34
МСР 705, 706, 720, 800 и 805 ИОРРМ Континуирано Професионално усовршување Струмица, 28 септември 2016 година Презентер: Габриела Милошевска

Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

  • Upload
    others

  • View
    15

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

МСР 705, 706, 720, 800 и 805

ИОРРМ Континуирано Професионално усовршувањеСтрумица, 28 септември 2016 година

Презентер: Габриела Милошевска

Page 2: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

»Преглед на тековно важечките МСР 705, 706, 720, 800

и 805

»Информирање за измени на овие МСР (истите сеуште

не се стапени на сила во Р. Македонија)

» Анализа на практични примери и предлози

Цел на модулот

2

Page 3: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

Содржина на модулот

Тековно важечки МСР 705 - Модификации на милењето во извештајот на

независниот ревизор

МСР 706 - Пасуси за нагласување на прашање и пасуси за други прашања во извештајот на независниот ревизор

МСР 720 - Одговорности на ревизорот во врска со други информации во документи кои содржат ревидирани финансиски извештаи

МСР 800 - Посебни разгледувања – ревизии на финансиски извештаи подготвени во согласност со рамки за посебна намена

МСР 805 - Посебни разгледувања – ревизии на поединечни финансиски извештаи и специфични елементи, сметки или ставки од финансиски извештај

Информативно – последни измени според IFAC

Предлог практични примери 3

Page 4: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

МСР 705

Делокруг – одговорноста на ревизорот да објави соодветен извештај во околности кога е потребна модификација на ревизорското мислење за финансиските извештаи (ФИ)

Видови модифицирани мислења:

Мислење со резерва

Неповолно мислење

Воздржување од мислење

Важи за ревизии на финансиски извештаи за периодите кои започнуваат со датум на или по 15 декември 2009 година

Цели

Цел на ревизорот:

Заклучува, врз основа на прибавените ревизорски докази, дека ФИ не се во целина ослободени од материјални погрешни прикажувања

Не е во состојба да прибави достатни и соодветни ревизорски докази за да заклучи дека ФИ во целина се ослободени од материјални погрешни прикажувања

4

Page 5: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

МСР 705

Дефиниции

Распространет – термин кој се користи во контекст на погрешни прикажувања за да се опишат ефектите на погрешните прикажувања на ФИ. Распространети ефекти се оние кои, според расудувањето на ревизорот:

Не се ограничени на специфични елементи, сметки или делови на ФИ

Ако се ограничени, можат да претставуваат значителен дел од ФИ

Во однос на обелоденувањата се фундаментални за разбирање на ФИ

Модифицирано мислење

5

Page 6: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

МСР 705

Барања

Околности кога е потребна модификација на ревизорско мислење

Врз основа на прибавените ревизорски докази, дека ФИ не се во целина ослободени од материјални погрешни прикажувања

Не можат да се прибават достатни и соодветни ревизорски докази за да заклучи дека ФИ во целина се ослободени од материјални погрешни прикажувања

6

Page 7: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

МСР 705

Барања

Определување на видот на модификација на ревизорското мислење

Мислење со резерва кога:

Има прибавено достатни и соодветни ревизорски докази за да заклучи дека погрешните прикажувања поединечно и збирно се материјални, но не се распространети во ФИ

Не може да прибави достатни и соодветни ревизорски докази на кои ќе го заснова мислењето, но заклучил дека можните ефекти од неоткриените погрешни прикажувања, доколку постојат, се материјални за ФИ, но не се распространети

Неповолно мислење - има прибавено достатни и соодветни ревизорски докази за да заклучи дека погрешните прикажувања поединечно и збирно се материјални и се распространети во ФИ

7

Page 8: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

МСР 705

Барања

Определување на видот на модификација на ревизорското мислење

Воздржување од мислење:

Кога не може да прибави достатни и соодветни ревизорски докази на кои ќе го заснова мислењето, и заклучува дека можните ефекти од неоткриените погрешни прикажувања, доколку постојат, се материјални за ФИ и се распространети

Во екстремно ретки околности кои вклучуваат повеќекратни неизвесности, заклучува дека, без оглед на прибавените достатни и соодветни ревизорски докази во врска со секоја поединечна неизвесност, не може да формира мислење за ФИ поради потенцијално содејство на неизвесностите и нивниот кумулативен ефект на ФИ

