72
1 Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, Елита Шуки – член, м-р Мишо Василевски – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот „ВЕЧЕР ПРЕС“ ДООЕЛ Скопје, изјавена преку полномошник Адвокат Анета Стојановска од Скопје, наш број 09-99/1 од 12.02.2016 година, против Огласот за барање за прибирање на понуди бр.14/2016 за набавка на објавување на огласи на договорниот орган – ЈП за државни патишта, врз основа на член 220 став (1) алинеја 7, став (3) и (4) и член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија, бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015 и 27/2016), на 7 -та Седница одржана на ден 17.02.2016 година го донесе следното Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата на жалителот „ВЕЧЕР ПРЕС“ ДООЕЛ – Скопје, изјавена преку полномошник Адвокат Анета Стојановска од Скопје, против Огласот за барање за прибирање на понуди бр.14/2016 за набавка на објавување на огласи на договорниот орган – ЈП за државни патишта, СЕ УВАЖУВА. 2. СЕ ПОНИШТУВА постапката по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.14/2016 за набавка на објавување на огласи на договорниот орган – ЈП за државни патишта. 3. Се задолжува договорниот орган на жалителот да му ги надомести трошоците на жалбената постапка во висина од 250,00 денари на име административна такса и надомест за водење на постапка во висина од 6.150,00 денари, како и износ од 3.900,00 денари за состав на жалба, во рок од 15 дена од денот на приемот на решението. 4. Договорниот орган е должен да постапи по решението на Државната комисија, во спротивно ќе се смета дека не е спроведена

› files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

  • Upload
    others

  • View
    45

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

1

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, Елита Шуки – член, м-р Мишо Василевски – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „ВЕЧЕР ПРЕС“ ДООЕЛ – Скопје, изјавена преку полномошник Адвокат Анета Стојановска од Скопје, наш број 09-99/1 од 12.02.2016 година, против Огласот за барање за прибирање на понуди бр.14/2016 за набавка на објавување на огласи на договорниот орган – ЈП за државни патишта, врз основа на член 220 став (1) алинеја 7, став (3) и (4) и член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија, бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015 и 27/2016), на 7-та Седница одржана на ден 17.02.2016 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „ВЕЧЕР ПРЕС“ ДООЕЛ – Скопје, изјавена преку полномошник Адвокат Анета Стојановска од Скопје, против Огласот за барање за прибирање на понуди бр.14/2016 за набавка на објавување на огласи на договорниот орган – ЈП за државни патишта, СЕ

УВАЖУВА.

2. СЕ ПОНИШТУВА постапката по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.14/2016 за набавка на објавување на огласи на договорниот орган – ЈП за државни патишта.

3. Се задолжува договорниот орган на жалителот да му ги

надомести трошоците на жалбената постапка во висина од 250,00 денари на име административна такса и надомест за водење на постапка во висина од 6.150,00 денари, како и износ од 3.900,00 денари за состав на жалба, во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

4. Договорниот орган е должен да постапи по решението на

Државната комисија, во спротивно ќе се смета дека не е спроведена

Page 2: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

2

постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со Законот за јавните набавки.

5. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „ВЕЧЕР ПРЕС“ ДООЕЛ – Скопје, изјавил жалба преку полномошник Адвокат Анета Стојановска од Скопје, против Огласот за барање за прибирање на понуди бр.14/2016 за набавка на објавување на огласи на договорниот орган - ЈП за државни патишта, бидејќи смета дека погрешно е применето материјалното право и сторени се битни повреди на законот, поради што предлага да се поништат огласот и постапката, како и да се задолжи договорниот орган да му ги надомести трошоците на жалбената постапка.

Во писмениот одговор на жалбата бр.08-1217/6 од 15.02.2016 година, договорниот орган наведува дека жалбата е неоснована, поради што предлага Државната комисија за жалби по јавни набавки истата како таква да ја отфли.

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на

жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за јавна набавка, огласот, тендерската документација, како и останатата документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 7 од Законот за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е основана.

Page 3: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

3

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган спровел постапка за јавна набавка со Оглас за барање за прибирање на понуди бр.14/2016 за набавка на објавување на огласи, за што претходно била донесена Одлука за јавна набавка бр.02-1217/1 од 08.02.2015 година, која постапка била објавена на ЕСЈН на Бирото за јавни набавки. Набавката била делива на 2 дела, а договорниот орган во тендерската документација и огласот предвидел дека како критериум за избор ќе се користи најниска цена и постапката ќе заврши со спроведување на електронска аукција. Од понудувачите било побарано да достават Изјава за независна понуда, Изјава за сериозност на понудата и 5% гаранција за квалитетно извршување на договорот.

Незадоволен од објавениот оглас, жалба до Државната комисија

за жалби по јавни набавки поднесе економскиот оператор „ВЕЧЕР ПРЕС“ ДООЕЛ – Скопје.

Проверувајќи ги жалбените наводи на жалителот, Државната

комисија за жалби по јавни набавки го утврди следното: Жалителот во жалбата наведува дека договорниот орган согласно

Законот за јавните набавки, воопшто не ги применил законските измени од 03.09.2014 година објавени во Службен весник бр.130/2014 и особено измените од 05.12.2014 година објавени во Службен весник бр.180/2014, поради што неправилно и незаконски постапил при објавувањето на предметниот оглас и воопшто при спроведувањето на постапка за барање за прибирање на понуди за јавна набавка чиј предмет е набавка на услуги за објава на огласи, според техничка спецификација во дневен печат на македонски јазик и на албански јазик. Жалителот наведува дека со измената на Законот за јавните набавки бр.180/14 од 05.12.2014 година, а сега согласно пречистениот текст на Законот за јавните набавки бр.27/2015 од 23.02.2015 година, во членот 8 е пропишано дека: „Овој закон не се применува при доделување договори за јавни набавки на услуги кои за предмет имаат закуп на простор на медиуми и електронски портали“. Договорниот орган во доставената тендерската документација, а особено во дел 3 – финансиска понуда од образецот на понуда, барал од економските оператори да достават понуди за набавка

Page 4: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

4

на услуги како што е прецизно наведено „објавување на огласи во дневен печат на македонски и англиски јазик“, а понатаму и експлицитно во техничката спецификација опишал за каде и во колкава големина да биде искористен и медиумскиот простор за закуп на страните на печатеното гласило. Според жалителот, договорниот орган очигледно објавил оглас за јавна набавка на услуги кои подразбираат закуп на медиумски простор во печатен медиум, услуга за која не се применува Законот за јавните набавки, односно за која не смее да се бараат и прибираат понуди и да се склучува договор за јавна набавка. Аналогно на тоа, договорниот орган за да може да објави оглас во печатен медиум потребно било да искористи медиум, кој ќе му даде во закуп свој медиумски простор. Оттука, јасно било дека договорниот орган со започнување на постапката со барање за прибирање на понуди за набавка услуги за огласување во дневни весници на македонски и албански јазик, имал намери да прибави понуди и да склучи договор за закуп на медиумски простор во печатен медиум, односно продажба на времето и просторот за различни видови на медиумско огласување. Поради тоа, жалителот смета дека со вака неправилната примена на член 8 од Законот за јавните набавки од страна на договорниот орган и Бирото за јавни набавки, била извршена битна повреда при преземањето на дејствијата во постапката со барање за прибирање на понуди за набавка услуги. Тендерската документација на постапката за доделување на договор за јавна набавка и предметот на јавната набавка, според жалителот не биле во согласност со овој закон и довеле или можеле да доведат до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција. Врз основа на наведеното, жалителот предлага да се поништат огласот и постапката, како и да се задолжи договорниот орган да му ги надомести трошоците на жалбената постапка.

Во одговорот на жалбата договорниот орган наведува дека при

планирање на набавката, како и при објавувањето на огласот, се одлучил и покрај исклучоците во членот 8 од Законот за јавните набавки, истиот да го примени и да објави оглас за барање за прибирање на понуди и притоа да ги примени во целост сите правила и обврски предвидени за конкретната постапка. Сето тоа било направено имајќи ги предвид одредбите од членот 2 на Законот за јавните набавки, од причина што со објавувањето на постапката се обезбедува конкуренција на економските

Page 5: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

5

оператори, наместо договорниот орган самиот да одлучи каде ќе објавува огласи без никаква постапка. Понатаму со објавувањето на огласот се обезбедувал еднаков третман и недискриминација на економските оператори, односно договорниот орган им овозможувал на сите економски оператори кои се регистрирани за дејноста да учествуваат во постапката, наместо самиот да одлучува каде ќе ги објавува огласите. Исто така, според договорниот орган со објавувањето на огласот се овозможувала транспарентност во работењето, како и рационално и ефикасно искористување на средствата од причина што постапката завршува со електронска аукција, со што договорниот орган би добил поповолна цена за услугите кои ги побарува. Согласно наведеното, повеќе од јасно било дека договорниот орган постапил правилно применувајќи го Законот за јавните набавки и дека нема никакви пропусти или недостатоци во постапката. Оттука, целосно биле неосновани тврдењата на жалителот, поради што договорниот орган предлага Државната комисија за жалби по јавни набавки предметната жалба да ја отфрли како неоснована.

Државната комисија од приложената документација во предметот

за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка, постапувајќи по жалбените наводи, како и по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните набавки, утврди дека жалбата на жалителот е основана.

Државната комисија за основани ги смета жалбените наводи на

жалителот за тоа дека договорниот орган во конкретната постапка не постапил во согласност со Законот за јавните набавки.

Постапувајќи по службена должност во согласност член 211 од

Законот за јавните набавки, Државната комисија за жалби по јавни набавки утврди дека договорниот орган не постапил согласно член 8 став (1) алинеја 2 од Законот за јавните набавки во кој е наведено: „Овој закон не се применува при доделување на договори за јавни набавки на услуги кои: - се однесуваат на купување, развој, продукција или копродукција на програмски материјали од страна на радио и телевизиски куќи или од независни продукциски куќи наменети за јавно прикажување во кино или за радио или телевизиско емитување на програма, како и закуп на простор на медиуми и електронски портали.“.

Page 6: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

6

Ова значи дека на постапките за доделување на договор за јавна набавка за закуп на простор на медиуми и електронски портали не се применува Законот за јавните набавки.

Поради тоа, а врз основа на горенаведениот член од Законот за

јавните набавки, Државната комисија за жалби по јавни набавки одлучи да ја уважи жалбата и да ја поништи постапката по конкретната јавна набавка.

Во член 2 од Законот за јавните набавки е наведено: „Со овој закон

особено се обезбедува: - конкуренција меѓу економските оператори, - еднаков третман и недискриминација на економските оператори, - транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки и - рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори за јавна набавка“.

Согласно член 3 точка 11 од Законот за јавните набавки е утврдено

дека: „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата“, додека во истиот член во точка 24 е наведено: „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите “.

Согласно со член 32 став (1) од Законот за јавните набавки:

„Договорниот орган е должен во тендерската документација да ги наведе барањата, условите, критериумите и други неопходни информации, со цел да му обезбеди на економскиот оператор целосни, точни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набавка“.

Со оглед на фактот што жалителот успеал во постапката, а

согласно член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки, Државната комисија одлучи да му ги надомести трошоците на жалбената постапка.

Page 7: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

7

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.09-99/6 17.02.2016 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ, Маја Малахова

Доставено до: - Архива, - ЈП за државни патишта, ул.Даме Груев бр.14, Скопје - Адвокат Анета Стојановска од Скопје, ул.Емил Зола бр.6, лок.12, Скопје

Page 8: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

1

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав Маја Малахова – претседател, Елита Шуки – член, м-р Мишо Василевски – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „ЕУРО РОАД ДИЗАЈН ГРУП“ ДОО – Скопје, наш број 09-86/1 од 08.02.2016 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-18/13 од 04.02.2016 година, донесена по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.1/2016 за набавка на стручен надзор над изградба на локална патна инфраструктура и локален пат на договорниот орган – Општина Зелениково, врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 и став (3) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија, бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015 и 27/2016), на 7-

та Седница одржана на ден 17.02.2016 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „ЕУРО РОАД ДИЗАЈН ГРУП“ ДОО – Скопје, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-18/13 од 04.02.2016 година, донесена по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.1/2016 за набавка на стручен надзор над изградба на локална патна инфраструктура и локален пат на договорниот орган – Општина Зелениково, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „ЕУРО РОАД ДИЗАЈН ГРУП“ ДОО – Скопје, изјавил жалба против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-18/13 од 04.02.2016 година, донесена по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.1/2016 за набавка на стручен надзор над изградба на локална патна инфраструктура и локален пат на договорниот орган Општина Зелениково, бидејќи смета дека тендерската документација е нејасна, конфузна и содржи пропусти, поради што бара да се поништи

Page 9: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

2

одлуката за избор и да се поништи постапката, како и да се задолжи договорниот орган да му ги надомести трошоците на жалбената постапка.

Во писмениот одговор на жалбата бр.03-49/2 од 15.02.2016 година, договорниот орган наведува дека жалбата е неоснована, поради што предлага Државната комисија за жалби по јавни набавки истата како таква да ја одбие.

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за јавна набавка, огласот, тендерската документација, записникот од отворањето на понудите, понудите на понудувачите, одлуката за избор на најповолна понуда, како и останатата документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 од Законот за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е неоснована.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган спровел постапка за јавна набавка со Оглас за барање за прибирање на понуди бр.1/2016 за набавка на стручен надзор над изградба на локална патна инфраструктура и локален пат, за што претходно била донесена Одлука за јавна набавка бр.05-18/1 од 22.01.2016 година, која постапка била објавена на ЕСЈН на Бирото за јавни набавки. Договорниот орган освен личната состојба и способноста за вршење на професионална дејност, не предвидел други критериуми за утврдување на способност, поради што не поднел барање за добивање на согласност до Советот за јавни набавки. Набавката била деллива на 2 дела, а договорниот орган во тендерската документација и огласот предвидел дека како критериум за избор ќе се користи најниска цена и постапката

Page 10: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

3

ќе заврши со спроведување на електронска аукција. Од понудувачите било побарано да достават Изјава за независна понуда, 3% гаранција на понудата и 10% гаранција за квалитетно извршување на договорот.

До крајниот рок за поднесување на понудите 01.02.2016 година,

пристигнале вкупно 4 (четири) понуди, за што бил составен Записник од отворањето на понудите бр.05-18/9 од 01.02.2016 година. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган извршила првична проверка на комплетноста и валидноста на понудите, по што утврдила дека две понуди се неприфатливи и истите ги исклучила од понатамошна постапка, додека за еден понудувач утврдила дека е објавена негативна референца, а единствениот прифатлив понудувач го поканила да поднесе конечна цена. По поднесувањето на конечната цена, врз основа на Извештајот од поднесување на конечна цена и Извештајот од спроведена постапка бр.05-18/10 од 02.02.2016 година, Комисијата за јавни набавки дала предлог за избор како најповолна за двата дела од предметот на набавката да биде избрана понудата на економскиот оператор Градежен институт „МАКЕДОНИЈА“ АД – СКОПЈЕ. Ваквиот предлог бил прифатен од страна на одговорното лице на договорниот орган, по што била донесена Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-18/13 од 04.02.2016 година.

