31
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 138 www.mchamber.mk 30.05.2013 ISO 9001 Quality Management bsi. FS 549642 ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ОДЛИЧНАТА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА СО ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП НА ТРЕТИ ПАЗАРИ Македонско-унгарски бизнис-форум Претставена Стратегијата за развој на платниот систем на Република Македонија за периодот 2013 - 2017 година ПАТ КОН БЕЗБЕДЕН, ДОВЕРЛИВ И ЕФИКАСЕН ПЛАТЕН ПРОМЕТ ПО ЕВРОПСКИ ТЕРК Во Министерството за економија одржана јавна расправа по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини ПОСТИГНАТА ВЗАЕМНА СОГЛАСНОСТ СО БАРАЊАТА НА МАКЕДОНСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА РУДАРСТВОТО – МАР

Biznisinfo 30052013

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Неделен Бизнис ИНФО на Стопанската комора на Македонија, број 138

Citation preview

Page 1: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Број 138 www.mchamber.mk 30.05.2013

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ОДЛИЧНАТА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА СО ЗАЕДНИЧКИ

НАСТАП НА ТРЕТИ ПАЗАРИ

Македонско-унгарски бизнис-форум

Претставена Стратегијата за развој на платниот систем на Република Македонија за периодот 2013 - 2017 година

ПАТ КОН БЕЗБЕДЕН, ДОВЕРЛИВ И ЕФИКАСЕН ПЛАТЕН ПРОМЕТ ПО ЕВРОПСКИ ТЕРК

Во Министерството за економија одржана јавна расправа по Предлог на закон за изменување и

дополнување на Законот за минерални суровини

ПОСТИГНАТА ВЗАЕМНА СОГЛАСНОСТ СО БАРАЊАТА

НА МАКЕДОНСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА

РУДАРСТВОТО – МАР

Page 2: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФО

дос тапни насек аде . . .

Посетете не’ на веб-порталот:www.mchamber.mk

Ве очекуваме!

ПРЕМИУМ Покровители

INDUSTRIES

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

СТАНДАРД Покровители СИЛВЕР Покровители

http://www.facebook.com/chamber.mk

http://www.twitter.com/Chamber_MK

Page 3: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФО

2

Стопанската комора на Македонија Лиценцирана институција за образование на возрасни

Во моментот акредитирани се занимањата:

(1) Гипсер монтер; (2) Фасадер; (3) Аргон заварувач; (4) Готвач во угостителски објект.

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

Page 4: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФО4

ПОСЕТИ

Денешниот бизнис-форум претставува значаен импулс во интензивирањето на успешната економска билатерална соработка, потврдена од серијата посети на високи претставници од двете земји во изминатиот период, со акцент на тоа дека во иднина економската соработка меѓу Република Македонија и Унгарија треба да се интензивира уште повеќе, особено во деловниот сектор, -истакна Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија (27.5.2013 година). Република Македонија и Унгарија имаат одлични политички и пријателски односи и сметам дека тоа треба да се рефлектира и на економската соработка. Сметам дека тоа е можност за продлабочување на соработката меѓу компаниите од двете земји и можност за заеднички настапи на трети пазари, особено земјите со брз економски раст и државите со кои Република Македонија има потпишано договори за слободна трговија, - истакна Пешев. Потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу стопанските комори од двете земји, шро се случи во Будимпешта во февруари оваа година, како формален инструмент во функција на унапредување на двете бизнис-заедници ќе испрати силна порака за значењето на македонско-унгарската економска соработка и нејзиното унапредување. Економскиот развој во секоја средина е синергија меѓу јавниот и приватниот сектор, за чие интензивирање треба да се заложат државниот и приватниот сектор од двете земји, – подвлече Пешев. Тој посебно је подвлече одличната економска соработка меѓу Македонија и Унгарија, и покрај ланскиот пад на размената, а со ова се согласи и амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, господинот Јозев Бенце. Како заедничка иницијатива беше истакната потребата од воспоставување директни транспортни врски меѓу двете земји, посебно за враќање на директната авионска линија меѓу Будимпешта и Скопје, којашто и тоа како ќе ги ревитализира и ќе ги олесни, не само бизнис-релациите, туку и ќе ги интензивира и туристичките мисии, на задоволство на двете страни.

четврток, 30 Мај 2013, Бр. 138

Македонско-унгарски бизнис-форум

ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ОДЛИЧНАТА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА СО

ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП НА ТРЕТИ ПАЗАРИ

Page 5: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 30 Мај 2013, Бр. 138

Министерот за економија во Владата на Република Македонија, м-р Ваљон Сараќини, заедно со државниот секретар во Кабинетот на премиерот на Унгарија, Петар Сијарто, кој престојува во официјална посета на Република Македонија, денеска го отворија Македонско-унгарскиот бизнис-форум, што се одржа во Стопанската комора на Македонија. На Бизнис-форумот, покрај стопанственици од Македонија, учествуваа и претставници на дваесеттина унгарски компании, чија цел е да воспостават деловни контакти со македонски компании од различни стопански дејности. Се надевам дека потенцијалите за соработка меѓу двете земји во иднина ќе бидат искористени, а уверен сум дека тие потенцијали се бројни. Ги повикувам унгарските инвеститори да ги искористат поволностите што ги нуди Македонија и да инвестираат кај нас. Очекувам денешниот бизнис-форум да биде во таа насока, - рече министерот Сараќини, потсетувајќи дека економските врски меѓу двете земји се зајакнаа со одржувањето на првиот конститутивен состанок во февруари годинава во Будимпешта, каде што Мешовитата комисија, по Договорот за економска соработка, ги дефинира економските области, кои ќе бидат во духот на заедничките интереси на

Page 6: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 30 Мај 2013, Бр. 138

бизнис-заедниците од двете земји. Министерот Сараќини пред стопанствениците ги претстави мерките на Владата за зголемување на атрактивноста на земјата за инвестирање, преку подобрување на деловното опкружување со спроведување на структурни реформи, одржлива макроекономска и фискална политика: „За странските инвеститори има многубројни фискални поволности за инвестирање, особено во технолошко-индустриските развојни зони, воведување и задржување на најниски даноци во Европа и олеснување на постапките за вршење бизнис”, - истакна Сараќини, додавајќи дека во насока на продлабочување на соработката со Република Унгарија посебно внимание заслужуваат можностите за инвестирање во енергетските и инфраструктурните проекти, туризмот, потенцијалите за експлоатација на минерални суровини, заеднички проекти за научни и иновативни истражувања и

сл. Од унгарска страна беше истакнато дека сакаат да ја зацврстат позицијата на инвеститор во Македонија и оти за нив интересни за инвестирање се земјоделството, туризмот и финансискиот сектор. - Имаме силна позиција како инвеститор во Македонија и би сакале да ја зацврстиме оваа позиција. Ја гледаме Република Македонија како важен партнер во надворешната трговија. Ние сме и силен поддржувач во однос на интегрирањето на Македонија во Европската унија и во НАТО - Алијансата, - истакна државниот секретар за надворешни работи и меѓународни економски односи и копретседател на Унгарско-македонскиот деловен совет, Петер Сијарто. Инаку, кога станува збор за билатералната трговска размена, таа во 2012 година достигна вредност од 61,7 милиони САД $, со остварен извоз во вредност од 9,1 милиони САД $, додека увозното салдо изнесува 52,6 милиони САД $. Трговскиот дефицит, којшто минатата година изнесуваше 43 мил. САД $, а во 2011 година изнесуваше 41 мил. САД $, треба да не` поттикне да преземеме конкретни активности со цел нашата трговска размена да биде балансирана, односно таа да има стратешки, а не импулсивни насоки. Мешовито владино тело, со учество на приватниот сектор за имплементација на Спогодбата за економска соработка, би можело да биде во функција на унапредување на нашите економски односи. На Македонско-унгарскиот бизнис-форум учествуваа бизнисмени од 22 унгарски компании кои се заинтересирани да воспостават деловни контакти со македонски компании од различни стопански дејности.

