64
Светислав Басара DE BELLO CIVILI www.kuckamen.com 2011

49813998 Светислав Басара de Bello Civili

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

Светислав Басара

DE BELLO CIVILI

www.kuckamen.com

2011

Page 2: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

2

Оригинал: Svetislav Basara, De bello civili. Beograd, Dereta, 1998.

Page 3: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

3

1.

Еве краток извештај за неколкуте мистериозни смртни случаи кои

се случија во куќата на мојот пријател Валдемар Сандоз. Тој ден, не

насетувајќи ништо, Сандоз и јас седевме и молчевме. Знаев дека куќа-

та на Сандоз е на погрешно место, но подоцна тоа не ми го земаа како

олеснителна околност. Сите куќи се изградени на погрешни места. Бе-

ше доволно првото човечко живеалиште да се подигне на погрешно

место и тој circulus vitiosus веќе не можеше да биде сопрен. Таинстве-

ното дејствување на подземните води и телурските зрачења го доведе

видот на homo sapiens-от до тоа неговите единки да станат високоин-

телигентни песочни црви. Како кажа Аристотел: мала грешка на поче-

токот, голема грешка на крајот. Можеби сепак претерав; песочните цр-

ви не умеат да прават кафе. Сандоз сепак направи кафе. А потоа пра-

ша:

- Знаеш ли што сонував синоќа?

- Знам - реков.

- Како можеш да знаеш?

- Едноставно. Сите сонуваме исти соништа. Нема веќе големи со-

ништа; останаа само уште неколку. И тогаш, тоа е како играњето по-

Page 4: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

4

кер. Ако еднаш го сфатиш системот, секогаш знаеш кој од играчите

што има во рацете. Или кој што сонува. Твојот сон - ништо посебно.

Два пара седумки и десетки... Еден од оние кои те чинат чип, најмногу

два. Не си ти од оние кои добиваат во соништата.

- Точно - рече Сандоз, не без одредена тага, но зошто овде нема

жени? Барем оние безживотни кукли од излозите на текстилните про-

давници какви што гледавме во годините 1963, 64, 65... Се сеќаваш ли

на тие кукли?

Се обидов, ама ништо. Црна дупка. Бескраен мрак во кој паѓа ве-

чен дожд. Па и сите тие продавници одамна се испозатворени. Од нив

сè е продадено, сè е потрошено, испокинато, изгубено. Што вреди се-

ќавањето на нешта кои веќе не постојат?

- Не, Сандоз - реков - не се сеќавам. Ама ќе ти раскажам што

сонував јас.

- Зар не рече пред малку дека сите сонуваме исти соништа?

- Да, ама овој е малку поинаков. Сонував дека пишувам роман.

Нормално, тоа е еден од обичните соништа. Но тогаш тука се вмеша

личност по име Ханс. Сакам да кажам, истовремено некој друг сонувал

дека пишува роман, па јас се најдов заедно со Ханс во некоја улица.

Некаде во Мароко. Или во Тунис. Писателот не знаеше што да прави

со мене, па се замислив. И одеднаш сфатив дека сум сам. Се вратив

полека по истата улица бидејќи, во спротивно, не би знаел каде да

одам. Тоа беше улицата на часовничарите. Иако се брзав и иако ми

беше страв, ѕиркав во излозите гонет од колекционерската страст кон

часовниците. А имаше многу видови часовници со убавина што не мо-

же да се опише, какви што никогаш не можат да се најдат во надво-

Page 5: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

5

решниот свет, во јавето чие време, во крајна линија, и не заслужува

такви направи за мерење. Посебно внимание ми предизвика еден чии

стрелки не одеа рамномерно, а кој во аглите имаше два мали бројча-

ника: едниот секундарник се движеше конвенционално - од десно на

лево, другиот, на мое големо запрепастување, обратно. „Совршен хро-

нометар“, помислив, „механизам кој ги следи сите бифуркации на вре-

мето.“ Во тој момент го здогледав Ханс. Излегуваше од споредната

улица облечен во некаква тога, нешто налик на свештеничка одежда.

„Ханс“, викнав. „Одведи ме до она место во романот каде што се раз-

деливме“. Ханс го стави показалецот на уста, од скутот извади некаква

амајлија и ми ја тутна в раце. Тогаш се разбудив. Таа амајлија изгле-

даше вака:

Сандоз внимателно ја гледаше амајлијата што ја нацртав на поза-

дината на свидетелството на неговата ќерка од осмо одделение од

основно училиште. Сомничаво ја вртеше главата. Несомнено мислеше

дека се работи за некаков симбол од црна магија. Сандоз беше опсед-

нат со црна магија. Во последната година на архитектура, наместо да

проектира некаква фабрика, задружен дом или куќа, напиша дисерта-

ција за тоа како пентаграмот (колоквијално: петокрака) на знамето на

нашата земја... Многуте пентаграми на зградите, војничките капи, како

сето тоа привикувало цело мноштво демони кои опустошиле сè, а до-

Page 6: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

6

бар дел од населението го туркале право во пеколот, и тоа за мизерна

плата од некои 140 DЕM во просек. За да го одвратам од црните мис-

ли, решив да се напијам нешто. Се одлучив за коктел „валентино“. Во

поголема чаша ставив 0,5 cl водка, 0,5 cl кубански рум, 1 cl црно вино,

0,6 cl ментол-ликер, 15 cl пиво и 1 cl ладен чај од камилица, сето тоа

добро промешано, ставив неколку коцки мраз и го испив.

Сандоз ме посматраше како Фидел Кастро.

- Ајде - реков - само напред. Постави ми прашање.

- Кое прашање?

- Она што со години посакуваш да ми го поставиш. Како можам да

пијам вакви идиотски коктели.

- Стварно, како можеш да ги пиеш тие помии?

- Постои одговор на секое прашање, под услов прашањето да е

безначајно или да е идиотско. На вистинските прашања нема одговор.

Ете, ќе испијам две, три, богами и четири кригли ваква амброзија, ќе

седнам во летната бавча на Градска кафана, ќе го раширам Financial

Times, ќе направам дупка на весникот и ги посматрам девојките кои се

муваат наоколу. Ништо поубаво од жените. Но, само на растојание.

Бидејќи, кога гледаш низ дупка на весник, се чувствуваш како Бог. Ти

гледаш сè, тебе никој не те гледа. На крајот, тоа е телеолошки оправ-

дано: дистанцирајќи се од светот, се приближуваш до Бога. Ама, тоа е

мачно. Зашто, кога ќе му се приближиш на Бога, макар малку, дури то-

гаш сфаќаш колкава свиња и ништожник си...

- Слушај - рече Сандоз - си подпаднал под влијание на Мартин Лу-

тер. Премногу црно гледаш на нештата.

- Мислиш на оној поп црнец кого расистите го убија во Америка?

Page 7: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

7

Сандоз се намршти. Веднаш се насмевна. На крајот заплака.

- Не, не и не. Тоа беше Мартин Лутер Кинг. Мислев на оној Лутер

кој го гаѓаше ѓаволот со мастилница.

Немав намера да навлегувам во теолошки расправи. Затоа напра-

вив уште еден коктел. Му понудив и на Сандоз. Иако знаев дека нико-

гаш не пие. Тоа уште повеќе го изнервира (што подоцна ќе се покаже

кобно), па викна:

- Добро знаеш дека никогаш не пијам!

Добро го знаев тоа. Но, што можев? Сандоз навистина ми е најдо-

бар пријател. Јас навистина го сакам, колку што сум во состојба, но

сепак често го нервирам, како и тој мене, впрочем. Се мразеле или се

сакале - луѓето мораат да се уништуваат.

- Факт. Но, како можат тоа да го знаат идните читатели на нашите

житија? Како да разграничат кој е добар јунак антиалкохоличар, а кој

негативец склон кон алкохол?

- Батали ги тие играчки - рече Сандоз потиштено - јас не сум Ро-

лан Барт. Немам слух за постмодернизам. Ја губиш смислата за мали-

те нешта кои го разубавуваат животот.

- Зар може нешто да го разубави животот - реков.

И се прекрстив.

Page 8: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

8

2.

Сандоз го скрши часовникот и го вклучи магнетофонот.

Еден, два... Еден, два... правиме тонски проби. Ја премота лента-

та, се увери дека сè е во ред, се накашла и почна да раскажува.

- Имав еден колега на факултет кој премногу го читаше Платон.

