18

AutoFocus #25

Embed Size (px)

DESCRIPTION

AutoFocus #25

Citation preview

Page 1: AutoFocus #25
Page 2: AutoFocus #25
Page 3: AutoFocus #25

www.autofocus.com.mk 309/2009

СОДРЖИНА Број 25 • СЕПТЕМВРИ 2009

А в т О м О б И л И в О О в О ј б Р О ј

Bentley Mulsanne

BMW Vision Efficient Dynamics

Chevrolet Cruze, Chevrolet Epica

Citroen DS3

Ferrari 458 Italia

Fiat Punto Evo

Hyundai ix35

Kia Venga

Lancia Delta 1.4 T-Jet Platino

Peugeot Bipper Tepee 1.4 HDi

Peugeot RCZ

Renault Clio Grand Tour

Rolls-Royce Ghost

Saab 9-5

Volkswagen Polo

Volkswagen Passat CC 2.0 TDI

78 30 44 28 10 24 26 18

38 56 14 34 78 22 33 50

Ferrari 458 italiaНаследникот на F430 прави се да го донесе чувството зад воланот како во формула 1

Peugeot rCZФранцуското купе изгледа како концептно возило што пребегало во продажен салон

Kia VengaИста големина, две различни возила: Soul е за трендовите, Venga е за семејството

Saab 9-5Вредеше да се чекаaт 12 години додека се појави наследникот на знаменосецот

Fiat Punto eVoНови мотори, нов изглед, нова технологија: Тоа е еволуцијата на Grande Punto

Hyundai ix35Компактниот теренец настапува со најсилниот дизајнерски говор досега

Citroen dS3О ла ла. Малечкото на Citroen се носи по последна мода. Му прилега

bMW ViSion eFFiCient dynaMiCSВладетелите на брзините се впуштија во нов предизвик: Екомобил што изгледа брзо

VolKSWagen PoloНајевтиниот модел на VW почна со продажба: Старт од 10.800 евра

ВОЗЕВМЕ renault Clio grand tourФејслифтот го направи малечкото комби на Renault уште попривлечно

teCt lanCia delta 1.4 t-Jet PlatinoВо математиката, Делта е знак за разлика. И овој автомобил се разликува целосно

СПОРЕДБА CHeVrolet CruZe И CHeVrolet ePiCaТрендовскиот Cruze се соочува со класичарот Epica да покаже колку се променил Chevrolet

teCt VolKSWagen PaSSat CC 2.0 tdiКупе-лимузината никој не ја бараше од VW, а толку многу ни беше неопходна

ТЕСТ Peugeot biPPer tePPee 1.4 Hdi urbanПо секое излегување, истото изненадување: Како може да е толку просторен

САЛОН НА АВТОМОБИЛИ iaa 2009Од салонот во Франкфурт се очекува да го покаже патот за излез од кризата

КЛУБОТ adaC ГЛЕДА ПРОПУСТИ ВО БЕЗБЕДНОСТАПри отстапување од нормираниот краш-тест, каросеријата е беспомошна

КАРАВАН САЛОН ДИСЕЛДОРфГодишниот одмор штотуку заврши, но подготовките за следниот може да почнат

НОВИ МОДЕЛИ НА ЛУКСУЗНИТЕ МАРКИКризата не ги спречи луксузните марки да ги изложат најновите скапоцености

yaMaHa yZF-r125Малечкиот R125 ги носи во себе гените на посилните браќа R1 и R6

WtCCЛидерот во шампионатот е нов, но за Seat се е по старо: Возачот е од куќата

ВАшИ ПИСМА цЕНОВНИКИЗЛОГ ПРОТИВ ДОСАДА

НОВИТЕТИ

10

6667

6882

14

18

22

24

ТЕСТ И ТЕХНИКА

ТЕМА

26

28

44

МОТОСПОРТ

38

30

33

34

50

56

6

62

64

78

60

76

НА ДВЕ ТРКАЛА

ОСТАНАТО

Поради многуте таленти што ги поседува bipper tepee ретко ќе остане паркиран. Добар и за семејството и за транспорт56

Новите модели од Saab се многу значајни: Обично се појавуваат на секои десет години`22

Page 4: AutoFocus #25

4 09/2009 www.autofocus.com.mk

Page 5: AutoFocus #25

www.autofocus.com.mk 509/2009

Најголемиот проблем на возачите во главниот град конечно ќе се реши. Од 24 август, граѓаните на Скопје се чувствуваат привилегирани со можноста што им ја понуди „Градски пар-кинг“, да плаќаат за паркирањето на своето возило на улица и на тротоар. Но, одушевеноста на граѓаните од ваквата отстапка на јавното претпријатие, да наплаќа за паркирање на сите мес-та на кои што до летово паркиравме бесплатно, изгледа дека отсуствува.

