23
1 ОБЈАВА ЗА НАБАВКА НА ПИЈАЛОЦИ И ХРАНА ЗА ХУМАНИТАРНА ПОМОШ 1 Објавa број: LEGIS/151015 2 Финансирање: Фондација Отворено општество – Македонија (ЛЕГИС) како сопствено учество во проект финансиран од УСАИД 3 Нарачател: Здружение на граѓани ЛЕГИС Скопје ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА 4 Опис на набавката: Предмет на оваа објава е набавка и испорака на пијалоци и храна за хуманитарна помош- даден во една целина односно еден посебен договор. 5 Број и име на целината (комплетната документација се добива согласно Точка 14.) Целина 1: Пијалоци и храна за хуманитарна помош УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО 6 Подобност и правила на потекло Понудувачи можат да бидат трговски фирми и производители од Република Македонија и од странство. Потекло на производите и националноста на добавувачот: Нема ограничување за националноста на понудувачот но предност ќе имаат фирми со регистрирано преставништво во РМ. Предност во изборот ќе имаат понуди во кои позициите што се предмет на понудата потекнуваат од некоја од следниве земји: Земји членки на ЕУ, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Р. Македонија, Србија, Црна Гора и Турција. Горенаведениот услов не важи за опција 1.6. Сертификати за потекло не се бараат; печатениот опис на оригиналното пакување на производот ќе се земе предвид. 7 Број на понуди Целината е предмет на посебен договор и спецификацијата дадена во неја е неделива. Понудувачот е должен да ги понуди сите ставки на зададената целина. Во ниеден случај некомплетни понуди нема да бидат разгледувани. Понудувачот може да даде попуст kojштп треба да биде јасно дефиниран и наведен во понудата. 8 Банкарска гаранција за обезбедување на понудата (Тендерска гаранција) Понудувачите не треба да достават Банкарска гаранција за обезбедување на понудата. 9 Гаранции На најуспешниот понудувач ќе му биде побарано да обезбеди Гаранција за добро извршување на работите во вредност од 10% од вредноста на договорот изразена во

TECHNICAL SPECIFICATION Lot 2 - Legis.mkскладирање, испорака, пакување, означување, итн. ЛЕГИС го задржува правото да

  • Upload
    others

  • View
    12

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: TECHNICAL SPECIFICATION Lot 2 - Legis.mkскладирање, испорака, пакување, означување, итн. ЛЕГИС го задржува правото да

1

ОБЈАВА ЗА НАБАВКА НА ПИЈАЛОЦИ И ХРАНА ЗА ХУМАНИТАРНА ПОМОШ

1 Објавa број: LEGIS/151015

2 Финансирање: Фондација Отворено општество – Македонија (ЛЕГИС) како сопствено учество во проект финансиран од УСАИД

3 Нарачател: Здружение на граѓани ЛЕГИС Скопје

ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА

4 Опис на набавката:

Предмет на оваа објава е набавка и испорака на пијалоци и храна за хуманитарна помош- даден во една целина односно еден посебен договор.

5 Број и име на целината (комплетната документација се добива согласно Точка 14.)

Целина 1: Пијалоци и храна за хуманитарна помош

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

6 Подобност и правила на потекло

Понудувачи можат да бидат трговски фирми и производители од Република Македонија и од странство.

Потекло на производите и националноста на добавувачот: Нема ограничување за националноста на понудувачот но предност ќе имаат фирми со регистрирано преставништво во РМ.

Предност во изборот ќе имаат понуди во кои позициите што се предмет на понудата потекнуваат од некоја од следниве земји: Земји членки на ЕУ, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Р. Македонија, Србија, Црна Гора и Турција. Горенаведениот услов не важи за опција 1.6. Сертификати за потекло не се бараат; печатениот опис на оригиналното пакување на производот ќе се земе предвид.

7 Број на понуди

Целината е предмет на посебен договор и спецификацијата дадена во неја е неделива. Понудувачот е должен да ги понуди сите ставки на зададената целина. Во ниеден случај некомплетни понуди нема да бидат разгледувани.

Понудувачот може да даде попуст kojштп треба да биде јасно дефиниран и наведен во понудата.

8 Банкарска гаранција за обезбедување на понудата (Тендерска гаранција)

Понудувачите не треба да достават Банкарска гаранција за обезбедување на понудата.

9 Гаранции

На најуспешниот понудувач ќе му биде побарано да обезбеди Гаранција за добро извршување на работите во вредност од 10% од вредноста на договорот изразена во

Page 2: TECHNICAL SPECIFICATION Lot 2 - Legis.mkскладирање, испорака, пакување, означување, итн. ЛЕГИС го задржува правото да

2

МКД. Истата (со текст како што е даден во примерот) мора да биде доставена најдоцна 5 дена откако понудувачот ќе го прими потпишаниот договор од страна на Нарачателот. Ако понудувачот не го направи тоа во овој период тогаш договорот ќе биде поништен, а постапката ќе биде повторена со следниот најповолен понудувач.

10 Валидност на понудата

Понудите мора да останат валидни најмалку 90 дена по крајниот рок за поднесување на истите.

11 Краен рок на извршување

40 дена по потпишувањето на договорот.

КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА И ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ

12 Бодување и критериуми

60 % (од вкупните бодови) = Цена.

10 % (од вкупните бодови) = Начин на плаќање

15 % (од вкупните бодови) = Квалитет докажан со приложен сертификат.

10 % (од вкупните бодови) = Седиште на фирмата на понудувачот. Според правилата на донорот на средствата, предност се дава на представништва на фирми и производители во Македонија.

5 % (од вкупните бодови) = Референци на понудувачот.

КОНКУРИРАЊЕ

13 Како да ја набавите комплетната документација

Комплетната документација може да се превземе преку Интернет од www.legis.mk/open-competitions/

Сите прашања во врска со тендерот треба да се испраќаат исклучиво по писмен пат по електронска пошта на: [email protected] (со наведување на бројот на објавата од Точка 1), најдоцна 3 дена пред истек на крајниот рок за поднесување понуди даден во Точка 15. ЛЕГИС ќе одговори на прашањата на ист начин, најдоцна 2 дена пред истиот рок.

14 Краен рок за поднесување на понудите

Заинтересираните понудувачи своите понуди треба да ги достават во затворен и запечатен коверт, со напомена “Понуда бр. LEGIS/151015“, на рака или по курирска пошта на адреса на Легис. За понудите испратени по пошта како време на поднесување ќе се смета времето на пристигнување на пратката на адреса на ЛЕГИС, а НЕ времето на предавање на пратката во пошта.

Краен датум за достава на понудите: петок, 06. 11. 2015 год. до 13 часот. Понудите добиени по назначениот рок нема да бидат земени предвид.

15 Јавно отвoрање на понудите

Јавно отворање на понудите нема да има!

Page 3: TECHNICAL SPECIFICATION Lot 2 - Legis.mkскладирање, испорака, пакување, означување, итн. ЛЕГИС го задржува правото да

3

ГЛАВА 1

Општи услови:

1. Понудите треба да се достават во еден оригинал и една фотокопија и мора да

бидат потпишани на сите за тоа означени места. Оние понуди кои не се доставени на ваков начин нема да бидат разгледувани. Доставената документација доволно е да содржи:

ОБРАЗЕЦ ЗА ПОНУДА

ИЗЈАВА(-И) СОГЛАСНО БАРАЊАТА НА ТЕНДЕРОТ (со адаптиран текст што содржи податоци само за Целините што се нудат)

пополнети, потпишани и со печат Анекс I и Анекс II

Документи за финансиски капацитети на понудувачот да се доставуваат. Нарачателот го задржува правото да ги побара од успешните понудувачи.

2. Гаранции: Примерите се на последните страни од оваа тендерска документација. Текстот кој ќе се користи мора да биде тој што е даден во примерот, во спротивно ЛЕГИС нема да ја прифати гаранцијата и ќе го елиминира понудувачот од онаа фаза која таа гаранција ја покрива.

Гаранција дека успешниот понудувач нема да се повлече откога ќе биде избран е Банкарската гаранција за обезбедување на понудата (Тендерска гаранција). Висината е дадена во Објавата за набавки. Штом ќе бидат избрани најуспешните понудувачи, на сите други оваа гаранција ќе им биде вратена. Ваква гаранција за овој тендер не е потребна.

На успешните понудувачи, ќе им биде побарано да обезбедат Гаранција за добро извршување на работите во вредност од 10% од вредноста на договорот. Истата (со текст како што е даден во примерот) мора да биде доставена најдоцна 5 (пет) дена откако понудувачот ќе го прими потпишаниот договор од страна на Нарачателот. Ако понудувачот не го направи тоа во овој период тогаш договорот ќе биде поништен, а постапката ќе биде повторена со следниот најповолен понудувач. Гаранцијата се враќа по завршен технички прием.

Понудите треба да содржат:

Начин на плаќање: ве молиме назначете. Авансно плаќање не е прифатливо.

Валута: Понудите мора да бидат доставени во МКД, со вклучен ДДВ. Тие во кои цените ќе бидат изразени во друга валута нема да се разгледуваат.

Наведете единечна цена за наведеното количество од секој вид користејќи го исклучиво образецот даден во Анекс I, водејќи сметка за условите дадени во Анекс II и Анекс IV. Цената треба да е конечна, со сите трошоци вклучени: складирање, испорака, пакување, означување, итн.

ЛЕГИС го задржува правото да го склучи договорот со успешниот понудувач во рамките на расположливите финансиски средства. Доколку понудата не е во согласност со расположивиот буџет, ЛЕГИС го задржува правото да договари

Page 4: TECHNICAL SPECIFICATION Lot 2 - Legis.mkскладирање, испорака, пакување, означување, итн. ЛЕГИС го задржува правото да

4

со избраниот понудувач да се намали или зголеми обемот на набавката. Најголемо можно отстапување е 20% од вредноста на целината.

Рок на испорака: Земајки го во предвид приложеното во Анекс II и Анекс IV, наведете го времето кога храната и пијалоците ќе бидат спремни за испорака и одвоено, кога ќе биде доставена до крајните корисници. Предност ќе имаат понудувачите со точно дефиниран рок на испорака.

