124
o РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Универзитет „Св. Климент Охридски “ Битола Економски факултет - Прилеп Користење на електронската трговија, во малите и средните бизниси студија на случај од Југозападен регион на Р.Македонија Кандидат: Ментор: Вида Парталоска Проф.д-р. Мирослав Гвероски 18/11 Прилеп Maj, 2014г

I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

o

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Универзитет „Св. Климент Охридски “ Битола

Економски факултет - Прилеп

Користење на електронската трговија, во малите и средните бизниси –

студија на случај од Југозападен регион на Р.Македонија

Кандидат: Ментор:

Вида Парталоска Проф.д-р. Мирослав Гвероски

18/11

Прилеп

Maj, 2014г

Page 2: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

СОДРЖИНА:

ВОВЕД…………………………………………………………………………………………….........1

1. Развој на малите и средни бизниси………………………………………………………….....6

1.1.Дефинирање на малите и средни бизниси…………………………………………….......6

1.2. Карактеристики на малите и средни бизниси………………………………………......10

1.3. Форми на организирање на малите и средните бизниси………………………….......12

1.4.Проблеми и замки за малите и средните бизниси при започнување со работа и во

текот на истата………………………………………………………………………………......15

1.5. Предности и слабости на малите и средните бизниси……………………………........20

1.5.1. Предности на малите и средни бизниси……………………………………....20

1.5.2.Слабости на малите и средните бизниси…………………………………....…22

1.6. Значење на малите и средните бизниси……………………………………………....25

1.7. Претприемништвото и малите и средните бизниси…………………………….......26

1.8. Политики за поддршка на малите и средните бизиси………………………….......35

2. Електронска трговија како нов прстап за водење на бизнисот……………………….....39

2.1. Дефинирање на електронската трговија..............................................................39

2.2.Развој на електронската трговија.........................................................................41

2.3. Технологија и карактеристики на технологијата на електронската трговија....43

2.4.Фактори за прифаќање на елетронската трговија................................................45

2.5. Предности и ограничувања во електронската трговија.......................................46

2.5.1.Предности во електронската трговија..........................................................46

2.4.2.Ограничувања во електронската трговија....................................................50

2.5. Значење на електронската трговија.......................................................................52

2.6.Разлика меѓу електронската трговија и електронскиот бизнис.............................60

2.7. Видови електронска трговија.................................................................................61

2.8.Бизнис модели во елетронската трговија...............................................................63

Page 3: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.8.1. Електронска продавница како средство преку кое се спроведува електронската

трговија.........................................................................................................................68

2.9.Електронската трговија и социјалните медиуми..................................................70

2.9.1. Поим и видови социјални медиуми......................................................................70

2.9.2. Социјалните медиуми и бизнисот........................................................................72

Facebook: новото лице на електронска трговија...............................................................76

2.10. Економски импликации од електронската трговија врз малите и средните

бизниси и претприемништвото............................................................................................78

2.11. Прашањето за безбедност во електронската трговија.......................................80

2.11.1. Димензии на безбедноста на електронската трговија...............................81

2.11.2.Основни облици на безбедносни закани за учесниците во електронската

трговија..............................................................................................................82

2.11.3.Решенија за зголемување безбедност во остварување на електронската

трговија..............................................................................................................85

3.Електронста трговија во малите и средни бизниси во Р.Македонија............................88

3.1. Анализа на состојбата на малите и средни бизниси во Република

Македонија……………………………………………………………………………...…..88

3.2. Електронска трговија во малите и средни бизниси во Р.Македонија...............95

4.Студија на случај- Мали и средни бизиси во Југозападниот регион од

Р.Македонија....................................................................................................................102

4.1.Основни карактеристики на Југозападниот регион од Р.Македонија..............102

4.2.MACEDONIAN HANDICRAFTS- електронска продавница за промоција на

занаетчиството како гранка …………...............................................................................104

4.3.KELEPUR MK - првата веб страница во Охрид и струга за групни купувања..107

4.4. Заклучоци, предлози и препораки за електронската трговија во малите и средни

бизниси во Југозападниот регион..............................................................................109

ЗАКЛУЧОК........................................................................................................................112

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА............................................................................................116

ПРИЛОЗИ...........................................................................................................................120

Page 4: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1

ВОВЕД

Малите и средни бизниси се предмет на перманетно учење и истражување токму поради

фактот што тие сe основни двигатели за постигнување забрзан економски раст, како место кое

создава можности за зголемување на вработеноста и конкурентноста на една земја. Причина

повеќе за зголемиот интерес за истите e изголемениот број на мали и средни бизnиси,независно

од големата стапка на морталитет на малите претпријатија во првата година од своето работење,

поточно во првите пет години, специфичните начини на нивно функционирање, позитивната

клима која ја создаваат успешните мали и средни бизиси. Малите бизниси се можност за

дејствување во одредена стопанска дејност со мал капитал. За нивната застапеност во

современото општество зборуваат и податоците дека микро претпријатијата и средните

претпријатија се вистински гиганти во Европската Унија, дури 91,5 % се микро претпријатија,

67% од работните места во Европскиот приватен сектор припаѓаат на малите и средни бизниси.

Бројот на мали претпријатија и во Р.Македонија е во постојан пораст. Малите претпријатија

имаат едноставна организација структура под вотство на сопственикот, токму преку таквата

нивна поставеност се истакува неговата претприемачка природа. Иако најголем дел од нив

остануваат мали нив целиот свој животен век сепак покрај големиот број на проблеми и замки со

кои се соочуваат ти остануваат да бидат еден вид на локомотива која го влече целото стопанство

вио нагорна линија. Малите бизиси се распростаранети во сите секотори. Најприсутни во

Р.Македонија се трговија на големо и мало, услуги, индустрија, како и градежништво.

Токму на ваквите мали и средни претпријатира кои работат во областа на трговијата се

соочуваат со предизвикот кој го носи новата технологија, односто со предизвикот елетронска

трговија. Електронската трговија е експлозивно појавување на Интернетот како главен канал на

дистрибуција на добра, услуги, дури и на менаџерски и професионални работи. Во текот на 13

години од нејзиното постоење во САД електронската трговија прерасна во малопродажен бизис

вреден 258 милиони американски долари и 3,5 трилиони амарикански долари бизнис- кон-бизис

потенцијал и како таков ги менува стратегиите на бизис компаниите, пазарите како и

однесувањето на потрошувачите. Сличен ефект има има и кај економиите ширум светот Европа,

Азија и Латинска Америка. Се предвидува дека елетронската трговија ќе го продолжи својот

раст со двоцифрени стапки, станувајќи најбрзо растечка трговија во светот. Како што

автомобилите, авионите го обелажале дваесетиот век така елетронската трговија ќе го обележи

двасет и првиот век. Денес ние сме во средината на уште една транзиција: нова и жива

асоцијално-сервисна мрежа модел на кој се базираат на раст на електронска трговија преку по

примерот на Amazon. Целиот тој процес на купување, продавање, размена и пренос на

Page 5: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2

производи, услуги информации, преку компјутерските мрежи, вклучувајчи го интернетот, во

современи услови на стопанисување станува се повеќе дел од голем број на мали и средни

бизниси пред сè поради големиот број на можности и предниости кои ги нуди елкетронската

трговија, (глобален домен, универзални стандарди, можност за пресонализација и интерактивнос

им ги отвора вратите на малите бизиниси кон широка аудиториум за на публика и на

потенцијални кленти). Предизвик и можност плус е така наречената друштвена електронска

трговија која се развива со помош на социјалните медиуми како што е Facebook, која создава

огромен потенцијален пазар за малите и средните бизниси. Благодарение на технологијата на

електронската трговија, која се карактеризира со сеприсутност има изградено меќународна

јавност достапна на евтин и лесен начин за многу мали и средни бизиси, за не само да ги

промовираат на истиот своите производи и услуги, туку дел од нив се во можност целосно да го

водат својот бизис токму преку некој социјален медиум, каде постои исто така можноста за брз

feedback од потрошувачите. Електронската трговија нуди голем број на користи за малиот бизис

како можност за експанзија на глобалниот пазар, можност за зголемен приход, способност за

интеракција, способност за побрз раст и ред други. Но да не заборавиме од друга старана се и

ограничувањата со кои се соочуваат малите и средните бизниси од типот на технолошки

ограничувања, како и бројни нетехнолошки ограничувања од типот на отпорот на менаџерите

кон промените, недостиг на квалификуван персонал, самата интеграција во ова бизнис.

Електронска трговија има големи импликации преку вклученоста на малите и средни

бизиски во неа врз целото стопанство со бројни позитивности. Затоа овој труд ќе биде насочен кон

малите и средните бизиси вклучени во електронската трговија. Акцентот ќе биде ставен на

утврдување на карактеристиките на малите и средните бизиси, на предностите и проблемите со

кои се соочуваат истите, застапеноста на малите и средните бизиси и нивното значење како во

светски размери така во Р.Македонија. Потоа на електронската трговија што всушност опфаќа таа,

технологијата која се користи за работење во областа на елетронската трговија, се со цел да се

поврзи електронска трговија со малите и средни бизниси, низ бројните користи и ограничувањата

од друга страна. Главен акцент во овој труд ќе биде ставен на присутвота на мали и средни

бизниси кои работаат во елетронската трговија во одредена област во Р. Македонија-Југозападен

дел , со проблемите и предизвиците со кои се судруваат, како и со искустватат, меркете кои се

предземаат за подобрување на состојбата во оваа дејност, какои и мерките кои се предземаат за

потикнување на малите и средните бизиски за влез во електронската трговија.

Како посебни цели кои ги поставив во магистерски труд, а кои ќе допринесат за

остварување на основните цели се :

Page 6: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

3

-утврдување на карктеристиките на малите и средните претпријатија

-укажување на големата важност од постоењето на мали и средни бизи за стопанството и покрај

сите проблеми и замки со кои се соочуваат, истакнување на нивните предности и придобивките

од истите

-согледување на сите мерки за подршка кои се предземаат за развој на малите и средните

бизниси, како и примери и предлози на марки за подршка на малите и средните бизниси од

развиените земји и од експерти

-утврдување на застапеноста на малите и средни бизиси во Р.Македонија

- утврдување што всушност претставува елетронската трговија, кои сè технологии ги опфаќа

-електронската трговија и предностите, користите кои ги нуди за малите и средните бизниси,

како и укажување на ограничувањата

- бизнис моделите кои ги нуди елетронската трговија и прашањето за безбедност на истата

Сите овие посебни цели се фокус кон основната цел на магистерскиот труд која се однесува на

утврдување на сосотојбите на елетронската трговија во малите и средни бизисис во

Р.Македонија, до каде е Р.Македонија во оваа облас, како и преку интервју со сопственици на

мали и средни бизиси кои работат во оваа област, да се согледаат искуствата од работата во

електронската трговија, за идеата потешкотиите, предизвиците со кои се соочиле, како и низата

предности и погодности кои ги нуди ваквиот начин на работа.

При изработка на трудот ќе се послужам со повеќе научни методи и тоа користена

литература, интервју со познавачи на оваа тематика, односно сопственици на бизнисии мои

согледувања. Интервјуто ќе опфаќа прашања наменети за сопствениците, менаџерите на

бизинисите и ќе се однесуваат на нивните почетоци, на предизвикот со кој се соочиле, на

предностите кои ги нуди, за идеата, за нивниот асортиман на производи, клиентите за кои се

наменети производите, како и за нивните планови.

Трудот е поделен на четири дела:

-Првиот дел од трудот се однесува на развојот на малите и средни бизниси, односно

теметиката околу малите и средните бизниси, дефинирање што всушност преставуваат малите и

средни претпријатија, каде во поглед на дефинирањето ќе бидат опфатени различните приоди

при нивното дефинирање, како и дефинирањето во различни земји и во Р.Македонија. Потоа

Page 7: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

4

карактеристиките на малите и средните бизниси, како флексибилност, можноста за

вработувањењ, независност и сл. фактирите за успех на малите и средните бизниси, замките и

проблеми со кои се соочуваат, импактот на малите и средните бизниси врз невработеноста и

конкурентноста во економијата и општо целата благосостојба како во земјава така во светски

размери врз основа на кои подтатоци ќе се изврши една кмпарација на состојбите во

Р.Македонија и светот. Каква е застапеноста на малите и средните бизниси во македонската

економија и како таа бројка се движи низ годините. Опфатени се исто така и предностите и

слабостите на малите и средните бизнсис како и поврзаноста на малите и средните бизниси и

претприемништвото, компарација на истите во развиените земји, земјите во транзиција, земјите

во развој. Друга тематика што ќе биде предмет на разгледување е значењето на малите и средни

бизниси.

-Во вториот дел ќе биде опфатен најголем дел од прашањата поврзани со елетронската

трговија. Тука ќе обрнам внимание на електронската трговија како нов пристап за водење на

бизнисот и дефинирање на електронската трговија. Обработени се ито така и факторите за

прифаќање на електронската трговија, како и предностите на елтронската трговија и

ограничувањата. Тука е и прашањето околу технологијата на електронстака трговија и

карактеристиките на истата. Вниманието посебно ќе го насочам кон економските импликации на

електронската трговија врз малите и средните бизниси и претприемништвото, на значењето,

поимот електронска трговија и електронски бизнис. Потоа и сите видови на електронска трговија

односо облиците кои ги опфаќа таа како комуникација business-to-business, business-to-costumer и

сл. Тука е и мобилната трговија која зема се поголем замав брагодарение на новата технологија.

Електронските продавници, кои им овозможуваат на потрошувачите дирекно до купуваат

производи или услуги од продавач на Интернет преку веб пребарувач како и останатите типови

на облици на елктронска трговија. Социјалните медиуми во прв ред Facebook, Twitter, linkedin

создаваат основа од широк аудиториум за развој на за една друштвена, социјална елетронска

трговија, токму затоа и ваквиот тренд ќе го обработам во мојот труд почнувајќи од

дефинирањето на социјалните медиуми, па видовите, бизнис практиките и предностите но и

ограничувањата на малите и средните бизниси во работењето со нив, како и прашањето за

безбедноста на елетронската трговија.

-Во третиот дела ќе се насочам кон статистичка обработка на застапеноста на малите и

средни бизиси во Р.Македонија, како и застапеноста на електронската трговија во малите

и средни бизниси во Р.Македонија, затоа што развојот во Р.Македонија е во нагорна линија и

со почеста примена, но сепак недоволна. Во мојот труд, покрај погоре споменатите мерки ќе

Page 8: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

5

опфатам и други мерки за кои сметам дека ефикасно ќе придонесат за развој на е-трговијата кај

малите и средни бизисис како што е и влкученоста на владата во елетронскатат трговија преку

нудење на услугите на таков начин, како и кон заокружување на законската рамка која се

однесува на оваа тематика.

-Четвртиот дел се однесува на малите и средни бизиси кои работат во областа на

електронска трговија во Југозападниот регион од Р.Македонија. Нивната состојба и нивните

искуства се анализирани преку спроведено интервју со некои од нив кои егзистираат во овој дел

од Р.Македонија. Опфатени се електронска продавница „Мacedonian-handicrafts“ електронска

продавница која врши продажба на бисери и друг накит автентицен за Македонија и Охридскиот

регион, како и сувенири од разни метали и рачни изработки. Ќе ги анализирам и согледам

искуствата, идеите, начинот на работа на електронскта продавница Kelepur.mk, која на своите

клиенти им нуди широк асортиман на купони за попусти.

Page 9: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

6

1. Развој на малите и средни бизниси

1.1.Дефинирање на малите и средни бизниси

Според големината претпријатијата најчесто се делат на мали, средни и големи, но во

последно време како посебна категорија се почесто се наметнуваат и микро претпријатијата.

Кога размислуваме за малите бизниси прво што ни паѓаат на памет се бизниси од нашето

непосредно опкружување како продавница во сосетството, фризерскиот салон кој го посетуваме,

пицерија и сл. Додека бизнисите како фабриката за мебел, автомобили ги сметаме за големи

бизниси. Но всушност она што претсавува големо во одредена индустрија во поглед на

вработени, приходи, профит може да биде мало во друга и обратно. Од тука како основен

проблем при поделба на бизнисите според големината се наметува изборот на критериуми,

според кои ќе се врши класификацијата. Најчесто како критериуми се земаат: бројот на

вработени, висината на средствата( капиталот) со кој располага бизнисот, приходите, профитот и

сл.

Имајќи ги во предвид овие проблеми, при класификација на бизнисите според големината

во пракстата се користат различни показатали и различни гранични вредости. 1

Болтоновиот Комитет основан од страна на Владата на В.Британија формирал т.н.

„економска“ и „статискичка“дефиниција за малите бизниси. Според економската дефиниција за

да се смета одреден бизнис за мал, потребно е да бидат исполнети следните критериуми: прво: да

има релативно мало учество на пазарот; второ: со него да управува лично

сопственикот/сопствениците; трето: да е независно.2Додека во однос на статискичката

дефиниција, Комитетот формирал различни дефиниции за разлочни сектори.

Друг аспек при дефинирање на малиот бизнис нуди американскиот Комитетот за

економски развој, кој при дефинирањето зема комбинација од различни критериуми. Според

него, за бизнисот да биде сметан потребно е бидат исполнети два од следните чеитри

критериуми:

1 Dr. Blagoje Paunović “Preduzetništvo I upravljanje malim preduzećem”Ekonomski fakultet u Beograd 2012.str.109.

2 Tonge, J,-A Review of Small Business Literature-Part 1: Defining The Small Business Manchester Metropolitan

University Business School Working Paper Series, WPS025, November 2001, ISSN 1471-857X, str.7.

Page 10: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

7

-сопственикот самостојно раководи и управува со бизнисот

-капиталот е обезбеден од страна на поедници или од мала група на поедници

-бизнисот работи на локално ниво

-според основните индикатори за големина(бројот на вработени, висината на средствата,

профитот, приходите и сл) бизнисот е мал во однос на другите бизниси кои работат во секторот.3

Членки на ЕУ имаат индивидуални дефиниции за тоа што претставува МСП ( мали и

средни претпријатија) . На пример, според дефиницијата во Германија лимитот е до 255

вработени, додека во Белгија до 100 вработени.

Во Европа, постојат три широки параметри со кои се опфатени малите и средни

претпријатија и тоа:

-микро-субјекти се претпријатија со најмногу 10 вработени

-малите компании вработуваат до 50 работници

-средни претпријатија имаат до 250 вработени. 4

Според досега изнесеното, категоријата на микро, мали и средни претпријатија (МСП) се

состои од претпријатијата кои вработуваат помалку од 250 лица и кои имаат годишен обрт кој не

надминува 50 милиони евра, и / или годишен биланс на состојба не ВКУПНО да не надминува

43 милиони евра. 5

Според германскиот економист Ханс Хајнрих Бас ", емпириско истражување на мали и

средни претпријатија, како и политики за промовирање на мали и средни претпријатија имаат

долга традиција во (западна) Германија, кои датираат назад во 19 век. До средината на 20 век

повеќето истражувачи сметаат дека малите и средни претпријатија се пречка за натамошен

економски развој и политиките за МСП беа дизајнирани во рамките на социјалната политика.

3 Milisavljević M., Todorović J. –„Strategijso upravljanje“, Ekonomski fakultet, Beogard, 1991, str.87.

4 http://ec.europa.eu/enterprise/policies/sme/facts-figures-analysis/sme-definition/index_en.htm

5 ENTERPRISE AND INDUSTRY PUBLICATIONS The new SME definition, User guide and model declaration, Extract of

Article 2 of the Annex of Recommendation 2003/361/EC

Page 11: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

8

Само ордолибералното6 училиштето, основоположниците на социјалната пазарна германска

економија, ги открива предностите на МСП, сметајќи ги како решение за економските проблеми

во средината на 20 век (масовна невработеност, злоупотреба на економска моќ) и ја постави

основата за не-селективените (функционални) индустриски политики за промовирање на малите

и средни претпријатија. 7

Во САД, како критериуми за дефинирање се земаа индустријата, сопственичката

структура, приходите и бројот на вработени (кои во некои околности може да биде високо и до

1500 вработени, но типично е до 500). 8Но и САД и ЕУ генерално се користат на ист израз за

бизиси со помалку од 10 вработени се нарекуваат мали канцеларии.

САД ЕУ

Број на вработени

микро 1-6 < 10

мали <250 <50

средни <500 <250

големи <1000 <1000

претпријатие >1000 >1000

Табела бр.1 Класификација на бизисисте според големината-споредба САД и ЕУ

*Извор: States Small Business Administration. "Size Standards". Retrieved 2011-08-21

Во Р.Македонија во 2004 год. е извршена класификација на деловните субјекти според

нивната големина, класификација опфатена со Законот на трговски друштва на Р.Македонија и

според него трговските друштва се поделени на : микро, мало, средно и големо претпријатие.

6 Ордолиберализотот-со одредени промени, беше создаден за повоена Германија ( од Втората светска војана)

и се заснова на социјалана пазарна економија, концепт кој промовираше силна улога на државата во однос на

пазарот.

7 Boas, Taylor C.; Gans-Morse, Jordan (2009). "Neoliberalism: From New Liberal Philosophy to Anti-Liberal Slogan".

Studies in Comparative International Development 44 (2): 137–161.

8 United States Small Business Administration. "Size Standards". Retrieved 2011-08-21

Page 12: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

9

Според член 470 од Законот за трговски друштва за микро се смета трговец кој во секоја

од последните две пресметковни години, односно во првата година од своето работење ги

задоволил следните два критериуми:

Просечен број на вработени, врз основа на часовите на работа, да е до 10 работници

Бруто-приходот остварен од трговецот од кој било извор да не надминува 50.000 евра во

денарска противвредност

Мал трговец е трговец кој во секоја од последните две пресметковни години, односно во

првата година од своето работење ги задоволил два од можните три следни критериуми:

Просечен број на вработени, врз основа на часовите на работа, да е до 50 работници

Годишен приход да е помал од 2.000.000 евра во денарска противвредност

Просечната вредност ( на почетокот и на крајот на пресметковната година) на вкупните

средства (вкупна актива) да е помала од 2.000.000 евра во денарска противвредност

Додека среден трговец се смета трговецот кој во секоја од последните две пресметковни

години, односно во првата година од своето работење ги задоволил два од можните три следни

критериуми:

Просечен број на вработени, врз основа на часовите на работа, да е до 250 работници

Годишен приход да е помал од 10.000.000 евра во денарска противвредност

Просечната вредност ( на почетокот и на крајот на пресметковната година) на

вкупните средства (вкупна актива) да е помала од 11.000.000 евра во денарска

противвредност.

Деловни субјекти Број на

вработени

Обрт на средства Биланс на состојба

микро < 10 ≤ 2 милиони евра ≤ 2 милиони евра

мали < 50 ≤ 10 милиони евра ≤ 10 милиони евра

средни < 250 ≤ 50 милиони евра ≤ 43 милиони евра

Табела бр.2 Класификација на деловните субјекти во Р.Македонија

*Извор: Закон за трговски друштва службен весник бр.

Page 13: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

10

1.2. Карактеристики на малите и средни бизниси

Доколку се размислува за отпочнување со мал бизнис, или пак се сака подобро да се

разберат малите бизниси треба да се земат во предвит следните каратктеристики на малите и

средни бизниси:

Непосредност во деловните односи и односите со вработените. Сопствениците на

малите и средни бизниси воспоставуваат најчесто непосредни, дирекни, но и поблиски

односи со вработените, со потрошувачите, доставувачите, банките.

Флексибилост. Флексибилноста е една од основните карактеристики на малите бизниси.

Флексибилноста означува можност на малите и средни бизниси да ги менуваат своите

активности и брзо да реагираат на промените на локалниот пазар. Флексибилноста исто

така означува и превземање на брза корективна акција на веќе донесена одлука.

Флексибилноста може да се однесува на различни аспекти на асортиманот, обемот, цените

и сл.

Менаџмент на една личност. Малите бизниси во почетокот од својот развој се

менаџирани од една личност, сопственикот, основачот на малиот бизнис кој најчесто

располага со општи познавања, со неограничен авторитет и со одговорност во

управувањето. Исто така сопствениците –менаџерите на мали претпријатија ги донесуваат

сите одлуги стратешки, тактички и одлуки сврзаи со развојот и работењето.

Претприемачки дух – Со цел да се оствари ваквиот менаџмент на една личност во малите

бизниси сопствениците на мали бизниси се високо мотивирани, оптимисти, полни со

енергија и желба за успех. Тие не се плашат и гледаат на работите поинаку. Успешните

мали бизниси се основани од страна на успешни и упорни луѓе, тие претставуваат

претприемачи. Претприемачите се луѓе со комбинација на уникатни особини и вештини.

Меѓу карактеристиките кои ги имаат претприемачите се: ориентираност кон целта,

посветени на нивниот бизнис, праткични и позитивни, креативни, имаат добри

комуникациски вештини, подготвени да предземат ризик, постојано бараат можности да

се подобрат, поготвени да слушаат и научат.9

Ограничени вештини за управување - Управувањето вклучува планирање, водење,

организирање и контролирање низ сите активности на бизнисот. Сопственици на мали

9 http://www.hiscox.com/small-business-insurance/blog/10-important-personal-characteristics-of-entrepreneurs/

Page 14: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

11

бизниси обично имаат еден (или неколку) силни вештина, обично тоа се вештини кои го

покренуваат бизнисот. Вештините во областа на финансии, продажба и маркетинг,

техничките вештини, производство, човечки односи и сл генерално недостасуваат.

Ограничени финансиски средства - Повеќето мали бизниси имаат проблеми при

добивањето на финансиски средства. Тие не секогаш имаат доволно парични резерви за

да го прошират бизнисот, односно немаат доволно средства за финансирање на раст и да

се зголемување на можностите. Главната причина за ова е дека сопственици на мали

бизниси немаат гаранција која би им ја понудиле на кредиторите (банки, итн), а

добивањето"необезбедени" финансии е речиси невозможно.

Независност. Малите претпријатија се карактеризираат со независност. Нивните

сопственици уживаат во автономијата која им овозможува да дојде до израз

иницијативата, инвентивноста и амбициозноста.10

Активност во рамките конкурентни пазари - Конкурентни пазари обично се оние кои

имаат голем број на учесници , цените се под притисок , маргини се ниски, бариери за влез

се ниски и неуспехот е висок. Повеќето мали бизниси немаат единствен квалитет или

карактеристика што ги разликува од конкуренцијата.

Висока стапка на неуспех - Поради слабостите и проблемите, поголемиот дел малите

бизниси не успеваат и оние кои успеваат да преживеат не секогаш го достигнуваат својот

полн потенцијал. Причините за неуспехот обично се поврзани со лошото управување и /

или недостатокот на средства.

Мал придонес во даноците - Поради ниската профитабилност мали бизниси не се

значајни придонесувачи во даноците на профит. Нивниот економски придонес главно е

преку вработувањето и преку даноците на потрошувачка на стоки и услуги што се

купуваат и продаваат.

Ниски трошоци за создавање на работно место - Мали бизниси вработуваат многу луѓе

и доколку се спореди износот на пари инвестиран во малите бизниси како трошоците за

работна сила се значајно пониски од трошоците на големите бизниси. Малите бизниси

работаат со луѓе, додека големите бизниси работаат со користење на " системи"

Лични награди – Да се биде сопственик на мал бизнис и да се раководи со него е многу

благородно. Како сопственици тие се одговорни за сопствените успеси и има слобода да

10

Академик Проф. Д-р Бобек Шуклев – „Менаџмент на малиот бизнис“, Економски факултет, Скопје, 2011 год.

Page 15: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

12

донесуваат одлуки и да ги имплементира . Од финансиски аспект исто така нивната

работа е лична награда. 11

Покрај претходните карактеристики се иманентни и следниве:

Кратки канали на комуникација

Специјализација за производи и услуги

Едноставно влегување и излегување од бизнисот

Иницијатива за остварување на профит

Остварување на интересот на заедницата12

1.3. Форми на организирање на малите и средните бизниси

Најголем дел од бизнисите во поголем дел од економиите се мали. Во оваа група се

среќаваат од микро бизниси, во кои работи само сопственикот и неговоте тесно семејство, па се

до бизниси кои со својата големина се доближуваат до бизниси со редна големина.

Сопствениците на мали и средни бизиси можат да изберат некој од основите форми на

организација како што се: единствен сопственик, партнерство и корпорација. Покрај нив

постојат и други форми како на пример; заедничко вложување, S корпорација, деловен труст,

кооператива, компанија со ограничена одговорност. Во принцип малите и средни бизниси

најчесто се организираат како партнерство, командитно друштво или како друштво со

ограничена одговорност.

Во Р.Македонија според Законот за трговски друштва, деловните субјекти можат да бидат

организирани како: трговец - поединец, јавно трговско друштво, командитно друштво, друштво

со ограничена одговорност, акционерско друштво и командитно друштво со акции.13

Трговец поединец е физичко лице, кое, во вид на занимање врши некоја од трговските

дејности, предвидени во Законот за трговски друштва. Трговец- поединец за своите обврски

одговара лично и неограничено со целиот свој имот.

11 http://www.examiner.com/article/characteristics-of-a-small-business

12 Kenneth R. Van Voorhis “ Entrepereneurship and small business management” Allyn and Bacon, Inc, Boston, 1980, p.16

13 Закон за трговски друштва, Службен весник на Р.М. 28/2004;

Page 16: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

13

Јавно трговско друштво е трговско друштво во кое се здружуваат две или повеќе

физички или правни лица, кои за обврските кон своите доверители одговараат неограничено и

солидарно со сито свој имот. Јавното друшто се основа со договор за друштвото склучен меѓу

содружниците.

Додека командитно друштво е трговско друштво каде се здружуваат две или повеќе

физички и правни лица, но за разлика од јавното дрштво, кај командитното друштво најмалку

еден од содружниците одговара за обврските на друштвото со сиот свој имот односно

неограничено, а најмалку еден содружник одговара за обврските на друштвото до висината на

својот влог.

Друштвото со ограничена одговорност е трговско друштво во коишто едно или повеќе

физички и правни лица учествуваат со по еден влог во однапред определена основна главнина на

друштвото. ДОО може да биде основана од едно или повеќе физички и правни лица, но може да

има најмногу до 50 содружници. Кога друштвото има еден содружник се нарекува друштво со

ограничена одговорност од едно лице или ДООЕЛ. Влоговите од соодружниците може да бидат

со различна големина, можат да бидат непарични или парични, но поединечниот влог неможе да

биде помал од 100 евра во денарска противвредност.