Намерата на воведувањето на зонското паркирање во цента-рот на Скопје е да се добијат повеќе слободни места за паркирање. Тоа е сосема на место. Со автомобили расфрлани на секое можно место, градот повеќе личи на авто-пазар отколку на град. И тоа, на лошо организиран авто-пазар, без ред и без правила, каде секој решава како што цени дека е најдобро. Во такви услови поч-нува да се води битка за освојување на простор за паркирање.

Битката се води, тоа е очигледно. Но, против кого? Во секоја битка има некоја друга страна чии што моќи и интереси треба да се надвла-деат и да се воспостават своите. Сигурно е дека возачите не се толку луди да водат битка меѓу себе. Тие го имаат истиот интерес, сакаат да паркираат. Противникот во скопската битка за паркирање е тоа што општо го нарекуваме урбана мафија, со сите оние објекти и субјекти што имаат заедничка цел да им го направат жи-вотот на граѓаните поинаков. Полош.

Тоа што сега го плаќаме како надомест за пар-кирање е всушност данок на урбаната мафија. Градот го уништија деловните центри без со-одветно димензионирани паркиралишта или без каков било простор што ќе послужи за на-мената, исто како и издавањето одобренија за пренамена на станови во деловни простории, без земање во предвид дека фирмите донесува-ат десетици пати поголема фреквенција откол-ку семејството за кое што долу е оставен одвај еден простор за паркирање, а најчесто ниту тој.

Последиците од никнувањето станбени блоко-ви на местото на семејните куќи се чувствуваат уште сега, но ќе болат уште повеќе кога јавното претпријатие ќе го реализира проширувањето на сегашните зони на паркирање. Оттаму, вове-дувањето на зонското паркирање во никој слу-чај не смее да се оправдува како неопходност што ја наметнува развојот на градот, туку само како безредие што е предизвика-но од неодговорноста и неспособноста да се води развојот на градот.

Тоа што најмногу иритира во оваа бесмисленост што се про-дава како зонско паркирање, е прескокнувањето на многуте фази кои требаше постепено да нé донесат до него. Вака, имаме

зонско паркирање без претходно да бидат обезбедени допол-нителни капацитети за паркирање или барем постоечките да се адаптираат соодветно на променетите услови во градот, или поточно, соодветно на одземените услови во градот. Го имаме зонското паркирање како поскапа алтернатива.

Со влечењето бели ленти по улиците и со поставувањето ша-рени табли наоколу, Скопје е светлосни години далеку од усло-вите што Белград ги обезбеди пред воведувањето на зонското паркирање. Градењето катни гаражи, како поевтин начин на

паркирање, е фазата што кај нас се прескокна целосно. Во главниот град на соседна Србија, оваа фаза мина беспрекорно: Гаражата на „Оби-лиќев венац“ има капацитет за 620 возила и шест катови за паркирање, на „Зелени венац“ е организиран простор за паркирање на 306 во-зила на шест катови, на „Масарикова“ се парки-раат 460 возила на 3 подрумски и 6 надземни катови. Секако дека ова е само дел од капаците-тите за паркирање.

Кај нас, како уште да не сме свесни што ни се случило. Колегата и примус на автомобилско-то новинарство, Томислав Билјарац, уште пред десетина години знаеше да предвиди: „Додека возилата се во движење, проблемот не се воочу-ва. Тој се јавува кога возилата ќе запрат“. Се раз-бира дека Билјарац сé уште добро се сеќава на овие зборови, затоа што развојот на сообраќајот ниту на момент не отстапи од правецот што во-деше кон реализацијата на неговото предвиду-вање. Не знаат само тие што треба: Паркирање-то е дел од сообраќајот.

Зонското паркирање нема да го направи жи-вотот во Скопје поквалитетен. Возилата што обично се паркираа на местата за кои сега наплаќа „Градски паркинг“, не се оставаа на само неколку часови. Тоа се возила на врабо-тени, на жители, на студенти и на бизнисмени од другите градови. Овие возила се паркираа на улица и на тротоар, затоа што немаше каде на друго место.

