16
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА Број 09-128/5 Скопје,03.03.2005 година КОНЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ НА ОВЛАСТЕНИОТ ДРЖАВЕН РЕВИЗОР 1. Предмет на овој Конечен извештај е извршена ревизија на финансиските извештаи на Државниот студентски дом “Никола Карев” Охрид за 2003 година кои ја опфаќаат сметката за средства на буџетски корисници од областа на високото образование остварени од самофинансирачки активности, а се прикажани на страните 10, 11, 12 и 13. 2. Ревизијата на финансиските извештаи од точка 1 на овој Конечен извештај е извршена согласно член 55 од Законот за буџетите, член 2 став 1 и 2 од Законот за државна ревизија и Годишната програма за работа на Државниот завод за ревизија согласно член 8 од Законот за државна ревизија. 3. Државниот завод за ревизија нема вршено ревизија, ниту има издадено било каков извештај за финансиските извештаи на Државен студентски дом “Никола Карев” Охрид за годините кои и' претходат на годината која е предмет на оваа ревизија. 4. Ревизијата од точка 1 на овој Конечен извештај, е извршена во периодот од 22.12. - 30.12. 2004 година; 19.01. - 21.01. и 27 и 28.01. 2005 година, од страна на тим на Државниот завод за ревизија во состав: - Танка Блажевска, пом. главен државен ревизор и овластен државен ревизор, - Снежана Лулевска, виш ревизор и овластен државен ревизор, - Биљана Сурлевска, ревизор, "Mar{al Tito"br. 12/3; Ovlasten dr`aven revizor tel. 3220 - 268; faks 3220-268. __________________________

izvestaj na revizija - Почетна - Државен завод за ревизија dom... · Web viewDR@AVEN STUDENTSKI DOM "NIKOLA KAREV" OHRID materijalni sredstva Prihodi

  • Upload
    votu

  • View
    243

  • Download
    5

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: izvestaj na revizija - Почетна - Државен завод за ревизија dom... · Web viewDR@AVEN STUDENTSKI DOM "NIKOLA KAREV" OHRID materijalni sredstva Prihodi

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА

Број 09-128/5Скопје,03.03.2005 година

КОНЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ НА ОВЛАСТЕНИОТ ДРЖАВЕН РЕВИЗОР

1. Предмет на овој Конечен извештај е извршена ревизија на финансиските извештаи на Државниот студентски дом “Никола Карев” Охрид за 2003 година кои ја опфаќаат сметката за средства на буџетски корисници од областа на високото образование остварени од самофинансирачки активности, а се прикажани на страните 10, 11, 12 и 13.

2. Ревизијата на финансиските извештаи од точка 1 на овој Конечен извештај е извршена согласно член 55 од Законот за буџетите, член 2 став 1 и 2 од Законот за државна ревизија и Годишната програма за работа на Државниот завод за ревизија согласно член 8 од Законот за државна ревизија.

3. Државниот завод за ревизија нема вршено ревизија, ниту има издадено било каков извештај за финансиските извештаи на Државен студентски дом “Никола Карев” Охрид за годините кои и' претходат на годината која е предмет на оваа ревизија.

4. Ревизијата од точка 1 на овој Конечен извештај, е извршена во периодот од 22.12. - 30.12. 2004 година; 19.01. - 21.01. и 27 и 28.01. 2005 година, од страна на тим на Државниот завод за ревизија во состав:

- Танка Блажевска, пом. главен државен ревизор и овластен државен ревизор,

- Снежана Лулевска, виш ревизор и овластен државен ревизор,- Биљана Сурлевска, ревизор,- Бранко Темелкоски, ревизор, - Наташа Ристовска, помлад ревизор.

5. Финансиските извештаи од точка 1 на овој Конечен извештај, се изготвени во согласност со прописите кои важат во Република Македонија и истите претставуваат одговорност на раководството на субјектот од точка 1 на овој извештај застапувано од:

- Ристо Ристовски, директор на Државен студентски дом “Никола Карев” Охрид, за период до 06.08.2003 година;

"Mar{al Tito"br. 12/3; Ovlasten dr`aven revizor tel. 3220 - 268; faks 3220-268.

