25
МИТ- Факултет за менаџмент Предмет: Teма: Обединети нации и нов светски поредок Ментор: Изработила: Катерина Велјановска Ѓурѓица Георгиева, Индекс бр. 135/13

оон

Embed Size (px)

DESCRIPTION

оон

Citation preview

Page 1: оон

МИТ- Факултет за менаџмент

Предмет: Teма: Обединети нации и нов светски поредок

Ментор: Изработила:Катерина Велјановска Ѓурѓица Георгиева,

Индекс бр. 135/13

Скопје, 2014

Page 2: оон

Содржина

Вовед.................................................................................................................3

Како се развиле Обединетите Нации?......................................................5

Обединети нации...........................................................................................7

Проблеми во спроведувањето на реформски проекти..........................10

Заклучок.........................................................................................................17

Користена литература:............................................................................18

Page 3: оон

Вовед

Обединетите Нации е меѓународна организација основана на 20 јуни 1945год.во

Сан Франциско. Како ден на нејзиното основање се слави 24 октомври секоја

година.Обединетите нации произлегуваат од Друштвото на народите основано во

1919год.Седиштето на ООН се наоѓа во Њујорк,САД.Во неа моментално членуваат 192

држави,со исклучок на Ватикан(кој е единствената држава набљудувач)сите

меѓународно признати и независни држави се членки. Други политички

ентитети,имено Република Кина(Тајван),Демократска Република на Арапска Сахара,

(Западна Сахара) и Палестина,имаат де факто независност и/или одредено меѓународно

дипломатско признание од одредени држави,но не се членки наа ООН.Членството на

ООН е отворено за сите мирољубиви држави кои ги прифаќаат обврските на Повелбата

на Обединети Нации и според оценката на организацијата,се способни и имаат желба

да ги исполнат тие обврски.Генералното Собрание го одредува приемот по препорака

на Советот на Безбедност. Името Обединети нации го дал Франклин Рузвелт за време

на Втората светска војна како групна референца за сојузничките сили. Првата

формална употреба се наоѓа во Декларацијата на Обединети нации од 1942 год.која ги

обврзувала сојузниците кон принципите на Атланскиот пакт и ги обврза да не бараат

посебни мировни преговори со Силите на Оската.За време на втората светска војна

потпишани се неколку спогодби кои се однесуваат на конституирање неколку значајни

организации(UNNRA,IBRD,FAO,ICAO)и др,за во понатамошен период се работи на

создавање на рамка која ке го замени друштвото на народите.На конференциите во

Јалта,Вашингтон и Сан Франциско се договорени суштинските поединости за

создавање меѓународна организација која ќе ги респектира принципите на

универзалност,хуманост и конзенсус на светско ниво.Конечно во Сан

Франциско на 26 јуни 1945 год.се потпиша Основачка повелба на ОН од страна на 50

држави,и истата стапи во сила на 24 октомври 1945 год.кога организацијата формално

профункционира. Името било пренесено на новата организација која била

воспоставена од победниците на војната во рамките на одредбите на Атланскиот пакт и

др.договори.

„Ние, народите на Обединетите нации - цврсто одлучени да ги заштитимe

идните родови од бичот на војната, која двапати во нашето време нa живеење му

донесе неискажливo страдање на човештвото, одново да ги зацврстиме нашите

верувања во темелните права на човекот, во достоинството и во вредноста на човечката

личност, во рамноправноста меѓу мажот и жената како и на сите нации, големи или

мали (...), да гоподдржиме социјалниот напредок и подобриот животен стандард во

Page 4: оон

поголема слобода, и за овие цели (...) да ги обединиме нашите сили, за да го чуваме

светскиот мир и меѓународната безбедност, да прифаќаме начела и да воведуваме

постапки, коишто гарантираат дека оружената сила ќе биде наменета само во

заеднички интерес, и дека ќе ги користиме меѓународните институции за да

го поддржиме економскиот и социјалниот напредок на сите народи - одлучивме

заеднички да влијаеме во нашиот напор за постигнување на овие цели...“

Вака започнува Повелбата на светската организација, основачкиот документ, со

којшто во 1945 во Сан Франциско, 51 држава се здружи во организацијата на

Обединетите нации. Во меѓувреме оваа организација со 191 членка ги опфаќа безмалку

сите држави во светот.

