41
“Конективна Европа – одговор на ЦЕФТА регионот” БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 128 www.mchamber.mk 21.03.2013 ISO 9001 Quality Management bsi. FS 549642 АКЦИЈА ЗА ИНФРАСТРУКТУРНО ПОВРЗУВАЊЕ НА РЕГИОНОТ Кодекс Меморандум БАНКИТЕ И ШТЕДИЛНИЦИТЕ СЕ ОБВРЗАА НА ДОБРО ОДНЕСУВАЊЕ БРОКЕРИТЕ БЕСПЛАТНИ МЕДИЈАТОРИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ПОСЕВИТЕ

Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Неделен Бизнис ИНФО на Стопанската комора на Македонија

Citation preview

Page 1: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФО

“Конективна Европа – одговор на ЦЕФТА регионот”

БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Број 128 www.mchamber.mk 21.03.2013

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

АКЦИЈА ЗА ИНФРАСТРУКТУРНО ПОВРЗУВАЊЕ НА РЕГИОНОТ

Кодекс Меморандум

БАНКИТЕ И ШТЕДИЛНИЦИТЕ СЕ ОБВРЗАА НА ДОБРО ОДНЕСУВАЊЕ

БРОКЕРИТЕ БЕСПЛАТНИ МЕДИЈАТОРИ ЗА

ОСИГУРУВАЊЕ НА ПОСЕВИТЕ

Page 2: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФО

дос тапни насек аде . . .

Посетете не’ на веб-порталот:www.mchamber.mk

Ве очекуваме!

ПОКРОВИТЕЛИ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИУМ Покровители

INDUSTRIES

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

СТАНДАРД Покровители СИЛВЕР Покровители

http://www.facebook.com/chamber.mk

http://www.twitter.com/Chamber_MK

Page 3: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 21 март 2013, Бр. 128

ПОДВЛЕЧЕНО

Факт е дека законот за одданочување на депозити, Кипар го прави како неатрактивна дестинација. Она што го промовирав пред неколку години, односно можноста за даночна амнестија на нашите резиденти да го вратат капиталот во Република Македонија станува атрактивна затоа што Кипар нема да биде единствено

решение. Ова ќе биде само почеток на она што ќе се случува во Европската унија како појава. Македонскиот банкарски систем е солиден и тој треба да биде предизвик не само за македонските резиденти кои по пат на амнестија би го вратиле капиталот, туку и за коминтентите на странските банки да ги донесат заштедите во Македонија.

(Горан Трајковски, директор на УЈП)

„Виена иншуренс груп“ (ВИГ) е убедливо најмоќната осигурителна групација во централна и во источна Европа, и компаниите од тој калибар се секогаш во потрага по сериозни осигурителни компании. „Винер осигурување“ прва покажа дека мошне добро знае како

се работи на овие простори, а реакцијата на граѓаните и фирмите на деловните стандарди кои компанијата ги промовира отвори простор да станеме доминантна групација и на македонскиот пазар. Во таа смисла, „Винер“ сега е во позиција да ги собира плодовите на повеќегодишната напорна, трпелива и успешна работа. Тоа е деловната филозофија со која го освоивме пазарот, а нашата работа покажа дека во Македонија има доволен човечки капацитет без проблем да се имплементираат и најстрогите деловни норми и за граѓаните да се обезбеди услуга како во најразвиените земји. Освен органскиот развој кој за ВИГ во Македонија се покажа одличен, наредниот чекор е аквизиција на „Кјуби“ која н` зацврстува на врвот на осигурителниот пазар на Македонија. Одличните резултати на „Винер“ продолжуваат. Од квартал во квартал бележиме извонредни

резултати и секој пат е с` поголем предизвикот да бидеме уште подобри. Успешноста и умешноста да го постигнеме тоа, претворено во бројки за изминатата 2012 година покажува највисока полисирана премија во историјата на компанијата во износ од 630 милиони денари и рекорден профит, зголемен за 60 отсто во однос на лани. Во таа смисла, презадоволни сме од резултатите, но најзадоволни сме од фактот што клиентите се задоволни од нас, бидејќи нивното задоволство е најважното нешто што може да го отсликаат споменатите бројки.

(Зоран Нарашанов, генерален директор на „Винер осигурување“)

Константно ги следиме потребите на граѓаните, ги набљудуваме трендовите во ЕУ и во соседните земји и се трудиме на пазарот на столарија да носиме новини од кои токму граѓаните ќе имаат најголем бенефит. Пред две години откако започнавме да вршиме продажба на ПВЦ столарија, нискоемисионото стакло со исполна

помеѓу стакла Аргон го вградуваме стандардно во секој прозорец, што е одамна стандард во земјите од ЕУ. Во земјите од ЕУ каде што има строги норми во енергетската ефикасност на материјалите, не смее да се вгради ПВЦ прозорец со обичнен термопан (флот стакла), бидејќи не ја задоволува нормата за топлинска изолација. Во моментот има голем број на компании кои се во дејноста, посебно на пазарот на ПВЦ столарија така да купувачите имаат избор од каде ќе ја набават столаријата. Прогнозирам дека следи прочистување на пазарот на столарија, претпријатијата што нудат производи со незадоволителен квалитет, претпријатијата со слабости во монтажа, претпријатијата со спори или никакви реакции на рекламации и сервиси нема да опстанат уште долго на пазарот. Општо познато е дека дампирање на цените на сметка на претходнонаведените работи е краткорочно. Претпоставувам дека по предвиденото прочистување, на пазарот на столарија ќе остане само здрава конкуренција.

(Златко Ангеловски, косопственик на „Проспера“ од Куманово)

Моето разбирање е дека целиот преостанат Балкан во Европската Унија ќе влезе одеднаш, во еден момент. Како што стојат работите, сите ние нема ниту да ја помирисаме Европа барем до 2020 година. А до тој миг, мислам дека нашите мали државички, Црна Гора со само 600.000 жители,

Албанија со околу четири милиони, Македонија со два милиони, Косово со 1,7, мислам дека реалноста за овие земји е дека никој не може да оди никаде сам. Наместо да бараме Голема Грција, Голема Македонија или Голема Албанија или Голема Србија, прашањето, всушност е како да се ослободиме од нашите граници и да направиме безгранична зона меѓу нас, што е и насоката во која оди Европа. Мислам дека е добра идејата во прво време да работиме на обединет Балкан, а дури потоа на неговото интегрирање во Европа. Инфраструктурата е многу важна, имаме големи тешкотии да се движиме не само поради границите туку и поради патиштата. На Косово, Македонија и Србија им треба излез на море, и тука за Македонија е подобро, освен кон Грција, да има алтернатива и за излез преку Албанија. Дури и ништо повеќе да не произлезе од оваа соработка за укинување на границите, само тоа што десетици илјади етнички Македонци одат на плажите во Албанија е голема работа. За мене ова беше една од најпријатните неочекувани придобивки кои излегоа од подобрувањето на патиштата во Албанија. Кога сме со семејствата на плажа и сите добро се согласуваме.

(Авни Мустафај, извршен директор на Националниот албански американски совет)

СЕГА ГИ СОБИРАМЕ ПЛОДОВИТЕ НА ПОВЕЌЕГОДИШНАТА НАПОРНА, ТРПЕЛИВА И УСПЕШНА РАБОТА

ДАНОЧНА АМНЕСТИЈА ЗА ВРАТЕНИОТ КАПИТАЛ

ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ НА СТОЛАРИЈА

ВО ПРВО ВРЕМЕ ДА РАБОТИМЕ НА ОБЕДИНЕТ БАЛКАН

Page 4: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФО4

ВО ФОКУСОТ

-ЕУ, со транспортната, енергетската и информативно-технолошката инфраструктура, доаѓа на границите на соседите, а соседите треба да овозможат поврзување од внатре кон границата и јасно да ги

дефинираат своите потреби и да побараат поддршка. Во регионот егзистира регулаторна база за воспоставување на единствена транспортна област. Се работи за среднорочни и долгорочни активности, кои бараат време и финансии. Свесни сме за ограничувањата во услови на економска криза, неадекватната транспортна инфраструктура која ја намалува конкурентноста на регионалната економија. Се` уште во регионот не функционира поврзаност и интероперабилност на регионалните транспортни системи, а без тоа нема одржлива и конкурента мобилност во Југоисточна Европа, ниту пак непопречено функционирање на меѓународниот транспорт и трговија, – истакна Бранко Азески на Конференцијата за транспортна инфраструктура “Конективна Европа – одговор на ЦЕФТА регионот” (14.3.2013 година). Стопанската комора на Македонија, во соработка со ДИХК - Унијата на германските индустриски и трговски комори

беше организатор на оваа Конференција што се одржа во скопскиот хотел „Холидеј Ин“. На неа присуствуваа претставници на бизнис-заедницата, стопанските комори од регинот, бизнис-асоцијациите, владини претставници и носителите на одлуки. -ЦЕФТА-државите и ЦЕФТА-приватниот сектор, и покрај многу достигнувања, недоволно направиле во изминативе 20 години за инфраструктурата. На сите нас ни е потребна акција која доведува до резултати. Да ги поттикне владите во регионот со заеднички инфраструктурни проекти да одговориме на предизвиците на Конективна Европа. Приватниот сектор е подготвен да ги сподели одговорностите со јавниот сектор, доколку се овозможи простор за тоа, – посебно подвлече Бранко Азески. Страните во ЦЕФТА 2006 во преамбулата на Спогодбата изразија подготвеност да соработуваат едни со други во барањето начини и средства за зајакнување на процесот на економска интеграција во Европа. Добрата инфраструктура има директен ефект врз трговските трошоци и подобрувањето на конкурентноста. ЦЕФТА-регионот соочува

со недоволна инфраструктура и недостаток на инфраструктурни конекции и транспортна мрежа. Уште повеќе, на земјите на ЦЕФТА им недостасува регионален, заеднички пристап во надградбата на инфраструктурен капацитет во регионот. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, порача дека Владата на Република Македонија останува посветена на најважната цел, да инвестира во модерен, безбеден, добро одржлив и интегриран транспортен систем, приспособен на потребите на земјата, граѓаните и регионот. Пред учесниците на Конференцијата ги претстави досегашните и идните активности на тој план, посочувајќи дека на Коридорот 10 веќе се гради последната делница за заокружување на автопатското решение, што ќе биде завршено до 2016 година. Се работи и на проекти за изградба на патиштата на Коридорот 8, каде се завршени 36 проценти од патната инфраструктура на ниво на модерен автопат. Паралелно со тоа, како што рече, веќе се работи и на подобрување на железничкиот транспорт и инфраструктура, за поврзување со Бугарија и Албанија. За завршување на градежните активности на западната делница од Коридорот 8 се потребни околу 550 милиони евра, а за источната 530 милиони евра. За железничкиот дел од Коридорот 10, пак, се обезбедени 17 милиони евра за ремонт на 54 километри од железничката пруга.

четврток, 21 март 2013, Бр. 128

АКЦИЈА ЗА ИНФРАСТРУКТУРНО ПОВРЗУВАЊЕ НА РЕГИОНОТ

Конференција за транспортна инфраструктура

“Конективна Европа – одговор на ЦЕФТА регионот” во Скопје

Page 5: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 21 март 2013, Бр. 128

ВО ФОКУСОТ

Мартин Клауке, раководител на Оддел за оперативни работи при Делегацијата на ЕУ, смета дека меѓу најважните проекти за Македонија е довршувањето на автопатската мрежа на Коридорот 10. Европската унија, најави, ќе продолжи со поддршка на проекти преку ИПА, а веќе се користат 130 милиони евра за различни проекти претежно во областа на железничкиот и патниот сообраќај за коридорите 8 и 10. - Моментно се подготвува Инструментот за преѕпристапна помош за периодот од 2014 до 2020, кој ќе опфаќа сличен износ на средства. Се` уште ги немаме точните бројки, но ќе продолжиме да ја поддржуваме патната инфраструктура. Можеби ќе се смени малку фокусот на нашите системи и ќе ги поддржуваме поголемите проекти како коридорите 8 и 10, со поголема поддршка на инвестициската рамка на Западен Балкан и ќе има поактивно мешање на нашите фондови со националниот буџет и со останати средства од меѓународни институции. Ќе се стави поголем акцент и на инфраструктурата на локално и регионално ниво, - рече Клауке. Гудрин Штајнакер, амбасадор на СР Германија во Република Македонија, порача дека „вмрежувањето стана клучен збор во наше време“. - Во повеќе земји во регионот, државата се` уште е најважен купувач и најважен налогодавач за стопанството. Ова, пред се`, се однесува на инфраструктурните проекти. По правило, кај ваквите проекти постојат и меѓународни партнери, пред се` мултилатерални или национални финансиски институции. Поради тоа, за Сојузната Влада на Германија најбитно барање е транспарентност при доделување налози, поврзување при прекуграничните проекти и ефикасност во областа на трошоците и користа, – додаде Штајнакер. Според Тобијас Бауман од Германската трговска комора, квалитетната инфраструктура е многу важна за германските и за останатите инвеститори. Покрај политичката стабилност, географската близина до клучните европски пазари, трошоците за производство и административните процедури, укажува Бауман, во услови на се` посилна конкуренција, транспортот и логистиката се голем предизвик. - Од 2005 година наваму има удвојување на инвестициите во Србија и во Македонија. За да се одржи тој тренд неопходна е добра инфраструктура. Но, не е само таа најбитна. Да споменам само дека 50 отсто од германските бизнисмени не се задоволони од администрацијата. Покрај даночните и други олеснувања, најважно е деловните луѓе во земјата да оценат дека имаат добри шанси за бизнис и за развој, – нагласи Бауман. – Да сонувате автопат со шест ленти за да може брзо и ефикасно да ги реализирате вашите шанси. Јован Теговски, шеф на Кабинетот на генералниот секратар на Советот за регионална соработка со седиште во Сараево, истакна дека ситуацијата во железничкиот сектор во ЈЕИ е далеку од посакуваното. Нивото на услугите е незадоволително во секој поглед што се должи на влошената инфраструктура. Затоа Советот за регионална соработка започна иницијатива за да добие широка политичка поддршка во развојот на железничкиот сектор и ќе продолжи да го промовира регионалниот пристап кон итна реконструкција и модернизација на железницата на ЈЕИ во целина и особено во Западен Балкан. - Земјите на ЦЕФТА во основа ги исполнија сите одредби на договорот! Во следниот период останува да се фокусираме на отстранувањето на нетарифните бариери. Се` уште нема прецизирани мерки за оваа сериозна активност, но потребна е опсечна работа овие појави да се елиминираат. Тоа е значајно за земјите од ЦЕФТА, бидејќи е планирано до 2020 година трговијата меѓу земјите од овој договор да се зголеми за 230 отсто, а странските инвестиции за 120 отсто, – изтакна Умут Ергезер, од Секретаријатот на ЦЕФТА во Брисел. На оваа конференција беа презентирани низа регионални проекти, беа изнесени предлози и идеи за што поголемо инфраструктурно поврзување. Свои видувања за финансирањето на обликувањето на транспортната инфраструктура дадоа претставници од меѓународните финансиски институции, а во оваа прилика посебно беше подвлечено дека треба што повеќе да се поттикнува јавно-приватното партнерство.