__________________________

Page 2: izvestaj na revizija - Почетна - Државен завод за ревизија dom... · Web viewDR@AVEN STUDENTSKI DOM "NIKOLA KAREV" OHRID materijalni sredstva Prihodi

ДРЖАВЕН СТУДЕНТСКИ ДОМ “НИКОЛА КАРЕВ” - ОХРИДСМЕТКА ЗА СРЕДСТВА ОСТВАРЕНИ ОД САМОФИНАНСИРАЧКИ АКТИВНОСТИ

КОНЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ НА ОВЛАСТЕНИОТ ДРЖАВЕН РЕВИЗОР

- Екрем Каљоши, ВД директор на Државен студентски дом “Никола Карев” Охрид, за период од 06.08.2003 година.

6. Одговорност на ревизорите е да го издадат овој Конечен извештај, прикажан на страните од 1 до 10, и да дадат мислење за финансискиот извештај од точка 1, засновано на извршената ревизија.

7. Цел на ревизијата на финансиските извештаи од точка 1 на овој Конечен извештај е да овозможи ревизорот да го изрази мислењето:

- дали финансиските извештаи вистинито и објективно ја искажуваат финансиската положба и резултатот на финансиските активности во согласност со применетата законска регулатива и

- дали е остварено наменско и законско користење на средствата кои преставуваат државни расходи.

8. Ревизијата е извршена во согласност со Стандардите за Државна Ревизија на Меѓународната организација на Врховните Ревизорски Институции (ИНТОСАИ) кои се пропишани во Република Македонија при вршењето на државната ревизија (Сл. весник на РМ бр. 56/98). Овие стандарди бараат ревизијата да се планира и подготви, со цел да се добие разумно уверување дека финансиските извештаи се ослободени од значајни погрешни прикажувања. Ревизијата вклучува испитувања на докази, проценување на користените сметководствени принципи, како и на важните проценки направени од страна на раководството на субјектот од точка 1 на овој извештај, давање општа оценка за презентацијата на финансиските извештаи и давање оценка за конкретни финансиски трансакции. Веруваме дека спроведената ревизија ни обезбедува разумна основа за изнесеното мислење.

9. Со ревизијата на финансиските извештаи на Државен студентски дом “Никола Карев” Охрид даден како составен дел на овој Конечен извештај ревизијата го утврди следното:

9.1. Констатациите утврдени во точките 9.1. до 9.6. и 9.8 од ревизорскиот извештај за сметката од редовно работење на Државниот студентски дом “Никола Карев” Охрид за 2003 година се однесуваат и на овој ревизорски извештај.

9.2. Финансиските извештаи на сметката за приходи од самофинансирачки активности на Државен студентски дом “Никола Карев” Охрид не се изготвени врз принципите на основното сметководствено начело на парично искажување (буџетско сметководство) што е спротивно на Законот за сметководство за буџетите и буџетските корисници. Ревизијата утврди дека кај Државниот студентски дом во 2003 година е применувано несоодветно, односно пресметковно сметководство кое има за последица нереално и необјективно прикажување на билансните позиции во Билансот на состојбата, како и на резултатот од финансиските трансакции во 2003 година. Поради неприменето соодветно сметководствено начело утврдена е

“Маршал Тито”бр. 12/3; Овластен државен ревизор тел. 3126-311; факс 3126-311.

__________________________

2

Page 3: izvestaj na revizija - Почетна - Државен завод за ревизија dom... · Web viewDR@AVEN STUDENTSKI DOM "NIKOLA KAREV" OHRID materijalni sredstva Prihodi

ДРЖАВЕН СТУДЕНТСКИ ДОМ “НИКОЛА КАРЕВ” - ОХРИДСМЕТКА ЗА СРЕДСТВА ОСТВАРЕНИ ОД САМОФИНАНСИРАЧКИ АКТИВНОСТИ

КОНЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ НА ОВЛАСТЕНИОТ ДРЖАВЕН РЕВИЗОР

неусогласеност помеѓу паричните средства во Билансот на состојба на ден 31 Декември и финансискиот резултат за 2002 и 2003 година. Исто така, постои разлика во износ од 3.010 илјади денари помеѓу вкупниот долговен промет на паричните средства во 2003 година во износ од 10.326 илјади денари во однос на вкупните приходи во износ од 7.316 илјади денари и разлика во износ од 2.339 илјади денари помеѓу вкупниот побарувачки промет на паричните средства во 2003 година во износ од 10.352 илјади денари во однос на вкупните расходи за износ од 8.013 илјади денари.