Од основањето организацијата се раздели во речиси непрегледна мрежа од

програми, комисии, специјални органи и специјални организации.

Координирањето на ова мноштво активности и обезбедување ефикасна работа

претставува еден од проблемите, со коишто се соочува Светската организација. Освен

тоа, се појавува критиката дека организацијата ги олицетворувала односите (на моќ) во

времето на нејзиното основање на крајот од Втората светска војна и дека повеќе не

била современа .

Page 5: оон

?Како се развилеОбединетитеНацииИсторијата на Обединетите нации започнува одамна пред основањето на

Светската организација на 26 јуни 1945 година во Сан Франциско. Идејно-историските

корени досегаат барем до теориите на значајните мислители како Хуго

Гротиус(основачот на модерното меѓународно право, 1584-1645), на Aб де Сент-

Пјер (1658-1743) или на Имануел Кант есејот „За вечниот мир“ издаден во 1795.1

Во еден краток воведен текст кон една публикација на Повелбата на Обединетите

нации Хартмут Кригер пишува:

„Основањето на Обединетите нации не беше првиот обид за создавање целосветска

мировна организација. Под впечатокот на огромните загуби на луѓе и материјал во

текот на Првата светска војна политичарите врбуваа...за спојување на нациите заради

спречување на војни. Американскиот претседател Вудроу Вилсон во своите познати 14

точки од 8 јануари 1918 повика, меѓу другото, на една 'општа асоцијација на нациите

со меѓусебна гаранција за политичка независност и територијален интегритет на

еднаков начин како за големите така и за малите држави'.

Колку идејата за колективна одговорност за мирот и безбедноста беше револуционерна

станува особено јасно ако се размисли дека според науката за меѓународно право до

Првата светска војна, водењето војна, и како во вид на агресија, а доколку била

формално објавена, не важела за неморал и злосторство, туку последно легитимно

срество на политиката.

Статутот на Сојузот на народите од 1919/20 ги обврза членовите да ја

почитуваат неповредливоста на територијата и постојната политичка независност на

сите членови. При повреди на овие обврски Сојузот на народите требаше да преземе

'соодветни мерки'. Членовите требаше да решаваат спорни прашања преку

меѓународните судови. Тие се согласија да преземат воени мерки најрано по истекот на

три месеци од судската одлука. Пактот Брианд-Пелог од 1928 год., којшто го потпираа

сите важни држави, донесе со себе комплетен бојкот на војната.“

Со поглед кон Обединетите нации, на Сојузот на народите му се припишува

големо значење, бидејќи тој со себе донесе многу новини на кои можеа да се повикаат

„архитектите“ на Обединтите нации. Ова важи, како за органите така и за основниот

приод на еден систем на колективна безбедност, како што може да се види од следниве

извадоци од еден текст на Свен Гарајс и Јоханес Ворвик:

1 http://www.dadalos.org/uno_mzd/grundkurs_2.htm

Page 6: оон

Органи на Сојузот на народите

Главни органи на Сојузот на народите беа... Сојузното собрание, Советот и

постојаниот секретатијат. (...) Во Собранието беа застапени сите земји-членки преку

делегации, коишто располагаа со по еден глас (...). На Сојузното собрание му беа

припишани опширни надлежности по однос на сите полиња на работа на Сојузот на

народите или по прашања по однос на светскиот мир, така што можеше да се зафати со

секоја состојба и да искаже препораки.

