26
ВАЖНОСТА НА МАТЕРИЈАЛНИТЕ РЕСУРСИ ПРИ СПРАВУВАЊЕ СО КРИЗНИ СИТУАЦИИ Автор Фарук Хасиќ Скопје, 11 Јуни 2015 година

Vaznosta na mat res vo sprav so kriz situacii

  • Upload
    zambak

  • View
    238

  • Download
    7

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Во овој текст се претставени и објаснети поимите врзани за ресурсите, со посебен осврт на материјалните ресурси. Во натамошниот текст се обработени кризите, кризните ситуации и поимите врзани за нив како што се закани, ризици, опасности итн. Тежиште е дадено на објаснувањата за важноста на материјалните ресурси, нивниот однос со кризните ситуации како и нивното место и улога во процесот на справување со кризни ситуации. Целата работа се заснова на широк спектар на библиографски единици кои ја обработуваат оваа област.

Citation preview

Page 1: Vaznosta na mat res vo sprav so kriz situacii

ВАЖНОСТА НА МАТЕРИЈАЛНИТЕ РЕСУРСИ ПРИ СПРАВУВАЊЕ СО КРИЗНИ СИТУАЦИИ

Автор Фарук Хасиќ

Скопје, 11 Јуни 2015 година

Page 2: Vaznosta na mat res vo sprav so kriz situacii

2

С О Д Р Ж И Н А

Краток извадок / Abstract....................................................................................... 3

Вовед...................................................................................................................... 4

1. ВИДОВИ НА МАТЕРИЈАЛНИ РЕСУРСИ И НИВНАТА ВАЖНОСТ................ 5

1.1. Поим и видови на материјални ресурси.................................................. 5

1.2. Важност на материјалните ресурси......................................................... 13

2. КРИЗНИ СИТУАЦИИ......................................................................................... 16

2.1. Поим и видови на кризни ситуации......................................................... 16

2.2. Однос помеѓу материјалните ресурси и кризните ситуации................. 19

2.3. Справување со кризни ситуации............................................................. 20

Заклучок................................................................................................................. 24

Користена литературa........................................................................................... 25

Page 3: Vaznosta na mat res vo sprav so kriz situacii

3

Краток извадок

Во овој текст се претставени и објаснети поимите врзани за ресурсите,

со посебен осврт на материјалните ресурси. Во натамошниот текст се

обработени кризите, кризните ситуации и поимите врзани за нив како што се

закани, ризици, опасности итн.

Тежиште е дадено на објаснувањата за важноста на материјалните

ресурси, нивниот однос со кризните ситуации како и нивното место и улога во

процесот на справување со кризни ситуации.

Целата работа се заснова на широк спектар на библиографски единици

кои ја обработуваат оваа област.

Клучни зборови: кризи, кризни ситуации, ресурси, материјални ресурси

THE IMPORTANCE OF MATERIAL RESOURCES WHEN ENCOUNTERING WITH CRISIS SITUATIONS

Abstract

In the following text the notions concerning material resources have been

presented and explained, as well as the crisis situations, the notions concerning

them such as threats, risks, dangers etc.

It is focused mainly on the importance of material resources, their relation to

crisis situations as well as their role in the process of dealing with crisis.

This entire paper is based on a wide spectre of bibliographic units researching this

domain.

Key Words: crises, crisis situations, resources, material resources

Page 4: Vaznosta na mat res vo sprav so kriz situacii

4

ВОВЕД

Важноста на материјалните ресурси во процесот на справување со

кризни ситуации е актуелна тема на денешницата. Врзано за оваа тема

потребно е да се дадат одговори на прашањата како материјалните ресурси

влијаат на процесот на справување со кризни ситуации и која е нивната

важност во целокупниот процес.

Во првиот дел на овој труд објаснети се ресурсите како општ поим,

објаснети се разни видови на групи на ресурси и нивното значење, како и

поимот и видови на материјални ресурси кои се користат во процесот на

справување со кризни ситуации. Понатаму е објаснета важноста на

материјалните ресурси при справување со кризни ситуации.

Во вториот дел се обработени прашањата кои се однесуваат на кризите,

кризните ситуации, односот на материјалните ресурси и кризните ситуации и на

крајот е објаснето како материјалните ресурси се справуваат со кризни

ситуации.

Page 5: Vaznosta na mat res vo sprav so kriz situacii

5

1. ВИДОВИ НА МАТЕРИЈАЛНИ РЕСУРСИ И НИВНАТА ВАЖНОСТ

1.1. Поим и видови на материјални ресурси

Под поимот ресурс (лат. resurgere) во општа смисла се подразбира дека

тоа е средство кое е потребно за спроведување или довршување на некоја

работа.

Обично кога се зборува за ресурсите се мисли дека тоа се: материјали,

енергија, услуги, персонал, знаење или други средства кои можат да се

употребат во процесот на нивно трансформирање со цел создавање на

одредена корист односно да се задоволи некоја потреба, да се изврши

одредена задача и др.