Во акционерското друштво акционерите учествуваат со влогови во основната главнина

на друштвото, која е поделена на акции. Акционерите не одговараат за обврските на друштвото.

Друштвото може да се основа со јавен повик (сукцесиво) и без јавен повик (симултано). Доколку

акционерското друштво се основа симултано, без јавен повик тогаш најмалиот номинален износ

на основната главнина изнесува 25.000,00 евра во денарска противвредност, а доколку се основа

со јавен повик тогаш најмалиот номинален износ на основната главнина треба да изнесува

50.000,00евра во денарска противвредност. Додека номиналниот износ на една акција неможе да

биде помал од едно евро во денарска проиввреднос според средниот девизен курс објавен од

Народна банка на Р.Македонија, ден пред усвојување на статутот , односно ден пред промена на

вредноста на основната главнина.

Основната главнина на командитно друштво со акции е поделена на акции, но за разлика

од акционерското друштво, во командитното друштво со акции еден или повеќе содружниците

одговараат неограничено и солидарно се целиот свој имот (командитори), а неколку содружници

одговараат ограничено, имаат својство на акционери, за обврските на друштвото, односно

нивната одговорнос е до висината на својот влог (комплементари).

Page 17: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

14

Во Република Македонија малите и средни деловни субјекти, најчесто, се организирани

како ДОЕЛ или ДОО, и покрај големиот број предности што ги имаат акционерските друштва.

Вообичаени причини за тоа се недоволната информираност за предностите од емисија на акции,

стравот од јавно објавување на финансиските извештаи и преземањето на сопственоста и

управувањето со друштвото.

Покрај погоре споменатите форми на организација, малите и средни бизниси можат да

бидат организирани и како:

-S корпорација, која за прв пат се појавила во 1954 година. Тоа е посебен вид на

корпорација која е иземена од повеќекратното оданoчување. S-корпорација уште се нарекува и

вообичаена корпорација. Најважна нејзина карактеристика е тоа што претставува посебен

легален ентитет, одвоен од нејзините сопственици кои се акционери. За прераснување во S

корпорацијат треба да се исполнат следните барања14

: нетреба да постојат нерезидентни

акционери; треба да постојат само еден вид на акции; не треба да постојат повеќе од 35

акционери од кои сите се поединци или наследници; сите акционери мора да се согласат за избор

на Ѕ корпорација;

-Зедничкото вложување е форма на партнерство која е создадена со здружување на

неколку партнери ангажирани во многу специјализирано подрачје на работење. Во партнерството

партнерите се здружуваат, со цел континуирано работење за профит, а кај заедничкото

вложување сопствениците се здружуваат во коспствеништво за договорена ограничена намена и

за одредено време. Во зедничкото вложување не постои поделба на моќта, одговорноста и на

должностите како кај партнерството. Како примери за зедничко вложување се ; изградба на

брана, изградба на спортки терени исл.

-Деловен труст е форма на организација во која една личност е назначена да го управува

работењето на компанијата преку труст-односи.

-Кооператива е форма на организација во сопственост на патрони, која работи во нивна

корист и ги користи нивните услуги.

14

Richard Castaldi, Max S.Wortman, Jr “ Boards of directors in small corporation: An untapped resource “ American

Journal of small business “ vol. IX, No.2 Fall 1984 p.4

Page 18: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

15

1.4.Проблеми и замки за малите и средните бизниси

Менаџертите на мали и среднио бизиси во своето работење се соочуваат со низа проблеми

поврзани со даноците, каматната стапка, конкуренција од големите бизиси како и ред проблеми

со кои се соочуваат и при започнување со работа како: недостиг на почетен капитал, сложена

законска регулатива, надостиг на обртни средства, добивањето на кредити, големи трошоци,

стекнување на доверба кај потрошувачите, недостиг на стручен кадар, ризик во работењето и сл.

Покрај неведените проблеми во текот на работењето малите и средни бизиси наидуваат и

на низа други проблеми како:

Инфлација- Инфлацијата за малите и средни бизниси е серизен проблем бидејќи таа

создава други проблеми како што се: потребата за дополнителен капитал, зголемената

неизвесност во однесувањето на економијата и неизвесност на економската политика. Малите и

средни бизниси дејствуваат во конкурентни пазари каде неможат да влијаат на цените, па

промените во цените кои ги носи инфлацијата ги прави малите и средни бизниси ранливи.

Финансиски проблеми- Најчести финансики проблеми кои ги наведуваат малите бизниси

се: пристапот до адекватен капитал, готовински тек, зголемените трошоци, даноците и бизнис

регулативите и каматните стапки. Постојат многу бариери кои го отежнуваат приодот до

капитал, а достапноста на адекватен капитал за малиот бизиси ја прави ограничена што му штети

на развојот на бизнисот. Готовинскиот тек е извор на енергија за малиот бизнис и затоа огромен

проблем претставува сиромашниот готовински тек. 15

Врз готовинскиот тек односно cashflow

особени проблеми им задаваат и високите каматните стапки. Бидејќи малите и средни бизниси

обично имаат мал почетен обртен капитал, имаат потреба од дополнителен капитал за финансики

раст па поради тоа се остеливи на променливите и високи каматни стапки.

Циклична осетливост- Малите бизниси обично се премногу осетливи на врвовите и

падовите на вкупната активност во економијата. Малиот бизнис има помалку ресурси одколку

големите за да опстанат во цикличните преврти, па отука поверојатен е неуспехот.

Одговорност за производот- Проблемот со одговорноста за производот се јавува во

средината на 70-тите години. Денес во законот за одговорност за производот се истакнува дека

15 http://www.business.vic.gov.au/tips-and-case-studies/the-top-5-financial-problems-small-business-have-and-

how-to-fix-them

Page 19: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

16

секое претприетие е правно одговорно за кои било физички недостатоци или оштетувања

откриени од корисноста за секој произведен или продаден производ од претпријатието.

Менаџмент кадрa - МПС имаат проблем да ги привлечат квалификуваните и

талентирани менаџери. Отсуството на атрактивни програми, мали плати, репутацијата дека

малите претпријатија ги игнорираат модерните менаџмет техники, како и ориентацијата на

наставните програми во факултетите кон големите претпријатија, се причина повеќе за да не се

размислува за вработување во малите бизиси.

Рурална локација- Руралните подрачја не обезбедуваат окружување, коие му е потребно,

за успешно да функционира. Во руралните средини недостигаат менаџмет кадри, локалните

финансиски институции немаат капитал, прописите и таксите не се менуваат, а потребната

помош за нивно совладување изостанува во најголем број од руралните средини. Типичното

окружување во кое дејствува малото претпријатие не пости во руралните средини. Во овие

средини недостига инфрастукура како што се: болници, школи, библиотеки, адвокати,

сметководители, добавувачи, купувачи, инжињери.

Владини прописи. Владините функционери треба да ги вклучат и сопствениците на мали

и средни претпријатија во донесувањето одлуки кои имаат свој одраз врз нивното вработување.16

Секторот на МСП ги опфаќа сите видови на компании, почнувајки од трговците-

поединци, па се до задругите. Некои МСП даваат крајно традиционални услуги, додека други се

брзо-растечки кои користат високи технологии. Како и да е, и покрај сите разлики меѓу нив,

европските МСП ги врзува мноштвото предизвици со кои се соочуваат.

Најважните проблеми за Европските (може да се каже слично како и кај македонските)

мали и средни претпријатија се:

Административни и регулаторни процедури

Пристап до финансии

Даноци и оданочување

Недостаток на компетенции

16

Академик Проф. Д-р Бобек Шуклев – „Менаџмент на малиот бизнис“, Економски факултет, Скопје, 2011 год. стр.252

Page 20: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

17

Пристап до јавни тендери

Нефер и силна конкуренција

Закон за труд

Пристап до единствениот европски пазар

Пристап до ЕУ програми

Задоцнети плаќања

Пристап на меѓународниот пазар

Пристап до информации и консултации/советувања

Нестабилност на светската економија17

За најголемиот број на мали и средни бизниси, административниот товар е проблем број

еден. Цената на административните процедури за малите компании можат да бидат и до десет

пати повисоки отколку за големите, правејки го овој товар диспропорционално тежок за малите

бизниси. Токму заради ова неодамна Европската Комисија си постави две цели: да го намали

административниот товар за малите бизниси до 25% пред 2012 и да обезбеди сите нови законски

мерки кои се однесуваат на бизнисот да не бидат ограничувачки или на било каков начин

неповолни за МСП. ( графикон бр. Најважни проблеми за Европските МСП).

Графикон бр.1.Најважни проблеми за Европските МСП

*Извор: Европска комисија, Извештај од отворената расправа околу Законот за мал бизнис, Април 2008

17 http://biznis101.com/planiraj-biznis/marketing-istrazhuvanje/319-malite-biznisi-vo-eu.html

Page 21: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

18

Управувањето со малите и средни бизиси е одговорна и комплексна работа. Постојат

различни замки кои се занемаруваат, а во кои упаѓаат малите претпријатија, како што се:

Недостиг на искуство. За да се биде успешен во трговија треба да се има искуство во

продажба, за да се биде успешен во шпедиција потребнон е менаџерите да имаат искуство во таа

област.

Разни замки од финансиска природа како: 1) Користење на погрешен тип на

финансирање и погрешно ангажирање на финансиките средства. Односот помеѓу видот на

финансирање и неговата намена треба да ја следи логиката : долгорочните кредити треба да се

користат за долгорочни инвестиции , како што се опрема, додека краткорочните кредити треба да

се користат за обртни средства. Од друга страна опасна замка за малиот бизнис е и ангажирањето

на премногу капитал во фиксни средства. Кога малото претпријатие ангажира капитал во фиксни

средства тие средства се земени или од средствата за обртен капитал или се позајмени. Во

понатамошниот развој претпријатието има потреба и од обртни средства. 2) Неискуство при

добивање на кредит. Притисокот да се добие кредит кај овие бизиси е голем. Доколку

конкуренцијата доаѓа од некој со многу готовина тогаш овој притисок за добивање на кредит е

уште поголем. 3)Мешање на бизнис и лични финанси. Кога сопственици на мали претпријатија

се соочуваат со лични финансиски притисоци, како што е школувањето на колеџ, втор дом,

исплати за автомобил итн, тие понекогаш "позајмуваат " пари од бизнисот за да се покријат

личните обврски . И покрај добрите намери, овие пари не може да се вратат назад, а крајниот

резултат може да биде неуспехот на бизнисот. Исто така камен на сопнување за многу

сопственици на мали бизниси е „живеењето на висока нога“. Кога се започнува со мал бизни

потребна е голема пожртвуваност, да се биде подготвен да се живее на понизок стандард.

Неуспех да се планира. Најголемата замка за сопственици на мали претпријатија е

кратковидоста. Сопствениците треба да се подготват за периоди на раст, развој на нов производ ,

физичка експанзија итн.

Игнорирање на деловните проблеми. Малиот бизнис неможе да успее преку ноќ . Во

текот на работењето секогаш се јавуваат одредени знаци на предупредување, а успешниот

претприемач мора да ги препознае и да одговори на нив. Голем дел од сопственици на мали

бизниси ги игнорират проблемите поврзани со готовински тек, недостиг на средства за плати и

Page 22: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

19

други сигнали, па кога тие конечно ќе пријдат кон решавање на овие проблеми обично премногу

доцна , бизнисот е во предлабока криза за да излезе.

Поседување на погрешни ставови. Имењето сопствен став значи да се препознае

напорната работа. Ставот „ јас сум газда и можам да отпуштам во кое било време и кога сакам“ е

погрешен.

Втората или третата генерација на сопственици го губат интересот за бизнисот.

Повеќето претприемачи би сакале да го пренесат бизнисот на своето семејство на своите

наследници. Но сопствениците треба да ги разгледаат сите можности и да го направат

најдобриот избор. Односно да согледаат дали децата и внуците се заинтересирани и се

ентузијасти во врска со бизнис? Дали тие ги имаат потребните вештини?

Покрај наведените малиот бизнис може да се сретне и со ред други замки како што се

одбирањето на погрешна локација за бизнисот, односно бизнисот треба да биде лоциран во

близина на потрошувачите, да постои добра инфраструктура, близината на сообраќајниците и сл.

Тука треба да се земе во предвид и чувањето на несоодветни залихи кои често се проблем.

Проблемот не е само во чувањето на голема количина на залихи туку и во чувањето на

несоодветни видови на стоки на залиха.

За наведените замки постојат и голем број на одговори што се наведуваат како:

препознавање на ограничувањата во окружувањето за бизнисот, планирањето на растот,

разгледувањето на билансот на сосотојба, а не само на профитот, користење на професионална,

стручна помош, постојано учење преку обуки и сл.

Во своето работење малите и средни бизиси се соочуваат со бројни предизвици, па не

изненадува фактот поврзан со големата стапка на неуспех на малите и средни претпријатија.

Стапката на морталитет на малите претпријатија како и причините постојано треба да се

истражуваат со намера да се учи од грешките и да се зголеми веројатноста за успех на овие

бизниси.

Сопствениците на мали бизниси по природа се оптимисти и превземаат ризици во

работењето. Сепак тука се поставува прашањето дали бизнисите ја поминале границата која го

дели оптимизмот со илузијата? За да ја олеснат својата работа како и да се справат со дел од

проблемите на кои наидуваат во текот на работата МСП потребно е да направат:

Page 23: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

20

Темелна анализа на поплаките и жалбите- добро да се процени кој е тој што се жали

(нови клиенти, стари клиенти, сите во одреден регион) што точно истите сакаат и што ја

предизвикува нивната фрустрација. Најбитно е да утврди што е заедничкото за сите. Треба

да се знае изворот на проблемот, тоа може да биде корекција на однесувањето на некој од

вработените, реорганизација на некој сектор, или едукација на целиот тим како да се

промовира нова линија производи/ услуги на постоечки клиенти.

Анализа на производите- треба внимателно да се проверат сликите и описите на

производи за точност. Да се внимава и на гаранцијата да биде во согласност со

индустриските стандарди. Она што маркетингот го ветува треба да е реално.

Проблематичната линија на производи треба да биде тргната од пазарот и заменета со

подобра и попрофитабилна.

Одржување на ветувањата- фирмата треба да се придржува до распоредите, роковите

онака како што им е ветено на клиентите. Бизнисот треба да го пресмета процентот на

навремените испораки и да ја испита причината за оние задоцнетите. Да се согледа исто

така дали притисокот од клиентите го диктира распоредот на промените. Дали е потребно

да се прeоритизираат нарачките од одредени клиенти, врз база на профитната маргина и

останите фактори. Нека се постават правила за производството, комуникацијата,

мониторингот и верификувањето на усогласеноста со распоредот.18

1.5. Предности и слабости на малите и средните бизниси

1.5.1. Предности на малите и средни бизниси

Малите и средни бизниси успешно опстануваат на пазарот поради низа предности кои ги

манифестираат во однос на големите бизниси. Предностите на малите и средни бизниси се

однесуваат на:

Развој на лични, непосредни односи- Малите бизниси се во добра позиција да развијат

лични односи со клиентите, вработените и добавувачите, како и непосредни контакти со

потрошувачите. Блискиот однос со потрошувачите обезбедува подобра услуга, соодветен

18

http://bi.mk/

Page 24: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

21

одговор на нивните сугестии и приговори, создавајќи пријателска атмосфера. Овие

предости на малиот бизнис особено доаѓаат до израз во секторот услуги, каде непосредниот

личен контакт со корисникот на услугата е од големо значење за квалитетот на услугата и за

задоволството на клиентот. Во големите бизниси клиентите можат да се почувствуватаат

запоставени и игнорирани. Истражувањата покажуваат дека ваквата персонализирана

услуга создава патриотизам кон ваквите мали бизниси. Додека непосредната комуникација

со вработените ги елиминира потенцијалните проблеми поврзани со погрешната

интерпретација. Во одредени мали бизнси се произведуваат производи како музички

инструменти, каде е потребна голема прецизност во работата, па затоа е и неопходен и

непосреден и постојан надзор над работата на вработените. Ваквиот надзор е остварлив во

малите бизниси поради малиот број на вработени. Малите бизниси од овој аспек исто така

се погодни и за произвотво на производи за кои се потребни посебни знаења и вештини,

(пример одреден уметнички талент), како и за производтво на производи во мали серии,

најчесто луксузни или ексклузивни производи.

Ниски општи трошоци- Поради малиот обем на работа, малите бизниси имаат пониски

трошоци. Тие работат во мали простории со ниски трошоци за греење и осветлување.Исто

така малите бизниси имаат мали залихи, па неплаќаат за складишта како и за одржување на

залихите. Ниски трошоци резултираат со пониски цени за потрошувачите.

Профитот служи како плата. Главен мотив за сопствениците на мали бизниси за

отпочување со работа е тоа што профитот им служи како плата и на тој начин тој работи за

себе, профитот е еден вид на награда за сопственикот. Тој може да го контролира профитот

со одликите кои ги носи.

Флексибилноста- Една од најчесто истакнуваните предности на малите бизниси е

нивната флексибилност. Во малите бизниси постои помала хиерархија и пократок синџир на

команда за разлика од големите бизниси, што им овозножува поголема флексибилност,

односно можат брзо да одговорат на промените на пазарот. Големите бизниси имаат цврсто

воспоставен систем на работа и процедури кои тешко можат да се променат.

Флексибилноста е и една од основните карактеристики на МСП. Флексибилноста е

овозножена како резултат на низа фактори: непосреден контакт со пазарот, неформална

организациска структура, користење на униврезални средства за работа и сл.

Page 25: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

22

Лесно се започнува со работа. Единствена правна пречка за започнување со работа се

документација за локација, почетен капитал и дозвола за работа и регистрација. Не постојат

други ограничувања за започнување со мало претпријатие.

Едноставно одлучување.Сопственоста и менаџментот заснован на една личност

овозможува едноставно одлучување.Одлуките зависат од знаењето со кое располага

сопственикот

Инвентивност и иновации- Бидејќи немаат големи финансии за маркетинг, малите

бизниси се инвентивни и користат различни ниско буџетни маркетинг тактики кои може да

бидат поинтересни и поблиски за потенцијалните потрошувачи.

Дополнителни услуги. Заради повисоките цени воведуваат различни дополнителни

услуги (без потребна бирократија на големите)кои можат да бидат од големо значење за

потрошувачите што претставува предност во однос на големите бизниси.19

1.5.2.Слабости на малите и средните бизниси

Иако за малите и средни бизниси постојано говориме како за едни од најголемите

работодаватели и за едни од клучните двигатели на економијата, сепак како мали и средни

бизниси за место на пазарот треба да се натпреваруваат со големите глобални гиганти кои како

такви располагаат со неограничена финансика сила и со воспоставени и добро познати брендови

па во оваа „борба“ малите и средни бизниси во своето функционирање се соочуваат со низа

слабости.

Компаративна неефикасност. Оваа неефикасностсе јавува како резултат на поголемите

трошоци по единица производ што ги имаат малите бизниси во споредба со големите

бизниси. Овие зголемени трошоци се повзани со истите фактори на флексибилност кои

придонесуваа за предности кај малите бизниси.

Недостиг на планирање. Малите и средни бизниси се постојано под влијание на пазарните

промени и флукурации. Затоа, малиот и среден бизнис потребно е да развие сеопфатен

бизнис план, во кој детално се предвидени стартните и оперативните трошоци, како и да се

19

http://www.pretpriemac.com/2009/03/24/razlika-mali-golemi-biznisi/

Page 26: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

23

пресмета кога се очекува бизнисиот да почне да генерира приходи. Исто така сопствениците

на мали бизниси треба да развиваат планови за најлошите и најдобрите сценарија во своето

работење. Доколку не се направи тоа може да биде погубно за малите бизниси.20

Исто така

се јавува и потреба од стратегиско планирање, особно во средните бизниси кои во споредба

со малите бизниси располагаат со повеќе средстава и поголемо пазарно учесто за да се

вклучат во процесот на стратегиско планирање.21

Недостиг на искуство и ефективен менаџмет. Во почетните години од своето

функционирање сопствениците на малите претпријатија се потпираат на менаџментот на

една личност. Менаџерот- основачот на малото претпријатие поради недостиг на искуство

може да го стави бизнисот во неповолна позиција, Најчесто, менаџерите на малите бизниси

имаат недостаток на менаџерско знаење, особено во планирањето, координацијата,

разбирањето на човечките ресурси, а пречки се јавуваат и во недоволното искуство во однос

на насочување на вработените, кои честопати не разбираат што бара шефот од нив. 22

Во

најголем број случаи малите бизниси не успеваат токму поради слабиот менаџмент. Аод

друга страна несака да го делегира својот авторитет и одговорност на другите вработени, па

го задржува единството на команда.

Работа многу часови дневно. На почетокот, сопственикот- менаџерот на малиот бизнис

во исто време мора да бидете и продавач, сметководител, менаџер за човечки ресурси, па

така и работното време, со оглед на тоа што треба да се завршат многу важни работи, ќе ви

биде подолго од осум часа. Многу често сопственикот доаѓа прв наработа и последен си

оди.Сето ова се однесува на фактот што сите работи сами ги вршат не се поготвени да

делегираат дел од одговорноста.

Ризик поврзан со клучните луѓе во бизнисот. Малите бизниси се зависни од

способностите, знаењата, вештините, професионалните и личните карактеристики на

сопственикот и членовите на неговиот тим, а било какви промени поврзани со нив

(повлекување, здраствени проблеми и сл) можат да доведат до проблеми во работата на

бизнисот, а често и до сериозни кризи во работата.

20

http://yourbusiness.azcentral.com/common-weakness-small-business-financing-10699.html

21 Napuk, K.-The Stategy Led Business:Step-by-Step Stategic Planining for Small and Medium Sized Companies,

McGraw-Hill, 1996, str.13.

22 http://money.mnogoo.mk/mk/articles/Biznis/pocnuvanje-so-mal-biznisprimamlivo-i-rizichno

Page 27: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

24

Висок пазарен ризик. Голем дел од малите бизниси работењето го засноваат на еден или

неколку производи. За разлика од нив големите бизниси имаат голем асортиман на различни

производи, па доколку падне побарувачката за некој производ, загубата од овој пад се

компензира со продажбата од друг производ. Оваа можност не постои за малиот бизнис, па

ако падне продажбана на еден производ, тоа ќе резултира во намалување на нивните

приходи.

Недостиг од финансики средства. На малите бизниси не им се достапни сите извори на

средства како на големите бизниси, а тие што им се достапни често се по неполовни услови.

Банките не се наклонети кон одобрување на кредити на малите бизниси поради големиот

кредитен ризик. Поради овие проблеми малите бизниси, особено ново настанатите најчесто

обезбедуваат финансики средства преку: лични заштеди, заеми од пријатели и роднини или

комерцијални кредити. Малите бизниси исто така обезбедуваат средстава и преку т.н

бизнис ангели- богати инвеститори, кои во замена за удел во бизнисот инвестираат во мали

бизниси кои се развиваат.23

Мал дел од малите и средни бизниси кои работат во коњуктурни

економски гранки, обезбедуваат средста и преку инвестициски фондови24

Недостиг на специјализација. Големите бизниси имаат цели оделенија посветени за

секој аспект од бизнисот, одделение за продажба, за сметковотсво и сл. Секој од овие

сектори се состои од голем број вработени кои се специјализирани во овие специфични

задачи. Ваквата специјализацијата која што постои во големите претпријатија обично

придонесува за зголемена ефикасност и ефективност во работењето. Малите бизниси често

неможат да си го дозволат овој луксуз.25

Наместо тоа, вработените често работаат различни

задачи во текот на денот, пополнуваат каде што можат, без оглед на нивното ниво на

стручност или работењето во малото претпријатие се одвива преку сопственикот кој

располага со општи знаења а не специјализирани.

Како што расте бизнисот од мал кон бизнис со средна големина се менуваат

недостатоците кои ги има бизнисот. Растот на бизнисот се одразува во сите аспекти од

23

Shuman, J.M.-“Debt and Other Forms od Financing”, u: Bygrave, W.D-The Portable MBA in Enterprenership, John

wiley, 1994, str. 195-235; Scaborough, N.M, Zimmerer; T.W.-Effective Small Business Management, Prentice Hall,

1996, str.492-572.

24 Eng, venture funds

25 http://www.insidebusiness360.com/index.php/problems-of-small-business-12336/

Page 28: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

25

неговото работење. Со зголемување на бројот на вработени, зголемување на продажбите,

воспоставување на посложена организациска структура, како и постојаната потреба од

дополнителен капитал проблемите стануваат поголеми, а настануваат и нови проблеми кои

претходно бизнисот ги немал. И колку побрзо се зголемува бизнисот расте притисокот, се

губи контролата и сл.26

1.6. Значење на малите и средните бизниси

Малите и средни бизниси се основа за развој на современта економија. Статистичките

податоци, за поголем дел од земјите во светот, покажуваат големо учество на малите и средни

бизниси во економијата и најчесто опфаќаат дури 99% од вкупниот број на компании.

Значењето на малите и средни бизниси е големо и влијаат врз:

Намалување на невработеноста. Тие многу повеќе придонесуваат за зголемување на

вработеноста отколку големите фирми и на долг рок заземаат голем удел во вкупната

вработеност. Тие помагаат и во реструктуирањето на вработеноста, притоа апсорбирајќи

го вишокот работници и зголемувајќи ја конкурентноста на пазарот. Така на пример, во

Велика Британија преку нив се остваруваат 59,1% од вработувањето во приватниот

сектор, 27

додека во САД малите бизниси обезбедуваат 55% од вкупните работни места. 28

Микро бизнисите прстставуваат потпора за економијата во ЕУ и истите обезедуваат

работа за две лица во просек.29

Малите и средни бизниси се значајни преку креирањето на БДП и во креирањето на

додатна вредност. Малите и средните претпријатија во развиените земји учествуваат со

повеќе од 50% во Бруто домашниот производ. Во периодот од 2002 до 2008 година

развојот на додадената вредност (во проценти) во нефинансиските бизнис економии во ЕУ

изнесува 4,2%, наспроти растот кај големите претпријатија кој за овој период изнесува

3,9%. Имено, овие фирми остваруваат ефикасно производство и високи профит, но

26

Timmos, J.A. – „New Venture Creation:Enterprenership in the 1990s“, Irwin, 1990, str.512.

27 http://www.fsb.org.uk/stats- Small Business Statistics

28 http://www.census.gov/econ/smallbus.html

29 http://ec.europa.eu/enterprise/policies/sme/facts-figures-analysis/index_en.htm

Page 29: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

26

продуктивноста на трудот е пониска во однос на продуктивноста на трудот во големите

претпријатија. Развојот на продуктивноста на трудот во ЕУ за периодот 2002 -2008

година изнесува 2,3%, а кај големите компании е 3,1%.30

Малите и средни претпријатија играат единствена, активна и круцијална улога во

иновацискиот процес, технолошките достигнувања и подобрувањето на

високотехнолошките информациски мрежи.31

Експертите се согласни во тоа дека МСП се

клучни играчи во иновациските процеси, зашто многу полесно се поврзуваат во

регионалните мрежи, во споредба со начинот на којшто тоа го прават големите компании,

а креативноста како клучна карактеристика на малите бизниси ја претставува енергијата

на претприемачкиот дух и економскиот развој.

Тие се клучен фактор за воспоставување рамнотежа на микро и макро ниво. Тие

придонесуваат за поттикнување на конкуренцијата и намалување на моќта на монополите

и олигополите. Една од основните карактерисити на малите и средни бизниси е нивната

способност лесно да се прилагодат и брзо да донесуваат одлуки во зависност од барањата

на пазарот и благодарение на нивната флексибилност како нивна клучна конкуренска

предност малите и средни бизниси можат добро да функционираат во современите услови

на променлива економска средина.

1.7. Претприемништвото и малите и средните бизниси

Поимот претприемништво се среќава уште во средниот век, па одтогаш постојано се

менувало и надополнувало неговото значење. Најстарото сваќање за преприемништвото било

поврзано со посредувањето и трговијата. Според ова сваќање и Марко Поло би се нарекувал

претприемач. Во овој период постоеле трговци-авануристи и трговци сосптвеници на стоката со

која тргувале трговците-авануристи.Трговците- авануристи имале активна улога и го сносувале и

физичкиот и психичкиот ризик од потфат, па според тоа истите би имале функција на

претприемачи. Заработката од трговијата се делела така што три четврини од заработката биле

наменети за сопственикот, а една четвртина за трговецот-аванурист.32

Додека. во Франција

30

European SME under pressure, Annual report of EU SMEs 2009, European Commision, 2009

31 Almeida, P. (2004). Small Firms and Innovation,“Entrepreneurship in the 21st Century”- Conference Proceedings,

26th april 2004, SUA 32

Hisrich, R.D., Peters, M.P.-“Enterprenership,” Irwin/McGraw-Hill, 1998, str.

Page 30: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

27

зборот „претприемач“ дури во 17 век почнал да се користи во економски аспект. Тој се користел

за лицата кои воведуваат иновации, кои сносуваат ризик и работат во неизвесност.33

Една од првиоте теории за претприемништвото е развиена од Ришар Кантион во 18 век.34

Во 20-тиот век, разбирањето на претприемништвото се должи на делото на економистот Јозеф

Шумпетер во 1940-тите и на другите австриски економисти. Австрискиот економист Шумпетер

при дефинирањето на претприемништвото особен акцент става на иновацијата. Според него

битна катактеристика на претприемачите е „ да прави нови нешта, или да ги прави нештата на

поинаков начин ( иновација).35

нови продукти;

нови методи на производство;

нови пазари;

нови начини на организирање.

Современта мисла го става претприемништвото како четврт фактор на произвотсво

заедно со земјата, трудот и капиталот.

Мислата за претприемништвото се развивала и понатаму. Денес, во основа

претприемништвото се сведува на преземање на иновации, финансии и бизнис идеи, со цел

поекономично да се произведат економски добра. Претприемачите се сопственици на

претпријатија кои воведуваат иновации и на тој начин го диференцираат својот бизис

наспроти конкуренцијата, превземаат ризик, вршат комбинација и рекомпбинација и

сопституција на поскапите фактори со поевтини и ги насочуваат ресурсите кон секторите

на нивна најпродуктивна употреба.36

33

Peterson, R.A.-Enetrpreneurship and Organization, u; Nustrom, P.C. Starburk, W.H. (eds)-“Handbook of

Organizational Desing Volume 1: Adapting Organizations to their Environments”, Ohford University Press, 1984,

str.65.