Сојузот се состоеше од постојани и непостојани членки (...). Во годината на

влегување во сила на Статутот во 1920 год. предвидени беа 'претставниците на

сојузничките и асоцијативните главни сили' на договорите за мир пет постојани членки

(Франција, Велика Британија, Италија, Јапонија, САД) и четири непостојани членки на

Советот, коишто се утврдувале од Советот на Сојузот по слободно судење. Со

непристапувањето на САД во Сојузот на народите нивното постојано место остана

слободно (...).Своите одлуки и препораки Советот по правило ги донесуваше

едногласно (...). Ако членките во Советот биле инволвирани во некој спор, тогаш биле

исклучени од давањето глас, така што не било можно да стават

вето. Советот ... располагаше со истите опширни надлежности како и Советот на

Сојузот (...).

Постојаниот секретаријат, под своите двајца Генерални секретари, сер Џејмс

Ерик Друмонд (до 1933) и Франсоа Џосеф Авенол ја формираа управната служба на

сојузот на народите. Под Генералниот секретар ... се наоѓаше една меѓународна

Page 7: оон

служба поделена на стручни одделенија, чиј персонал беше регрутиран од стручните

службеници на земјите-членки.“

„Разбирањето на интенциите и нормите, коишто се наоѓаат во основата на

колективниот безбедносен систем на Обединетите нации, останува некомплетен без

барем скицирана претстава на Сојузот на народите. Двете организации честопати се

ставаат во меѓусебна поврзаност на што Обединетите нации сакаа да ги отклонат

нормативните и структурните слабости и дефицити на својот претходник.

Колку и да е точно ова од една страна, од друга страна се заборава дека уште со

Сојузот на народите беше започнат еден развој од широко значење и се воспоставија

организациски претпоставки, на кои можеа да се надоврзат Обединетите нации. Ова

особено важи за основниот приод на сојузот на народите: создавање на режим за

заштита од војни што ќе се заснова на меѓународни правни норми и пренесување на

одговорноста за мирот на една меѓународна организација (...).

Причини за неуспехот на Сојузот на народите 

„За неуспехот на овој прв обид за етаблирање систем на глобална безбедност,

одговорноста во целина се става на дефицитите и непрецизноста во нормирањето на

статутот како ... на пр. ненаменското ограничување на парцијална забрана за војни. Но

како причини мора да се наведат и структурните слабости во самата

организација (...). Но пред сé на Сојузот на народи во ниеден момент не му успеа да ги

поврзе сите во тоа време постоечки големи сили (...). Сојузот на народите никогаш не

можеше да стане универзална организација. На 18 април 1946 дојде до негово

укинување на 21-ото Собрание на Сојузот."2

Обединети нации

Обединетите нации беа основани во 1945 за да ги заштитат „идните поколенија од

ужасите на војната“, како што е опишана во централната задача на новата организација

во познатата прва реченица на Повелбата на ОН. Притоа под мир се подразбирало не

само отсуство на војна, туку во тоа се вклучени и, во смисла на позитивно поимање на

мирот,прашања за светскиот развој и правдата. Така, унапредувањето на економскиот

и социјален развој уште од почетокот спаѓаше во задачите на светската организација

2 ibid

Page 8: оон

За да може да се покрие ваквиот широк спектар Повелбата предвидува главните органи

на Обединетите нации да формираат дополнителни и специјални органи и да можат да

соработуваат со други организации во следењето на тие цели. Шесте главни органи

што го претставуваат јадрото на Организацијата на обединетите нации, активно го

употребуваа тоа. Така со текот на времето околу ова јадро се создаде една

диференцирана мрежа на органи и соработки, за која во праксата се устали

поимот систем на Обединетите нации. Гарајс и Варвик ги делат елементите од овој

систем во две категории:

Прво, тоа се специјалните програми, програмите и регионалните институции,

коишто се создадени и подредени на самата ООН, Генералното

собрание, Е кономскиот и социјален совет  односно Секретаријатот,

Второ, тоа се специјалните организации, самостојни корпоративни субјекти и

корпоративни субјекти поврзани со ОН преку спогодби, а се со сопствена правна

природа и се спојуваат во една family of organizations - слика што често се користи“

,,Назависно од практичните задачи, за чија реализација се замолени Обединетите

нации, организацијата ... има објавена цел да ги промени во својата суштина односите

меѓу државите како видот и начинот, на којшто се управува со меѓународните работи.“

Page 9: оон

Главните задачи на Обединетите нации можат да се класифицираат во три области,

коишто се во тесна поврзаност и на кои би можеле да им се подредат специфични

корени:

По две катастрофални светски војни обезбедувањето на мирот и меѓународната

безбедност ја сочинува централната задача на Светската организација, при што се

правеа обиди да се извлече поука од првиот неуспешен обид за основање на систем

за колективна безбедност со сојузот на народите во периодот меѓу двете војни.

