41
СУГС ГИМНАЗИЈА ,, ПАНЧЕ АРСОВСКИ” ИСАК ЊУТН ЖИВОТ И ДЕЛО ИЗРАБОТИЛА: МЕНТОР:

ИСАК ЊУТН - живот и дело

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: ИСАК ЊУТН - живот и дело

СУГС Гимназија ,, ПАнче арсовски”

ИСАК ЊУТН

ЖИВОТ И ДЕЛО

ИЗРАБОТИЛА: МЕНТОР:

СањаТаневска ВеснаЧервароваМиленковска

Page 2: ИСАК ЊУТН - живот и дело

февруари, 2009

Page 3: ИСАК ЊУТН - живот и дело

… Најпрво, идејата ми беше да се систематизираат сите досега познати податоци , за еден од најголемите великани што постоеле некогаш. Но, навлегувајќи постепено во неговиот

живот и научните откритија, сфатив дека тоа е просто невозможно. Нивниот обем е просто неверојатен. Затоа е извршена одредена селекција на прикажаниот материјал. Едноставно неговото дело е премногу големо за било кој да може еден ден да го стави на едно место.

ЧОВЕШТВОТО МУ ОДДАВА ПОЧИТ

Њутновото дело е сведок за еден генијален човек, кој трасирал нови патишта за човештвото во областа на физиката и математиката, кој со своите откритија покажал

дека природата има тајни, но дека човекот може да ги открива. Затоа и неговото име е постојано присутно во научните институции, во училиштата и во секојдневната

практика. Напишани се огромен број студии за него и неговата работа. Човештвото му се заблагодарува, спомнувајќи го неговото име:

ЊУТНОВ ЗАКОН ЗА ГРАВИТАЦИЈА

ЊУТНОВИ ПРИНЦИПИ (АКСИОМИ) НА ДИНАМИКАТА

ЊУТНОВ ТЕЛЕСКОП - РЕФЛЕКТОР

ЊУТНОВИ ПРСТЕНИ

ЊУТНОВ КРУГ

ЊУТН ( ИЗВОРНО NEWTON) - единица за сила во Меќународниот систем на единици

ЊУТН е името на најдлабокиот кратер на Месечоната. Кратерот е длабок 7000-8850 м под сопствениот раб, или 2250 м под нивото на рамнината надвор од него

ЊУТНОВА БИНОМНА ФОРМУЛА

ГАЛИЛЕЈ - ЊУТНОВА МЕХАНИКА - ТЕРМИН ЗА ОЗНАЧУВАЊЕ НА КЛАСИЧНАТА МЕХАНИКА

Page 4: ИСАК ЊУТН - живот и дело

ИСАК ЊУТН ( 1642-1727)

,,Светот беше обвиткан со густа темнина,природата и природните закони лежеле скриени во ноќта: Бог рекол: ,,Нека биде Њутн!”, и сé се осветлило!!!

О, смртници, радувајте се што меѓу вас живеел таков украс на човековиот род!

- од епиграмот за Исак Њутн oд АЛЕКСАНДАР ПОУП

1.ОПШТО

Сер Исак Њутн бил Англиски физичар, математичар, астрономер, натуралистички филозоф, алхемичар, теолог и еден од највлијателните мажи во човечката историја. Неговото дело ,,Математички принципи на природната филозофија” објавено во 1687, се смета за највлијателната книга во историјата на науката. Во ова дело Њутн ја опишал универзалната гравитација како и неговите добро познати закони во кои лежи основата на класичната механика , која ке биде основа и ке доминира во научните кругови следните три века. Во 2005 г. Кралското општество ке го прогласи Њутн за повлијателен и позначаен и од Алберт Ајнштајн. Зарем ова не е доволно еден обичен човек да биде инспириран од животот на еден ваков велемајстор и да му се восхитува на секој познат сегмент од неговиот живот.

2.БИОГРАФИЈА,, Не знам како му изгледам на светот, но себеси си изгледам како дете кое игра на

морскиот брег и ужива кога од време на време, ќе пронајде камче или школка , поразлично од обичните, додека големиот океан на вистината стои пред мене

неиспитан.”

I. РАНИ ГОДИНИ Исак Њутн е роден на 25 декември 1642 год. ( Божик) според Грегоријанскиот

календар ( новиот) или на 4-ти јануари 1643г. по Јулијанскиот ( стариот ) календар, ИСТАТА ГОДИНА КОГА УМИРА ГАЛИЛЕО ГАЛИЛЕЈ, во Волсторп, близу Грентем во Источна Англија. Неговото семејство било доста скромно, а малиот Исак бил роден три месеци по смртта на неговиот татко. Роден бил предвреме, така што бил многу мало дете, а неговата мајка Хана Ејскоу знаела да каже дека неговото стапало лесно можело да го собере во шолја за кафе. Кога малиот Исак наполнил три години неговата мајка се омажила повторно и заминала да живее со новиот сопруг свештеникот Барнабус Смит. Безмилосно го напуштила сопствениот син, и го оставила кај неговата баба Марџери. Исак воопшто не го сакал неговиот очув и превземал некои

Page 5: ИСАК ЊУТН - живот и дело

непријателски цели со цел да и забрани на мајка си да не се мажи за Смит. Подоцна самиот ке изјави: ,, Им се заканував на мајка ми и Смит дека ке ги запалам нив, и куќата заедно со нив”.

Покрај ваквите вознемирувачки испади, Исак живеел мирен и одмерен живот, исполнет со непрекината работа и труд. Како мал повеќе сакал да конструира механички уреди отколку да учи. Неговиот прв уред се состоел од мала ветерница која можела да меле пченка и пченица, воден часовник, како и сончев часовник. Сепак во тој период се случувале бурни настани во Англиската историја: револуцијата и граѓанската војна, Кромвеловата влада, реставрацијата на Стјуардите, воспоставување на конституциона монархија итн така што никој не му обрнувал големо внимание. Меѓутоа Англија била протестантска земја, за разлика од останатите држави во кои владееле католичките догми и канони, тие тука немале никакво влијание, што би можело да му смета на Исак.

Според Е.Т. Бел и Х. Ивс неговото образование започнало доста солидно. Се започнало во селското училиште, за подоцна младиот Исак да биде пратен во Кралското средно училиште во Грентем, каде што ке стане еден од најдобрите ученици во училиштето. Но, кога имал 14 години ке мора да го напушти училиштето да и помага на својата мајка, која станала вдовица по втор пат. Тие заедно основале фарма, а неговата мајка сакала од него да направи фармер. Но, кога мајка му видела дека поминува повеќе време во читање, отколу на фармата и дека бил бескорисен, повторно го вратила на школување во Кралското училиште. Оттогаш датира неговата прва и единствена љубов кон госпоѓицата Ана Стори, ќерка на локалниот аптекар Вилијам Кларк. Но, како и многу други научници така и тој се откажува од семејниот живот и се определува за наука.

Веднаш потоа стапува во Тринити колеџот во Кембриџ на неполни 19 години. Како Исак се задлабочувал во студиите , така неговата романса ,,се заладувала” и Ана се омажила за друг. Сепак, членовите нa Тринити колеџот според традицијата не се женеле, но Исак засекогаш ке ја чува топлата романса од оваа љубов. Но, на колеџот не било сè така едноставно. Учениците од посиромашните семејства како што бил и Исак имале обврски да ги служат и да им помагаат на постарите студенти и магистри, т.е. тие биле нарекувани ,, субсејзери” (subsizar). Во првите две години учел: аритметика, геометрија, богословија, латински јазик, и по малку старогрчки и еврејски. Во текот на неговото студирање не покажал некои исклучителни можности. Дури и не го положил неговиот прв испит по геометрија.

На колеџот претежно биле преферирани учењата на Аристотел, но Исак се идвојувал со тоа што тој сакал да чита за напредните идеи на модерните филозофи како што биле: Декарт, Галилео, Кеплер, Коперник... Во 1664 г. станува вистински студент - схолар, а потоа добива степен бакалореат (baccalaureus) - ПРВ најнизок академски степен.

