67

Троичник 26, декември 2009

  • View
    816

  • Download
    11

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Списание на Брегалничката епархија на Македонската Правсолавна Црква.

Citation preview

Page 1: Троичник 26, декември 2009
Page 2: Троичник 26, декември 2009
Page 3: Троичник 26, декември 2009

СО БЛАГОСЛОВНА НЕГОВОТО ВИСОКОПРЕОСВЕШТЕНСТВОМИТРОПОЛИТ БРЕГАЛНИЧКИ Г . ИЛАРИОН

ТРОИЧНИК, број 26

ТРОИЧНИК - списание за православна вера култура, уметност, образование и воспитание, година VII, број 26,декември 2009 г., излегува четири пати годишно. Издавач: Брегалничка Епархија на Македонската Православна Црква, Штип.Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички г. Иларион. Уредувачки одбор: јеромонах игумен Дамаскин, протоереј Николче Ѓоргев, свешт. Климент Мишањ, свешт. Влатко Мирасчиев, дипл. теолог Жаклина Трајчев, дипл. теолог Жаклина Ѓоргиева. Лектура: игумен Дамаскин. Дизајн: ѓакон Тони Петрушевски.E-mail: [email protected] Печати: Европа 92, Кочани

ВОВЕДНИК 4

В. Карав’лчевБОГОЈАВЛЕНИЕ НИЗ ВЕКОВИТЕ ...7

ЗОШТО СЕ ПАЛИ КАНДИЛО ПРЕД ИКОНА? ...10

КАКО ДА СЕ СПАСУВАМЕ ВО СВЕТОТ?...11

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. СтефанСОБОРОТ - БЕЛЕГ НАЕДИНСТВОТО НА ЦРКВАТА ...15

Старец КлеопаБЕСЕДА ЗА СМИРЕНИЕТО ...17

Разговор со протоереј Максим КозловСО ОЧИТЕ НА ТАТКО И СОПРУГ ...22

Митрополит Брегалнички г. ИларионСЛОВО ЗА МНОГУДЕТНОСТА ...29

протоереј Тимотеј СељскиПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МЛАДИ ...33

МАЧЕНИЧКА ДАНИЕЛА ОД БУКУРЕШТ ...39

ереј Александар ИљашенкоМОЖЕ ЛИ ДА ПОСТОИХРИСТИЈАНСКА АСТРОЛОГИЈА? ...41

ПОУКИ ОД СВЕТИТЕ ОТЦИЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БОЛЕСТИТЕ ...44

Архимандрит Рафаил (Карелин)ПОВИЦИ НА БОЛНИТЕ КОН ХРИСТА ...52

ЖИВОТОТ И СТРАДАЊЕТО НА ЦАРОТ МАЧЕНИКНИКОЛАЈ II РОМАНОВ ...55

Во Мира, свети, свештенодејствител се покажа, преподобен: зашто Христовото Евангелие го исполни, ја положи својата душа за твоите луѓе и ги спаси невините од смрт; затоа се освети како голем тајновршител на Божјата благодат.(Кондакна свети Николај Чудотворец)

На задната корица: Молитва за почеток на новата учебна година во дворот на храмот „Св. вмч. Ѓорѓи” во Кочани.

Page 4: Троичник 26, декември 2009

ВОВЕДНИК

Митрополит Брегалнички г. Иларион

• • • TROI^NIK • • • 4

Драги читатели!

Пред вас е божиќното издание на нашето заедничко списание, преку кое се надеваме дека вашите боготражителни

души ќе бидат просветлени со благодатта на богопознанието, без кое нема спасение. Потребно е, особено денес, да се погрижиме нашите души секојдневно да се хранат и насладуваат од бесмртната храна на словото Божјо, кое е единствен лек за нашите гревовни рани и болести, единствено учење, кое заедно со побожниот христијански живот, може да ни одведе во рајските градини на вечноста. Затоа, преку исчитувањето на овие светоотечки текстови, искрено се надеваме дека уште еднаш, и во овој број, ќе пронајдете одговори на многу ваши прашања и недоумици од вашиот секојдневен православен духовен живот. Тоа е и нашата цел – преку ова скромно списание да ви го покажеме исцелителниот и спасоносен пат на вистинското духовно живеење, кој ни е предаден од Светите Отци на Црквата Христова, од оние, кои со својот живот се покажаа како вистински Христови следбеници, исполнувајќи ги Неговите заповеди и удостојувајќи се со нераспадливи венци во Небесното Царство. Иако живееме во едно динамично време, во кое секој човек доживува мигови на болки и страдања, на големи внатрешни борби, морални кризи и искушенија, сепак, секој вистински православен христијанин, стоејќи пред бранот на наизменичните духовни борби, цврсто ќе го стегне својот крст и нема да ја изгуби верата, туку секогаш ќе се надева на непрестајната Божја љубов и промисла, преку кои Бог се обидува да ја врати боголикоста, убавината и чистотата на секоја човечка душа, извалкана и изгазена од немилосрдниот грев.

Најчеста последица на многуте наши падови и гревови, се разните болести, кои Бог ги допушта не за да нè казни, туку за да нè исчисти и измие

дури и од најмалите гревови кои се зацариле во нашите срца, и така исчистени и облагодатени, да ни покаже пред светите ангели како Негови вистински синови и ќерки, вселувајќи нè во домовите на Царството Небесно. Секоја болест, доколку се прифати со покајание и смирение, со благодарност кон нашиот Семилостив Бог, е клуч кој ги отвара небесните двери на спасението. Затоа ние христијаните не очајуваме, и немаме потреба за нашите животни проблеми и болести да се обраќаме за помош кон разно-разните астролози, гледачи, бајачи, толкувачи на соништа и слично, туку молитвена помош, закрила и застапништво пред Бога, секогаш имаме преку многуте наши светители, кои постојано се молат за нас пред Божјиот престол. А еден од многуте наши застапници е и светиот новомаченик и богоовенчан последен православен цар, Николај II Романов, кој заедно со своето свето семејство, пострада маченички за Христа нашиот Бог, од богоборните непријатели Божји и на Нашата Света Црква, кои се непријатели и на Крстот Христов. Многуте чуда и мироточиви икони, се доволен доказ за нивната светост. Николај, Александра, Алексеј, Марија, Олга, Татјана и Анастасија, преку нивната беспрекорна љубов кон Бога и православниот руски народ, нивната меѓусебна беспрекорна љубов и послушание, се блескав пример на вистинско православно семејство, кое е пример и охрабрување за многу православни родители, кои ги градат своите семејства во ова модерно време. Нивниот маченички подвиг е еднаков на мачениците од првите векови, еднаков е и на подвигот на секој православен родител, кој во ова безбожничко време, се труди вистински да го запази и воспита своето семејство, пред сè младите. Тие многу јасно посведочија, дека едноставно ние христијаните не сме од овој свет и век, кој е управуван од кнезот на темнината – ѓаволот. Затоа и ги одбравме овие текстови, бидејќи

Page 5: Троичник 26, декември 2009

ХРИСТОС СЕ РОДИ!

Page 6: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 6

знаеме дека се душекорисни и се од голема духовна полза за секој човек.

Возљубени читатели и верници!

Се наоѓаме пред самите двери на еден од најубавите христијански празници – Раѓањето по тело на нашиот Господ Исус Христос – Божиќ. На овој ден, нашиот Господ благоволи да се овоплоти и да се роди како совршен Бог и совршен човек, за да го изврши спасоносното дело на искупувањето на човечкиот род од гревот, смртта и ѓаволот. Не постои поголема жртва која некогаш некој ја има направено за нас. Не постои поголема љубов, жртвувана за секој човек. Единствено нашиот Бог погледна милостиво кон нас и засекогаш нè избави од неподносливото ропство на гревот и нè ослободи од смрдливото царство на смртта и ѓаволот – од пеколот. Затоа, возљубени христијани, Божиќ е празник на мирот на земјата, дури и за оние кои Христа го заборавиле или кои никогаш не го ни запознале, празник на вистинско помирување, не само на народите и државите, туку и на сите оние кои имаат кавги и несогласувања помеѓу себе, во семејството, на работните места, бидејќи ова е ден кога се помируваат небото и земјата, но и сите луѓе помеѓу себе. Божиќ е и празник на љубовта, зашто ако добро сме ја разбрале благовеста на Христовото раѓање, ќе разбереме дека единствено Христос може да нè научи да љубиме, и тоа не само своето семејство, народ и пријатели, но и сите останати луѓе и народи на земјата, за кои Христос се роди. Љубовта Христова нè учи да ги љубиме и сиромашните браќа и сестри и да им служиме, макар само еден ден во годината – на овој празник, и тоа не за своја слава или некои општествени хуманистички идеали, туку затоа што не смееме да заборавиме дека Господ Исус Христос се роди во овој свет како сиромав, во сиромашното семејство

на дрводелецот Јосиф, крај нозете на бесловесните животни, положен во пештерска слама, многу почиста од свилата на богатите.

Затоа возљубени, празнувањето на овој торжествен празник, да не се состои во претерано украсување на домовите, продавниците и улиците, во спремањето на претерани гозби и вкусни јадења, во скапата облека или нешто слично, но во оваа јануарска ноќ, да се сетиме на оние, на кои нашата помош и љубов им е повеќе од добредојдена – сиромашните, гладните и бедните, на сирачињата во домовите, на изнемоштените старци и за сите оние кои и овој Божиќ ќе го дочекаат далеку од своите семејства – војниците, болните по болниците и оние по затворите, бидејќи и за нив Христос се роди, и на нив им дарува радост, мир и љубов. Затоа, да не посветуваме преголемо внимание на скапите подароци и луксузните патувања, зашто на тој начин ја губиме смислата на празникот и на вистинското празнување и ја осквернуваме тајната на Воплотениот Бог, Кој се роди како витлеемски Богомладенец за радост на целиот свет.

На празникот на Рождеството Христово, нè обзема голема радост, истата која ја почувствуваа мудреците и пастирите, и таа наша радост ќе е целосна и потполна, доколку ја споделиме со сите оние кои имаат насушна потреба од неа. На тој начин, исполнети и облагодатени со Христовата љубов, сите заедно сплотени и единствени како еден народ, да ја запееме заедно со ангелите и светителите, торжествената божиќна песна: Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја! Слава на Предвечниот Отец, Кој ни го испрати својот возљубен Единороден Син, на божествениот Богомладенец, Кој се овоплоти за радост и спасение на сите нас, и на Светиот Дух – Утешител, на едносушната и неразделна Троица, сега и секогаш, и во вечни векови, Амин!

Page 7: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 7

Светата Црква го нарекува празникот Крштение Господово уште и Богојавление. Причината е тоа што во актот на Крштението за прв пат

Бог се јавува пред луѓето во своите три ипостаси: Бог Син - Кого свети Jован Претеча го крштева во реката Jордан, Бог Отец - Коj сведочи за Синот од небото: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого е Моето благоволение (=добра волја)” (Мт. 3:17) и Бог Духот Свет - Кој слегол над Синот во вид на гулаб (Мт.3:16).

Чествувањето на Богојавление датира од први-те векови на Црквата. Во Апостолските установи наоѓаме сведоштва кои посредно укажуваат за тоа. Всушност, во првите векови Црквата го чествувала празникот на Божјите јавувања – Теофанија или Епифанија. Тој празник ги обединувал во едно; Рождеството и Крштението Господови, како и поклонувањето на мудреците. Ерменската црква до денес го зачувала тој древен обичаj – да ги празнува заедно Рождеството и Крштението Господови. Еден пасус од евангелистот Лука, како да сведочи во полза на тоа, дека Крштението Господово се случило на денот, кога Спасителот се родил – (види Лк. 3:23).

Паганските народи во древноста го одбеле-жувале со особена свеченост раѓањето како ден на радост и среќа. Јудеите, напротив, се однесувале кон раѓањето како почеток и извор на тага и страдање (Пс. 50:7, Jов 14:4). За првите христијани, подложени на систематски гонења во Римската империја, за роденден се сметал денот, во коj некоj маченички загинувал и тие денови ги нарекувале “родени за небото” – dies natales. Тие буквално го исполнувале напишаното од апостолот: „Затоа, од сега натаму не познаваме никого по тело; ако и го познавме Христа по тело, сега веќе така Го не познаваме” (2 Кор. 5:16) и не му придавале суштинска важност на раѓањето по тело. Самиот ден на Христовото раѓање не им бил познат и немало

авторитетно предание за денот во коj Христос се родил. Изгледа дека, барем до ІІІ век, Црквата не ставала никаков акцент на неговото празнување. Дури и потоа различни цркви го празнувале на различни денови. Прв обид да биде внесена некаква јаснотија по ова прашање прави св. Климент Александриски (+215). Но, и тоj наведува различни сведоштва, според кои Господ Исус Христос се родил или на 18 април, или на 6 јануари или на 10 јануари. Св. Иполит Римски (+235) ја спомнува датата 25 март. Африканските цркви го празнувале на 25 март, источните на 6 јануари, западните на 25 декември. Постоело предание дека Христос – новиот Адам, бил роден во истиот ден, во коj бил створен првиот Адам – во шестиот ден на Создавањето (Бит. 1:26), т.е. во шестиот ден на првиот месец од првата година. На Исток денот на празнувањето се совпаѓал со египетскиот пагански „Празник на светлините”. Во тој ден египќаните правеле процесии со статуата на божеството Нил до реката, фрлале во водите на Нил жртви и извршувале ритуални капења.

Првото јасно спомнување за некакво честву-вање на Крштението Господово имаме кај св. Климент Александриски. Во „Стромати”, во главата посветена на раѓањето и страдањата на Христос, тоj меѓу другото забележува, дека следбениците на Василид, освен сè друго, го празнуваат и денот на Христовото Крштение, така што претходната ноќ ја минуваат во читање. Тие тврделе дека Крштението се случило „во петнаесеттата година од царувањето на Тибериj, во петнасеттиот ден од месец Туби (10 јануари). Други тврделе, дека тоа се случило во единаесеттиот ден од истиот месец (6 јануари)”.

Од наведеното сведоштво станува јасно, дека во времето на св. Климент празникот сè уште не бил утврден. Го празнувале еретиците на Василид, зашто според нивното учење Христос станал Син Божји токму во моментот на Крштението и слегувањето на Светиот Дух врз Него. Многу веројатно е дека

Богојавление низ вековитеВ. Карав’лчев

Кога во Jордан се крштеваше, Господи,

се покажа поклонување на Троица: зашто,

гласот на Родителот те сведочеше; „возљубен Син“ - нарекувајќи те.

И Духот - во вид на гулаб - ги потврдуваше зборовите.

Тебе што се јави, Христе Боже, и светот го просвети - слава Ти!

(Тропар на празникот Богојавление)

празници

Page 8: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 8

прифаќањето и првите празнувања на Крштението Господово од официјалната Црква било со цел - во празникот да биде вложена нова смисла и толкување, што би било спротивно на еретичкото. Веројатно и поради тоа празникот се утврдил во црковниот календар со името Богојавление, а не како Крштение, со што се покажува дека Христос не станува Бог во тој ден, туку само се јавува/се покажува Себе Си како таков.

Кон крајот на ІІІ-иот и почетокот на ІV-иот век празникот широко се распространува. За неговото чествување во Тракија се спомнува во 304 г. во една проповед на св. Филип Хераклиски, како сведоштво дека празникот веќе е цврсто утврден во црковната практика на регионот. Во Галија во 361 г., а во Шпанија во 380 г. имаме сведоштва за празнување на Богојавление. Само донатистите во Африка го отфрлале, сметајќи го за новововеден. Притоа треба да спомнеме дека различни цркви продолжуваат да празнуваат различни настани во тој ден. Така на пример, бл. Августин во своите шест слова за празникот говори само за поклонувањето на мудреците, без да ги спомнува Рождеството и Крштението Господови. За големиот дел од Истокот тоа е пред сè празник во чест на Христовото Рождество. За дел од Антиохија и Александрија тоа е празник во чест на Господовото Крштение.

Дури во ІV-V век, под влијание на западните христијани Рождеството Христово и Богојавлението биле раздвоени и почнало нивното празнување во различни денови – соодветно на 25 декември и 6 јануари. На запад Рождеството Христово како самостоен празник на 25 декември се одделува уште во почетокот на ІV в. Во Depositio episcoporum (Список на римските епископи) е укажано дека уште во 336 г. Рождеството Христово се празнувало на 25 декември. Во римски календар составен не подоцна од 354 г. исто така е укажано, дека 25 декември е: „Ден на Христовото Раѓање во Витлеем”. Особено многу за прифаќањето на таа практика на исток помогнал св. Jован Златоуст. Во неговата проповед произнесена за Богојавление, 387 г., св. Jован Златоуст настојува на фактот, дека на 6 јануари Црквата го празнува токму Крштението Господово, а не Рождеството, употребувајќи го зборот Епифанија во различна смисла од општоприфатената, со што сакал да ги разграничи двата празника. Други од големите отци на Црквата, иако помогнале во утврдувањето на еден датум за празнувањето на Теофанија во сите цркви, останувале на мислењето дека на 6 јануари го празнуваме Рождеството Христово. Така, на пример, св. Григориj Богослов во едно од своите Слова вели: „Сега го празнуваме Богојавлението или празникот на Рождеството”. Св. Василиj Велики во своето Слово за Светото

Рождество Христово исто укажува на празнување на Рождеството: „Ќе го нарекуваме овој наш празник Богојавление (Теофанија). Ќе го празнуваме спасението на светот; ќе славиме во денот на раѓањето на човечкиот род, зашто денес е укината клетвата над Адам”. Слично е мислењето и на св. Епифаниj Кипрски (+403), коj често повторува, дека на 6 јануари „Христос се родил по тело”. Нешто повеќе, тоj ги отфрла тврдењата, дека на тој ден се крстил Христос, како и практиката која била основана на древен обичаj; да се полни вода на 6 јануари и да се чува во текот на целата година за света употреба. Според него, таа практика е сврзана со чудото во Кана Галилеjска. Сепак, св. Jован Златоуст во „Беседата за крштението” е категоричен: „Во овој ден, Христос се крстил и ја осветил природата на водата. Затоа и народот во ноќта наспроти празникот носи садови за вода, ги полни и ги чува во текот на целата година, зашто токму денес водата се осветува и се извршува очигледно чудо, така што независно од должината на времето, природата на водата не се расипува, туку преку целата година, и често дури и по две и по три години, наполнета во овој ден, водата останува нерасипана и свежа и дури по многу време останува истата како да е тукушто нацрпена од извор”.

Во Константинопол празнувањето на Рожде-ството на 25 декември се случило за прв пат во 379 г. според сведоштвото на св. Григориj Богослов. Во Антиохиската црква, веројатно во 388 г. или пред тоа, врз основа на проповедта на св. Jован Златоуст за Рождеството Христово произнесена истата година. Во Ерусалимската црква тоа се случило во времето на Јувеналиj Ерусалимски во периодот 425-458 г. Во Александриската црква тоа е веројатно во времето на св. Кирил Александриски: 412-444, според сведоштвото кое вели дека Павел Емески бил спроведен кај св. Кирил со специјална препорака од св. Jован Златоуст.

Во V век имаме веќе општоприфатена и регу-лирана посебна практика за празнувањето на двата празника. Наспроти тоа, Рождественската и Богојавленската богослужба зачувале многу заеднички елементи како спомен од нивното заедничко празнување. Дури и строгиот пост, кој претходи пред празникот Богојавление, според литургистите е остаток од периодот на заедничкото постоење. Познато е дека во раната Црква, пред празникот Рождество Христово имало пост чие траење било различно за различни цркви – од еден ден до седмица или две. Подоцна постот пред Рождество доживува свој литургиски развој и се определува во неговиот современ облик, додека еднодневниот пост пред Богојавление веројатно

Page 9: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 9

останал како далечен спомен од некогашното заедничко празнување.

Исклучително интересен и важен дел од Богојавленската богослужба е Големиот водосвет, коj се извршува само во навечерието и во денот на Богојавление. Самиот факт, дека Големиот водосвет се извршува два пати, често предизвикува недоумици и досега не нашол своја точна литургична основа. Нешто повеќе, таа практика сериозно ја вознемирила Руската црква во времето на реформата на патријархот Никон, но тоа е предмет на друго истражување. Треба да забележиме, дека корените на таа практика треба исто така да се бараат во празнувањето што постоело до ІV–V век: односно во заедничкото празнување на неколку големи празници во еден ден. Спомнатото мислење на св. Епифаниj Кипрски треба исто да биде земено предвид, уште повеќе, што тоj ја објаснува практиката и сакралното значење на Богојавленската вода со чудото на свадбата во Кана Галилеjска (Jн. 2:1-11). Ако се има предвид, дека Источната црква ги одбележала во денот на Богојавлението: Рождеството и Крштението Христово, поклонувањето на мудреците и чудото што било извршено во Кана Галилеjска - со голема веројатност можеме да претпоставиме, дека тоа

последование исто е далечна реминисценција на практиката во древната Црква – одбележување на Крштението во водите на реката Jордан и на првото чудо кое Христос го извршил на свадбата во Кана. Постои и друго објаснување за тоа двоjно големо осветување на водата. Во древната Црква, а во некои помесни православни цркви и до денес, таинството Крштение се извршувало воглавно на трите големи празници – Воскресение, Рождество и Богојавление. И бидејќи некогаш таинството Крштение било сврзано со светата Литургија, затоа Големиот водосвет бил извршуван двапати од сосема практични околности – имено, многу бил зголемен бројот на кандидатите за крштевање. Ете зошто во ноќта спроти Богојавление се служела света Литургија со Голем водосвет, на која биле крштевани оние што сакале да станат членови на Црквата, а утредента имало друга празнична Литургија со втор Голем водосвет за оние што ја пропуштиле ноќната богослужба. На тој начин се објаснува и еднодневниот пост наложен пред Богојавление, како дел од подготовката на огласените пред да влезат во Црквата преку таинството Крштение.

превод од бугарски: ѓакон Тони Петрушевски

Page 10: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 10

Прво, затоа што нашата вера е светлина. Христос рече: “Јас сум светлината на светот.” Светлината на кандилото нè потсетува на светлината со која што Христос ги осветлува нашите души.

Второ, за да нè потсети на светлината на карактерот на оној светител пред којшто го палиме канди-лото. Затоа што светителите се наречени - синови на светлината.

Трето, за да ни послужи како прекор за нашите мрачни дела и лошите помисли и желби, и да нè повика на патот на евангелската светлина. За да се потрудиме со ревност да ја исполниме заповедта на Спасителот: “Така да засвети вашата светлина пред луѓето, за да ги видат вашите добри дела”.

Четврто, да биде тоа наша мала жртва на Бога, Кој целиот се жртвуваше за нас. Еден мал знак на големата благодарност и нашата светла љубов кон Оној, од Којшто во молитвите просиме и живот и здравје и спасение и сè она што само безграничната небесна љубов може да го даде.

Петто, да биде тоа страшило на силите на злото, кои нè напаѓаат понекогаш и при молитвите ни ги расеју-ваат мислите на друга страна од нашиот Создател. Затоа што силите на злото ја сакаат темнината и се плашат од секоја светлина, а особено од онаа која е својствена на Бога и неговите угодници.

Шесто, да поттикне во нас самопрегор. Како што маслото и фитилот горат во кандилото, покорни на нашата воља, така нека горат и нашите души со пламена љубов во сите страдања, покорни секогаш на волјата Божја.

Седмо, да нè научи дека: како што кандилото не може да се запали без нашите раце, така ни нашето срце - тоа внатрешно кандило во нас, колку и да е исполнето со сите добродетели, не може да се запали без светиот оган на Божјата благодат. Зашто сите наши добродетели се како гориво, а од Бога е оганот што го запалува.

подготви: ѓакон Емил Атанасов

Зошто се пали кандилопред иконата?

Page 11: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 11

Преподобен Јован Лествичник

Ме прашаа некои мирјани: “Како ние, кои живееме со жените и кои сме оптеретени со световни грижи, би можеле да се допреме до најсовршеното живеење?” Им одговорив: “Извршувајте го секое добро што е во вашата моќ: не осудувајте никого, не крадете, никого не лажете, пред никого не се превознесувајте, немајте омраза кон никого, не ги напуштајте црковните богослужби, бидете милосрдни кон оние на кои им е потребно, никого не соблазнувајте, не се допирајте до туѓа чест и бидете им верни на вашите сопруги. Правите ли вака, ќе се најдете блиску до Царството Небесно”.

Го победиш ли овој господар (стомакот), секое место ќе ти биде погодно за задобивање на бестрастие; меѓутоа, доколку тој загосподари со тебе, до гроб секаде ќе имаш неволји.

Додека седиш на трпеза, спомнувај си за јадната трпеза на црвите во гробот, па помалку ќе се насладуваш.

При одвојувањето на душата од телото нема да бидеме обвинети поради тоа што не сме правеле чуда, што не сме богословствувале, што не сме имале виденија, туку, без сомнеж, пред Бога ќе дадеме одговор поради тоа, што не сме ги оплакувале без прекин своите гревови.

* * *

Преподобен Исак Сириски

На сите патишта по кои одат луѓето во светот, нема да најдат мир, сè додека не се приближат кон надежта во Бога и надежта во Него Единствениот.

Кој својата уста ја воздржува од клевети, тој своето срце го чува од страсти. А кој своето срце го чува од страсти, тој непрестајно го гледа Господа. Кој постојано размислува за Бога, тој ги изгонува од себе демоните и го искоренува семето на нивната злоба. Кој својата душа непрестајно ја надгледува, кај него срцето со откровенија се развеселува. Кој погледот на својот ум го насочува кон внатрешноста

Како да се спасувамево светот?