34 Кантион „Општа расправа за природата на трговијата“ објавена прв пат 1755 год. на француски јазик

35 Shumpeter, J.A.-“The Creative Response in Economic Historu, The Journal od Economic History”, November, 1947.

Str.151

36 Т. Фити, В. Хаџи-Василева Марковска „Претприемништво и претприемачки менаџмент“ ,

Економски факултет-Скопје стр 57

Page 31: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

28

Претприемништвото, обично се заснова на некаков вид на иновација, а иновацијата

влегува во редот на основни карактериситики на претприемништвото. Според Питер Дракер „

Иновацијата е специфичен инструмент на претприемништвото. Акт кој им овозможува на

ресурсите нов капацитет да креираат богатство“

Доколу ја анализираме поврзаноста меѓу иновацијата, а инвенцијата и

претприемништвото во микро, малите и средните и големинете компании ќе согледаме дека кај

микро бизнисите како иноватор се јавува поединец, кај малите и средните бизниси како

иноватори се одредена група поединци. Кај микро бизнисот е застапено претпримеништвото,

додека кај малото и средното, покрај претприемништвото, застапено е и

интрапрепретпримеништвото37

, пред се карактеристично за големите бизниси.38

За моќта на иновацијата во областа на претприемништвото и малите и средни бизниси

постојат низа примери на производи кои сега се дел од нашето секојдневие како: корнфлекстот,

стикерот, фризбито кои на нивните пронаоѓачи им донесоа милионски суми заработка. Стикерот

е патентиран во 1974 година, за по една година од прозажба на овој производ сопственикот

остварил заработка од два милиони долари. Минатата година заработката надминала една

милијарда долари. Стикерите се продаваат во 100 земји. Додека, фризбито е дизајнирано во 1937

година сосема случајно, кога англиските студентите играле со тепсија која потсетува на диск. Во

1970 година, основачот заработил 500 илјади долари, со продажба од преку 300 милиони

примероци и низа други примери. За иновативноста Чарлс Кетеринг, бизнисмен и творец на 186

патенти вели дека е комбинација на мозокот и средствата, колку повеќе го користити мозокот,

толку помалку ќе ви требаат средства.39

Следен елемент поврзан со претприемништвото е превземањето на ризик во работењето.

Претприемачите се луѓе кои ризикуваат. Секоја акција претставува ризик (успех или неуспех).

37 Корпоративното претприемништво (интрапретприемништво, организациско претприемништво

или корпоративен потфат) претставува практикување на претприемничко однесување во рамки на

постојна организација, потфат или проект.

38 Brchan Thomas, Christopher Miller, Lyndon Murphy- “ Innovation and Small Business”- Ventus

Publishing Aps 2011

39 http://denar.mk/3406/biznis/proizvodi-od-koi-se-napraveni-milijardi

Page 32: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

29

Но, разликата помеѓу успешните и неуспешните претприемачи е токму во менаџирање на

ризикот.

Ризикот во претприемнштвото мора да се разгледува преку следниве процеси:

Откривање на ризикот.

Проценка на ризиците.

Превземање на акции за ублажување или елиминирање на тие ризици.

Во услови на нагласен конкуренски притисок, малите и средни бизниси на секоја промена

на цените на импутите мора да реагираат претприемачки супститурирајќи ги поскапите

фактори на произвотво со поевтини. Сепак нејзиното ефикасно извршување подразбира

постоење на претприемачки амбиент во економија каде што исто така постои и ривалство меѓу

фирмите, силен конкуренски притисок.

Добрите претприемачи вршат релокација на ресурсите кон точките на нивна

најпродуктивна употреба.

За претприемачката активност, аспирациите и ставовите на поединците за

претприемништвото во различни земји во светот достапни се податоци преку Глобалниот

годишен извештај на GEM (Global Entrepreneurship Monitor). GEM како проект кој обезббедува

податоци за претприемачката активнот во светки размери е инициран во 1999 година како

партнерство меѓу Лондонската школа за бизнис и Колеџот за бизнис и претприемништво од

САД (Babson College). ГЕМ ги истражува улогата на претприемништвото во националниот

економски раст , откривајќи детални карактеристики за одредени земји и карактеристики

поврзани со претприемничка активност. Собраните податоци се " хармонизирани " од страна на

тим од експерти , кои гарантираат за квалитетот на достапните податоци. 40

Доколу се согледаат податоците за претприемачките ставови во Европа, Македонија е

пред Хрватска, Босна и Херцеговина во поглед на согледатите можности, способности, како и

во поглед на претприемачките намери на непритприемачкото население достапни во

извештајот од GEM за 2012год, може да се заклучи дека што желбата да се пристапи кон

одредена претприемачка активност е голема, иако е високо позициониран и стравот од неуспех.

40

http://www.gemconsortium.org/What-is-GEM

Page 33: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

30

Зе

мја

Со

гле

да

ни

мо

жн

ост

и

Со

гле

да

ни

спо

соб

но

сти

Ст

ра

в о

д н

еу

спе

х *

Пр

ет

пр

ие

ма

чк

и н

ам

ер

и

**

Пр

ет

пр

ие

мн

иш

тв

от

о

ка

ко

до

бр

а к

ар

ие

ра

, ка

ко

и

збо

р

Ви

сок

ста

ту

с на

за у

спе

х

на

пр

ет

пр

ие

мн

иш

тв

от

о

Ме

ди

ум

ско

вн

им

ан

ие

за

пр

ет

пр

ие

мн

иш

тв

от

о

Австрија 49 50 36 9 46 76 \

Белгија 33 37 41 9 62 57 54

Данска 44 31 39 7 \ \ \

Естонија 45 43 34 16 55 63 41

Финска 55 34 37 8 45 83 68

Франција 38 36 43 17 65 77 41

Германија 36 37 42 6 49 76 49

Грција 13 50 61 10 64 68 33

Унгарија 11 40 34 13 41 74 29

Ирска 26 45 35 5 45 81 61

Италија 20 30 58 11 67 70 51

Латвија 33 44 37 22 60 53 53

Литванија 30 40 36 18 63 53 37

Холандија 34 42 30 9 79 65 58

Полска 20 54 43 22 68 57 56

Португалија 16 47 42 14 \ \ \

Романија 37 38 41 27 71 74 55

Словачка 18 50 38 12 50 74 59

Словенија 20 51 27 13 53 71 51

Шпанија 14 50 42 11 64 64 47

Шветска 66 37 33 11 \ \ \

Велика Британија 33 47 36 10 50 77 47

Босна и Херцеговина

20 49 27 22 81 72 39

Хрватска 17 44 36 19 64 42 40

Македонија 31 55 39 28 70 67 64

Норвешка 64 34 39 5 50 80 59

Русија 20 24 47 2 60 63 45

Швајцарија 36 37 32 7 44 63 57

Турција 40 42 30 15 67 76 57

Табела бр. 3 Претприемачките ставови во Европа во 2012 год.

*Извор: Global Enterpreneurship Monitor, Global Report 2012, Siri Roland Xavier, Donna Kelley,

Jacqui Kew, Mike Herrington, Arne Vorderwülbecke

Page 34: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

31

Стапката на прекин на бизниси се намалува како што се зголемува економскиот развој.

Постојат повеќе причини за прекин на бизнисот, меѓу кои се: непрофитабилност на бизнисот,

проблеми во добивањето на финансии, лични причини и сл. Доколку се направи споредба по

региони, во Азија финансирањето е помал проблем, сепак тој проблем е наведен како клучно

прашање во Африка. Додека во САД И ЕУ поединците навадувале причини, како друго работно

место или нови бизнис можности.

Графикон бр.2 Причини за бизнис дисконтинутитет во светски рамки во 2012 год.

*Извор: Global Enterpreneurship Monitor, Global Report 2012, Siri Roland Xavier, Donna Kelley,

Jacqui Kew, Mike Herrington, Arne Vorderwülbecke

Резултатите од GEM (Global Enterpreneurship ) покажуваат дека претприемачките напори

можат да бидат предземени во секое време во животот на една личност, иако оваа активност е

најмногу распространета меѓу поединците меѓу 25-34 години. Поединците на оваа воздрас имале

доволно време за да развијат низа вештини и споспобности, како и да се стекнат со соодветно

образование и некое искуство што треба за помогне во остварувањето на претприемаката

активност.

Економиите во различни географски региони покажуваат различни брановидни движења во

поглед на воздрасната група, сепак најчесто таа е 25-34 год, а втора по ранг е групата од 35-44

год.

Page 35: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

32

Графикон бр.3 Претприемништвото сопред воздрасни групи во различни региони

*Извор: Global Enterpreneurship Monitor, Global Report 2012, Siri Roland Xavier, Donna Kelley,

Jacqui Kew, Mike Herrington, Arne Vorderwülbecke

Претприемништвото е доста распространето меѓу младите во Европа, каде половина од

претприемачите се меѓу 18-34 години. Во Кина исто така е висок процентот на млади кои

предземаат претприемачка активност, каде дури 57% од младите претприемачи се на воздраст од

18 до 34 години.

Графикон бр. 4 Очекувањата за раст на работните места кај претприемачките бизниси во раната фаза

од својот развој по географски региони

*Извор: Global Enterpreneurship Monitor, Global Report 2012, Siri Roland Xavier, Donna Kelley,

Jacqui Kew, Mike Herrington, Arne Vorderwülbecke

Најголем дел од претприемачките бизниси во раната фаза од својот развој имаат очекувања

за зголемување на своите работни места до 5 вработени во следните пет години. Земјите кои не

се членки на ЕУ вклучувајќи ја и Македонија имаат поамбициозни очекувања за растот на

Page 36: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

33

вработените во своите претприемачки бизниси, односно во следните пет години очекуваат да

вработаат повеќе од 20 работници.

Доколку се анализираат резултатите од истражувањето направено од GEM ((Global

Entrepreneurship Monitor) според половата структура на поединците во раната фаза од

претприемачкиот развој по географски региони ќе се добијат следните резултати: Во Еквадор и

Панама во Латинска Америка, и Гана и Нигерија во Субсахарска Африка, како и Тајланд, има

малку повеќе жени отколку мажи ангажирани во претприемништвото. Од друга страна, во

Египет, Палестина, и Република Кореја, жените сочинуваат помалку од една петтина на сите

претприемачи, само 5% од претприемачи во Пакистан се жени. Анализата ито така показува дека

мажите во Латинска Америка и Субсахарска Африка се повеќе мотивирани од можностите кога

влегуваат во претприемачката активност додека жените се повеќе мотивирани од потребите.

Графикон бр.5 Полова структура на претприемништвото според географски региони, 2012 год.

*Извор: Global Enterpreneurship Monitor, Global Report 2012, Siri Roland Xavier, Donna Kelley,

Jacqui Kew, Mike Herrington, Arne Vorderwülbecke

Претприемачката рамка се однесува на сите услови кои влијаат на претприемништвото како

достапноста до финасии, владините политики, образованието и обуките неопходни во одреден

развој на претприемачката активност. Ваквите услови се оценети во анализата на GEM (Global

Entrepreneurship Monitor) од експертите во секој географски регион. Експерти во Белгија,

Швајцарија, Малезија, Сингапур, Индија и Алжир беа релативно позитивни во поглед на

оценувањето на уловите за финансирање на претприемачите. Додека земји како Грција и

Шпанија, кои се сериозно погодени од финансиската криза имаат

резултати за оваа променлива, за 2012 година, кои се под просекот на земјите во развој. Грција

Page 37: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

34

покажува најлошото евалуација според GEM за 2012 година со просечна оценка од

1,65 за оваа променлива.

Владината политика, како дел од претприемачката рамка се однесува на степенот до кој

владината политика влијае на формирањето на нови бизниси. Тука спаѓа даночната политика,

пазарот на труд, регулативите за социјално осигурување како и ред други прописи и шеми.

Нaјниска оценка и тука имаат дадено експеритет од Грција и со нејзината просечна оценка од 1,

59 се намалува вкупниот просек на ЕУ.41

Графикон бр. 6 Оценки за претприемачката рамка по географски региони од страна на експерти

*Извор: Global Enterpreneurship Monitor, Global Report 2012, Siri Roland Xavier, Donna Kelley,

Jacqui Kew, Mike Herrington, Arne Vorderwülbecke

41

Global Entrepreneurship Monitor -2012 Global Report

Page 38: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

35

1.8. Политики за поддршка на малите и средните бизниси

Иако секторот на мали и средни претпријатија значајно пораснал во раните години од

транзицијата, нивниот раст донесе низа проблеми, проблеми кои ги убеди креаторите на

политиката дека слободната рака на Адам Смит не е доволна за да се справи со тоа и дека има

потреба од развиен механизам со кој би се поддржале малите и средни бизниси и

претприемништвото.

Малите и средни бизниси, меѓу другото, имаа проблеми да дојдат до потребните

финансиски средства .

Со цел да се надмине ваквата состојба потребна е соодветна политика за поддршка на

малите и средни бизиси и претприемништвото, а оваа политика се состои од:

1.Градење на институции. Градењето на институции опфаќа неколку аспекти. Прво,

давање на совети. Второ, развивање на национална агенција , која има задача да го промовира и

поттикне развојот на МСП. Трето, градење на поддршка за МСП на локално ниво.

2.Финансиска поддршка за МСП. Како што беше и погоре спомената еден од главните

проблеми со кои се соочуваат малите и средни бизниси е недостигот на финансиски средства.

Овој проблем може да се реши низ грантови, кредитни линии, вклучување и на локалната власт

преку активности за поддршка на малите и средни бизниси, особено за помагање на

невработените лица да ги реализираат своите претприемачки идеи.

Вообичаено се говори за два вида на извори на финансирање и тоа неформални извори,

каде влегуваат сопствените заштеди на сопствениците, основачите, заеми од семејства, роднини

и пријатели, како и пари од неформален ризичен капитал, бизнис ангели и формални извори кои

се однесуваат на средства од формални финансиски институции, пари од банките и пари кои се

мобилизираат од берзите. Терминот бизнис ангели се споменува уште во почетокот на XX век,

но своето значење во поглед на поддршка на малите и средни бизниси го добива кога

претпримечите од Силиконската долина од САД почнале да користат капитал од бизис

ангелите42

. Мејсон, бизнис англите ги дефинира како извор на неформален бизнис капитал како

“богати поединци кои инвестираат сопствени пари, заедно со време, експертиза, дирекно во

42

Mark Abernethy and David Heidman „Bussines Angels“, Allen & Unwin, Australia 1999, p. 5-6; Colin M Mason„

Informal Sources of Venture Finance, Hunter Centar for Enterpreneurship,“ University od Strathclyde, Glasgow 2005,

p.1

Page 39: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

36

компании кои не котираат на берза со надеж да остварат финансика добивка.“43

Кај формалниот

ризичен капитал треба да постојат два ентитети: институционални инвеститори кои се

сопственици на парите и компанија која менаџира со парите. Покрај претходно споменатите

извори на средства за малите и средни бизниси како значаен извор на средства што во

последниот период се наметнува и со својата советодавна улога се банките. Банките можат да

обезбедат неколку вида финанирање, зависно од периодот што е потребен да се земат

финансиките средства, ризикот што е поврзан со одделниот проект, изгледите на враќање на

средствата, стапката на враќање и природата на сопственоста. Ретко кои мали и средни бизниси

имаа пристап до берзата, пред се, поради строгите критериуми за котирање на фирмите. Затоа во

некои развиени земји се формираат пазари за некотирани хартии од вредниост, пазари преку

шалтери и сл. Во нив условите за влез се многу поблаги, а со крајна цел да им се овозможи на

малите и средни бизниси полесен и поевтин пристап до акционерски капитал.

3.Регионален развој. Малите и средни бизниси имаат централна улога во многу регионални

програми, како начин да се спонзорира развојот на регионот и да се поврзе регионалната

економија со другите делови од земјата, а и со другите земји преку извозот. Некои програми за

малите и средни бизниси имаат за цел да ги поддржат регионите со поголемо учество на

националните малцинства. Се понагласениот процес на фискална децентрализција во изминатите

неколку децении во голема мера ја редефинира улогата на локалната власт во развој на малите и

средни бизниси и претприемништвото. Како мерки за поддршка на овој процес се користат:

формирање на бизнис инкубатори, научни паркови, business link организации, бизнис мрежи.

Тука е и потребата од консултански услуги и потребата од константни обуки, трениг за

доедукација на менаџерот на малото и средното претпријатие. Бизнис инкубаторите го негуваат

развојот на претприемнички компании, и воедно им помагаат да го преживеат периодот на

започнување со бизнисот (кога се најранливи) и секако, им помагаат да го прошират својот

бизнис. Истражувачките паркови (научни паркови, технолошки паркови) се центри за

истражување и развој на нови технологии и научно базирани компании. Најчесто промовираат

економски развој на одредена област и трансфер на технологии. Друга форма на

институционална поддршка на малите и средни бизниси и на претприемништвото се

сметководствените, правните и други професионални и советодавни институции. Образованието

и обуката се значаен облик на помагање за развој на малите и средни бизниси и на

43

Colin M Mason „Informal Sources of Venture Finance, Hunter Centar for Enterpreneurship“, University od

Strathclyde, Glasgow 2005, p. 4

Page 40: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

37

претприемништвото, бидејќи искуствата потврдуваат дека малото и средно претпријатие е

поуспешно, доколку неговиот менаџер е пообразован, покреативен, поумешен. Процесот на

обука и образовение на маенаџерот е потребен низ сите фази на развој на малото и средно

претпријатие од самиот почеток, неговото основање па се до фазата на интернационализација. Во

Р.Македонија фунционираат исто така неколку бизнис инкубатори, податоци за истите се

дотапни преку Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија.44

Покрај бизнис инкубаторите со цел да се обезбеди регионален развој на малите и средни бизниси

беа формирани пет регинални центри за равој на малите и средни претпријатија: во Скопје,

Велес, Битола, Куманово и Струмица. Целта на ваквите регионални центри беше да се оформи

мрежа од институции кои ќе обезбедат поддршка на локално ниво и развој на партнерството меѓу

јавниот и приватниот сектор во регионите.45

Подоцна беа воспоставени и регионални центри за

поддршка на претприемништвото во Тетово и Охрид, сите овие центри денес се поддржани од

Агенцијата за поддршка на претприемништвото.

Европска Комисиј е извршен орган на ЕУ, формиран во 1958год, и претставува

непристрасен орган, кој се грижи за правилната примена на одредбите од Договорите и на

одлуките засновани на Договорите. Европската Комисија има 28 члена - по еден од сите земји-

членки на Унијата, мандатот на Комисијата е пет години. Како таква и Европска Комија исто

така предлага низа мерки, низа принципи со кои би се подржал развојот на малите и средни

бизниси. Предлозите на Европската Комисија се однесуваат на:

-Да им се олесни животот на малите бизниси - За најголемиот број на мали и средни бизниси,

административниот товар е проблем број еден. Цената на административните процедури за

малите компании можат да бидат и до десет пати повисоки отколку за големите, правејки го овој

товар диспропорционално тежок за малите бизниси.

-Поедноставна и подобрена регулатива- Информирање на малите и средни бизниси во

областа на: Законот за претпријатија, вработувањето, данокот на додадена вредност и

статистиките. Анкетите укажуваат дека повеќе од 10% од трговците-поединци би вработиле

нови работници доколку бидат ослободени од крутите бирократските процедури. Со оглед дека

овие претпријатија претставуваат повеќе од половината од сите бизниси во Европската Унија, тоа

44

http://www.apprm.gov.mk

45 Џ.Тонер „ Концептот на регионалните центри“ Партер бр.1, НЕПА, Скопје, Јануари 1999 стр.7

Page 41: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

1. Развој на малите и средни бизниси

[Pick the date]

38

значи дека ваквите претпријатија имаат потенцијал за отворање на повеќе од 1,5 милиони нови

вработувања.

-Законодавство во прилог на МСП- Неопходно е да се осигура дека новото законодавство

нема дополнително да ги оптовари малите бизниси, туку напротив, ќе ги има во вид нивните

потреби.

-Заштита на МСП од задоцнети плаќања- Задоцнетите плаќања се проблем кој делува

негативно на бизнисите. Доцнењето во наплатата ги прави МСП особено ранливи.

-Стандардизацијата на страна на МСП- За МСП, особено е важно да бидат свесни за

постоењето на европските и меѓународните стандарди и истите, соодветно да ги интегрираат во

своите производни процеси.

-Размена на добри идеи и практики- Најголем број на потешкоитии со кои се соочуваат МСП

се последица на делувањето на законите, правилата и практиките кои се применуваат на

национално или локално рамниште. Поради тоа Комисијата ги поттикнува властите насекаде во

Унијата да идентификуваат и имплементираат ефективни иницијативи за подобрување на

законските рамките во кои функционираат МСП. Тоа вклучува теми како: смалување на

бирократски процедури при регистрација на компанија, подобрен пристап до извори за

финасирање и поголема влкученост на МСП во расправиите кога се формулираат политиките кои

го регулираат нивното функционирање.

-Подобрен пристап до извори за финасирање- Инвеститорите и банките честопати стојат

понастрана од финасирање на новоформираните претпријатија и новите бизниси поради

присутеноста на ризикот.46

Кај некои земји членки, три од четири почетни претпријатија

добиваат заеми од тамошните банки или бараем можност за дозволено пречекорување на

салдото, додека кај другите тој однос изнесува еден спрема четири.47

46

http://www.apprm.gov.mk/

47 Микрофинансирање на малите бизниси - премостување на пазарниот јаз, Европска

Комисија

Page 42: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

39

2. Електронска трговија како нов пристап за водење на бизнисот

2.1. Дефинирање на електронската трговија

Електронската трговија е резултат на експлозивното појавување на интернетот како главен

дистрибутер на добра, услуги, дури и на менаџерски и професионални работи. До 1994 година, не

знаевме за електронската трговија која постои денес, само 16 години подоцна, 2010 година, 133

милиони американски потрошувачи да трошат $256.000.000.000. на овој начин.

Но што всушност претставува електронската трговија? Електронската трговија е процес на

купување, продавање, пренос или размена на производи, услуги или информации преку

компјутерски мрежи, вклучувајќи го и Интернетот. Електронската трговија поформално кажано

овозможува комерцијални трансакции. Дигитално овозможени трансакции се сите трансакции

кои што се вршат со посредство на дигитална технологија. Комерцијалните трансакции ја

вклучуваат размената на вредност ( На пример пари) меѓу организациите или индивидуите во

замена за производи и услуги. Размента на вредност е значајна во разбирањето на електронската

трговија, бидејќи без размена не постои трговија.

Често е-трговијата се поистоветува со е-бизнисот, но е-бизнисот претставува поширока

дефиниција од електронската трговија, која опфаќа не само купување или продавање на добра и

услуги, туку исто така и услужување на купувачите, соработка со бизнис партнерите и.т. н.Е-

трговијата може да биде ״чиста״, односно ״делумна״ електронска трговија. Физичките

организации го изведуваат нивниот бизнис off-line, продаваат физички производи преку физички

застапници (brick-and-mortar). Организациите кои ги извршуваат нивните активности

исклучително online уште се познати и како виртуелни организации (pure-play). Исто така има

организации кои извршуваат некои активности од електронската трговија, но нивните примарни

активности ги извршуваат во физичкиот свет (click-and-brick). Најголем дел од електронската

трговија се извршува преку Интернет, но таа исто така може да се спроведе и преку приватни

мрежи, како што се VAN’s (value-added networks) и LAN’s (local area networks). Скелетот на

електронската трговија го сочинуваат׃

1. на самиот врв се апликациите на електронската трговија (директен маркетинг), барање

работа, online банки, Е-влада, аукции, сервиси на потрошувачите… ;

2. сервиси за поддршка (луѓе, јавна политика, маркетинг и рекламирање, бизнис партнерство);

3. инфраструктура

Page 43: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

40

Електронската трговија се одвива во рамките на електронскиот пазар кој ја олеснува

размената на информации, добра, услуги и плаќања. Електронскиот пазар како впрочем и

останатите пазари има три главни функции:

1. Средба на купувачите и продавачите;

2. Олеснување на размената на добра, услуги и плаќања;

3. Овозможува институционална инфараструктура, која пак, овозможува ефикасно

функционирање на пазарот.

Компоненти на е-пазарот се:

1. Купувачи — милиони луѓе кои сурфаат на Интернет се потенцијални купувачи на добра и

услуги, понудени на Интернет.

2. Продавачи — на Интернет може да се најдат милион продавачи кои се рекламираат и нудат

голем број на различни производи.

3. Добра и услуги — и физичкиот и виртуелниот пазар нудат физички производи, но на

виртуелниот пазар исто така може да се сретнат дигитални производи (добра кои можат да

бодат трансформирани и пренесени преку Интернет).

4. Инфраструктура — вклучува електронски мрежи, хардвер, софтвер, и др.

5. Front end — дел од бизнис процесот на е-продавачот, преку кој купувачите соработуваат,

вклучувајќи го порталот на продавачот, електронски каталози, купувачки картички и

наплатната порта.

6. Back end — активности кои ги поддржуваат online нарачките, вклучувајќи исполнување,

иновативен менаџмент, купување од набавувачите, процес на плаќање, пакување и испорака.

7. Посредници — трета страна која посредува меѓу купувачите и продавачите.

8. Други бизнис партнери — како додаток на посредниците, неколку видови на партнери, како

што се испраќачите, го користат Интернетот да соработуваат, најчесто преку веригата на

набавка.

Page 44: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

41

2.2.Развој на електронската трговија

Тешко е да се определи кога точно започнала електронската трговија. Постоеле неколку

предходници на електронската трговија. При крајот на 1970 година, фармацевската компанија,

Бакстер Хелткеар иницирала првобитна форма на B2B електронска трговија, користејќи

телефонски модем кој им овозможува на болниците да вршат повторливи набавки од Бакстер.

Овој систем во текот на 80тите години се прошири на компјутерски базиран систем за правење на

нарачки од далечина и бил масовно користен низ целата територија на САД.

Значењето на електронската трговија е менувано во текот на изминатите 30 години. На

почетокот под електронската трговија се подразбирало електронско олеснување на

комерцијалните трансакции, користејќи технологија како EDI и EFT. Оваа технологија е

измислена во доцните 1970-те год. и им дозволува на бизнисите да праќаат трговски документи,

како што се нарачки преку електронски пат. Зголеменото прифаќање на кредитните картички и

телефонското банкарство во 1980-те год. се исто така форми на електронска трговија. Како друга

форма на електронска трговија може да се спомене авионската резервација. Електронското

купување се појавува во 1979 год. во Англија од страна на Michael Aldrich и за време на 1980-те

год. 48

Екстензивно е користено, особено од страна на автомобилските производители, како што

се Ford, Peugeot, General Motors, Nissan.

Од 1990-те год. електронската трговија истотака вклучува и планирање на ресурсите во

претпријатијата, барање на податоци и складирање на податоци. Раните 1990тe , беа период на

бизнис визија, инспирација и експериментирање. Наскоро оваа визија се покажа како реалност.

До 1991 год. користењето Интернетот за трговија беше стриктно забрането. Иако Интернетот

стана доста познат околу 1994 год. потребни биле 5 год. за изградба на сигурносни протоколи. До

крајот на 2000 год. многу Европски и бизнис компании од Америка почнале да ги нудат нивните

услуги преку WWW. Од тогаш следи период на преиспитување на оваа технологија, што доведе

до колапс на берзата 2000-2001 година. После тоа, многу аналитичари имаат напишано дека

ваквиот начин на водење на бизнисот го достигнал своето највисокото ниво , односно дека

порастот на бизнисот на овие компании ќе стагнира. Но, во периодот меѓу 2002 и 2008 година,

трговијата на мало е-трговија се зголемува над 25% на годишно ниво. Денес ние сме во средината

на уште една транзиција: нов бизнис модел кој се базира на раст на електронска трговија, по

48 Tkacz, Ewaryst; Kapczynski, Adrian. Internet — „Technical Development and Applications. Springer“.2009

p. 255.

Page 45: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

42

моделот на Amazon. Тргнувајќи од почетната точка, овој вид на трговија наречен електронска

трговија достигна пораст од 100% на годишно ниво.

Социјалните мрежи како Facebook, Twitter, Youtube им овозможува на корисниците да ги

дистрибуираат нивните сопствени содржини (како што се видео, музика, слики, лични

информации, софтверски апликации и блогови). Со експлозивниот раст на паметни телефони,

како на iPhone и Android-базирани оперативни системи, и уреди кои наликуваат на iPad за

мобилна забава и читање, се развива нова платформа за тргување развие во нешто што се

нарекува "социјална електронска трговија. Никогаш порано во историјата на медиумите не е

создадена толку голема публика.

Иако новите технологии овозможуваат реализација на значајни економии од обем

(главно досега бенифицираат големите фирми), пречките за побрз развој на е-бизнисот кај МСП,

според експериментите на ОЕЦД, остануваат бројни. Меѓу нив, позначајни се следниве:

МСП во принцип побавно ги прифаќаат новите технологии, а во тој контекст и интернет-

технологиите;

Неадекватната обученост на луѓето;

Ограничено разбирање на комплексноста на електронските операции;

Високи иницијални инвестиции за развој на успешна е-трговска стратегија;

Проблеми врзани со сертификати и автентичност на производите;

Проблеми со изградбата на репутација и воспоставување на довербата кај клиентите;

Проблеми врзани со сигурноста и доверливоста на податоците.

Како екстерна пречка се јавува несоодветната инфраструктура и скапиот пристап до

интернетот.49

49 Т. Фити, В. Хаџи-Василева Марковска „Претприемништво и претприемачки менаџмент“ , Економски факултет-Скопје

Page 46: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

43

2.3. Технологија и карактеристики на технологијата на електронската

трговија

Во сржта на новонастанатата дигитална економија, која се нарекува електронска трговија,

се равојот на вештините од областа на дигиталните компјутери и комуникациската технологија.

