28
Прв Европски Универзитет на Р. Македонија Факултет за Економски науки Семинарска работа Тема: ЕВИДЕНЦИЈА НА ТЕКОВНИ СРЕДСТВА Predmet : Principi na smetkovodstvo Izrabotilа Mentor

Евиденција на тековни средства (1)

Embed Size (px)

Citation preview

Прв Европски Универзитет на Р. МакедонијаФакултет за Економски науки

Семинарска работа

Тема:

ЕВИДЕНЦИЈА НА ТЕКОВНИ СРЕДСТВА

Predmet : Principi na smetkovodstvo

Izrabotilа Mentor Sara Zlatkovska Проф. Д-r Qup~o Stoj~evski

br.na indeks: 0043/11

Скопје 2011СОДРЖИНА

ВОВЕД 3

I. СРЕДСТВА 4

1. ПОСТОЈАНИ И ТЕКОВНИ СРЕДСТВА 4

1.1. Карактеристики и видови на постојани средства 4

1.2. Карактеристики и видови на тековни средства 6

2. СМЕТКОВОДСТВО НА СРЕДСТВАТА 9

2.1. Сметководство на постојаните средства 9

2.1.1. Трошење (амортизација) на

долготрајните средства 13

2.2. Сметководство на тековни средства 14

2.2.1. Сметководство на готовината и хартиите

од вредност 14

2.2.2. Сметководство на побарувањата 16

2.3. Сметководство на суровините и материјалот 16

ЗАКЛУЧОК 18

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА 19

2

ВОВЕД

Средствата во секое претпријатие се делат на долготрајни (постојани) и

тековни.

Долготрајните или фиксните се дел од имотот, односно од вкупните

средства во претпријатието сочинет од нематеријални и материјални вложувања

кои како такви остануваат врзани во период подолг од една година и учествуваат

во повеќе производствени циклуси. Затоа и се нарекуваат долготрајни средства. За

сметководствена евиденција на постојаните средства, во контниот план е

предвидена Класа - 0 Побарувања за запишан, а неуплатен капитал и постојани

средства.

Тековните средства, познати како обртни средства се сите оние средства во

претпријатието кои во текот на годината поминуваат низ целокупниот

репродукционен циклус и се трансформираат во пари, готовина, најмалку еднаш.

Според тоа во тековни средства влегуваат: готовината, краткорочните вложувања

во хартии од вредност, краткорочните побарувања, залихите на готови производи,

стоки, материјал, ситен инвентар и други залихи и активните временски

разграничувања или однапред платените трошоци. Движењето на тековните

средства во едно претпријатие зависи од тоа дали се работи за индустриско

претпријатие, трговско претпријатие или услужно претпрпјатие.

Обврските се дел од изворите на средствата кои што претпријатието ги

стекнува од трансакциите во врска со прибавувањето на средства, користењето на

услуги или стекнувањето со други користи. Секое претпријатие има обврски.

Главнината, пресметковно во билансот, еднаква е на вкупната вредност на

средствата намалена за вкупните обврски на претпријатието. Всушност главнината

е еднаква на нето средствата во претпријатието.

3

I. СРЕДСТВА

1. ПОСТОЈАНИ И ТЕКОВНИ СРЕДСТВА

1.1. Карактеристики и видови на постојани средства

Основни карактеристики на долготрајните средства се следните:

- во процесот на работењето не го губат својот физички облик;

- имаат голема поединечна вредност;

- својата вредност на новиот производ ја пренесуваат постепено, дел по дел,

преку амортизацијата, значи се трошат постепено;

- подлежни се на економско и техничко застарување поради техничкиот

прогрес во нивното производство.