Саво Пејчиновски

Page 6: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФО

На 15 Март - Светскиот ден на потрошувачите, претседателот на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, Ѓорѓи Јанчевски и државниот секретар во Министерството за економија, Анче Трифуновски, потпишаа Кодекс за добро однесување на банките и штедилниците.

Кодексот за добро работење/однесување на банките и штедилниците е иницијатива поттикната од Минстерството за економија на Република Македонија. Секако, Министерството за економија не ги обврзуваше банките и штедилниците за содржината на Кодексот, но истиот е во насока на заштита на правата на потрошувачите. Генерално, банките и штедилниците имаат интерни кодекси за добро работење и однесување, но секако еден општ текст на ниво на Здружението е пример за добро организирање и однесување со клиентите. Здружението ја прифати оваа иницијатива и заедно со Министерството е првото кое потпишува ваков документ и тоа токму на Светскиот ден на заштитата на правата на потрошувачите. Кодексот за добро работење на банките и штедилниците во Република Македонија има цел за: ∙ одржување на стандарди за добро однесување и отворена комуникација со цел заштита на нивните клиенти; ∙ зголемување на сигурноста и довербата во банкарскиот систем, како и угледот на финансискиот сектор во општеството; ∙ промовирање на одговорноста, транспарентноста и професионалноста во своето работење.

Кодексот претставува доброволна рамка за регулирање на работењето на банките и штедилниците со клиентите (правни и физички лица), во кој се утврдени минимумот стандарди и вредности за добро работење, фер пазарно натпреварување и има за цел да ги поттикне банките и штедилниците да постигнат што повисоки стандарди за доброто на своите клиенти. Главните принципи на однесување на банките кон клиентите посочени и во Кодексот се: етичко и професионално однесување, примена и почитување на законите и подзаконските акти, чување на тајноста на банкарските податоци и информации, објективност и непристрасност во работењето со клиентите, компетентна примена на нови знаења, сигурност и доверливост на банкарските системи, транспарентност на трошоците во работењето со клиентите согласно пропишаното во важечката законска регулатива, грижа за своите клиенти. Основните елементи кои ги опфаќа Кодексот се: - банката/штедилницата е партнер во финансиското работење; - акцент се става на вниманието на заштитата на клиентите и - потенцирање на односите меѓу банките каде банките и штедилниците ќе настојуваат да постапуваат согласно Кодексот, при што евентуалните проблеми ќе настојуваат да се разрешуваат во рамките на Здружението на банкарството, применувајки ги принципите на добра банкарска пракса, добри деловни обичаи и општиот итерес на банкарскиот сектор.

Кодексот ќе биде достапен на јавноста преку официјалната интернет-страницата на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, како и на официјалната интернет-страна на секоја банка /штедилница членка на Здружението. Сите банки и штедилници кои работат во Република Македонија се членки на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија.

КОДЕКСИ

6 четврток, 21 март 2013, Бр. 128

БАНКИТЕ И ШТЕДИЛНИЦИТЕ СЕ ОБВРЗАА НА ДОБРО ОДНЕСУВАЊЕ

Page 7: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФО

Брокерски друштва ќе ги посетуваат земјоделците за директно да им ојаснат кои се бенефитите од осигурувањето на посевите и пакетот услуги што ги нудат осигурителните компании. Ова е предвидено со Меморандумот за соработка што во Стопанската комора на Македонија го потпишаа Асоцијацијата на осигурителни - брокерски друштва и Aгенцијата за финасиска

поддршка во земјоделството и руралниот развој (18.3.2013 година). Потписите ги ставија претседателот на Асоцијацијата на осигурително-брокерските друштва при Стопанската комора на Македонија, Златко Михајловски и директорот на Aгенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Тони Димовски. Согласно Меморандумот, брокерските друштва практично ќе бидат медијатори, а ваквата улога, на посредници меѓу производителите и осигурителните компании, ќе ја вршат бесплатно. Тие нема да им сугерираат на земјоделците од која осигурителна компанија да купат полиси, напротив, ќе им укажат која нуди најдобри услуги. - Ова е крупен исчекор со цел максимално искористување на владината поддршка за купување земјоделски осигурителни полиси, рече заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски пред потпишувањето на Меморандумот. Коњановски нагласи дека неодамнешните поплави и предизвиканите штети од нив, уште еднаш покажаа колкава е потребата од осигурување на површините. - Последните неколку години се случија поплави, екстремно сушни периоди, од кои, на крај, земјоделците останаа најоштетени зашто не ги осигуруваат посевите, а државата секоја година ја зголемува поддршката за оваа намена, рече заменик министерот, потенцирајќи дека осигуреното е најсигурно. Изминатиов период беа направени бројни анализи за утврдување на причините поради кои македонските земјоделци се уште недоволно го осигуруваат родот и покрај поддршката на државата.

Засега само четири осигурителни компании во земјава нудат земјоделски полиси, а од вкупно регистрираните 100.000 земјоделци, само 1.500 купуваат полиси. Најголем е бројот во Кавадарци, 340, Ресен, 250 и Неготино, повеќе од 200. Најмногу, пак, се осигуруваат лозовите насади, 350 хектари, јаболката, 270 хектари, и житните култури, преку 210 хектари. Годинава Владата обезбеди 35 милиони денари за земјоделските полиси. Мерката предвидува покривање 60 отсто од трошоците за осигурувањето. Поддршката ќе се зголеми до 70 или 80 отсто доколку заживее задругарството. - Мерката се користи, но секогаш може повеќе и подобро, истакна директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Тони Димовски. Аплицирањето е многу едноставно преку поднесување пријава во

Подрачните единици на Министерството за земјоделство. Како што рече претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за саупервизија на осигурувањето, д-р Климе Попоски, доколку посевите се осигурани, компанијата, во случај на елементарна непогода е должна да го исплати земјоделецот најдоцна 15 дена по проценката на настанатите штети. За еден хектар лозје кој носи 10.000 килограми принос по просечна цена од 10 денари за килограм грозје, сумата за осигурување при целосно уништување на насадот/родот би била околу 100.000 денари.

МОЖНОСТИ четврток, 21 март 2013, Бр. 128 7

БРОКЕРИТЕ БЕСПЛАТНИ МЕДИЈАТОРИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ПОСЕВИТЕ

Потпишан Меморандумот за соработка меѓу Асоцијацијата на осигурителни - брокерски

друштва при Стопанската комора на Македонија и Aгенцијата за финасиска поддршка во

земјоделството и руралниот развој

Page 8: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФО

Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, во соработка со Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, на 15.3.2013 година одржа бизнис-средба со најголемите туристички агенции и туроператори од Албанија. На состанокот претседателот на Здружението, Снежана Јовановска Трајковска имаше презентација на туристичките

можности на Република Македонија, а присутните претставници на најзначајните туристички агенции и туроператори, ресторани и хотели од Македонија ги претставија своите понуди за туристите од Албанија. На биснис-средбите беше нагласено дека Албанија, како соседна земја има едно од најзначајните влијанија во македонскиот туризам. Туристите од Албанија секогаш биле меѓу првите три земји со најголемо учество на туристи во Македонија. Во месец јануари оваа година, тоа учество изнесува над 12 % од вкупниот број странски туристи кај нас. -Македонија со својата понуда за сечиј џеб и со сместувачки објекти за сите сезони и сите видови туризам е одлична туристичка дестинација, - изјави Снежана Јовановска, претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија. Туроператорите од Албанија пријатно беа изненадени од она што го видоа до сега разгледувајќи ја Македонија и истакнаа дека со задоволство ќе ја препорачаат Македонија во нивните туристички понуди. Македонските и албанските менаџери од областа на туризмот очекуваат многу брзо да ги продолжат контактите, да отпочнат интензивна соработка и да склучат повеќе договори за соработка. Лазо Ангелевски

Пред членките на Здружението на металната и електроиндустријата и Асоцијацијата за секундарни суровини и рециклатори при Стопанската комора на Македонија, на 12.3.2013 година, претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање и Управата за животна средина извршија презентација за запознавање на членките со обврските

кои произлегуваат по стапувањето во сила на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електорнска опрема. Со овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина кои треба да ги исполнат правните и физичките лица кои произведуваат и пуштаат на пазарот во земјата електрична и електронска опрема и кои постапуваат со отпадната електрична

ПОЧЕТОК НА ИНТЕНЗИВНА СОРАБОТКА СО МАКЕДОНСКИОТ ТУРИСТИЧКИ СЕКТОР

ЗАПОЗНАВАЊЕ СО УПРАВУВАЊЕТО СО ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА И НЕЈЗИНИОТ ОТПАД

КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ

КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ

Здружението на угостителството и туризмот домаќин на

туроператори и новинари од Албанија

Здружение на металната и електроиндустријата и

Асоцијација за секундарни суровини и рециклатори

8 четврток, 21 март 2013, Бр. 128

Page 9: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФО

и електронска опрема, ограничувањето на употребата на одредени опасни супстанции во производството на електрична и електронска опрема, начинот на собирање, третман, преработка и отстранување на ваков вид на отпад. Одредбите на овој закон се применуваат на електрична и електронска опрема на големи и мали домашни апарати, опрема за информатичка технологија и телекомуникациска опрема за широка потрошувачка и забавна електроника, опрема за осветлување, електрични и електронски апарати, електрични и електронски играчки и опрема за забава и спорт, медицински апарати (освен апарати кои можат да предизвикаат радијација или инфекција), инструменти за следење и контрола и автомати. Обврзници на овој закон се производители, увозници и зстапници на ваков вид на опрема и имаат задача да извршат регистрација на производител до 31 декември 2013 година, означување на секое ЕЕО пуштен на пазарот по 1 јануари 2013 година, информирање на крајните потрошувачи за расположивите системи за повраток и собирање, водење на евиденции и доставување на годишни извештаи за пуштање на пазар и собирање на ЕЕО опрема и др. Исто така, на презентацијата беа истакнати, процедурите за регистрација на производителите и трговците кои за прв пат пуштаат на пазар или увезуваат како крајни корисници опрема, преземањето на отпадната опрема, функционирањето на самостојниот и колективниот постапувач, како и финансиските импликации кои произлегуваат од овој Закон. Војкан Николовски

Здружението на индустријата за преработка на дрво и производство на мебел одржа седница на која се расправаше за консеквенците од спроведувањето на регулативата на ЕУ бр.995/2010 или скратено Timber Regulation. Оваа регулатива е донесена во Европската унија во 2010 година, истата почна да се применува од 3.3.2013 година, а се однесува на увозниците

и трговци со производи од дрво во ЕУ. Регулативата забранува трговија со дрво и дрвни производи на пазарот на ЕУ кои потекнуваат од нелегално исечено дрво. Во регионот, освен Македонија, оваа регулатива ја немаат спроведено само уште Косово и Албанија. Увозникот на дрво како таков има најмногу обврски и истиот мора да спроведе систем на проверка, доверба (due diligence system - DDS), кој пак мора да обезбеди од своја страна информации за производителот на дрвото, неговиот снабдувач, земја на потекло, информации за легалноста на производот. Увозникот не мора да ги поседува сите, но мора да постои пристап до сите барани информации. Производи кои имаат низок ризик 1. Ако производот е сертифициран по FSC или PEFC тогаш носи низок ризик. Други национални стандарди (посебно во земји кои имаат висока појава на илегалност) не се сигурни. Пример: ISO 9000 и 14001 не нудат сигурност од илегална сеча. 2. Може да се следат и други шеми на проверка на легалноста, но ги има многу и се доста комплексни, а и квалитетот на верификација се доведува во прашање. Може да биде потребен и CoC. 3. Дрво кое има FLEGT лиценца или CITES дозвола автоматски е подобно. 4. Во земјата каде е посечено дрвото нема ризик од илегална сеча (или занемарлив ризик). 5. Ако се обезбеди план за стопанисување, инспекциски извештаи, доказ за контрола во синџирот на производство. Најдобро е ако е еден производител (ЈПМШ) или една пилана. Не е доволно испитано.