ЛЕГИС го задржува правото да наплати оштета при задоцнети испораки на начин опишан во Анекс IV од комплетната документација.

Предност ќе имаат оние понудувачи со точно дефиниран рок на испорака.

Валидност на понудата: Понудите мора да останат важечки во период од најмалку 90 дена по крајниот рок за поднесување.

Документација:

Каталози: се прифаќаат оргинални каталози од производителите со точно назначени (заокружени) артикли, кои се предмет на тендерот. За секој од артиклите дадени во Анекс 1 треба да се даде само една цена. Ако понудувачот е во состојба да понуди опционален производ за иста цена треба да го означи истиот во каталогот или да достави примероци.

Примероци: Да се достави по еден примерок од секој артикл (вклучително и кеса и групна опаковка) јасно означен од кој понудувач се доставени. Ако покрај понудата не се доставени сите примероци, понудата нема да се разгледува.

Квалитет и потекло производите: ЛЕГИС го задржува правото да ги елиминира понудите кои се оцениле како понуди со неприфатливо низок квалитет или кои немаат сертификат на квалитетот како што е барано. Предност во изборот ќе имаат понуди во кои позициите што се предмет на понудата потекнуваат од некоја од долунаведените земји: Земји членки на ЕУ, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Р. Македонија, Србија, Црна Гора и Турција. Горенаведениот услов не важи за опција 1.5. Сертификати за безбедност на храната и пијалоците се бараат; печатениот опис на оригиналното пакување на производот ќе се земе во предвид. Воколку ваков податок на пакувањето нема или е нејасен и општ (на пример Произведено во ЕУ или сл.) ќе се смета дека не е произведено во земјите кои имаат предност при бодувањето.

Листа на препораки: ве молиме доставете листа на исти или слични задачи реализирани од страна на понудувачот за други корисници на територијата на Р.М.

Референци: Да се достават оригинал пишувани референци од корисниците на сличната услуга со наведени контакт телефонски броеви и имејл адреса на потписникот на документот

Page 5: TECHNICAL SPECIFICATION Lot 2 - Legis.mkскладирање, испорака, пакување, означување, итн. ЛЕГИС го задржува правото да

5

ОБЈАВА ЗА НАБАВКА НА ПИЈАЛОЦИ И ХРАНА ЗА ХУМАНИТАРНА ПОМОШ..................................................................................................................................... 1

ОПШТИ УСЛОВИ: ..................................................................................................... 3

ДЕЛ 1: ......................................................................................................................... 6

ТЕНДЕРСКИ ОБРАЗЕЦ - ДОДАТОК НА ТЕНДЕРОТ ............................................. 6

ОБРАЗЕЦ ЗА ПОНУДА ЗА ПИЈАЛОЦИ И ХРАНА ЗА ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ...................................................................................................................... 7

ЦЕНОВНИК ПО ПОЗИЦИИ ..................................................................................... 11

I. Преамбула ...................................................................................................................................................... 12

II. Количини во позициите ............................................................................................................................ 12

III. Цени ................................................................................................................................................................ 12

IV. Пополнување на ценовникот ................................................................................................................ 12

Анекс I – Целина 1: Спецификација на цени по позиции ................................................................. 13

Анекс II - Целина 1: Цени по позиции ...................................................................................................... 15

Анекс IV ............................................................................................................................................................... 16

ПРИМЕР ДОГОВОР за купопродажба ....................................................................................................... 17 ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ .......................................................................................................................... 18 ЦЕНА ................................................................................................................................................................ 20 ПРАВА И ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ ................................................................................... 20 НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ ................................................................................................................................... 20 НАЧИН И УСЛОВИ НА ИСПОРАКА .......................................................................................................... 20 РОК НА ИСПОРАКА И ЗАДОЦНЕТО ПЛАЌАЊЕ ...................................................................................... 20 ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТОТ ..................................................................................................................... 21 ПРИЕМ НА СТОКАТА .................................................................................................................................... 21 ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ .................................................................................................................................... 22

ПРИМЕР: ГАРАНЦИЈА ЗА ДОБРА ИЗВЕДБА НА РАБОТИТЕ .......................... 23

Page 6: TECHNICAL SPECIFICATION Lot 2 - Legis.mkскладирање, испорака, пакување, означување, итн. ЛЕГИС го задржува правото да

6

ГЛАВА 1

ДЕЛ 1:

ТЕНДЕРСКИ ОБРАЗЕЦ - ДОДАТОК НА ТЕНДЕРОТ

Page 7: TECHNICAL SPECIFICATION Lot 2 - Legis.mkскладирање, испорака, пакување, означување, итн. ЛЕГИС го задржува правото да

7

ОБРАЗЕЦ ЗА ПОНУДА ЗА ПИЈАЛОЦИ И ХРАНА ЗА ХУМАНИТАРНА ПОМОШ

Објавено повикување: LEGIS/151015 Назив на договорот: Набавка пијалоци и храна за хуманитарна помош

<Место и датум>

А: Здружение на граѓани „Легис“, Цветан Димов 4/1-5 111, 1000 Скопје, Република Македонија

1 ПОДНЕСЕНО ОД

Име на понудувачот Националност

(седиште на фирмата)

Водач*

Партнер 2*

итн.*

* Одземете или додите дополнителни линии за партнери колку што е потребно. Имајте предвид дека подизведувачите не се сметаат за партнер во оваа тендерска процедура. Доколку овој тендер е поднесен од страна на индивидуален понудувач, неговото име треба да биде внесено како Водач (а сите други линии треба да бидат избришани).