Во 1665 година, тој ја открил општата биномна теорема и почнал да ја развива во математичка теорија која подоцна ке стане основа на калкулусот. Наскоро, кога Исак ќе ја добие својата унивезитетска диплома во август 1665г. Универзитетот ке се затвори, како превентивна мерка од чумата која беснеела наоколу. Следните неколку години ке ги помине во својот дом, работејќи на своите теории за калкулусот, оптиката

Page 6: ИСАК ЊУТН - живот и дело

и законот за гравитација. Во 1667 г. е избран за помлад член, а во 1668 за постар член на Колеџот за да истата година стане и магистер. Во текот на студиите, големо влијание врз него ке има неговиот професор Исак Бароу од чиии предавања произлегува и книгата ,, Лекции по оптика и геометрија” на која работел и Њутн.

II. СРЕДНИ ГОДИНИ

,, Да се објасни природата е претешка задача за еден човек или дури и за едно време. Многу подобро е да се направи малку, но добро, а преостанатото да се

препушти на друѓуте кои доаѓаат по вас.”

Веднаш по завршувањето на колеџот е примен на истиот како предавач (Лукасов професор) во 1669. Еднаш неделно предавал аритметика, астрономија, геометрија, оптика или некој друг математички предмет. Претходно имал време темелно да ги проучи делата на Евклид, Архимед и многу други математичари. Се занимавал со астрономски, физички и хемиски експерименти. Тоа е време кога Њутн постепено созрева во самостоен и оригинален научник и воедно најплоден период во неговиот живот, бидејќи токлу тогаш кај него се јавиле идеите кои ке претставуваат основа за сите понатамошни откритија. Покрај веќе познатата идеа за биномната формула, тогаш ги поставува темелите и на диференцијалното и интегралното сметање, идејата за гравитацијата, како и работата во оптиката. Резултатите од оваа работа ке бидат објавени многу подоцна , за некои 30-40 години. Меѓутоа, неговиот рефлектирачки телескоп кој набргу го конструирал му донел многу внимание од страна на научните друштва и во 1672 ќе стане член на Кралското научно друштво. Од средината на 1660 г. тој работел на серија експерименти за композицијата на светлината, и за боите на виножитото вметнувајќи ги во модерната наука за оптиката. Неговиот модел на телескоп рефлектор имал должина на цевката од 15цм о огледало со пречник 25мм, а во 1671 изработува усовршен модел на истиот телескоп, според сопствени методи за добивање на огледала, нивно лиење и полирање. Во 1672 моделот е претставен пред Кралското друштво кое добро го проценува и како знак на признание , Исак е примен како член во истото. Во 1704 г. ке го објави делото ОПТИКА. Станувајќи познат и учествувајќи во разни културно-научни друштва, наскоро ке го земе местото на неговиот професор и ментор Бароу ( катедрата по математика на Кембриџ). Тоа се случило во 1669 г. кога професорот Бароу решил да се пензионира, а за неговото место не знаел никој подобар од неговиот најдобар и трудољубив ученик Њутн. Така Њутн станува професор на Кембриџ, каде држи предавања по оптика до 1671г. Ракописот од тие предавања познат како ,,Лекции по оптика” се чува во архивот на Колеџот, а е печатен како книга дури по Њутновата смрт, во 1728г. Во ова дело Њутн ги изложува дотогашните знаења за прострирање на светлината, дава критика на постојните сфаќања за природата на светлината, а пред се за бојата на светлината и укажува дека на овој проблем треба да се посвети поголемо внимание.

Page 7: ИСАК ЊУТН - живот и дело

III. Подоцнежен живот

,, Најдобар и најсигурен начин за испитување на природата е откривањето и утврдувањето на особеностите на појавите по експериментален пат, додека хипотезите за нивното потекло може да дојдат дури на второто место... и

треба да се покоруваат на природата на тие појави”.

1. ОПТИКА

Во февруари 1672 г. тој продолжува со своите откритија кои редовно ги презентира пред Кралското друштво за кое заслужено ке стане претседател во 1703 г. Овој пат делото било: ,,Нова теорија за светлината и боите”( New theory about Light and Colour). Според неговата теорија бојата е карактеристика на самата светлина, а не произлегува од материјалот од кои светлината се одбива или прекршува. Тој вели дека прекршувањето на светлината зависи од бојата, најповеќе се прекршуваат виолетовите , а најмалку црвените зраци. Ги изложува и другите заклучоци до кои дошол преку низа експерименти: постоење на прости и сложени бои, мешање на боите, сознанието дека белата светлина е секогаш сложена итн. Освен тоа во ова дело се опишани низа експерименти од оптика кои подоцна стануваат составен дел од наставата по оптика.

Во склоп на ова соопштение и на неговите лекции по оптика е и хипотезата на природата на светлината. Според неа , светлината ја претставуваат светлински честички - корпускули( lat.corpusculum – мало тело, телце), кои при движењето предизвикуваат осцилации во етерот што ги исполнува телата и просторот меѓу нив. Ова негово тврдење предизвикува различни реакции во таборот на научниците, главно негативни. Најголем противник му бил Роберт Хук, кој е приврзаник на брановата теорија за светлината. Меѓу нив се развива повеќегодишна полемика, која и двајцата психички ги истоштувала. Дури, во една прилика кога Хук ги критикувал Њутновите дела, Исак бил толку навреден , што се откажал од јавната дебата. Двајцата останале непријатели , се до Хуковата смрт.

,, Ништо толку брзо не доведува до заборавање на пристојноста и до кавга, какок одлучните тврдења.”

Њутновите прстени - се серија од алтернативни светли и темни концентрични кругови произведени од интерференција на светлината. Тие се појавуваат кога два микроскопски слајда се притискаат цврсто и заедно во една точка, или кога мало конвексно парче од стакло е ставено на рамно парче стакло. Светлината одбиена од рамната површина лесно патува подалеку и интерферира со одбиената светлина од конвексната површина. Тогаш се гледаат силни светли кругови, како прстени по што оваа појава го добила своето име. Њутн прв се занимавал со нивната појава и детално ги проучил. Следната равенка е за радиус на таквите прстени. Инаку оваа појава прв ја опишал Роберт Хук во 1664 во книгата Микрографија, иако името на Исак Њутн се

Page 8: ИСАК ЊУТН - живот и дело

поврзува највеќе со нив, затоа што тој бил првиот што ги анализирал. Од тука започнало нивното ривалство.

2. ГРАВИТАЦИЈА

,, Нам ни е доста што гравитацијата навистина постои и дека делуува според законите што ги објаснивме и обилно служи за пресметување на сите движења

на небеските тела и нашето море “

Како и другите научници од неговото време, Њутн паралелно со оптиката, имал и други преокупации , пред сé во врска со гравитацијата. Според неговото кажување, веќе во 1665 - 1666 г. поаѓајќи од Кеплеровите закони, дошол до заклучок дека силата на тежата мора да опаѓа со квадратот на растојанието помеѓу телата и врз основа на ова го пресметал односот помеѓу силата со која Земјата дејствува на Месечината и силата со која Земјата дејствува на телата на нејзината површина. Меѓутоа, доследен на својот стил да не

објавува нешто што целосно не го доработил, овие резултати не ги објавува. На истиот проблем повторно се враќа дури по 15 години, кога престанал да работи на оптиката, а се посветува на математичкото докажување на природните појави.

Проблемот на гравитацијата во времето на Њутн окупира поголем број научници. Прифаќајќи ги Кеплеровите закони за движењето на планетите околу Сонцето, тие ги бараат причините за карактеристичната елиптична форма на нивните патеки. Иако се свесни за постоењето на привлечни сили помеѓу небеските тела и нивното опаѓање со растојанието, не можат математички да го решат проблемот. Познато е дека во 1684 г. сер Кристофер Рен им понудил награда на Хук и Халеј, ако некој од нив може да објасни зашто планетите се движат по елиптични патеки. По две години Халеј му го презентира на Њутн овој проблем, со што го предизвикува и да го реши. Њутн сериозно се ангажира околу ова прашање и успева да го реши. Користејќи ги резултатите од најпрецизните, за тоа време, астрономските мерења на растојанијата на небеските тела, пред сè помеѓу Земјата и Месечината, Хајгенсовата теорема за центрипетално забрзување и принципите на динамиката, кои самиот ги утврдил, а воедно применувајќи строга математичка постапка, Њутн го утврдува законот за гравитација.