Page 7: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФО

Бизнис-делегација од повеќе стопанственици и од Стопанската комора на Унгарија, која деновиве е во посета на Република Македонија оствари средба со градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески и со претставници од бизнис-заедницата на регионот, претставени од Регионалната комора со седиште во Битола (28.5.2013 година). Градоначалникот Талески ги истакна и ги образложи позначајните проекти на општина Битола во кои спаѓаат индустриската зона „Жабени“, односно фабриките што функционираат или се градат во неа, како и просторот на старата битолска касарна која е, исто така, атрактивен локалитет за инвестирање. Тој исто така посочи дека не е случајно што инвеститорите доаѓаат во Битола. -Тоа е така затоа што нашата понуда ја презентираме и во странство како што неодамна беше во Германија, Турција и во други држави, а наскоро ќе промовираме инвестиција од Австралија, односно фабрика за пластични делови за автомобилската индустрија. Презентациите ќе зачестат со надеж дека нашите поволности за инвестирање ќе бидат препознаени и во други средини, - истакна градоначалникот Талевски. Заменик-претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски го изрази своето задоволство што така голем број на странски делегации пројавуваат желба за

посета на Битола и покажуваат интерес за соработка со компаниите од овој регион. Тој уште еднаш од страна на Стопанската комора на Македонија и Регионалната комора со седиште во Битола им ја понуди целосната поддршка и помош за натамошен развој во бизнис-односите меѓу двете земји. Господинот Атила Галамбаш, како претставник на стопанската делегација од Унгарија, истакна дека посетата во Битола е успешна и особено корисна затоа што добија пристап до многу корисни информации околу можностите за инвестирање, како и до проекти од сферата на туризмот. -Сигурен сум дека тука ќе го пронајдеме нашиот заеднички интерес, посебно во индустрискиот парк за што на градоначалникот му најавивме голема посета со бизнисмени во текот на јули, - посочи Галамбаш.

Унгарската стопанска делегација се сретна и со Орбан Чаба технички директор во битолската фабрика на германската компанија „Кромберг и Шуберт“. На средба во Битола беше најавено дека паралелно со развивањето на бизнис-релациите, почесниот Конзулат на Република Унгарија во Република Македонија со седиште во овој град води преговори за збратимување на Битола со градот Солнок од Унгарија. М-р Никола Димковски

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

7четврток, 30 Мај 2013, Бр. 138

Унгарската бизнис-делегација во посета на

БитолаИНВЕСТИТОРИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА

ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА

Page 8: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФОДОСИЕ

8 четврток, 30 Мај 2013, Бр. 138

Унгарија направи транзиција од централно планирана кон пазарна економија, со приход по глава на жител од речиси две третини на просекот на ЕУ25. Приватниот сектор учествуваше со повеќе од 80% од БДП. Странски инвестиции во Унгарија се широко распространети, со кумулативни странски директни инвестиции во вредност од 70 милијарди САД долари. Мерките за штедење на Владата, наметнати кон крајот на 2006 година, го намалија буџетскиот дефицит од над 9% во 2006 година на 3,2% од БДП во 2010 година, и проекција на под 3% во 2011 година. Неспособноста на унгарската Влада да ги сервисира краткорочни долгови - предизвикани од глобалната финансиска криза кон крајот на 2008 година – ја натера Будимпешта да обезбеди аранжман од ММФ / ЕУ / и Светската банка за финансиски пакет за помош во вредност од над 25 милијарди САД долари. Глобалната економска криза, намалувањето на извозот, како и ниска јавна потрошувачка предизвика спроведување на строги владини мерки на штедење, резултирајќи со економски пад од 6,3% во 2009 година. Во 2010 година новата влада спроведе голем број на промени, вклучувајќи намалување на персонален данок и данокот на добивка, но наметна „кризни даноци” за финансиски институции, енергетските и телекомуникациските компании, како и на трговците на мало. Економијата закрепна во 2010 година преку големиот раст на извозот, особено извозот во Германија. Тековната економска криза во Западна Европа предизвика пад на БДП од 1% во 2012 година. Невработеноста остана висока, преку 11%.

Надворешно-трговска размена меѓу Македонија и Унгарија во периодот јануари-март 2013 година

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Унгарија за првите три месеци од 2013 година достигна вредност од 13,4 милиони САД$. При тоа, остварен е извоз во вредност од 1,6 милиони САД$, додека увозното салдо изнесува 11,8 милиони САД$. Евидентирана е негативен биланс во трговската размена од 10,2 милиони САД$. Во однос на истиот период од минатата година извозот е намален 50,5%, увозот е намален за 24,2% , а вкупната размена бележи пад од 28,6%. Трговска размена меѓу Македонија и Унгарија за периодот јануари - март 2013 година

Во САД $

Извоз Увоз Вкупно Биланс

Количина во кг Сума во САД$ Количина во кг Сума во САД$ Количина во кг Сума во САД$ Сума во САД$

1.855.352 1.627.303 18.624.186 11.803.261 20.479.537 13.430.565 -10.175.958,00

Надворешно-трговска размена меѓу Македонија и Унгарија во 2012 година

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Унгарија во 2012 година достигна вредност од 61,7 милиони САД$. При тоа, остварен е извоз во вредност од 9,1 милиони САД$, додека увозното салдо изнесува 52,6 милиони САД$. Евидентирана е негативен биланс во трговската размена од 43,5 милиони САД$. Во однос на истиот период од минатата година извозот е зголемен за 9,2%, увозот е зголемен за 5,9% , а вкупната размена бележи раст од 6,3%.

Трговска размена за периодот јануари - декември 2012годинаВо САД $

Извоз Увоз Вкупно Биланс

Количина во кг Сума во САД$ Количина во кг Сума во САД$ Количина во кг Сума во САД$ Сума во САД$

14.492.519,00 9.119.819,00 51.278.139,00 52.589.951,00 65.770.658,00 61.709.770,00 -43.470.132,00

Компаративна анализа на трговската размена јануари - декември 2011 година/ јануари - декември 2012 годинаВо САД долари

Вкупна размена Извоз Увоз

2011 2012 Индекс 2011 2012 Индекс 2011 2012 Индекс

58.021.684,00 61.709.770,00 106,3 8.354.678,00 9.119.819,00 109,2 49.667.006,00 52.589.951,00 105,9

Стопанска соработка меѓу Република Македонија и

Унгарија

НЕГАТИВЕН БИЛАНС ВО ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА НА СТРАНАТА НА

МАКЕДОНИЈА

Page 9: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 30 Мај 2013, Бр. 138

Во поглед на застапеноста на производите во размената, во 2012 година најмногу во извозот се застапени:

• прехранбенипроизводи–(3,5милиониСАД$); • производиоджелезоичелик–(2.9милиониСАД$); • згура(освенгранулираназгура),коваринаидругиотпадоци

– 768 илјади САД$.

Во поглед на застапеноста на производите во увозот, во 2012 година најмногу се застапени:

• прехранбени и земјоделски производи (13,6 милиониСАД$);

• хемискисуровинииполупроизводи(9,6милиониСАД$); • електронски апарати и електрични уреди (4 милиони

САД$); • производиоджелезоичелик–(3,3милиониСАД$.)

Надворешно-трговска размена меѓу Македонија и Унгарија во 2011 година

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Унгарија во 2011 година достигна вредност од 58 милиони САД$. При тоа, остварен е извоз во вредност од 8,3 милиони САД$, додека увозното салдо изнесува 49,7 милиони САД$. Евидентирана е негативен биланс во трговската размена од 41,3 милиони САД$.

Трговска размена во 2011годинаВо САД $

Извоз Увоз Вкупно Биланс

Количина во кг Сума во САД$ Количина во кг Сума во САД$ Количина во кг Сума во САД$ Сума во САД$

13.209.356,00 8.354.678,00 25.219.876,00 49.667.006,00 38.429.232,00 58.021.684,00 - 41.312.328,00

СТОКОВНА РАЗМЕНА (2000/2008)Во илјади САД $

2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010

Извоз 1.831 2.557 2.683 2.832 2.189 2.189 6.392 6.684 7.178 3.824 8.605

Увоз 30.892 17.501 28.521 29.136 30.876 30.988 38.056 55.019 80.564 50.896 47.607

Вкупно 32.724 20.058 31.205 31.969 33.065 33.177 44.448 61.703 87.743 54.720 56.213

Трг. салдо -29.061 -14.944 -25.838 -26.304 -28.687 -28.799 -31.664 -48.335 -73.386 -47.802 -39.002

Приказ на директни инвестиции од Унгарија во Македонија

Во мил.САД долари Во мил.евра Во мил.САД долари

2012 2011 2010 2009 2008

-15,04 -0,73 -51,83 -23,59 -12,21

Најголема унгарска инвестиција во Македонија е Маѓар телеком како најголем акционер во „Македонски телеком“.

Билатерални договори меѓу двете земји од економска природа

Име на договорот Склучен Ратификуван Објавен Во сила од

Договор меѓу македонската Влада и унгарската Влада за одбегнување на двојното оданочувње и заштита од фискалната евазија по однос на

данокот на доход и данокот на капитал.