2 КОНТАКТ ЛИЦЕ (во врска со овој тендер)

Име и презиме

Адреса:

Телефон:

Факс:

Електронска пошта:

Page 8: TECHNICAL SPECIFICATION Lot 2 - Legis.mkскладирање, испорака, пакување, означување, итн. ЛЕГИС го задржува правото да

8

3 ИЗЈАВА(-И) СОГЛАСНО БАРАЊАТА НА ТЕНДЕРОТ

Да биде пополнето и потпишано од понудувачот (доколку се работи за конзорциум да биде пополнето и потпишано од секој од партнерите). Како одговор на вашата Покана за учество на тендер за горенаведениот договор, ние, долупотпишаните, изјавуваме дека:

4 Ја разгледавме и во целост ја прифаќаме содржината на досието за покана за тендер Бр. LEGIS/151015 од (../../..). Потполно ги прифаќаме условите, без никакви воздржувања или ограничувања.

5 Во согласност со прописите од тендерското досие како и условите и објавените временски ограничувања, без никакви воздржувања или ограничувања, нудиме испорака на следниве работи:

Целина 1: Пијалоци и храна за хуманитарна помош

(Да се дадат само бараните елементи и сите за тоа предвидени празни места ..... мора да бидат пополнети. Избришани редови или непополнети места ќе се сметаат како непотполна понуда.

Такви понуди нема да бидат разгледувани).

6 Цената на нашиот тендер (со вклушени трошоци за пакување и испорака во Анекс II дадени со сино), со вклучено оригинално пакување и обележување на пакетите е:

Целина бр 1: Вкупно без опции-доплати [………..]МКД

[…со зборови……..] со ДДВ

Начин на плаќање:

[………..] дена по испорака и извршен технички прием (да не се наведуваат општи формилации „вирмански“, „по фактура“ и сл. туку да се наведе моментот кога се очекува плаќањето)

Период на завршување на работите за Целината:

[……..] работни денови за набавка и сместување во магацин на добавувачот

и [……..] работни денови за пакување, обележување во магацинот на добавувачот

Прифаќаме сукцесивна испорака во Гевгелија и Табановце од најмалку по 3000 парчиња/по центар на секои 3 дена (сегашна потребна динамика) но и промени на динамиката на барање на Легис

7 Оваа понуда е важечка во период од (…мин. 90 дена поради можност на нова набавка) денови

од последниот датум за поднесување на понудите, т.е. до (../../..) 8 Доколку нашата понуда биде прифатена, се обврзуваме да дадеме гаранција за добро

извршување на работите од (…10%..), како што се бара во Член 10 од Општите услови 9 Нашата фирма ( и фирмата со која сме во конзорцијум) е регистрирана во (…држава..).

Следните производи што ги нудиме НЕ СЕ СО ПОТЕКЛО од земјите наведени во точка 7 од

Page 9: TECHNICAL SPECIFICATION Lot 2 - Legis.mkскладирање, испорака, пакување, означување, итн. ЛЕГИС го задржува правото да

9

Објавата за набавки (Земји членки на ЕУ, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Р. Македонија, Србија, Црна Гора и Турција) (оние што го задоволуваат бараниот услов не се пишуваат во овој список):

Производ целина/позиција во Анекс I

земја на потекло

1.

2.

3.

4.

10 Ја пополнуваме оваа апликација и (како партнер во конзорциумот водени од < име на

водачот / самите нас > )* за овој тендер (Целина бр...). Потврдуваме дека немаме доставено други понуди освен оваа за овој тенер ........... (Потврдуваме, како партнер во конзорциум, дека сите партнери се колективно и поединечно одговорни по закон за извршување на договорот; дека водечкиот партнер е овластен да доделува и прима инструкции за и во име на секој член; дека извршувањето на договорот, вклучувајќи ги исплатите, е одговорност на водечкиот партнер; и дека сите партнери во заедничкото вложување/конзорциум се обврзани да останат во заедничкото вложување/ конзорциумот во текот на целиот период од извршувањето на договорот)

11 Немаме никаков потенцијален конфликт на интереси со другите кандидати или страни во тендерската процедура за време на поднесувањето на оваа апликација. Немаме интерес од било каква природа во ниту еден друг тендер кој во моментов е во тек или е распишан од ЛЕГИС

12 Веднаш ќе ги известиме ЛЕГИС ако во било која фаза од извршувањето на договорот нешто од

горенаведените услови се промени. Исто така во целост признаваме и прифаќаме секоја информација дадена во апликацијата намерно непрецизна или нецелосна да биде казнета со наше исклучување од овој и други договори финансирани од ЛЕГИС

13 Се согласуваме дека ЛЕГИС не е обврзан да ја продолжи тендерската процедура и дека има

право да додели само дел од договорот. Во таков случај ЛЕГИС нема никаква понатамошна обврска кон нас.

