11
ТЕМАТСКО – ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ Училиште . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . ОУ ,,Никола Карев,, - Кочани Наставен предмет . . . . . . . . . . . . . . . .Природни науки и техника Одд. VI Учебна . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .2012 / 2013 година Наставник . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . Сашко Стефановски Време на реализација . . . . . . . . . . . . . .од 04.10.2012г. до 16.11.2012г. Тема бр. 2: ЗЕМЈАТА Е ДИНАМИЧЕН СИСТЕМ Ред.бро ј СТРУКТУРА НА ТЕМАТА ВРЕМЕ НА РЕАЛИЗАЦИЈА месец недел а ча с 1 Земјини сфери X 1 3 2 Повторување за земјините сфери -/- 2 1 3 Внатрешни и надворешни промени на Земјата -/- 2 2 4 Земјотреси -/- 2 3 5 Цунами -/- 3 1 6 Повторување за земјотреси и цунами -/- 3 2 7 Вулкани -/- 3 3 8 Повторување за вулкани -/- 4 1 9 Движења на морската вода – бранови и бури -/- 4 2 10 Плима и осека -/- 4 3 11 Повторување (вежба ) за движењата на морската вода XI 1 1 12 Врнежи и нивна географска разместеност -/- 1 2 13 Повторување за врнежите и нивната -/- 1 3

Природни науки и техника. Тематско 2

Embed Size (px)

Citation preview

ТЕМАТСКО – ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ

Училиште . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .ОУ ,,Никола Карев,, - Кочани

Наставен предмет . . . . . . . . . . . . . . . .Природни науки и техника Одд. VI

Учебна . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .2012 / 2013 година

Наставник . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . Сашко Стефановски

Време на реализација . . . . . . . . . . . . . .од 04.10.2012г. до 16.11.2012г.

Тема бр. 2: ЗЕМЈАТА Е ДИНАМИЧЕН СИСТЕМ

Ред.бројСТРУКТУРА НА ТЕМАТА

ВРЕМЕ НА РЕАЛИЗАЦИЈА

месец недела час 1 Земјини сфери X 1 3

2 Повторување за земјините сфери -/- 2 1

3 Внатрешни и надворешни промени на Земјата

-/- 2 2

4 Земјотреси -/- 2 3 5 Цунами -/- 3 1 6 Повторување за земјотреси и цунами -/- 3 2 7 Вулкани -/- 3 3 8 Повторување за вулкани -/- 4 1 9 Движења на морската вода – бранови и

бури-/- 4 2

10 Плима и осека -/- 4 3 11 Повторување (вежба ) за движењата на

морската водаXI 1 1

12 Врнежи и нивна географска разместеност -/- 1 2 13 Повторување за врнежите и нивната

разместеност-/- 1 3

14 Ерозија на земјиштето -/- 2 1 15 Видови карпи -/- 2 2 16 Видови почви и нивното стопанско

значење-/- 2 3

17 Повторување за: ерозија, видови карпи и почви

-/- 3 1

18 Систематизација на постигањата за тема -/- 3 2

Час 1. Земјини сфери Цели (ученикот/ученичката):

- учениците да се стекнат со знаење за составот и градбата на обвивките на Земјата;- да умеат да го објаснуваат начинот на постанок на земјините сфери;- да дискутираат за значењето на земјините сфери;- да знаат да проценат каде води неодговорното однесување на човекот кон трите

основни елементи на Земјата.

Наставни средства и помагала

- Учебник, компјутер, електронски апликации, глобус, географска карта, слајдови, слики.

Активности- Учениците и наставникот интерактивно дискутират за постанокот на Земјата и нејзините сфери.- Наставникот ги запознава учениците со начиннот на постанок како и со значењето на сите обвивки на Земјата.- Користејќи фотографии од енциклопедии и атласи учениците и визуелно се запознаваат со составот на земјините сфери.- На училишната табла, наставникот шематски ги прикажува слоевите на атмосферата и за истите се дискутира.

Проверка, примена на знаењето и оценување

- Со помош на фотографии од енциклопедијата ,,Визуелен речник на Земјата,, учениците со скици во своите блокчиња ги прикажуваат слоевите на атмосферата.

- Наставникот преку дискусија со учениците дознава за нивните знаења во врска со проблемот на недостаток на квалитетна вода за пиење и проблемот со озонската дупка.

Час 2. Повторување за земјините сфери

Цели (ученикот/ученичката):

- да има веќе стекнато основни знаења за земјините сфери.;- да умее со свој зборови да го опишува нивниот постанок;- да има престава за дебелината на земината кора и земјиното јадро;- да умее да ги разликува сите слоеви во составот на Земјата.