Што има тука лошо, би можел некој да праша. Ништо, се разбира, ама

тој почна да претерува. Секој збор го сфаќаше буквално. Го знаеш

оној мит од Гозба во кој се зборува како луѓето, пред боговите да ги

расечат на пола, биле округли и се тркалале како топки. Е, тој мој ко-

лега одлучи повторно да стане целосен, да не зависи од судбина, же-

ни, месни заедници, временски услови и почна да јаде како луд. Сака-

ше да се згои до обем на совршена топка. Чист идеализам. Јадеше, ја-

деше и јадеше. Ги запостави сите обврски за да дојде до храна. Ни

тоа немаше да биде толку лошо, ако не се впуштеше во некои сомни-

телни работи: препродажба на хероин, шверц на оружје за арапски те-

рористички групи. Му требаа многу пари. Реков: јадеше како луд. Ста-

на најдебел на факултетот, па во градот, па во републиката и на кра-

јот во Југославија. Во една пригода, по повод прославата на 25 Мај, му

го претставија на другарот Тито како куриозитет. Тито рече: „Другари,

Page 9: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

9

во комунизмот сите ќе бидеме вакви“. Тие зборови беа бурно поздра-

вени од пионерите, подофицерите, удбашите и високите функционери.

Убав успех. Ама не и единствен. Тука се и неколкуте репортажи за не-

го во Start, TV revija, Arena. Меѓутоа, сите го посматраа попреку. Маса-

та не сака некој да се издвојува од просечноста, макар и како идиот.

Денес и идиотите мораат да бидат медиокритети. Инаку ништо од

славната парола: liberté, fraternité, egalité. И тој мој колега заврши како

сумо борач во Кјото. Не, во Осака. Ќе да беше во Осака. Туку, зошто ги

посматраш девојките баш низ дупка на Financial Times?

Сандоз го исклучи магнетофонот и почна да ги составува искрше-

ните делчиња на часовникот.

Глупаво прашање, помислив. Financial Times е сериозен весник.

Зарем да зјапам наоколу низ Sport или низ Večernje novosti? Но, еднаш

имав големи непријатности поради Financial Times. Куп непријатности.

Одеднаш во собата упаднаа тројца фоторепортери. Светнаа со

блицевите два-три пати и се изгубија во мракот.

- Ова е премногу! - извика Сандоз. - Современите држави се најо-

бично срање. Веќе нема никаква приватност. Никакви закони. Ете,

пред некоја вечер кај мене во куќата упадна некаков поручник со двае-

сетина војници. Вели: залутале враќајќи се од војната. Преспаа тука

во дневната соба. Сакаа и шатори да распостелат! Да запалат

логорски оган. Едвај ги замолив да не го прават тоа. На крај, си отидоа

пред да се раздени. И мојата глупава ќерка со нив. Се заљуби преку

ноќ во поручникот. Затоа сега нејзиното сведоштво го користам за пи-

шување црти во табла. Рака на срце, оставија признаница, парче хар-

тија на кое пишува:

Page 10: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

10

Со ова потврдувам дека со третиот вод преспав овде. Печат.

Потпис.

- Да - реков - признаници, хартивчиња. Јас имав неспоредливо по-

лошо искуство со нив. По војната, по една од војните, ѓавол би знаел

која, го апсат татко ми. Не знам зошто. Бев премногу мал за да запом-

нам. Набргу стигнува син коверт, а во ковертот признаница:

Со ова потврдуваме дека вашиот татко е стрелан како непри-

јател на народот.

- Да - рече Сандоз - таа манија се шири. Сè почесто се фаќам се-

беси како по ручекот добивам желба на парче хартија да напишам: Со

ова потврдувам дека мисирката во подварокот беше одлична. Туку,

не ми кажа какви непријатности си имал во врска со Financial Times.

- А, да. Еднаш седев на своето вообичаено место, го раширив

Financial Times, направив дупка и почнав да набљудувам наоколу. Ми

падна во очи дека освен девојки, низ видното поле често поминуваат и

некои момци во долги кожни капути, што беше чудно, бидејќи надвор

имаше некои 35 степени под сенка. Не помина многу - ете ти двајца.

Ми приоѓаат, ми покажуваат некакви исправи и ме внесуваат во авто-

мобил.

- Зар само затоа што си набљудувал низ дупка во весник?

- Не, обвинението беше многу потешко: индустриска шпионажа.

Гледаш, наспроти местото на коешто седев имаше фабрика за чајно

пециво. Мислеле дека сакам да го откријам процесот на производство

и потоа да го продадам на некоја странска фирма. Нормално, никого

не го интересира нашето чајно пециво. Тоа беше само изговор да ме

затворат.

Page 11: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

11

- Те малтретираа ли? - праша Сандоз.

- Не - реков.

За жал, навистина не ме тепаа. Ќе беше подобро да го правеа

тоа. Полесно би поднел. Ако нешто не сакам, тоа се прашања. А тие

имаа многу прашања. Сакаа да дознаат што повеќе. Не умеев да одго-

ворам на повеќето прашања. И така, со часови во полициската стани-

ца траеше вечната борба помеѓу гнозата и агностицизмот, нормално,

во својата траорна калијуга-верзија. Мене лично најсомнителни ми се

оние кои имаат одговори на сите прашања. А што се одговорите? Бо-

ци со кислород. Со нивна помош можеш некое време да дишеш и на

дното на реката. Но, кој навистина постои, тој молчи. Кој во последни-

ве 2000 години го слушнал Бог да зборува?

Во тој момент прозорското стакло се скрши со стравичен тресок и

во собата влета фудбалска топка. Вистинска фудбалска топка на која

пишуваше EUROPA CUP. Тој инцидент уште повеќе ја засили нервоза-

та на Сандоз. Навивачите од стадионот во близина викаа: „Врати ја

топката!“, „Уаа, педер!“, „Кретен!“. Сандоз беше готов да ја дофати ча-

шата со коктелот и да ја испие на екс, ама се воздржа. „Нема да им ја

вратам топката“, исцеди низ забите. За да ја смирам ситуацијата, иако

тоа беше тешко изводливо, се вратив во минатото и - по којзнае колку

години - се сетив на Јурек, нашиот школски другар. Тоа беше фраер!

Член на литературната, математичката, фото-кино, планинарската,

моделарската и радиоаматерската секција. Играше фудбал, кошарка,

одбојка, ракомет и сквош за репрезентацијата на нашето училиште. На

помладата сестра, самоиницијативно, без ничија помош и без никаква

потреба, и го оперираше слепото црево во прва година гимназија. До

Page 12: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

12

душа, успешно. Курвин син. Го носеше тој appendix vermiformis во тег-

ла со формалин и им го покажуваше на девојчињата на големиот од-

мор додека пушевме во школското WC. Што ли се случи со него

после? Ах, да. Во втора година гимназија му предаде букет цвеќе на

Броз кога неговата екселенција одеше да отвори некоја хидроцентра-

ла. И што се случува со сите оние кои, на овој или оној начин, ќе се

сретнат со Броз? Како и оној сумо-борач платонист на Сандоз, навле-

куваат лоша среќа. Јурек, навистина, заврши правен, стоматолошки,

медицински, машински, рударско-геолошки, филозофски и шумарски

факултет. Доби и Фулбрајтова стипендија, отиде во САД и остана та-

му. Набргу и се ожени и неславно заврши. Жена му, како што е тоа

впрочем ред во Америка, нашла љубовник, па заедно го отруле кутри-

от, образован и како дрен здрав Јурек. Радиумхлорид, мислам. Ете,

ако не сакаш сам да се отруеш, ќе те отрујат други. Жената на Јурек

се викаше Барбара; одлежа три месеци и стана рок пејачка. Просечна.

Имам еден нејзин албум. Ама три месеци за убиство, тоа е навистина

малку, дури и кога е Јурек во прашање. Всушност, не одлежа ни цели

три месеци. Поради доброто поведение казната и е скратена на се-

думдесет и пет дена. Скандалозно, ама законско. Постои во американ-

скиот устав еден... Еден... Никако не ми успеваше да се сетам на збо-

рот, па го прашав Сандоз.

- Сандоз, оној збор под 21 хоризонтално во вкрстените зборови во

Политика од 14.2.1973 г. Можеш ли да се сетиш?

- Се разбира - амандман. Зошто?

- Онака - реков.

Page 13: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

13

Тогаш помислив: амандман. Значи, постои амандман кој предви-

дува за убиства на доселеници да се изрекуваат само симболични

казни. А тоа се оправдува вака: зошто убиениот доаѓал во Америка?

Да останел во својата земја, не би ги доведувал во искушение амери-

канските граѓани да земаат пиштол или да посегнуваат по отрови.

Сите закони се одвратни, ама овој, според мене, има малку шарм; се-

кој треба да биде убиен во својата родна грутка.

Page 14: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

14

3.

И тогаш нештата конечно почнаа да течат по својот природен тек:

наопаку. Во собата влезе жената на Сандоз. Една од неговите жени.