Page 9: ИСАК ЊУТН - живот и дело

When Newton saw an apple fall, he found Кога Њутн виде јаболков пад, тој пронајде,In that slight startle from his contemplation – Во тој лежерен страв од својата замисленост-'Tis said (for I'll not answer above ground Тој рече: ( нема да одговорам над земја за која

For any sage's creed or calculation) – било мудрецова вера и пресметка)-A mode of proving that the earth turn'd round Начин на докажување дека Земјата се вртиIn a most natural whirl, called "gravitation;" Во најприроден вртлог, наречен ГРАВИТАЦИЈАAnd this is the sole mortal who could grapple, И ова е единствениот смртник кој може да се

Since Adam, with a fall or with an apple бори, од Адам, со пад или со јаболко.

Тој често кажувал приказна дека за овој закон за гравитација бил инспириран од падот на јаболкото од дрвото. Паѓала право надолу - зошто? - се запрашал тој. Филмовите често знаат да претераат кога велат дека јаболкото му паднало директно на главата , при што тој станал свесен за гравитацијата. Но, тој ден го опишал Џон Кондуит, Њутнов помошник и сопруг на Њутновата внука велејќи: ,, Во 1666 г. тој повторно се вратил од Кембриџ во Линколншир кај неговата мајка. Додека тој беше замислен и седеше во градината, му дојде една мисла, дека

силата на гравитацијата ( која го донесе јаболкото од дрвото до земјата), не беше ограничена со некоја дистанца од Земјата, но дека оваа сила мора да се прошшири подалеку од вообичаеното. Зошто не од височини како од Месечината - си рече тој , и ако е така, тогаш мора тоа сигурно да влијае на најзиното движење и можеби да ја врати во нејзината орбита, поради што тој почувствувал потренба од пресметка која би била резултат на таа хипотеза.”

3. ПРИНЦИПИТЕ

,, Јас не измислувам хипотези”( Hipotheses non finдo)!

Резултатите од законот за гравитација како и од многуте други достигнувања се обајавени во делото ,,МАТЕМАТИЧКИ ПРИНЦИПИ НА ПРИРОДНАТА ФИЛОЗОФИЈА” .Ракописот за ова дело е предаден пред Лондонското кралско друштво во 1685 година. Решено е ракописот да се печати под раководство на Халеј. Поради материјални причини и спорови со Хук околу првенството на идејата за зависноста на гравитационата сила од растојнието, книгата е печатена долго. Конечно во 1687 г. таа станува достапна за читателите и брзо е распродадена.

Page 10: ИСАК ЊУТН - живот и дело

,,МАТЕМАТИЧКИ ПРИНЦИПИ НА ПРИРОДНАТА ФИЛОЗОФИЈА”(PHILOSOPHIAE NATURALIS PRINCIPIA MATEMATICA)

Ова дело се смета за едно од најзначајните дела на Њутн. Тој 5 години интензивно работи на ова дело, за тоа време речиси воопшто не излегува од својата

соба, јаде брзо и стоејќи, спие најмногу 4-5 часа дневно и секој момент што не е посветен на работата тој го смета за изгубен. Спрема единственото мислење на научниците, во историјата на природните науки немало поголем настан од појавата на Њутновите Принципи. Во нив, земајќи ги за основа аксиомите за движење, сега познати како три Њутнови закони и законот за општата гравитација, Њутн чисто математички ги

објаснува сите основни закони и појави на механиката на небесните тела и Земјата , кои дотогаш биле познати. Тоа се: законите за движење на точка и цврсто тело, Кеплеровите закони за движење на планетите, законот за движење на Месечината, појавите на плима и осека, обликот на орбитите и кометите, а ги поставува и основите на хидродинамиката. Њутн прв покажал дека е можно опфаќање на комплетниот механизам на појавите во светот , од ротација на ѕвездите до движење на атомите, од единствено рамниште. Дури и Ајнштајновата релативистичка и квантна механика укажува дека Њутновиот модел на механиката на солиден начин ги толкува механичките процеси во микро светот, во кој брзините се релативно мали во однос на брзината на светлината. Њутновиот модел е специјален случај на моделот на релативистичката механика, која е попогодна за толкување на механичките процеси во макро светот, во кој се јавуваат огромни брзини блиски на брзината на светлината.

За создавање на таков систем на уредност на светот, во тоа време не постои соодветен математички апарат. Затоа, на почетокот на своите Принципи, Њутн гради нова математичка теорија - ТЕОРИЈА НА ГРАНИЦИ.

Поимите од геометријата и анализата ги формулира со термини од механиката. Со термините од механиката ги формулира и двете основни проблеми на кои може да се сведат сите задачи од анализата. Имено: ако е даден опишаниот пат во просторот, да се најде брзината на движењето и обратниот проблем. Математичките големини не ги разгледува како составени од делови, туку како формирани со непрекинато движење. Линиите за него се создадени со непрекинато движење на точка, површините со непрекинато движење на линија, телата со непрекинато движење на површината. Смета дека големините кои во исто време растат, се поголеми или помали, според тоа дали растат со поголема или помала брзина. Значи, големините ги одредува според брзината на менување на растењето, нарекувајќи ги флуксии,

Page 11: ИСАК ЊУТН - живот и дело

брзините на оние движења, т.е. растења, додека настанатите големини ги нарекува флуенти.

Во сите Њутнови дела се гледа неговата генијалност, интуиција, способноста за воопштување на знаењата, меѓутоа ова дело е круна на физичката наука на седумнаесеттиот век и веројатно најголем настан во историјата на природните науки. Со својата способност за систематизирање на постојните знаења и со проникливост да ги поврзе помеѓу себе, а при тоа да им даде и цврста математичка подлога, Њутн ги поставил основите на целовкупната наука до денешно време. Самото дело ПРИНЦИПИ се состои од 3 дела. Првите два дела се под наслов ,, ЗА ДВИЖЕЊЕТО НА ТЕЛАТА”( De motu corporum) и се однесуваат на законите за движењето на телата, а третиот дел, под наслов ,, ЗА СИСТЕМОТ НА СВЕТОТ”(De sistemate mundi) е посветен на гравитацијата. Фактички, делото е пишувано со цел да се објави законот за гравитација, но согласно Њутновата методичност во работењето, на почетокот се објаснети некои општи пими и принципи: дефиниран е поимот маса, сила, релативноста на движењето, апсолутноста на просторот и времето итн. Поставени се и аксиомите или принципите на движењето на телата. Во вториот дел се разработени проблеми од : хидростатика, хидродинамика, бранови. Со примена на сите овие сознанија за движењето на телата , а врз основа на астрономските знаења за движењето на небеските тела, особено на Месечината, Јупитеровите и Сатурновите сателити, во третиот дел е изведен единствен закон кој важи и за движењето на телата при слободното паѓање, но и за небесните тела кои се движат во вселенскиот простор - Законот за гравитација. Да наведеме во оригинална форма некои дефиниции од Принципите. Трите аксиоми за движење на телата се:

1. Секои тело ќе остане во состојба на мирување или рамномерно праволиниско движење сè додека и доколку не биде присилено да ја промени таа

состојба, под дејство на сили.

2. Промената на количеството движење е пропорционално со силата која дејствува и се врши во правец на дејствувањето на таа сила.

3. На секоја акција одговара еднаква, но со спротивна насока, реакција, или со други зборови, дејствата на две тела едно врз друго или помеѓу

себе се еднакви, а насочени во спротивна насока.