8

Page 9: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

МСР 705

Барања

Определување на видот на модификација на ревизорското мислење

Последици од неможноста да прибави достатни и соодветни ревизорски докази поради ограничувања наметнати од раководството откако ревизорот го прифатил ангажманот:

Да побара од раководството да го отстрани ограничувањето

Ако раководството одбие да го отстрани ограничувањето, ревизорот треба да ги извести за тоа оние кои се задолжени за управување, освен ако сите одговорни за управување се вклучени во раководството, и да определи дали е возможно спроведување на алтернативни постапки

9

Page 10: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

МСР 705

Барања

Определување на видот на модификација на ревизорското мислење

Последици од неможноста да прибави достатни и соодветни ревизорски докази поради ограничувања наметнати од раководството откако ревизорот го прифатил ангажманот:

Ако не е во можност да прибави достатни и соодветни ревизорски докази, импликациите ќе ги определи на следниов начин:

Ако можните ефекти од неоткриените погрешни прикажувања врз ФИ, доколку постојат такви, се материјални, но не распространети, ќе даде мислење со резерва

Ако можните ефекти од неоткриените погрешни прикажувања врз ФИ, доколку постојат такви, се материјални, и распространети и мислење со резерва не е соодветно, тогаш:

Да се повлече од ревизијата (притоа да ги извести оние кои се одговорни за управувањето за сите прашања во врска со сите погрешни прикажувања идентификувани за време на ревизијата), или

Ако не е практично или возможно, да се воздржи од мислење

10

Page 11: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

МСР 705

Барања

Други разгледувања кои се однесуваат на неповолно мислење или воздржување од мислење – кога ревизорот смета дека треба да издаде неповолно мислење или воздржување од мислење за ФИ како целина, ревизорскиот извештај не треба да вклучува немодифицирано мислење според истата рамка за финансиско известување за еден финансиски извештај или еден или повеќе елементи, сметки или ставки од ФИ

11

Page 12: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

МСР 705

Барања

Форма и содржина на ревизорскиот извештај кога мислењето е модифицирано

Основа за пасус за модификација

Пасус за мислење

Опис на одговорноста на ревизорот кога ревизорот искажува мислење со резерва или неповолно мислење

Опис на одговорноста на ревизорот кога ревизорот се воздржува од мислење

Комуникација со оние кои се задолжени за управувањето – кога ревизорот очекува да го модифицира мислењето во ревизорскиот извештај ќе ги комуницира околностите кои довеле до очекуваната модификација и предложениот избор на зборови за искажување на модификацијата

12

Page 13: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

МСР 705

Природата на прашањето кое довело до модификација

Ефекти или можни ефекти врз ФИ

Материјални, но не и распространети

Материјални и распространети

ФИ се материјално погрешно прикажани

Мислење со резерва Неповолно мислење

Неможност да се прибави достатен и соодветен ревизорски доказ

Мислење со резерва Воздржување од мислење

13

Page 14: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

МСР 706

Делокруг – дополнителна комуникација кога ревизорот смета дека е потребно да го привлече вниманието кон прашања кои се презентирани и обелоденети во финансиските извештаи (ФИ), а се фундаментални за разбирање на ФИ или кон прашања покрај оние кои се презентирани и обелоденети во ФИ, а се релевантни за разбирање на ревизијата, одговорностите на ревизорот и извештајот на ревизорот

Важи за ревизии на финансиски извештаи за периодите кои започнуваат со датум на или по 15 декември 2009 година

Цели

Цел на ревизорот, да го привлече вниманието на корисниците на:

Прашања кои се презентирани и обелоденети во ФИ, а се фундаментални за разбирање на ФИ од страна на корисниците

Ако е соодветно, секое прашање кое е релевантно за разбирање на ревизијата, одговорностите на ревизорот и извештајот на ревизорот

14

Page 15: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

МСР 706

Дефиниции

Пасус за нагласување на прашање – вклучен во извештајот на ревизорот и се однесува на прашање кое е соодветно презентирано и обелоденето во ФИ кое, според расудувањето на ревизорот е од таква важност, што е фундаментално во разбирањето на ФИ од страна на корисниците

