13
Лекови и храна - Интеракции Лековите третираат и лечат многу здравствени проблем и болести. Но, мораат да бидат консумирани правилно за да биде безбедно и ефективно нивното дејство. Многу лекови имаат силни состојки кои интерферираат со телото на различни начини, и диетата (начинот на исхрана) и начинот на живот понекогаш може силно и битно да влијаат на дејството на лекот врз организмот. Многу лекови во колку не се земаат правилно можат да доведат до низа нарушувања и оштетувања во организмот доколку со нив не се постапува по советите од вашиот лекар или фармацевт. Кога земате лек, задолжително следете ги советите на лекарот или фармацевтот, за да го добиете максималниот бенефит од лекот со минимален ризик од ниивната примена. Најчесто поставено прашање на лекарот или фармацевтот е Како да го земате лекот? – пред јадење, за време на 1

Лекови и храна

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Лекови и храна

Лекови и храна - Интеракции

Лековите третираат и лечат многу здравствени проблем и болести. Но, мораат да

бидат консумирани правилно за да биде безбедно и ефективно нивното дејство.

Многу лекови имаат силни состојки кои интерферираат со телото на различни

начини, и диетата (начинот на исхрана) и начинот на живот понекогаш може силно

и битно да влијаат на дејството на лекот врз организмот. Многу лекови во колку не

се земаат правилно можат да доведат до низа нарушувања и оштетувања во

организмот доколку со нив не се постапува по советите од вашиот лекар или

фармацевт. Кога земате лек, задолжително следете ги советите на лекарот или

фармацевтот, за да го добиете максималниот бенефит од лекот со минимален

ризик од ниивната примена. Најчесто поставено прашање на лекарот или

фармацевтот е Како да го земате лекот? – пред јадење, за време на јадење или

после јадење, но прашање кој вид на храна е дозволен или не или треба да се

избегнува е многу ретко. Помалку е познато дека кај конзумирањето на одредени

лекови, треба особено внимание да се обрати на изборот на храната која може да

делува на состојките од лекот да создаде несакани, дури и опасни последици. Ова

се нарекува интеракција на храната и лекот.

1

Page 2: Лекови и храна

Степенот на интеракција може да е индивидуално различен, а зависи од дозата

на лекот, староста, полот, составот на оброкот како и нутритивно-здраствениот

статус на поединецот. Најчеста појава на овој вид интеракции се случува кај

постари личности, децата и адолесцентите, потхранетите личности како и

хронични болни. Особено е подложна популацијата на постари личности, со обзир

дека често мораат да земаат повеќе лекови, но и поради зачестеното користење

на препишани лекови и лекови кои се на слободна продажба (лекови кои се

купуваат без рецепт). Во оваа старосна група слабее функцијата на хепарот

(црниот дроб) и бубрезите, што предизвикува и забавена елиминација на лековите

од организмот. Како резултат на ова лековите подолго време се задржуват во

организмот, а со тоа ја зголемуваат можноста за појава на пропратни несакани

ефекти. Научни студии докажуваат дека кај оваа група постари луѓе се намалени

нивоата на витамините од Б групата, А и Ц, што голем удел на оваа појава може

да се препише на интеракциите на лековите и неправилната исхрана.

 

Зошто и како доаѓа до интеракција на лековите и храната?

Лековите, било да станува збор за таблети, течности, раствори, или некој друг

облик тие патуваат до целта по ист пат како и храната. Од устата, прку

хранопроводникот доагаат во желудникот каде на нив делува хлороводородната

киселина и од нејзе активиран ензимот - пепсин. Во оваа фаза доага до разградба

на поголемиот број на лекови. Откако ќе го поминат  желудникот, лековите т.е

нивните делови се апсорбираат во крвотокот и тоа поголемиот дел од нив преку

слузницата на тенкото црево. Со крвотокот лековите пристигнуваат до црниот

дроб каде и на крајот се одвива разградбата на голем број на лекови. Црниот дроб

понатаму ги упатува споевите кои настануваат со разградбата на лековите и

деловите на храната во разните делови на телото т.е до клетките каде се

потребни. Токму поради патот низ кој поминуваат поедините видови на лекови и

храната може да дојде до поголеми или помали влијанија на едините врз другите.

2

Page 3: Лекови и храна

Накратко речено, на поедини делови од ова патување може да дојде до

своевидно натпреварување за место помеѓу поедини состојки од лековите и

храната. Таквото натпреварување може да се одрази во позитивна или во

негативна смисла.

