20
МЕЃУНАРОДЕН СТАНДАРД ЗА РЕВИЗИЈА 220 КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ ЗА РЕВИЗОРСКА РАБОТА (Овој стандард е во сила, но ќе биде повлечен кога МСР 220 (ревидиран) ќе стапи во сила) * СОДРЖИНА Точк а Вовед.............................................................. ................................................................... .... 1–3 Ревизорска фирма.............................................................. .................................................. 4-7 Поединечни ревизии ........................................................... ................................................ 8-17 Додаток: Илустративни примери за постапки за контрола на квалитет за ревизорска фирма [1] Меѓународниот стандард за ревизија (МСР) 220, Контрола на квалитет за ревизорска работа, треба да се чита во контекст на Предговорот на Меѓународните стандарди за контрола на квалитетот, ревизија, уверување и поврзани услуги, којшто ја определува примената и важењето на МСР. Вовед 1. Целта на овој Меѓународен стандард за ревизија (МСР) е да воспостави стандарди и да обезбеди упатство во врска со: (а) политиките и постапките на ревизорска фирма во однос на ревизорската работа општо земено; и (б) постапките во однос на работата којашто им се доверува на помошниците за поединечна ревизија. 2. Политиките и постапките за контрола на квалитет треба да се имплементираат како на ниво на ревизорската фирма, така и на поединечните ревизии. 3. Во овој МСР, следниве термини го имаат значењето кое им се припишува подолу: (а) „Ревизорот“ значи лицето со финална одговорност за ревизијата. (б) „Ревизорска фирма“ значи или партнерите на фирмата којашто обезбедува ревизорски услуги или практичар поединец кој обезбедува ревизорски услуги, како што е соодветно.

Меѓународен стандард за ревизија

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Меѓународен стандард за ревизија

Citation preview

Page 1: Меѓународен стандард за ревизија

МЕЃУНАРОДЕН СТАНДАРД ЗА РЕВИЗИЈА 220 

КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ ЗА РЕВИЗОРСКА РАБОТА 

(Овој стандард е во сила, но ќе биде повлечен когаМСР 220 (ревидиран) ќе стапи во сила)*

 СОДРЖИНА

 Точка

Вовед..................................................................................................................................... 1–3

Ревизорска фирма................................................................................................................ 4-7

Поединечни ревизии ........................................................................................................... 8-17

Додаток: Илустративни примери за постапки за контрола на квалитет за ревизорска фирма[1]

 Меѓународниот стандард за ревизија (МСР) 220, Контрола на квалитет за ревизорска работа, треба да се чита во контекст на Предговорот на Меѓународните стандарди за контрола на квалитетот, ревизија, уверување и поврзани услуги, којшто ја определува примената и важењето на МСР.

 Вовед 1.       Целта на овој Меѓународен стандард за ревизија (МСР) е да воспостави стандарди и да

обезбеди упатство во врска со:

(а)     политиките и постапките на ревизорска фирма во однос на ревизорската работа општо земено; и

(б)     постапките во однос на работата којашто им се доверува на помошниците за поединечна ревизија.

 2.       Политиките и постапките за контрола на квалитет треба да се имплементираат како

на ниво на ревизорската фирма, така и на поединечните ревизии. 3.       Во овој МСР, следниве термини го имаат значењето кое им се припишува подолу:

(а)     „Ревизорот“ значи лицето со финална одговорност за ревизијата.

(б)     „Ревизорска фирма“ значи или партнерите на фирмата којашто обезбедува ревизорски услуги или практичар поединец кој обезбедува ревизорски услуги, како што е соодветно.

(в)     „Персонал“ значи сите партнери и професионални вработени лица кои се ангажирани во ревизорската практика на фирмата.

(г)      „Помошници“ значи персоналот инволвиран во поединечна ревизија кои не се ревизори.

 Ревизорска фирма 4.       Ревизорската фирма треба да имплементира политики и постапки за контрола на

квалитет обликувани да осигураат дека сите ревизии се спроведуваат во согласност со МСР или релевантните национални стандарди или практики.

 5.       Природата, временскиот распоред и обемот на политиките и постапките за контрола на

квалитет на фирмата зависат од извесен број на фактори како што е големината и природата на нејзината практика, нејзината географска распространетост, нејзината организација и соодветните разгледувања на соодносот трошоци/користи. Според тоа, политиките и постапките усвоени од страна на поединечните ревизорски фирми ќе се

Page 2: Меѓународен стандард за ревизија

разликуват, како што ќе се разликува и обемот на нивната документација. Илустративни примери за постапки за контрола на квалитет се претставени во додатокот на овој МСР.

 6.       Целите на политиките за контрола на квалитет кои треба да ги усвои ревизорската фирма

вообичаено го вклучуваат следново:

(а)     Професионални барања:[2]

Персоналот во фирмата треба да се придржува кон принципите на независност, интегритет, објективност, доверливост и професионално однесување.

(б)     Вештини и компетентност:[3]

Фирмата треба да биде кадровски опремена со персонал кој ги достигнал и ги одржува техничките стандарди и професионалната компетентност кои се потребни за да му овозможат исполнување на неговите одговорности со должно внимание.