БЕЗ СЕРТИФИЦИРАНИ ШУМИ НЕМА ДА ИМА ПРИСТАП ЗА ПРЕРАБОТУВАЧИТЕ НА ДРВО И МЕБЕЛ НА ПАЗАРИТЕ НА ЕУ

КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ

КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ

Здружение на индустријата за преработка на дрво и производство на мебел

четврток, 21 март 2013, Бр. 128 9

Page 10: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФО

„Скопски легури“ од Скопје пред градежни компании ги презентираше можностите за употреба на троската која се јавува како нус-производот во нивното производство (12.4.2013 година). Таа може, во зависност од начинот на ладење, да биде гранулирана и негранулирана. Гранулираната троска најчесто се користи за тампонирање на цевки, бекатон плочки, лесни цигли, основи на темели на ниски згради, производство на минерална волна и слично. Од оваа троска, „Скопски легури“ има залиха од 160.000 тони. Негранулираната троска може да се користи за изготвување на огноотпорен бетон и градежен материјал, тампони за железнички пруги, изградба на патишта, бутуменски мешавини, абразивен материјал и друго. Залихите изнесуваат околу 200.000 тони. Во обемната дискусија, беа поставувани повеќе прашања, пред се`, за сигурноста за здравјето на луѓето, при што беше истакнато дека за материјалот се поседува анализа која говори дека троската не е штетна по здравјето на луѓето, материјалот има воедначен квалитет, воедно нема негативни влијанија врз арматурата и друго. Фирмите кои имаат своја лабораторија изразија интерес да земат материјал и да го испитаат, со цел да се видат карактеристиките и да се оцени на кои проекти би можеле истиот да го употребуваат, односно да ги вградуваат. Исто така, договорено е да се направи презентација на карактеристиките на троската пред надлежните локални власти, кои можат да ја користат троската при изведба на инфраструктурни објекти. Марија Петроска

КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ

КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ

10 четврток, 21 март 2013, Бр. 128

ПРЕЗЕНТИРАНИ МОЖНОСТИТЕ ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА НУС-ПРОИЗВОДОТ ФЕРОСИЛИКОМАНГАН - ТРОСКАТА

„Скопски легури“ од Скопје на средба со

членки на Стопанската комора на Македонија

Иако во Македонија само 30% од шумите, кои се сопственост на ЈП „Македонски шуми“ подлежат на сеча и како такви треба да се сертифицираат, имплементацијата на оваа регулатива од страна на државата се` уште не е почната. Потребно е да се формира национално тело кое би ги започнало постапките за сертификација, како и мониторинг на целиот процес. Во спротивно, производителите на мебел ќе бидат принудени да увезуваат суровини од соседството каде сертификацијата одамна е завршена или да ги преселат своите погони надвор, со што ќе биде погодена домашната дрвопреработувачка индустрија. Компаниите, на крајот од состанокот заклучија дека е потребна итна средба со Владата на РМ, на која би се покренало прашањето за сертификација на шумите, а на којашто учество би земале и претставници од ресорното министерство, како и јавното претпријатие. Во меѓувреме, домашните производители кои извезуваат треба да ја разгледаат можноста за имплементација на CoC-стандардот што би им обезбедил непречен извоз. Васко Ристевски

Page 11: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФО

Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Кавадарци, на 11.3.2013 година, во просториите на компанијата „Кожувчанка“, ја одржа првата седница. На седницата беше извршена презентација на улогата и значењето на Стопанската комора на Македонија, а беше усвоена Програмата за работа на Регионалната комора со седиште во Кавадарци за 2013

година. Состанокот го отвори претседателот на Регионалната комора, Митко Јанчев, кој пред бројните присутни го истакна значењето на овој регион во стопанството на земјава. - Само на ваков начин преку редовни одржување на состаноци ќе можеме на многу подиректен начин да учествуваме во креирањето на деловната и инвестиционата политика, - дададе тој. Свое излагање имаше и вишиот советник од Стопанската комора на Македонија Јадранка Аризанковска, која ја презентираше улогата и значењето на оваа институција како деловен соработник во светот на бизнисот, а ги образложи организационите форми кои делуваат во Комората. Присутните беа запознати и со услугите кои ги нуди Комората на компаниите во имплементација на стандардите, едукација и семинари, извадоци од законската регулатива на ЕУ-легислативата и ЕУ-интеграцијата, поврзување на компаниите со помош на понуда и побарувачка, користење на е-комерција, учество на саеми и форуми, како и издавање на документи за потребите на бизнисот. Пред присутните беше доставена и Програмата за работа на Регионалната комора со седиште во Кавадарци за 2013 година, како и програмските активности на оваа комора за оваа година. Беше истакнато дека застапувањето на заедничките интереси на членовите на Регионалната комора со седиште во Кавадарци, подобрување на ефикасноста на работата и нивната организираност, во рамките на соработката со единиците на локалната самоуправа, како и со подрачните единици од соодветните министерства за сите прашања од интерес на стопанството, ќе бидат приоритет во нејзиното делување. Членките согласно програмата ќе иницираат воспоставување на директна и непосредна соработка со единиците на локалната самоуправа, преку формирање на економски совет на локално ниво, составен од претставници на бизнис-секторот во регионот и локалната власт. Неговата улога ќе биде во согласност со единиците на локалната самоуправа да го поттикнува економскиот раст и да го инструира ефикасното управување со развојот на овој регион. Од страна на присутните беше побарано и подобра и поголема соработка со сите плански региони во државата, а поради блискоста, поврзаноста и значењето, посебно внимание да се посвети на соработката со Пелагонискиот плански регион. На крајот од седницата се заклучи, согласно значењето и економскиот потенцијал на овој регион, во наредниот период да се иницира што поскоро отворање на канцеларија на Регионалната комора со седиште во Кавадарци, каде компаниите ќе можат полесно и подобро да доставуваат и да иницираат предлози за подобрување на бизнис-климата на ниво на општината и во рамките на планскиот регион.

Сашо Деспотоски

РЕГИОНАНИ КОМОРИ четврток, 21 март 2013, Бр. 128 11

ПРЕДЛОЗИ И ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА БИЗНИС-КЛИМАТА НА ЛОКАЛНО НИВО

Регионалната комора со седиште во Кавадарци ја усвои Програмата за

работа за 2013 година

Page 12: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФО

На 13 март 2013 година се одржа проширен состанок на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Куманово. Меѓу точките на дневниот ред беше и предлогот за донесување на закон за поттикнување на инвестициите, кој го образложи Стојмирка Тасевска, виш советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија. Таа потенцираше

дека подготовката на овој предлог произлезе од потребата да се стимулира стопанскиот развој со системски мерки кои ќе ги поттикнуваат инвестиционите активности и на домашните и на странските инвеститори. Во таа функција Стопанската комора на Македонија организираше јавна дискусија по регионалните комори за да ги слушне мислењата и предлозите на своите членки. Во дискусијата по предлог за донесување на законот учествуваа повеќе претставници на фирмите од регионалната комора со седиште во Куманово. Тие ја поздравија определбата на Комората за вакви системски мерки да води непосредни разговори со своите членки. Истовремено, тие ја подржаа потребата од донесување на ваков закон кој треба да ги стимулира фирмите на позначајни инвестициони активности и разменија конструктивни предлози и мислења за неговата содржина.

Во дискусијата за состојбите во стопанството, повеќе учесници посебно го истакнаа проблемот со изразената неликвидност и потребата од преземање на поефикасни мерки за нејзино ублажување. Учесниците беа информирани дека во Стопанската комора на Македонија во тек е финализација и на друг предлог за донесување на Закон за извршување на финансиските обврски, по кој се планира повторно да се одржат јавни дебати по регионалните комори. Во таа смисла се донесе и заклучок на наредната седница на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Куманово да се расправа токму за овој закон. На состанокот, присутните, едногласно, за претставник во Собранието на Стопанската комора на Македонија од Регионалната комора со седиште во Куманово ја избраа Анита Спасовска, генерален директор на „Бучен Козјак“ од Куманово.

М-р Ацо Спасовски

СТИМУЛ НА ФИРМИТЕ ЗА ПОЗНАЧАЈНИ ИНВЕСТИЦИОНИ АКТИВНОСТИ

РЕГИОНАНИ КОМОРИ

Регионалната комора со седиште во Куманово го поддржа Предлогот

за донесување на закон за поттикнување на инвестициите

12 четврток, 21 март 2013, Бр. 128

Page 13: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФО

Центарот за стручно образование и обука во соработка со твининг партнерот од Словенија во рамките на проектот „Поддршка за модернизација на системот за образование и обука“, за втората компонента „Обука на обучувачи“ организира обука за ментoри (номинирани од страна на училиштата и коморите) кои треба да соработуваат со училиштата во пракитчната

обука на ученици за имплеметација на реформираните наставни планови и програми за двегодишното стручно оспособување и тригодишното образование за занимања. Обуката се одржа на 12.3.2013 година во Битола, во организација на Регионалната занаетчиска комора од Битола, во соработка со Стопанска комора на Македонија - Регионална комора со седиште во Битола, Комората на Северозападна Македонија, Центарот за стручно образование и обука на Македонија и Центарот за стручно образование и обука на Словенија. Бранко Алексовски, советник во Центарот за стручно образование и обука на Македонија во своето излагање истакна:

- Убедени сме дека овие обуки се првиот чекор за зајакнување на неопходната врска помеѓу училиштата и стопанството што е предуслов за образование кое е во функција на она што го бара стопанството, односно тоа е квалитетна и квалификувана работна сила во иднина. Во текот на обуката беше претставен системот на стручно образование и обука во Македонија и искуствата од Словенија како и основните принципи на модернизација на програмите: социјално партнерство, приод со компетенции со резултати од учењето, интеграција на теорија и пракса, отвореност на наставната програма, вработливост, мобилност итн. Учесниците беа запознаени и со новите наставни планови и програми и стандарди на занимања. Најголем осврт се даде на темата менторство и улога на менторите во процесот на обука. На обуката беше направен детален осврт на самата анализа на стандардите за занимање, планирање на процесот на обука, неговиот учинок и мониторирање како и крајната евалуација. На оваа обука за ментори која ги опфати регионите на Битола, Прилеп, Охрид и Струга беа поканети и присуствуваа претставници од компании на спомнатите региони како и членови на развојните тимови во средните училишта. Целта на обуката е оспособување на менторите за работа со ученици за време на практичната обука. После завршувањето на обуката, предвидено е менторите да се здобијат со сертификат.

М-р Никола Димковски

ОСПОСОБУВАЊЕ НА МЕНТОРИ ЗА РАБОТА СО УЧЕНИЦИ НА ПРАКТИЧНА ОБУКА

РЕГИОНАНИ КОМОРИ четврток, 21 март 2013, Бр. 128 13

Во рамките на Проектот „Поддршка за модернизација на системот за образование

и обука“

Page 14: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФО

ЗАПОЗНАВАЊЕ СО НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И КОНТАКТИ СО ТУРСКИ ФИРМИ ЗА НАТАМОШНА СОРАБОТКА

Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор - Aдонис груп, реализираше посета на македонски компании на 14-тиот Меѓународен саем за прозорци, профили, технологија за производство и машини, опрема, суровини и помошни средства - ISTANBUL WINDOW 2013, на

5-тиот Меѓународен саем за врати, блеiдирани врати, панел, системи и помошни средства за врати - DOOREXPO IS-TANBUL 2013 и на Саемот за производи од стакло, технологија и машини за стакло, помошни производии хемикалии - GLASSEXPO ISTANBUL 2013 во Инстанбул, во Турција

На саемските манифестации учествуваа над 600 излагачи од повеке земји од регионот, а поголемиот дел од Турција, производители на прозорци, профили, технологија за производство и машини, опрема, суровини и помошни средства, врати, блеiдирани врати, панел, системи и помошни средства за врати и стакло и машини за истите. Со бројот на излагачи овој саем се вброи како втор по големина саем во Европа од оваа област. Саемските манифестациии ги посетија и 12 посетители од 6 македонски компании. При посетата на саемот, стопанствениците имаа можност да стапат во контакт и да се запознаат со најновите технологии и трендови на реномираните компании производители на прозорци, профили, технологија за производство и машини, опрема, суровини и помошни средства врати, блеiдирани врати, панел, системи и помошни средства за врати и стакло и машини за истите и др. Изразувајќи го своето задоволство од посетата, стопанствениците истакнаа дека оваа посета отвори големи можности за соработка со компании од регионот поготово со компаниите од Турција. И тоа, како за набавка на репроматеријали, така и за набвка на опрема за производство на ПВЦ, алуминиумски прозори и врати. Општ впечаток е дека опремите кои беа изложени се со голем квалитет и со пониски цени од производителите од земјите на Европската Унија. Војкан Николовски

ПОСЕТИ Во организација на

Комората македонски компании ги посетија

саемите за врати, прозорци и за стакло во

Истанбул

14 четврток, 21 март 2013, Бр. 128

Page 15: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

четврток, 21 март 2013, Бр. 128 15

Семинар

„ОДНОСОТ НА СОБРАНИЕТО СО ОСТАНАТИТЕ ОБВРЗНИ ОРГАНИ ВО АД СО КОМПАРАТИВЕН ПРИОД КОН

ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗТД”26 март 2013 година, 9.30-15:00 часот, Сала 1 на V кат, Стопанска комора на Македонија

Стопанската комора на Македонија, на 26 март 2013 година, во просториите на Комората организира еднодневен семинар чија цел ќе биде детална разработка на Собранието на АД како орган кој ја отсликува волјата на целото акционерско друштво, условите и начините на изразувањето на волјата преку носењето на одлуките на акционерското друштво. Исто така, ќе бидат разработени и системите на управување кои ги користат акционерските друштва со посебен осврт врз разграничувањето на Управниот и Надзорниот одбор. Последниот дел од овој семинар ќе биде посветен на детална анализа на последните измени на Законот за трговските друштва.