Електронската трговија претставива феномен управуван од технологија која се на заснова

мноштво информациски технологии и компјутерски концепти. Во овие основни технологии

лежат комплементарни технологии како: персонални компјутери, мобилни телефони, како Ајфон,

локани мрежи, релациони бази на податоци, клиент/сервер и др. Овие технологии лежат во

срцето на софистицирани компјутерски апликации за водење на бизис, кои ги применуваат

претпријатијата, како системи за управување со набавки, систем за планирање на производните

ресурси и ситем за управување со односите со потрошувачите.50

Технологијата на електронската трговија се карактеризира со единствени карактеристики,

кои предизвикиуваат традиционалниот бизнис да размислува за имплементација на

електронската трговија во своето работење. Како карактеристики на технологијата на

електронската трговија се наведуваат:

1. Глобална достапност. Е-трговија во поглед на технологијата овозможува комерцијални

трансакции да се вршат вон културените и националните граници. Таа е поефикасна во

споредба со традиционалната трговија. Како резултат на тоа, потенцијалот на пазарот за е-

трговија е речиси ист како големина на глобалната онлајн популација. Додека

традиционалните трансакции најчесто се локални или регионални.

2. Сеприсутност. Eлектронската трговија се карактеризира со сеприсутност, односно

достапна е насекаде и во секое време, па со тоа се ослободува пазарот од ограничувањата

поврзани со просторот, овозможувајќи да се купува преку компјутерот, од дома, од работа

па дури и од автомобил.

3. Универзални стандарди. Стандардите кај технологијата за електронска трговија се

универзални, тие се заеднички за сите земји низ целиот свет. Спротивно на тоа, кај

традиционалната трговија стандардите се разликуваат од земја до земја. Така на пример ТВ

и радио стандардите се разликуваат во целиот свет, како и технологијата на мобилените

50

Кенет К. Лаудон, Карол Герсио Травел –„ Елетронска трговија бизнис, технологија, општество“ -2010

Page 47: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

44

телефони. Универзалните технички стандарди придонесуваат кон намалување на цени за

влез на пазарот - тоа е цената што трговците мора да ја плаќаат за да влезат на пазарот.

4. Богатсво. Богатството од информации зависи од комплексноста и содржината на пораката.

Традиционалните пазари, располагаат со огромно богатсво. Тие се во можност да обезбедат

лична, дирекна услуга користејќи звучни и визулени показатели кога вршат продажба.

Богатството со кое располагаат традиционалните медиуми ги прави да изгледаат моќни во

продажното или комерцијално опкружување. Од друга страна Интернетот располага со

потенцијал за нудење на значајно поголемо богатсво од информации, во споредба со

традиционалните медиуми како телевизија, радио, бидејќи е интрективен и може да ја

прилагоди пораката на индивидуалните корисници. Интернетот им овозможува на

понудувачите да продадат прозиводи, сложени производи за што во минатото беше

неопходна дирекна презентација.

5. Интерактивност. За разлика од голем број на технологии од дваесетиот век, со исклучок на

телефонот, Интернетот овозможува интеракција, што означува можност за двонасочна

комуникација помеѓу продавачот и купувачот. Традиционалната телевизија на пример

неможе да им постави прашања на купувачите или да влезе во каква било конверзација со

нив, додека сите овие активности се возможни преку веб-сјадовите, преку кои се остварува

електронската трговија, особено како резултат на социјалната електронска трговија.

6. Густина на информациите. Интернетот и веб-мрежата значително допринесуваат за

густината на информациите-целокупноста и квалитетот на информациите достапни за сите

учестници на пазарот, потрошувачите и продавачите. Технологиите на кои се заснова

електронската трговија ги редуцираат трошоците за прибирање, складирање, процесирање

на информациите. Истовремено овие технологии ја зголемуваат прецизноста и актуеленоста

на информациите, правејќи ги покорисни и позначајни од кога било. Како резултат на тоа

информациите стануваат поевтини и поквалитетни.

7. Персонализирање/корисничко приспособување. Технологијата на којашто се заснова

електронската трговија дозволува персонализирање- продавачите можат да ги наменат

своите маркетинг пораки кон специфични индивидуи преку прилагодување на пораката

според името, интересите и претходно остварените купувања на личноста. Исто така оваа

технологија дозволува и корисничко преиспособување-промени кај испорачаните

производи или услуги врз основа на барањата и интересите на купувачите.

8. Социјалната технологија –.Електронската трговија еволуира за да биде подруштвена,

дозволувајќи им на корисниците да креираат и споделуваат содржини во форма на текст,

Page 48: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

45

музика, видео или фотографии од целиот свет. Користејќи ги овие нови форми на

комуникација корисниците се во можност да создадат нови социјални поврзувања

зацврстувајќи ги постоечките. Сите претходни масовни медиуми, користат емитирачки

модел, каде содржините се креирани од централна локација од страна на експерти. Се

очекуваше телефонот да се јави како исклучок но тој не е технологија за „масовна

комуникација“, телефонот е технологија за комуникација еден на еден. Интернетот како

основа за остварување на електронската трговија има потенцијал да го смени овој

медиумски стандард, давајќи им можност на корисниците сами да ги изберат содржините

кои ќе ги конзумираат. Интернетот обезбедува единствен модел за масовна комуникација

многу-кон-многу.

2.4.Фактори за прифаќање на елетронската трговија

Електронската трговија иако не се користи масовно и не е сеуште општо прифатена од

страна на малите и средни претпријатија сепак во последните години доживува свој подем.

Малите претпријатија ја користат електронската трговија на различни начини и

тоа: рекламирање, електронска пошта, продажба, бизнис трансакции и сл. Во Западна Европа или

во САД во овој бизнис се вртат неколку милијарди евра односно долари, во Македонија лани

обемот од интернет трговија е сведен на само околу 2 милиони евра.51

Може да се заклучи дека електронската трговија во работењето на малите претпријатија во

државата е недоволно прифатено, за тоа зборуваат и податоците застапени подолу во трудот.

Која било компанија која сака да креира веб страна во годините кои следувааат мора да ги земе

во предвид технологиите и процестите на интернетот како најважен дел од своите суштински

предности, а не како ротирање во различни компании.

Како бизнисите одлучуваат да се вклучат во електронската трговија треба да ги имаат во

предвид следните фактори:52

Фактор од пресудно значење за успехот на бизнисот во електронската трговија е начинот на

кој компанијата ја користи веб-поврзаноста и можностите кои таа ги креира за

51

http://ekonomski.mk/2013/10/26/анализа-колку-македонците-купуваат

52 Проф д-р Бобек Шуклев, Менаџмент на малиот бизнис (петто издание),Универзитет Св.Кирил и

Методиј,Економски факултет-Скопје,2011 стр.54 и 55

Page 49: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

46

трансформација на односите со своите добавувачи и продавачи, своите потрошувачи

и другите надворешни стејкхолдери;

Со цел остварување на успех во веб настапот компанијата треба да изработи план за

интеграција на вебот во статегијата на компанијата. Планот треба да содржи: дизајн и

содржина на страната, креирање и управување со името на брендот, маркетинг и

промотивни стратегии, продажба и услуги за потрошувачите;

Освен привлекувањето на купувачите истотака потребно е продлабочување и

одржување на односите со потрошувачите, што пак е од најголема важност за

вебот. Привлекувањето на потрошувачите преку веб создава трошоци и поради тоа

компанијата мора да биде во состојба д а ги з адр жи своит е o n- l i n e п отр ош ув ач и

з а д а ј а н апр ави св о јата в еб страна профитабилна. Користењето на веб страниците и

онлајн продавници на компаниите им овозможуваат да добијат повеќе информации за

потрошувачите, за вредноста на нивните производи. 53

Креирањето на значајно присуство на веб бара постојано инвестирањево ресурси, како на

пример: време, пари, енергија и талент. Изработката на атрактивна веб страна полна со

привлечни фотографии на производите е само почеток.

Исто така неопходно е да се врши мерењето на успехот на напорот на продажбата преку

веб базирана страна, се со цел да се остане важен кај потрошувачите чии вкусови, потреби и

склоности секогаш се менуваат.

2.5. Предности и ограничувања во електронската трговија

2.5.1.Предности во електронската трговија

Електронската трговија овозможува многу нови начини за бизнисите и потрошувачите да

комуницираат меѓу нив и да соработуваат. Има доста предности и недостатоци кај ваквиот начин

на воспоставување бизнис. Интернетот овозможува ширење и интеграција на географски

оддалечени и одвоени пазари. Како резултат на тоа, бројот на купувачи и продавачи кои постојат

на некој пазар постојано се зголемува. Електронската трговија обезедува низа предности како на

страната на организациите, така и за купувачите и општеството воопшшто.

53

Гарет Р. Џонс, Џенифер М. Џорџ- „Современ менаџмет“ 2008, стр.727

Page 50: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

47

Предности за организациите׃

Глобален успех- Електронската трговија ги шири пазарите на национални и

интернационални пазари. Со минимален трошок на капитал, компаниите ги лоцираат

купувачите, деловните партнери со кои би соработувале и сл. Ширејќи ја својата база на

купувачи и добавувачи ширум светот компаниите можат да купуваат поевтино и да

продаваат повеќе.

Намалување на трошоците-Електронската трговија ги редуцира трошоците за креирање,

обработка, складирање на информациите во хартиена форма.

Пониски цени ( ваквите компании обично обезбедуваат пониски цени, кои во оддредени

случани се клучни за успехот на компанијата),

Подобрувања кај алката на набавка-Неефикасноста на синџирот на снабдување како што е

прекумерен инвентар или доцнење во испораката може да се минимизираат со

електронската трговија.

Проширување на работното време (24/7/365);

Специјализација на потрошувачите-Произвотво по нарачка дозволува евтин начин за

специјализација на производите и услугите и обезбедува конкуренска предност за

компаниите кои ја имплементираат оваа стратегија. Добар пример се компјутерите Dell

Нови бизнис модели-Електронската трговија дозволува развој на многу нови иновативни

бизис модели кои обезбедуваат конкуренска предност и го зголемуваат профитот на

компанијата.

Специјализирани продавачи-Дозволува развој на специјализација која не е изводлива во

физичкиот свет. На пример може да се формира електронска продавница само за одреден

вид играчки

Пониски трошоци за комуникација- Интернетот е поефтин од WАN54

Ефикасна набавка-Електронската трговија овозможува ефикасна набавка која ќе ги намали

административните трошоци за дури 80% .

Диференцирање - Вклучува обезбедување на производи и услуги кои не се достапни

насекаде, на пример: Амазон при продажбата на книги, за разлика од другите книжари,

физички може да обезбеди и дополнителни услуги како комуникација со авторот, преглед

на книги, препорака на книги.

54

Безжичната мрежа ВАН(WAN) е мрежа која покрива големи површини.Овие мрежи можат да се користат за

поврзување на поголема група на канцеларии или бизниси како и за овозможување јавен интернет.

Page 51: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

48

Други користи -Подобар имиџ, подобри услуги за купувачите, полесно наоѓање на бизнис

партнери, полесен пристап до корисна информација, пониски транспортни трошоци,

помалку работа со документи, и.т.н.

Предности за купувачите׃

Побогат избор на производи и услуги-Електронската трговија им овозможува на

потрошувачите побогат избор на производи и услуги од повеќе понудувачи и повеќе

производи

Можност за купување 24 часа на ден, од било која локација;

Костумизирани производи и услуги; Како на пример што е достапна костумизација на

патиките на Nike. На нивнта веб-страна може да се врши прилагодување на патиките по

желбите на клиентот и да се изврши купување.55

Инстант добавување

Брзи споредби -Не само што купувачите можат да најдат голем број на производи on-line и

поевтини туку можат и брзо да ги најдат. На пример: купувачот немора да оди во неколку

книжарници за да пронајде поефтино одредена книга, туку користејќи средства за

пребарување како allbookstores.com или delatime.com за производи за широка

потрошувачка, купувачите можат да најдат што сакаат и да ги компарираат производите и

нивните цените.

Електронски заедници-Потрошувачите можат да се поврзат со други потрошувачи во

електронски заедници и да разменуваат идеи и искуства

Учество во аукции-Им овозможува учество во аукции каде што можат брзо да продаваат и

да лоцираат предмети особено колекционерите.

Достапност до информации-Потрошувачот може да лоцира соодветна и добра информација

за производот за неколку секунди.

Предности за општеството:

Помалку сообраќајна гужва, а со тоа и помалку загаден воздух;

55 http://www.nike.com/us/en_us/c/nikeid

Page 52: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

49

Повисок стандард на живеење- Некои производи можат да се продадат по пониски цени, со

што се овозможува и помалку богатите луѓе да купуваат повеќе и со тоа да го зголемат

сопствениот стандард на живеење

Домашна сигурност

Надеж за посиромашните-Луѓето од третиот свет руралните зони сега можат да уживаат во

производи и услуги кои порано им биле недостапни. Ова вклучува и можност за

учење,професионални вештини или добивање на диплома

Лесен пристап до јавните услуги- Како здраствени услуги, едукација и слично можат да

бидат направени по редуцирани трошоци и/или со подобар квалитет. Електронската

трговија им овозможува на доктори и сестри од руралните средини пристап до информации

и технологии со кои можат подобро да ги третираат своите пациенти.56

Некои конкуренски фактори стануваат помалку важни како резултат на електронската

трговија. На пример, големината на компанијата не мора да биде повеќе важна конкуренска

предост. Слично, локацијата ( близината на купувачите) игра се помалку важна улога, а јазикот

станува се помала баријара со помош на големиот број на програми за превод. Крајно состојбата

на производот е небитна за дигиталните производи кои не се предмет на нормално носење и

кинење.

Електронската трговија покажува ефективни пазари кои можат да функционираат во речиси

идеална конкуренција. Во такви пазари производот е произведен кога купувачот сака да плати

подеднакви маргинални трошоци за прозивотство на производот и ниту еден продавач или

купувач нема да влијае на условите на продажба или понуда индивидуално. Електронската

трговија може да обезбеди вакви или, приближно вакви услови. Интересно е да се обележи дека

леснотијата во наоѓањето е бенефиција и за купувачот ( изнаоѓање информации за производи,

продавачи, цени и сл) и за продавачот (изнаоѓање на информации за барањата и потребите на

купувачите за конкуренцијата и сл).

Може да се каже дека конкуренцијата меѓу компаниите во овој сектор е заменета со

конкуренција меѓу мрежните комуникации. Компаниите со подобри мрежи, рекламни

56 Проф. Д-р. Ристе Темјановски –„Е-бизнис“, Универзитет „Гоце Делчев„ Економски Факултет Штип, 2012 стр.173-177

Page 53: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

50

сопособности и врски со други Веб- компании ( како имање на врска со Аmazon) имаат

стратегиска предност. Исто така конкуренцијата е и во поглед на бизнис моделите кои се

појавуваат. Компанијата со подобар бизнис модел ќе победи.

2.4.2.Ограничувања во електронската трговија

Меѓу најспоменуваните бариери поврзани со електронската трговија се јавуваат::

сигурност, доверба и ризик, недостаток на квалификуван персонал, недостаток на бизнис модели,

култура, недостаток на јавна клучна инфраструктура, организација, измама, старата навигација

на Интернетот и легални проблеми. Ограничувања се јавуваат и на страната на купувачите и на

страната на компаниите.

Последните истражувања насочени кон утврдување на проблемите со кои се соочуваат

купувачите при купувањето преку интернет, а коишто негативно влијаат на нивниот интерес за

ваквиот начин на купување, покажува дека потрошувачите генерално се среќаваат со следните

проблеми:

Измама со кредитни картички

Недостиг на приватност

Неопходност од плаќање со претходно информирање

Недопирливост на асортиманот

Голем број на тела ширум светот работат на создавање на интернет постапки, процедури и

станадарди за безбеден пренос на податови ( SET – standardi- Secure Electronic Transaction)

Други форми на недостатоци кои можат да се појават во работењето на електронските интернет

центри се;

Рестрикции во претставувањето на малопродажбата на Интернет

Може да дојде до губење на флексибилноста во претставување на производите и услугите

на продавачите на мало

Доколку менаџерите на виртуелните трговски центри не ги реализираат добро

промотивните активности, може да се случи прометот на посетитетлите во електронската

продавница да биде несоодветен со очекувааниот промет

Page 54: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

51

Забавната содржина во рамките на електронските трговски центри може да доведе до голем

број на посетители но од несоодветна целна група што може да има за резултат и ниска

продажба.

Може да се ограничи правото на малопродажба и самостојно настапување на интеренет,

иако продавницата е лоцирана во рамките на електронскиот трговски центар што

подразбира барање сите потрошувачи да пристапат до неа преку пренасочување од

глобалниот оператор57

Од друга страна пак како најчести проблеми кои се наведуваат во врска со е-трговијата се:

Купувачот користи картичка издадена од една меѓународна картична организација (на

пример, Visa), а продавачот прифаќа уплати од картички издадени од други меѓународни

картични организации (на пример, American Express и MasterCard). На тој начин, купувачот е

спречен да направи нарачка.

Платежниот процес не соработува со одредени меѓународни картични организации и банки

кои ги издаваат картичките.

Кога трговецот отвора сметка во банка, не значи по автоматизам дека ќе може преку неа да

остварува прилив по трансакции изврщени преку интернет. Причина за ова е што интернет

трансакциите се уште се третираат као поризични во однос на класичната офлајн продажба.

Заради тоа банките, како и меѓународните картични мрежи, преку воспоставените правила и

политики, проверката на потенцијалниот интернет трговец и надоместоците што ги

наплаќаат ги намалуваат ризиците, но на еден начин и ја стеснуваат можноста за појава на

огромен број интернет трговци.

Интернет трговецот не врщи прием на нарачка, плаќања или испораки во одредени држави,

а поради големиот број измамнички трансакции извршени од определени држави,

користејќи фалсификувани кредитни картички, што поради проблемите со транспорт и

испорака на производи во други држави. Се уште е голем бројот на интернет трговци кои ја

ограничуваат продажбата само во определени држави.

57

Проф. Д-р. Ристе Темјаносвски –„Е-бизнис“, Универзитет „Гоце Делчев„ Економски Факултет Штип, 2012 стр.178

Page 55: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

52

И покрај големиот развој, сепак електронската трговија сеуште учествува со мал процент

во вкупната светска трговија и таа е само еден метод на трговија. Електронската средина зa

тргување преку електронски пазар како посредник има свои правила кои регистрираните

учесници треба да ги почитуваат. Електронското работење со сите свои новитети и погодности

значајно го олеснуваат склучувањето на договори, а со тоа и го зголемуваат нивниот број, кој се

рефлектира и на обемот на е-трговија. И секако ништо не ја намалува важност за физичко

извршување на електронски склучени договори. Нивната важност и сила е подеднакво важна

како и кај физички склучените договори. Всушност тие се само начин за приспособување и

адаптирање кон посовремени услови на живеење и работа, одраз на брзиот технолошки развој

како и развој на нови деловни модели и сервиси.

2.5. Значење на електронската трговија

Електронската трговија за информационата револуција е исто што железницата беше за

индустриоската револуција-потполно нов и неочекуван равој на нештата. Како и железницата и

електронската трговија направи нов бум, правејќи промени во општеството, политиката,

земјоделството. Во новата ментална мапа која ја направи железницата човекот беше во можност

да ја надмине географската одалеченост, додека со електронската трговија секаква пречка

поврзана со одалеченоста е надмината. Во вакви услови претпријатијата мораат да станат

конкурентни во светски размери, иако произведуваат и продаваат само на локалниот пазар.

Конкурентноста не е повеќе локална, всушнот таа сега не познава граници.Секоја компанија

според начинот на кој таа се управува мора да стане мултинационална.

Прашањето што се поставува во врска со електронста трговија е: Кои производи можат

да се вклучат во електронската трговија, кој е нејзиниот опфат? Еве некои примери поврзани со

оваа дилема. Постоело убедување дека за неколку децении печатениот збор ќе се праќа

електронски на секој поединечен претплатник. Но во тој период никој не предвидувал и

компанија како што е Amazon.com, односно ситуација во која книгите ќе се продаваат на

Интернет, но ќе се дистрибуираат до купувачите во печатена верзија. Уште еден пример се

однесува на автомобилска индустрија, каде голем дел од компаниите во оваа индустрија

направиле студија за влијанието на Интернетот врз нивниот бизнис. Од студијата било заклучено

дека Интернетот ќе стане главен дистрибутивен канал за поволните автомобили, но сепак

купувачите ќе сакаат да го видат новиот автомобил, да го допрат и да направат пробно возење. За

Page 56: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

53

сега во овој сектор најголем дел од половните автомобили не се купуваат преку Интернет, туку

кај продавачот на автомобилите дирекно. Но дури половина од новите автобили ( освен

луксузните) сега нависина се „купуваат“ преку интернет. Продавачите само го испорачуваат

автомобилот кои купувачите го избрале.

Електронската трговија се појави и во области каде претходно не можеше да се зборува за

“трговија“, на пример професии како менаџери, стручњаци. Скоро половина од најголемите

светки компании сега регрутираат работна сила преку сајтови, а околу 2,5 милиони менаџери и

стручњаци ( од кои две третини не се ни инжињери, ни стручњаци од областа на компјутерите) ги

имаат поставено своите биографии на интернет и на тој начин бараат работа. Вака се појави

сосема нов пазар на работна сила.58

За значењето на електронста трговија говорат и статистичките податоци за застапеноста

на електронската трговија во светки размери.

Во последниве години, информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) го сменија

тeкот на светот: животниот стандард во целиот свет се подобрува, луѓето имаат можност да

бидат повеќе поврзани и продуктивни, се зголемува ефикасноста и иновациите. ИКТ стана, во

многу кратко време, широко достапни за организации и поединци, во поглед на пристапноста,

како и во однос на трошоците.

Според студијата на компанијата Merryl Lynch од 1999 год. на Интернетот му требале 7

год, за да навлезе во 25% од домаќинствата од САД во споредба со телефонот на кого му требале

35 год.59

58 F. Drucker and Arthur Morey „Managing in the Next Society “ by Peter (Jul 19, 2002) pg.16 59

Petar Kocovic , “Internet marketing” , Trece izdanje, Beograd 2012

Page 57: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

54

Графикон бр. 7 Број на години кои се потребни за одредена технологија да навлезе во 25% од

домаќинствата во САД

*Извор: Petar Kocovic , “Internet marketing” , Trece izdanje, Beograd 2012

Денес, електронската трговија е една од најважните апликации достапни на Интернет.

Извршување на бизнис преку интернет, преставува брзо растечки пазар, главно поради

придобивките кои оваа форма на трговија ги обезбедува. Електронската трговија ја елиминира

бариерите на време, простор и дистанца. Поединци и организации се целосно слободни да купат

и да продадат нешто што сакаат со само еден клик. Друга предност е дека трансакциите се побрзо

се случуваат и грешките при обработката се елиминирани. За една компанија, можеби

најважната предност е во тоа што е-трговија ја зголемува профитабилноста, преку намалување на

трошоците, привлекување на нови клиенти, како и проширување на пазарот.

Како резултат на кризата од 2007 год. многу компании беа принудени да го намалат

бројот на вработени. Оттука, стапката на невработеност се зголеми и предизвика намалување на

потрошувачката. Сè се должи на зголемената цена на нафтата па превозните трошоци се

зголемија. Со други зборови, тоа е многу важно прашање за компаниите од електронски е-

трговија индустрија , бидејќи тие не можат да го избегнат превозот на нивните производи.

Превозот стана еден од најголемите оперативни трошоци за онлајн бизнисот. Од друга страна

населението во светот постојано расте, особено во земји од третиот свет. Ова е добро за сите

индустрии, затоа што тоа значи и повеќе потенцијални клиенти. Следствено на тоа, население

кое користи интернет се зголемува во многу голема брзина. 60

60 www.comscore.com

Page 58: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

55

Графикон бр. 8 Ефекетитет од кризата врз е-трговијата во светот, 2007-2010год.

*Извор: www.comscore.com

Денес користење на компјутер е потребна вештина за извршување на работата. Едно

нешто што треба да се има во предвид е стилот на животот, кој направи луѓето да имаат помалку

време за шопинг. Луѓето претпочитаат online шопинг, бидејќи тие лесно можат да направат

споредаба на цените и секогаш да најдат поевтини. Во најмала рака, технологијата е сигурно една

од најважните движечки сили во onlineshopping индустријата. Технолошките промена се

случуваат со многу забрзано темпо. Тоа е многу критично за онлајн бизниси. Клиентите секогаш

сакаат нешто подобро, поедноставно. 61

Графикон бр.9 Електронската трговија како процент од вкупната продажба/приходи/испорака во

САД за 2011 год.

*Извор: http://www.census.gov/econ/estats/2011reportfinal.pdf

61 http://www.census.gov/econ/estats/2011reportfinal.pdf

Page 59: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

56

Извештајот на производителите од САД покажува дека испораката преку електронска

трговија изнесува $ 2,7 трилиони, што претставува 15,3 % повеќе во однос на 2010 год. Додека

вкупната испорака изнесува $5,5 трилиони, која се зголеми за 12,1% во однос на 2010 год. кога

вкупната испорака изнесувала $4,9 трилиони. Испораката преку електронска трговија е

приближно половина од вкупниот број на парaтки во 2011 год. односно 49,30% од вкупниот број

на пратки во споредба со 2010 год. кога опфаќала 47,30% . Во поглед на трговијата на големо во

САД во 2011 год. во електрпонската трговија е остварена продажба од $1,6 трилиони, во однос

на 2010 година кога изнесувала 1,4 трилиони. Продажбате преку електронска трговија во овој

сектор во 2011 год. опфаќа 24,30% од вкупната продажба остварена во трговијата на мало, што не

е голема разлика во однос на 24,8% од 2010 год. Додека во услужната индустрија преку

електронска трговија беа остварени приходи од $346 билиони. Продажбата на електронската

трговија во вкупната продажба во одделот услуги во 2011 год. учествува со 3%, што претставува

мал пораст од 2,7% во 2010 год.62

Графикон бр.10 Квартална проценка на учествота на електронската трговија во вкупната

продажба во трговијата на мало во САД , 2004-2013 год.

*Извор: http://www.census.gov/retail/mrts/www/data/pdf/ec_current.pdf

Електронската трговија во вкупната продажба во трговијата на мало учествуваше со

4,70% во 2011 год. Додека вкупната вредност на оваа продажба во 2011 год изнесува $ 194

билиони. Електронската трговија во трговијата на мало според податоците на Заводот за пописи

при одделот за трговија во САД во вториот квартал од 2013 година оценеил дека не

прилагодената вредност на продажбата преку е-трговија изнесува околу $64, 8 билиони, тоа е

околу 5, 8% од вкупната продажба во трговијата на мало.

62

http://www.census.gov/retail/mrts/www/data/pdf/ec_current.pdf

Page 60: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

57

Период Трговија на мало Е-трговија како

процент од вкупно

Промена во процент од

претходен период

Промена во процент од истиот

период во претходна година

Вкупно Е-трговија Вкупно Е-трговија Вкупно Е-трговија

Прилагодени

II квартал од 2013

1, 126, 213 64, 765 5,80 0,9 4,9 4,7 18,4

I квартал од 2013

1,116,538 61,72 5,50 1,1 3,7 3,9 16,4

IV квартал од 2012

1, 104,646 59, 545 5,40 1,4 4,4 4,5 15,5

III квартал од 2012

1, 089,726 57, 051 5,20 1,3 4,3 4,9 17,7

IIквартал од 2012

1, 075, 710 54, 686 5,10 0,1 3,1 4,6 15,6

Неприлагодени

II квартал од 2013

1, 138, 866 60, 219 5,30 7,9 3,6 4,5 18,4

I квартал од 2013

1,055,907 58,132 5,50 -8,7 -19,3 3 16,3

IV квартал од 2012

1, 156,432 72, 073 6,20 7,2 37,6 4,5 15,7

III квартал од 2012

1, 078,636 52, 368 4,90 -1 2,9 4,2 17,3

IIквартал од 2012

1, 090,070 50, 873 4,70 6,3 1,7 4,5 15,6

Табела бр. 4 Квартална проценка на трговијата на мало во САД; вкупно и електронската трговија

*Извор: http://www.census.gov/retail/mrts/www/data/pdf/ec_current.pdf

Недостатокот на трговските бариери меѓу земјите членки на Европската унија нуди

голема можности за бизниси во областа на електронската трговија. Ова е навистина важно за

компаниите од типот Amazon.com , eBay, Eastbay итн.

Европската унија има голем потенцијал во областа на е-трговија. Преку е-трговијата

може да се промовира конкуренцијата, да им овозможи на бизнисите да развијат нови односи со

своите клиенти врз основа на понудениот модел. Сепак, пазарот на европската електронска

трговија не може да се гледа како еден единствен пазар, бидејќи постојат големи разлики од земја

до земја. Во реалноста, како тоа може да биде забележани од сликата подолу, Европската

електронска трговија на пазарот се состои од неколку пазари. Прво, пазарите во развој, за кои

поголем дел од статистичките податоци се неверодостојни, особено во Источна Европа, во земји

каде бројот на корисници значително се намали, како што се Романија (4%), Бугарија (5%), или

Page 61: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

58

Грција (12%). Тука процентот на лицата кои користат интернет за нарачување стока или услуги е

меѓу 4% и 12%. Второ, растечки пазари, во кои статистички податоци се помеѓу 12% и 56%,63

Слика бр. 1 Користење на интернетот од страна на поединците за нарачување стока или услуги во

2011 година, ЕУ (процентот за лица на возраст од 16-74)

*Извор: E-COMMERCE ACROSS EUROPEAN UNION, Paula and Elena Diacon, 2011

Од 2009 до 2010 година процентот на претпријатија кои одбрале да ја користат

електронската трговија во ЕУ се зголемил од 12% до 13%, како што може да се забележи од

графиконот. Сепак броевите се разликуваат од земја до земја: 36% од сите претпријатија во

Белгија одбрале да користат електронската трговија, во 2010 година, во Данска 25%, а во

Шведска 24%. Во Латвија и Романија само 6% го направиле тоа, а во Бугарија и Италија само

4%.Кај сите членки на ЕУ, бројот на претпријатија кои избираат да користат електронски

трговија се зголеми, или, во најлошо сценарио, се одржуваше во константа (на пример, Италија),

ако ги во споредба со претходната година. Во 2009 година, 64% од претпријатијата во земјите

членки имале сопствени веб страници.