Име и презиме: (…………………………………………………………………) Овластено лице за потпишување на понудата во име на: (………………………………………………………………………………………) Место и датум: (…………………………………………………………….………….) Печат на фирмата/претпријатието:

Page 10: TECHNICAL SPECIFICATION Lot 2 - Legis.mkскладирање, испорака, пакување, означување, итн. ЛЕГИС го задржува правото да

10

Во овој дел да се опише следново:

Рок на испорака: ВОКОЛКУ НЕ ВИ Е ДОВОЛЕН ПРОСТОРОТ ВО ИЗЈАВАТА ПОГОРЕ, ОВДЕ наведете го И ОБЈАСНЕТЕ ГО времето кога артиклите ќе бидат спремни за испорака и одвоено. Предност ќе имаат понудувачите со точно дефиниран рок на испорака. Ве молиме наведете ги патните трошоци за достава на позициите наведени во секоја целина поединечно.

ЛЕГИС го задржува правото да наплати оштета при задоцнети испораки на начин опишан во Анекс IV од комплетната документација.

Предност ќе имаат оние понудувачи со точно дефиниран рок на испорака.

КАТАЛОЗИ и ПРИМЕРОЦИ: ДА СЕ ДОСТАВИ ПО ЕДЕН ПРИМЕРОК ОД СЕКОЈ АРТИКЛ (ВКЛУЧИТЕЛНО И КЕСА И ГРУПНА ОПАКОВКА) ЈАСНО ОЗНАЧЕН ОД КОЈ ПОНУДУВАЧ СЕ ДОСТАВЕНИ. Каталозите да бидат оригинални, од произведувачот. Понуди без приложени примероци нема да бидат разгледувани.

Валидност на понудата: Понудите мора да останат важечки во период од најмалку 90 дена по крајниот рок за пондесување.

Page 11: TECHNICAL SPECIFICATION Lot 2 - Legis.mkскладирање, испорака, пакување, означување, итн. ЛЕГИС го задржува правото да

11

ГЛАВА 4

ЦЕНОВНИК ПО ПОЗИЦИИ

Page 12: TECHNICAL SPECIFICATION Lot 2 - Legis.mkскладирање, испорака, пакување, означување, итн. ЛЕГИС го задржува правото да

12

I. Преамбула

Понудувачите мора да дадат цена за секоја ставка во ценовникот одделно и да ги следат инструкциите кои се однесуваат на трансферот на различните тотали во резимето.

Понудувачот е должен внимателно да го прочита Ценовникот како и сите други документи кои спаѓаат во Договорот. Тој е должен да се осигура во тоа во целост да се запознае со деталниот опис на работите кои треба да бидат направени и начинот на кој треба да се извршат. Сите работи мора да се завршат така да во потполност ги задоволат барањата на ЛЕГИС.

II. Количини во позициите Нема гаранција за Понудувачот дека ќе му биде побарано да ги достави артиклите наброени во било која ставка, или пак дека количините кои ќе се набавуваат нема да се разликуваат од наведените.

Дадените количини во ценовникот по позиции се ориентациони и се резултат на предвидувањата направени да послужат како основа на ова тендерско досие. Понудувачот е должен да го разгледа секој аспект на досието внимателно.

Нема да се надоместува за материјали кои ќе бидат изгубени при транспорт.

III. Цени Цена мора да биде наведена до секоја ставка од ценовникот. Понуди во кои ќе бидат оставени празни места кои во табелата се предвидени за впишување на цена ќе се сметаат за некомплетни и нема да бидат разгледувани.

IV. Пополнување на ценовникот Цените во понудата ќе бидат внесени во соодветната колона во MКД.

Грешките ќе бидат поправани на следниов начин:

a) каде што има несогласување помеѓу цифрите и зборовите, сумата изразена со зборови ќе се смета за точна; и

b) на места каде што има несогласување помеѓу единечната цена и вкупната сума изведена од множењето на единечните цени со количината, единечната пресметковна цена ќе смета за точна.

Page 13: TECHNICAL SPECIFICATION Lot 2 - Legis.mkскладирање, испорака, пакување, означување, итн. ЛЕГИС го задржува правото да

13

Анекс I – Целина 1: Спецификација на цени по позиции

Страна 1oд 4 Објава број: LEGIS/151015 Име на понудувачот: [……………………………………………]

A B B1 C D E

Бр. мерка Количина Опис Единечна цена

[ со ДДВ] МКД

Тотал [со ДДВ]

МКД

1. Храна и пијалоци

1.1. Парче

80000

Вода, природна минерална негазирана, во пластичо шише,

0,5л, со сертификат за безбедност на храната и

анализирано и одобрено од Ј.З.У. Институт по Јавно

Здравје, и со одобрение од Агенција за Храна и

Ветеринарство

1.2. Парче 80000 Кроасан 60 гр., со какао крем пополнување, во фабричко

пакување по еден, без алкохол, со сертификат за

безбедност на храната

1.3. Парче 80000 Пилешка паштета, 75 гр. Меко пакување, со сертификат за

безбедност на храната и халал сертификат

1.4. Парче 80000 Леб, 150 гр., вакумирано, со сертификат за безбедност на

храната

1.5. Парче 80000 Урми, 100 гр, вакумирано во ќеса, со сертификат за

безбедност на храната

1.6. Парче 80000 ОПЦИЈА Суво грозје, 100 гр, вакумирано во ќеса , со

сертификат за безбедност на храната

1.7. Парче 80000 Влажни марамчиња, рН неутрални и антиалергенски,

дерматолошки испитани, да не содржат алкохол, ниту

парабени, со витамин Е, нежни и меки натопени 15/1

Page 14: TECHNICAL SPECIFICATION Lot 2 - Legis.mkскладирање, испорака, пакување, означување, итн. ЛЕГИС го задржува правото да