За гравитацијата пишува: ( книга 1, пропозиција 71, теорема 31)

... Тврдам дека малото тело, сместено надвор од сферната површина е привлечено кон центарот на таа топка со сила која е обратно пропорционална

на неговото растојание од тој центар...

Книга 3, пропозиција6, теорема 6:

Page 12: ИСАК ЊУТН - живот и дело

... Сите тела лежат кон секоја планета и тежините на телата спрема која било иста планета на еднако растојание од планетата, се пропорционални со

количеството материја, кои тие одделно го содржат...

( одломка од делото Принципи од книгата ,, На изворима Физике”)

4. По Принципите (почести)

,, Ако гледав подалеку од другите, тоа е само заради фактот што стоев на плеќите на гигантите”!

По издавањето на Принципите, Њутновиот живот почнал да тече во поинаква насока. Тој станал познат во јавноста и доста активен на сите полиња. Но, секогаш неговиот живот бил исполнет со работа и со должности соодветни на неговото реноме. Во 1688 г. е избран за претставник на Универзитетот во Парламентот. Во ова време ( 1688 - 1690) подолго време престојува во Лондон, ги посетува седниците на Кралското друштво, се запознава со значајни луѓе од науката на тоа време како што се: физичарот Хајгенс, филозофот Џон Лок и многу други влијателни личности.

5. Смртта

,, Јас можам да го пресметам движењето на боженствените тела, но не можам да ја пресмтетам човечката лудост”

Преостанатиот дел од својот живот го минува во слава и богатство. Откако му истекува пратеничкиот мандат, Њутн се враќа во Кембриџ и неколку години (1691-1693) течко боледува. Големите напори околу издавањето на ПРИНЦИПИТЕ, обврските на универзитетот, а особено пожарот од 1690 год. во кој му е уништена хемиската лабораторија, заедно со многу ракописи, го доведуваат до течко нервно растројство од кое долго се лечи. Тоа е периодот на негова изолација, од која конечно се ослободува дури околу 1696 год. кога бара работно место во Лондон. Оттогаш започнуваат општествените признанија за неговата генијалност и

заслуги. Во 1696 г. го добива првото признание за чувар (инспектор) на Државната ковачница за пари, а потоа станува и нејзин главен директор, 1699 г. е избран како еден од 8-те странски членови на Француската академија на науки, а на 30 ноември 1703 год. е избран за претседател на Кралското друштво и таа функција ја врши до крајот на животот. Во 1705 год. добива благородничка титула, како прв научник кому кралското семејство му укажала таква чест , и станува СЕР ИСАК ЊУТН!

Page 13: ИСАК ЊУТН - живот и дело

Во последните 30 год. од животот , Њутн главно нема нови идеи, но издава капитални дела кои претставуваат рекапитулација на неговата поранешна работа. Во 1701 год. објавува краток труд ,, За скалата на степените на топлина и студ” , со кое практично започнуваат квантитативните истражувања во науката за топлината. Неопходно за мерењата во оваа област е да се изнајде начин за мерење на температурата. За таа цел, тој користи термометар со ленено масло и температурна скала, чии главни точки се температурата на топење на снегот и температурата на водата што врие. Интересно е што Њутн користи и еден оригинален метод за мерење на температурата преку брзината на ладење на загреаното железо. Во 1704 е објавено другото капитално Њутново дело ,, Оптика или расправа за одбивањето, прекршувањето, свивањето и бојата на светлината” . Во 1713 повторно се издадени ПРИНЦИПИТЕ, корегирани и дополнети во соработка со младиот и педантен соработник, асистент Котс. Во последните години од животот Њутн го подготвува и третото издание на ПРИНЦИПИТЕ, кое е отпечатено во 1724 год. Во овој период подготвува и теолошко - филозофско дело , кое е обајвено по неговата смрт, во 1828 год. под наслов ,, Хронологија на старите царства”.

Последните две години од животот , неговото здравје попушта. Сè помалку учествува во работата на Кралското друштво и Државната ковачница. За неговото здравје се грижи внуката Катарина Бартон, ќерка на неговата сестра по мајка, а воедно сопруга на Њутновиот заменик во Државната ковачница, Џон Кондуит. Наскоро неговото здравје драстично се влошува, а тој пател од невоздржување на мочниот меур. Неговото движење и исхрана биле строго контролирани. Јадел само зеленчук и супа, а на 80- годишна возраст му бил дијагностициран и камен во мочниот меур. Во 1725 почувствувал и болка во коските, а следната година имал проблеми и со хемороидите. Во меѓувреме неговата болка од каменот се влошувала, па така тој ја губи свеста која никогаш повеќе нема да му се врати. На 85- годишна возраст умира и тоа на 20 март 1727 во Кенсингтон, тогашно климатско лекувалиште во близина на Лондон. Погребан е во Лондон во Вестминестерската опатија, со огромни почести кои им следуваат на најзаслучните благородници во Англија. Неговите наследници му подигаат споменик на кој е запишано:

,,Овде почива Исак Њутн,Кој скоро со божествена сила на својот ум,

Прв ги објаснил со помош на својот математички метод, Движењата и формите на планетите,

Патеките на кометите, приливот и одливот на океанот,Тој прв ја испитал разновидноста на светлинските зраци,

и особеноста на боите што произлегува од неа, А за кои, до тоа време, никој дури и не се посомневал,

Нека смртниците се радуват што меѓу нивживеел еден таков украс на човечкиот род”.

Page 14: ИСАК ЊУТН - живот и дело

6. Атрибути

,, Ние изградивме премногу ѕидови, а малку мостови”!

Њутн бил човек со среден раст, главно со добро здравје, со густа коса која во староста многу му побелела. Бил опфатен со својата научна работа, па така често бил замислен и отсутен, затворен во себе, со малку пријатели, ретко се смеел. При крајот на животот станал многу чувствителен на критика и не ја поднесувал. Не го интересирала уметноста, музиката , убавата литература, не обрнувал внимание на животот околу себе, не водел сметка за своето облекување и исхрана. Од сеќавањата на неговиот асистент Хемфри Њутн, во периодот кога ги пишувал ПРИНЦИПИТЕ, може да се прочита: ,, Тој е постојано зафатен со работа, ретко прима гости, освен неколку пријатели. Не си дозволува никаков одмор, не јава, не шета, не спортува. Го смета за изгубен секој момент што не е посветен на работата.... Често заборава да јаде.... Ретко легува пред 2-3 часот, а понекогаш дури и во 5-6 наутро. Спие сè на сè 4-5 часа. Не сака да патува, никогаш не ја напуштил Англија”.

Тој никогаш не создава семејство. Позната е само неговата романтична врска со Ана Стори за која пишував претходно. За врската кружеле многу романтични приказни како тоа дека кога Њутн отишол да купи прстен за свршувачката, здогледал една многу убава стаклена призма со која можел да ги продолжи веќе започнатите експерименти од дисперзија на светлината. Ги потрошил парите купувајќи ја призмата, а на саканата девојка и објаснил дека науката му е поважна и дека никогаш нема да се ожени.