Програма: • СобраниенаАД-волјатанаАД; • ВидовиинадлежностинаСобраниетонаАД; • СвикувањеиодржувањенаСобраниетонаАД; • (Не)важностанаодлукитенаСобраниетонаАД; • СистеминауправувањенаАД; • Едностепенидвостепенсистемнауправување; • РазграничувањенаУправниотиНадзорниотодбор; • ДеталеносвртврзпоследнитеизменинаЗТДипобудитезанивнотодонесување.

••одобрувањезделкасозаинтересиранастранакајАДчиихартииодвредносткотираатнаовластенаберза ••утврдувањеправенстатуснанеактивнотрговскодруштво,неговобришењеоднадлеженрегистариправниотстатуској го следи

Предавачи: Слаѓана Серафимова, адвокат од Скопје и Тања Петковска, адвокат од Скопје. Пријавување до 22 март 2013 година.

Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.Контакт лица :

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057

Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

E-адреса: [email protected]

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074

Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

E-адреса: [email protected]

Page 16: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

четврток, 21 март 2013, Бр. 12816

По втор пат Enterprise Europe Network во соработка со I-Trans competitiveness cluster, организираат брокерски настан за железничката индустрија во рамките на Саемот „СИФЕР 2013“. Со учество на повеќе од 450 излагачи од малите и средните претпријатија, регионални кластери и меѓународни компании, овој настан дефинитивно претставува еден од најголемите настани во областа на железничката индустрија. Оператори и владини претставници од јавниот транспорт на Франција, регионални владини претставници, менаџери, купувачи специјалисти и инженери ќе бидат дел од учесниците на оваа манифестација. Платформата на „СИФЕР 2013” обезбедува производителите кои учествуваат на овој настан да ги презентираат своите најнови производи пред потенцијалните купувачи. Доколку сакате да ја зајакнете меѓународната соработка, да запознаете нови бизнис-партнери или пак да ги споделите вашите иновативни технологии, тогаш придружете се на брокерскиот настан организиран во рамките на “СИФЕР 2013” за железнички транспорт. Ова е одлична можност особено за големите и средни компании кои се во потрага по нови предизвици во деловниот свет. Релевантни теми:

Патнички, товарен и железнички возен парк;•Патишта и инфраструктура;•Внатрешен комфор;•Технологии и производи;•Сигнализација, системи за контрола на возовите и опрема.•

Пријавување до 12 март 2013 година.

Контакт лица:

Огнен Гаревски Тел: ++ 389 2 3244040

Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

E-адреса: [email protected]

Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009

Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

E-адреса: [email protected]

На 27 и 28 март 2013 година во Лил, Франција

МЕЃУНАРОДЕН БРОКЕРСКИ НАСТАН ЗА ЖЕЛЕЗНИЧКИ ТРАНСПОРТ

Page 17: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

четврток, 21 март 2013, Бр. 128 17

Семинар

„АКТУЕЛНИ НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ”

(Успешно подготвување на понуди, запознавање со новини, успешно користење на ЕСЈН, електронско поднесување понуди и учество нае-аукции во 100% објавени огласи и правна заштита во постапките)

28 март 2013 година, 10:00- 16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

На семинарот ќе се разгледуваат актуелни теми за јавните набавки:

како да се подготви исправна понуда:•на што да се обрне внимание при подготовка на понудите;•што е негативна референца и кога се издава;•како да се заштитите од неосновани негативни рефернеци;•како да учествувате во технички дијалог;•како најбрзо да дознаете за новообјавените тендери;•како да учествувате во постапка која се спроведува по електронски пат;•што е електронска аукција и како да учествувате на неа;•што е интегрираниот електронски систем за јавни набавки;•како се подготвува жалба;•кои се вашите права во постапката;•што има ново во областа на концесиите и ЈПП?•

ПРОГРАМА:

релевантни прописи за јавни набавки;•насока за подготовка на понудите;•технички дијалог и квалификациски систем;•достапност на податоци и информации преку ЕСЈН;•негативни референци;•електронски систем за јавни набавки и е-аукции;•жалбена постапка.•

Обучувачите се експерти од Бирото за јавни набавки.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - книгата „Примена на Законот за јавни набавки во пракса“, второ издание; - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот.

Пријавување до 22 март 2013 година.

Контакт лица : Ленче Зикова

Тел: ++ 389 2 32 44 054Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

E-адреса: [email protected]

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074

Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

E-адреса: [email protected]

Page 18: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

18 четврток, 21 март 2013, Бр. 128

Семинар

,, РЕВИЗИЈА НА ИНФОРМАЦИОНИТЕ СИСТЕМИ”29.3.2013 година , 9:30-16:00 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат Стопанската комора на Македонија, на 29 март 2013 година, во просториите на Комората организира еднодневен семинар на тема: ,,Ревизија на информационите ситеми”. Целта на обуката е слушателите да се здобијат со специфични знаења кои се однесуваат на ревизија на информационите системи, разбирање на ИТ-ризиците и соодветните контроли за успешно извршување на ревизорските ангажмани. Целна група Целна група се внатрешните ревизори од финансискиот сектор (банки, пензиски фондови, осигурителни компании), трговски друштва кои согласно Законот за трговски друштва треба да поседуваат служба за внатрешна ревизија како и јавниот сектор во Република Македонија. Во еден поширок контекст како целна група може да се разгледуваат и сите постојни и новоназначени внатрешни ревизори, раководители на сектори за управување со оперативни ризици, одговорни лица за сигурност на информативните системи, како и сите оние кои сакаат да добијат познавања и вештини за оценка на ризиците и проценка на поставеноста и адекватноста на основните контролни механизми и мерки во Информативниот систем преку теоретски дел и практични вежби. Потребни предзнаења Слушателите е потребно да имаат познавање за процесот на планирање и изведување на ревизорски ангажман, како и основни познавања на ИТ-технологијата, односно поставеноста и организацијата на Информативниот систем. Програма

1. Модул - Вовед за ИТ-Ревизија:• Поим,цел,улогаиопфатнаИТ-Ревизијата;• Прегледнапрофесионалнарамказаизвршувањена

ИТ-внатрешната ревизија;• ФазивоизвршувањенаИТ-Ревизија.

2. Модул - Организација и управување со информативните системи Специфики на ревизијата во информатичко опкружување, трендови и новитети во информатичката технологија.

• Технички аспeкти на Информативниот систем: оперативни системи, бази наподатоци, мрежа, апликации;

• Организацискиаспекти:стратегискоиоперативнопланирање,управувањесоИТ-проекти, сегрегација на должности и управувње со човечки ресурси во ИТ, систем за управување со безбедноста на информациите.

3. Модул – ИТ-Ризици и контроли • Идентификацијаназаканиислабостиикласификацијанаризик;• Системнаинтерниконтроли-поделба,генералникомпјутерскииапликативниконтроли.• Примери

4. Модул - Ревизија на информациските системи: законска регулатива и стандарди Локална законска регулатива која се однесува во делот на безбедност на информациите и имплементирање на мерки и контроли за нивно надминување (како што е, на пример, Одлуката за сигурност на информативниот систем на банките, Кривичниот законик на РМ, Законот за заштита на лични податоци и слично), најдобри практики и стандарди во делот на контроли, безбедност и управување со информационите системи (COBIT, ISO 27001, ITIL). Пример: COBIT Framwork Предавач: Сашо Мицков, CISA, ISO 17799/BS 779 Lead Auditor, пет години работно искуство како ИТ-ревизор. http://www.linkedin.com/in/sasomickov Пријавување до 26 март 2013 година.

Контакт лица :

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057

Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

E-адреса: [email protected]

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074

Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

E-адреса: [email protected]

Page 19: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

19четврток, 21 март 2013, Бр. 128

ВИНАРИЈА - Меѓународна изложба за лозарство и винарство - Фестивал на винотоХОРЕКА - Меѓународна изложба за опрема за хотели, ресторани, кафетерии и трговски објектиФУДТЕКС - Меѓународна изложба за храна и пијалаци, пакување, машини и технологии

На изложбената програма на Меѓународниот саем во Пловдив, Република Бугарија, вклучени се многу саеми од различни дејности, со специјализирани изложби, коишто ги опфаќаат клучните сектори на бугарската економија. Тука се одржуваат најзначајните трговски форуми во земјата, на кои бугарските производители излегуваат на меѓународниот пазар. Саемите и специјализираните саеми ги дефинираат параметрите на развојот на бугарската економија и интересот на странските бизниси во земјата и во регионот. Вкупната изложбена површина изнесува 159.100 метри2, од кои 64.500 метри2 покриен простор. Саемот има современ Меѓународен конгресен центар, со 5 модерно опремени сали, од 20 до 600 места. На располагање се и други 10 сали во одделни комори, со 2 до 100 места. ВИНАРИЈА - Меѓународна изложба за лозарство и винарство - Фестивал на виното. Бугарија е меѓу земјите со долгогодишна традиција во областа на винарството. Таа е почитувана во светската елита на овој софистициран бизнис, а ВИНАРИЈА е една од неговите najрепрезентативни изложби. Низ неа поминува патот на успехот на стотици производители и трговци. Изложбата собира компании-лидери од главните индустриии поврзани со одгледување на лозја и производство на вино и алкохолни пијалаци. Таа е центар за размена на информации, иновации и технологии преку мноштвото настани - конференции, семинари, презентации, дегустации и средби, вклучени во деловната програма. ХОРЕКА нуди: се` за хотелите, рестораните, баровите и трговските објекти - од инструменти, додатоци и целосен асортиман и техника, до опремување и безбедност; профитабилни идеи за проширување на производството и трговијата, средби со професионална публика, со што се обезбедуваат директен маркетинг и клиенти:•опремазахотели,рестораниибарови; •инструментиисадови; •опремазадуќаниимагацини; •мебелзахотелииресторани; • апарати и опрема за вентилација, ладење иклиматизација; •професионалнаопремазачистење; •системизабезбедностипропратниуслугизанив.

ФУДТЕКС е една од најрепрезентативните бугарски саемски изложби на прехранбената индустрија, која ги собира компаниите-лидери во областа на: •здраватаисхрана;

• нови стандарди заквалитет на храната, со уникатен вкус на регионалните кујни; •машиниитехнологии; • инвестицииза усовршување на производството; •најбезбеднииатрактивниамбалажи.

На саемската манифестација ќе учествуваат: •ЗдружениетонамесопреработувачивоБугарија; •АсоцијацијатанамлекопреработувачивоБугарија; •УнијатанапреработувачитенаовошјеизеленчуквоБугарија; •Федерацијатанапроизводителиналебибелипечиваи слаткари во Бугарија; • Здружението на производители на безалкохолнипијалаци во Бугарија; •БугарскатаасоцијацијаБиопродукти/БАБ/; • Бугарскатаасоцијацијанапрофесионални готвачиидр.

Стопанската комора на Македонија во соработка со Саемот во Пловдив, организираат посета и учество на ВИНАРИЈА - Меѓународна изложба за лозарство и винарство - Фестивал на виното, ХОРЕКА - Меѓународна изложба за опрема за хотели, ресторани, кафетерии и трговски објекти, ФУДТЕКС - Меѓународна изложба за храна и пијалаци, пакување, машини и технологии. Посетителот ги покрива патните трошоци и трошоците за сместување во износ од 99 евра (вклучива повратен автобуски превоз Скопје – Будва - Скопје, сместување во хотел со 3 звезди, на база 2 ноќевања со појадок за двокреветна соба, еднокреветна е 124 евра), доколку се користи сопствен превоз цената се намалува за 25 евра, како и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари по лице за членки, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората).

Пријавување до 20.3.2013 година.

Подетални информации, пријавниот лист на Комората, пријавите за учество за натпревар, упатството и правилата за натреварување може да се преземат од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk .

Контакт: Наташа Стојаноска тел: 3244064;факс 3244088 моб.: 070/295-439 [email protected]

Од 3 до 6 април 2013 година три саемски манифестации во Република Бугарија

„ВИНАРИЈА“ , „ХОРЕКА“ И „ФУДТЕКС“ ВО ПЛОВДИВ

Page 20: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФОчетврток, 21 март 2013, Бр. 128

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

20

* 20. Традиционален меѓународен саем за медицинска анализа, дијагноза, рехабилитација, опрема за болници – EXPOMED * 16. Меѓународен саем за лаборатории и нивна опрема - LABTECH

Станува збор за едни од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании. Повеќе од 500 водечки компании учествуваат во EXPOMED и Labtech, најголеми саеми на медицинскиот сектор во Евроазија. Водечките компании во секторот ќе се сретнат професионалци и инвеститори на медицинскиот сектор во Tüyap - Истанбул помеѓу 04-07 април, 2013 година. Значајни случувања беа направени во здравствениот сектор во Турција во последните осум години. Со реформите спроведени, квалитетот и ефикасноста на здравствениот систем се зголемија, и нови инвестициони барања кои се појавија. Благодарение на својата географска локација и социо-културни врски со соседните земји, Турција стана значаен регионален трговски центар во здравствениот сектор. Со своето динамично население и зголемена куповна моќ, земјите од Евроазија направија големи инвестиции во здравствениот сектор. Во делот на EXPOMED посетителите ќе видат:- медицинска технологија, роботска технологија, генетско истражување, биотехнологија, апликации за мобилни уреди, медицинска и дијагностичка опрема, нуклеарна обработка за дијализа, офталмолошки производи, физиотерапија, ортопедски производи, ортопедски помагала и протези, рехабилитација, амбулантни возила, инвалидски колички, роботски системи, уредување на болници и операциони сали, опрема за операции, оддели за интензивна нега и опрема, хируршки рачни алати, хируршки конци, медицински текстилни производи, средства за дезинфекција, садови за стерилизација, стерилизатор на пареа, болнички системи за греење и ладење, автоматски врати, транспортни возила за лекови, приватни и специјализирани центри за здравствена заштита, нуклеарна медицина, медицински туризам, термални води, старечки домови, здравствени центри за стари лица, пластична хирургија, фитнес, аеробик, опрема за сауни, уреди за хидротерапија, аптеки, лекови, слушни помагала, уреди за масажа, здравствени и хигиенски производи, орална и стоматолошка заштита и др. Во делот на LABTECH посетителите ќе видат:- уреди за лаборатории, спектрофотометри, микроскоп, биолошка лабораторија, скалпели, лупа, хистолошка лабораторија, банка за крв и анализа, телескоп, кондензатор, реостат, галваноскоп, хемиска лабораторија, дигитален термометар, ласерска оптика;-тест и мерни уреди, лабораториски реагенси и дијагностички китови, биомедицински калибрации, лабораториски материјали; -стакло, пластичен материјал, филтрирани шишиња, пластични инјекции, апарат за дестилација, стаклени цевки, лабораториска опрема за греење, лабораториски печки, медицински хемикалии, хемиски сусптанции, лабораториски мебел, лабораториски компресори, филтер, маски, ракавици, очила, аспиратори, лабораториски софтвер и др. Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 4 до 7 април 2013 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Обезбедени се: бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно) и бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). За повеќе информации за EXPOMED и LABTECH, посетете ги веб-страните: www.ekspomedfuari.com, www.labtekfuari.com или контактирајте не`.

Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 , Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 , Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 4 до 7 април посетете два меѓународни саеми од областа на медицината во Република Турција по исклучително поволни услови

EXPOMED И LABTECH ВО ИСТАНБУЛ

Page 21: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

21четврток, 21 март 2013, Бр. 128

Успехот на Hannover Messe 2012 потврдува уште еднаш дека најважната светскa технологија е моќен двигател на инвестициите во новите развои и автоматиката. Глобалните мега трендови како што се намалените ресурси, одржливоста, мобилноста и урбанизацијата ја принудуваат индустријата да ги прифати брзите промени и да инвестира во иднината. Со својот јасен фокус на јадрото на технологиите и услугите кои им овозможуваат на индустриското производство, иновациите и ефикасноста, Саемот во Хановер е ценет од страна на компаниите и организациите низ целиот свет, како премиер во светот за тоа што знаат и укажуваат индустриските технологии. Во 2013 година 11. Саем ќе се фокусира на последните случувања во секој од понудените сектори, пред се` на индустриската автоматизација - изградба на системи за автоматизација и решенија. Индустриска автоматизација им нуди на своите посетители и излагачи моќна синергија со сите клучни индустрии. Во центарот на вниманието ќе биде интегрираната автоматизација на процесите со теми, како: Вградени системи и Smart производство. Пораката е дека интелигентните системи за производство, процесите и реализацијата и координацијата на мрежни, географски дистрибуирани се од витално значење за правење „Интегрирана индустрија”. Тематските презентации на Индустриска автоматизација се следни: •индустрискиИТ; •индустрискабезбедностизаштитанапроизводи; •безжичнаавтоматика&M2M; •идентификација,барањеиследење; •роботика,автоматика&визија; •MicroTechnology-паметнисистемизаавтоматизација; •мобилнироботииавтономнисистеми; •интегриранирешенија; •АМА-центарзасензор,мерењеитестирањетехнологии.

МЛД –Движење,возење&автоматикаилимоќнатрансмисијаиконтролa ќе ги изложи електричните и механичките преноси на електрична енергија и контрола на технологии од целиот свет, како и најновитете иновации во хидрауликата и пневматиката. Клучните категории на производи за моќ на трансмисија и контрола вклучуваат валчести лежишта, опрема, тркала, пумпи, мотори, менувачи, возни компоненти на системот, спојки и сопирачки системи. Енергија - Саем за обновлива и конвенционална енергија, напојување, пренос, дистрибуција и складирањe. Манифестацијата документира целосна вредност додавајќи синџир во енергетскиот сектор - од генерација, снабдување, пренос и дистрибуција, трансформација и складирање на електрична енергија. Нуди енергетски микс за иднината што е ефикасен, одржлив, безбеден и најекономичен. Ќе имате можност да ги видите најновите достигнувања од обаста на: трансферна енергија, децентрализирана енергија – договорна, паметни мрежи, геотермална енергија, централен инженеринг, водород + гориво, системи за супер спроведување на енергија во градот. Ветер - Саем за ветер, технологија, компоненти и услуги Силата на ветерот е една од најбрзо растечките сегменти на енергетската индустрија. Cаемoт за ветер претставува комплетен спектар на растителни, компоненти и услуги за индустриски апликации. Изложбата ја прикажува од секој аспект енергијата на ветерот – почнувајќи од процесот од фабриката за дистрибутивни мрежи, од напојување и други концепти. Во оваа област излагачи се производители, добавувачи на делови и услуги, подизведувачи, инженери и финансиери на проекти, специјалисти и др. MobiliTec - Саем за хибридни и електрични Powertrain Technologies, мобилно складирање на енергија и алтернативни решенија за мобилност. Овој водечки саем цврсто е етаблиран како бр. 1 бизнис-платформа за хибридни и електрични мобилни технологии. Ова е местото каде што клучните договори се потпишани, проектите започнати и заедничките вложувања понатаму се развиваат. MobiliTec ќе има специјални презентации: Е-МОТИВ - ќе ги покаже

иновативните производи за возила на електриен погон. MobiliTec – тест-патека - хибридни возила ќе бидат демонстрирани за нивната практична корист. MobiliTec Форум - На корисниците ќе им понуди искуства од експерти од индустријата, политиката и науката кои ќе разговараат за технолошки предизвици и можности за бизнис на електромобилноста. Дигитална фабрика - Саем за интегрирани процеси и ИТ-решенија. Централната ИКТ-платформа во Хановер наоѓа прикази на индустриска автоматизација и технологија. Во срцето на водечкиот трговски саем за интегрирани процеси и ИТ-решенија фокусот ќе биде на процесот на интеграција и интердисциплинарен развој на производот, на решенија за КПУ, менаџмент за животниот цилкус на производот (PLM), реализација на производство (МОН) и ресурси за глобално планирање (ERP) и др. ComVac - Саем за компримиран воздух и вакуум-технологија. Купувачи од целиот свет се во потрага по енергетски ефикасни и одржливи решенија за компримиран воздух и вакуум-технологија. И тоа е токму она што ќе се најде во ComVac. Сите области на интерес се покриени на овој меѓународен водечки саем - од генерација и третман на компримиран воздух за негова дистрибуција и употреба во машини и системи. Индустриска набавка - Саем за склучување индустриски договори. Тука може да се видат иновативни производи и решенија за секоја фаза од индустрискиот синџирот на снабдување, лесни градежни решенија, површински и серија за тематски паркови, вклучувајќи SystemPartner, цврсто формирање, gegossene Technik, затворени системи, инженерство на керамика и сл. SurfaceTechnology - Саем за површинска технологија, што е идеална платформа за апликации и ориентирани решенија, презентација на иновативни производи и технологии за сликарство, галванизација и др. Industrial Green Tec – богат Саем за еколошка технологија.По успешното лансирање во 2012 година, Саемот за еколошка технологија и понатаму се проширува со техники за заштита на воздухот и водата и индустријата за рециклирање. Привлекува голем интерес кај посетителите и медиумите. Зелените технологии, развиени од страна на индустријата, ќе го формираат јадрото на изложбата во 2013 година. Истражување и технологија - Саем за R & D и трансфер натехнологија. Тоа е водечки саем за истражување, развој и трансфер на технологии и врвни индустриски иновации. Акцентот е на трансфер на технологија меѓу научната заедница и светот на бизнисот. Тоа е совршен пример за иновации. Носители на одлуки од сите делови на индустријата доаѓаат тука во потрага по нови идеи во иднина.

Обезбедени се: - бесплатни влезници за Саемот; - бесплатен локален транспорт во Хановер.

Посетителот ги покрива патните и трошоците за сместување, како и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари за нечленки на Комората по лице). Пријавување до 01.03.2013 година.

Повеќе информации за оваа позната богата саемска манифестација можете да видите на следниов веб сајт http://www.hannovermesse.de/home Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 8 до 14 април 2013 година ве носиме на исклучително позната саемска манифестација во

Германија по повластени услови - ПОСЕТА НА HANOVER MESSE

Page 22: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФОчетврток, 21 март 2013, Бр. 128

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

22

Здружението на информатичко-комуникациските технологии и Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија Ве покануваат да учествувате на Меѓународните Б2Б Софтвер денови – Големиот предизвик на информациите, што ќе се одржи од 10-11 април 2013 година во Виена, Австрија.

Иницирањето на нови бизнис-контакти и споделувањето на знаењата и експертизите ќе бидат главна точка на 2. Меѓународни Б2Б Софтвер денови – Големиот предизвик на информациите. Искористете ја шансата за да пристапите до технолошката експертиза и новите бизнис-канали. На овие настани во 2011 година имаше 240 учесници од 18 земји, а се одржаа 500 билатерални состаноци. Настанот е главна цел на компаниите и истражувачките институции кои бараат технолошла, истражувачка и бизнис-соработка. На 10 април 2013 година ќе се одржат:

- презентација за ИТ-трендовите од 10:00 до 12:30 часот и - билатерални средби од 14:00 до 18:00 часот.

На 11 април 2013 година ќе има презентација на значајни компании од секторот, а ќе имате можност да го посетите Австрискиот институт за наука и технологија.

Која е Вашата корисност од учесто на настаните: - ќе ги добиете последните информации од меѓународните говорници; - ќе се сретнете со бројни потенцијални партнери за соработка, на едно место и во еден ден; - ќе се претстават, дискутираат и развијат нови идеи и проекти на интернационално ниво; - ќе посетите интересни компетентни центри; - ќе ја промовирате Вашата организација во Австрија и во цела Европа.

Работен јазик е англиски, а учеството е бесплатно. Пријавување до 20 март 2013 година .

Контакт: Лазо Ангелевски Софче Јовановскател: 3244090;факс 3244088 тел: 3244060; факс:[email protected] [email protected]

На 10 и 11 април 2013 година во Виена, Австрија

МЕЃУНАРОДНИ Б2Б СОФТВЕР ДЕНОВИ – ГОЛЕМИОТ ПРЕДИЗВИК НА

ИНФОРМАЦИИТЕ

Page 23: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФО

Јадранскиот саем се наоѓа во Будва, туристички и бизнис-центар на Црна Гора. Неговата позиција, во близина на најпознатата плажа на црногорскиот брег, во срцето на градот, нуди единствена опција за бизнис и трговски активности. За своите 40 години постоење, Јадранскиот саем стана поим за најуспешните бизнисмени и колективно претставување на најновите достигнувања во вселената, иновациите, креативноста и важни бизнис-контакти. Јадранскиот саем има околу 22.000 м2 земјиште на најатрактивна локација во Будва, на Словенска плажа. Користи 11.000 м2 изложбен простор. Располага со затворен изложбен простор од 3000 м2. За настаните кои бараат поголем простор, во можност се за поставување на дополнителен капацитет од 8000 м2 изложбен простор од затворен тип кој особено е наменет за туристички саеми, машини и опрема, мебел и градежништво. Стопанската комора на Македонија ве поканува на организирана бизнис-посета на најважниот настан во областа на прехранбената индустрија во Будва, Црна Гора. Меѓународното и регионалното значење на овој традиционален саем го потврдува и присуството на голем број компании-излагачи и посетители во и од регионот. На Саемот за храна, што се одвива под знакот на UFI, ќе учествуваат излагачи од областа на: •прехранбенатаиндустрија; •земјоделството; •медитеранскикултури; •органскахрана; •виноигрозје; •слатки; •пакувањеиконтејнери; •кафе; •преработканариба; •производителинаиндустрискаиминералнавода; •увознициидистрибутериназемјоделскаопрема.

Водечки настан во областа на агробизнисот во Црна Гора, познат по своите промотивни и комерцијални резултати на учесниците, овој пат со активно учество на туризмот, нуди атрактивна бизнис-средина за маркетинг на производи и услуги, ланци на дистрибуција, опрема за обработка и професионално готвење, опрема за продавници и магацини и др. На истото место и во ист временски период, паралелно со 39. Саем за храна, се одржуваат и 22. Саем за туризам и 19. Саем за екологија, на кој начин се поврзуваат туристичката и прехранбената индустрија и екологијата во уникатен, конкурентен и одржлив настан со производи и услуги со високи стандарди за квалитет. Квалитетот на настанот ќе придонесе различни тематски настани, во соработка со професионалните здруженија и професионалци, да ги задоволат вашите промотивни потреби и тековните економски трендови.