Почна да си ги лакира ноктите. Да ниша со колковите. Да се чешла и

да пее ефтини арии од Топ тен листата. Сето тоа не мирисаше на доб-

ро. Сандоз сакаше нешто да ми каже, ама госпоѓата му упадна во

збор. „Драги, дали некаде си ги видел моите очила?“ „Не“, се сврте

Сандоз, ама не успеа да ми го каже она што сакаше, или што се пре-

праваше дека сака, кога жена му пак: „Знаеш ли дека утрово ми се јави

Маја и дека ми рече...“ „Е, сега е доста!“, се развика Сандоз, инаку ти-

вок, пристоен невротичар. „Нели сум ти рекол стотици, илјадници пати

да не ме прекинуваш кога разговарам со пријателите?“ „Нели?“ „Да“,

рече жената. Сиот растреперен, Сандоз отиде до комодата во аголот,

ја отвори фиоката, исфрли куп облека, семејни фотографии, садови,

крзнени шубари и извади пиштол. Се сеќавам дека беше од марката

„берета“. Спротивно на правилото дека оружјето кое во првото поглав-

је виси на ѕидот мора да испука во третото, ова испука иако пред тоа

не го ни забележав, дури не ни знаев дека постои. Жената прилично

театрално падна на подот погодена во пределот на јајниците, колку

Page 15: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

15

што можев да проценам како лаик за анатомија. Не крвареше многу.

Сигурно пиштолот не бил со голем калибар. Дури не ни офкаше пре-

многу гласно. Морам да признам, поинаку го замислував злосторство-

то од страст. Сè беше банално, како и поголемиот дел од останатите

секојдневни бесмислици.

Не помина ни цела минута од истрелот, а во дневната соба стоеја

двајца полицајци. Рекоа, слушнале дека се случило убиство. „Сешто“,

ја смируваше Сандоз ситуацијата, „тоа е обична измислица. Вие, мом-

ци, очигледно премногу читате крими романи.“ Се обиде да им објасни

дека малку се спречкал со жената и случајно го повлекол чкрапалото,

дека е само ранета, и тоа многу лесно, одвај и да крвари, а тоа што

офка и лелека - тоа не е вредно за внимание, тоа е професионална

деформација, таа е имено, актерка. Речитоста на Сандоз како да го

поколеба еден од полицајците, но другиот инсистираше да останат

уште некое време додека не се утврдат сите факти. Навистина, не се

сите полицајци глупави. И сите останати се глупави, тоа ми стана јас-

но во моментот. На крајот, тоа што полицајците останаа имаше свои

предности: така барем бевме безбедни од провалниците, силеџиите,

сите оние скитници кои се мотаат по овие матни, воени времиња.

Од пристојност се довлечкав до идниот труп на жената на Сандоз

и прашав како се чувствува. „Лошо, многу лошо“, рече. И понудив ас-

пирин. Тоа прво ми падна на памет. Таа прифати. Одејќи во тоалетот

по таблети, застанав покрај Сандоз. „Зар не е малку чудно што по-

лицајциве дојдоа толку брзо?“, прашав шепотејќи. „Не“, рече Сандоз

на глас, „воопшто не е чудно. Ова е последната доба. Зар не си го чи-

тал Рене Генон? Таму пишува дека пред крајот на светот настаните ќе

Page 16: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

16

бидат сè позабрзани додека конечно сè не отиде у пичку матер“. Го

читав Генон пред неколку години, ама во меѓувреме заборавив за што

пишуваше. Полицајците, претпоставувам, не ја читале Мрачна доба,

но еден од нив покажа љубопитност.

- Рековте последна доба. На што точно мислевте? Ова, се разби-

ра, не е службено.

- За калијуга. Да скратам. Постојат четири космички циклуци: злат-

но, сребрено, бронзено и железно време, ако добро наброив. Бидејќи

јас сум премногу отапен за да објаснам, а вие премногу отапени за да

сфатите, ќе се послужам со парабола. Сите знаете што е луна парк.

Знаете. Секако. Е, златното време, тоа е љубовниот тунел, сребрено-

то е стрелиштето, бронзеното би можело да се спореди со тобоганот,

а железното со куќата на искривените огледала.

Полицајците за тоа време, очигледно отсутни, го разгледуваа

оружјето од кое Сандоз пукаше. Тогаш се огласи ѕвончето на вратата.

Тоа беше поп. Свештено лице облечено во синкретистичка одежда та-

ка што изгледаше како мешавина од папа, рабин и сибирски шаман.

- Баш поминував одовде - рече попот - кога слушнав дека во оваа

куќа се случило убиство, но дека жртвата сè уште не умрела, па по-

мислив: треба да ја исповедам, да и се најдам во овој тежок момент.

Рене Генон, изгледа, бил во право. Вестите се шират сè побрзо.

Посебно оние лошите.

Сандоз немаше каде.

- Повелете, оче. Ама се сомневам дека ќе и бидете од помош. Таа

е, барем така тврди, будист. Не верува во Бога, светите тајни и слич-

но.

Page 17: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

17

- Да бидам искрен - воздивна свештеникот - не верувам ни јас.

Тука се вмешав јас.

- Како можете тогаш да бидете поп?

Еден од полицајците се побуни. Со строг глас рече дека слобода-

та на вероисповед е загарантирана со уставот и дека правото на

свештеникот да верува или да не верува е неприкосновено.

Господа, господа, ве молам. Сè е во ред. Со задоволство ќе му

објаснам на господинот, а и вам, како станав Божји слуга. Гледајте, јас

завршив електротехнички факултет, ама никако не можев да најдам

работа. Некако во тоа време умре нашиот парох, па ги положив дифе-

ренцијалните испити и стапив на негово место. Работата, иако атеист,

ја сфатив крајно сериозно. Да се вработев по струката, воопшто не би

верувал во електротехниката, а ве уверувам дека би бил солиден ин-

женер. Е, си реков себеси, сега си поп и ќе дадеш сè од себе да бидеш

добар поп и душите на твоите верници да одат што полесно и што по-

чисто во пеколот. Дури почнав да се занимавам и со теологија.

- Сакам аспирин! - застенка жена му на Сандоз.

- Дај и аспирин на курвана - подвикна попот - и речи и да не ме

прекинува.

Полицаецот послушно истрча по аспирин. На поминување забеле-

жав дека на капата ја има ознаката:

Page 18: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

18

Тоа ме зачуди. Мора во меѓувреме, таму надвор, да се сменил

политичкиот систем. Ама не обрнав премногу внимание на тоа.

- И така - продолжи попот со висок глас - проучувајќи ја патрис-

тиката, заклучив дека сите луѓе се помалку или повеќе атеисти. Тоа ми

даде самодоверба. Еве како. Бог е толку голем, до толку ја преминува

нашата моќ за забележување и поимање, што во него никој не верува

во толкава мера да може со сигурност да каже: јас верувам. Освен

тоа, сите потекнуваме од Адам и Ева, па оттука нужно сме во сродство

и со Јуда Искариотски, маркизот Де Сад, со Хитлер, Сталин, со сите

злосторници. Сите тие се наши браќа. Сите ние сме, колку што нè има,

бандите, кучкини синови, разбојници, сводници, бараби и само убаво-

то воспитување и пристојните манири можат да ни помогнат.

Со оглед на тоа што по природата на професијата не се склони

кон теологија, сето време додека попот зборуваше, полицајците го по-

минаа чачкајќи нешто околу оружјето. Иако не се појави во првото по-

главје, пиштолот пукна уште еднаш и со тоа дефинитивно ги сруши си-

те правила на драматургијата. Зрното, каква случајност, погоди еден

од полицајците. Неговиот колега во шок зјапаше во телото на својот

пријател кое се превиткуваше покрај жената на Сандоз. Кога малку се

прибра, рече: „Сите сте ми сведоци дека пиштолот случајно испука.

Баш сум баксуз. Вчера пет пати пукав во еден избеган затвореник и

сите пет пати промашив, а денес не сакав да пукам, не ни нанишанив,

а го погодив сопствениот колега“.

- Се случува - рече попот.

- Но, зошто секогаш баш мене?

Page 19: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

19

Ранетиот полицаец и жената на Сандоз унисоно застенкаа:

- Аспирини, сакаме аспирини!

Леле, немаше повеќе аспирин. Пронајдовме само неколку таблети

витамин Ц и им ги поделивме на ранетите, кои веднаш живнаа. Поли-

цаецот, оној кој по грешка пукаше во колегата, беше паднал во депре-

сија. Во момент на растројство ни се довери дека тоа е четврти парт-

нер кого случајно го застрелал, а дека во кариерата не убил ниту еден

единствен криминалец. Претпоставените веќе го гледале попреку.

Точно дека сè е комисиски докажано, точно дека тука нема простор за

сомнеж, но тој се чувствува непријатно и се плаши од суспендирање.

И ако во најскоро време не убие некаков крадец, ќе изврши самоубис-

тво.

