4
МАТЕМАТИКА - НАСТАВНА ПРОГРАМА ЗА VI ОДДЕЛЕНИЕ Л И С Т А на oчекувани резултати според нивоата на Блумовата таксономија - по наставни теми Ниво Наставна тема Конкретна наставна цел ПОЗНАВАЊЕ Операции со дропки Ги знае видовите дропки; искажува дефиниција за мешан број; знае да прошири и да скрати дропка со даден број; ги препознава поимите процент, основна вредност и процентен износ. Триаголник и паралелни прави Црта и означува триаголник и да ги именува неговите основни елементи; препознава страна спроти теме, агол спроти страна и обратно; соодветно означува и разликува внатрешни од надворешни агли на триаголник; разликува и именува триаголници според аглите и според страните; препознава и означува висина на триаголник; препознава симетрала на отсечка и симетрала на агол; препознава и симболички запишува складност на два триаголника; го искажува признакот страна-агол- страна (САС) за складни триаголници; го искажува признакот агол-страна- агол (АСА) за складни триаголници; го искажува признакот страна-страна- страна (ССС) за складни триаголници; ја искажува аксиомата за паралелни прави; препознава агли со паралелни и агли со нормални краци; ја искаже теоремата за збир на внатрешни, односно за збир на надворешни агли на триаголник; препознава и црта средна линија на триаголник; ја искаже теоремата за средна линија на триаголник; воочува оска на симетрија кај некои рамнински фигури (отсечка, агол, триаголник, квадрат, круг) . Цели и рационални броеви Чита координати на точка на бројна права; препознава и одредува спротивен број на даден број; ги идентификува елементите на множеството цели броеви (Z); ги познава елементите на множеството рационални броеви; го препознава записот на апсолутна вредност на број ( а ). Четири- аголник Препознава страни, агли и дијагонали на четириаголник; го знае збирот на внатрешни и збирот на надворешни агли на четириаголник; ги препознава и разликува видовите четириаголници (паралелограми, трапези и трапезоиди);

matematika_VI-novo

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: matematika_VI-novo

МАТЕМАТИКА - НАСТАВНА ПРОГРАМА ЗА VI ОДДЕЛЕНИЕ

Л И С Т А на oчекувани резултати според нивоата на Блумовата таксономија - по наставни теми

Ниво Наставна

тема Конкретна наставна цел

ПО

ЗН

АВ

АЊ

Е

Операции со дропки

Ги знае видовите дропки; искажува дефиниција за мешан број; знае да прошири и да скрати дропка со даден број; ги препознава поимите процент, основна вредност и процентен износ.

Триаголник и паралелни прави

Црта и означува триаголник и да ги именува неговите основни елементи; препознава страна спроти теме, агол спроти страна и обратно; соодветно означува и разликува внатрешни од надворешни агли на триаголник; разликува и именува триаголници според аглите и според страните; препознава и означува висина на триаголник; препознава симетрала на отсечка и симетрала на агол; препознава и симболички запишува складност на два триаголника; го искажува признакот страна-агол-страна (САС) за складни триаголници; го искажува признакот агол-страна-агол (АСА) за складни триаголници; го искажува признакот страна-страна-страна (ССС) за складни триаголници; ја искажува аксиомата за паралелни прави; препознава агли со паралелни и агли со нормални краци; ја искаже теоремата за збир на внатрешни, односно за збир на надворешни агли на триаголник; препознава и црта средна линија на триаголник; ја искаже теоремата за средна линија на триаголник; воочува оска на симетрија кај некои рамнински фигури (отсечка, агол, триаголник, квадрат, круг).

Цели и рационални броеви

Чита координати на точка на бројна права; препознава и одредува спротивен број на даден број; ги идентификува елементите на множеството цели броеви (Z); ги познава елементите на множеството рационални броеви;

го препознава записот на апсолутна вредност на број ( а ).

