15
1 STRUKTURA NA KOMPJUTEROT Логички модел на компјутерот Логичкиот модел на модерниот РС е многу сличен со моделот на компјутер што го дал Џон вон Нојман (John von Numann) во 1940 година. Тој бил математичар, роден во Унгарија, а живеел и работел во САД. Неговиот модел се состоел од 5 основни компоненти: процесор (CPU), влезна единица (Input), излезни единици (Output), работна меморија (Memory) и перманентна меморија (Drives). Реализацијата на тој модел морала да причека за да биде реализирана се до појавата на транзисторите и електричните чипови. КОМПЈУТЕРОТ е сложена машина способна да помни голем број податоци и програми и истите автоматски да ги обработи со голема брзина и точност.

Hardver (Proekt Na Teodora)

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Hardver (Proekt Na Teodora)

1

STRUKTURA NA KOMPJUTEROTЛогички модел на компјутерот

Логичкиот модел на модерниот РС е многу сличен со моделот на компјутер што го дал Џон вон Нојман (John von Numann) во 1940 година. Тој бил математичар, роден во Унгарија, а живеел и работел во САД. Неговиот модел се состоел од 5 основни компоненти: процесор (CPU), влезна единица (Input), излезни единици (Output), работна меморија (Memory) и перманентна меморија (Drives). Реализацијата на тој модел морала да причека за да биде реализирана се до појавата на транзисторите и електричните чипови.

КОМПЈУТЕРОТ е сложена машина способна да помни голем број податоци и програми и истите автоматски да ги обработи со голема брзина и точност.

Page 2: Hardver (Proekt Na Teodora)

2

Централна Единица

Централната единица е сместена во метално кутија (т.н. куќиште), и во неа се наоѓаат главните елементи на компјутерот како што се: процесорот (CPU- Central Processing Unit), внатрешните и надворечните мемории итн.На предната страна од кутијата се наоѓаат разни копчиња (копче за вклучување на компјутерор, копче за рестартување), индикаторни ламбички додека на задната страна од кутијата (кучиштето) се наоѓаат приклучоците за периферни уреди, како и приклучокот за електрично напојување.

Компјутерските кутии односно куќиштата претставуваат тело на компјутерот, овозможувајќи му на производителот да ги вклопи сите неопходни компјутерски компоненти (делови) во една целина која може да се пренесува ако е потребно. Постојат хоризонтални и вертикални кутии (куќишта). Хоризонталните можат да бидат десктоп (анг. desktop) или пак тенки т.н. слим (slimline desktop), вертикалните според големината и намената можат да бидат: ниски (анг. mini tower), средни (анг. midi tower) и високи (анг. full tower).

 

logicki model

Page 3: Hardver (Proekt Na Teodora)

3

Page 4: Hardver (Proekt Na Teodora)

4

  

Процесор

Процесор ја има главната задача во компјутерот – врши обработка на податоците.Тој се состои од голем број на електронски кола спакувани во еден чип. Основни составни делови се :

Аритметичко-логичка единица (ги извршува аритметичките и логичките операции при обработката) Управувачка единица(ја контролира и синхронизира работата на процесорот со работата на другите

единици на компјутерот) Регистри (електронски склопови кои служат за привремено чување  на меѓурезултатите при

извршување на програмите)

При работата  процесорот користи посебни електрични импулси

генерирани со голема брзина од т.н. такт-генератор.

Page 5: Hardver (Proekt Na Teodora)

5

Брзината на генерирање на инпулсите се нарекува фреквенција

 

Внатршна меморија

Внатршна меморија е делот од ценралната единица кој е поделен на :

ROM(Read Only Memory) - Меморија која може само да се чита.

RAM(Random Access Memory) - Меморија од  која може да се чита и на која може да се запишува. Со исклучување на компјутерот податоците од оваа меморија се бришат.