Европската B2C е-трговија се развивала исклучително добро. Во 2010 година Европа ја

престигна САД, најголемиот пазар во светот до тогаш. Во 2012 година Европската B2C е-

трговија, вклучувајќи ги и online трговијата на мало стоки и услуги, како што се онлајн

резервации за патувања, одмори и други билети, преземања итн, се зголеми за 19,0% за да се

постигне € 311,6 милијарди. Стапки на раст во зрели земји како Велика Британија, Холандија,

Шведска и Норвешка се забавува на околу 10-15%, додека Германија, Франција, Италија и

Шпанија се зголемува за околу 20-25% и повеќе, како на бројот на интернет корисници и така и

63

http://epp.eurostat.ec.europa.eu

Page 62: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

59

бројот на купувачи кој продолжува да расте. Најбрзорастечки пазари се оние од Источна и

Југоисточна Европа: Русија, Полска, Украина, Турција и Грција, каде што годишната стапка на

пораст се очекува да достигне 30 до 40% и повеќе во следните неколку години.64

65

Графикон бр. 11 Процент на претпријатија кои продаваат преку интернет или друга мрежа во ЕУ,

2011 год.

*Извор: http://epp.eurostat.ec.europa.eu

Во просек обртот од електронска трговија во ЕУ е 14%, како што може да се забележи од

графикото. Најголем процент на обрт од електронската трговија, речиси една четвртина, беше

реализирана во Ирска (24%), проследено со Норвешка (21%), и Република Чешка (19%).

Најниски проценти се реализира во Кипар (1%), Бугарија (2%) и Романија (4%). Во 2008 година,

претпријатијата генерираа обрт од електронската трговија од 12%. Во овој период, 73% од

прометот во електронска трговија беше направен од рамките на земјата, 19% од другите земји-

членки и 8% надвор од Европската Унија. 66

64

European B2C Ecommerce Report 2013

65 http://epp.eurostat.ec.europa.eu

66 http://epp.eurostat.ec.europa.eu

Page 63: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

60

Графикон бр.12 Обрт на претпријатијата од електронска трговија во ЕУ, 2009 год.

*Извор: http://epp.eurostat.ec.europa.eu

2.6.Разлика меѓу електронската трговија и електронскиот бизнис

Во коснултанските и бизнис круговите постојано се дебатира за значењето и

огранчувањата помеѓу електронската трговија и електронскиот бизнис. Едни тврдат дека

електронската трговија ги опфаќа севкупните организациски активности засновани на

електроника кои што ги поддржуваат пазарните размени на компанијата вклучувајќи ја целата

информациона системска инфраструктура на компанијата. Од друга страна пак, други тврдат

дека електронскиот бизнис ја опфаќа севкупноста на внатрешните и надворешните активности

засновани на електрониката, вклучувајќи ја и електронската трговија.

Врз основа на погоре споменатато важно е да се направи разлика помеѓу електронстат

трговија и електронскиот бизнис. Електронскиот бизнис се однесува примарно, на дигитално

овозможување на трансакциите и процесите во компанијата, вклучувајќи ги и информациските

системи под контрола на компанијата. Електронскиот бизнис не ги вклучува комерцијалните

трансакции кои што подразбираат размена на вредност. На пример, интернет контролираните

системи на компанијата спаѓаат под електронски бизнис но тие сами по себе не креираат никакви

приходи за компанијата од надворешни бизниси и потрошувачи како што тоа го прави

електронската трговија. Меѓутоа точно е дека таа инфраструктура овозможува поддршка за

интернет разментата која се случува во електронската трговија.

Page 64: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

61

Слика бр.2 Разлика меѓу електронскиот бизнис и електронската трговија

Електронската трговија претежно ги вклучува трансакциите надвор од кои границите на

компанијата. Додека електронскиот бизнис првенствено ја вклучува примената на дигитална

технологија за вршење на бизнис процесите внатре во компанијата.

2.7. Видови електронска трговија

Во однос на природата на трансакциите или интеракциите ја имаме следната

класификација на електронската трговија׃

1. Бизнис-Бизнис (business-to-business, B2B). Модел на електронска трговија каде сите

учесници се од бизнис секторот или други организации.67

B2B е најголема форма на

електрoнска трговија. Според Студијата за проучување на B2B набавките за 2013

направена од Acquity Group, повеќе од половина 57%, од бизнис купувачите купиле стока

преку интернет во 2013 год.68

Постојат два примарни бизниси модели кои се употребуваат

во B2B електронскатат трговија: интернет пазари ( кои ги вклучуваат електронските

дистрибутери, електронски компании за набавка и размена) и индустриските конзорциуми и

приватни индустриски мрежи ( кои ги вклучуваат интернет мрежите на секоја поединечна

67

Efraim Turban, „Electronic commerce: A Managerial Perspective 4/E,“ Prentice Hall, 2006

68 https://www.internetretailer.com/2013/05/31/b2b-e-commerce-poised-growth

Page 65: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

62

компанија и интернет мрежата на целата индустрија). Целта на трговијата бизнис-бизнис, е

да ја зголеми профитабилноста од произвотвото и продажбата на добра и услуги. Трговијата

бизнис-бизнис ја зголемува профитабилноста, бидејќи преку неа можат да се намалат

оперативните трошоци на компанијата или пак можат да го подобрат квалитетот на

производите. Главна платформа за вршење на бизнис-бизнис трговија е пазарот за

електронска бизис-бизнис трговија.69

2. Бизнис-Корисник (business-to-consumer, B2C). Модел на електронска трговија каде

бизнисите продаваат на индивидуални купувачи. B2C е-трговија генерирала износ помеѓу

$ 400.000.000.000 и 600.000.000.000 $ во 2010 година, а се предвидува до 2015год. овој

пазар да генерира износ и до $ 700.000.000.000 и 950.000.000.000 $.70

Се јавуваат различни

бизис модели во рамките на B2C електронската трговија како: портали, продавачи на мало

преку интернет, трансакциски посредници, провајдери на услуги, провајдери за социјално

поврзување, провајдери за содржини.

3. Корисник-Бизнис (consumer-to-business, C2B). Модел на електронска трговија каде

индивидуалци го користат Интернетот со цел да продадат одредени производи или услуги

на организации или бизниси.

4. Корисник-Корисник (consumer-to-consumer, C2C). Модел на електронска трговија каде

купувачите директно им продаваат на други купувачи. За таа цел се присутни уредувачи на

пазартот како Ebay. Во C2C електронската трговија потрошувачот го подготвива

проиводот за пазарот, го поставува производот на аукција или продажба, и се потпира на

уредувачот на пазарот кој што обезбедува каталог, пребарувач и капацитетите за

порамнување на трансакциите, со цел производите лесно да бидат прикажани, откриени и

наплатени.

5. Мобилна трговија (mobile commerce, m-commerce). Активности и трансакции на

електронска трговија спроведени во безжично опкружување. Овие активности се

спроведуваат преку мобилни телефони, уреди како што се Iphone телефони, Android,

Blackberry телефони како и преку пресонални компјутери со веб мрежи. Кога веќе еднаш ќе

се поврзат, потрошувачите можат да вршат трансакции, вклучувајќи, тргување со акции,

69

Гарет Р. Џонс, Џенифер М. Џорџ- „Современ менаџмет“ 2008 стр.726

70 http://www.reportlinker.com/ci02106/E-commerce.html

Page 66: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

63

ценовни компарации во продавниците, банкарски активности, резервации за патување и

многу повеќе.

6. Размена-Размена (exchange-to-exchange, E2E). Формален систем кој поврзува две или

повеќе размени.

7. Бизнис-Вработени (business-to-employees, B2E). Модел на електронска трговија каде

организацијата испорачува производи, услуги, или информации до нејзините

индивидуални вработени.

8. Бизнис-Влада (business-to-government, B2G). Модел на електронска трговија каде имаме

јавни набавки на владата, плаќање царини и даноци од страна на компаниите по

електронски пат.

9. Влада-Корисник (government-to-consumer, G2C). Модел на електронска трговија каде

имаме јавни услуги насочени кон индивидуалните корисници по електронски пат.

10. Корисник-Корисник ( P2P) електронската трговија P2P се однесува на технологија

којашто им овозможува на интернет корисниците да споделат дирекно меѓу себе датотеки и

компјутерски ресурси без да се приклучуваат на централниот веб-сервер. Бизнис моделите

коишто ја поддржуваат P2P трговијата се невообичаени, во многу случаи незаконски и под

постојан притисок од властите. До сега најраспространета P2P интернет мрежа е Бит

Торент ( Bit Torrent).

2.8.Бизнис модели во елетронската трговија

Бизнис моделите во електронската трговија можат да се однесуваат на електронската

трговија бизнис-кон-потрошувач, бизнис-кон-бизнис, потрошувач-кон-потрошувач, бизнис

модели кои се однесуваат на корисник-кон-корисник, како и бизнис модели во мобилната

трговија.

Бизнис модели преку кои се остварува електронска трговија бизнис-кон-потрошувач се:

Портал. Порталите, како на пример Google, Yahoo, MSN/Windows Live и други им нудат

на корисниците моќни алатки за пребарување на веб-мрежата, како и интегрирани пакети од

содржини и сервиси, како вести, размена на инстант пораки, електронска пошта, календари,

купување на музика, преземање, видео содржини и повеќе и се на едно место. Тие се нудат како

место каде што корисниците ќе сакаат да започнат интернет пребарување, со недеж дека ќе се

задржат долго на порталот за да читаат вести, да пребаруваат содржини и сл. Порталот дирекно

Page 67: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

64

не продава ништо-или барем така изгледа- па тие можат да се наметнат себеси како непристрасни

за корисниците. Иако постојат многу портали, како најкористени се Google и Yahoo.71

Обезбедувачи на содржини. Обезбедувачите на содржини дистрибуираат содржини

коишто содржат информации, како видео содржини, музика, текст, фотографии, уметност преку

веб-мрежата. Компаниите што обезбедуваат содржини можат да заработуваат преку наплаќање

на претплата. Други вакви компании им наплаќаат на клиентите за спуштање на содржините.

Клучно за успехот на ваквите обезбедувачи на содржини е поседувањето на содржини. Некои од

нив не поседуваат содржни туку само собираат од други и ги дистрибуиораат. Која било

компанија, која сака да заработува преку електронска трговија преку обезбедување на содржини,

веројатно ќе се соочи со потешкотии доколку немаат свој извор на информации каде што другите

неимаат пристап.

Брокери за трансакции. Страните коишто процесираат трансакции за клеинтите, што

вообичаено се вршат лично, преку телефон или по пошта се нарекуваат брокери на трансакции.

Најголеми индустрии кои го користат овој модел се компании за финансиски услуги, патнички

компании и сервиси за работни места. Брокерите заработуваат секогаш кога ќе се случи

трансакција. Компанијата добива одреден надомест на база на паушален износот, процент,

променливи стапки во зависност од големината на трансакцијата,

Креатори на пазари. Креаторите на пазар создаваат дигитално опкружување каде што

можат да се сретнат купувачите и продавачите, да се претстават производите, да се пребаруваат

проиводите и да се формираат цени. Пазарните можности на креаторите на пазар се релативно

големи доколку имаат финансиски ресурси и маркетиг план за да привлечат доволно купувачи и

продавачи на пазарот.

Даватели на услуги. Интернет продавниците продаваат производи преку Интернет,

додека давателите на услуги продаваат услуги преку Интернет. Има голем број на услуги на

интернет кои се достапни, но не се препознават, како споделувањето на содржини, фотографии,

генерирани од корисниците се нудат на клиентите. Освен нив сé поголем раст покажуваат

услугите како финансиско и пензиско планирање преку интернет, плаќање на медицински

сметки, препорачување на патувања и слично. Давателите на услуги обезбедуваат приход на

71

http://webtrends.about.com/od/webportals/a/topten_portals.htm

Page 68: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

65

различни начини. Некои наплаќаат одреден надомест, други месечна претплата, додека трети

остваруваат приход од други извори како огласување.

Страни за креирање на заедници. Ваквите страни се страни кои создаваат дигитално

интернет опкружување каде што луѓето со слични интереси можат да вршат трансакции, да

споделуваат фотографии, содржини, да споделуваат интереси, да купуваат и продаваат

производи. Токму ваква основа создаваат голем број на социјални мрежи како Facebook,

MySpace, Twitter, како и стотици страници кои се наменети за одредена целна публика. Денес

популацијата на овие страници е голема која отвора голем број на можности и за промоција на

бизисот како и за реализација на истите. Преку нив, особено за малите претпријатија е можност

за евтина промоција на бизнисот.

Кај електронската трговија бизнис-кон-бизнис, бизнис модели се:

Електронски диструбутер. Компаниите што испорачуваат производи и услуги дирекно

на индивидувалните бизниси се нарекуваат е-дистрибутери. Е-дистрибутерите се во сопственост

на една компанија која се стреми да опслужи многу клиенти. Колку повеќе производи и услуги

нуди е-дистрибутерот на својата страна толку попривлечен е за своите потенцијални клиенти.

Купувањето од еднa локација секогаш се претпочита во однос на посетувањето на бројни

страници за да се лоцира одреден дел или производ.

Електронска набавка. Компаниите за е-набавка креираат и продаваат пристап до

дигиталните електронски пазари. Таквите компании, како на пример ARIBA, имаат креирано

софтвер кој им помага на големите компании да го организираат нивниот процес на набавка

создавајќи дигитални пазари за поединечни компании. ARIBA 72

има креирано кориснички-

пристапен интернет каталог ( каде компаниите добавувачи можат да ги наведат своите

производи) за компаниите да набавуваат. B2B давателите на услуги заработуваат од надоместоци

за трансакциите, надоместоци базирани на бројот на работени страници за коритење на услугата,

или пак годишни надоместоци за лиценци. Тие им нудат на компаниите софтверски алатки за

управување со синџирот на набавка што им овозможува на компаниите да ги намалат трошоците

за синџирот на набавка.

72

http://www.ariba.com/about/the-networked-economy

Page 69: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

66

Електронска размена на залихи. Овој вид на пазар има голем број на купувачи и

набавувачи и се фрмира заедничка, генерално профит-максимизирачка цена со помош на

дефинираните механизми. Има неколку методи со помош на кои може да се имплементира една

ваква аукција. Два од нив се базични.Во класичната двојна аукција, прво купувачите и

набавувачите се наддаваат. Потоа овие наддавања на купувачите се сортираат по опаѓачки

редослед, а наддавањата од продавачите по растечки редослед. Откако наддавањата се

направени, аукцијата се затвора и аукционерот ја детерминира цената преку која е овозможена

максимална добивка.73

Берзи. Берзите привлекуваат најмногу внимание од B2B електронската трговија поради

можноста што ја нудат за рано финасирање поради потенцијалната големина на нивниот пазар,

иако тие опфаќаат само дел од севкупната B2B слика. Берзата е независен дигителен

електронски пазар каде добавувачите и комерцијалните купувачи вршат трансакции. Берзите,

вообичаено, се во сопственост на нови компании за претприемништво чиј бизнис е создаден на

пазар, а тие генерираат приходи наплатувајќи провизија или надомест на основа на големината

на извршените трансакции помеѓу страните што тргуваат.

Индустриски конзорциуми. Се вертикални пазари во сопственост на индустријата и

опслужуваат специфични индустрии, како автомобилската, хемиската, цветната и слично.

Спротивно на нив, хоризонталните продаваат производи и услуги на широк опсег на компании, а

вертикалните пазари обезбедуваат производи и услуги од посебен интерес за нивната индустрија

на помал број на компании.

Приватни индустриски мрежи. Приватните дигитални мрежи се дигитални мрежи

дизајнирани да го координираат текот на комуникациите меѓу компаниите кои соработуваат меѓу

себе. Пример за ваква приватна индустриска мрежа е Walmart. Постојат два вида на приватни

индустриски мрежи: мрежи на единачни компании и мрежи за целата индустрија.

Што се однесува до бизнис моделите кај електронската трговија потрошувач-кон-

потрошувач прв и најдобар пример за ваков вид на бизнис е eBay. Со eBay и воведувањето на

интернет аукции, потрошувачите немораат да ги извлекуваат работите надвор од своите домови

73

Arnold Picot, Ralf Reichwald, Rolf Wigand: „Information, Organization and Management“; Springer-Verlag Berlin

Heidelberg, 2008

Page 70: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

67

и канцеларии за да ги продадат. За возврат на поврзувањето на купувачите и потрошувачите eBay

добива мала провизија. Колку повеќе аукции толку повеќе eBay заработува.

Како и C2C моделите, така и P2P бизнис моделите ги поврзуваат корисниците,

овозможувајќи им да споделат датотеки и компјутерски ресурси без заеднички сервер. Фокусот

на P2P компаниите е да им помогнат на индивидуалните корисници да ги направат

информациите достапни за сите, поврзувајќи ги корисниците на веб-мрежата. Од историска

гледна точка, софтверската технологија корисник-кон-корисник се користи за да овозможи

споделување на музички датотеки заштитени со авторки права, прекршувајќи го законот за

дигитални авторки права. Предизвик за Р2Р компаниите е да се развијат изводливи, легални

бизнис модели коишто ќе им овозможат да заработаат.

За разлика од претходните, м-трговијата ги зема традиционалните модели за електронска

трговија и користи безжична технологија за да овозможи мобилен пристап до веб-мрежата.

Безжичната веб-технологија се користи за да овозможи проширување на постоечките веб-бизнис

модели.

Во основата на м-трговијата се преносливите мобилни уреди и паметните телефони.

Паметните телефони ќе заземаат значајно место во Европа,а и во Азија и Африка.74

Продажбата

на паметни телефони се предвидува да биде во постојан пораст и отвора големи можности за

развој на м-тровијата.

Графикон бр.13 Процент на продажба на паметните телефони во вкупната продажба на преносни

уреди

*Извор: Petar Kocovic „ Informatica Postmoderna”-Trece izdanje, , Beograd, 2012

74Petar Kocovic „ Informatica Postmoderna”-Trece izdanje, , Beograd, 2012

Page 71: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

68

2.8.1. Електронска продавница како средство преку кое се спроведува

електронската трговија

Како и нормалните бизнис трансакции, електронските продавници се обично оперирани

од еден набавувач (дилер или производител). Набавувачот се поврзува со индивидуалниот

купувач преку овој вид на продавници. Договорот и размената на производи/услуги се

материјализира откако ќе се спроведат преговорите. На WWW вакви видови продавници се веб

сајтовите, каде може да се врши споредба, да се избира, и секако да се набавуваат производи.

Електронскиот пазар се создава кога повеќе електронски продавници се натпреваруваат за

купувачите. Најважните предности кои ги носи купувањето преку Интернет се тоа што

купувачите повеќе не патуваат за да купат нешто, овие продавници се достапни 24 часа и може

да се направи лесна споредба меѓу повеќе понуди на набавувачите. Исто така, не треба да се

потцени и заштедата на време.

Во електронската продавница аналогно на физичката продавница од „тула и малтер“

купувањето се врши меѓу потрошувач и бизнис, процес кој се нарекува бизнис-потрошувач (

B2C). Додека во случај каде што бизнис купува од друг бизнис, процесот е бизнис-бизнис

електронска трговија ( B2B). Најголеми вакви електронски продавници се корпорации како Ebay,

Amazon, Alibaba.

Првиот World Wide Web, серверот и веб прелистувач, создаден e од страна на Тим Бернерс-

Ли во 1990 година, отворен за комерцијална употреба во 1991 год. 75

Потоа, следните технолошки

иновации се појавија во 1994 година: online банкарство, на отворањето на online пица продавница

од Pizza Hut. Потоа Amazon.com ја формира својата електронска продавница 1995 година и eBay

исто така беше воведен во 1995 година.

Online корисниците мора да имаат пристап до Интернет и валиден метод на плаќање со цел

да се заврши трансакцијата преку е-продавницата. Општо земено, повисокото ниво на

образование одговараат на поповолни перцепции за online купувањето. Зголемена изложеност на

технологија, исто така, ја зголемува веројатноста од развивање на поволни ставови кон новиот

трговски канал. 76

Во декември 2011 год. според студијата направена од Equation Research каде

75

Palmer, Kimberly.(2007) News & World Report.

76 Bigne, Enrique (2005). "The Impact of Internet User Shopping Patterns and Demographics on Consumer Mobile

Buying Behavior"

Page 72: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

69

анкетирале 1.500 онлајн купувачи, сопственици на таблет било заклучено дека 87% од нив

направите онлајн трансакции со своите таблет уреди во текот на Божиќната шопинг сезона.77

Илјадници производи се достапни на Web од многубројните продавачи. Најпознати

категории се следните:

1. Компјутерски хардвер и софтвер. Dell и Gateway се едни од најпознатите online продавачи

на компјутерски хардвер и софтвер.

2. Електроника. Како примери може да ги наведеме: дигиталните камери, принтери, скенер,

безжични уреди и.т. н.

3. Книги и музика. Amazon и Barnesandnoble се едни од главните продавачи на книги.

4. Здравје и убавина. Разновидни производи за здравје и убавина се продавани online од страна

на најпознатите малопродавачи и специјализирани продавници.

5. Забава. Ова е уште една област каде илјадници производи, почнувајќи од билети за некој

настан па се до различни игри, се нудат од многубројните продавачи.

6. Облека. Преку костумизација на панталони, маици, па дури и чевли, online продажбата на

облека е во постојан пораст.

7. Накит. Следејќи го примерот на оние кои продаваат накит преку ТВ голем број на компании

сега продаваат накит online.

8. Автомобили. Продажбата на автомобили преку Интернет започна во 2004 и доста нарасна

до 2007.

9. Услуги. Продажбата на услужната индустрија, особено на транспортот, банкарството,

осигурувањето се во постојан пораст.

Кога зборуваме за електронската продавница и dot-com бумот кои истите го предизвикаат

тука е и успешната приказан на eBay. eBay е американска мултинационална компанија за

електронска трговија пред се ориентирана кон електронска трговија потрошувач-кон-

потрошувач, со седиште во Сан Хозе, Калифорнија. Таа е основана во 1995 година и стана

пример за успешна приказна за е-трговија. Компанијата денес е мулти милијардерски бизнис

со операции локализирани во повеќе од триесет земји 78

79

Компанијата работи врз основа на

77

http://mashable.com/2011/12/08/tablets-to-holiday-shop/

78 http://pages.ebay.com/globaltrading/buyer/index.html

79 http://pages.ebay.com/globaltrading/buyer/index.html

Page 73: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

70

онлајн аукција и веб-сајт за купување во кој луѓето и бизнисите купуваат и продаваат широк

спектар на стоки и услуги во целиот свет.

Меѓу првите предмети продадени врз основа на идејата за eBay бил скршен ласерски

покажувач за $14.83.80

Куповачот го купил овој производ бидејќи бил колекционер за расипани,

скршени ласерски покажувачи. Од тогаш растот на компанијата беше феноменелен, во јануари

1997год. компанијата имаше околку 2.000.000, 00 аукции, споредбено со 250.000,00 во целата

1996год.81

Во 1998год. компанијата имаше 30 вработени и приходи од $ 4.7 милиони. Растот на

компанијата и нејзиниот успех продолжуваше низ годините, кога таа почна да соработува со

многу други компании. Во 2013 година според финансиските извештани на компанијаат истата

остварила приходи од $16.05 билиони, а имала до декември 2013 год 31.500 вработени.82

Милиони апарати, мебел, опрема, возила, козметички препарати, компјутери и

компјутерска опрема секојдневно се продаваат и купуваат на еBay, дури можат да бидат

понудени и нематеријални нешта на аукција на страната се додека е легално и не ги крши

правилата на eBay.

2.9.Електронската трговија и социјалните медиуми

2.9.1. Поим и видови социјални медиуми

Социјалните медиуми се однесуваат на средства за интеракција меѓу луѓето во кои се

создаваат, споделуваaт, разменуваат и коментараат содржини меѓу себе во виртуелни заедници и

мрежи. Концептите околу социјалните медиуми се јасни. Тие се поврзуваат со пријателите и

семејството, со луѓе кои ги делат нивните интереси и на крајот, луѓето ги користат социјалите

медиуми за да се поврзат со бизнисот.

Социјалните медиуми користат многу различни форми, како списанија, интернет форуми,

блогови, социјални блогови, микроблогирање, социјални мрежи, подкасти, фотографии или

слики, видео. Со примена на сет на теории од областа на медиумско истражување (социјална

присуство, медиумите, богатството) и општествените процеси (само-претставување, само-

80

http://ebay.about.com/od/ebaylifestyle/a/el_history.htm

81 The eBay Phenomenon by Elen Lewis publ2008 by Marshall Cavendish books page 36,

82 http://investor.ebayinc.com/faq.cfm

Page 74: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

71

откривање) Kaplan и Haenlein направиле класификација, составена од шест различни видовите

социјални медиуми:

заеднички проекти (на пример, Wikipedia),

блогови и микроблогови (на пример, Twitter),

заедничка комуникација, платформа за видео-блогирање (на пример,

YouTube),

сајтовите за социјално поврзување (на пример, Facebook),

виртуелни игри (на пример, Светска of Warcraft),

виртуелни социјални светови (на пр Second Life).

Интересот за социјалните медиуми и социјалното вмрежување расте од година во година.

Корисниците на социјалните мрежи сé повеќе се зависни од истите, односно нивното коритење за

нив е навика. а поголеми корисници на социјалните мрежи се жените. Сеуште се најпопуларни за

младата популација претежно студентите. Поголема е веројатноста ,од бизнис аспект, истите да

следат некој бренд отколку оние кои ретко ги користат социјалните медиуми или воопшто не ги

користат. Овие и многу други податоци за тоа кој се ги користи социјалните медиуми можат да

се потврдат и со податоците добиени од истражувањето:

1.Процентот на испитаници кои имаат свој профил на некоја од социјалните мрежи во

Facebook, Myspace, Linkedin или други се зголемува од година во година. Во 2010год. 48% од

испитаниците имаат свој профил на некој од социјалните мрежи, што е зачителен пораст во

поглед на 24% во 2008 год.

2. Користењето на социјалните медиуми станува навика за милиони луѓе. 30% од

корисниците на социјални медиуми се изјасниле дека ги користат социјалните мрежи неколку

пати на ден, додека 20% дека ги користат секој ден. Вакви биле резултатите во 2010год, во

споредба со 2009 година каде само 19% од испитаниците ги користат социјалните мрежи

неколку пати на ден.

3. Иако социјалното вмрежување сé побрзо се прифаќа од целата популација, сепак во

овие години сеуште најпопуларно е меѓу студентите и младата популација. 25% од

корисниците се на воздраст од 18-24 години.

Page 75: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

72

4. Жените се поголеми корисници на социјаните медиуми од мажите. 57% од корисниците

се жени.

5.Мобилниот пристап до социјалните медиуми придонесува за зголемено користење на

социјалните мрежи.

6. Лицата кои често ги користат социјалните медиуми помалку гледаат телевизија.

Честите корисници на социјални медиуми гледаат телевизија просечно 2часа и 50 митути во

споредба со целата популација која гледа околку 3 часа и 25 минути дневно. 83

2.9.2. Социјалните медиуми и бизнисот

Социјалното вмрежување им овозможува на компаниите да допрат до потенцијалните

клиенти без да потрошат прекумерен износ на пари за рекламирање додека остануваат во

контакт со сегашните клиенти. Присуство на компанијата на некоја популарната социјална

мрежа им сугерира на луѓето дека бизнисот е во тек со времето и со промените кои настануваат.

Основни причини кои се наведуваат заради што се користат социјалните медиуми во

бизнисот се:

Непосредноста-Технологијата на социјалните медиуми овозможува комуникација и

feedback во реално време што обезбедува компанијата да е проактивна во својот настап кон

потенцијалните можности и проблеми.

Надворешно влијание- Според годишниот извештај за социјалните медиуми само во

јули 2012 год. биле потрошени 121 билиони минути во САД.84

Леснотија-Практично нетреба воопшто време за да се создаде профил на социјалните

медиуми. Како и не е потребна хартија.

Бесплатно- Повеќе од апликациите на социјалните медиуми се бесплатни, а

создаваат огромна вредност за компанијата преку можноста за намалување на трошоците.

Feedback од потрошувачите-Социјалните медиуми обезбедуваат feedback од

потрошувачите, кој овозможува да се поодобрат услугите. Feedback на потрошувачите се

83 http://www.pamorama.net/ Истражување спроведено од Edison Research- The Social Habit: Who Uses Social

Media and How 84

http://www.cnbc.com/id/100275798

Page 76: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

73

обезбедува од постови за лошо искуство кај компанијата или од производот , па преку пофалби за

добро завршена работа.

Лојалноста кон брендот- Поголема е веројатнпоста да се препорача брендот доколку

тој бренд се следи на некој од социјалните медиуми.

Facebook, Twitter Word press, се најголемите социјални медиуми кои ги користат компаниите.

Facebook опфаќа 152.2 билиони посети во САД. Генарално, популацијата во САД троши околку

20% од своето време на некој од социјалните медиуми.85

Како клучни елементи на социјално вмрежување на бизнис сопственици се:

1.Веб сајт на бизнисот. Социјално вмрежување е идеално за искористување на евтини рекламни

можности и доближување до милиони потенцијални клиенти. Но, овие сајтови може да направат

толку за бизнисот. Социјалните мрежи се места каде што може да се собере експанзивна

публика, но штом ќе го има тоа внимание бизнисот мора да биде насочена некаде. Тоа место е

веб-сајт на бизнисот. Сајтот функционира како виртуелено седиште за брендот.

2.Бизнис профил. Една од најважните компоненти на социјалната мрежа на компанија е бизнис

профилот. Важно е да бидат вклучи сите релевантни информации како што се името на

компанијата, телефонски број, адреса, работно време. Исто така информации за проиводите и

услугите се неопходни, како и линк или повикување на веб-сајтот на компанијата. Може да се

додаде краток преглед на деловни цели, достигнувања и историја на бизнисот.

3.Релевантни "пријатели„ во мрежата. Изградба на база на "пријатели" е основна постапка во

социјално вмрежување за бизнис, бидејќи тие ќе ја шират рекламата до невидени пропорции.

Сепак, клучот за градење на ефективна мрежа на пријатели или фанови е изборот на соодветни

следбеници. На пример, ако произведуваат крзнени палта, барањето на врски со активисти за

заштита на животните може да го оштети угледот на бизнисот пред компанијата да може да

развие бренд. Пребарување на контакти во областа на модата или продажбата на мало ќе биде

далеку поефективна.

4.Содржини. Компанијата може да постира клипови и статии. Токму по тоа социјалните

медиуми се разликуваат од традициналниот начин на реклама и маркетинг. Поради можноста

фановите да коментираат и да постираат нови нешта овие медиуми и се нарекуваат социјални

85

http://www.cnbc.com/id/100275798

Page 77: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

74

бидејќи вкучуваат разговор и интеракција. Бизнисот може да ја објави новата реклама или да

направи промоција.