(в)     Назначување:

За ревизорската работа се назначува персонал кој го поседува степенот на техничка обука и знаење кои се потребни во дадените околности.

(г)      Делегирање:

Треба да постои достатно насочување, надзор и проверка на работата на сите нивоа за да се обезбеди разумно уверување дека извршената работа ги исполнува соодветните стандарди за квалитет.

(д)    Консултирање:

Секогаш кога е потребно, треба да дојде до консултирање во рамките на или надвор од фирмата со оние кои поседуваат соодветна стручност.

(ѓ)   Прифаќање и задржување на клиенти:

Треба да се спроведе оценка на идните клиенти и проверка, на континуирана основа, на постојните клиенти. Кога се донесува одлука за тоа дали да се прифати или задржи даден клиент, треба да се разгледаат независноста на фирмата и способноста за соодветно опслужување на клиентот, како и интегритетот на менаџментот на клиентот.

(е)     Надгледување:

Треба да се надгледуваат континуираната адекватност и оперативната ефективност на политиките и постапките за контрола на квалитет.

 7.       Општите политики и постапки за контрола на квалитет на фирмата треба да му се

соопштат на нејзиниот персонал на начин кој обезбедува разумно уверување дека политиките и постапките се разбрани и имплементирани.

 Поединечни ревизии 8.       Ревизорот треба да ги имплементира оние постапки за контрола на квалитет кои, во

контекстот на политиките и постапките на фирмата, се соодветни за поединечна ревизија.

 9.       Ревизорот и помошниците со одговорности за вршење на надзор треба да ја разгледаат

професионалната компетентност на помошниците коишто ја извршуваат работата што им е доверена кога одлучуваат за обемот на насочување, надзор и проверка коишто се соодветни за секој помошник.

 10.   Секое доверување на работа на помошниците треба да биде извршено на начин кој дава

разумно уверување дека таквата работа ќе биде извршена со должно внимание од страна на лица кои го поседуваат степенот на професионална компетентност што е потребен во дадените околности.

 Насочување 

Page 3: Меѓународен стандард за ревизија

11.   На помошниците на кои им е доверена работата им е потребно соодветно насочување. Насочувањето вклучува информирање на помошниците за нивните одговорности и целите на постапките што тие треба да ги извршат. Исто така, тоа вклучува и нивно информирање за работите, како што е природата на деловното работење на ентитетот и можните сметководствени или ревизорски проблеми коишто може да влијаат врз природата, временскиот распоред и обемот на ревизорски постапки во коишто се вклучени.

 12.   Ревизорската програма е важен инструмент за соопштување на ревизорските насоки.

Временските буџети и сеопштиот ревизорски план исто така помагаат во соопштувањето на ревизорските насоки.

 Надзор 13.   Надзорот е тесно поврзан како со насочувањето, така и со проверката и може да вклучува

елементи и од двете. 14.   Персоналот којшто ги извршува одговорностите за надзор ги извршува следниве функции

во текот на ревизијата:

(а)     Го следи напредокот на ревизијата за да разгледа дали:

                         (i)      помошниците ги поседуваат потребните вештини и компетентност за спроведување на задачите кои им биле доделени;

                       (ii)      помошниците ги разбираат ревизорските насоки; и

                      (iii)      работата се спроведува во согласност со сеопштиот ревизорски план и ревизорска програма;

(б)     Се информира за и ги обработува значајните сметководствени и ревизорски прашања покренати во текот на ревизијата, преку проценување на нивната важност и модифицирање на сеопштиот ревизорски план и ревизорска програма како што е соодветно; и

(в)     Ги решава сите разлики во професионалното расудување помеѓу персоналот и го разгледува нивото на консултирање кое е соодветно.

 Проверка 15.   Работата извршена од страна на секој помошник треба да биде проверена од страна на

персонал кој поседува најмалку еднаква компетентност за да се разгледа дали:

(а)     Работата била извршена во согласност со ревизорската програма;

(б)     Извршената работа и добиените резултати се соодветно документирани;

(в)     Сите значајни ревизорски работи се решени или се одразени во ревизорските заклучоци;

(г)      Се постигнати целите на ревизорските постапки; и

(д)    Изразените заклучоци се конзистентни со резултатите од извршената работа и го поткрепуваат ревизорското мислење. 

16.   Следните работи треба да се проверуваат на навремена основа:

(а)     Сеопштиот ревизорски план и ревизорската програма;

(б)     Проценките на инхерентниот и контролниот ризик, вклучувајќи ги и резултатите од тестовите за контрола и модифицирањата, доколку воопшто постојат, кои им се направени на сеопштиот ревизорски план и ревизорската програма како резултат на истите;

(в)     Документирањето на ревизорските докази добиени од суштинските постапки и заклучоците извлечени од нив, вклучувајќи ги и резултатите од консултациите; и

Page 4: Меѓународен стандард за ревизија

(г)      Финансиските извештаи, предложените ревизорски корекции и предложениот ревизорски извештај.

 17.   Процесот на проверка на ревизијата може да вклучи, особено во случај на големи

комплексни ревизии, барање од персоналот којшто не е на поинаков начин вклучен во ревизијата да изврши извесни дополнителни постапки пред да се издаде ревизорскиот извештај.

 Перспектива на јавниот сектор 1.       Овој МСР се однесува на работата на ревизорските фирми од приватниот сектор.