Според некои автори1, ресурсите го претставуваат сетто она што може

да се добие од животната средина за да се задоволат човековите потреби и

желби. Од биолошки и еколошки аспект ресурсите се потребни за

задоволување на потребите на живите организми.2

Ресурсите имаат три главни карактеристики:

- нивната корисност,

- ограничена достапност и

- потенцијал за исцрпување или потрошувачка.

Во однос на нивните карактеристики, потекло и намена, ресурсите можат

да се групираат во следните групи:

- човечки ресурси;

- биолошки ресурси;

- природни ресурси;

- економски ресурси;

- компјутерски ресурси;

- информациски ресурси;

- инфраструктурни ресурси;

- енергетски ресурси;

- финансиски ресурси.

1.Miller, G.T. & Spoolman, S. (2011). Living in the Environment: Principles, Connections, and

Solutions (17th ed.). Belmont, CA: Brooks-Cole. 2 Ricklefs, R.E. (2005). The Economy of Nature (6th ed.). New York, NY: WH Freeman.

Page 6: Vaznosta na mat res vo sprav so kriz situacii

6

Луѓето преку своето работење и организација на персоналот се сметаат

за ресурс. Терминот човечки ресурси може да се дефинира како збир на

вештини, таленти, знаења, способности кои се користат во процесот на

производство на одредени производи или при пружање на услуги3.

Биолошките ресурси се дефинирани како супстанци потребни на

живиот организам за неговиот нормален раст, одржување и репродукција.

Клучни билошки ресурси за живите организми се храна и вода. Но одредени

автори сметаат дека покрај храната и водата и територијата (простор за

живеење) претставува биолошки ресурс4.

Природните ресурси се ресурси кои се добиени од животната средина.

Повеќето природни ресурси се од суштинско значење за преживувањето на

луѓето, додека други се користат за задоволување на човековите потреби.

Природните ресурси можат да бидат класифицирани на различни начини5.

Природните ресурси, врз основа на нивното потекло, се делат на:

- абиотски ресурси и

- биотски ресурси.

Абиотски ресурси се природни ресурси кои потекнуваат од неживата

природа. Тоа се: земјиште, вода, воздух и рудните богатства (злато, железо,

бакар, сребро и др.).

Биотски ресурси се природни ресурси добиени од биосферата. Тоа се:

шумите и нивните производи, животните, птиците и нивните производи, рибите

и другите организми, итн. Според некои автори, јагленот и нафтата се

вклучуваат во оваа категорија на ресурси, бидејќи тие настанале како резултат

на фосилизација на органска материја6.

Природните ресурси, врз основа на нивната искористеност и степенот на

развиеност, се делат на:

- потенцијални ресурси и

- актуелни ресурси.

Потенцијални ресурси се оние природни ресурси, за кои постојат

сознанија дека ги има и дека се достапни, но истите сеуште не се

3 Samuelson, P. A. & Nordhaus, W. D. (2004). Economics.18th ed. McGraw-Hill/Irwin, Boston, MA.

4 Ricklefs, R.E. (2005). The Economy of Nature (6th ed.). New York, NY: WH Freeman.

5.Miller, G.T. & Spoolman, S. (2011). Living in the Environment: Principles, Connections, and

Solutions (17th ed.). Belmont, CA: Brooks-Cole. 6 Исто.

Page 7: Vaznosta na mat res vo sprav so kriz situacii

7

експлоатираат, затоа што нивната експлоатација се планира во иднина. На

пример: постои сознание дека во некоја земја има нафта но експлоатација на

истата сеуште не се врши и во тој случај нафтата претставува потенцијален

ресурс на таа земја.

Актуелни ресурси се оние природни ресурси кои се истражени, за кои

точно се знае нивното количество и квалитет и кои се користат во денешно

време. Развојот на актуелните ресурси зависи од достапноста на технологијата

и вклучените трошоци за нивна преработка. Зависно од тоа, актуелните

ресурси можат да бидат повеќе или помалку профитабилни.

Природните ресурси, врз основа на нивната обновливост и времето на

достапност, се делат на7:

- необновливи ресурси,

- обновливи ресурси и

- вечни ресурси.

Необновливи ресурси се оние природни ресурси кои се формирале во

текот на многу долг геолошки период. Во овие ресурси спаѓаат рудите и

фосилните горива. Заради нивна небновливост, металните руди после

нивната употреба повторно се преработуваат и повторно се користат, но

истото не е случај со јагленот и нафтата кои преку процесот на согорување

трајно се трошат.

Обновливи ресурси се оние природни ресурси кои можат да се обноват

или репродуцираат за релативно кратко време. Динамиката на нивната

експлоатација мора да биде во согласност времето за нивна обнова или

репродукација, за да не се случи истите да се исцрпат и да не можат да се

обноват или репродуцираат. Покрај тоа во процесот на нивна експлоатација

мора да се води сметка да не се нарушат условите за нивно обновување или

репродукција. На пример: шумите и рибите претставуваат обновлив ресурс, од

причина што истите можат да се обноват или репродуцираат релативно брзо.

Земјоделските култури спаѓаат во обновливи природни ресурси затоа

што за нив е потребно кратко време за обновување. За разлика од нив, водата

се обновува за подолг временски период, а пак шумите после неколку

7 Исто.

