21
ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ "ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ" РЕСЕН ГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ПО ПРЕДМЕТОТ ТЕХНИЧКО ОБРАЗОВАНЕ ЗА ВИ ОДДЕЛЕНИЕ учебна 2010/11 година ПРЕДМЕТЕН НАСТАВНИК Маре Соклевска Глобално ( годишно или перспективно) планирање за наставата по предметот техничко образование во ВИ одделение Програмско подрачје 1: Сообраќајна култура - 4 часа Период на реализација: септември, октомври 2011 година; Цели: Ученикот да се оспособи безбедно да учествува во јавниот сообраќај како пешак и велосипедист;

PODGOTOVKA ZA NASTAVEN ^AS PO TEHNI^KO ...tehnickomare.weebly.com/uploads/8/5/1/5/8515109/vi... · Web viewГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ПО ПРЕДМЕТОТ ТЕХНИЧКО

  • Upload
    others

  • View
    15

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: PODGOTOVKA ZA NASTAVEN ^AS PO TEHNI^KO ...tehnickomare.weebly.com/uploads/8/5/1/5/8515109/vi... · Web viewГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ПО ПРЕДМЕТОТ ТЕХНИЧКО

ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ "ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ" РЕСЕН

ГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ПО ПРЕДМЕТОТ ТЕХНИЧКО ОБРАЗОВАНЕ ЗА ВИ ОДДЕЛЕНИЕучебна 2010/11 година

ПРЕДМЕТЕН НАСТАВНИК Маре Соклевска Глобално ( годишно или перспективно) планирање за наставата по предметот техничко образование во ВИ одделение

Програмско подрачје 1: Сообраќајна култура - 4 часаПериод на реализација: септември, октомври 2011 година;Цели: Ученикот да се оспособи безбедно да учествува во јавниот сообраќај како пешак и велосипедист; Активности и методи: Дискусија, објаснување, демонстрација.

Програмско подрачје 2: Графичко комуницирање - 6 часаПериод на реализација: октомври, ноември 2011 година;Цели: Ученикот да може да комуницира со едноставни технички цртежи од градежништвото, да се оспособи да нацрта работилнички технички цртеж;

Page 2: PODGOTOVKA ZA NASTAVEN ^AS PO TEHNI^KO ...tehnickomare.weebly.com/uploads/8/5/1/5/8515109/vi... · Web viewГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ПО ПРЕДМЕТОТ ТЕХНИЧКО

Активности и методи: објаснување, демонстрација, дискусија и практична работа (цртање на технички цртежи).

Програмско подрачје 3: Архитектура и градежништво - 12 часаПериод на реализација: декември 2011 година, јануари, февруари, март 20112 година;Цели: Ученикот да знае како се гради еден објект (од идеја до реализација), да ги препознава градежните материјали, да направи макета на куќа од понудени материјали;Активности и методи: Објаснување, демонстрација, дискусија и практична работа (изработка на макета на куќа).

Програмско подрачје 4: Конструктивно творештво - 14 часаПериод на реализација: март, април, мај, јуни 2012 година;Цели: Ученикот да се оспособи да конструира модели од конструкторски елементи, да ги пронајде преносните механизми кај нив, да ги опише функционалните карактеристики на моделите;Активности и методи: Објаснување, демонстрација, дискусија, практична работа (конструирање на модели). Тематско - процесно планирање

Програмско подрачје 1: Сообраќајна култура - 4 часа

1 часЦели: - ученикот да ги препознава специјалните возила во сообраќајот;- да ги научи сообраќајните правила и прописи што важат за нив на регулирана и нерегулирана крстосница;

Page 3: PODGOTOVKA ZA NASTAVEN ^AS PO TEHNI^KO ...tehnickomare.weebly.com/uploads/8/5/1/5/8515109/vi... · Web viewГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ПО ПРЕДМЕТОТ ТЕХНИЧКО

Наставна содржина - Специјални возила во сообраќајот

Активности, методи и наставни средства:Наставникот поттикнува дискусија со учениците за тоа кои возила во сообраќајот имаат право на предност на минување пред останатите возила во сообраќајот. Ги охрабрува самите да ги набројат возилата и да објаснат зошто имаат предност на минување.Учениците даваат примери за сообраќајни ситиуации од секојдневниот живот во кои учествуваат и овие возила.Наставникот ги запознава учниците со специјалните возила кои им припаѓаат на службите кои се од посебно значење за зачувување на животот на луѓето,нивниот имот и воопшто опшстествената безбедност (полиција, брза помош, противпожарна служба и АРМ). Дефинира правила и прописи на регулирана и нерегулирана крстосница истовремено демонстрирајќи дијафилмови на сообраќајни ситуации со овие возила.Потоа заедно со учениците се разгледуваат сообраќајни ситуации, се анализира и дискутира за секоја ситуација посебно.Учениците внимателно и активно слушаат а потоа преку разговор се развива дискусија за важноста за почитување на приоритетноста на специјалните возила.

