијалог со Крчин,

Дешат, Кораб, Шара, Стогово, мавровските убавини, гордост на

мијачкиот регион – таа е Бистра, вечно убава и убаво вечна.

Кога ќе посакате да ја шетате Бистра Планина (сигурно ќе посакате да

посетите ваква убавина), наша препорака е тоа да го направите со кинис од

китното Галичник, кое е удобно скрасено во топлата мајчина пазува на бистрата

планина. Не дека турата која тргнува од мавровската страна е помалку

возбудлива, раскошна и убава, само потребна е поголема физичка подготвеност

бидејќи е подолга, доколку сакате да ги посетите двете врвни гордости на Бистра

– моќниот, женски принцип Меденица и строгиот, машки принцип Карбула – двата

највисоки врва на оваа планина.

Бистра со срдечност, благородна и гостопримлива, ќе ве пречека во своите

прегратки, давајќи можност безрезервно да уживате во сиот нејзин раскош.

А кога пред вас, во еден момент, ќе се извиши гордо осамениот Карбула,

тогаш чекорот сам од себе подзапира, духот се вознемирува, срцето полека го

смирува својот забрзан ритам, очите восхитено се шират пред торжествената

глетка, а целото битие ја застанува својата опстојба и настројба за должно да го

7

Page 8: планински туризам

испочитува и да ужива во моќниот дијалог кој започнува со планинскиот

горделивец и кој немо ќе го беседи за сето време додека битствува на Бистра.

Врв со женски принцип, како што љубиме ние да си го нарекуваме. 2.163

метри надморска висина – Меденица, моќна, тивка, но и немирно своја, гордоста,

срцето и духот на Бистра Планина. Кога сте на Меденица ве обзема чувство дека

сето она околу вас е запрено во еден вечен миг на перманентна опстојба и

настројба исполнети со задоволство, спокој, мирољубие, благи мисли и чиста

вечна глетка.

Убавината тука има една, универзална појавност која во целосно

разнолични нијанси и форми се умножува и се прекршува во безброј лични лица

на природата. Гласниот молк кој извира од планинските падини го сплотува

човечкиот дух со трепетот на тревките, громкиот шепот на карпите и

брановидната хармонија на падините

Поглед од врвот Карбула – миг во кој природниот обилен дар понира во вас

преку секој атом од вашите зеници, момент на откровение во кој осознаваме дека

мирот и спокојството за нас, кои тогаш стоиме покорно, но и гордо на врвот,

секогаш ќе биде достапен само преку постојаниот немир и копнежот за „вечно пак“

таму горе, таму над нас

Маврово

аврово е посебно атрактивно со паѓањето на првите снегови и

создавањето на снежната покривка. Скијачките терени се интересни и

привлечни за љубителите на скијањето, но не се исклучени и вљубениците во

прекрасните зимски пејзажи, бистрите планински реки, езеро, манастирите...

Црквата „Св. Никола“ е изградена во 1850 година од мештани, а нејзиот

фрескопис бил работен од непознат зограф. Со создавањето на вештачката

акумулација - Мавровското Езеро таа е потопена, а како нејзина замена се

гради манастирска црква.

8

Page 9: планински туризам

Феноменот, светецот или божјата волја не дозволуваат таа да исчезне

во длабочините на езерото. Таа постојано испливува од водите, а луѓето тоа

го објаснуваат како свето место.

 

Патот од Гостивар за Кичево се движи низ планински превој. Постојано ве

следи прекрасна природа, со прекрасно пошумени планини. Од десната страна на

главниот пат, каде се наоѓа еден спореден, но исто толку важен пат, стои патоказ

кој ќе ве одведе во нашиот најпосетен зимски туристички центар „Маврово“.

Маврово и околината се полни со посетители, не само во зимскиот период,

туку и во летните горештини, бидејќи планинската клима си го прави своето.

Затоа, честопати жителите на овие краишта знаат да кажат: „Во Маврово нема

'мртва' сезона“.

Сепак, останува фактот дека Маврово е посебно атрактивно со паѓањето на

првите снегови и создавањето на снежната покривка. Скијачките терени се

интересни и привлечни за љубителите на скијањето, но не се исклучени и

вљубениците во прекрасните зимски пејзажи, бистрите планински реки, езеро,

манастирите...

Скијачкиот центар „Заре Лазаревски“, кој

се наоѓа во селото Маврово, со двете

жичарници, едносед и двосед, и двата

поврзани ски-лифтови, на посетителите им

овозможуваат прекрасен видик на планината,

езерото, терените за скијање, а на скијачите

можност да крстарат по Бистра.