Долготрајните средства се јавуваат во три основни вида:

- Нематеријални вложувања се таков вид на долготрајни средства во

фирмата кои немаат опиплива форма, не можат да се допрат, да се почувствуваат

со допир, значи немаат материјална форма. Тоа се всушност определени лрава,

долгоротан студии, истражувања. Од трошоците кои што се направени за овие

средства се очекуваат приходн во повеќе наредни години. Дел од овие средства

може да бидат продадени (на пример патентите, лиценците), а дел не е можно да

биде продаден (на пример основачките вложувања), и остануваат во

претпријатието се до нивното целосно отпишување.1

Како нематеријални вложувања се сметаат следните долгорочни вложувања

во средства: вложувањата во издатоци за истражување и развој, основачките

вложувања, вложувања во деловниот имиџ на фирмата, гудвил, вложувањата во

1 Сметководство на менаџментот, проф.д-р. Слободан Марковски и проф.д-р. Блажо Недев, Скопје

2003 година

4

патенти, лиценци, концесии и други права, вложувања во аванси за нематеријални

вложувања.

- Материјални вложувања - се вложувања во реално опипливи средства за

работа кои што материјално може да се видат и да се допрат како и функционално

да се почувствуваат. Овие средства имаат голема вредност, а за стекнување со нив

претпријатието прави големи трошоци. Се употребуваат во повеќе производствени

циклуси, во повеќе години, од една па до 50 и повеќе за некои материјални

вложувања (на пр. стопанските згради). Постојат две групи на материјални

вложувања: 1) природни богатства и 2) средства за работа.

Во природните богатства спаѓаат земјиштето (градежно и земјоделско) и

шумите. Кај природните богатства како материјални вложувања не се пресметува

амортизација.

Во материјалните вложувања средства за работа се сврстуваат: градежните

објекти, опремата, повеќегодишните насади, основното стадо и други средства за

работа како што се уметнички дела, кннги, музејски вредности и др. Од аспект на

вклученоста во функција, во употреба, средствата за работа можат да бидат

средства за работа во употреба и средства за работа во подготовка. И авансите за

средства се сметаат како материјални вложувања.

- Долгорочни финансиски вложувања - претставуваат форма на

финансиски вложувања во рок подолг од една година. Долгорочните финансиски

вложувања се јавуваат како вложувања во други претпријатија, во сложени

системи, на пр. холдинг компании, во банки, вложени парични средства во

купување на акции, обврзници, давање на долгорочни кредити, како и други

долгорочни финансиски вложувања со кои се сака да се оствари профит во вид на

камата, интерес, или со кој сака да се постигне контрола над друго претпријатие со

цел да се учествува во распределбата на добивката. Купените акции за таа цел е

можно да се продадат, но тогаш би се изгубило влијанието во претпријатието чии

акции се купени, поради што средствата вложени во тие акции се сметаат како

инвестиран капитал и примаат карактер на долготрајни, фиксни средства.

5

1.2. Карактеристики и видови на тековни средства

Кај агроиндустриските претпријатија карактеристично е следното движење

на тековните средства:

Тековните средства се јавуваат во еден од следните облици:

- паричен облик: готовина и хартии од вредност;

- преоден облик: побарувања, дадени аванси, депозити и кауции;

- материјален облик: залихи;

- активни временски разграничувања (однапред платени трошоци).

Готовината ги опфаќа паричните средства во благајната, на контото жиро,

издвоените парични средства и акредитивите, девизите на девизните конта во

банката и други парични средства. Готовината во претпријатието се користи за

плаќање на обврски кои се стекнати со набавката на другите видови средства, за

исплата на плати, за исплата на аванси и др. Претпријатието во секој момент мора

да располага со одреден износ на парични средства кој овозможува да не се загрози

ликвидноста на претпријатието. Перманентното одржување на ликвидноста и

солвентноста на претпријатието е една од основните преокупации на менаџментот

на претпријатието. Кога во одредени периоди претпријатието располага со вишок

на готовина, менаџментот треба правилно да управува со него, односно да го вложи

во форми кои ќе му донесат принос на претпријатието. Управувањето со паричните

средства е значаен дел од финансискиот менаџмент во претпријатието.

Хартиите од вредност се сметаат како тековни средства или тековен имот,

доколку истите можат да се претворат во готовина во рок пократок од една година.