Сандоз го тешеше. Со право. Погодениот полицаец воопшто не

беше мртов; според скалата QUALY (Quality Adjusted Life Years) чијшто

распон е од 1.0 (целосно здравје) до 0.0 (смрт), можеа да му се дадат

некои 0,03. Ни жената на Сандоз не беше мртва. Дури постоеше мож-

ност да се извлече. Но, полицаецот беше неутешлив. Постојано повто-

руваше: „Кого јас ќе го погодам - тој веќе не станува“. Веруваше во тоа

како во аксиома.

Недостигот од аспирин веќе почнуваше да станува алармантен.

Настана препирка околу тоа кој би можел да оди да набави. Полицае-

цот инсистираше тоа да биде тој, бидејќи тој го погоди колегата. Сан-

доз инсистираше тој да појде во аптека, бидејќи е домаќин, а и прв го

потегна пиштолот. Јас инсистирав како неутрално лице кое се немаше

огрешено во заповедта: Не убивај. Полемиката ја прекина попот. Од-

реди по аспирини да оди полицаецот, а ние да се смириме за да може

Page 20: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

20

на мир да ги исповеда смртниците. Се договоривме патем да купи и

јод, завои и фластер, бидејќи кога еднаш ќе се спука - тоа ни го кажува

искуството - тешко е да се постигне примирје.

Page 21: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

21

4.

Полицаецот отиде по лекови. Попот се накашла. Извади некаков

бележник и им пријде на ранетите. Полицаецот не го ни погледна. Или

мислеше дека е безнадежен случај или го интересираа само жени.

- Ќерко - рече деловно - твоето време истекува. Сакаш ли да ги

исповедаш своите гревови?

- Не знам за што зборувате.

- Зборувам за тоа да наброиш кога си лажела, крадела, убивала,

си заведувала, си била подла, лицемерна... Со кого си се тепала, дали

си боледувала од венерични болести, дали си се парела со животни...

Дали си ја предала татковината и си работела за странски известувач-

ки служби... Дали си се шверцувала во градскиот превоз...

- Немам ништо да кажам! - го прекина жената.

Попот ја удри со тупаница. Десно кроше.

- Можеби ова ќе ти го освежи сеќавањето.

Жената, на пола онесвестена од загубата на крв и од ударот, прс-

на во толку редок автентичен плач. Можев да се заколнам дека тоа не

беше блеф.

- Сандоз, па тој ме тепа, а ти ништо не преземаш?

Page 22: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

22

Сандоз слегна со рамениците. Беше немоќен.

- Не, драга моја. Црквата е одвоена од државата. Немам право да

се мешам во нејзините работи.

Попот ја удри уште еднаш. Овој пат со аперкат.

- Слушна ли? Ако не бидеш послушна, кога ќе се врати полицае-

цот, ќе наредам добро да те испендречи. Знаеш, јас хонорарно рабо-

там за полицијата. Значи, дали си...

- Да, сум. Сè признавам и се каам. А сега сакам еден аспирин.

Но, веќе рековме, аспирин немаше. Полицаецот отиде до аптека-

та на аголот и сè уште не беше вратен. Немаше веќе ни витамин Ц.

Немаше ништо. Што би можело да има во просторот (да не употребам

поодреден збор) во кој поповите работат за полицијата, во кој зборо-

вите значат сосема спротивно од она што стои во речникот, во кој не е

важно кој е субјект, а кој објект и во кој - поради рестрикција – времен-

скиот след е сведен на перфект и плусквамперфект? Да, има тука ло-

гика: минатото помалку се троши.

Бидејќи жените се дрдорки, близината на смртта ништо не им зна-

чи. Дури ги поттикнува да зборуваат. Ни жената на Сандоз не беше ис-

клучок.

- Ете - рече - се приближи. Уште малку и ќе исчезнам од лицето

на овој свет. Речиси и да не ми е жал. Она малку што жалам повеќе е

глума отколку вистинско жалење. А и не можам повеќе да ги гледам

овие муцки околу мене. Само малку се подалеку од смртта отколку јас,

а се прават важни. Ми носат аспирини, ме исповедуваат, се грижат за

спасот на мојата душа. И овој идиот на кого му ги подарив најдобрите

години на мојата младост, иако не го ни сакав... дури не ги сакав ни

Page 23: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

23

неговите пари... И тој идиот не сака да ме одбрани од нападите на

еден поп кој работи за ДБ. Навистина, немам за што да жалам.

Потоа замолчи. Болките очигледно станаа посилни. И ранетиот

полицаец офкаше, што до некаде се косеше со претставата дека по-

лицајците се луѓе без мани и стравови. Но, тоа беше само една во ни-

зата предрасуди. За среќа, неговиот колега, оној кој отиде по аспири-

ни, влезе во куќата сиот окезен носејќи во рацете еден куп санитетски

материјал. Делејќи лекови и витамини, ни ги објасни причините за за-

доцнувањето. Рече дека во аптеката имало гужва, но дека аспирините

и останатото ги зел преку ред. На излезот го здогледал избеганиот

затвореник во кого безуспешно пукал и се вдал во потера по него. Го

гонел низ три кварта, на првата чистинка пукал - и пак промашил. Не

ни беше јасно зошто се радува. И тоа го објасни. Куршумот кој го про-

машил избеганиот затвореник погодил, до душа случајно, еден ограбу-

вач на банка кој се обидувал, со вреќа полна пари, да фати такси.

Но, неговата радост не траеше долго. Штом раскажа што се слу-

чило, падна покосен од снајперски истрел. Зрното влезе бесшумно,

низ прозорецот, најверојатно од Сараево, оддалечено некои 175 кило-

метри од станот на Сандоз. Воената технологија очигледно напреду-

ва. Попот, онака, му го опипа пулсот. Беше мртов.

- Ете како животот е ништо - рече ранетиот колега на убиениот по-

лицаец. - Пред малку овде кукаше што пукал во мене, а сега лежи тука

мртов. Пред мене.

Сандоз воздивна.

- Патиштата божји се несознајни.

Јас реков:

Page 24: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

24

- Патиштата на залутаните куршуми се уште понесознајни.

- Pulvis et umbra sumus - рече попот.

Жената на Сандоз заплака. Ми рече дека сега никој нема да го

уапси Сандоз - еден полицаец тешко е ранет, а другиот е мртов - и де-

ка неговото злосторство ќе остане неказнето. Се обидов да ја утешам;

дека ќе дојде некој друг, а и ако не дојде, Сандоз самиот ќе се преда-

де. Залудно. Додека така безобѕирно лажев (иако подоцна ќе се пока-

же дека случајно сум ја кажал вистината), преостанатиот полицаец ис-

пушти душа. Тоа малку ја расположи. Туѓата смрт умее да биде утеш-

на. Тоа беше веќе втора смрт за само саат време.

Случајно фрлив поглед на кутиите со лекови. На сите го имаше

знакот:

Page 25: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

25

5.

Сандоз навистина имаше право. Настаните се одвиваа со филм-

ска брзина. (Би требало да се напише студија за влијанието на фил-

мот врз забрзување на временскиот след во калијугата). Не поминаа

ни пет минути од трагичната смрт на полицаецот, а на вратата заѕво-

нија болничари. Забележав дека на ракавите, наместо лента со црвен

крст, носат ознаки:

Рекоа: „Дојдовме да ги однесеме труповите!“ Сакаа да ја однесат

и жената на Сандоз, но таа се спротивстави. Не е таа мртва, рече, са-

мо и е малку лошо, ама веќе се чувствува подобро. Болничарите ин-

систираа. „Ни беше речено дека овде има три трупа!“, тврдеше еден.

Сега, ќе има тука повеќе од три трупа. Ама за сега се само два. И за-

тоа ги испративме надвор да го почекаат следот на настаните на мар-

Page 26: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

26

гините, да не внесуваат дополнителна нервоза во и онака пренапната-

та ситуација.

Но, по ѓаволите! Дополнителната нервоза не е можно да се избег-

не. Не во оваа мрачна доба. Разминувајќи се со болничарите кои си

заминуваа, се појави загинатиот полицаец. Жив и здрав. Очигледно

добро расположен. Тоа веќе беше премногу. Забележувајќи дека сме

запрепастени, полицаецот праша:

- Господа, гледам дека моето присуство вознемирува. За што се

работи?

- Па, ете - рече Сандоз - пред малку бевте мртов. Сосема мртов.

Пред неколку минути Ве однесоа во мртовечница.

- Скраја да е - се насмеа полицаецот - се работи за заблуда. Јас

не сум тој што е изнесен. Тоа беше брат ми, Валдемар. Јас сум Кази-

мир. Не, згрешив. Јас сум Валдемар, а тој беше Казимир. Случајно и

двајцата сме полицајци. Знаете, тоа е семејна традиција. Деветмина

браќа сме и сите сме полицајци. Ете, јас сакав да бидам поп, ама тат-

ко ми не сакаше ни да слушне.

- Чудно - се вмеша попот - јас сакав да бидам инженер, а станав

поп. Туку, не сте баш многу тажен поради смртта на брат ви?