Пасус за други прашања – вклучен во извештајот на ревизорот и се однесува на други работи освен оние презентирани или обелоденети во ФИ кои, според расудувањето на ревизорот се релевантни за корисниците да ја разберат ревизијата, одговорностите на ревизорот или извештајот на ревизорот

15

Page 16: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

МСР 706

Барања

Пасус за нагласување прашање во извештајот на ревизорот

Доколку ревизорот смета дека е потребно да го привлече вниманието на корисниците на прашање кое е презентирано или обелоденето во ФИ кое, според расудувањето на ревизорот, е од таква важност, што е фундаментално за разбирање на ФИ од страна на корисниците, ревизорот треба во извештајот на ревизорот да вклучи пасус за нагласување на прашање доколку ревизорот прибавил доволно соодветни ревизорски докази за да се поткрепи заклучокот дека прашањето не е материјално погрешно прикажано во ФИ. Таквиот пасус треба да се однесува само на информациите презентирани или обелоденети во ФИ

Кога вклучува ваков пасус ревизорот треба:

Да го вклучи веднаш после пасусот за мислењето

Да го користи насловот “Нагласување на прашање“, или друг соодветен наслов

Да вклучи во пасусот јасно посочување на прашањето кое се нагласува и на тоа каде во ФИ може да се најдат релевантните обелоденувања кои целосно го опишуваат прашањето

Да укаже дека ревизорското мислење не е модифицирано во однос на прашањата кои се нагласени

16

Page 17: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

МСР 706

Барања

Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот – доколку е прашање кое не е презентирано или обелоденето во ФИ, а е релевантно и не е забрането со закон или регулатива. Ревизорот овие нагласувања во извештајот ги прави под посебен наслов “Други прашања“, или друг соодветен наслов. Пасусот треба да го вклучи веднаш после:

Пасусот со мислењето и било кој пасус за нагласување на прашање, или

На друго место во извештајот на ревизорот доколку содржината е релевантна за делот Други одговорности за известување

Комуникација со оние кои се задолжени за управувањето – ако ревизорот вклучи пасус за нагласување на прашање или за други прашања во ревизорскиот извештај треба да ги извести оние кои се задолжени за управување за овој исклучок и за предложената формулација на овој пасус

17

Page 18: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

МСР 720

Делокруг:

Одговорности на ревизорот во врска со други информации во документи кои содржат ревидирани финансиски извештаи и со нив поврзаниот извештај на ревизорот

Фразата “документи кои содржат ревидирани финансиски извештаи“ се однесува на годишни извештаи (или слични документи), кои им се издадени на сопствениците (или слични заинтересирани страни), кои содржат ревидирани финансиски извештаи и со нив поврзаниот извештај на ревизорот

18

Page 19: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

МСР 720

Важи за ревизии на финансиски извештаи за периодите кои почнуваат на или по 15 декември 2009 година

Цели – ревизорот е соодветно да реагира во ситуации кога документи кои содржат ревидирани финансиски извештаи и со нив поврзаниот извештај на ревизорот вклучуваат други информации кои може да го нарушат кредибилитетот на тие финансиски извештаи и на извештајот на ревизорот

Дефиниции

Други информации

Неконзистентност

Погрешно прикажување на факти

19

Page 20: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

МСР 720

Барања

Читање на други информации

Треба да ги чита и другите информации за да идентификува материјални неконзистентности, ако постојат

Да обезбеди од раководството да ги добие информациите пред датумот на извештајот на ревизорот, а ако не може, да ги добие што поскоро

Материјални неконзистентности

Добиени пред датумот на извештајот на ревизорот

При потребна повторна проверка на ревидираните ФИ, а одбивање на соработка од раководството, можна модификација на мислењето според МСР 705

При потребна повторна проверка на другите информации, а одбивање на соработка од раководството, можно нагласување според МСР 706, неиздавање на извештај на ревизорот или повлекување од ангажман (доколку е законски можно)

20

Page 21: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

МСР 720

Барања

Материјални неконзистентности

Добиени после датумот на извештајот на ревизорот

При потребна повторна проверка на ревидираните ФИ, да ги следи релевантните барања во МСР 560 – Последователни настани