Четири-аголник

Препознава страни, агли и дијагонали на четириаголник; го знае збирот на внатрешни и збирот на надворешни агли на четириаголник; ги препознава и разликува видовите четириаголници (паралелограми, трапези и трапезоиди);

Page 2: matematika_VI-novo

1

препознава висини на паралеограм и дијагонали на паралелограм; ги искажува својствата и признаците на паралелограм; ги препознава и разликува видовите паралеограми (правоаголник, квадрат, ромб и ромбоид); ги искажува посебните својства на правоаголник, квадрат и ромб; препознава трапез и неговите основни елементи (основи, краци и висини); ги препознава видовите трапези (рамнокрак трапез и правоаголен трапез); ги искажува својствата на рамнокрак трапез; препознава делтоид и ги искажува неговите својства; ги искажува и запишува формулите за периметар на правоаголник, ромб, квадрат ромбоид, рамнокрак трапез и делтоид.

Работа со податоци

Препознава податоци претставени со столбест дијаграм; искажува дефиниции за аритметичка средина, ранг, мода и медијана.

РА

ЗБ

ИР

АЊ

Е

Операции со дропки

Објаснува што е дропка и ја претставува на бројна права; споредува дропки со еднакви и со различни именители; пресметува збир, односно разлика на дропки или мешани броеви со различни именители; пресметува производ, односно количник на дропки или мешани броеви; претставува децимална дропка и децимален број во процент и обратно; претставува величини преку процент и решава практични задачи; пресметува процент од даден број како дел од цело.

Триаголник и паралелни

прави

Објаснува со што е зададена осна симетрија и пресликува точка и отсечка при осна симетрија; објаснува со што е зададена централна симетрија и пресликува точка и отсечка при централан симетрија; воочува и одредува центар на симетрија кај некои рамнински фигури (отсечка, квадрат, круг); одредува ортоцентар на триаголник; црта тежишна линија и одредува тежиште на триаголник; објаснува кои фигури се складни; објаснува кои триаголници се складни, според секој од признаците; ги објаснува својствата на рамнокрак триаголник; одредува големина на непознат внатрешен или надворешен агол на триаголник; го воочува односот меѓу страните и аглите во триаголник; решава едноставни задачи во кои се користи односот меѓу страните и аглите во триаголник; објаснува конструкција на триаголник според дадени елементи (трите страни, две страни и аголот меѓу нив, една страна и аголот што

лежи на таа страна); објаснува конструкција на рамностран триаголник со зададена висина или со зададена тежишна линија; објаснува конструкција на рамнокрак триаголник со зададени: - основа и аголот на основата,

- основа и висина; - тежишна линија кон основата;

објаснува конструкција на правоаголен триаголник со зададени две катети или со зададени една катета и хипотенузата.

Page 3: matematika_VI-novo

2

Цели и рационални

броеви

Претставува точка на бројна права; наведува примери на елементите на множеството цели броеви (Z) и на множеството рационални броеви (Q); го објаснува заемниот однос меѓу множествата N, Z+, Z- и Z;

претставува цел број како збир и како разлика на два броја (со исти или со различни знаци); одредува збир и разлика на два и повеќе цели броеви со исти или со различни знаци; решава задачи со употреба на загради; наведува примери на елементи на множеството цели броеви и на множеството рационални броеви; го објаснува поимот апсолутна вредност на број; пресметува производ и количник на рационални броеви со исти и со различни знаци.

Четири-аголник

Црта паралелограм, висини на паралеограм и дијагонали на паралелограм; црта правоаголник, квадрат, ромб, ромбоид, делтоид и трапез; објаснува конструкција на паралелограм (квадрат, ромб, правоаголник) според дадени елементи; објаснува конструкција на опишана и впишана кружница кај квадрат и кај правоаголник; црта средна линија на трапез и да ја определи нејзината должина; пресметува периметар на правоаголник, ромб, квадрат, ромбоид, рамнокрак трапез и делтоид.

Работа со податоци

Објаснува што е аритметичка средина, ранг, медијана и мода на податоци.