- Да бидам искрен - не. На крајот, падна за татковината вршејќи ја

својата должност. И не заборавајте, останавме уште осуммина. Значи,

овде имало некаква пукотница, ако сум добро известен...?

- Па - рече Сандоз одоколу - како ќе се земе...

Одеднаш, полицаецот Казимир или Валдемар, сега веројатно му

го знаеме името, погледна на часовникот и стана сериозен. И ние бев-

ме сериозни од почит кон претставникот на власта. Меѓутоа, излезе

Page 27: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

27

дека за две минути треба да почне епизода од серијата Династија.

Воопшто не знам како можевме да заборавиме на тој детаљ. Сандоз

брзо го вклучи телевизорот и шпицата која ни беше добро позната, ја

исполни просторијата.

Епизодата не беше кој знае што. Но, морам да признам дека беше

поинтересна од епизодата во која ние учествувавме, а воопшто не

знаевме каков ќе биде крајот, а ќе биде трагичен, како што кажав по-

напред. Навистина, ни јунаците од серијата не правеа ништо што и

ние веќе не го правевме: се убиваа, голтаа таблети, лажеа, бараа не-

кој ѓавол, се преправаа дека сакаат и мразат. Но, кога некој би вложил

стотици илјади долари во нашата свињарија, тоа би било погламуроз-

но и погледливо. Вака, моравме да бараме спонзори за некако да до-

туркаме до крајот.

- Сите тие ќе одат во пеколот! - извика попот со апокалиптичен

тон.

Веројатно мислеше на јунаците од Династија.

- А ние демек нема? - се побуни Сандоз.

Потрошувачкиот менталитет на жената на Сандоз дојде до израз.

Лежејќи, сета бледа од загубата на крв, рече дека сме куп идиоти. Со

сето срце го бранеше шоу-бизнисот. Како да ми ги прочита мислите,

што не е исклучено бидејќи луѓето на смрт се луцидни, рече:

- Ете, во нас да се вложени неколку милиони долари, тогаш сево

ова би имало смисла. А не вака... Пиеме ерзец кафе, дома нема ас-

пирин...

- Но, што би се сменило суштински? - праша попот.

Page 28: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

28

- О - кокетно рече таа - многу работи. Ќе носевме убава облека, ќе

живеевме во раскошна куќа, ќе пиевме подобри пијалаци.

Но сè останато би било исто како и досега, помислив; бесмисле-

но, глупаво, залудно, здодевно, мачно. Нема никаков сомнеж. Срање-

то си останува срање. Можеш да вложиш милијарди долари - не вре-

ди. Устројството на светот останува исто. И што повеќе пари се вложу-

ваат со цел тој да се подобри, тој станува сè полош. Конечно од мене

проговори христијанин. Иако она со подобрите пијалаци ми се допад-

на. Морам да признам.

Состојбата на жената на Сандоз нагло се влоши. Бараше пет ас-

пирини, малку потоа цела кутија, ама болките и беа сè посилни. Освен

тоа, работите продолжија, како што обично се случува, да се движат

во правец на целосен хаос. Без видлив повод, најнапред со тресок се

сруши столната ламба, потоа полицата за книги, грамофонот со пло-

чи, па со ред: комодата полна со порцелан, шкафот, неколку слики и

на крајот столот. Од пепелта и правот на таа никаква Помпеја излезе

суштество со фотоапарат на рамо и картичка PRESS, прицврстена со

лента на шеширот.

- Што е ова - викна Сандоз - и кој сте па Вие?

- Јас сум новинар на Večernje novosti.

- Ама што правите во мојата куќа?

- Јас сум тука професионално - рече новинарот.

Веројатно за да остави подобар впечаток, од паричникот извади

новинарска легитимација и му ја покажа на полицаецот. Легитимација-

та беше исправна. И сега не знаевме што се случува: или сето ова се

случуваше во редакцијата на Večernje novosti или немаше објаснува-

Page 29: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

29

ње. Новинарот, навистина, рече дека е испратен од главниот уредник,

дека нему му е многу жал што нè вознемирува, но дека тој својата за-

дача мора да ја изврши професионално. Има и работен налог. И днев-

ница. И сега, како да се спротивставиш на такви аргументи, на заше-

метувачкиот шарм на печатот и потписот. Сандоз сепак се одлучи да

реагира. Бараше од полицаецот да го оддалечи новинарот од станот.

Но полицаецот не можеше да го направи тоа.

- Жал ми е - рече - тука ништо не можам да направам. Слободата

на печатот е загарантирана. Таков е законот. Со цел подобро инфор-

мирање на јавноста, на новинарите пристапот им е слободен секаде.

- Не знаев до сега за тој закон - рече Сандоз.

- Неодамна е донесен - објаснуваше полицаецот. - Според него,

новинарите имаат право да истражуваат сè што ќе им падне на памет.

Можат да влегуваат во станови, да ја отвораат поштата, секако, ако

имаат работен налог и уредна легитимација. Е, тој закон има и еден

анекс. Новинарите, имено, ако е тоа во интерес на истрагата, мораат

сите податоци со кои располагаат да ги стават на увид на Службата за

безбедност.

Додека траеше тој диспут за законите и слободата на печатот, се

сетив на загадочниот симбол којшто неодамна го сонував, а кој сè по-

често се појавува на јаве. И во заглавјето на легитимацијата на нови-

нарот стоеше триаголник со прекршена молња во средината. Што зна-

чи? Последниот амблем на кој се сеќавам, а беше доста зачестен, бе-

ше петокрака со сосема јасно значење: тон неволји. Треба да се биде

внимателен со амблемите. Мојот пријател Ера, медитирајќи над ам-

Page 30: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

30

блемот на НАТО, божем ружа на ветар, пронајде во неа скриен кукаст

крст:

Page 31: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

31

6.

Сандоз сакаше да ја расчисти работата. Го праша новинарот на

каква задача е испратен во неговата куќа, а овој без заобиколување

му рече дека е тука да направи фотографии и репортажа за серијата

мистериозни смртни случаи. Сите бевме запрепастени. Попот дури се

прекрсти. Помислив: каде ли се сега оние што ме критикуваа кога твр-

дев дека на овој свет има премногу слобода? Ете до каде доведува

слободата на печатот! Но, како можел новинарот да знае дека овде ќе

се случат убиства? Тоа и Сандоз го праша. Новинарот се правдаше со

тоа дека така му кажал главниот уредник. Сандоз беше упорен: како

можел главниот уредник да знае?

Новинарот се двоумеше.

- Така што сè самиот смислил.

Сандоз го фати за јаката. „Како смислил? Зошто смислил? Точно

дека е калијуга, но такви работи се сепак недозволиви; невозможно е

луѓето да пукаат едни во други заради каприците на уредникот на кри-

миналната хроника.“ Полицаецот се обидуваше да ги раздвои Сандоз

и новинарот постојано изговарајќи високопарни флоскули за слобода-

та на печатот. Жената стенкаше на подот. Попот се крстеше во аголот.

Page 32: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

32

Јас одев наоколу држејќи се со рацете за глава. Во еден момент из-

гледаше дека целата глетка, заедно со нас, ќе експлодира - до толку

беше напнато - но ентропијата го направи своето и набргу сите седев-

ме на столчиња борејќи се за воздух.

Новинарот негодуваше. Затоа што во работната задача не било

предвидено и тој да настрада. Одеднаш сето тоа ми стана неподнос-

ливо и одлучив да се прошетам. Постоеше опасност она што ќе се

случува во мое отсуство да остане обвиено со велот на мистеријата,

но сепак излегов. На улица беше уште понеподносливо. Можев тоа и

да го очекувам. Дури и го очекував тоа, но сепак почувствував потиш-

теност. Луѓе и жени, непрегледно мноштво, одеа во сите правци, се

туркаа, невешто се преправаа дека одат со некоја цел, и за да биде

сето тоа макар малку поподносливо, потребна беше уште една димен-

зија. А димензија никаде. Пред излогот на една продавница забележав

семејство - татко, мајка и ќерка - како внимателно, речиси побожно

посматраат тегла со џем, конзерва цвекло и шише вино. Немаше ниш-

то повеќе во излогот. Небесен народ! Хм! Помислив: No pasaran.

Одлучив да се вратам кај Сандоз. Секогаш е попријатно во домот

на пријателот, дури и кога е во тек серија загадочни убиства. Како што

можев и да претпоставам, додека бев надвор, ништо не се случило.

Само што ја отворив вратата, дејството продолжи. Жената на Сандоз

го праша новинарот дали снимил сè. Овој потврди. Се грижеше како ќе

излезе на фотографиите, а новинарот и велеше дека не треба за ниш-

то да се грижи бидејќи тој е професионалец.

- Па сепак, требаше да си ја средам фризурата - рече.

