40
Годишен Извештај 2012 “10 години активизам” ИМКА Битола

годишен извештај 2012

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: годишен извештај 2012

Годишен Извештај 2012“10 години активизам”

ИМКАБитола

Page 2: годишен извештај 2012

СО

ДРЖ

ИН

А...

НА

ПО

ЧЕТО

К

ЗА И

МКА

БИТО

ЛА

ШТО

ВЕЛАТКО

ЛЕГИТЕ

КРАТКА И

СТО

РИЈА

ШТО

ВЕЛАТ ЛУЃЕТО

ВО И

МКА

БИТО

ЛА

АКТИ

ВНО

СТИ

ФА

КТИ И

БРОЈКИ

СТРАТЕГИ

И И

П

РЕДИЗВИ

ЦИ

ФИ

НА

НС

ИИ

БЛАГО

ДАРН

ОС

Т

ОФ

ИЦ

ИЈА

ЛНИ

И

НФ

ОРМ

АЦ

ИИ

030709111723 7759656975

Page 3: годишен извештај 2012

ИМКАБитола

ВоведенЗбор

Во ИМКА Битола направивме 10 години од своето постоење и време е да се завртиме наназад и да видиме што сме постигнале зад нас. Среќни сме што успеавме да реализираме многу активности и вклучиме, активираме и обучиме многу млади луѓе со стремеж кон лична и поширока општествена промена и развој.

Тука би сакал да направам краток пресек на нашата историја со цел полесно да ги согледате фазите во развојот и созревањето на ИМКА Битола како организација. ИМКА Битола се основа во 2002 год. и како млада организација на почетокот до 2004 год. се посвети на реализација на мали иницијативи и активности. Следуваше периодот до 2009 год. во кој отворивме сопствена канцеларија која служеше и како програмски центар, а се организираа бројни обуки, волонтирање и основање на програмски активности за работа. Во 2010 организацијата се фокусира и премина од фазата на пополнување на слободното време на младите во попрофесионален пристап во работата градејќи ги пополека столбовите на организацијата како институција

3 4

Page 4: годишен извештај 2012

Воведен Збор

Виктор ИлиевПретседател на ИМКА Битола иНационален Генерален Секретар на ИМКА Македонија

Воведен Збор5 6

која ќе може да одговори на бројните потреби на младите луѓе. Како резултат на тоа во 2011 год. стана национална канцеларија на ИМКА Македонија со уште повеќе поттик и ентузијазам за напредок.

Во 2012 воведовме персонал во организацијата, почнавме да работиме на поголеми и подолгорочни проекти, успеавме да оствариме поширок опфат на млади луѓе, остваривме соработка со повеќе институции. Притоа ја зголемивме релевантноста на ИМКА Битола во градот и државата, ја зголемивме видливоста, го зголемивме оперативниот буџет на организацијата, како и општиот организациски капацитет.

ИМКА Битола со својот континуиран раст во текот на подолг временски период, со проактивен, одговорен и професионален пристап во работата, успеа да се издвои од масата и да постане релевантна организација во градот, државава, а и пошироко работејќи на интернационални проекти.

Гледајќи на резултатите наназад, денес ми е чест и гордост да работам во ИМКА Битола и ИМКА Македонија како дел од интернационалната ИМКА организација која работи на основно ниво, која е глобална, а сепак доволно флексибилна што ја прави и единствена.

Но, тоа е само првата декада од нашето постоење. Ние

продолжуваме на ова патување заедно со сите вас во реализација на уште многу нови идеи, со многу работа и полно ентузијазам.

На крај, сакам да изразам благодарност до сите кои бевте дел од ИМКА Битола или пак на било кој начин нè поддржавте во реализација на нашата мисија.

Page 5: годишен извештај 2012

7 За ИМКА БитолаИМКА Битола е непрофитна, невладина, нерелигиозна инклузивна младинска асоцијација која има за цел да обезбеди можности за локалната младина и активно работи со нив во нашата средина. ИМКА Битола е дел од семејството на ИМКА распространето во 119 земји ширум светот и кое вклучува повеќе од 58 милиони луѓе. ИМКА Битола е основана во мај 2002ра.

Главна цел на Здружението е да развива активности и можности во сферата на неформалното образование, промовирањето на здрави животни навики, културата и уметноста, и граѓанско општество кои ги поттикнуваат позитивните вредности и поведенија кај младите луѓе.

ВИЗИЈА: ИМКА Битола е почитувана локална организација која нуди можности кои ги оспособуваат младите луѓе да одговорат на предизвиците на постојано променливата иднина со поголема храброст, мудрост и љубов.

МИСИЈА: ИМКА Битола работи со младите луѓе на нивниот личен телесен, умствен и духовен развој преку нудење на можности за негување одговорност, поттикнување креативност и славење на разноликоста на целата Божја креација.

MOTO: Ги оспособуваме младите!

ВРЕДНОСТИ кои ги негуваме и поттикнуваме: Храброст - Одговорност - Почит - Креативност - Грижа

Во ИМКА Битола добредојдени се сите луѓе, со акцент на младите.

Ние работиме на активности од јавен интерес: неформално образование, култура и уметност, здрави животни навики, граѓанско општество и детски права. Активностите ги реализираме во форма на: обуки, семинари, работилници, кампови, фестивали, меѓународни студиски посети и други активности. Работиме на локално но и на меѓународно ниво. Мултимедиски производи од нашите активности се: документарни филмови, кратки видеа, стрипови и промотивни материјали.

8

Page 6: годишен извештај 2012

2002

“““ “

““““

“““

2008

9 10Краток историјат со позначајните моменти во развојот на ИМКА БитолаОсновање на организацијата. Работа на мали иницијативи и развивање соработка со ИМКА Скопје и ИМКА Европа. Во оваа година почна со работа и Балканскиот камп во Нимфео, Грција кој беше активен до крајот на декадата.

2003Основање на младинскиот магазин НотифаИ. На Пелистер организиравме заеднички камп на млади од Македонија и Данска. Во оваа година за прв пат македонска група на волонтери зеде учество на поголем настан и тоа на првиот голем фестивал на ИМКА во Прага.