Идејата со зонското паркирање е добра, уште е подобра реализацијата со наплаќањето преку мобилен, единствено е утнат моментот. Ќе беше подобро прво да ги доживееме катните гаражи, каде што возилата во можат да се остават по прифатлива цена текот на целото работно вре-

ме или преку ноќ. Останува мистерија, што ќе прави „Градски паркинг“ со пари-

те што ќе ги добива од паркирањето во градот чиј што дневен број на жители достигнува еден милион. Би било прекрасно ако се инвестира во катни гаражи. Но, зарем нема да биде необично кога утре ќе се наплаќа од истите луѓе што ја инвестирале град-бата. Така функционираме. Необичното е обично. �

КОмЕНтАР Број 25 • СЕПТЕМВРИ 2009

Дарко ЈаконовГлавен уредник

[email protected]

Со воведување-то на зонСкото

паркирање го плаќаме дано-кот на урбаната

мафија. Се преС-кокна многу

важна фаза: из-градба на катни

гаражи

ПОВлЕчИ лИНИја и напЛаќај

Page 6: AutoFocus #25

6 09/2009 www.autofocus.com.mk

Салонот во франкфурт, Скратено IAA, ќе одговори на дел од прашањата за иднината. но, уште Сега Се знае: промени мора да Се Случат

Од салонот во Франкфурт се очекува многу во оваа година. Бројноста на нови-те автомобили или моќта

на заслепување на исполираните каросерии не е толку важна. Мно-гу се поважни знаците на опораву-вање што производителите треба да ги покажат на овој салон.

Состојбата во автомобилската бранша во моментов се опишува најдобро со еден збор: Катастро-фа. Зад блескавите каросерии се крие најтешката криза на автомо-билската индустрија по втората светска војна. Што сé не ја погоди

браншата: Финансиска криза и еколошки шок, рецесија и бло-кирани кредити, високи цени на суровините и самоубиствена вој-на со попусти. Сето ова создаде мошне експлозивна смеша.

Земјата што е домаќин на најго-лемиот салон на автомобили на светот сѐ уште успева да ѝ се спро-тивстави на кризата со субвенци-ите за замена на старите автомо-били. Но, почетокот на салонот во Франкфурт ќе го најави крајот на црпењето од државната каса. Гер-манците уште сега го знаат пра-шањето што ќе си го постават по

Нов светскипоредок по iaa

ERLEBEN, WAS BEWEGT.63. INTERNATIONALE AUTOMOBIL-AUSSTELLUNG

17. - 27. SEPTEMBER 2009 IN FRANKFURT / MAIN

фРАНКфУРТ 2009СалОНИ

Page 7: AutoFocus #25

www.autofocus.com.mk 709/2009

IAA: Како понатаму?Претседателот на здружението на гер-

манските автопроизводители, Матијас Висман, најави дека „IAA ќе го покаже на-чинот како производителите ќе излезат од јазот“. Сепак, не е толку едноставно. Ин-дустријата стои пред два предизвика. Прво, браншата мора да ја доразвие технологијата на електричниот погон, и тоа, што е можно поскоро.

Развојот нема да биде толку безболен. Спо-ред студиите, производителите ќе инвести-раат околу 30 милијарди евра до 2015 година, во развој на технологии што ја поштедуваат животната средина. Според едно друго истра-жување, развојот и производството на поште-дливи мотори со внатрешно согорување, како и развојот на електричниот погон, ќе прогол-таат околу 114 милијарди евра до 2020 година. Фирмите што не можат да го платат влогот, ќе мора да се откажат од играта.

Познатиот експерт од Институтот за авто-мобилската индустрија, Вили Диц, смета дека „новиот поредок во браншата штотуку започ-на да се воспоставува“. Соработката меѓу Fiat и Chrysler, како и онаа меѓу VW и Porsche, е само почеток. Дури и најлутите противници, BMW и Mercedes, во иднина ќе мора да соработу-ваат. Тоа е добро за паричникот, но му пречи ►

709/2009

Стр. 78

Стр. 28

Стр. 10

Стр. 30

Бр. 23

Бр. 24

bentley Mulsanne

bMW Vision efficient dynamics

bMW докажува дека и штедливите автомо-били можат да изгледаат возбудливо

renault Fluence

Лимузина за целиот свет, врз основа на Megane

lexus lF-Ch

И благородната марка на Toyota со премиум модел во компакт класата

bMW X1

BMW серија 5 Gran Turismo

Citroen C3

Citroen dS3

Ferrari F458 italia

Page 8: AutoFocus #25

10 09/2009 www.autofocus.com.mk

Ferrari 458 italiaНОВИТЕТИ

FerrArI доби нов тркачки коњ во шталата. одгледувањето на 458 ItAlIA го презеде михаел шумахер