2 и 3 часЦели:- ученикот да ги знае условите што важат за велосипедистот;- да разликува регулирана од нерегулирана крстосница;- да ги знае правилата што важат на регулирана и нерегулирана крстоница;- да ги почитува и применува сите сообраќајни правила и прописи;

Наставна содржина: Сообраќајни правила и прописиНаставна единица (2 час) - Услови за учество на велосипедистот во сообраќајотНаставна единица (2 час) - Правила на регулирана и нерегулирана кртосница

Активности, методи и наставни средстваНаставникот преку прашања за сообраќајните правила што ги изучиле во В одделение и нивно набројување доаѓа до целтта на часот. Наставникот дефинира услови кои важат за учество на велосипедистот во сообраќајот, Секој услов посебно се разгледува и објаснува. Учениците внимателно слушаат и активно се вклучуваат во дискусија за условите кои важат за велосипедистите.Потоа наставникот прашува што е тоа крстосница и какви крстосници има, демонстрира плакат на кој има повеќе

Page 4: PODGOTOVKA ZA NASTAVEN ^AS PO TEHNI^KO ...tehnickomare.weebly.com/uploads/8/5/1/5/8515109/vi... · Web viewГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ПО ПРЕДМЕТОТ ТЕХНИЧКО

крстосници. Се пронаоѓаат регулираните и нерегулираните крстосници. Преку демонстрација на ротопроекции, дијафилмови прво се запознаваат со регулираните крстосници (со полицаец, семафори и сообраќајни знаци). Посебно се објаснува регулирањето на крстосниците со објаснување на знаците што ги дава полицаецот, семафорот и сообраќајните знаци што се поставуваат на крстосниците. Потоа наставникот ги запознава учениците со нерегулираните крстосници, демонстрира ротопроекции или дијафилмови, објаснува посебно за секое правило што важи на нерегулирана крстосница.Учениците ги набљудуваат сообраќајни ситуации презентирани од страна на наставникот, внимателно слушаат и активно учествуваат во дискусијата за правилата на нерегулирана крстосница.На крај учениците решаваат собраќајни ситуации презентирани од страна на наставникот, ги анализираат и дискутираат за важноста на почитување на сите сообраќајни правила и прописи.

4 часЦели: - ученикот решава тестови од сообраќај;- знае да ги примени сообраќајните правила и прописи;- знае да ги користи сообраќајните знаци;

Наставна содржина: Решавање на сообраќајни ситуации

Активности, методи и наставни средства:Наставникот организира групи за работа, утврдува правила за работа на групата, дава тестови од сообраќај.Тековно ја следи и инструира работата на учениците.Учениците внимателно слушаат напатствија дадени од страна на наставникот, се организираат во групата, одредуваат ученик кој ќе ја води групата. Набљудуваат и анализираат сообраќајни ситуации на регулирани и нерегулирани крстосници, се договараат во групата и ги решаваат. Анализираат и проучуваат дадени сообраќајни знаци, делови на велосипед, ги заокружуваат точните одговори.Потоа одговорниот ученик на групата станува и ги толкува и објаснува решените ситуации.Наставникот ја следи целокупната активност на групите и поединците во групата, нивната ангажираност, взаемна соработка и заинтересираност, се бележат нивните резултати во аналитички листи.Се прави анализа на сите групи заедно со нивните постигнати резултати, учениците заедно со наставникот дискутираат за извршената задача и ги утврдуваат знаењата за сообраќајните правила и прописи.

Page 5: PODGOTOVKA ZA NASTAVEN ^AS PO TEHNI^KO ...tehnickomare.weebly.com/uploads/8/5/1/5/8515109/vi... · Web viewГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ПО ПРЕДМЕТОТ ТЕХНИЧКО

Тематско - процесно планирање

Програмско подрачје 2: Графичко комуницирање - 6 часа

1 и 2 часЦели: - да се оспособи да применува размер во градежништвото;- црта технички цртеж во размер;- разликува и применува начин на котирање во машинството и градежништвото;- правилно да го користи приборот за техничко цртање;

Наставна содржина: Размер и котирање на градежен технички цртежНаставна единица (1 час) - Размер и котирањеНаставна единица (2 час) - Задача: Основа на училницата

