23
СЛАВКО ЖРТВА НА МОНТИРАН ПРОЦЕС ЗА ЗАКАНА http:// slavkoblog.wordpress.com/

Justicefor slavko2

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Justicefor slavko2

СЛАВКО ЖРТВА НА МОНТИРАН ПРОЦЕС ЗА

ЗАКАНА

http://slavkoblog.wordpress.com/

Page 2: Justicefor slavko2

®На 30.10.2012 година, Славко се сретнал со судијата поротник Р.Ј. кај битолскиот пазар во Битола и почнале да разговараат. (Р. Ј. во својство на судија поротник заедно со судијата З.К. како претседател на совет, судијата Т.П. како член и судиите поротници В.Л. и Б.П. учествуваше во одпорано отпочната постапка за грабеж и во донесувањето на пресудата Кбр 383/11 укината поради незаконски прибавен доказ) Откако Славко му кажал дека сака да го изземе од наведената судска постапка, разговорот поминал во бурна дискусија.

®Следниот ден, судијата поротник Р.Ј. најпрвин отишол кај судијата З.К., а потоа во полицијата да го пријави Славко дека упатил закана до целиот совет од наведената постапка.

Page 3: Justicefor slavko2

®На 09.07.2013 год. со пресудата K-80/2013 Славко беше осуден на 5 месеци затвор а Апелациониот суд на Битола со пресудата КЖ.бр.-704/13 ја потврди казната на 12.12.2013 година.

®На 03.01.2014 година, од Одделот за извршување на санкции при Основниот суд Битола беше издаден Упатен акт КУИКП. Бр. 1/14 за извршување на 5 месечна казна во време кога Врховниот суд на Македонија се немаше изјаснето во врска со доставеното барање за преиспитување на правосилноста на Осудителната пресуда наведена во Упатниот акт. Од 20.01.2014 година Славко почна да ја издржува казната затвор во Казнено поправната установа Затвор Битола. На 17.04.2014 година, Врховниот суд на Македонија донесе пресуда Квп1 бр 30/2014, со која Осудителната пресудата беше укината поради значителното сомневање во вистинитоста на решителните факти и сторената повреда на Кривичниот законик на штета на Славко (член 382 став 1 точка1 од Законот за кривична постапка).

®На 20.08.2014 година, 26.09.2014 година, 27.10.2014 година и 09.12.2014 година во Основниот суд во Битола се одржа повтореното судење со донесување на пресудата К.бр.331/14.

Page 4: Justicefor slavko2

4

Со следните аргументи се докажува дека Славко е жртва на монтиран судски процес за закана:

Page 5: Justicefor slavko2

®Судијата поротник Р.Ј. на неговото сослушување одржано на 01.02.2013 год во Основниот Суд Битола има дадено исказ дека Славко кај битолскиот пазар се заканил на совет на судии од Основниот суд Битола со следните зборови:

ИСКАЗ СО ИЗМИСЛЕНA ЗАКАНА1

Page 6: Justicefor slavko2

На Главниот претрес во Основниот суд Битола на 09.07.2013 год. сведокот П.К. посведочи за закана од судијата поротник Р.Ј..

Од суштинска важност е да се утврди дали наведените зборови се навистина изговорени или се измислени? Исказот на судијата поротник Р.Ј. е произлезен од расправија кај битолскиот пазар откако Славко му кажал дека сака да го изземе од понатамошна судска постапка а судијата поротник Р.Ј. во состојба на изреволтираност му запретил на Славко со зборовите:

“ќе видиш шо ќе ти напрајме“.