5.Активност. Честите активност се од суштинско значење за ефикасно и прогресивно социјално

вмрежување на бизнисот. Креирањето на ефикасен и добро составенен бизнис профил на

социјалните медиуми со бројни сајтови и населувањето на нив со илјадници релевантни врски е

ефикасен почеток. Но, конзистентноста е клучна за постигнување на целната линија.

6.Споделување. Една од најмоќните алатки за маркетингот во социјалните медиуми за бизнисот

е споделувањето, што е уште една причина зошто честите активности се императив. На

поголемиот дел од социјалните медиуми, само со еден клик бизнисот е во состојба веднаш да

сподели нешто.86

Социјалните медиуми нудат и низа предности во поглед на промоција на бизнисиот,

односно преку социјалните медиуми бизнисот може:

-да се поврзување со тековните клиенти. Користењето на социјалната мрежа овозможува да се

поврзе бизнисот со "пријател" на оние кои веќе ги користат услугите на бизнисот.

- да дојде до нови клиенти. Социјалните мрежи му даваат шанса на бизнисот да допре до нови

клиенти. Еден начин да се користат социјалните медиуми за да стаса компанијата до нови

клиенти е преку сегашните клиенти.

-отворена комуникација со клиентите. Социјалните мрежи и овозможуваат на компанијата да

ги информира пријателите и следбениците за определена распродажба како и за специјални

понуди брзо и поедноставно. Таа, исто така им овозможува на корисниците лесно да ја

контактираат компанијата. Ако клиентот има проблем, тој може тоа да го објави на ѕидот на

компанијата или да напише порака во која го објснува истиот. Ова овозможува брзо да се

реагира и компанијата да се обиде да ја ублажи состојбата. Купувачите може да објават

позитивни искуства со компанијата на страница, која е една од најдобрите типови на

рекламирање.

- мали трошоци. Речиси сите сајтовите за социјално вмрежување се бесплатни за употреба и тоа

и овозножува на компанија да оствари директен контакт со клиентите без да плати.

86

http://smallbusiness.chron.com/key-elements-social-network-business

Page 78: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

75

Присустството на социјалните медиуми во рамките на бизнисот се зголемува од година во

година. И денес постојат бизниси кои се вклучени во социјалните медиуми и бизниси кои не се.

Сепак оние кои ги користат социјалните мрежи барем експериментираат, со менувањето на

местото за комуникација, учат како да се прилагодат и да се поврзат во еден нов свет на

разговор, вмрежување. Според голем број на истражување од година на година сé повеќе се

зголемува интересот на бизнисите за социјално врежување. Едно такво истражување е

спроведено и од Универзитетот Масачусец. Според ова истражување интересот за социјалните

медиуми за бизнисот покажува дека во 2009 година поголем дел од бизнисите, поточно 43%

сметале дека социјалните медиуми се многу важни, за разлика од 2007год кога тој процент бил

само 26%.87

И покрај големото пристутсво на социјалните медиуми кај бизнисите па и кај малите и

средни бизниси, кај социјалното врежување на малите бизнисис се присутни и одредени заблуди

како:

Малите бизниси треба да биде на социјалните медиуми. Одредени студии покажале дека

31% од сопствениците на мали претпријатија не ги користат социјалните медиуми, бидејќи

нивните клиенти не ги користат. Ако тоа е случај, компанијата треба да пронајде каде се

клиентите и да најде начин како да стигне до истите. Брзањето, одредена компанија да

формира блог на одреден социјален медиум, на пример Twitter, придонесува целиот тој процес

таа да го направи непланирано.

Поставете ја и заборавете на неа. Компанијата не треба да очекува само да се вклучи во

социјалните медиуми и клиентите ќе дојдат. Експертите го споредуваат ова како изградбата

на продавница од тули и малтер и неставањето на знак надвор. Потребно е иста да биде

промовирана.

На социјалните медиуми не се зборува за бизнисот, бизнисот нетреба да биде присутен на

социјалните медиуми. Компаниите мислат дека доколку не се зборува конкрето за нивниот

бизнис на социјалните мрежи, тие нетреба да присуствуваат таму. Можеби се зборува за теми

кои се соодветни за вашиот бренд и неговата изградба. Од друга страна, можеби се зборува за

бизнисот, но на лош начин.

87 http://www.techi.comRocco Penn-How-social-media-fits-in-with-business-communications-Juli 2012

Page 79: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

76

Социјалните медиуми се само за емитување на пораки. Третирањето на социјалните

медиуми единствено како канал за еднонасочна комуникација е осудено на пропаст.

Компанијата треба да се консултира со своите следбеници „пријатели“, фанови, да бара

повратна информација од нив. Да одговара на прашања и коментари, се со цел да изгради

подобар однос со клиентите и соработниците.

За бизниси кои не сте внимателни, придржувањето кон овие заблуди може да биде голема

грешка. 88

Facebook: новото лице на електронска трговија

Со глобалната публика од над 950 милиони корисници ( јануари 2013)89

, од кои

50 % се вклучуваат секојдневно, Facebook има изградено информациона публика трета по

големина, зад Google и Yahoo. Во САД , бројот на корисници на Фејсбук изнесува преку 200

милиони.90

Facebook се позиционира како нов тип на e-трговија познат и како"Социјална е-

трговија. " Но, тоа не е сè. Како најголемата онлајн социјална мрежа, Facebook стана најголем

социјалeн пребарувач, најголемата онлајн социјална мрежа која емитува реклами и најголемата

мрежа каде можат да се нарушат сите правила на приватност. На кратко, Facebook наскоро ќе

биде најголемата мрежа за е-трговија. Тоа е центар околу светската е-трговија, како и местото

каде што се случуваат многу светски контроверзии од областа на е-трговија. Кога компанијата

излезе на берзa, оценката на аналитичарите беше дека во февруари 2012 година нејзината вредно

ќе биде помеѓу 75 и 100 милијарди долари.91

Во март 2013 година пазарна вредност на Facebook

беше 67 милиони $. Yahoo беше продаден за 6,32 милијарди долари, додека неговата вредност

на њујоршката берза изнесуваше над $25 милијарди . 92

Па што e всушност "социјална e-трговија "? Тоа е многу повеќе од рекламирање и чисто

кликнување на одредени производи. Многу повеќе од тоа само компанијата да има профил на

Facebook за да ги промовира своите производи и услуги. Повеќе од пребарувач кој емитува

реклами.

88http://mashable.com-Soren Gordhamer-4 Ways Social Media is Changing Business- septemvri 2009 89 "http://www.socialbakers.com/facebook-statistics/," 31 Januar 2012. 90 http://www.socialbakers.com/facebookstatistics/united-states. 91

"A fistful of dollars," The Economist, p. 9, 4-10 februar 2012.

92 http://www.nasdaq.com/symbol/yhoo.

Page 80: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

77

Во мај 2010 год. DisneyWorld објави апликација на Facebook “Disney Ticket Together”.

Апликацијата преку која клиентите може да купат билет за анимираниот филм „Приказна за

играчките“ преку Facebook. (Слика бр.6 Toy story 3 на Facebook)

Слика бр.3 Toy story 3 на Facebook

Потребно е само да дозволите апликацијата на Disney за продажба на билети да

пристапи до вашиот профил и ќе се појави листа на податоци за најблискта локација каде

цртаниот филм се прикажува. Постои опција за да поканите пријател и оваа опција добила околу

5 милиони „ like“. Резултатот беше одличен. Многу купиле билети за цела група .

Што беше невообичаено за оваа Дизни апликација? Тоа што трансакцијата се врши на Facebook

дирекно на профилот на Дизни, без потреба за истата да се оди на трета страна. Со други зборови

, Facebook се претвори во место за е-трговија , како Аmazon или eBay .

Наместо да се користи Google за пребарување, на Facebook можеме да ги прашамe

нашите пријатели кое е најдобро место за купување на одреден производ. Всушност, Facebook ќе

работат како еден вид на интернет пребарувачи, на база на социјална мрежа , во која и ние ќе

бидеме членки. Во иднина се очекува Facebook да развие систем кој ќе обезбеди безбедно

вршење на трансакциите како PayPal. 93

Google може да биде " база на пробни " купувања, но

Facebook е многу голема база на податоци со нашите имиња , локации , параметри, соништа и

аспирации кои ја обликуваат нашата желба за купување.

93

"The Value of Friendship," Tha Economists, pg. 19-21, 4 februar 2012.

Page 81: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

78

Можноста да се постигне ова преку Фејсбук, да се создаде социјална e-трговија

(исто така наречена с-трговија) делумно зависи од тоа колку компаниите се подготвени да ја

нападнат приватноста на своите клиенти. Facebook, Google и другите интернет гиганти во

иднина ќе ги префрлат нивните првични поставувања на " opt-out" на " opt-in" (што значи дека

корисниците мора и дадат дозвола на компании за користење на нивните податоци). 94

Ако

корисници изберат да не ja споделат нивната приватност слободно на Facebook, тогаш

платформата за е-трговија на Facebook ја намалува својата моќ, моќ која ја има врз база на

големиот број на достапни информации. Во изминатите три години, Facebook ја смени својата

политика на приватност. Наместо на политиките дека "само вашите пријатели да можат да го

знаат нашиот профил", се префрлија на политика " основните инфрмации за нашиот профил

може да ги види секој", на политика која воопшто не ја заштитува приватноста. Ова значи дека

профилот може да се најде и преку Google. Facebook ќе биде еден од првите три резултати што

ќе се појават од пребарувањето. Приватноста според Zakerber претставува" еволутивна

социјална норма". 95

2.10. Економски импликации од електронската трговија врз малите и

средните бизниси и претприемништвото

Има голем број на користи од електронската трговија за малите и средните претпријатија:

-најпрво, станува збор за ефикасен начин како производите и услугите на малите

претпријатија можат да дојдат до голем број на потрошувачи, како во земјата така и надвор од

неа и на ваков начин за кратко време да има значаен пораст на продажбата и приходите на

бизнисите кои успешно ја применуваат електронската трговија. Oнлајн продажбата во САД се

зголеми за 12,7% во споредба со традиционалнитa малобродажба со раст од 2,5%. Позитивни

резултати продолжија и во времето на глобалната економска криза од 2008-2009 година, кога

традиционалната продажбата на мало падна за 4,5%.

94

"A fistful of dollars," The Economist, p. 9, 4-10 februar 2012.

95 C. G. T. Keneth C. Laudon, E-commerce 2011, 7 izdanje ed., International: Pearson

Education, 2011.

Page 82: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

79

-традиционалните начини за освојување на странските пазари ги чинат бизнисите многу

средства. B2B e-Commerce – со употребата на интернет за B2B трговија - изнесува околу 3,6

трилиони долари, што е околу 30% од B2B трговија. Така зголемувањето на продажбата на

бизнисите надвор од матичната земја се сведува на интернационализација на бизнисот, но на

поедноставен и поевтин начин. Кај извозот најголем дел од трошоците се поврзани со

транспортот и со царинската процедура. Како најскап, но и најефикасен начин за освојување на

странскиот пазар се сметаат странските дирекни инвестиции. Во ваква ситуација Интернетот

значајно ги намалува трошоците за водење бизнис.

-малите локални компании го користат Интернетот и веб сајтовите како евтина алатка за

промоција како и за зголемување на својата конкурентност. Новите форми на електронска

трговија се шират и ги менуваат традиционалните структури на компании од „ цигла и малтер“

на „ цигла и клик“. Примери на такви компании се JCPenney, Walmart,

Sears и останати кои доминираат во својата дејност преку малопродажба и кои сега ги

зајакнуваат своите позиции на Интернет.

-во развиените земји и земјите во развој Интернетот им дава можност на малите и средни

претпријатија да дојдат до битни информации за дизајнот на производите, за обновување на

опремата, одржување, извори на финансиски средства и сл.

-со користење на електронската трговија се овозможува информирање и едуцирање на

потрошувачите. Како пример можеме да ги земеме туристичките агенции кои вршат

рекламирање на патувањата и овозможуваат посликовити и детални информации за нив, за

квалитетот на сместувањето, временските услови и т.н.

-електронската трговија не ги ограничува потрошувачите со времето и е способна да ја

држи фирмата отворена во секое време, па и потрошувачите можат да одржат контакт во секое

време во текот на денот. Број на луѓе кои купиле нешто на интернет се прошири до 133 милиони ,

со дополнителни 29 милиони кои го користат интернет за да добијат повеќе информации за

производите.

-поради предностите кои ги нуди електронската трговија фирмите кои ја практикуваат

бележат брзи стапки на пораст, дури околу 50% побрзо за разлика од останатите фирми.

Page 83: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

80

-на овој начин можат да се создадат нови работни места и нови бизнис модели во

традиционалните индустрии. Аналитичарите предвидуваат дека до 2014 година потрошувачите

ќе трошат околу $358.000.000.000, и компании $ 5200000000000 во онлајн трансакции. Во 2020

год, според прогнозите на аналитичарите, е-трговија ќе биде 20% од сетa продажба на мало. До

2050 година, претпоставка е дека e-commerce ќе биде доминантен.

-интернет базата постојано се шири. Во САД опфаќа околу 68% од американските

домаќинства, а во Србија овој износ е преку 50%.96

-социјалните мрежи стануваат нова платформа за развој на електронската трговија,

станувајќи им конкуренција на постоечите платформи за пребарување, споделување, огласување.

Мобилната дигитална платформа базирана на паметни телефони на технологијата како што е

Iphone, прават мобилната електронска трговија да стане реланост. Во наредниот период се

претопставува дека 20% од луѓето ќе користат Интернет преку своите мобилни уреди. 97

2.11. Прашањето за безбедност во електронската трговија

За граѓаните, Интернетот и електронската трговија обезбедуваат нов пристап до

производи, услуги и бизниси ширум светот по поволни цени. Од друга страна пак за

криминалците Интернетот и ваквиот начин на спроведување на трговијата создава комплетно

нови начини за извршување на криминални дела.

Виртуелниот криминал станува проблем и за организациите и за потрошувачите.

Тројанци, кражби на идентитет, измами со кредитни картички, шпионирање, кражба на

финансиски податоци, се само дел од заканите со кои се соочуваат учесниците во електронската

трговија. Но и наспроти зголеменото внимание кон виртуелниот криминал, тешко е да се

процени точниот исход од тој криминал, делумно бидејќи некои компании се двоумат дали да

пријават криминал, а тоа се должи на стравот од губење на довербата на клиентите и затоа што

дури и да се пријави криминал, може да биде тешко да се утврди точниот изноц на загубата.

96

Petar Kocovic „ Elektronska trgovina” Beograd 2013, str. 18

97 Petar Kocovic „ Elektronska trgovina” Beograd 2013, str. 18

Page 84: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

81

2.11.1. Димензии на безбедноста на електронската трговија

Во остварување на традиционалната трговија, учесниците во одредена трансакција,

предземаат одреден ризик, вкручувајќи ја и загубата на приватност. Првиот ризик со кој се

соочува потрошувачот е да не го добие она за што плаќа. Всушност купувачот може да плати а да

не добие ништо. Од друга страна за трговецот на пазарот, неговиот ризик е дека нема да ја плати

продаденат стока. Криминалците си одат без да платат за стоката или плаќаат со измамнички

инструменти, како што се украдени кредитни картички, фалсификувани валути.

Учестиците во електронската трговија се соочуваат со голем дел од истите проблеми како

и учестиците во традиционалната трговија. Намалување на ризикот во електронската трговија се

остварува преку нова технологија, нови политики за организација и процедури, нови стандарди и

закони кои ја овластуваат власта за правно спроведување, испитување и осудување на

претсапниците.

Сепак, совршена безбедност во ерата на информациите не е е потребна, бидејќи

информациите имаат временаска вредност и понекогаш е доволно да се заштити пораката за

неколку часа, денови или месеци. Во суштина безбедноста е синџир кој се крши кај наслабата

алка.

Постојат шест димензии на безбедноста на електронската трговија:

Интегритет-се однесува на способноста да се обезбеди сигурност дека информациите

прикажани на веб-страна, пренесени, примени преку интернет не се променети на каков

било начин од неовластена страна.

Неодбивање-се однесува на способноста да се обезбеди сигурност дека учесниците во

електронската трговија не ги одбиваат нивните активности на интернет.

Автентичност-се однесува на способноста да се идентификува идентитетот на личноста или

ентитетот.

Доверливост-се однесува на способноста да се обезбеди сигурност дека пораката и

податоците се достапни само за оние кои се овластени да ги видат.

Приватност-способност да се контролира употребата на информациите за личноста.

Достапност- се однесува на сопособноста да се обезбеди понатамошна функција на страната

за електронска трговија како што е планирано.

Page 85: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

82

2.11.2.Основни облици на безбедносни закани за учесниците во електронската

трговија

Најчести и најштетни облици на безбедносни закани за клиентите и операторите во е-

трговијата се :

Злонамерен код- (понекогаш се нарекува и злонамерен програм) малициозен софтвер, е

софтвер (или скрипта или код) направен со цел да се наруши некоја компјутерска операција, да

се соберат чувствителни информации, или да се добие неовластен пристап до компјутерски

системи. Тоа е општ термин кој се користи да се опише било каков вид на софтвер или код

специјално дизајниран да се искористи без согласност.98

Најпознатите типови на малициозен

софтвер се вируси и црви кои се познати по начинот на кој што се шират повеќе од било која

друга карактеристика.99

Несакани програми-освен злонамерни кодови, безбедноста на опкружувањето на е-

трговијата е загрозено и од несаканите програми како што се рекламни софтвери, пребарувачки

паразити, шпионски софтвери и други апликации, кои се инсталираат на компјутерот обично без

согласнот на корисникот. Според истражувањето од 2005 година од страна на AOL и Алијансата

за националната компјутерска безбедност, 61 % од анкетираните корисници, нивните компјутери

биле заразени со некаква форма на шпионски софтвер. 92 % од испитаните корисници со

шпионски софтвер (спајвер) се изјасниле дека не знаат за неговото присуство, а 91% се изјасниле

дека не дале дозвола за инсталација на шпионски софтвер.100

Кражба на лични податоци и кражба на идентитет. Кражба на идентитет е форма на

крадење на податоци за лична идентификација на друга личност и со тоа некој се преправа дека е

некој друг, притоа превземајќи го идентитетот на другата личност најчесто со цел да дојде до

ресурсите на таа личност, или да добие средства и други бенефиции во името на таа личност.

Жртвите од кражба на идентитет (тука се вбројуваат лицата чии идентитети се превземени од

страна на крадец на идентитети) може да претрпат различни последици ако бидат одговорни за

делата кои ќе ги изврши крадецот. Студијата на Accountability Office на Владата на САД

98

http://www.us-cert.gov/control_systems/pdf/undirected_attack0905.pdf

99 „Aggressive net bug makes history“, „BBC News“, 3 February 2003 ( 19 мај 2010).

100 „AOL/NCSA Online Safety Study“. America Online & The National Cyber Security Alliance. 2005.

Page 86: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

83

утврдила дека "повеќето прекршувања не резултираат со откриени случаи на кражба на

идентитет".101

Во необјавена студија на Карнеги Мелон Универзитетот, се истакнува дека

"Најчестите, причини за кражба на идентитет не се познати". Било заклучено дека "можноста да

стане жртва на кражба на идентитет, како резултат на пробивање на податоци е околу 2% ".102

Хакирање и виртуелен вандализам. Хакер е индивидуално лице кое има намера да

добие неовластен пристап до компјутерски систем. Во хакерското опкружување , терминот

„кракер“ вообичаено се користи за хакер со криминални намери. Вообичаено хакерите,

кракерите103

се страсни обожаватели на компјутери и воодушевени од предизвикот да упаднат во

одредени корпоративни и владени веб-страни.

Измама/кражба со кредитни картички. Кражбата на податоци од кредитни картички е

една од појавите на интернетот кои предизвикуваат најголем страв. Ваквиот страв најчесто ги

спречува корисниците од купување на интернет. Иако ваквиот страв често е неоснован, сепак

постојат низа примери за големи кражби со кредитни картички. Една таква кражба беше

пријавена во јуни 2013 година во САД кога беа украдени 60 милиони кредитни и дебитни

картички што резултирало со штета во износ поголем од 300 милиони долари.104

Измамнички и непосакувани веб-програми. Хакерите кои се обидуваат да го сокриѕат

нивниот вистински идентитет, честопати погрешно се претставуваат користејќи лажни е-адреси

или претставувајќи се како некој друг. Непосакуваните веб страни ветуваат да понудат некој

производ или услуга, но всушност тие се колекција од реклами за други страни, од кои некои

содржат злонамерни кодови.

Напади со одбивање на услуги ( DOS) и распоредено одбивање на услуги (DDOS) Во

нападите со одбивање на услуги хакерите ја преплавуваат веб-страната со бескорисни барања

што го преоптоваруваат веб-серверот. Првите DOS напади се користеле со едноставни алатки кои

101

„Data Breaches Are Frequent, but Evidence of Resulting Identity Theft Is Limited; However, the Full Extent Is

Unknown“. „Highlights of GAO-07-737, a report to congressional requesters“. gao.gov. конс. 22 септември 2010.

102 Sasha Romanosky. „Do Data Breach Disclosure Laws Reduce Identity Theft?“. „Heinz First Research Paper“.

heinz.cmu.edu.

103 S. Raymond, Eric. „Jargon File: Cracker“. конс. 8 мај 2010. „Coined ca. 1985 by hackers in defense against

journalistic misuse of hacker“

104 http://www.akademik.mk/sad-hakeri-izvrshile-krazhba-na-kreditni-kartichki-vo-iznos-od-300-milioni-dolari

Page 87: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

84

генерираат и праќаат пакети од едно место до друго. Со текот на времето тие биле унапредувани

да извршуваат напади од еден извор до повеќе цели, од повеќе извори на една цел или повеќе

извори на повеќе цели. DOS нападите се извршуваат со користење на DOS алатки кои праќаат

голем број на пакети преку интернет.105

DDOS-от е откриен многу подоцна од другите напади и е

еден од најмоќните софтверски напади што досега воопшто е откриен.Со DDОS напади биле

неколку пати дисконектирани и опслужувачите на најголемите светски веб страници, како што се

yahoo, ebay, amazon, cnn и многу други. Овој тип на напад е најнепредвидлив и затоа е многу

тешко да се сопре ваков напад, бидејќи хакерите користат неколку стотина или многу повеќе

претходно инфицирани компјутери кои ги имаат под своја контрола.

Следење на мрежниот сообраќај ( sniffing ). Програмите за следење на мрежниот

сообраќај се вид на преслушкувачки програми што ги следат информациите кои патуваат низ

мрежата. Кога се користат легитимно, програмите за следење можат да помогнат да се

идентификуваат потенцијалните проблематични точки во мрежите. Но кога се користат за

криминални цели тие можат да предизвикаат штета и многу тешко да се откриваат.

Внатрешни напади. Најчесто се мисли дека безбедносните закани доаѓаат надвор од

организацијата. Всушност најголемите финансиски закани за бизнис институциите не доаѓаат од

кражби, туку од проневери од луѓето во организацијата.

Лошо дизајниран сервис и клиентски сервис. Многу безбедноисни закани ги демнат

лошо дизајнираните сервиси и клиентските софтвери. Понекогаш во оперативниот софтвер,

понекогаш во апликацискиот софтвер, вклучувајќи ги и пребарувачите. Порастот на сложеноста

на овие ситеми придонесува за зголемување на софтверските грешки, како и зголемување на

ранливоста на напади од хакерите.

105

http://tutorijali.pretpriemac.mk/hakerski-napadi-dos-denial-of-service-napadi/

Page 88: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

85

2.11.3.Решенија за зголемување на безбедноста во остварување на

електронската трговија

Јасно е дека заканите за е-трговијата се многу реални, имаат големо негативно влијаниев

врз сите учесници во процесот и дека со зголемување на процесот на електронска трговија се

зголемува и нивниот интензитет.

Постојот две линии на одбрана: технолошки и решенија со политики

Постојат голем број на алатки за заштита на безбедноста во интернет комункациите.

Најосновна е енкрипцијата/кодирањето, како алатка за заштита на комуникацијата.

Кодирањето (енкрипцијата) е процес со кој обичната информација се претвора во

неразбирливи информации. Декрипција е обратно, од неразбиливи информации се добиваат

разбирливи информации. Постојат голем бројна расположиви методи и алатки, кои се базираат на

клуч за енкрипција и декрипција и се поврзани едни со други. Информациите (обичниот текст) се

енкриптира користејќи алгоритам (математичка формула) со употреба на код кој спречува

текстот да биде прочитан од страна на некој кој не е овластен да го направи тоа.106

Целта на кодирањето е: а) да се обезбеди складирање на информациите и б) да се обезбеди

пренос на информациите.

Друг ваков метод е безбедностен протокол за пренос на хипертекст. Тој е мрежен

протокол. HTTP е основа за комуникација на World Wide Web. Создаден е како средство за

објавување на HTML страници.

Додека виртуелната приватна мрежа им дозволува на далечните корисници сигурен

пристап до внатрешни мрежи преку Интернет користејќи го протоколот за тунелизирање од

точка-до-точка ( механизам за кодирање што овозможува една локална мрежа да се поврзи со

друга користејќи го интернетот како канал).

Откако ќе се заштити комуникацијата што е можно подобро, следни алатки кои треба да

се земат во предвид се алатките со кои се врши заштита на мрежата. Таква е алатката наречена

106

http://www.komuniciraj.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=44&Itemid=240

Page 89: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

86

огнен ѕид. Огнен ѕид е дел од компјутерскиот систем или компјутерската мрежа кој е наменет за

да блокира неовластен пристап, а да ги одобрува овластените комуникации.107

Огнениот ѕид се

однесува на хардвер или софтвер којшто ги филтрира пакетите за комуникација и спречува некои

пакети да влезат во мрежата во согласност со политиката за безбедност. Огнениот ѕид го

контролира сообраќајот на доверливи информациски врски од и до сервисите и клиентите,

недозволувајќи комуникациски врски од недовреливи извори и овозможувајќи да се воспостават

врски од доверлизи извори.Постојат повеќе бесплатни и комерцијални огнени ѕидови, но доколку

користите Windows оперативен систем, можете да го користите вградениот огнен ѕид Windows

Firewall (се контролира преку Security Center од Control Panel).108

Оперативните системи содржат и антивирусни софтвери за да можат да помогнат да се

заштитат серверите и клиентите од одреден вид на напади.

Најочигледен начин за заштита на серверите и клиентите е да се искористат предностите

на автоматските безбедносни компјутерски надградби на Microsoft и Apple. Додека пак

најлесен и најевтин начин за спречување на закани за интегритетот на ситемот е да се инсталира

одреден антивирусен софтвер. Антивирусни програмски пакети и самостојни програми се

достапни за елеминирање на работни програми, рекламни софтвери и други ризици за

безбедноста.

Повеќето генерални директори и менаџери за информациска технологија на постоечките

компании за електронска трговија сметаат дека само технологијта не е едиствен одговор за

безбедностите закани во електронскта трговија. Потребно е да се формира план за безбедност,

како и да се согледа значењето на улогата на јавните закони и јавната политика.

Планот за безбедност започнува со проценка на ризикот и ранливите точки. Прв чекор е

да се направи попис на информациите и значењето на компанијата и веб-страната. На база на

оваа листа на ризици, потребно е да се започне со развивање на политика за безбедност-збир на

изјави коишто им даваат приоритет на ризиците поврзани со информациите, идентификувајќи ги

прифатливите ризични цели и идентификувајќи ги механизимите за постигнување на овие цели.

Следно, потребно е да се развие план за имплементација- чекори кои треба да се преземат за да

108 http://crisp.org.mk/content/view/69/1/lang,mk/

Page 90: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

2.Електронската трговија како нов пристап за водење на бизнисот

[Pick the date]

87

се реализираат целите од политиката за безбедност. За да се импелементира ваквиот план е

потребна е организациска единица одговорна за безбедност и договорно лице за таа работа-

некој кој секојдневно ќе биде одговорен за безбедноста. Кај малите бизниси ваквата функција

обично ја врши лице кое е задолжено за интернет услугите или менаџерот на страницата, додека

во поголемите компании постои специјализиран тим. Последен чекор во развојот на планот за

безбедност е ревизија на безбедноста. Ова ревизија вклучува рутински преглед на податоците за

пристап, идентификувајќи ги како надворешните така и внатрешните корисници, кои

пристапуваат до информациите на страната.

Како и финансиските пазари и пазарите за електронска трговија функционираат само кога

е имплементиран моќен институционален збир на закони и механизими за нивно

спроведување Ваквите закони помагаат да се обезбеди организиран, рационален и фер пазар.

Вакви закони со кои се остваруваат ваквите цели се Закон за компјутерска измама и

злоупотреба, Закон за приватност на електронските комуникации, Закон за подобрување на

компјутерската безбедност и ред други кои се донесени ширум светот. Исто така некои

организации се посветени на лоцирање на криминални организации и индивидуални лица кои

напаѓаат одредени интернет страни.

На меѓународно ниво постојат неколку организации кои вршат влијание врз

контролирањето на меѓународниот сообраќај во поглед на софтверот за кодирање, чие

контролирање е уште една цел на владите како што е Организацијата за економска соработка и

развој, која во 2002 год. го издаде нејзиниот Водич за безбедност на информациски системи и

мрежи.

Page 91: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

3.Електронската трговија во малите и средни бизниси во Р.Македонија

[Pick the date]

88

3.Електронска трговија во малите и средни бизниси во Р.Македонија

3.1. Анализа на состојбата на малите и средни бизниси во Република

Македонија

Во Р.Македонија во 2004 год. е извршена класификација на деловните субјекти според

нивната големина, класификација опфатена со Законот на трговски друштва на Р.Македонија и

според него трговските друштва се поделени на : микро, мало, средно и големо претпријатие.

Графикон бр. 14 Вкупно активни деловни субјекти споредна 2011 год. и 2012 год.

*Извор: http://www.stat.gov.mk/

Според податоците на државниот завод за статистика бројот на активни деловни субјети е

зголемен во однос на 2011 год. кога биле регистрирани 73118 активни деловни субјекти, за во

2012 год. овој број да изнесува 74424 активни деловни субјекти. Согласно на овие податоци е

зголемен и бројот на микро мали и средни активни деловни субјекти. Во 2009 год според

податоците достапни од Државниот завод за статистика имало 64263 микро, мали и средни

деловни субјекти, за тој број во 2012 год. да изнесува 67065 активни микро, мали и средни

деловни субјекти.