Page 8: Vaznosta na mat res vo sprav so kriz situacii

8

десетици години. Брзината и квантитетот на потрошувачката на обновливите

ресурси може да придизвика нивен недостиг.

Вечни ресурси се оние природни ресурси кои се достапни во континуитет

но од друга страна дел од нив се ограничени со нивниот квантитет. Во нив

спаѓаат: сончевата светлина, воздухот и ветерот.

Природните ресурси, врз основа на нивната присутност, се делат на:

- ресурси кои насекаде се присутни и

- ресурси кои локално се присутни.

Ресурси кои насекаде се присутни се оние природни ресурси кои ги има

во сите делови на светот. На пример: воздух, сончева светлина, вода и други.

Ресурси кои локално се присутни се оние природни ресурси кои ги има

само во одредени делови на светот. На пример: одредени земји имаат бакарна

руда (најголеми светски наоѓалишта на бакар се во Чиле), а одредени земји во

светот воопшто немаат бакарна руда итн.

Природните ресурси, врз основа на нивниот сопственик, се делат на:

- ресурси во приватна сопственост (сопственост на поединец или група

лица, сопственост на правен субјект итн.);

- ресурси во национална (државна) сопственост и

- ресурси во меѓународна сопственост (Антарктик, светските океани и

мориња и друго).

Економските ресурси претставуваат средства за производство и

работа кои преку производниот процес создаваат стоки и услуги наменети за

задоволување на човековите желби и потреби8.

Класичната економија препознава три категории на економски ресурси9 и

тоа:

- земјиште;

- работна сила и

- капитал.

Земјиштето ги опфаќа сите природни ресурси и се смета дека

истовремено е извор на суровини и место на кое се врши производството.

8 McConnell, C.R., Brue, S.L. & Flynn, S.M.(2011). Economics: principles, problems and policies. 19th

ed. McGraw-Hill/Irwin, New York, NY. 9 Mankiw, N.G. (2008). Principles of Economics. 5th ed. South-Western College Publishing, Boston,

MA.

Page 9: Vaznosta na mat res vo sprav so kriz situacii

9

Работната сила (трудот и човечките ресурси заедно) е човечки напор

кој е ангажиран во производниот процес, а нејзиниот ангажман се надоместува

со давање на соодветна плата.

Капиталот се состои од материјални добра и средства за производство

создадени од човекот (машини, згради и друга инфраструктура) кои се

користат во процесот на производство на стоки и услуги10.

Компјутерски ресурси се информатички средства кои се

карактеризираат со одреден капацитет за внесување и обработка на податоци

кој определен со техничките карактеристики на нивните физички компоненти

(hardware) како и од карактеристиките на инсталираните програми за нивна

работа (software). Во компјутерски ресурси спаѓаат средства за внесување,

обработка, производство (процесуирање), комуникација и складирање11.

Слика 1. Компјутерски ресурси и интернет.

Информациски ресурси претставуваат податоци за одредена појава

или настан како и одредени технички средства за нивно пренесување. Во

денешно време овој ресурс е тесно поврзан со компјутеркиот ресурс од

причина што компјутерите поврзани на интернет се едно од главните средства

за пренос на податоци (информации)12. Покрај компјутерите, системите за

10

Исто. 11

.Morley, D. (2010). Understanding Computers: Today and Tomorrow. 13th ed. Course Technology, Stamford, CT. 12

Исто.

Page 10: Vaznosta na mat res vo sprav so kriz situacii

10

одржување на врски (мобилни и фиксни станици за врски), мобилната

телефонија и телевизијата се останатите средства кои служат за пренос на

податоци. Квалитетот на информациските ресурси зависи од вистинитоста на

податоците како и од брзината на нивното пренесување.

Инфраструктурни ресурси се однесуваат на патна и железничка

инфраструктура, аеродроми, пристаништа, објекти за сместување на луѓе

(работен простор и простор за живеење) и објекти за складирање на разни

видови на материјални технички средства (технички средства, опрема, стоки,

погонски горива и др.). Квалитетот на овие ресурси зависи од нивниот

квантитативен и квалитативен капацитет за користење.

Енергетски ресурси претставуваат збир на извори на енергија,

капацитети за производство на електрична енергија, дистрибутивна мрежа,

складишта за енергенси (складишта за нафта, бензин, мазут, плин) и

бензински пумпи. Извори на енергија можат да бидат необновливи и

обновливи. Необновливи извори на енергија се: нафта, бензин, мазут, плин,

јаглен, нуклеарно гориво и др., а обновливи извори на енергија се: разни

видови на биогорива, соларна енергија, еолска енергија и енергија на водите

(хидроенергија, геотермална енергија, енергија на океаните и морињата). Под

енергетски капацитети или капацитети за производство на електрична енергија

се подразбираат хидроелектрани, термоелектрани, нуклеарни електрани,

соларни електрани, ветерници, електрани за производство на електрична

енергија од бранови на океаните и морињата и др. Под дистрибутивна мрежа

се мисли на нафтоводите, гасоводите и мрежата за достава на електричната

енергија (високонапонска далноводна мрежа, среднонапонска и нисконапонска

електрична мрежа). Квалитетот на енергетските ресурси зависи од степенот на

поседување на енергетските извори (дали истите ги поседува или ги увезува?),

технологијата на производство и дистрибуција на електричната енергија и

енергенсите, енергетската стабилност и влијанието на животната околина13.