22. Саем за туризам - METUBES е најважниот настан во областа на промоција и продажба на туристичките капацитети во Црна Гора. Таа ги обединува заедно најважните носители на туризмот на едно место и сеопфатно ја прикажува вкупната моментална понуда за претстојната туристичка сезона. Нејзиното оправдано одржување е фактот дека се одржува секоја година повеќе од две децении и бележи успешна традиција, поддржувајќи ја потребата понудата и побарувачката во туристичкиот пазар да се сретнат во реалниот простор и амбиент на услугата. Заеднички проекти во туризмот и поврзување на регионот како туристичка дестинација, како и директни изложувачи на METUBES се водечки компании, агенции, националните туристички организации и здруженија во регионот. 19. Саем за екологија го опфаќа современиот концепт на конзервација и заштита на животната средина и на природните ресурси кои се` повеќе се зголемуваат во сите области на животот. Саемот е во насока на излагачи кои создаваат производи и услуги од областа на заштитата на животната средина, со посебен акцент на бизниси кои се занимаваат со: •управувањесоотпад; •обновливиизворинаенергија; `•рециклирање; •производителназдраваорганскахрана.

Саемот за екологија е добра можност домашните учесници да се запознаат со современите и ефикасни стандарди за зачувување и заштита на животната средина. Посетителот ги покрива патните трошоци и трошоците за сместување во износ од 99 евра (вклучува повратен автобуски превоз Скопје – Будва - Скопје, сместување во хотел со 4 звезди, на база 2 ноќевања со појадок за двокреветна соба, еднокреветна е 139 евра), доколку се користи сопствен превоз цената се намалува за 25 евра, како и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари по лице за членки, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Пријавување до 25.3.2013 година. Лице за контакт : Наташа Димеска СтојаноскаТел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

23

Од 11 до14 април 2013 година во Република Црна Гора се одржуваат три саемски манифестации

ХРАНА, ТУРИЗАМ И ЕКОЛОГИЈА ВО БУДВА

четврток, 21 март 2013, Бр. 128

Page 24: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

24 четврток, 21 март 2013, Бр. 128

Обуката е наменета да обезбеди кај слушателите напредно разбирање на вреднувањето на проекти и компаниите и финансиско моделирање, преку стекнување на вештини за креирање на сеопфатни финансиски модели и анализи на вреднувањето. Семинарот се фокусира на финансиско моделирање на готовинските текови на компаниите со цел создавање на финансиски модели за вреднување на компании и инвестициони проекти - преку интеграција на финансиските извештаи на компаниите и дисконтирање на слободните готовински текови. Стекнатите знаења и вештини

се применливи во повеќе области на финансиите - корпоративните финанси, финансиската анализа, оценка на инвестициите, спојувања и припојувања на компании, корпоративно банкарство, фондовите и консалтингот за вреднување.

Теми:1.Вреднување - Вреднување-поим, мотиви, митови и корисници- Улога на вреднувањето во корпоративни финансии- Пристапи кон вреднувањето2.Модел на дисконтиран слободен готовински тек (Discounted Free Cash Flow)- Презентирање на моделот на ДСГТ- Ризикот и вреднувањето3.Вреднување на инвестициони проекти- Предвидување на добивките

- Одредување на слободен готовински тек (Free Cash Flow)- Утврдување на дисконтна стапка – метод на WACC- Вреднување на проекти со метод Тек-Главница (Flow to Equity)4.Вреднување на компании- Имплементација на моделот на ДСГТ- Практично вреднување на компанија од МБИ-10 со метод на ДСГТ

Предавач: Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор и Проректор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, визитинг професор на Универзитетот на Југоисточна Европа, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Во академската кариера долга 17 години бил пет години Декан на Економскиот факултет и две години Ректор на Европскиот универзитет. Пријавување до 10 април 2013 година. Контакт: М-р Анита Митревска Елизабета Ефтимовател:02 32 44 057 тел:02 32 44 074 факс.02 32 44 088 факс.02 32 44 088 e-mail:[email protected] e-mail:[email protected]

”DUE-DILLIGENCE”: ПРИМЕНЕТО ВРЕДНУВАЊЕ И ФИНАНСИСКО МОДЕЛИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА МЕТОДОТ НА ДИСКОНТИРАНИ СЛОБОДНИ

ГОТОВИНСКИ ТЕКОВИ” 12.04.2013 година, 10:00-16:00 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

Page 25: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФОчетврток, 21 март 2013, Бр. 128

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

25

Гигантски машини, на 555.000 метри ² изложбен простор, со 3.256 изложувачи и 420.170 посетители, БАУМА 2013 е најголем и можеби најимпресивен саем во светот. Сепак, неоспорен е фактот дека е водечки меѓу националните саеми и истовремено највлијателен магнет за посетители со неговата сеопфатна понуда. Се одликува со сите сектори, присуство на сите лидери на пазарот од овие области и многу иновации.

БАУМА 2013 е водечки меѓународен саем со апсолутно широк спектар на експонати.Секој поединечен производ во група е претставен и јасно структуриран во четири тематски ориентирани сектори кои служат како основа на БАУМА 2013.

Се` за градилиштата:•рударството,екстракцијаиобработканасуровини;•производствонаградежниматеријали;•компонентаидавателитенауслуги;•градежнивозила,камиони;•градежнивозила,камиониитрактори;•камионисополуприколка;•камионвагонисопосебнотелозачистачинапатот;•товарнивозиласоприколкизаприкачувања;•градежнимашини;•апаратиитранспортери;•градежнаопрема,алаткииспецијалнисистеми.

Рударството, екстракција и обработка на суровини:•ракувањеиобработканабетонималтернаградилиштата;•мапинаинсталации;•машинизаекстракцијанасуровиниирударство;•ракувањесосуровини;•минералнисуровини.

Производство на цемент, вар, гипс и соединенија за градежни материјали:• производство на готов бетон, бетонски производи и фабрикуваникомпоненти;•производствонаасфалт;•производствонасувмалтер,гипс;•производствонагипсигипсениплочи;•градеженматеријал,ракувањеипакување.

Давателите на услуги:• пренос, инженеринг, технологија и производство на електричнаенергија;•менувачзатркала;•оски;•управувачкимеханизми;•спојки;•сопирачки;•пневматскидискиконтроланапроцесенинженеринг;• производство на електрична енергија, мобилни и стационираниединици;•фреквенцијаиструјнитрансформатори;

•батерии;•електричнаопремазавозила;•дистрибуцијанаелектричнаенергија,елементииосветлување;•опремаидодатоци;•додатоцииделови;•услуги;•тест,мерењеиконтроланапроцесотинженеринг;•комуникацијаинавигација;•безбедностприработа.

Посетителот ги покрива патните и трошоците за сместување, како и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари за нечленки на Комората по лице). Пријавување до 1.03.2013 година. Повеќе информации за оваа позната богата саемска манифестација може да се најдат на следниов веб-портал:http://www.bauma.de/en/vier_bereiche_der_bauma_1/vier_bereiche_2.php

Контакт:

Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 15 до 21 април 2013 година посета во СР Германија на Меѓународен саем за машини за изградба, градежен материјал, рударски машини, градежни возила и градежна опрема

„БАУМА 2013“ ВО МИНХЕН

Page 26: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФО26

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ четврток, 21 март 2013, Бр. 128

Семинарот ќе претставува запознавање и едукација на здравствените работници во однос на дел од мерките за спречување на појавата, раното откривање, спречувањето на ширењето и спречувањето на заразните болести, како и обврските на здравствените установи, здравствените работници и физичките лица во делот на откривањето и пријавувањето на заразните болести кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести. Органите на државната управа, органите на општините и градот Скопје, здравствените установи и другите правни и физички лица се должни, во рамките на своите надлежности и права и обврски, да соработуваат и да разменуваат информации за спроведувањето на мерките за спречување на појавата, раното откривање, спречување на ширењето и спречувањето на заразните болести и на инфекциите пропишани со овој закон. Надзорот над спроведувањето на прописите од областа на здравството и Законот за заштита на населението од заразни болести го врши Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

ПРОГРАМА • Толкување на Законот за заштита нанаселението од заразни болести, со посебен осврт во делот на откривањето и пријавувањето на заразните болести во здравствените установи (ЈЗУ, ПЗУ), ординации на матични лекари, здравствени домови, болници и др. ЗУ;• начиннапријавувањеиформатаисодржинатана обрасците за пријавување на заразните болести (пополнување на обрасци за пријавување);• водење листи на закажани прегледи иинтервенции, согласно Законот за здравствена заштита; • надзорнадевиденциитеодстрананаДСЗИ;• Законот заментално здравјеи состојбата сопсихијатриските болници во РМ.Предавачи:

- д-р Весна Николоска Димитровска, раководител на одделение во ДСЗИ, Министерство за здравство;

-д-р Оливера Стојковска, раководител на оддление во ДСЗИ, Министерство за здравство и

-д-р Вера Менковска, раководител на сектор во ДСЗИ, Министерство за здравство. Пријавување до 12 април 2013 година.

Контакт: М-р Анита Митревска Елизабета Ефтимовател:02 32 44 057 тел:02 32 44 074 факс.02 32 44 088 факс.02 32 44 088 e-mail:[email protected] e-mail:[email protected]

„ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ”

Начин на пријавување и формата и содржината на обрасците за пријавување на заразните болести

16 април 2013 година, 9:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1, на 5-ти кат

Page 27: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

четврток, 21 март 2013, Бр. 128 27

СтопанскатакоморанаМакедонијаиAnfasFairManagement&InvesmentIncкакодолгогодишнипартнериорганизираатзаедничка посета на Саемот Anfas CityExpo Exhibition. Минатата година Anfas CityExpo - Саемот за просторно планирање, изградба и технологии, широко ги отвори вратите за излагачите и посетителите со изложба поставена на вкупна површина од 17.000 м2, со учество на 152 компании. Изложбата која беше посетена од страна на 12.320 посетители професионалци во оваа област, го урна и рекордот на посетеност на овој саем кој од година во година е се` со повисоки бројки. Најкарактеристично за овој саем е учеството на претседатели на држави, гувернери, градоначалници, владини институции за урбанизам и изградба, проект-инженери, претставници од институти за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, архитектура, градежен сектор, механизација и др. Anfas CityExpo, кој годинава по 4-ти пат ќе се одржи од 17-19 април 2013 година, во својата програма ќе ги прикаже сите национални и меѓународни изложувачи со новите производи и технологии во урбанистичката индустрија која зема се` поголем замав. На оваа саемска манифестација ќе имате можност да видите понуда на:

•општинскивозила;•превознивозила,системизапатаринаипреноснисистеми;•потрошувачкиматеријализаопштини;•пејзажзаградинарствоиопремазаградскоуредување;•декоративнирастенија,алаткииопрема;•инфраструктура,вода,гас,материјализаизградбанапатиштаиопрема;•опремазасоларнаиветернаенергија;•системизатретманнаводаиопрема;•опремаиматеријализачистењеиодржување;•визуелнисистемизазвукисветлина;•опремазаспортскикомплексииспортскаопрема;•безбедност,заштитаназдравјетоибезбедноснисистеми;•компјутерскииинформацискисистеми,автоматизација,хардвер,софтвер;•е-Општинаидр.

Според видот и типот на излагачите, оваа меѓународна изложба е место каде што може да се создаде огромна и ефикасна соработка меѓу пазарите во Европа, Азија и во земјите од Блискиот Исток. На Саемот ќе учествуваат ексклузивни, меѓународни трговски брендови и познати реномирани компании, кои ќе се претстават со своите најдобри производи, технолошко-урбанистички развојни решенија, дизајни, опрема и услуги. Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Обезбедени се: бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4* или со 5*); локален трансфер и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари за нечленки на Комората по лице). Пријавување до 1.4.2013 година. Контакт:

Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: [email protected]

Oд 17 до 19 април 2013 година посета на Mеѓународен саем за просторно планирање, изградба и технологии во Република Турција

ANFAS CITYEXPO ВО АНТАЛИЈА

Page 28: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

28 четврток, 21 март 2013, Бр. 128

CONSTRUCT EXPO, со своите 20 години постоење, стана квалитетна платформа за претставување на ефикасни решенија во полето на градежништвото во Романија. Романија претставува еден од најважните пазари во Европската Унија, за урбанистички и инфраструктурен развој и, како резултат на тоа, побарувачката за најновата градежна опрема, технологии и материјали постојано расте. Во 2012 година, на самската манифестација се собраа 300 компании од 22 земји, на површина од 15.000 квадратни метри, со вкупно 15.000 посетители. Обезбедени се бесплатни влезници за саемската манифестација за посетителите во организација на Стопанската комора на Македонија. Посетителот ги покрива трошоците за пат и сместување во износ од 155 евра чија цена вклучува: - повратен автобуски превоз Скопје – Букурешт - Скопје, - сместување во хотел со 3 звезди, на база 2 ноќевања со појадок за двокреветна соба, а за еднокреветна соба цената изнесува е 169 евра).

Оваа цена важи за група од минимум 18 патници Пријавување најдоцна до 1.04.2013 година.