Незадоволен од донесената одлука за избор на најповолна понуда,

жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки поднесе економскиот оператор „ЕУРО РОАД ДИЗАЈН ГРУП“ ДОО – Скопје.

Постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, Државната комисија го утврди следното:

Жалителот во жалбата наведува дека спроведената постапка бр.01/2016 со предмет: Вршење на стручен надзор над изградба на локална патна инфраструктура за поврзување на села во општина Зелениково, била делива набавка на два дела: Дел 1 - Вршење на стручен надзор над градба на локална патна инфраструктура за поврзување на села во Општина Зелениково и Дел 2 - Вршење на стручен надзор над доградба на локален пат Зелениково - село Грдовци, Општина Зелениково. Во тендерската документација било наведено дека понудувачот треба да достави банкарска гаранција во висина од 3% од вредноста на понудата. Со оглед на фактот дека цената на понудата

Page 11: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

4

требало да се изрази во единица мерка процент од вредноста на проектот, а тендерската документација не содржела информација за вредноста на проектите кои ќе бидат предмет на вршење на надзор, како меродавна вредност во овој, а и во сите други случаи кога нема конкретна вредност на понудата, жалителот наведува дека се доставува банкарска гаранција во висина од 3% од проценетата вредност на јавната набавка. Во овој случај проценетата вредност на јавната набавка изнесувал 400.000,00 денари, па аналогно на тоа жалителот поднел Барање до НЛБ Тутунска Банка при што и му била издадена банкарска гаранција во износ од 12.000,00 денари, која била доставена во понудата. Од страна на договорниот орган на ден 28.01.2016 година, жалителот добил меил со вредноста на проектите за кои треба да се изврши надзорот, додека јавното отворање на понудите било на 01.02.2016 година, односно само 1 (еден) работен ден пред јавното отворање на понудите. Жалителот наведува дека во тендерската документација никаде не било наведено дека дополнително ќе добие допис со вредноста на проекгите како би можел да оформи крајна цена на неговата понуда, а воедно дописот му бил пратен на меил, а не бил официјално прикачен на системот на е-набавки како дополна на тендерска документација како што и било наведено во тендерската документација во точка 10.2.3. Со оглед на фактот дека барањето на жалителот било поднесено на 27.01.2016 година врз основа на добиените податоци од тендерската документација, не бил во можност да изврши промена на вредноста на гаранцијата. Жалителот наведува дека согласно член 32 од Законот за јавните набавки: „Договорниот орган е должен во тендерската документација да ги наведе барањата, условите, критериумите и други неопходни информации, со цел да му обезбеди на економскиот оператор целосни, точни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набавка“. Според наведеното, можело да се констатира дека договорниот орган не дал прецизни и навремени информации во тендерската документација. Понатаму, жалителот наведува дека набавката била делива, па според тоа во краен случај договорниот орган согласно наведеното во неговата одлука можел да изврши одбивање на понудата на еден од деловите, со што ќе му била дадена можност на жалителот да учествува на другиот дел, за кои за секој дел посебно неговата доставена банкарска гаранција го покривала бараниот износ од 3% од вредноста на понудата. Врз основа на наведеното, жалителот

Page 12: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

5

бара да се поништи одлуката за избор и да се поништи постапката, како и да се задолжи договорниот орган да му ги надомести трошоците на жалбената постапка.

Во одговорот на жалбата договорниот орган дава хронологија на

постапката и наведува дека жалбата е неоснована. Во однос на наводите на жалителот во врска со висината на гаранцијата која треба да се достави со понудата, договорниот орган наведува дека висината на гаранцијата точно е дефинирана во тендерската документација во точка 11.3 Гаранција на понудата, која била во согласност со член 47 од Законот за јавните набавки и каде висината на понудата е врзана за вредноста на понудата. Според договорниот орган ова значи дека висината на доставената гаранција на понудата треба да биде процентуално изразена од вредноста на поднесената понуда, согласно тендерската документација, во случајот 3% од вредноста на понудата. Договорниот орган наведува дека ниту во законот, а и во тендерската документација не било наведено дека висината на доставената гаранција се одредува врз основа на проценетата вредност на предметот на јавна набавка. Доколку економскиот оператор достави понуда повисока од проценетата вредност на предметот на јавна набавка, договорниот орган смета дека и гаранцијата на понудата треба да биде повисока, согласно вредноста на понудата. Во доставената понуда од страна на жалителот во дел II-1 во табелата бил прецизиран процентот од вредноста на објектот по однос на кој се дава понудата, додека во дел II-2 во табелата, жалителот јасно ја навел вкупната цена поодделно за двата дела со вредност без искажан ДДВ. Во оваа табела јасно била прецизирана вредноста на понудата, која жалителот требало да ја земе во предвид при обезбедувањето на гаранцијата. Доколку економскиот оператор ја имал како основа проценетата вредност на јавната набавка, требало истото да го земе во предвид кога ја дефинирал вредноста на понудата која била повисока од проценетата вредност на јавната набавка. Во однос на наводите на жалителот за начинот на доставувањето на податоците за должината и вредноста на градежните објекти предмет на вршење на стручен надзор, договорниот орган наведува дека се неосновани од причина што согласно член 39 од Законот за јавните набавки: „Договорниот орган е должен да одговори на сите дополнителни прашања кои економските оператори можат да ги постават во врска со тендерската документација“. Во овој случај, според

Page 13: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

6

договорниот орган прашањето не се однесувало за појаснување на некој дел од тендерската документација, а што се однесува за вредноста и должината на градежните објекти, истите биле пресметани и врз основа на тоа била утврдена проценетата вредност на кој износ е објавена постапката за јавна набавка. Економските оператори од самото објавување на постапката на ЕСЈН ја знаат проценетата вредност на договорот за јавна набавка. На ова допрецизирање со податоци за градежните објекти предмет на надзор, кое според договорниот орган не можело да се квалификува како измени и дополнувања на тендерската документација, никој и на никаков начин не реагирал ниту интервенирал за некакви нејаснотии до јавното отворање на понудите извршено на ден 01.02.2016 година. Врз основа на наведеното, договорниот орган предлага жалбата да се одбие како неоснована.

Државната комисија од приложената документација во предметот

за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка, постапувајќи по жалбените наводи, како и по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните набавки, утврди дека жалбата на жалителот е неоснована.

Државната комисија не ги прифати жалените наводи на

жалителот во однос на евалуацијата на неговата понуда и утврди дека Комисија за јавни набавки на договорниот орган постапила согласно член 140 став 7 од Законот за јавните набавки согласно кој неприфатливите понуди не ги евалуаира. Имено, жалителот бил исклучен од понатамошна евалуација од причина што доставил несоодветна банкарска гаранција. Државната комсија согласно доказите со кои располага за конкретната постапка утврди дека висината на гаранцијата точно е дефинирана во тендерската документација во точка 11.3 Гаранција на понудата, која е во согласност со член 47 од Законот за јавните набавки и каде висината на гаранцијата е врзана за вредноста на понудата. Од наведеното произлегува дека банкарската гаранција треба да биде процентуално изразена од вредноста на поднесената понуда, согласно тендерската документација, во случајот 3% од вредноста на понудата. Според Државната комисија, ниту во законот, а и во тендерската документација не е наведено дека висината на доставената гаранција се одредува врз основа на проценетата вредност на предметот на јавна набавка. Доколку економскиот оператор достави

Page 14: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

7

понуда повисока од проценетата вредност на предметот на јавна набавка, Државната комисија смета дека и гаранцијата на понудата треба да биде повисока, согласно вредноста на понудата.

Согласно наведеното, Државната комисија одлучи да ја одбие

жалбата како неоснована. Во член 2 од Законот за јавните набавки е наведено: „Со овој закон

особено се обезбедува: - конкуренција меѓу економските оператори, - еднаков третман и недискриминација на економските оператори, - транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки и - рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори за јавна набавка“.

Согласно член 3 точка 11 од Законот за јавните набавки е утврдено

дека: „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата“, додека во истиот член во точка 24 е наведено: „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите “.

Согласно со член 32 став (1) од Законот за јавните набавки: „Договорниот орган е должен во тендерската документација да ги наведе барањата, условите, критериумите и други неопходни информации, со цел да му обезбеди на економскиот оператор целосни, точни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набавка“.

Во член 47 став 2 од Законот за јавните набавки е наведено: „Во случаите на банкарска гаранција или депонирани средства, договорниот орган ја изразува бараната вредност на гаранцијата на понудата како процент од вредноста на понудата, при што не смее да бара висина на гаранција поголема од 3% од вредноста на понудата без вклучен ДДВ.“

Page 15: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

8

Со оглед на фактот што жалителот не успеал во постапката, Државната комисија одлучи да не му ги надомести трошоците на жалбената постапка, согласно член 228 став (2) од Законот за јавните набавки.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

Бр.09-86/7 17.02.2016 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ, Маја Малахова

Доставено до: - Архива, - Општина Зелениково, ул.1 бр.2, Зелениково - „ЕУРО РОАД ДИЗАЈН ГРУП“ ДОО –Скопје, бул.Киро Глигоров бр.4, Скопје

Page 16: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

1

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, Елита Шуки – член, м-р Мишо Василевски – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „МОРАВА КОМЕРЦ ТРЕЈД ДИАМ“ ДООЕЛ – Скопје, изјавена преку полномошник Адвокат Никола Тодоровски од Скопје, наш број 09-96/1 од 11.02.2016 година, против тендерската документација изготвена по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.02/2016 за набавка на месо на договорниот орган – ЈУОДГ ПРОЛЕТ – Карпош, Скопје, врз основа на член 220 став (1) алинеја 7, став (3) и (4) и член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија, бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015 и 27/2016), на 7-

та Седница одржана на ден 17.02.2016 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „МОРАВА КОМЕРЦ ТРЕЈД ДИАМ“

ДООЕЛ – Скопје, изјавена преку полномошник Адвокат Никола Тодоровски од Скопје, против тендерската документација изготвена по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.02/2016 за набавка на месо на договорниот орган – ЈУОДГ ПРОЛЕТ – Карпош, Скопје, СЕ

УВАЖУВА.

2. СЕ ПОНИШТУВА постапката по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.02/2016 за набавка на месо на договорниот орган – ЈУОДГ ПРОЛЕТ – Карпош, Скопје.

3. Се задолжува договорниот орган на жалителот да му ги

надомести трошоците на жалбената постапка во висина од 250,00 денари на име административна такса и надомест за водење на постапка во висина од 6.170,00 денари, како и износ од 3.900,00 денари +18% ДДВ за состав на жалба, во рок од 15 дена од денот на приемот на

решението.

4. Договорниот орган е должен да постапи по решението на

Државната комисија, во спротивно ќе се смета дека не е спроведена постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со Законот за јавните набавки.

Page 17: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

2

5. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „МОРАВА КОМЕРЦ ТРЕЈД ДИАМ“ ДООЕЛ –Скопје, изјавил жалба преку полномошник Адвокат Никола Тодоровски од Скопје, против тендерската документација изготвена по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.02/2016 за набавка на месо на договорниот орган - ЈУОДГ ПРОЛЕТ – Карпош, Скопје, бидејќи смета дека тендерската документација не е во согласност со законот и довела или можела да доведе до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција, поради што предлага да се поништи постапката, како и да се задолжи договорниот орган да му ги надомести трошоците на жалбената постапка.

Во писмениот одговор на жалбата бр.0507/58 од 15.02.2016 година,

договорниот орган наведува дека жалбата е неоснована, поради што предлага Државната комисија за жалби по јавни набавки истата како таква да ја одбие.

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на

жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за јавна набавка, огласот, тендерската документација, како и останатата документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 7 од Законот за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е основана.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Page 18: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

3

Договорниот орган спровел постапка за јавна набавка со Оглас за барање за прибирање на понуди бр.02/2016 за набавка на месо, за што претходно била донесена Одлука за јавна набавка бр.0507-657-1 од 18.12.2015 година, која постапка била објавена на ЕСЈН на Бирото за јавни набавки. Договорниот орган поднел барање за добивање согласност за користење на барањата во техничките спецификации за поединечен дел за јавна набавка на стоки до Советот за јавни набавки, кој донел Решение бр.10-692/10 од 28.01.2015 година, со кое ја дал бараната согласност. Набавката не била делива, а договорниот орган во тендерската документација и огласот предвидел дека како критериум за избор ќе се користи најниска цена, постапката ќе се спроведе со користење на електронски средства и ќе заврши со спроведување на електронска аукција. Од понудувачите било побарано да достават Изјава за независна понуда и Изјава за сериозност на понудата.

До крајниот рок за поднесување на понудите 08.02.2016 година,

пристигнале вкупно 3 (три) понуди, за што бил составен Записник од отворањето на понудите бр.0507/47-1 од 08.02.2016 година.

Незадоволен од содржината на тендерската документација, жалба

до Државната комисија за жалби по јавни набавки поднесе економскиот оператор „МОРАВА КОМЕРЦ ТРЕЈД ДИАМ“ ДООЕЛ – Скопје.