Page 33: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

33

- Но не, госпоѓо, вака ќе биде поприродно. Сандоз го прекина тоа

помодно и залудно дрдорење. Бараше новинарот детално да објасни

што мислеше кога рече дека целата збрка ја смислил главниот уред-

ник. Човекот од перо немаше ништо против. Ама за возврат бараше

шолја кафе. Садист, каков што е, Сандоз и нареди на жената, онака

ранета, да свари кафе. И тоа за сите присутни.

- Видете - почна новинарот - лето е, сите се по одмори. Или седат

дома и се преправаат дека се на одмор. Досадно е и тиражот опаѓа. И

сега, што да се прави? Главниот уредник ќе смисли некое возбудливо

злосторство, некоја афера или нешто како ова овде денес. Јас само

снимам и бележам. Немам ништо со тоа.

- Како мислите - смисли? - праша Сандоз. - И мене сешто ми паѓа

на памет, но ништо од тоа не се остварува.

Новинарот се насмеа.

- Да, но зад вас не стои пропагандна машинерија и најсовремена

технологија.

Настана штама. Сандоз повторно се вознемири. За секој случај, го

тргнав пиштолот на скришно место. „Како смислил, како зготвил“, бес-

нееше Сандоз. Веруваше дека барем владее со своите постапки.

Единствено уште во тоа веруваше и бараше цврсти докази. Но тој,

според зборовите на новинарот, не го познаваше устројството на пе-

чатот. Бидејќи, зошто инаку без никаква причина би пукал во својата

жена?

- Слушаш ли што те прашува господинот, машка шовинистичка

свињо? - закука ранетата, носејќи го подавалникот со кафињата.

- Човек секогаш има причини да пука во својата жена.

Page 34: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

34

- Се согласувам - се вмеша полицаецот - но сепак подлежи на кри-

вична одговорност.

Новинарот пивна голтка кафе и продолжи:

- Гледајте, печатот контролира 95 проценти од сите случувања во

земјата. Како би бил воопшто возможен да не е така. Кој би ги опфа-

тил сите настани, кој би напишал текстови, кој би ги уредил? Затоа

весниците и се печатат ден порано. Текстовите кои се објавуваат се

всушност мали пророштва за утрешните настани. Освен тоа, набавив-

ме и најсовршена јапонска технологија. Сте го виделе мноштвото ан-

тени и предаватели на покривот на нашиот облакодер. Е тоа се, иако

ова не е SF, предаватели кои постојано емитуваат пораки. Вие, нор-

мално, не ги слушате, но тие се врежуваат во вашата свест и секој од

нас се однесува онака како што сака Главниот уредник.

Чиста глупост, помислив. Немам особено мислење за човекот, но

веројатно сè уште постои разлика меѓу човек и радио-апарат. Или не-

ма. И луѓето и радиоапаратите тресат глупости. Впрочем, од двете

страни на медиумот стојат луѓе. Сета таа баснословна технологија

служи само за кретенизмот да стане достапен на сите, ефтин, ефи-

касен и глобален.

- Ете што ти е животот - мрмореше Сандоз. Пред половина час пи-

евме кафе и зборувавме за соништата, а сега веќе се наоѓаме во ор-

веловскиот свет на негативната утопија.

- Да, да - го тешеше попот - животот не е ништо, деца мои. Треба

молење, молење и само молење. А како човек воопшто да се моли ко-

га молитвите се прислушкуваат. Чувте што вика новинаров. Ти ја фа-

ќаат молитвата, ја снимаат на магнетофон, ја прислушкуваат. Она што

Page 35: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

35

не им се допаѓа го бришат и дури потоа му ја испраќаат на Бога. А Бог

не сака такви молитви.

Па добро, си мислев, барем ќе излеземе во весник. Подобро неш-

то отколку ништо. Малку публицитет никогаш не е на одмет. Барем мо-

жеме да се тешиме дека печатот е навистина слободен. Ама само пе-

чатот.

- А сега доста! - извика Сандоз. - Сакам да останам на само со

својата жена. Одете во друга соба.

Page 36: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

36

7.

Сега, не знам каде заминаа останатите, јас како хроничар имав

право, скриен зад една замислена завеса, да присуствувам на раздел-

бата на двајцата љубовници. Сцените со нежности намерно ги пре-

молчувам, не затоа што сум дискретен, туку затоа што се одвратни.

Тие крици, тие шепотења ги заглушував со паничните обиди да раз-

мислувам. А и имаше причина за паника. Бидејќи, од сето она што др-

доркото од Večernje novosti го раскажа, произлегуваше само едно: вој-

ната која беснееше на некои триесетина километри од местото на ова

мизерно дејство е смислена на состанокот на некој редакциски колеги-

ум. Стоп! Апорија. Како тогаш да се објасни дека тиражите на дневни-

те весници опаѓаат? Лесно. Затоа расте гледаноста на ТВ Дневникот.

Нема такви весници кои можат така веристички да ги пренесат сцени-

те на разнесувања, убивања, крварења, сето она што посматрачите на

пустината Гоби по излозите ги држи во уверување дека овде е сепак

подобро... Посигурно...

Но тогаш криците станаа премногу гласни, па фрлив поглед преку

споменатата завеса. Сепак е точно дека сите кавги, макар и да кулми-

нираат со пукање, завршуваат во кревет. Имав и што да видам: Сан-

Page 37: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

37

доз гол лежеше во креветот, а жената - со страст која тешко можеше

да се спои со нејзината состојба - го шибаше со камшик по газот, изви-

кувајќи: Viva la revolucion! Сепак не му исповеда сè на оној поп инже-

нер. Садизмот, на пример. Можеби кутриот Сандоз не можел повеќе

да ги поднесува тие понижувања и затоа посегнал по револвер. Кој

знае. Урлањата стивнаа, тие двајца лежеа еден покрај друг и пушеа и

речиси ми беше смачено од сè.

Сандоз, изгледа, го гризеше совест. Тоа го заклучив по тоа што

пушеше две цигари одеднаш. Дури и се извини.

- Жал ми е - рече. - Не знам што ми беше. Постапив малку избрза-

но. Во последно време ми попуштаат нервите.

- Баш и не мораше да пукаш во мене.

Сандоз воздивна.

- Немав избор. Тоа беше посилно од мене. Како да бев опседнат

од ѓаволот.

- Можеше барем да ми пукаш во нозе.

- Гаѓав во нозете, но те погодив во пределот на јајниците. Знаеш

дека сум лош стрелец. Се сеќаваш кога одевме во луна парк, во вре-

мето кога Б. само што почнуваше да го пишува Кинеско писмо, само

што се бевме запознале. Сакаше да погодам во центарот на стрелиш-

тето за да добијам големо кадифено мече за да ти го подарам тебе.

Испукав 1805 дијаболи и ништо.

- Како ли само успеа сега? Мислиш ли дека е цивилизирано да пу-

каш во својата жена?

Сандоз се замисли. Се уозбили.

- Од каде си толку сигурна дека си моја жена? - праша.

Page 38: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

38

- Како од каде? Дваесет години живеам овде. Спиеме во иста со-

ба. Понекогаш во ист кревет. Често те шибам. Сакаш тоа да го неги-

раш?

Сандоз пак стана оној стариот. Пргав.

- Не. Ама тоа не значи дека си моја жена. Памтиш ли дека сме

венчани? Имаш ли некаква хартија со мој потпис? Признаница?

- Не - рече. - Рака на срце, не.

- Ете, гледаш.

Повторно застенка. За среќа, не од страст. Додека се препираа,

цигарите им догореа до прстите и грозно ги изгореа.

Жената не се предаваше толку лесно.

- Па, тогаш, како живеевме заедно толку долго?

- Пфф, кој би знаел? Не се сеќавам дури ни дека сме имале деца.

- О, не, драги мој. Имавме две. Близнаци. Ама ги фрливме во во-

да. Во тоа време во медицината беше модерно сфаќањето дека кучи-

њата се толку отпорни и дека имаат толку благородни раси затоа што

првите младенчиња се фрлаат во вода, па ги фрливме нашите прво-

роденчиња.

Помислив: можеби тоа не е лошо. Сите новороденчиња би треба-

ло да се фрлаат во вода и така би се скратила агонијата на овој пре-

вртен свет. Уште ќе мислев, ама жената прос’ска:

- На крајот, па и да не сум ти жена - за што не ми е гајле - тоа не е

причина да пукаш во мене.

И Сандоз пламна:

- Пукав и - точка!

Page 39: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

39

Оној сплет од жлезди, сè и ништо од жена што ја заборавила ду-

шата на која паразитира како имела повторно го зголеми тонот.

- Ти си најобична кукавица!

Сандоз побледе од бес.

- Слушај! Престани. Престани пред повторно да се изнервирам и

да го најдам пиштолот. И, богами, овој пат ќе настојувам да бидам по-

прецизен. На крајот на краиштата, ти си будистка. Сево ова за тебе не

би требало да има значење.