Финансиските ресурси се поврзани со сите претходно наведени групи

на ресурси. Под финансиски ресурси се подразбираат податоци за квантитетот

на моментално расположивите парични средства и резерви, квантитетот на

13

Види Слика 2.

Page 11: Vaznosta na mat res vo sprav so kriz situacii

11

недоспеани приходи и раходи и квалитетот и квантитетот на капацитетите за

менаџмент со финансиските средства.

Слика 2. Енергетски ресурси.

Во Законот за управување со кризи14 стои дека „ресурсите се граѓани,

објекти, моторни возила, материјално-технички средства, опрема и

финансиски средства со кои располага Републиката“.

Според оваа дефиниција, произлегува дека постојат два вида на

ресурси, а тоа се:

Човечки ресурси и

Материјални ресурси (материјално-технички средства, моторни

возила, опрема и финансиски средства).

Во Законот за управување со кризи15 ресурсите се дефинирани во

функција на нивната намена, а таа е за справување со кризи. Во конкретниот

случај не се опфатени сите ресурси, туку само оние кои би биле евентуални

учесници во процесот на справување со кризи.

Врз основа на претходно наведените теоретски објаснувања за

ресурсите, а во функција на нивното ангажирање на справување со кризни

ситуации, може да се изведе посебна дефиниција за овој вид на ресурсите,

односно,

14

Службен весник на Република Македонија, бр.29/2005. 15

Исто.

Page 12: Vaznosta na mat res vo sprav so kriz situacii

12

„Ресурсите за справување со кризни ситуации се расположливи

материјални средства и луѓе кои можат да се ангажираат на

извршување на мисии за справување со кризни ситуации“.

Доколку би сакале да извршиме одделно дефинирање на материјалните

ресурси како ресурси кои се наменети за справување со кризни ситуации,

тогаш истите би ги дефинирале според следното, односно,

„Материјалните ресурси за справување со кризни ситуации се

раположливи материјално-технички средства, моторни возила, опрема

и финансиски средства кои можат да се ангажираат на извршување на

мисии за справување со кризни ситуации“.

Видови на материјални ресурси за справување со кризни ситуации се16:

материјално-технички средства,

моторни возила,

опрема и

финансиски средства.

Во конкретниот случај, под материјално-технички средства се мисли на

сите видови на МТС кои можат да се користат при справување со кризните

ситуации. При планирање на МТС за оваа намена мора да се води сметка за

нивното рентабилно и наменско користење во зависност од видот на кризна

ситуација.

Моторните возила како материјален ресурс за справување со кризни

ситуации се наменети за превезување на ангажираниот персонал и за

транспорт на ангажираните материјално-технички средства и опрема. Бројот и

видот на моторните возила кои би биле ангажирани на справување со кризни

ситуации се планира во фаза на подготовките за ангажирање.

Под опрема се подразбираат разни видови на опрема за заштита и

спасување. Оваа опрема е значајна затоа што со нејзиното користење се

намалуваат евентуалните негативни последици по животот и здравјето на

ангажираниот персонал, а исто така се користат и во текот на спасувањето на

цивилното население во кризни ситуации. Во склоп на оваа опрема спаѓа и

опремата за сместување (шатори и друга логорска опрема) која се користи за

16

Исто.

Page 13: Vaznosta na mat res vo sprav so kriz situacii

13

сместување на ангажираниот персонал и за привремено сместување на

евакуираните луѓе.

Слика 3. Авиони за гасење пожар, хеликоптери за превоз на повредени, ПП

возила и возила на итна медицинска помош.

Финансиските средства се неопходни како материјален ресурс, за да

можат да се покријат трошоците настанати како последица од ангажирање на

луѓе и материјални средства во текот на справување со кризните ситуации. За

таа намена потребно е благовремено да се планираат и обезбедат потребни

финансиски средства17.

1.2. Важност на материјалните ресурси

Во текот на справување со кризни ситуации, материјалните ресурси

имаат функција на поддршка на целокупниот процес.

Материјалните ресурси како и останатите видови на ресурси имаат три

главни карактеристики18:

17

Исто. 18

Ricklefs, R.E. (2005). The Economy of Nature (6th ed.). New York, NY: WH Freeman.

Page 14: Vaznosta na mat res vo sprav so kriz situacii

14

- нивната корисност,

- ограничена достапност и

- потенцијал за исцрпување или потрошувачка.

Имајќи ги во предвид наведените карактеристики на материјалните

ресурси може да се констатира дека на овој вид на ресурси треба да му се

посвети посебно внимание со цел истиот да може да ја задржи својата

употребна вредност.

