55

Монографија „Песталоци“ (извадок)

Embed Size (px)

Citation preview

содржинавовед од авторот

рецензија на д-р ана мартиновска

прв делМ А К Е Д О Н И ЈА & Ш В А Ј Ц А Р И ЈА

втор делП О Т РА Г И Т Е Н А П Р И ЈАТ Е Л С Т ВОТО

трет делА Л Ф Р Е Д Р ОТ И П Р О Е К ТОТ

четврти делЛ И КОТ И Д Е Л ОТО Н А П Е С ТА Л О Ц И

Кога некој објект е создаден во време или на место на некој значаен настан во историјата на еден народ тој станува споменик на тој настан и на тоа време.

И по својата уметничка вредност, и како иновација во областа на асеизмичката изградба, и како значаен пример на меѓународна солидарност и соработка, изразена по катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година, архитектонското дело на професор Алфред Рот, коешто го носи името на големиот швајцарски педагог Јохан Хајнрих Песталоци е значаен споменик, изграден во центарот на град Скопје.

Во текот на изминатите четириесет години од неговото отворање до денес тој споменик ја потврди својата улога да биде не само основно училиште, туку и пример за асеизмичко градење, пример на значајни архитектонски решенија за современи училишни објекти, но и објект каде можат да се одвиваат значајни образовни, воспитни, културни и други општествени настани. Мнозина од иницијаторите за брзо и ефективно реагирање со помош во тоа што е најважно за настраданиот град веднаш по катастрофата, денес не се меѓу живите, но трајна е нивната порака за натамошно одржување на подареното во состојбата при неговото предавање. Годинешната реконструкција на објектот е доказ за нивната несебична грижа за него и почит кон тоа што е создадено со помошта на нивните граѓани.

Оваа монографија треба да се сфати како израз на благодарност кон граѓаните на Швајцарија, со чија несебична помош е проектирано, изградено и опремено Основното училиште “Јохан Хајнрих Песталоци” во Скопје, и како почит кон бесмртното дело на неговиот патрон - пример на човекољубие и солидарност, на кој ќе се воспитуваат и идните млади генерации .

Авторот

Кога некаде во мај 2011 г. во мојот кабинет влезе господинот Кочо Костов, со себе го внесе сиот свој интелектуален и емоционален багаж, па не само што со извонредна ерудиција говореше за теми од Блаже Конески преку сопствените препеви на руската и германска

поезија па сé до македонската историја и Александар Велики, туку и со видлива топлина во гласот и понекоја скриена солза во аглите на очите си спомнуваше за нашето Крушево, за своите први учителски денови, но пред и над сé за својата животна мисија во повеќедецениското водење на училиштето „Песталоци“, за генерациите кои минале (со неверојатно сеќавање на имиња и ситуации), за приредбите и екскурзиите, за журките и палавштините, за предизвиците во и вон наставата. Не е фраза ако кажам дека за миг се почувствував како да не минале 25 години од времето кога јас бев ученичка, а тој директор, бидејќи и по толку време, сега во своите повозрасни години, Костов сеуште подеднакво импресионираше со својот тивок авторитет, со својата прецизна и јасна мисла, со меморијата на која и многу помлади би му позавиделе, со сувереното познавање, но и вистинска страст за темите за кои разговараше, како и внимателното погледнување на часовникот за да не ми одземе повеќе од половината час кои самиот ги одредил за пристојна рамка

рецензија за изданието

PESTALOZZIна кочо в. костов

за „на гости“. Без двојба се согласив да ја напишам оваа рецензија за неговата монографија посветена на училиштето кое и на двајцата ни значеше многу (јас и денес тврдам дека и покрај сите школи што ги завршив подоцна во животот, и овде и надвор, Песталоци остана мојата најголема животна школа), но искрено жалам што нејзиното објавување се случува по неговото физичко заминување. Очигледно дека Костов беше премногу скромен и горделив за да побара помош со која оваа книга можеше да биде објавена многу порано, но токму затоа се гордеам што заживеа иницијатива на неговите поранешни ученици и што таа конечно вроди со плод, во име на сите наши спомени, а во негова чест.