Ако при основањето на оваа организација, меѓународните војни биле најголемиот

предизвик, тогаш оваа состојба во последните децении темелно се променила:

наспроти намалувањето на меѓународните војни постои огромно зголемување на

внатрешно-државните конфликти и на нови феномени, како на пример

транснационалниот тероризам .

Членот 1 од Повелбата на Обединетите нации ги резимира целите:

Page 10: оон

"1. Чување на светскиот мир и меѓународната безбедност и преземање делотворни

колективни мерки со цел за зачувување од и отстранување на заканите по мирот,

потиснување на напаѓачки дејства и други прекршувања на мирот како и чистење и

смирување на меѓународни спорови или состојби, коишто би можеле да доведат до

прекршување на мирот, со мировни средства и според принципите на праведност и

меѓународното право;

2. Развивање пријателски односи меѓу нациите, коишто почиваат на почитување на

принципот на рамноправност и самоопределба на народите и преземање други

соодветни мерки за зацврстување на светскиот мир; 

3. Воведување меѓународна соработка за решавање меѓународни проблеми од

економски, социјален културен и хуманитарен карактер и промоција и зацврствуање

на почитувањето на човековите права и темелните слободи за сите, без разлика на

расата, полот, јазикот или религијата; 

4. Да се биде во средиштето, во кое меѓусебно се усогласуваат напорите на нациите

за остварување на овие  заеднички цели."

Поранешниот Генерален секретар на ОН, Курт Валдхајм, во својот годишен

извештај за 1978 формулираше, колку е тешко и макотрпно исполнувањето на овие

задачи:„Кај проблемите што доаѓаат пред Обединетите нации, вообичаено се работи за

огромни сложени прашања. Покрај тоа, голем дел од нив претставуваат закана по

меѓународниот мир и безбедност. Обединетите нации даваат на располагање една

политичка рамка, во која таквите проблеми можат да се амортизираат, ублажуваат и

третираат. Тие ставаат на располагање и место, на кое се среќаваат сите за да работат

за решавање или наоѓање договор.

Сепак, мошне често се случува еден таков договор да може да произлезе бавно,

преку еден период на постапен развој, период во којшто проблемот мора да се третира

и позитивните сили континуирано да бидат насочувани во вистинскиот правец. Ова

претставува животно важна функција на Обединетите нации, којашто не смее да биде

засенета од разочарувања што се создаваат од неуспехот при постигнувањето брзи и

опширни решенија.

Проблеми во спроведувањето на реформски проекти

,,Кога меѓународната заедница би ги основала Обединетите нации одново, тие

сигурно би изгледале поинаку отколку нашата денешна организација“.

Page 11: оон

[Милениумскиот извештај на Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, до

Генералното собрание]

Иако на Обединетите нации може да им се припише значителна способност за

прилагодување, најдоцна од епохалните пресврти во годините 1989/90 реформата на

светската организација се наоѓа на проминентно место на меѓународната агенда.

Следниов извадок од еден текст од Варвик и Кнеланген ги резимираат најважните

реформски потреби:

Иако на Обединетите нации може да им се припише значителна способност за

прилагодување, најдоцна од епохалните пресврти во годините 1989/90 реформата на

светската организација се наоѓа на проминентно место на меѓународната агенда.