13.4.2001 Скопје 24.01.2002 12/2002 14.03.2002

Договор меѓу Македонската Влада и Унгарската Влада за промовирање и реципрочна заштита на инвестиции

13.4.2001 Скопје 24.01.2002 12/2002 14.03.2002

Спогодба меѓу македонската Влада и унгарската Влада за меѓународен превоз на патници и стока во патниот сообраќај (со Протокол за

реализација на Спогодбата)

29.5.1996 Будимпешта 26.9.1996 55/1996 30.08.1997

Спогодба меѓу Македонската Влада и Унгарската Влада за трговски и економски врски и соработка 7.5.1996 Скопје 26.9.1996 55/1996 17.02.1997

Page 10: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФОБРОЈКИ И ФАКТИ

1010

Географски показатели

Површина: Вкупно:93,028км²(земја:89,608км2;вода:3.420км2)Главен град: БудимпештаЛокација: Централна Европа, северозападно од РоманијаГраници: Тотал: 2,185 км (гранични земји: Австрија 366 км, Хрватска 329 км, Романија 443 км, Србија 166 км, Словачка 676 км, Словенија 102 км, Украина 103 км)Население: 9,9 милиони (Јули 2011)Религии: Римокатолици 51.9%, калвинисти 15.9%, лутеранци 3%, грчки католици 2.6%, други христијани 1%, други некласифицирани 11.1%, атеисти 14.5% Природни ресурси: Боксит, јаглен, природен гас, обработлива земјаЈазици: Унгарски 93,6%, други некласифицирани 6,4% Валута: Унгарски форинтиАеродроми: Вкупно 43 (2010)

Економски показатели

БДП куповна моќ: 195,4 милијарди САД $ (2012) БДП стапка на пораст: -1,7% (2012)БДП по жител: 19.800 САД $ (2012)БДП по сектори: Земјоделие 4,5%; индустрија 27,2%;услуги 68,3% (2012)Стапка на инфлација: 3,9% (2011)Работна сила: 4,4 милиони (2012)Невработеност: 11,2% (2012)Јавен долг: 78,6% од БДП (2012)

Индустрии: Рударство, металургија, градежна индустрија, прехранбена индустрија (преработка на храна), текстил, хемиска (особено фармацевтска индустрија), автомобилска индустрија.Индустриска стапка на пораст: 1,7% (2012)Земјоделски производи: Жито, пченица, компир, шеќерна репа, свинско, говедско месо, живина и млечни производи.

Извоз: 105,1 милијарди САД $ (2012)Извозни производи: Германија 25,3%, Романија 6,4%, Словачка 5,9%, Австрија 5,8%, Италија 4,6%, Франција 4,6%, Велика Британија 4,1% (2012)Извозни партнери: Германија 25,3%, Романија 6,4%, Австрија 5,8%, Словачка 5,9%, Италија 4,6%, Франција 4,6%, Велика Британија 4,1% (2012)Увоз: 98,2 милијарди САД $ (2012)Увозни производи: машини и опрема 45,4%, води за широка потрошувачка 31,2%, горива и електрична енергија 12,6%, прехранбени производи 5,3%, суровини 2,5%Увозни партнери: Германија 24,9%, Кина 14,6%, Русија 8,5%, Австрија 6,9%, Словачка 5,6%, Италија 5,2%, Полска 4,7%, Холандија 4,1% (2012)

УНГАРИЈА

Page 11: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФОАКТУЕЛНО

11четврток, 30 Мај 2013, Бр. 138 11четврток, 30 Мај 2013, Бр. 138

Во Народната банка на Република Македонија, на 29.5.2013 година, во присуство на вицепремиерот и министер за финансии, м-р Зоран Ставрески, беше извршено jавното претставување на Стратегијата за развој на платниот систем на Република Македонија за периодот 2013 - 2017 година. Стратегијата е прифатена и одобрена од главните носители на развојот на националниот платен систем и оснoвачи на Националниот совет за платни системи - Министерството за финансии на Република Македонија, Народната банка на Република Македонија и Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македoнија, а претставува основа за неговиот натамошен развој. Притоа, м-р Зоран Ставрески, гувернерот м-р Димитар Богов и Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Здружението на банкарството, потпишаа Изјава за прифаќање на стратегиската рамка. - Оваа стратегија претставува заедничка визија на сите релевантни учесници во националниот платен систем за насоката во којашто тој треба да се развива. Таа се заснова врз заеднички согледувања за тековните состојби во извршување на домашните и надворешните плаќања, како и врз потребите за зголемување на сигурноста и ефикасноста преку примена на последните технолошки достигнувања и на меѓународните стандарди. Стратегиските насоки во овој домен произлегуваат од јасната насока земјава да стане членка на ЕУ, а со тоа и НБРМ да стане дел од Европскиот систем на централни банки, – нагласи м-р Димитар Богов. Во овој контекст, гувернерот нагласи дека клучни се осум приоритетни области. Европските пазарни аранжмани, стандарди, правила и процедури се нејзин составен дел и нивното постапно исполнување треба да придонесе ефикасно вклучување на нашата платежна инфраструктура во единствената платежна област – СЕПА. Посебно е значајно што со стратегијата за првпат се планирани координирани активности за зголемување на ефикасноста и на надворешните плаќања. - Безбеден, доверлив и ефикасен платен поромет е основата за функционирањето на финансискиот систем во земјата. Токму од тие причини се и настојувањата за негово постојано унапредување, а со оваа стратегија тој треба да се доближи до европското законодавство, - истакна м-р Зоран Ставрески. – Со неговата модернизација ќе се направи обид да се смалат готовинските плаќања и на тој начин да се намали и „сивата“ економија. Предвидуваме и воведување на директно задолжување со што ќе се олеснат должничко-доверителските односи и ќе се зајакне финансиската дисциплина. Ѓорѓи Јанчевски нагласи дека со реформата на платниот промет веднаш по осамостојувањето на Македонија (2001 година) банките добија улога на носители на платниот промет. Оваа промена извршена во рекордно време значеше голем исчекор за банките и претставуваше импулс за промена во дотогашниот концепт на банкарското работење. Поттикнувањето на комерцијалниот пристап и зголемената здрава конкурентност, значеше зголемување на некаматните приходи на банките, проширување на деловната мрежа, зголемување на ликвидноста и добивање на сигурен домашен извор на средства за кредитирање на граѓаните и стопанството. - Денес ја усвојуваме новата Стратегија за развој на платниот систем за периодот од 2013 – 2017 година. Со тоа, даваме поттик за натамошен развој на ова поле, а нашите очекувања се преку исполнување на стратешките насоки и во духот на достигнатата успешна соработка на сите нас да се добие уште едно повисоко ниво на развој и комплементарност со светски усвоените стандарди на ова поле. Но, и да се поттикне надминувањето на некои постојани ограничувања, пред се`, во доменот на платниот промет со странство и во други сегменти, кои дополнително треба да ги развиеме, – додаде Ѓорѓи Јанчевски.

Саво Пејчиновски

Претставена Стратегијата за развој на платниот систем

на Република Македонија за периодот 2013 - 2017 година

ПАТ КОН БЕЗБЕДЕН, ДОВЕРЛИВ И ЕФИКАСЕН ПЛАТЕН ПРОМЕТ ПО

ЕВРОПСКИ ТЕРК

Page 12: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФОТРГОВСКИ РЕЖИМИ

12 четврток, 30 Мај 2013, Бр. 13812 четврток, 30 Мај 2013, Бр. 138

Постигнатата либерализација на трговијата со ЕУ во рамките на договорите за стабилизација и асоцијација се основите на идните трговски режими со Хрватска. Соодветно на тоа, и хрватските производи ќе имаат поинакви билатерални трговски режими од досегашните базирани врз основа на ЦЕФТА-договорот. Во однос на Македонија, реципрочно и натаму ќе биде слободен извозот и увозот на индустриските производи, но увозот на земјоделско-прехранбени производи ќе биде на повисоко ниво на заштита во Македонија, согласно Договорот за стабилизација и асоцијација. Извозот од Македонија во ЕУ, во целост е либерализиран, освен за бејби-биф, шеќер, риба (пастрмка и крап) и преработки и вино што автоматски ќе се применува и во Хрвтска. Сега, согласно ЦЕФТА, македонскиот извоз во Хрвтска е либерализиран освен за 23 чувствителни производи за кои се применуваат квотите или се применуваат царини за најповластена нација (свинско и овчо месо, домат и преработки, краставица и преработки, друг конзервиран зелунчук, јаболко, брашно, сувомесни преработки, шеќер, вино, тутун, цигари). Ова беше истакнатао на редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија на тема „ЦЕФТА - Регионалната соработка во контекст на влегувањето на Република Хрватска во ЕУ и ефектот врз Република Македонија“ (27.5.2013 година).