Изданието насловено како “Pestalozzi” на авторот Кочо В. Костов е сериозно осмислена и темелно изработена монографија посветена на објектот во кој е сместено основното училиште “Јохан Хајнрих Песталоци”. Како што ни објаснува и самиот автор, овој објект се смета за невообичаен по многу нешта, првенствено по својата уметничка поточно архитектонска вредност, но уште повеќе по фактот дека претставува иновација во областа на асеизмичката изградба.

Истовремено, тој објект е многу повеќе од само училишна зграда, тој е симбол на квалитетното образование и воспитување, но и симбол на солидарноста и трајното поврзување на Швајцарија и Македонија. Оттука изданието започнува со визуелна и текстуална споредба на двете земји, нивните природни убавини, нивните културни достигнувања и нивната мултиетничност. Тие неспорни сличности, авторот Костов ги демонстрира преку најевидентниот пример на директен и успешен контакт и пријателство меѓу двете земји – училиштето изградено врз темелите на разурнатото од земјотресот “Петар Петровиќ Његош”, подоцна преименувано во чест на Швајцарскиот педагог Јохан Хајнрих Песталоци (1746-1827).

Песталоци тврдел дека “Едукацијата во училиштето е продолжување и проширување на домашната едукација. Училницата и училиштето треба да го овозможат истото чувство на сигурност и интимност со кои детето е сродено во својот дом; единствено на широкиот природен и вештачки енвиромент,

оној на училиштето и на домот, го формираат виталниот елементарен дел на образованието на детето. ”. Токму овие негови зборови биле идеја водилка во креирањето на училиштето од страна на архитектот Алфред Рот, на чија биографија и заслуги посебно се задржува авторот во одделно поглавје од книгата, кое вклучува и интервју со него, како и негов текст за проектот и неговата реализација (распоред на просториите, противземјотресната конструкција, ѕидните табли во вид на книга, негови посети на своето „омилено дело“ итн.)

Како посебна вредност на монографијата го издвојуваме и користењето на материјали (фотографии) од филмот “По трагите на пријателството” во режија на Трајче Попов (снимател Киро Билбиловски), со потресни призори на скопскиот земјотрес од 1963 година, но и на изградбата и заживувањето на новото модерно училиште добиено низ хуман чин како подарок од швајцарскиот народ, на неговиот единствен технички проект и на трајните лични пријателство создадени благодарение на него. Сето тоа е проследено со текст на македонски и англиски јазик, што придава додатна вредност на истото.

Во продолжение изданието се задржува на биографијата на самиот Јохан Хајнрих Песталоци, по кого е именувано училиштето, како и неговата неуморна работа на “полето на научната мисла, економијата, политиката, како новинар, писател, научник психолог, педагог, воспитувач, со еден збор УЧИТЕЛ - практичар во релизацијата на грандиозни идеи и останува до денес ненадминат по страсниот педагошки ентузијазам и целосната оданост на идејата за очовечување на човекот.”. Книгата го следи неговиот живот и дело, со хронолошки осврт на неговото потекло, семејство, образование, неговите методи и сфаќања за наставата и воспитанието, неговиот Институт во Ивердон и неговите дела кои му донеле голема слава и признанија. Притоа забележлив е и темелниот и исцрпен пристап кон оформувањето на оваа биографија, значајна како светол пример за неговите наследници од училиштето кое се гордее со неговото име.

Во овој дел се поместени и еден сонет од Адолф Халер во препев на авторот Кочо Костов, како и неколку трудови на самиот Песталоци. Станува збор за текстовите “Моите воспитни обиди”, делови од “Суштината и целта на Методата” и ”Нешто за религијата”, трудови од кои јасно се гледа неговата цел елементарното образование во себе да вклучува интелектуален, физички и морален развој, принцип кој и самиот Костов го прифаќа и спроведува во својата педагошка дејност, како и при долгогодишното успешно менаџирање на училиштето.

Покрај делата на самиот Песталоци, изданието кое му е посветено во себе вклучува и размисли за неговото сфаќање на посматрањето, како и два текста на д-р Вој. Р. Младеновиќ за “Песталоци како личност” и ”Јохан Хајнрих Песталоци (по повод 130 години од неговата смрт)”. Со нивна помош читателот има можност да добие една заокружена претстава за Песталоци и како објект и како образовна институција, а уште повеќе за Песталоци како личност и исклучително значајна фигура за педагогијата. Со тоа, изданието се потврдува како ретко и раритетно издание, посветено на тема која е досега необработена во македонското издаваштво, и сето тоа е сторено на начин кој плени со својата посветеност и сеопфатност.