9.3. Ревизијата констатира неусогласеност помеѓу состојбите искажани во главната книга и заклучниот лист во однос на состојбите на одредени позиции во Билансот на состојба доставен до надлежните институции, спротивно на законските прописи. Како резултат на наведеното утврдени се разлики во активата и пасивата на Билансот на состојба во однос на главната книга и заклучниот лист за 2003 година во вкупен износ од 25 илјади денари, поради внесен износ на пресметана амортизација во Билансот на состојба, а непрокнижен со налог за книжење во главната книга и заклучниот лист.

9.4. Ревизијата констатира неусогласеност помеѓу искажаните обврски спрема добавувачите во синтетичката во однос на аналитичката евиденција во износ од 826 илјади денари, како и разлика помеѓу синтетичката евиденција и обврските евидентирани во книгата на влезни фактури во износ од 952 илјади денари, спротивно на законските прописи, за која што не доби образложение од одговорните лица во домот.

9.5. Во книговодството на студентскиот дом не се водат аналитички евиденции по комитенти за побарувањата од купувачи со вкупен промет од 5.595 илјади денари, по основ на наплатена партиципација од студентите за учество во цената за сместување и во цената за исхрана, административни трошоци и општа штета, наплатен приход од продажба на жетони и од наплатен приход од извршени угостителски услуги за сместување и исхрана на гости, спротивно на законските прописи.

9.6. Не е извршен попис на средствата и изворите на средства на начин пропишан во законските прописи односно не е извршено усогласување на состојбата на средствата и нивните извори искажани во сметководството со фактичката состојба утврдена со попис на 31 декември 2003 година. Пописните листи кои се дадени на увид на ревизијата се неуредни и непотполни и истите не се потпишани од пописната комисија, поради што ревизијата не можеше да се увери во реалноста и објективноста во извршувањето на физичкиот попис. Во пописните листи за материјалните средства се внесени податоци за фактичка и книговодствена состојба во количина меѓутоа не е извршено усогласување помеѓу овие состојби и не се утврдени разлики по попис. Во пописните листи за ситен инвентар во употреба се внесени податоци само за физички попис без книговодствена состојба и усогласување. Воопшто не е извршен попис на материјалите, посебно за прехранбените производи, иако на 31.12.2003 година во

“Маршал Тито”бр. 12/3; Овластен државен ревизор тел. 3126-311; факс 3126-311.

__________________________

3

Page 4: izvestaj na revizija - Почетна - Државен завод за ревизија dom... · Web viewDR@AVEN STUDENTSKI DOM "NIKOLA KAREV" OHRID materijalni sredstva Prihodi

ДРЖАВЕН СТУДЕНТСКИ ДОМ “НИКОЛА КАРЕВ” - ОХРИДСМЕТКА ЗА СРЕДСТВА ОСТВАРЕНИ ОД САМОФИНАНСИРАЧКИ АКТИВНОСТИ

КОНЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ НА ОВЛАСТЕНИОТ ДРЖАВЕН РЕВИЗОР

магацинот постоела залиха на материјали. Во книговодствената евиденција не е искажана залиха на материјали поради несоодветниот начин на евидентирање при што се утврдени разлики во однос на материјалното книговодство. Поради ваквата состојба не постои реална можност за усогласување на книговодствената со фактичката состојба утврдена по попис. За извршениот попис со состојба на 31.12.2003 година не е составен извештај од пописната комисија, ниту е донесена одлука од Управниот одбор за евидентирање на евентуални разлики.

9.7. Во врска со начинот на вреднување и потрошокот на материјалите и ситниот инвентар утврдени се истите констатации како во точката 9.14. од Претходниот извештај на сметката за редовно работење на Државниот студентски дом - Охрид.

9.8. Со ревизијата на благајничкото работење се констатирани следните неправилности:

- не е извршен попис на паричните средства по апоени со состојба на 31.12.2003 година;

- сметководствените документи приложени кон благајничките извештаи не се контролирани од овластено лице (ликвидатор);

- кон значителен број сметкопотврди недостасуваат фискални сметки;

- со цел да се избегнат поединечни исплати (плаќања за производи и услуги) поголеми од денарска противвредност над 100 ЕВРА, плаќањето за ист производ или услуга од ист добавувач во ист ден се дели на износи до дозволениот износ.