Активности, методи и наставни средства:Наставникот преку прашања врши кус осврт на предзнаења за размер и котирање од В одделение. Наставникот поттикнува дискусија за тоа дали поголемите предмети, објекти ќе ги собере во нивните тетратки на пример: врата , училница, куќа. Заедно со учениците ја мери вратата во училницата (должина и ширина), поставува прашање кој размер да се употреби т.е. за колку пати треба да се намали вратата, црта на табла со

Page 6: PODGOTOVKA ZA NASTAVEN ^AS PO TEHNI^KO ...tehnickomare.weebly.com/uploads/8/5/1/5/8515109/vi... · Web viewГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ПО ПРЕДМЕТОТ ТЕХНИЧКО

прибор за цртање. Потоа наставникот објаснува дека котирањето во градежното техничко цртање наместо котни стрелки се применуваат котни црти под агол од 45˚ и котниот број се изразува во см и м.Наставникот дава задача учениците да истражат и пресметаат во кој размер треба да го нацртаат подот на училницата во своите тетратки. Ја надгледува работата на учениците, врши тековно инструирање, завршна контрола и проверка. Се анализираат и вреднуваат нацртаните технички цртежи со дискусија и критика, се бележат во аналитички листи. Заедно со учениците се утврдуваат правилата за нивно цртање и потребата од прибор за техничко цртање.

3 часЦели: - ученикот да знае како се црта градежен технички цртеж со сите негови елементи;- препознава симболи на градежен технички цртеж;- да ја уреди внатрешноста (ентериерот) на дадена основа на семеен стан;

Наставна содржина: Симболи и читање на градежен технички цртеж

Активности, методи и наставни средства:Наставникот ги мотивира учениците со прашањето: Дали ги привлекува професијата архитект и дизајнер на ентериерот? Дали правилниот избор на занимање е предуслов за успех и задоволство во професијата и работата на секој човек? Преку добиените одговори доаѓа до целтта на часот. Објаснува што е градежен проект, демонстрира проект на станбена куќа, објаснува како се цртаат техничките цртежи во градежништвото со хоризонтален пресек (основа) и вертикален пресек (надолжен и напречен). Во меѓувреме на учениците организирани по групи дели листови со хоризонтален и вертикален пресек на зграда, ги поттикнува учениците да го набљудуваат хоризонталниот пресек и да ги откријат симболите што се користат во градежништвото ( симболи на врати, прозорци, елементи што се вградуваат во бања). Потоа дава задача на учениците во своите работни тетратки да ја разгледаат основата на еден семен стан и да ги доцртаат симболите што недостасуваат. На друга задача треба да ги идентификуваат симболите и распоредат , да ја уредат внатрешноста на станот (ентериерот) по своја желба.Учениците активно учествуваат во дискусијата, ги следат објаснувањата и упатствата на наставникот, ја решаваат дадената задача.

Page 7: PODGOTOVKA ZA NASTAVEN ^AS PO TEHNI^KO ...tehnickomare.weebly.com/uploads/8/5/1/5/8515109/vi... · Web viewГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ПО ПРЕДМЕТОТ ТЕХНИЧКО

Наставникот ја следи и контролира работата на учениците, ги бележи постигнатите резултати во аналитички листи.

4 часЦели: - ученикот да знае да скицира модел или макета;- препознава видови на технички цртежи;- разликува работилнички технички цртеж;

Наставна содржина: Технички цртежи

Активности, методи и наставни средства:Наставникот за да ги мотивира учениците поставува прашање: За да направиш модел или макета според замислата (идејата) на конструкторот, значи, треба да ја препознаеш замислата, како треба да се изработи. Што треба да направиш за да дојдеш до реализација? Доаѓа до целтта на часот за скица, поттикнува дискусија како се црта скицата. Потоа објаснува како се црта скица, скицира на табла некој модел или макета. Потоа објаснува за да се изработи точен предметот треба да се нацрта технички цртеж со сите негови делови. Набројува видови на технички цртежи, демонстрира технички цртежи од учебник, работна тетратка, објаснува кој за што за служи. Посебно го истакнува работилничкиот технички цртеж, црта на табла дел од модел или макета прикажан со сите детали или димензии.Учениците внимателно слушаат, набљудуваат видови на технички цртежи во своите тетратки и цртежи демонстрирани од страна на наставникот,воочуваат разлики помеѓу нив, потоа цртаат работилнички технички цртеж во своите тетратки.