готовина, хартии од вредност

залихи на материјали,

ситен инвентар и др.

производство и готови

производи

побарувања од купувачите

готовина, хартии од вредност

6

Во оваа група на тековни средства влегуваат: чековите, мениците, различните

видови записи, краткорочните обврзници и останати хартии од вредност. Хартиите

од вредност, всушност се писмена исправа која гласи на одредена сума, која е

напишана на таа исправа (чек, меница и др.) и која сума треба да се исплати на

лицето кое што ја поседува. Хартиите од вредност можат да гласат на име или на

доносител. Тие може да се користат за плаќаље на обврски спрема добавувачите, а

исто така можат да се користат и како залог за обезбедување на плаќањата. Според

Меѓународниот сметководствен стандард 1 (МСС - 1) - Презентирање на

финанскиските извештаи, како тековни средства се сметаат и акциите кои не се

наменети за чување и кои можат брзо и лесно да бидат реализирани.2

Залихите претставуваат еден значаен дел од тековните средства и тоа на

оној дел кој што има материјална форма. Најголем дел од залихите најмалку еднаш

поминува низ сите фази на репродукциониот процес во текот на една година, а

има и такви како што се залихите на ситниот инвентар, резервните делови и

автогумите и амбалажата кои поради посебни карактеристики (нивната мала

вредност) се вклучени во тековните средства иако како такви се користат во повеќе

репродукциони циклуси. Најголем дел од залихите се состои од: залиха на

суровини и материјали, залиха на готови производи, залихи на трговска стока.

Овие залихи најмалку еднаш годишно треба да направат целосен обрт во

репродукциониот циклус.

Еден од најзначајните проблеми кој што се јавува во сметководството во

врска со залихите е проблемот на нивната проценка. Од тоа како се проценува (по

која цена) потрошокот на залихите при нивното требување, ќе зависи од вредноста

на залихите прикажани како средства во билансот, а со тоа и вредноста на вкупните

средства од една страна, и износот на трошоците, расходите и финансискиот

резултат во пресметковниот период од друга страна. Сметководствената

политика во врска со овој проблем е предмет на обработка во определени членови

од Законот за сметководство, Законот за Трговски друштва или е предмет на

обработка на определен сметководствен стандард. Така на пример, Меѓународниот

2 Управувачко сметководство, проф. д-р. Љиљана Конеска, Скопје 2007 година

7

сметководствен стандард 2 (ММС 2) - Залихи, има за цел да ја пропише

сметководствената постапка за залихите според системот на набавната вредност.

Според овој систем, вредноста на залихите во сметководството се прикажуваат по

вкупните трошоци кои директно или индиректно се однесуваат на донесувањето на

залихите во состојба и локација во која се наоѓаат. Во овие трошоци се вклучува

фактурната вредност намалена за попустите на добавувачите, транспортните

трошоци, царините, шпедитерските трошоци, трошоците за складирање и сите

други трошоци кои настануваат за да залихите бидат во состојба и на место каде

што се.

Основниот проблем со залихите е утврдувањето на износот кој треба да се

признае како средство и понатака да се книжи се додека не се признаат приходите.

МСС - 2 Залихи, дава практично упатство во врска со определување на трошокот и

неговото покасно признавање како расход, притоа вклучувајќи го и секој отпис до

нето вредноста која што може да се реализира. Тој исто така дава упатство во врска

со употребата на методите кои се употребуваат за да се одреди износот на

трошокот на залихите. Стандардот како основен метод го пропишува ФИ-ФО

методот и методот на пондериран просек, а како алтернативен метод ЛИ-ФО

методот за вреднување на потрошокот на залихите, односно за утврдување на

трошокот на залихите. Доколку трошокот на залихите не е можно да се надомести

поради тоа што тие застареле или се оштетени или пак нивната продажна вредност

се намалила, тие со отпишување се сведуваат на нивната нето реализирана

вредност.

Побарувањата по основ на продажба и останатите побарувања се такви

тековни средства кои може да бидат наплатени во период помал од една година.