Многу ревизии во државните и другите ентитети од јавниот сектор се спроведуваат од страна на Врховни ревизорски институции (ВРИ), други тела назначени со закон или ревизори практиканти. Општите принципи во овој МСР за контролата на квалитетот подеднакво се однесуваат и на ВРИ. Сепак, некои од специфичните политики и постапки може да не се применливи (на пример, прифаќање и задржување на клиенти, ВРИ организирани на колегијална основа), а  може да постојат и дополнителни политики кои се релевантни за ревизорите од јавниот сектор.

 2.       Исто така, во јавниот сектор на некои земји, контролата на квалитетот генерално

има поинакво значење од она усвоено во овој МСР. Осигурувањето на квалитетот е терминот којшто се применува на интерните постапки за надзор и проверка, додека контролата на квалитетот е терминот кој се применува на екстерните проверки на квалитет.

 

Page 5: Меѓународен стандард за ревизија

Додаток Илустративни примери за постапки за контрола на квалитет за ревизорска фирма А. ПРОФЕСИОНАЛНИ БАРАЊА Политика Персоналот во фирмата треба да се придржува кон принципите на независност, интегритет, објективност, доверливост и професионално однесување. Постапки 1.       Назначете поединец или група која ќе дава упатства и ќе ги решава прашањата во врска со

интегритетот, објективноста, независност и доверливоста.

(а)     Идентификувајте ги околностите каде што е соодветно документирање во врска со решавањето на прашањата.

(б)     Побарајте консултација со авторитативни извори кога се смета за потребно. 2.       Соопштете ги политиките и постапките кои се однесуваат на независноста, интегритетот,

објективноста, доверливоста и професионалното однесување на персоналот на сите нивоа во рамките на фирмата.

(а)     Информирајте го персоналот за политиките и постапките на фирмата и советувајте го дека од него се очекува да биде запознаен со нив.

(б)     Истакнете ја независноста на менталниот став во текот на програмите за обука и при надзорот и проверката на ревизиите.

(в)     Навремено информирајте го персоналот за оние ентитети на кои се применуваат политиките за независност.

(г)      Подгответе и одржувајте за целите на независноста листа на клиенти на фирмата и на други ентитети (поврзани лица, родители, соработници на клиентите и така натаму) на кои се применуваат политиките за независност.

                         (i)      Ставете му ја листата на располагање на персоналот (вклучувајќи го и персоналот кој е нов во фирмата или во службата) на кој му е потребна за да ја утврди својата независност.

                       (ii)      Воспоставете постапки за известување на персоналот за промените на листата. 3.       Следете ја усогласеноста со политиките и постапките кои се однесуваат на независноста,

интегритетот, објективноста, доверливоста и професионалното однесување.

(а)     Од персоналот добијте периодични писмени изјави, вообичаено на годишна основа, во кои е наведено дека:

                         (i)      тие се запознаени со политиките и постапките на фирмата;

                       (ii)      не се чуваат и не биле чувани забранети вложувања во текот на периодот; и

                      (iii)      не постојат забранети односи и не дошло до трансакции кои се забранети со политиките на фирмата.

(б)     Доделете одговорност за решавање на исклучоците на лице или група со соодветно овластување.

(в)     Доделете одговорност за добивање на изјави и проверка на потполноста на датотеките за почитување на независноста на лице или група со соодветно овластување.

(г)      Периодично проверете ја соработката на фирмата со клиентите за да утврдите дали кои било подрачја на вклученост може или може да се смета дека ја попречуваат независноста на фирмата.

 

Page 6: Меѓународен стандард за ревизија

Б. ВЕШТИНИ И КОМПЕТЕНТНОСТ Политика Фирмата треба да биде кадровски опремена со персонал кој ги достигнал и ги одржува техничките стандарди и професионалната компетентност кои се потребни за да му овозможат да ги исполни неговите одговорности со должно внимание. Постапки Вработување 1.       Одржувајте програма обликувана за добивање на квалификуван персонал преку

планирање за потребите на персоналот, утврдување на цели за вработување и определување на квалификациите за оние кои се вклучени во функцијата на вработување.

(а)     Планирајте ги потребите за персонал на фирмата на сите нивоа и утврдете квантификувани цели за вработување зановани на тековната клиентела, предвидениот пораст и пензионирањето.

(б)     Обликувајте програма за постигнување на целите на вработувањето која предвидува:

                         (i)      Идентификување на изворите на лица кои потенцијално би биле вработени;

                       (ii)      Методи на контакт со лицата кои потенцијално би биле вработени;

                      (iii)      Методи на специфично идентификување на лицата кои потенцијално би биле вработени;

                      (iv)      Методи на привлекување на лицата кои потенцијално би биле вработени и нивно информирање за фирмата; и

                        (v)      Методи на оценување и избирање на лицата кои потенцијално би биле вработени за доделување на понудите за вработување.

(в)     Информирајте ги оние лица кои се вклучени во вработувањето за потребите од персонал на фирмата и целите на вработувањето.

(г)      Доделете одговорност за одлуките за вработувањето на овластени лица.

(д)    Следете ја ефективноста на програмите за вработување.