Следниов извадок од еден текст од Варвик и Кнеланген ги резимираат најважните

реформски потреби:

„Иако постојат бројни принципиелни разлики за идното обликување и функцијата на

Обединетите нации, всушност не постои несогласување за неопходноста од опширни

реформи. Како Повелбата, така и самата организација, има потреба од темелна

„поправка“:

голем број регулативи од Повелбата се покажаа како неспроведливи, како што

се деловите од глава VII, или станаа обсолентни;

наспроти ова, новите полиња на задачи на Обединетите нации како заштита од

кризи, еколошка заштита, прашања во врска со популацијата итн. или воопшто

не се репрезентирани или се недоволно репрезентирани;

составот на С оветот за безбедност  по однос на своите постојани членки ја

олицетворува состојбата од крајот на Втората светска војна, а по однос на

бројот на непостојаните членки, структурата на Обединетите нации на

почетокот на 60-тите;

правото на вето на петте постојани членки сé повеќе се чувствува како

дискриминирачко, а не како оправдано по својата функција;

еден главен орган - Доверителскиот совет - ја суспендира својата работа заради

недостаток на области за управуање односно надзор;

работата на Генералното собрание е макотрпна и бара многу време, улогата

на Економскиот и социјален совет губи сé повеќе на тежина, и конечно

речиси и да не е повеќе можна делотворна координација на целиот систем со своите

разни испреплетувања и редунданси“.

Page 12: оон

Голем број од наведените реформски потреби би барале промена на Повелбата на ОН.

Но, за ова предвидената постапка од членовите 108 и 109 бара:

двотретинско мнозинство во Генералното собрание,

ратификација од две третини од државите-членки,

меѓу кои во нив мораат да бидат сите пет постојани членки на Советот за

безбедност.

На тој начин поставени се високи препреки. Реформите можат да бидат спречени од

само една од петте постојани членки на Советот за безбедност. Но, не само што моќта

за спречување е голема, значителни се и препреките за креирање мнозинство, ако се

помисли дека за измена на Повелбата мораат да се придобијат 127 држави од

Генералното собрание.

Типологија на реформските предлози

Зголемување на ефикасноста

Институционални реформи

Принципиелно реобликување

Реформите имаат за цел поголема способност и подобрени можности за дејствување во централните полиња на задачи на досегашната ООН

Реформите имаат за цел институционално реобликување односно прилагодување кон новите предизвици

Реформите имаат за цел принципиелно реобликување на досегашните принципи на ООН

Пример: Пример: Пример:

Рационализација во административниот и финансискиот домен

Реформа на Советот за безбедност, создавање нови гремиуми (на пр. светска организација за животна средина)

Укинување на забраната за мешање во внатрешните работи, супранационализација на ООН

Можности за реализација:

Можности за реализација:

Можности за реализација:

преку интерните реформи на Кофи Анан делумно е веќе реализирано

Реализацијата бара промена на Повелбата и затоа е тешко

Реализацијата е нереална

50-годишниот јубилеј на Обединетите нации во 1995 и дискусиите за Global

Governance како одговор на предизвиците на глобализацијата ñ дадоа дополнителен

поттик на реформската дебата. Во 1997 генералниот секретар, Кофи Анан, достави

една реформска програма и започна со реализација на мерките, коишто го засегаа

неговиот Секретаријат. Притоа се работи за реформи од првиот тип на типологијата,

мерки за зголемување на ефикасноста “. Во најважните реформски теми од вториот тип

(„институционални реформи“) спаѓа реформата на Советот за безбедност:

Page 13: оон

„Модернизацијата на најважниот главен орган на Обединетите нации

претставува еден од најважните предизвици за светската организација и истовремено

одлучувачки тест за нејзината реформска способност воопшто, бидејќи во овој проект

сите потешкотии и пречки на институционалното реобликување на организацијата се

јавуваат како врзани во една „собирна леќа“. 

Досега не се покажа ниедна успешна реформска иницијатива. Ниту е на повидок

согласување на државите-членки за нови постојани членки ниту, пак, се чини дека ќе

се успее да се отстранат застарените привилегии на досегашните пет постојани членки.