Проверувајќи ги жалбените наводи на жалителот, Државната

комисија за жалби по јавни набавки го утврди следното: Жалителот во жалбата наведува дека во тендерската

документација, договорниот орган барал исполнување на одредени критериуми за утврдување на техничката или професионалната способност на економските оператори кои се непропорционални и кои не се директно поврзани со предметот на договорот за јавна набавка што е спротивно на член 144 став 2 од Законот за јавните набавки. Според жалителот, критериумите за утврдување на способност на економскиот оператор претставуваат механизам за утврдување на капацитетот на понудувачот за извршување на набавката и во никој случај не смеат да бидат механизам за ограничување на конкуренцијата, односно средство за произволно однесување на договорниот орган. Преку дефинирањето на непропорционални критериуми за утврдување на техничката или

Page 19: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

4

професионалната способност, жалителот смета дека договорниот орган постапил спротивно на членот 2 од Законот за јавните набавки, односно ја нарушил конкуренцијата меѓу економските оператори, што довело до нееднаков третман и дискриминација на економските оператори и до нерационално и неефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори за јавна набавка. Имено, во точка 7.3 од тендерската документација, договорниот орган, меѓу другото барал од понудувачот: „Да има најмалку две продавници (во случај да се затвори едната да биде загарантиран квалитетот и доставата на стоките)...“. За жалителот е нејасно во каква корелација е бројот на продажни места на економскиот оператор со капацитетот на економскиот оператор да ги исполни барањата од техничката спецификација, односно да го изврши предметот на набавката, особено ако се има во предвид дека производите не се подигнуваат од продажните места на економскиот оператор, туку истите се доставуваат до просториите на договорниот орган. Според жалителот, апсурдно било образложението дадено во прилог на овој критериум, односно која била гаранцијата дека доколку една од продавниците се затвори со втората нема да се случи истото, особено ако се работи за стечај на претпријатието. Жалителот напоменува дека Агенцијата за храна и ветеринарство, согласно член 50, 51 и 53 од Законот за безбедност на храната ги регистрира операторите на храна во единствениот Регистар на објекти и оператори со храна. За да бидат регистрирани, објектот, односно операторот со храна треба да ги исполнува условите кои се предвидени во Правилникот за процедурите за применување на НАССР принципите од страна на операторите со храна како и начинот на верификување на овие процедури од страна на надлежниот орган. Доколку економскиот оператор, односно понудувачот ги исполнува овие услови тој, согласно Законот за безбедност на храната, има право и можност на пазарот да ги продава предвидените стоки. Па така, за жалителот е нејасно зошто договорниот орган си дозволува да го ограничи правото на учество на пазарот преку дефинирање на непропорционални критериуми, кога надлежните институции истото го одобриле. Понатаму, жалителот наведува дека бројот на продажни места не е во никаква релација со квалитетот на понудените производи, за кои поседува соодветни сертификати и потврди за потеклото и составот на производите кои ги нуди. Ваквото непропорционално барање, жалителот смета дека ја нарушува конкуренцијата на пазарот,

Page 20: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

5

давајќи им можност за учество само на големите економски оператори. Имајќи ја во предвид големината на пазарот во РМ, бројот на економски оператори кои самостојно го задоволуваат овој критериум бил далеку помал наспроти бројот на економските оператори кои имаат помалку од две продажни места, а кои имаат дозвола за работа издадена од надлежните органи и кои можат да ги исполнат условите и барањата од техничките спецификации, односно без никаков проблем можат да го извршат вака дефинираниот предмет на набавка. Понатаму, во точката 7.3 од тендерската документација, договорниот орган барал: „....да располага со најмалку две наменски возила соодветни за превоз на стоките кои се понудени (специјализирани со разладен уред за пренесување на месо +4°Ц);...“. Според жалителот, доколку се има во предвид дека се работи за сукцесивна испорака на месо и месни производи, апсурдно било да се бараат вакви непропорционални критериуми за утврдување на професионалната способност, при што во даден момент се испорачуваат само мал дел од количините предвидени во техничката спецификација. Жалителот смета дека договорниот орган не може да ја утврди неговата способност и капацитет за вршење на предметот на набавката преку определување на бројот на возила кои ги има. Исто така, жалителот смета дека договорниот орган нема право да го одредува и организира неговиот начин на работа, при што напоменува дека како носител на набавката со самото потпишување на договорот е одговорен пред договорниот орган за навремената и квалитетна испорака на стоките. Понатаму, во точка 7.5 од тендерската документација, договорниот орган навел: „Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба, економска и финансиска состојба, техничка или професионална способност и способноста за вршење проекционата дејност“. Ваквата одредба според жалителот била во директна спротивност со членовите 151 и 154 од Законот за јавните набавки, согласно кои доколку економски оператори поднесат групна понуда или пријава за учество, економската и финансиската, односно техничката и професионалната способност се докажуваат со земање предвид на ресурсите на сите членови на групата. Вака формулираните одредби ги ограничувале правата на економските оператори кои инаку им се овозможени со закон. Жалителот наведува дека договорниот орган не смее да креира тендерска документација која е во спротивност со Законот за јавните набавки и директно навлегува во правата на

Page 21: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

6

економските оператори. Имајки ги во предвид членовите 40, 41 и 154 од Законот за јавните набавки, со кои во постапките за доделување на договори се овозможува учество на група на понудувачи токму заради исполнување на условите за економска и финансиска, односно техничка и професионалната способност, вака дефинираните критериуми според жалителот стануваат беспредметни. За жалителот е нејасно зошто би се отежнувале условите за учество во постапките за јавни набавки, кога и економските оператори кои имаат помалку од две продажни места и помалку од две термокинг возила, можат да го извршат предметот на набавката предвиден во вака дефинираната техничка спецификација и тендерската документација. Како доказ за ова тврдење, жалителот ги наведува договорите кои ги има склучено и во кои се јавува како носител на набавката, во кои предметот на набавката кој е ист или сличен по содржина е дури и поголем по обем од наведениот во оваа тендерска документација, а за кои има потврди и препораки за нивно успешно и квалитетно реализирање. Исто така, имајќи го во предвид член 36-а став 2 од Законот за јавните набавки, се поставувало прашањето дали за предвидените критериуми е добиена ваквата согласност и доколку е добиена зошто и на кој начин се дава согласност за критериуми кои ја ограничуваат конкуренцијата, креираат дискриминација и нееднаков третман помеѓу економските оператори во Република Македонија. Едно од основните начела и целта на Законот за јавните набавки, како и на сите меѓународни правила, вклучувајќи ги и Директивите на ЕУ е да се олесни пристапот и да се овозможи учество на што е можно поголем број на економски оператори во постапките за доделување на договори за јавни набавки. Како економски оператор кој има долгогодишно искуство во постапките за јавни набавки со сличен или ист предмет на набавка, жалителот смета дека ваквото арбитрарно однесување на договорните органи директно влијае на пазарната економија во Република Македонија. Врз основа на наведеното, жалителот предлага да се поништи постапката, како и да се задолжи договорниот орган да му ги надомести трошоците на жалбената постапка.

Во одговорот на жалбата договорниот орган смета дека жалбата е

неоснована. Договорниот орган наведува дека не сторил битни повреди на Законот за јавните набавки, а тендерската документација била во

Page 22: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

7

согласност со Законот за јавните набавки. Според договорниот орган, не се точни наводите дека тендерската документација не е во согласност со овој закон и довела или можела да доведе до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција. Имено, договорниот орган согласно член 28 од Законот за јавните набавки донел Одлука за потребата од јавна набавка на услугата, а согласно член 36-а став 3 и 4 од Законот за јавните набавки по донесувањето на одлуката за јавна набавка, а пред објавување на огласот направил анализа на пазарот за предметот на набавка на разни видови месо и утврдил дека предвидените критериуми од огласот можат да ги исполнат најмалку пет економски оператори и огласот може да се објави, за што бил даден Извештај за спроведената анализа до одговорното лице. Дополнително, согласно член 36-а став 1 од Законот за јавните набавки, договорниот орган се обратил до Советот за јавни набавки и благовремено поднел барање за добивање согласност за користење на барањата во техничките спецификации за поединечна ставка или за целиот дел, во постапка со барање за прибирање на понуди за набавка на разни видови месо, на кое барање бр.0507/700 на ден 28.01.2016 година, Советот за јавни набавки донел Решение бр.692/10 со кое била дадена согласност за објавување на оглас. За договорниот орган жалбените наводи според кои се предвидени непропорционални критериуми не биле точни, бидејќи се работело за институција во која се згрижуваат деца, а набавката на месото кое се користи за нивна исхрана се одвивала секојдневно во раните утрински часови. Доколку носителот на набавката не поседува минимум две возила со разладен уред за пренесување на месо, договорниот орган наведува дека не може да биде сигурен дека секојдневната испорака би се одвивала навремено и во согласност со законските прописи, а и самиот жалител навел дека врши испораки во други установи, па физички не било можно да ги изврши испораките во исто време, бидејќи нарачките се вршат наутро во 7 часот, а испораката се врши најдоцна до 7:30 часот. Досегашното минато искуство кога имал добавувач со минимално технички ресурси, договорниот орган наведува дека го доведувало до ситуации да има застој, пречки и неквалитетна реализација на предметните набавки. Од сето изнесено, според договорниот орган се потврдувало дека жалбата е неоснована, односно во никој случај не постои дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција, дотолку повеќе што на огласот се јавиле 3 понудувачи од кои 2 ги

Page 23: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

8

исполнуваат условите во техничката спецификација, видно и од Записникот од отворањето на понудите. Врз основа на наведеното, договорниот орган предлага Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја одбие жалбата на жалителот како неоснована.

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените

наводи, како и по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните набавки, а врз основа на сите приложени писмени докази во предметот за спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди дека жалбата е основана.

Државната комисија ги прифати жалбените наводи на жалителот

кои се однесуваат на тедндерската документација. Имено, договорниот орган спровел постапка за набавка на месо, а како критериум за утврдување на техничка или професионална способност во точка 7.3 од тендерската документација, меѓу другото, барал од понудувачот: „Да има најмалку две продавници (во случај да се затвори едната да биде загарантиран квалитетот и доставата на стоките)...“. За Државната комисија е нејасно во каква корелација е бројот на продажни места на економскиот оператор со капацитетот на економскиот оператор да ги исполни барањата од техничката спецификација, односно да го изврши предметот на набавката, особено ако се има во предвид дека производите не се подигнуваат од продажните места на економскиот оператор, туку истите се доставуваат до просториите на договорниот орган. Со наведениот критериум, Државната комисија смета дека е повреден член 2 од Законот за јавните набавки, согласно кој се обезбедува конкуренција меѓу економските оператори, еднаков третман и недискриминација на економските оператори.

Државната комисија постапувајќи по службена должност

согласно член 211 од Законот за јавните набавки, утврди дека договорниот орган согласно член 36-а став 3 и 4 од Законот за јавните набавки, спровел истражување на пазарот, но истражувањето не е целосно спроведено. Имено, согласно наведениот член, договорниот орган задолжително се обраќа со допис или по електронски пат до производителите или економските оператори во Република Македониоја што потенцијално можат да ги исполнат критериумите за утврдување на способност. Во конкретната постапка, договорниот орган

Page 24: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

9

во тендерска документација во точка 7.4 економска и финансиска состојба, предвидел економскиот оператор да има позитивно финансиско работење за 2014 година, додека договорниот орган во Прашалнкиот за истражување на пазарот со кој се обратил до економските оператори исполнувањето на овој критериум не го поставил како прашање.

Со оглед на тоа дека договорниот сторил битна повреда согласно

член 210 став 1 алинеја 3 и 9 од Законот за јавните набавки, односно се сторени битни пропусти кои се однесуваат на тендерската документација, како и објавен оглас за доделување на договор за јавна набавка без да се обезбеди согласност во случаите каде што добивање согласност е задолжително согласно со овој закон, Државната комисија одлучи да ја уважи жалбата, да ја поништи постапката по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.02/2016 за набавка на месо на договорниот орган ЈУОДГ ПРОЛЕТ – Карпош, Скопје. При спроведување на нова постапка, договорниот орган е потребно да ги следи напатсвијата на Државната комисија за жалби по јавни.

Во член 2 од Законот за јавните набавки е наведено: „Со овој закон

особено се обезбедува: - конкуренција меѓу економските оператори, - еднаков третман и недискриминација на економските оператори, - транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки и - рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори за јавна набавка“.

Согласно член 3 точка 11 од Законот за јавните набавки е утврдено

дека: „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата“, додека во истиот член во точка 24 е наведено: „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите “.

Согласно со член 32 став (1) од Законот за јавните набавки:

„Договорниот орган е должен во тендерската документација да ги

Page 25: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

10

наведе барањата, условите, критериумите и други неопходни информации, со цел да му обезбеди на економскиот оператор целосни, точни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набавка“.

Со оглед на фактот што жалителот успеал во постапката, а

согласно член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки, Државната комисија одлучи да му ги надомести трошоците на жалбената постапка.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во

диспозитивот.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.09-96/6 17.02.2016 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ, Маја Малахова

Доставено до: - Архива, - ЈУОДГ ПРОЛЕТ – Карпош, Скопје, ул.Миле Поп Јорданов бр.74, Скопје - Адвокат Никола Тодоровски од Скопје, ул.11 Октомвриа бр.21-1/2, Скопје

Page 26: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

1

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во состав: Маја Малахова – претседател, Елита Шуки – член, м-р Мишо Василевски – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по Барањето за продолжување на постапка изјавено од договорниот орган ЈКП Водовод и канализација – Прилеп, наш број 09-88/3 од 16.01.2016 година, во постапката по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.1/2016 за набавка на осигурување на возила, врз основа на член 218, член 219 и член 220 став 2 од Законот за јавни набавки (Службен весник на Република Македонија, бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015 и 27/2016), на 7-та седница одржана на ден 17.02.2016 година донесе

З А К Л У Ч О К

1. Барањето за продолжување на постапката за доделување на договор за јавна набавка, изјавено од договорниот ЈКП Водовод и канализација – Прилеп, во постапката по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.1/2016 за набавка на осигурување на возила, СЕ

ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО. 2. Против овој заклучок не е допуштена посебна жалба.

О б р а з л о ж е н и е

Договорниот орган, ЈКП Водовод и канализација – Прилеп спровел постапка за јавна набавка со Оглас за барање за прибирање на понуди бр.1/2016 за набавка на осигурување на возила, за што донел Одлука за избор на најповолна понуда бр.05-14/1-1/6 од 28.01.2016 година.

Незадоволен од донесената одлука, жалба до Државната комисија

за жалби по јавни набавки изјави економскиот оператор „ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ“ АД –Скопје.

Договорниот орган, до Државната комисија за жалби по јавни

набавки со одговорот на жалбата, поднел и барање за продолжување на постапката по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.1/2016 за

Page 27: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

2

набавка на осигурување на возила, во кое бара Државната комисија да одобри продолжување на постапката за доделување на договор за јавна набавка.

Договорниот орган во барањето за продолжување на постапката

за доделување на договор за јавна набавка наведува дека доколку дојде до прекин во постапката за реализација на јавната набавка, ќе претрпи огромни штети, односно возилата кои се во секојдневна употреба нема да бидат осигурани и доколку настане незгода, штетите би биле нерпоценливи, односно непропорционални спрема висината на вредноста.

Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по

Барањето за продолжување на постапката за доделување на договор за јавна набавка, одржа седница и согласно член 219, а во смисла на член 218 од Законот за јавните набавки, утврди дека барањето е неосновано, односно не е поднесено согласно со член 218 став 4 од истиот Закон кој гласи: „Барање за продолжување на постапката за доделување на договор за јавна набавка може да се поднесе од причини поради кои можат да настанат штети заради не спроведување на постапката, а кои се непропорционални на нејзината вредност.“

Штетите кои можат да настанат заради изјавената жалба против

одлуката за избор на најповолна понуда донесена по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.1/2016 за набавка на осигурување на возила, договорниот орган не ги докажа и наведените причини во поднесеното барање не можат да бидат причина поради која Државната комисија ќе одобри продолжување на постапката за доделување на договор за јавна набавка и ќе одобри склучување на договор со веќе избраниот економски оператор.