5 часЦели: - ученикот да се оспособи да скицира; - да изработи работилнички технички цртеж;- правилно да го користи приборот за техничко цртање;

Наставна содржина: Изработка на работилнички технички цртеж

Активности, методи и наставни средства:Наставникот поттикнува дискусија за работилничкиот технички цртеж што го карактеризира него. Дава задача да се изработи работилнички технички цртеж на дел од кран - крак како во учебникот. Поставува прашање зошто истиот е нацртан во размер за намалување и дали може истиот елемент да го нацрта во својата тетратка во Р 1:1. Ученикот го набљудува и проучува цртежот, размислува и пресметува дали цртежот ќе го собере во нивните

Page 8: PODGOTOVKA ZA NASTAVEN ^AS PO TEHNI^KO ...tehnickomare.weebly.com/uploads/8/5/1/5/8515109/vi... · Web viewГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ПО ПРЕДМЕТОТ ТЕХНИЧКО

тетратки во Р 1:1. Самостојно работи, го црта работилничкиот технички цртеж.Наставникот ја следи работата на учениците, посочува на направени грешки, врши завршна контрола и проверка.На крај се анализираат нацртаните технички цртежи со дискусија и критика, се вреднуваат и бележат во аналитички листи. Се утврдуваат основните карактеристики за изработка на истиот, се утврдува потребата од правилно користење на приборот за техничко цртање.

6 часЦели: - утврдување и систематизирање на знаењата;- правилно да го користи приборот за техничко цртање;

Наставна содржина: Утврдување и систематизирање на знаењата

Активности, методи и наставни средства:Наставникот дава задача да нацртаат работилнички технички цртеж на некој елемент од работните задачи. Организира групи за работа, поставува во секоја група по еден модел или макета. Се поттикнува дискусија за цртањето на истиот, за размерот да го одберат самите. Учениците работата во групата, разменуваат мислења, се договараат и го цртаат елементот што го одбрале и размерот кој ќе го применат.Наставникот ја следи целокупната активност на учениците, ангажираност и заинтересираност. Ги бележи постигнатите резултати во аналитички листи, гледајќи ги и постигнатите резултати од другите часови се формира оценка заедно со учениците за оваа тема.

Тематско - процесно планирање

Програмско подрачје 3: Архитектура и градежништво - 12 часа

1 часЦели:

Page 9: PODGOTOVKA ZA NASTAVEN ^AS PO TEHNI^KO ...tehnickomare.weebly.com/uploads/8/5/1/5/8515109/vi... · Web viewГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ПО ПРЕДМЕТОТ ТЕХНИЧКО

- набројува градби во градежништвото;- ја препознава македонската народна архитектура; - дискутира за материјали од кои се изградени куќите;

Наставна содржина: Македонската архитектура во минатото и денес

Активности, методи и наставни средства:Наставникот поттикнува дискусија за градбите, објектите што ги гледаме околу нас или поставува прашање: Дали остануваме рамнодушни од старите куќи во Охрид, Велес, Кратово? Ги запознава учениците со наставната содржина за македонската народна архитектура, демонстрира готови макети на охридска, крушевска куќа.Врши поделба на учениците по групи, им дава наставно ливче по кое треба да работат т.е. да пронајдат слики од Интернет на стари и нови градби на тлото на Македонија, користејќи ја програмата МС Публисхер. Учениците го анализираат наставното ливче, се договараат во групата , симнуваат слики, откриваат од кои градежни материјали се изградени куќите.Наставникот тековно ги инструира учениците, ја следи нивната работа, дава повратна информација, ги забележува постигнатите резултати во аналитички листи.На крајот од часот се поттикнува дискусија за степенот на постигнатост на наставнит цели.

2 часЦели: - ги знае постапките за изградба на еден објект;- објаснува за постапките на градба на конкретен пример (сопствена куќа, викендичка);

Наставна содржина: Технолошки постапки во градежништвото

Активности, методи и наставни средства:Наставникот поставува прашање: Како се гради куќа, зграда, дали некој сега брзо градел дома куќа? Со тоа доаѓа до целтта на часот за технолошките постапки при градење на објект.Објаснува за секоја постапка посебно, демонстрира проект на станбена куќа и што содржи истиот. Потоа ги објаснува другите технолошки постапки: подготвителни (обележување на проектираниот објект на земјиште); основни (земјени, бетонски, зидарски и занаетчиски работи) и придружни (водоводни, канализациони, електротехнички и телефонски инсталации).