Сценариото ќе беше од-лично. Михаел Шумахер ја освојува Големата на-града на Монца, на 13-ти

септември, а два дена подоцна, на салонот во Франкфурт, Ferrari го претставува пред новинарите новиот 458 Italia. Голема е ве-ројатноста дека земјата што го прегазува Средоземното Море, по одвивањето на ваквото сце-нарио би решила преку ноќ да го промени националното знаме. Во тој случај, во средината на зе-лено-бело-црвениот триколор би се нашол црн коњ на жолта подлога, и во цела Италија би се

прогласила вонредна состојба, за сиот народ да го прослави голе-миот настан.

Убаво е ова сценарио. Но, за жал, Михаел Шумахер не се враќа во Формула 1. Италија, сепак, ќе прославува. Исто како и автомо-билскиот свет. Во Франкфурт ќе доживее премиера новиот Ferrari 458 Italia. Наследникот на F430 е пораснат, но тоа и не му се за-бележува. „Нашиот нов Ferrari ѝ оддава почест на Италија и на единствените квалитети што ги поседува земјата“, така шефот Лука ди Монтеземоло ја објасну-ва додавката во моделската озна-

Уличниот трк ач на шуми

10 09/2009 www.autofocus.com.mk

новитети на IAA 2009новитети на IAA 2009

ERLEBEN, WAS BEWEGT.63. INTERNATIONALE AUTOMOBIL-AUSSTELLUNG

17. - 27. SEPTEMBER 2009 IN FRANKFURT / MAIN

Секој чекор од развојот на 458 italia го следеше Михаел шумахер

Page 9: AutoFocus #25

www.autofocus.com.mk 1109/2009

ка на црвениот тркач. Првите две бројки во ознаката се однесуваат на работната зафатнина од 4,5 литри, а последната, на бројот на цилиндри на моторот.

Осумцилиндарецот со директ-но вшприцување на горивото е легнат веднаш зад седиштата и преку големото и рамно стакло е видлив за сите што сакаат да погледнат каков е внатрешни-от живот на болидот, секогаш кога ќе го начекаат паркиран на улица. Особен впечаток остава плочката покрај долниот раб на прозорецот, што го покажува се-рискиот број на болидот.

Уличниот трк ач на шуми

www.autofocus.com.mk 1109/2009

Italia е долг 4,5 метри, широк 1,9 метри и висок 1,2 метри. Негови-от осумцилиндарец развива 570 коњски сили при 9.000 вртежи и го ослободува најголемиот вр-тежен момент од 540 њутнметри при 6.000 вртежи. Но, за болидот да биде возлив за секој ден, 80 проценти од најголемиот врте-жен момент се добиваат послу-жени уште при 3.250 вртежи.

Најважниот податок, оној што ја покажува вистинската моќ на 458 Italia е соодносот меѓу тежина-та и силината: Секој коњ на овој Ferrari мора да влече по само 2,42 килограми. Со големиот мотор, без возач и без работните теч-ности, 458 Italia натежнува врз мерната вага со 1.380 килогра-ми. Распределбата на тежината е во корист на задната оска. Таму одат 58 проценти од тежината на црвениот тркач, дозирано точно за мајсторите на асфалтот да го излизгаат опашот во свијок и да го залепат носот покрај самиот раб на патеката.

Италијанците ветуваат пони-ска потрошувачка во споредба со F430. Спортистот ќе троши во просек 13,7 литри на сто ки-лометри. Тоа е секако само те-оретска вредност што ниту еден возач нема да ја постигне, ниту пак ќе сака да ја постигне. За да ја намалат жедта, инженерите го префрлија моторот на директ-но вшприцување на горивото и извршија неколку корекции во него, заради намалување на вна-трешното триење.

Добро нафатираните пилоти ги интересираат многу повеќе перформансите: Italia вози со темпо сто по само 3,4 секунди од поаѓањето и продолжува да вле-че сé до крајното темпо од 325 километри на час. За преносот на сила е задолжен седумстепен менувач со двојна спојка, по кого следува електронски управува-на блокада на диференцијалот, за променлива распределба на вртежниот момент меѓу задните тркала, со цел за уште еден чекор да се подобрат тракцијата и ста-билноста.