14

A B B1 C D E

Бр. мерка Количина Опис Единечна цена

[ со ДДВ] МКД

Тотал [со ДДВ]

МКД

1.8. Парче 80000 Кеса со рачки, биоразградив материјал ЛД со додаток ХД.

Тежина 11-13 гр., димензии: 350мм (ширина), 450мм

(висина), со банана рачка и испринтано лого колор.

1.9. Паушал 1 Пакување на сите артикли во кеса (веќе вклучена со цена

во поз. 1.8) со по едно парче од секој артикл и потоа во

групна амбалажа (транспортни пакети) по предлог на

понудувачот (да се вклучи во цената на оваа позиција)

Вкупно Целина 1 (без опција 1.6.):

Изработено од:[………………………], [… /...../…..] [име и презиме] потпис [……………………………………] [печат]

Page 15: TECHNICAL SPECIFICATION Lot 2 - Legis.mkскладирање, испорака, пакување, означување, итн. ЛЕГИС го задржува правото да

15

Анекс II - Целина 1: Цени по позиции Објава број: LEGIS/151015 Име на понудувач: [……………………………………………]

A B C

Број Опис Тотал

[Со ДДВ] МКД

Паушал, испорака до две центри на Легис, Гевгелија и Табановце (да се вкалкулира сукцесивен транспорт, истоварување и поставување

во магацинот на точно определено место во внатрешноста. Легис во моментот располага со место за по 3000 пакета во секој од центрите

и испораките ќе се договараат во зависност од потребите и бројот на бегалци кои се очекуваат во моментот. Предвидената количина е

потребна за време од околу 2 месеци.

Вкупно Целина 1 со вклучена испорака до корисниците (без опција 1.6):

Изработено од:[………………………], [… /...../…..] [име и презиме] потпис [……………………………………] [печат]

Page 16: TECHNICAL SPECIFICATION Lot 2 - Legis.mkскладирање, испорака, пакување, означување, итн. ЛЕГИС го задржува правото да

16

Анекс IV

Во продолжение е даден пример на купопродажен договор, сличен на оној што ќе биде потпишан со најуспешниот понудувач. Се дава како информација за понудувачот за полесна калкулација на времето на испорака и финансискиот ризик при евентуални доцнења и неисполнувања на обврските. Со самото учество на тендерот, понудувачот ги

прифаќа условите во договорот даден како пример во овој Анекс.

Ве молиме посебно внимание на членовите од 5 до 11 од примерот!

Page 17: TECHNICAL SPECIFICATION Lot 2 - Legis.mkскладирање, испорака, пакување, означување, итн. ЛЕГИС го задржува правото да

17

ПРИМЕР ДОГОВОР за купопродажба

Склучен на _______2015 помеѓу:

___________, со седиште: __________________, Град,

застапуван од ______________, во понатамошниот текст продавач и

ЛЕГИС Скопје – Македонија, со седиште: бул. Цветан Димов, бр. 4/1-5, 1 000 Скопје застапувана од Јасмин Реџепи, извршен директор, во понатамошниот текст купувач;

Page 18: TECHNICAL SPECIFICATION Lot 2 - Legis.mkскладирање, испорака, пакување, означување, итн. ЛЕГИС го задржува правото да

18

ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ

Член 1

Предмет на овој договор е продажба, односно купување на __________________ за потребите на проектот “Пијалоци и храна за хуманитарна помош” кој што предвидува ____________________________ во 2 центри во Р.Македонија. Со започнување на работите, продавачот ќе започне веднаш по потпишување на овој договор и доставување на Гаранција за добра изведба на работите во висина од 10% од вкупната набавка, со текст даден во примерот, на писмен налог од координаторот назначен од ЛЕГИС. Испораките не мораат да бидат до двaта центри/кампови едновремено, ќе бидат сукцесивни, на начин кој ќе го одобри купувачот. Магацинскиот простор на Легис е доволен за приближно по 3000 пакета во секој центар. Ако остане истата динамика на премини на граница како во моментот испораките ќе бидат на секои три дена по 3000 парчиња во секој од центрите. Воколку се промени динамиката на премини на бегалците Легис ќе се обиде да добие поголем магацински простор или купувачот ќе се сложи да испорачува во поретки или почести интервали. Купувачот ќе изврши плаќање согласно понудата но за количини кои се веќе испорачани, во рок не подолг од 5 работни дена по испораката и извршен технички прием. Обврска на купувачот е да ги набави сите артикли да ги чува во својот магацин, навремено, согласно со бараната динамика да ги препакува во кесата со лого на Легис (по едно парче од секој артикл), потоа да ги спакува во групна амбалажа, да ги транспортира до центрите на Легис и да ги постави на за тоа точно определен простор во магацинот. Составен дел на овој договор е Понудата со референца LEGIS/151015 издадена од продавачот за купувачот, во кои се наоѓа комплетната спецификација на производите и нивната цена кои треба да се испорачаат како што следи (САМО КАКО ПРИМЕР):

A B B1 C D E

Бр. мерка

Количина Опис

Единечна цена

[ со ДДВ] МКД

Тотал [со ДДВ]

МКД

1. Храна и пијалоци

1.1.