Page 10: PODGOTOVKA ZA NASTAVEN ^AS PO TEHNI^KO ...tehnickomare.weebly.com/uploads/8/5/1/5/8515109/vi... · Web viewГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ПО ПРЕДМЕТОТ ТЕХНИЧКО

Учениците внимателно слушаат , го разгледуваат проектот на станбената куќа. Ги откриваат постапките етапно, набљудуваат и откриваат планови за различни инсталации, инсталации во училница. Активно се вклучуваат во дикусија за секоја фаза на градба на еден објект.Учениците и наставникот ги утврдуваат технолошките постапки за градба, дека изградбата на еден објект е планирана и осмислена работа.

3 часЦели: - знае за нивната примена во градежништвото; - дискутира за материјали од кои се изградени куќите;

Наставна содржина: Градежни материјали

Активности, методи и наставни средства:Наставникот ги насочува учениците кон новата наставна содржина со набројување на градежни материјали што ги познаваат. Од сите набројани градежни материјали врши поделба, групирање според нивната намена.Посебно ги објаснува основните материјали за градба, материјалите за поврзување на градежни елементи, инсталациони материјали и материјали за заштита и украсување. Истовремено демонстрира збирка на градежни материјали, посочува инсталациони материјали во училницата (електротехнички, водоводни, канализациони цевки, радијатори) и материјали за заштита и украсување (стакло, разни плочки зидни, подни и сл.). Потенцира и за употребата на основниот алат и прибор, демонстрира алат и прибор, како и фотографии од градежни машини.Ученикот внимателно слуша и активно се вклучува во дискусија при откривањето на градежните материјали, алат и прибор и градежна механизација.Дискутира за новата содржина, дава опис на градежни материјали кои се употребени за изградба на нивна куќа или пак за нашето училиште.

4 часЦели: - да ги осознае современите материјали за изолација; - да објасни како се штеди енергија во градежништвото;

Наставна содржина: Рационално користење на енергија во градежништвото (штедење на енергија)

Активности, методи и наставни средства:

Page 11: PODGOTOVKA ZA NASTAVEN ^AS PO TEHNI^KO ...tehnickomare.weebly.com/uploads/8/5/1/5/8515109/vi... · Web viewГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ПО ПРЕДМЕТОТ ТЕХНИЧКО

Наставникот со помош на прашања и добиени одговори ги најавува наставните цели за часот: Како може да се затопли домот?Ги запознава учениците со современите материјали за изолација, ги набројува, демонстрира слики. Објаснува кои се извори на енергија се користат во градежништвото, кои се најзастапени, а кои може да се искористат од природата.Ученикот внимателно слуша и открива видови на енергии кои се користат во градежништвото, ги осознава современите материјали за топлинска и звучна изолација.Наставникот дава напатствија на учениците да напишат есеј на тема: "Анализирај и објасни го искористувањето на природните енергии во градежништвото".Дефинира конкретни есејски прашања на кои треба да одговорат учениците и начинот на кој ќе се оценува есејот.

5 час- утврдување и систематизирање на знаењата;- читање на есеи;

Наставна содржина: Утврдување и систематизирање на знаењата

Активности, методи и наставни средства:Наставникот им ги соопштува на учениците целите кои се предвидени за овој час. Се читаат есеи на неколку ученици. Врз основа на показателите од аналитичките листи кои се користеа изминатите часови, како и од напишаните есеи се покренува дискусија со учениците и се изведува оценка за нивните постигања. Во изведувањето на оценката учествуваат наставникот, ученикот и соучениците, со што се постигнува поголема објективност и се вклучуваат учениците активно во процесот на оценување.

6, 7 часЦели: - да се оспособи да нацрта скица на едноставна куќичка;- да изработи технички цртеж на истата куќичка;

Наставна содржина: Од идеја до реализацијаНаставна единица (1 час) - Цртање на скица на едноставна куќичкаНаставна единица (2 час) - Изработка на технички цртеж на едноставна куќичка

Page 12: PODGOTOVKA ZA NASTAVEN ^AS PO TEHNI^KO ...tehnickomare.weebly.com/uploads/8/5/1/5/8515109/vi... · Web viewГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ПО ПРЕДМЕТОТ ТЕХНИЧКО

Активности, методи и наставни средства:Наставникот врши кус осврт на предзнаења за технолошките постапки за градба на еден објект. Ги мотивира учениците со прашањето: Дали можеш да си нацрташ куќичка по сопствена идеја?Ги запознава учениците со задачата за овие два часа. Ги дели учениците по групи, секоја група скицира куќичка по сопствена идеја. Прво учениците се договараат, разменуваат мислења во групата, а потоа скицираат куќичка. Наставникот ја следи активноста, дава свои сугестии, помага при изработката на скицата.Вториот час учениците го одбираат размерот со кој ќе цртаат и цртаат технички цртеж на куќичката со прецизни димензии.Наставникот исто ја следи нивната работа, тековно ги инструира и проверува, ги бележи постигнатите резултати во аналитички листи.