Материјалните ресурси за справување со кризни ситуации покрај тоа што

треба да се планира нивната набавка по вид и број неопходно е во период на

нивно неангажирање да се планира и реализира нивното одржување со цел

истите да ја задржат својата употребна вредност.

Ако материјалните ресурси за справување со кризни ситуации ги

анализираме можеме да заклучиме дека без оглед на тоа на кој вид на

средства им припаѓаат (материјално-технички средства, моторни возила и

опрема) секое од нив одделно претставува посебен систем.

За секој систем во смисол на оценка на неговата употребливост важно е

да биде сигурен и ефективен.

Сигурноста е веројатност19, на одредено ниво на доверба, дека системот

успешно ќе ја изврши функцијата за која е наменет, без откази во рамките на

специфицираните гранични перформанси, земајќи го во предвид претходното

време на користење на системот, во текот на специфицираното времетраење

на задачата, кога се користи на пропишан начин и во функција на неговата

намена во согласност со специфицираните нивоа на оптеретување.

R(t) =

n1(t)

n(t)

R(t) – Проценка на сигурноста. Тоа е веројатност и се изразува со бројки

помеѓу 0 и 1 или од 0-100%. Се пресметува како количник на n1(t) – број на

успешни задачи на системот и n(t) – вкупен број на задачи.

Во врска со ефективноста на системите треба да се спомне дека секој

систем мора да го задоволи условот за успешно извршување на својата

19.Vujanović, N. (1990). Teorija pouzdanosti tehničkih sistema. Vojnoizdavački i novinski centar, Beograd: knjiga, 13.

Page 15: Vaznosta na mat res vo sprav so kriz situacii

15

функција со најниски вкупни трошоци20. Студии за трошоците покажуваат дека

вкупните трошоци за време на векот на траење на еден систем (вклучувајќи ја

цената и трошоците за одржување) можат да бидат значајно намалени ако

навремено се посвети соодветно внимание на сигурноста и на погодноста на

одржувањето. Ова доведе до потреба од развој на Концепт на вредноста на

системот кој ја поврзува неговата ефективност со вкупните трошоци, рокови за

испорака и потребите во поглед на ангажирање на луѓе21.

Материјалните ресурси сами за себе се безначајни доколку персоналот

кој треба да ги користи не е соодветно обучен и оспособен да ракува со нив и

правилно да ги користи. Поради тоа неопходно е да се планира и реализира

потребна обука на персоналот во користење на материјалните ресурси.

Шема 1. Концепт за вреднување на системот

Поради сложеноста на постапките кои се изведуваат во текот на

справувањето со кризните ситуации, употребата на материјалните ресурси во

денешно време е неопходна. Денеска е практично невозможно справување со

кризните ситуации без употреба на соодветни материјални ресурси.

20

.Види Шема 1. 21

.Vujanović, N. (1990). Teorija pouzdanosti tehničkih sistema. Vojnoizdavački i novinski centar, Beograd: knjiga, 19.

Page 16: Vaznosta na mat res vo sprav so kriz situacii

16

2. КРИЗНИ СИТУАЦИИ

2.1. Поим и видови на кризни ситуации

Во лексиконите22 за зборот „криза“ стои дека потекнува од грчкиот збор

„krisis“ и за неговото значење генерално се наведени две толкувања.

Според првото толкување зборот „krisis“ значи пресвртница или

настапување на критичен момент кој се однесува на некои случувања (настани,

состојби) кои се одлучувачки за иднината и кои можат да доведат до промени

на подобро или полошо. Второто толкување е со негативна конотација и

според него „krisis“ значи состојба на нестабилност (во општеството, во

економијата, во политичките или во меѓународните односи) после која доаѓа до

пресврт.

Како и во претходното објаснување и во останатата литература23 за

поимот „криза“ понудени се две дефиниции. Според првата, криза е критична

или одлучувачка ситуација (степен, место, точка) на пресврт, а според втората,

криза значи нестабилна состојба (во политички, општествени или економски

работи) со ненадејна или одлучувачка промена.

Кризата може да се разбере и како загрозување на основните вредности,

интереси и цели. Кризите во однос на просторот каде се случуваат (во

државата или надвор од неа) можат да бидат национални или меѓународни.24

Ако под поимот „криза“ генерално се подразбира дека таа претставува

нестабилност која резултира со ненадејна или одлучувачка промена (пресврт),

мора да се даде одговор и на прашањето „кој ја предизвикал кризата“?

Во однос на тоа кој фактор влијаел на создавањето на кризата, таа може

да се дефинира и како проблем кој настанал како резултат на дејство на

природни и човечки фактори.25

Во Законот за управување со кризи26, поимот криза е дефиниран како:

22

http://www.vokabular.org. 23

American Heritage Dictionary. New York, 1980. 24

Митревска, М. (2005). Кризен менаџмент. Македонска ризница, Куманово: книга, 21. 25

Стаменовски, А. (1997). Одбрана заштита и спасување. НИП Ѓурѓа, Скопје: книга, 35. 26

Службен весник на Република Македонија, бр.29/2005.