На тој начин, целата книга несомнено расветлува многу моменти од поблиското и подалечно минато, колку што укажува и на процесот на создавање солидни темели за иднината со инвестиција во училиштата и педагошкиот систем. Од денешен аспект кога се повеќе се бориме со срушените (или дури непостоечки) системи на вредности, ова издание може да се сфати како препорака која може (и треба) да има огромно влијание во повторното воспоставување на здрави критериуми во однос на училиштата и како објекти и како образовно-воспитни установи, што е една од основните претпоставки за градење на перспективна иднина за младите, но истовремено и за целокупното општество.

Покрај тоа, како посебни квалитети на изданието мора да се потенцираат употребата на огромна и ретка архивска граѓа, бројните документи,

фотографии, скици, нацрти, видео записи, новински исечоци и останати материјали, кои ја засведочуваат историската перцепција за Песталоци и ја евидентираат неговата благородна визија за иднината на децата. Тоа сведочи за долгогодишна планска активност за архивирање на сите релевантни случувања поврзани за училиштето, која восхитува со својата мултиперспективност и со својата интермедијалност (додатно значајна ако се земе предвид времето кога се снимани дел од материјалите и технолошките услови кои постоеле тогаш). Се чини дури неверојатно дека таа се должи на ентузијазмот и предаденоста на само еден човек, но од друга страна, сето тоа воопшто не нè изненадува ако знаеме дека тој човек - авторот на изданието е Кочо Костов, кој цели 24 години беше директор на елитното училиште со името на Јохан Хајнрих Песталоци.

Костов не само што ја оствари во пракса визијата на Песталоци за квалитетно образование и воспитување, туку и со оваа своја книга целосно ги заокружува своите повеќедецениски напори за негова презентација и афирмација во наша средина. Затоа, ни причинува огромна чест и задоволство да ја препорачаме оваа книга, апсолутно сигурни во нејзината функција за промоција на високи вредности во образовниот, културниот и општествениот живот. Подеднакво голема и недвојбена е и нашата верба во нејзин широк прием кај сите оние за кои времето минато во клупите на “Јохан Хајнрих Песталоци” било клучно во личното и професионално оформување, оние кои секогаш се гордееле со овој податок од својата биографија и кои се емотивно врзани за ова училиште со речиси култен статус, но и воопшто кај пошироката македонска јавност. Ова е дефинитивно книга од која многумина можат многу да научат, и педагозите, и менаџерите во образованието, и архитектите, и писателите, и тоа не само за историјата на една педагошка установа, туку и за влогот на еден, по толку нешта посебен човек во обликување на нашето минато, нашата перцепција на реалноста, но и нашата заедничка визија за иднината.

Скопје, 03.06.2011 проф. д-р Ана Мартиноска,Институт за македонска литература Универзитет “Св. Кирил и Методиј”

ПРВ ДЕЛМАКЕДОНИЈА ШВАЈЦАРИЈА&

Во срцето на Европа и во срцето на нејзиниот југ, на оддалеченост од околу 1500 километри воздушна линија, во меѓусебна почит и уважување живеат народите на две малечки држави: Швајцарија и Македонија.

Што е тоа што ги прави блиски народите на овие две земји?Дали тоа што и во едната и во другата земја, како што би рекол поетот:

„дарбите природна силасо сќта раскош ги растурила?“

К. Миладинов„Т’га за југ“

Женевското езеро

охридско езеро

ВТОР ДЕЛ„По трагите на

пријателството“

ПО ТРАГИТЕ НА ПРИЈАТЕЛСТВОТО1969

Режија: Трајче ПоповСнимател: Киро Билбиловска

ПО ТРАГИТЕ НА ПРИЈАТЕЛСТВОТО1969

Режија: Трајче ПоповСнимател: Киро Билбиловска

Градот, до вчера едно спокојство, надеж, раст на цивилизирано жариште и иднина, се престори во игра на непознатото и загубата.

Неговиот жител се распна пред природната стихија, исполнет со една непозната судбина.

The town, until yesterday calmness, hope, growth of civilized focus and future, turned into a game of the unknown and loss. Its citizen torn in front of the natural element, in filled by an unknown destiny.