9.9. Ревизијата има обврска да истакне дека во студентскиот дом престојуваат студенти кои не се примени на конкурс односно не ги исполнувале условите за прием. Согласно одредбите во Правилникот за начинот и постапката за прием на студенти во државните и студентските домови во РМ, истите се должни да плаќаат станарина и исхрана по полна економска цена за сместување и исхрана, што во државниот студентски дом не е применувано. Овие студенти во начинот на плаќање имале ист третман како и студентите примени на конкурс и за истите се обезбедувани буџетски средства од Министерството за образование како партиципација односно учество во цената за сместување и исхрана., спротивно на законските прописи. На ваков начин се овозможува незаконско и ненаменско трошење на буџетски средства. Ревизијата утврди разлика помеѓу студенти примени на конкурс за учебната година 2002/03 година од 63 студенти (бројотна студенти по конкурс изнесува 199, а бројот според книгата за евидентирани студенти 262) и за 2003/04 од 60 студенти (број на студенти по конкурс изнесува 175, а бројот според книгата за евидентирани студенти 235). На ревизијата не е дадена на увид целосна ранг листа на пријавени кандидати, ниту пак конечна листа на примени студенти за учебната 2002/03 и 2003/04 година кои се објавуваат на огласна табла, спротивно на законските прописи. Цената за сместување и исхрана во студентскиот дом не е утврдена врз основа на реалните трошоци утврдени со нормативи и стандарди за овој вид на

“Маршал Тито”бр. 12/3; Овластен државен ревизор тел. 3126-311; факс 3126-311.

__________________________

4

Page 5: izvestaj na revizija - Почетна - Државен завод за ревизија dom... · Web viewDR@AVEN STUDENTSKI DOM "NIKOLA KAREV" OHRID materijalni sredstva Prihodi

ДРЖАВЕН СТУДЕНТСКИ ДОМ “НИКОЛА КАРЕВ” - ОХРИДСМЕТКА ЗА СРЕДСТВА ОСТВАРЕНИ ОД САМОФИНАНСИРАЧКИ АКТИВНОСТИ

КОНЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ НА ОВЛАСТЕНИОТ ДРЖАВЕН РЕВИЗОР

услуги. Ревизијата не доби на увид изработени предлог цени од Управниот одбор врз основа на кои Министерот за образование би донел решенија за утврдени цени за сместување и исхрана. Студентскиот дом не склучувал договори за користење на услугите со примените студенти, ниту пак е обезбедувана меница како гаранција, спротивно на Законот за студентски и ученички стандард и Правилникот.

9.10. Ревизијата не можеше да се увери во објективноста и реалноста на

искажаните приходи во износ од 6.776 илјади денари, поради непостоење на соодветна поткрепувачка документација која ги содржи сите потребни елементи, во следните случаи:

- искажан е приход од наплатена месечна станарина и други трошоци од студентите во вкупен износ од 3.129 илјади денари, кој не е усогласен со вонбилансната евиденција на побарувања од студенти која изнесува 3.104 илјади денари и наплатените побарувања во износ од 2.721 илјада денари утврдени според книгата за евидентирани студенти. Ваквата состојба е резултат на неустроена сметководствена евиденција за фактурираните и наплатени побарувања од студентите и различно искажаните податоци за сместени студенти во барањата за средства до Министерството за образование, писмата за известување до Министерството за внатрешни работи и во книгата за евидентирани студенти.

- искажан е приход од наплатен надомест за исхрана на студентите во износ од 846 илјади денари, поради неводење на евиденција за бонови за исхрана, невршење на попис на издадените и искористените бонови по сериски број ниту во текот на годината ниту со 31.12.2003 година и различни податоци за бројот на студенти кои се хранат во домот (барања на средства до министерството, решенија за одобрени средства и извештаите од кујната). Ревизијата констатира неосновано и незаконски повлечени и потрошени буџетски средства за учество во цената за исхрана на надворешните студенти кои се хранеле во домот и кои согласно законот и Правилникот за прием се должни да ја плаќаат полната економска цена за исхрана, а не да се финансираат од Буџетот преку Министерството за образование. Ненаменските средства по овој основ се веќе влезени во утврдениот износ за разлика помеѓу фактичкиот број што се хранеле и пријавениот број на студенти, за што е дадено образложение во извештајот на сметката за редовно работење.

- искажан приход од издавање на соби во летниот период на физички лица во износ од 476 илјади денари преку уплата на дневен пазар во благајната од рецепционерите, кон кои во најголем дел нема прилог на сметки за корисникот на услугите и самите извршени услуги (ноќевање, пансионски услуги или ресторантски услуги). Одделни сметки се некомплетни односно не се внесени сите податоци (податоци за датумот на пристигнување и заминување, име и презиме на гостинот, број на изнајмена соба, цена за ноќевање, број на користени пансиони, полупансиони и боравишна такса), како и не се потпишани од рецепционерот кој ја пресметал

“Маршал Тито”бр. 12/3; Овластен државен ревизор тел. 3126-311; факс 3126-311.