Ваков проектил треба и соод-►

Осумцилиндарецот со 570 КС ржи под задното стакло и привлекува внимание

Му се гледа во очите: Овој Ferrari има лут карактер

Page 10: AutoFocus #25

14 09/2009 www.autofocus.com.mk

новитети Peugeot RCZ

Еднакво на фЕномЕн: СкуСувањЕто на проСторот и ограничувањЕто на двЕ врати ги прави автомобилитЕ нЕодоливи

Некои автомобили не се купуваат од што мора, туку од што не може по-инаку. Во трендот на вкрстување на различни видови на автомобилски

градби во една, со цел да се добие функцио-нално возило за секоја пригода, купеата се чинат крајно неразумни. Оставени се само на две врати, покривот им се спушта ниско над задната клупа, багажникот најчесто е тесен, за опашот да завршува елегантно. Но, и покрај сите овие скусувања, на крајот се добива ав-томобил на кој е тешко да му се одолее.

Со новото купе RCZ, Peugeot ги зоврива емо-циите на автомобилскиот свет. Купето про-излезе како резултат од оддишката што ја

добија дизајнерите на француската куќа, со дозволата за излет надвор од ограничувањата на сериското производство и од стандардите што мора да се почитуваат за автомобилите да привлечат што поголем круг купувачи.

Концептот 308 RCZ беше претставен пред две години во Франкфурт, а точно две години подоцна, на истото место се појавува серис-ката изведба, мошне верна на концептната изведба, што значи, исто толку привлечна и единствена. Дури, толку единствена, што Peugeot за прв пат реши да се откаже од во-обичаената бројчена ознака, и моделот го

крсти едноставно RCZ. Автомобилов ќе биде брз, тоа е основното

кај едно купе. Врвниот модел вози со навиена изведба на 1,6-литарскиот бензинец, со 200 КС, што во спој со намалената тежина во од-нос на компактот 308, од кого што потекнува техничката основа, ќе даде перформанси со-одветни за сортата.

Но, врвните можности на RCZ ќе се покажат доколку студијата со хибриден погон што Peugeot ја прикажува во Франкфурт се најде во сериско производство и ги следи стапките

14 09/2009 www.autofocus.com.mk

Котел за зовривање на емоциите

Широко отворена муцка, заканувачки подзамижани очи: Ова мора да е Peugeot

Новитети во ФранкфуртНовитети во Франкфурт

ERLEBEN, WAS BEWEGT.63. INTERNATIONALE AUTOMOBIL-AUSSTELLUNG

17. - 27. SEPTEMBER 2009 IN FRANKFURT / MAIN

Page 11: AutoFocus #25

www.autofocus.com.mk 1509/2009

RCZ и се чувствува во школкестите седишта со интегриран потпирач за глава, исто како и во часовникот во средина или во инструмен-тите обрабени со метална рамка. Секако, тука е впечатливо закосената средишна конзола, што Peugeot ја почитува како носечки еле-мент на кокпитот, почнувајќи од компактот 308, па наваму.

Купето ќе им угоди и на купувачите што оче-куваат во својот автомобил да добијат нота на престиж. Таблата е веќе целосно обложена со мек полиуретан, но за попрефинетите вкусо-ви е на располагање и изведба со напа кожа. Во оваа средина одлично одговараат новиот мултимедиски систем Wip Com 3D и озвучу-

естетска вредност на мајсторски изведена скулптура, а достапна за народот. Најсилниот впечаток го оставаат двата меура во покри-вот и во огромното задно стакло. Континуи-тетот на предното стакло, црниот покрив и темното задно стакло го прекинуваат двете надолжни арки во покривот, оставени да им се гледа материјалот од кој што се израбо-тени, алуминиумот. Дизајнот ги почитува и функционалните вредности: Задниот спојлер се поставува во две различни положби, завис-но од брзината на возење.

Духот на мотоспортот живее во кабината на

на 3008 Hybrid4, чиј што пазарен старт веќе е најавен за напролет следната година. Со погонот што го нарекува Hybrid4, Peugeot ре-шава два предизвика со еден потег: Создава хибриден погон со штедлив дизелски мотор и електромотор, и уште добива погон на сите тркала, затоа што електромоторот е задол-жен за погонот на задните тркала. Основата на погонот ја сочинуваат дволитарски HDi со 163 КС и електромотор со моќност од 27 ки-ловати, односно 37 коњски сили.