Наставни средства и помагалаУчебник, компјутер, енциклопедија, атлас, пластелин, конец.

Активности- Учениците и наставникот интерактивно дискутират за земјините сфери.- Наставникот ги запознава учениците со нивната задача, да изработат макета на Земјата со сите нејзини слоеви.- Учениците изработуваат макета на Земјата од пластелин.- Наставникот пред учениците си помош на конец ги расечува макетите со цел да се видат слоевите на земјината внатрешност.- Интерактивно се дискутира за начинот на работа и за квалитетот на макетите.- Учениците се фотографираат со своите продукти.Проверка, примена на знаењето и оценување- Преку пресекот на макетите се согледува дали учениците научиле за слоевите на Земјата.

- Преку прашања, наставникот проверува дали има ученици кои сакаат да дознаат нешто повеќе за таа тема. Истовремено им препорачува на учениците да ја посетат веб страната www.gevi.webs.com

Час 3. Внатрешни и надворешни промени на Земјата

Цели (ученикот/ученичката):

- да знае да ги наброи најважните внатрешни и надворешни промени на Земјата;- да знае која промена во која земјина сфера се случува;- да умее да ги објасни природните појави кои настануваат како последица на тие промени;- да знае да ги објасни силите кои ги предизвикуваат промените на Земјата;

Наставни средства и помагалаУчебник, компјутер, лцд проектор, атлас, енциклопедии ,,Необичните сили на природата,, и ,,Визуелен речник на Земјата,,.

Активности- Интерактивна дискусија на наставникот со учениците за постанокот на Земјата и нејзините сфери; - Преку примери што ги дава наставникот, учениците треба да дознаат како и зошто доаѓа до внатрешни и надворешни промени на Земјата;- Наставникот и учениците разгледуваат интересни фотографии од енциклопедиите на кои се гледаат последици од промените.

Час 4. Земјотреси

Цели (ученикот/ученичката):

- да ги знае причините за појава на земјотресите и истите да ги објанува;- да ги знае составните елементи на земјотресите;- да знае во кои делови на светот има најмногу земјотреси;- да знае за регистрирањето и мерењето на јачината на земјотресите;- да дискутира за мерките кои треба да се превземат во случај на земјотрес.

Наставни средства и помагалаУчебник, компјутер, лцд проектор, атлас, енциклопедии ,,Необичните сили на природата,, и ,,Визуелен речник на Земјата,,.

Активности- Интерактивна дискусија на наставникот со учениците за постанокот на земјината кора.- Наставникот интерактивно објаснува за настанокот на земјотресите и нивните главни елементи.- Со помош на цртежи или слајдови наставникот покажува до кои последици може да дојде од земјотресите;- Учениците на географската карта на светот ги лоцираат трусните подрачја;- Учениците читаат текст од енциклопедија за мерките што треба да се превземат во случај на земотрес;- Се дискутира за Скопскиот земјотрес од 1963 година.

Проверка, примена на знаењето и оценување - Учениците цртаат скица на земјотрес на кои ги прикажуваат главнити елементи на земјотресот; - Дискусија за причините за постанок на земјотресите и нивното регистрирање; - Симулација на однесување во случај на земјотрес;

- Преку прашања, наставникот проверува дали има ученици кои сакаат да дознаат нешто повеќе за таа тема. Истовремено им препорачува на учениците да ја посетат веб страната www.gevi.webs.com

Час 5. Цунами Цели (ученикот/ученичката):

- да ги знае причините за појава на брановите цунами;- да знае во кои делови на светот има најмногу цунами;- да дискутира за последиците и можноста за преживување.

Наставни средства и помагалаУчебник, компјутер, лцд проектор, атлас, енциклопедии ,,Необичните сили на природата,, и ,,Визуелен речник на Земјата,,.

Активности- Интерактивна дискусија на наставникот со учениците за постанокот на земјината кора.- Наставникот интерактивно објаснува за настанокот на брановите цунами- Со помош на цртежи или слајдови наставникот покажува до кои последици може да дојде од цунами брановите;- Учениците на географската карта на светот ги лоцираат подрачјата каде најмногу се јавуваат овие бранови;

Проверка, примена на знаењето и оценување - Дискусија за причините за постанок на брановите цунами; - Преку прашања, наставникот проверува дали има ученици кои сакаат да дознаат нешто повеќе за таа тема. Истовремено им препорачува на учениците да ја посетат веб страната www.gevi.webs.com

Час 7. Вулкани

Цели (ученикот/ученичката):

- да ги знае причините за појава на вулканите и истите да ги објанува;- да ги знае составните елементи на вулканите;- да знае во кои делови на светот има најмногу вулкани;- да знае за изгаснатите вулкани и поствулкански појави во Р.Македонија;- да дискутира за штетните, но и корисните последици од вулканските ерупции.