7. ГЕНИЈАЛНИТЕ ДЕЛА НА ЊУТН

,, Њутновото дело и денес претставува врв на егзактните науики, пример на позитивна филозофија и гордо сведоштво до каде може да достигне човековиот

ум. Творецот на ова дело е наубав пример на човековиот гениј.”- М. Миланковиќ

Њутновата генијалност се манифестира и ден денес на повеќе полиња на природните науки: физика, особено мехника и оптика, хемија и астрономија, потоа во математиката, а од друга страна е особено ехергичен реформатор на англискиот монетарен систем, а пишува и трудови од теологијата. Неговите теории и откриени законитости во голема мера се засновани врз научните сознанија уште од времето на Архимед и Аристотел, преку Коперник, Кеплер, Галилеј како и врз работата на неговите современици: веќе споменатиот професор Бароу, Хук, Халеј и др. Заслугата на неговиот генијален ум е тоа што ги поврзува и систематизира поединечните знаења, го формулира прецизно она што другите само го насетуваат и со една инзворедна интуиција, поткрепена со огромно математичко знаење, ги утврдува базичните закони на природата - основните закони за динамика и гравитација. Или пак, создава теории за одредени природни појави, како што тоа го прави во опиката. За него Лагранж вели: ,, Њутн е најголем гениј, тој е најсреќен од сите среќни, светскиот систем може само еднаш да се постави”, а големиот научник русинот Вавилов го потенцира неговото значење на следниов начин: ,, Да замислиме Њутновото име да се избрише од историјата на науката. Што би се случило?Нема причини да се сомневаме

Page 15: ИСАК ЊУТН - живот и дело

дека со здружени напори на Хук, Халеј, Лајбниц и нивните наследници човештвото не би го добило резултатите што се содржат во Њутновите дела. Но, неспорно е дека тоа би се случило многу подоцна. Кога? Прашање на кое нема одговор!” Но, треба да се земе в обѕир дека Њутн е производ на сопственото време. Тоа е седумнаесеттиот век, време кога луѓето сфатиле дека природата треба уште долго да се истражува, кога експериментот станал составен дел на научната работа, кога се создадени инструментите - микроскоп, телескоп, кои ги прошириле човековите видици кон макро и микросветот. Тоа е и време кога црквата полека се повлекува пред науката, време кога се развива печатарството, а книгата станува подостапна, овозможувајќи послесен контакт помеѓу современиците и континуитет меѓу научници од различни генерации, и конечно, тоа е време кога се создават академиите на науки кои ги подржуваат научниците, а чии покровители често се владетелските семејства.

Квантитативно гледано, Њутн не напишал голем број на дела. Но, квалитативно, тоа е инзвонредно многу. За сите негови дела е карактеристично тоа што се пишувани долго време, со макотрпна и посветена работа. Некои од нив се печатени посмртно. Најверојатно причина за ова е неговата темелност и желба, сосема да расчисти околу законитостите за одредени појави и истите да ги доведе до совршенство. Бавното објаснување, не ретко му создава проблеми и често спорови со другите научници околу првенството на идеите, што физички и психички го исцрпувало. Таков спор имал со Хук во областа на физиката , и со Лајбниц во математиката.

8. ЊУТН И ФИЗИКАТА

,, Њутн е физичар и претежно физичар. Астрономското поле беше негова лабораторија, а математичките методи - генијален инструмент.”

- Вавилов

Њутн бил сестран научник, кој се зафатил скоро со сите актуелни проблеми на своето време. Тој бил пред сè теориски физичар, но воедно и врвен експериментатор и конструктор на оптички инструменти, чии составни делови: леќи, огледала, призми ги изработувал по сопствена технологија, користејќи ги своите врвни знаења од физиката и хемијата. Неговиот интерес он експериментите се манифестира уште од најраната младост. Познати се неговите едноставни и оригинални експерименти од оптика преку кои ја создава теоријата за природата на светлината. Добро е да се напомене барем еден од нив, на пример експериментот со кој е докажана дисперзијата на светлината. На капакот од прозорецот, кој е свртен кон Сонцето, Њутн прави мал отвор низ кој навлегува сноп од сончева светлина. Овој сноп го насочува кон триаголна призма, низ која светлината се прекршува и по прекршувањето паѓа на екран. На екранот се забележува обоена лента, во која се јавуваат сите бои на виножитото - спектар.

Во Њутновиот практичен придонес спаѓа и усоврчувањето на телескопот - рефлектор. Овој вид телескопи во неговото време веќе се познати , но поголем број научници работат на нивно усовршување, бидејќи веќе се воочени извесни предности на овој вид телескопи во споредба со рефлекторите. Неговиот телескоп се состои од објектив - конкавно сферно огледало и окулар - собирна леќа. Конкавното огледало е поставено од едниот крај од телескопската цевка и врз него паќа светлината од оддалечен предмет. Одбиената светлина од огледалото паѓа врз мало рамно огледало, поставено под агол од 450 , и по одвивањето од него се насочува кон окуларот , низ кој

Page 16: ИСАК ЊУТН - живот и дело

се набљудува создадениот лик. Придонесот на Њутн е во користење на рамното огледало, со чија помош се извлекува светлинскиот сноп надвор од цевката, со што набљудувањето на ликот станува поудобно.

Работејќи во областа на динамиката на телата што ес двужат низ флуиди, врз база на експериментални мерења, Њутн утврдува равенка за отпорот на воздухот при движењето на телото низ него. Равенката е: R = k S v2 , кадешто F e сила на отпорот на средината, V- брзината на телото низ флуидот, S- главен пресек на телото, K -константа која зависи од густината на средината. Негов придонес во оваа област е и равенката за пресметување на силата на вискозност F ( внатрешно триење) помеѓу два слија со плоштина S, кои се движат со брзина V, а се наоѓаат на меѓусебно растојание

d. Таа равенка гласи: F=ηV 2−V 2

dS, каде η е коефициент на триење. Тој напишал

повеќе дела од областа на физиката како: ,, Лекции по оптика”, ,, Оптика”, ,,Принципите”. Исто така една од најголемите заслуги кои му се препишуваат на Њутн е и законот за гравитација за кој зборувавме претходно. Иако од големо значење, интересно е да се напомене дека овој закон на европскиот континент е примен со голема доза на недоверба, поради претходно прифатената теорија на вртлози од Декарт , која ја поддржале повеќе големи имиња на европската наука, како што биле браќата Бернули и др. Французите последни ја прифаќаат Њутновата наука, но подоцна највеќе ќе сторат за неа, кога од 1789 - 1825 год. Лаплас ги публикува петте тома на своето дело со кое се поставени темелите на небеската механика врз основа на големото Њутново дело. И , секако, нема да го доловиме величенственото достигнување на Њутн во физиката ако не ги потенцираме неуништливите Њутнови закони кои ги споменавме во делот од ,,ПРИНЦИПИТЕ”.

9. ЊУТН И МАТЕМАТИКАТА

,,За Њутн природата е отворена книга, чии букви тој ги чита без напор”!

- Алберт Ајнштајн

Веќе е добро познато дека Њутн е пред сè физичар, но тој истовремено има природна наклонетост кон математиката, па поради потребите на физиката, посебно за опишување на движењата на телата, тој дава и голем придонес на полето на математиката. Кога само неговите заслуги во математиката би се зеле во обѕир, тоа веќе би било доволно за достојно место во науката.

Тој напишал повеќе дела од математиката:,,За анализата на бескрајните редови со помош наравенки( De Analysi per aequationes numero terminorum infinitas) “, напишано во 1669 година во вид на мемоар, а издадено во 1771: ,,За методот на редови и флуксии “( De methodis seriorum et fluxionum), напишано во 1680, а објавено во

Page 17: ИСАК ЊУТН - живот и дело

1736год. во склоп на Њутновите посмртни дела; ,,За квадратурата на кривите (De quadratura curvarum) “ и ,,За класификација на кривите од трет ред”( Enumeratio linearum teretti ordinis), објавени како мемоари во книгата ОПТИКА во 1704год. Интересно е и делото ,,Универзалната аритметика” ( Arithmetica universalis), која произлегува од предавањата по математика одржани во Кембриџ и во која се изложени тогашните знаења од оваа област, а пред сè анализата на броевите ( позитивни и негативни) и алгебарските равенки и нивните решенија.

Првите знаења од математиката , Њутн ги стекнува самостојно, проучувајќи ги Евклидовата и Декартовата геометрија, но неговото математичко созревање и првите иновации во оваа област се совпаѓаат со времето кога Њутн е асистент кај професорот Бароу. Особено е значаен периодот од 1665-1666 година кога поради чумата го напушта Кембриџ и во спокојството на својот дом ги поставил темелите на целата своја подоцнежна работа и на полето на физиката и математиката. Њутновите оригинални идеи во физиката, а особено во механиката и оптиката барале соодветна математичка подлога, нови методи за пресметување, пред сè анализа на бесконечно малите величини, врз која Њутн ги развива методите на диференцијално и интегрално сметање. Затоа Њутн заедно со Лајбниц, се смета за основоположник на овие методи, кои станале основа на современата математика.