__________________________

5

Page 6: izvestaj na revizija - Почетна - Државен завод за ревизија dom... · Web viewDR@AVEN STUDENTSKI DOM "NIKOLA KAREV" OHRID materijalni sredstva Prihodi

ДРЖАВЕН СТУДЕНТСКИ ДОМ “НИКОЛА КАРЕВ” - ОХРИДСМЕТКА ЗА СРЕДСТВА ОСТВАРЕНИ ОД САМОФИНАНСИРАЧКИ АКТИВНОСТИ

КОНЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ НА ОВЛАСТЕНИОТ ДРЖАВЕН РЕВИЗОР

услугата и извршил наплата. Во најголем дел од сметките кои се приложени кон каса прими од рецепционерите пресметано е месечно по цена од 3.000 денари, односно не се применувани утврдените цени за угостителски услуги за сезоната 2003/04 година во записникот од Управен одбор. Исто така, ревизијата констатира уплатен дневен пазар од референтот за сместување на лица кои не се студенти и кои престојуваат во текот на целата учебна година во месечен износ од 3.000 денари.

- кај искажаниот приход од издавање на ресторанот за разни свечености на физички лица се констатира дека студентскиот дом не се придржувал на цените за ресторантски услуги утврдени во записникот од Управниот одбор, односно пресметувал и наплатувал по пониски цени;

- евидентиран приход од извршени угостителски услуги на сместување и исхрана на гости во летниот период, по повод разни културни, спортски и други организирани манифестации, свечености и други услуги на граѓани, и наплата на такса за престој, во вкупен износ од 2.325 илјади денари, без склучени договори со поголем дел од корисниците, без приложени сметки од рецепционерите или издадени сметки кои се некомплетни. Исто така, несоодветно се применувани цените утврдени со записникот од Управниот одбор, односно фактурирано е по пониска цена за полн пансион или полупансион. Искажан е приход од физички лица во вкупен износ од 283 илјади денари без прилог на сметки. Сметките кои ги издавал студентскиот дом во текот на 2003 година (од 01.07.2003 година) за извршените угостителски услуги на правни и физички лица, со податоци за гостите, собата што е користена, периодот на користење и видот на услугата ( ноќевање, пансион, полупансион, такса), како и издадените соби на студентите во летниот период (јули и август) како гости, немаат сериски број и истите се нумерирани рачно од број 000001 до 000678. Сметките се заведени во тетратка (рачна), а со извршениот увид се констатира дека поголем број на сметки не се оправдани односно нема никакви податоци дали истите се издадени, на кои гости и во кој износ.

9.11. Ревизијата има обврска да истакне дека студентскиот дом обавува угостителска дејност како дополнителна дејност, но истиот не е регистриран даночен обврзник иако остварува промет од извршени услуги кои подлежат на оданочување над 1.000 илјади денари. Данок на додадена вредност не пресметувал и не издавал фискални сметки за остварениот готовински промет за извршените угостителски услуги, спротивно на законските прописи. Во 2004 година поднесена е пријава за регистрирање за даночен обврзник на сметката за средства од самофинансирачки активности, на која што не е добиен писмен одговор од Управата за јавни приходи.

9.12. Во врска со објективноста и реалноста на потрошокот на материјалите и ситниот инвентар во вкупен износ од 3.187 илјади денари утврдени се истите констатации како во точката 9.16. од Претходниот

“Маршал Тито”бр. 12/3; Овластен државен ревизор тел. 3126-311; факс 3126-311.

__________________________

6

Page 7: izvestaj na revizija - Почетна - Државен завод за ревизија dom... · Web viewDR@AVEN STUDENTSKI DOM "NIKOLA KAREV" OHRID materijalni sredstva Prihodi

ДРЖАВЕН СТУДЕНТСКИ ДОМ “НИКОЛА КАРЕВ” - ОХРИДСМЕТКА ЗА СРЕДСТВА ОСТВАРЕНИ ОД САМОФИНАНСИРАЧКИ АКТИВНОСТИ

КОНЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ НА ОВЛАСТЕНИОТ ДРЖАВЕН РЕВИЗОР

извештај на сметката за редовно работење на Државниот студентски дом “Никола Карев” - Охрид.