                         (i)      Периодично оценете ги програмите за вработување за да утврдите дали се почитуваат политиките и постапките за добивање на квалификуван персонал.

                       (ii)      Периодично проверете ги резултатите од вработувањето за да утврдите дали се постигнати целите и потребите за персонал.

 2.       Утврдете ги квалификациите и упатствата за оценување на лицата кои потенцијално би

биле вработени на секое професионално ниво.

(а)     Идентификувајте ги атрибутите кои треба да се бараат кај лицата кои би биле вработени, како на пример интелигенција, интегритет, чесност, мотивираност и сколоност кон професијата.

(б)     Идентификувајте ги постигнувањата и искуствата кои се пожелни за почетниците и искусниот персонал. На пример:

                         (i)      Академско образование.

                       (ii)      Лични достигнувања.

                      (iii)      Работно искуство.

                      (iv)      Лични интереси.

(в)     Определете ги упатствата кои треба да се следат при вработувањето на поединци во ситуации како што се:

                         (i)      Вработување на роднини на персоналот и роднини на клиентите.

Page 7: Меѓународен стандард за ревизија

                       (ii)      Повторно вработување на поранешни вработени.

                      (iii)      Вработување на вработени кај клиент.

(г)      Добијте информации за искуството и документација за квалификациите на апликантите преку соодветни средства, како што се следните:

                         (i)      Кратки биографии.

                       (ii)      Формулари за аплицирање.

                      (iii)      Интервјуа.

                      (iv)      Академско досие.

                        (v)      Лични референци.

                      (vi)      Референци од претходните вработувања.

(д)    Оценете ги квалификациите на новиот персонал, вклучувајќи ги и оние добиени преку канали за вработување кои не се вообичаени (на пример, оние кои &  се придружуваат на фирмата на ниво на надзор или преку спојување или стекнување), за да утврдите дека ги исполнуваат барањата и стандардите на фирмата.

 3.       Информирајте ги апликантите и новиот персонал за политиките и постапките на фирмата

кои се релевантни за нив.

(а)     Користете брошура или други средства за информирање на апликантите и новиот персонал.

(б)     Подгответе и одржувајте прирачник во кој се опишани политиките и постапките за дистрибуирање до персоналот.

(в)     Спроведете програма за ориентација за новиот персонал. 

Професионален развој 4.       Воспоставете упатства и барања за континуирано професионално образование и

соопштете му ги на персоналот.

(а)     Доделете одговорност за функцијата за професионален развој на лице или група со соодветно овластување.

(б)     Обезбедете дека програмите развиени од страна на фирмата се проверуваат од страна на квалификувани поединци. Програмите треба да содржат соопштенија за целта и образованието и/или предуслови за искуство.

(в)     Обезбедете програма за ориентација која се однесува на фирмата и професијата за нововработениот персонал.

                         (i)      Подгответе публикации и програми обликувани за информирање на нововработениот персонал за неговите професионални одговорности и можности.

                       (ii)      Доделете одговорност за спроведување на конференции за ориентација за да ги објасните професионалните одговорности и политиките на фирмата.

(г)      Воспоставете барања за континуирано професионално образование за персоналот на секое ниво во рамките на фирмата.

                         (i)      Разгледајте ги барањата на законодавните и професионалните тела или доброволните упатства при воспоставувањето на барањата на фирмата.

                       (ii)      Поттикнувајте го учествувањето во надворешни програми за континуирано професионално образование, вклучувајќи ги и курсевите за самостојно учење.

                      (iii)      Поттикнувајте го членувањето во професионалните организации. Размислете за тоа фирмата да ја плати или да даде свој придонес во членарината и другите трошоци за членување.

                      (iv)      Поттикнувајте го персоналот да членува во професионални одбори, да подготвува натписи и да учествува во други професионални активности.

Page 8: Меѓународен стандард за ревизија

(д)    Следете ги програмите за континуирано професионално образование и одржувајте соодветна евиденција, како на основа на фирмата, така и на поединечна основа.

                         (i)      Периодично проверете ја евиденцијата за учеството на персоналот за да ја утврдите усогласеноста со барањата на фирмата.

                       (ii)      Периодично проверете ги извештаите од оценката и останатата евиденција подготвена за програмите за континуирано образование за да оцените дали програмите се ефективно презентирани и ги постигнуваат целите на фирмата. Разгледајте ја потребата од нови програми и преработка или елиминирање на неефективните програми.

 5.       Ставете му ги на персоналот на располагање информациите за тековниот развој на

професионалните технички стандарди и материјали кои ги содржат техничките политики и постапки на фирмата и поттикнете го персоналот да се ангажира во активности за само – развој.

(а)     Обезбедете му на персоналот професионална литература во врска со тековниот развој на професионалните технички стандарди.

                         (i)      Дистрибуирајте му ги на персоналот материјалите од општ интерес, како што се релевантните меѓународни и национални изјави за сметководствени и ревизорски работи.

                       (ii)      Дистрибуирајте им ги изјавите за релевантните прописи и законски барања во подрачјата од посебен интерес, како што се законот за хартии од вредност и законот за оданочување, на лицата кои имаат одговорност во тие подрачја.