Ако се согласиме со Гарајс и Варвик дека тука во целина станува збор за тест на

реформската способност, тогаш мораме да дојдеме до скептична пресуда по однос на

неопходното итно прилагодување на Обединетите нации кон предизвиците на 21 век.3

Поради тоа е неопхосно да се воспостави и нов светски поредок.

,, Во изминатата декада се појавија серија видувања и сценарија за постоечкиот светски

поредок. Сѐ уште се присутни дилемите каков модел на поредок би бил најадекватен

во новата констелација на односи. Сложеноста произлегува од видовите и

интензитетот на транснационалните закани кои предизвикаа измени во улогата и

активностите на субјектите во меѓународните односи. Безбедноста претставуваше

услов и влијаеше, државите, меѓународните организации и институции, недржавни

актери, да донесат компромисно решение за круцијалните проблеми или да се соочат

со дизбаланс на силата и интересите. Од конфронтирањата и поделеноста во ставовите,

меѓународните актери констатираа дека постојаното усовршување на „мечот” и

„штитот” не гарантира дека светот нема да се најде пред нови искушенија за

глобалната безбедност.,, вели Горан Зенделовски.

Неизвесностите од глобализацијата за некои земји беше видена како една од

приликите да ја афирмираат својата неприкосновена сила и елементи на моќ. Притоа,

се создаде голема дифузија на авторитет и моќ и со појавувањето на новите глобални

елити, неефикасноста на меѓународните институции, зголемувањето на регионалните

блокови и на недржавните актери. 4

Појавата и интензивирањето на транснационалните проблеми како што се климатските

промени, регулирањето на глобалниот финансиски пазар, миграциите, распаѓање на

3 http://www.dadalos.org/uno_mzd/grundkurs_5/reformen.htm4 Global Trends 2025: A Transformed World, NIC,2008

Page 14: оон

државите, тероризмот, организираниот криминал и ширење на оружјето за масовно

уништување (ОМУ), дополнително ја мултиплицираа состојбата во светот.

Неможноста земјите и организациите сами да се справат со заканите и опасностите,

ширум целата планета завладеа клима на страв за иднината на народите, државите и

целиот универзум. Многумина се прашуваат дали светот ќе се најде пред нова ера на

немири и хаос. Оттука, се запрашуваме дали е воопшто можно да се создаде глобален

свет и глобална заедница кога постојат толку амбивалентости помеѓу земјите и

народите? Кој модел на светски поредок е најприфатлив, униполарниот или

мултиполарниот? Дали актуелниот светски поредок гарантира мир и просперитет?

Како да се унифицираат земјите според еден „калап”, покрај редицата разноликости, а

без да се наруши глобалната безбедност?5

Терминот нов светски поредок е присутен повеќе од 15 години и се базира на

принципи како што се: економската интеграција, информатичката поврзаност,

технолошкиот напредок и креирање концепт на глобална безбедност. Истиот, се

темели врз заеднички меѓународни стандарди и норми, без присуство на страв и секако

под водство на меѓународните организации и институции од чии одлуки и политики ќе

зависи одржувањето на стабилноста во светот и менаџирање на некоја идна светска

криза.

Всушност, веќе посочивме дека динамиката на глобализацијата доведе до низа

економски и политички процеси кои придонесоа до поголема диференцијација и појава

на нови центри на политичка, економска и воена моќ. Еволуцијата на новите глобални

и регионални актери укажува на потребата од креирање нова парадигма во

меѓународните односи, која ќе успее да ги редуцира факторите кои предизвикуваа

нестабилност и флуктуации и истите да доведат до нарушување на глобалната

безбедност.

Поради тоа на глобален план постоеја неколку рационални решенија за

создавање на алтернативен светски поредок во кој најеминентен е системот на

глобалната безбедност, чија функција е да ги намали глобалните закани и опасности.