Наставни средства и помагалаУчебник, компјутер, лцд проектор, атлас, енциклопедии ,,Необичните сили на природата,, и ,,Визуелен речник на Земјата,,.

Активности- Интерактивна дискусија на наставникот со учениците за постанокот на земјината кора.- Наставникот интерактивно објаснува за настанокот на вулканите и нивните главни елементи.- Со помош на цртежи или слајдови наставникот покажува до кои последици може да дојде од вулканите;- Учениците на географската карта на светот ги лоцираат вулканските подрачја;- Учениците читаат текст од енциклопедија за најсилните вулкански ерупции во историјата;- Се дискутира за вулканските области во Р.Македонија.

Проверка, примена на знаењето и оценување - Учениците цртаат скица на вулкан на кои ги прикажуваат неговите главни елементи; - Дискусија за причините за постанок на вулканите; - Преку прашања, наставникот проверува дали има ученици кои сакаат да дознаат нешто повеќе за таа тема. Час 8. Изработка макета на вулкан

Цели (ученикот/ученичката):

- да има веќе стекнато основни знаења за земјините сфери.;- да умее да ги опише деловите на вулканот;- да има престава за формата на вулканската купа;- да се зајакнат психомоторните способности кај учениците.- со експериментот за ерупција се постигнува и афективен домен во учењето.

Наставни средства и помагалаУчебник, енциклопедија, атлас, пластелин, стаклена тегла, топчиња за пинг понг, ќибрити, ментол бонбони, кока кола, ножички, леплива лента.

Активности- Наставникот ги дава потребните упатства за работа.- Учениците се делат во 2 групи.- Секој член во групата добива одредена задача.- Најнапред се прави конус од картонска хартија која потоа се обложува со пластелин.- Едната група ќе симулира ерупција со помош на димната бомба што ќе ја изработи од материјалот од топчињата за пинг понг, а другата со помош на ментол бонбоните и сокот Кока Кола..- Се излегува надвор од училницата и се експериментира.- Учениците се фотографираат со своите продукти и сите фотографии и видео материјали се објавуваат на www.gevi.webs.com

Проверка, примена на знаењето и оценување- Преку прашања, наставникот проверува дали има ученици кои сакаат да дознаат нешто повеќе за таа тема. Истовремено се дискутира за причините за (не)успешноста на експериментот.

Движења на морската вода:

Час 9. Бранови и бури; Час 10. Плима и осека

Цели (ученикот/ученичката):- да стекне основни знаења за движењата на морската вода; - да умее да ги препознава појавите на плима и осека;- да го објаснува значењето на Месечината за појавата на плима и осека;- да дискутира за појавата на бури и последиците од нив;- да се поттикнат учениците на размислување за искористување на движењето на морската вода како алтернативен извор на енергија;

Наставни средства и помагалаУчебник, енциклопедии ,,Необичните сили на природата,, и ,,Визуелен речник на Земјата,,.,компјутер, лцд проектор, слики и др.

Активности- Наставникот преку кратки прашања ги поттикнува учениците на дискусија, а истовремено ги проверува нивните претходни знаења за овие природни појави.- Со помош на скици и цртежи наставникот ја објаснува појавата на плима и осека;- Учениците даваат примери за значењето на овие природни појави за водениот сообраќај.

Проверка, примена на знаењето и оценување- Наставникот реализира проверка на постигањата на учениците усно, писмено или преку ИКТ.- Како би можеле да се искористат овие природни појави во полза на човекот.

Час 12. Врнежи и нивна географска разместеност

Цели (ученикот/ученичката):- да стекне основни знаења за видовите врнежи; - да знае за географската разместеност на врнежите во светот;- да го објаснува постанокот на врнежите;- да ја разбере причинско-последичната врска помеѓу врнежите и нивната географска разместеност;- да го разбере значењето на врнежите врз целокупниот живот на луѓето;

Наставни средства и помагалаУчебник, енциклопедии ,,Необичните сили на природата,, и ,,Визуелен речник на Земјата,,.,компјутер, лцд проектор, слики и др.

Активности- Интерактивна дискусија на наставникот со учениците за видовите врнежи.- Наставникот интерактивно објаснува за настанокот на врнежите и нивната географска разместеност.- Со помош на фотографии или слајдови наставникот им ги покажува на учениците различни годишни времиња и различи предели на Земјата со цел да ги видат сите видови на врнежи.- Се дискутира за врнежите во родниот крај и нивното значење за луѓето.