поуки од светите отци

Page 12: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 12

на самиот себеси, тој мугрите на Духот во себе ги созерцува. Ако ја сакаш чистотата, во која е можно да го созерцуваме Владиката на сè, тогаш никого не клевети и не го слушај оној кој го клевети братот свој. Ако други пред тебе се караат, затвори ги ушите и бегај оттаму, за да не слушаш гневни изрази и да загине твојата душа, лишувајќи се од животот. Раздразнетото срце во себе не ги прима тајните Божји, а кроткиот и смиреноумниот (човек) е источник на тајната на новиот век.

Кој е болен и ја знае својата болест, тој е должен да бара за себе лек. Кој дознае од што е болен, тој е веќе блиску до своето излекување и лесно ќе го најде. Преку скаменетоста на срцето се умножуваат болестите негови; и ако болниот му се противи на лекарот, неговото мачење се зголемува. Нема неопростлив грев, освен непокајаниот грев.

Држи ги секогаш во сеќавањето оние кои те надминуваат во добродетелите, за во себе да ги согледаш своите недостатоци наспроти мерата нивна. Држи ги секогаш во умот најтешките неволји на неволните и огорчените, за и сам да Му принесуваш должно благодарење на Бога за малите и ништожни неволји низ кои ти поминуваш, и за да бидеш во состојба со радост да ги поднесуваш.

Тешко ѝ е на младоста без вежбање да се впрегне под јаремот на светињата. Почетокот на помрачување на умот (кога неговите знаци ќе почнат да се пројавуваат во душата), пред сè се огледува во мрзливоста за службата Божја и за молитвата. Зашто, на патот кон душевната соблазна, по правило претходи отпаѓањето на душата од овие две работи. Кога пак, душата ќе се лиши од помошта Божја, таа лесно паѓа во рацете на своите противници. А исто така, и штом ќе почне да ги занемарува делата на добродетелите, душата незабележливо се вовлекува во она што ѝ е спротивно на добродетелта.

* * *

Преподобен Никодим Светогорец

Додека набљудуваш работи кои се по изглед убави и ценети тука на земјата, помислувај дека сето тоа е ништожно, дека е како ѓубре во споредба со убавините и богатствата небесни што, без сомнеж, ќе ги задобиеш по смртта, доколку го презреш сиот свет.

Потребно е да ги пазиш своите уши. Најнапред, немој да слушаш бесрамни и сладострасни зборови, музика и песни, кои душата ја исполнуваат со раскалашаност и ја раслабуваат, а срцето го распалуваат со похотта на телото.

Второ: не слушај гласни и шегобијни кажувања,

празни и измислени приказни и фантазии; а ако се случи и да ги слушнеш наспроти својата волја, немој со нив да се насладуваш ниту пак да ги одобруваш. На христијаните не им доликува да наоѓаат задоволство во таквите кажувања – тоа им е својствено само на развратните луѓе.

Трето: немој да се насладуваш со слушање на секакви осудувања, оговарања и клевети, кои луѓето денес ги шират за своите ближни, туку или пресечувај ги, ако можеш, или пак оттргнувај се за да не ги слушаш.

Четврто: немој да слушаш празнословни и бесцелни приказни во кои времето го минуваат поголемиот дел од љубителите на светот, и немој да се насладуваш со нив.

И најпосле, петто: чувај се од слушање на сите зборови и кажувања кои би можеле на тебе штетно да делуваат, а особено од ласкање и од пофалби на ласкавите луѓе. Туку возљуби ги зборовите божествени, свештените песни и псалми и сè што е чесно, свето, премудро и душекорисно; особено пак засакај ги исмејувањата и прекорите, кога некој ги упатува кон тебе.

* * *

Преподобен Нил Мироточив

Луѓето се луѓе: човекот постојано греши бидејќи е несовршен и во сè за што ќе се фати, врши беззаконие; во ниедно дело нема да остане без согрешенија; и затоа, ако човекот и погреши, нека го сфати своето согрешение, за да го поправи. Но, на кој начин да достигнеме до поправање? - Човек кој е разумен, кој ќе го увиди своето согрешение, го познава и Оној, Кој е моќен и да го исправи. Но човек злобен, во кој има метежен дух, не ги сфаќа своите согрешенија и не го знае Оној Кој би можел да ги исправи… Тој во своето безумие и бесчувствителност самиот се оправдува, говорејќи за својот духовник: “И тој е исто таков човек, како што сум и јас”. Благоразумниот човек вакво нешто нема да изусти, туку ќе рече: “Се извалкаа одеждите на моето срце, ќе одам во бањата да ги предадам за повторно да обелат”.

Кога ќе тргне по таков пат, праведникот ќе сретне човек кој не е свесен за своите согрешенија и кој ќе го праша: “Каде одиш? – Овој, одговарајќи, ќе рече: “Во бањата, за да обели мојата облека”, односно: помислите мои, зашто ги извалкав и немам повеќе сила да ги носам на себе. А безбожникот ќе се насмее и ќе рече: “Па ако се извалкани, зарем во бањата ќе ги исчистиш? Подобро ти е така да ги носиш, отколку да одиш во бањата; зашто денес на перачите не смееш да им дадеш никаква облека

Page 13: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 13

да ја обелат, бидејќи тие постанаа такви, што не само што нема да ти ја исперат облеката, туку уште повеќе ќе ја извалкаат”. А благоразумниот ќе одговори на тоа: “Брату мој, колку пати и да сум ги предавал моите одежди да се исперат, ниту еднаш не ми биле вратени валкани: ќе ги предадам валкани, а ќе ми се вратат пресветли; не знам што тоа зборуваш и не разбирам како воопшто можеш така да ми одговараш, ти бесчувствителен човеку, кој не сфаќаш што се случува со тебе; а што ми е

мене грижа какви се денес перачите? Она што е важно е дека моето руво станува побело од снег…”

И така, тие се оддалечија еден од друг. Оној трезвеноумниот отиде во бањата, ги предаде своите одежди, перачите ги испраа, тој повторно ги доби назад, ги облече и си замина задоволен, блескајќи и со душата и со телото!

А оној кој не верува дека тоа навистина ќе се случи во бањата, односно кој се сомнева во Светата

Page 14: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 14

Тајна Исповед, секогаш оди валкан, колку и да се трудел да изгледа уредно… Ќе кажеме: оној кој нема да се предаде себеси и нема да го довери својот живот на духовникот, постојано ќе биде возмутуван и никогаш нема да најде мир во себе.

* * *

Преподобен Серафим Саровски

На прашањето дали треба да се лечиме во болеста, Старецот одговори:

“Болеста ги очистува гревовите. Меѓутоа, постапувај онака како што твојата волја ти кажува. Држи се до средниот пат, и немој на себе да преземаш бреме кое ги надминува твоите сили: ќе паднеш, и непријателот ќе те исмее. Еве што треба да правиш: ако другите те укоруваат – ти немој да укоруваш; ако те гонат – трпи; хулат ли на тебе – опсипувај ги со пофалби. Самиот себе осудувај се, па Бог нема да те осуди. Својата волја покорувај ја на Волјата Господова. Никогаш немој да им ласкаш на луѓето. Грижи се да го познаеш и добро и лошото во своето битие: блажен е човекот на кого тоа му е познато. Љуби го својот ближен, зашто ближниот е твоја плот. Живееш ли телесно, и душата и телото свои ќе ги погубиш; а ако се управуваш во Волјата Божја, ќе го спасиш и едното и другото. Тие подвизи се поголеми од одењето на поклонение во Ерусалим”.

На прашањето; дали е добро, заради одржување на својот статус, да се влегува во трошоци кои го надминуваат она што е неопходно и доволно, Старецот одговори:

“Секој нека прави како што може. Најдобро е да се задоволуваме со она што Бог ќе го испрати. А на човекот му е доволно да има леб и вода”.

На прашањето дали угодувањето на луѓето смее да ја загрози согласноста со волјата Божја, Старецот одговори:

“Поради таа љубов многумина пропаднаа. Ако некој не прави добро, значи дека греши. Потребно е секого да сакаме, но најмногу Бога”.

На прашањето за тоа како треба да управуваме со оние кои ни се потчинети, отец Серафим одговори:

“Со милостина, со олеснување на бремето на трудовите, а не со рани. Напој, нахрани, биди праведен; ако Бог простува, простувај и ти”. И понатаму Старецот велеше: “Сè она што ќе го возљуби и прифати Светата Црква, на срцето на христијанинот мора да му биде мило. Затоа не ги заборавај празничните денови, пребивај во воздржание, оди на богослужби во храмот Божји, со исклучок кога болеста тоа не ти го допушта. Моли се за сите: со тоа ќе направиш многу добра. Приложувај вино, масло и други дарови во црквата. Милостината ќе ти донесе многу добрини”.

Запрашан за девственоста и бракот, Старецот рече: “И девственоста е достојна за пофалба, и бракот е од Бога благословен. Но, непријателот само сите ги возмутува”.

Душата треба да ја храниме со словото Божјо, зашто тоа е, како што вели св. Григориј Богослов, ангелски леб со кој се хранат душите кои се гладни за Бога. Најмногу треба да се практикува читањето на Новиот Завет и Псалтирот. Од ова доаѓа до просветлување на разумот, до духовно израснување во една божествена промена.

Треба да се обучиме во тоа, нашиот ум да се движи слободно во законот Господов, со кој е потребно да се раководиме устројувајќи го својот живот.

* * *

Од овој ден, од овој час, од овој миг, да се трудиме да го возљубиме Бога над сè и да ја исполнуваме Неговата света волја. Амин.

Избор и превод:

Братството на Манастирот

“Св. Гаврил Лесновски”

Page 15: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 15

Најпрво сакам да му заблагодарам на Неговото високопреосвештенство, митрополитот Иларион за поканата, вака, заедно и моли-

твено да го одбележиме денешниот празник - Собор на светиот архангел Михаил и другите небесни сили, а во исто време да го прославиме и празникот на храмот и на градот Виница.

Во самото име на празникот се споменува зборот „собор“, термин многу често употребуван во две илјадната историја на Христовата Црква. Всушност, соборно, што значи заедно и едногласно, истомислено и еднодушно, е појава уште од Хри-стово и апостолско време. Господ Христос често ги собирал апостолите на молитва или поука, ги собрал и на Тајната Вечера, за да им укаже на настаните што ќе следат; самите апостоли биле постојано заедно по воскресението на Господа, заедно и при Неговото вознесение, како и потоа на Педесетница - при слегувањето на Светиот Дух врз секого од нив; Потоа, барем еднаш годишно, по договор, се собирале во Ерусалим, за да се информираат за растот на Светата Црква; во 51 година одржале апостолски собор за прашањата и проблемите што се појавувале во животот на христијаните. Потоа, Собор одржале и 70-те Христови ученици, собори се оддржувале при разни случаи, кога Црквата се соочувала со еретици и отпадници. Во историјата најпознати и најавторитетни се Седумте вселенски собори, на кои учествувале претставници од сите цркви; исто така, познати се и Десетте помесни собори, кои третирале прашања од локален карактер, но и нивните одлуки биле општоприфатени во целата Црква Христова.

И во Македонската православна црква соборите имаат свое место, дури и историска улога и заслуга. Токму благодарение на нив, во лицето на црковните собранија, по нашите градови и села се зачувал споменот за Охридската Архиепископија, по нејзиното неканонско укинување во 1767 година. Особено, пак, истакнување заслужуваат соборите и собранијата, собрани и одржувани со единствена цел - да се обнови Охридската Архиепископија во лицето на Македонската православна црква. Тоа го побарале учесниците на Свештеничкото собрание во Издеглавје, во 1943 година, тоа го побарале и учесниците на Соборот во Скопје во 1945 година,

тоа го побарале и свештениците на Собранието во 1946 година во Скопје, тоа го побарале соборјаните и во 1958 година во Охрид, кога прогласиле возобновување на Охридската столица, за конечно оној Собор во 1967 година да прогласи афтокефалност за возобновената Охридската Архиепископија како Македонската православна црква.

Овој историски пресек на општо-црковните собори, како и на оние одржани во нашата понова црковна историја, сакав да ги спомнам зашто, согласно Уставот на МПЦ, секоја година треба да одржуваме работни собори, а по потреба и изборни, за избор на Поглавар на нашата Света Црква. Ги нарекуваме црковно-народни, зашто во нив членуваат и црковници и верници, односно свештени и световни - цивилни лица, како претставници од секоја епархија и од нашите просветни институции.

Соборот - белегна единството во Црквата

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан

беседи

Page 16: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 16

Неодамна, на 12 ноември, во Скопје, одржавме Црковно-народен собор, на кој беа разгледани актуелни прашања и беа донесени соодветни одлуки и решенија, потребни во дејноста и животот на нашата Света Црква. Кога сме кај Соборот и соборите, а особено сега кога како народ сме исправени пред историски одлуки за државата и народот, за идентитетот и името, потребно е соборно, што значи едногласно и еднодушно, со сета сериозност и одговорност да му пристапиме на ова наметнато прашање од јужниот сосед. Кога е во прашање името и достоинството на нашиов народ, потребно е сите фактори, без исклучок, да ги усогласат своите ставови и сите едномислено и еднодушно да браниме сè што е наше македонско. Недолично е меѓусебно да се напаѓаме дека некој помалку или повеќе умее да го реши спорот со Грците, туку да ги усогласиме своите ставови и сите да бидеме како еден. Тогаш оние во Вашингтон, во Брисел, во Атина или каде било, ќе видат дека сме едногласни, дека соборно стоиме како народ во одбрана на своите национални и човечки права, мислам дека ќе размислат сите коишто упорно ни нудат некакви промени во името на Државата и на сè што е македонско. Но, очигледно, онаа латинската поговорка: „подели, па владеј“ - некои успешно ја практикуваат меѓу нас, а ние никако тоа да го разбереме и сфатиме... И Црквата и Државата се како едно семејство - ако во семејството има единство и разбирање, има слога - има и напредок. И обратно: таму каде што владее неединство, таму заедницата стагнира на сите полиња.

Светата Црква го нуди своето вековно соборно искуство, а тоа е дека сите прашања можат најдобро и најполезно да се решат заедно и дека од сите напади против нас пак заедно најдобро ќе можеме да ги издржиме и да се одбраниме.

Возљубени,

Денес е празникот Собор на свети архангел Михаил, празник воведен во календарот уште во 4 век, во чест на сложното и еднодушно ангелско славење на Бога во Троица. Свети архангел Михаил е архистратиг, односно војвода на сите небесни сили. Во Светото Писмо повеќепати се споменува, и во Стариот (Дан. 10, 13 и 21; 12, 1), и во Новиот Завет (Јуда 1, 9; Откр. 12, 7), како кнез и силен борец против Сатаната и другите Божји непријатели. Во некои црковни списи (синаксари) се споменуваат 25 јавувања на свети архангел Михаил во разни прилики како извршител на Божјата волја. Особена улога, во есхатолошката литература, му е дадена токму нему, на архангелот Михаил, како водич на човечките души по смртта. Затоа и во една празнична стихира (на Хвалите), му пееме:

Архангеле, нам смртните, кои те прославуваме, биди ни благ придружник...

Светата Црква, на втор ден Божик празнува Собор на Пресвета Богородица, по Водици празнува Собор на свети Јован Крстител, по Петровден празнува Собор на светите Апостоли, потсетувајќи нè на поврзаноста и неодвоивоста на тие личности со претходниот празник - на Пресвета Богородица со Рождество Христово, на свети Јован со Крштевањето Христово, на светите Апостоли со првопрестолните апостоли Петар и Павле.

Да му се молиме на свети архангел Михаил и на другите небесни сили, да ни бидат заштитници и сопатници и при овоземните и при небесните потреби. Нека ни бидат чувари и носители на доброто и праведното и од нас и за нас. Нека ни е честито и вечно нашево соборно празнување и живеење. Амин.

* Слово одржано на празникот Собор на свети архангел Михаил, на 21. 11. 2009 год. во Виница.

Page 17: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 17

Беседа за смирениетостарец Клеопа

Отци, браќа и возљубени верни;

Многу тешко ми паѓа и се сра-мам, бидејќи ме гризе совеста, што пишувам за возвишената

добродетел на смирението и смирено-умието. Да се пишува за неа, пред да ја спознаеш преку живеење е слично како кога би сакал да го опишеш непроценетото богатство според него-вата права вредност, пред да го видиш и детално испиташ. Сфаќам дека тоа е над мојата способност и можеби би било подобро да молчам; но понекогаш молчењето донесува грев, според зборовите: “Твоето молчење да не биде на штета и повод за духовно ранување на тебе и останатите” (Свети Никодим Светогорец, Невидлива борба, гл. 23).

Следејќи го тоа учење, јас немоќни-от и неспретниот, се осмелив да го подигнам товарот кој е над мојата моќ, предавајќи се на милоста на Семилостивиот наш Спасител и во молитва кон Неговата Пресвета Мајка, за да ми помогне и да не бидам осуден заради неумешноста и молчењето, со кое би можел да им нанесам штета на мудрите и ревносните. Се надевам дека тие со љубов ќе му простат на неискусниот и недостојниот, на оној што зборува а не твори, сеќавајќи се на оној кој вели: “Откако ќе слушнеш полезно слово, немој да го осудуваш оној кој го кажува, за да не се лишиш од корисното советување” (Свети Јован Лествичник, Лествица, стр. 136).

Според сведоштвото на Бенедикт Нурсијски, смирението има дванаесет скалила (Древни правила на монашкиот живот, стр. 648), кои нема сите посебно да ги претставуваме, за да не бидеме предолги. Затоа, со голем и долготраен труд може некако да стигнеме до самиот врв. Некои луѓе по природа изгледаат дека се смирени и кротки, други се смируваат во мислите, спомнувајќи ги своите гревови и падови. Но ниедно од тие не е вистинско смирение, како што изнесува свети Исак Сиријски, кој вели: “Не секој којшто по природа е смирен,

кроток, тивок или разумен стигнал до скалите на смиреноумието, ниту оној кој си спомнува за своите падови и гревови не се смирува со умот, затоа што се сеќава на нив; туку смиреноумен е оној кој го има во тајност она со што може да се погордее и не се возгордејува, туку се смета себе си за земен, земја и пепел” (Беседа 21, стр. 170).

Исто така, има некои што се борат да го здобијат смирението со сеќавање на смртта, размислување за своите гревови, сметајќи дека се земен прав и дека ништо добро во животот не направиле, плачејќи за своите гревови и пони-жувајќи се во своите мисли, со болка во срцето се жалостат заради своите падови и потценувајќи се цело време, сметајќи во себе дека се недостојни за милоста Божја. Иако преку тоа тие прават дела на

духовни поуки

Page 18: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 18

смирение, достојни за пофалба, сепак уште се далеку од вистинското смирение.

Ако некој, со дар од Бога, ги поразил сите противнички духови, правејќи само добри дела, а после тоа со духот осетил дека го примил тој дар – кога Светиот Дух му сведочи на неговиот дух, според збо-ровите на апостолот – тој достигнал совршенство во смиреноумието (Свети Исак Сиријски, Беседа 20, стр. 111). “Ако некој би имал дар на чудотворство, ако би поместувал планини со своите молитви, ако би постанал Боговидец како Мојсеј, ако би скротувал лавови како Даниил во јамата, ако би го угаснал пламенот како тројцата младенци во Вавилон, ако би го заклучувал и отклучувал небото и би спуштал оган од небото како Илија или би бил по светоста сличен на Јован Крстител, ако би одел по вода како света Марија Египетска и другите Светители, ако би се вознел до третото небо како свети апостол Павле и ако би, после сите тие сили и дарови, и самиот рекол како Христос: Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, меѓу кои сум прв јас (1. Тим 1, 15), тогаш за тој би можело да се каже дека го достигнал вистинското смирение.

Светиот апостол Павле им заповеда на Божјите избраници, покрај другите добри дела, да се облечат во духовна риза на смирението, зборувајќи: И така, како избраници Божји, свети и возљубени, облечете се во милосрдност, добрина, смиреност, кротост и долготрпеливост (Кол 3, 12). Значи блажен е и преблажен оној кој достигнал да се облече во таа духовна облека, бидејќи тој се облекол во Христовата облека, според сведоштвото на светиот Ефрем Сиријски, кој вели: “Смирението е Христова облека” (том 3, стр. 372). Исто така вели и светиот Исак Сиријски: “Смирението е Божја облека, бидејќи воплотениот Логос во неа се облекол” (Беседа 20, стр. 103).

Вистинскиот смиреноумен човек се познава по тоа што му

Page 19: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 19

смиреноумието” (Беседа 21, стр. 112 – 113).

Исто така свети Исак Сиријски, изнесувајќи дека од неволјите и од ожалостувањето се раѓа смирение, вели: “Душата која ја прифатила грижата за добрите дела и живее со страв Божји, не може да биде без жалење ден за ден, бидејќи добрите дела имаат во себе вплетено и жалост. Кој нема неволји, секако, без сомневање, и од доброто дело ќе се оддели. Ако сакаш добро дело, препушти се на сите неволји, бидејќи неволјите раѓаат смирение” (Беседа 37, стр. 194 – 195).

Веднаш по изнесувањето сведоштва од Светото и Божествено Писмо и од Светите Отци, покажувајќи од што се раѓа смирението и смиреноумието, ќе покажеме накратко нешто за смирението и која е користа од смирението.

Најголемата корист која ја донесува смирението е спасението на нашата душа, според зборовите: Се понизив, и ме спаси (Псал. 114,6). Друга корист која ја стекнуваме со смирението е тоа што Бог се сеќава на нас само ако имаме смирение и ќе не избави од неволји и непријатели. Тоа произлегува од зборовите на Псалмопевецот, кој вели: „Кој се сеќава на нас во нашата смиреност и нè избавува од непријателите наши“ (Псал. 135, 23 – 24).

Смирението не е само да се задобие Божјата помош и Он да не услиши за време на неволји, туку тоа ни постанува и повод да постанеме наследници на Царството Небесно, според сведоштвото на нашиот Спасител Исус Христос, Кој вели: „Кој, пак, ќе се смири како ова дете, тој е поголем во Царството Небесно“ (Мат. 18, 4).

На многу места од Светото Писмо гледаме дека смирението ни донесува слава од Бога и од луѓето, според зборовите на Спасителот наш Исус Христос: Кој се понизува, ќе биде воздигнат (Мт. 23, 12; Јак 4, 16; Исус Сирахов 3, 18). Смирението прави да човекот во неговата душа го поседува

и во него одмара Благиот Бог, според зборовите на Пророкот: Вели Господ, а еве на кого ќе погледнам: на смирениот и паднатиот со дух и на оној што трепери пред моето слово (Исаија 66, 2). Потоа гледаме дека по смирението следува слава и чест (Изреки 18, 22; 29, 23).

Да поминеме сега на Светите Отци, за и од нив да слушнеме која е користа од смиреноумието.

Свети Исак Сирин вели: “Како што сенката го следи телото, исто така и смиреноумието ја следи милоста Божја” (Беседа 19, стр. 98). Потоа вели:

омрзнало светот да биде според според волјата на своите дела и зборови, а во неговите очи славата на овој свет нема вредност (Свети Исак Сиријски, Беседа 38, стр. 198).

Возљубени верници,

Веднаш по тоа што го изнесов за вистинското смирение, мислам дека е од корист да изнесам и од што се раѓа таа добродетел. Ако го истражуваме Светото Писмо, ќе видиме дека постои смирение и се раѓа од маките и неволјите, бидејќи Господ Бог му вели на Израилскиот народ: Ако го заклучам небото и да нема дожд, ако им заповедам на скакулците да ја опустошат земјата, или да испратам помор врз Мојот народ, и Мојот народ кој се именува со Моето име - се смири, почне да се моли, да го бара лицето мое и се одврати од своите лоши патишта, Јас ќе чујам од небото, ќе му ги простам гревовите негови и ќе ја излекувам земјата негова (2 Лет. 7, 13 – 14). На друго место, каде се вели дека од трудот и маките доаѓа смирението, е кажано: Он го понизи нивното срце во маки, се сопнаа, и немаше кој да им помогне (Псал. 106, 12). И повторно: “Ќе дојдам кај нив со голем гнев и ќе ги истребам од земјата нивните непријатели. Тогаш ќе се смири нивното срце необрезано, и тогаш ќе се покајат за своите гревови” (Лествица 26, 41).

Да погледаме и неколку сведоштва од Светите Отци, од кои дознаваме дека постојат и други причини кои раѓаат смирение во човечкото срце. Свети Јован Лествичник вели дека “од послушноста се раѓа смирението” (Лествица, Поука 4, стр. 28). А од Свети Максим Исповедник учиме дека тоа се раѓа и од верата во Бога и од стравот Божји, според зборовите: “Кој верува, се плаши, и кој се плаши, се смирува” (Добротољубие, том 2, гл. 16, стр. 129).

Друг свет отец изнесува дека “смирението се раѓа во човечкото срце и од мноштвото молитви, бидејќи на оној на кој што му е потребна Божјата помош твори многу молитви, и што повеќе се моли, неговото срце повеќе се смирува. Никој, молејќе и барајќи, не може, а да не стане смирен” (Свети Исак Сиријски, Беседа 21, стр. 110). Истиот Светител вели дека смирението се раѓа и од самопознанието: “Праведникот кој не ја познава својата немоќ својата работа му е како сечивото на ножот, не одејќи подалеку од падот и од лавот кој нанесува штета. Кој не ја познава својата немоќ, лишен е од

“Смирението може

од ѓавол да направи ангел, а гордоста од ангел - да

направи ѓавол”.