2004

2012

2006

2011

2010

2009

2005Жонглерската група Ацид Трипл беше интегрирана во рамките на ИМКА Битола. Го организиравме Балканскиот Програмски Фестивал „Балкански Мозаици“ со над 130 учесници од повеќе држави во Европа.

2007

И-Стрип почна со работа. Зедовме учество на Светското Собрание на ИМКА во Дурбан, Ј.А.Република.

И-Тренинг почна со работа и почнавме со реализација на повеќе работилници, обуки за личен и професионален развој, кампови, ангажирање на волонтери. Го организиравме Балканскиот Лидерски Тренинг 4.

Го организиравме Балкански Лидерски Тренинг 5. Бројни активности во рамките на И-Тренинг.

Почнавме да работиме со Европските Волонтерски Сервис и Волонтерите на Мировниот Корпус на Македонија. ИМКА Битола стана дел од Коалицијата на младински организации СЕГА. Почнавме да работиме со училиштата во градот. Се вклучивме со активен придонес во Форумот на Здруженија на Граѓани во Битола. Го направивме нашиот прв Стратешки План.

Ја проширивме целната група и почнавме да работиме и со млади од 11-17 год. ИМКА Битола заедно со волонтерите од Мировниот Корпус на Македонија почна да го работи Младинскиот Лидерски Проект (камп за млади лидери кој се одржува секое лето). ИМКА Битола стана национална канцеларија на ИМКА Македонија.

Бројни организирани обуки во рамките на И-Тренинг на локално и интернационално ниво. Дел од светскиот настан YMCA World Challenge со истовремено учество на 432.000 луѓе во 86 држави во светот.

ИМКА Македонија од придружна организација, стана полноправна членка во ИМКА Европа. Бројни активности во рамките на И-Филм, И-Стрип и Ацид Трипл.

ИМКА Битола ја отвори својата прва канцеларија која служеше и како програмски центар за активности. Реализирани беа повеќе активности. И-Филм почна со работа. Успешно го организиравме првиот поголем интернационален настан – Балканскиот Лидерски тренинг 3 со учество на 80 гости од Македонија и странство.

Page 7: годишен извештај 2012

11 12Како дел од оваа организација, секој ден се чувствувам

како да го достигнувам врвот на планината. ИМКА Битола е групата на луѓе кои ми ги отворија очите за нови начини кон

достигнување на моите лични предизвици. Никогаш нема да ја заборавам можноста која ми беше дадена - да креирам мој курс за Шпански јазик. Кога некој ќе ти рече „Да го направиме тоа” и резултатот е неверојатен, не можеш да ги пронајдеш зборовите за да се заблагодариш.

Исто така никогаш не очекував толку голема поддршка како што ми даде ИМКА Битола: опрема, познавање за софтвер и нешто суштествено како мотивација. Прилагодување - тоа е бескорисен збор кога станува збор за оваа организација, само почувствувај ја атмосферата кога работиш со нив.

ИМКА работи напорно да го имплементира волонтерството во оваа плодна земја, како што е Република Македонија. Ако треба да ја дефинирам организацијата со една реченица, тоа би била „Имаш слобода на избор“.

Откако дипломирав на факултет, се почувствував изгубено и очајно. ИМКА Битола ми подаде рака да не пропаднам токму кога треба да се издигнувам. Со нивна помош се приклучив кон активностите и запознав многу млади луѓе кои се собрани со заедничка цел: да инспирираат и да бидат инспирирани. Своето знаење го доизградив преку магазинот НотифаИ, и тоа го утврди мојот кариерен пат, моето место под сонцето. Сега сум посигурна во себе, знам што сакам и што можам. Им препорачувам на сите млади луѓе да вложуваат во себе, бидејќи знаењето е доживотна инвестиција. Им благодарам на ИМКА Битола што ме приклучи на изворот за неисцрпно дружење, патување и работа.

Ангел Агилар Позо - АнгелеВолонтер на Европскиот Волонтерски Сервис

Елена Јонвска

ШТО ВЕЛАТ ЛУЃЕТО ВО ИМКА БИТОЛА

Page 8: годишен извештај 2012

13 14

Се запознав со ИМКА Битола во 2006 бидејќи бев заинтересиран да научам како да работам со камера и сакав да бидам дел од едно кратко видео кое ИМКА Битола го изработуваше тогаш за претстојниот фестивал во Прага во 2008 год. Искуството беше одлично - да бидам дел од нешто што го сакам - изработка на видео! Бев навистина радосен што таа можност ми се оствари. Со текот на времето се пробуди кај мене поголем интерес за учење и работа со видео опремата и софтверот кој ми беше достапен. Денес, тоа претставува искуство и знаење кое го споделувам со другите заинтересирани волонтери.Со текот на времето други работи добија поголема важност за мене како интеркултурните активности кои се достапни преку ИМКА мрежата во целиот свет. Имам огромна можност да се запознавам со други култури и да изградам врски, соработка и пријателства кое се засноваат на сличности и разлики надополнувајќи ги различните култури кои се во многу поголема интеракција во последната деценија.Ова е причината поради која на сите им ја препорачувам ИМКА Битола. Затоа што ИМКА Битола ви нуди можност да видите нови места, да стекнете меѓународни пријателства, да истражувате и да го проширите животното искуство кое е значајно за да се изградите во светски космополитан, што е многу важно за младината во денешно време. Заедно со ова, тука се обуките за личен развој кои ги посетив благодарение на ИМКА Битола и кои играат голема улога во мојот живот.И затоа потврдувам, да, ИМКА беше мојата животна инвестиција!

Во ИМКА пристапив пред една година кога ми беше понудено да станам дел од првата постава во тимот кој цели кон нови предизвици и победи. Без многу размислување го прифатив предизвикот. Или подобро ја прифатив шансата да го работам она што го сакам и за кое сум се определила професионално. Ми се допадна енергијата, а ентузијазмот и позитивната атмосфера го исполнуваше секој работен ден. Запознавањето со нови луѓе од различни земји со различни обичаи и култури ми беше уште едно ново и незаборавно искуство. Денес можам да кажам дека сум побогата со вредни знаења кои ми помогнаа во понатамошното градење на мојата кариера.