Извоз на земјоделско-прехранбени производи во Р. Хрватска за периодот 2008 - 2012 година

2008 2009 2010 2011 2012

Кондиторски производи ВКУПНО 8.619.271 9.191.653 10.002.325 6.998.210 12.527.002

Овошје и зеленчук ВКУПНО 10.781.719 7.487.459 11.409.231 5.972.171 11.448.000

Вино ВКУПНО 11.669.385 10.450.177 9.139.417 4.270.254 7.810.000

Тутун неизжилен ВКУПНО 5.378.702 3.927.190 4.255.534 2.950.361 3.523.000

ЦЕФТА - Регионалната соработка во контекст на влегувањето

на Република Хрватска во ЕУ и ефектот врз Република Македонија

НАМАЛУВАЊЕ НА ТРГОВСКАТА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКО-

ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ

Page 13: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 30 Мај 2013, Бр. 138

Во увозот од Хрватска 22 чувствителни производи со заштита се: свинско месо, млеко, павлака, сирење и урда, пченица, пченично брашно, сончогледово масло, колбаси, други подготвени или конзервирани производи од месо, шеќер, супи, чорби, вино, тутун и цигари.

Увоз на земјоделско-прехранбени производи од Р. Хрватска за периодот 2008 - 2012 година

2008 2009 2010 2011 4м 2012

Месо и преработки од месо ВКУПНО 1.160.747 1.443.116 2.092.641 3.100.165 6.247.755

Млеко и преработки од млеко ВКУПНО 2.893.582 4.217.105 1.935.745 5.387.980 6.315.943

Пченица, пченка и брашно ВКУПНО 69.668 612.549 1.867.783 1.978.689 9.020.045

Кондиторски производи ВКУПНО 14.254.329 7.095.874 12.514.639 13.090.448 18.925.120

Овошје и зеленчук ВКУПНО 161.503 814.980 1.131.605 1.489.055 2.205.012

Вода и безалкохолни пијалаци ВКУПНО 641,297 988,658 1,250,655 1,592,004 538.701

Алкохолни пијалаци ВКУПНО 853.155 1.080.830 968.042 1.161.266 1.863.200

Цигари ВКУПНО 1.667.476 1.359.391 662.018 1.747.219 2.598.975

Како заштита за овие производи се предвидените квоти и примена на намалени царини во случај ако тие се пополнат. При увозот од ЕУ, на 494 производи од тарифните глави 1- 24 се применува царинската заштита и истата ќе се имплементира и на увозот од Хрватска со нејзиното членство во ЕУ. Тоа значи дека ќе се намали трговската либерализација за земјоделско-прехранбени производи постигната во рамките на ЦЕФТА. Од јуни 2013 година Република Македонија ќе ужива асиметричен трговски режим во однос на Хрватска. Трговските билатерални режими меѓу Хрватска и другите земји од ЦЕФТА, во иднина ќе бидаат либерализирани толку, колку што е нивото на либерализација на тие земји со ЕУ. Со оглед дека Молдавија и Косово немаат договори за стабилизација и асоцијација, извозот од тие земји кон Хрватска ќе биде нецарински, освен квотите за бејби-биф, шеќер, риба и преработки и вино. Тоа е согласно посебните трговски мерки воведени од страна на ЕУ кон земјите во процесот на стабилизација и асоцијација и Косово и Молдавија, но стоките со хрватско потекло, при увозот во овие две земји ќе бидат целосно царинети. Со влегувањето во ЕУ, Хрватска ќе се придружи на дијагоналната кумулација со ЦЕФТА и Турција, но ќе излезе од дијагоналната кумулација на ЕФТА, Македонија, Албанија и Србија. Од страна на Европската комисија, а на барање на Република Хрватска се очекува иницирање на приспособување на договорите за стабилизација и асоцијација, што е во врска со влегувањето на Хрватска во ЕУ. Или, поконкретно, ќе се отвори можност за договарање транзиционен период во однос на промената на трговските режими во рамките на ЦЕФТА во согласност со договорите за стабилизација и асоцијација.

Page 14: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФОСЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

Во Стопанската комора на Македонија, во соработка со Министерството за финансии - Проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP), се организираше бесплатна работилница на тема: „Јавните набавки согласно правилата на Светската банка и ЕБРД“ (27.5.2013 година). На работилницата зедоа учество околу седумдесет компании од Македонија, пред кои претставниците од Светска банка и ЕБРД ги презентираа правилата за набавка и можностите за учество на тендери, јавните набавки и процедурите, како и најчестите причини за нивно одбивање. Воведно излагање имаше Бјорн Филип, тим лидер и Денис Бошковски, надлежен во Светската банка за регионов. Вељко Сикирица, сениор специјалист за набавки, презентираше што е ЕБРД, како функционира финансирањето од страна на ЕБРД, што е набавка, политики и правила за набавки на ЕБРД, за забрана за измама и корупција, процесот и методот на набавка, разгледување и отворање на тендерот, евалуацијата, жалби итн. Мајед Ел Баја, висок специјалист за набавки, на компаниите им предочи за најголемите грешки кои ги прават при аплицирање за учество на тендер и најчестите причини за нивно одбивање. Целта на работилницата беше подетално да се запознае бизнис-секторот во Република Македонија со правилата и процедурите за набавка на Светската банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), нивната примена при набавката на добра и извршување на градежни работи, како и специфичните искуства од досегашното спроведување на јавните набавки кај потпроектите финансирани од Проектот. Работилницата во голема мерка ќе им помогне на домашните компании бидејќи на присутните кои имаа многу прашања до претставниците од Светска банка и ЕБРД, им беа многу детално и професионално презентирани правилата за набавка, јавните набавки и одговорностите, подготовките на понудите, планирањето на јавните набавки, процедурите на жалба, сето тоа низ многу конкретни примери.

Венера АндриевскаЈадранка Аризанковска

Работилница за „Јавните набавки согласно правилата на Светската

банка и ЕБРД“

ОБУКА НА БИЗНИС-СЕКТОРОТ СО ПРАВИЛАТА И ПРОЦЕДУРИТЕ ЗА УЧЕСТВО

НА ТЕНДЕРИ

14 четврток, 30 Мај 2013, Бр. 138

Page 15: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 30 Мај 2013, Бр. 138

Асоцијацијата на произведувачи и увозници на детергенти и козметика во Србија – „Kозмодет“ на средба со новинарите на 28.5.2103 година, во Стопанската комора на Македонија го презентираше Проектот за ефикасноста на ресурсите на производите за прашкасти детергенти во земјите од Западниот Балкан. „Kозмодет“ ја започна новата регионална иницијатива за употреба на прашкасти детергенти во земјите од Западниот Балкан, а нејзината основна цел е ефикасна употреба на ресурсите и запознавање со иновативните компакт детергенти за домашна употреба, како чекор напред кон одржливиот развој и подигнување на свеста на македонските потрошувачи за одржлива потрошувачка. Иновативната технологија овозможува перење на иста количина алишта со помалку од 100 грама компакт детергент, во споредба со стандардната доза детергенти (125-150 грама). Се очекува дека компакт формулата ќе ја намали потрошувачката на детергенти за најмалку 33 проценти (во тежина) и најмалку 25 проценти (во волумен), истакна во својата презентација Камелија Сур, од Здружението „Козмодет“ на конференцијата за медиуми, која го следи почетокот на кампањата. Позитивното влијание на околината се очекува поради употребата на помали количества хемикалии и во исто време помали пакувања. -Компаниите кои го почитуваат овој проект ја потврдуваат својата приврзаност, поддршка и постојано подобрување на одржливоста на нивните производни брендови и сакаат да делуваат како веродостоен и транспарентен партнер во формирањето на идното економично и регулаторно опкружување во конкурентни и иновативни услови,- додаде Камелија Сур. Проектот за ефикасноста на ресурсите на производите за прашкасти детергенти се применува во земјите од Европската унија и со воведувањето на оваа иницијатива земјите од Западен Балкан ќе ги приспособат своите стандарди со барањата на европскиот пазар, додека индустријата за детергенти ќе преземе активна улога на полето на заштита на животната средина.