Свети Јован Лествичник, Лествица, Поука 25, стр. 136

Page 20: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 20

“Труди се да бидеш неугледен и ќе се исполниш со Божјата чест. Не барај да бидеш почитуван, кога внатре си полн со рани. Обвинувај ја честа и немој да ја сакаш, за да не станеш обесчестен. Кога некој трча за чест, таа бега пред него, а оној кој од неа бега, таа ќе го следи, и тој ќе стане проповедник за смирението за сите луѓе. Ако се потценуваш себе си, за да не бидеш почитуван, Бог ќе те прослави. И ако заради вистината бидеш оптужуван, Бог ќе допушти на сите Свои созданија да те фалат, отварајќи ги пред тебе вратите на славата на твојот Создател, и ќе те слават, бидејќи ти навистина, си според Неговиот Образ и Подобие” (Беседа 5, стр. 52).

Потоа продолжува: “Тогаш, кога смирението ќе царува во тебе, ќе ти се покорува и душата, а заедно со неа сè ќе ти се покорува, бидејќи во твоето срце се раѓа мир од Бога. Ако си надвор од тоа, ќе бидеш гонет не само од страстите, туку и од случувањата. Навистина Господи, ако самите не се смириме, нема да престанеш да нè смируваш. Вистинското смирение се раѓа од познанието, а вистинското познание се раѓа од искушенијата” (Беседа 16, стр. 85). “По смиреноумието следи стегање и воздржување, а празната слава е служителка на блудот и дело на гордоста. Смиреноумието, заради своето постојано воздржување, достигнува видение и ја украсува душата со целосна мудрост” (Беседа 23, стр. 128). Потоа вели: “Пред да влезеш во градот на смирението, ако видиш дека си починал од вознемирувањето на страстите, немој да се предадеш во себе, бидејќи непријателот те чека; туку после предавањето очекувај многу пречки и сопки. Ако не поминеш низ местата за одмор на добрите дела, нема да достигнеш одмор од својот труд, ниту ќе воздивнеш од нападите, сè додека не стигнеш во местото за одмор од светото смирение” (Беседа 24, стр. 134).

Исто така, свети Јован Лествичник вели: “Смирението може да опрости многу гревови и без дела, а делата без смирение, напротив, се некорисни; и не само толку, туку и многу зла ни спремаат.

Како што солта е потребна за секое јадење, исто така и смирението е потребно за секое добро дело. Значи, треба во умот непрестано да се смируваме, во сопките и неволјите, бидејќи ако го задобиеме смирението, тоа ќе не направи Синови Божји, и без добри дела ќе нè постави пред Него. Бидејќи, без смирение сите наши дела се празни. Значи, Бог сака преобразување на нашиот ум. Умот нè прави добри, а умот нè прави и лоши. Тоа самото е доволно, дури и без друга помош, да стои пред Бога и да не застапува” (Лествица, Схолија 39 на Беседата 25, стр. 136).

Човечкото напредување и растење во духовниот живот настануваат преку смирението повеќе отколку преку другите добри дела, како што нè учи еден свет отец: “Напредување на човекот е смирението, бидејќи колку некој се труди во смирението, толку се возвишува со напредувањето” (Отечник, гл. 10). Друг старец од Отечникот, покажувајќи ја силата на смирението против ѓаволот, вели: “Ако, смирувајќи се, кажеш: “Прости ми”, ќе ги изгониш ѓаволите”. А исто така: “Кој се смирува, ги смирува ѓаволите, а кој не се смирува, со него се подбиваат ѓаволите” (Отечник, гл. 10, стр. 128).

За да видиме колку е убаво смирението во животот на оној кој се украсил со таа возвишена добродетел, како и колку дарови и сила таа произнесува, ќе го слушнеме светиот Исак Сириски, кој вели: “Смиреномудриот човек никогаш не мрази, не повредува со зборовите, не се превознесува; сакан е од сите, бидејќи сите ги сака и сите него го сакаат; сите го сакаат и на секое место каде што оди сите го гледаат како ангел на светлоста; му оддаваат чест; и да зборуваат мудрец и учител, ќе ги сопрат, да замолчат, бидејќи на смиреномудриот сите со почит му отстапуваат да зборува. Очите на сите пазат какви зборови излегуваат од неговата

Page 21: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 21

уста и секој ги очекува неговите зборови како зборови Божји”.

Потоа додава: “Оној што зборува без почит против смиреномудриот е како човек кој ја отворил устата своја против Бога. Колку и да не го почитуваат сите созданија, неговата чест останува. Кога смиреномудриот би пристапил кон диви ѕверови, тие гледајќи го, ќе се припитомат, ќе му пристапат како на свој господар, ќе климаат со главите и ќе мавтаат со опашките и ќе му ги лижат рацете и нозете.

Ако смиреномудриот пристапи кон смртоносни влекачи, штом се доближи раката кон нивното тело, лутината и грубоста на нивниот смртоносен отров престанува и тој со својата рака како гуштер ги покорува. Пристапува кон луѓето и им поклонува внимание како на Бога.

Не само луѓето, туку и ѓаволите со својата злобност и отровност, со своето големо возгордевање на својот ум, кога би се допреле до смиреномудар, би постанале како земен прав и би се уништила целата нивна злоба, би се распрснало целото нивно знаење и би пропаднале нивните лукави вештини” (Беседа 20, 106 – 107).

Отци, браќа и возљубени верници.

Ете колку се чудни и разновидни даровите со кои Преблагиот Бог ги украсил вистински смиреномудрите, и како сите луѓе, ѕверови, влекачи и самите ѓаволи се смируваат, се поразуваат и во него препознаваат навистина бог по благодат, како што бил нашиот прататко Адам, пред да отпадне од послушноста на Сесветиот и Сесилниот наш Бог.

Веднаш штом до тука со малку докази од Светото и божествено Писмо и од Светите Отци изнесов што е смирение, од кои добродетели се раѓа, колку корист му донесува на оној што го има, како и со колку дарови и сила е украсен животот на смирениот, во продолжение ќе изнесам, исто така со докази од Светите Отци: кои се надворешните и внатрешните знаци на вистински смиреномудриот човек.

За да го дознаеме тоа, ќе го слушнеме свети Ефрем Сиријски, кој ни вели:

“Знаците по кои ќе се распознава оној што има вистинско смирение се:

• Смета дека е грешен повеќе од другите и од сите грешници;

• Смета дека никакво добро не направил пред Бога;

• Себеси се обвинува секогаш, секаде и во сè;

• Никого не прекорува;

• Не го навредува грешниот или помрзеливиот од него, туку секого фали и слави;

• Никогаш не суди, не потценува или оговара некого;

• Секогаш молчи и не зборува без заповед или без потреба, а кога ќе го запрашаат и ќе сака да одговори, го прави тоа кротко, смирено и јасно, како да е принуден и како да се срами да зборува;

• Не се расправа со никого заради верата или заради нешто друго, туку ако кажат добро, нека и тој така каже, ако ли пак кажат зло, нека каже: “Ти знаеш”;

• Ја мрази сопствената волја како нешто погубно;

• Има секогаш наведнат поглед;

• Секогаш ја има смртта пред очи;

• Не зборува празни работи и никогаш не лаже;

• Не зборува ништо против претпоставениот;

• Радосно ги трпи навредите, потценувањата и штетите;

• Го мрази одморот и го сака трудот;

• Не подбуцнува никого и не го повредува туѓото знаење.

Тоа се знаците на вистинското смирение и блажен е што го има, бидејќи станува дом и црква Божја, и Христос во него престојува, правејќи го наследник на Царството Небесно”(Свети Ефрем Сиријски, Беседа за смиреномудриот, том 3, стр. 506).

Во заклучокот на оваа беседа се осудувам себеси и јас, целосно проклет и лишен од дарот на смиреномудрието, покрај наведените сведоштва од Светото Писмо и Светите Отци да кажам неколку зборови за утеха на немоќните, слични на мене.

Иако во претходно кажаното видовме дека возвишеното смирение има многу скалила, и дека се малку оние што стигнуваат до неговото совршенство, ние не треба да очајуваме заради својата немоќ, туку да го молиме Преблагиот Бог, Кој го крепи она што е немоќно и го дополнува она што е непотполно, да ни помогне со Својата милост и дар, за барем со врвот на прстот да се допреме до најдолните скалила на смиреномудрието, а Неговата милост и по милитвите на Пресвета Богородица и сите Негови Светители, кои засветлиле заради вистинското смирение, да бидеме и ние грешниците - наоѓајќи се зад понапредните, но одејќи по истиот пат со нив - помилувани и спасени! Амин.

превод: Александар Зашов

Page 22: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 22

- Раскажете ни нешто за себе, за тоа како се запознавте со сопругата, за своето семејство…

- Значи, тоа беше одамна. Се запознавме пред повеќе од петнаесет години, тоа беше прва година како предавав на Московската Државна Академија, а попадијата заврши Академија на уметностите, таа е театарски уметник. Се запознавме сосема неоригинално, кај заедничка познаничка и ништо значајно како пример не можам да раскажам. Тогаш мојата идна сопруга не беше црковен верник во вистинска смисла на зборот. Но, нешто во нејзините очи, во душата, во однесувањето, ме уверуваше

дека таа ќе дојде во Црквата, дека не може да се случи толку добар, длабок и значаен човек да не Го сретне во животот Христа Спасителот и како резултат на тоа, да не се најде во Православната Црква. Не можам да кажам дека во периодот на нашето запознавање се занимавав со мисионерство. Но кога дојде до тоа да го соединиме животот, немаше сомневања дека ќе се венчаме.

Сè беше без напор или некои совладувања на себеси. Нејзината прва исповед, првото свесно причестување – сето тоа се случи, и никогаш нема да го заборавам оној ден кога на Велики Четврток првпат се причестивме заедно со Светите Христови

Со очите на татко и сопругРазговор со протоереј Максим Козлов, старешина на храмот “Света великомаченица Татјана” при Московскиот државен универзитет

Отец Максим го завршил филолошкиот факултет на Московскиот Државен Универзитет каде што специјализирал на катедрата по класична филологија (старогрчки и латински јазик).Во септември 1985 г. бил вклучен во составот на професорската корпорација на Московската Духовна Академија и Семинарија како предавач на нови и древни јазици. Од 1989 г. му било доверено и предавањето по историја на западните исповеданија (оддел — католицизам) во Академијата, а од 1991 г. — предавањето на курс по споредбено богословие во Семинаријата. Од 1997 г. предава и курс по основи на реторика во Академијата.На 25 февруари 1992 г. ректорот на Московскиите Духовни Школи - архиепископот Дмитровски Александар го ракоположил во чин ѓакон. На 21 јули 1992 г. Патријархот Московски и на цела Русија Алексиј II го ракоположил во чин свештеник и бил назначен за државен свештеник при храмот на Живоначалната Троица во Троице-Голенишчево.Со Указ на Патријархот Алексиј II од 4 јануари 1994 г. е назначен и за старешеина на храмот света маченичка Татјана при Московскиот Државен Универзитет. На Пасха 2000 г. со благослов на Патријархот Алексиј, Епископот Верејски Евгениј го возвел во чин протоереј. Во февруари 2002 г. е определен за член на советот на Серуското Православно Младинско Движење, како одговорен за работа со студентска младина. Од март 2002 г. е заменик претседател на учебниот комитет на Руската Православна Црква, главен инспектор на учебниот комитет.На 12 август 2002 г. е награден со орден на светителот Макариј - III степен. На 1 септември 2002 г. за успешна работа по духовно-етичко воспитување и просветување на младината ја добил наградата «Придобиено поколение».

семејство и воспитување

Page 23: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 23

Тајни. Ова беше уште во советското време. Потоа седевме на клупата крај храмот. Велигден таа година беше мошне доцна – почетокот на мај или крајот на април, а ние седевме еден покрај друг држејќи се за раце, иако сè уште не бевме венчани сопружници. За мене тоа беше прво искуство за тоа дека семејството е како мала Црква. Колку е голема желбата да бидеме заедно во вечноста и колку е добро да се сака човек и никогаш да не се раздели со него.

Се венчавме со благослов на мојот духовник, кој стана духовник и на Татјана. Имаме четири деца, сите се девојчиња на различна возраст – 14, 12, 6 и 3 години. Тие се девојчиња верници, многу се различни, но сите се воспитувани како православни христијанки и сега се парохјанки на ист храм.

- Според Ваше мислење, колку деца треба да се има во семејството, за да се нарече семејство со многу деца? Сметате ли дека Вашето семејство има многу деца?

- Не, нашето семејство нема многу деца. Три-четири деца во семејство на свештеник, воопшто во семејство на православен Христијанин, веројатно е некоја долна граница. Шест-седум – тоа е веќе семејство со многу деца. Четири-пет сè уште не е, тоа е обично нормално семејство на православни луѓе. Ајде да погледнеме од малку поинаква перспектива. Царот-маченик и царицата Александра родители ли се на многу деца? Може ли да се каже дека тие се небесни покровители на родителите со многу деца? Веројатно не. Ние тоа го прифаќаме како нормално семејство, а не како семејство со многу деца или некаков посебен подвиг. Не, четири-пет деца не е семејство со многу деца.

- Што мислите, дали бројот на децата влијае на квалитетот на нивното воспитување?

- Секако. Неодамна, на конгресот на младите, о. Димитриј Смирнов со целосно право зборуваше дека едно дете не може нормално да се воспитува. Поблаго би рекол дека не може да се воспита без егоизам. Едно дете со многу маки се воспитува како нормален православен христијанин. Секако, едно дете е ненормална ситуација. Оттука потекнува наклонетоста кон авторитетот надвор од семејството, во

одделението, на улица, во некоја фанатичка група или во музички клуб. Тоа се случува бидејќи детето дома нема со кого да зборува, само тато-мамо, кои не се доживуваат како адекватни собеседници. Ако постојат браќа и сестри, ако за сè се разговара дома и сè се стекнува, тогаш нема потреба од потрага по надворешни авторитети.

- Ако не бевте свештеник и попадија, дали и тогаш ќе имавте четири деца?

- Мислам да. Тоа не беше само заради свештенството, бидејќи моите две постари деца се родија пред моето ракополагање.

Психолошки не можам да замислам дека во нормално православно семејство може да има договор, во смисла, дека ете, ќе имаат едно дете, бидејќи повеќе од едно нема да можат да прехранат. Очигледно тоа е неверување во Бога, пресметка на своите економски, социјални, физички можности. Тоа е неверување, со кое треба да се борат во семејството, да се борат против таквиот однос кон раѓањето деца. Друг изговор е “ќе живееме еден за друг, ќе се забавуваме дури сме млади”. Тоа е изговор на списание со раскошни насловни страници, а не на православно семејство. Или пак “Да се шетаме по светот или по земјата, а кога ќе ја преминеме триесетата, ќе размислиме за можноста за раѓање деца”. Тоа е изговор на западното општество, и не е религиозен по својата внатрешна суштина. Или пак - жената брка кариера, т.е., секако, нема да може да ја одбрани дисертацијата или ќе ја загуби работата.

Ми се чини дека во секој случај воздржувањето од раѓање деца во првите години од бракот е нерелигиозен изговор. Неправилна е токму внатрешната насока, некогаш доаѓа дури и до

Page 24: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 24

пресметување на деновите, во кои не може да се зачне. За семејството тоа е убиствено. Воопшто, стремежот во овој живот да се прима само она што е пријатно, само радост, е она што е кажано во приказната за богатиот: “целото добро ти веќе го доби во овој живот, живееше така што целата друга страна на животот ја оттргна од себе: не сакаше да ја видиш туѓата тага, туѓите проблеми; не сакаше ништо да делиш. Сакаше само задоволства, само нив ги примаше во овој живот”. На брачниот живот не смее да се гледа како на начин на причинување на наслади, не е важно какви – телесни, физички, интелектуално-естетски или општествено-емоционални. Потрагата по задоволства и наслади е морално неприфатлив пат за православниот христијанин. Затоа, секој трезвено нека процени со што се раководи семејството денес, воздржувајќи се од раѓање деца. Во секој случај не е добро младото семејство да го почне својот живот од период без деца. Постојат семејства кои сакат деца, но Господ не им дава. Треба да се прифати Божјата волја. Но, да се почне семејството така што ќе се отфрли она што му дава полнота, е уфрлање на некаква дефектност во него, која потоа може да се активира како мина, во облик на многу тешки последици.

- А што ако за време на бременоста лекарите откријат кај жената некоја сериозна патологија?

- Да се има на ум, колку и да звучи грубо, дека

и идиотите се наследници на вечниот живот. Зарем оној што има церебрална парализа, или Даунов синдром, или нешто трето, заради тоа да се лиши од Царството Небесно? И ако заради нешто по Божја Промисла на детето уште од мајчината утроба му е дадена таква болест, христијанинот треба тоа со вера да го прифати и како сопствен животен крст да го понесе детето што се родило. Не мора да значи дека детето во утробата е болно, како што велат денес лекарите, кои се оградуваат од одговорност. Тие не кажуваат само кога ќе ја откријат болеста, туку предупредуваат на можноста од ваква болест, дури и ако нема да се случи, и уште го наведуваат брачниот пар на абортус.

Сега медицинскиот приод е таков што, ако детето може да се роди болно, на родителите им се зборува: “што ќе ви се такви проблеми, млади сте, можете да имате деца, решете го сега проблемот. Не го убивате човекот, туку го отстранувате проблемот, а потоа сè ќе ви биде добро”. Тоа никако не е христијански приод.

- Колку е тешко воздржувањето за семејството?

- Тоа зависи како луѓето влегле во брак. Не случајно порано имало не само општествено-дисциплинска норма, туку и црковна мудрост девојката и момчето да се воздржуваат од блискост. Дури и кога веќе биле верени (кога веридбата била одделена од венчавката), тие веќе биле меѓусебно

Page 25: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 25

духовно поврзани, но не можело да дојде до физичка блискост помеѓу нив. Секако, не станува збор за тоа дека тоа е апсолутно грешно пред венчавањето и станува неутрално или позитивно по венчавањето. Не е во тоа суштината, туку, дека, неопходноста од воздржување на верниците и на верничките, на момчињата и на девојките пред бракот, при љубов и взаемен копнеж на еден кон друг, им овозможува многу важно искуство - ќе умеат да го трпат воздржувањето кога ќе дојде според природниот тек на семејниот живот, во месеците кога се чека бебе, во првите месеци по породувањето, кога многу често сите стремежи на сопругата не се насочени кон физичка блискост, туку сета нејзина грижа е насочена само кон бебето, па ниту физички таа нема да биде способна и подготвена за тоа. Оние, кои одвнатре се подготвувале во периодот на веридбата, со чување на девственоста пред бракот, добиваат многу. Во нашата парохија знам млади луѓе, кои, заради различни околности – неопходноста да се заврши факултетот, да добијат родителска согласност за брак, да се стекнат со некој социјален статус, сакајќи се, минуваа период пред брак од една, две, дури и три, четири години. Се засакале од прва година на факултет: разбирливо е дека тие сè уште не можат да создадат семејство во вистинска смисла на зборот, па го поминуваат, рамо до рамо во чистота својот пат, како вереник и вереница, во текот на три-четири години. Тие ќе можат потоа да се воздржуваат кога ќе им биде потребно во

семејниот живот. А, ако патот почне, како што сега се случува, дури и во црковните средини, со блудни односи, потоа не поминува без страдања. Потоа, кога ќе треба да се учат да се сакаат без телесна блискост, без потпората која ја дава телесната блискост, тоа се постигнува со страдање. Но, тоа е неопходно да се научи.

- Сега во многу списанија и книги за идните мајки пишува дека за време на бременоста може да се има интимни односи, т.е. многу често се зборува за тоа дека не е потребно да се воздржуваат, дека тоа не му пречи на бебето, ниту на мајката. Каков е вашиот однос кон тоа?

- Сè зависи од тоа што сакаме да му поставиме како темел на идното дете. Периодот на живеењето на детето во утробата на мајката, во значителна мерка ги формира неговите наклоности, навики, обичаи. Ако влијанијата врз него, да кажеме со-стојбата на духот на мајката – дали со љубов или со одбивност таа го очекува детето, климата во семејството и меѓусебните односи – ако сето тоа се одразува на детето, кое што жената го носи под срцето, тогаш уште повеќе се одразуваат другите страни на нејзното постоење, постоењето на семејството. Ако некои и посакуваат во своето дете да видат страст, копнеж по телесното, по полниот живот, световните луѓе можеби и го посакуват тоа за своето дете и го сметаат за нормално, за нивниот поглед на свет тоа е природно, тогаш Христијанинот

Page 26: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 26

повеќе ќе се стреми кај своето дете да види воздржување и умереност, ќе посака во темелите да му постави преовладување на духовното над телесното.

Поразумно ќе постапи семејството, кое сосема ќе ја одбие или ќе ја минимизира физичката страна на бракот, заменувајќи го непосредното телесно сопружничко општење со природно искажување на нежност, заедничко живеење, кое исто така може да овозможи полнота и душевна и телесна блискост. Мудрата жена и тактичниот маж ќе најдат начин како да поминат рамо до рамо, не оддалечувајќи се еден од друг во овој период на воздржување при раѓањето деца.

- Проверка ли е тоа на вистинските односи помеѓу сопружниците?

- Да. За тоа станува збор. Можете ли да се сакате ако цело време не треба да додавате дрва, кои го разгоруваат огнот без ваш напор. Можете ли да се сакате со вистинска љубов? Или сè останува само на половата страна на бракот? Па дури и просто разумен човек ќе помисли: а ако се случи нешто, ако се разболи мажот или жената, па еден од

нив да не може полово да општи извесен период, што тогаш? Ќе се разведат? Световните луѓе така и прават. Но за Христијанинот тоа не е основа за уривање на семејството.

- Од вашето родителско искуство, на што би ги предупредиле родителите со многу деца?

- Како прво, да не гледаат во себе нешто посебно. Тоа ретко се случува, но можат дури и да почнат да се гордеат со тоа. Ма не, оставете го тоа, правете го тоа што мора да го правите. Второ: нормалниот број на деца во семејството не ги ослободува родителите од обврските да се занимаваат со нивното воспитување. Родителите можат да се уморат од своите деца и да сметаат дека кај нив сè е во ред, дека ќе се тркалаат, дека ќе се изведат, во процесот на живот само по себе ќе се доведат во ред. Но не, мора да постои истиот подвиг во однос кон третото, четвртото, петото, седмото дете, како и во односот кон првото. Секое дете треба да се сака како и првото, да се вложуваат исти напори, внимание, подготвеност да се сослуша, да се доживува како личност, а не како седмо, четврто или наредно во семејството. Се случува уморот да е големо искушение, кое го следи животот на семејството со многу деца.

- Велат дека во Православието жената му се потчинува на мажот, навистина ли е така?

- Во православието не се зборува само за тоа. Апостол Павле зборува дека мажите мора да ги сакаат своите жени, да ги чуваат како послаб сад, како кревки суштества. Понекогаш мажите сакат да цитираат: “жената да се плаши од мажот”, а сè друго што се чита за време на Светата Тајна брак, поради нешто го изоставаат. А пред сè, мажите мора да ги сакаат своите жени. Типот на единство помеѓу мажот и жената, мора да биде како тип на единство помеѓу Христа и Црквата, односот на мажот кон жената мора да биде ист како односот на Христа кон Црквата, воопшто, многу повеќе обврски му се наложуваат токму на мажот во христијанското семејство. Токму обврски, а не право да раководи и да удира со нозете и да вели: “Прави како јас што сакам.”

Постои мудро угледување на овој принцип во црковниот живот, кој може да се формулира со зборовите на еден современ богослов: “Мажот и жената се рамноправни, но различни”. Кога од жената ќе се симне товарот на одговорност за донесување на општосемејни одлуки, тогаш тоа толку поправа, толку го олеснува животот на жената. Тоа е она што мажите во нецрковните семејства денес толку ги измачува. Мажите се наклонети да се повлечат од одговорноста за она што се случуа во семејството. Тогаш несреќните

Page 27: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 27

жени ја преземаат сета одговорност, која често ја надминува нивната сила – па оттаму заемни навредувања, свест за неприродноста на функцијата на секој од сопрузите во таквиот сојуз.

- Денес многу жени се одлучуваат на породување со анестезија или со царски рез и кога за тоа нема потреба. Правилно ли е тоа?

- Овде јас можам само да го повторам она што го мисли мојата попадија. Раѓањето на природен начин е она што е најздраво и најпотребно за детето и секое мешање во процесот на породување не поминува без последица по детето.

- Значи, треба да се прифатат болките?

- Да. Уште повеќе пак, ако ги прифатите свесно. Желбата породувањето да помине, а да не се почувствува болка е од истата шема за погледот на свет, дека во животот треба да се избегнува сè што е тешко и непријатно, а дека треба да се прима само задоволство и она што дава комфор.

Семејството кое свесно се подготвува за раѓањето на детето, ќе може да се подготви за процесот, ќе може сè да доживее на вистински начин. Уште повеќе пак, што денес, барем во Москва, во породилиштата се практикуваат природните физиолошки начини на раѓање. Денес не е задолжително да се раѓа хоризонтално на леглото, како што се практикуваше во советското време. Може да дојде и до “царски рез”, но по медицински барања. Не треба да се одлучува за тој

начин на раѓање само за да м се олесни на мајката.

- Жената со раѓањето на детето има најмногу искушенија. Малото дете бара големо внимание. Фактички целата сила се троши на него. Што да прави, за во тие посебно напнати мигови да не се втурне врз мажот? Како да научат мирно да ги решаваат проблемите?

- Секако, жената троши на детето повеќе сила. Па таа го дои! Секако дека е потребно да се вложат сите напори за мајката сама да го дои детето. Тоа е достапно за 90% од жените. Млеко, по правило, нема доволно за оние кои се стремат да не го дојат детето. Тоа, зборувајќи со медицински речник, е психосоматика, кога жената се стреми кон тоа да не го дои детето – кога не го сака тоа, се плаши или сака тоа што побргу да заврши. Тогаш нема доволно млеко. Треба максимално да се избегнува вештачкото доење во првите месеци, а уште подобро е и во првата година.