Овој, таканаречен преоден облик на тековни средства, ги вклучува: побарувањата

од купувачите, дадените аванси, депозити и кауции, краткорочните финансиски

вложувања во банки, дадени кредити, побарувања од државните институции,

побарувања од работниците и останати краткорочни побарувања.

Во развиените пазарни економии, кога станува збор за наплатувањето на

побарувањата од купувачите, се јавува еден специфичен начин на плаќање кој е

широко прифатен од претпријатијата бидејќи се ослободуваат од потребата за

8

проверка на платежната способност на купувачите и го избегнуваат ризикот од

наплата на нивните побарувања. Имено, се работи за плаќање на долговите од

страна на купувачите со така наречени кредитнп картички. Такви кредитни

картички кои ги издава определена компанија се: Master Card, Visa и други.

Купувачот, врз основа на договорот со компанијата која што ја издава картичката,

може со картичката да купи стока и кога не носи готовина. а долгот од купувачот

се префрла на издавачот на картнчката. Секако дека купувањето може да се врши

само од оние фирми кои го прифаќаат таквиот начин на плаќање.3

Активните временски разграничувања или однапред платените трошоци

кои ќе настанат во наредниот период пократок од една година, исто така се

вклучуваат во тековните средства. Тоа, поради тоа што тие се средства на

претпријатието кое однапред ги платило, а кои ќе станат трошоци во иднина."0вој

дел на имотот може да се набљудува како да се работи за своеврсна "залиха на

услуги" чии користи ќе се црпат во идниот период, кој не е подолг од една година .

Како активни временски разграничувања се сметаат: однапред платените

трошоци и услуги како што се трошоците за закупнина, осигурување, реклама и

пропаганда, репрезентација, пресметаните приходи што не можат да бидат

фактурирани, платените зависни трошоци за набавка и други активни временски

разграничувања.

2. СМЕТКОВОДСТВО НА СРЕДСТВАТА

2.1. Сметководство на постојаните средства

Евиденцијата за состојбата и промените кај долгорочните средства се врши

во дневникот (хронолошки како што се случувале настаните) и во главната книга

(синтетички и систематски по предмет) само вредносно, и од неа се добиваат

информации за: набавната вредност на постојаните средства, стапката на

амортизација и годишниот отпис, сегашната вредност, ревалоризираната вредност

3 Сметковоство, Деса Косаркоска, Охрид, 2005

9

и др. Евиденцијата на постојаните средства се врши и во аналитичките книги во

аналитичкото книговодство во кое може да се води и посебна книга, Инвентар на

долготрајните средства. Аналитичката евиденција, покрај вредносни, обезбедува и

технички информации како што се: име на долготрајното средство, инвентарен

број, произведувач и година на производство, добавувач и др. Аналитичката

евиденција на долготрајните средства се води според потребите на конкретното

претпријатие.

Деловните промени на контата на долготрајните средства се книжат врз

основа врз основа на следните документи:

- фактури на добавувачите;

- документи за царински и други давачки (царински декларации, разни

спецификации, коносмани и сл.);

- записници за примање на долготрајните средства;

- одлуки на Управните одбори за примање, преотстапување или продажба на

долготрајни средства;

- времени ситуации за изградба на долготрајни средства;

- пресметки на амортизацијата, депрецијација;

- записници за расходување, пописни листи за кусоци, вишоџи и штети кај

долготрајните (постојаните) средства;

- ценовници за изготвување на инвестициони елаборати и други документи

кои докажуваат промени кај долготрајните средства.

Деловните промени кај долготрајните средства може да се систематизираат

во три групи:

- прибавување на долготрајни средства;

- трошење (депрецијација) на долготрајните средства и

- оттуѓување на долготрајните средства.

Долготрајните средства може да се прибават на еден од следните начини:

а) купување на пазарот, со сопствени средства, со туѓи средства или

комбинирано;

б) бесплатно добивање од други претпријатија и

10

в) со изградба или изработка во сопствена режија, или од друго

претпријатие и тоа со сопствени средства, со позајмени средства (кредити) или

комбинирано финансирање - сопствени и туѓи средства.

