29
Правен семинар ЧЛЕН 11 ОД ЕКЧП: СЛОБОДА НА СОБИРАЊЕ И ЗДРУЖУВАЊЕ 30 септември 2016 година Академија за судии и јавни обвинители Ана Медарска-Лазова

Правен семинар ЧЛЕН 11 ОД ЕКЧП: СЛОБОДА НА … 2016/Material 30.9.2016.pdf · заштита или учење на религија, заштита

  • Upload
    others

  • View
    39

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Правен семинар ЧЛЕН 11 ОД ЕКЧП: СЛОБОДА НА СОБИРАЊЕ И ЗДРУЖУВАЊЕ 30 септември 2016 година Академија за судии и јавни обвинители Ана Медарска-Лазова

Се однесува на слободата на поединците да се здружуваат заради заштита на нивните интереси преку формирање колективен субјект (ентитет, правно лице) кое ги претставува

Важен аспект на здраво граѓанско општество (Sidiropoulos v. Greece)

Здружението има основни права кои мора да бидат признаени и заштитени од државата Права на и обврски кон членовите

Што е „здружение“ во смисла на член 11?

Автономно значење

Неформално, но стабилно здружение – ДА!

Што не е „здружение“?

Професионални друштва

Синдикат

Поединец нема право да членува во едно конкретно здружение; може да му биде одбиено членство (Cheall v. UK)

Поединец не смее да биде задолжен (односно обврзан) да членува во здружение, ниту пак да трпи последици ако се одлучи да не членува (Young, James and Webster v. UK) (т.н. Негативно право на здружување)

Концептот на лична автономија – основна карактеристика на слободата на избор на поединецот имплицитна во член 11 (Sorensen and Rasmussen v. Danmark)

Може да постојат и позитивни обврски на државата поврзани со слободата на здружување (ibid.)

Границите меѓу позитивните и негативните обврски на државата под член 11 не можат прецизно да се дефинираат. Сепак, принципите што се применуваат се слични. Кога еден случај се разгледува било од аспект на позитивната, било од аспект на негативната обврска, критериумите што се применуваат не се разликуваат во суштина.

Во двата контексти, мора да се цени дали е направена правична рамнотежа меѓу спротивставените интереси на поединецот и заедницата во целина

Пример: Ouranio Toxo v. Greece Должност е на јавните власти да го гарантираат правилното

функционирање на едно здружение или политичка партија, дури и кога тие ги вознемируваат или навредуваат лицата кои се спротивставуваат на нивните идеи или законити барања

Членовите на партиите односно здруженијата мораат да се во можност да одржуваат состаноци без да се плашат дека ќе бидат изложени на физичко насилство од нивните опоненти. Таков страв може да ги одврати другите здруженија или политички партии од отвореното искажување на нивните мислења на контроверзни теми кои ја засегаат заедницата. Во демократско општество, правото на контра-демонстрација не може да се прошири толку што ќе го загрози уживањето на правото на здружување

Тест:

Дали постои вмешување?

Дали вмешувањето е законито?

Дали има легитимна цел?

Дали е неопходно во демократско општество? Дали е пропорционално?

Форми на вмешување: Забрана за основање Забрана за функционирање, дисолуција Забрана за спроведување определени активности Забрана за финансирање Санкции против основачите, членовите

(прекршочни, кривични)

Може да настанат пред и по формирањето на здружението

Здружение кое не е формирано врз основа на домашниот закон има статус на жртва

Мерката на вмешување да е заснована на закон (во смисла на Конвенцијата), кој е доволно предвидлив и достапен (квалитет на законот)

Во принцип е оставено на домашните судови да ја оценат законитоста

Општи принципи (види,на пример, Gorzelik and Others v. Poland)

Постои директна врска помеѓу демократијата, плурализмот и слободата на здружување

Само убедливи и значајни причини можат да оправдаат рестрикции на слободата на здружување

Сите такви рестрикции се предмет на строга контрола (ригорозна супервизија) на Судот

Демократијата е единствениот политички модел компатибилен со Конвенцискиот систем

Во однос на обележјата на демократијата, Судот им дава особено значење на плурализмот, толеранцијата и на отвореноста на погледите (broadmindedness)

Во демократијата, иако индивидуалните интереси понекогаш мора да се подредени на групните, тоа не значи дека погледите на мнозинството мора секогаш да претежнат – мора да се направи рамнотежа која ќе обезбеди фер и правилен третман на малцинствата

Слободата на здружување е исклучително

важна за малцинствата (вклучувајќи ги и етничките и националните малцинства)

Заштитата на мислењата и слободата на изразување (член 10) е една од целите на слободата на здружување (член 11)

Исклучоците мора да се интерпретираат тесно, а потребата за рестрикција да е убедливо утврдена

Не е улога на Судот да ја замени својата проценка со таа на домашните судови; сепак тоа не значи дека Судот оценува само дали државата ја користела својата дискреција разумно, внимателно и совесно

Судот мора да оцени дали постоела “неодложна општествена потреба” за вмешувањето, дали вмешувањето е пропорционално и дали причините (образложението) дадени од домашните власти се „релевантни и доволни“