Во првиот месец по породувањето, жената сè уште има резерва на физичка сила и чувствува олеснување по бременоста. Всушност, полесно ѝ е отколку во осмиот, деветиот месец од бременоста, со бебето крај себе, отколку со бебето во себе, а потоа расте уморот, особено заради недоволното спиење, но и воопшто уморот. Молитвата помага. Кога жената нормално го дои детето, не од шишенце, туку на градите, тогаш може да се моли

Page 28: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 28

за тоа време, да ја изговара Исусовата молитва, или некоја друга молитва што ја знае. Честопати мајката не е во состојба да го прочита утреното и вечерното правило во периодот на доењето. Дури и оние што ги знаат молитвите на памет, ретко можат да се сконцентрираат на нивниот точен текст, за да ги кажуваат свесно. Тогаш може да се моли со покуси молитви, но почесто. Тоа помага свесно да се преживее денот, не просто како физичките процеси кај детето, туку и духовно да се преживее.

Второ. Жените, и покрај сè, треба да се грижат да ги продолжат разговорите со мажот, треба да разговараат. За време на доењето, наутро пред заминувањето на мажот на работа или кога навечер ќе се врати, или ноќе, кога заедно сте станале крај детето, да проговорите за она што се случува, што преживувате. Да го споделите тоа, но не како жалба: јас правам тоа и тоа, а ти! – туку како искуство од денот, што денес го стекнала жената. Во оваа смисла, колку и да му е тешко на мажот (да речеме свештеникот треба да служи утредента, друг да предава, или да работи нешто друго), добро е мајката и детето да не бидат одделени од мажот.

- А ако жената има постпородилна депресија?

- Депресијата, на аскетскиот јазик се нарекува униние.

- Но, тоа може да биде предизвикано од физиолошлки процеси?

- Тогаш тоа е друго. Но, Христијанинот, за разлика од нецрковниот човек, поседува средства за борба против тоа. Како прво, таа е свесна за тоа не како за депресија, туку како за униние, како за недолична состојба, и самата свест дека тоа е неприродно, дека мора да се бори со тоа и никако да не попушта, веќе е почеток на заздравување. Начините на победувањето на таквата депресија за секое семејство се индивидуални. Не постои некој стандарден совет. Нам многу ни помагаше да шетаме. Дури и ноќе, или доцна вечерта, токму кога стануваше најтешко, го стававме детето во количката, без разлика кое годишно време е – и заминувавме на прошетка. Ноќе. Па не живееме во тајга. Нема мечки. Иако постои криминал, но не до толку да ги напаѓаат родителите со колички. Го земаме детето и одиме на прошетка – и животот оди понатаму. Не можеме да спиеме, лошо сме расположени – значи, одиме на воздух. Нас тоа нè отрезнуваше. Божјиот свет е добар – врне снег, месечината свети или уличните светилки, Москва ноќе…

- Мажите, дури и оние кои свесно приоѓаат кон раѓањето на детето, често може

да почувствуваат шок при неговото раѓање – се појавува некое битие, тие на него долго се привикнуваат… Не Ви се случило тоа?

- Со првото дете, да. Страв ти е да го земеш во раце, се плашиш главата да не му падне, или да не го испуштиш, или толку силно да го притиснеш и да му ги повредиш сите внатрешни органи. Овде најважно е да се вложи напор. Постојат два излеза од ваквата ситуација. Готово, јас не можам, јас ќе стојам од страна, сè ќе сторам само да не го допрам детето. Тоа е ќорсокак и тоа многу опасен. За таткото и детето токму овие физички допири – капењето, чувствувањето на близината на рацете на таткото – е она што во значителна мерка поставува темел во идните односи. Тоа дава чувство на сродност и на блискост. Овде има уште еден момент, жената, по правило, го сака детето веднаш, штом ќе се роди – поради тоа што веќе се родило. Таа претрпела сè, го гледа, не може да не го сака.

Се сеќавам на првата белешка на попадијата кога ни се роди првата ќерка. Попадијата напиша дека таа е преубава, иако знам дека во тој момент беше во плодова вода. Воопшто децата не се убави во вообичаената смисла на зборот во моментот на раѓањето. Таткото почнува да го сака детето во процесот на грижење околу него, и по правило, нема да почувствува исклучителен емоционален однос при погледот на бебето, тукушто донесено од породилиште (единствено ако тоа не е долго очекуван, по многу години неплодност, роден син). Почнува да го сака толку колку што вложува во него сопствена љубов и грижа. Нив задолжително треба да ги вложуваме, и тоа грижа за детето, а не во грижа околу него. Тоа ќе биде од голема помош за цел живот.

превод: дипл. теолог Жаклина Трајчев

Page 29: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 29

Создавајќи го човекот како слободно битие, Бог, уште во рајската градина, животот на човекот благословил да се одвива и развива

во заедница, пред сè со Троичниот Бог, без Кого не постои вистински живот и вистинско заедничарење, а потоа и со сите луѓе и со сè што е создадено на земјата. Човекот како личност, животот го живее во заедница, во која секоја личност е запазена и неосквернета од другата личност, заедница која секојдневно се гради и надградува врз дијамантскиот камен на љубовта, без која пак, ниту една заедница или општество или семејство не би постоеле. Затоа, христијански живот значи: заедница преку Бога со сите луѓе, кои како живи личности се создадени од Живиот Бог. Или како што би рекол Св. Силуан Атонски: “Мојот брат е мој живот.” А пак оние христијани, кои се спасуваат во светиот брак, можат да речат: “Мојот маж (жена) и моите деца се мојот живот. Тие се дел од моето спасение”. Тајната на брачната љубов е голема, и преку Светата тајна брак, Бог устроил да се спасува човекот, преку дарот на раѓањето деца. Она што е сонцето за сите нас, тоа е љубовта во бракот, која го претвара во света заедница, свето семејство,

кое со својот христијански живот се стреми кон вечноста. Секоја вистинска љубов е плодна, ако е љубов – а тоа значи ако го има својот извор и утока во Бог на љубовта. Христијанството е вера на љубовта која се темели на пожртвуваноста, а совршената љубов почнува да се пројавува во бракот, тогаш кога сопружниците почнуваат заеднички да се грижат за своето дете, кое се родило како плод на нивната меѓусебна љубов. Токму затоа, дарот на чедораѓањето е свет и од Бога даруван дар, кое ние денешните христијани мораме да го чуваме во целомудрие и чистота, бидејќи полнотата на љубовта во брачниот живот се пројавува во раѓањето и воспитувањето деца.

Со чедораѓањето, сопружниците несомнено ја исполнуваат Божјата заповед: “Плодете се, множете се и наполнете ја земјата” - и со тоа, Бог благословил да станат соучесници во создавањето, да постанат сотворци со Бога, па затоа, низ целата историја на човекот, па сè до денес, чедораѓањето се сметало за нешто свето, а семејствата кои имале повеќе деца – за благословени. Потомството е икона на Воскресението. Во повеќедетните семејства смртта нема сила и власт, бидејќи со секое

Слово за многудетностаМитрополит Брегалнички г. Иларион

Page 30: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 30

новороденче, таа е победена. Во големите семејства љубовта е изобилна и силна, бидејќи секојдневно се прима и дарува, секојдневно се обновува.” “Да кажеш некому дека го љубиш, значи да му кажеш дека никогаш нема да умре”, вели Митрополитот Антониј Блум.

Родителската љубов е света, и нивните чеда се нивна овоплотена љубов. Затоа нашиот Семилостив Бог, во срцето на родителите постојано вдахнува желба и потреба, нивните семејства да бидат украсени со повеќе благословени рожби, кои со својот благочестив христијански живот се нивна секојдневна радост.

Нема ништо почисто и поубаво на земјата од новородено дете, кое со своите мали и нежни раце како да го прегрнува целиот свет. Тоа мало ангелче не знае за зло. Неговата нежност и милост го трогнуваат секое човечко срце. Нашиот православен народ отсекогаш чувствувал особена љубов и грижа кон своите деца, и затоа нашите православни семејства секогаш биле украсени со три, четири или повеќе рожби, совесно чувајќи и негувајќи го дарот на чедораѓањето со кој Бог ги дарувал. Тие поседувале вистинска христијанска љубов, храброст и чистота, зашто да се роди и вистински да се воспита едно православно дете е голем труд и подвиг, за кого во Бог во вечноста изобилно ќе ги награди таквите благочестиви родители во Неговото Царство, овенчувајќи ги со нераспадливи венци.

Отсекогаш православното семејство со едно до две деца се сметало за мало семејство кое треба да продолжи да расне, она пак семејството со три или четири деца за нормално семејство, додека пак со пет и повеќе деца – за големо семејство кое примило голем благослов од Бога. “Јас сум Бог на Авраама, таткото твој; не плаши се, зашто Јас сум со тебе, ќе те благословам и ќе го умножам потомството твое” (1 Мој. 26, 24), е едно од ветувањата Божји на нашите предци. Повеќедетното семејство е како доброразгранета лоза, чиј лист не вене, и чиј плод е секогаш изобилен. Во деновите на неуспеси и страданија, децата секогаш се надеж, охрабрување и сила. Семејството кое изобилува со синови и ќерки, воспитани и научени на побожноста, скромноста и благочестието, е редок и скапоцен бисер на чија убавина секој се радува. Ваквото семејство е извор на радост, љубов и утеха, дрво насадено на воден извор, чии гранки се разгрануваат до Царството Небесно. Кога во семејството има само едно дете, можноста родителите да изгубат контрола над него е голема, додека пак во семејствата со повеќе деца, родителите мора да вложат поголем труд во нивното воспитување, учејќи ги на скромен христијански

живот. Св Јован Златоуст вели: “Да ги предадеме децата да Му служат на Бога, воведувајќи ги не само во храмот, како Ана – Самуила, но на самото небо, да служат со ангелите и архангелите.”

Во еден временски период, кога нашиот православен народ беше поробен од иноверната османлиска империја, родителите никогаш и не помислуваа дека бројот на нивните деца треба да се намали, бидејќи беа свесни дека намалувањето и ограничувањето на своите деца на едно или две, ќе значи конечен пораз и пропаст на нашиот народ, пораз и пропаст на православната македонска цивилизација. Затоа, нашите предци пет века храбро се бореа против неверниците, а нивната борба не беше секогаш со пушки и бомби, туку тие постојано се бореа со чување на своите семејства, со постојано бдеење над својата, како што вели св. Апостол Павле - “домашна црква” (Рим. 16, 4). Без неа, без семејството, нашата пропаст како народ и нација ќе биде неизбежна. И како што Христовата Црква секојдневно се грижи за спасението на своите чеда, така и едно православно семејство треба постојано да се грижи за своите деца, за нивното телесно и духовно здравје и за нивното спасение. И како што Црквата секојдневно го зголемува бројот на своите чеда, така е потребно и христијанското семејство, со света љубов и пожртвуваност, да се грижи бројноста на децата секогаш да биде во согласност со големината на нивната љубов и пожртвуваност. Старецот Епифаниј (Теодоропулос) честопати говорел дека “да се има многу деца секогаш е повеќе работа на жртва, а помалку проблем на материјалната состојба”. Затоа, за нас православните христијани, самиот термин “планирање на семејството” е чуден и несфатлив, туѓ и световен, бидејќи длабоко во нас, во нашето битие, во нашите срца и души, сме свесни за одговорноста пред Бога за талантот, за дарот кој ни е даруван, зашто ако тој талант го закопаме длабоко во земјата, со тоа ќе го погребаме нашиот народ и нашата иднина. Децата асоцираат на иднина. Со нивното ограничување, денешниот човек нема сопствена иднина. Таа за него со челична врата е затворена. Ако жртва на нашите себични страсти, кариера, раскош и комфор, се нашите деца, тогаш денешниот човек е убиец на своите деца, убиец на својот народ, убиец на самиот себеси. На современиот човек не му се потребни деца, тие за него претставуваат пречка во неговиот живот, бидејќи таму каде што има повеќе деца, животот е повеќе исполнет со пожртвуваност, самооткажување и скромност, но е поубав и порадосен. Домот украсен со повеќе деца не стравува за својата иднина, бидејќи Божјата десница постојано го чува. Свети Јован Златоуст вели: “Вака вели Господ:

Page 31: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 31

Грижи се за духовното, другото остави го на Мене”. Денешниот човек не сака да се откаже од својата развратност, и затоа во повеќедетноста, во своите деца не го гледа својот лик, своето потомство и иднина, тој не сака заедно со нив повторно да го доживее своето детство. Нашите предци чувствувале особено голема љубов кон своето уште неродено дете, и со нивната нежност и љубов го грееле со топлината на нивната душа. Но денес на многудетноста се гледа како на тешко бреме, како на непријател кој го отежнува и уништува животот. Луѓето размислуваат за грижите и проблемите, за “непотребниот труд” околу образованието и воспитувањето на своите деца, а во замена за тоа, им се чини дека ништо нема да добијат. И затоа, денешниот човек е длабоко несреќен и безнадежен, затворен и изолиран во својот грев, тој живее ден за ден, иако и овој ден ништо нема да му донесе. На нашите предци иднината им изгледала како светлина која оддалеку се гледа, а денес таа е обвиена со магла. Ако децата се благовесници на иднината, тогаш родителите кои имаат едно или две деца, се со несигурна иднина, која денес, за жал, може многу лесно да исчезне.

Семејството е создадено за раѓање на деца. Колку е поголем бројот на чедата, толку е посигурно и постабилно семејството, а со тоа и општеството е со посигурна и постабилна иднина. “Кога бракот е вистински брак и сопружнички сојуз, придружен со желбата да се продолжи родот, тогаш тој е добар, зашто го умножува бројот на оние, кои му угодуваат на Бога” – вели Св. Григориј Богослов. Христијанското семејство е создадено заради меѓусебна помош на родителите, децата

и Црквата на патот кон спасение на нивните ду-ши – преку заедништвото во минливото и вечно-то, материјалното и духовното, во молитвата и подвигот, во борбата со искушенијата на совре-мениот свет. За жал, денес сето тоа се прима со подбив и исмејување од страна на луѓето со полиберални сфаќања, кои се борат против семеј-ството и државата со оружјето на промовирање на т.н. “слободна љубов” и “слободен брак”, односно блудот и развратот, кои го убиваат раѓањето на деца, зголемувајќи ја гордоста и мечтаењето за големи кариери, со што пак се убива меѓусебната љубов на сопружниците, без која во семејството не може да има меѓусебна грижа и почит.

Благодарение на “европскиот хуманизам” и лажната либерална слобода, кои во нашата земја секојдневно се промовираат како единствени вредности на современиот живот, македонските семејства стануваат сè помали и понестабилни, а луѓето во нив – исполнети со студена тага и очајание, туѓи еден на друг. Затоа, семејствата катастрофално се распаѓаат и уништуваат, а оние кои некако ја преживуваат оваа бура, преку разните средства против зачнување на нов човечки живот и преку абортусот, го убиваат своето потомство и свесно го уништуваат. Раѓањето на три, четири или пет деца, денес се смета за зло, за нешто застарено и нецивилизирано, додека пак абортусот и средствата за контрацепција се сметаат за добро. Но, отфрлувајќи ги своите деца, несомнено, денес луѓето го отфрлаат и своето спасение. Масовната пропаганда за “планирање на семејството”, во смисла на значително ограничување, несомнено е антихристијанска активност и борба против Божјата промисла за спасение на човечкиот род од гревот, смртта и ѓаволот.

Page 32: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 32

На нашите предци, Бог секогаш им давал сè што им е потребно за да опстанат и тие и нивните деца, и тоа во многу тешки времиња и околности, а тие притоа секогаш имале на ум да бидат достојни хри-стијани и трудбеници во исполну-вањето на Божјите заповеди. Ако Бог, поради нивната силна вера, не ги оставил без Својата помош и закрила, па зарем нас, нивните наследници, ако имаме силна вера и ревност, ќе Нè остави? Одговорот е многу лесен. Бог земјата ја дава во наследство на оние, кои се плодат, множат и владеат со неа, на оние кои сакаат да имаат семејство и иднина. А за оние, кои го слушаат советот на лукавиот за што поголем животен стандард со помалку деца, иднината е јасна – земна пропаст, исчезнување како народ и вечна погибел. Во историјата на човештвото ќе бидеме запишани како народ кој се самоуништил.

Единствена животна вредност е семејството. “Кога ќе пропадне семејството, ќе пропадне сè, и свештенството и монаштвото; кога ќе пропадне семејството, ќе пропадне и светот”, вели светиот старец Пајсиј Светогорец. Затоа, возљубени христијани, Бог Нè повикува до крај да се бориме за зачувување и обновување на нашиот многустрадален народ, и затоа повикуваме до целата наша држава, до сите оние кои живеат во нашата земја и кои својата иднина ја бараат внатре во неа, да се погрижат за својот народ, за неговото духовно просветување и за обезбедување на подобри услови за раѓање на повеќе деца. За нас, православните христијани, кои се трудиме со пост и молитва, со силна вера, покајание и молитва да се бориме против нашиот исконски непријател - ѓаволот, животот и понатаму ќе остане светиња, а нашите деца ќе бидат како “новонасадени маслини” околу нашата трпеза (Пс. 127, 3), како многумирисни кринови од кои произлегува благопријатен мирис. За нас, повеќедетните православни семејства засекогаш ќе бидат светила кои ќе го осветлуваат овој помрачен и огревовен свет, и кои со својот труд во вистинското православно воспитување на своите деца, ќе претставуваат вистински пример за сите оние кои ја изгубиле смислата на животот, љубовта и семејството. Преку овој благочестив подвиг, нашиот народ има историска реална

шанса да се покае пред Бога за педесетгодишното богоотстапништво и за сите неродени деца, убиени од своите родители. Пред нас е изборот помеѓу животот и смртта, помеѓу гробот и иднината. Имаме слободна волја и право на избор. Да ги искористиме правилно, бидејќи за сите наши свесни грешки ќе треба да дадеме одговор пред Бога. Со кои очи ќе застанеме пред нашите предци, кои пет века храбро се бореа, кои од пепел ја воскреснуваа нашата земја, за да живееме денес ние во неа слободни? Со кои очи ќе Го погледнеме Нашиот Господ Исус Христос, чие ветување свесно сме го прекршиле?

Навистина, не е лесен крстот на оние, кои ќе посакаат да создадат христијанско семејство според сите правила на духовниот живот – тие ќе се соочат со тешкотии и одвнатре и однадвор. Но, Господ продолжува да го исполнува Своето ветување: “Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот” (Мт. 28, 20). Он е и ќе биде со нас, усовршувајќи нè преку тешкотиите и болките во подигањето на семејството, но и испраќајќи ни множество утешенија, за да не ослабиме и изнемоштиме на патот кон вистинската утеха во Царството на Христа, Нашиот Бог, на Кого со небесните сили и сите светии Му прилега Слава, чест и поклонение во вечни векови, Амин.

Page 33: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 33

Kолку често младоста го напушта вистинското Сонце на Вистината и наместо Него, ја пали свеќата на своето сопствено внатрешно

сознание, впуштајќи се со неа во темнината на гревот! Колку ретко е таа во состојба да им верува на зборовите на возрасните, а ако понекогаш и ги послуша, тоа е повеќе поради надворешна принуда. Колку само има деца кои, иако од детството ги учеле за верата, молитвата и црковната побожност, во овие години некако во истиот миг го губат и едното, и другото, и третото. Нивното “Јас” за нив почнува да има големо значење. Тоа “Јас” бара лесно и брзо самопотврдување и самоизразување. Младиот човек, кој престанал да биде дете, одеднаш гледа дека светот околу него е доволно валкан и суров, и доколку возрасните порано уште се труделе да ја сокријат оваа нечистотија од него, веќе самото тоа е доволно тој повеќе да не им верува. Сега е многу полесно и попријатно да се послуша оној, кој таа нечистотија ќе ја нарече сладост, и притоа потполно законска, природна и пристојна, а за жал, уште и општоприфатена! И еве младата душа, која бара заситување на своите нови чувства и стремежи, исто како и возрасните, веќе е подготвена да се фрли во овој вртлог на страсти, со главата да се нурне во него, за дури потоа да ја почувствува смрдеата на гревот.

Човекот е битие кое може на сè да се привикне. Дури и ако долго работиме во штала, и нејзиниот мирис ќе престане да ни пречи. Дали ќе има кога да си дојде при себе оној, кој од младини живее со грешен живот? Дали ќе има можност да сфати дека гревот воопшто не е сладок, дури и кога ќе се навикнеш на него? А ако се предомисли, дали ќе најде сили во себе да стане и да се врати на некогаш одамна запоставениот пат Христов – патот на вистината, доброто и чистотата?

Најскапоценото богатство за човекот е смислата на неговиот живот, неговата цел, притоа возвишена и вредна. Во младоста многу нешта влијаат на пронаоѓањето на смислата, да не дојде до грешка

во изборот, кому треба да го посветиме целиот живот. Се случува луѓето дури во староста да ја откријат смислата, кога веќе не можат да служат за вистинската цел – со колку такви примери се сретнува секој свештеник во црквата… Ако си ја прифатил Христовата православна вера како своја – може со увереност да речам дека твојата младост не минала залудно, ти си го зел најважното од неа. Затоа младоста, која минала во забави, заминала во неповрат и оставила зад себе духовна опустошеност.

Значи, барај од животот големи работи, пред да се потопиш во неговите ситни сладости и наслади, кои многу често не се нималку наивни. А најмногу што можеш да бараш е – вера во Бога и добродетели, кои ни овозможуваат да општиме со Него. Во детството, сето она што е добро го задобиваме лесно, без многу труд, но затоа, тоа не е ни трајно. Сега патот до добродетелта ќе биде за вас потежок, но пронаоѓајќи го, вие ќе станете верни синови Божји, ќе задобиете толку големо духовно богатство, кое не е можно сега ни да се опише, и ќе сфатите дека само заради тоа вредело и да се живее. Сакате ли да го изберете тој тежок пат до небесните и вечни вредности? Токму тоа – како да го изберете – и ќе биде темата на овие наши записи.

СВЕТООТЕЧКО УЧЕЊЕ ЗА СВЕТОТ

И СОВРЕМЕНИОТ СВЕТ

Доколку внатрешното оддалечување од „овој свет” би претставувало само составен дел од христијанскиот живот, некоја посебна заповед, тогаш можеби не би било потребно да се наведуваат сите докази од Светото Писмо. Но, сепак тоа е нешто многу повеќе. Оддалечувањето од светот е темел на христијанскиот живот. Без тоа човек не само што не може духовно и морално да се исправи, туку во прашање ќе биде неговото останување во православната вера.

Православна аскетиказа младипротоереј Тимотеј Сељски

црквата и младите

Page 34: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 34

Ако сè уште не сме стекнале кроткост, смире-ние, чистота на срцето или пак сè уште не знаеме да се молиме, за нас не е с изгубено. Ние сепак можеме полека да се трудиме и духовно да растеме, исправувајќи ја својата духовна деформација на својата душа.

Меѓутоа, ако притоа не го избегнуваме светот, продолжувајќи да живееме како сите луѓе кои не опкружуваат, да го посакуваме и вреднуваме она што го сакаат мнозинството безбожници, тогаш нема да стигнеме ни до појдовната скала на духовниот развој. Си додека не се промени сосема нашиот начин на живот, нашите сфаќање и вкусови, не може да стане збор за било каква добродетел или духовен развој.

Што значи во наши денешни услови оддалечување, отстранување од ,,овој свет“? На ова прашање, во свое време, одговориле сите Свети Оци, учители на аскетизмот. Сега ние внимателно ќе го сослушаме Свети Теофан Затворник, кој е според времето во кое живеел, близу до нас, како им се обратил на своите парохијани.

“Постои оддалечување од светот со телото

- тоа е повлекување во пустина. Но, постои и оддалечување од светот, не напуштајќи го светот, оддалечување од него преку начинот на живеење. Првото не е соодветно за сите и не е за секој, додека второто е обврзувачко и сите треба да го исполнуваат. Токму на вакво одалечување, нас ни повикува свети Андреј, во својот покаен канон, кога ни советува да се оддалечиме во пустина, исполнувајќи ги заповедите. Значи, отфрли ги световните навики и сè она што го прави светот, секој твој чекор нека биде во склад со добриот евангелски закон и тогаш ќе живееш во светот како во пустина. Исполнувањето на законот ќе претставува ѕид помеѓу тебе и светот, од кој нема да може да се види светот. Тој ќе ти биде пред очите, но не заради тебе. Во светот ќе се случуваат промени со свој тек, а ти ќе си имаш свој ред и поредок. Световниот човек ќе оди на театар, а ти во црква; тој ќе игра со музика, а ти ќе правиш метании; тој ќе се шета, а ти ќе бидеш сам со Бога; тој ќе раскажува вицови и празнословие, а ти ќе молчиш и ќе го фалиш Бога; тој ќе биде мрзлив, а ти биди работлив; тој ќе чита световни романи, а ти читај го Светото писмо и Светите Оци; тој ќе

Page 35: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 35

оди на игранки, а ти минувај го времето во душекорисни беседи со истомисленици или со духовниот отец; тој нека собира богатство, а ти давај милостиња; тој нека го поминува времето со острастена фантазија, а ти со богомислие. Така во себе воспостави правила и начин на живот, спротивни на обичаите на светот и ќе бидеш во светот, а надвор од световното - како во пустина. Тогаш во светот нема да те забележуваат, а и светот нема да се забележува во тебе т.е. ќе бидеш како пустиник во светот”. (Беседа упатена до оние кои постат - за покајанието и Светата Причест, 45).