Јовче Крстески

Катерина Божиновска

ШТО ВЕЛАТ ЛУЃЕТО ВО ИМКА БИТОЛА

Page 9: годишен извештај 2012

15 16Оваа недела за мојата работа со Американска НВО по име

Национални Академии, одржав состанок на истражувачи за меѓународна соработка. Состанокот во основа беше за тоа како научниците во целиот свет би ги надминале културните разлики и успешно би работеле заедно. Се присетив на моето искуство како Американка која работеше со Македонци во ИМКА Битола.Мојата прва интеракција со ИМКА Битола беше кога Виктор ме замоли да го изработам првиот стратегиски план на организацијата. Се изненадив колку отворени беа Виктор и Јовче за размена на идеи. Преку нашата заедничка работа сватив дека иако едниот не го зборува течно јазикот на другиот, може да се биде толерантен и да се почитуваат и слушнат идеите на другиот. Преку здружување на нашите лични гледишта, мислам дека го изработивме стратешкиот план најдобро што можеме.Бидејќи тоа беше многу позитивно искуство за мене, направив ИМКА Битола да биде мој главен проект до крајот на мојот сервис како волонтер на Мировен Корпус. Ова ме доведе до многу интересни искуства како одржување на обуки со Виктор и учество на камп во Украина.Мислам дека најдоброто за ИМКА Битола тоа што претставува место каде што луѓето можат да ги доведат своите таленти и да ги искористат во корист на организацијата. Благодарна сум што можам подобро да ги разберам Македонците и нивната култура преку моето учество во ИМКА Битола бидејќи таа културна толеранција доста ми помага во мојата работа и личен живот.

Со ИМКА се запознав во Септември 2000 година. Имајќи го во предивид ограничениот пристап до интернет, навистина беше голем предизивик пронаоѓањето на релевантни информации со чија помош ќе ја разберам организацијата. Мојот прв меѓународен настан во ИМКА беше обуката за волонтеризам организарана од ИМКА Габрово во Бугарија. Таму, покрај тоа што стекнав професионални вештини, се запознав со методологијата на неформално образование и пристапот на ИМКА за меѓусебна поддршка како меѓу луѓето така и меѓу организациите. Се почувствував прифатен, вклучен, разбран, изразен, почитуван и привилегиран што имав пристап до сето тоа.Сакав повеќе... така започна мојата приказна со ИМКА.Основата беше општество кое нема проактивен пристап кон младите луѓе, кое се ослонува на формалниот образовен систем, кое не нуди практични и корисни пристапи, каде што гласот на младите е само ехо, а не движечка сила, каде младите луѓе немаат самодоверба, независнот и не се иницијатори, општество каде младите луѓе не се поттикнати на акција.Сакав промена... така ја пронајдов мојата визија.После запознавањето на многу значајни луѓе на многу меѓународни настани, учеството на многу обуки за професионален и личен развој, имплементирањето на многу активности, и работењето директно со стотици дури и илјадници млади луѓе, денес знам едно нешто - дека повеќе не живеам во аквариум, туку во море.... Така ИМКА постана не само моја работа, туку и моја мисија.

Кејти КалиновскиПоранешен волонтер на Мировен Корпус

Виктор ИлиевПретседател на ИМКА Битола

ШТО ВЕЛАТ ЛУЃЕТО ВО ИМКА БИТОЛА

Page 10: годишен извештај 2012

Со Виктор и неколку други активисти на ИМКА Битола ја започнавме соработката пред 2-3 години кога тој правеше истражување за правата на децата по што не вклучи и во следниот нивни проект на оваа тема. Од почетокот имавме многу плодна размена на мислење и искуство, барајќи долгорочни можности

за подобрување на правата на учениците, а истовремено и подобрување на воспитно - образовната работа во нашето училиште.

Ние сме биле вклучени во повеќе проекти, но морам да нагласам дека соработката со ИМКА Битола беше многу корисна за нас зашто преку наведениот проект успеавме да согледаме некои свои слабости и преку иницирање на неколку клучни активности во нашето училиште да ги претвориме во добри страни.

Без ИМКА Битола немаше да успееме да ги постигнеме спомнатите подобрувања во училиштето, а соработката со нив ја продолжуваме и понатаму нудејќи нови идеи за натамошна соработка.

Ја препорачувам ИМКА Битола затоа што се сериозни, искрени и посветени луѓе кон својата мисија, затоа што му помагаат на својот партнер да се развива и напредува.

Многу сме благодарни и посакуваме натамошна блиска соработка.

Моето дружење со ИМКА Битола започна со формирање на групата на пријатели на Македонија во 2002 година. Ми претставуваше огромна чест да ја претставувам ИМКА САД во тоа критично време во оваа група. За краток период беше многу јасно дека ИМКА Битола е клучна локална асоцијација во земјата.

Енергични млади лидери, високо стратешко планирање и програмирање, успешна соработка со владини и невладини организации и ектремно ефективна комуникација - тоа се главните белези на ИМКА Битола. ИМКА беше толку импресивна што јас лично донесов група на лидери на ИМКА организации од САД да ја видат работата и да ја посетат ИМКА за време на нашиот Меѓународен Лидерски Институт.

Откако ја напуштив националната канцеларија за работа во мојата локална организација, често ги споделувам комунициските алатки со мојата млада екипа за илустрација на креативност и потенцијал. Не сум изненадена што 10 години подоцна, откако многу здруженија започнаа и потоа пропаднаа, ИМКА Битола претставува светилник за на надеж за напредок на младината во Македонија.

17 18

Илија ВасилевскиСоцијален работник во ОУ „Елпида Караманди“

Џен ПејтПретседател и Извршен директор Вест Кук ИМКА, Ок Парк, Илиноис, САД.

