10
INTERNET INTERNET терминологија терминологија Веб страница и веб-сајт Веб страница и веб-сајт

Internet терминологија

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Internet терминологија

Citation preview

Page 1: Internet терминологија

INTERNET INTERNET терминологијатерминологија

INTERNET INTERNET терминологијатерминологија

Веб страница и веб-сајтВеб страница и веб-сајт

Page 2: Internet терминологија

Интернетот е светска мрежа составена од

илјадници компјутерски мрежи

ширум светот

• Називот Интернет е кратенка од INTERnational NETwork − интернационална мрежа.

Page 3: Internet терминологија

Интернетот го користи моделот сервeр − клиент.

Серверите постојано се вклучени во мрежата и меѓусебно разменуваат податоци, така што на

секој корисник во секој миг му е достапен кој било

податок од кој било сервер што се наоѓа каде било во светот. Ова е обезбедено со единствени правила за пренесување податоци, наречени протоколи.

Page 4: Internet терминологија

Веб-страница

• Документите што ги разгледуваш на Интернет се нарекуваат веб-страници (web pages).

Page 5: Internet терминологија

Хиперлинк

• Веќе знаеш дека веб-страниците се поврзани меѓу себе.

• Врската што ти овозможува да се движиш од една до друга страница се нарекува хиперлинк (hyperlink) или само линк (link).

• Линк може да биде некој текст, некоја слика или некој друг објект на веб- страницата.

• Како ќе ги најдеш и препознаеш линковите? • Доколку линк е некој текст, тој е обично со

друга боја или е подвлечен.

Page 6: Internet терминологија

Веб-сајт • Множеството страници кои се

поврзани и сочинуваат целина се нарекува веб-сајт (web site).

• Сајт е англиски збор и значи „место, локација“, па кога ќе речеме веб-сајт, мислиме на локација на Интернет на кое се наоѓаат веб-страници преку кои некоја личност, претпријатие или организација се претставуваат на Интернет.

Page 7: Internet терминологија

Домашна страница

• За да се олесни движењето меѓу страниците, обично една од страниците ги содржи сите линкови до другите страници на сајтот.

• Таа страница се нарекува домашна страница (home page) и таа ќе се отвори прва кога ќе посетиш некој сајт.

Page 8: Internet терминологија

Публикување и хостирање

• Откако ќе се направи некој сајт, тој треба да се објави, односно треба да се публикува на некој од серверите на Интернет, за да може да биде достапен за сите корисници на Интернет. Поставувањето сајт на серверот се нарекува хостирање.

Page 9: Internet терминологија

Прашања и вежби:• 1. Направи разлика меѓу веб-страница и веб-

сајт! • 2. Што е хиперлинк или линк? • 3. Дали слика може да биде линк?• 4. Што е домашна страница на веб-сајт? • 5. Како се нарекува движењето меѓу

страниците на еден веб-сајт? • 6. Зошто веб-сајтот треба да се публикува? • 7. Што е хостирање? • 8. Како се нарекува адресата на некоја веб-

страница? • 9. Дали секоја веб-страница мора да има своја

адреса?

Page 10: Internet терминологија

10. Дополни ги следниве реченици:

• Веб-сајтот се состои од повеќе _______________. Првата страница што ќе се отвори кога ќе посетиме некој веб-сајт се нарекува ________________. Од една до друга веб-страница преминуваме со кликнување на _____________. Движењето помеѓу веб-страниците се нарекува ______________. Секоја веб-страница мора да има своја единствена ______________.