- Кој ти вели дека тоа за мене има значење?

- Па зошто тогаш толку се вознемируваш?

- Затоа што ми е страв - рече жената. Тоа беше единствената ис-

крена реченица изговорена во текот на попладнето. Просто прошире-

на, ама искрена.

- Без оглед - продолжи таа - дали на нешто му придаваш значење

или не, ако е тоа страшно, тогаш си вознемирен и тука ништо не може

да се направи.

Page 40: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

40

8.

Работите и понатаму се комплицираа. Носејќи ги под пазува кни-

гите на своите лажни закони, корнејќи на алкохол, во собата се довле-

че теренскиот судија Боровски. Полицаецот веднаш зазема став мир-

но и целата ситуација повторно стана службена. Не остана ни трага од

црниот хумор, блудот и идиотизмот. А по судијата налета цела свита

писари, судски извршители и сета онаа толпа љубопитници и безра-

ботници без кои судењата не можат да се замислат.

Влезе и судскиот служител. Закова шајка во ѕидот, ја закачи сли-

ката на претседателот на Републиката. Исчезна.

- Господине Сандоз – рече судијата – претресот може да...

Не успеа да ја заврши реченицата. Целиот задишан, трчајќи од

некој кафкијански процес, на вратата се појави адвокатот на Сандоз

Шолаја и театрално, како што само адвокатите умеат, приложи интер-

пелација, ако тоа така се вика.

- Ве молам, ве молам – викна – тоа не оди така. Мојот клиент не е

обврзан да дава никакви изјави без присуство на адвокат.

Тоа веќе беше премногу и за мене, непристрасниот раскажувач,

па се осмелив да проговорам.

Page 41: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

41

- Господине адвокат, како знаевте дека судијата стигна?

Адвокатот ме погледна како некаков идиот, што во основа и сум.

- Господине, правосудството е единствено. Ние сè работиме коор-

динирано, но јас свратив на пиво и малку доцнам.

- Чекајте – викна Сандоз – чекајте малку. Тука има премногу коор-

динација. Мене повеќе ништо не ми е јасно.

Судијата го погледна полн со неверување. Потоа побара ладно

пиво. Ако обвинетиот сака да дознае нешто повеќе за правниот систем

во кој му се суди, во ред, има право на тоа, но тоа бара малку време, а

тој, судијата, е многу уморен.

Сандоз со ногата ја млатна жена му, која во меѓувреме се оне-

свестила и и нареди да донесе пиво.

- Видете – почна судијата, неверојатно вешто отворајќи го шишето

со џепно ноже – вие сте лаик и сфаќам дека ве мачат одредени недоу-

мици. Правосудството, како и останатите области, постојано се модер-

низира. Уште повеќе, се компјутеризира. Повеќе ништо не оставаме на

стихијата. Повеќе не може да краде кој сака и кога сака. Нема повеќе

изненадни убиства... Потрага по виновници, мрачни истражни постап-

ки. Законот е усовршен. Верувам дека сте го читале Борхес. Тој на ед-

но место пишува дека совршена би била само онаа географска карта

која точка по точка би се поклопувала со територијата што ја претста-

вува. Следствено на тоа, се дошло до заклучок дека совршен би бил

единствено оној закон кој би содржел позитивни и казнени одредби за

сите граѓани на државата во која е на сила. И затоа го усовршивме за-

конот. Го проширивме. Тој повеќе не ја одредува само казната. Тоа е

застарено. Сега законот го одредува и сторителот. Како што не посто-

Page 42: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

42

јат двајца исти човека, повеќе нема ни две исти казни. Секоја е един-

ствена и неповторлива. И не само што укажува на сторителот на злос-

торството – законот оди понатаму – туку во него се назначени и место-

то и времето на злосторството. Со тоа се постигнуваат значајни за-

штеди во државниот буџет. Ова пискарало (покажува на новинарот)

можеби ви рекло дека сето ова се одредува во редакциите на весни-

ците. Тоа се најобични глупости. Тие го преценуваат сопственото зна-

чење. Весниците се само орган на Социјалистичкиот сојуз на работ-

ничкиот народ и ништо повеќе.

Судијата отпи добра голтка од пивото и ждригна. Тоа значи е Но-

виот светски поредок, си помислив. Тогаш продолжи да треска.

- Секако, сите мислат дека професијата судија е привилегија. Не

се жалам, но не ми е лесно. Понекогаш им завидувам на оние судии

од стар ков кои седеа во удобни фотелји, наметнати со тоги и мирно

си дремеа. Всушност, јас сакав да станам фудбалски судија; завршив

и тренерска школа и добив лиценца од FIFA, но бидејќи имав вишок

килограми, а законот е jасен: судијата не смее да има повеќе од 69 kg,

морав да завршам право и да ја извршувам оваа одговорна, а небла-

годарна работа.

Кој знае до кога поднапиениот судија ќе проповедаше да не го

прекинеше попот, до тогаш обвиен со непроѕирната темнина на тек-

стуалниот заборав.

- Ако не сум толку индискретен, сакам да знам врз основа на кој

критериум се одредува кој ќе биде крадец, кој убиец, кој пљачкаш?

- Врз основа на случаен припадник на популацијата – рече судија-

та.

Page 43: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

43

- Морам да признаам, тоа не е праведно.

- Зарем злосторството е праведно?

Како да му се противречи на таков аргумент? Една од неволјите

на овој свет е тоа што најголемите свињарии и најгнасните подлости

се логични, аргументирани, научно втемелени, додека она убавото ре-

чиси е невозможно да се докаже.

Попот, сепак, не се предаваше толку лесно. Како што и реков –

иако инженер по образование – совесно ја вршеше својата должност.

- Секако дека злосторството е неправедно. Но, зарем не се пра-

шувате: можеби меѓу оние случајно одбрани крадци и злосторници

има и такви кои не сакаат да бидат злосторници.

- Никому не му се допаѓа да биде злосторник. Тоа најпрво. На вт-

оро место – како свештеник би требало да знаете – сите луѓе се греш-

ни и сите се потенцијални злосторници. Виновниците, всушност, ги би-

ра компјутерот. Злоупотребата е исклучена.

И тогаш, кога тоа најмалку го очекувавме, жената на Сандоз из-

дивна. Без трошка театралност. Тој факт можеби и ќе ни побегнеше да

не се појавеа болничари со носилки, а таа не се побуни.

Случајно фрлив поглед на Законикот што судијата го остави на

масата.

На корицата го имаше знакот:

Page 44: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

44

9.

Судскиот служител донесе кутија аспирин. Се виде дека залихите

се при крај и дека тие дваесетина таблети нема да можат да излезат

на крај со главоболките што настапуваа. Затоа извлекувавме сламка

кој да отрча до аптека и да донесе уште. Процесот можеше да започ-

не. Судијата рутински го обвини Сандоз за убиство на жената. Адвока-

тот даде приговор: убиената не му била жена на Сандоз; живееле во

невенчан брак, а постојат индиции дека се само случајни познаници.

Приговорот е уважен и прифатен како олеснувачка околност. Е, сега

доаѓаа моите пет минути. Требаше јас да сведочам. А сите кои го про-

читаа второто поглавје на овој извештај знаат дека не сакам да одго-

варам на прашања. Дека не знам да одговарам на прашања. Особено

на службени. Тоа го знаеше и судијата. Но, ништо не можеше да се

стори. Правдата мора да биде задоволена.

- Значи – реков – вака беше. Денес, околу два попладне, дојдов

тука во вообичаена посета на мојот пријател. Пиевме кафе и разгова-

равме...

- За што?

Page 45: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

45

- За ништо важно. За ситници. Велам, се муабетевме и тогаш, не-

надејно, во собата влезе покојната. Во ноќница. Невкусно нашминка-

на. Постојано нè пресекуваше на сред збор, го прекинуваше Сандоз со

непотребни работи, ги омаловажуваше неговите политички уверува-

ња. Морам да нагласам дека денес за прв пат ја видов. Во какви од-

носи била со мојот пријател, тоа не знам. Тоа, всушност, не е ни важ-

но. Напоменувам дека Сандоз повеќе пати ја опоменуваше да не нè

вознемирува, што убиената не сакаше да послуша. И тогаш, очиглед-

но во нервно растројство, Сандоз пукаше. Потоа дојдоа полицајците.

И после ќе речат: не постои синхроницитет. Во моментот кога ре-

ков „потоа дојдоа полицајците“, влезе Валдемар, не, Казимир, со вр-

зоп аспирин. Бликаше од среќа – толку ретка појава во мрачните вое-

ни времиња. Набргу ја дознавме и причината за неговото задоволство.

Имено, на изглегување од аптеката го здогледал побегнатиот робијаш

кого безуспешно го бркал неговиот покоен брат, лесна му земја, Вал-

демар, не, Казимир. Се обидувал да и го украде паричникот на една

старица.