ШТО ВЕЛАТ КОЛЕГИТЕ

Page 11: годишен извештај 2012

Со ИМКА Битола прв пат стапив во контакт во јануари 2011. Целта на посетата беше да започнеме формална соработка помеѓу ИМКА Битола и волонтерката од Мировен Корпус Кејтрин Калиновски. Во тоа време таа веќе неколку месеци соработуваше со ИМКА Битола, имаа одлична соработка и за кратко време имаа доста во однос на организацискиот развој на ИМКА Битола. Оваа добра соработка исто така се должеше и на проактивниот и професионален пристап на Виктор Илиев и на другите членови на ИМКА, отвореноста за соработка и желбата организацијата да напредува и да се надградува во сите полиња на работа.

Соработката помеѓу Мировен корпус и ИМКА продолжи преку соработка со Волонтерката Карли-Мари Рехес која сеуште трае. ИМКА од минатата година е национален партнер на Young Men Leadership Project. Овој камп е од огромно значење за развивање на животните и лидерски вештини на младите момчиња кои го посетуваат и програмата која ИМКА ја развива заедно со Волонтерите од Мировен Корпус претставува една иновативна, сеопфатна програма која го поттикнува развојот и вештините на младите луѓе.

Од страна на соработниците на ИМКА, Мировен корпус секогаш добива значајни препораки за тоа како да ја подобри својата програма со цел подобро да одговори на потребите на локалните организации и заедници каде што живеат и работат волонтерите. Би сакала да изразам благодарност за континуираната соработка со ИМКА, значајниот придонес кој тие како организација го имаат за развој на младите во Битола и на национално ниво. Се надевам дека нашата соработка ќе продолжи, затоа што по три години соработка, ја сметаме ИМКА како дел од семејството на Мировен корпус во Македонија.

19 20ИМКА Лондон Југо Запад е горда на нејзината соработка

со ИМКА Битола. ИМКА ЛЈЗ беше заинтересирана да научи нешто ново од некоја друга ИМКА во Европа, но истотака и да помогне. ИМКА Битола беше предложена од Јохан Вилхем Елтвик, поранешен Генерален Секретар на ИМКА Европа. ИМКА Битола имаше искуство во работењето со волонтери кое ние го немавме. Ние бевме во можност да дадеме финансиска поддршка, и така партнерство меѓу двете организации започна. Двајца делегати дојдоа во Лондон во 2008 год, а потоа јас ја возвраив посетата така што бев топло пречекан на моето патување во 2009.

Тимот на ИМКА треба да биде многу горд на тоа што го има постигнато. Напорната работа со студенти и млади луѓе можеше да се забележи преку обуките и камповите кои ги имаат посетено, но и организирано. Нашиот Извршен Одбор беше доста импресиониран со интервјуата и видеата кои беа направени на минатиот фестивал во Прага и можеше да се забележи употребата на нивните вештини и вложениот труд за постигнување на добра цел.

Многу би сакале повторно да направиме една посета, но овојпат со млади луѓе или младински работници, за да се запознаат со ИМКА Битола и со убавинате на Македонија. Исто така би сакале да поканиме неколку делегати кои ќе присуствуваат на нашето Национално Собрание на ИМКА Англија со цел ИМКА Битола да се запознае и почни соработка и со други ИМКА организации од Обединетото Кралство.

Нека Бог продолжи да биде со вас.

Џонатан-Мелвил ТомасДиректор на Младинска иДетска Работа, ИМКА Лондон Југо Запад

Ивана ТомовскаПрограм менаџер, Мировен крпус Македонија

ШТО ВЕЛАТ КОЛЕГИТЕ

Page 12: годишен извештај 2012

Со ИМКА Битола за првпат се сретнав на една обука организирана од Мировен Корпус во 2011 година. Бев пријатно изненадена од ентузијазмот и работата што ја прават и веднаш договоривме соработка меѓу нашите две организации (ИМКА Битола и Локална Агенција за Развој од Струга). Организиравме една заедничка обука за лидерство во Битола,

која помина многу успешно и на взаемно задоволство. Потоа соработката се продолжи и на други проекти и активности.

Членовите на ИМКА Битола се професионални, активни, креативни и секогаш отворени за соработка. Нашата следна соработка ќе биде во насока на организирање лидерски кампови за млади и убедена сум дека нема да застанеме на тоа. Ја препорачувам ИМКА Битола на сите домашни и странски организации кои бараат стабилен партнер од Македонија и од Битола, посебно во однос на младински проекти.

Со раководните лица од ИМКА Битола се сретнав пред неколку години при средба на граѓанските организации од Битола. Првиот впечаток беше доста позитивен, ветувачки и поради тоа и понатаму продолживме да соработуваме. Најпрво соработувавме тимски за лобирање по одредени прашања кои беа од взаемен интерес. Понатаму бев вклучена волонтерски за изработка на стратешки план. При посетата на работните простории од ИМКА Битола атмосферата која таму владее пред се е

професионална, пријатна и мотивирачка. Тимот на ИМКА Битола е отворен и тимски ориентиран. Би се заблагодарила на нивното раководство за помошта во совети и давање насоки во формирањето на ИВКА Битола со желба за поголемо интегрирање во рамките на интернационалната ИВКА организација.

За невладината организација ИМКА можам слободно да кажам дека е една од ретките организации кои успешно функционираат и им помага на младите како да се организираат за да може да ги постигнат целите што ги имаат зацртано. И не само младите.

Членовите во оваа организација имаат искуство и желба да споделат од своите знаења со други организации, а исто така и да помогнат на повозрасните. Сметам дека се многу истрајни во она што го работат, а за тоа говорат и нивните успеси што до сега ги имаат постигнато. Дел од моите сознанија за невладиниот сектор доаѓаат токму од ИМКА Битола. Зa нивните активности често сме разговарале и во дел од програмските содржини на ТВ Орбис. Задоволство ми е да соработувам со ИМКА и им ја препорачувам за соработка на сите што сакаат да учат, да се дружат и да се забавуваат.