Купето RCZ е како автомобилско здание со

www.autofocus.com.mk 1509/2009

Котел за зовривање на емоциите

Не е за верување: RCZ е како сту-

диски автомобил што пребегал во продажен салон

Германците нека тврдат колку сакаат дека RCZ личи на нивниот

Audi tt, но купево на Peugeot изгледа неодоливо

Page 12: AutoFocus #25

30 09/2009 www.autofocus.com.mk

новитети bMW ViSion eFFiCient DynAMiCS

Изгледот е важен

Баварците го решија предизвикот успешно: Брзината, што е носечки белег на марката, ја комбинираа со нејзиниот најголем противник, пот-

рошувачката на гориво. Моделите на BMW прават чуда да ја задржат потрошувачката на пристојно ниво. Ја собираат енергијата што се ослободува при сопирањето и потоа ја иско-ристуваат, автоматски го гаснат моторот при мирување на семафор и мудро управуваат со помошните агрегати, дозволувајќи им да цр-пат енергија само кога таа им е неопходна.

Речиси сите модели на куќата ги поседува-ат овие способности за штедење, обедине-ти во пакетот Efficient Dynamics. Но, постои проблем. Сета оваа напредна технологија е вградувана отпосле во постоечките модели. „Поради тоа, постојано нé прашуваа како би изгледал автомобилот ако се развие во целост според начелата на Efficient Dynamics“,

Со Студијата, BMW Сака да докажЕ дЕка и штЕдливитЕ автомобили можат да го побудат уживањЕто во воЗЕњЕто

Новитети во ФранкфуртНовитети во Франкфурт

ERLEBEN, WAS BEWEGT.63. INTERNATIONALE AUTOMOBIL-AUSSTELLUNG

17. - 27. SEPTEMBER 2009 IN FRANKFURT / MAIN

Со кренати врати изгледа како вилинско коњче што му се спротивставува на ветрот

Page 13: AutoFocus #25

www.autofocus.com.mk 3109/2009

кажува главниот дизајнер Ејдри-ен ван Хојдонк.

Ова е одговорот. Студијата Vision Efficient Dynamics е спорт-ски автомобил, во кој може да се ужива без грижа на совеста. „Најголемиот предизвик за ав-то-производителите е како да се задржи уживањето во возењето и кај еколошките автомобили“, открива дизајнерот.

Со 4,60 метри, оваа футуристич-ка градба на тркала е долга при-ближно колку серијата 3, но со висината од 1,24 метри одвај ѝ досега до прозорците. Место обични врати салонскиот авто-мобил поседува крилести вра-ти што се отвораат нагоре. Така нема сомневање дека Vision ќе

биде магнет за публиката на са-лонот во Франкфурт.

Слично се отвораат вратите кај Mercedes SLS AMG, кој исто така е присутен на салонот. Ван Хој-донк не сака да чуе за ваква спо-редба. Mercedes и Audi R8 не мора да стравуваат дека ќе добијат уште еден германски противник. BMW Vision е само парче за пока-жување и не е најава за идниот сериски модел што ќе го насле-ди славниот BMW M1 од 1970-те години. Холанѓанецот укажува дека студијата е „само визија што ќе го укаже правецот во кој што ќе се развиваме“.

Дизајнот е само една од мам-ките на Vision Efficient Dynamics. Погонот е следната мамка, што

Палалелно со BMW Vision efficient Dynamics,

дизајнерите на BMW исфрлија модна колекција. Со синиот раб, облеката ги

цитира карактерните линии на концептниот автомобил

Page 14: AutoFocus #25

44 09/2009 www.autofocus.com.mk

Споредба chevroLet cruze 2.0 vcDi Lt и ePica 2.0 vcDi Lt

епско крстосување

Иако почитуваат спротив-ставени дизајнерски правци, двете лимузини се доволно претставителни

две лимузини од иста марка, но толку различни. CRuze се соочува со epiCa за да Покаже колкави Промени и донесе на марката ChevRolet

две лимузини од иста марка, но толку различни. CRuze се соочува со epiCa за да Покаже колкави Промени и донесе на марката ChevRolet

44 09/2009 www.autofocus.com.mk

Page 15: AutoFocus #25

www.autofocus.com.mk 4509/2009

Лимузината е мајката на автомоби-лите. Ковачите на автомобилски форми можат да изведат уште без-број каросериски варијации, но на

крајот, секогаш ќе изнурка лимузината во нив. За автомобилите, таа е како солта во супата. Спортските теренци сакаат да возат како лимузина, малечките сакаат да им из-расне опаш како на лимузина, а последно, дури и купеата сакаат да додадат чифт врати, за и тие да станат лимузина.