Пример – купување на долготрајни средства

1) Претпријатието купува мало производно претпријатие и според догворот, покрај

за вредноста на фирмата, плажа од жиро и за гудвил 20.000 ден. За изготвување на

проектна документација добиена е фактура од проектно претпријатие 15.000 ден.

2) Банката врз основа на поднесената документација, му одобрува долгорочен

кредит на претпријатието за набавка, купување на технички уреди во вредност од

150.000 ден. Од одобрениот кредит е исплатен аванс на добавувачите во износ од

80.000 ден. Од добавувачот добиена е фактура на 100.000 ден., на која сума е

пресметан и влезен ДДВ од 5%. За превоз е добиена фактура на 20.000 ден.

Фактурите се платени, по одбивањето на авансот, од одобрениот кредит. Уредите

се дадени во употреба.4

Ред.бр. Дата Опис Број на

конто

Износ

Долгува (+) Побарува (-)

4 Сметковоство, Деса Косаркоска, Охрид, 2005

11

1.

1а.

2.

2а.

2б.

Гудвил5

Жиро

Платен гудвил за купено

претпријатие

Оснивачки вложувања

0111 – Вложувања во из-

работка и набавка

на проектна и друга

документација

Добавувачи во земјата

Добиена фактура за

изготвување проектна

документација

Аванси за материјални с-ва

Долгорочни кредити од

банки во земјата

Добиена фактура со прес-

метан влезен ДДВ

Материјални средства во

подготовка

Данок на додадена вредност

Добавувач во земјата

Добиена ф-ра со пресметан

влезен ДДВ

Материјални средства во

подготовка

Добавувачи во земјата

Добиена ф-ра за превоз

Добавувачи во земјата

Аванси за материј. с-ва

012

100

011

220

026

281

025

160

220

025

220

220

026

20.000,-

15.000,-

80.000,-

100.000,-

5.000,-

20.000,-

120.000,-

20.000,-

15.000,-

80.000,-

105.000,-

20.000,-

80.000,-

5 Гудвил – разлика помеѓувредноста што ја плаќа купувачот и проценетата фер или објективна вредност на претпријатието што се купува, а која може да биде различна од книговодствената вредност.

12

2в.

2г.

Долгорочни кредити од

банките во земјата

Платено на добавувачот по

фактура

Постројки и опрема

Материјални средства во

подготовка

За дадена опрема во употреба

281

022

025

120.000,-

40.000,-

120.000.-

2.1.1. Трошење (амортизација) на долготрајните средства

Амортизацијата, по своето економско значење претставува дел од

трошоците на работењето на претпријатието. Значењето на амортизацијата се

согледува и преку нејзините три основни задачи:

- да го искаже трошењето на долготрајните средства,

- произведените производи и извршените услуги да ги оптовари со

соодветен дел од вредноста на долготрајните средства и

- да обезбеди средства, а со тоа и можности за замена на дотраените и

застарени долготрајни средства.

Основица за пресметка на амортизацијата е набавната вредност или

набавната ревалоризирана вредност во услови на инфлација на долготрајното

средство, на која се применуваат одредени стапки на амортизација. Со Закон се

одредени минималните стапки на амортизација, додека претпријатието со свој

интерен акт може да определи и повисоки (но не и пониски) амортизациони стапки

од пропишаните за определени групи на долготрајни средства. Амортизацијата се

13

пресметува од првиот ден на наредниот месец од ставањето на постојаното

средство во употреба, а обврската за пресметување на амортизација престанува во

моментот кога долготрајното средство е целосно отпшиано или отуѓено.

За што пореално искажување на износот на амортизацијата како трошок на

претпријатието му стојат на располагање еден од трите методи на амортизација:

1) временски метод на амортизација;

2) функционален метод на амортизација;

3) останати методи.