21 22

Павлина ЈовановскаНовинар во ТВ Орбис Битола

М-р Ленка СолескаПретседател, ИВКА Битола

Катерина ВасилескаПрограмски раководител на Локална Агенција за Развој – СтругаПретседател на Првиот Сороптимист Клуб во Македонија

ШТО ВЕЛАТ КОЛЕГИТЕ

Page 13: годишен извештај 2012

АКТИВНОСТИ

23 24

И-ТРЕНИНГ КАМПОВИ ВОЛОНТЕРСКИСЕРВИС

ЗДРАВ ЖИВОТЕН

СТИЛ

АЦИД ТРИПЛ

И-ФИЛМ И-СТРИП

НОТИФАИ

Page 14: годишен извештај 2012

И–Тренинг

БројкиВо текот на 2012 година работевме на многу активности и остваривме соработка со многу партнерски организации и проекти. Реализиравме 46 локални и национални обуки со вкупно 1222 учесници и пративме 10 учесници на 9 интернационални обуки.

25 26

Низ разни видови на обуки во ИМКА Битола, во земјава и странство, им овозможуваме на нашите членови да се стекнат со потребни знаења и вештини за нивна лична надградба како и нивно поактивно вклучување во нашите активности. Најчестите активности во ова поле се во рамки на програмата „Млади во Акција“. Исто така преку нашата Е-Библиотека им нудиме книги, стручни материјали и брошури за работата во граѓанскиот сектор.

Page 15: годишен извештај 2012

Нотифаи сведоштва27 28

„Потребата за теоретска подлога во областа на проектите поттикна и мое учество на оваа обука. Позитивните заклучоци од настанот само ја поддржаа мојата желба за поголемо знаење за пишување и управување со проекти и идната посакувана практична работа во рамките на ИМКА Битола. Оваа обука беше чекор до остварување на мојата цел и правец за одредување на мојата насока. Мојата досегашна соработка со ИМКА Битола е многу успешна а во иднина се надевам на многу нови искуства, позитивни импресии, забрзан напредок во организацијата и остварување на личните и заеднички цели“

рече Наташа Димитриевска

„Програмата беше поставена да им даде на учесниците практично искуство во лидерството кон промени преку балансирана мешавина на теорија, пракса, размислување и дијалог. Моќни сесии, рамки и тимски задачи кои истражуваат како човекот функционира, размислува и чувствува, како се донесуваат одлуките и колку етички се тие, што е комуникација и дијалог, што е соработка, тимска работа и водење на тим во предизвикувачки околности беа дел од темите кои беа разгледани. Програмата беше обемна и сеопфатна, но, исто така и задоволството од сите учесници кои добија многу повеќе отколку што се очекуваше од оваа обука“

рече Марија Ковачевска

Page 16: годишен извештај 2012

„Ретко искуство во кое истовремено многу успешно се вткаени позитивноста на предавачот со пораката која ја испраќа книгата која беше претставена на семинарот. Предлагам следен семинар, најмалку дводневен. Топло им препорачувам на сите оние кои ќе ја имаат шансата да разберат дека овој семинар повторно се одржува, да не ја пропуштат. Најминималната придобивка од семинарот е поттик за градење нова парадигма, доколку досега сте ја немале. Тоа беше дружење во кое времето ја губи својата димензија, а мозокот утврдува дека нашол одговор на прашањата кои одамна го измачуваат“

рече м-р Мимоза Богданоска Јовановска

Нотифаи сведоштва

„Во нашето училиште за прв пат беа одржани демократски избори на претседатели на класови и избиравме Совет на училиштето со цел да им се помогне на нашите соученици. Исто така презедовме активности за подобрување на младинската организација на учениците за поттикнување на нивниот интерес и мотивација со цел нивно инволвирање во оваа организација. Според мене најинтересна активност претставуваше анкетата која ја работевме преку која стигнавме до објективни резултати и потребни сознанија за мислењето и ставот на учениците “,

рече Теодора Цветковска

29 30

Page 17: годишен извештај 2012

Кампови

Секоја година нашите членови земаат учество на младински размени, фестивали, кампови (исполнети со учење, забава, дружење, размена на искуства и сл.) во организација на ИМКА Битола или на некои од нашите партнерски организации. Ве очекуваме на некои од нив! Контактирајте не!

БројкиВо текот на 2012 година го реализиравме кампот за млади лидери со 64 учесници и зедовме учество на 1 студиска посета за работа на кампови со 1 учесник.

31 32

Page 18: годишен извештај 2012

„Откако вечерата беше завршена и на видик беше залезот на сонцето зад убавата планина, беше време за камперски оган, приказни и мачмалоу. Секој вечер имав можност да разговарам и да се запознаам со различна група на кампери, да ги слушнам нивните приказни, интереси и нивните хоби. Бев пријатно изненадена од овие паметни, мотивирани и талентирани млади луѓе кои ја напуштија удобноста на своите домови и станаа дел од ИМЛП. Бев секојдневно целосно инспирирана. Последната вечер на кампот ги прославивме своите достигнувања преку наградна церемонија која кулминираше со весела забава со народна музика и ора. Никогаш не сум видела толку добра мешавина на американска и македонска култура. Беше тешко да се напушти кампот, неверојатните кампери и персоналот кој го направи кампот успешен, а јас бев подмладена и мотивирана како никогаш порано. Ова е младината која во иднина ќе ја води оваа прекрасна земја. За краток миг бев дел од нешто толку големо и незамисливо“

рече Карли-Мари Рејес-Димовска

НотифаИ сведоштва

„Мислам дека ИМЛП е одличен начин за стекнување на знаење, забава и начин на живеење тука во кампот. Тоа е одлично за стекнување ново искуство за другите религии и култури. Тоа е најдобар начин за запознавање нови пријатели“

рече Далибор Димитров

33 34

Page 19: годишен извештај 2012

„Јас се пријавив за ИМЛП кампот бидејќи имав некои навистина добри препораки од моите пријатели кои беа на ИМЛП минатата година и исто така, сакав да се пополни мојот летен распуст со нешто забавно и образовно како и некое ново искуство“

рече Предраг Пандилоски

НотифаИ сведоштва

„За мене најдобра беше ноќта на кампот кога бевме на “лоу кампот”. Се дружев со Британците, игравме со потковици, имаше мачмалоу и поради приказната на Робинсон која навистина ме допре“

рече Јордан Мицковски

35 36

Page 20: годишен извештај 2012

Волонтерски Сервис

Волонтирајте и вклучете се во некоја од активностите на ИМКА Битола! Ние ви нудиме можности да учите, волонтирате, да стекнете работно искуство и работни навики, да го градите вашето лично резиме, лична и професионална надградба, да патувате, откривате нови хоризонти и да стекнете нови пријатели. ИМКА Битола исто така ви нуди и можност за незаборавен интернационален волонтерски ангажман во Европа! Тоа можете да го остварите преку програмата ЕВС во некоја од Европските држави! Напуштете ја дневната монотонија и не бидете пасивни! Активирајте се! Направете нешто за себе и за останатите млади луѓе околу вас!