При потребна повторна проверка на другите информации, а доколку раководството се сложи, да спроведе постапките кои се потребни според дадените околности

При потребна повторна проверка на другите информации, а доколку раководството не се сложи, да ги извести оние кои се задолжени за управување (доколку не се вклучени во раководството)

Материјално погрешно прикажување на факти

Да разговара со раководството

По разговорот, ако треба, да вклучи квалификувана трета страна

Ако раководството одбива да корегира, да ги извести оние задолжени за управување (доколку не се вклучени во раководството)

21

Page 22: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

МСР 800

Делокруг:

МСР од 100 до 700 се однесуваат на ревизија на ФИ. Овој МСР се занимава со разгледувањата во примената на наведените МСР при ревизија на ФИ изработени во согласност со рамка за посебни цели

Пишуван е во контекст на комплетен сет на ФИ изработени во согласност со рамка за посебни цели, за разлика од МСР 805

Не ги потиснува барањата на другите МСР; ниту пак претендира да се занимава со разгледувања кои можат да бидат релевантни за условите на ангажманот

22

Page 23: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

МСР 800

Важи за ревизии на финансиски извештаи за периодите кои почнуваат на или по 15 декември 2009 година

Цели – при примена на МСР во ревизија на ФИ изработени во согласност со рамка за посебни цели, соодветно да одговори на разгледувањата релевантни за:

Прифаќање на ангажманот

Планирање и извршување на ангажманот

Формирање на мислење и известување за ФИ

Дефиниции

Финансиски извештаи за посебна намена

Рамка за посебни цели

23

Page 24: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

МСР 800

Барања

Разгледувања при прифаќање на ангажман

Прифатливост на рамката за финансиско известување (МСР 210)

Целите за кои се изработени финансиските извештаи

Корисниците за кои истите се наменети

Чекорите превземени од раководството со цел да одреди дека применливата рамка за финансиско известување е прифатлива во дадените услови

Разгледувања при планирање и извршување на ангажман

МСР 200 (Договарање на ангажманот)

МСР 315 (Оценка на ризиците на ангажманот)

24

Page 25: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

МСР 800

Барања

Формирање на мислење и известување

Опис на применливата рамка за финансиско известување

При формирање на мислење и известување за финансиските извештаи изработени за посебна намена, ревизорот треба да ги применува барањата на МСР 700. Во случај на ревизорски извештај за финансиски извештаи за посебна намена:

Ревизорскиот извештај ќе ја опише целта за која се изработени ФИ и, доколку е потребно, корисниците за кои се наменети, или ќе се повика на забелешката во која се објаснети наведените информации

Ако раководството има избор на рамки за финансиско известување при изработка на вакви ФИ, објаснувањето на обврската на раководството за ФИ исто така ќе се повика на одговорноста за утврдување дека применетата рамка за финансиско известување е прифатлива во условите

Информирање на читателите дека финансиските извештаи се изработени во согласност со рамка за посебни цели

25

Page 26: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

МСР 805

Делокруг:

МСР од 100 до 700 се однесуваат на ревизија на ФИ. Овој МСР се однесува на посебни разгледувања при примена на тие МСР на ревизија на поединечен финансиски извештај или на специфичен елемент, сметка или ставка на финансиски извештај. Поединечниот финансиски извештај или специфичниот елемент, сметка или ставка на финансискиот извештај може да бидат подготвени во согласност со рамка за општа намена или за рамка за посебна намена. Ако се подготвени во согласност со рамка за посебна намена, МСР 800 исто така се применува на ревизијата

Не се применува за извештајот на ревизорот на компонента, издаден како резултат на работа извршена на финансиски информации за компонента по барање на тим на ангажман за групација за целите на ревизијата на финансиски извештаи на групацијата (МСР 600)

Не ги потиснува барањата на другите МСР; ниту пак претендира да се занимава со разгледувања кои можат да бидат релевантни за условите на ангажманот

26

Page 27: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

МСР 805

Важи за ревизии на поединечни финансиски извештаи или на специфични елементи, сметки или ставки за периодите кои почнуваат на или по 15 декември 2009 година; Во случај на ревизии на поединечни финансиски извештаи или специфични елементи, сметки или ставки на финансиски извештаи подготвени со специфичен датум, овој МСР стапува во сила за ревизии на такви информации подготвени со датум на или после 14 декември 2010 година