ПРОНАОЃАЊЕТО НА КАЛКУЛУСОТ

Долго време во науката се воделе битки за тоа кој е пронаоѓачот на калкулусот. Во тоа време Њутн и Лајбниц биле двајца професори на многу познати универзитетиво Европа. Навистина е неверојатно да се верува дека и обајцата дошле до една иста идеа во исто време. Расправата за авторството која следела била одбележана со лоша волја, завист и нечисти подметнувања. За разлика од една расправа во ренесансата, никој од учесниците не претрпел физички повреди ама нивната репутација била извалкана. Не е познато кога точно се запознале, но првата комуникација меѓу нив започнала кога Лајбниц му испратил писмо на еден од соработниците на Њутн, Олденбург.Во писмото, тој се интересирал за развитокот на англиската математика и воедно за новите резултати. Следната година, Лајбниц повторно испратил писмо Олденбург барајќи повеќе резултати. Наскоро, Њутн му напишал две писма на Олденбург за својата работа и побарал да му бидат испратени на Лајбниц.Така и било. Еpistola prior ги содржела резултатите од биномната теорема, сумација на редовите и ознака за постоење на некаков ,,метод”. Epistola Posterior содржела расправа за бесконечни низи, намерно била прекината на местото на кое требало да следи објаснувањето на мистериозниот ,, метод”. Тука Њутн за прв пат употребил анаграм, за да ја зачува тајната, шифрата гласела: 6accdoe13eff7i3l9n4o4дrr4s8t12vx, се сметало дека е шифрирана информаација за ,,методот”. Во тој период шифрирањето податоци било многу популарно. Тогашните научници не биле како денешните веднаш да го откриваат трудот , па да чекаат коментари од колегите, туку тие ги криеле откритијата само за себе и сакале да ги искористат во понатамошните откритија. Овој анаграм била причината да се обвини Лајбниц дека го дешифрирал и го украл Њутновото откритие. Инаку обвинението немало смисла, бидејќи никој не би криел нешто бажно во анаграм од 30 бајти. Шифрираната порака гласела: ,,Ако дадената равенка содржи флуентни величини, треба да се најде флуксијата и обратно”. Во октомври 1676 год. Лајбниц престојувал во Лондон, кадешто имал шанса да се запознае со делото на Њутн. Го проучувал делото De analyst, единствено во кое се споменувало равенката на флуксија. А во тоа врем, сеуште ништо не било објавено. После неколку години Лајбниц во едно списание објавил статија за правилата за диференцирање, а неколу

Page 18: ИСАК ЊУТН - живот и дело

години подоцна и за интегралите. Наскоро пак, посмртно ке бидат објавени делата на Њутн. Инаку , двајцата великани биле во добро односи. Во второто издание на ПРИНЦИПИТЕ , Њутн ќе напише дека Лајбниц открил резултати кои едвај се разликувале од неговите. Така почнала војната. На едната страна гигантот Њутн со подршка на Тринити колеџот и милион адвокати на своја страна, а на друга страна аматерот Лајбниц, кој бил потполно сам. Наскоро се замешале и многу познати математичари, секој воден од своите интереси. Лајбниц бил револтиран од оваа ,,драма”. Решил да реагира, па поднел протестно писмо до Кралското друштво. Сеуште не е јасно како можел овој паметен човек да направи таква глупост. Низ целиот свет било познато дека во Кралското друштво членувале Њутнови пријатели. Пресудата ниту во еден момент не била пред сомнение. Таа гласела: ,, Дека диференцијалниот метод е едно исто со методот на флуксии, со исклучок на името и начинот на означување, господинот Лајбниц ги нарекува тие величини диференции, додека господинот Њутн - флуксии, а Лајбниц ги означува со d, за разлика од Њутн кој таа ознака не ја користи . Затоа ние сметаме дека главното прашање не е кој ги измислил овој или оној метод, туку кој прв го измислил методот... И од тие причини ние го признаваме г. Њутн за прв пронаоѓач...

Така завршила плејадата двоумици. На што одлично одговара една латинска поговорка. ,, Римјаните прозбореа, случајот е затворен.”

Продолжуваме понатаму со значењето на Њутн во математиката. Значи диференцијалното сметање ( кое тој го нарекува метод на флуксии) го открива во ноември 1665 год, а во мај 1666 и обратната постапка - интегралното сметање. Поаѓајќи, веројатно, од начинот како се менуваат физичките величини, Њутн смета дека и математичките величини се формираат и менуваат континуирано и затоа ги нарекува флуенти (лат. fluentum-струја, тек), а брзината на нивното менување ја нарекува флуксија (лат. fluxio-течење) или прираст на флуентата во бесконечно мал времнски интервал. За да ја развие теоријата на флуксии, Њутн претходно ја разработува теоријата на гранични премини, го воведува поимот граница (limes), сметајќи го како ,, последна големина на величината што исчезнува”, или како ,, прва големина на величината што се појавува “. Меѓутоа, резултатите од работата врз диференцијалното и интегралното сметање, Њутн не ги објавува навреме. Затоа, се случил веке објаснетиот спор, мегу него и Лајбниц. Во секој случај науката имала полза и од двата врвни математичари. Нивните методи се скоро идентични и дале голем поттик за развојот на современата математика и теоретската физика. Штета е што овие двајца научници си ги трошеле последните години од животот на едно вакво недоразбирање. Овој спор ни до денс не се смета за целосно расчистен, иако Англичаните успеале презентирајќи ги Њутновите рани ракописи, да го потврдат Њутновиот приоритет во идејата.

Најважното дело од областа на математиката, како што претходно напоменавме е МЕТОД НА ФЛУКСИИ И БЕСКОНЕЧНИ РЕДОВИ, кое е печатено дури по неговата смрт. Во ова дело јасно се искажани правилата за диференцирање и интегрирање, и во него ја воочува точната врска меѓу нив, ги дава поимите за извод од прв, втор,трет и повисок ред. Исто така ја воочува важноста на диференцијаните равенки, укажувајќи на начинот на решавање на некои од нив и дава многу примери за тоа од геометрија и механиката.

Page 19: ИСАК ЊУТН - живот и дело

Тој ја воочува важноста на разложување на функции во степенски редови. Имено, тој предложува произволна функција од променлива х да се развие во бесконечен полином или или ред по степените на х, на следниот начин:

f(x) = a0 + a1x + a2x2 + . . .+ anxn + …

Како пример за таков ред нека послужи познатата геометриска прогресија:

11−x

=1+ x+x2+x3 + …+ xn + …

Претставувањето на функции со помош на редови донесува многу тешкотии што се јавуваат при работа со нив. Њутн ги наоѓа редовите за сите дотогаш познати функции : √ax+b, тригонометриските и инверзните тригонометриски функции, експоненцијалната и логаритамската функција, како и за функциите дефинирани со помош на алгебарски равенки.

Определен интеграл на непрекинати функции ( Њутн - Лајбницовата формула)

За функцијата која е интеграбилна и има примитивна функција на интервалот [ a, b], точна е формулата на Њутн-Лајбниц ( основната формула на интегралното сметање) која овозможува поедноставно пресметување на определениот интеграл. Всушност функциите кои се интеграбилни и имаат примитивна, а не се неиспрекинати, се мала класа на функции со прилично патолошки особини.

Формулата ∫a

b

f ( x )dx=F (b )−F (a) позната како формула на Њутн - Лајбниц.

Најчесто ја запишуваме во обликот

∫a

b

f ( x )dx=F ( x )∨¿¿b

Њутнови идентитети или Њутн - Жерард формулиТие ја даваат врската помеѓу два вида симетрични полиноми, уште наречени суми или елеметарни симетрични полиноми. Нив ги пронашол Њутн некаде околу 1666, игнорирајќи ги од претходните дела на Алберт Жерард. Тие имаат значење во многу математички подрачја како што се: алгебра, комбинаторика итн.

a

Page 20: ИСАК ЊУТН - живот и дело

Њутнов метод или Њутн -Рафсонов методТоа е веројатно најдобриот метод за пронаоѓање на приближната вредност до нулата или наоѓање на реалните корени. Тој може исто така да се користи за пронаоѓање на минимум/максимум на функција, нули итн.