At this terrible moment, it was only the look of the people from the whole world and their goodness, that could be the salvation of this town.

Додека сонот на илјадници дечиња низ насмевката им ветуваше петки, а низ градот единици, тоа утро за сите нив, и од центарот и од периферијата, подеднакво саканите катчиња, училиштата, повеќе не можеа да ја примат нивната врева.

While the dream of thousands of children through the smile was promising them fives and through crump ones, this morning for all of them, from downtown and the suburbs, their equally loved spots – the schools could no more house their noise.

На овој прв час прозивката беше нема. Од оние ученици што не дојдоа, ќе останат само имињата издлабени во школските клупи.

Преслаб беше покривот и скуден.

The call of the roll was mute on this first class. From those pupils who did not make it, only their names carved in the school bench-es would remain.

It was a long-drawn-out, hot sum-mer, both for the pupils and the teachers.

ТРЕТ ДЕЛАЛФРЕД РОТИ ПРОЕКТОТ

“АРХИТЕКТИТЕ ПРОЕКТИРААТ, НО СУШТИНАТА Е ВО РАЦЕТЕ НА УЧИТЕЛОТ. ЗНАЧИ, НЕКА НИ БИДЕ СОСЕМ ЈАСНО: МОЖЕМЕ ДА СОЗДАДЕМЕ МНОГУ ИНСПИРАТИВЕН, ОТВОРЕН И ФЛЕКСИБИЛЕН ПРОСТОР, НО УЧИТЕЛОТ Е ЧОВЕКОТ КОЈ ТРЕБА СО ДЕЦАТА ЗАЕДНО ДА ИЗВЛЕЧЕ МАКСИМУМ ОД ПРОСТОРНИТЕ МОЖНОСТИ.”

Земјотресот од 26 јули 1963 година, еден од најтешките во историјата на Скопје и го легна целиот град во рушевини, предизвика преку 1.200 мртви и остави 100.000 жители без кров над главата. Брзата помош на државната и републичката управа спонтано беше

потпомогната и од странство со ставање на располагање станбени бараки, санитетски материјал и животни намирници. Швајцарскиот црвен крст изгради 11 павиљони за 24 фамилии и швајцарската републичка помошна служба даде во употреба една амбуланта. Отстранувањето на урнатините и повторната обнова на градот бараа многу пошироки мерки за помош и финансирање. Беше создаден фонд за обнова и изградба на Скопје, главно од законските регуларни давачки од сите југословенски граѓани. Покрај тоа, помош дадоа во пари и материјали и странски граѓани. Поради случајното престојување на Интерпарламентарната унија, која во тоа време одржување годишно собрание, Швајцарската група под претседателство на д-р Ханс Концет заклучи дека треба да се изврши една целосна акција за собирање пари, а собраните пари да се употребат за изградба на едно УЧИЛИШТЕ.

алфред рот, цирих

Проектот и неговата реализација

вовед

АЛФРЕДРАЗГОВОР СО

РОТ

рот: Архитектите интервенираат во човековата околина... Архитектите, без сомнение, ја обликуваат околината во согласност со човековите потреби и во согласност со неговата фантазија. Исто така не треба да се сомневаме во сè побрзото растење на компјутерската технологија, која би требало да го ослободи животот. Образованието секако дека се прилагодува и ќе се прилагодува на новиот живот, трпејќи влијание и влијаејќи на него. Што е важно за архитектите денес? Како и секогаш исполнувањето на мисијата, одговорноста. Дали ние навистина му служиме на човекот? Во областа на образованието дали ние создаваме хармонични простори што ја воспалуваат фантазијата на детето?

Ако на прво место (што е најчест случај) сакаме да направиме зделка со архитектурата, сакаме да направиме пари од архитектурата, тогаш нашата мисија која им служи на најчовечките и највисоките аспекти на животот, е промашена.