БројкиВо текот на 2012 година во разни активности се вклучија 16 локални волонтери, испративме 4 ЕВС волонтери надвор од Македонија, примивме 3 волонтери од странство во ИМКА Битола и споделивме искуства со 66 млади луѓе од Битола.

37 38

Page 21: годишен извештај 2012

„Прво и најосновно: самото учество во институција во која се спроведува неформалното образование, честа да имаш колеги кои се лидери во истото, полни со енергија, знаење и умеење да работат со деца е најголемо богатство и највисоко школо. Потоа, да живееш со навидум странци, цимери од Данска и Португалија, а да го делиш секој момент на среќа и слабост е исто така огромно богатство. Исто така, да стекнеш пријателства од цел свет и истите да можеш да ги посетиш кога и да посакаш, да имаш доволно средства за да го посетиш твојот омилен европски град, да присуствуваш на концерт на твојот омилен бенд, да научиш нов јазик... зарем не е доволно?!“

рече Ана Кузмановска

НотифаИ сведоштва

„Осврнувајќи се назад, жалам за едно нешто, што не бев целосно отворена за уживање во едно ново искуство на самиот почеток и што му давав предност на тоа како треба и како не треба да се одвиваат работите: пред да зачекорам на Балканот не знаев колку сум била под стрес и сум избрзувала. Живеејќи помеѓу луѓе чии традиции, животни навики и менталитет се разликуваат од твојот, не можеш да останеш имун, па животот во Битола ми даде многу животни лекции и ме натера да ги преиспитам моите перцепции, однесување и начин на размислување. Не можеш да го препознаеш исходот додека процесот сѐ уште тече. Навистина сум пресреќна што решив да го прифатам предизвикот и што ја искористив оваа прилика за меѓукултурно учење, личен развој и авантура. Иако моите сеќавања за Битола, постепено избледнуваат,но знам дека со мене понесов делче од неа“

рече Паула Праулина

39 40

Page 22: годишен извештај 2012

Здрав Животен

Стил

ИМКА Битола води грижа за нашите млади луѓе. Тоа го правиме преку организирање на натпревари во пинг понг од ревијален карактер, велосипедски екскурзии, планинарење и сл. со цел рекреација и дружење.

БројкиВо текот на 2012 година како главен настан беше реализацијата на YMCA World Challenge со учество на 250 учесници и 18 волонтери додека пак во светот истовремено учествуваа 432 000 луѓе. Во останати активности за здрав животен стил учествуваа 47 млади луѓе.

41 42

Page 23: годишен извештај 2012

„Наредниот ден, времето беше топло и сè се одвиваше според планот. Среќата беше на наша страна. Деца, тинејџери, возрасни и родители, сите учествуваа во рушење на рекордот во фрлање на кошеви. Се беше прекрасно. Децата играа, тренерите организираа разни видови игри, волонтерите беа задолжени за броење на кошевите и секој детаљ беше снимени фотографиран. Настанот беше уште еден погодок на ИМКА. Целта на настанот не беше само да се сруши рекордот на фрлени кошеви, туку и да се мобилизираат илјадници луѓе и да се промовира здрав начин на живот и да ги охрабри младите да се занимаваат со спорт. Бидејќи, како што вели една стара поговорка „Во здраво тело, здрав дух“

рече Ивана Спировска

НотифаИ сведоштва

„Денот на планетата Земја беше ден полн со забава и едукативни активности за децата и возрасните во основното училиште “Коле Канински”. Овие активности кои имаат за цел да ги просветлат и мотивираат сите вклучени нема скоро да се заборават. Ние никогаш не сме премногу млади или стари за да станеме, да проговориме и да ја заштитиме нашата земја“

рече Карли-Мари Рејес-Димовска

43 44

Page 24: годишен извештај 2012

И-Филм

И-Филм е програма на терен, снимајќи ги и документирајќи ја работата на сите ИМКА Битола програми и поголеми настани. Исто така оваа програма работи и на други на младински иницијативи изразувајќи ги преку конкретни филмови во реализација на тимот на И-Филм. И-Филм е на располагање на сите млади луѓе, други ИМКА асоцијации, Здруженија на Граѓани и секој друг кој сака да го доведе визуелниот израз на сопствените настани на повисоко ниво. Контактирајте нè!

БројкиИзработени беа 5 видеа од активности на ИМКА Битола со цел промоција на младинскиот активизам, при што учествуваа 13 волонтери.

45 46

Page 25: годишен извештај 2012

„Настанот претставуваше интересен спој на разни музички стилови и танци кои го привлекоа вниманието на многу случајни минувачи кои тоа попладне минуваа низ Широк Сокак во Битола и со тоа се потенцираа интернационалниот ден на волонтерите. Изработката на видео записот на ИМКА Битола ќе ве инспирира да направите нешто слично и во вашиот град! Уживајте!“

рече Јовче Крстевски

НотифаИ сведоштва

47 48

Page 26: годишен извештај 2012

И-Стрип

Тоа е програма во која креативниот уметнички израз кулминира. Се работи по различни теми кои се интересни и привлечни за младите. И-Стрип во својот фокус го има креативниот израз кој го практикува преку работа на фанзин кој покрај развивањето на креативноста на младите има и едукативна димензија, организирање на изложби, како и визуелно изразување на разни настани во вид на стрип уметност. Доколку имате настан кој сакате да го видите во вид на стрип контактирајте нè.

БројкиОдржана беше 1 изложба за промовирање на стрип уметноста во Битола при што учествуваа 9 млади талентирани уметници, а беше посетена од 100 гости.