Терапиското дејство на лековите е недвојбено, но зависно од храната која

сме ја консумирале, процесот на неговата апсорпција може да е забавен или

забрзан.

 Влијанието на храната на делотворноста на лекот

Не е можно да се набројат сите намирници кои имаат било негативен или

позитивен ефект на дејството на лековите. Но со обзир на тоа дека поголемиот

број на интеракции се однесува само на поедини нутритивни или енергетски

состојки од намирниците, познавањето на бар приближниот состав на

намирниците може да биде од голема корист. Во зависност од тоа за кој лек

станува збор и кој ефект може да се постигне, потребно е да се одбере таков вид

на исхрана со која неговото дејство што помалку ќе се попречува  или дури ќе му

се помогне.

 Во врска со претходно наведеното треба да се истакне следното:

* мрсната храна го успорува празнењето на желудникот многу посилно отколку

протеинската или јагленхидратната храна. Така да во случај на конзумирање на

помрсна храна лекот ќе биде подолго време изложен на дејството на пепсинот и

хлороводородната к-на, отколку кога тој ист лек би бил земен помеѓу два оброка.

Лековите (на пр. антибиотици) кои се осетливи на дејството на хлороводородната

к-на, во овој пример можат да бидат многу побрзо разградени пред да стигнат до

тенкото црево каде би се апсорбирале, па со самото тоа и нивното дејство може

значително да се намали. Наспроти ова, постојат лекови на кои ваков третман им

годи (на пр. grizeofulvin), па неговата делотворност се подобрува.

3

Page 4: Лекови и храна

* растителните влакна, а особено пектинот, ја успоруваат апсорпцијата на

поголемиот број на лекови. Особено ова е значајно кај дигоксинот ( еден од

лековите кај срцевите заболувања) и ацетаминофенот (лек против болки).

* храната богата со протеини може кај некои лекови да допринесе подобро да се

ресорбираат (на пр. пропранолол - бета блокатор), а на некои да ја намалат (на

пр. метилдопа и леводопа).

* варен или печен зеленчук, на пр. лукот може да го зголеми фибринолитичкиот

учинок на поедини лекови( на пр. варфарин), додека термнозелениот зеленчук

(спанаќ, зелка, грав, магданос ), бидејќи е богат со витаминот К, го кочи

хипопротромбинскиот учинок на оралните антикоагуланси, лекови кои го

спречуваат згрутчувањето на крвта (варфарин, пелентан, хепарин и сл.)

* млекото и млечните производи поради содржината на калциум можат да ја

кочат апсорпцијата на тетрациклинските антибиотици. Затоа се препорачува да не

се консумира млеко со на пр. со доксициклин (вибрамицин). Млеко и антибиотици,

не е препорачливо бидејќи антибиотикот ќе има послаб учинок.

Одредени видови на сирења (на пр. камамбер, ќедар, пармезан), можат да го

кочат дејството на антидепресивните лекови, што е особено изразено кај лековите

со дејство на моноаминооксидазата. Ваквото попречување е првенствено поради

содржината на аминокиселината тирамин, која освен во поедините видови сирења

ја има и во ферментираните млечни производи, бакаларот, харингата,

фефероните, пилешки џигер, во пијалоци кои подолго време стојат (вино) итн.

* кофеински напитоци (кафе, чај, кока кола и сл.) можат во комбинација со

неуролептичните лекови (флуфеназин, халоперидол, дроперидол и др.) да ја

спречат нивната апсорпција и терапиското дејство. Ова дејство на кофеинските

напитоци негативно се одразува и ако се конзумираат со лекови на база на

теофилинот, (кај астма) со што доаѓа до зголемување на количината на

метилкантинските споеви во телото, а како последица е токсичното дејство на

ксантинските споеви.

4

Page 5: Лекови и храна

Бронходилататори на база на теофилин се осетливи на јагленхидрати(леб,

ориз,тестенини). Комбинацијата не е опасна по живот, но ја смалува

учинковитоста на лекот.

* алкохолот не се препорачува во ниедна комбинација со лекови. Но, посебен

нагласок треба да се стави кај болни кои употребуваат метронидазол и

гризеофлувин, а особено кај лековите за дијабет, на пр. клорпропамид,

глибенкламид, гликвидон и толбутамид. Земан истовремено со овие лекови

доведува до опасно снижување на нивото на шекерот во крвта и доведува до

опасна хипогликемија, која може да предизвика страшни негативни последици по

здравјето, па дури и смрт.