Сите сакаат да станат Chevrolet. Ако нешто најсилно се врзува со имиџот на оваа марка, тоа не може да биде друго освен класичната триделна форма на каросеријата. Но, отка-ко американската марка почна да вози како светска марка на тркалата на Daewoo, нејзи-ните автомобили ги доживуваме како разу-мен избор, најчесто малечки, со исклучител-на противвредност и со моделско име Spark или Aveo, место Caprice или Bel Air.

Секако дека Chevrolet не одби да го стави својот заштитен знак и на лимузините од корејското семејство. Тие секогаш беа тука, покрај Spark и Aveo, но секогаш остануваа во заднина. Невпечатливи, просечни, непозна-ти. До Cruze. Со него, лимузините се враќаат во центарот на вниманието кај Chevrolet. Тој е новиот знаменосец на марката, не поради неговата физичка големина, туку поради но-вите вредности што и ги носи на светската марка.

Колку се променил Chevrolet � кои се но-вите вредности, најдобро се покажува кога Cruze ќе се најде покрај вистинскиот знаме-носец Epica. Големата лимузина никогаш не успеа да застане рамо до рамо со VW Passat и со Opel Insignia, или да постигне барем по-ловина од продажбата на Captiva. Од друга страна, одличната прифатеност на спорт-

скиот теренец на Chevrolet докажа дека не е марката виновникот за тоа што

запнува продажбата на поскапите моделски изведби, туку вината е

во самите модели.И вистина, кога двете

лимузини ќе се соочат, Epica изгледа како да

е од друга ера, како да не е од исти-

црно, големо, со многу хром: Тоа е оригиналниот изглед на chevrolet

www.autofocus.com.mk 4509/2009

Page 16: AutoFocus #25

50 09/2009 www.autofocus.com.mk

теСт

ако passat е јајцето, куПе-лимузинската изведба passat CC е жолчката во јајцето. тука е суштината на автомобилот

vW PASSAT cc 2.0 TDI

новото чувство што сс го постиг-нува во средината на PaSSaT

ХарМоничното и тивко подвозЈе

преЦизниот и лесен Менувач

НИ СЕ ДОПАЃА НЕ НИ ПРЕЧИспуштањето на покривот над зад-ната клупа: ова е купе-лиМузина, што друго да прави покривот освен да се спушта

НЕ НИ СЕ ДОПАЃАсивата средишна конзола изгле-да празно, на издувните Цевки не им е меСтото во оваа Средина

опфаќањето на автоМатската клиМа и на радиото во серискиот пакет би било пристоен Манир

50 09/2009 www.autofocus.com.mk

двоење на жолч ката од белкатаако passat е јајцето, куПе-лимузинската изведба passat CC е жолчката во јајцето. тука е суштината на автомобилот

Page 17: AutoFocus #25

www.autofocus.com.mk 5109/2009 www.autofocus.com.mk 5109/2009

Eigelbtrenner. Така Германците го наре-куваат помагалото што е неизоставно во нивната кујна. Тоа е онаа малечка и крајно едноставна направа со која што

жолчката во јајцето се одвојува безбедно од белката, за шлагот да испадне како што треба, снежно бел и цврст. Во ретко која друга кујна овој „ајгелбтренер“ е толку застапен. Веќе е јасно: Oвој народ ги прави работите поинаку.

Штом е така во кујната, зошто да не биде и во автомобилите. Германците ги составува-ат автомобилите педантно, обично им траат

долго и по правило се мошне практични во секојдневието. Но, што се однесува до способ-носта да ги разбудат емоциите, автомобилите од Волфсбург или од Инголштат никогаш не можеле да им се доближат на оние од Торино или од Милано.

И пак ништо не им недостасува. Според горниов стереотип, Passat треба да е најгер-манскиот автомобил што постои. Никогаш не поставувал трендови, ниту пак се трудел да ги следи, и пак, една е од иконите на гло-балната авто-индустрија, втор по важност за Volkswagen, веднаш по Golf, и секако, неизо-ставен е на списокот за избор на секој купувач во средната класа.

И одненадеж, моделското име Passat се

здогледува залепено на оваа трендовска ка-росерија, што не е ниту лимузина, ниту купе, но затоа безгрешно го привлекува погледот и го проработува фетишот на место каде што претходно не успевало. Оваа каросерија дури и не е на Passat, барем не на оној обичниот, се-којдневниот. Passat e само оздола, каде што не се гледа, а озгора може да биде и Mini-Phaeton или Foehn-Maxi.