                      (iii)      Дистрибуирајте му ги на персоналот прирачниците кои ги содржат политиките и постапките на фирмата за техничките работи. Прирачниците треба да се ажурираат за новите движења и условите кои се менуваат.

(б)     За програмите за обука кои ги презентира фирмата, подгответе или добијте материјали за курсот и изберете и обучете инструктори.

                         (i)      Наведете ги целите на програмата и предусловите за образование и/или искуство во програмите за обука.

                       (ii)      Обезбедете дека инструкторите за програмата се квалификувани како за содржината на програмата, така и за наставните методи.

                      (iii)      Учесниците нека ја оценат содржината на програмата и инструкторите кои ја спроведуваат обуката.

                      (iv)      Инструкторите нека ја оценат содржината на програмата и учесниците во обуката.

                        (v)      Ажурирајте ги програмите по потреба, земајќи ги предвид новите движења, условите кои се менуваат и извештаите од оценувањето.

                      (vi)      Одржувајте библиотека или друга просторија која содржи професионална, регулативна и литература од фирмата која се однесува на професионалните технички работи.

 6.       Обезбедете, до потребниот обем, програми за исполнување на потребите на фирмата за

персонал со стручност во специјализирани подрачја и дејности.

(а)     Спроведете програми на фирмата за да развиете и одржувате стручност во специјализирани подрачја и дејности, како што се регулираните дејности, компјутерската ревизија и статистичките методи на примерок.

(б)     Поттикнете посетување на надворешни едукативни програми, состаноци и конференции заради стекнување на техничко искуство или искуство во дејноста.

(в)     Поттикнете го членувањето и учествувањето во организациите кои се засегнати со специјализирани подрачја и дејности.

(г)      Обезбедете техничка литература во врска со специјализираните подрачја и дејности. 

Page 9: Меѓународен стандард за ревизија

Унапредување 7.       Утврдете ги квалификациите кои се сметаат за неопходни за различните нивоа на

одговорност во рамките на фирмата.

(а)     Подгответе упатства во кои се опишуваат одговорностите на секое ниво и очекуваните перформанси и потребните квалификации за унапредување на секое ниво, вклучувајќи го и следното:

                         (i)      Позиции и поврзани одговорности.

                       (ii)      Големина на искуство (што може да биде изразено како временски период) коешто вообичаено е потребно за унапредување на следното ниво.

(б)     Идентификувајте ги критериумите кои ќе се разгледуваат при оценувањето на поединечните перформанси и очекуваните знаења, како што се :

                         (i)      Техничко знаење.

                       (ii)      Аналитички способности и способности за расудување.

                      (iii)      Комуникациски вештини.

                      (iv)      Вештини за лидерство и обука.

                        (v)      Односи со клиентите.

                      (vi)      Личен став и професионално однесување (карактер, интелигенција, расудување и мотивација).

                     (vii)      Квалификуваност како професионален сметководител за унапредување на позиција за вршење надзор.

(в)     Користете прирачник за персоналот или други средства за соопштување на политиките и постапките за унапредување на персоналот.

 8.       Оценете ги перформансите на персоналот и известете го персоналот за неговиот

напредок.

(а)     Соберете и оценете ги информациите за перформансите на персоналот.

                         (i)      Идентификувајте ги одговорностите и барањата за оценување на секое ниво укажувајќи кој ќе ги подготвува оценките и кога тие ќе бидат подготвени.

                       (ii)      Дадете му упатства на персоналот за целите на оценувањето на персоналот.

                      (iii)      Користете формулари, коишто може да бидат стандардизирани, за оценка на перформансите на персоналот.

                      (iv)      Прегледајте ги оценките со поединецот кој е оценуван.

                        (v)      Побарајте оценката да ги прегледа супервизорот на оценувачот.

                      (vi)      Проверете ги оценките за да утврдите дека поединците работеле за и се оценувани од страна на различни лица.

                     (vii)      Утврдете дека оценките се завршени на време.

                   (viii)      Одржувајте датотеки за персоналот коишто содржат документација којашто се однесува на процесот на оценување.

(б)     Перидично советувајте го персоналот за неговиот напредок и можности за кариера.

                         (i)      Периодично прегледајте ја со персоналот оценката на неговите перформанси, вклучувајќи и проценка на неговиот напредок во фирмата. Разгледувањата би го вклучиле следното:

         Перформанси.

         Идни цели на фирмата и поединецот.

         Претпочитање за назначување.

Page 10: Меѓународен стандард за ревизија

         Можности за кариера.

                       (ii)      Периодично оценете ги партнерите преку оценка од страна на постар партнер или партнер на исто ниво и советување за тоа дали тие и понатаму ги поседуваат квалификациите за исполнување на нивните одговорности.

                      (iii)      Периодично проверете го системот на оценка на персоналот и советување за да се осигурате дека:

         Навремено се следат постапките за оценка и документирање;

         Постигнати се утврдените барања за унапредување;

         Одлуките за персоналот се конзистентни со оценките; и

         Се оддава признание за истакнатите перформанси. 9.       Доделете одговорност за носење на одлуки за унапредување.

(а)     Доделете одговорност на назначени лица за носење на одлуки за унапредување и престанок на работниот однос, спроведување на интервјуа за оценка со лицата за кои се размилува да им се даде унапредување, документирање на резултатите од интервјуата и одржување на соодветна евиденција.