Претставуваат здруженија во смисла на член 11 => влегуваат во опфатот на член 11

Важноста на политичките партии во едно демократско

општество Демократијата е основна карактеристика на Конвенцискиот

систем Политичкиот плурализам е предуслов за таквата

демократија Партиите имаат есенцијална улога во остварувањето на

таквиот плурализам

Поврзаност со слободата на изразување (член 10) и правото на слободни избори (член 3 од Протокол бр. 1)

ограничувањата мора да се толкуваат многу стриктно (тесно) (United Communist Party of Turkey v. Turkey)

Ограничена маргина на дискреција во ограничувањето

на слободата на политичко здружување Суштина на демократијата е да се дозволи различни

политички програми да бидат предложени и дискутирани, дури и такви кои што ја доведуваат во прашање моменталната организација на државата, доколку тие не и’ наштетуваат на демократијата како таква (Socialist Party v. Turkey)

Refah Partisi v. Turkey – принципот на секуларизам

Две барања за промената која партијата ја промовира да биде заштитена под член 11

1) средствата насочени кон таа промена да се законити и демократски и

2) самата промена да биде компатибилна со основните демократски принципи

Здруженија формирани за други (освен политичките) цели се важни за правилното функционирање на демократијата

Цели: заштита на културно или духовно наследство, разни социо-економски цели, заштита или учење на религија, заштита на етнички идентитет итн.

Пр. Sidiropoulos v. Greece (заштита и развој на традицијата и културата на македонското малцинство)

Признавање на правен статус на здружение – регистрација:

Законодавството да не е премногу ограничувачко

Законот да не е доволно непрецизен

Постапката за регистрација да не трае премногу долго (de facto одбивање)

Негативен аспект – не мора да е задолжено да стекне правен статус ако тоа ефективно го спречува уживањето на слобода на здружување

Организации во областа на работните односи кои имаат за цел заштита на интересите на нивните членови

Право на работниците да формираат или да се зачленуваат во синдикати по нивен избор Или да не членуваат (негативен аспект)

Државата не треба да фаворизира единствен синдикат

Кога постојат професионални здруженија (адвокатски, лекарски комори и слично), тоа не треба да се одразува на правото на формирање и членување во синдикат (Le Compte, Van Leuven and De Meyere v. Belgium)

Специфични позитивни обврски на државата:

Да ги заштити синдикатите и нивните членови од работодавачите

Да го заштити поединецот од злоупотреба на положбата на синдикатот

Не само кога државата е работодавач!

Опфат на правото:

Право на синдикатите да ги креираат своите правила на функционирање (на пример, во врска со плаќањето членарина)

Право на синдикатите да го бираат своето членство (ASLEF v. UK)

право да се влезе во колективно преговарање (да се склучи колективен договор) (Demir and Baykara v. Turkey)

Право да не се членува во синдикат (closed shop ситуација; pre-entry или post-entry) - потенцијален конфликт меѓу правата на синдикатот и на поединецот под член 11 ▪ Sigurjonsson v. Iceland - слободен таксист

Право на заштита на интересите на членовите: ▪ Право да бидат сослушани од страна на

работодавачот (National Union of Belgian Police v. Belgium)

▪ Забрана за штрајк

Закон за политичките партии, Закон за финансирањето на политичките партии

Закон за здруженија и фондации

Закон за работните односи

Исцрпеност на домашни правни средства (види Здружение на граѓани „Радко“ и Паунковски против Македонија (одлука за допуштеност), јули 2008) Постапка за оценување на уставноста, односно законитоста

на статут или програма на политичка партија (член 112 од УРМ) – согласност со член 20 од УРМ

Пресуда (15 јануари 2009)

Вмешување? ДА- одлуката на Уставен суд

Законито? ДА

Легитимна цел? ДА –заштита на правата и слободите на други лица

Неопходно во демократско општество: Националниот идентитет на еден народ е доведен

во прашање

Статутот и програмата не може да се единствени критериуми врз кои ќе се утврдат целите и намерите на здружението; мора да се гледаат и активностите на членовите и ставовите кои ги држат

Во предметот, клучно прашање: Името на организацијата и учењето на Иван Михајлов – Радко

Името навистина можело да предизвика вознемиреност кај јавноста

Но – недоволно за да се смета за непосредна закана за јавниот ред

Активностите на здружението наведени во актите не биле насилни ; кратко постоело за да се види какви би биле во пракса

Не е улога на Судот да ја утврдува точноста на идеите

Причините не биле „релевантни и доволни“ – ПОВРЕДА!

Дали одлуката за прогласување на штрајкот за незаконит е во согласност со член 11?

Вмешување? ДА

Законито? ДА

Легитимна цел? ДА – заштита на економските интереси на работодавачот

Пропорционалност: Не се обиделе со вонсудско спогодување Пресудата констатирала дека вработените веќе штрајкувале

шест месеци

Студии на случај

Случај 1

Случај 2

Прашања?

Благодарам на вниманието!