парче 80000

Вода, природна минерална

негазирана, во пластичо шише, 0,5л,

со сертификат за безбедност на

храната и анализирано и одобрено од

Ј.З.У. Институт по Јавно Здравје, и со

одобрение од Агенција за Храна и

Ветеринарство

1.2.

парче

80000 Кроасан 60 гр., со какао крем

пополнување, во фабричко пакување

по еден, без алкохол, со сертификат за

безбедност на храната

1.3.

парче

80000 Пилешка паштета, 75 гр. Меко

пакување, со сертификат за

безбедност на храната и халал

Page 19: TECHNICAL SPECIFICATION Lot 2 - Legis.mkскладирање, испорака, пакување, означување, итн. ЛЕГИС го задржува правото да

19

A B B1 C D E

Бр. мерка

Количина Опис

Единечна цена

[ со ДДВ] МКД

Тотал [со ДДВ]

МКД

сертификат

1.4. парче

80000 Леб, 150 гр., вакумирано, со

сертификат за безбедност на храната

1.5. парче

80000 Урми, 100 гр, вакумирано во ќеса, со

сертификат за безбедност на храната

1.6.

парче

80000 ОПЦИЈА Суво грозје, 100 гр,

вакумирано во ќеса , со сертификат за

безбедност на храната

1.7.

парче

80000 Влажни марамчиња, рН неутрални и

антиалергенски, дерматолошки

испитани, да не содржат алкохол, ниту

парабени, со витамин Е, нежни и меки

натопени 15/1

Вкупно Целина 1:

A B C

Број

Опис Тотал

[Со ДДВ] МКД

Вкупно Целина 3:

Паушал, испорака до Гевгелија

Вкупно Целина 1 со вклучена испорака до корисниците:

Page 20: TECHNICAL SPECIFICATION Lot 2 - Legis.mkскладирање, испорака, пакување, означување, итн. ЛЕГИС го задржува правото да

20

ЦЕНА

Член 2

Цената на храната и пијалоците , предмет на овој Договор, согласно горенаведената Понуда со референца LEGIS/151015 со комплетна спецификација изнесува

____________МКД, како што се дефинирани во јавниот оглас според кој е нудено.

ПРАВА И ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

Член 3

Плаќањето ќе се изврши најдоцна до ____.2016, во целост, откако приборот ќе се испорача до просториите на училиштата согласно дистрибутивната листа дадена во договорот и прифатениот план на испорака даден во Анекс 5 на овој договор.

НАЧИН И УСЛОВИ НА ИСПОРАКА

Член 4

Продавачот се обврзува да ја ги испорача производите спакувани и означени според барањето од јавниот оглас и групирани согласно потребите на ЛЕГИС. Целосниот потребен број на комплети треба да биде спремен за сукцесивна испорака, во магацинот на продавачот, најмногу за 7 дена по потпишувањето на овој договор.

РОК НА ИСПОРАКА И ЗАДОЦНЕТО ПЛАЌАЊЕ

Член 5

Испораката ќе се одвива во периодот помеѓу _________ и ____________ Продавачот нема да наплати магацински трошоци за чување на стоката при сукцесивно повлекување на стоката во текот на овој период. Евентуално наплаќање на вакви трошоци по изминување на овој период, во случај на доцнење по вина на ЛЕГИС ќе бидат предмет на анекс на овој договор.

Член 6 Висината на можната оштета за задоцнување при испораката (пенали) е броено од денот предвиден за завршување до денот на кој е завршено со работите и 10% од вкупната вредноста на Договорот за задоцнување над 20 дена, броено од денот предвиден за завршување до денот на кој е завршено со работите. Висината на пеналите не може да надмине 10 % од вкупната вредноста на Договорот.

Член 7 При доцнење на испораката по вина на продавачот подолго од 30 дена , ЛЕГИС може без било какво обештетување на продавачот, да го прекине договорот, да направи договор со

Page 21: TECHNICAL SPECIFICATION Lot 2 - Legis.mkскладирање, испорака, пакување, означување, итн. ЛЕГИС го задржува правото да

21

следниот најдобар понудувач, а од продавачот да наплати оштета од 10% од вкупната вредноста на Договорот која ќе се наплати со активирање на Гаранцијата за добра изведба.