Page 17: Vaznosta na mat res vo sprav so kriz situacii

17

„Појава со која се загрозени основните вредности, трајните и

виталните интереси и цели на државата, односно се загрозени уставниот

поредок и безбедноста на Републиката“.

Поимот кризна состојба е дефиниран како:

„Состојба предизвикана од ризици и опасности кои можат да ги

загрозат добрата, здравјето и животот на луѓето и животните и

безбедноста на Републиката, за чија превенција и/или справување е

потребна употреба на поголем обем на ресурси“27.

Слика 4. Поплавено подрачје на Балканот во 2014 година28.

За да се разберат дефинициите на поимите „криза“ и „кризна состојба“

потребно е да се објаснат и поимите кои се спомнати при нивното дефинирање

и тоа:

Загрозеност на безбедноста на Републиката;

27

Истп. 28 Вп птстрануваое на ппследиците пд ппплавите вп Бпсна и Херцегпвина и вп Србија беа ангажирани пдредени материјални ресурси на Дирекцијата за заштита и спасуваое на Република Македпнија какп и дел пд материјални ресурси на Армијата на Република Македпнија.

Page 18: Vaznosta na mat res vo sprav so kriz situacii

18

Ризици и опасности;

Ресурси;

Превенција.

Во Законот за управување со кризи29, овие поими се дефинирани според

следното:

Загрозеност на безбедноста на Републиката е загрозување од ризици

и опасности по добрата и животната средина, здравјето и животот на

луѓето и животните и растенијата, имотот и другите материјални добра

од поголем обем, стабилноста, функционирањето на државата и

нејзиниот поредок утврден со Уставот, за кои не постојат услови за

прогласување воена или вонредна состојба.

Ризици и опасности се:

o можни манифестации на национализам и верска нетрпеливост и

омраза;

o облици и активности сврзани со меѓународниот тероризам,

организиран криминал, недозволена трговија со дрога, оружје и

луѓе, последици од средствата за масовно уништување;

o поседување на големи количини на илегално оружје;

o корупција;

o урбан тероризам;

o тежок криминал, вклучувајќи уцени, убиства и напади врз

граѓаните и на нивната сопственост;

o активности на странските специјални служби насочени кон

влошување на безбедносната состојба;

o последици од судир на интереси за користење на изворите и

патиштата на стратегиските енергенси, како и попречување и

блокирање на нивниот увоз во Републиката;

o елементарни и други непогоди, техничко-технолошки катастрофи,

епидемии на карантински и други заразни заболувања кај луѓето и

животните, како и деградација од поголем обем и уништување на

животната средина.

29 Истп.

Page 19: Vaznosta na mat res vo sprav so kriz situacii

19

Ресурси се граѓани, објекти, моторни возила, материјално-технички

средства, опрема и финансиски средства со кои располага Републиката.

Превенција е активност за спречување на настанување, контрола и

справување со кризната состојба.

Врз основа на претходно наведените констатации може да се заклучи

дека кризните ситуации (кризни состојби)30 настануваат како резултат на

одредени нарушувања предизвикани од ризици и опасности.

2.2. Однос помеѓу материјалните ресурси и кризните ситуации

Ризици и опасности се главни фактори кои предизвикуваат нарушување

на нормалното функционирање на државата и општеството и како такви

создаваат кризни ситуации31.

Во зависност од тоа кои ризици и опасности го предизвикале

нарушувањето на нормалното функционирање на државата и општеството се

определува и видот на кризната ситуација. Обемот на кризната ситуација е

правопропорционален на степенот на нарушување предизвикан од ризици и

опасности (на локално ниво, на регионално ниво или на целата територија).

Слика 5. Гасење на пожар.

30

Кризни ситуации и кризни состојби се синоними. 31 Службен весник на Република Македонија, бр.29/2005.

Page 20: Vaznosta na mat res vo sprav so kriz situacii

20

Во зависност од видот на ризици и опасности како и од обемот на

нарушување на нормалното функционирање на државата и општеството

зависи кои материјални ресурси и во кој обем ќе бидат ангажирани во

постапките за справување со настанатите кризни ситуации.

За справување со кризни ситуации секоја држава формира соодветни

институции32 кои се надлежни да вршат проценки на ризици, да подготвуваат

персонал и материјални ресурси за справување со истите, како и да планираат

натамошна пополна и развој на капацитетите (човечки и материјални) за

справување со кризни ситуации.

Во случај на настанување на кризни ситуации, покрај материјалните

ресурси на надлежните институции и органи на државата се ставаат на

располагање и материјалните ресурси на сите органи на државната и на

локалната власт, а во случај на потреба дополнително се ангажираат

материјалните ресурси на јавните претпријатирија и ресурсите од приватните

претпријатија и од граѓаните.

Во процесот на справување со кризни ситуации, за материјалните

ресурси е значајна нивната логистичка организација.

2.3. Справување со кризни ситуации

Навременото откривање на причините за настанување на кризни

ситуации претставува многу комплициран и комплексен проблем.