Постапката за испитување односно атестирање на заштитни врати во лабораторијата на Факултетот за дизајн и технологии на мебел, како и за постојната нелојална конкуренција и наредните активности за елиминирање на истите, беа тема на седницата на Групацијата на производители на заштитни врати при Стопанската комора на Македонија, што се одржана на 29.5.2013 година. На состанокот беше соопштено дека на иницијатива на Групацијата на производители на заштитни врати, Државниот пазарен испекторат отпочнал да врши контрола кај производителите и увозниците на заштитни врати. При извршените контроли, Државниот пазарен испекторат на производителите на заштитни врати им дал време во рок од 45 дена да извршат атестирање на квалитетот на заштитните врати во акредитираната лабораторија. Придржувајќи се кон препораките на Државниот пазарен испекторат, речиси сите производители до акредитираната лабораторија ги доставиле своите производи каде се вршеше испитување на истите во делот на статиката, динамиката и разбивањето на вратите за шест класи. Врз база на извршената постапка на реализираното тестирање се издадени соодветни цертификати за квалитетот на противразбивање и која класа ја задоволува заштитната врата. За надминување на нелојалната конкуренција членовите на Групацијата заклучија дека треба да се организира заеднички состанок со Здружението на градежништвото и компании кои имаат лица лиценцирани за надзор на градба. На тој состанок би се разговарало за вградување на квалитетни заштитни врати во колективни и јавни објекти. Исто така, предложено е да се организира состанок со Здружението на осигурувањето, на којшто би се разгледала можноста за поразлично осигурување на приватни и јавни објекти ако се применуваат квалитетни сертифицирани заштитни врати. Претставниците на Групацијата истакнаа дека Државната пазарна инспекција треба и понатаму да продолжи со вршење контрола на секој увозник на заштитни врати, како и испитување на исправноста на документацијата која се приложува при увоз на овие производи.

Војкан Николовски

Групација на производители на заштитни врати ВГРАДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТНИ ЗАШТИТНИ

ВРАТИ ВО КОЛЕКТИВНИ И ЈАВНИ ОБЈЕКТИ

ФОРМУЛА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧКАТА НА ДЕТЕРГЕНТИ

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

Презентација на „Проектот за ефикасноста на ресурсите на

производите за прашкасти детергенти во земјите од Западниот

Балкан“.

Page 16: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФО

Во својата поддршка на Проектот, претставникот на Министерството за животна средина и просторно планирање, Владо Каровски, истакна дека употребата на иновативни технологии и активната заштита на животната средина е неопходен предуслов за постигнување чекор напред кон одржлив развој на економијата и општеството во целина. Соработката меѓу науката, индустријата и бизнис-заедницата и дијалогот со сите други релевантни чинители треба да биде фокус во подготовките за членство во ЕУ. Поддршка на иницијативата, која е веќе воведена во европските земји, а во моментот се одвива во Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија даде и Здружението на хемиската индустрија при Стопанската комора на Македонија и Бирото за лекови при Министерството за здравство, чиј претставник, м-р Лидија Савиќ ги посочи и регулативите кои Република Македонија ги усогласи со европската легислатива во делот со управувањето со хемикалиите.Покрај практичниот начин за употреба на компакт детергентите, и поволностите од аспект на зачувување на животната околина, нивното користење овозможува и поголема заштеда на енергија.

Зорица Мешкова

Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија, на седницата одржана на 23.5.2013 година, ги подржани измените на Законот за регистрирање на готовинските плаќања. На седницата присуствуваа претставници на Министерството за финансии и на Управата за јавни приходи. Компаниите од трговската дејност го искажаа својот позитивен став во врска со донесувањето на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовинските плаќања. Според предвидувањата, измените на Законот треба да стапат на сила од 1 јануари 2014 година, од кој датум ќе започне да тече обврската за инсталирање на интегрираниот автоматски систем на управување, така што за оние даночни обврзници чиј промет во претходната година надминува 10 милиони денари рокот ќе биде до 31 март 2014 година, додека за сите други - до 30 јуни 2014 година. Според предлачите на законот, основната цел што се тежи да се постигне со овие измени е да се уреди воведувањето и користењето на фискален систем на опрема за регистрирање на готовинските плаќања, што директно ќе влијае на подобрување на фискалната дисциплина кај

ПОДРЖАНИ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИТЕ ПЛАЌАЊА

Здружение на трговијата

Page 17: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФО

даночните обврзници, односно пропишување на правен основ со кој ќе се овозможи постојана електронска комуникација на деловните објекти, како даночни обврзници, со Управата за јавни приходи и следење на готовинскиот промет во реално време преку интегриран автоматски систем на управување. Беше нагласено дека покрај обврската за воведување на интегриран автоматски систем за управување, кој се состои од GPRS терминал (General packet radio service) и крипто модул, кои можат да бидат надворешно поврзани со фискалната апаратура или вградени во неа, со Предлог-законот се пропишува и содржината на фискалната сметка и изгледот на фискалното лого со сонце и пораките „Да купуваме македонски производи“, „За наше добро“ и „Made in Macedonia“, што би биле во функција на стимулирање на потрошувачката на домашни производи и влијание врз зголемувањето на домашното производство и поттикнување на вработеноста. Давајќи генерална поддршка на целите што се сака да се постигнат со овој закон, трговците оценија дека со воведувањето на системот на непосредно следење на готовинскиот промет би се создале услови за потребната фискална дисциплина на даночните обврзници што би било во функција и на надминување на присутната нелојална конкуренција на пазарот. Одредена воздржаност кај трговците беше присутна во оценката за очекуваните ефекти во заштитата на македонските производи и стимулирањето на потрошувачите со вградување на фискалното лого со сонце и на споменатите пораки во содржината на фискалната сметка, истакнувајќи дека позначајни ефекти би се постигнале доколку упатувањето и рекламата за користење на македонските производи би се правело непосредно на самите продажни пунктови, тезги и гондоли, во која насока трговците би го дале својот максимален придонес. Она што беше посебно нагласено од страна на трговските компании е дека одреден период постоеше обврска за користење на логото и на споменатите пораки на фискалните сметки, која потоа беше укината, а со оглед дека за таквата обврска компаниите веќе имаат инсталирано соодветни софтверски решенија, чие повторно репарирање би предизвикало големи финансиски трошоци, апелот до носителите на економската политика е да се овозможи истите да може повторно да се користат согласно новите измени на Законот за готовински плаќања, што би било во функција на значајно намалување на трошоците во работењето. Во таа насока, беше нагласена потребата да се бара соодветна помош од софтверските компании за рационализирање на трошоците при изработката на софтверските решенија, така што еден GPRS да може да се користи за повеќе фискални каси во одреден продажен објект. Една од методите за подобра промоција на македонските производи трговците ја гледаат и преку реализирање на посебна промотивна кампања за таа цел, што тие би ја спровеле. Во функција на квалитетно заокружување на законската регулатива по оваа проблематика, вклучувајќи го и донесувањето на подзаконските акти, трговците ја нагласија својата безрезервна подготвеност за нивно соодветно вклучување во сите фази од донесувањето.

Митко Митевски

Page 18: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФО

АД ЕЛЕМ ќе обучува кадри од областа на рударството и техничките науки со методи за јамска експлоатација на јагленот во Словенија. Меморандумот за соработка во областа на образованието и обука на стручен кадар го потпишаа генералникот директор на АД „Електрани на Македонија“, Дејан Бошковски и претседателот на УО на рудникот „Премоговник Велење“, Милан Медведев. - Со овој познат капацитет имаме одлични односи, и досега сме соработувале успешно во неколку проекти. Сметам дека нашите рударски инженери ќе имаат одлична можност, тука во Велење да ги научат најсовремените техники за подземна експлоатација на јагленот, изјави генералниот директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски, по потпишување на Меморандумот за соработка. Медведев истакна дека во рудникот имаат знаење, искуство, најсовремена опрема и сопствен ноу-хау. Со тоа, како што додаде, се отвораат нови можности за соработка со Македонија, како во областа на проектирање, така и во областа на образование и изработка на јамски копови. - Со претставниците од АД ЕЛЕМ се договоривме дека наскоро во Велење ќе организираме обуки за инженери во нашиот капацитет, рече Медведев. Според управата на словенечкиот рудник за јаглен, македонскиот пазар е интересен затоа што забрзано се инвестира во нова технологија за експлоатација на јагленот, кој според Медвед, ќе биде еден од клучните енергенси во идните децении. АД ЕЛЕМ и словенечкиот рудник „Премоговник Велење“ веќе воспоставија соработка за време на изведбата на геолошки и геотехнички доистражувања на јагленовото наоѓалиште Мариово во 2009 година. Изработен е и техноекономски Елаборат врз основа на изработени и ревидирани елаборати од извршените истражувања и испитувања на јагленовото наоѓалиште Мариово. Изготвен е и главен рударски проект за отворање, разработка и експлоатација на јагленот од наоѓалиштето Мариово со јамска експлоатација. Во текот на 2012 година, како што соопшти ЕЛЕМ, беше вклучен стручен проектантски тим во време на изведба на геолошки и геотехнички доистражувања на јагленовото наоѓалиште Живојно. По изработката и ревидирањето на елаборатите од извршените истражувања и испитувања на јагленовото наоѓалиште Живојно, подготвен е техноекономски елаборат за јагленот од Живојно. Рудникот „Премоговник Велење“ е отворен пред 137 години, од него се ископани над 220 милиони тони јаглен-лигнит. Методот на експлоатација на јагленот во рудникот „Велење“ е патентиран и познат како „Велењски метод на откоп“ и тој се применува речиси на сите континенти. Специфичноста во методот е контролирано и ефикасно подземно ископување преку главниот верижен транспортер што овозможува големо производство на овој енергент. Делегацијата на АД ЕЛЕМ предводена од генералниот директор Дејан Бошковски која при работната посета во Словенија ја придружуваше и деканот на Факултетот за природни и технички науки Зоран Панов при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, ги посети јамите на рудникот Велење и непосредно се запозна со начинот на експлоатација на јагленот од овој капацитет.