Оттука, идејата е да ги прикажеме неколкуте општоприфатени модели на светски

поредок. Првиот е познат како модел на глобално водство, изразен преку улогата на

САД како единствена останата супер сила и примена на униполарно водство низ

призма на економската, политичката, културолошката и воената моќ

Другиот модел е идеја на Хенри Кисинџер кој во 70-тите години на 20. век

говореше за пентагонално водство. Авторот говореше за концентрирање на светската

5 Micovic V., Globalizacija i novi svetski poredak, Beograd, 2001

Page 15: оон

моќ во пет стожера (САД, Европа, Кина, Јапонија и Русија) преку кои ќе може да се

воспостави глобална рамнотежа. Покрај овие два модели најеминентен е концептот на

светска влада и глобално управување во кој ќе бидат вклучени повеќе актери (земји,

меѓународни инстутуции) во донесувањето на одлуките на глобален план, а со цел да

креираат подобар свет .

Во сличен контекст авторот Гиденс предлага алтернативен светски поредок

преку примерот на светска влада со интегрирање на Светската трговска организација,

Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка во едно тело, додека

Организацијата на обединетите нации би можела да биде поделена на парламент и

совет.

Други пак, визијата за создавање светска влада ја разгледуваа низ улогата на

ООН, односно прекупроширување и учество на повеќе земји во Советот за безбедност.

На овој начин, возможно е да се дојде до поголем степен на стабилност во светски

рамки, но доколку внимателно и подеднакво се изберат земјите од различни региони

од светот кои имаат изградено доверба и статус во меѓународната заедница и можат да

имаат улога на „моќни центри” за градење мир и просперитет во оној дел од светот

каде што припаѓаат.

За да се придонесе кон зачувување на глобалниот мир еден од најактуелните

предлози беше на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров пред

Генерално собрание на ООН, кој укажа на потребата од формирање нов систем за

колективна безбедност во Европа. При што, треба да се обезбеди целосна и еднаква

сигурност за сите земји врз правни основи за заедничко дејствување на сите учесници

за одржување на мирот. Бидејќи, ако сегашната безбедносна архитектура во Европа се

потчини на заканите од униполарноста, ќе доведе до тоа да не може да се спречи

агресорот без притоа да се остават безбедносни последици.

Сепак, се очекува меѓународните институции да ја имаат главната улога во

справување со безбедносните предизвици, бидејќи улогата на државите во

новонастанатите услови е драстично променета.

Оттука и потребата од изнаоѓање или редефинирање на постоечкиот модел на

меѓународен систем чија улога ќе биде успешно да превенира регионална или глобална

криза. Тоа би го вклучувало следново: 1) реформи на ООН (Советот за безбедност),

ММФ, Светска банка, Светска трговска организација; 2) засилување и проширување на

НАТО; 3) градење капацитети за регионални безбедносни институции; 4) подобрување

на релациите помеѓу НАТО -ООН - ЕУ и 5) проширување и зголемување на

активностите на групите Г-8 и Г-20.

Page 16: оон

Процесите на глобализацијата нѐ одведоа многу далеку, односно многу блиску.

Затоа што просторно-временската компресија ги доведе денешните светски центри на

моќ во поголема блискост и можност за потенцијален конфликт.

Создавањето светска влада, односно феноменот нов светски поредок, засега не

можеме да го сфатиме во класична, буквална смисла, што би дошло нова светска

држава, туку во смисла на комуникација, контакт, соработка, но и судир на веќе

постоечките поредоци, со изјаснат компромис во поглед на некои прашања во вид на

определени политички акти, ратификувани од националните поредоци. Постоечките

акти на Организацијата на обединети нации, како еден аспект од светскиот поредок, се

доказ за компромисот на националните поредоци во врска со некои прашања, а со

самиот компромис претставува извесно делегирање на суверенитетот.

во овој момент идејата за светска влада е неостварлив концепт поради сѐ поголемата

улога на САД и кои веројатно нема, да се согласат својот авторитет и „ингеренции” да

ги префрлат во рамките на светската влада. Затоа, можеби најдобар начин е светот да

се прекрои според мултилатералните правила и принципи.