Временскиот метод на амортизација е најкористен и го зема предвид

времето на користење на долготрајното средство со нормален интензитет на негова

употреба. Годишниот износ на амортизација изразен преку стапка на амортизација

според овој метод се утврдува со изразот:

Стапка на амортизација = 100/Користен век на употреба во години

2.2. Сметководство на тековни средства

2.2.1. Сметководство на готовината и хартиите од вредност

Готовината во претпријатието е неопходна за да претпријатието почне со

работа и понатаму континуирано да работи. Готовината ја сочинуваат: паричните

средства на контото Жиро, во благајна, издвоените парични средства и

акредитиви и девизните средства на девизното конто. Хартиите од вредност

како тековни финансиски средства се исто така значајни финансиски средства со

кои претпријатието работи. Всушност, плаќањето со хартии од вредност е современ

начин на извршување на платниот промет помеѓу фирмите. Бидејќи се работи за

средства, сметководствената евиденција на готовината и хартиите од вредност се

води според основниот принцип, односно појавата и зголемувањето се книжи на

левата страна на соодветните конта, а намалувањето на десната страна на

соодветните конта, на готовината и хартиите од вредност. Сметководството на

хартиите од вредност е поспецифично бидејќи се јавуваат камати, како што е

14

каматата вклучена во номиналната вредност на меницата, се јавува и исправката на

вредноста на хартиите од вредност, на кое конто се книжи тогаш кога хартијата од

вредност не може да се наплати поради што е нужно нејзино отпишување.

Следат примери за сметководството на паричните средства и на чекот и

меницата како хартии од вредност.6

Парични средства на контото Жиро и во Благајна

Претпријатието, најголемиот дел од своите парични средства за нормално

обавување на својата активност га чува на контото Жиро, со отварање на сметка во

некоја од комерцијалните банки во земјата. Всушност, секое правно лице е

обврзано да отвори свое конто Жиро, преку кое ќе биде извршуван платниот

промет со неговите деловни партнери, односно со сите лица со кое тоа

кореспондира.

Контото Жиро е конто на средства и затоа тоа секогаш има долговно салдо,

кое произлегува од поголема лева страна. Може да се случи, салдото на Жиро

контото, да биде нула, во случаи на негово блокирање од комерцијалните банки

поради немање на средства за измирување на достасаните обврски.

Преку ова конто секојдневно се извршуваат низа уплати и исплати на

парични средства во и надвор од претпријатието. Комерцијалните банки за овие

уплати или исплати секојдневно изготвува документи, наречени изводи и врз

основа на нив во книговодството на претпријатието се врши евиденција на

промените на паричните средства на контото жиро. Бидејќи е конто на средства,

почетната состојба и зголемувањето на паричните средства се книжат на левата,

долговната страна на контото жиро, а намалувањето на десната побарувачка

страна. Преку контото жиро може да се врши следниот промет: плаќање на

обврски, плаќање на аванси, подигање на пари за во благајна, издвојување на

парични средства на посебно конто за одредени намени, купување на девизи,

наплати на побарувања, внесување на дневен промет од благајните, префрлање на

6 Управувачко сметководство, проф. д-р. Љиљана Конеска, Скопје 2007 година

15

средства по основ на добиени кредити, наплати на дивиденди, уплатен капитал од

емитирани и продадени акции, од вложувачи и слично.

Пример:

За набавка на опрема агроиндустриското претпријатие, на посебно конто

издвои парична средства, 100.000 ден

Дневник + (д) -(п)

1010 – Издвоени парични средства за 100.000,-

вложување во постојани средства

100 – Конто жиро 100.000,-

За издвоени парични средства

2.2.2. Сметководство на побарувањата

Според Меѓународниот сметководствен стандард 13 (МСС 13) -

Презентација на тековните средства и тековните обврски, во тековните средства се

вклучуваат побарувањата од купувачите и други побарувања кои се очекува да

бидат наплатени во текот на една година од денот на сочинувањето на билансот на

состојба.