Државната комисија оцени дека договорниот орган бил должен во

годишниот план да предвиди и планира доволно време за спроведување на постапката. Ова од причина што согласно член 26 став (1) од Законот за јавни набавки, врз основа на утврдените извори за финансирање,

Page 28: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

3

договорниот орган донесува план за своите вкупни потреби за набавки во тековната година по видови на стоки, услуги и работи според Општиот поимник за јавни набавки, со кој го определува и очекуваниот почеток на постапката, проценетата вредност на договорот и видот на постапката за доделување на договорот.

Од причини погоре изложени, се донесе заклучок како во диспозитивот.

Бр.09-88/6 17.02.2016 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Маја Малахова

Доставено до: - Архива, - ЈКП Водовод и канализација – Прилеп, ул.Александар Македонски бб, Прилеп

Page 29: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

1

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, Елита Шуки – член, м-р Мишо Василевски – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – Адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска од Скопје, наш број 08-80/1 од 05.02.2016 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.1430/4 од 22.01.2016 година, донесена по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.140/10/2015 за набавка на правни/адвокатски услуги на договорниот орган – Народна банка на Република Македонија, врз основа на член 220 став (1) алинеја 7, став (3) и (4) и член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија, бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015 и 27/2016), на 7-та Седница одржана на ден 17.02.2016 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот Адвокатско друштво Дебарлиев,

Дамески и Ќелешоска од Скопје, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.1430/4 од 22.01.2016 година, донесена по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.140/10/2015 за набавка на правни/адвокатски услуги на договорниот орган – Народна банка на Република Македонија, СЕ УВАЖУВА.

2. СЕ ПОНИШТУВА Одлуката за избор на најповолна понуда бр.1430/4 од 22.01.2016 година, донесена по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.140/10/2015 за набавка на правни/адвокатски услуги на договорниот орган – Народна банка на Република Македонија.

2. СЕ ПОНИШТУВА постапката по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.140/10/2015 за набавка на правни/адвокатски услуги на договорниот орган – Народна банка на Република Македонија.

3. Се задолжува договорниот орган на жалителот да му ги надомести трошоците на жалбената постапка во висина од 250,00 денари на име административна такса и надомест за водење на постапка во висина од 6.150,00 денари, во рок од 15 дена од денот на

приемот на решението.

Page 30: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

2

4. Договорниот орган е должен да постапи по решението на Државната комисија, во спротивно ќе се смета дека не е спроведена постапка за доделување договор за јавна набавка согласно Законот за јавните набавки.

5. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор Адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и

Ќелешоска од Скопје, изјавил жалба против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.1430/4 од 22.01.2016 година, донесена по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.140/10/2015 за набавка на правни/адвокатски услуги на договорниот орган – Народна банка на Република Македонија, бидејќи смета дека тендерската документација е во спротивност со Законот за јавните набавки и истата доведува до дискриминација на економските оператори и ограничување на пазарната конкуренција, поради што бара жалбата да се уважи, оспорената одлука и постапката да се поништат, како и да се задолжи договорниот орган да му ги надомести трошоците на жалбената постапка.

Во писмениот одговор на жалбата, договорниот орган наведува

дека жалбата е неоснована, поради што предлага Државната комисија за жалби по јавни набавки истата како таква да ја одбие.

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за јавна набавка, огласот, тендерската документација, записникот од отворањето на понудите, извештајот од спорведена постапка, одлуката за избор на најповолна понуда, како и останатата документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 7 од Законот за јавните набавки најде:

Page 31: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

3

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е основана.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган спровел постапка за јавна набавка согласно

член 17 став 1 алинеја 2 и став 3 од Законот за јавните набавки, со Оглас за барање за прибирање на понуди бр.140/10/2015 за набавка на услуги – правни/адвокатски услуги, за што претходно донел Одлука за јавна набавка бр.32226/3 од 29.10.2015 година, а која постапка била објавена на ЕСЈН на Бирото за јавни набавки во делот на други огласи. Набавката не била деллива, а договорниот орган во тендерската документација и огласот предвидел дека како критериум за избор ќе се користи најниска цена. Од понудувачите било побарано да достават Изјава за независна понуда и Изјава за сериозност на понудата.

До крајниот рок за поднесување на понудите 25.12.2015 година,

пристигнале вкупно 8 (осум) понуди на економските оператори: Адвокат Сања Милановиќ од Скопје, Адвокатско друштво Китановски од Скопје, Адвокат Флора Илковска од Скопје, Адвокатско друштво „Давид и Леонид“ од Скопје, Адвокатско друштво „Чичевалиев и Илијовски“ од Скопје, Адвокатско друштво „Трпеноски“ од Скопје, Адвокатско друштво „Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска“ од Скопје и Адвокатско друштво „Чукиќ и Марков“ од Скопје, за што бил составен Записник од отворањето на понудите бр.32226/8 од 30.12.2015 година. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган изготвила Извештај од спроведена постапка бр.1430 од 15.01.2016 година и врз основа на истиот, дала предлог за избор како најповолна понуда да биде избрана понудата на економскиот оператор Адвокатско друштво Трпеноски од Скопје. Ваквиот предлог бил прифатен од страна на одговорното лице на договорниот орган, по што била донесена сега оспорената Одлука за избор на најповолна понуда бр.1430/4 од 22.01.2016 година.

Page 32: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

4

Незадоволен од донесената одлука, жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки поднесе економскиот оператор Адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска од Скопје.

Проверувајќи ги жалбените наводи на жалителот, Државната

комисија за жалби по јавни набавки го утврди следното: Жалителот во жалбата наведува дека во точка 8.3 алинеја 3 од тендерската документација, договорниот орган предвидел дека економските оператори треба да исполнуваат услов кој предвидува дека во последните 3 години (2012, 2013, 2014 година) истите мора да имаат соработка со банка и/или државна инстнтуција со над 300 вработени, додека пак согласно алинеја 4 - минимум 2 водени и добиени спорови во последните три години (2012, 2013 и 2014 година) на износи над 1.000.000.00 денари. Согласно точка 9.3 од тендерската документација во делот за докажување на техничка или професионална способност економските оператори се должни да достават ,.потврда од банка и/или државна институција со над 300 вработени“, „минимум 2 правосилни судски пресуди за добиени спорови во последните 3 години (2012, 2013, 2014 година) на износи над 1.000.000,00 денари“ и „изјава дека правната помош ќе ја дава најискусниот адвокат во зависност од областа за која се бара услугата“. Жалителот смета дека вака поставената тендерска документација е спротивна на членот 2 став 1 алинеја 1 и 2 од Законот за јавните набавки, според кој со овој закон се обезбедува конкуренција меѓу економските оператори и еднаков третман и недискриминација на економските оператори. Со вака поставената тендерска документација, според жалителот се загрозувала одредбата од законот која треба да направи конкуренција меѓу економските оператори и со самото тоа била дискриминаторна за повеќето економски оператори. Жалителот наведува дека вака поставените критериуми од страна на договорниот орган се ирелевантни во однос на предметот на набавката, имајќи го во предвид фактот дека бараните услуги може да бидат обезбедни од страна на било кој адвокат/адвокатско друштво. Соработката со банка и/или државна институција во последните 3 години кои имаат повеќе од 300 вработени, како и минимум 2 правосилни судски пресуди за добиени спорови во последните 3 години на износи над 1.000.000,00 денари, според жалителот во никој случај не можела да се земе како релевантна при изборот на најповолен економски оператор, односно при

Page 33: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

5

изборот на најповолна понуда. Доставувањето на изјава дека правната помош ќе ја дава најискусниот адвокат во зависност од областа за која се бара услугата согласно точка 9.3 алинеја 6 од тендерската документација, жалителот смета дека е дискриминаторно, бидејќи жалителот имал повеќе од 10 години работно искуство и над 10 вработени искусни адвокати и друг стручен персонал кои биле специјализирани во разни области од правниот систем и истиот како економски оператор бил способен во целост да ги обезбеди бараните услуги. Жалителот смета дека барањето за доставување на документацијата за докажување на техничка или професионална способност наведени во точка 9.3 од тендерската документација е спротивно на Законот за јавните набавки, односно доведува до дискриминација на економските оператори и ограничување на пазарната конкуренција. Со поставувањето на ваквите критериуми од страна на договорниот орган, се определувале само определен број на економски оператори кои би можеле да ги исполнат критериумите за учество во предметната постапка, поради што врз основа на вака поставените критериуми во тендерската документација, договорниот орган сторил битна повреда на начелата на Законот за јавните набавки и притоа создал нееднаков третман и дискриминација на економските оператори. Воедно, жалителот наведува дека договорниот орган неосновано ја отфрлил неговата понуда како неприфатлива бидејќи понудената цена не била во согласност со Адвокатската тарифа. Имено, ваквото постапување на договорниот орган било контрадикторно со наведеното во известувањето, имајќи го во предвид фактот дека договорниот орган во известувањето навел дека наградата и трошоците не можат да бидат определени пониско од предвиденото во Адвокатската тарифа, не земајќи го во предвид фактот дека АТ определува дека наградата не може да биде договорена пониско од предвиденото, но воедно никаде не било предвидено дека истата не може да биде определена повисоко од предвиденото. Исто така, жалителот не понудил награда пониско од предвидената во АТ, туку повисоко, односно во никој случај не ги повредил одредбите од АТ, туку постапил во целост по предвиденото во тендерската документација. Врз основа на наведеното, жалителот предлага жалбата да се уважи, оспорената одлука и постапката да се поништат, како и да се задолжи договорниот орган да му ги надомести трошоците на жалбената постапка.

Page 34: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

6

Договорниот орган во писмениот одговор на жалбата наведува дека неточни се наводите истакнати во жалбата за сторени суштествени повреди на постапката, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и дека е погрешна примената на материјалното право. Според договорниот орган, постапката за јавна набавка е спроведена согласно Законот за јавните набавки. Договорниот орган наведува дека Комисијата за јавни набавки, утврдила дека во предвидениот рок за прибирање на понуди пристигнати се 8 понуди. При проверување на комплетноста, валидноста и соодветноста на понудите, според договорниот орган, Комисијата за јавни набавки правилно утврдила дека понудата поднесена од жалителот не е во согласност со Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите. Имено, во Прилог 1 - Образец на понуда од тендерската документација, во табелата од точка 11.1 се барало цена за секоја ставка посебно, што не е случај со понудата на жалителот, во која била дадена една заедничка цена за сите ставки од точките 1, 2, 5, 6 и 7. Во однос на жалбениот навод на жалителот дека се сторени битни повреди на член 210 став 1 алинеја 3 од Законот за јавните набавки и тоа дека тендерската документација е во спротивност со Законот за јавните набавки и истата доведува до дискриминација на економските оператори или ограничувања, договорниот орган појаснува дека согласно член 216 став 2 алинеја 2 од Законот за јавните набавки економскиот оператор има право на жалба во рок од осум дена од денот на објавувањето на огласот за доделување на договор за јавна набавка во однос на податоците, дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија од огласот. Економскиот оператор кој пропуштил да изјави жалба во однос на одредбите од ставот 2 на членот 216 од законот, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ. Согласно наведеното, жалителот го пропуштил правото на жалба во однос на тендерската документација и во оваа фаза на постапката нема право на жалба на критериумите за утврдување на способност на понудувачите, а кои се дел од тендерската документација. Врз основа на наведеното, договорниот орган согласно член 220 став 1 алинеја 4 од Законот за јавните набавки, предлага Државната комисија за жалби по јавни набавки да донесе решение со кое жалбата на жалителот ќе ја одбие како неоснована.

Page 35: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

7

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, како и по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните набавки, утврди дека жалбата е основана.

Основани се жалбените наводи на жалителот дека договорниот

орган во оваа постапка сторил битни повреди на законот во постапката за доделување на договор за јавна набавка предвидени во член 210 од Законот за јавните набавки.

Во однос на жалбениот навод на жалителот кој се однесува на

тендерската документација, Државната комисија за жалби по јавни набавки утврди дека овој жалбен навод е задоцнет, односно истиот не е во согласност со член 216 став 2 алинеја 3 и член 216 став 5 од Законот за јавните набавки.

Во член 216 став 2 алинеја 3 и став 5 од Законот за јавните набавки

е наведено: (2) „Жалбата се изјавува во рок од осум дена односно три дена кај постапката со барање за прибирање на понуди од денот на: - отворањето на понудите во однос на дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија поврзани со тендерската документација, односно постапката за отворањето на понудите“. (5) „Економскиот оператор кој пропуштил да изјави жалба во однос на одредбите од ставот (2) на овој член, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.“

Меѓутоа, постапувајќи по службена должност согласно член 211,

Државната комисија за жалби по јавни набавки утврди дека тендерската документација е дискриминаторна и дека истата ја ограничува пазарната економија.

Во точка 8.3 од тендерската документација, договорниот орган

предвидел критериуми за утврдување на техничката или професионалната способност на понудувачот кои не се во согласност со одредбите од Законот за јавните набавки и тоа: - најмалку 5 години работно искуство како адвокат, - во последните 3 години (2012, 2013, 2014 година) да има соработка со банка и/или државна институција со над 300 вработени, - минимум 2 водени и добиени спорови во последните три години (2012, 2013 и 2014 година) на износи над 1.000.000.00 денари.

Page 36: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

8

Согласно точка 9.3 од тендерската документација во делот за докажување на техничка или професионална способност на економските оператори, договорниот орган предвидел доставување на: - потврда од адвокатска комора за континуирано вршење на адвокатски услуги во последните 5 години, - потврда од банка и/или државна институција со над 300 вработени, - минимум 2 правосилни судски пресуди за добиени спорови во последните 3 години (2012, 2013, 2014 година) на износи над 1.000.000,00 денари и - изјава дека правната помош ќе ја дава најискусниот адвокат во зависност од областа за која се бара услугата.

Државната комисија смета дека овие критериуми не се во

согласност со член 2, член 144 став 2 како и член 210 став 1 алинеја 3 од Законот за јавните набавки.

Во член 2 од Законот за јавните набавки е наведено: „Со овој закон

особено се обезбедува: - конкуренција меѓу економските оператори, - еднаков третман и недискриминација на економските оператори, - транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки и - рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори за јавна набавка“.

Во член 144 став 2 од Законот за јавните набавки е наведено:

„Договорниот орган не смее да бара исполнување на одредени критериуми за утврдување на способност на економските оператори кои се непропорционални и кои не се директно поврзани со предметот на договорот за јавна набавка“.