Значи од нас се бара да го промениме начинот на живеење, спротивно од обичаите на светот. Човек, кој во денешно време искре-но Го прифатил Христа, започнува да отфрла низа непотребни световни познаници, навики, задоволства и забави. Без сомневање, непосредно пред своето обраќање човекот не ги сака овие работи со сето свое срце, инаку не би дошло до преобразба. Меѓутоа, овие врски со светот имаат способност да не заробат со помош на навиките, а ние пак ги чуваме дури и тогаш, кога не ги сакаме. Но, почетната благодат на преобразбата ни ја дава сета неопходна сила, да се оддвоиме од нив повеќе или помалку едноставно и безболно, само ако тоа и самите го посакуваме.

НИЕ ВО СВЕТОТ И СВЕТОТ ВО НАС

Апостол Павле ни учи преку својот пример, да ги сметаме заради Христа, за штета или за “отпад” световните привилегии, како што се: славата, богатството, социјалното потекло и воспитување (Фил. 3,8). Тоа е навистина правилна оценка за световните ствари и вредности! И навистина не е лесно да се ослободи човек од нив, штом апостолот го употребува зборот „отпад.” Има некои работи кои едноставно треба да ги отфрлиме од сопствениот животот, како што го фрламе ѓубрето кое е собрано во корпата за отпадоци. Ова се однесува на телевизијата, театарските и кино претстави, забавите, безбожните списанија, безбожните друштва, стекнувањето на материјално богатство и стекнувањето на световна кариера. Тоа навистина е ѓубре, од кое можеме релативно лесно да се ослободиме. Сепак тоа го може човек кој го доживеал обраќањето кон Христос и ги достигнал вистинските вредности на едно возвишено ниво.

Многу е тешко да се отргнеме од оние страсти кои сè уште живеат во нашето срце и постојано во него поттикнуваат приврзаност кон световното. Најважна работа во нашиот живот, која ретко кој успева да ја оствари, е да ги отфрлиме од нашето срце „претставниците од овој свет”: острастеното тело, острастените очи и световната гордост. Среброљубието, стомакоугодието, непотребната радозналост, мрзливоста, блудните помисли ќе живет уште долго во нас и после исклучувањето на телевизорот и одбегнувањето на несоодветните познаници. Но, немој да мислиш дека можеш да ги победиш овие духовни болести, сè додека не го исполниш првиот услов т.е. додека не го очистиш предворјето на твојата душа.

Апостолот Павле ја достигнал оваа состојба, како што самиот вели, „за мене светот е распнат и јас за него” (Гал.6, 14). Општоприфатеното светоотечко толкување на овие зборови е следното: Светот е распнат за човекот, откако тој ќе престане да живее на световен начин, а човек се распнува поради светот, тогаш кога веќе не мисли и чувствува како светот, нема световни желби и кога во неговата душа не се наоѓа ништо световно. Тоа е крајната цел, кон која треба да се тежнее во оддалечувањето од „овој свет”.

Искрените христијани имаат свој начин на живот и посебен круг на пријатели, свој животен поредок и заеднички теми. Да те прашам нешто попатно, дали знаеш што значи зборот „слобода”. Тоа означува „свој начин на постоење” т.е посебен поредок на животот. Не е слободен од светот, оној кој самоволно ги нарушува законите кои друштвото

Page 36: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 36

ги пропишало, туку оној кој што својот начин на живот му го посветил на Бога.

Бори се против приврзаноста кон овој свет, сеќавајќи се на своето лично обраќање. Не ја губи залудно големата сила на ова прво вознесување кон својата вера. Ако се бориш против соблазните со потсетувања на првата дарувана благодат и ако Го повикаш Господ на помош, ќе се здобиеш според неговата милост со благодат врз благодат (Јн.1, 16).

Веројатно сте слушнале за житието на св. Марија Египетска. Кога после нејзиното обраќање и покајание се оддалечила во пустина, нејзе не ја измачувале само тешкотиите и маките на осамениот пустински живот, туку и желбата повторно да се врати во светот, забавите и блудот. Но, преподобната сепак, храбро ги победувала овие искушенија. Дали се сеќаваш што ѝ помогнало при тоа? Сеќавањата на своето обраќање и завет, којшто го дала пред иконата на Мајката Божија во тремот на Ерусалимската црква, но и нејзината пламена молитва. Значи така треба и ти да постапуваш.

Во тоа ќе ти помогне вообичаената младешка упорност, а и помалото придавање важност на општото мислење, за разлика од возрасните луѓе.

Не е чудно што светот нас ни осудува, според зборовите на апостолот, затоа што им е чудно што вие не трчате со нив во истата поплава на развратот и хулат на вас (1. Петр. 4, 4). Но ние сепак ќе започнеме да живееме според христијанскиот аспект на гледање на работите, имајќи со светот само надворешен, граѓански однос, без да учествуваме во него со умот и срцето.

ИЗБЕГНУВАЊЕ НА СВЕТОТ, ГОРДОСТА

И ЉУБОВТА СПРЕМА БЛИЖНИТЕ

Луѓето од светот колку и да ни презираат и навредуваат поради нашето лично презирање на светот, тие сигурно ќе започнат да нè почитуваат. Сепак, за тоа е потребен еден услов: отсуство на гордоста во нашето срце и во нашето однесување.

Презирањето на светот не треба да се покажува. Неприфаќањето на светот треба да се продлабочува сè подлабоко и подлабоко во нашето срце, сразмерно со мерата на христијанскиот живот што го живееме. А она што е длабоко всадено во нас, не се манифестира надворешно.

Овој свет е осуден на уништување и секој кој страсно се сврзува со него, не може да се здобие со вечниот живот на Царството Божјо. Навистина, лицемерно е да се преправаме дека

не го разбираме ова. Но, кога пред тебе ќе застане некој човек, немој да го сметаш за наследник на пеколот. Презирај го светот како некоја апстрактна целина, истовремено љубејќи го секој ближен таков каков што е, според она што ни е заповедано.

Хуманистите и комунистите постапуваат спротивно од ова. Поради „доброто на човештвото”, тие постојано, јавно или тајно убиваат одредени луѓе. Всушност, во тоа е разликата на Христовите заповеди од безбожничката „љубов спрема човештвото”, која во потполност е спротивна на вистинското Божјо човекољубие.

Биди посебен (не по надворешноста, туку во твоето општо однесување), но притоа никого да не замразиш. Во учењето, во работата, во неволјите (но не и во гревот) секогаш помагај им на сите: и на безбожникот и на оној кој те мрази. Само немој со нив да го поделуваш срцето, за да не се олади и прилепи кон гревот. Кога во подолг временски период ќе се исполнат овие два услова, тогаш во срцето ќе почне да расте и зајакнува христијанската љубов кон ближните. Досега ни е достапен само мал дел, па дури и него го валкаме со презир и суета.

Page 37: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 37

Навистина е тежок тој пат. Многу често младиот христијанин се соочува со противење од своето семејство. Се исполнуваат зборовите Христови: „непријатели на човекот ќе му постанат неговите ближни (Мт.10, 36). Тоа е најтешката врска од сите врски со „овој свет”, кога за нас главни претставници од овој „свет” се нашите најблиски роднини. Доколку во твојата фамилија веќе постои таква ситуација, немој да мислиш дека за таквата ситуација постои некој посебен рецепт. Многу пати ќе ти се случи да згрешиш и во едната и во другата страна, без да им одолееш на искушенијата, а неправедно ќе ги навредуваш ближните сè додека не пронајдеш златна средина. За тоа постои само една утеха: оваа го споделуваат многумина христијани, па затоа ти не си сам на својот пат.

Таквите семејно-морални проблеми се решаваат поединечно, но сепак треба да се разбере кој е општиот став за ваквиот проблем. Спасителот вели: „Кој љуби татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за мене“ (Мт.10,37). Тоа не е само Божја волја, туку и логично се совпаѓа со човечкото расудување. Врските со сопствениот грев сè уште не се раскинати. Врските на гревот, кој е зацврстен со врските со светот, се многупати појаки. Кога на оддалечувањето од светот, лицемерно ти се спротивставува љубовта спрема ближните и со тоа ти нанесува болни удари на твојата совест, сети се на примерот на Свети Јован Богослов. Во својата младост тој бил толку посветен на Спасителот, така што Самиот Бог му дал име „син на громот”. Во една прилика апостолот Јован сретнал еден човек кој со името Христово истерувал демони, но не бил со Апостолите, и му забранил повеќе да не го прави тоа. Ваквата постапка на апостолот Христос не ја одобрил. Другпат, апостолот Јован Му предложил на Христа да симне оган врз Самарјаните, бидејќи не го примиле Христа со апостолите, а Христос повторно го укорил (Лк. 9. 49-55). Сето ова се случило додека Јован сè уште бил млад.

Но, потоа во зрела вораст, апостолот преку своите посланија ни учи да го избегнуваме дружењето со еретици и порочни луѓе. Апостолот пред крајот на животот, во длабока старост, дознавајќи дека еден од неговите ученици кој се прилепил кон световниот живот и отпаднал од верата станувал разбојник, го побарал и го молел да се покае. Грешникот, од очајание и срам бегал од него, но, Јован заборавајќи на својата старост, ветува дека на себе ќе ја понесе вечната казна која е припремена за злоделата на грешниот, само овој да се покае. Со тој потег апостолот го победува срцето на разбеснатиот млад човек, враќајќи ја заблудената овца во Христовото стадо. О, Свети Јоване! Зарем не бараше пред педесет години да се

симне оган од небото врз ваквите луѓе? Да оганот се симнал, но не како тој од Содом и Гомор, туку оганот на најсветата Божја љубов, која со ревност си ја здобил уште во својата младост!

Постојат и други случаеви, кога Светите Подвижници посетувале вакви порочни места, каде што паднале нивните ученици и на сличен начин, преку големата љубов ги приведувале грешниците на покајание и поправање.

Нема потреба да се зборува за светителите, бидејќи Самиот Христос допушта жената блудница да се допре до Неговите нозе, а да не зборуваме за заедничките трпези со цариниците и грешинците. После таквите беседи цариниците и блудниците престанувале со својот грешен живот, притоа Господ и Неговите ученици никогаш не отстапувале од нивниот начин на живот.

Но, верувај ми дека јас и ти не сме способни за такво нешто, бидејќи не знаеме што е тоа Божествена љубов, која Спасителот секогаш ја имал во полнота на совршенство, а некои од неговите посветени ученици ја стекнале дури на крајот од нивниот живот преку големи страдања. Ако свети Јован Богослов во своите дваесет години не беше „син на громот”, тогаш и во осумдесетте немаше да биде „апостол на љубовта”.

Лажна и лукава е помислата, карактеристична за нашето време: па што има во тоа лошо, ако јас, кој сум верник, престанам да се разликувам од другите, со што би бил поблизок со нив и можеби би ги привел кон верата; нема да навлегувам во расправии со нив, и ќе започнам да живеам како нив. Со таква љубов цариниците и блудниците нема би тргнале по Христа, туку христовите ученици би станале блудници и цариници. Ова го покажува искуството.

После нашето прво примање на благодатта и обраќањето кон верата, ние имаме голема желба да проповедаме како апостолите, сакаме на сите да им го раскажеме нашето духовно откритие, до кое сме дошле толку лесно. Но, тоа не е од Бога благословено и скоро секогаш таквите работи остануваат без резултат. Тогаш, во тој случај, ниту светот ниту неговите следбеници ќе поверуваат во Христа и во твоето обраќање. Твоето духовно искуство за нив ќе биде само празни зборови, сè додека и тие не доживеат нешто слично, но тоа се случува само со мал број од нив. Нам ни е заповедано: „Спасувајте се од овој пакостен род!” (Дела 2,40).

Можеби подоцна, после многу искушенија и тоа ќе се случи: можеби твоите зборови и молитва ќе дадат резултат и ќе приведат луѓе кон Бога. Но, пред тоа е потребно светот да умре во тебе.

Page 38: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 38

Во моментот она што е најдобро и со кое можеме да бидеме од корист на чедата на овој век е - да не бидеме како нив. Тие ќе се противат на нашата вера, но со Божја помош барем некој од нив ќе се обрати кон верата. Тоа нема да се случи толку брзо. Можеби ќе поминат десет или дваесет години. Потребно е само ние да останеме верни на својот христијански избор и повик. После некое време тие ќе се предадат, ќе сфатат дека само навидум се побогати, помудри и дека подобро го сфаќаат животот од нас. Но, во реалноста ќе се случи обратното. Ќе се исполнат зборовите на апостолот за кого светот е распнат и он за светот: „Но таа ризница (т.е. верата и благодатта) ја носиме во глинени садови, та преизобилната сила да Му се оддава на Бога, а не нам. Во сè сме навредувани,

но не сме притеснети; во тешкотии сме, не губиме надеж; ни гонат, но не сме изоставени; нè кутнуваат, но ние не загинуваме. И секогаш во тело-то наше ја носиме смртта на Господа Исуса, ...та и животот Исусов да се открие во нашето смртно тело“ (2.Кор. 4, 7-11).

Не сакам да кажам дека во тој поглед ќе бидеме слични на апостолот. Овие зборови можат да се исполнат само преку мачеништво или вистинско монаштво. Но, смислата на овие зборови за нас е следната: колку човекот е подалеку од светот, тој постанува повеќе потребен на луѓето од светот. Свети Арсениј на вистинските подвижници оваа им го препорачува: „љуби го секој и од секој се оттргнувај”. Овој свет се гуши во својата ограниченост и му се потребни луѓе, кои не се од

овој свет. Кој знае, можеби и ние некогаш ќе бидеме потребни некому како христијани - како носители на Духот. Но, сè во свое време. Ние треба уште некое време да страдаме поради нашите гревови, да се научиме да ги оплакуваме, па дури после тоа ќе се научиме да сострадуваме со ближните и со целата наша несреќна татковина.

Навлегувајќи во верата сè подлабоко и подлабоко, многу пати ќе се сретнеш со необјасниви и парадоксални факти. Тоа започнува од моментот на нашето обраќање. Како човек истовремено да ја чувствува бездната на своите гревови и милоста Божја кон себе, па дури и смелоста пред Него? Се сеќаваш дека ние веќе зборувавме за тоа. Само преку духовно искуство може да се препознае како се ускладуваат овие два потполно различни чувства.

Сличен е и односот на христијанинот кон светот. Како да се сместат истовремено во едно срце и одвратноста кон светот и плачот за оние кои гинат во него - горчлив плач до болка на срцето? На ова не може да се одговори со зборови, но светителите ја познавале оваа состојба и престојувале во неа. Ако истраеш во ревноста за слава Божја и не станеш световен како и другите и као успееш да го избегнеш лицемерието на овој век, тогаш самиот од искуство ќе разбереш за што всушност зборувавме.

Превод: Илија Поп Ѓонов

Page 39: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 39

Маченичка Даниелаод Букурешт

современи свети ликови

Многупати се случува сите ние да се прашуваме: „Постојат ли светители денес?“ Одговорот е еден. Божји светители ќе се

појавуваат секогаш и засекогаш. Нивното постоење е истопојавно со живототворното постоење на третото лице на Света Троица, Светиот Дух. Значи, додека Светиот Дух Божји дејствува и владее во нашиот создаден свет, Неговите светители ќе се појавуваат за да ни дадат сила, но и да го понижуваат антихристот - ѓаволот и неговите следбеници, кои се движат околу нас, а честопати дури и среде нашето семејство - колку и да звучи страшно.

Заради безбожноста или лесноумноста на родителите, многу пати се случува тие да ги воспитуваат погрешно младите кои сакаат да бидат близу до Бога. Родителите со егоизам и без да знаат дека нивната утроба е Божји дар, честопати, се обидуваат, обично со катастрофални резултати, да го искоренат призивот кон Бога, којшто Божјата благодат го дава на младите кои имаат добродетели и цврсти карактери.

Во нашево време, кога што сè се изедначува, и наивноста се изедначува со бесмисленост и затапеност, кога научивме да го препознаваме „различното“ само тогаш, кога има врска со некаква аномалија или изопаченост, постои околу нас, а во некои од нас и во самите нас, една посебна „различност“. Една различност која го има за цел воздигнувањето на човекот. Различност која го води човекот во духовни состојби, непознати за многумина. Таа различност го прави сличен на Христа. „Подражавател Христов“ - како што велат нашите Свети Отци.

Подолу ќе видиме една таква драматична историја, која се случи во наше време во соседна Романија.

Ова е одговор за оние кои мислат дека мачениците на нашата вера престанале да постојат.

Но ете постојат и нивните мачеништва, како што ќе видите, не се само едно обично отсекување на глава или едно многучасовно измачување, без тоа да ја намали вредноста и венецот на славата на древните и постари маченици. Современата наука може да го претвори измачувањето на телото, но и

на духот, во долговремена процедура. Можеби затоа велат Светите Отци на Црквата дека мачениците во последните времиња и во времето на Антихристот ќе бидат, можеби, најголеми во вековите од нашата вера.

Света маченичка Даниела(1967-2004)

Овој избран цвет расцути во Романија во 1967 година. Од мала беше многу блиску до Бога. Кога излегуваше од училиштето,

навратуваше секогаш и во црквата. Поради тоа, нејзиниот татко ја караше многу сурово. „Каде беше? Цел ден одиш во црква со твоите попови? Што ти даде Бог?“ Но, таа не зборуваше ништо, само солзи течеа од нејзините очи. Беше побожна и се молеше многу часови. На матурската забава, кога го заврши средното училиште, не сакаше да оди. Нејзината професорка ја молеше да појде и таа со нив, но таа велеше: „Не можам. Знаете дека ве сакам сите вас многу, но простете ми, не можам да дојдам на славењето“.

Page 40: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 40

Имаше кроток карактер и беше добра кон сите. Им помагаше на нејзините соученици околу домашните задачи; седеше ноќе и им ги пишуваше. Беше многу добра ученичка како во училиштето, така и на факултет. Беше многу трудољубива. Целата облека си ја правеше самата. Беше духовно чедо на големиот духовник, отец Софијан од манастирот Антим.

Кога беше студентка, негуваше една парали-зирана старица којашто ја беа заборавиле сите, госпоѓа Јоана. Даниела одеше секојдневно, наутро, пред факултет и навечер. Беше прилично далеку, а трудот беше голем. И переше, ја негуваше, и пазаруваше, и пееше, и читаше, со еден збор донесе радост во душата на старицата. Еднаш некој ја истепа преподобната Даниела, иако таа не беше виновна за ништо. Штом стивна тепањето, таа клекна и ја целиваше ногата која со здивеност ја удираше. Имаше многу кроток карактер и беше милостива кон сите. Никогаш немаше осудено некого и секогаш ја префрлаше вината на себе.

Некои од нејзиното семејство се обидуваа да ја наговорат да се омажи. „Не, не, јас сакам да останам само со Бога“ – велеше. „Можеш да бидеш со Бога и мажена“ - и велеа. Таа им одговараше: „Да, но ако се омажам значи дека ќе го ставам Бога настрана, а јас не го сакам тоа. Сакам да дадам сè на Бога“. Ноќе се молеше со часови. Никогаш не заспиваше без да го направи своето молитвено правило. Нејзините браќа и сестри ѝ викаа: „Што ти дава Бог, што ни матиш со твоите попови, што ти дава твојата вера? Па татко ти ти дава јадење. Зошто се запиша на факултет, за да одиш во манастир?“.

Кога го заврши факултетот отиде во манастир. Татко ѝ ја бараше долго време и откако ја најде и донесе дома, ја тепаше бездушно. Еднаш, последната вечер пред нејзиното последно заминување во манастир, плачеше и се молеше непрестајно. Направи 1000 метании барајќи про-светлување од Пресвета Богородица. Заспа дури на разденување. Кога се разбуди, го зеде икончето од Пресвета Богородица што ѝ ја имаше подарено отец Софијан. Се прекрсти, ја целиваше иконата и одлучно, си ги собра работите и замина. Потоа ѝ даде едно писмо на една пријателка за да му го даде на отец Софијан. Еве ја неговата содржина: „Отец, ја видов во сон иконата на Пресвета Богородица. И видов, иконата како да оживува и Богородица ме гледаше внимателно и јас ја прашував што да правам. Видов дека ме гледа со голема болка. Видов солза на Нејзиниот образ. Одеднаш кога ги рашири рацете за да се помоли и една солза капна на мојата рака. Кога ме допре Нејзината солза, се разбудив и

одлучив да одам“. И таа отиде. По патот на Крстот, по патот на Спасителот Христос.

Но и овој пат татко ѝ ја најде. Кога ја донесе од манастирот повторно ја натепа страшно. Ја исече нејзината монашка облека (расо) со една ножица и ја фрли во ѓубрето. Го извади од вратот и нејзиниот крст и ѝ викна: „Ах, твоите попови и црквата!“ Тогаш таа се онесвести. Кога си дојде на себе, му рече: „Те молам, остави ми ги иконите, не можам да живеам без нив“. Тогаш татко ѝ ги фрли иконите на земја, ги изгази и потоа ги зема сите. Таа му рече: „Добро, сè ми зеде, но душата не можеш да ми ја земеш“. И од тој момент таа се молеше вака: „Пресвета Богородице помогни ми, Господи Исусе Христе, не ме оставај“.

Татко ѝ гледајќи дека не може да направи ништо за да ја оддалечи од православниот живот, намисли да направи нешто ѓаволско. Најде некој негов братучед - лекар и ѝ измислија дијагноза: „параноична шизофренија проследена со мистичен делириум“. Сè до крајот на својот живот таа мораше да зема лекарства „за да се смири“. Последните две години ги помина во болница со цевки во носот. Поради лекарствата беше секогаш речиси без свест.

Татко ѝ ја чуваше од утро до вечер, за случајно да не дојде во контакт со побожни и верни луѓе. Нејзината неподвижност во креветот и лекарствата што ѝ ги даде психијатарот предизвикаа парализа и затнување (опструкција, преплет) на цревото. Така измачена, почина на Велики Вторник, на 6 Април 2004 год. во Страдалната Седмица.

Ова се случи околу 22.00 часот. Бидејќи татко ѝ не би прифатил да дојде свештеник, на чудесен начин за нејзината смрт дозна отец Константин и околу 23.00 часот го изврши опелото. Татко ѝ за првпат отсуствуваше, иако претходно го беа виделе во болницата.

На нејзиниот гроб почнаа да се случуваат чудеса. Првото чудо се случи во среда, на 12 мај 2004 год., при што оздраве едно момче што боледуваше повеќе од 8 години од иста болест. Истата година оздраве еден студент којшто боледуваше од болест на крвните садови, а во 2005 год. оздраве еден млад човек што имаше напад на слепото црево.

Гробот на преподобна Даниела се наоѓа во гробиштата Андронаке во населбата Коледина во Букурешт.

извор: www.vatopaidi.wordpress.com

Превод од новогрчки јазик:

ѓакон Емил Атанасов

Page 41: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 41

кривоверија

Астролозите тврдат, дека астрологијата е наука која може да ја претскажува иднината и дека добрата и совршена Божја волја може, се

разбира, за соодветна парична сума, да се дознае од астролозите.

Современата академска наука не ја смета астрологијата за наука, но сепак астролозите претендираат на научен карактер на своите претскажувања. Терминот «астрологија» се појавил во средните векови. Во древноста астролози се нарекувае маговите, а астрологијата била елемент на магиските вештини. На прашањето, се исполнуваат ли претскажувањата на астролозите, ние ќе одговориме потврдно: да, се остваруваат. Така, евангелските маги, според ѕвездите определиле, дека се родил Царот Јудејски, но кога стигнале во Ерусалим, морале да се обратат кај книжниците и фарисеите, за да дознаат точно во кој град Тој се родил? «Каде се роди Царот Јудејски? Зашто, ние ја видовме неговата ѕвезда на исток и дојдовме да Му се поклониме». (Мт. 2,2).

Така, евангелскиот расказ за поклонувањето

на магите сведочи за ограничените можности на астрологијата: некои претскажувања се исполнуваат точно, но не сите. Се поставува и друго прашање: каква е цената на тие претскажувања? Блажени Августин на оние, што сметале дека понекогаш хороскопите нешто претскажувале правилно, им одговарал: «Бидејќи тоа служи за заведување на луѓето, тоа се случува преку дејство на паднатите духови, на кои им се дозволува навистина да знаат нешто од областа на времените предмети, делумно затоа што тие имаат пофино чувство или пофини тела, благодарение на искуството заради својот долг живот. Затоа, вистинскиот христијанин е должен да се чува како од астролозите, така и од секакви гатачи, особено од оние што навистина погодуваат, но не за корист, туку за да ја заплеткаат душата со помош на демоните».

Светото Писмо нè предупредува: «Каква полза има човекот, ако и целиот свет го добие, а својата душа ја повреди? Или, каков откуп ќе даде човекот за својата душа?» (Мт. 16. 26,27). Еден од столбовите на Црквата, светителот Василиј Велики,

решително настапувал против астрологијата: «А, во минутата на раѓање, како што велат тие, многу голема сила има да се биде под благотворна или под злотворна ѕвезда. Но, во овие зборои секако има многу неразумност, а најмногу нечестие. Зашто, злотворните ѕвезди причината за својата злотворност ја пренесуваат на својот Творец. Ако злото им е во природата, тогаш Творецот – е творец на злото. А, ако тие дејствуваат зло според своја волја, тогаш, како прво, тие се живи суштества надарени со слободна волја и намера. Ова да се тврди за недушевни нешта е врв на безумието. Затоа, колку несообразно со разумот е;

Може ли да постои христијанска астрологија?

ереј Александар Иљашенко

Page 42: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 42

злото и доброто да се доделуваат некому не според достоинството, туку ѕвездата да биде благотворна, затоа што се наоѓа во некоја полжба, и таа да биде злотворна, затоа што слично, се наоѓа по некоја друга ѕвезда, и повторно да ја остави својата лошотија, ако се отклони од извесна фигура!