Цели – ревизорот да се посвети соодветно на посебните разгледувања кои се релевантни за:

Прифаќање на ангажманот

Планирање и извршување на ангажманот

Формирање на мислење и известување за поединечниот финансиски извештај или за специфичниот елемент, сметка или ставка на финансискиот извештај

27

Page 28: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

МСР 805

Дефиниции

“Елемент на финансиски извештај“ или “елемент“ значи “елемент, сметка или ставка на финансиски извештај“

“Меѓународни стандарди за финансиско известување“

Поединечен финансиски извештај или специфичен елемент на финансиски извештај ги вклучува и поврзаните белешки, тие обично содржат преглед на значајни сметководствени политики и други објаснувачки информации релевантни за финансискиот извештај или за елементот

28

Page 29: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

МСР 805

Барања

Разгледувања при прифаќање на ангажман

Примена на МСР (МСР 200)

Прифатливост на рамката за финансиско известување (МСР 210)

Форма на мислење (МСР 210)

Разгледувања при планирање и извршување на ревизијата

При планирање и извршување на ревизијата на поединечен финансиски извештај или на специфичен елемент на финансиски извештај, ревизорот треба да ги прилагоди сите МСР кои се релевантни за ревизијата според потребите во дадените околности на ангажманот

29

Page 30: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

МСР 805

Барања

Формирање на мислење и известување

Известување за комплетниот сет на ФИ и за поединечен финансиски извештај или за специфичен елемент од таквите финансиски извештаи на ентитетот

Посебен извештај за комплетни ФИ и за поединечни информации

Модифицирано мислење, пасус за нагласување на прашање или пасус за останати прашања во извештајот на ревизорот за комплетен сет на финансиски извештаи на ентитетот

Ако мислењето во извештајот на ревизорот за комплетен сет на ФИ на ентитет е модифицирано, или истиот вклучува пасус за обрнување на внимание или пасус за останати прашања, ревизорот треба да го утврди ефектот што истото може да го има на извештајот на ревизорот за поединечните информации

При неповолно мислење или воздржување од мислење за комплетниот сет на ФИ на ентитетот во целина, МСР 705 не дозволува ревизорот да вклучи во истиот извештај на ревизорот немодифицирано мислење за поединечните информации – ќе му противречи на мислењето на комплетниот сет на ФИ

30

Page 31: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

МСР 805

Барања

Формирање на мислење и известување

Модифицирано мислење, пасус за нагласување на прашање или пасус за останати прашања во извештајот на ревизорот за комплетен сет на финансиски извештаи на ентитетот

При неповолно мислење или воздржување од мислење за комплетниот сет на ФИ на ентитетот во целина, а сепак ревизорот смета дека е соодветно немодифицирано мислење за поединечните информации, треба да постапи така само доколку:

не му е забрането со закон или регулатива да постапи на тој начин

таквото мислење е изразено во извештајот на ревизорот кој не е објавен заедно со извештајот на ревизорот кој содржи неповолно мислење или воздржување од мислење

специфичниот елемент не претставува значителен дел од комплетниот сет на финансиски извештаи на ентитетот

31

Page 32: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

Последни измени според IFAC

Септември 2014:

Измени на МСР (важат за ревизии за периоди кои завршуваат на или по 15 декември 2016 година):

700 – Формирање на мислење и известување за финансиските извештаи

705 – Модификации на милењето во извештајот на независниот ревизор

706 – Пасуси за нагласување на прашање и пасуси за други прашања во извештајот на независниот ревизор

570 – Континуитет

260 – Комуницирање со оние кои се задолжени за управувањето со ентитетот

Воведување нов МСР 701 – Комуницирање на клучни прашања на ревизијата во извештајот на независниот ревизор

Сите овие се директно поврзани и влијаат на барањата за известување по МСР 800 и МСР 805

32

Page 33: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

Предлог практични примери

Во документи објавени на веб страната на ИОРРМ: http://iorrm.org.mk/

33

Page 34: Materiality, Misstatements and Reporting Miloshevska.pdf · 2016-09-27 · Пасус за други прашања во извештајот на ревизорот –доколку

Благодарам за вниманието