            Капацитетотна меморијата или способноста да меморира одредено количество податоци се изразува со следните единици:

Бит ( bit ) една 0 или 1 од податоците кои се претставуваат во бинарна форма Бајт ( byte 1B=8 bit) Килобајт (1KB= 1024 B) Мегабајт (1MB= 1024KB)

Гигабајт  (1GB= 1024MB) Терабајт  (1TB= 1024GB)

Надворешна меморија

Бидејќи со исклучување на персоналниот компјутер од напојување се брише внатрешната меморија, се јавува потреба од зачувување на податоците и програмите за подоцнежна употреба. За таа цел се користат надворешни мемории за зачувување на податоците. Запшиувањето на податоците се врши во логички целини наречени датотеки.Надворешните мемории се изработуват на магнетни, оптички, магнетно-оптички медиоми а во денешно

назад

logicki model

Page 6: Hardver (Proekt Na Teodora)

6

време и на електронски медиуми (USB мемории). Најчести надворешни мемории се:

- магнетна дискета (floppy disk) -тврд (хард) диск (HDD)- CD ROM, DVD-USB мемории (USB flash drive)

-Магнетната дискета претставува тенок свитлив пластичен диск (анг. floppy disk / diskette) премачкан со магнетен материјал и сместен во пластична футрола. На футролата постои отвор иреку кој се читаат и запишуваат податоците. Денешните дискети се со големина од 3,5” (инчи) и имаат капацитет од 1,44 MB.

Пред да започнеме со користење на нова дискета треба претходно да ја форматираме. Форматирање е постапка на делење на дискета на патеки и сектори.

-Хард Диск (Тврд Диск)се состои од една или од повеќе метални или керамички кружни плочи прицврстени на заедничка оска околу која ротираат. Затоа и се нарекува тврд диск (анг. Hard Disk). Секоја плоча е премачкана со магнетен материјал дебел само неколку микрони, а над него се нанесува заштитен слој. За секоја плоча има по две глави за читање и запишување чие позиционирање е многу попрецизно отколку кај дискетата, бидејќи нема поместување на дискивите, а целата конструкција е херметички затворена и нема ипасност од нечистотија како кај дискетите.Кај магнетниот диск нема директен допир меѓу површината на дисковите и главитe за читање и запишување. Главите „лебдат" над нивната површина на воздушно перниче кое се создава поради многу брзото ротирање на дисковитe на растојание од неколку стотини нанометри. Дискот ротира цело време додека работи компјутерот. Слично како и кај дискетата површината на плочите од тврдиот диск е поделена на сектори и патеки.

назад

Page 7: Hardver (Proekt Na Teodora)

7

-CDkомпакт дискот (Compact Disk - CD) е оптичка надворешна меморија. Тој се состои пластична плоча врз кој е нанесен тенок слој од алуминиум. Податоците (битовите 0 и 1) се запишуваат така што со ласерски зрак се прават мали дупчиња во слојот за податоци. Диск единицата во која

се става компакт дискот е со ласерско читање на податоците, при што ласерскиот зрак ја детсктира рефлектираната светлина која се манифестира како битови од нули и сдници. Податоците на CD-ROM дисковите се запишуваат еднаш и не може да се менуваат. а можат де се читаат неограничен број пати, затоа се наречени CD ROM (Compact Disk Read Only Memory).Нивниот капацитетот е 650 или 750 МВ. Запишувањето на податоците не се врши по патеки како кај магнетните дискови. туку по непрекината спирала од надворешноста кон центарот на дискот.Покрај CD ROM дисковите постојат и CD R (CD Recordable), на кои корисникот може да запише свoи податоци, но само еднаш и CD RW (CD ReWritable), на кои може да сe запишуваат и бришат податоци повеќе пати.

-DVD или дигитален видео диск (анг. Digital Versatile Disc) e пренесувач на податоци оптички уред со доста поголем капацитет од неговиот претходник CD (Compact Disc). DVD е оптички диск кој се користи како

Page 8: Hardver (Proekt Na Teodora)

8

средство за висококвалитетно складирање на податоци, но во масовна употреба воглавно служи за складирање филмови. DVD изворно е препознатливо како (Digital Video Disc). DVD дисковите по големината и по изгледот се потполно идентични со CD дисковите а нивниот поголем капацитет за складирање на податоците се должи на поголемата густина на записот (повеќе ласерски избушени дупчиња, се корист ласер со помала бранова должина ) и повеќеслојното запишување на податоците.

-USB flash driveили попозната како USB меморија или Flash меморијапретставува посебен тип на елктронска меморија која не се губи при исклучување од напојување и е специјален тип на EEPROM (Electrically Erasable Programmable Read-Only Memory) односно меморија која е електрично избришлива и препрограмирачка.

Влезни единици Влезните единици ни овозможуваат да пратиме податоци и инструкции до процесорот и да му кажеме на

компјутерот што да работи. Најчесто користените влезни единици се тастатурата и глувчето.