Page 7: Justicefor slavko2

Од изнесеното логички се наметува основаноста на сомнежот дека барањето за изземање било причина судијата поротник Р.Ј. да ја измисли заканата и на тој начин му се освети на Славко.Мегутоа судот мисли дека изземањето на судијата поротник Р.Ј. не била реална причина за измислување на заканата:

Page 8: Justicefor slavko2

Судот дава образложение дека немало мотив заканувачките зборови да бидат измислени од судијата поротник Р.Ј.. бидејќи паричниот надоместок бил мал а изземањето имало мало значење! Меѓутоа ако се земи во обзир фактот дека судијата поротник Р.Ј. и судијата З.К. имаат истакнато имотно правни побарувања во оваа судска постапка тогаш се доаѓа до постоечкиот мотив за измислување на заканата. Мотив за поголема материјална сатисфакција од оние 200 денари! Можност да добијат материјална корист користејќи ги службените позиции во судот.

Page 9: Justicefor slavko2

Судијата поротник Р.Ј. за упатена закана не пријавил истиот ден во полицијата туку следниот бидејќи не ги знаел намерите на Славко:

„Следниот ден, утрото му кажав на судијата Зоран што се случи, а бидејќи НЕ ЗНАЕВ ШО НАМЕРИ , КАКВИ НАМЕРИ ИМА СЛАВКО„

Page 10: Justicefor slavko2

Не е спорно дека судијата поротник Р.Ј. пред да разговара со судијата З. К. незнаел за шо намери и какви намери има Славко а после разговорот ги дознал и отишол да пријави во полиција! Основан е сомнежот дека на средбата на судијата поротник Р.Ј. со судијата З.К. била измислена заканата.

Page 11: Justicefor slavko2

Судот ја наведува пресудата К.бр 383/11 како причина за упатување на закана:

Десет годишната казна затвор изречена во пресудата како причина Славко да се изреволтира а потоа да упати закана не соодветствува со реалноста. Во пресудата судот го наведува датумот кога е изречена пресудата а не го наведува датумот кога е укината. На 05.10.2012 година со решение на Апелациониот суд Битола била укината пресудата К-383/11 а тоа значи дека во времето кога се случила нивната средба не постоела пресуда и не е логично нешто што не постои да предизвика револт.

Page 12: Justicefor slavko2

Исказот на судијата Р.Ј. за упатени заканувачки зборови е контрадикторен.За случајната средба и расправија на Славко со судијата поротник Р.Ј. на 30.10.2012 година кај битолскиот пазар постојат два различити искази од судијата поротник Р.Ј.. Во првиот исказ судијата поротник Р. Ј. тврди дека Славко упатил ЗАКАНУВАЧКИ зборови. Исказот е даден на неговото сослушување на 10.01.2013 година во Основниот суд Битола. Меѓутоа постои и друг исказ на судијата поротник Р.Ј. за истиот настан. Во РЕШЕНИЕ од Претседателот на Основниот суд Битола за изземање на судијата поротник Р.Ј. донесено на 11.12.2012 година Претседателот на Основниот суд Битола образложувајќи ја судската одлука, на првата страна има напишано:

КОНТРАДИКТОРЕН ИСКАЗ2

Page 13: Justicefor slavko2

13

“ Судијата поротник во својата изјава дадена по повод барањето за негово изземање од понатамошното постапување по предметот наведе дека точно било тоа дека обвинетиот му имал упатено НАВРЕДЛИВИ зборови кога бил пресретнат од него во старата чаршија, меѓутоа изјави и тоа дека тоа немало да има влијание врз неговата непристрасност при постапувањето и одлучувањето во конкретниот предмет. “

Објаснение во пресудата К-383/11

Page 14: Justicefor slavko2

14

® После еден месец од настанот, судијата поротник Р.Ј. пред Претседателот на Основниот суд Битола дал исказ за упатени НАВРЕДЛИВИ зборови а после 3 месеци од настанот, во Основниот Суд Битола судијата поротник Р.Ј., дал исказ за упатени ЗАКАНУВАЧКИ зборови.

® Факт е дека исказот на судијата поротник Р.Ј. е контрадикторен. Во пресудата не беше одреден овој решителен факт. Судската постапка за упатена закана немаше образложена пресуда!