(б)     Оценете ги добиените податоци со оддавање на соодветно призание за квалитетот на извршената работа при донесувањето на одлуките за унапредување.

(в)     Периодично проучете го искуството на фирмата со унапредувањето за да потврдите дали на поединците кои ги исполнуваат наведените критериуми им се доделуваат зголемени степени на одговорност.

 В. НАЗНАЧУВАЊЕ Политика За ревизорската работа се назначува персонал кој го поседува степенот на техничка обука и знаење кои се потребни во дадените околности Постапки 1.       Опишете го пристапот на фирмата за назначување на персонал, вклучувајќи го и

планирањето на сеопштите потреби на фирмата и службата и мерките кои се применуваат за постигнување на рамнотежа на барањата за ревизорска човечка сила, вештините на персоналот, поединечниот развој и употребата.

(а)     Планирајте ги потребите за персонал на фирмата на сеопшта основа и за службите за поединечна практика.

(б)     Навремено идентификувајте ги кадровските барања за конкретни ревизии.

(в)     Подгответе временски буџети за ревизиите за да ги утврдите барањата за ревизорска човечка сила и за да ја распределите ревизорската работа.

(г)      Разгледајте ги следните фактори за постигнување на рамнотежа на барањата за ревизорска човечка сила, вештините на персоналот, поединечниот развој и употребата:

                         (i)      Големина и сложеност на ревизијата.

                       (ii)      Расположивост на персоналот.

                      (iii)      Потребна специјална експертиза.

                      (iv)      Временски распоред на работата која треба да се изврши.

                        (v)      Континуитет и периодична ротација на персоналот.

                      (vi)      Можности за обука на работното место. 

Page 11: Меѓународен стандард за ревизија

2.       Назначете соодветно лице или лица кои ќе бидат одговорни за назначување на персонал за ревизијата.

(а)     Разгледајте го следното при назначувањата на поединците:

                         (i)      Барањата за кадровско екипирање и временски распоред за конкретната ревизија.

                       (ii)      Оценка на квалификациите на персоналот во однос на искуството, позицијата, минатото искуство и специјалната експертиза.

                      (iii)      Планираниот надзор и вклученост на персоналот за надзор.

                      (iv)      Проектирана временска расположивост на назначените поединци.

                        (v)      Ситуации каде е можно да постојат проблеми со независноста и конфликт на интереси, како што е назначувањето на персонал на ревизии за клиенти кои се поранешни вработувачи или се вработувачи со одредено крвно сродство.

(б)     Соодветно разгледајте ги, при назначувањето на персоналот, континуитетот и  ротацијата за да обезбедите ефикасно спроведување на ревизијата и перспектива на останатиот персонал со различно искуство и минато искуство.

 3.       Обезбедете одобрување на распределувањето и кадровската опременост на ревизијата од

страна на ревизорот.

(а)     Доставете ги, кога е неопходно, за проверка и одобрување имињата и квалификациите на персоналот кој треба да биде назначен за ревизијата.

(б)     Разгледајте го искуството и обуката на ревизорскиот персонал во однос со сложеноста или другите барања на ревизијата, како и обемот на надзор кој треба да биде обезбеден.

 Г. ДЕЛЕГИРАЊЕ Политики Треба да постои достатно насочување, надзор и проверка на работата на сите нивоа за да се обезбеди разумно уверување дека извршената работа ги исполнува соодветните стандарди за квалитет Постапки 1.       Обезбедете постапки за планирање на ревизиите.

(а)     Доделете одговорност за планирање на ревизијата. Вклучете соодветен персонал назначен на ревизијата во процесот на планирање.

(б)     Подгответе информации за искуството или проверете ги информациите добиени од претходните ревизии и ажурирајте ги за изменетите околности.

(в)     Опишете ги работите кои треба да бидат вклучени во сеопштиот ревизорски план и ревизорската програма, како на пример следниве:

                               (i)            Развивање на предложени работни програми за одредени подрачја од интерес за ревизијата.

                             (ii)            Утврдување на барањата за човечка сила и потребата за специјализирани знаења.

                            (iii)            Развивање на проценки за потребното време за завршување на ревизијата.

                            (iv)            Разгледување на тековните економски услови кои влијаат врз клиентот или неговата дејност и нивниот потенцијален ефект врз спроведувањето на ревизијата.

 2.       Обезбедете постапки за одржување на стандардите на фирмата за квалитет на

извршената работа.

Page 12: Меѓународен стандард за ревизија

(а)     Обезбедете адекватен надзор на сите организациски нивоа, во врска со обуката, способноста и искуството на назначениот персонал.

(б)     Подгответе упатства за формата и содржината на работните документи.

(в)     Користете стандардизирани формулари, контролни листи и прашалници до степенот до кој е соодветно за да помогнете при извршувањето на ревизиите.

(г)      Обезбедете постапки за решавање на разликите на професионалното расудување помеѓу персоналот вклучен во ревизијата.

 3.       Обезбедете обука на работното место во текот на извршувањето на ревизиите.

(а)     Истакнете ја важноста на обуката на работното место како значаен дел од развојот на поединецот.

                         (i)      Дискутирајте со помошниците за односот на работата која тие ја извршуваат со ревизијата како целина.