.

Њутнов метод за решавање на нелинеарен систем од равенкиЕден начин да се решат нелинеарните равенки е и Њутновиот метод за истите.

Тој се користи и како алгоритам за наоѓање на корените на равенките во една или повеќе димензии. Се надоврзува на Њутн - Рафсоновиот метод и може да послужи за наоѓање на локалниот мах/мин на функцијата.

Page 21: ИСАК ЊУТН - живот и дело

Во неговото дело УНИВЕРЗАЛНА АРИТМЕТИКА се содржани истражувања за броевите и равенките. Тука тој прави јасна разлика меѓу позитивните и негативните броеви, меѓу раионални и ирационални, пишува за имагинарните броеви како и за невозможните решенија на некои равенки.

Њутнова ( БИНОМНА) формула ( за пресметување на степен на бином)Во неговои обемен придонес спаѓа и оваа формула, која е меѓу попознатите формули кои тој ги создал. За потребата од решавање на проблемот во врска со развивањето на функциите во редови, Њутн рано станал свесен, веќе во периодот од 1664-1665, затоа и се зафаќа со пресметување на изразот (1-х)2 , па продолжува со (1-х)n , кадешто n е произволен цел број. Околу 1669 год. скицата на решението ја доведува пред својот професор Бароу. Во јули 1676 овој проблем му го доставува и на Лајбниц. Меѓутоа , официјалното објавување е извршено дури во 1704 год, додека целосниот приказ е даден во 1711 год. Некои сметаат дека ова одолговлекување , е голема грешка на Њутн, бидејќи со пораното објавување тој би влијаел врз побрзиот развиток на оваа област од математиката.

Page 22: ИСАК ЊУТН - живот и дело

Кариерата на Њутн во математиката била исто така голема како во физиката. Покрај големата селекција постојат уште многу работи и откритија кои вреди да се споменат. Некои од нив се и : Гаус- Њутнов метод, Диофантовите равенки, откритијата и употребата на аналитичката геометрија, диференцијалите и интегралите, хармониската средина, нова формула за пресметување на пи(π ), формули за сумата итн...

10. ЊУТН И ХЕМИЈАТА

,,Она што го знаеме е капка, она што не го знаеме е море”!

Хемијата и алхемијата се постојана преокупација на Њутновиот живот, иако во оваа област не направил некои капитални откритија. Но пронајдените ракописи се наогаат и многу белески за прочитани книги со содржини од хемијата уште од најраната младост, а и рецепти од неговите хемијски експерименти. Меѓутоа, Њутн не одјавил ниедно поголемо дело од оваа област. Според изјавите на неговите соработници, Њутн напишал поголема книга од хемијата, но таа изгорела во пожарот на неговата лабораторија, а за повторно пишување не се нафатил. Затоа најчесто за неговите ставови во однос на хемијата дознаваме низ неговите дела од другите одбласти, особено од ОПТИКАТА, од неговите необјавени ракописи пронајдени во неговата оставина, одделата на други научници кои го цитираат или од неговите писма до разни соработници. Една од причините заради кои не постои пишан материјал од оваа област, посебно од алхемијата, е тоа што за алхемиските истражувања многу не се зборувало, тие претставувале тајна што требало добро да се чува.

Меѓу современите научници се води полемика дали Њутн можел да биде алхемичар, бидејки на многумина им изгледа невозможно овој човек кој толку цврсто верувал во

Page 23: ИСАК ЊУТН - живот и дело

природните закони, да може да се занимава со надринаука, како што е алхемијата. Ако се земе во предвид позитивната страна на алхемијата-истражување на хемијски реакции со цел да се изврши претворање на елементите еден во друг, при што се зголемуваат знаењата од хемијата,тогаш може слободно да се каже дека Њутн не можел да остане настрана од еден ваков предизвик. Гледајќи така на работите, можеме да прифатиме дека Њутн бил алхемичар. Потврда на ова може да се смета фактот што главен предмет на неговите истражувања се легурите, особено на антимонот, најверојатно заради некои алхемијски задачи што си ги поставил во врска со трансмутацијата на елементите.

Во хемијата Њутн е приврзаник на атомистичкото гледање на структурата на супстанцијата, врз која ги применува своите механички принципи, пред се постоењето на заемни сили помеѓу градивните честички. Според Њутн, овие сили се воедно основа на сите природни појави-од механичките, преку хемијските, до оптичките, електичните и магнетните. Преку неколку цитати од неговите дела добиваме увид во некои негови сфаќања од оваа област. На пр., за струкурата на телата, за големиот празен простор помеѓу делчињата од кои се составени телата, може да се наведе следниов цитат: ,,Да

претпоставиме дека деловите од телото се распоредени така што меѓу просторите или празниот простор помеѓу нив се еднакви по големина на сите нив,дека овие делчиња можат да бидат составени од други поситни делчиња, а празниот простор меѓу нив да е еднаков по големина на сите овие помали делчиња, а дека на ист начин и помалите делчиња се составени од уште поситни, заедно со порите или празнините помеѓу нив. Ако има 5 такви степени, во елото ке има 31 пат повеке пори од цврсти делчиња, а ако се 6 степени, ке има 62 пати повеќе пори...” Гледано од денешен аспект, ова искажување претставува предвесник на теоријата за

структурата на атомот, која ќе се појави дури 2 века подоцна.

Како основа на сите процеси, па и на хемиските реакции, Њутн го смета заемното привлекување и одбивање на делчињата од кои се изградени телата. За ова зборува еден цитат за растворањето во делото ОПТИКА, во кое често прави излети и во другите науки: ,, ... и дали тој стремеж на растворање не претпоставува постоење на одбивна сила помеѓу делчињата, заради која тие се разлетуваат едно од друго или барем тоа дека делчињата повеќе ги привлекува водата, од колку тие едно со друго“. Или, на пр., при објаснувањето на простирањето на светлината, пишува: ,, Дали можеби малите делчиња од телата не располагаат со одредени можности, способности,или сили со кои дејствуваат на растојание, не само врз светлинските зраци при одбивањето, прекршувањето и свивањето... “.

Огромното Њутново знаење од хемијата и долгогодишното експериментирање во хемиската лабораторија му се од преактична корист ипри изработката на оптичките

Page 24: ИСАК ЊУТН - живот и дело

инстументи, особено при правење на огледалата за телескопите, а и во неговата работа како управник на Државната ковачница за пари, која многу успешно ја водел и создал услови англиските пари да станат многу квалитетни.

11. Њутн и филозофијата/теологијата

,, Секој човек е должен, според божјите и човечките закони, да се покорува на

законските кралски наредби, но ако на Неговото Величество му советуваат да бара нешто , што според законот не смее да се прави, тогаш никој не може да

сноси одговорност за неизвршувањето.”

Исак Њутн се родил и живеел во многу бурно време, во време на промени. Во вкупната Њутнова работа паралелно се одвиваат две активности: интерес кон науката и интерес кон теологијата. За атеистите, Њутн изгледа чуден и на прв поглед противречен, земајќи го неговиот интерес за работата врз теолошките проблеми, наспроти неговата толку плодна работа на полето на природните науки.

За верниците, пак, точно таквата компаративна активност во природните науки и теологијата ја прават неговата личност многу повозвишена и помудра во споредба со другите научници.

Исак Њутн с еродил точно на 135 години од почетокот на големата реформација на црквата, предводена од Мартин Лутер, време во кое се вршат многу важни промени не само во полето на црквата, туку и во полето на уметноста , музиката, ренесенсата почнува да цути, се појавуваат првите чекори на демократијата во животот, итн.