8 часЦели: - да се оспособи да одбере соодветен материјал, алат и прибор;

Наставна содржина: Одбирање на материјал, алат и прибор

Активности, методи и наставни средства:Наставникот преку разговор открива која група каков материјал избрала за макетата на куќичката и кој алат и прибор ќе го користи (хартија, картон, шперплоча, ножици, скалпел и сл.)Учениците се организираат и работат во групата како што испланирале.

Ги пренесуваат мерките (димензиите) од техничкиот цртеж на материјалот (хартија, картон, лесонит, шперплоча).Наставникот тековно ги инструира учениците, посочува на направени грешки и нивно одстранување, ги бележи постигнатите резултати во аналитички листи.

9, 10 часЦели: - да се оспособи да направи едноставна куќичка;- правилна употреба на алат и прибор;

Наставна содржина: Изработка на макета на куќичка

Активности, методи и наставни средства:

Page 13: PODGOTOVKA ZA NASTAVEN ^AS PO TEHNI^KO ...tehnickomare.weebly.com/uploads/8/5/1/5/8515109/vi... · Web viewГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ПО ПРЕДМЕТОТ ТЕХНИЧКО

Наставникот дава напатствија на учениците да се организираат во групата и да започнат со работа.Учениците работат како што се договориле, едни ги сечат елементите на куќичката од соодветниот материјал, други брусат ако се дрвени елементите, трети ги составуваат.Наставникот ја следи нивната работа, посочува направени грешки и нивно одстранување. Ги бележи постигнатите резултати во аналитички листи.

11, 12 часЦели: - естетски ја обликува и дизајнира куќичката;- правилна употреба на алат и прибор;

Наставна содржина: Естетско обликување и уредување на дворното место

Активности, методи и наставни средства:Наставникот проверува која група до каде е со работата, дава напатствија да се организираат во групата, им потенцира дека ова се последните два часа за изработка на макетата на куќичката.Учениците се организираат во групата, од понудените материјали за украсување на макетата на куќичката и на дворното место одбираат кои материјали ќе ги употребат за украсување на куќичката, а кои за дворното место. Некои ги бојат елементите, прозорците со фолија ги обликуваат, ги обложуваат зидовите со тапети или друг материјал и сл.Го уредуваат дворното место со материјалите што ги одбрале.Наставникот ја следи целокупната активност на учениците, ангажираност и заинтересираност. Ги бележи постигнатите резултати во аналитички листи, гледајќи ги и постигнатите резултати од другите часови се формира оценка заедно со учениците за изработената макета на куќичката.

Тематско - процесно планирање

Програмско подрачје 3: Конструктивно творештво - 14 часа

Page 14: PODGOTOVKA ZA NASTAVEN ^AS PO TEHNI^KO ...tehnickomare.weebly.com/uploads/8/5/1/5/8515109/vi... · Web viewГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ПО ПРЕДМЕТОТ ТЕХНИЧКО

1 часЦели: - препознава прости машини;- објаснува како работат простите машини;- да го разберат значењето на машините за човекот;

Наставна содржина: Поим за прости машини

Активности, методи и наставни средства:Наставникот преку наставно ливче со дијагностички метод врши проверка на предзнаењата на учениците за содржината (што е сила, прости машини, како вози велосипед и сл.). На тој начин се доаѓа до целтта на часот.Објаснува дека за инженерите конструктори машина е секоја направа што може да врши корисна работа со примена и пренос на сила и притоа да ја смени големината или насоката на силата. Го дефинира поимот за машинаДемонстрира прости машини (лост, ножици, клешта) и објаснува како тие работат. Ножиците за сечење работат на принцип на двокрак лост. Со помош на лост можеш да подигнеш предмети чија тежина е многу пати поголема од силата со која дејствуваш. Заклучува за примената на простите машини од кои се направени сите други машини. Демонстрира слики и модели со макари и запчаници, објаснува како работат тие, посочува дека тие се првите машини што ги создал човекот. Заедно со учениците се набљудува велосипед и се пронаоѓаат елементите за пренос на сила и движење и како функционираат тие за да се движиме (возиме со него).Ученикот го решава наставното ливче а потоа заедно се наставникот активно се вклучува во дискусија за содржината. Заклучува за огромнатапотреба од простите машини во животот и работата на човекот.