                       (ii)      Вклучете ги помошниците во колку што е можно повеќе делови од ревизијата.

(б)     Истакнете ја важноста на менаџерските вештини на персоналот и вклучете покривање на овие предмети во програмите за обука на фирмата.

(в)     Охрабрете го персоналот да ги обучува и развива подредените.

(г)      Следете ги назначувањата за да утврдите дека персоналот:

                         (i)      Ги исполнува, кога е применливо, барањата за искуство на соодветното законодавно, регулативно или професионално тело.

                       (ii)      Стекнува искуство во различни подрачја на ревизијата и разновидни дејности.

                      (iii)      Работи под различен персонал за надзор. Д. КОНСУЛТИРАЊЕ Политика Секогаш кога е потребно, треба да дојде до консултирање во рамките на или надвор од фирмата со оние кои поседуваат соодветна стручност. Постапки 1.       Идентификувајте ги подрачјата и специјализираните ситуации каде што е потребно

консултирање и охрабрете го персоналот да се консултира со или да користи авторитативни извори за други комплексни или невообичаени работи.

(а)     Информирајте го персоналот за консултативните политики и постапки на фирмата.

(б)     Одредете ги подрачјата или специјализираните ситуации кои бараат консултирање поради природата или сложеноста на предметната материја. Примерите вклучуваат:

                         (i)      Примена на новоиздадени технички изјави.

                       (ii)      Дејности со специјални барања за сметководство, ревизија или известување.

                      (iii)      Проблеми во практиките во подем.

                      (iv)      Барања за доставување на законодавните и регулативните тела, особено оние на странска јурисдикција.

(в)     Одржувајте или обезбедете пристап до адекватни референтни библиотеки и други авторитативни извори.

                         (i)      Воспоставете одговорност за одржување на референтна библиотека во секоја служба од практиката.

                       (ii)      Одржувајте технички прирачници и издадете технички изјави, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на конкретни дејности и други специјалности.

Page 13: Меѓународен стандард за ревизија

                      (iii)      Одржувајте консултативни аранжмани со други фирми и поединци каде е неопходно да се дополнат ресурсите на фирмата.

                      (iv)      Посочете ги проблемите на оддел или група во професионалното тело формирано за покривање на техничките распрашувања.

 2.       Назначете поединци како специјалисти кои ќе служат како авторитативни извори и

дефинирајте го нивното овластување во консултативните ситуации.

(а)     Назначете поединци како специјалисти за регистрирање во законодавните и другите регулативни тела.

(б)     Назначете специјалисти за одредени дејности.

(в)     Советувајте го персоналот за степенот на овластување кој треба да се додели на мислењата на специјалистите и за постапките кои треба да се следат за разрешување на разликите во мислењето со специјалистите.

 3.       Определете го обемот на документација која треба да се обезбеди за резултатите од

консултирањето во оние подрачја и специјализирани ситуациии каде што е потребно консултирање.

(а)     Советувајте го персоналот за обемот на документација која треба да се подготви и одговорноста за нејзиното подготвување.

(б)     Укажете каде треба да се одржува документацијата за консултирањето.

(в)     Одржувајте предметни досиеја кои ги содржат резултатите од консултирањето за целите на повикување и истражување.

 Ѓ. ПРИФАЌАЊЕ И ЗАДРЖУВАЊЕ НА КЛИЕНТИ Политика Треба да се спроведе оценка на перспективните клиенти и проверка, на континуирана основа, на постојните клиенти. Кога се донесува одлука за тоа дали да се прифати или задржи даден клиент, треба да се разгледаат независноста на фирмата и способноста за соодветно опслужување на клиентот, како и интегритетот на менаџментот на клиентот. Постапки 1.       Воспоставете постапки за оценка на перспективните клиенти и за нивно одобрување како

клиенти.

(а)     Постапките за оценка може да го вклучат следното:

                         (i)      Добијте ги и прегледајте расположивите финансиски извештаи во врска со идниот клиент, како што се годишните извештаи, меѓупериодските финансиски извештаи и даночните извештаи.

                       (ii)      Распрашајте трети странки за какви било информации кои се однесуваат на перспективниот клиент и неговиот менаџмент и директорите кои може да имаат влијание врз оценувањето на идниот клиент. Распрашувањата може да се насочени кон банкарите, правните советници, инвестициониот банкар на клиентот и други во финансиската или деловната заедница кои може да имаат такви сознанија.

                      (iii)      Комуницирајте со претходниот ревизор. Распрашувањата би вклучиле прашања во врска со факти кои може да имаат влијание врз интегритетот на менаџментот, за несогласувања со менаџментот во однос на сметководствените политики, ревизорските постапки или други слични значајни работи, како и за разбирањето на претходникот во однос на причините за промена на ревизорите.

                      (iv)      Разгледајте ги околностите кои би предизвикале фирмата да го смета ангажманот за таков кој бара посебно внимание или кој претставува невообичаени ризици.

Page 14: Меѓународен стандард за ревизија

                        (v)      Оценете ја независноста на фирмата и способноста да го опслужува идниот клиент. Кога ќе ја оценувате способноста на фирмата, разгледајте ги потребите за технички вештини, познавање на дејноста и персонал.