Може да се каже дека Исак Њутн е човек на својата епоха, кога и најголемите научници се занимаваат со теологија, но исто така почесто се случувало помеѓу свештениците д аима и врвни научници.

Исак Њутн потекнува од свештеничко семејство, религиозното воспитание го стекнал во најраната младост, неговиот вујко и очув се протестантски свештеници, како и повеќето негови роднини, по традиција. Затоа, Исак Њутн е извореден познавач на теолошката литература и се јавува како автор на дела со теолошко-филозофско-историска содржина.

Позабележителни дела од оваа област се кратките трудови, напишани во деведесеттите години на седумнаесеттиот век ,,За две важни изопачувања на текстот од Светото писмо” и ,,Забелешки за пророштвото на Данило и Апокалипсата на Св:Јован”, објавено во 1733 год., шест години по Њутновата смрт, како и низа необјавени ракописи со теолошка содржина, најдени во неговата оставина. Најважно Њутново дело од оваа област е ,,Хронологијата”, пишувана во последните години од животот, а печатена во 1728 год., по неговата смрт. Нејзин полн наслов е ,,Хронологијата на старите царства со прилог на кратка хроника од првите спомнувања

Page 25: ИСАК ЊУТН - живот и дело

на настаните во Европа до освојувањето на Персија од Александар Велики”. Ова дело, како и секогаш кај Њутн, е резултаат на повеќедецениски студии на религиозни, филозофски и историски дела за периодот на антиката, кој е опфатен со Библијата, а со желба да се исправат некои недоследности во Библијата во врска со историските настани. На проблемот му приоѓа така што често се повикува и на астрономски податоци,барајќи во нив потврда за своите ставови околу тие настани. Ова дело нема некое поголемо значење од денешен аспект.

Треба да се нагласи дека и во делата со теолошка содржинаЊутн се придржува на своите математично-физички принципи, често покажува слободоумност и критицност кон религијата-неговата религиозност е специфична. Иако според нормите на своето време го прифаќа постоењето на Господ како создавач на природата, главно на Бога му го препишуваат настанувањето на светото и го сметаат за втемелувач на принципите и природните закони. Меѓутоа, ова не му пречи тие природни закони строго да ги обработи и да ги примени при објаснување на природните појави. на пример, на едно место во Оптика вели Преку овие принципи веројатно се составени сите материјални предмети од цврсти делчиња, кои мислечкиот агенс на разни начини ги составил при првото создавање.

12. ЗАНИМЛИВОСТИ

Њутн ретко се смеел. Неговите соработници забележале дека и ако се смеел, најчесто се потсмевал на себе си, во случај кога не можел да сфати некој проблем.

Неговите детски игри биле исполнети со правење механички играчки , модели за воденици, автоматска количка, водени и сончеви часовници. Правел и убави летала. Самиот Њутн смета дека негов прв експеримет претставува мерењето брзина на ветрот преку мерење на должината на скокот во насока на дување на ветерот и спротивно од неа.

Првиот обид да го стекне првиот научен степен за Њутн бил неуспешен , бидејќи не го положил испитот по геометрија.

Во 1689 г. Њутн конструира модел на парна количка на реактивен погон . На неа има котел со вода која се грее, се добива водена пара, која излегува низ посебни млазици, а количката се движи на принципот на реакција.

Во некои дела пишувани во староста, Њутн тврди дека луѓето ќе изнајдат можности да се движат и со брзини поголеми од 50 милји на час. Бидејќи во негово време биле познати само брзините кои може да ги постигне човек при одење или трчање или брзините на некои животни кои човекот ги користел , ова негово тврдење предизвикало недоверба , па дури и потсмев. На пример, славниот филозоф Волтер вели: ,, Њутн зборува за некои чуда, за да нè збуни. Треба да поверуваме дека наскоро ќе се движиме со брзина поголем од 50 милји на час. Сиромав, детинест старец...”

Тој располагал со огромна библиотека. Пронајден е каталог во кој стои дека библиотеката се состоела од 1896 книги. Меѓутоа, книгите се неколку пати

Page 26: ИСАК ЊУТН - живот и дело

продавани, а новите сопственици, не знаејќи ја нивната вредност , ги растурале по светот, па може да се најдат по разни антикварници низ Европа и Америка.

Математичарот Лопитал, воодушевен од генијалноста и работливоста на Њутн, се чудел како писателот на ПРИНЦИПИТЕ можел да јаде, пие, и спие како и сите нормални луѓе.

Еднаш Њутн објавил непотпишана статија во гласникот на Кралската академија, решавајќи проблем што го поставил Бернули. Кога го прочитал текстот, воодушевен од неговата содржина, Бернули извикал : ,, Го препознавам лавот по своите шепи ”.

Во списанието ,, The Mathematics Teacher” ( том 55/7 од 1962 год) објавена е листа на 100 еминентни математичари, на која Њутн е на првото место, Архимед на осмо, Херон на 36, Галилеј на 45, Кеплер на 53, Торичели на 85, Ампер на 93, Лорд Келвин на 95...

Со името на Исак Њутн се поврзани многу контраверзии, како и оние дека бил член на многу тајни друштва како: масоните, илуминатите, а едно од попознатите тајни друштва е и Сионскиот Приориум. Тајното друштво од меровиншката династија е познато од популарниот филм и книгата ,, Кодот на Да Винчи” , како и од контраверзната книга ,, Светата крв, светиот грал”. Исто така постојат и официјални документи кои потврдуваат дека Њутн бил и еден од познатите Grand Masters ( Големите мајстори), следува листата на сите мајстори:

1. Jean de Gisors (1188–1220)2. Marie de Saint-Clair (1220–1266)3. Guillaume de Gisors (1266–1307)

4. Edouard de Bar (1307–1336)5. Jeanne de Bar (1336–1351)

6. Jean de Saint-Clair (1351–1366)7. Blanche d'Evreux (1366–1398)

8. Nicolas Flamel (1398–1418)9. René d'Anjou (1418–1480)10. Iolande de Bar (1480–1483)11. Sandro Filipepi (1483–1510)

12. Léonard de Vinci (1510–1519)13. Connétable de Bourbon (1519–1527)14. Ferdinand de Gonzague (1527–1575)

15. Louis de Nevers (1575–1595)16. Robert Fludd (1595–1637)

17. J. Valentin Andrea (1637–1654)18. Robert Boyle (1654–1691)19. Isaac Newton (1691–1727)

20. Charles Radclyffe (1727–1746)21. Charles de Lorraine (1746–1780)

22. Maximilian de Lorraine (1780–1801)23. Charles Nodier (1801–1844)

24. Victor Hugo (1844–1885)

Page 27: ИСАК ЊУТН - живот и дело

25. Claude Debussy (1885–1918)26. Jean Cocteau (1918–1963)

Тој сметал дека крајот на светот ќе дојде не порано од 2060 година. Со тоа не сакал да ги исплаши луѓето туку да воочи на минливоста на животот . Луѓето тогаш бестрашно гледале на оваа хипотеза, но од овој аспект таа е по малку застрашувачка.

13. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

,,Генијалните физичари” , Елена Ангелоска, Скопје 1997

,,Преглед историје и филозофије математике”, Милан Божиќ, Белград 2002

WORLD BOOK Encyclopedia

,,Исак Њутн – живот и рад”, Вавилов С.И., Белград 1948

http://en.wikipedia.org/wiki/Isaac_Newton http://en.wikipedia.org/wiki/Gauss

%E2%80%93Newton_algorithm http://en.wikipedia.org/wiki/History_of_calculus http://www.newton.ac.uk/newtlife.html http://www.newton.ac.uk/ http://www-groups.dcs.st-and.ac.uk/~history/

Mathematicians/Newton.html http://www.bbc.co.uk/history/historic_figures/

newton_isaac.shtml http://scienceworld.wolfram.com/biography/Newton.html

Page 28: ИСАК ЊУТН - живот и дело
Page 29: ИСАК ЊУТН - живот и дело
Page 30: ИСАК ЊУТН - живот и дело
Page 31: ИСАК ЊУТН - живот и дело