Согласно член 210 став 1 алинеја 3 од Законот за јавните набавки:

„Битни повреди на законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка се, ако: - тендерската документација на постапката за доделување на договор за јавна набавка не е во согласност со овој закон и довела или можела да доведе до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција“.

Бидејќи во оваа постапка договорниот орган сторил такви

неправилности кои со никакво дополнително постапување не може да ги исправи, Државната комисија за жалби по јавни набавки одлучи да ја

Page 37: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

9

поништи одлуката за избор како и целокупната постапка по оваа јавна набавка.

Со оглед на фактот што жалителот успеал во постапката, а

согласно член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки, Државната комисија одлучи да му ги надомести трошоците на жалбената постапка.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот. Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.08-80/7 17.02.2016 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ, Маја Малахова

Доставено до: - Архива, - Народна банка на Република Македонија, бул.Кузман Јосифовски Питу бр.1, Скопје - Адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска од Скопје, ул.Мирче Ацев бр.2, 3-ти кат, Скопје, Скопје

Page 38: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

1

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, Елита Шуки – член, м-р Мишо Василевски – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „МЕДИА СИТИ“ ДООЕЛ – Скопје, наш број 08-90/1 од 09.02.2016 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.18-156/12 од 03.02.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.50/2015 за набавка на ЛЕД-екран за надворешна употреба на палата АСНОМ (Комерцијална Банка) на договорниот орган – Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, врз основа на член 220 став (1) алинеја 2 и став (3) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија, бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015 и 27/2016), на 7-та Седница одржана на ден 17.02.2016 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ КОНСТАТИРА повлекување на жалбата поднесена од жалителот „МЕДИА СИТИ“ ДООЕЛ – Скопје, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.18-156/12 од 03.02.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.50/2015 за набавка на ЛЕД-екран за надворешна употреба на палата АСНОМ (Комерцијална Банка) на договорниот орган – Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија.

2. СЕ ПРЕКИНУВА постапката по предметот бр.08-90/1. 3. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по предметот бр.08-90/1 по однос на жалбата поднесена од жалителот „МЕДИА СИТИ“ ДООЕЛ – Скопје, констатира дека со поднесок од 16.02.2016 година доставен од страна на жалителот, истата ја повлекува.

Page 39: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

2

Имено, согласно со член 220 став 1, алинеја 2 од Законот за јавните набавки во постапката за правна заштита, Државната комисија може да ја прекине постапката заради повлекување на жалбата од страна на жалителот.

Со оглед на изнесеното, Државната комисија за жалби по јавни

набавки одлучи како во диспозитивот од ова решение.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.08-90/7 17.02.2016 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Маја Малахова Доставено до: - Архива; - Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, бул.Кузман Јосифовски Питу бр.17, Скопје - „МЕДИА СИТИ“ ДООЕЛ – Скопје, ул.Никола Вапцаров бр.2/3, Скопје

Page 40: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

1

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во состав: Маја Малахова – претседател, Елита Шуки – член, м-р Мишо Василевски – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки постапувајќи по жалбата на жалителот – „СЕМАКС КОНЧАР ЕЛЕКТРОДИЗЕЛАГРЕГАТИ“ ДООЕЛ – Скопје, изјавена против постапката за Дел 1 по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.01/2016 за набавка на услуги – Сервисирање и одржување на агрегат по втор пат, на договорниот орган – ЈПКД Комуналец Гевгелија, врз основа на член 220 став (2), а во врска со член 221 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија, бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015 и 27/2016), на 7-та Седница одржана на ден 17.02.2016 година, го донесе следниот:

ЗАКЛУЧОК

1. СЕ ЗАПИРА постапката по жалбата на жалителот „СЕМАКС КОНЧАР ЕЛЕКТРОДИЗЕЛАГРЕГАТИ“ ДООЕЛ – Скопје, изјавена во постапката за Дел 1 по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.01/2016 за набавка на услуги – Сервисирање и одржување на агрегат по втор пат, на договорниот орган – ЈПКД Комуналец Гевгелија. 2. Против овој Заклучок не е дозволена посебна жалба.

О б р а з л о ж е н и е

Договорниот орган, ЈПКД Комуналец Гевгелија објавил Оглас за доделување на договор за јавна набавка со Барање за прибирање на понуди бр.01/2016 за набавка на услуги – Сервисирање и одржување на агрегат по втор пат и закажал е-аукција.

Page 41: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

2

Незадоволен од добиеното известување од страна на договорниот орган во кое е наведено дека поради техничка грешка не е поканет на е-аукција за Дел 1, жалба изјавил економскиот оператор „СЕМАКС КОНЧАР ЕЛЕКТРОДИЗЕЛАГРЕГАТИ“ ДООЕЛ – Скопје, при што предлага Државната комисија да ја уважи жалбата, и постапката за Дел 1 да ја врати во фаза на повторна евалуација.

Во одговорот на жалбата, договорниот орган наведува дека по приемот на жалбата констатирал дека истата е основана, поради што постапил согласно со член 221 од Законот за јавните набавки и донел Одлука бр.05-50/11 од 15.02.2016 година со која жалбените наводи ги прифаќа како основани и бара да се овозможи повторување на е-аукцијата за Дел 1.

Оттука, Државната комисија разгледувајќи ги доставените писмени докази, како и наводите на двете страни, утврди дека договорниот орган постапил согласно со одредбите од член 221 став 1, 2 и 3 од Законот за јавните набавки кој предвидува: „1) Ако договорниот орган по приемот на жалбата, најде дека истата е делумно или во целост основана, може постојната одлука да ја стави вон сила, односно да донесе нова одлука, или да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка, да го исправи дејствието, да го преземе дејствието што го пропуштил или да спроведе нова постапка за доделување на договор за јавна набавка, со известување на учесниците во постапката на начин пропишан со овој закон, во рок од пет дена од приемот на жалбата. 2) Против новата одлука, дејствие или пропуштање за преземање дејствие, подносителот на жалбата има право на жалба под условите предвидени со овој закон“ и 3) Договорниот орган кој ги користи овластувањата пропишани со овој член, должен е за тоа да ја извести Државната комисија со доставување на новата одлука, односно докази за доставување на истата на жалителот.

Со оглед на тоа што, договорниот орган постапил согласно со член 221 од Законот за јавните набавки, Државната комисија за жалби по

Page 42: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

3

јавни набавки донесе заклучок со кој се запира постапката по жалбата на жалителот „СЕМАКС КОНЧАР ЕЛЕКТРОДИЗЕЛАГРЕГАТИ“ ДООЕЛ – Скопје.

Бр.09-97/5 17.02.2016 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Маја Малахова Доставено до: - Архива, - „СЕМАКС КОНЧАР ЕЛЕКТРОДИЗЕЛАГРЕГАТИ“ ДООЕЛ Скопје, ул.„Гаврил Константиновиќ“ бр.27, Скопје - ЈПКД Комуналец - Гевгелија, ул.„7ми Ноември“ бр.50, Гевгелија

Page 43: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

1

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, Елита Шуки – член, м-р Мишо Василевски – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – Т.Д. 93 „ДЕ-НИ КОМПАНИ“ ДООЕЛ - Прилеп, наш број 09-83/1 од 08.02.2016 година, изјавена против Одлуката за поништување на делови од постапката бр.02-74/21 од 28.01.2016 година, донесена по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.7/2015 за набавка на стоки – набавка на училишен и канцелариски мебел на договорниот орган - ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ - Штип, врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 и став 3 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија, бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015 и 27/2016), на 7-

та Седница одржана на ден 17.02.2016 година го донесе следното:

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот Т.Д. 93 „ДЕ-НИ КОМПАНИ“ ДООЕЛ - Прилеп, изјавена против Одлуката за поништување на делови од постапката бр.02-74/21 од 28.01.2016 година, донесена по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.7/2015 за набавка на стоки – набавка на училишен и канцелариски мебел на договорниот орган ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор Т.Д. 93 „ДЕ-НИ КОМПАНИ“ ДООЕЛ - Прилеп, изјавил жалба против Одлуката за поништување на делови од постапката бр.02-74/21 од 28.01.2016 година, донесена по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.7/2015 за набавка на стоки – набавка на училишен и канцелариски мебел на договорниот орган ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ - Штип, бидејќи смета дека договорниот орган сторил суштествени повреди на постапката и погрешно и нецелосно ја утврдил фактичката состојба, поради што предлага Државната комисија за

Page 44: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

2

жалби по јавни набавки да ја уважи жалбата и да ја поништи оспорената одлука.

Во писмениот одговор на жалбата бр.03-186/2 од 15.02.2016 година,

договорниот орган ги негира жалбените наводи и бара жалбата да се одбие како неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во текот на жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за јавна набавка, истражувањето на пазарот, Решението од Советот за јавни набавки, тендерската документација, записникот од отворањето на понудите, извештајот од поднесување на конечна цена, одлуката за избор на најповолна понуда, одлуката за поништување на делови од постапката како и останатата документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220 став 1 алинеја 4 од Законот за јавни набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбaта е неоснована.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган спровел јавна набавка со објава на Оглас за барање за прибирање на понуди бр.7/2015 за набавка на стоки – училишен и канцелариски мебел, за што претходно донел Одлука за јавна набавка бр.02-1069/1 од 25.11.2015 година, по што го објавил Огласот за барање за прибирање на понуди бр.7/2015 на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН). Договорниот орган спровел истражување на пазарот во Република Македонија при што утврдил дека не постојат доволен број на економски оператори кои можат да ги исполнат барањата во техничките спецификации, поради што поднел барање за добивање на согласност до Советот за јавни набавки. Договорниот орган

Page 45: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

3

до Советот за јавни набавки доставил Барање за користење на барањата во техничките спецификации за јавна набавка на стоки. По второто поднесено барање, Советот за јавни набавки донел Решение бр.17-19826/11 од 22.12.2015 година со кое ја дал бараната согласност. Набавката била делива на 3 (три) дела, а било предвидено истата да заврши со е-аукција како последна фаза од постапката. Како критериум за избор било предвидено да биде најниска цена, а во огласот и тендерската документација од понудувачите било побарано да достават Изјава за независна понуда и Изјава за сериозност на понудата.

До крајниот рок за поднесување на понудите 11.01.2016 година, пристигналa една понуда за што бил составен Записник од отворањето на понудите бр.05-74/3 од 11.01.2016 година. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган извршила првична проверка на комплетноста и валидноста на пристигнатaтa понудa и врз основа на Почетната ранг листа на квалификувани кандидати способни за учество во аукција бр.05-74/10 од 11.01.2016 година, единствениот понудувач го поканила да поднесе конечна цена. По поднесувањето на конечната цена и врз основа на Извештајот за спроведена постапка бр.05-74/18 од 26.01.2016 година, Комисијата за јавни набавки дала предлог за избор за ДЕЛ 2 од предметната набавка, додека за ДЕЛ 1 и ДЕЛ 3 дала предлог да се поништи постапката. Ваквиот предлог бил прифатен од страна на одговорното лице на договорниот орган и била донесена Одлука за избор на најповолна понуда бр.02-74/20 од 28.01.2016 година какo и сега оспорената Одлука за поништување на делови од постапката бр.02-74/21 од 28.01.2016 година.

Незадоволен од донесената Одлука за поништување на делови од

постапката останал понудувачот Т.Д. 93 „ДЕ-НИ КОМПАНИ“ ДООЕЛ - Прилеп, кој поднел жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, Државната

комисија го утврди следното: Жалителот во жалбата наведува дека ја поднесува жалбата

против одлуката за поништување на делови од постапката. Имено, жалителот наведува дека предметот на набавката е деллив и е објавен

Page 46: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

4

со проценета вредност од 131.356,00 денари, за сите три дела од постапката. Понудата на жалителот била единствена пристигната, по што жалителот како единствен понудувач бил поканет да поднесе конечна цена, при што ја намалил неговата понуда процентуално за да биде во рамките на проценетата вредност на комплетната набавка, односно понудата за трите делови е 131.356,00 што е исто колку и проценетата вредност на договорниот орган. По истекот на роковите, жалителот примил одлука дека само за ДЕЛ 2 е избран за најповолен понудувач, додека за ДЕЛ 1 и ДЕЛ 3 примил известување за поништување на постапката поради неисполнување на услов од член 169 став (1) алинеја 3 од Законот за јавните набавки: „не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договорот е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите“. Откако било побарано објаснување од договорниот орган за таквата постапка, жалителот добил објаснување дека постоела проценета вредност за секој дел посебно и двете понудени цени за ДЕЛ 1 и ДЕЛ 3 биле повисоки од проценетата. Но тие проценети вредности за секој дел никаде не се објавени. Жалителот со вкупната понуда не ја надминал проценетата вредност на договорниот орган и предлага Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја поништи Одлуката со која се поништуваат делови од постапката.