Page 92: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

3.Електронската трговија во малите и средни бизниси во Р.Македонија

[Pick the date]

89

Деловни субјекти 2009 2010 2011 2012

Микро и мали 63104 63327 65072 65785

Средни 1159 1211 1187 1280

Табела бр.5 Број на активни деловни субјекти во Р.Македонија низ годините109

*Извор: http://www.stat.gov.mk/

Доколку подетално ги разгледаме достапните податоци за 2012 год. може да се согледа

дека: најголемо учество од 82.0% имаат деловните субјекти со 1-9 вработени. Потоа следат

деловните субјекти без вработени (или субјектите не го прикажале податокот за вработени) со

9.6%, па субјектите со 10-19 вработени со 3.9%, учеството на субјектите со 20-49 вработени е 2.4

%, со 1.7% учествуваат субјектите со 50-249 вработени и само 0.3% од активните деловни

субјекти имаат над 250 вработени.

Графикон бр.15 Број на активни деловни субјекти според бројот на вработени во 2012 год.

*Извор: http://www.stat.gov.mk/

Во 2012 год најголемо учесто имале деловните субјекти со од 1 до 9 вработени што

зборува за големото учество на малите бизниси во Р.Македонија.

109

http://www.stat.gov.mk/

Page 93: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

3.Електронската трговија во малите и средни бизниси во Р.Македонија

[Pick the date]

90

Најголемо учество во структурата имаат секторите: трговија на големо и трговија на мало,

поправка на моторни возила и мотоцикли со 27 307 субјекти или 36.7% и преработувачка

индустрија со 8251 субјекти или 11.1%.

Најмала застапеност имаат секторите: снабдување со електрична енергија, гас, пареа и

климатизација со 134 субјекти или 0.2% и Рударство и вадење на камен со 182 субјекти или 0.2%.

Најголем дел од малите деловни субјекти со вработени од 1 до 9 вработени работаат во

секторот трговија на големо и трговија на мало каде се застапени 24 140 деловни субјекти или

39,5 % од бизисите со 1-9 вработени. Потоа во областа на преработувачката индустрија каде во

2012 год. биле застапени 6059 активни бизниси или 9,9 % од деловните субјекти со 1-9

вработени.110

Сектори на дејност

Вкупно % Број на активни деловни субјекти според бројот на вработени

0 1)

1-9 10-19 20-49 50-249 250 +

7 158 61 053 2 937 1 795 1 280 201

Вкупно 74 424 100,0 290 2 678 38 31 33 2

Земјоделство, шумарство и рибарство 3 072 4,1 24 103 27 15 9 4

Рударство и вадење на камен 182 0,2 607 6 059 658 518 352 57

Преработувачка индустрија 8 251 11,1 58 61 3 4 5 3

Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација

134 0,2 39 200 25 23 27 7

Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината

321 0,4 465 3 564 277 161 67 7

Градежништво 4 541 6,1 1 879 24 140 826 342 107 13

Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли

27 307 36,7 299 5 795 208 99 37 7

Транспорт и складирање 6 445 8,7 278 3 922 311 78 20 2

Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 4 611 6,2 338 1 037 73 35 25 7

Информации и комуникации 1 515 2,0 69 287 13 15 18 11

110

http://www.stat.gov.mk/

Page 94: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

3.Електронската трговија во малите и средни бизниси во Р.Македонија

[Pick the date]

91

Финансиски дејности и дејности на осигурување 413 0,6 119 331 21 16 5 1

Дејности во врска со недвижен имот 493 0,7 531 4 956 152 48 18 2

Стручни, научни и технички дејности 5 707 7,7 428 872 55 47 22 14

Административни и помошни услужни дејности 1 438 1,9 10 31 41 74 80 32

Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување

268 0,4 67 453 41 158 296 5

Образование 1 020 1,4 49 2 965 70 73 120 21

Дејности на здравствена и социјална заштита 3 298 4,4 416 629 47 45 33 6

Уметност, забава и рекреација 1 176 1,6 1 192 2 970 51 13 6 0

Други услужни дејности 4 232 5,7 - - - - - -

Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби

- - - - - - - -

Дејности на екстратериторијални организации и тела - -

Табела бр.6 Број на активни деловни субјекти по сектори на дејност и според бројот на

вработени, 2012 година

*Извор: http://www.stat.gov.mk/

Доколку ја разгледаме состојбата со малите и средни бизиси по општини во 2012 год. ќе

видиме дека општина со најмногу активни деловни субјекти е Скопје каде се застапени и

најголем дел од микро, малите и средни деловни субјекти односно во 2012 год односно од вкупно

27210 активни деловни субјекти микро се 17826, мали се активни 8833 и средни 317 деловни

субјекти. Во сите општини доминантно е присуството на малите и средни бизисиси во вкупните

активни деловни субјекти. Во западнио дел од Македонија состојбата е идентична. Во Охрид од

вкупно 2910 активни деловни субјекти 99,86% се микро, мали и средни деловни субјекти.111

111

Статистички годишник на Р.Македонија 2013год.

Page 95: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

3.Електронската трговија во малите и средни бизниси во Р.Македонија

[Pick the date]

92

Активни деловни субјекти по големина во 2012 год.

Вкупно Микро Мали Средни Големи

Скопје 27210 17826 8833 317 234

Битола 3980 2870 1064 31 15

Дебар 441 351 86 3 1

Ресен 497 357 136 4 /

Гостивар 2350 1887 450 13 /

Тетово 3017 2288 706 16 7

Охрид 2910 2143 742 21 4

Струга 2165 1773 384 7 1

Вевчани 107 83 24 / /

Прилеп 2888 2205 661 14 8

Струмица 2570 1812 738 11 9

Куманово 3192 2385 780 23 4

Штип 1840 1207 608 17 8

Табела бр.7 Активни деловни субјекти по големи, по општини во 2012 год.

*Извор: Статистички годишник на Р.Македонија 2013год

Малите и средни бизниси имаат големо значење и врз намалување на невработеноста, која

преставува голем проблем во Р.Македонија. Бројот на вработени кај малите претпријатија е во

континуиран раст и во 2004 година го достигнува својот максимум односно истиот опфаќа

56,11% од вкупниот број на вработени.

Број на вработени во активните претпријатија во РМ

2002 2003 2004 2005

МАЛИ 110373 124840 140511 145461

СРЕДНИ 144654 137888 61239 56947

ГОЛЕМИ 48683 64843

ВКУПНО 255027 262728 250433 267251

(%)

МАЛИ 43.28 47.52 56.11 54.40

СРЕДНИ 56.72 52.48 24.45 21.30

ГОЛЕМИ 19.44 24.30

Page 96: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

3.Електронската трговија во малите и средни бизниси во Р.Македонија

[Pick the date]

93

ВКУПНО 100 100 100 100

Табела бр.8 Број на вработени во активните претпријатија во РМ споредба 2002, 2003, 2004,

2005

*Извор: Извор: www.stat.gov.mk

Во однос на анализата на тоа колку МСП придонесуваат кон бруто вредноста на

производството по основни цени може да се забележи дека во периодот од 2006 до 2010

придонесот на МСП се зголемува. Во секој случај тој е поголем од оној на големите

претпријатија што јасно ја покажува важноста на МСП за економскиот раст на државата и дека

овие претпријатија најповеќе придонесуваат кон тој раст.

Табела бр.9 Бруто вредност на производството по основни цени на МСП и големите

претпријатија во Р. Македонија

*Извор: Извор: www.stat.gov.mk

Од изнесените податоци може да заклучиме дека значењето на малите и средни бизниси

за македонската економија е големо, како врз зголемување на вработеноста така и врз БДП, но и

за зголемување на конкурентноста. Со цел да се поддржи развојот на мали и средни бизниси во

Р.Македонија во 1997 год. беше формирана Националната агенција за развој на малите и средни

претпријатија ( НЕПА). Основната цел на НЕПА и регионалните центри е да се обезбеди

експертска и консултантска помош на МСП , како за тековните проблеми од работењето, така и

за аплицирање за добивање на кредитна поддршка од кредитната линија во рамки на оваа

програма, дистрибуирана со посредство на повеќе домашни банки. Во понатамошниот период

поради низа недостатоци кои произлегоа од НЕПА истата со одлука на Министерството за

економија беше укината и беше формирана Агенција за претприемништво. Агенцијата е основана

со закон во декември 2003 год. и претставува централна државна институција за поддршка на

Page 97: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

3.Електронската трговија во малите и средни бизниси во Р.Македонија

[Pick the date]

94

претприемништвото и развојот на малото стопанство во Република Македонија.112

Покрај

АППРМ со цел поддршка на развојпот на малите и средни бизиси и претприемништвото во

Р.Македонија со меѓународна помош за поддршка на развојот беа формирани и други

институции како: Македонски центар за применета економија, Македонска развојна фондација за

претпријатија и сл.

Финансирањето на малите и средни бизиси во македонската економија е овозможено

преку мобилизирање на средства од меѓународни извори , а најзначајните мобилизирани

кредитни линии од странство беа од : Европска банка за обнова и равој, Меѓународна банка за

обнова и равој, Меѓународна финансика корпорација, Меѓународен фонд за развој на

земјоделството, PHARE програма за развој на микро бизнисиот и други кредитни линии. Особен

придонес во финансирањето на малите и средни бизниси има Македонска банка за поддршка на

равојот, која беше формирана во 1998 год. од страна на Владата на Р.Македонија. МБПР е

развојна и извозна банка чија што стратешка цел е да го поддржува и поттикнува развојот на

македонското стопанство преку кредитирање на мали и средни претпријатија и извозни

компании.113

Финансирањето на малите и средни бизниси, е подржано и преку кредитни линии

обезбедени од банките во Р.Македнија и тоа кредитни линии обезбедени преку Македонска банка

за поддршка на развојот, кредити за деловен простор, за основни и обртни средства и ред други

кредитни линии.114

112

http://www.apprm.gov.mk/za_nas.asp

113 http://www.mbdp.com.mk

114 http://www.stb.com.mk/; www.kb.com.mk/; http://www.nlbtb.com.mk/;

http://www.procreditbank.com.mk/

Page 98: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

3.Електронската трговија во малите и средни бизниси во Р.Македонија

[Pick the date]

95

3.2. Електронска трговија во малите и средни бизниси во Р.Македонија

Електронската трговија подразбира трансакции кои се спроведуваат преку интернет,

односно интернетот се користи како средство преку кое продавачот и купувачот комуницираат и

го склучуваат договорот за купопродажба, односно се врши нарачка и плаќање на производите и

услугите.

Основа на електронската трговија е воспотавената интернет врска меѓу купувачот и

продавачот, како што беше предходно споменато. Како потенцијални учесници во електронста

трговија се јавуваат и поединците и домаќинствата во земјава.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2012

година, 58.3% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, што е за 3.3 процентни

поени повеќе во споредба со истиот период од 2011 година. Учеството на домаќинствата со

широкопојасен интернет во вкупниот број на домаќинства е зголемено од 42.1% во 2011 година,

на 58.1% во 2012 година. ( графикон бр.26 Домаќинства кои користеле компјутер и интернет)

Графикон бр. 16 Домаќинства кои користеле компјутер и интернет

*Извор: *Извор: http://www.stat.gov.mk/

Page 99: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

3.Електронската трговија во малите и средни бизниси во Р.Македонија

[Pick the date]

96

Во набљудуваниот период, најзастапено поврзување на интернет, кај 99.6% од

домаќинствата со интернет-пристап е широкопојасно поврзување.

Во 2012год. најголем дел од населененитео кое употребувало интернет било на воздрас од

15-24 год.

Во првото тримесечје од 2012 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74

години, мобилен телефон користеле 68.4%, компјутер користеле 59.9%, а интернет користеле

57.5%.

Интернет најмногу користеле учениците и студентите, односно 96.4%. ( графикон бр.

Корисници (15-74) на мобилен телефон, компјутер и интернет во последните 3 месеци,

според работниот статус (%))

Графикон бр .17 Корисници (15-74) на мобилен телефон, компјутер и интернет во првото

тромесечие од 2012год, според работниот статус (%)

*Извор: http://www.stat.gov.mk/

Додека според нивото на образование, лицата со високо образование најмногу користат

интернет 93,3%, а дури 93,6% од нив користат компјутер. ( Графикон бр.24 )

Page 100: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

3.Електронската трговија во малите и средни бизниси во Р.Македонија

[Pick the date]

97

Графикон бр.18 Корисници (15-74) на мобилен телефон, компјутер интернет во првото

тромесечие од 2012год. по образовни групи

*Извор: http://www.stat.gov.mk/

Најчесто, 74.7% од корисниците на интернет во последните 3 месеци, користеле интернет

за телефонирање или за видео повици преку веб-камера (webcam).

Во првото тримесечје од 2012, само 4.3% од корисниците на интернет кои некогаш

употребиле интернет, направиле нарачки преку интернет за купување на стоки/услуги за лична

намена, додека 7.8% тоа го направиле во последните 12 месеци. Најчесто интернетот го користат

најмалку еднаш неделно корисниците од воздрасната група од 15-24 год. Додека пак разликата

помеѓу женските и машките корисници на интернет не е голема.

Сите погоре споменати информации говорат за зголемената употреба на интернетот од

страна на домаќинствата и поеднците во Р.Македонија, што пак ја зголемува можност за развој

на електронската трговија. Во Р.Македнонија 58,3% од домаќинствата користат интернет кој

процент се зголемува од година во година. Активноста околку електронската трговија треба да

биде насочена пред се кон групата на млади кориници од 15-24 год и од 25- год, кои најголем

дел од времето го поминуваат пред компјутер или со своите паметни телефони, најчесто го

користат интернетот. Иако, интернетот сеуште се користи најчесто за читање на елктронска

пошта, прегледување на сајтови, сепак охрабрува фактот што има корисници кои

купуваат/продаваат производи преку интернет. Овој процент е многу мал и се сеуште треба да се

работи на промоција на ваквите бизиси кои се занимаваат со електронска тровија, како и на

едукација на населението, за предостите на електронста трговија, безбедноста на целиот тој

Page 101: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

3.Електронската трговија во малите и средни бизниси во Р.Македонија

[Pick the date]

98

процес и ред други аспекти поврзани со електронската трговија. Најголем дел од поединците кои

извршиле купување преку интернет купиле облека и спортска опрема дури 29,8%.

Погоре изнесените податоци говорат за можностите за развој на електронската трговија,

поточно електронсатат трговија, бизнис-кон-потрошувач, како и потрошувач кон-потрошувач

електронската трговија. Но, што се случува со деловните субјекти во Р.Македонија и колку тие го

употребуваат интернетот како основа за електронската трговија, како и колку деловните субјекти

се вклучени во електронскта трговија како купувачи и како продавачи?

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2012 година,

широкопојасен пристап на интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 87.3% од

деловните субјекти со десет или повеќе вработени. Пристап на интернет преку мобилна

конекција (широкопојасна или друг вид на мобилна конекција) имале 32.6% од деловните

субјекти.

Приближно една четвртина (25.5%) од деловните субјекти на своите вработени, за

деловна употреба, им обезбедиле преносливи уреди со кои се овозможува мобилна конекција на

интернет, а 36% за своите вработени обезбедиле далечински пристап до системот на е-пошта,

документите или апликациите на претпријатието. Во јануари 2012 година, 33.3% од вработените

во деловните субјекти со 10 или повеќе вработени при вршењето на работните задачи користеле

компјутер најмалку еднаш неделно, 27.6% од вработените, најмалку еднаш неделно користеле

компјутер со пристап на интернет.

Преносливи уреди (пр., notebook, laptop, smartphone, PDA phone) кои овозможуваат

мобилен пристап на интернет за деловна употреба користеле 5.3% од вработените.

Во јануари 2012 година, 17.3% од деловните субјекти (10+) имале вработено лица со

специјалистички вештини за ИКТ/ИТ. Најголем процент на вработување на специјалисти за

ИКТ/ИТ се забележува кај големите претпријатија со 250 или повеќе вработени (62%).

Во 2011 година, околу 28% од деловните субјекти со пристап на интернет понудиле стоки

или услуги во електронски системи за јавни набавки во земјава.

Во текот на 2011 година, 8.9% од деловните субјекти со 10 или повеќе вработени, имале е-

трговија, односно купувале или продавале стоки или услуги преку компјутерски мрежи (преку

веб или EDI), веб-продажба реализирале 5.3%, а веб-купувања вршеле 4.8% од деловните

субјекти.

Интернетот, како основа за електронската трговија е присутна со висок процент кај сите

деловни субјекти. Најголема примена интернетот наоѓа кај големите бизниси со над 250

Page 102: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

3.Електронската трговија во малите и средни бизниси во Р.Македонија

[Pick the date]

99

вработени иако истата е присутна со висок процент и кај малите и средни бизниси. Кај бизнисите

со 10 или повеќе вработени овој процент е 91,9% ( од деловните субјекти користат интернет).

Вo основа сите бизниси со 10 или повеќе вработени имаат пристап до интернет 100% од

бизнисите во областа на финансиите, ИКТ секторот, информации и комуникација имаат пристап

до интернет и корситат компјутери.

Се зголемува бројот и на деловни субјекти кои имаат сопствена веб-страница. Во секторот

финансии дури 97,3% од бизнисите во оваа област имаат сопствена веб-страница. 40,2% од

деловните сублекти од ИКТ секторот имаат извршено електронска трговија. Овој сектор има

извршено најмногу електронска трговија, додека најмалку застапна е во секторот градежништво

каде овој процент е само 3,3%.

За банките и платежните процесори суштинско не е да го зголемат бројот на интернет

трговци туку да го зголемат бројот на трансакции. Присуството на што поголем број на интернет

трговци ќе влијае на што почеста посета на интернет продавници со што ќе се зголеми и бројот

на трансакции. Некои трговци сметаат дека отворањето на електронска продавница е

инвестиција која бара дополнителни средства, дополнително време, труд и знење. Но доколу им

се презентираат и ги согледаат предностите на е-трговијата како и на самиот концепт на интернет

трговски центри, преку кој самите тие немаат никаква инвестиција и мал месечен трошок тогаш

ваквите ставови би се промениле. Исто така голема е дискрепанцијата меѓу бројот на издадени

дебитни и кредитни картички и колку истите се користат за купување преку интернет. Овој факт

говори за потенцијалот кој постои за зголемување на интернет продажбите и развој на

електронската трговија.

Сите овие факти, како и податоците презентирани погоре говорат дека добро осмислена и

реализирана камапања може да придонесе за подобрување на состојбите со електронската

трговија Р.Македонија Во таа насока кампањата треба да биде разнолика, сепофатна и

интезнивна и во неа да бидат вклучени сите засегнати страни односно:

- Банките кои издаваат кредитни картички да ги запознаат своите клиенти; а) со можноста да ги

корситат картичките за плаќање преку интернет, б) со интернет продавниците кои

функционираат во Р.Македонија особено со оние кои имаат сметки кај нив. Од интерес на

банката е да се зголемат ваквите трансакции со што се зголемуваат приливите на средства во

банката. Еден од начините е тоа да се направи при издањање на нови картички или обновување

на старите да им се презентираат овие информации, како и да им се даде печатен материјал или

материјал во елктронска форма.

Page 103: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

3.Електронската трговија во малите и средни бизниси во Р.Македонија

[Pick the date]

100

- Да се изработи промотивен материјал, преку соработка меѓу засегнатите

-Големиот број на лица вработени во јавниот сектор кои поседува платежни картички и имаат

релативно стабилни приходи се значајна потенцијална група за е-трговија.

-Владата, органите во нејзин состав, јавните претпријатија и друштвата во нејзин состав може да

нудат услуги кои се нудат и плаќаат онлајн и на тој начин да бидат пример дека е-трговијата за

која се залагаат е реална и лесно остварлива во Р.Македонија. Во последните неколку години во

Р.Македонија се развива е-банкарството, преку кое можат да се плаќаат фактури, сметки како

меѓу правните лица така и меѓу физичките лица. Преку него можат да се плаќаат и некои јавни

давачки, но кај одредени иснтитуции тоа сеуште не е можно.

-Со цел да се заштитат потрошувачите од можните штетни последици на е-трговијата во

Р.Македонија треба да започне да се спроведува контролен механизам врз работат на интернет

трговците, односно проверка дали ги исполнуваат барањата содржани во Законот на електронска

трговија, а тоа би се постигнало преку обука на вработените како и преку редовни инспекции.

Треба да се контролираат интернет трговците во поглед на член 7 од одредбите од Законот на

електронска трговија кој се однесува на минимум информации кои интернет трговецот мора да

ги направи јавно достапни како и одредбите од член 12 за информации кои што треба да ги

обезбеди при склучување на договор во електронска форма.115

- Министреството за информатичко општество во соработка со Министреството за финансии и

НБРМ да предземат иницијативи за поедноставување и поефективно работење на платежните

картички, што од една страна ќе има за цел намалување на провизиите за трансакциите.

Во Р.Македонија сè поголем е бројот на електронски продавници. Од десетина

електронски продавници во 2010 година, во 2012 год. на пазарот нивниот број се зголеми на 250

електронски продавници. Минатата година 50 % од деловните субјекти имале сопствена веб

локација, а 10% овозможувале online нарачки. Имено, растечкиот тренд на електронската

трговија во Македонија е резултат на поволните услови за отварање на електронски продавници

кои ги нуди Министерството и зголемената потреба на граѓаните за 24 часовно купување од

дома. 116

115 Закон за електронска трговија Сл.Весник на Р.Македонија бр. 133 116

http://www.kurir.mk/makedonija/ekonomija/102322-Rast-na-elektronskata-trgovija-vo-Makedonija

Page 104: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

3.Електронската трговија во малите и средни бизниси во Р.Македонија

[Pick the date]

101

Минатата година 31 електронска продавница се отворени преку првиот конкурс на МИОА

за најдобар бизнис план. Министерството овозможува бесплатна изработка на сајтовите на

најдобрите бизнис планови. 117

Истражувањата покажуваат дека граѓаните во Македонија сакаат

да купуваат на Интернет само доколку им се гарантира безбедност или доколку им се обезбеди

широк избор на производи. Интернет корисниците најмногу сакаат да купуваат електронска и

компјутерска опрема, облека, обувки и подароци, а најмалку храна и пијалоци. Покрај широкиот

избор, тие сакаат безбедно купување, пониски цени и бесплатна испорака.

Првата електронска продавница во Р.Македонија е Ексквизит, www.ex.mk отворена во

2009 год. Ексквизит е македонски веб шопинг центар за опремување, декорирање и реновирање

на животен простор.118

Слика бр.4 Веб страна на првата електронска продавница во Р.Македонија

Просечно преку 500 посети дневно бележи веб порталот www.ex.mk на првата

електронска продавница во Македонија, чиј основач компанијата Ексквизит веќе четири години

успешно работи на полето на електронска трговија во земјава, промовирајќи го новиот начин на

купување преку интернет кој е многу развиен во светот. Компанијата на е-купувачите им нуди

околу 3.500 најразновидни производи со можност за купување од дома и плаќање со платежни

картички преку интернет или, пак, при достава на испорачаното дома.119

117

http://mio.gov.mk

118 http://www.ex.mk/

119http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ekonomija/41474/tri_godini_uspeshno_funkcioniranje_na_prvata_elektronska

_prodavnica.aspx?utm_source=daily.mk

Page 105: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

4.Судија на случај-мали и средни бизниси во југозападниот регион од Р.Македонија

[Pick the date]

102

4.Студија на случај- Мали и средни бизиси во Југозападниот регион од

Р.Македонија

4.1.Основни карактеристики на Југозападниот регион од Р.Македонија

Регионите на Македонија се усвоени во Владата на Македонија во 2007 година, а

во Собранието на 29 септември 2009 година. Официјално, Македонија е поделена на

осум плански региони, кои служат за статистички, економски и административни цели.

Југозападниот регион е еден од осумте статистички региони на Македонија. Во овој регион

спаѓаат 9 општини, и тоа: Општина Вевчани, Општина Дебар, Општина Дебарца, Општина

Кичево, Општина Македонски Брод, Општина Охрид, Општина Пласница, Општина Струга,

Општина Центар Жупа. На територијата од 3.340 km ², во 286 населени места, живеат вкупно

222.064 жители.Стапката на активност сопред пописот во 2002 год. кај населението во

Југозападниот регион изнесува 42,4% што е една од најниските стапки во однос на останатите

региони.

Стапката на вработенот во овој регион изнесува 27,7% што е значително помала во

споредба со стапката вработеност на ниво на целата држава која во 2013 год. изнесуваше 40,9%.

Додека стапката на невработеност изнесувала во 2011 год. 42,8%. 120

Вкупниот број на регистрирани деловни субјекти во Југозападниот регион е 11,696 од кои

само 6,484 се активни. БДП по глава на жител во регионот е 1,807 €. БДВ на ниво на регионот е

21.033 милиони денари. Најголемо учество во создавањето на БДВ во Југозападниот плански

регион имаат индустријата и енергетиката, трговијата, хотелите и рестораните и сообраќајот,

финансискиот сектор, земјоделство и рибарство и другите услужни дејности. Учеството на

Југозападниот плански регион во создавање на БДВ на ниво на државата изнесува 6,9%.121

Значајна гранка во регионот е туризмот, со оглед на фактот што од вкупниот број соби на

ниво на државата или 61,87% се на територијата на овој регион. Најголемиот дел од нив се во

двата најзначајни туристички центри во државата - Охрид и Струга, а големи потенцијали во

поглед на туризмот нуди и Вевчани. Од вкупниот број посетители што на годишно ниво доаѓаат

120

http://www.stat.gov.mk/Publikacii/Regioni2012.pdf

121 Програма за развој на Југозападен плански регион 2010-2015 год.-центар за развој на Југозападен плански

регион, март 2010 год.

Page 106: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

4.Судија на случај-мали и средни бизниси во југозападниот регион од Р.Македонија

[Pick the date]

103

во Р.Македонија, дури 46,6 % претстојуваат во населените места во Југозападниот плански

регион.

Слика бр.5 Местоположба на југозападниот регион во рамките на Македонија.

Наспроти очекувањата за зголемување на учеството на овој регион во произвотвото, сепак

во 2006год. произвотвото од нефинансикиот сектор во овој регион доживува пад. Ваквиот пад

пред сé се должи на фактот дека голем дел од големите и средни претпријатија беа лоцирани во

Југозападниот регион, а тоа создаваше поголемо произвотво. Но со процесот на престуктуирање

на стопонаството најголем дел од големите и средни претпријатија во овој регион престанаа да

работат.Со цел подобрување на состојбите потребно беше престуктуирање ориентирано кон

развој на мали претпријатија. Во 2006 год. Југозападниот регион малите претпријатија се

најголеми работодавачи. Учеството на малите и средни претпријатија во произвотвото и

вработеноста на нефинансисикиот сектор изнесува 79%,а додека вработеноста во малите

претпријатија во овој регион во 2006 год изнесува 60%.

Југозападниот плански регион своите перспективи за понатамошен развој ги гледа во

унапредување на класичниот туризам и развивање на алтернативните форми, како што се

зимскиот, здравствениот, манастирскиот, бањскиот и агро туризмот. Имајќи го во вид фактот

дека целиот регион не е загаден, големи потенцијали постојат за производство на органска храна.

Page 107: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

4.Судија на случај-мали и средни бизниси во југозападниот регион од Р.Македонија

[Pick the date]

104

4.2.MACEDONIAN HANDICRAFTS-ЕЛЕКТРОНСКА ПРОДАВНИЦА ЗА

ПРОМОЦИЈА НА ЗАНАЕТЧИСТВОТО КАКО ГРАНКА

Македоски Ракотворби (Macedonian Handicrafts), www.macedonian-handicrafts.mk е

електронска продавница формирана преку идеата на младиот, 26 годишен претприемач Милош

Ѓорчески од Охрид за зачувување и промовирање на македонското материјално културно

наследство, како дома така и во светот, поддршка и заживување на занаетчиството особено на

занаетите во изумирање. Macedonian Handicrafts официјално постои од 26.11.2012 год.

Macedonian Handicrafts претставува електронска продавница специјализирана за

ракотворби изработени исклучиво, од мајстори, занаетчии од Македонија, изработени од

најразлични материјали со најразлични техники на изработка. Ваквата идеа станала реалност

преку сопствен влог на основачот и преку средствата добиени во вид на награда од од

Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА) за создавање и изработка

на страницата, поточно како еден од победниците на конкурсот „50 веб продавници„ за најдобар

бизнис план.

Слика бр.6 Лого на Macedonian Handicrafts

Електронската продавница Macedonian Handicrafts работи како фамилијарен бизнис

формиран како ДООЕЛ, бидејќи станува збор за млад бизнис сами се грижат за одржување на

електронската продавница

Моментално на страницата има околу 40 производи, но за кратко време треба да се

постават дополнителни 200 производи. Продавницата има различни профили на клиенти,

претежно се помлади, бидејќи постарите генерации не се навикнати да купуваат преку интернет.

Page 108: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

4.Судија на случај-мали и средни бизниси во југозападниот регион од Р.Македонија

[Pick the date]

105

Соработуваат со различни институции поврзани со културата и културното наследство,

занаетчиството, а исто така и со занаетчии од Македонија.

Слика бр. 7 Дел од продажниот асортиман на „Македонски ракотворби“122

Macedonian Handicrafts работи и на домашно и на меѓународно ниво. Нивната основна цел

е представување на македонските ракотворби, како дома така и во светот. Како основна

предност на оваа продавница, во однос на традиционалните продавници претставува

достапноста на производите од секаде и секое време, драстично намалување на времето потребно

за купување (разгледување и купување).

Основен медиум за промоција кој го користат е интернетот, користат и широк спектар на

социјални медиуми како facebook, twitter, linkedin, pinterest, youtube.

122

http://macedonian-handicrafts.mk/

Page 109: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

4.Судија на случај-мали и средни бизниси во југозападниот регион од Р.Македонија

[Pick the date]

106

Слика бр.8 Facebook профил на електронската продавница Macedonian Handicrafts

Електронската продавница функционира врз основа на магенто технологија.123

Основен предизвик за сопстеникот на овој бизнис е „ насмејани и задоволни клиенти на

една страна и исто така насмејани и задоволни занаетчии на другата страна„. Тој смета дека во

Македонија постојат услови за развој на електронската трговија како нова алатка и како таква

носи многу простор за подобрување и за нови идеи. Со цел да би се подбриле сосотојбите во

Р.Македонија во оваа област, смета дека потребен е поголем ангажман на државните институции

и директна поддршка на младите бизниси, промоција на државно ниво на предностите од

електронска трговија.