2 часЦели: - препознава елементи за пренос на сила;- ја опишува функцијата на елементите на дадени слики и модели;- испитува како работи водната турбина и како се претвора енергијата од еден во друг вид;

Page 15: PODGOTOVKA ZA NASTAVEN ^AS PO TEHNI^KO ...tehnickomare.weebly.com/uploads/8/5/1/5/8515109/vi... · Web viewГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ПО ПРЕДМЕТОТ ТЕХНИЧКО

Наставна содржина: Преносни механизми кај машините

Активности, методи и наставни средства:Наставникот за да ги мотивира учениците поставува прашање дали може да се замени енергијата на мускулите на човекот и зошто? Со безброј добиени одговори се заклучува дека со пронаоѓањето на машините човекот многукратно си ја олеснува работата.Поставува прашање како воденицата го меле житото? Дава задача на учениците да ја погледнат сликата во учебникот и да ги идентификуваат елементите за пренос на сила и движење кај воденицата. Потоа заедно со учениците се дискутира за тоа како работи воденицата со обележување со стрелка на движењето на водата.Бидејќи водните турбини работат на истиот принцип како воденицата, само што е посложена машина, наставникот дава наставно ливче учениците работејќи во група или секој посебно да испита како се пренесува силата и движењето и да откријат како енергијата се претвора од еден во друг вид во хидроцентралата.Наставникот ја следи и насочува нивната работа. Потоа заедно со групите се дискутира што откриле и како се искористува водната енергија за добивање на електрична енергија. Ги бележи постигнатите резултати во аналитички листи.

3 часЦели: - чита и анализира технички цртеж и упатства;- пронаоѓа елементи за пренос на сила и движења;- анализира функција на елементите;

Наставна содржина: Конструирање модели и макети

Активности, методи и наставни средства:Наставникот објаснува за конструкциите и нивните карактеристики, односно дека човекот конструира различни конструкции за свои потреби. Демонстрира слики и модели на различни конструкции, покажува модели направени од готови конструкторски елементи. Ги наведува учениците да ги пронајдат елементите за пренос на сила и движење и да опишат со свои зборови како функционираат тие. Поставува прашање дали може тие самите да конструираат некој модел од сопствен материјал?Ги дели учениците во групи или работа во парови во зависност од желбата на учениците. Во секоја група дава работни листови со по неколку модели, од кои учениците избираат модел кој ќе го изработат. Наставникот ја надгледува работата на учениците, дава свои мислења и

Page 16: PODGOTOVKA ZA NASTAVEN ^AS PO TEHNI^KO ...tehnickomare.weebly.com/uploads/8/5/1/5/8515109/vi... · Web viewГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ПО ПРЕДМЕТОТ ТЕХНИЧКО

сугестии и ги подготвува за наредниот час да носат тетратки и прибор за техничко цртање.4, 5 часЦели: - уредува и организира работно место;- чита и анализира цртеж и упатство на одбран модел или макета;- изработува работилнички технички цртеж;- правилна употреба на прибор за техничко цртање;

Наставна содржина: Цртање на технички цртеж за елементите на моделот

Активности, методи и наставни средства:Наставникот ги насочува учениците истовремено повторувајќи заедно со нив за изработка на работилнички технички цртеж како се црта. Се повторуваат сите карактеристики на работилничкиот технички цртеж.Потоа поделени во групи или парови учениците се организираат, секој ученик црта по еден или повеќе елементи за моделот кој ќе го прават во своите тетратки. Наставникот ја следи работата за време на двата часа, посочува за направени грешки, со стопирање на работата и укажувајќи и на другите ученици да не направат иста грешка. Внимава како го користат приборот за техничко цртање, дали соработуваат во групата и сл. Дава напатствија за наредниот час да носат материјал (тврд или подебел картон) од кој ќе биде изработен моделот или макетата.Постигнатите резултати ги бележи во аналитички листи.

6 часЦели: - уредува и организира работно место;- пренесува мерки и димензии на материјалот;- правилна употреба на прибор за техничко цртање;

Наставна содржина: Пренесување на мерките на соодветен материјал

Активности, методи и наставни средства:Наставникот надгледува до каде се учениците со работата од минатиот час, ги подготвува за работа, проверува дали носат материјал и прибор за техничко цртање.Учениците се организираат во групата, се договараат како ќе работат, а потоа секој го црта сопствениот елемент на материјалот (картонот).Наставникот проверува дали правилно ги пренеле точните мерки и димензии на картонот, помага на некои ученици

Page 17: PODGOTOVKA ZA NASTAVEN ^AS PO TEHNI^KO ...tehnickomare.weebly.com/uploads/8/5/1/5/8515109/vi... · Web viewГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ПО ПРЕДМЕТОТ ТЕХНИЧКО

што заостануваат со работата. Ги бележи постигнатите резултати.За наредниот час дава напатствија да носат прибор за техничко цртање, картонот на кој се нацртани елементите и алат (ножици, склпел, дупчалка за хартија).