ПроКредит банка организираше посета за 30 македонски земјоделци на осумдесеттиот меѓународен саем за земјоделие во Нови Сад, кој се одржуваше од 18 до 24 мај. Meѓу посетителите учествуваа земјоделци клиенти на ПроКредит банка од различни региони од земјава. Саемот во Нови Сад е еден од најголемите и најзначајните саеми за земјоделците на кој се претставуваат агро индустриски изложувачи од над 50 земји во светот. -ПроКредит Банка е посветена на развојот на македонскиот аграр и ова е трета година по ред како што ја организираме оваа посета. Целта е да им се овозможи на земјоделците да воспостават контакти за пласман на производите и да се информираат за новите трендови и технологии во земјоделието и индустријата а воедно и размена на искуства, знаења, информации и контакти со учесниците од меѓународното окружување од агробизнисот. – изјави Ристе Андреевски, координатор за кредитирање во земјоделие. ПроКредит Банка нуди комплетна услуга за македонските земјоделци адаптирани според нивните потреби и сезоналноста на бизнисот по поволни услови. Дел од услугите се кредити за агромеханизација и земјоделска опрема, агро кредити за обртен капитал, кредити за долгорочни инвестиции во земјоделието како и кредитирање за стимул на органско производство.

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

ОБУКА НА КАДРИ ОД ЕЛЕМ ВО СЛОВЕНИЈА

ПОСЕТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ ВО НОВИ САД

Меморандумот за соработка во областа на образованието и обука на стручен кадар

меѓу АД „Електрани на Македонија“ и „Премоговник Велење“

ПроКредит банка во поддршка на

македонските земјоделци

Page 19: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФО

Во организација на GS1 Македонија со логистичка поддршка на Регионалната комора со седиште во Прилеп, на 29.5.2013 година, во Прилеп се одржа интерактивна работилница за GS1 стандардите. На интерактивната тренинг-сесија целта беше да се доближи тематиката на GS1 стандардите и да се овозможи стекнување на квалификувани знаења за GS1 системот во целина, за неговата меѓународна распознатливост и примена во различни области, за местото и улогата на GS1 Македонија во овој меѓународен систем на стандарди. Со оваа обука и дополнителните информации што се презентираа, ќе се помогне лесно, правилно и ефикасно да се користат GS1 стандардите во секојдневното деловно работење и ќе се исползуваат бенефитите со кои се стекнуваат членките на GS1 Македонија.

Низ презентации и филмски материјали подетално се обработија следниве теми:

Идентификациониклучеви-основанаGS1системот(GTIN,GLN,SSCC); ОзначувањенатранспортникутиисоGS1-128баркодсимболот; ОзначувањенапалетисоGS1Логистичкаетикета; ПрезентирањенасофтверзагенерирањенаGS1-128баркодсимболотиGS1Логистичкаетикетасонеговапрактичнапримена; Верификација на баркодовите и неговата важност.

Ристо Најдоски

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ИНТЕРАКТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА GS1 СТАНДАРДИТЕ

Регионална комора со седиште во Прилеп

Page 20: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

20 четврток,25 април 2013, Бр. 133

Семинар

„ИНТЕРНА АДЕКВАТНОСТ НА КАПИТАЛОТ (ICAAP) И ИСПИТУВАЊЕ ОТПОРНОСТ НА СТРЕС“

31.5.2013 година (петок), 9:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија

Актуелна тема која го опфаќа кредитниот ризик во рамките на Вториот столб на Базел II и CDR и управувањето со исиот.

ПРОГРАМА:

• Кои елементи ги содржи каталогот на ризици на банката?• Како да се процени нивото на материјална значајност на определен тип на ризик и како да се воспостави профил на

ризикот на институцијата? • Која е разликата меѓу билансен, регулаторен, интерен и економски капитал?• Како да се квантифицира апетитот за ризик и како врз основа на него да се пресмета економскиот капитал за

материјално значајните ризици на кои е изложена банката?

• Како да се провери адекватноста на пресметаниот економски капитал по поединечни типови на ризик со употреба на испитувањето на отпорност на стрес?

• Кои методолошки пристапи можат да се користат при пресметка на вкупниот економски капитал?

• Кои се основните елементи на релевантните интерни акти на институцијата поврзани со ICAAP (стратегија, политика и извештај)?

• Како да се воспостави систем на лимити за сите материјално значајни ризици на ниво на институцијата?

ПРЕДАВАЧ: Стјепан Аниќ од Република Хрватска, реномиран регионален стручњак од областа на управувањето со ризици во финансиски институции и предавач со долгогодишно искуство во земјата и во странство.

Работен јазик на семинарот: хрватски.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: работен материјал; ручeк и освежување; сертификат за присуство на семинарот. Рок за пријавување: 23 мај 2013 година

Контакт лице :

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Симона Ристоска Тел: ++ 389 2 3244067Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 21: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФО 21четврток, 30 Мај 2013, Бр. 138

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар

„ЈАВНИ НАБАВКИ- најчести прашања, проблеми и предизвици“

6 јуни 2013 година, 10:00- 16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

Со оглед на фактот дека Законот за јавни набавки е во примена повеќе години и се создаде одредена пракса за негова правилна примена, сепак, останува потребата за разјаснување на одредени важни аспекти, проблеми во пракса, како и предизвици при учеството во постапките за јавни набавки, користењето на електронскиот систем и учеството на електронските аукции.

На семинарот ќе се разгледуваат актуелни теми за јавните набавки: -НовафункционалностнаЕСЈН(профилнаекономскиоператор); - Успешно користење на Електронски систем за јавни набавки и е-аукции (пребарување,превземањеТД,поднесувањенапонудитепрекусистемот; -Учествонае-аукциикадекритериумзадоделувањенадоговоротенајнискаценаиекономскинајповолнапонуда; -Е-ауција100%вообјавенитеогласи(предностиипредизвици); -Дигиталнопотпишувањенапонудите; -Рамковниспогодби(посебенначиннадоделувањенадоговори,применавопракса,предностиинедостатоци); -Какосеподготвуважалба(составниелементиипотребнадокументација); законскироковизаподнесувањежалба; `- Технички дијалог, негативни референци и воспоставување на квалификациски системи

ПРОГРАМА:

- Правилно користење на функционалностите на ЕСЈН - Достапност на ТД, податоци и информации - Електронски понуди и е-аукции - Релевантни прописи за јавни набавки - Насоки за подготовка на жалби по јавни набавки - Технички дијалог и квалификациски систем - Негативни референци

Обучувачи

Обучувачите се експерти од Бирото за јавни набавки.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - книгата „Примена на Законот за јавни набавкивопракса“,второиздание; -работенматеријал; -ручeкиосвежување; - сертификат за присуство на семинарот.

Пријавување најдоцна до 4 јуни 2013 година.

Контакт :

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 22: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

22 четврток, 30 Мај 2013, Бр. 138

Стопанската комора на Македонија согласно овластувањето – Решение од Министерството за животна средина и просторно планирање да врши обуки за полагање на стручен испит за управување и /или постапување со отпад организира обука за изготвување на Програма за управување со отпад наменета за стручни лица кои имаат положено испит за Управител со отпад.

Кои компании се задолжени да изготват Програма за управување со отпад? Согласно членот 21 од Законот за управување со отпад правните и физичките лица кои во вршењето на својата дејност во текот на една календарска година создаваат повеќе од 200 килограми опасен отпад и/или повеќе од 150 тони неопасен отпад се должни да изготват и да ја реализираат Програмата за управување со отпад за период од 3 години.