49 50

Page 27: годишен извештај 2012

„Во рамките на одбележувањето на денот на ослободување на градот Битола: „4ти Ноември“, по втор пат оваа година се случи изложбата на стрип илустрации. Замислена како изложба „од битолчани за битолчани“, оваа изложба само покажува дека во Битола постојат големи таленти, пред сѐ млади луѓе коишто ја работат оваа уметност наречена стрип“

рече Јовче Крстески

НотифаИ сведоштва

51 52

Page 28: годишен извештај 2012

Ацид Трипл

Тоа е група на млади луѓе кои жонглираат со оган, свила и светлечки елементи. Под името Ацид Трипл овие млади ентузијасти на ИМКА Битола работат и настапуваат на разни младински фестивали, пред сè за време на летото. Доколку сакате да ги видите на вашиот настан контактирајте нè!

БројкиВо текот на 2012 огнената жонглерска група Ацид Трипл имаше 6 локални и интернационални настапи со 20 волонтери пред публика од околу 11 250 луѓе.

53 54

Page 29: годишен извештај 2012

„Нашиот период е лето, но ова беше настан на кој едноставно мораше да се настапи! На 6ти јануари – Коледе, Битола секоја година организира настан за граѓаните на градскиот плоштад со коледарски оган и бесплатно гравче, ракија и вино. Прославата по обичај е збогатена и со музичка програма на неколку битолски бендови. Оваа година Ацид Трипл имаше прилика да ја отвори ноќта на огнот. Групата со својот перформанс учествуваше во традиционалното палење на коледарскиот оган“,

рече Горан Митревски

НотифаИ сведоштва

„Покрај стандардната програма на жонглирање со шипка и пои, последната егзибиција одење по оган беше збогатена со драматично сценарио од која што публиката остана во занес кој беше проследен со громогласен аплауз. Струмичани со нетрпение ја очекуваат следната можност повторно да уживаат во огненото доживување на Ацид Трипл“,

рече Горан Митревски

55 56

Page 30: годишен извештај 2012

Целта на НотифаИ е промовирање на граѓански и младински активизам, младинско учество, волонтерство и други општествено корисни облици на дејствување преку споделување на сите поинтересни активности кои се случуваат во ИМКА Битола или пак во кои членови на ИМКА Битола зеле учество.

НотифаИ излегува на секои три месеци почнувајќи од 2003та, а се подготвува од тим на волонтери на ИМКА Битола. Се дистрибуира бесплатно по електронски пат преку е-маил. Секој кој сака да ги добива изданијата на НотифаИ нека оди во делот „НотифаИ и за мене!“ и нека се логира или пак повремено да ја проверува нашата НотифаИ архива. НотифаИ е наменет за нашите членови, партнери и соработници, како и за сите други кои сакаат да се активираат во општествениот живот.

БројкиВо текот на 2012 тимот на НотифаИ издаде 2 двојни изданија на кои работеа и се вклучија 30 волонтери и други млади луѓе. Во оваа година успеавме да го зголемиме просечниот број на читатели по издание од 400 на почетокот на годината на зголеми на 730!

57 58

Page 31: годишен извештај 2012

ФАКТИ И БРОЈКИ

И–Тренинг: 46 локални и национални обуки со вкупно 1222 учесници и 10 учесници на 9 интернационални обуки.

Кампови: Одржан 1 камп за млади лидери со 64 учесници и учество на 1 студиска посета со 1 учесник.

Волнтерски Сервис: 16 локални волонтери, испративме 4 ЕВС волонтери, примивме 3 волонтери и споделивме искуства со 66 млади луѓе од Битола.

Здрав Животен Стил: YMCA World Challenge со учество на 250 учесници и 18 волонтери, а во останати активности учествуваа 47 млади луѓе.

И-Филм: Изработени 5 видеа при што учествуваа 13 волонтери.

И-Стрип: Одржана 1 изложба со учество на 9 уметници и посета од 100 гости.

Ацид Трипл: Одржани 4 локални/национални и 2 интернационални настапи со 20 волонтери пред публика од околу 11250 луѓе.

НотифаИ: Издадени 2 двојни изданија на кои работеа и се вклучија 30 волонтери и други млади луѓе кои постигнаа бројка од 730 читатели по издание!

Број на ДИРЕКТНО опфатени учесници: 1873Број на организирани настани: 103

59 60

Page 32: годишен извештај 2012

ФАКТИ И БРОЈКИ61 62

Page 33: годишен извештај 2012

63 64ФАКТИ И БРОЈКИ

Page 34: годишен извештај 2012

СТРАТЕГИИ И ПРЕДИЗВИЦИ

Во 2012 год. ИМКА Битола постигна добри резултати во спроведувањето на планираните проекти, го подобри квалитетот на активностите и ја зголеми организациската ефикасност. Подолу е направен преглед на позначајните резултати, како и предизвици по сектори на работа.

Програмски активности

Тука би истакнал два проекти. Од особено значење за зголемувањето на обемот на активности придонесе проектот „Имплементација на правата на децата во Р.Македонија“ во делот за младинско учество кој беше реализиран со Коалицијата на младински организации СЕГА и две училишта во градот со што значително го зголемивме опфатот на учесници. Со оглед на тоа што проектот продолжи и во 2013 год. секако дека тоа е една од водечките активности во организацијата. Резултатите се добри, а институциите се задоволни што претставува можност за продолжување на соработката, како и можности за пренос на овој позитивен модел и проширување на активностите и во други училишта. Исто така во оваа година ја зголемивме соработката со Мировниот Корпус во рамките на „Младинскиот Лидерски Проект“ како еден од позначајните проекти на кои работевме и за кој понатаму ќе читате во следните извештаи многу повеќе.

Човечки ресурси

Во 2012 год. благодарение на проектот „Програмски Иницијативен Центар“ воведовме персонал што позитивно влијаеше и го зголеми капацитетот на организацијата. И во оваа година главната движечка сила на организацијата беа волонтерите (локални, од Европскиот Волонтерски Сервис и од Мировниот Корпус). Во следниот период со цел организацијата да го зголеми бројот на активности и опфатот на учесници мора да изгради систем за управување со човечки ресурси, да воведе дополнителен персонал и волонтери, јасни описи на работни позиции и прирачници за работа, како и да се изгради ефикасен систем за професионален и личен развој на персоналот и волонтерите.