7, 8 часЦели: - уредува и организира работно место;- конструира, гради модел или макета;- ја испитува функционалноста на моделот;- правилна употреба на алат и прибор за работа;

Наставна содржина: Градба на модел или макета

Активности, методи и наставни средства:Учениците се организираат во групата, гледаат што носат и од материјалот ги сечат елементите (деловите) за моделот или макетата.Дупчат обележани места за дупчење на елементите.Потоа ги составуваат елементите со лепење. Наставникот ја надгледува работата на учениците, внимава на постапките за работа, веднаш посочува за направени грешки и нивно одстранување.Вторит час ако е модел се вградуваат елементи за пренос на сила и движења (оски од метал, ременици, ремени-ластичиња и сл.). Испитуваат како функционира моделот, а ако не работи заедно со наставникот ја исправаат грешката. Потоа може естетски да ги дотераат моделите и макетите.Наставникот ја следи целокупната активност на учениците и заедно со нив се формира оцена за секој модел или макета, а истотака и од бележените резултати од минатите часови.Дава напатствија за нареден час да размислат да конструираат модел по сопствена идеја.

9, 10 часЦели: - уредува и организира работно место;- скицира сопствен модел ;- црта работилнички технички цртежи за елементите за градба;

- правилна употреба на прибор за техничко цртање;

Наставна содржина: Скицирање и цртање на модел по сопствена идеја

Page 18: PODGOTOVKA ZA NASTAVEN ^AS PO TEHNI^KO ...tehnickomare.weebly.com/uploads/8/5/1/5/8515109/vi... · Web viewГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ПО ПРЕДМЕТОТ ТЕХНИЧКО

Активности, методи и наставни средства:Од претходната задача наставникот бара од учениците да скицираат модел по сопствена идеја. Ги дели во групи и секоја група треба да смисли и скицира каков модел ќе гради.Групите се организираат, разменуваат мислења и одбираат што ќе направат. Го скицираат соодветниот модел. Од соодветната скица цртаат работилнички технички цртежи за елементите (деловите) за градба.Наставникот ја надгледува работата и помага на групите со некоја своја сугестија што да направат. Ги следи постапките за работа, ги бележи постигнатите резултато во аналитички листи.

11, 12, 13 часЦели: - уредува и организира работно место;- конструира, гради модел или макета;- ја испитува функционалноста на моделот;- правилна употреба на алат и прибор за работа;

Наставна содржина: Градба на модел по сопствена идеја

Активности, методи и наставни средства:Наставникот проверува до каде се групите со работа, ги насочува што да работат овие часови, проверува дали носат материјал, алат и прибор за техничко цртање. Групите се договараат кој ученик што да работи, секој ученик има одредена задача што да работи. Еден ги пренесува мерките и точните димензии на материјалот што го одбрале за работа, друг ги сече елементите, трет ги дупчи елементите на обележаните места, четвртиот ги составува со лепење или пак со завртки и навртки. Ги вградуваат елементите за пренос на сила и дбижења, испитуваат како функционира, работи моделот.Наставникот за цело време ја надгледува работата, ја следи ангажираноста на учениците во групата, нивната заинтересираност и ги бележи постигнатите резултати.

14 часЦели: - утврдување и систематизирање на знаењата;- испитување на функционалноста на моделите;

Page 19: PODGOTOVKA ZA NASTAVEN ^AS PO TEHNI^KO ...tehnickomare.weebly.com/uploads/8/5/1/5/8515109/vi... · Web viewГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ПО ПРЕДМЕТОТ ТЕХНИЧКО

Наставна содржина: Систематизирање на знаењата

Активности, методи и наставни средства:Наставникот им ги соопштува на учениците целите кои се предвидени за овој час. Се разгледуваат конструираните модели и макети на сите групи. Се дискутира за секоја група и готов модел поединечно, се испитува функционалноста на моделот, како и оригиналноста на групата, а истотака и на поединецот во групата. Врз основа на показателите од аналитичките листи кои се користеа изминатите часови, како и од готовите модели и макети се покренува дискусија со учениците и се изведува оценка за нивните постигања. Во изведувањето на оценката учествуваат наставникот, ученикот и соучениците, со што се постигнува поголема објективност и се вклучуваат учениците активно во процесот на оценување.