,,Тоа значи, вклучување на Соединетите Американски Држави (кои се на врвот

на политичка и воена моќ во светот) и идните економски сили како Европската унија,

Кина и Русија, способни да го загрозат американското глобално водство. Затоа и нема

реални услови во 21. век да се одржи американската униполарна надворешна политика.

Од друга страна, некои критичари за развојот на настаните говорат дека

мултиполарниот поредок може да доведе само до нестабилност, поради присутноста на

повеќето големи сили. Сложеноста доаѓа оттаму што не може во целост да се

претпостави кои средства на моќ ќе преовладуваат во иднина и со кои од нив ќе се

води борба за водечка позиција во меѓународниот систем. Иако, досега таа борба се

водеше во комбинација на економски, политички и воени механизми. Од каде што

САД се економска и воена сила, Јапонија и Германија се економски сили, Русија со

статус на воена сила и Кина од воена сила прераснува и во економска сила. Така што,

односите помеѓу овие пет сили ќе бидат доста усложнети поради желбата да ја

афирмираат сопствената економска и воена сила.

Врз основа на историските искуства, секој нов светки поредок значи и

радикално преуредување на меѓународните односи низ призма на сила. За некого

преставува утопија создавањето светски поредок без присуство на хегемонија или

воена сила. Затоа е логично во новонастанатите услови концептот на национална

безбедност да е повеќе зависен од меѓународната безбедност. Тоа значи градење на

заедничка визија, ревитализирање на безбедносно-одбранбените алијанси и на

Page 17: оон

глобалните институции од кои ќе профитираат сите учесници. Меѓутоа, и крајно време

е да се пронајде решение за сплотување на државите и недржавните актери, и начин

како да ги споделат заедничките интереси, без разлика на нивната големина или моќ.,,

вели во своето излагање Горан Зенделовски.6

Заклучок

Доминантна улога во новото креирање на светскиот поредок се очекува да има

НАТО со новите американски сојузници, чии бази ќе бидат распоредени во источна

Европа. Оваа сила целосно ќе го обликува и преуредува Блискиот Исток, средувајќи ги

кризните жаришта во светот и рушејќи ги диктаторските режими во Азија и сите други

режими кои дејствуваат врз антиамериканска основа и продуцираат меѓународен

тероризам.

Впрочем, ваквите промени во светскиот поредок се пореални од постојниот.

Очигледно е дека ОН како вакви не се ни способни ни функционални и не можат да

одговорат на новата закана за човештвото, заканата од меѓународниот тероризам.

Денес ООН не само што не е во состојба да ги изврши задачите предвидени со

нејзината Повелба, туку не може да одговори ни на најосновниот предизвик, а тоа е

загрозеноста на животот и безбедноста на човештвото.

Со создавање на глобално граѓанско општество, со завршување на процесот на

освестување на индивидуата, со значително зголемување на нејзиното знаење, а многу

побитно, способноста за размислување, би се зголемила моќта на индивидуата, а таа

моќ може да ја користи за лични и оправдани цели, само доколку е слободна.

Отпорноста на делувањето на централизираните и концентрираните моќи, на

колективните тела, би била извор на најголема моќ на разумниот и хуманиот човек, со

кој би можел да и се спротивстави на овие тела, доколку се обидат да го злоупотребат,

и судбината за својот живот да ја земе во свои раце.

6 Горан Зенделски , ,,ПРЕСТРУКТУРИРАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ПОРЕДОК ВО НОВАТА КОНСТЕЛАЦИЈА НА МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ,,

Page 18: оон

:Користена литература

1. Горан Зенделски , ,,ПРЕСТРУКТУРИРАЊЕ НА СВЕТСКИОТ

ПОРЕДОК ВО НОВАТА КОНСТЕЛАЦИЈА НА МЕЃУНАРОДНИ

ОДНОСИ,,

2. Micovic V., Globalizacija i novi svetski poredak, Beoдrad, 2001

3. http://www.dadalos.orд/uno_mzd/дrundkurs_5/reformen.htm

4. Global Trends 2025: A Transformed World, NIC,2008

5. http://www.dadalos.orд/uno_mzd/дrundkurs_2.htm