Ако дојдете на скијање во Маврово, тогаш ќе ги слушнете посетителите како

си довикуваат еден на друг „се гледаме на Бачило“. Овде може да се освежите со

топло чајче и да си помуабетите со своите пријатели во еден сосема поинаков

амбиент.

9

Page 10: планински туризам

А, в лето Бачило ќе биде прекриено со зелена ливада на која ќе пасат бели

стада овци, и не само на бачилото на Бистра така ќе биде и на околните планини

Кораб, Дешат и Шар Планина.

Оттука и надалеку прочуеното мавровско сирење, за кое навистина секоја

понудена цена е евтина, поради еколошката околина во која се произведува.

Националниот парк „Маврово“ зафаќа површина од 78.000 хектари. Поради

географско-климатските услови во овој регион, овде може да се сретнат многу

видови од флората и фауната.

Во бистрите и ладни води на реката Радика може да се лови вкусната речна

пастрмка, а теренот освен за риболовците, интересен е и за ловџиите.

Хотелите, одморалиштата и викенд-куќичките се полнат со посетители кои

освен во одморот од градската врева, може да уживаат и во посетата на

исконското, градено со векови.

Зимскиот туризам во Македонија во главно е сконцентриран во Маврово на

Попова Шапка, Пелистер и Крушево. Но, ова не ја исклучува посетеноста на овие

туристички центри и во летниот период. Се вели дека туризмот е гранка која

овозможува прилив на големи финасиски средства во една држава.

Недоволната афирмација на овие наши туристички центри го прави своето,

сепак пораката е јасна, потенцијалите кои ги има нашата преубава земја, мора

максимално да бидат искористени, како во однос на организацијата, така и во

однос на туристички капацитети.

  Крушево

На падините на Бушева Планина, заобиколен со густата крушевска корија

(локален израз за шума), на 1.250 метри надморска височина, распослан како во

инка се простира еден од најстарите градови во Македонија и воедно највисокиот

град на Балканот.

Градот датира од петнаесеттиот век, кога го населуваат исклучиво

Македонци. Кон крајот на осумнаесеттиот и почетокот на деветнаесеттиот век,

10

Page 11: планински туризам

бегајќи од насилствата и грабежите во Албанија, од областа Корча, а подоцна и

од планините Грамос и Пинд во денешна Грција, се доселуваат Власи. Доаѓаат и

Мијаци од реканскиот регион. Со Власите од Албанија доаѓа и извесен број

православни Албанци, кои со текот на времето се асимилираат во Власи. Од

почетокот се употребуваат и влашкиот и македонскиот јазик.

Крушево денес е град-музеј. Познатите семејства до ден-денес раскажуваат

за старите времиња, за момите донесени дури од Цариград со богати мирази, за

старите книги по моминските ковчези и предмети што сè уште се чуваат по куќите,

за роднините во Белград, Египет и Букурешт, за уметниците од светски калибар

како Никола Мартиновски и Тоше Проески, чиишто роднини и соседи ќе ги

сретнете на улица, за познатите крушевски златари одамна заминати на запад, за

умните крушевчани кои и сега се елитата на нашето општество.

Крушево се гордее со својот зимски туризам. Еден од првите ски-центри во

Македонија, со жичарница што тргнува од центарот на градот. Тука има патеки за

алпско и нордиско скијање, специјални патеки за биатлон, но и патеки за

планински велосипедизам. Тука е и спортскиот центар „Гумење“, а на Мечкин

Камен се одржува светски куп во параглајдерство. Благите падини се како

создадени за младите скијачи, а топлата атмосфера на градот идеална за семеен

одмор.

Целиот град пречекува гости во секое време. Крушево има неколку цркви, а

манастирот „Свето преобразение“ се наоѓа на осум километри од Крушево.

Големата македонска поп-ѕвезда Тоше Проески го почна неговото градење не

само финансиски туку и физички, вградувајќи се себе во обновувањето на овој

манастир. Велат, само да го вдишеш овој воздух и да погледнеш преку шумата

кон Пелагонија ќе ти се исчистат мислите како повторно да си се родил. Поставен

е телескоп насочен кон ѕвездата што го носи неговото име.

Крушево е посетено од домашни и странски туристи во текот на целата

година. Прекрасната околина, климата и извонредните природни ресурси со кои

располага, го прават познат зимски туристички центар. Привлекува со

прекрасните скијачки терени и патеки за зимско трчање; има погодни терени за

11

Page 12: планински туризам

секаков вид планинарење; во непосредна близина е езерото кое дава можности за

развој на летен туризам, поседува прекрасни спортски терени за спортување и

рекреација. Во непосредната околина на градот се наоѓаат излетничките места,

кои се соодветно опремени; идеални се условите за одржување на екстремни

спортови (за летање со параглајдери и лесни едрилици), а секоја година се

одржуваат авто-трки на државно ниво. Во Крушево се одвиваат и многу културни

манифестации. Ова е причина и Вие да го посетите овој прекрасен град .