алФред

БОЖИНОВСКИ: ДЕНЕС, КОГА ВОСПИТУВАЊЕТО ПРАКТИЧНО Е ОДДЕЛЕНО ОД СЕКОЈДНЕВНОТО СЕМЕЈНО ЖИВЕЕЊЕ (…) И ПРЕДАДЕНО ВО РАЦЕТЕ НА ОПШТЕСТВОТО, ДЕНЕС КОГА ТЕЛОТО НА ИНФОРМАЦИИТЕ РАСТЕ ПРЕБРЗО ЗА ЧОВЕКОВИОТ УМ, ДЕНЕС КОГА СКОРО СЕКОЈА АКЦИЈА ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ЖИВОТОТ Е СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА И СРЕДЕНА ВО КОМПЈУТЕР, СЕ ЧИНИ (ПОВЕЌЕ ОД КОГА И ДА Е) ДЕКА СИСТЕМОТ НА ОБРАЗОВАНИЕТО Е ВИСТИНСКИ ИНСТРУМЕНТ ЗА ПОДОБРА ИДНИНА. ПРОФЕСОРЕ РОТ, БИДЕТЕ ЉУБЕЗНИ И КАЖЕТЕ НИ КОЈ ДЕЛ ОД ОДГОВОРНОСТА ПРИПАЃА НА АРХИТЕКТОТ ВО ПАРАЛЕЛНОТО ЖИВЕЕЊЕ СО ОВОЈ ПРОБЛЕМ?

ВАНГЕЛ

Јас сум од оние луѓе кои доцна, мошне доцна стануваат свесни за она што е од вредност, она што е од значење, а уште полошо од тоа, понекогаш останувам несвесен за тоа. Еве, не знам точно за првата непоосредна средба со архитектот Алфред Рот.

Не се сеќавам што беше повод, но без знаење на “официјалните” домаќи-ни, архитект Алфред Рот замина со нас, во мојот стар жолт “спачек”…радостен и полн со благодарност за искажаното насекаде искрено пријателство и внимание, но сепак со желба за непосредното, за она што е надвор од официјалното.

Појде со нас на една лесна закуска од зеленчук наместо печено јагне, а потоа на градскиот стадион, на дерби натпреварот меѓу “Вардар” и “Црвена Звезда”, за да се загуби туркајки се во толпата луѓе пред влезот и потоа стиснати како во кошница, еден до друг да го бодриме “Вардар” и да бараме победа заедно со тој релативно стар Швајцарец, архитект и професор на Високата техничка школа во Цирих, познаник

и пријател на Пит Мондријан, Адолф Лос, Јозеф Хофман, Аугуст Пере, Хенри Ван де Велде, соработник со Корбизије и Алто, сведок и учесник во многу настани од Современата архитектура.... Особено енергичен со живи и итри движења. Спремен да слуша, но исто така и долго да говори и објаснува. Наполно отворен. Ми раскажува, повеќе со прашања, како му се украдени неколку слики и цртежи од неговата колекција, (П.Мондријан, Корбизије) За среќа Интерпол ги пронаоѓа за кусо време. Некои од нив се оштетени доста.

Низок, во споредба со висок човек. Уредно замазнета коса. … педантно облечен, преовладуваат сиви и сини тонови, кошула во “каре” внимателно одбрана, (дали е тоа поради белата коса или светло сивите очи, со истра-жувачки поглед?). Главата секогаш крената, силни вилици, карактеристичен и исправен торакс, долги раце.

Луѓе со нормален ритам тешко можат да го следат. Јас спаѓам во нив. Чувствувам недостиг на некакво предзнаење, затоа правам селекција. Го примам она што ми е полесно. Срам по мене, но со тоа учам како да подучувам.

ЖИВКОАРХИТЕКТ

ПОПОВСКИ

специјалниот тракт е составен од сала за цртање, настава по ликовно воспитување, простории за теоретска и практична настава по домаќинство во приземјето, две работилници во подрумските простории, а во горниот кат две слушални за природно-научна настава, настава по физика, голема хемисла лабораторија, собирна просторија и фотолабораторија со специјално затемнета соба со вградена вентилација.

ЧЕТВРТИ ДЕЛЈОХАН ХАЈНРИХ

ПЕСТАЛОЦИ

“ЕДУКАЦИЈАТА ВО УЧИЛИШТЕТО Е ПРОДОЛЖУВАЊЕ И ПРОШИРУВАЊЕ НА ДОМАШНАТА ЕДУКАЦИЈА. УЧИЛНИЦАТА И УЧИЛИШТЕТО ТРЕБА ДА ГО ОВОЗМОЖАТ ИСТОТО ЧУВСТВО НА СИГУРНОСТ И ИНТИМНОСТ СО КОИ ДЕТЕТО Е СРОДЕНО ВО СВОЈОТ ДОМ; ЕДИНСТВЕНО НА ШИРОКИОТ ПРИРОДЕН И ВЕШТАЧКИ ЕНВИРОМЕНТ, ОНОЈ НА УЧИЛИШТЕТО И НА ДОМОТ, ГО ФОРМИРААТ ВИТАЛНИОТ ЕЛЕМЕНТАРЕН ДЕЛ НА ОБРАЗОВАНИЕТО НА ДЕТЕТО.”