За таа цел уште во XVII век на Универзитетот „Сорбона“ во Франција

настанала нова наука наречена „Cindyniche“ која се нарекува наука за

опасностите и нивното спречување. Таа е наука која се занимава со природни,

технолошки и домашни ризици и начинот на спречување на опасности како и

со овозможување на препознавање на ризици, предвидување на некои настани

и нивниот тек на развој, навремени подготовки за постигнување на цели и со

максимално можно отстранување на последиците од тие настани33.

На крајот од XX век откривен е нов термина за наука за безбедност

„Securitology“. Таа е наука за сигурноста, наука за безбедноста, а цел на

нејзиното истражување е осмислување на сопштествен сигурносен систем и

32

Такви институции во Република Македонија се Центар за управување со кризи и Дирекција за заштита и спасување. 33

Petruf, M. (2007). Crisis situations and their logistic solution. TU Kosice, Faculty BERG, Košiće, Slovakia.

Page 21: Vaznosta na mat res vo sprav so kriz situacii

21

начин на неговото функционирање во даденото економско и општествено

опкружување во неколку различни предвидливи и непредвидливи ситуации.

Овој сигурносен систем им помага на припадниците на службите за

контрола на кризни ситуации во државната управа во решавање на нестабилни

ситуации, ја зголемува ефикасноста на справувањето со истите, ја подобрува

логистичката поддршка по пат на систем на економска мобилизација и реакција

на цивилната заштита на населението при решавање на кризни ситуации34.

За решавање на кризни ситуации потребно е да се користат методи на

операциони истражувања35 (линеарно и динамичко програмирање, анализа на

мрежи и др.).

За опстојување на населението неопходно е пред сè решавање на

следните проблеми и предизвици:

- глобалните проблеми (глобално затоплување, загадување на

воздухот и животната околина, бослести...);

- безбедно одржив развој (модификации на климатските услови поради

загадување од страна на енергенсите, рационално користење на

природните ресурси и економија на знаењето);

- сигурност (национална, државна и цивилна, нутритивна, енергетска,

информациона, еколошка...).

Решавање на кризни ситуации бара:

- познавање на системите во кои се создаваат нееднаквостите;

- познавање на можните причини за создавање на кризни ситуации;

- дефинирање на средствата за обезбедување на внатрешната

рамнотежа36.

Појдовна основа за решавање на кризни ситуации е познавање на

причините и резултатите, времето и областите, ризикот и брзината на

промена, причини и корисни информации за истите.

За решавање на кризни ситуации потребно е користење на соодветни

методи и средства. Во процесот на справување со кризни ситуации неопходна

34

Исто. 35

,Види пошироко: Хамди, A. Таха. (2010). Операциони истражувања – Вовед. Превод на осмото издание, Магор, Скопје: книга. 36

Petruf, M. (2007). Crisis situations and their logistic solution. TU Kosice, Faculty BERG, Košiće, Slovakia.

Page 22: Vaznosta na mat res vo sprav so kriz situacii

22

е синхронизација на планирањето, а исто така и организациска и насочена

активност на сите рамништа (стратегиско, оперативно и тактичко).

Во научните дисциплини од областа на менаџментот со материјалните

ресурси, за изучување на подготвеноста на материјалните ресурси при

решавање на нестабилни и кризни ситуации се користи терминот логистичка

подготвеност (LogP).

Логистичка подготвеност (LogP) е функција на следните фактори:

логистички потенцијал (LogPot), логистичкото уредување и капацитети

(LogU&K), поставеноста на системот за предупредување (SPred) и други

фактори37.

LogP = f (LogPot, LogU&K, SPred,…)

Логистичка подготвеност се постигнува преку навремено и правилно

планирање на логистичка поддршка пред настанување на кризните ситуации.

Покрај извршување на задачите кои се однесуваат на заштитата од

евентуални природни непогоди и други несреќи, главна задача на логистиката

е да ја одржува логистичката подготвеност на соодветно ниво. Тоа подразбира

создавање на соодветни ресурси (сили и средства) за материјално-техничко

обезбедување, финансиско обезбедување и обезбедување на човечки ресурси

кои би се ангажирале на задачи во нестандардни услови на работење односно

при справување со кризни ситуации. Во овој случај зборуваме за посебна

дисциплина која се наредкува логистика на кризни ситуации (ЛогКрСит).

Логистика на кризни ситуации (ЛогКрСит) го решава овој комплексен

проблем и се занимава со следните активности:

- создавање на ресурси за решавање на кризни ситуации;

- оптимално искористување на ресурсите;

- одржување на соодветно ниво на подготвеност на ресурсите;

- оптимален состав на ресурсите;

- рационална распределеност на ресурсите.

Процесот на справување со кризни ситуации е комплексна активност од

причина што истата се реализира во услови на нарушено функционирање на

секојдневното функционирање.

37

Исто.

Page 23: Vaznosta na mat res vo sprav so kriz situacii

23

Покрај тоа што за справување со кризни ситуации секоја држава

располага со професионални институции и органи надлежни за превентивно

делување и за отстранување на настанатите последици, сепак секоја

новонастаната кризна ситуација на некој начин претставува посебен

предизвик.