Параглајдерството е еден од се попопуларните, атрактивни, екстремни

спортови во светот, во кого уживаат храбрите заљубеници на височините.

Метеролошките услови, термичките струења на воздухот во текот на целата

година а особено во јули и август се идеални за развивање на овај спорт во

околината на Крушево. Просторот е многу питом, пошумен, широк и безбеден. Од

особена важност е фактот што целиот планинскиот масив е свртен кон рамнината

Пелагонија што е најважен фактор за безбедноста на летањето. Љубителите на

параглајдерство и едриличарство го посетуваат Крушево во текот на целата

година. Мошне голема е посетеноста за време на државните натпревари, како и

на интернационалниот шампионат ''Илинденски куп'' (првиот е одржан на 2 август

1992г.) на кого учествуваат натпреварувачи од Македонија, Србија и Црна Гора,

Грција, Бугарија, Турција, Словенија, Чешка, и т.н. 

Кожуф

Кожуф е планина која се наоѓа на границата помеѓу Македонија и Грција.

Највисок врв на Кожуф е врвот Зеленбег висок 2.176 метри. На падините на Кожув

се наоѓа селото Конопиште коешто беше единствена општина во Македонија чие

седиште се наоѓа на планината Кожуф.

  На Кожуф се создава еден од најелитните Ски центри во Југоисточна

Европа и многу пошироко. Од Урал до Атлантик, од Медитеранот до Северното

Море. Кога се имаат визии и желби, зошто и да не биде така... Овде во долината

се е некако дребно. Преку блага, гола падина покриена со исушена трева што се

лелееше на ветрецот, погледот одвај допира до врвот од лева страна наречен

Белези, или кота 92 на 2160 метри височина. Оттаму преку сртот погледот запира

12

Page 13: планински туризам

на врвот Зелен Брег од десната страна со височина од 2200 метри. Меѓу нив

терени како од сказните. А кон север благи падини, прошарени со шума и

височинки, а таму некаде во далечина хоризонтот завршува со висорамнината

Витачево и Бошава. 

Долу во низината погледот не допира. Заробен е со ниските натежнати облаци.

Само каде, каде височините што ги надвисуваат наликуваат на острови среде

море. Одовде, од котата 92, од граничниот камен, на височина од 2160 метри,

покрај пушкарницата од времето на Солунскиот фронт се е некако мистично...

Величествена тишина од која и ушите болат. Кривулест пат во беспаќе по кој се

искачувате... Мирот е реметен само од фучењето на ветрот. Дури и сонцето што

се побрзо се спушта кон хоризонтот. Сенките неприродно издолжени, темнината

што долу од облаците, како крадец ја крадеше дневната светлина и се повеќе ги

освојуваше врвовите Белези и Зелен Брег. И студта знае да се вовлекува во

коските. Авантурата на Кожуф завршува низ Смрдлива Вода кон Гевгелија... 

Посетителите на топлото сонце уживаат во скијањето, возењето велосипед

и сурфањето по скијачките терени.

Што е она што најмногу ги плени посетителите на Кожуф?

„Чистиот воздух, сонцето и природните убавини. Ова е прекрасно место,

многу добро за скијање и за уживање“, се изјавите на посетителте на Кожуф.

„Овде е преубаво, дојдовме денес да го видиме отворањето, горе сум првпат,

долу сум бил неколку пати. Тешко е дека има центар во овој дел од светот каков

што е овој на Кожуф. Најмногу ми се допаѓа широчината на терените, има

неограничена можност за скијање, тоа е главниот дел, значи нема шуми. Тоа е

стравотен капацитет на овој центар“, е восхит на еден посетител. Досега во

скијачкиот центар Кожуф, кој се простира на површина од 2.000 хектари, се

инвестирани повеќе од 12 милиони евра во пристапниот пат од кај Гевгелија,

далноводот, шестоседната жичарница, единствена од таков тип на Балканот, ски

лифтот и неколку придружни објекти.

13

Page 14: планински туризам

Освен во зимскиот период, Кожуф е примамлив и во останатите периоди од

годината, велат инвеститорите.- „Во полето на зимскиот туризам ќе има огромен

развој во однос на повеќе ски лифтови, системот ќе се развива на ски лифтови и

жичарници“. 

„Летниот дел со јавање на коњи, со планински велосипеди, браната на

реката Точница е предвидена за риболов и кајак, така што овој проект практично е

без крај‘‘

Се е приватна домашна инвестиција, а со државни пари се прошири патот од

Гевгелија до ски центарот Кожуф.