Page 15: Justicefor slavko2

15

Дали заканувачките зборови во исказот на судијата поротник Р.Ј. претставуваат сериозна закана врз животите и телата на пет луѓе?Заканувачките зборови можат да се разгледаат како три логични секвенци.Во првата секвенца припаѓаат следните заканувачки зборови:

НЕMА СЕРИОЗНА ЗАКАНА3

Од првата секвенца на зборови произлегува јасна и корекна порака за хиерархијата кај судиите.

Page 16: Justicefor slavko2

16

Во втората секвенца влегуваат пцовките:

За втората секвенца нема што да се каже друго различито од вообичаеното мислење за пцовките.

Page 17: Justicefor slavko2

17

И во третата секвенца остануваат заканувачките зборови:

Од третата секвенца на зборови не произлегува јасна порака како во првата секвенца. Не е одредена и не е довршена. Третата секвенца нема еднозначајно значење..

Page 18: Justicefor slavko2

Зборот „скине„ не е едносмислен збор. Према Речникот на македонски јазик со српскохрватски толкувања, зборот „скине„ може да поприми дури 10 значења. Во речникот, под ознаката I5, има три фигуративни изрази и тоа за: „уништување„, „запустување„ и „изморување„. Фразата „Ќе ве скинам„ може да значи „ Ќе ве уништам„ а може и да значи „Ќе ве запустам„ или „Ќе ве заморам„. На пример во секојдневниот говор можат да се сретнат: ќе те скинам од ќотек и ќе те скинам од дневниот ред...Во пресудата нема образложение зошто судот се определил и на зборот скинам му дал фигуративно значење за уништување кога во постапката не беше презентиран никаков елемент што би укажал постоење на закана кон телата или животите на судиите од советот од Основниот суд Битола.

Page 19: Justicefor slavko2

19

Во пресудaта на Основниот суд Битола К.бр.331/14 се шпекулира со ДЕСЕТ ГОДИШНА КАЗНА ЗАТВОР од поништена пресуда: “ Дека заканата била сериозна не е спорно бидејќи се работело за закана упатена на лица кои го усудиле на 10 години затвор,... “.

ШПЕКУЛИРАЊЕ4

Славко не е осуден на 10 години а пресудата со која шпекулира судот е укината.

Page 20: Justicefor slavko2

20

Во пресудата К.бр.331/14 на Основниот суд Битола се шпекулира со НЕТОЧНИ ИНФОРМАЦИИ за блогот на Славко:

Во пресудата К.бр.331/14 фактичката состојба се опишува со неточни информации за блогот на Славко за да се стекне впечаток за постоење на револт кај Славко од пресуда на судскиот совет. На блогот на Славко “Justice for Slavko”: http://slavkoblog.wordpress.com/ непостојат никакви навреди и клевети!

Page 21: Justicefor slavko2

21

®Во обвинителниот предлог КО.бр.736/12 има вметнато измислена закана наводно искажана од Славко кај дрвеното мовче со зборовите: “ќе ве скинам сите“Вметната закана „ќе ве скинам сите„ ја нема во исказот на судијата поротник Р.Ј. , даден на неговото сослушување на 01.02.2013 година во Основниот суд Битола. Во записникот ОИД-187/2012 не постои таква закана.

ОБВИНИТЕЛЕН ПРЕДЛОГ СО НЕПОСТОЕЧКА ЗАКАНА

5

Page 22: Justicefor slavko2

22

Во пресудата Кбр 331/14 беа неосновано отфрлени сведочењата на П.К. и Љ.А..Судот постапил произволно во отфрлањето на сведочењето на Љ.А.! кога неговиот исказ го прогласил за конструкција со следното образложение: „... нема логика на вакво временско растојание сведокот да се сеќава на овие поединости ако не бил насочен што да се сети и кажи.„

НЕОСНОВАНО ОТФРЛЕНИ СВЕДОЧЕЊА6

Page 23: Justicefor slavko2

23

® Судот без никакво вештачење за помнењето на сведокот, употребил временски период по свое наоѓање како критериум за дискредитација на сведокот.

® Судот слично постапил и во отфрлањето на сведочењето на П.К.!