Тастатура Тастатурата (keyboard) е една од основните влезни единици и се користи за внесување текст и броеви.

Составена е од копчиња (тастери) означени со букви, цифри и други знаци. Со притискање на определен тастер, му кажуваме на компјутерот што да напише или што да направи. Освен стандардните копчиња кои се користат за пишување, постојат и копчиња со посебни намени, како што се функциските копчиња на врвот или стрелките за движење по екранот. На десната страна се нумеричките копчиња, наменети за брзо внесување на цифрите.

назад

Page 9: Hardver (Proekt Na Teodora)

9

Глувче Глувчето (mouse) денес сè почесто се ко- ристи како влезна единица. Со глувчето не може да се внесува

текст, но може да се одбере некоја од понудените наредби или опции. Од долната страна има специјално топче што ти овозможува да се движиш по подлогата и да го поместуваш покажувачот на екранот. Од горната страна се копчињата на кои кликнуваш и со тоа му кажуваш на компјутерот што да работи. Денес повеќе се користат оптички глувчиња (без топче), а има и безжични глувчиња.

Други влезни единици

Page 10: Hardver (Proekt Na Teodora)

10

Денес се користат и многу други влезни единици. Слики можеш да внесеш во компјутерот со скенер или со дигитален фотоапарат. Скенерот копира слики и документи, додека со дигиталниот фотоапарат фотографираш сам. Со дигиталната камера можеш да снимиш и кратки видеозаписи и да ги внесеш во компјутерот. Звукот се внесува преку микрофон. За игрите се користат џојстик, волан и други единици

Излезни единициИзлезните единици добиваат податоци од процесорот и ги преведуваат во текст, слика или звук, разбирливи за

нас. Најчесто користени излезни единици се мониторот и печатачот.

Монитор Мониторот наликува на телевизор и има екран на кој се прикажуваат текстови и слики и може да се види што работи компјутерот. Денес најмногу се користат монитори со димензии на екранот од 15 до 21 инч. Постојат монитори со катодна цевка (CRT) и монитори со течни кристали (LCD). LCD мониторите сè повеќе се користат и ги исфрлаат од употреба CRT мониторите

logicki model

logicki model

Page 11: Hardver (Proekt Na Teodora)

11

1 инч = 2,54 cm

Сликата на екранот се прикажува со помош на точки во различни бои кои ги нарекуваме пиксели (pixel). Тие се распоредени хоризонтално и вертикално. Бројот на пикселите на екранот се нарекува графичка резолуција. Поголема графичка резолуцијата дава појасна слика.

Пример на графика со поголема и со помала резолуција

Page 12: Hardver (Proekt Na Teodora)

12

Печатач Печатачот е излезна единица преку која текстот или сликата се испишуваат на хартија. Печатачите можат

да бидат во боја или црно-бели.

Постојат повеќе видови печатачи, но денес најмногу се користат следниве:

♦♦иглични (матрични) печатачи кои печатат со помош на метални иглички кои преку лентата со боја удираат на хартијата. Печатат црно-бело.

♦♦млазни (ink-jet) печатачи кои печатат така што бојата со голема брзина се прска директно на хартијата. Погодни се за печатење во боја.

♦♦ласерски печатачи кои печатат со помош на ласер и спе- цијален прав во боја − тонер. Печатат брзо и даваат отпечаток со висок квалитет.

Матричен печатач Млазен печатач Ласерски печатач

Други излезни единици Други излезни единици се: звучникот за слушање музика, цртачот (plotter) за исцртување слики со висок квалитет и проекторот за презентирање содржини на платно. . Влезни- Излезни единици служат за внес меѓутоа и за излез на податоци од компјутерот и во оваа група спаѓаат:- Модем- TV (VIVO) картича- Звучна картичка

-Модем служи за пренесување податоци од еден до друг компјутер. Брзината се мери со битови во секунда (bps). Постјат два вида:-внатрешни (интерни)-надворешни (екстерни)модемот ги претвора дигитални сигнали во аналогни на излезот (модулација) и аналогни во дигитални на влезот (демодулација).-Звучна картичка уред кој ги опслужува влезните и излезните аудио сигнали.-TV картичка уред кој ги опслужува влезните и излезните видео сигнали.

Page 13: Hardver (Proekt Na Teodora)

13