ПР

ИМ

ЕН

А

Операции со дропки

Извршува повеќе аритметички операции со дропки и мешани броеви почитувајќи го редоследот на операциите; пресметува вредност на броен израз составен од дропки и мешани броеви.

Триаголник и паралелни

прави

Конструира нормала на права; одредува растојание од точка до права; конструира симетрала на отсечка и симетрала на агол; конструира симетрали на страните и на аглите на триаголник; ги применува својствата на рамнокрак триаголник при решавање задачи ги користи особините на агли со заемно паралелни/нормални краци (дека се еднакви или суплементни) решава задачи во врска со средна линија на триаголник; конструира центар на опишана и центар на впишана кружница кај триаголник; конструира оска на симетрија кај некои рамнински фигури (отсечка, агол, триаголник, квадрат, круг); конструира агол од 60о, 30о, 90о и 45о; конструира тангента на кружница во дадена точка; конструира триаголник според дадени елементи (трите страни, две страни и аголот меѓу нив, една страна и аголот што лежи на таа

страна);

конструира рамностран триаголник со зададена висина или со зададена тежишна линија; конструира рамнокрак триаголник со зададени: - основа и аголот на основата;

- основа и висина; - тежишна линија кон основата;

конструира правоаголен триаголник со зададени две катети или со зададени една катета и хипотенузата.)

Page 4: matematika_VI-novo

3

Цели и рационални

броеви

Ги применува знаењата преку отчитување на температурна скала, скала на водостој, бројна права; решава задачи со примена на комутативното и асоцијативното својство; пресметува производ на два цели броја со исти знаци или со различни знаци; решава задачи со примена на комутативното, асоцијативното и дистрибутивното својство; го почитува редослед на извршување на аритметичките операции; одредува непознат собирок, намаленик, намалител, множител, деленик или делител во равенки; решава конкретни примери за одредување апсолутна вредност на број; пресметува збир и разлика на рационални броеви; решава задачи со примена на комутативното, асоцијативното и дистрибутивното својство; одредува непознат собирок, намаленик, намалител, множител, деленик или делител; пресметува вредност на броен израз.

Четири-аголник

Ги користи во задачи својствата и признаците на паралелограм; ги применува посебните својства на правоаголник, квадрат и ромб при решавање задачи; го користи во задачи својството на аглите што лежат на ист крак; ги применува својствата на рамнокрак трапез при решавање задачи; ги применува својствата на делтоидот при решавање задачи; ги користи формулите за периметар на наведените фигури при решавање задачи од практиката.

Работа со податоци

Податоците дадени во проценти ги претставува графички со столбест дијаграм; пресметува аритметичка средина, ранг, медијана и мода на податоци.

АН

АЛ

ИЗ

А, С

ИН

ТЕ

ЗА

И

ВР

ЕД

НУ

ВА

ЊЕ

Операции со дропки

Споредува дропки со проценување, а потоа својата проценка ја проверува со пресметување; го проценува резултатот од собирањето, од одземањето, од множењето, односно од делењето и го проверува.

Триаголник и паралелни прави

Утврдува (образложува) складност на два триаголника според признакот страна-агол-страна (САС); утврдува (образложува) складност на два триаголника според признакот страна-страна-страна (ССС); утврдува (образложува) складност на два триаголника според признакот агол-стран-агол (АСА); решава посложени задачи во кои се користи односот меѓу страните и аглите во триаголник; решава посложени конструктивни задачи за триаголник.

Цели и рационални броеви

Пресметува производ и количник на цели и рационални броеви на разни начини; проценува производ на два цели броја со исти знаци или со различни знаци и проценката ја проверува; проценува вредност на збир и на разлика на рационални броеви и проценката ја проверува; проценува вредност на броен израз.

Четири-аголник

Проценува периметар и плоштина на четириаголник и својата проценка ја проверува; решава посложени конструктивни задачи за четириаголник.

Работа со податоци

Врши проценка за аритметичка средина, ранг, медијана и мода на податоци и проценката ја проверува со пресметување.