9.13. Со ревизијата на поодделните позиции од Билансот на приходи и расходи за периодот што е предмет на ревизија, ревизијата го утврди следното:

9.13.1. Ставката - Неданочни приходи од Билансот на приходи и расходи е преценета во износ од 212 илјади денари, поради:

- неосновано искажан приход во вкупен износ од 212 илјади денари од ненаплатени побарувања по основ на извршени угостителски услуги за сместување и исхрана на гости во 2003 година, спротивно на принципите на буџетското сметководство. За истиот износ е потценета позицијата - Пасивни временски разграничувања.

9.13.2. Ставката - Плати, наемнини и надоместоци од Билансот на приходи и расходи е преценета за износ од 206 илјади денари, како резултат на:

- неосновано исплатени плати во поголем износ во однос на законски утврденото право за 206 илјади денари, за месеците јули и август 2003 година. При пресметката не се применети основицата и коефициентите според кои се утврдува правото за маса на средства за исплата на плати на вработените во јавниот сектор по коефициенти на работници според квалификационата група, утврдени од Министерството за финансии.

9.13.3. Ставката - Стоки и други услуги од Билансот на приходи и расходи е преценета во износ од 1.783 илјади денари, поради:

- неосновано евидентирани трошоци за неплатени обврски према добавувачи за 2003 година во износ од 1.391 илјади денари, спротивно на принципите на буџетското сметководство. За износот од 1.391 илјади денари потценета е позицијата Активни временски разграничувања;

- неосновано извршени исплати по договор за дело на ВД директорот и пресметан и платен персонален данок од доход во вкупен износ од 87 илјади, за период од назначувањето до пријавувањето како редовно вработен, за месеците август, септември и октомври 2003 година. Во наведениот период истиот бил во редовен работен однос во Хотели Метропол во Охрид. За извршените исплати нема донесено одлука од Управен одбор;

- неосновано извршени исплати за прекувремена работа на вработените и пресметан и платен персонален данок од доход во вкупен износ од 176 илјади. Вработените склучиле поединечни договори за дело за извршување на истата работа која ја вршат во редовното работно време. На секој вработен исплатено е по 6 илјади денари паушално за месец јули 2003 година, без донесена одлука од Управен одбор;

- неосновано извршени исплати на членовите на Управниот одбор над утврденото законско право и пресметан и платен персонален

“Маршал Тито”бр. 12/3; Овластен државен ревизор тел. 3126-311; факс 3126-311.

__________________________

7

Page 8: izvestaj na revizija - Почетна - Државен завод за ревизија dom... · Web viewDR@AVEN STUDENTSKI DOM "NIKOLA KAREV" OHRID materijalni sredstva Prihodi

ДРЖАВЕН СТУДЕНТСКИ ДОМ “НИКОЛА КАРЕВ” - ОХРИДСМЕТКА ЗА СРЕДСТВА ОСТВАРЕНИ ОД САМОФИНАНСИРАЧКИ АКТИВНОСТИ

КОНЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ НА ОВЛАСТЕНИОТ ДРЖАВЕН РЕВИЗОР

данок од доход во вкупен износ од 91 илјади денари. Исплатата е извршена на поголем износ од утврдениот согласно известувањето од Министерството за образование и наука за исплата на 50% од надоместокот што го примале дотогаш, а во врска со заклучокот од Владата од 10.02.2003 година.

9.14. Со ревизијата на поодделните позиции на Билансот на состојба на

ден 31.12.2003 година ревизијата го утврди следното:

9.14.1. Позицијата - Активни временски разграничувања од Билансот на состојба е потценета за износ од 3.406 илјади денари, поради:

- неевидентирани неплатени обврски према добавувачите од 2003 година на сметката активни временски разграничувања во износ од 1.391 илјади денари, за што е дадено образложение во точка 9.13.3 алинеја 1;

- некнижени обврски за данок на додадена вредност со камата во вкупен износ од 1.694 илјади денари утврдени по записник и решение од Управата за јавни приходи - Регионална дирекција Битола, на приходот остварен од извршените угостителски услуги за сместување и исхрана на гости и издавање под закуп за 2001, 2002 и 2003 година. За износот од 1.694 илјади денари потценета е позицијата Обврски спрема државата и другите институции;

- некнижени и непресметани обврски за данок на додадена вредност во износ од 86 илјади денари, на приходот остварен од издавање на соби во летниот период на надворешни лица, како и во текот на годината на основица од 476 илјади денари, утврден со ревизијата. За износот од 86 илјади денари потценета е позицијата Обврски спрема државата и другите институции;

- некнижени обврски за персонален данок од доход и камата во вкупен износ од 118 илјади денари, утврдени со извршената контрола на јавните давачки за период од 2000 до 31.12.2002 година со записник и решение од Управата за јавни приходи - Регионална дирекција Битола и за истиот износ потценета е позицијата Обврски спрема државата и другите институции;

- некнижени обврски за данок од добивка и камата во вкупен износ од 117 илјади денари, утврдени со извршената контрола на јавните давачки за период од 2000 до 31.12.2002 година со записник и решение од Управата за јавни приходи - Регионална дирекција Битола и за истиот износ потценета е позицијата Обврски за даноци и придонеси од добивка.