Договорниот орган во одговорот на жалбата дава хронолошки осврт на постапката и наведува дека истата е неоснована. Имено, при поднесувањето на жалбата, жалителот пропуштил дејствија од член 214 од Законот за јавни набавки, односно не постапил по член 214 став 2 и пропуштил истовремено да достави жалба и до договорниот орган. Комисијата за јавни набавки по целосно извршената проверка на документацијата, а согласно утврдените критериуми за способност и избор на најповолен понудувач, утврдила дека постапката е спроведена во согласност со Законот за јавните набавки. Во однос на жалбениот навод дека предметот на набавката е објавен со проценета вредност од 131.356,00 денари за сите три делa од постапката, жалителот можел да поднесе дополнително прашање за објаснување, конкретно за висината на проценетата вредност по делови, при што договорниот орган согласно член 39 став 1 од Законот за јавните набавки ќе одговорел на сите

Page 47: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

5

дополнителни прашања кои економските оператори можат да ги постават во врска со тендерската документација, под услов прашањата да биле поднесени најмалку три дена пред крајниот рок за поднесување на понудите. Исто така, согласно член 38 став 1 од истиот закон договорниот орган врз основа на поднесените прашања за објаснување од економските оператори можел да ја дополни тендерската документација и со информација за проценетата вредност на предметната набавка по делови. Во однос на наводот дека понудата на жалителот е единствена пристигната и истиот бил поканет како единствен понудувач да поднесе конечна цена, при што понудувачот ги намалил понудите за сите три дела процентуално за да бидат во рамките на проценетата вредност на комплетната набавка, односно збирот на понудите за сите три дела изнесува 131.356,00 денари, договорниот орган наведува дека жалителот бил единствен понудувач и како таков согласно Законот за јавни набавки, бил поканет да поднесе конечна цена за сите три дела. Kомисијата смета дека жалителот при нецелосната информација за проценетата вредност по делови, имал погрешен пристап кон формирање на конечната цена за деловите на набавката, односно при формирање на конечната цена на секој дел поединечно требало да ја има во предвид пред се горната граница на економската исплатливост за секој дел поединечно, а не да се води од вкупната проценета вредност на набавката и конечната цена да ја формира со процентуално намалување на првично поднесената цена за секој дел, а сепак вкупниот збир на конечната цена за сите три дела да се поклопува со вкупната проценета вредност. Конечниот резултат на ваквиот пристап на калкулирање и воедно формирање на конечната цена за ДЕЛ 2 е понудена многу ниска цена, при што на жалителот му е економски исплатливо да склучи договор за јавната набавка за сите три дела а не само за ДЕЛ 2. Договорниот орган тврди дека не се направени пропусти во донесената Одлука за поништување на делови од постапката бидејќи одлуката е донесена врз основа на член 169 став 1 алинеја 3 од Законот за јавните набавки, каде јасно стои дека договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување договор за јавна набавка доколку не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапката каде што предметот на договорот е оформен на повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите. Бидејќи предметот на договорот е оформен на повеќе делови, договорниот орган истакнува дека може да се утврди соодветноста на

Page 48: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

6

понудите за секој дел бидејќи проценетата вредност за секој дел е наведен во Одлуката за јавна набавка. Одлуката била доставена и до Советот за јавни набавки за добивање на согласност, при што проценетата вредност за секој дел е утврдена на самиот почеток на набавката и точно е утврдена соодветноста на понудите за секој дел од набавката. Согласно наведеното, договорниот орган и предлага на Државната комисија за жалби по јавни набавки жалбата да ја одбие како неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по

жалбата како и по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните набавки, а врз основа на сите приложени писмени докази во предметот за спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди дека жалбата на економскиот оператор Т.Д. 93 „ДЕ-НИ КОМПАНИ“ ДООЕЛ - Прилеп е неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки не го прифати

жалбениот навод според кој неговата вкупна понуда не ја надминала објавената проценета вредност за предметната јавна набавка на договорниот орган и од тие причини договорниот орган со донесената Одлука за поништување на делови од постапката бр.02-74/21 од 28.01.2016 година, постапил спротивно на Законот за јавните набавки.

Државната комисија за жалби по јавни набавки со увидот во

Одлуката за јавна набавка бр.02-1069/1 од 25.11.2015 година и наведените проценети вредности за секој дел поединечно од предметната јавна набавка, утврди дека договорниот орган имал можност да ја цени соодветноста на понудите за секој дел од јавната набавка и со тоа имал право и можност да постапи согласно член 169 од Законот за јавните набавки.

Согласно член 2 од Законот за јавните набавки: „Со овој закон

особено се обезбедува: - конкуренција меѓу економските оператори, - еднаков третман и недискриминација на економските оператори, - транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки и - рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори за јавна набавка.“

Page 49: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

7

Во член 3 точка 11, 12, 24 и 25 од Законот за јавните набавки е наведено: 11. „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата; 12. „Техничка спецификација“ е збир на технички услови, прописи, препораки и стандарди со кои детално се дефинираат минималните барања од технички аспект кои стоките, услугите или работите предмет на договорот за јавна набавка треба да ги задоволат; 24. „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите. 25. „Соодветна понуда" е прифатлива понуда која е во рамките на износот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со членот 28 став (4) од овој закон.

Согласно член 32 став (1) од Законот за јавните набавки: (1)

„Договорниот орган е должен во тендерската документација да ги наведе барањата, условите, критериумите и други неопходни информации, со цел да му обезбеди на економскиот оператор целосни, точни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набавка.“

Согласно член 140 став (7) и (8) од Законот за јавните набавки: „(7)

Неприфатливите понуди комисијата нема да ги евалуира. (8) Евалуацијата на понудите се врши исклучиво во согласност со критериумите наведени во тендерската документација и објавени во огласот за доделување на договорот за јавна набавка.“

Согласно член 169 став (1) алинеја 3 од Законот за јавните набавки:

„(1) Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка, ако: - не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договорот е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите.“

Page 50: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

8

Во согласност со член 211 од Законот за јавните набавки: „Во постапката за правна заштита Државната комисија постапува во границите на жалбените наводи, а по службена должност и во поглед на битните повреди пропишани во член 210 од овој закон.“

Со оглед на фактот што жалителот не успеал во жалбената

постапка, трошоците на постапката за правна заштита нема да му бидат вратени, согласно со член 228 став (2) од Законот за јавните набавки.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот. Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.09-83/6 17.02.2016 год. С к о п ј е ПРЕТСЕДАТЕЛ,

Маја Малахова Доставено до: - Архива, - Т.Д. 93 „ДЕ-НИ КОМПАНИ“ ДООЕЛ – Прилеп, ул. „Октомвриска“ 1/1, 7500 Прилеп - ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип, ул. „Рајко Жинзифов“ бб, 2000 Штип

Page 51: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

1

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, Елита Шуки – член, м-р Мишо Василевски – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „ЕВРОПА 92“ ДООЕЛ Кочани, изјавена преку полномошник Адвокат Вера Јосифова од Кочани, против Одлуката со која се врши изменување на Одлуката за избор на најповолна понуда бр.02-33/1 од 01.02.2016 година, донесена по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.107/2015 за набавка на услуги – печатарски услуги на договорниот орган - Фонд на Холокаустот на Евреите од Македонија Скопје, врз основа на член 220 став (1) алинеја 5 и став 3 и 4, како и член 228 став 2 и 7 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија, бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015 и 27/2016), на 7-

та Седница одржана на ден 17.02.2016 година го донесе следното:

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот Печатница „ЕВРОПА 92“ ДООЕЛ Кочани, изјавена преку полномошник Адвокат Вера Јосифова од Кочани, против Одлуката со која се врши изменување на Одлуката за избор на најповолна понуда бр.02-33/1 од 01.02.2016 година, донесена по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.107/2015 за набавка на услуги – печатарски услуги на договорниот орган - Фонд на Холокаустот на Евреите од Македонија Скопје, СЕ УВАЖУВА. 2. СЕ ПОНИШТУВА Одлуката со која се врши изменување на Одлуката за избор на најповолна понуда бр.02-33/1 од 01.02.2016 година, со која се објавува негативна референца, донесена по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.107/2015 за набавка на услуги – печатарски услуги на договорниот орган - Фонд на Холокаустот на Евреите од Македонија Скопје. 3. Барањето за продолжување на постапката за доделување на договор за јавна набавка изјавено од договорниот Фонд на Холокаустот на Евреите од Македонија Скопје, во постапката по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.107/2015 за набавка на услуги – печатарски услуги, СЕ ОТФРЛА КАКО НЕДОЗВОЛЕНО.

Page 52: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

2

4. Се задолжува договорниот орган на жалителот да му ги надомести трошоците на жалбената постапка во висина од 250 денари на име административна такса и надомест за водење на постапка во висина од 6.200,00 денари и адвокатски трошоци 3.900,00 денари во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

5. Договорниот орган е должен да постапи по решението на Државната комисија, во спротивно ќе се смета дека не е спроведена постапка за доделување на договор за јавна набавка согласно со Законот за јавните набавки.

6. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор Печатница „ЕВРОПА 92“ ДООЕЛ Кочани, преку полномошник Адвокат Вера Јосифова од Кочани, изјавил жалба против Одлуката со која се врши изменување на Одлуката за избор на најповолна понуда бр.02-33/1 од 01.02.2016 година, донесена по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.107/2015 за набавка на услуги – печатарски услуги на договорниот орган Фонд на Холокаустот на Евреите од Македонија Скопје, бидејќи смета дека договорниот орган сторил суштествени повреди на одредбите на Законот за јавните набавки како и дека погрешно го применил материјалното право, поради што предлага, Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја уважи жалбата, да ја поништи оспорената одлука, предметот да го врати во фаза на повторна евалуација или да ги поништи дејствијата во делот во кој се незаконски и постапката да ја поништи и воедно да го задолжи договорниот орган со трошоците на постапката.

Во писмениот одговор на жалбата бр.03-66/2 од 12.02.2016 година,

договорниот орган ги негира жалбените наводи и бара жалбата да се одбие како неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во текот на

жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот

Page 53: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

3

орган, одлуката за јавна набавка, тендерската документација, записникот од отворањето на понудите, извештајот од спроведена постапка, одлуката за избор на најповолна понуда, oдлуката со која се врши изменување на oдлуката за избор на најповолна понуда како и останатата документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220 став 1 алинеја 5 од Законот за јавни набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е основана.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган спровел јавна набавка со објава на Оглас за барање за прибирање на понуди бр.107/2015 за набавка на услуги – печатарски услуги, за што претходно донел Одлука за јавна набавка бр.02-605/1 од 29.09.2015 година, по што го објавил Огласот за барање за прибирање на понуди бр.107/2015 на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН). Набавката не била деллива а постапката било предвидено да се спроведе во електронска форма и да заврши со користење на е-Аукција, како последна фаза од постапката. Како критериум за избор било предвидено да биде најниска цена, а во огласот и тендерската документација од понудувачите било побарано да достават Изјава за независна понуда, Изјава за сериозност на понудата и 10% Гаранција за квалитетно извршување на договорот.

До крајниот рок за поднесување на понудите 15.10.2015 година,

пристигнале вкупно 5 (пет) понуди за што бил составен Записник од отворањето на понудите бр.05-1061/1 од 15.10.2015 година. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган извршила првична проверка на комплетноста и валидноста на пристигнатите понуди, по што констатирала дека сите понудувачи се прифатливи и истите ги поканила на е-аукција. По спроведувањето на е-аукцијата, Комисијата за јавни набавки дала предлог за избор како најповолна понуда да биде избрана понудата на економскиот оператор „НОРДИА“ ДООЕЛ Скопје,

Page 54: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

4

по што побарала од економскиот оператор да достави конечна финансиска понуда како и документација за утврдување на лична способност. Откако економскиот оператор не ја доставил бараната документација, Комисијата го повикала второрангираниот економски оператор – сега жалител, Печатница „ЕВРОПА 92“ ДООЕЛ Кочани, кој не ја доставил бараната документација. Откако ни второрангираниот понудувач не ја доставил бараната документација, Комисијата пристапила кон повикување на треторангираниот понудувач „БРАНКО ГАПО“ ДООЕЛ Скопје, кој ја доставил бараната документација по што била донесена Одлуката за избор на најповолна понуда бр.02-700/1 од 16.11.2015 година. Договорниот орган донел и Одлука за изменување на Одлуката за избор на најповолна понуда бр.02-33/1 од 01.02.2016 година со која одлучил на прворангираниот и второрангираниот понудувач да им се објави негативна референца поради прекршување на изјавата за сериозност.

Незадоволен од донесената Одлука за изменување на Одлуката за

избор на најповолна понуда останал понудувачот Печатница „ЕВРОПА 92“ ДООЕЛ Кочани, кој поднел жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, Државната комисија го утврди следното:

Незадоволен од донесената одлука, жалителот поднел жалба

против дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија поврзани со приемот на одлуката со која се одлучува за поединечно право од постапката за доделување на договор за јавна набавка во однос на утврдувањето на способноста на пријавите за учество или евалуацијата на понудите и одлуката, како и истекот на рокот за донесување на одлука за избор или за поништување на постапката согласно со член 162 став 2 од Законот за јавните набавки во однос на пропуштањето за донесување на одлука за избор или за поништување на постапката во соодветниот рок. Жалителот наведува дека со донесената одлука биле сторени суштествени повреди на одредбите на Законот за јавните набавки, како и дека дошло до погрешна примена на материјалното право. По краткиот хронолошки осврт на постапката, жалителот наведува дека најниска цена понудил економскиот оператор „НОРДИА“

Page 55: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

5

ДООЕЛ Скопје. Имено, во постапка со барање за прибирање на понуди, економскиот оператор чија понуда е оценета како најповолна, по завршувањетo на е-аукцијата, е должен до Комисијата за јавни набавки да ги достави документите за потврдување на личната состојба кои се дефинирани во поедноставената тендерска документација, а на денот на поднесување на понудите се потврдуваат со поднесување на Изјава за утврдување на личната состојба, составен дел на образецот на понуда. За таа цел, Комисијата побарала од „НОРДИА“ ДООЕЛ Скопје да ги достави документите бидејќи истиот поднел најниска цена на е-аукцијата, но истиот не ги доставил. Потоа, Комисијата на ден 30.10.2015 година, до жалителот доставила известување дека понудувачот „НОРДИА“ ДООЕЛ Скопје се откажал од склучување на договорот и дека договорот ќе се склучи со следниот рангиран понудувач, односно со жалителот како второрангиран понудувач и побарала да се достават документите за лична состојба и конечна финансиска понуда. Во известувањето било наведено дека доколку жалителот не постапи по известувањето ќе се смета дека се откажал од договорот и договорот ќе се склучи со следниот рангиран понудувач. Во известувањето не било наведено дека на жалителот ќе му биде објавена негативна референца доколку не постапи по известувањето т.е. не ги достави горенаведените документи. Потоа, на ден 16.11.2015 година, договорниот орган донел Одлука за избор на најповолна понуда бр.02-703/1 со која за најповолна понуда се избира понудата на понудувачот „БРАНКО ГАПО“ како треторангиран понудувач. Жалителот истакнува дека во диспозитивот на одлуката за избор не стои член за објавување на негативна референца на прворангираниот и второрангираниот понудувач. Од таа причина, жалителот не поднел жалба на одлуката за избор. Имено, жалителот се согласува со изборот на треторангираниот понудувач и не вложил жалба. На ден 05.02.2016 година, жалителот примил Известување бр.05-100/4 од 04.02.2015 година од договорниот орган, во кое е наведено дека согласно член 47 од Законот за јавните набавки, договорниот орган ќе објави негативна референца и во прилог на ова известување доставил Одлука бр.02-33/1 од 01.02.2016 година за изменување на Одлуката за избор на најповолна понуда бр.02-703/1 од 16.11.2015 година. Жалителот наведува дека обжалената одлука не содржи правна поука за правен лек како суштествен елемент на секоја одлука по која се одлучува за поединечно право на заинтересиран економски оператор. Оттука, нејасно е за жалителот по кој став од член 47 од Законот за јавни