Побарувања од купувачите

При продажбата на готови производи, трговски стоки, материјали и сл.,

претпријатието - продавач стекнува побарувања. Во сметководството при продажба

на почек, со одложено плаќање, се книжи на левата страна на контото Купувачи (к-

то 120), а на десната страна на соодветно конто од приходите. Истовремено се

спроведува уште еден сметководствен став за намалување на залихите на готови

производи и нивната цена на чинење, нивниот расход. На десната страна на

контото 120 - Купувачи, се книжи плаќањето на обврската од страна на купувачите

16

со истовремено книжење на контото жиро доколку купувачот плаќа вирмански или

на контата чекови или меници доколку купувачот издава хартија од вредност за

подмирување на обврската. Доколку контото купувачи има салдо, тоа салдо

покажува уште колку должат купувачите. Поради тоа во странската литература и

практика овие тековни средства се познати и под името "должници".

2.3. Сметководство на суровините и материјалот

Во залихите, како тековни средства, значајно место им припаѓа на залихата

на суровини материјал, резервните делови и ситниот инвентар.

Материјалот е еден од битните фактори на процесот на репродукцијата, и

тој се класифицира во групата на предмети на труд. Од аспект на неговата улога и

функција во процесот на производството материјалот ги опфаќа: суровините,

основниот, помошниот и другите материјали, горивото, мазивото и друго.

Евиденцијата на материјалот е мошне значајна за правилно работење со

материјалот. Самиот факт што евиденцијата се врши на три места го потенцира

нејзиното значење. Евиденцијата на материјалот се врши во: финансиското

книговодство само по вредност, во материјалното книговодство по вредност и по

количина поединечно за секој материјал и во магацинот, магацинска евиденција

само по количина и поединечно. Потребно е да постои усогласеност на оваа

евиденција имајќи во предвид дека евиденцијата се води за ист материјал на

различни места. Усогласувањето се врши на следниов начин:

- материјалното книговодство вредносно се изедначува со финансиското

книговодство;

- материјалното книговодство се усогласува со магацинската евиденција и

тоа по количина и по вид на материјал и

- се усогласува магацинската со стварната состојба на материјалот на залиха.

Евиденцијата на материјалот се однесува на евиденција на неговата набавка,

неговата залиха и неговото трошење. Основни документи врз основа на кои се

евидентираат промените кај материјалот се следните: фактура за набавка со

останати пропратни доку.менти како што се доставница, отпремница и сл.,

17

записници за прием, шпедитерска документација, требување, отпремница,

калкулација и други.7

ЗАКЛУЧОК

Евиденцијата за состојбата и промените кај долгорочните средства се врши

во дневникот (хронолошки како што се случувале настаните) и во главната книга

(синтетички и систематски по предмет) само вредносно, и од неа се добиваат

информации за: набавната вредност на постојаните средства, стапката на

амортизација и годишниот отпис, сегашната вредност, ревалоризираната вредност

и др. Евиденцијата на постојаните средства се врши и во аналитичките книги во

аналитичкото книговодство во кое може да се води и посебна книга, Инвентар на

долготрајните средства.

Правилото за книжење на промените на контата на обврските беше

следното: појава и зголемување на обврските се книжи на десната, побарувачка

страна на соодветните конта на обврските, а намалување и салдото за израмнување

се книжи на левата, долговна страна на контата на обврските. Салдата на контата

на обврските, на крајот на пресметковниот период се презентираат како позиции во

билансот на состојба. Во официјалната контна рамка, за евиденција на

долгорочните и краткорочните обврски се предвидени конта во класата 2.

7 Сметководство на менаџментот, проф.д-р. Слободан Марковски и проф.д-р. Блажо Недев, Скопје

2003 година

18

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Сметководство на менаџментот, проф.д-р. Слободан Марковски и

проф.д-р. Блажо Недев, Скопје 2003 година

2. Управувачко сметководство, проф. д-р. Љиљана Конеска, Скопје 2007

година

3. Сметковоство, Деса Косаркоска, Охрид, 2005

19