Aко принципите на порочните и добродетелните постапки не зависат од нас, туку се принудни, нужни според раѓањето, тогаш напразни се законите кои определуваат што треба да правиме, а што да избегнуваме, напразно постојат и судиите што ги наградуваат добродетелите и го казнуваат порокот. Излегува дека ни крадецот, ни убиецот, не се виновни за престапите, бидејќи и да сакале, не било можно да не постапат лошо, зашто на таа постапка неизбежно ги принудувала нужноста. Уште и земјоделецот ќе собере обилни плодови, без да фрли и семе во земјата, и без да коси, а трговецот ќе се збогати, сакал или не сакал, бидејќи судбината ќе му собере куп пари. А, големите надежи на христијаните ќе се обратат во ништо, бидејќи ни праведноста не ќе биде почитувана, ни гревот осуден, ако луѓето ништо не прават со слободна волја. Зашто, каде господари нужноста и судбината, таму нема никакво место за отплата според достоинството, што пак е основата на правосудството.”

За тоа пишува во «Основите на православната вера» и св. Јован Дамаскин: «Елините велат, дека со изгревањето, заоѓањето и доближувањето, ѕвездите, а исто така сонцето и месечината ги управуваат сите наши дела; со тоа и се занимава астрологијата. Ние пак, напротив, тврдиме, дека тие покажуваат предзнаци за дожд или бездождие, влажно или

суво време, а исто и ветровите; но, тие никако не се предзнаци за нашите дејства. Всушност, ние сме создадени од Творецот слободни, и сме господари на нашите дела. А, ако ние сè правиме според текот на ѕвездите, тогаш, она што го правиме ние го правиме според нужност. А, она што се случува според нужност, не е ни добродетел, ни порок. Ако пак, ние немаме ни добродетел, ни порок, тогаш сме недостојни ни за награда, ни за казна, па и Бог ќе се покаже несправедлив, давајќи им на некои добра, а на други беди. Дури и повеќе: ако сè тече и се случува според нужност, тогаш Бог не го управува светот, ниту промислува за созданијата. Дури ни разумот нема да ни треба, зашто, ако немаме власт над никакво дело, тогаш нема ни за што да размислуваме. Меѓутоа, разумот нам несомнено ни е даден за промислување на нашите постапки, заради што секое разумно суштество е и слободно суштество. Затоа ние тврдиме дека ѕвездите не се причина за ништо што се случува во светот — ни за настанокот на настанатото, ни за загинувањето на она што загинува».

Астрологијата ја осудува и св. Јован Златоуст: «Кажано е дека и при Христовото Раѓање се јавила ѕвезда: тоа значи, велат тие, дека астрологијата е наука. Но ако, Христос се родил според астролошките закони, тогаш зошто тој ја истреби астрологијата, ја отфрли судбината, им ја затвори устата на демоните, ги прогони заблудите, и го урна магесништвото од секаков вид?» Св. Григориј Богослов пишува, дека астрологијата ја навредува Божествената Промисла: «Многумина, кои се родени под различни ѕвезди, имаат иста судбина и на море, и во војна. Оние што ги поврзале ѕвездите, не ги поврзал меѓу себе еднаков крај. А други, иако ѕвездите ги разделиле, биле соединети со ист крај» (Слово 5, за Промислата). Современиот живот сведочи за погубноста и крајната неразумност на оние, можеби несреќни луѓе, кои се обраќаат кон окултното знаење.

Христијанството учи, дека животот – е Божји дар и треба да се живее според Божјата волја. Христијанинот се стреми својот живот да го изгради според Божјата волја.

Да го поставиме и прашањето – во што е смислата и целта на христијанскиот живот? Во тоа ли; да се обидуваме со секакви средства да ја дознаеме својата иднина?

Преподобниот Ефрем Сириски вели: «Кога пристапуваш кон добродетелта, помни ја оскудноста на својот ум и не се отклонувај од Божјата благодат. Обидот да се дознаат детали за својата иднина противречи на самата слобода на човекот. Бог го створил човекот слободен и му дал заповеди. Господ

Page 43: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 43

сака, човекот да го наследи вечниот живот. Тоа и е Божјата волја за човекот и Господ му го дал на човекот сето знаење што му е неопходно за негово спасение. Несомнените факти за прозорливост односно пророкување на некои свети, сепак се случуваат според Божјата волја и заради огнена, силна молитва, на искрено обраќање кон Бога и заради високиот духовен живот на подвижниците, а не со гатање по небесните тела.

Астрологијата ја ограничува и Божјата слобода да го спасува човекот, укажувајќи му го спасителниот пат.

Живееме во сложено време. Многумина од нас немале можност да добијат никакво духовно воспитание и образование и затоа не претпоставуваат колку опасности може духовниот свет да му предизвика на човекот. Повеќето современи немаат духовен имунитет, па затоа и толку често стануваат лесен плен на лукавиот. «Трезнете се, бидете бодри, бидејќи вашиот противник ѓаволот оди, како лав што рика, барајќи некого да проголта » – предупредува св. ап . Петар

(1.Пет. 5,8). Апостолот вака зборува за опасноста – не за да нè преплаши, туку за ние секогаш, секоја минута да бидеме подготвени да го одбиеме непријателскиот напад. Господ на секој човек му посакува само спасение. Тој го испрати во светов Спасителот, за да им ја открие на луѓето вистината за идниот живот, за покајанието, за вечните вредности.

Главно е – да се наследи Небесното Царство. Светите Отци ни оставиле многу укажувања; како тоа да се достигне. Меѓу сите нивни поуки нема препораки за ползување на астрологијата.

Затоа, за вистински христијански живот, астролошките претскажувања се непотребни и, според сведоштвото на Црквата, тие се грев. Врз основа на Светото Писмо, од искуството на светите луѓе, може да се потврди дека астрологијата не само што не помага, туку директно го попречува достигнувањето на главната цел – наследувањето на Небесното Царство. А, да се биде со Христа или да се биде со ѕвездите – избира секој посебно.

превод од руски: ѓакон Тони Петрушевски

„Фалете Го Господа на небесата, фалете Го, на висините. Фалете Го, сите ангели Негови, фалете Го, сите војски Негови. Фалете

Го, сонце и месечино, фалете Го сите ѕвезди и светила. Фалете Го, небеса на небесата и води над небесата. Нека го фалат името

на Господа, зашто Он рече и тие се јавија, заповеда - и се создадоа...“ (Пс.148. 1-5)

Page 44: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 44

Некој старец честопати бил болен, но еднаш се случило да не боледува за време на целата година. Старецот силно тагувал и плачел,

говорејќи: “Ме напушти мојот Господ и не Ме посети…” Не постои човек на земјата кој е лишен од болести и страдања. Прародителскиот грев ја изменил онаа возвишена положба, која Господ

им ја подарил на луѓето. Кога го изгубил Рајот, човекот задобил – трулежност и смрт. Меѓутоа, милоста Божја не нè напушта нас, недостојните и грешните. Тие, т.е. болестите и неволјите, за нас претставуваат и тегоба, и награда, и вразумување од Бога. Кога ги поднесуваме без роптање, се чистиме од гревовите, духовно израснуваме и се

подготвуваме за вечноста. Смирение и трпение, надеж во Господа и во Неговата блага волја – тоа е навистина христијански начин на размислување. Ако однесувањето е такво, тогаш тоа морално го укрепува болниот и му се смета како подвиг. Во таков случај, човекот пред лицето на страдањето и болеста покажува победа на духот над телото, на доброто над злото. Нашиот Спасител ни покажа пример на најголемо трпение, љубов и кротост, поднесувајќи ги крсните страдања и молејќи се за оние кои Го распнуваа.

Болеста е време на самопроверка, време на размислување, време на покајание. Ќе имаме на ум дека сè е од Бога, и болеста и здравјето, а сè што е од Бога, тоа е за наше добро. Поради тоа нема да очајуваме. Милосрдниот Господ никому од нас нема да му испрати прекумерни искушенија, зашто, по зборовите на апостолот, “но верен е Бог, Кој нема да допушти да бидете искушувани повеќе од силата ваша…” (1. Кор. 10, 13).

Во срцето ќе ги пазиме и оние зборови, дека преку многу маки треба да влеземе во Царството Божјо (Дела 14, 22). Напротив, роптањето, протестирањето, раздразнетоста кон “си и секого” го разоруваат внатрешниот мир и ги удвојуваат страдањата, а што е најважно – го уништуваат оној духовен плод, поради кое искушението и ни е испратено. Тој плод е – нашето

Поуки од светите отциза поднесувње на болестите

православен духовен живот

Page 45: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 45

спасение. Повремено маловерието, негрижливиот однос кон самите себеси и слично на тоа, нè спречуваат тоа да го сфатиме и да бидеме свесни за тоа.

Годините на атеизмот оставија свој белег. Израснаа речиси две поколенија на луѓе кое не знаеја за Бога и за Неговата Црква. Во практичната лекарска дејност денес, честопати се случуваат ситуации во кои болниот или ожалостениот човек не ја разбира духовната смисла на страдањата (притоа ги имаме во предвид токму оние крстените, православните), па е оптеретен со своите субјективни чувства, преполн е со очајание и тага. Постои и нешто полошо од тоа: очајание, длабока тага и желба за смрт…

Постои и друг проблем, кој не може да го остави рамнодушен ниту еден побожен лекар. Отсуството на духовност, кое со нашето општество владееше последните шеесет и повеќе години, ја погоди, сосема природно, и медицината, со сите последици кои произлегуваат од тоа. Како на ова место да не се сетиме на болниците пред Втората светска војна? Икони, запалени кандила, милосрдни сестри, свештеник кој исповеда, причестува, врши елеопомазание. Сето тоа постоеше во старите времиња… Но, нè радува што и сега, по милоста Божја, оваа традиција постепено се обновува. Иако не секаде, се подигаат и осветуваат болнички храмови, во кои се служат свети литургии и молебни за болните. Во очите на болните луѓе се појавуваат искри на вера и надеж. Во душите се вселува радост и утеха. Сакаме да веруваме дека Господ ни дава време и сила да се покаеме и поправиме.

На Нашиот Бог нека е Му е слава, чест и поклонение, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

* * *

Телото е слуга на душата, а душата е царица, и затоа по милосрдието Божјо се случува тогаш, кога телото е исцрпено со болеста, да ослабнат страстите и човекот да се врати при себе; дури и самата телесна болест понекогаш се раѓа од страстите.

Отстрани го гревот, и нема да има болест, зашто тие во нас се појавуваат поради гревот, како што тоа го тврди св. Василиј Велики: “Откаде потекнува болеста? Откаде потекнуваат телесните повреди? Господ го создал телото, а не болеста; ја создал душата, а не гревот”. Што ни е од сè покорисно и попотребно? Соединување со Бога и

општење со Него со посредство на љубовта. Кога ќе ја изгубиме оваа љубов, ние отпаѓаме од Него, а кога ќе отпаднеме, постануваме изложени на различни и многубројни болести.

На оној, кој болеста ја поднесува со трпение и благодарност, таа му се смета наместо подвиг, па дури и повеќе од тоа.

* * *

О, болест, која си горчлив, но и здрав лек! Како што се спречува распаѓање на рибата или месото, така и секоја болест го чува нашиот дух од трулежност и гревовна распадливост, не допуштајќи им на страстите, на тие душевни црви, да се изведат во нас.

Страдањето можеме да го трпиме или да не го трпиме, но не можеме да го избегнеме, а нетрпението нема да го одврати страдањето кое ни го одредила промислата Божја. Од нетрпеливоста, меѓутоа, не произлегува ништо друго, но само штета и загуба. Преку трпението, пак, се олеснува секое страдање. Погледни на оние кои веќе долго се болни или на оние кои долго седат во затвори; тие на тоа трпение немало да се навикнат, да не го чувствувале тоа. Од маките се раѓа трпението (Рим. 5, 3). Наспроти тоа, преку нетрпението се зголемува болеста… (Св. Серафим Саровски)

Page 46: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 46

* * *

Болеста понекогаш се испраќа заради очи-стување на гревовите, а понекогаш заради смирување на гордоста. (Свети ава Доротеј)

* * *

Болеста за нас значи вразумување Божјо, и служи за наше напредување, доколку Му благо-дариме за неа на Бога. Зарем Јов не беше верен пријател Божји? Меѓутоа, што тој не претрпе, благодарејќи Му притоа на Бога и благословувајќи Го? Трпението на крај го доведе до беспримерна слава. Претрпи и ти малку (во болеста) и ќе ја видиш славата Божја (Јн. 11, 40). А поради тоа што во болеста не можеш да постиш, немој да тагуваш. Бог не бара од никого напори кои ги надминуваат неговите сили. Освен тоа, што е постот, ако не казна за телото, за да се смири здравото тело и да се направи немоќно за страстите, според зборовите на апостолот: Кога сум слаб, тогаш сум силен (2 Кор. 12, 10)? Болеста, пак, е поголема од оваа казна и се смета наместо пост, па и се вреднува повеќе од него. Кој неа ја поднесува со трпение и благодарност кон Бога, тој со посредство на трпението го задобива плодот на своето спасение. Наместо ние самите да ја ослабнуваме силата на телото преку постот, тоа веќе е ослабено со болеста. Благодари Му на Бога што си се ослободил од напорот да постиш.

(Кон болниот кој очајува). Целивај ги страдањата на Нашиот Спасител – како и ти, заедно со Него, да си претрпел навреди, рани на понижување, жалост поради плукањето, ругањето на царската наметка, срамот на трновиот венец, оцетот и жолчката, болка поради пробивање со клиновите, прободување со копјето, излевањето на вода и крв – и оттаму преземи ја утехата за својата болест. Господ нема да дозволи твојот труд да биде залуден. Тој ти допушти да истрпиш мала болест затоа, за да не им бидеш туѓ на светиите, кога во оној час ќе ги здогледаш прославени како го задобиле плодот на трпението во неволјите, и за да бидеш заедничар со нив и со Христа Исуса, имајќи, заедно со светиите, смелост пред Него. Не лелекај, Бог не те заборавил, туку се грижи за тебе како за Свој вистински син, а не како за прељубник. (Свети Јован Лествичник)

* * *

Кога, на пример, болниот е наклонет кротко да ја поднесува болеста и кога така и ја поднесува, непријателот, знаејќи дека тој тогаш, на тој начин ќе

се утврди во добродетелта на трпението, пристапува за да ја расипе таквата негова добра наклонетост. Заради тоа, почнува да му наведува во умот многу добри дела кои би можел да ги направи доколку би се наоѓал во поинаква положба и настојува да го убеди дека, во случај да е здрав, би можел добро да Му послужи на Бога и да донесе многу корист и за себе и за другите: би одел во црква, би разговарал, би читал и пишувал заради поука на ближните и сл. Кога ќе забележи дека таквите мисли се прифаќаат, лукавиот почесто ги наведува во умот, ги умножува и украсува, доведува до чувства и предизвикува желби и стремежи кон такви дела, претставувајќи како би се одвивале добро овие или оние дела, побудувајќи истовремено во човекот жал, што поради болеста му се врзани и рацете и нозете. Постепено, преку често повторување на таквите мисли и движења во душата, желбата преминува во незадоволство и раздразливост. На тој начин се пореметува претходното благонаклоно трпение и болеста повеќе не изгледа како лек од Бога и арена за задобивање на добродетелта на трпението, туку како нешто непријателско кон делото на спасение, а желбата за ослободување од неа станува несовладлива, притоа изгледајќи како начин да се стекне простор за добри дела и угодување на Бога.

Кога ќе доведе до ова, непријателот од умот и од срцето ја краде онаа добра цел на желбата за оздравување и, оставајќи ја единствено желбата за здравје, присилува на болеста да се гледа раздразливо, не само како на пречка за доброто, туку како на нешто непријатно само по себе. Оттаму нетрпението, кое не се лечи со добри помисли, добива сила и преминува во роптање, лишувајќи го болниот од претходното спокојство кое потекнувало од храброто трпение. Непријателот, меѓутоа, се радува, бидејќи успеал да го поремети. Токму така лукавиот го ремети и сиромавиот кој трпеливо ја поднесува својата судбина, изобразувајќи му со какви добри дела би се украсил кога би бил богат.

Од сите овие искушенија лесно се избавува оној кој има искусен духовен раководител, советник и соговорник, ако со смирена покорност ги следи неговите упатства. Ако околностите кои, како што нам ни се чини, нè спречуваат да ги прошириме своите добри дела, не доаѓаат од нашата волја, туку ни се испратени од Бога, ти покорно прифати ги и не се обѕирај на никакви наговори, кои те оддалечуваат од оваа покорност. Било да си болен или сиромашен, трпи. Бог од тебе не бара ништо, освен трпение. Кога храбро трпиш, ти непрестајно извршуваш добро дело. Доколку храбро трпиш, во било кој миг да погледне на тебе Бог, Он ќе види дека правиш добро или дека престојуваш во добро, додека здравиот човек добрите дела ги извршува

Page 47: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 47

со извесно временско растојание. Зошто, тогаш, сакаш да ја измениш својата положба, сакајќи да го замениш подоброто за полошо? (Свети Исак Сириски)

* * *

Да се биде благодарен во неволјите – е пого-лема добродетел отколку да се дава милостина. (Св. Димитриј Ростовски)

За страдањетона децата

За ова преподобен Григориј го праша бла-жениот Нифонт (епископ кипарски), говорејќи:

“Еве, оче мој, гледам дека од лути болести страдаат и децата; каков грев тие направиле? Како да сфатиме, поради што нив ги поразува Бог?

Блажниот Нифонт одговорил: “Кога ќе се умножат човечките гревови и кога човечката злоба веќе ќе постане неизлечива, тогаш Господ ги зема при Себе нивните деца и испраќа на нив многу и тешки болести, за да ги вразуми нивните родители. Зарем тогаш, кога го гледаат измачувањето на своите деца, кои не згрешиле, нема да се уплашат, зарем нема да се обратат кон покајание? Зарем тие нема да повикаат: “Тешко на нас, грешните, зашто поради нашите беззаконија се мачат незлобивите дечиња! Што ќе се случи со нас, грешните, во страшниот ден на Второто доаѓање Господово? Ако, кога ќе го видат тоа, родителите не се покајат и поправат, туку продолжат да живеат во претходното безбожништво, тогаш ќе бидат изложени на уште поголемо, страшно мачење, зашто биле казнувани, а не се вразумиле. На оние деца, пак, кои тука пострадале и биле мачени за да нивните родители се обратат кон покајание, Господ ќе им даде нераспадливи венци и почести во вековите на бесконечниот живот во Царството Небесно”.

“Но, свети оче”, рекол на тоа преподобен Григориј, “во Писмото, ете, речено е дека секој ќе добие според своите дела, а не е речено дека ќе прими – поради гревовите на другиот”.

Блажениот Нифонт одговорил: “Милосрдниот Господ ја гледа скаменетоста на човечкото срце и неговата неразумност, зашто многумина, кои се на земјата, заради славољубие прифаќаат на себеси големи напори, роптаат на Бога и во својата ожалостеност дури ја призиваат и смртта, но не се каат за своите гревови и не се грижат за своите души. Од таа причина, Господ преку разни

неволји ги казнува како децата, така и самите родители, за преку детската болест да се исчистат родителските беззаконија и самите родители да се поттик-нат на покајание, па преку тоа да се оправдаат на Страшниот Суд. Според тоа, сине мој, знај дека дечињата кои се без грев, стра-даат затоа, за со сво-јата прерана смрт да задобијат непропадлив вечен живот, а нивните родители, поради нивните страдања, да бидат удостоени со целомудреноста на вистинското покајание”.

За служењетона болните

Угодувај им на болните, највеќе за да задобиеш милосрдие преку тоа; притоа, кога ти ќе се разболиш, Бог ќе подигне човек кој тебе ќе ти послужи, зашто Он рече: Со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери (Мт. 7, 2).

Некој му служи на болниот, но му служи за да добие награда; тоа е исто така неразумно. И затоа, ако му се случи нешто жалосно, тоа лесно го оддалечува од ова добро дело, и тој нема да го дочека неговото завршување, бидејќи го прави неразумно. Оној, пак, кој разумно служи, служи за да задобие милостиво срце, за да задобие сочувство во туѓите страдања; имено, кога некој има таква цел, тогаш тој, што и да му се случи – било да е тоа некое ожалостување, кое доаѓа однадвор,

Page 48: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 48

било да почне самиот болен да негодува против него – сето тоа тој поднесува без возмутување, гледајќи на својата цел и знаејќи дека повеќе добро му прави болниот нему, отколку тој на болниот. Верувајте дека оној, кој разумно го служни болниот, се ослободува и од страста, и од борбата. Познавав еден брат кој трпеше борба со нечисти помисли, и од неа се ослободи преку тоа што разумно му служеше на еден болен кој страдаше од водена болест. (Од Старечникот на Св. Игнатиј Брјанчанинов)

Утеха на болните

“Здравјето е дар Божји”, говореше преподобен Серафим Саровски – “но тој дар не е секогаш корисен. Како и секое страдање, и болеста има сила да нè исчисти од душевна нечистотија, да ги избрише гревовите, да ја смири и омекне нашата душа, да нè принуди да се замислиме, да постанеме свесни за својата немоќ и да се сетиме на Бога. Поради тоа, болестите ни се потребни и нам и на нашите деца”.

Би требало да Му благодариме на Бога за болестите и искушенијата, зашто преку нив сме испитувани во љубовта кон Господа, Му стануваме поблиски, и во тоа е целта на животот на христијанинот – да оди кон Христа, Нашиот Спасител.

Болеста е крст и благ јарем кој води кон вечно блаженство. Затоа бидете храбри кога ќе надојдат бранови, предајте се на волјата Божја, со радост и благодарење поднесувајте ја болеста, знаејќи дека преку телесните болести се исцелува душата.

Утеха во болестите и неволјите треба да бараме во Христа Исуса, зашто во спротивно, залудно ќе бараме утеха.

Оној кој боледува и благодари за тоа е голем пред Бога и е еднаков на оној кој води пустински живот. Ти, кој боледуваш, заблагодари Му на Господа, зашто ти дал најнепосредно средство за спасение.

Се случува болеста да го зафати телото за да ја пробуди заспаната душа.

Невозможно е, кога одиме по патот на правдата, да не се сретнеме со жалости, телото да не се исцрпи од напор и болести и да остане непроменето, само ако го засакаме животот во добродетели.

Како што лекот му донесува корист на телото, така и болеста & донесува корист на душата.

Болеста не е несреќа, туку поука и Божја

посета; болниот преподобен Серафим Саровски го посети Мајката Божја; и нас, ако смирено ја поднесуваме болеста, нè посетуваат небесните сили.

Болеста избавува од многу душевни страсти; св. Апостол Павле вели: Ако нашиот надворешен човек тлее, внатрешниот од ден на ден се обновува (2. Кор. 4, 16).

Болестите понекогаш ни се допуштени поради гревовите, а понекогаш заради благодатта Божја, за со посредство на неа да стекнеме вечно блаженство на Небесата.

Болеста е училиште на смирението, во која ќе видиш дека си беден, гол и слеп.

Кога ќе те измачуваат непријатности, страдања во болеста или нешто слично, труди се да не ги изгубиш од вид зборовите од Светото Писмо: Преку многу маки треба да влеземе во Царството Божјо (Дела 14, 22)

Ако си претрпел овде, на оној свет нема да трпиш вечни маки, туку напротив, ќе се насладуваш со такво блаженство, пред кое сегашната среќа е – ништо.

Кој не се радува овде и кој тоа трпеливо го поднесува, во потполност може да се надева дека таму, во идниот живот, ќе задобие голема и неискажлива радост. (Преподобен Амвросиј Оптински)

* * *

Во болеста, пред секое друго дело, мораме да побрзаме да се исчистиме од гревот преку Светата Тајна Покајание и Исповед, за нашата совест да се помири со Бога. (Св. Теофан Затворник)

* * *

Нашите болести главно потекнуваат од гревовите – поради што најдобро можеме да ги предупредиме и да се исцелиме од нив, преку тоа што нема да грешиме.

Голем подвиг е – трпеливото поднесување на болеста и вознесувањето на благодарност кон Бога за неа.

Со Бога нè зближуваат – неволјите, маките, болеста, трудот. Немој да ропташ поради нив и немој од нив да се плашиш.

Иако болеста го измачува твоето тело, таа го спасува твојот дух. (Св. Тихон Задонски)

* * *

Старецот на својот болен пријател му совету-ваше: “Би требало почесто да се молиш: Господи,

Page 49: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 49

дај ми тука трпение, а таму прошка на гревовите!”

Господ затоа и ни ги испраќа болестите, за да се сетиме на смртта и тоа сеќавање да доведе до тоа, болниот, најпосле, да се погрижи и подготви за смртта.

Понекогаш се случува, Бог преку болеста некои луѓе да ги сочува од несреќи, кои би им се случиле ако би биле здрави.

Оној кој со благодарност ги поднесува телесните слабости и поради болеста трпи разни тешкотии, не е далеку од бестрастие, поради што со радост ја исчекува смртта, како причина за стапување во вечниот живот. (Блажен Дијадох)

* * *

Човекот не е во состојба трпеливо да ги поднесува неволјите, доколку не го има на ум својот смртен крај, бесконечните маки и радоста во Царството Небесно.

Многу болести Господ исцелува со посредство на лекарите и останатите средства. Меѓутоа, постојат и болести за чие исцеление Господ става забрана, тогаш кога ќе види дека болеста е повеќе потребна за спасение, отколку здравјето.