За амбициозноста и посветеноста на основачот на Macedonian Handicrafts, електронска

продавница која постои само една година и која е многу мал семеен бизнис но во своите планови

се навистина големи. Нивните планови за во иднина се однесуваат на проширување на

асортиманот на производи, соработка со повеќе занаетчии и институции, раст, развој и учење.

123

Магенто систем е софтвер за е-трговија . Магенто е моменатално најкористен систем за е-трговија со

отворен код, поради широката функциналност и приспособливост на системот. Постојат две верзии на

Магенто: Magento Community edition и Magento Emnterprise Edition.

Page 110: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

4.Судија на случај-мали и средни бизниси во југозападниот регион од Р.Македонија

[Pick the date]

107

4.3.KELEPUR MK - ПРВАТА ВЕБ СТРАНИЦА ВО ОХРИД И

СТРУГА ЗА ГРУПНИ КУПУВАЊА

Kelepur.mk, (www.kelepur.mk) е специјализирана веб страна за групни попусти.

Kelepur.mk нуди атрактивни и неверојатни понуди на производи и услуги со големи попусти

дури до неверојатни 90% во ресторани, кафулиња, дискотеки, бутици, СПА и фитнес центри,

фризерски студија и салони за убавина, културни и спортски настани (театар, концерти), курсеви

за јазици, обука и други услуги .

Kelepur.mk е формирана во 2011 год. како ДООЕЛ од страна на Алан Каоу, Текнет

ДООЕЛ Охрид ( 32 години компјутерски инжињер) со сопствени средства. Идеата за ваков

бизнис дошла преку следење на светсите трендови.

Слика бр.9 Веб страната на KELEPUR.MK

Во текот на реализација на својата идеја и во текот на својата работа како особена

потешкотија ја наведува, отсуство на светските фирми за процесирање на електронски

трансакции, како PayPal, високите провизии од домашните банки на електронски трансакции. А

особен предизвик за нив представуваат пионерски чекори во електронската трговија во

Македонија.

Нивни клиенти се популација од 20 до 40 годишна воздраст. Како своја предност во однос

на традиционалните продавници ја наведуваат достапноста 24/7 како и намалените трошоци.

Кelepur.mk започнува и со нудење на услуги од туризмот. Преку концептот на групни попусти

оваа веб страна ќе рекламира и продава хотелски односно аранжмани во вили и апартмани за

престој на домашни и странски гости во Охрид и Струга. Целта е да се привлечат туристи не

Page 111: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

4.Судија на случај-мали и средни бизниси во југозападниот регион од Р.Македонија

[Pick the date]

108

само во лето туку и во зима, пролет или есен. И додека слични веб страни од Македонија нудат

аранжмани за посета и престој во сите поголеми туристички места во соседните земји, kelepur.mk

е прва веб страна во државава на која масовно ќе се понудуваат аранжмани за престој во

домашните туристички центри.

Слика бр.10 Дел до понудата на KELEPUR.MK124

Основачот смета дека постојат поволни услови за развоја на електронста трговија во

Р.Македонија. Неговите препораки за подобрување на условите се насочени кон потребата за

намалување на провизиите на трансакции направен преку интернет, како и потребата од влез на

светските процесинг сервиси како Paypal во Македонија.

Најчесто како медиум за промоција го користат интернетот и социјалните медиуми како

facebook, twitter. За релативно краткиот период на постоење, kelepur.mk има над 8 500 facebook

фанови, над 4700 корисници, над 14.500 продадени купони и над 12.000 претплатници на

електронскиот билтен.

124

http://www.kelepur.mk/

Page 112: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

4.Судија на случај-мали и средни бизниси во југозападниот регион од Р.Македонија

[Pick the date]

109

Слика бр.11 Facebook профил на KELEPUR.MK

Од www.kelepur.mk најaвуваат масовно рекламирање преку соодветни интернет страни

како што е агрегаторот www.bagatela.mk , веб страна која ги собира сите групни попусти во

Македонија, вклучувајќи и понуди од категоријата патувања. Аранжманите кои ќе се постават во

оваа категорија на страната www.kelepur.mk, ќе бидат дел од понудите за патување на

агрегаторот www.bagatela.mk како и преку порталот www.ohridnews.com.

4.4. Заклучоци, предлози и препораки за електронската трговија во

малите и средни бизниси во Југозападниот регион

Југозападниот регон на Р.Македонија изобилува со бројни природни и општествени

вредности, иако според погоре изнесените податоци не се во целост искористени.

Од претходно изнесените судии на случај можеме да заклучиме дека: претприемачите од

овој регион се иновативни и во тек со светските трендови во областа на електронската трговија;

најчесто како извори за финансирање на електронските продавници ги користат сопствените

средства или средства како дел од програмите на Владата за формирање на електронски

продавници; нивната активност е претежно насочена кон младата, образована, популација како

во Р.Македонија така и надвор од неа; претприемачите се амбициозни во своите планови во

иднина, иако се соочуваат со низа на непогодности во поглед на провизиите на трансакции

Page 113: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

4.Судија на случај-мали и средни бизниси во југозападниот регион од Р.Македонија

[Pick the date]

110

направен преку интернет, како и потребата од влез на светските процесинг сервиси како Paypal и

неинформираноста на клиентите за ваквиот начин на трговија.

За анализа ги избрав овие два бизниси кои работат во областа на електронската трговија,

бидејќи со својата работа го промовираат културнота наследство, традицијата на овој регион како

и за нивниот придонес за развој на туризмот во овој регион. Туризмот претставува

најпретпознатлива карактеристика на Југозападниот регион. 47% од вкупните посети во годината

во Р.Македонија се остваруваат во овој регион.

Со развој на електронска трговија во Југозападниот регион може да се направи многу во

поглед и на намалување на невработеноста (невработеноста изнесувала 42,8%. во 2011 год.).

Во Р.Македонија иако веќе се предземаат некои мерки за развој на електронската трговија

(Минатата година 31 електронска продавница се отворени преку првиот конкурс на МИОА за

најдобар бизнис план), сепак застапеноста на електронска трговија е сеуште мала. Со цел да се

подобри сосотојбата и да се потикнат младите претприемачи од овој регион да се вклучат во

електронската трговија потребно е:

-Сите засегнати страни, на пример, под водтво на Министреството за информатичко општесто да

се вкучат во изработка на промотивен материјал, кој материјал ќе биде изработен на начин

разбирлив, адекватен и ефективен, а во кој ќе бидат дадени сите предности кои ги носи

електронската трговија. Со оглед на различните групи кои се опфатени, треба да бидат

изработени два комплета на промотивен материјал: а) од една страна да бидат запознаени

потенцијалните интернет трговци за тоа што значи поседувањето на интернет продавница, или

пак што значи да се биде дел од интернте трговски центар ( почетна инвестиција, вработени,

дозволи), б) од друга страна соодветно да бидат информирани потенцијалните интернет

потрошувачи, притоа неограничувајќи се само на одредена група или категорија.

- Треба да се искорити и влијанието на медиумите, преку написи во различни списанија за

предностите од е-трговијата, учество во различни емисии на радио и телевизија и тоа да се прави

интензивно и долготрајно. Заради зголемениот број на трансакции од страна на младата

популација треба да се искористат списанија и медиуми за кои е заинтересирана младата

популација, списанија од типот на Капитал и одредена медиумска кампања спороведена од

Владата и Министерствата.

Page 114: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

4.Судија на случај-мали и средни бизниси во југозападниот регион од Р.Македонија

[Pick the date]

111

-Да се заокружи законската рамка во областа на електронска трговија со што ќе се овозможи

нејзината поголема атрактивност за потрошувачите и олеснување на работата на интернет

трговците. На пример да се уреди прашањето околу е-фактурата, потоа електронските трговци да

донесат одредени прописи и политика, политики за приватност, за испорака и враќање на

производите и сл.

-Истотака потребно е да се промовираат нови проекти со низа погодности за новите

претприемачи кои ќе се вклучат во електронската трговија, преку поволни кредити, грантови,

преку соработка со меѓународни организации кои работат во оваа област.

-За малите трговци во овој регион можат да се промовираат мерки за формирање на електронски

трговски центри каде малите бизниси можат да се промовираат и да се вклучат во електронската

трговија

-Треба да се потикнат и бизнисите во областа на угоститетлството.Тие да го промовираат својот

бизнис преку електронска продавница, да ги нудат своите пакети, аранжмани и по електронски

пат ( на пр. нудејќи одредени попусти за купувување на групни аранжмани по електронски пат и

сл)

-Да се организираат редовни средби меѓу засегнатите страни за да се согледаат предземените

иницијативи и постигнатите резултати.

Page 115: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

112

ЗАКЛУЧОК

Малите и средни бизниси се предмет на се поголем интерес за голем број на студенти и

истражувачи. Низа глобални фактори приоднесоа за овој зголемен интерес. Кога зборуваме за

малите бизниси мислиме на бизнис како локана продавница, пицерија, флизерски салон и сл.

При дефинирање на малите бизиси треба да бидат земени различни кретириуми, како дејноста

и сопстевеноста да бидат независни, произвотството доколку станува за производно

претпријатие, бројот на вработени, неговата годишна продажба доколку станува за

големопродажба и сл. Членки на ЕУ имаат индивидуални дефиниции за тоа што претставува

МСП. На пример, според дефиницијата во Германија лимитот е од 255 вработени, додека во

Белгија до 100. Во Р.Македонија според законот за трговски труштва во 2004г. е извршена

класификација на трговците според нивната големина и тоа: микро, мало, средно и големо

претпријатие. Како основни карактеристики на малите и средни бизниси по кои се

препознатливи можат да се наведат: флексибилност, непосредност во деловните односи,

можност за вработување, менаџмент на една личност, ограничен обртен капитал, независност.

Малите и средни бизниси можат да изберат некоја од основните форми на организација

(единствен сопственик, партнерство, корпорација) или некој од другите форми на организација.

Во своето работење можат да се соочат со низа проблеми, како и со низа замки: недостиг на

искуство, недостиг на пари, погрешна локација. Малите и средни бизниси имаа свои предности

но и свои недостатоци. Како предности на малите и средни бизниси се истакнуваат:

флексибилноста, профитот кој служи како плата, едноставно одлучување, мали залихи,

инвентивни маркетинг мерки и др. Од друга страна како недостатоци се наведуваат: недостиг

на ефективен менаџмет, работа многу часa дневно, недостик на обртен капитал, неискуството.

Малите и средни бизниси се значајни бидејќи влијаат врз: намалување на невработеноста,

значајни се и за БДП и креирање на додатна вредност, малите и средни претпријатија играат

единствена, активна и круцијална улога во иновацискиот процес, исто така тие се клучен

фактор за воспоставување рамнотежа на микро и макро ниво. Овие бизниси обично

функционираат на основата на претприемништвото кое се се заснова на некаков вид на

иновација. За моќта на иновацијата зборуваат и низа примери на производи кои се дел од

нашето секојдневие а започнале како иновативна идеа на некој претприемач.

Претприемништвото е распространето меѓу младите во дел од земјите на Европа, каде што

половина од претприемачите се помеѓу 18-34 години. Кина исто така има високо учество на

младите претприемачи со 57% помеѓу 18 и 34 годишна возраст, а помалку од една четвртина

паѓа на постарите возрасни групи (45-64 години). Во одредени економии, постои изедначување

Page 116: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

113

меѓу воздрасните групи. Политиките за поддршка на малите и средни бизниси треба да бидат

насочени кон: градење на институции, финансиска поддршка и поддршка на регионален развој.

Електронската трговија е процес на купување, продавање, пренос или размена на

производи, услуги или информации преку компјутерски мрежи, вклучувајќи го и Интернетот.

Електронската трговија е менувано во текот на изминатите 30 години. На почетокот под

електронската трговија се подразбирало електронско олеснување на комерцијалните трансакции,

користејќи технологија како EDI и EFT. Таа претставува феномен управуван од технологија која

се заснова на мноштво информациски технологии и компјутерски концепти. Технологијата на

електронската трговија се карактеризира со единствени карактеристики: сеприсутност, глобална

достапност, универзални стандарди, богатство, интерактивност, густина на информациите,

персонализирање/корисничко приспособување, социјална технологија. Пред да се одлучат за

воведување електронска трговија, сопствениците треба да размислат за одредени фактори.

Електронската трговија овозможува многу нови начини за бизнисите и потрошувачите да

комуницираат меѓу нив и да соработуваат. Има доста предности и недостатоци кај ваквиот начин

на воспоставување бизнис. Предностите од ваквиот начин на бизнис можат да се групираат како

предности за организацијата, предности за купувачите и предности за општеството. Топ 10-те

бариери на електронската трговија се: сигурност, доверба и ризик, недостаток на квалификуван

персонал, недостаток на бизнис модели, култура, недостаток на јавна клучна инфраструктура,

организација, измама, старата навигација на Интернетот, и легални проблеми. Денес,

електронската трговија е една од најважните апликации достапни на интернет. Извршување на

бизнис преку интернет, преставува брзо растечки пазар, главно поради придобивките кои оваа

форма на трговија ги обезбедува. Електронската трговија ги елиминира бариерите на време,

простор и дистанца. Електронската трговија во вкупната продажба во трговијата на мало

учествуваше со 4,70%. Во Европа се одвива исклучително добро. Електронската трговија во

однос на природата на трансакциите може да биде класифицирана како: бизнис-бизнис, бизнис-

корисник,корисник-корисник, мобилна трговија, размена-размена, бизнис-вработени, бизнис-

влада, влада-корисник и kорисник-корисник. Бизнис модели во електронската трговија се :

порталите, обезбедувачи на содржини, брокери за трансакции, креатори за пазари, даватели на

услуги, електронски дистрибутери, електронска набавка, берзи, индустриски конзорциуми,

приватни иддустриски мрежи како и електронските продавници како еден од најексопираните

форми на електронска трговија. Социјалните медиуми рапидно го менуваат начинот на водење на

бизнисот. Тие се повеќе се користат и во електронската трговија од страна на малите и средни

бизниси. Facebook е еден од најкористените сецијални медиуми. Бројот на корисници на

Page 117: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

114

Facebook изнесува преку 200 милиони. Од електронската трговија можат да се наведеат голем

број на користи. Интернетот им дава можност на малите и средни претпријатија да дојдат до

битни информации за дизајнот на производите. Електронската трговија не ги ограничува

потрошувачите со времето и сл. Кога се зборува за електронската трговија се наметнува и

прашањето за безбедноста. Како најчести и најштетни облици на безбедносни закани се

наведуваат; злонамерен код, несакани пораки, кражби на лични податоци, хакирање, измама со

кредитни картички. Јасно е дека заканите за е-трговијата се многу реални. Имаат големо

негативно влијаниев врз сите учесници во процесот и дека со зголемување на процесот на

електронска трговија се зголемува и нивниот интензитет, па заради тоа постојат две линии на

одбрана: технолошки и решенија со политики.

Од анализата на состојбите на малите и средни бизниси во Р.Македонија може да се

согледа: 1) Во Република Македонија малите и средни деловни субјекти, најчесто, се

организирани како ДОЕЛ или ДОО. 2) Бројот на активни деловни субјети е зголемен во однос на

2011 год. кога биле регистрирани 73118 активни деловни субјекти, за во 2012 год. овој број да

изнесува 74424 активни деловни субјекти. 3) Доколку подетално ги разгледаме достапните

податоци за 2012 год. можеме да се согледа дека: најголемо учество од 82.0% имаат деловните

субјекти со 1-9 вработени. 4) Најголемо учество во структурата имаат секторите: Трговија на

големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 27 307 субјекти или

36.7% и преработувачка индустрија со 8251 субјекти или 11.1%. 5) Најголем дел од малите

деловни субјекти со вработени од 1 до 9 вработени работаат во секторот трговија на големи и

трговија на мало. 6) Општина со најмногу активни деловни субјекти е Скопје. Тука се застапени

најголем дел од микро, малите и средни деловни субјекти.

Како што споменавме електронската трговија подразбира трансакции кои се спроведуваат

преку интернет, односно интернетот се користи како средство преку кое продавачот и купувачот

комуницираат и го склучуваат договорот за купопродажба, односно се врши нарачка и плаќање

на производите и услугите. Во презентираните податоци за елекктронската трговија е изнесено

следното: 1) Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2012

година, 58.3% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома. 2) Интернет најмногу

користеле учениците и студентите, односно 96.4%, како потенцијални клиенти на малите и

средни бизниси во областа на е-трговијата. 3) Според нивото на образование лицата со високо

образование најмногу корситат интернет, а дури 93,6% од нив користат компјутер. 4) Во првото

тримесечје од 2012, само 4.3% од корисниците на интернет кои некогаш употребиле интернет,

направиле нарачки преку интернет за купување на стоки/услуги за лична намена, додека 7.8% тоа

Page 118: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

115

го направиле во последните 12 месеци. Најмногу за купување на облека или спортска опрема

(29.8%). Според изнесеното активноста околку електронската трговија треба да биде насочена

пред се кон групата на млади кориници од 15-24 год и од 25- год, кои најголем дел од времето го

поминуваат пред компјутер или со своите паметни телефони и кои најчесто го користат

интернетот. Податоците на страната на деловните субјекти се однесуваат на следното: 1)Според

податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2012 година, широкопојасен пристап на

интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 87.3% од деловните субјекти со десет или

повеќе вработени. 2) Во 2011 година, околу 28% од деловните субјекти со пристап на интернет

понудиле стоки или услуги во електронски системи за јавни набавки во земјава. 3) Во текот на

2011 година, 8.9% од деловните субјекти со 10 или повеќе вработени, имале е-трговија, односно

купувале или продавале стоки или услуги преку компјутерски мрежи (преку веб или EDI). Веб-

продажба реализирале 5.3%, а веб-купувања вршеле 4.8% од деловните субјекти. 4) Најголема

примена интернетот наоѓа кај големите бизниси со над 250 вработени. 5) Се зголемува бројот на

деловни субјекти кои имаат сопствена веб-страница, во секторот финансии дури 97,3% од

бизнисите во оваа област имаат сопствена веб-страница. 6) 40,2% од деловните сублекти од ИКТ

секторот имаат извршено електронска трговија.

Со цел поблиску да се долови значењето на малите и средните бизниси кои работат во

областа на електронската трговија, како и да се согледа нивната иновативност, застапеност, како

и потешкотиите со кои се соочуваат и предлозите за подобрување на состојбите тука се

електронските продавници од југозападна Македонија- MACEDONIAN HANDICRAFTS и

KELEPUR MK. Macedonian Handicrafts претставува електронска продавница специјализирана за

ракотворби изработени исклучиво од мајстори занаетчии од Македонија, изработени од

најразлични материјали со најразлични техники на изработка. Таа е формирана како фамилијарен

бизнис и моментално има околу 40 производи, формирана како ДООЕЛ, е мал бизнис но со

големи планови, која како основен медиум за промоција го користи Интернетот и социјалните

мрежи. Kelepur.mk, (www.kelepur.mk) е специјализирана веб страна за групни попусти.

Kelepur.mk нуди атрактивни и неверојатни понуди на производи и услуги со големи попусти

дури до неверојатни 90% во ресторани, кафулиња, дискотеки, бутици, СПА и фитнес центри,

фризерски студија и салони за убавина. И овој бизнис е формиран како ДООЕЛ од млад

претприемач кој работи на принципот на купони и попусти, промовирајќи се преку интернет и

социјалните медиуми. Иако се предземаат низа мерки за развој на електронската трговија сепак

таа сеуште не е доволна застапена во југозападниот регион мое сеуште да се парави доста за

развој на електронска трговија.

Page 119: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

116

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

Академик Проф. Д-р Бобек Шуклев – „Менаџмент на малиот бизнис“, Економски факултет,

Скопје, 2011 год.

Т. Фити, В. Хаџи-Василева Марковска „Претприемништво и претприемачки менаџмент“ ,

Економски факултет-Скопје

Кенет К. Лаудон, Карол Герсио Травел –„ Елетронска трговија бизнис, технологија,

општество“ -2010

Peter F Drucker-“ Managing in the next society”-Truman Talley Book ,2002

Гарет Р. Џонс, Џенифер М. Џорџ- „Современ менаџмет“ 2008

Kaplan Andreas, Haenlein Michael –“ Users of the world unite! The challenges nad opportunites of

social media, Buiness Horizonns” 2010

C. G. T. Keneth C. Laudon, E-commerce 2011, 7 izdanje ed., International: PearsonEducation,

2011.

Petar Kocovic „ Informatica Postmoderna”-Trece izdanje, , Beograd, 2012

Petar Kocovic , “Internet marketing” , Trece izdanje, Beograd 2012

Petar Kocovic „ Elektronska trgovina” Beograd 2013

Dr. Blagoje Paunović “Preduzetništvo I upravljanje malim preduzećem”Ekonomski fakultet u

Beograd 2012.

Tonge, J,-A Review of Small Business Literature-Part 1: Defining The Small Business Manchester

Metropolitan University Business School Working Paper Series, WPS025, November 2001, ISSN

1471-857X

Milisavljević M., Todorović J. –„Strategijso upravljanje“, Ekonomski fakultet, Beogard, 1991,.

Kenneth R. Van Voorhis “ Entrepereneurship and small business management” Allyn and Bacon, Inc,

Boston, 1980,

Napuk, K.-The Stategy Led Business:Step-by-Step Stategic Planining for Small and Medium Sized

Companies, McGraw-Hill, 1996,

Shuman, J.M.-“Debt and Other Forms od Financing”, u: Bygrave, W.D-The Portable MBA in

Enterprenership, John wiley, 1994, str. 195-235; Scaborough, N.M, Zimmerer; T.W.-Effective

Small Business Management, Prentice Hall, 1996,

Boas, Taylor C.; Gans-Morse, Jordan (2009). "Neoliberalism: From New Liberal Philosophy to

Anti-Liberal Slogan". Studies in Comparative International Development

Timmos, J.A. – „New Venture Creation:Enterprenership in the 1990s“, Irwin, 1990

Page 120: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

117

Hisrich, R.D., Peters, M.P.-“Enterprenership,” Irwin/McGraw-Hill, 1998,

Peterson, R.A.-Enetrpreneurship and Organization, u; Nustrom, P.C. Starburk, W.H. (eds)-

“Handbook of Organizational Desing Volume 1: Adapting Organizations to their Environments”,

Ohford University Press, 1984

Кантион „Општа расправа за природата на трговијата“ објавена прв пат 1755 год. на

француски јазик

The eBay Phenomenon by Elen Lewis publ2008 by Marshall Cavendish books

Arnold Picot, Ralf Reichwald, Rolf Wigand: „Information, Organization and Management“;

Springer-Verlag Berlin Heidelberg, 2008

Efraim Turban, Electronic commerce: A Managerial Perspective 4/E, Prentice Hall, 2006

Colin M Mason Informal Sources of Venture Finance, Hunter Centar for Enterpreneurship,

University od Strathclyde, Glasgow 2005,

Brchan Thomas, Christopher Miller, Lyndon Murphy- “ Innovation and Small Business”- Ventus

Publishing Aps 2011

Almeida, P. (2004). Small Firms and Innovation,“Entrepreneurship in the 21st Century”-

Conference Proceedings, 26th april 2004, SUA

Kenneth R. Van Voorhis “ Entrepereneurship and small business management” Allyn and Bacon,

Inc, Boston, 1980

Richard Castaldi, Max S.Wortman, Jr “ Boards of directors in small corporation: An untapped

resource “ American Journal of small business “ vol. IX, No.2 Fall 1984 p.4

Bigne, Enrique. "The Impact of Internet User Shopping Patterns and Demographics on Consumer

Mobile Buying Behavior" 2005

Проф. Д-р. Ристе Темјаносвски –„Е-бизнис“, Универзитет „Гоце Делчев„ Економски

Факултет Штип, 2012

"A fistful of dollars," The Economist, p. 9, 4-10 februar 2012.

Статистички годишник на Р.Македонија 2013год.

Закон за трговски друштва, Службен весник на Р.М. , 28/2004;

Програма за развој на Југозападен плански регион 2010-2015 год.-центар за развој на

Југозападен плански регион, март 2010 год.

„Aggressive net bug makes history“, „BBC News“, 3 February 2003

Oxford English Dictionary online“. Oxford University Press.

"The Value of Friendship," Tha Economists, pp. 19-21, 4 februar 2012.

a b "Meg Whitman to Step Down as President and CEO of eBay" eBay,.

Page 121: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

118

"Global Trade: 1. Finding International Items On eBay"

"The Alibaba phenomenon". The Economics. March 23, 2013

Palmer, Kimberly.(2007) News & World Report

Микрофинансирање на малите бизниси - премостување на пазарниот јаз, ЕвропскаКомисија

Global Enterpreneurship Monitor, Global Report 2012, Siri Roland Xavier, Donna Kelley, Jacqui

Kew, Mike Herrington, Arne Vorderwülbecke

„AOL/NCSA Online Safety Study“. America Online & The National Cyber Security Alliance. 2005.

„Data Breaches Are Frequent, but Evidence of Resulting Identity Theft Is Limited; However, the

Full Extent Is Unknown“. „Highlights of GAO-07-737, a report to congressional requesters“.

gao.gov. конс. 22 септември 2010.

Sasha Romanosky. „Do Data Breach Disclosure Laws Reduce Identity Theft?“. „Heinz First

Research Paper“. heinz.cmu.edu.

S. Raymond, Eric. „Jargon File: Cracker“. конс. 8 мај 2010. „Coined ca. 1985 by hackers in

defense against journalistic misuse of hacker“

ENTERPRISE AND INDUSTRY PUBLICATIONS The new SME definition, User guide and

model declaration, Extract of Article 2 of the Annex of Recommendation 2003/361/EC

United States Small Business Administration. "Size Standards". Retrieved 2011-08-21

ЗАКОН ЗА ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА Сл.Весник на Р.Македонија бр. 133

АНАЛИЗА НА СОСТОЈБАТА СО ЕЛЕКТРОНСКАТА ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА

МАКЕДОНИЈА, USAID ноември 2010

http://www.stat.gov.mk/

http://www.us-cert.gov/

http://www.socialbakers.com/

http://www.nasdaq.com/symbol/yhoo

http://mashable.com-Soren Gordhamer-4 Ways Social Media is Changing Business

http://www.techi.comRocco Penn-How-social-media-fits-in-with-business-communications-Juli

http://www.pamorama.net/ Edison Research- The Social Habit: Who Uses Social Media and How

http://smallbusiness.chron.com/key-elements-social-network-business

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ekonomija

http://www.nike.com/us/en_us/c/nikeid

http://www.hiscox.com/small-business-insurance/blog/10-important-personal-characteristics-of-

entrepreneurs/

Page 122: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

119

http://www.examiner.com/article/characteristics-of-a-small-business

http://biznis101.com/planiraj-biznis/marketing-istrazhuvanje/319-m

http://bi.mk/

http://www.ex.mk/

http://www.kurir.mk/makedonija/ekonomija

http://mio.gov.mk

http://epp.eurostat.ec.europa.eu

http://www.census.gov

www.comscore.com

http://www.apprm.gov.mk/

http://www.mbdp.com.mk

http://www.stb.com.mk/;

www.kb.com.mk/;

http://www.nlbtb.com.mk/;

http://www.procreditbank.com.mk/

http://denar.mk/3406/biznis/proizvodi-od-koi-se-napraveni-milijardi

http://www.sba.gov/content/small-business-trends

http://www.fsb.org.uk/stats- Small Business Statistics

http://money.mnogoo.mk/mk/articles/Biznis/pocnuvanje-so-mal-biznisprimamlivo-i-rizichno

http://ec.europa.eu/enterprise/policies/sme/facts-figures-analysis/index_en.htm

http://www.pretpriemac.com/2009/03/24/razlika-mali-golemi-biznisi/

http://bi.mk/

http://www.akademik.mk/sad-hakeri-izvrshile-krazhba-na-kreditni-kartichki-vo-iznos-od-300-

milioni-dolari

http://tutorijali.pretpriemac.mk/hakerski-napadi-dos-denial-of-service-napadi/

http://www.komuniciraj.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=44&Itemid=240

http://crisp.org.mk/content/view/69/1/lang,mk/

http://ekonomski.mk/2013/10/26/анализа-колку-македонците-купуваат-

http://biznis101.com/planiraj-biznis/marketing-istrazhuvanje/319-malite-biznisi-vo-eu.html

http://www.e-trgovija.gov.mk/

http://macedonian-handicrafts.mk/ ; http://www.kelepur.mk/

Page 123: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

120

ПРИЛОЗИ:

ПРАШАЛНИК

Основач:________________________________________________________________

Воздраст:________________________________________________________________

Занимање:_______________________________________________________________

1.Од кога постоите?

2. Од каде идеата за ваков бизнис?

3.Кажете ми малку за вашиот бизнис, за што станува збор?

4.Колку вработени имате?

5.Како го финансиравте Вашиот бизниси од кои извори

6. Дали станува збор за фамилијарен бизнис?

7.Каква форма на организација имате?

8. Дали имате посебно ангажирано лице за работа околку вашата електронска

продавница?

8.Со кои потешкотии се соочивте при основање на вашиот бизниси, а со кои се

соочувате во текот на работата?

9. Колку производи се достапни на Вашата електронска продавница?

10. Што сметате декае предноста на Вашата електронската продавница во однос на

традиционалната?

11. Кои се се предежно Ваши потрошувачи?

12. Кои се ваши партнери?

13. Дали работите само на домашно или и на меѓународно ниво?

14. Кој медум најчесто го користите за промоција ( телевизија, радио, интернет,

социјални мрежи..)?

15. Дали ги користите социјалните медиуми за промоција и комуникација со

клиентите и партнерите и кои од нив ги користите (facebook, twitter, linkedin)?

Page 124: I.Развој на малите и средни бизнисиeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida... · 2 производи, услуги информации,

121

16. Врз основа за која технологија функционира вашиот елетронски бизиси?

17. Дали сметате дека во Р.Македонија постојат поволни услови за развој на ваков

бизис?

18. Што претставува најголем предизив во работата во Вашиот бизис?

19. Што би предложиле како мерка за развој ан електронската трговија во

Р.Македонија?

20. Кои се вашите планови за во иднина?