Page 56: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

6

набавки, договорниот орган ќе ја објави негативната референца. Жалителот се прашува дали е склучен договор со треторангираниот понудувач, дали има обезбедено гаранција за квалитетно извршување на договорот, дали понудата на треторангираниот понудувач е валидна во смисла на рок на важење на понудата, а имајќи во предвид дека договорот се склучува со понуда чија важност изнесува 30 дена согласно тендерската документација сметано од денот на отворањето на понудите, бидејќи договорот согласно член 165 став 1 од Законот за јавните набавки мора да се склучи во рамки на периодот на важност на понудата, за да на крај одлуката за избор за најповолна понуда донесена на ден 16.11.2015 се измени со Oдлука бр.02-33/1 од 01.02.2016 година, односно два и пол месеци подоцна. Согласно член 47 став 5 од Законот за јавните набавки, договорниот орган ја активира изјавата за сериозност на понудата во децидно наброени услови и сето тоа треба да биде констатирано во диспозитивот на одлуката за избор, како засебна точка а исто така се дава и образложение за причините поради кои договорниот орган ќе објави негативна референца. Негативната референца се објавува во рок од 3 работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор а во конкретниот случај во диспозитивот на Одлуката за избор на најповолна понуда бр.02-703/1 од 16.11.2015 година такво нешто не било констатирано, па нејасно е за жалителот кога оваа одлука станала конечна и од кој датум се бројат тие три работни дена, за да на крај со Одлука (донесена после речиси три месеци) се одлучува на прворангираниот и второрангираниот понудувач да им се објави негативна референца поради прекршување на изјавата за сериозност на понуда односно откажување од потпишување на договорот. Тоа значи дека против оваа одлука, незадоволниот понудувач има право на жалба пред Државната комисија за жалби по јавни набавки пред да се издаде негативна референца, односно пред конечноста на одлуката за избор на најповолна понуда. Во смисла на член 165 став 2 од Законот за јавните набавки: „Заинтересираниот понудувач против кој ќе се издаде негативна референца има право на жалба пред да се склучи договорот за јавна набавка со наредно рангираниот понудувач.“ Такво нешто, на жалителот не му било дадено во конкретниот случај бидејќи во диспозитивот на Oдлуката за избор на најповолна понуда бр.02-703/1 од 16.11.2015 година, не стоело дека ќе биде објавена негативна референца. Оттука, и на жалителот не му е јасно по кој став од член 47 од Законот за јавните набавки, договорниот орган има намера да ја објави негативната

Page 57: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

7

референца. Земајќи го предвид член 217 став 1 од Законот за јавните набавки, жалителот смета дека договорниот орган не би требало да го има склучено договорот за јавна набавка со треторангираниот понудувач бидејќи со поднесувањето на оваа жалба, одлуката за избор на најповолна понуда сеуште не е конечна, а треба да се чека и решението на Државната комисија. Жалителот се прашува дали ако е склучен договорот за јавна набавка со трето рангираниот понудувач, договорниот орган побарал од Државната комисија за јавни набавки да го одобри продолжувањето на постапката за склучување на договорот и по чија жалба, а знаејќи дека жалбата има суспензивно дејство, согласно став 2 од истиот член. Во ставот 3 од истиот член стои дека доколку не се почитуваат одредбите од ставовите 1 и 2 на овој член, договорот за јавна набавка ќе се смета за ништовен. Жалителот смета дека се повредени и основните принципи при доделување на договорите за јавни набавки во смисла на член 2 од Законот за јавните набавки. Согласно горенаведеното, жалителот и предлага на Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја уважи жалбата, да ја укине обжалената одлука, да ја врати постапката во фаза на повторна евалуација или да ги поништи дејствијата во делот во кои истите се незаконски и постапката да ја поништи како и да го задолжи договорниот орган со трошоците на постапката.

Договорниот орган во одговорот на жалбата дава хронологија на

постапката и наведува дека жалбата е неоснована. Имено, откако понудата на економскиот оператор „НОРДИА“ ДООЕЛ Скопје била оценета како најповолна, Комисијата побарала од економскиот оператор да достави документација за утврдување на лична способност и конечна финансиска понуда. Прворангираниот економски оператор не ја доставил потребната документација поради што се пристапило кон повикување на второрангираниот економски оператор - жалителот да ја достави потребната документација. Жалителот не ја доставил потребната документација поради што се пристапило кон повикување на треторангираниот понудувач „БРАНКО ГАПО“ ДООЕЛ Скопје, кој ја доставил потребната документација по што била донесена Одлука за избор на најповолна понуда за јавна набавка на печатарски услуги бр.02-700/1 од 16.11.2015 година. По истекот на рокот за жалба, со „БРАНКО ГАПО“ ДООЕЛ Скопје бил потпишан Договор за јавна набавка на печатарски услуги бр.03-734/1 од 04.12.2015 година. Договорниот орган

Page 58: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

8

наведува дека прворангираниот и второрангнраниот понудувач се откажале од потпишување на договорот од причина што на е-аукцијата понудиле цени со кои доколку би работеле за договорниот орган би работеле во загуба, што всушност ја покажува нивната несериозност. Договорниот орган се согласил со изборот на треторангираниот понудувач, меѓутоа согласно 47 став 6 од Законот за јавните набавки, доколку дојде до прекршување на изјавата за сериозност на понудата, договорниот орган задолжително објавува негативна референца. На 01.02.2016 година, договорниот орган донел Одлука за изменување на Одлуката за избор на најповолна понуда за јавна набавка на печатарски услуги бр.02-33/1 со која е одлучено на понудувачот „НОРДИА“ ДООЕЛ Скопје и на жалителот да им се објави негативна референца поради прекршување на изјавата за сериозност на понудата односно откажување од потпишување на договорот, а согласно член 47 став 6 од Законот за јавните набавки. Во точка 2.5 во понудата, треторангираниот понудувач изјавува дека се согласува рокот на важност на понудата да изнесува 60 дена, дотолку повеќе што истото гласи и во конечната понуда која е доставена на 06.11.2015 година. Со тоа што конечната понуда е доставена на 06.11.2015 година, дури и рокот на важност на понудата да бил 30 дена, повторно би се сметало дека договорот е потпишан во периодот на важност на понудата. Согласно тоа, договорниот орган смета дека, не била сторена суштествена повреда на одредбите на Законот за јавните набавки. Понатаму, во повикот до прво и второ рангираниот понудувач, да ја достават потребната документација и конечна понуда со цел да се пристапи кон потпишување на договор, договорниот орган истакнува дека нема никаква обврска да наведе дека во случај на нивно откажување од потпишување на договорот ќе им биде објавена негативна референца бидејќи Законот за јавните набавки е достапен за секој и економските оператори го познаваат истиот. Имено, жалителот во жалбата не го негира фактот дека се откажал од потпишување на договорот, што согласно Законот за јавните набавки задолжително повлекува објавување на негативна референца. Право на жалба има секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од Законот за јавните набавки. Значи, Договорот за јавна набавка е потпишан во периодот на важност на понудата, а по истекот на конечноста на одлуката за избор на

Page 59: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

9

најповолна понуда. Прашањето за објавување на негативна референца на ниту еден начин не може да влијае дали треторангираниот би бил избран за најповолен понудувач, а согласно член 165 став 2 од Законот за јавните набавки: ,,Ако избраниот понудувач се откаже од склучување или извршување на договорот, договорниот орган може да го склучи со следниот рангиран понудувач или да ја поништи постапката". За објавување на негативна референца, договорниот орган одлучува со одлуката за избор или за поништување на постапката, а економскиот оператор има право на жалба во постапка на правна заштита согласно Законот за јавните набавки. За договорниот орган не е јасно на кој начин дошло до повреда на било кое право на жалителот, ниту пак од каде се заклучоците дека постојат незаконски дејствија во конкретната постапка кога сите рокови и законски решенија биле применети на правилен начин. По конечноста на Одлуката за избор на најповолна понуда, бил потпишан Договор со треторангираниог понудувач. Измената во Одлуката за изменување на одлуката за избор на најповолна понуда за јавна набавка на печатарски услуги се однесува единствено на објавување на негативна референца на прво и второ рангираниот понудувач поради откажување од потпишување на договорот. Договорниот орган истакнува дека негативната референца не е објавена, што значи дека на жалителот не му е ускратено правото на правна заштита ниту пак било кое право. Секако, не треба да се заборави и фактот дека понудувачите со поднесување на понудата имаат доставено потпишана и заверена изјава за сериозност на понудата со која изјавуваат дека се целосно свесни за последиците од прекршувањето на таа изјава во случаите од член 47 став 6 од Законот за јавните набавки, што доведува до издавање негативна референца од страна на договорниот орган. Значи, прво и второ рангираниот понудувач свесно се откажале од потпишување на договорот и со тоа се смета дека се согласиле со последиците од прекршување на изјавата за сериозност на понудата односно со објавување на негативна референца. Договорниот орган смета дека жалителот, се обидува да најде пропуст од формален аспект во постапувањето од страна на договорниот орган занемарувајќи го фактот дека самиот жалител се откажал од потпишување на договорот, за што е предвидено задолжително објавување на негативна референца. Поради горенаведеното, договорниот орган и предалага на Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја одбие жалбата како неоснована. Воедно,

Page 60: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

10

договорниот орган и предлага на Државната комизија за жалби по јавни набавки да донесе одлука за продолжување на постапката, од причина што постои реална потреба од печатарски услуги за тековното работење.

Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по

жалбата како и по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните набавки, а врз основа на сите приложени писмени докази во предметот за спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди дека жалбата на економскиот оператор Печатница „ЕВРОПА 92“ ДООЕЛ Кочани е основана.

Државната комисија за жалби по јавни набавки го прифати

жалбениот навод според кој договорниот орган со Одлуката за изменување на Одлуката за избор на најповолна понуда бр.02-33/1 од 01.02.2016 година објавил негативна референца спротивно на одредбите од член 47 на Законот за јавните набавки. Имено, при објавувањето на негативната референца согласно член 47 став 10 и 11 од Законот за јавните набавки ,за истата, се одлучува со одлуката за избор или поништување на постапката, додека објавувањето на негативната референца се врши во рок од 3 работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или поништување на постапката што во предметната постапка не е сторено од страна на договорниот орган, односно објавувањето на негативната референца на прворангираниот и второрангираниот понудувач (жалителот) не е наведено во диспозитивот на Одлуката за избор на најповолна понуда бр.02-703/1 од 16.11.2015 година.

Воедно, Државната комисија за жалби по јавни набавки го

прифати и жалбениот навод според кој обжалената Одлука бр.02-33/1 од 01.02.2016 година не содржи правна поука.

Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по

Барањето за продолжување на постапката по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.107/2015 за набавка на услуги – печатарски услуги, истото го отфрли како недозволено од причина што договорниот орган постапил спротивно на член 217 а во врска со член 218 став 3 од Законот за јавни набавки, бидејќи барањето за продолжување на постапката кое е поднесено не се однесува на потпишување на договор

Page 61: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

11

за јавна набавка, од причина што договорот веќе е склучен, а воедно изјавената жалбата не се однесува на одлука за избор туку на одлука за објавување на негативна референца.

Во член 3 точка 11, 12, 24 и 25 од Законот за јавните набавки е

наведено: 11. „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата; 12. „Техничка спецификација“ е збир на технички услови, прописи, препораки и стандарди со кои детално се дефинираат минималните барања од технички аспект кои стоките, услугите или работите предмет на договорот за јавна набавка треба да ги задоволат; 24. „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите. 25. „Соодветна понуда" е прифатлива понуда која е во рамките на износот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со членот 28 став (4) од овој закон.

Согласно член 32 став (1) од Законот за јавните набавки: (1)

„Договорниот орган е должен во тендерската документација да ги наведе барањата, условите, критериумите и други неопходни информации, со цел да му обезбеди на економскиот оператор целосни, точни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набавка.“

Согласно член 47 став (6), (10) и (11) од Законот за јавните набавки:

„(6) Доколку дојде до наплата на гаранцијата на понудата, задржување на депонираните средства или прекршување на изјавата за сериозност на понудата, договорниот орган во ЕСЈН објавува негативна референца што резултира со исклучување на предметниот понудувач од сите идни постапки за доделување договори за јавни набавки во период од една година од денот на објавувањето во случај на прва негативна референца, за што го известува понудувачот. Периодот на исклучување од овој став се зголемува за дополнителна една година при секоја наредна негативна

Page 62: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

12

референца, но не повеќе од пет години. (10) За објавување на негативна референца согласно со условите од ставот (5) на овој член, договорниот орган одлучува со одлуката за избор или за поништување на постапката, а економскиот оператор има право на жалба во постапка на правна заштита согласно со овој закон. (11) Негативната референца од ставот (6) на овој член договорниот орган задолжително ја објавува во рок од три работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.“

Согласно член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки,

Државната комисија одлучи на жалителот да му ги надомести трошоците на жалбената постапка.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во

диспозитивот. Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.08-89/6 17.02.2016 год. С к о п ј е ПРЕТСЕДАТЕЛ,

Маја Малахова

Доставено до: - Архива, - Адвокат Вера Јосифова, ул.„Тодосие Паунов“ бр.4 Кочани - Фонд на Холокаустот на Евреите од Македонија, ул.„Самоилова“ бр.2 Скопје

Page 63: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

1

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, Елита Шуки – член, м-р Мишо Василевски - член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – Адвокатско друштво Чичевалиев и Илијовски Скопје, наш број 08-72/1 од 01.02.2016 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.1430/4 од 22.01.2016 година, донесена во постапката по Огласот бр.140/10/2015 спроведена по член 17 став 1 алинеја 2 и став 3 од Законот за јавните набавки, за набавка на услуги – правни/адвокатски услуги на договорниот орган – Народна банка на Република Македонија, врз основа на член 220 став (1) алинеја 7 и став (3) и (4), и член 210 став 1 алинеjа 3 в.в. член 211 и член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија, бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015 и 27/2016), на 07-та Седница одржана на ден 17.02.2016 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот Адвокатско друштво Чичевалиев и Илијовски Скопје, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.1430/4 од 22.01.2016 година, донесена во постапката по Огласот бр.140/10/2015 спроведена по член 17 став 1 алинеја 2 и став 3 од Законот за јавните набавки, за набавка на услуги – правни/адвокатски услуги на договорниот орган – Народна банка на Република Македонија, СЕ

УВАЖУВА.

2. СЕ ПОНИШТУВА Одлуката за избор на најповолна понуда бр.1430/4 од 22.01.2016 година, донесена во постапката по Огласот бр.140/10/2015 спроведена по член 17 став 1 алинеја 2 и став 3 од Законот за јавните набавки, за набавка на услуги – правни/адвокатски услуги на договорниот орган – Народна банка на Република Македонија.

3. СЕ ПОНИШТУВА постапката по Огласот бр.140/10/2015 спроведена по член 17 став 1 алинеја 2 и став 3 од Законот за јавните

Page 64: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

2

набавки, за набавка на услуги – правни/адвокатски услуги на договорниот орган – Народна банка на Република Македонија.