Што треба да опфати Програмата за управување со отпад? •постојнонивонасоздавањеотпад,повидови,количинииизворинасоздавањеипредвидувањенавидотиколичествотоотпадштосесоздававонареднатагодина;

•постојниипланиранитехнички,организациониидругимеркизаизбегнувањеизанамалувањенасоздавањетонаотпадинамалувањенаштетностаодотпадот;

• податоци за постојни и планирани организационо-техничкикапацитетинаправнитеифизичкилица;

• постојни и планирани технички, организациони идруги мерки (вклучувајќи и инвестициски зафати) за постапување со отпадот (селектирање, третман, преработка, искористување на енергијата, складирање иотстранување);

•роковизареализацијанаодделнибарањаодпланостза управување со отпад и рокови за реализација на одделнифазиодпланот;

• временска рамка за спроведување на стандардитекои се однесуваат на составот и изработката на одделни производи и пакувања и нивна соодветност за повторна употреба или преработка вклучително и рециклирањето;

•меркизазаштитаодштетнотовлијаниенаотпадотпоживотнатасредина,живототиздравјетоналуѓето;

• воведување на меѓународни системи за заштита наживотнатасредина(ISO14001идруги);

•планираниактивностизаедукацијаизаобуканакадаротштоуправувасоотпадот;и•другимеркиштосеодзначењезареализацијанапрограматазауправувањесоотпадот.

Што опфаќа наставата? Програмата за обуката за полагање на стручен испит за управување и/или постапување со отпад се реализира во вкупно траење од 5 часа. Во рамките на обуката ќе бидат детално разработени сите сегменти кои треба да бидат опфатени во Програмата за управување со отпад, практичните искуства при изготвување на истата, проблеми со кои најчесто се соочува изготвувачот и насоки за полесно изготвување и спроведување.

Кој ја спроведува обуката? Стопанска комора е овластено правно лице за спроведување на обуката. Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават најдоцна 7 јуни 2013 год. Времетраење на обуката: 5 часа. Предавач: Фана Христовска, консултант/експерт од областа на животна средина.

Контакт :

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Даниела Михајловска Тел: ++ 389 2 3244021Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Обука

“ИЗГОТВУВАЊЕ НА ПРОГРАМА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД”

11 јуни 2013 год., 10:00-15:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Page 23: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФО 23четврток, 30 Мај 2013, Бр. 138

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Поради големиот интерес пројавен од страна на бизнис-заедницата, а имајќи го предвид значењeто и важноста при вршењето на инспекцискиот надзор во областа на трговијата од страна на Државниот пазарен инспекторат, Стопанската комора на Македонија, на 12.6.2013 година (среда), со почеток во 10:00 часот, во сала 1 на V кат ќе организира еднодневен семинар на тема: Права и обврски на потрушувачите и трговците според Законот за заштита на потрошувачите и Законот за трговија што го спроведува Државниот пазарен инспекторат. Целта на овој семинар е да се запознаат заинтересираните страни со: правата и должностите кои ги имаат тргoвците според Законот кои го спроведува Државниот пазарен инспекторат и тоа во делот на правилно пишување на декларациите, форимирање на цени, како и намалување на цени во време на попусти и нивно правилно означување, обврски на трговецот кон потрошувачот при рекламација на производот пред и по истекот на гарантниот лист и заштита на правните лица од нечесно пазарно однесување. Учесниците на советувањето ќе имаат можности да ги продлабочат своите знаења и да ги споделат искуствата поврзани со најзначајни прашања кои ќе бидат третирани на советувањето и пред се` практични искуства во примена на работењето на државните пазарни испектори.

Целна група: трговците, увозниците, потрошувачите и други заинтересирани правни и физички лица во областа на трговијата. П Р О Г Р А М А:

1. Закон за заштита на потрошувачите: должностинатрговецот; рекламирањенапроизводииуслуги; измамничкопазарнооднесување; надзор; прекршочни одредби.2. Закон за трговија: вршењенатрговија; формирањенацени; формирањенапопустиинивноправилноозначување; условииначинзавршењенатрговија; другиаспектипривршењенатрговијата; надзор; прекршочни одредби.

Предавач: Соња Солевска, дипломиран правник, државен пазарен инспектор во Министерството за економија - Сектор за инспекциски надзор, Одделение за инспекциски надзор – Скопје. Работно искуство 20 години како државен пазарен инспектор.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: работенматеријал; ручeкиосвежување; сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 7 јуни 2013 година

Контакт :

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Семинар

“ПРАВА И ОБВРСКИ НА ТРГОВЦИТЕ И ПОТРОШУВАЧИТЕ И СПОРЕД ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ И ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВИЈА

ШТО ГО СПРОВЕДУВА ДРЖАВНИОТ ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ “12.6.2013 година, 10:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 3 на3 кат

Page 24: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

24 четврток, 30 Мај 2013, Бр. 138

На 13.6.2013 година, во Стопанската комора на Македонија се организира еднодневен семинар на тема: “Начин на обезбедување потребаодработницинаопределеновреме;обезбедувањесезонскиработници; договор за вработување; вработување на работниккај повеќе работодавачи; постапка за промена на работодавач;надоместокнаштета;најчестиповрединаЗаконотзаработниодносиврз основа на податоци од извршени инспекциски надзори”. Во рамките на семинарот опфатени се сите специфични аспекти поврзани со обврските на работодавачите и работниците кои произлегуваат од работниот однос во Република Македонија. Воедно ќе се направи обид за расчистување на одредени нејаснотии и дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика.

ПРОГРАМА: - Начин на обезбедување на потреба од работници на неопределено време -начиннаобезбедувањенасезонскиработници; -договорзавработување; -годишен одмор: стекнување, искористување, права при неискористувањенагодишенодмор; -вработувањеработниккајповеќеработодавачи; -постапказапроменанаработодавач; -надоместокнаштета; -мирнорешавањенаработниспорови;

- колективни договор: поим,видови,правнодејство; - најчести повреди на Законот за работни односи врз основа на податоци од извршени инспекциски надзори.

Предавач: Миле Стојановски, државен советник во Министерството за труд и социјална политика. Пријавбување до 11.6.2013 година. Контакт

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057

Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

[email protected]

Елизабета Андриевска-Ефтимова

Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

[email protected]

Програма:•ПричинизадонесувањенаЗаконотзапреземањенаакционерскитедруштва и поле на негова примена•Понудазапреземањеиконкурентскапонуда•Постапказапреземање•Улогатанаорганитенауправувањевопостапкатазапреземањенаакционерските друштва• Овластувања на Комисијата за хартии од вредност, ЦентралниотДепозитар за хартии од вредност, Комисијата за заштита од конкуренцијата и Македонската берза во постапката за преземање• Практични аспектина постапката за преземањена акционерскитедруштва од призмата на овластените правни лица (брокерски куќи и банки)

Предавачи: •ОливераГроздановска,Партнер/Адвокат•ВеснаГаврилоска,Партнер/Адвокат•ВладимирБоцевски,адвокат•МајаЈакимовска,адвокат•ЕленаДимова,адвокат,•Претставникодовластеноправнолице–брокерскакуќа Пријавување до 18 Јуни 2013 година.

Контакт

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057

Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

[email protected]

Елизабета Андриевска-Ефтимова

Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

[email protected]

Семинар

РАБОТНИЦИ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ“Начин на обезбедување потреба од работници на определено време; обезбедување сезонски работници; договор за

вработување; вработување на работник кај повеќе работодавачи; постапка за промена на работодавач;надоместок на штета; најчести повреди на односи врз основа на податоци од извршени инспекциски Законот за работни надзори од

страна на трудов испектор” 13.06.2013 година, 9:30-15:00 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5 спрат

Семинар

“НОВ ЗАКОН ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА АКЦИОНЕРСКИТЕ ДРУШТВА”

20 јуни 2013 година (четврток), 09:30-15:00 часот , Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Page 25: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

25четврток, 30 Мај 2013, Бр. 138

Семинар

РАБОТНИ ОДНОСИ

,,Кршење на работен ред и дисциплина или работни обврски како предуслов за отказ на договор за вработување, постапка по тужба за определување законитост на штрајк со предлог за издавање на привремени мерки, Можност за

извршување на други работи кои не се предвидени со договорот за вработување, Синдикален претставник, негова заштита согласно ЗРО и отказ на договор за вработување на синдикален претставник “

27.06.2013 година, 09:30-15:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

ПРОГРАМА:

- Кршење на работен ред и дициплина или работни обврски како предуслов за отказ на договор за вработување - Постапка по тужба за определување законитост на штрајк со предлог за издавање на привремени мерки - Можност за извршување на други работи кои не се предвидени со договорот за вработување - Синдикален претставник, негова заштита согласно ЗРО и отказ на договор за вработување на синдикален претставник