Болеста за човекот претставува ми-лост Божја. Ако христијанинот ја прими како нешто од Бога испратено заради духовна корист и ако заради тоа храбро ја трпи својата болест, тој по вистинскиот пат ќе отиде во рајот. (Св. Теофан Затворник)

* * *

Болни и сиромашни – не жалете се и не роптајте на својата судбина, на Бога и на луѓето, немојте да завидувате на туѓата среќа, пазете се од унинието, а особено од очајанието, и во потполност покорете се на промислата Божја.

Болестите нè помируваат со Бога и повторно нè воведуваат во Неговата љубов. (Св. Јован Кронштатски)

* * *

Размислувајте за тоа, дека тука сè е минливо, додека идното блаженство е вечно.

Болниот би требало да се утешува со читање на Божественото Писмо како и со страдањата на Спасителот.

Трпението на болеста Господ го прима наместо пост и молитва. (Преподобен Анатолиј Оптински)

* * *

Во деновите на страдања, кај многумина главната причина за малодушноста и роптањето на Бога е недостигот на верата во Бога и надеж во Неговата божествена промисла. Вистинскиот христијанин верува, дека сè што ни се случува во животот - се случува по волјата Божја, дека без волјата Божја ниту едно влакно од нашата глава не паѓа на земја. Ако Бог му испрати страдања и неволји, тој во тоа гледа или од Бога испратена казна за неговите гревови, или испитување на верата и љубовта кон Него; покрај тоа, тој не само

Page 50: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 50

што не е малодушен и што не ропта на Бога, туку и уште, смирувајќи се под добрата рака Божја, Му благодари на Бога за тоа што не го заборавил и што, според Своето милосрдие, сака со тие привремени страдања да му ги замени оние вечните.

Лекарите и лековите ги создал Господ, Лекувањето не смее да се отфрла.

Во време на болеста, секој би требало да размислува и да говори: “Којзнае, можеби во мојата болест ќе ми се отворат вратите на вечноста?”

Во текот на болеста, би требало да се грижиме за духовното здравје. Во болеста, пред лековите и лекарите, користи ја молитвата и Светите Тајни: Исповед, Причест и Елеопомазание.

Ако си болен, повикај искусен лекар и искористи ги средствата кои тој ќе ти ги препише. За таа цел од земјата никнуваат многу лековити билки.

Доколку поради својата гордост ги отфрлаш, ќе ја забрзаш својата смрт и ќе станеш самоубиец.

Душевното богатство се наоѓа во трпението. (Св. Теофан Затворник)

* * *

Освен молитва, би требало да имате и духовен собеседник, кој ќе ве оттргне од жалоста и очајанието.

Господ не ти ја испратил залудно болеста, и тоа не толку како казна поради твоите минати гревови, колку поради љубовта кон тебе, за да те оттргне од грешниот живот и да те изведе на патот на спасението. Благодари Му за тоа на Бога, Кој се грижи за тебе. (Игумен Никон)

Page 51: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 51

* * *

Доколку понекогаш во болеста, по својата слабост и бидете малодушни, немојте да очајувате, туку прибегнете кон покајание, зашто Господ тоа го допушта заради ваше смирение.

Не тагувајте ако понекогаш, за време на болеста, не можете да го извршите молитвеното правило, туку благодарете Му на Бога за болеста, зашто таа е исто што и молитвата, доколку ја трпиме без роптање и со благодарност. (Старец Арсениј Атонски)

* * *

Ако веќе долго си болен и ако имаш некоја утеха од оние кои те служат, погледни на оние кои одвнатре трпат болка и жалост, а однадвор се прекриени со рани и немаат никого кој би ги служел, нахранил, напоил, подигнал и испрал раните – и тие трпат. (Св. Тихон Задонски)

* * *

Внимавај да не те вовлече лукавиот во небла-годарност или роптање, зашто тогаш сè ќе изгубиш. (Св. Јован Кронштатски)

* * *

Од љубов кон нас, по силата на секој од нас, Господ ни испраќа болести и страдања, но ни дава и сила да ги истрпиме, за да нè направи соучесници во Своите страдања; кој тука нема да пострада заради Христа, ќе трпи грижа на совеста во идниот век. Господ не ни ги испраќа болестите и неволјите во гнев, и не ги испраќа заради казна, туку поради љубовта кон нас, иако тоа сите луѓе не можат секогаш да го сфатат.

Болестите нè потсетуваат на смртта, а за неа треба да се подготвиме.

Преподобниот старец Варсонуфиј нè советува за време на болеста да не се молиме усилено за оздравување, зашто ние не знаеме што ни е корисно за душата.

Кога си болен, те молам земај лекови, зашто на многумина им е потребно твоето здравје. (Св. Теодор Студит)

* * *

Ако страдањата го огорчуваат болниот, ако не го преобразуваат и не даваат благотворна реакција (поправање и благодарење) – тогаш тие значат удвоено зло.

Ако поради болеста не можеш да одиш во црква - немој ни да одиш, само немој поради тоа да ропташ.

На оние кои те утешуваат и ти служат во болеста биди им благодарен и моли се за нив на Бога, дури и лежејќи.

Најголема благодарност кон Бога за оздравувањето од болеста, се состои во тоа што останатото време од нашиот живот ќе му служиме преку исполнување на заповедите.

Болните нека не забораваат дека им служат заради Бога и нека со своите прекумерни барања не ги ожалостуваат браќата кои им служат. Впрочем, и таквите би требало трпеливо да ги поднесуваме, зашто преку тоа се стекнува најголема награда.

Доколку слушнеш дека некој е болен, немој да бидеш мрзлив да го посетиш и усрдно да го услужиш, доколку тоа не ти причинува духовна штета.

Помагајте им на вашите ближни кои се болни, но не помислувајте дека правите нешто добро, туку извршувајте го тоа поради љубов и сострадание.

Биди подготвен да го посетиш секој човек кога страда и се мачи.

Кој го запоставува болниот, нема да види светлина; на оној кој своето лице го одвраќа од ожалостениот, ќе му се помрачи неговиот ден.

Кога ќе го видиме болниот, нема да си ја објаснуваме себеси на лош начин причината за неговата болест, туку ќе се потрудиме да го утешиме. Не би требало да одбиваме да им служиме на болните од страв дека и ние ќе се заразиме со нивната болест.

Посетата на оние кои лежат во болничка постела и кои се обземени со телесни страдања, избавува од демонот на гордоста и блудот.

* * *

Од сè што се случува во овоземниот живот, само гревот би требало да го ожалостува христијанинот.

Оној кој, согрешувајќи, нема да биде казнет овде, е најнесреќен човек. (Св. Јован Златоуст).

Избор и превод:

Братството на Манастирот

“Св. Гаврил Лесновски”

Page 52: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 52

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Браќа и сестри! Денес го слушнавте евангел-ското четиво за тоа како нашиот Господ Исус Христос ја исцели жената со крвотечение и

ја воскресна Јаировата ќерка. Жената се допрела до облеката на Спасителот и веднаш се исцелела од долгогодишната болест, која постојано ја исцрпувала нејзината сила. Долги години ѝ се заканувала смрт, таа грчевито се фаќала за секаква можност за исцеление. На лекари го потрошила сиот свој имот, но немало никаква корист. Сенката на смртта веќе стоела пред нејзините очи. Но, еве, таа го среќава Христа и срцето ѝ поверувало дека пред неа е Месијата, Кој може да ја спаси. Не ѝ затреперило срцето, не се поколебала во верата, но таа се плашела да Го замоли за милост Бога, се

плашела од својата недостојност, се гледала себеси како во гревовни чиреви, мислела дека болеста не ја прави нечиста само во очите на луѓето, туку и во Божјите очи, дека и Господ може да ја порази со гнев поради нејзиното дрско обраќање. Тогаш незабележливо се измешала со толпата што Го опкружувала Спасителот и се допрела до Неговата облека, со нема молба од срцето Го преколнувала за милост, за исцеление. Ја почувствувала силата која излегла од Господа, сила која ѝ подарила здравје. Болеста се повлекла: како огромен октопод, кој со своите отровни пипци се впил во нејзиното тело и ги вшмукувал од неа сите сокови, одеднаш да ја пуштил од својата смртна прегратка.

Христос, од Кого ништо не може да биде скриено или затаено, прашал: “Кој се допре до Мене?” (Лука 8, 45). Учениците се зачудиле на

Повици на болнитекон ХристаАрхимандрит Рафаил Карелин

Page 53: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 53

ваквото прашање. Толпата Го буткала од сите страни, едни ја целивале Неговата облека и рацете, други паѓале ничкум пред Неговите стапала, а Он прашува: “Кој се допре до Мене?’. Но, Господ продолжува: “Некој се допре до Мене, зашто сетив дека излезе сила од Мене” (Лука 8, 46).

Колку личи ова на нашиот живот! Ние се допираме до светињите, ги целиваме иконите, крстот, ги примаме Светите Дарови, но, колку истовремено сме далеку од Бога! Господ само за малубројни може да каже дека Го допреле, бидејќи се малку оние што Го допираат со душата и со срцето.

Еден богослов ова го изразил на следниов начин: “Дури и ако се причестуваме со Телото и Крвта Христови, а притоа во душата сме студени, не личиме на храм Божји, туку на гробот во кој беше положен Господ.”

Жената со крвотечение имала голема вера, но и големо смирение. Надежта и смирението, верата и покајанието се оние два пола низ кои мора да минува целиот христијански живот. Овие чувства: вербата во Божјото милосрдие, довербата во Него и истовремено чувствување на својата духовна немоќ, недостојност и желба човекот да се покае и да го промени животот, се оние работи кои ни приближуваат кон Бога и ни прават достојни за Неговата милост.

Жената сфатила дека не може да се сокрие од Спасителот Кој сè знае, и треперејќи и каејќи се за својата дрскост, паднала пред Неговите нозе и признала дека Го допрела. Но, Господ ѝ рекол: “Не бој се, ќерко, верата твоја те спаси; оди си во мир” (Лука 8, 48). Мирот на душата е во простување на гревовите, во помирувањето со Бога. За годините на страданија и болест следува ваква плата: Господ ја нарекол ќерко. Црковниот историчар Евсевиј Кесариски кажува дека оваа жена во знак на благо-дарност за исцелувањето, подигнала бронзена статуа на Христа, која уште можела да се види и во ИВ век.

Браќа и сестри! Освен тоа, би сакал да го свртам вашето внимание и на следново: Таа, жената, го потрошила својот имот по лекари. Многу години безуспешно се лекувала, но Господ не ја прекорувал бидејќи одела по лекари. Ова не го велам случајно: луѓето често прашуваат дали христијанинот треба да се лекува или треба да се надева само во чудо?

Ви Библијата синот Сирахов вели дека Бог го создал лекарот и дека мудриот човек не го презира (в.: Сир. 38, 4). И свети Василиј Велики пишува: “Нашето тело се состои од земја и затоа треба да се лекува со оние материи, кои се извлекуваат од неа.”

Односно со треви, минерали. Во ваквото лекување нема грев. Истовремено Црквата забранува луѓето да се лекуваат со баење, со окултни средства, со магнетизам, со хипноза. Во ова може да се вброи и таканареченото лекување со биоенергија, кое денес е популарно и претставува еден обид за имитирање на чудата на Спасителот. Некои велат: “Но, тоа помага!” Помага? И ако помага, тоа е само привремено, а човекот за оваа помош плаќа страшна цена: за цел живот на неговата душа останува белег, останува рана.

Браќа и сестри! Синот Сирахов пишува дека за време на болеста, пред сè треба да Му се обратиме на Бога со молитва (в.: Сир. 38, 9). Под молитва овде исто така се подразбира покајание и свест за својата грешност. Честопати, по искрената и детална исповед човекот не чувствува само духовно олеснување, туку и прилив на физичка сила. А за време на Светата Тајна елеосветување, на човекот му се простуваат и прегрешенијата што не можел да ги исповеда, бидејќи ги заборавил или заради нивната многубројност, како што се на пример мислените гревови. Затоа Светата црква ги повикува своите чеда секоја година да пристапуваат кон Тајната на елеосветување за време на Великиот пост.

Некои сметаат дека на човекот болеста му се испраќа исклучиво како казна за неговите гревови. Постои посебна Божја Помисла, која го бира чове-кот како жртва, човекот страда, но Господ му дава најсветли венци во Небесното Царство. Ова, може да се каже дека се среќни страдалници. Еден светител велел: “Постојат три еднакви подвизи. Видов пустиник кој го измачуваше своето тело со пост, видов искушеник кој ја отфрлаше својата волја и видов болен, кој Му благодареше на Бога за својата болест. Овие се три еднакви подвизи, но кога би ме прашале што сакам, јас би го избрал третото.”

Еднаш во Киево-Печерската лавра некои родители донеле болно дете – Пимен. Тој бил неподвижен, телото му било парализирано. Родителите ги молеле монасите да се помолат за исцеление на детето. Меѓу монасите имало големи чудотворци, како на пример преподобен Теодосиј Печерски. Целиот манастир се молел за детето, но на детето му било откриено дека неговата болест е според волјата Божја и тоа Го преколнувало Господа да не го исцели. И молитвата на детето била услишана. Останал болен цел живот. Родителите го оставиле Пимен кај браќата, монасите го негувале многу години, таква љубов имале древните отци. Телото на детето, подоцна момче, било прекриено со чиреви и рани. Во ќелијата во која што лежел,

Page 54: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 54

од смрдеа било тешко да се дише, но Пимен го посетувале болни и страдалници и по неговите молитви добивале исцеление. Тој бил неподвижен како да е мртов, но неговата молитва им давала исцеление на другите.

Игуменот на лаврата долго време не се одлучувал да изврши потстриг во монаштво на Пимен, не сакајќи да го оптоварува со нови тешкотии и труд. Меѓутоа, Божјиот суд бил поинаков. Еднаш, додека Пимен бил сам во својата ќелија, вратата неочекувано се отворила и внатре влегле игуменот и браќата. Во нивните раце гореле свеќи. Игуменот го прашал: “Сакаш ли да бидеш монах?” Преподобниот со радост ја потврдил својата желба. Игуменот веднаш го извршил чинот на потстриг…

…Утредента браќата, откако го здогледале Пимен во монашка облека, тоа му го соопштиле на игуменот. Тој бил во недоумица, но откако дознал дека “тој” го потстригол Пимен, рекол: “Господ

испратил Ангели да ја изврши Својата волја над Својот угодник.” Меѓутоа, монаштвото ниту од далеку не му дало исцеление на Пимен. Неговото тело продолжило да трулее, но Пимен како и порано Му благодарел на Бога за својата болест.

Пред смртта на овој Божји угодник се случиле две чуда: тој неочекувано за сите станал од постелата, ги посетил сите браќа во манастирот и се збогувал со нив. Потоа, кога преподобниот Пимен починал, од неговите рани, од кои порано течело гној, почнало да тече миомирисно миро и воздухот во неговата ќелија се исполнил со небесен мирис. Значи, браќа и сестри, овој светител немал монашки подвизи; пост, бдение, коленичење – единствен негов подвиг било благодарењето на Бога за болеста што му била дадена, а тој пред Бога станал еднаков со големите светители.

Некои прашуваат во недоумица, па дури и негодуваат кон Бога: зошто боледувам цел живот? Секако, секогаш мора да имаме на ум дека болеста може да ни е пратена заради гревовите, но не треба да се заборава ниту тоа дека често и болестите и страданијата претставуваат најголема милост што ни е дадена и дека човек што ќе ја претрпи болеста покорно и со благодарност, во Царството Небесно ќе Му благодари на

Бога за неа како за најголема награда.

Но, што да правиме за време на болеста? Дали, според примерот на преподобен Пимен не треба да се молиме за исцеление и само да трпиме? Не, тој ја знаел Божјата волја за себе, но ние, браќа и сестри не ја знаеме, па затоа треба да ги земаме средствата за кои Црквата ни дава благослов и истовремено да се молиме: “Господи, ако Тебе Ти е угодно, исцели ме, а ако не, нека биде волјата Твоја!”

На преподобна Елисавета, која страдала од тешка, мачна болест, ѝ се јавил Ангел и ја прашал: “Сакаш ли да те исцелам?” Преподобната смирено одговорила: “Не сакам ништо – ниту здравје, ниту болест, туку Го молам Бога само за едно: да се исполни на мене Неговата света волја, зашто Он ме сака повеќе отколку јас што се сакам самата себеси!” Амин.

превод: дипл. теолог Жаклина Трајчев

Page 55: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 55

Овој благоверен цар се родил на 6./19. мај 1868 година, како син на царот Александар III и царицата Марија Фјодоровна. Воспитан во

духот на побожноста и воздржанието, тој секогаш се сеќавал дека на денот на неговото раѓање Црквата го слави старозаветниот, Многустрадален Јов, кој низ вековите е пример и симбол за смирено поднесување на страдања и искушенија, за надеж во Бога и непоколеблива вера. Во еден разговор со претседателот на владата Столипин, десет години пред својот маченички крај, Царот го изразил своето уверување дека тој, не случајно се родил на тој

ден, и дека е тоа знак за неговото идно страдање. Па сепак, тој бил секогаш подготвен да загине за својата вера и народ, сметајќи го тоа за должност на монархот.

По кратко боледување, во 1894 година се упо-коил неговиот татко, Александар III. Бил одлучен и храбар човек, искрен христијанин. Крај неговата постела за сето време бил свети Јован Кронштатски, кој подоцна признал дека по неискажливата Промисла Божја, не можел да испроси живот за царот од рацете на Севишниот. Николај ја преземал власта со смирена свест за својата младешка

неискусност, па сепак, се надевал во Синот Божји, во Премудроста и силата Очева, велејќи: ”Цврсто сум уверен дека судбината на Русија, како и мојата и судбината на моето семејство, е во рацете на Бога, Кој и ме постави овде каде што сум. Што и да се случи, јас ќе се покорувам на Неговата волја, свесен дека никогаш не сум помислувал на ништо друго освен на служењето на оваа земја, која Он ми ја доверил”. Господ му испратил голема утеха – сопругата Александра. Оваа благородна жена, внука на кралицата Викторија, била кнегиња хесен-драмштатска, по раѓање и воспитување Германка – протестанка. Таа со сето свое срце го примила Православието и се задлабочила во животот во Црквата до таа мера, што учела и црковнословенски јазик, за да може да чита и пее во храмот. Поради ваквата ревност, руските благородни кругови, одамна обезбожени и однародени, ѝ се подсмевале, сметајќи ја за “заостаната”. Сопругот и таа, редовно ги посетувале службите Божји и срдечно се молеле, а нивниот двор бил отворен за духовници и побожни старци во секое време. Николај и Александра се крунисани во мај 1896, во големата Успенска соборна црква во Московскиот Кремљ. Помеѓу служителите бил и Свети Јован Кронштатски, кого последните Романови многу го почитувале. Тогаш Царот пред сите присутни се помолил на Бога да му подари мудрост и сила

Животот и страдањетона царот маченикНиколај II Романов

историја на црквата

Page 56: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 56

правилно да го управува православниот руски народ и, ревнувајки во царското служење, да даде добар одговор на Страшниот Суд Христов.

Царот владеел во тешките денови на револуции и побуни. На сите страни се војувало против монархијата. Сепак, тој верувал дека излезот од лавиринтот на современото безбожништво е во Светото Православие. Посебно настојувал во Русија да се вратат канонските форми на црковниот живот и уметност. Обновувајќи храмови, тој сакал во нив да се внесуваат православни икони, а не западни, т.н. побожни слики, кои постанале “модерни” од времето на Петар Велики. Во периодот на неговото владеење во Русија се подигнати 10.000 храмови и повеќе од 750 манастири. Овој благоверен и и христољубив господар и самодржец на рускиот престол, особено се грижел да учествува во прославувањето на светите Божји угодници. Од 1894. до 1916. канонизирани се: св. Теодосиј Черниговски, св. Исидор Јурјевски, св. Ефросинија Полоцка, св. Ана Кашинска, св. Јоасаф Белгородски, св. Гермоген Московски, св. Питирим Тамбовски и св. Јован Тоболски – повеќе светители отколку во последните две столетија (од Петар Велики до Николај II канонизирани се само ЧЕТИРИ светители, што јасно сведочи за духовниот пад на Русија, која Петар Велики ја вовел во водите на западниот секуларизам. Најголема почит, пак, Царот имал кон св. Серафим Саровски, новојавениот угодник Божји. Бидејќи одлуките за канонизација Светиот Синод секогаш ги носел на преглед и потпис кај императорот, тоа се случило и кога комисијата за канонизирање, испитувајќи и проверувајки ги големиот број на чуда, кои се случиле по молитвеното застапништво на саровскиот чудотворец, одлучила да го внесат и од Бога посведочениот Серафим во месецословот на православните светители. Откако го прочитал предлогот, Царот извикал: ”Прославете го веднаш!”. Во август 1903. со сопругата и четирите ќерки – Олга, Татјана, Марија и Анастасија, учествувал во торжествената прослава. Заедно со останатите членови на царскиот дом и архиреите го носел кивотот на св. Серафим, исполнет со духовна радост, како некогаш Богоотецот Давид, кој играл пред Ковчегот на Заветот. Овде му го предале и писмото, кое свети Серафим го оставил за оној Цар кој ќе учествува во неговото прославување. Писмото содржело пророштво за иднината на Романови. Кога Николај II го прочитал, изгледал, како што тврдат

сведоците, ”блед, но одлучен”. Исто така, сите го памтеле ветувањето на дивјејевскиот горостас: ”Царот кој ќе ме прослави – и јас ќе го прославам”. По тие денови, Царицата Александра зачнала и го родила престолонаследникот, убавото и напредно дете, Алексеј, кој за жал, бил хемофиличар. Оваа страшна болест, која Николај II и неговата сопруга смирено ја поднесувале, го подготвувала малиот престолонаследник за скорешниот маченички крај, како што подоцна ќе се види.

Николај II секогаш се сеќавал на Христовите зборови, дека миротворството е – пат кон Богосиновство. На 18 мај 1899 г., на негово настојување, одржана е првата светска мировна конференција во Хаг; на таа конференција се

Page 57: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 57

регулирани многу правила во меѓународните односи, кои веќе поодамна биле заматени со воените закани на големите сили. Сепак, оваа заслуга на царот подоцна е заборавена, и тој е препуштен на милост и немилост на своите убијци, болшевиците. Иако воените врвови и политичари често му предлагале да завојува со ослабената и од Европа речиси протераната Турска империја, за да ја оствари древната цел на руската држава – освојување на Цариград и ставање крст на поџамиената црква Света Софија, тој тоа го одбил, избегнувајќи светска војна, во која таквата постапка неизоставно би водела. Тоа сепак не му пречело да им помага во напорите на Србија и Бугарија, кои во 1912 г. воделе борба за конечно ослободување на своите замји од османлиското ропство.

По поразот во војната со Јапонија 1904-1905 г., која, по зборовите на св. Јован Кронштатски, дошла поради отпаѓањето на Русија од заветот на верата, избувнала револуција во 1905 г. Многубројните банди кои на народот му ветувале рај на земјата, но рај без Бога и рај против Бога, ги растресле самите темели на Русија, пред сè, на монархијата како установа. Меѓутоа, од тоа искушение Русија се избавила. Таа влегла во нов период на духовен и стопански раст и обнова. Преседателот на владата Петар Столипин, способен и храбар човек, завел ред во Царството и почнал со големи аграрни реформи – поделба на земјата на селаните. Насекаде никнувале училишта и болници, пруги и патишта: многу странски набљудувачи тврделе дека наскоро Русија ќе постане водечка стопанска и политичка светска сила. Меѓутоа, вечниот противник на доброто, ѓаволот, ги поттикнувал непријателите на рускиот народ и во странство и во самата руска земја. Петар Столипин е убиен во киевската опера во 1911 г.; пред да издивне се помолил на Бога за Царот. За жал, по него повеќе немало толку способни политичари. Се ближел крајот на Руското царство. Сепак, во 1913 г. големиот црковно-народен собор му се заколнал на верност на Михаил Романов (првиот владетел од оваа лоза). Николај II и Александра насекаде биле пречекувани со воодушевување, кое Царот, окружен од властољубивото благородништво и западно насочените политичари, го уверувало дека народот е со него, најпрвин као помазаник Божји и сведок, дека Господ е Цар над царевите, Оној Кој владее, а земниот монарх, по мерка на својата вера, е само негов слуга.

Русија влегла во војна во 1914 г., за да ги заштити малите православни кралства Србија и Црна Гора, кои биле загрозени од двете моќни германски империи Австро-Унгарија и Германија. Иако Царот имал одлични врски со австрискиот и германскиот двор, а со кајзерот Вилхем бил и личен пријател, тој сметал дека негова должност е да ги заштити малите браќа, макар и по цена на големи лични губитоци. Иако многумина го предупредувале за недоволната спремност на

руската војска за борба, тој сметал дека Господ ќе им помогне на православните. Уште на почетокот на војната, неговата сопруга и нивните четири керќи, како милосрдни сестри, им помагале на ранетите војници по болниците; бидејки завршиле курсеви и ја стекнале потребната пракса, помагале и при најтешките операции. Иако била Германка, царицата Александра со сето свое срце се чуствувала како православна Русинка, Матушка на целиот многустрадален народ, а нејзините керќи во тие денови покажувале голема пожртвуваност и молитвеност.