                      (vi)      Утврдете дека прифаќањето на клиентот нема да ги наруши кодексите на професионална етика.

(б)     Назначете поединец или група, на соодветни менаџерски нивоа, за оценка на добиените информации во врска со перспективниот клиент и донесување на одлуката за прифаќање.

                         (i)      Разгледајте ги видовите на ангажмани кои фирмата не би ги прифатила или кои би биле прифатени само под извесни услови.

                       (ii)      Обезбедете документација за постигнатиот заклучок.

(в)     Информирајте го соодветниот персонал за политиките и постапките на фирмата за прифаќање на клиенти.

(г)      Доделете одговорност за администрирање и следење на усогласеноста со политиките и постапките на фирмата за прифаќање на клиенти.

 2.       Оценете ги клиентите при појавата на одредени настани за да утврдите дали

воспоставените релации треба да се продолжат.

(а)     Настаните утврдени за оваа цел може да вклучат:

                         (i)   Истекување на даден временски период.

                       (ii)      Голема промена во едно или повеќе од следните:

         Менаџмент

         Директори

      Сопственост

         Правни советници

         Финансиска состојба

         Состојбата со судски спорови

         Делокруг на ангажманот

         Природа на деловното работење на клиентот.

                      (iii)      Постоење на услови кои би предизвикале фирмата да одбие даден клиент доколку ваквите услови постоеле во времето на почетното прифаќање.

(б)     Назначете поединец или група, на соодветни менаџерски нивоа, за оценка на добиените информации и носење на одлуките за задржување.

                         (i)      Разгледајте ги видовите на ангажмани кои фирмата не би ги продолжила или кои би биле продолжени само под извесни услови.

                       (ii)      Обезбедете документација за постигнатиот заклучок.

(в)     Информирајте го соодветниот персонал за политиките и постапките на фирмата за задржување на клиенти.

(г)      Доделете одговорност за администрирање и следење на усогласеноста со политиките и постапките за задржување на клиенти.

 Е. НАДГЛЕДУВАЊЕ Политика Треба да се надгледуваат континуираната адекватност и оперативната ефективност на политиките и постапките за контрола на квалитет. 

Page 15: Меѓународен стандард за ревизија

Постапки 1.       Дефинирајте го делокругот и содржината на програмата за надгледување на фирмата.

(а)     Утврдете ги постапките за надгледување кои се неопходни за обезбедување на разумно уверување дека другите политики и постапки за контрола на квалитет на фирмата функционираат ефективно.

                         (i)      Определете ги целите и подгответе упатства и програми за проверка за употреба при спроведувањето на активностите за надгледување.

                       (ii)      Обезбедете упатства за обемот на работа и критериумите за избор на ангажмани за проверка.

                      (iii)      Утврдете ја зачестеноста и временскиот распоред на активностите за надгледување.

                      (iv)      Утврдете постапки за решавање на несогласувањата кои може да се јават помеѓу оние кои ја вршат проверката и персоналот вклучен во ангажманот или менаџерскиот персонал.

(б)     Утврдете ги нивоата на компетентност итн. за персоналот за учество во активностите за надгледување и методата на нивниот избор.

                         (i)      Одредете ги критериумите за избор на персоналот за надгледување, вклучувајќи ги и нивоата на одгворност во фирмата и барањата за специјализирани знаења.

                       (ii)      Доделете одговорност за избор на персоналот за надгледување.

(в)     Спроведете активности за надгледување.

                         (i)      Проверете ја и тестирајте усогласноста со општите политики и постапки на фирмата за контрола на квалитетот.

                       (ii)      Проверете ја усогласеноста на избраните ангажмани со професионалните стандарди и со политиките и постапките на фирмата за контрола на квалитет.

 2.       Обезбедете наоди од известувањето до соодветните менаџерски нивоа, за активностите

за надгледување кои се преземени или планирани, како и за сеопштата проверка на системот за контрола на квалитет на фирмата.

(а)     Дискутирајте за општите наоди со соодветниот менаџерски персонал.

(б)     Дискутирајте за наодите за избрани ангажмани со менаџерскиот персонал од ангажманот.

(в)     Известете го менаџментот на фирмата како за општите наоди и наодите за избрани ангажмани, така и за препораките заедно со преземените или планираните корективни дејствија.

(г)      Утврдете дека се преземени планираните корективни дејствија.

(д)    Определете ја потребата за измена на политиките и постапките за контрола на квалитет во однос на резултатите од активностите за надгледување и другите релевантни работи.

* МСР 220 (ревидиран), ‘Контрола на квалитет за ревизии на историски финансиски информации‘‘ стапува во сила за ревизии на историски финансиски информации за периодите кои почнуваат на или по 15 јуни 2005 година. [1] Може да се направи посочување и на Меѓународното соопштение за професионална практика 1 на Меѓународната федерација на сметководители, ‘‘Осигурување на квалитетот на професионалните услуги‘‘.[2] Погледнете го Кодексот за етика на професионалните сметководители на Меѓународната федерација на сметководители и барањето ревизорите да ги почитуваат истите во МСР 200, Цел и општи принципи кои управуваат со ревизијата на финансиските извештаи. 

Page 16: Меѓународен стандард за ревизија

[3] Види фуснота 2.