Предавачи: Санде Зиков, судија на Основен суд Скопје II-Скопје Бојана Велковска, судија на Основен суд Скопје II-Скопје

Контакт :

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 26: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

26

На 18 и 19 јуни 2013 година во Ница, Франција

ПАМЕТЕН И ОДРЖЛИВ ГРАД Б2Б бизнис-средби

Здружението на информатичко-комуникациските технологии и Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија ве покануваат да учествувате на Меѓународните Б2Б средби – Паметен и одржлив град, што ќе се одржат од 18-19 јуни 2013 година во Ница, Франција, во рамките на Конгресот за иновативен град. Вториот Конгрес за иновативен град ќе се фокусира на трансформацијата на градовите, за да станат паметни и одржливи, преку урбана интеграција на технологиите и услугите. Целта на овој настан и на Б2Б средбите е да ги собере заедно на едно место приватните и јавните играчи, во насока да создадат нови услуги и нови нови технички и комуникативни решенија. Учесници: технолошки и производствени провајдери, инвеститори, промотори, архитекти, равојни агенции, институции за планирање и урбанизам, јавни услужни служби, општински асоцијации, јавни и мешани стопански компании, кластери и федерации, организации за истражување и развој, академии, технички центри... Овие технички и комуникациски сектори вклучуваат: - телекомуникациииинформатичкатехнологија; - енергетскаефикасностиуправување; - животнасредина(водаиѓубре); - транспортимобилност; - здравство; - изградбаиреновирањеназгради; - сигурност и безбедност.

Учеството на Б2Б средбите е бесплатно.

Контакт: Лазо Ангелевски Софче Јовановска Тел: (02) 3244090 Тел: (02) 3244060 [email protected] [email protected]

четврток,25 април 2013, Бр. 133

Page 27: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФОчетврток, 30 Мај 2013, Бр. 138 27

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновскител: : (02) 3244036, [email protected]

Стопанска комора на Македонијаул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје

тел: : (02) 3244000, факс: (02) [email protected]

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ги повикува домашните компании

МОЖНОСТ ЗА ПЛАСМАН НА СТОКА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА PAN AM 2015 ИГРИТЕ

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИРМ) соопштува дека преку економскиот промотер во Канада и е доставена информација за одржување на Pan Am 2015 игрите, каде што македонските компании можат да се пријавуваат за набавка на стоки и услиги потребни за самото одржување на игрите во Торонто. Оние производи и услуги за кои ќе бидат потребни поголеми количини ќе се распишат меѓународни тендери за набавки. Сите заинтересирани компании членки кои би сакале да добавуваат свои производи или услуги за организаторите на овој настан можат да најдат подетални информации на следниов линк http://www.toronto2015.org/lang/en/gallery/news/buying-the-games-goods-and-services.html, или може да се обратат директно до економскиот промотер за Канада, Ирена Ѓоргиевска [email protected]

БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

ПОВИК

Page 28: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФО

Page 29: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФО

Компанија од Хрватска бара соработка со дистрибутери на електроматеријали во Република Македонија.Валидност дo: 15.9.2013 година

Компанија од Грција заинтересирана е за соработка со компании во Република Македонија кои произведуваат дрвени пелети и огревно дрво.Валидност дo: 16.8.2013 година

Компанија од Шпанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на храна за деца, формула на млеко, кашички во тегла, сокови и микс на храна во кутии.Валидност дo: 16.9.2013 година Компанија од Германија заинтересирана е да соработува во областа на филтрирање на вода, управување на мрежи за водоснабдување, складирање на вода и прочистување на вода во Република Македонија.Валидност дo: 15.8.2013 година

Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

медицински препарати.Валидност дo: 16.7.2013 година

Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на опрема за угостителство.Валидност дo: 16.8.2013 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на гусени печки на дрва.Валидност дo: 17.9.2013 година

Компанија од Германија бара соработка во Република Македонија во областа на третман на отпадни води и нуди пречистителни станици, септички јами наменети за домаќинства со 40-50 луѓе.Валидност дo: 17.8.2013 година

Компанија од Грција бара соработка со каменоломи и рудници во Република Македонија за пласман на експлозивни средства.Валидност дo: 17.8.2013 година

Компанија од Грција заинтересирана е за соработка со македонски компании од областа на производство и трговија со

санитарни плочки. Валидност дo: 17.8.2013 година

Германска компанија бара соработка со македонски компании во областа на енергетска технологија.Валидност дo: 17.7.2013 година

Реномирана компанија од Р. Македонија продава комплет фабрика со автоматска линија за производство на чист природен течен јаглен двеоксид, квалитет наменет и за производство на Coca-Cola, Pepsi Cola, со капацитет од cca 1.000 kg / h готов производ, со машина за полнење на течен јаглен двеоксид во боци од 2,5 – 50 литри, со две статични цистерни и една најмодерна цистерна за превоз на течниот гас до купувачите, со два извора (бунара) на вода и со сопствена концесија за земјиштето. Цена по договор. Локацијата на објектот е во околината на Битола, до границата со Грција.Валидност дo: 5.10.2013 година Компанија од Република Македонија нуди на продажба имот во Кавадарци кој е лоциран на ул. Нов Белград 11 и е евидентиран

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА29четврток, 30 Мај 2013, Бр. 138

Page 30: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФО

во имотен лист број 3251, со вкупна земјишна површина од 20.964 м2 и 13.849 м2 изградена површина. Зградите се користени за складирање и обработка на тутун повеќе десетици години, а земјиштето е лоцирано во урбанизирана околина. Имотот е поврзан со главниот влез со пат до главниот булевар во градот. Околу имотот нема други индустриски објекти. Сите згради имаат потребна инфраструктура, вода, канализација и се поврзани меѓусебно со асфалтни патишта. Постои делумна инсталација за хидрантски систем за ПП заштита со подземен резервоар за вода, со зафатнина од 60м3. Сите објекти имаат три силни аргументи за инвестирање во нив:-имотот е во урбанизираниот дел на Кавадарци;-поголем број на објекти (1,2,3,4), со вкупно околу 10.000 м2, може да бидат преуредени во станбен или деловенпростор;-близина до главниот автопат E75 (15км).Валидност дo: 26.6.2013 година Компанија од Германија бара застапник во Република Македонија за пласман на настрешници за заштита од сонце (внатрешни и надворешни), тенди, ролетни, тенди за летни бавчи, во разни бои, големини и дезени.Валидност дo: 20.9.2013 година

Компанија од Германија заинтересирана е за соработка со производители на печурки за заедничко вложување.Валидност дo: 20.8.2013 година

Компанија од Србија заинтересирана е да пласира замрзнато овошје во Република Македонија, како капини, малини, јагоди, сливи, боровница, вишни и др.Валидност дo: 20.8.2013 година

Компанија од Унгарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на опрема и кабини за патнички и товарни возила, автобуси и трактори, резервни делови за земјоделски машини и компоненти.Валидност дo: 20.8.2013 година Компанија од Шпанија заинтересирана е да соработува со компании од Република Македонија кои вршат експлоатација на глина.Валидност дo: 20.8.2013 година Компанија од Унгарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на градинарски и земјоделски машини.Валидност дo: 21.8.2013 година

Компанија од Чешка заинтересирана е да увезува овошје и зеленчук од

Република Македонија.Валидност дo: 21.8.2013 година

Компанија од Унгарија бара соработка со компании од Република Македонија кои вршат ископ на земја и дупчење за вода, како и со производители на опрема и машини за дупчење.Валидност дo: 21.8.2013 година

Компанија од Унгарија бара соработка со компании од Република Македонија во областа на проектирање и менаџмент со третман на отпадни води, инженеринг на системи за индустриски отпад и постројки за биогас. Нудат современ инженеринг и напредни технолошки решенија за зголемена ефикасност на третманот и производство на биогас со највисок квалитет на третираните отпадни води. Креирање на нови концепти на системи за третман на отпадни води (параметри на третираните отпадни води, количината на произведен биогас и електрична енергија).Валидност дo: 21.8.2013 година

Компанија од Турција бара соработка со фабрики од Република Македонија кои произведуваат чоколади, за набавка на машини.Валидност дo: 22.8.2013 година

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА30

Контакт:

Мирјана КоцеваТел: (02) 3244-035Факс: (02) 3244-088 [email protected]

четврток,25 април 2013, Бр. 133

Page 31: Biznisinfo 30052013

БИЗНИС ИНФОСТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Посетете не’ на веб-порталот:www.mchamber.mk

Ве очекуваме!

http://www.facebook.com/chamber.mk

http://www.twitter.com/Chamber_MK

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642