“ЕДУКАЦИЈАТА ВО УЧИЛИШТЕТО Е ПРОДОЛЖУВАЊЕ И ПРОШИРУВАЊЕ НА ДОМАШНАТА ЕДУКАЦИЈА. УЧИЛНИЦАТА И УЧИЛИШТЕТО ТРЕБА ДА ГО ОВОЗМОЖАТ ИСТОТО ЧУВСТВО НА СИГУРНОСТ И ИНТИМНОСТ СО КОИ ДЕТЕТО Е СРОДЕНО ВО СВОЈОТ ДОМ; ЕДИНСТВЕНО НА ШИРОКИОТ ПРИРОДЕН И ВЕШТАЧКИ ЕНВИРОМЕНТ, ОНОЈ НА УЧИЛИШТЕТО И НА ДОМОТ, ГО ФОРМИРААТ ВИТАЛНИОТ ЕЛЕМЕНТАРЕН ДЕЛ НА ОБРАЗОВАНИЕТО НА ДЕТЕТО.”

“ЕДУКАЦИЈАТА ВО УЧИЛИШТЕТО Е ПРОДОЛЖУВАЊЕ И ПРОШИРУВАЊЕ НА ДОМАШНАТА ЕДУКАЦИЈА. УЧИЛНИЦАТА И УЧИЛИШТЕТО ТРЕБА ДА ГО ОВОЗМОЖАТ ИСТОТО ЧУВСТВО НА СИГУРНОСТ И ИНТИМНОСТ СО КОИ ДЕТЕТО Е СРОДЕНО ВО СВОЈОТ ДОМ; ЕДИНСТВЕНО НА ШИРОКИОТ ПРИРОДЕН И ВЕШТАЧКИ ЕНВИРОМЕНТ, ОНОЈ НА УЧИЛИШТЕТО И НА ДОМОТ, ГО ФОРМИРААТ ВИТАЛНИОТ ЕЛЕМЕНТАРЕН ДЕЛ НА ОБРАЗОВАНИЕТО НА ДЕТЕТО.”

Du gingst auf Erden, der Geringsten einer Dein gramdurchfurchtes Dulderantlitz sprach

von tief erlittnem Leid und Ungemach verstossen, missgeschickt warst du wie keiner.

Im heissen Mühn, den Leidenden zu dienen,die Ärmsten mit dem Schicksal zu versöhnen,liesst du als Narr und Bettler dich verhöhnen:

Der selber sich nicht hilft, wie hülf er ihnen?

Doch schlug ein Herz in deiner Hülle,wie es in keines Menschen Busen schlug.

Du gabst dich selbst, wo man um Groschen frug.

Es sprach in dir der ewige Weltenwille, der seine ganze Liebesberfülle

durch dich noch einmal zu den Menschen trug.

JOHANNHEINRICHPESTALOZZI

Ти по Земја одиш, понижуван, срамен,в избраздено лице горчина се гледа,сè од болка, тага, неправда и беда,несреќник ти беше на никого рамен.

Ти маченик стана помагајќи слуги,по судбина рамен на нив ти се стори,допушти со потсмев и просјак да збори:Беспомошен ти си, што помагаш други?

Но, срце ти бие во тврдата кора,во ни едни гради нема таков бој.Себе си се дариш на ближниот свој. Во тебе тој вечен светски копнеж збори,и безмерна љубов што в гради ти гори,уште еден дар за љуѓето е твој.

Сонет на Адолф Халер (1926)препев на Кочо В. Костов

ЈОХАНХАЈНРИХПЕСТАЛОЦИ

“ЖИВОТОТ ФОРМИРА И МОДУЛИРА. ВИСТИНСКИОТ ЖИВОТ НЕ Е РАБОТА НА ЗБОРОВИ, ТУКУ НА ДЕЈСТВИЈА!”

АЛФРЕД РОТ