Генерално алкохолот не треба да зема со антихистаминици, антидепресиви,

аналгетици, антидијабетици како и лекови кои содржат кодеин.Таквата

интеракција може да доведе до поспаност, состојба на забавени рефлекси,

збунетост, а многу често и до негативни последици на здравјето.

* агруми и сокови на агруми - можат поради високата содржина на калциум

(особено грејфрутот) да направат интеракција со лекови кои ги блокираат

калциумовите канали (нифедипин, верапамил и сл.), лековите кои го контролираат

нивото на холестеролот, естрогенот, оралните контрацептиви и антихистаминици

(лекови против алергии).

Грејфрутот апсолутно не смее да се консумира со антидепресиви особено со

сертралин (комерцијално име асентра, луксета) поради можноста да се

удвостручи концентрацијата на лекот во крвта што може да доведе до тешки

последици. Генерално грејфрутот не е добар во комбинација со статините (лекови

за хиперхолестериемија), имуносупресорите, антихипертензивите и

антидепресивите. Списокот на интеракции со оваа овошка е подолг па во колку

примате било каков лек консултираје се за неговото консумирање со лекарот или

фармацевтот.

5

Page 6: Лекови и храна

Сокот од портокал не би смеело да се консумира со антациди поради содржината

на алуминиум бидејки може да ја зголеми апсорпцијата на овој често токсичен

елемент.

* Намирници богати со калиум (банана, патлиџани, компир) треба да се примаат

со диуретици кои не го штедат калиумот(Ласикс), а да се избегнуваат со

диуретици кои го штедат истиот, за да не дојде до натрупување на овој минерал.

*Ако земате хипертензиви треба да избегнувате солена храна.

 

Значи храната која ја конзумираме може на повеќе начини да влијае на

делотворноста на лекот. Пред се може да ја зголеми делотворноста на лекот,

може да го кочи учинокот на лекот, може да влијае на дозата на лекот, може да

влијае на нуспојавите на лекот и така да ги зголемува или даги спречува итн.

 

Влијание на лековите на исхраната и прехранбениот статус

Влијанието на лекот има многу поголемо и позначајно влијание врз храната и

нејзината нутритивна вредност отколку обратно. Ова особено се однесува на

витаминскиот и минералниот статус на личностите кои конзумираат лекови во

поголеми количини. Готово да секој лек помалку или повеќе влијае на

метаболизмот на поедините нутритивни состојки. Но сепак за поедини лекови

овие реакции се карактеристични и се здраствено значајни и најдобро се научно

проучени.

6

Page 7: Лекови и храна

Еве некои кои ги издвоивме и поради нивната честа употреба:

Ацетилсалицилна к-на (Аспирин, Андол и сл.) не би требало да се зема на

празен желудник, бидејќи освен што може да предизвика крварење на

слузницата на желудникот, мачнина и повраќање предизвикува и зголемено

излачување на витаминот Ц. Затоа со овие лекови се препорачува земање

на витамин Ц. Во големи дози овие лекови ја зголемуваат екскрецијата на

калиум и железо, па треба да се консумира храна богата со овие состојки.

Исто така може да доведе до крварење во пробавниот систем, со што може

да го намали железото и на подолги стази да предизвика дури и тешки

типови на анемии.

*фенобарбитон (хипнотик, антиконвулзив) може да предизвика мачнина и

повраќање, а со индукција на микросомалните ензими може да предизвика

смалено создавање на витаминот Д во организмот, што може со време да

доведе до рахитис, остеомалација и остеопороза. Можат да го намалат

нивото на Б витамините, а особено на фолната к-на (Б9) и пиридоксинот(Б6)

но и на минералите калциум и магнезиум. Со оглед на наведеното овој лек

се препорачува да се зема со многу течности. Храната за време на

земањето на овие лекови треба да биде богата со витамин Д, фолна к-на и

калциум. Има случаи на појава на рахит кај бебиња кои примале

фенобарбитон за заштита од конвулзии, и покрај тоа што примале

нормална доза на витамин Д, баш поради ова дејство.( би требало да се

зголеми дозата на витаминот Д, а тоа ќе го одреди педијатарот во колку кај

бебето е зачестена употребата на овие лекови).

антациди (лекови за намалување на желудочната к-на) на себе го врзуваат

фосфорот, прават малапсорпција на витаминот А, предизвикуваат губиток

на апетитот и деструкција на тијаминот(Б1). Во врска со ваквите видови на

лекови ако често се земаат треба да се зема храна богата со овие

нутритиенти, а за да се избегне негативниот учинок на лекот, лекот да се

зема помеѓу оброците.