65 66

Page 35: годишен извештај 2012

Партнерства и соработки

ИМКА Битола продолжува да биде препознавана како доверлив, сигурен и сериозен партнер за соработка. На интернационално поле се одржа соработката со нашите партнери, а на локално ниво се подобри соработката со неколку училишта и други институции и организации. На национално ниво ИМКА Битола е дел од Коалицијата на младински организации СЕГА. На локално ниво ИМКА Битола покрај тоа што беше соработник со здруженијата, исто така и го поттикнуваше развојот на Форумот на здруженија на граѓани од Битола преку совети, видео презентација и изработка на извештај на здруженијата како алатки за нивно претставување пред институциите.

Видливост во јавноста

Во текот на годината преку програмските активности ИМКА Битола ја подобри својата видливост на локално ниво. Организацијата продолжи да се води од принципот на максимална транспарентност споделувајќи ги со јавноста двојазично сите релевантни информации преку: веб страната, магазинот НотифаИ, редовни годишни извештаи, видео презентации, стрип илустрации и редовна присутност на социјалните мрежи (Фејсбук, Твитер и Линкедин). Сепак останува простор за подобрување со изработка на стратегија за маркетинг и комуникација и пополнување на делот во традиционалните медиуми (ТВ, радио, печатени медиуми), како и интернет порталите.

Финансиска одржливостВо изминатата година благодарение на многу претходно споменати фактори успеавме

сериозно да го зголемиме буџетот на организацијата со што го подобривме општиот финансиски капацитет на организацијата. Од друга страна пак работењето на грантови на ЕУ каде 20% од средствата се исплаќаат после завршувањето на проектот наметнува и зголемена потреба од средства и зголемена ликвидност. Во следниот период се очекува дека клучниот извор за финансирање и одржливост на граѓанскиот сектор во Македонија ќе бидат фондовите на ЕУ. Дополнителни можности треба да се бараат и во пасивниот и нестимулиран бизнис сектор, подобрената наплата на членарини, партиципации за настани, економска дејност, итн.

Организациски капацитетВо 2013 истекува стариот стратешки план и треба да се почне да се работи на новиот за следниот период 2014-2016 год. со вклученост од повеќе луѓе (персонал, волонтери и надворешни лица). Со цел зголемување на ефикасноста во работењето организацијата треба да почне со работа на градење на политики и процедури на организацијата, да ги подобри постоечките системи на функционирање, документирањето на активностите и градењето институционална меморија, но сето тоа да биде направено на начин што ќе ја задржи флексибилноста и адаптибилноста на организацијата.

Работиме на постојан развој на организацискиот капацитет со цел создавање на стабилна структура која преку користење на сопствениот потенцијал ќе биде способна да одговори на секојдневните предизвици и да се одржи во реализирањето на својата мисија и правењето на промени во заедницата.

67 68

Page 36: годишен извештај 2012

69 70Ф

ИН

АН

СИИ

Page 37: годишен извештај 2012

71 71Ф

ИН

АН

СИИ

Page 38: годишен извештај 2012

73 74Ф

ИН

АН

СИИ

Page 39: годишен извештај 2012

Во текот на изминатата година бевме поддржани / остваривме поголема соработка со следните партнери и соработници:

ИМКА ЕвропаИМКА Скопје

ИМКА Југозападен Лондон, АнглијаИМКА Вест Кент, Англија

ИМКА Мичиана, САДИМКА-ИВКА Данска

ИМКА Баја Маре, РоманијаИМКА Солун, Грција

ИМКА Габрово, БугаријаИМКА Партенопе Онлус, Италија

САЛТО Југо Источна ЕвропаЕвропска Комисија – Млади во Акција

Национална Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност

Фондација Олде Вехте, ХоландијаКоалиција на младински организации СЕГА

ИВКА БитолаФорум на НВО од Битола

Тугедер МакедонијаАмериканско Катче Битола

Мировен Корпус на МакедонијаЦентар за Култура Битола

Општина БитолаОУ „Елпида Караманди“, Битола

БЛАГОДАРНОСТ ОУ „Коле Канински“, БитолаСОЕУ „Јане Сандански“, Битола

Гимназија „Јосип Броз Тито“, БитолаСОТУ „Ѓорги Наумов“, БитолаДетски Парламент на Битола

Поединци: Кирби Фолкенберг, Адам Рихлик

Тука сакаме исто така да се заблагодариме и на сите останати институции, организации или лица со кои остваривме соработка или пак кои на било кој начин ја поддржаа ИМКА Битола.

За крај, посебна благодарност даваме до сите волонтери за нивната поддршка, време и труд кои помогнаа во реализацијата на нашите активности во текот на година.

75 76

Page 40: годишен извештај 2012

ОФИЦИЈАЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Основање:Мај 2002

Целосно име:Младинска Асоцијација ИМКА Битола

Скратено име:ИМКА БитолаЦелна група:

Добредојдени се сите луѓе со акцент на млади 11-30 год.

Полиња на активности:Неформално образование, култура и уметност, здрави животни навики, граѓанско општество и детски права

Видови активности:Обуки, семинари, работилници, кампови, фестивали,

студиски посетиОпфат на делување:

Локално, национално и меѓународноИзвршен Одбор:

Виктор Илиев, Јовче Крстески, Благојче Количоски, Елена Јоновска, Катерина Божиновска, Карли-Мари

Рејес, Константин ПетровскиПретседател:Виктор Илиев

Официјална адреса:Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42

Адреса на Канцеларија:Петар Петрович Његош Бр.128/16

7000, Битола

КонтактиТелефон:

047 529 366Е-маил:

[email protected] Веб страни:

www.ymcabitola.org.mk www.ymca.mk

Фејсбук:www.facebook.com/ymcabitola.org.mk

Твитер:www.twitter.com/YMCABitola

Линкедин:www.linkedin.com/company/ymca-bitola-macedonia

Дизајнирано и издадено од ИМКА Битола 2013

77 78