При кризни ситуации можно е да се случи и оштетување на

материјалните ресурси кои биле претходно планирани за употреба во кризни

ситуации, За да се намали ризикот од уништување или оштетување на овие

ресурси, потребно е истите да бидат соодветно распоредени на територијата

на државата при тоа да се овозможи и нивна брза концентрација во случај на

потреба.

Покрај подготовките на персоналот за ангажирање на справување со

кризни ситуации, мора континуирано да се врши планирање на набавки на

соодветни материјални ресурси, да се одржува нивната подготвеност на

соодветно рамниште и потребно е добро да се планира логистиката во кризни

ситуации.

Page 24: Vaznosta na mat res vo sprav so kriz situacii

24

ЗАКЛУЧОК

Овој труд претставува обид да се даде одговор на дел од прашањата

кои се однесуваат на материјалните ресурси и нивното место и улога во

процесот на справување со кризни ситуации.

Целта на изработката на овој труд беше да се објаснат ресурсите,

особено материјалните ресурси, важноста на материјалните ресурси, нивниот

однос со кризните ситуации и да се потенцира значајот на планирањето на

нивната употреба во справувањето со кризни ситуации.

Поради значајот на материјалните ресурси и сложеноста на нивното

менаџирање во процесот на справување со кризни ситуации, потребно е оваа

проблематика и понатаму да се истражува со цел изнаоѓање на решенија за

развој на капацитети кои ќе се занимаваат со проблематиката која се однесува

на логистика на кризни ситуации. Целта на развој на вакви капацитети е да се

зголеми ефикасноста во планирањето и ангажирањето на сите материјални

ресурси со кои располага Република Македонија во функција на ефикасно

справување со кризни ситуации.

Page 25: Vaznosta na mat res vo sprav so kriz situacii

25

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Стаменовски, А. (1997). Одбрана заштита и спасување. НИП Ѓурѓа, Скопје:

книга.

2. Стаменовски, А. (2004). Менаџмент со одбраната. НИП Ѓурѓа, Скопје: книга.

3. Митревска, М. (2005). Кризен менаџмент. Македонска ризница, Куманово:

книга.

4. Дончев, А. (2007). Кризен менаџмент. Скопје: учебник.

5. Petruf, M. (2007). Krizne situacije i njihovo logičko rešavanje. The International

Journal of Transport & Logistics, TV Kosice, Faculty BERG, Kosice, Slovakia.

6. Miller, G.T. & Spoolman, S. (2011). Living in the Environment: Principles,

Connections, and Solutions (17th ed.). Belmont, CA: Brooks-Cole.

7. Ricklefs, R.E. (2005). The Economy of Nature (6th ed.). New York, NY: WH

Freeman.

8. Samuelson, P. A. & Nordhaus, W. D. (2004). Economics.18th ed. McGraw-

Hill/Irwin, Boston, MA.

9. McConnell, C.R., Brue, S.L. & Flynn, S.M.(2011). Economics: principles, problems

and policies. 19th ed. McGraw-Hill/Irwin, New York, NY.

10. Mankiw, N.G. (2008). Principles of Economics. 5th ed. South-Western College

Publishing, Boston, MA.

11. Morley, D. (2010). Understanding Computers: Today and Tomorrow. 13th ed.

Course Technology, Stamford, CT.

12. Ricklefs, R.E. (2005). The Economy of Nature (6th ed.). New York, NY: WH

Freeman.

13. Адили, З. и други. (2011). Национална платформа на Република Македонија

за намалување на ризици од несреќи и од катастрофи. Скопје: книга.

14. Vujanović, N. (1990). Teorija pouzdanosti tehničkih sistema. Vojnoizdavački i

novinski centar, Beograd: knjiga.

15. Хамди, A. Таха. (2010). Операциони истражувања – Вовед. Превод на

осмото издание, Магор, Скопје: книга.

16. Richard J. Barnet. (1983). Mršave godine: svjetski resursi i politika u doba

oskudice. (prevod na hrvatskom jeziku Marijan Krmpotić, knjiga.

Page 26: Vaznosta na mat res vo sprav so kriz situacii

26

17. Šamić, M. (2003). Kako nastaje naučno djelo. Deveto izdanje, IP „Svjetlost“ –

Sarajevo, Bosna i Hercegovina: knjiga.

18. Стојчев, В. (2004). Методологија на воените науки. Воена академија

„Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје: книга.

19. Ивановски, З. (2004). Менаџмент со одбранбените ресурси. Скопје: составен

дел на статија.

20. Наковски, Д. (2011). Менаџмент на природни ресурси: екологија - економија -

управување. Скопје: стручна монографија.

21. Георгиева, Л. (2009). Менаџирање на ризици. Скопје: стручна монографија

22. Петковски, К. (2007). Стратегија, организирање и планирање на ресурси.

Скопје: составен дел на статија.

23. Бакрески, О., Ѓуровски, М & Ристоска, Ж. (2005). Управување со кризи во

Република Македонија. Скопје: материјали од собир.

24. http://www.vokabular.org

25. http://www.translate.google.com

26. http://web.tuke.sk/transportlogistics