Проверка, примена на знаењето и оценување- Наставникот реализира проверка на постигањата на учениците усно, писмено или преку ИКТ.- Наставникот покажува фотографии од различни видови на врнежи а учениците откриваат за кои врнежи се работи.- Се дискутира за поврзаноста на врнежите со растителниот свет.

Час 14. Ерозија на земјиштето

Цели (ученикот/ученичката):- да стекне основни знаења за поимот ерозија; - да умее да ги идентификува причините за оваа природна појава, како и последиците врз живеењето на луѓето;- да знае мерки за заштита од ерозија.

Наставни средства и помагалаУчебник, енциклопедии ,,Необичните сили на природата,, и ,,Визуелен речник на Земјата,,.,компјутер, лцд проектор, слики и др.

Активности- Интерактивна дискусија на наставникот со учениците за поврзаноста на врнежите со ерозијата.- Наставникот интерактивно објаснува за појавата на ерозијата и влијанието врз животот на луѓето.- Со помош на фотографии или слајдови наставникот им ги покажува на учениците предели зафатени со ерозија.- Се дискутира за мерките што треба да се превземат за заштита од оваа деструктивна појава..

Проверка, примена на знаењето и оценување- Наставникот реализира проверка на постигањата на учениците усно, писмено или преку ИКТ.- Наставникот покажува фотографии од различни видови на ерозија и проверува дали учениците можат да ги откријат причините.Час 15. Видови карпи Час 16. Видови почви и нивното стопанско значење

Цели (ученикот/ученичката):- да стекне основни знаења за видовите карпи и видовите почви како и за начинот на постанок на истите; - да умее да ги препознава карпите и почвите според постанокот и да го знае нивното значење и примена;- да знае кои видови се најмногу застапени во родниот крај и како тоа се одразува врз стопанството.

Наставни средства и помагалаУчебник, енциклопедии ,,Необичните сили на природата,, и ,,Визуелен речник на Земјата,, геолошка збирка, слики и др.

Активности- Наставникот ги проверува претходните знаења на учениците за поимите карпа и почва.- Со помош на цртежи или слајдови наставникот им го покажува на учениците начинот на кои настануваат карпите и почвите.- Се дискутира за типовите карпи и почви што се застапени во нашата земја.- Преку интерактивна дискусија се доаѓа до сознанија за стопанското значење на карпите и почвите.

Проверка, примена на знаењето и оценување- Наставникот им покажува на учениците различни видови карпи од геолошката збирка, а тие ги класираат според постанокот.- Наставникот реализира проверка на постигањата на учениците усно, писмено или преку ИКТ.

Часови за вежби и повторување (6, 11, 13 и 17)

Активности и методи:

- Опишување на деловите на земјотресот и начинот на мерење;- Лоцирање на географската карта на пределите во кои најчесто има земјотреси;- Дискусија за мерките што треба да се превземат во случај на земјотрес;- Читање на текст за земјотресот во Скопје од 1963 година;- Разгледување на фотографии и видео материјал за најсилните земјотреси;- Проверка на знаењата за видовите движење на морската вода и нивниот

постанок;- Видео демонстрација за привлечната сила на Месечината, која е главната

причина појавата на плима и осека;- Дискусија за можноста за искористување на овие природни сили во полза на

човекот;- Дискусија за видовите врнежи и начинот на постанок;

- Посета на училишната метеоролошка станица со цел да се запознаат учениците со инструментите за мерење на количеството врнежи;

- Видео презентација за поврзаноста на врнежите со растителниот свет;- Разгледување на геолошката и минеролошката збирка;- Дискусија за различните својства на некои видови карпи и почви и нивната

примена во секојдневниот живот на луѓето.

Час 18. Систематизација на постигањата за темата

Цели (ученикот/ученичката):

- да се реализира проверка на постигањата со различни предходно планирани активности од страна на наставникот;- да умее ученикот самостојно или со помош на фотографии или симулации даобјаснува за силите на природата кои влијаат врз внатрешните и надворешните промени на Земјата.

Наставни средства и помагалаУчебник, компјутер, лцд проектор, атлас, слики, хартија во боја, лепак и ножички, пластелин.

Активности- Интерактивна дискусија на наставникот со учениците за земјините сфери.- Анализа на причинско-последичната врска помеѓу силите што ги предизвикуваат природните појави.- Се дискутира за мерките што треба се превземат во случај на некоја елементарна непогода и начинот на кој треба секој да се заштити.- Мини квиз натпревар. Наставникот покажува фотографии а учениците погодуваат за каква појава се работи и како настанува истата.

*Наставникот го задржува правото на измени во текот на реализација на темата