7

Page 8: Лекови и храна

кортикостероидите го зголемуваат нивото на липидите во крвта, го

зголемуваат катаболизмот на протеините, го зголемуваат апетитот па

можат да предизвикаат зголемување на телесната тежина. За да се

заштити желудникот од иритација, кортикостероидите треба да се земаат

заедно со храната или непосредно после оброкот.

Луѓето кои конзумираат вакви лекови треба да земаат храна богата со

протеини, Калциум и Витамин Д. Предизвикуваат и поголемо насобирање

на вода во организмот што и тоа може да ја зголеми тежината. Едноставен

начин  да се избегне таквата нуспојава е да се избегнува внесот на сол во

организмот, но се разбира под лекарска контрола.

контрацепциски средства многу често интерферираат  со метаболизмот на

фолната к-на и пиридоксинот (вит Б6), па кај жените кои земаат вакви

средства им се препорачуваат намирници богати со овие витамини.

*Витамини и минерали, за нив владее мислење како сосема безазлени

средства, но овие додатоци на исхраната можат да предизвикаат

невообичаени реакции на организмот како потешкотии со дишењето,

повраќање, опстипација или пролив. Готово нема витамин кој не

интерферира со некој лек. Бидете внимателни при земањето на овие

додатоци на своја рака.

Лековите против настинка, болки и алергии, кои во аптеките може да

добијат без рецепт во големи размери го намалуваат витаминот А во

организмот. Бидејќи неговата задача е да ја штити слузницата која го

обложува носот, грлото и бронхиите, помалато присуство на витаминот А

може да пружи погоден медиум на бактериите во кој ќе можат несметано да

се размножуваат. Така може да се продолжи текот на болеста, наместо да

се намали што е и целта на земањето на лекот.

Познато е и дејството на лековите од групата на сулфосалазините кои се

применуваат кај воспалителните болести на цревата врз нивото на

фолатите, така да во текот на терапија со овие лекови задолжителна е

суплементацијата со фолна киселина.

8

Page 9: Лекови и храна

Диуретици ги има два типа во однос на ова дејство диуретици кои со

нивното дејство се излачува калиум, магнезиум и цинк и диуретици кои го

зачувуваат калиумот. Кај првите е потребна храна богата со овие

минерали( пр.банана, патлиџан) дури и обавезна на менито, кај вторите не.

*Лаксантивни лекови, кај постари луге можат да предизвикаат неможност за

апсорпција на витамините растворливи во масти А,Д,Е на што треба да се

обрне внимание.

*Антацидите предизвикуваат недостаток на фосфати и магнезиум, што

доведува до мускулна слабост и грчеви во мускулите.

 

Од приложеното може да се види дека лековите можат да предизвикаат

пореметувања на исхраната, да предизвикаат нутритивни дефицити, метаболни

пореметувања, да ја попречуваат апсорпцијата на хранливи и енергетски состојки

итн.

 

Лековите и апетитот

Голем број на лекови можат да влијаат на апетитот, а нивната долготрајна

употреба може да предизвика потхранетост. При тоа многу често потполно се

запира апсорпцијата на хранливите материи во организмот, што може да

предизвикаат дефицитарни нутритивни состојби.

Антихистаминици, стероиди како и антидепресивите влијаат на зголемување на

апетитот. Ако се употребуваат подолго време, кај најголемиот број од луѓето

предизвикуваат зголемена телесна тежина.

9

Page 10: Лекови и храна

Факти кои треба да ги запаметете за лек-храна интеракциите

Прочитајте што пишува на опаковката. Ако не разбирате нешто,

обратете му се на лекарот или на фармацевтот.

Прочитајте го внатрешното упатсво, предупредувања,

предострожности и интеракции... Дури и лековите кои се издаваат без

рецепт, можат да предизвикат проблеми.

Земајте го лекот со полна чаша вода, освен ако лекарот не ве

советувал поинаку.

Немојте да го мешате лекот во вашата храна или да ги разделувате

капсулите, (освен ако вашиот лекар не ви го кажал тоа), бидејќи ова

може да го смени патот на дејство на лекот.

Немојте да земате витамински таблети во исто време со лекот ,

бидејќи витамините и минералите можат да предизвикаат проблеми.

Немојте да ги земате лековите со топли пијалоци

Никогаш не ги земајте лековите со алкохолни пијалоци

10