Друг производител немаше да биде толку чесен и немаше да пропушти на автомоби-лот да му ја промени моделската ознака, да го прекрсти. Но, друг производител го нема Passat. Името е вредно, и оттаму е сосема раз-бирливо што VW реши само да ги додаде две-те букви СС, што се пишуваат кусо, но отвара-ат цел нов свет. CC се двои од обичниот Passat, исто како што жолчката се двои од белката.

Passat CC е купе-лимузина, исто колку што е Mercedes CLS, и исто колку основополож-никот на оваа каросериска форма, Maserati Quattroporte. Единственото што не му е заед-ничко со нив е цената. Додека едниот им нуди повеќе на оние купувачи на кои што класата ►

двоење на жолч ката од белката

Page 18: AutoFocus #25

82 09/2009 www.autofocus.com.mk

против досада

Големата мајка на амери-канската автоиндустрија, General Motors, имаше план во 2010 година да претста-

ви теренец со хибриден погон под марката Buick. Но, концернот мораше да се откаже од проектот. Причината за тоа беше лошата ре-акција што планот ја предизвика на Twitter. Несреќниот теренец стана најомразениот автомобил на интернет.

Автомобилските концерни се свикнати да работат во тајност. Ги сокриваат прототипите под маски и под лажни каросерии, и за секој нов модел креваат непо-требно многу џева. Информаци-ите за новите модели обично се објавуваат кога автомобилот е пред влегување во сериско про-изводство. Доколку е погрешно скроена стратегијата за произво-дот, по стартот со производството е веќе предоцна за каење.

Американскиот џин General Motors сакаше да ги смени нави-ките и да разговара повеќе со во-зачите. Како прв чекор, концернот ги покани купувачите, соработни-ците, трговците и новинарите во најсветото што го има, во дизај-

нерскиот центар. GM ги покажа планираните возила, од кои дел се наоѓаат во мошне ран стадиум од развојот, со намера да добие повратна информација. И ја доби!

На блогерите и на корисници-те на информативниот сервис Twitter веднаш им падна в око еден од прикажаните модели: Кросоверот од благородната мар-ка Buick, замислен да вози со хиб-риден погон и со можност за при-клучување на струја, исто како Chevrolet Volt.

Далеку помал проблем беше тоа што теренецот на Buick не е уба-вец. Тоа што ги извади од колосек љубителите на Buick беше поте-клото на моделот со погон на сите тркала. Првично, General Motors планираше да го продава автомо-билот под евтината марка Saturn, со моделска ознака Vue. Но, во рамките на стечајната постапка, General Motors мораше да се отка-же од марката Saturn и да ја прода-де на Рenske. Планерите на произ-води на General Motors се решија

Поимот Vuick, добиен како комби-нација од Buick и Vue, стана главна тема на Twitter. Сите коментари го кажуваа истото: Одвратен е...Vuick мора да умре.

И умре, многу побрзо отколку што се очекуваше. На блогот на GM, потпретседателот Том Сти-венс откри дека е „изненаден кол-ку конзистентна беше критика-та.“ Неодамна се донесе решение автомобилот да не се произведу-ва. Twitter не пропушти да го поз-драви чекорот: „Vuick е мртов! Да живее GM!“

Концернот не смее да си дозволи уште една ваква бламажа. Но, пов-торното затворање на развојните одделенија за публиката нема да биде најсоодветното решение. �

за најдебилното решение и го прекрстија Saturn во Buick. Тоа е исто како ѕвездата на Mercedes да се закачи на хаубатa на Yugo.

Потеклото е најсветото во авто-индустријата, а „badge engineering“ e најголемиот злостор што може да му се случи на еден автомобил. Тоа се случува кога на постоечки модел ќе му се залепи значка на друга марка и ќе се продава како нов. На овој начин General Motors уништи половина од своите мар-ки. Од марките што ги поседува-ше во минатото. Најочигледен пример е Saab.

Одвај закрепнат по стечајот, General Motors продолжува со ис-тите грешки. Но, корисниците на интернет се тука да го прекорат.

СЛедНиОТ БрОј НА МАгА-зиНот AuTo FoCus изле-гУВА НА 15 ОКТОМВри 2009

УшТе една блаМажа на аМерИКанцИТе

некогашниоТ број 1 сакаше да покаже дека се поправил. но, инТернеТоТ го спречи да го направи следниоТ грев

Поука за грешникот GM