9.14.2. Позицијата - Материјални средства од Билансот на состојба е преценета во износ од 28 илјади денари, поради некнижена пресметана амортизација на опремата за 2003 година и за истиот износ е преценета позицијата Државен јавен капитал.

9.14.3. Позицијата - Непокриени расходи и други долгорочни кредитии заеми од Билансот на состојба е преценета во износ од 697 илјади денари, поради искажани непокриени расходи од несоодветно

“Маршал Тито”бр. 12/3; Овластен државен ревизор тел. 3126-311; факс 3126-311.

__________________________

8

Page 9: izvestaj na revizija - Почетна - Државен завод за ревизија dom... · Web viewDR@AVEN STUDENTSKI DOM "NIKOLA KAREV" OHRID materijalni sredstva Prihodi

ДРЖАВЕН СТУДЕНТСКИ ДОМ “НИКОЛА КАРЕВ” - ОХРИДСМЕТКА ЗА СРЕДСТВА ОСТВАРЕНИ ОД САМОФИНАНСИРАЧКИ АКТИВНОСТИ

КОНЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ НА ОВЛАСТЕНИОТ ДРЖАВЕН РЕВИЗОР

спроведени книжења спротивно на буџетското сметководство.

9.14.4. Позицијата - Обврски спрема државата и други институции од Билансот на состојба е потценета за износ од 1.898 илјади денари, поради неевидентирани неплатени обврски за данок на додадена вредност и камата во износ од 1.780 илјади денари и обврски за персонален данок од доход и камата во износ од 118 илјади денари, за што е дадено образложение во точка 9.14.1 алинеја 2, 3 и 4.

9.14.5. Позицијата - Обврски за даноци и придонеси од добивка од Билансот на состојба е потценета за износ од 117 илјади денари, поради нееевидентирани обврски за неплатен данок од добивка и камата, за што е дадено образложение во точка 9.14.1 алинеја 5.

9.14.6. Позицијата - Пасивни временски разграничувања од Билансот на состојба е потценета за износ од 694 илјади денари, како резултат на потценување во износ од 1.391 илјади денари, за што е дадено образложение во точка 9.14.1 и преценување во износ од 697 илјади денари, за износот на непокриените расходи.

9.14.7. Позицијата - Државен јавен капитал од Билансот на состојба е преценета за износ од 28 илјади денари, поради неспроведено книжење на пресметаната амортизација на материјалните средства во 2003 година.

9.15. Поради фактот што плаќањето на една иста набавка се врши од двете сметки-сметката за редовно работење и сметката за средства на буџетски корисници од областа на високото образование остварени од самофинансирачки активности, а заради добивање целосна слика на потрошените средства кои треба да бидат предмет на јавна набавка, утврдената состојба од ревизорите е дадена во извештајот за сметката за редовно работење.

9.16. Вкупен ефект од изнесените наоди во точката 9.13. погоре, вишокот на приходи во Билансот на приходи и расходи за 2003 година е потценет за износ од 1.739 илјади денари, поради преценети приходи во износ од 212 илјади денари и преценети трошоци за износ од 1.951 илјади денари. Со ефектите од ревизијата се корегирани искажаните состојби во главната книга и заклучниот лист на Државниот студентски дом поради утврдениот наод во точка 9.3 од овој извештај.

10. Според наше мислење, поради значајноста на наодите изнесени во

точките 9.3; 9.4; 9.6; 9.7; 9.10; 9.12; 9.14 погоре, финансиските извештаи на сметката за средства на буџетски корисници од областа на високото образование остварени од самофинансирачки активности на Државниот студентски дом “Никола Карев” – Охрид, невистинито и необјективно ја претставуваат финансиската состојба на 31 Декември 2003 година и резултатот од финансиските активности за 2003 година и во спротивност со важечката законска регулатива.