Во 1917 г., искористувајки ја побуната во Петроград, група на предавници-политичари и генерали – го убедиле Царот Николај II дека целата Русија бара од него абдикација. За да ја избегне граѓанската војна, Царот се одрекол од престолот – прво во корист на синот Алексеј, а потоа и во корист на неговиот брат. Меѓутоа, на таканаречените февруарски револуционери, на чие чело стоел платеникот од запад Керенски, целта има била укинување на самата установа на монархијата. Царот, кој говорел дека е подготвен да се откаже не само од круната, туку и од својот живот, за доброто на својот народ, Новиот Израил, уапсен е со целото семејство и привремено е сместен во Царско Село. На денот на неговото одрекување од престолот, 4./17. март 1917 г., во селото Коломенско во близина на Москва се јавила чудутворната икона на Пресвета Богородица Државна, која во рацете ги носела знаците на царското достоинство – скиптар (жезол) и держава (топка која ја означува царската власт). Русите сфатиле дека сега Небесната Царица седнала на престолот на нивната земја, потоната во стихиите на револуционерниот ужас. Подоцна, акатист и молитва ѝ составил светиот Тихон Исповедник, Патријарх Московски. Оваа икона се сочувала и до денешен ден, и православните Христијани веруваат дека е тоа надежен знак за обнова на Русија под омофорот на Пречистата Богомајка.

Во заточеништво почнало страдањето на последните Романови. Керенски ја обвинил царицата Александра дека е германски шпион. И наспроти пристрасната истрага, се докажало дека царицата е потполно невина и дека е сосема одадена на својата нова Татковина. Тоа не им пречело на војниците – чувари на Романови, да го исмејуваат Царот, покажувајки му дека е сега ”обичен граѓанин”, кој има ”исти права како и другите”. Николај II останал кроток и смирен – на Велигден 1917 г., ги повикал стражарите заедно со него и неговото семејство да го прослават Празникот над празниците. Војниците тоа многу ги трогнало, и тие прифатиле.

Додека Царот бил во ропство, меѓу побожните Руси се ширеле пророштва за неговата скорешна маченичка смрт. Многумина се сеќавале на зборовите на светиот старец Авел, затворник, кој уште на Павле I Романов му прорекол што ќе се случи со неговата лоза. Овој старец Авел,

Page 58: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 58

последниот руски монарх го видел како жртва, која ќе биде принесена за очистување на рускиот народ. Во 1917 г. Митрополитот московски Макариј имал видение на Царот Николај II, кој од Господ Исус Христос ја прима и испива чашата на страдањата наменета за Русија, по што се слушнал глас: “Царот ја зема народната вина врз себе, и на Русите им е простено”. Четиринаесетгодишната послушничка од Ржишчевиот манастир Олга, таа иста 1917 г., четириесет дена и ноќи се наоѓала во состојба на одземеност (вкочанетост). За тоа време Господ ја удостоил со виденија, како на небеските обители, така и на адските маки на грешниците. Олга ги видела гонењата кои ги чекаат православните поради верата во Христа; исто така, имала можност да го види царот Николај кој седел на голема трпеза во Царството Божјо, на чие чело бил самиот Спасител. Сите овие виденија и откровенија им сведочеле на верните дека нивниот сенароден Баќушка наскоро ќе се земе од земјата и ќе се пресели во небеските обители.

Ленин стигнал во Русија во април 1917 г. Го испратиле Германците, опремувајќи го со пари и упатство за уривање на руската држава. Овој крвожеден злосторник, благодарејќи на предавничкото однесување на т.н. Привремена влада, во октомври 1917 г. извршил преврат, кој него и болшевиците ги устоличил на власт. Керенски побегнал од Русија оставајќи ги Романовите во рацете на комунистичките орди. Царското семејство е водено по најзафрлените краишта на Русија, само за да не биде ослободено. Во тоа време, “сојузничкиот” Запад му го свртел грбот на Николај II. Кајзер Вилхелм се обидел кај болшевиците да издејствува пуштање на Романовите на слобода, но кога царицата Александра слушнала дека Вилхелм го нуди тоа затоа што таа е – Германка, одлучно ја одбила неговата помош, говорејќи дека попрво би сакала да умре, отколку да се согласи за помош од непријателите на Русија, нејзината нова Татковина. По Тоболск, кадешто биле сместени извесно време, Царските Страстотерпци биле одведени во уралскиот град Екатеринбург. Нивното затвореништво било всушност вистинска светлина: се молеле на Бога, ги читале житијата на светиите, а особено на мачениците, и се подготвувале за

Небеското Царство. Особено царицата покажала пример на величенствено поднесување на страдања: многу се молела за Русија и за рускиот народ, во писмата ги храбрела своите маловерни пријатели и сведочела како во душата непрестајно чувствува пасхална радост. Најстарата ќерка, Олга, во едно од писмата ја пренела последната порака на кроткиот и благоверен руски император: “Мојот татко ме моли да им порачам на сите, кои му останаа верни, и на оние, на кои може да има влијание, да не се осветуваат за него, зашто тој на сите им простил и за сите се моли, а да не се осветуваат ниту за себе, туку да памтат дека ова зло, кое е сега присутно во светот, ќе биде уште посилно, но дека злото не може да биде победено со зло, туку само со љубов” ... Во белешките на Царските ќерки останала запишана песна под наслов “Молитва”, во која, помеѓу останатото, има и вакви стихови: “А кога и гробот веќе пред нас ќе се отвори, / натчовечка сила, од Тебе дадена, / од усните наши во висините / ќе моли кротко за џелатот...”. Особена трпеливост и смиреност покажал малолетниот цар Алексеј, кој со својата незлобивост и добрина ги трогнувал и суровите болшевици. Во една пригода ѝ рекол на мајка му: “Мајко, би сакал да умрам. Не се плашам од смртта, само се плашам што ќе ни направат овие”. Ова јагне е принесено, во име на сите православни Руси, на жртвеникот Божји – како жртва за гревовите на народот, потонат во темнината на безбожието, народот, кој речиси ништо не направил за да го заштити помазаникот Господов и неговото семејство.

На 1./14. јули 1918 г., по допуштение на

Page 59: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 59

Јуровски, командантот на болшевиците кои го чувале Царот, во домот на Ипатјев, кадешто Романовите биле сместени, дошол свештеникот Јован Сторожев со ѓакон, за да отслужат Света Литургија. Бидејќи протоерејот и порано доаѓал, забележал некоја чудна промена кај Царското Семејство: оние, кои заедно пееле за време на богослужението, сега молчеле. А кога, наместо да ја прочитаат молитвата “Со светиите упокој ги...”, свештеникот и ѓаконот, ни самите не знаејќи зошто, истата ја запеале, со запрепастување востановиле дека Царот и неговите домашни клекнале и дека на колена, со длабоко умиление, се молат. Дури подоцна, кога слушнал за убиството, отец Јован сфатил: Романовите ЗНАЕЛЕ дека оваа молитва се пее за нив.

По директна наредба на Ленин и Свердлов, во ноќта на 4./17. јули, стрелано е целото Царско Семејство: Николај II Романов, неговата сопруга Александра, малиот цар Алексеј, царевите ќерки: Олга, Татјана, Марија и Анастасија, како и слугите кои му останале верни на помазаникот Господов до смртта: лекарот Боткин, собарката Демидова, лакејот Труп и послужникот Харитонов. Стрелањето го извршиле странци – Јуровски, и самиот не-Рус, уште претходно на сите Руси им го одземал оружјето или ги испратил на други должности. Болшевиците пукале од револвери, немилосрдно. Големата кнегиња Анастасија била само ранета. Неа ѕверски ја убиле со бајонети. Кога оваа крвава гозба се завршила, телата се спалени и фрлени во Ганинската јама, а потоа на нив е истурена вар, за да се скријат траговите од злосторството. Убијците им ја јавиле новоста на Ленин и Свердлов. Болшевиците подоцна соопштиле дека, поради “контрареволуционерна дејност”, е убиен само Царот

Николај II, но вистината бргу се прочула.Кога трупите на белите, кои се бореле против

болшевичките орди, влегле во Екатеринбург и го ослободиле, траговите на злосторството биле уште свежи. Во приземјето на домот на Ипатјев, во собата во која убиството е извршено, најдени се црномагијски симболи испишани со царска крв, кои укажувале на фактот дека убиството имало ритуален карактер – обезглавување на Русија како православно Царство, последно во светот. Исто така, не било ни малку случајно, што Романовите се стрелани во куќата на извесен Ипатјев: во 1613 г. рускиот народ, преку своите најдобри црковни и општествени достоинственици, се заколнал на верност на лозата Романови токму во Ипатијевиот манастир. Што се однесува до Екатеринбург, тој го добил името по наредбодавецот на убиството – Свердловск. Трагот на злосторот на нечовештвото смрди и до денешен ден. Оној кој ја урнал куќата во која е убиен последниот руски Цар, затоа што станала поклоничко место кадешто се собирале православните од сите страни на Русија, се викал Борис Елцин. Уривањето го извршил како шеф на уралскиот обласен комитет на КП СССР во 1977 година.

Што се однесува до убијците, тие казната ја доживеале уште на земјата. Свердлов е отруен шест месеци по убиството на Романови, а Јуровски, по наредба на Сталин, го ликвидирала ЧЕКА во 1926 г. Слично минале и останатите учесници на злосторството, како и Ленин, кој умрел во маки на сифилистичко лудило.

Поради голема побожност и честитост, како и поради христијански поднесената жртва за доброто на рускиот народ, Руската Задгранична

Page 60: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 60

Црква ги канонизирала Царските Страстотерпци во 1981 година. Во самата Русија, тие како локал-но почитувани светители, се канонизирани на територијата на две епархии од Московската патријаршија, од кои една е Екатеринбуршката. Во народот, пак, почитувањето на Царот Николај и неговото семејство е исклучително големо, и православните се молат на Светите Царски Новомаченици да ги застапуваат пред Престолот Божји. Од чудата кои се случиле по нивното молитвено застапништво ќе наведеме само неколку.

Матео Грантакос Вендерел, 48-годишен Шпанец од Барселона, неколку години тешко страдал од болки во пределот на бубрезите. Сите испитувања покажувале дека е здрав, и лекарите го убедувале дека си умислува. Една ноќ, кога болките станале неиздржливи, тој, на граница на очајанието, почнал да му се моли на Царот-Маченик да го застапува пред Господа. Иако уште не бил православен, Матео во својот дом ја имал иконата на Царот, го знаел неговиот живот и го почитувал. Таа ноќ му било полесно, а утредента, на новиот преглед, откриено е дека е навистина болен, и дека има камен во бубрегот, кој дотогаш лекарите не биле во состојба да го најдат. Во текот на наредниот месец Матео му се молел на Царот и камен бил излачен без било каква хируршка интервенција. По овој настан, Матео преминал во Православие.

На крај, пропелтечувајќи ги овие неколку зборови за животот и подвизите на благоверниот руски цар Николај II Романов, да Му заблагодариме на Господа, Царот над царевите, Кој со Својот Крст нѐ научи дека Царството Негово, Царството на вечната љубов и правда, се задобива со жртва. Амин.

Чуда на царските маченици

По кажување на оптинскиот старец јеросхимонах Јосиф (Литовкин +09. 05. 1911 г.) на Сергеј Нилус 16 март 1909 г.

“И срцето царево и престолот негов и самиот живот негов се е во Божји раце. И може ли по оваа Руска светиња да посегне каква и да е човечка ништожност, како и да се нарекува, ако само нашите гревови не ја преполнија чашата нa гневот Божји? А еве што ќе ти кажам за тоа дека таа чаша сè уште не е преполнета: “предминатата година кај мене дојде еден млад човек и се каеше за тоа што кај револуционерите токму тој го извлекол жребот да го убие нашиот цар.”

Ми кажа: - “Бевме целосно подготвени за тоа. И ми беше отворен пристапот до самиот цар.

Остана една ноќ до атентатот. Цела ноќ нe спиев и бев вознемирен, а пред утрото едвај, малку, потонав во сон... И гледам... Пред мене стои царот.Се фрлам кон него за да го погодам... И одеднаш, пред мене, како гром од небо, стои со огнен меч самиот Архангел Михаил. Паднав ничкум пред него, во смртен страв... Се разбудив од ужас и со првиот воз избегав од Петроград и еве сега се кријам од одмазда на соучесниците. Тие – ми вели – ќе ме најдат, но за мене е подобра илјада пати најсурова смрт, отколку самото видение на страшниот архистратиг и вечното проклетство поради Божјиот Помазаник....

Чудесното исцеление на болниот.Кажување на Марина Михаелова Владимировна

Дедо ми учествуваше во војната од 1914 г. и го имаше видено царот, а другиот мој дедо, од страната на мајка ми, обичен селанец, кога разбра дека е стрелан царот, заплаче, говорејќи: - “Oстанавме без татко.”

Мојот син уште од детството боледуваше од Бехтерјов и срцето ме болеше за него. И еднаш сонив сон…

- Седи царот Николај на стол со лицето свртен кон мене. Го препознав од слика што ја имам видено кај нас дома. Го здогледав, се израдував и му велам: - Цару Николај, јас Ве спомнувам.

Тој молчи, не гледа на мојата страна, но гле-дам дека изразот на неговото лице не е строг. Се приближив зад десното рамо и му велам: – Цару Николај, ќе оздрави ли мојот Валериј?

Тој молчи. Се приближив уште малку и повтор-но го прашав: – Ќе оздрави ли Валериј?

-Ќе оздрави – нежно одговори и сонот заврши.Така и се случи.

Ненадејно мојот син се разболе од менингитис. На носила беше изнесен од дома со брза помош, две недели лежеше во болница на инфузија. Лекарскиот конзилиум донесе пресуда: - нема да му се промени состојбата или ќе остане ретардиран. Дење и ноќе не го испуштав Псалтирот од рацe, покрај неговата постела. И еден ден сето тоа исчезна, стана и почна да зборува нормално.Лекарот беше запрепастен – чудо.

Сè заврши така што болницата беше осветена.

Превод: Братството

на Манастирот “Св. Гаврил Лесновски”

Page 61: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 61

Посета на деца со посебни потреби

Во прекрасниот дел на градот Крушево сепак постои некој кој очекува барем едена прегратка, барем една насмевка. Дечињата со посебни потреби кои живеат во семејства, а исто така и во дневните центри при овој град, беа повод за децата од Штип кои посетуваат веронаука во соборниот храм Св. Николај да ја остварат оваа посета со цел да им помогнат со дарување облека и барем малку да им ја ублажат болката на оние семјества и да им ја влеат утехата и надежта во Бога. Токму и според зборовите на св. ап. Павле и нашата вера треба да ја спроведиме во дела, особено сега кога сме во време на пост и кога треба постојано да мислиме на нашите блиски, давајќи милостина... Оваа посета е почеток на дело кое и понатаму ќе продолжи. На Божик ќе им помогнеме и на дечињата во дневниот центар во Штип.

Од она што го видов и почувствував ќе започнам со eвангелските зборови: „Никој не става запалена светилка во скриено катче или под вршник, туку на свеќник - за да ја видат светлината оние кои влегуваат (Лк. 11:33).“

Големо е срцето Божјо, тоа зрачи светлина, ни дарува милост, ни дарува топлина. Сигурни и заштитени сме под Божјите пазуви. Чекориме бидејќи секој наш чекор има некоја смисла, постоиме бидејќи Бог ни создал, љубиме бидејќи Бог ни создал да љубиме и даруваме љубов. Голем е Бог, само еден е Бог. Споете ги дланките и молете се во вашите срца да владее чистота, љубов, исполнетост, хуманост.

Хуманост? Да, тоа е можеби и најсилната човекова особина. Подај рака... Помогни, ќе бидеш награден. Нема ништо послатко од тоа да помогнеш некому, да направиш добро дело, дело кое нам би ни ја исполнило душата, дело кое би му дало радост и сјај во очите на оној на кого сме му подале рака, макар мала прегратка но искрена, макар еден збор но збор кој допира до нечија, а произлегува длабоко од нашата душа.

Како што Исус минувајќи по крвав и трнлив пат се трудел да му покаже на народот дека постои Бог, така и ние можеме затворајќи ги очите барем на момент да помислиме на тешкотиите на луѓето, да помислиме дека она што можеме да го направиме е далеку неспоредливо со Неговото... Но сепак, можеме ако сакаме. За да сакаме треба да имаме вера во Бога и волја, само таа ќе ни истурка напред да го направиме чекорот, да направиме хуманост, она човечкото да излезе од нас, да се пробие низ оние мрачни агли кои за жал понекогаш егзистираат внатре во нас. А зарем има нешто позначајно од тоа, постојано да им подаваш рака и да ги заштитиш „тие најмалите“ - како што Христос ги нарекува најмилите, најчистите душички – дечињата.

Бог ни дарил мир да можеме да го споделиме тој мир со секого, ни дарил љубов да ги љубиме сите, ни дарувал средство да помагаме: Молитвата – која е најголемото оружје на секој човек.

Подготви: студент Ирена Србиновска

(ученик по веронаука при соборниот храм Св.Николај, во Штип)

Page 62: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 62

Ракополагање во свештенички чин во Кочани

На 09. 12. 2009 година, преп. Алимпиј Столпник; св. вмч. Георгиј (посен); св. Стилијан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво, отслужи света архиерејска литургија во храмот Св. вмч. Георгиј во Кочани.

На Светата Литургија Митрополитот г. Иларион го ракоположи парохискиот ѓакон Лазар Коцев од Кочани во свештенички чин, што по заклетвата, Митрополитот г. Иларион одржа поучна беседа за големиот позив на свештеникот и му укажа на новоракоположениот што добива и што прима, како треба свештеникот да се грижи за довереното му патство, како треба да го пази и чува своето стадо за што треба да одговара на Страшниот Суд Христов за себе и за своите доверени чеда.

На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодно празнично слово и откако го причести многубројниот православен народ Митрополитот Брегалнички г. Иларион го благослови и пресече славскиот колач.

Подготви: протоѓакон Саше Ристов

Page 63: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 63

Во Свети Николе е осветен спомениксо ликот на свети Николај Чудотворец

На 14. 09. 2009 година, по покана на Градоначалникот на Општина Свети Николе г. Роберт Ѓоргиев, Неговото Висо-копреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, присуствуваше на прославата по повод 65 години од Осло-бодувањето на Градот Свети Николе. Прво беше пречекан и примен од Градоначалникот на Општина Свети Николе заедно со претходните Градоначалници на Општината Свети Николе, а потоа присуствуваше на Свечената Седница по повод прославата на која беа присутни и градоначалници од околните Општини како и градоначалници од Р. Србија и од Р. Бугарија и пратеникот во Собранието на Р. Македонија г. Влатко Ѓорчев.

По Свечената Стедница, а во рамките на прославата, Митрополитот г. Иларион ја пушти во употреба канцеларија-та за едношалтерски систем при зградата на Општината.

Потоа Митрополитот г. Иларион, во сослужение на све-штениците од Свети Николе, го освети споменикот со ликот на свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликијски. Притоа одржа и пригодна беседа.

Споменикот е донација од Приватната Високообразовна Установа - Меѓународен Славјански Институт „Г.Р. Державин” во Свети Николе, поставен е во центарот на Свети Николе, изработен е од бродски полиестер, висок е 3 м, а негов автор е г-дин Русе Андоновски, академски сликар од Куманово.

Page 64: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 64

Осветен манастирот “Вознесение Христово” во с. Драгобраште

Новоизградениот манастир, изграден во чест на Вознесението на нашиот Господ Бог и Спасител Исус Христос се наоѓа на тромеѓието на атарот на селата Пеклани, Блатец и Драгобраште – виничко, поточно на самата раскрсница за селата Пеклани и Драгобраште, на м.в. “Свети Спас”. Според преданието местото го добило името поради манастирот кој од многу поодамна постоел.

Во 1948 година, на истото место бил изграден мал манастир на темели од стариот манастир. Манастирот бил катагодина масовно посетуван од месното население и пошироко. По предлог на парохискиот свештеник и на црковните настојатели, месното население подоцна превзема активности за изградба на нов манастир.

По неколкугодишните подготовки, на 12. 10. 1996 година, од страна на тогашниот надлежен архиереј Митрополитот Брегалнички г. Стефан, беше поставен камен темелник за изградба на манастирот и истиот е изграден со средства донирани од страна на Општината, фирми, поединци и од месното население, кое во најголем дел учествуваше со доброволна работна рака. Иконостасот е изработен од г. Пано Трајчев од с. Јакимово – виничко, а е донација од г. Стојан Иванов од Скопје, а фрескоживописот и иконите на иконостасот се изработени од академскиот сликар г. Венко Цветков од Скопје.

На 13. 09. 2009 Лето Господово се изврши чинот осветување на новоизградениот манастир. Осветувањето го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештенослужители од Кочанското архиерејско намесништво, а во присуство на многуброен народ.

По осветувањето беше отслужена света архиерејска литургија, по која Митрополитот Иларион одржа пригодно слово, при што се заблагодари на сите кои што се вградија во овој свет храм и упати порака кон сите верници за изградба на свој домашен и во себе храм.

подготви: јереј Горан Ангелов

Page 65: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 65

Нов манастир на Осоговските планини

Вистинската вера секогаш се докажува со добри дела. За тоа сведочат црквите и манастирите кои постојано се градат низ нашите села и градови, каде непрестајно се слави името на Вечниот Бог, бидејќи тие претставуваат парче од Небото на земјата, односно слика на Царството Божјо на земјата.

За таква вера стануваше збор кај стопанственици од градот Кочани и тоа: Славе Јорданов, Љупчо Стојанов, Ратко Димитровски, Васил Гошевски, Владо Богоев, Миле Јовановски, Јован Петровски, Васил Манасиев, Коста Костов, Методи Филипов, Ангел Ангеловски и Атанас Веселинов, по чија иницијатива, а со благослов на тогашниот надлежен архиереј на Брегалничката епархија – г. Агатангел, на 13. 01. 2002 година, беше осветен и поставен камен темелникот за изградба на манастир посветен на Свети Василиј Велики во месноста “Пониква” – кочанско.

Манастирот е изграден со средства на горенаведените стопанственици, кои всушност го составуваа и Иницијативниот одбор за изградба на манастирот и со средства од други организации и поединци.

По неколкугодишното несебично и самопрегорно залагање на Иницијативниот одбор, на 30. 08. 2009 година, се изврши чинот осветување на новоизградената манастирска црква. Осветувањето, по покана од надлежниот епархиски архиереј, го изврши Поглаварот на Македонската Православна Црква, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, со надлежниот Епархиски архиереј и Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на игуменот на Лесновскиот манастир - отец Дамаскин и повеќе свештенослужители од Брегалничката епархија.

По осветувањето беше отслужена света архиерејска литургија на која Митрополитот Повардарски г. Агатангел одржа пригодна беседа на која им се заблагодари на ктиторите и помагачите на овој свет манастир, упатувајќи молитва пред Бога уште многу вакви велелепни зданија да бидат изградени во Македонската Православна Црква.

Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г.Стефан во Неговото архипастирско слово зборуваше за значењето на храмовите Божји, при што нагласи дека Црквата всушност е народот Божји, кој живее вистински литургиски живот.

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион им се заблагодари на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и на Неговото Високопреосвештенство митрополитот Повардарски г. Агатангел што со нивното присуство ја зголемија оваа свеченост, при што подели пофалници и благодарници на сите оние што помогнаа за изградба на оваа света обител. На крајот од ктиторите беше приредена свечена трпеза на љубовта за сите верници.

Манастирот “Свети Василиј Велики” е граден по ревидиран проект од Институтот за земјотрес и инженерство Скопје. Иконостасот е во резба изработен од копаничарот Слободан Димитровски од Пробиштип. Иконите на иконостасот се дело на академскиот сликар Синиша Качавелски од Куманово, а фрескоживописот во куполата и олтарскиот дел е изработен од академскиот сликар Славе Петковски од Битола.

Манастирот “Свети Василиј Велики” се наоѓа на Осоговските планини на 1640 метри надморска височина и е лоциран во непосредна близина на ски центарот и на детското одморалиште. Манастирот со околината претставува мирна рајска убавина на ова наше парче македонска земја, со ретки и од Бога дарувани природни убавини во секој период од годината и претставува место за духовен мир и вистинска рекреација, каде што може да се почувствува присуството Божјо.

Се надеваме дека оваа света обител, посветена на Епископот Кесариски, со благослов и заложба на Митрополитот Брегалнички г. Иларион, по примерот на многу други светилишта во осоговијата, ќе стане голем духовен расадник каде што голем број на монаси ќе упатуваат молитви пред престолот на Севишниот Бог за спасение на целиот човечки род.

подготвил: теолог Александар Атанасов

Page 66: Троичник 26, декември 2009

• • • TROI^NIK • • • 66

Архиерјска служба на празникот Успение на Пресвета Богородица, во Македонска Каменица и поставување камен темелник за камбанарија

На 28. 08. 2009 година - Успение на Пресвета Богородица - Голема Богородица, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан заедно со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, а во сослужение Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот посветен на Успението на Пресвета Богородица во Македонска Каменица. На крајот од Светата Литургија Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан одржа пригодна беседа по што Надлежниот Митрополит г. Иларион Му се заблагодари за отслужената Света Архиерјска Литургија и Неговото присуство во Богомдарованата епархија, односно во М. Каменица.

По ова Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и Митрополитот Брегалнички г. Иларион присуствуваа на Свечената Седница во Општината на Македонска Каменица одржана во чест на тројниот празник т.е. храмовата слава, празникот на рударите и празникот на Градот при што ги поздрави Градоначалникот на Општина Каменица г. Дарко Митевски и Заменик Министерот за Економија г. Методија Хаџи-Васков.

По Свечената Седница Поглаварот на МПЦ г. г. Стефан и Митрополитот г. Иларион, а во присуство на Претседателот на Р. Македонија г. Ѓорѓе Иванов, освети и постави камен-темелник за изградба на камбанарија при Градскиот храм посветен на Успението на Пресвета Богородица. После камен-темелникот Поглаварот на МПЦ г. г. Стефан, Митрополитот г. Иларион и Претседателот на Р. Македонија г. Ѓорѓе Иванов го посетија Културнот Дом КИЦ Романса при М. Каменица.

подготви: протоѓакон Саше Ристов

Page 67: Троичник 26, декември 2009