Контакт: Наташа Стојаноска Марија Петроскател: 3244064; тел: 3244017; факс 3244088 факс:3244088моб.: 070/295-439 моб.070/[email protected] [email protected]

Станува збор за едни од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании. На саемот посетителите ќе може да видат: - Миксери за тесто, колички за пекарство, печки, транспортни ленти, мелница за брашно, ароми, зачини, маја, засладувачи, брашно, витамини. - Пакување и машини и технологија за пакување, складирање, силоси, системи за мерење, еколошки системи, опрема за пекарници, калапи за торти и колачи, декорации за слатки. - Кафе, чај, ресторантска опрема и друго. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 18 до 21 април 2013 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4* или 5* ) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно) и - бесплатни влезници за саемот. - ручек за времетраење на саемската манифестација во просториите на саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). За повеќе информаци посетете ја веб страната www.untekfuari.com

Контакт: Наташа Стојаноска тел: 3244064;факс 3244088 моб.: 070/295-439 [email protected]

Од 18 до 20 април 2013 година Меѓународен саем за градежништво технологии, опрема и материјали во Романија

CONSTRUCT EXPO 2013 ВО БУКУРЕШТ

Од 18 до 21 април 2013 година Меѓународен саем за пекарство, опрема, индустриски кујни, пакување, ладење и складирање во Република Турција

UNTEK 2013 ВО БУРСА

Page 29: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

четврток, 21 март 2013, Бр. 128 29

Стопанската комора на Македонија во соработка со Enterprise Europe Net-work – Russia од Новосибирск со задововлство ве покануваат да бидете дел од “Busi-ness For”, Првиот евроазиски форум за бизнис-заедниците, што ќе се одржи од 25 до 27 април 2013 година во Новосибирск, Русија. Целта на оваа манифестација е да се идентификуваат нови можности и алатки за ефективна соработка на глобално ниво. Засегнатите страни, мрежите и заедниците кои придонесуваат за меѓународен развој на бизнисот ќе преговараат за можностите и придобивките од соработката и меѓународно вмрежување, идентификувањето на ветувачките области на интер-регионално и меѓународно партнерство, како и алатки за зајакнување на меѓународната соработка и зголемување на бизнис-активностите во Сибир. Б2Б средбите што ќе се одржат на 26 април 2013 година, претставуваат одлична можност за размена на контакти и воспоставување соработка меѓу странските компании и руските добавувачи.

Пријавување до 2 април 2013 година.

Контакт лица : Огнен Гаревски

Тел: ++ 389 2 3244040Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

E-адреса: [email protected]

Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009

Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

E-адреса: [email protected]

Европската комисија , Европската инвестициска банка и неколку други институции низ Европа развија нови финансиски инструменти наменети за поддршка на проекти поврзани со енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија. Можност да се добиете увид во Европските фондови и да откриете нови финансиски механизми за вашите проекти , Ви се нуди на европскиот семинар “ЕУ финансирање на проекти од јавен интерес поврзани со енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија” кој ќе се одржи на 25- и 26 Април 2013 година , во Берлин , Германија.

Контакт лицe :

Перо Авакумовски Тел: ++ 389 2 3244048 Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 25 до 27 април 2013 година Меѓународен форум во Новосибирск, Руска федерација

“BUSINESS FOR”

На 25 и 26 Април 2013 година, во Берлин, Германија

ЕУ ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ПОВРЗАНИ СО ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

Page 30: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

30 четврток, 21 март 2013, Бр. 128

Од 15 до 17 мај 2013 во Босна и Херцеговина прв Саем за Халал индустрија

SAHAF ВО САРАЕВО SAHAF - Сараево е прв Халал саем и форум и е единствен настан кој ги обединува сите претставници на Халал индустрија од Југоисточна Европа, како и претставниците на водечката глобална халал индустрија и мултинационални компании.Саемската манифестација ќе се одржи во Центар “Скендерија” – Сараевскиот Саем кој на годишно ниво е посетен од над 150.000 посетители и преку 1500 излагачи на 20 организирани саемски манифестации. Интерес за излагање на оваа саемска манифестација досега покажале голем број на компании од земјите во нашиот регион, како и компании од Германија, Австрија, Турција, Малезија, Индонезија и други земји од Блискиот Исток кои поседуваат халал сертификат за производи и услуги . SAHAF е првиот специјализиран халал саем во Југоисточна Европа, кој обезбедува увид во трендовите на развојот на халал индустријата. На пазарот веќе постојат значителен број на компании кои го имплементирале халал сертификатот и нивните производи успешно се пласираат не само на локално и регионално ниво, туку и на халал пазарите во светот. SAHAF ќе им овозможи на халал производителите и даватели на услуги да ја покажат својата понуда за локалните купувачи и потенцијални купувачи и дистрибутери од странските земји. Посетителот ги покрива трошоците за пат и трошоците за сместување во износ од 125 евра по лице кои вклучуваат: - повратен автобуски превоз Скопје - Сараево - Скопје; - сместување во хотел со 3 ѕвезди на база 2 ноќевања со појадок за двокреветна соба, а резервација на еднокреветна соба е 139 евра.

Оваа цена важи за група од минимум 18 патници. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 25.4.2013 година. За повеќе информации за саемската манифестација SAHAF 2013, посетете ja веб-странata www.sahaf.ba или контактирајте не`.

Контакт: Наташа Димеска СтојаноскаТел: ++ 389 2 3244064Моб. 070/295-439Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: [email protected]

Page 31: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

31четврток, 21 март 2013, Бр. 128

Од 15-18 мај 2013 година Mеѓународен саем за градежништво, енергија и рудници, техника, мебел и недвижен имот во Косово

„EXPOKOS 2013“ ВО ПРИШТИНА Стопанската комора на Македонија и Саемот во Приштина како долгогодишни партнери организираат заедничка посета „EXPOKOS 2013“. На оваа саемска манифестација ќе имате можност да видите понуда во делот на: Градежништво: градежни материјали, градење на системи и опрема, суровини, готови згради, помошна опрема за индустријата, изолација, греење и санитарна технологија, електрична инсталација, керамика, врати и прозорци, обработка на метали, куќа и декорација на згради, изградба на патишта, стакло, фасади, стаклени градежни материјали, кровна конструкција, осветлување на улици и паркови, лифтови за внатрешни работи, природен камен, материјали од нерѓосувачки челик, рециклирање итн. Енергија и рудници: електроиндустрија, алтернативна енергија од ветер, вода, сончева енергија, гас, јаглен, нафта и гориво, бензински станици и бази, министерства и институции за енергетиката, рударството и минерали, машини за рударство, машини за минерални суровини, машини за дупчење на метан, мерна опрема за минерали, транспортни машини, алатки за работа и безбедносна опрема за рударство и др. Техника: технологија, павилјон за оджливост и проверка на квалитет, мерни инструменти, аналитички апарат, автоматика и роботика, хидраулична опрема, металургијата, леење, опрема за метали и неметали, хемиска индустрија, телекомуникации и опрема, транспорт и опрема за транспорт и др. Мебел: машини за дрво, цврсти преработки на дрво, мебел за домаќинства и канцелариски мебел, кујни, мебел за бања, паркет, дрвени подови, куќи од дрво, дрвени украси и др. Недвижен имот: архитекти, банки, комерцијален имот на компании, домашни инспекциски служби, инженери, осигурителни компании и инвеститори, инвестиции и финансиски планери, внатрешни и надворешни ревизори.Според видот и типот на излагачите, оваа меѓународна изложба е место каде што може да се создаде огромна и ефикасна соработка меѓу пазарите во Европа, Азија и во земјите од Блискиот Исток. На Саемот ќе учествуваат ексклузивни, меѓународни трговски брендови и познати реномирани компании, кои ќе се претстават со своите најдобри производи, технолошко-урбанистички развојни решенија, дизајни, опрема и услуги.Очекуван број на изложувачи во 2013 година е повеќе од 400 компании од 20 земји.Национални павилјони од: Албанија, Словенија, Хрватска, Белгија, Македонија, Чешка, Унгарија, Романија , Турција и др. Обезбедени се бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари за нечленки на Комората по лице). Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 1.5.2013 година.Kонтакт: Наташа Димеска СтојаноскаТел: ++ 389 2 3244064Моб. 070/295-439Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: [email protected]

Page 32: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФО32 четврток, 21 март 2013, Бр. 128

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Printtek 2013 е еден од најквалитетните настани за печатарската индустрија која им обезбедува ефикасна и специјализирана маркетинг платформа на изложувачите во халите наменети за групи производи кои им нудат на посетителите цела палета на продукти и иновации под еден покрив. Во делот на Саемот за печатење посетителите ќе видат: - боја за печатење, дигитален фото апарат, скенери, монитори, принтери, ласерски системи, мултимедијален софтвер, кодирање на софтвер, печатење и систем за печатење, машини за печатење, сублимација, тонер за печатење, синтетички филм и матрица; - машини за пакување, печатарски машини, фолија за машини за печатење, ламинатори, дигитални печатарски машини, електронски печатарски машини, термо трансфер принтер, опрема за ладење, опрема за тестирање, машини за лепење, обврзувачки машини, бар код системи, преработка на хартија, мастила, дигитални мастила, мастила за тампон печатење, хемикалии, лепила, фотографски материјали, печатење на хартија, картони за книга, весник и списанија; -етикети, алтернативни материјали, складирање и логистика, автоматски системи и роботи, клима уреди и влажност на системи, регулатор, генератор, печатени апликации, декоративно осветлување; -канцелариски материјал, компјутери, печатач, скенер маси и др.

Во делот на ИПТ посетителите ќе видат:

- хартија, картон, машини за обработка на картон, машини за производство на хартиени вреќи, фолдинг машини, машини за апликации, помошни материјали, балирање и преси, дизајн, автоматизација, софтвери и др.

Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија.

Обезбедени се: - бесплатно сместување во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди, две ноќевања со појадок; - трансфер од хотелот до Саемот; - влезници за Саемот.

Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки, а 5.900.00 денари за нечленки на Комората). Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 20.4.2013 година. За повеќе информации за PRINTTEK 2013 и IPT ISTANBUL 2013, посетете ги веб-страните www.printtekfair.com , www.iptis-tanbul.com или контактирајте не`.

Контакт:

Наташа Димеска Стојаноска Ванчо Спасевски Тел: ++ 389 2 3244064 Тел: ++ 389 2 3244095 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: [email protected] E-адреса: [email protected]

Од 17 до 22 мај 2013 година Стопанската комора на Македонија ве поканува на две саемски манифестации во Република Турција

PRINTTEK И IPT ISTANBUL 2013

Page 33: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

33четврток, 21 март 2013, Бр. 128

Новосадскиот саем, Стопанската комора на Војводина, Enterprise Europe Network - Србија и Стопанската комора на Србија ве покануваат да бидете дел од најголемиот брокерски настап во област на земјоделството, што ќе биде во рамките на Саемот за земјоделие, што ќе се одржи во Нови Сад, Република Србија. На меѓународната манифестација за земјоделие поканети се да земат учество сите оние кои се занимаваат со:• производствонаголемимашинизамеханизацијавоземјоделството;• малимашинизамеханизација;• машинииопремазапрехранбенатаиндустрија;• механизацијаиопремазаиндустијатазапреработканахрана.Присутните ќе имаат и одлична можност да се запознаат со најновите производи како лабораториски препарати и опрема за заштита на растенијата и семенските култури.ЗА САЕМОТСо присуство на претставници од повеќе од 50 земји, овој меѓународен саем претставува еден од водечките меѓународни саеми во областа на земјоделието, не само во Србија, туку и во цела Европа. Главни области на кои ќе се базира овој настан ќе бидат целосниот спектар на продукти и технологии поврзани производство и трговија на земјоделски култури.“80 Agricultural Fair Novi Sad“ е место каде што се сретнуваат производители и трговци од целиот свет, се создаваат нови партнерства и се споделуваат последните технолошки достигнувања. Покрај тоа, оваа манифестација на учесниците ќе им овозможи да се создадат нови бизнис-контакти и потпишување на нови договори. Неколку причини зошто не треба да ја испуштите можноста да бидете дел од оваа манифестација: • водечкаманифестацијавоСрбијавообластаназемјоделието;• универзалнаB2Bплатформа–Можностличнодаостваритеконтактсосопственициименаџеринаресторани,хотели,дистрибутерии потрошувачи на производи;• местокадештоседисткутираатирешаваатактуелнитеиндустрискипроблеми;• местокадештоседискутираатнајновитетехнолошкидостигнувања;• можностзаевалуацијаиистражувањеназемјоделскитекултури;• илјадниципроизводикоипокриваатситепотребинаиндустријата;• професионалнанационалнаиинтернационалнапромоцијанаактивностите.Главни области:• земјоделскимашинииопрема;• хемискипроизводизаземјоделството;• пакување;• обновливитеизворинаенергија;• обработкаистакленичкаопрема;• применетанаукаиистражување.ЗА БРОКЕРСКИОТ НАСТАН Брокерскиот настан претставува највисока форма на Б2Б вмрежувањето кој стана составен дел на скоро сите меѓународни конференции. Тоа претставува најбрзиот и најефикасниот начин за претставување на вашиот бизнис пред потенцијалните партнери и пазари.На овој брокерси настан обезбедува дополнителна поддршка за компаниите да најдат странски партнер за време на Саемот. На учесниците им се дава можност да го одберат својот потенцијален партнер согласно нивните потреби и информациите дадени за партнерот кој го бараат, како и за типот на соработка за која се заинтересирани. Од сето ова се прави листа на состаноци што се одржуваат на определено место и во точно определено време. Секој учесник добива листа специјално изготвена за него најдоцна еден ден пред почетокот на состаноците.Главни предности:• совршенаатмосферазамеѓународенразвојнабизнисот;• помошприпланирањенавашитесостаноци;• порталзабалканскитерегиониииндустрии.Зошто треба да бидете дел од овој настан?• НастанотВидавависокстепеннапублицитет.• МожностдагопронајдетеВашиотиденпартнер,можностзапоединечнисредби.• Вашиотпартнерзасостанокможетедагоопределитеоддома.• Организаторотнудподдршкапред,понастанотизавременанастанотзакреирањеинформацискипрофилзасоработка.Пријавување до 10 мај 2013 година.Контакт лице : Огнен Гаревски Тел: ++ 389 2 3244040Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: [email protected]

Од 18 до 24 мај 2013 година во Република Србија

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ И БРОКЕРСКИ НАСТАН

ВО НОВИ САД

Page 34: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

34 четврток, 21 март 2013, Бр. 128

Целта на оваа меѓународна манифестација е промовирање и интернационализација на националните иновативни системи.