“Маршал Тито”бр. 12/3; Овластен државен ревизор тел. 3126-311; факс 3126-311.

__________________________

9

Page 10: izvestaj na revizija - Почетна - Државен завод за ревизија dom... · Web viewDR@AVEN STUDENTSKI DOM "NIKOLA KAREV" OHRID materijalni sredstva Prihodi

ДРЖАВЕН СТУДЕНТСКИ ДОМ “НИКОЛА КАРЕВ” - ОХРИДСМЕТКА ЗА СРЕДСТВА ОСТВАРЕНИ ОД САМОФИНАНСИРАЧКИ АКТИВНОСТИ

КОНЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ НА ОВЛАСТЕНИОТ ДРЖАВЕН РЕВИЗОР

11. Според наше мислење, а поради значајноста на наодите изнесени во точките 9.13 погоре, не е остварено законско и наменско користење на средствата во финансиските трансакции кои претставуват државни расходи за 2003 година.

Предлози и мерки

1. Препораките од точка 1. до 14. изнесени во ревизорскиот извештај за сметката од редовно работење на Државниот студентски дом “Никола Карев” - Охрид за 2003 година соодветно се однесуваат и на наодите во овој ревизорски извештај.

Скопје,02.03.2005 година Овластен државен ревизор Танка Блажевска

“Маршал Тито”бр. 12/3; Овластен државен ревизор тел. 3126-311; факс 3126-311.

__________________________

10

Page 11: izvestaj na revizija - Почетна - Државен завод за ревизија dom... · Web viewDR@AVEN STUDENTSKI DOM "NIKOLA KAREV" OHRID materijalni sredstva Prihodi

ДРЖАВЕН СТУДЕНТСКИ ДОМ “НИКОЛА КАРЕВ” - ОХРИДСМЕТКА ЗА СРЕДСТВА ОСТВАРЕНИ ОД САМОФИНАНСИРАЧКИ АКТИВНОСТИ

КОНЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ НА ОВЛАСТЕНИОТ ДРЖАВЕН РЕВИЗОР

“Маршал Тито”бр. 12/3; Овластен државен ревизор тел. 3126-311; факс 3126-311.

__________________________

11

Page 12: izvestaj na revizija - Почетна - Државен завод за ревизија dom... · Web viewDR@AVEN STUDENTSKI DOM "NIKOLA KAREV" OHRID materijalni sredstva Prihodi

ДРЖАВЕН СТУДЕНТСКИ ДОМ “НИКОЛА КАРЕВ” - ОХРИДСМЕТКА ЗА СРЕДСТВА ОСТВАРЕНИ ОД САМОФИНАНСИРАЧКИ АКТИВНОСТИ

КОНЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ НА ОВЛАСТЕНИОТ ДРЖАВЕН РЕВИЗОР

“Маршал Тито”бр. 12/3; Овластен државен ревизор тел. 3126-311; факс 3126-311.

__________________________

12

vo 000 Den.

Opi s na pozi ci jata 2003 Ef ekti od revi zi ja

Nova sostojba

Akti va

Tekovni sredstvaP ar i ~ni sredstva 76 0 76P obaruvawa 622 0 622Akti vni vremenski razgrani ~uvawa 0 3,406 3,406Mater i jal i , rezervni del ovi i si ten i nventar 0 0 0Vkupno tekovni sredstva 698 3,406 4,104

Postojani sredstvaMater i jal ni sredstva 215 (28) 187Vkupno kapi tal ni sredstva 215 (28) 187

Nepokri eni rashodi i drugi dol goro~ni kredi ti i zaemi 697 (697) 0Vkupna akti va 1,610 2,681 4,291

Pasi va

Tekovni obvrskiKratkoro~ni obvrski sprema dobavuva~i 1,391 0 1,391Obvrski sprema dr` avata i drugi i nsti tuci i 1 1,898 1,899Obvrski za danoci i pr i donesi od dobi vka 0 117 117P asi vni vremenski razgrani ~uvawa 0 694 694Vkupno tekovni obvrski 1,395 2,709 4,104

I zvori na kapi tal ni sredstvaDr` aven javen kapi tal 215 (28) 187Vkupno i zvori na kapi tal ni sredstva 215 (28) 187

Vkupna pasi va 1,610 2,681 4,291

Kontrol a: 0 0 0

DR@AVEN STUDENTSKI DOM "NI KOLA KAREV" OHRI DBI LANS NA SOSTOJBA (Zakl u~en l i st)