Член 8

Во случај на непотполна испорака по вина на продавачот и некомплетирање на испораката во период подолг од 30 дена од крајниот рок, ЛЕГИС може да го прекине договорот, да избере дали ќе ја врати или ќе го плати веќе испорачаното. Продавачот, во ваков случај нема право на било каква надокнада на штета. ЛЕГИС може да направи договор со следниот најдобар понудувач за целосна или делумна испорака, а од продавачот да наплати оштета од 10% од вкупната вредноста на Договорот, а продавачот е должен да ја исплати за помалку од 60 дена дури и во случај кога немало претходни плаќања од страна на ЛЕГИС. Во случај да е прифатена делумна испорака, ЛЕГИС ќе ја исплати сумата која ја должи намалена за погоре предвидените пенали.

Член 9

Во случај на задоцнето плаќање ќе се калкулира затезна камата и тоа: - според реесконтната стапка која ја применува НБМ кога исплатите се прават во МКД, плус 3.5% (три и половина посто), на првиот ден од месецот во кој истекува крајниот рок. Казнената камата ќе биде пресметана за периодот помеѓу крајниот рок предвиден за исплата од страна на ЛЕГИС (исклучително) и датумот на кој реално е направена исплатата сметајќи го денот кога средствата се симнати од сметката на ЛЕГИС (вклучително)..

ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТОТ

Член 10

Продавачот гарантира за квалитетот на испорачаната стока и испорака на оние артикли кои беа дадени во понудата со референца LEGIS/151015. Во случај на рекламација, трошоците за оспособување, односно замена на производите како и трошоците за испорака до корисникот паѓаат на товар на продавачот.

ПРИЕМ НА СТОКАТА

Член 10

Квалитативен и квантитативен прием на артиклите што се набавуваат, уште во магацинот на продавачот, врши комисија составена од страна на купувачот. Оваа комисија може по случаен избор, во присуство на купувачот, да отвори потребен број на пакети и со преглед на внатрешноста да утврди дали испорачаната опрема се соодветствува со квалитетот и квантитетот утврден во спецификацијата согласно понудата со референца LEGIS/151015 како и дали се работи за оригинали, произведени од наведениот производител.

За евентуалните недостатоци констатирани при приемот на стоката се составува записник кој го потпишуваат овластените претставници од двете договорни страни и корисникот на опремата.

Член 11

При неисполнување на критериумите на квалитет поради кои ќе дојде до доцнење на испораката подолго од 30 дена , ЛЕГИС може да го прекине договорот, да направи договор

Page 22: TECHNICAL SPECIFICATION Lot 2 - Legis.mkскладирање, испорака, пакување, означување, итн. ЛЕГИС го задржува правото да

22

со следниот најдобар понудувач, а од продавачот да наплати оштета согласно Член 7 или Член 8 од овој договор.

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 12

Секоја од договорните странки може да бара раскинување на договорот и надомест на евентуално причинетата штета, доколку другата договорна страна не се придржува кон одредбите на договорот.

Член 13 Плаќање на фактурата од страна на купувачот се врши врз основ на доставената фактура од страна на продавачот, согласно член 2 и 3 од овој Договор.

Член 13 Со склучување на овој Договор, договорните страни се согласуваат сите меѓусебни спорови да ги решаваат спогодбено и во духот на добрите деловни односи, а во случај тоа да не е можно, спорот го решава стварно надлежниот суд во Скопје.

Член 15

Можните измени настанати по склучување на овој Договор, договорните страни ќе ги дополнуваат писмено кон овој Договор со анекси.

Член 16 Договорот стапува во сила почнувајќи од xx.xx.2015 година.

Член 17 Договорот е составен во два (2) еднообразни примероци од кои по 1 за секоја договорна страна.

ДОГОВОРНИ СТРАНИ

Продавач: Купувач: __________________ Легис

Page 23: TECHNICAL SPECIFICATION Lot 2 - Legis.mkскладирање, испорака, пакување, означување, итн. ЛЕГИС го задржува правото да

23

ПРИМЕР: ГАРАНЦИЈА ЗА ДОБРА ИЗВЕДБА НА РАБОТИТЕ

(на меморандум на банката)

Покана за тендер бр [LEGIS/151015] Ние, долупотпишаните, (име, назив на БАНКАТА, адреса), со ова изјавуваме дека на Легис Скопје, ул.Цветан Димов 4/1-5, Скопје, ќе и ги гарантираме, како главен должник, исплатите од (износ на гаранцијата за добра изведба на работите), спомнати во Точка 10 од Објавата за набавки, во име на (име и адреса на Продавачот), без расправа, веднаш по приемот на првото пишано барање од Легис. Понатаму се согласуваме дека ниту една промена или додаток на Договорот која накнадно ќе биде направена од страна на ЛЕГИС и (име на Продавачот), на било каков начин нема да не ослободи од обврската која е предмет на оваа гаранција. Воедно очекуваме писмена информација за сите такви измени или додатоци. Гаранцијата ќе стапи на сила од (внесете го денот на стапување на сила на Договорот) и ќе важи 10 дена по завршување на целосната испорака. Очекуваме гаранцијата да биде ослободена по писмен пат, не подоцна од 30 дена по комплетирање на обврските на Продавачот. Било каков спор во врска со Гаранцијата ќе се води според легислативата на Р.Македонија, и ќе биде во надлежност на Основен суд Скопје 2-Скопје. Дата ………….., ../../.. Име и презиме: …….......…………………За:……………………] Потпис: …………….. [печат на банката]