4. Се задолжува договорниот орган да му ги надомести

трошоците на жалителот - Адвокатско друштво Чичевалиев и Илијовски Скопје, во износ од 250,00 денари на име административна такса и износ од 6.150,00 денари на име надомест за водење на жалбена постапка, и тоа во рок од 15 дена од денот нa приемот на решението.

5. Договорниот орган е должен да постапи по решението на Државната комисија, во спротивно ќе се смета дека не е спроведена постапка за доделување договор за јавна набавка согласно со овој закон.

6. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор Адвокатско друштво Чичевалиев и Илијовски Скопје, изјавил жалба против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.1430/4 од 22.01.2016 година донесена во постапката по Огласот бр.140/10/2015 спроведена по член 17 став 1 алинеја 2 и став 3 од Законот за јавните набавки, за набавка на услуги – правни/адвокатски услуги на договорниот орган – Народна банка на Република Македонија, бидејќи смета дека договорниот орган сторил суштествени повреди на одредбите на постапката и погрешно и нецелосно ја утврдил фактичка состојба, поради што предлага Државната комисија за жалби по јавни набавки да донесе решение со кое ќе ја усвои жалбата, ќе ја укине одлуката за избор на најповолен понудувач и постапка да ја врати во фаза на повторна евалуација.

Page 65: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

3

Во одговорот на жалбата, договорниот орган – Народна банка на Република Македонија, наведува дека жалбата е неоснована и предлага истата да се одбие како неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во текот на

жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за јавна набавка, огласот, тендерската документација, записникот за отворањето на понудите, извештајот од спроведена постапка, одлуката за избор на најповолен понудувач, како и останатата документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220 став 1 алинеја 7 од Законот за јавни набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е основана.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган - Народна банка на Република Македонија,

објавил Оглас бр.140/10/2015 за набавка на услуги – правни/адвокатски услуги и спровел постапка по член 17 став 1 алинеја 2 и став 3 од Законот за јавните набавки, за што претходно донел Одлука за јавна набавка бр.32226/3 од 29.10.2015 година. Комисијата за јавни набавки при договорниот орган изготвила тендерска документација и бил објавен оглас за јавната набавка на ЕСЈН на Бирото за јавни набавки, во делот на други огласи. Предметот на набавката бил неделив, а постапката се спроведувала во хартиена форма. Договорниот орган како критериум за избор определил - најниска цена, а во тендерската документација од понудувачите било побарано да достават Изјава за независна понуда и Изјава за сериозност на понудата.

Page 66: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

4

До крајниот рок за поднесување на понудите 25.12.2015 година, пристигнале вкупно 8 (осум) понуди на економските оператори: Адвокат Сања Милановиќ од Скопје, Адвокатско друштво Китановски од Скопје, Адвокат Флора Илковска од Скопје, Адвокатско друштво „Давид и Леонид“ од Скопје, Адвокатско друштво „Чичевалиев и Илијовски“ од Скопје, Адвокатско друштво „Трпеноски“ од Скопје, Адвокатско друштво „Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска“ од Скопје и Адвокатско друштво „Чукиќ и Марков“ од Скопје, за што бил составен Записник од отворањето на понудите бр.32226/8 од 30.12.2015 година. Комисијата за јавни набавки при договорниот орган изготвила Извештај од спроведена постапка бр.1430 од 15.01.2016 година и врз основа на истиот, договорниот орган донел Одлука за избор на најповолна понуда бр.1430/4 од 22.01.2016 година, со која за најповолна ја избрал понудата на понудувачот Адвокатско друштво Трпеноски Скопје.

Незадоволен од Одлуката за избор на најповолна понуда бр.1430/4

од 22.01.2016 година, жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки изјави економскиот оператор Адвокатско друштво „Чичевалиев и Илијовски“ Скопје.

Проверувајќи ги жалбените наводи на жалителот, Државната

комисија за жалби по јавни набавки го утврди следното: Жалителот наведува дека ја поднесува оваа жалба поради

сторени суштествени повреди на одредбите на постапката и поради погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба. Имено, договорниот орган сторил суштествена повреда на одредбите на постапката од аспект на фактот што и покрај тоа што во тендерската документација во точка 9.1. За докажување на личната состојба, во точка 11.4 Елементи на понудата, истите не ги навел како составен дел на понудата која економските оператори треба да ја достават. На овој начин со ваквата повреда и контрадикторност се овозможувала дискриминација на економските оператори на начин што договорниот орган, односно Комисијата за јавни набавки при договорниот орган директно го прекршила член 140 став 3 од Законот за јавни набавки во кој меѓу другото пропишува: 3) При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот и при

Page 67: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

5

евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација. Меѓу другото, Комисијата за јавни набавки и во случај да поднела до подносителите на жалбата барање за појаснување, односно дополнување, во никој случај немало да постапи спротивно на член 140 став 3 од Законот за јавните набавки, кој меѓу другото пропишувал дека „договорниот орган не смее да создава предност во корист на одреден економски оператор со користење на бараните појаснувања или дополнувања.“ Жалителот наведува дека со конкретната постапка на комисијата, не само што се прекршени гореспоменатите одредби на Законот за јавни набавки, туку и жалителот бил доведен во понеповолна положба од останатите понудувачи. Имено, Комисијата за јавни набавки по спроведување на евалуацијата на понудите на 30 декември 2015 година изготвила записник бр.32226/8 со кој утврдила дека во рокот предвиден за поднесување на понуда, доставени биле осум понуди и по целосно спроведување на постапката изготвен бил Извештај од спроведена постапка број 1430 од 15.01.2016 година, со кој предложено било понудата на Адвокатското друштво Трпеноски од Скопје да биде избрана како најповолна. До жалителот било доставено известување за доделување на договор за јавна набавка со кое бил известен дека понудата е неприфатлива од причина што кон понудата не била доставена документација за лична состојба согласно точка 9.1. Видно од ваквото образложение и од одлуката за избор на најповолна понуда, како и од содржината на самата тендерска документација јасно можело да се види дека од страна на договорниот орган со ненаведувањето на точката 9.1. во елементи на понудата, се создавало заблуда кај економските оператори и жалителот се доведувал во неповолна положба од причина што, понудата била поднесена согласно член 129 од Законот за јавни набавки, односно согласно точка 11.4. од тендерската документација – елементи на понудата, во која не е наведено како прилог доставување на документите од точка 9.1.. Жалителот наведува дека договорниот орган погрешно и нецелосно ја утврдил фактичката состојба поради фактот што при спроведувањето на евалуацијата на понудите оценил дека понудата на Адвокатското друштво Чичевалиев и Илијовски од Скопје е неприфатлива од причина што кон истата не била доставена документација за лична состојба согласно точка 9.1. од тендерската документација, кога видно од тендерската документација во делот на

Page 68: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

6

елементи на понудата не е наведено дека понудите на економските оператори треба да содржат и документи за лична состојба. На овој начин, Комисијата за јавни набавки погрешно ја утврдила фактичката состојба од причина што понудата на жалителот е во согласност со тендерската документација и тоа во делот 11.4.. Со вака спроведената евалуација на понудата на жалителот, се овозможувала дискриминација на истиот и доведување во неповолна положба од причина што понудата е во согласност со член 129 од Законот за јавните набавки, а тоа е да економските оператори своите понуди ги доставуваат согласно тендерската докуменатација, а видно од истата, во елементи на понуда не е наведено доставување на докази за лична состојба. Согласно горенаведеното, жалителот предлага да се поништи Одлуката за избор на најповолна понуда, постапката да се врати во фаза на повторна евалуација на понуди, од причина што жалителот бил доведен во состојба дискриминација на начин што неговата понуда била оценета како неприфатлива и покрај тоа што истата била во согласност со точка 11.4. Елементи на понудата од тендерската документација.

Во писмениот одговор на жалбата, договорниот орган наведува

дека се неточни наводите истакнати во жалбата дека е сторена суштествена повреда на одредбите на постапката, односно дека постапката за јавна набавка е спроведена во согласност со Законот за јавните набавки. Комисијата за јавна набавка при договорниот орган, утврдила дека во предвидениот рок пристигнати биле 8 понуди. Комисијата при проверување на комплетноста, валидноста и соодветноста на понудите, правилно утврдила дека во понудата поднесена од понудувачот Адвокатско друштво Чичевалиев и Илијовски Скопје – сега жалител, не биле доставени документите за докажување на личната состојба. Договорниот орган наведува дека во точка 8 од тендерската документација - Критериуми за утврдување на способност на понудувачите од тендерската документација е наведено дека за да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат критериумите за утврдување на нивната способност наведени во точка 8.1. Лична состојба. Во точка 9 од тендерската документација - Начин на докажување на способноста на понудувачот од тендерската документација е наведено дека понудувачот го потврдува исполнувањето на критериумите за утврдување на способноста на понудувачите со доставување на

Page 69: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

7

потребната документација утврдена во овој дел од тендерската документација. Во точка 9.1. За докажување на личната состојба, точно се наведени потребните документи кои треба да бидат доставени. Тргнувајќи од вака прецизираното барање, како и од фактот дека други понудувачи постапиле по ова барање и ги доставиле потребните документи, неоснован е наводот за создавање заблуда кај економските оператори и ставање во понеповолна положба на жалителот. Врз основа на тендерската документација, односно условите и критериумите наведени во истата, жалителот во својата понуда задолжително требало да ги достави и бараните документи за докажување на личната состојба на понудувачот. Комисијата за јавни набавки при спроведување на постапката за јавна набавка го имала во предвид член 17 став 3 од Законот за јавните набавки, врз основа на кој е донесена одлуката за јавна набавка, според кој при доделувањето на договор за јавна набавка на услугите од ставот (1) алинеја 2 на член 17 со проценета вредност до 20.000 евра во денарска противвредност без вклучен ДДВ, се применуваат членовите 2 и 103 од овој закон. Врз основа на горе наведеното, договорниот орган наведува дека во согласност со член 220 став 1 алинеја 4 од Законот за јавните набавки, Државната Комисија за жалби по јавни набавки треба да донесе решение со кое жалбата на жалителот ќе ја одбие како неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, одговорот на жалба како и постапувајќи по службена должност утврди дека жалбата е основана.

Oд увидот во доставената документација, Државната комисија за

жалби по јавни набавки утврди дека договорниот орган неправилно постапил кога го елиминирал жалителот како понудувач со неприфатлива понуда, од причина што истиот ги немал доставено документите за докажување на лична способност. Имено, согласно тендерската документација во точка 11.4 наведени се елементите на понудата и таму никаде не е наведено да се достават и документите за докажување на лична способност, уште повеќе што никаде во тендерската документација не е наведено кога овие документи ќе се бараат со оглед на тоа што постапката се спроведува по член 17, а за кои важат одредбите кои се однесуваат на постапка со прибирање на понуди каде документите за лична способност се бараат по изборот, односно се

Page 70: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

8

доставуваат од страна на најповолниот понудувач пред склучувањето на договорот за јавна набавка, па сосема е неосновaна причината за елиминирање на жалителот.

Исто така, Државната комисија за жалби по јавни набавки

постапувајќи по службена должност утврди дека договорниот орган направил повреда на член 2 од Законот за јавните набавки, при изготвувањето на тендерската документација. Имено, во истата, во точка 8.3. утврдил критериуми за утврдување на техничка и професионална способност на понудувачите, кои услови се дискриминаторни и не даваат можност за еднаков третман на економските оператори како и поголема конкуренција, а воедно се и критериуми кои што се непропорционални, а спротивни на член 144 став 2. Во конкретната набавка од 8 понудувачи само еден ги исполнил условите што несомнено говори за дискриминаторна тендерска документација, што е спротивно на Законот за јавните набавки. Од тие причини, Државната комисија за жалби по јавни набавки одлучи да ја поништи постапката согласно член 220 став (1) алинеја 7 од Законот за јавните набавки.

Во согласност со член 2 од Законот за јавните набавки, со овој

закон особено се обезбедува: - конкуренција меѓу економските оператори, - еднаков третман и недискриминација на економските оператори, - транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки и - рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори за јавна набавка.

Во согласност со член 17 став (1) алинеја (2) и став (3) од Законот за

јавните набавки, (1) Предмет на договорот за јавна набавка на услуги претставува обезбедување на една или повеќе услуги, и тоа: - услуги за железнички и воден транспорт, хотелски, угостителски, правни, истражни, образовни, здравствени и социјални, рекреативни, културни, спортски и други услуги кои не се опфатени со ставот (1) алинеја 1 на овој член. (3) При доделувањето на договор за јавна набавка на услугите од ставот (1) алинеја 2 на овој член со проценета вредност до 20.000 евра во денарска противвредност без вклучен ДДВ, се применуваат членовите 2 и 103 од овој закон.

Page 71: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

9

Во согласност со член 102 став (5) од Законот за јавните набавки, (5) пред донесување на одлуката за избор на најповолна понуда, економскиот оператор чија понуда е оценета за најповолна е должен до комисијата за јавна набавка да ги достави документите за потврдување на неговата лична состојба, дефинирани во поедноставената тендерска документација.

Во согласност со член 144 став (2) од Законот за јавните набавки, (2)

Договорниот орган не смее да бара исполнување на одредени критериуми за утврдување на способност на економските оператори кои се непропорционални и кои не се директно поврзани со предметот на договорот за јавна набавка.

Во согласност со член 210 став (1) алинеја (3) од Законот за јавните

набавки, битни повреди на законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка се, ако: - тендерската документација на постапката за доделување на договор за јавна набавка не е во согласност со овој закон и довела или можела да доведе до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција.

Во согласност со член 211 од Законот за јавните набавки, во

постапката за правна заштита Државната комисија постапува во границите на жалбените наводи, а по службена должност и во поглед на битните повреди пропишани во член 210 од овој закон.

Во согласност со член 220 став (1) алинеја (7) од Законот за јавните

набавки, (1) Во постапката за правна заштита Државната комисија може да: - ја поништи одлуката и да ја поништи целата постапка во случај кога во постапката за доделување на договор за јавна набавка е причинета таква неправилност која е причина за поништување според одредбите на овој закон и законите со кои се уредува управната постапка, и кога не е постапено според членот 215, а во врска со членот 222 став (4) од овој закон.

Согласно со член 228 став (2) и (7) од Законот за јавни набавки,

Државната комисија за жалби по јавни набавки одлучи за трошоците како во диспозитивот.

Page 72: › files › Resenija_od_7_sednica_17.02.2016.pdf Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав ...Ова значи дека

10

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.08-72/7 17.02.2016 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ,

Маја Малахова

Доставено до: - Архива, - Адвокатско друштво „Чичевалиев и Илијовски“ Скопје, ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр.36/1-2, Скопје - Народна банка на Република Македонија, бул. Кузман Јосифовски Питу, бр.1, Скопје