Најновиот македонски ски-центар пред минатата година  ги отвори вратите

за скијачите од Македонија и од Грција. Според сопствениците на комплексот,

Кожуф ќе израсне во елитен скијачки центар, што ќе им ја земе славата на

балканските зимско-рекреативни одморалишта.

Осоговски планини - Пониква  

Пониква — туристички центар и викенд-населба на Осоговските Планини во

источна Македонија. Оддалечена е 20 км северно од Кочани, на надморска

височина од 1.560 метри во предел со густа букова шума и разновидна вегетација.

Зацртан како еден од 34-те зимски туристички центри во просторниот план на

Република Македонија, Пониква завзема особено важно место во развојот на

туризмот и општиот развој на Осоговијата.

Урбаниот простор опфаќа два ски-лифта, викенд-куќи (единечни и

двојни), автокампови, бунгалови, објекти за дневно снабдување, повеќенаменски

простори, терени за спорт и рекреација, хотели, одмаралишта, угостителски

објетки, сервис и услуги за скијачка опрема. На Пониква, покрај викенд-населбата,

неколкуте мотели, има и детско одморалиште со капацитет од 220 легла.

Природните убавини, еколошки чистиот амбиент и поволната клима се

одлични предуслови за големата посетеност на туристите. За да има можност за

побрз развој, на туризмот на локалитетот Пониква, потребно е да се изврши

подобрување и довршување на инфраструктурата, обезбедување на доволни

14

Page 15: планински туризам

количини вода и електрична енергија. Покрај веќе изградените спортски терени се

повеќе се најавуваат иницијативи и потенцијални заинтересирани инвеститори за

изградба на патеки за биатлон и нордиско трчање. Покрај Пониква на Осоговијата

има и други извонредни локации за изградба на патеки за скијање со поголема

должина, како што се терените под Царев Врв (Султан Тепе - 1085 m).

ЗАКЛУЧОК (CONCLUDING REMARKS)

Македонија е претежно планинска земја, со извонредни природни богатства

и убавини. Во Македонија има 34 планински врвови со над 2.000 метри надморска

висина кои се богати со вегетација. Планините и планинските венци се

испреплетени со бројни зелени котлини и долини. Влијанијата на медитеранската

и континенталната клима овозможуваат висока плодородност на обработливата

површина, развој на сточарството, а исто така, и можности за развој на летен и

зимски туризам.

Националниот парк Маврово зазема простор од 73.088 хектари и најголем е

меѓу трите национални паркови во Македонија. Прогласен е во 1948 година. Во

границите на паркот се опфатени планините: Кораб, Дешат, југозападните

ограноци на Шар Планина, поголем дел од Бистра и северните делови на Крчин.

Средишниот дел на националниот парк го зафаќа долината и сливот на реката

Радика. Во склопот на националниот парк е и Мавровското вештачко езеро. Во

границите на паркот се среќаваат голем број на интересни морфолошки форми:

речни долини, клисури, водопади, карстни полиња, ували, вртачи, пештери,

циркови, глацијални езера, разни видови на денудациони облици и сл. Од

вегетацијата на паркот најголема застапеност има заедницата од горска букова

шума.

Баба е планина што се наоѓа во југозападниот дел на Република

Македонија, лоцирана неколку километри западно од Битола. Често се нарекува

и Пелистер, иако тоа е само името на нејзиниот највисок врв. Според површината

која ја зафаќа (436 км2) таа тринаесетта, а според височината (Пелистер, 2.601 м)

трета планина во Република Македонија.

15

Page 16: планински туризам

Од досегашното излагање, доаѓаме до заклучок дека Македонија е земја

којашто изобилува со природни убавини, планини кои овозможуваат богата палета

на туристичка понуда, но сето тоа не е максимално искористено за развој и

потикнување на планинскиот туризам. Потребно е промовирање, изградба на нови

објекни во планинските пазуви и изградба на патишта за подобра комуникација до

туристичките планински центри, за да може да се зголеми туристичкиот промет и

посетеност на планинските предели во Македонија.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА (REFERENCES)

- http://lider.mk/2014/08/24/makedonija-kompletna-turisticka-prikazna/

- http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=7&glavno=1

- http://www.hotelmolika.com.mk/index.php/mk/sto-da-posetite-na-pelister/17-

zimski-planinski-turizam-na-pelister

- http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?

jazik=2&kid=9&pid=31&ppid=267&tid=1506

- http://www.marili.com.mk/web/Cont.asp?ID=920

- http://www.istrazijamakedonija.com.mk/storii.aspx?id=7

-

16