На оваа годишна конференција ќе се најдат: - членови на асоцијацијаците ИНСМЕ и ИЗКА и партнери од целиот свет;- министерства, владини тела од цел свет кои се занимаваат со проблематиката на малите и средните претрпијатија,

претприемништвото, иновативност и политики на конкурентност;- меѓународни финансиски институции, владини организации, таргетирани мали и средни претрпијатија; - меѓународни невладини организации и здруженија кои ќе ги споделуваат нивните мисии и визии;- индивидувални посредници;- организации за деловна поддршка;- центри за иновации и трансфер на технологии;- индивидуални експерти, научници, истражувачи, иноватори и практичари од секоја област.

Пријавување до 5 мај 2013 година. Контакт лицa:

Огнен Гаревски Тел: ++ 389 2 3244040

Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

E-адреса: [email protected]

Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009

Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

E-адреса: [email protected]

Од 21 до 24 мај 2013 година во Измир, Турција ќе се одржи годишна конференција на ИНСМЕ и средба на тема

“ВЛАДЕЕЊЕТО НА ИНОВАЦИИТЕ – ГРАДЕЊЕ НА ИНОВАТИНИ ЕКО-СИСТЕМИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ

ПРЕТПРИЈАТИЈА”

Page 35: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

четврток, 21 март 2013, Бр. 128 35

Од 21 до 23 мај 2013 година бизнис форум во Пекинг, Кина

“2013 ASIA-EU MATCHMAKING EVENT BEIJING”

Стопанската комора на Македонија во соработка со ЕЕН Мрежата за мали и средни претпријатија (ЕЕN Enterprise Europe Network), ве покануваат да учествувате на Меѓународниот брокерски настан што ќе се одржи од 21-23 мај 2013 година во Пекинг, Народна Република Кина. Организатори на настанот се Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија во соработка со ЕЕН за централна Кина, а коорганизатор е Европскиот институт (EЕН Шведска), Оддел за наука и технологии. Главни области на овој настан: - електронски информации и комуникации; - модерно инженерство и производство; - нови материјали, нови извори на енергија; - модерно земјоделство и зелена технологија; - биоинженерство и фармација.

Контакт лице

Огнен Гаревски Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Подетални информации:може да видите : www.b2bmatchmakingbeijing2013.com

Page 36: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

36 четврток, 21 март 2013, Бр. 128

Oд 28 до 31 мај 2013 година, во Иран

“MЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ

ВО ТЕХЕРАН” Ова јубилејно издание на „Иран АГРО ФУД“ - Сам за земјоделство, храна и пијалаци, ќе се одржи на Меѓународниот саем во Техеран.Shahrooz Shahverdi на Palar Samaneh, Техеран и Martin Мaerz на Fairtrade Messe, Германија, се главните организатори/партнери на оваа саемска манифестација. Иранскиот пазар на храна е еден од најважните пазари на Блиски Исток и според статистичките податоци, тргува со бизнис во вредност од 1.240 билиони САД долари (2010). Оваа огромна сума е од увоз на храна во вредност од 7.370.000.000 американски долари и извоз во вредност од 5.040.000.000 САД долари. Со обемноста од 12,4 милијарди американски $ (2010) во трговијата со храна, Иран ја истакнува важноста на овој саем. Од моментот кога Владата на Иран ги укина увозните ограничувања на прехранбените производи во 2003 година, увозот на храна и пијалаци се зголемува од година во година. Особено производителите на месо и месни преработки, конзервирана храна, чај и кафе, зеленчук, млеко и павлака, риба, безалкохолни пијалаци и овошни и зеленчукови сокови, овошје, житарки, чоколада и слатки, сирење, кајмак и многу други производи бележат огромен поттик на нивните продажни активности во Иран.Во рок од 3 години, на пример, меѓу 2007 и 2010 година, за 491% се зголемил увозот на храна, додатоци за храна, сточна храна и пијалаци во Иран.20. Меѓународен саем „Иран АГРО ФУД 2013“ има цел оваа година за сите да обезбеди идеална бизнис-платформа за да се исполнат сите ирански и меѓународни топ-нивоа на донесување на одлуки, и оние кои бараат да ги надградат своите производствени капацитети. 20. Меѓународен земјоделски саем е местото каде ќе се видат нови производи и импресивни презентации. Овој саем е водечки саем за земјоделство, прехранбени производи во земјата и индустријата за добиток.Увозот на земјоделски производи во Иран е вкупно 2.309 билиони САД долари во 2010 година. Според стоковната трговска статистика и база на податоци, Иран увезува животински прехранбени продукти, земјоделски машини и опрема, добиток, ѓубрива и инсектициди во истата вредност. Посетителите особено се заинтересирани да дознаат повеќе за иновативните прехранбени производи и идеите во угостителството како нов производ кој може да има големо влијание врз пазарот и конкурентноста. Производите претставени на овие изложби не се дизајнирани само за иранскиот или за пазарите на Блискиот Исток, туку асортиманот на производи е соодветно широк и целосно ги покрива регионалните и меѓународните трендови. Тие вклучуваат првенствено стандарди поврзани со здравјето, целна група специфични производи, концепти за одржливоста и органски производи. На оваа саемска манифестација како излагачи во 2012 година учествуваа следниве земји: Австрија, Бразил, Канада, Кина, Данска, Финска, Франција, Германија, Велика Британија, Индија, Иран, Италија, Либан, Мексико, Холандија, Оман, Словенија, Шпанија, Јужна Кореја, Швајцарија, Турција, Тајланд и Обединетите Арапски Емирати. Обезбедени се бесплатни влезници за посетителите кои ќе одат организирано преку Комората.

Посетителот ги покрива патните и трошоците за сместување (дополнително информација за трошоците за пат и сместување), како и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари за нечленки на Комората по лице). Пријавување до 20.3.2013 година.

За подетални информации за саемските манифестации можете да се информирате на следниве линкови: www.visit.iran-agro.com;

www.visit.iran-foodhospitality.com; www.visit.iran-foodbevtec.com

Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064Моб. 070/295-439Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: [email protected]

Page 37: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

37четврток, 21 март 2013, Бр. 128

На 18 и 19 јуни 2013 година во Ница, Франција

ПАМЕТЕН И ОДРЖЛИВ ГРАД Б2Б бизнис-средби

Здружението на информатичко-комуникациските технологии и Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија ве покануваат да учествувате на Меѓународните Б2Б средби – Паметен и одржлив град, што ќе се одржат од 18-19 јуни 2013 година во Ница, Франција, во рамките на Конгресот за иновативен град. Вториот Конгрес за иновативен град ќе се фокусира на трансформацијата на градовите, за да станат паметни и одржливи, преку урбана интеграција на технологиите и услугите. Целта на овој настан и на Б2Б средбите е да ги собере заедно на едно место приватните и јавните играчи, во насока да создадат нови услуги и нови нови технички и комуникативни решенија. Учесници: технолошки и производствени провајдери, инвеститори, промотори, архитекти, равојни агенции, институции за планирање и урбанизам, јавни услужни служби, општински асоцијации, јавни и мешани стопански компании, кластери и федерации, организации за истражување и развој, академии, технички центри... Овие технички и комуникациски сектори вклучуваат: - телекомуникации и информатичка технологија; - енергетска ефикасност и управување; - животна средина (вода и ѓубре); - транспорт и мобилност; - здравство; - изградба и реновирање на згради; - сигурност и безбедност.

Учеството на Б2Б средбите е бесплатно.

Контакт: Лазо Ангелевски Софче Јовановска Тел: (02) 3244090 Тел: (02) 3244060 [email protected] [email protected]

Page 38: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФОчетврток, 21 март 2013, Бр. 12838

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновскител: : (02) 3244036, [email protected]

Стопанска комора на Македонијаул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје

тел: : (02) 3244000, факс: (02) [email protected]

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ги повикува домашните компании

МОЖНОСТ ЗА ПЛАСМАН НА СТОКА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА PAN AM 2015 ИГРИТЕ

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИРМ) соопштува дека преку економскиот промотер во Канада и е доставена информација за одржување на Pan Am 2015 игрите, каде што македонските компании можат да се пријавуваат за набавка на стоки и услиги потребни за самото одржување на игрите во Торонто. Оние производи и услуги за кои ќе бидат потребни поголеми количини ќе се распишат меѓународни тендери за набавки. Сите заинтересирани компании членки кои би сакале да добавуваат свои производи или услуги за организаторите на овој настан можат да најдат подетални информации на следниов линк http://www.toronto2015.org/lang/en/gallery/news/buying-the-games-goods-and-services.html, или може да се обратат директно до економскиот промотер за Канада, Ирена Ѓоргиевска [email protected]

БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

ПОВИК

Page 39: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФО

Компанија од Хрватска e заинтересирана да соработува со компании во областа на металната индустрија за изработка и конструкција на алати, громобрански прибор, метална галантерија, машинска преработка на метали во Република Македонија.Валидност дo: 27.05.2013 година

Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на дизајниран мебел од масивно дрво и паркет. Валидност дo: 27.06.2013 година

Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на трактори,приколки и резервни делови.

Валидност дo: 27.06.2013 година

Компанија од Германија нуди производи, системски решенија и услуги кои се дизајнирани и применливи во следните области електрична технологија за мерења и тестирања, управување со енергија, регулирачка техника, и технологија за снабдување со струја.Валидност дo: 28.04.2013 година

Компанија од Германија нуди широк спектар на услуги во соларна технологија во планирање, инсталација и модернизација на соларни системи. Валидност дo: 28.06.2013 година

Компанија од Хрватска заинтересирана е да соработува

со градежни компании во Република Македонија за пласман на хидратизирана вар и камени гранулати.Валидност дo: 28.05.2013 година

Бугарска компанија бара соработка со градежни компании во Република Македонија за пласман на стиропор бетонски елементи.Валидност дo: 28.05.2013 година

Компанија од Германија е заинтересирана за пласман на изолациони цевки и цевки спроводници за развивање на алтернативни извори на енергија за греење и ладење во Република Македонија.Валидност дo: 28.06.2013 година

Компанија од Германија е

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА39четврток, 21 март 2013, Бр. 128

Page 40: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФО

заинтересирана за пласман на изолациони цевки и цевки спроводници за развивање на алтернативни извори на енергија за греење и ладење во Република Македонија.Валидност дo: 28.06.2013 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на разни сензори наменети за производители на мотори, градежни машини, земјоделски машини, товарни возила, автобуси и компресори. Валидност дo: 01.06.2013 година

Компанија од Литванија е заинтересирана да откупува мед од Република Македонија. Валидност дo: 01.05.2013 година

Компанија од Словенија бара

дистрибутер на системи за греење на индустриски објекти, куќи и станови со цврсти и течни горива во Република Македонија. Валидност дo: 01.06.2013 година

Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на бојлери на дрва за загревање. Валидност дo: 01.05.2013 година

Компанија од Литванија е заинтересирана за соработка со компании во Република Македонија за пласман на фармацевтски производи. Валидност дo: 01.05.2013 година

Компанија од Германија бара соработка со компании во Македонија во областа на обновлива енергија преку консултански услуги во фотоволтаични системи и геоинформатиката. Валидност дo: 04.09.2013 година

Компанија од Хрватска е заинтересирана за инвестирање во градежен сектор во Република Македонија преку купување земјиште и изградба на деловни и станбени единици. Валидност дo: 04.08.2013 година

Компанија од Германија бара соработка со македонски производители на овошје и зеленчук.

Валидност дo: 04.06.2013 година

Реномирана компанија од Р. Македонија продава комплет фабрика со автоматска линија за производство на чист природен течен јаглен двеоксид, квалитет наменет и за производство на Coca-Cola, Pepsi Cola, со капацитет од cca 1.000 kg / h готов производ, со машина за полнење на течен јаглен двеоксид во боци од 2,5 – 50 литри, со две статични цистерни и една најмодерна цистерна за превоз на течниот гас до купувачите, со два извора (бунари) на вода и со сопствена концесија за земјиштето. Цена по договор. Локацијата на објектот е во околината на Битола, до границата со Грција.Валидност дo: 5.10.2013 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на лактоза. Валидност дo: 04.05.2013 година

Компанија од Словачка заинтересирана е да пласира во Република Македонија на топлински пумпиВалидност дo: 04.05.2013 година

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКАчетврток, 21 март 2013, Бр. 12840

Контакт:

Мирјана КоцеваТел: (02) 3244-035Факс: (02) 3244-088 [email protected]

Page 41: Бизнис ИНФО број 128 од 21 Март 2013

БИЗНИС ИНФОСТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Посетете не’ на веб-порталот:www.mchamber.mk

Ве очекуваме!

http://www.facebook.com/chamber.mk

http://www.twitter.com/Chamber_MK

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642