- Викам: стој! Тој се фрла во бегство. Го збркувам, испукувам еден

куршум, втор куршум, трет куршум и паф – право во тилот.

Правдата, велат, е бавна, ама стигнува.

Сеедно, полесно дишевме. Аспирин имаше доволно. Судијата Бо-

ровски, веќе видно пијан, продолжи да го води својот монтиран про-

цес. За делото што го стори Сандоз беше предвидена најстрога казна:

смрт со стрелање. Немаше сомнеж дека судијата ќе ја изрече; можеби

и дека ќе ја изврши. Адвокатот даваше сè од себе, секако, во граници-

те на дозволеното за еден државен чиновник. Повторно даде приго-

Page 46: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

46

вор. Неговата суштина се сведуваше на следново: дали убиената по-

рано или подоцна би умрела и да не пукал Сандоз во неа? Ако – да –

тогаш е апсурдно да се обвини човек за нешто што по природата на

нештата и самото би се случило. Судијата не му противречеше многу.

Философски посматрано, тој смета дека тоа е навистина апсурдно, не-

хумано и не може да се спои со хуманистичките ориентации на нашето

општество. Но, посматрано од правна гледна точка, а тој е правник,

работите стојат поинаку.

И попот се обиде да стори нешто за Сандоз. Тоа, на крајот на кра-

иштата, му беше должност. Свештениците треба да бидат мизогини и

да ги застапуваат мажите. Една жена помалку или повеќе, ништо не

значи. Ја цитираше Библијата. „Одмаздата е моја, јас ќе возвратам“,

вели Господ. Боровски ни тоа не го оспоруваше. Со напомена дека во

нашата држава црквата е самостојна, но одвоена. Уште повеќе, испи-

вајќи уште едно шише пиво, покажа и одредено разбирање кон Сан-

доз. Рече дека, длабоко во душата, воошто не го обвинува. Коцката,

вели, можела да падне и на него. И тој можел да пука во својата жена.

Дури тоа и радо би го сторил. Но, правдата мора да биде задоволена.

И затоа на Сандоз му изрече смртна казна.

Адвокатот, наспроти тоа што беше потплатен и во дослух со су-

дот, изгледа не беше толу глупав. Навистина, смртните пресуди се

тавтологија. Сите однапред сме осудени на смрт. Какво задоволство

се наоѓа во формалното потврдување на тој факт и неговото насилно

спроведување во дело? Не можам тоа да го објаснам поинаку освен

како дел од проектот на поистоветување на човекот и Бог.

Page 47: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

47

Но, смртна казна ми се закануваше и мене. Иако тоа не го очеку-

вав, судијата ме обвини и мене како соучесник. Крајно неправедно, су-

дејќи барем спрема она што го пишував за настанот, но секогаш пос-

тои сомнеж дека нешто сум премолчил и судијата сакаше да ги истера

работите до крај. Морам да признаам дека се чувствував неудобно.

Понеудобно од вообичаено. Но, истовремено и се замислив над апо-

ријата: зошто животот добива на вредност колку е побесмислен и по-

тежок? На крајот на краиштата, настрадан пред стелачката чета, за-

стрелан од раката на судијата Боровски или погоден од снајперски ис-

тел во граѓанската војна – каква е разликата? Државата секогаш наоѓа

начини да ги ликвидира своите поданици. Затоа, воопшто, и постои.

Наспроти сè, не се предавав. Одлучно реков дека во станот на

Сандоз се најдов сосема случајно и дека не гледам причина заради

која би ги сносел последиците од неговите постапки. – Не гледам при-

чина! – извика судијата. Па, тогаш јас не гледам ништо или се препра-

вам. И Сандоз случајно пукал во својата жена. Ако тоа не го сфаќам,

не ја сфаќам с’ржта на системот. Сè е случајно и ништо не е случајно.

Секако, посматрано од правна гледна точка. А бидејќи немам адвокат,

можам да се послужам со оној на Сандоз; нему и онака повеќе нема

да му биде потребен.

На кратко, мојата вина е формулирана вака: да не сум дојдел, ра-

ботите би тргнале по сосема друг пат. Тоа не ми беше најјасно, не са-

кав да инсистирам на објаснување, но судијата подзапре за да објас-

ни. Очигледно сфатил дека во замрзнувачот на Сандоз има уште пи-

во, па настојуваше процесот да го оддолжи што е можно повеќе. На-

вистина, извршителите на злосторството ги одредува Државниот ком-

Page 48: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

48

пјутер; на прв поглед јас немам ништо со тоа, но моето доаѓање го по-

местило текот на нештата. Бранителот се вмеша. Млако. Колку да ја

одбрани честа на својата професија. Иако беше најголема пичка, бе-

ше професионалец. Судијата ни малку не посветуваше внимание на

неговите инфрасонични протести. Ми префрлаше дека не сум сторил

ништо за да го спречам Сандоз да пука во жена му. Зошто би го спре-

чувал? Никогаш не сакав да се мешам во интимните работи на со-

пружниците. Но, видов дека мојата одбрана е залудна и дека судијата

ја ткае нишката на обвинението чија единствена логика е во тоа да ги

составува човек во чија крв промилите на алкохол растат вртоглаво

брзо.

Page 49: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

49

10.

Сериозно земено, мојата вина беше од политичка природа. Но, за-

ради демократскиот имиџ и светската јавност, властите организираа

убиство на една третостепена глумица за да може да бидам стрелан

како соучесник на монструозниот убиец. Во сета таа ујдурма ги пре-

познав прстите на структуралистите, критичарите и постмодернистите.

Користејќи го мрачното време на граѓанската војна, одлучиле да ја ис-

користат крвожедноста на режимот и конечно да дојдат до мојата гла-

ва, да се одмаздат за сите навреди со кои на големо ги опсипував од

страниците на ревијалниот печат кај нас и во светот.

Структурализамот, ако не се лажам, на овие простори се појави

на крајот на седумдесеттите години. На почеток како задоцнета инте-

лектуална мода за подоцна да предизвика серија крајно чудни и опас-

ни настани. Во таа доба немаше речиси ниедно списание кое не при-

редуваше по неколку тематски броеви посветени на тоа движење.

Познатите и помалку познати структуралисти го посетуваа Белград,

држеа предавања, ги посетуваа кафеаните, ги одведуваа во луксуз-

ните хотелски соби студентките на светска книжевност и ги правеа ма-

ли структуралистки. Дотогаш, овде дувкаше пријатно ветре. Владете-

Page 50: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

50

лот беше жив и цврст во одлуката никогаш да не умре; времето те-

чеше праволиниски; продажбата на сувомесни производи бележеше

пораст; наталитетот беше задоволувачки, а побуната на бродот Baunti

одамна загушена во крв.

А потоа работите, на почеток полека, тргнаа наопаку. Пекиншки

синдром. Субверзија на деконструкцијата, неброени трескања за деко-

дирањето ги предизвикаа првите тектонски поместувања во длабочи-

ните на, тука секогаш испарливото, колективно несвесно. Најзлокобен

омен беше болеста на Владетелот. Мора да се признае: одлучно се

бореше против западните новини, водеше долги преговори со смртта.

И не насетувајќи дека таа ујдурма му ја приредиле структуралистите –

на големо користејќи ги стипендиите од неговата влада – својата мин-

ливост ја ставаше на душа на коалицијата на внатрешниот и надворе-

шен непријател помогнат со пари од меѓународните реакции. И не доз-

навајќи го тоа, Владетелот беше структуралист. Дполнителните истра-

жувања на Р. Хамсун од Универзитетот во Упсала не оставаат ни

трошка сомнеж во тој поглед. Според д-р Хамсун, Владетелот до таа

мера бил декодиран што веќе околу 1950 г. престанал да биде човечко

битие и станал знак. Истиот автор тврди дека Владетелот, само да не

се вмешале деконструктивистите, никогаш не би умрел.

Има многу помрачувања во настаните од тој период. Пред сè,

името на Владетелот ТИТО не е ништо друго освен анаграм (омилено-

то средство на црномагиските жреци) на египетското божество TOTH и

германскиот збор ТОТ - мртов. Преведено на разбирлив јазик, Владе-

телот бил мртов долго пред датумот на смртта и бил антиципација на

Page 51: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

51

голем број насилна смрт за време на војната што следува. Како оние

кои целосно ја губат душата продолжувајќи „да живеат“ уште некое

време бидејќи не одат во пеколот, туку се осудени на целосно ништа-

вило, Ј. Б. Тито на лицето на земјата помина уште точно триесет годи-

ни во лов, риболов, патувања, сменување на најблиските соработни-

ци, отворање фабрики и автопати, пиење виски и гемишт и во остана-

тите активности, недоумици, тешкотии и привилегии кои со себе ги но-

си должноста шеф на една држава.

Друга важна карактеристика на верноста на Владетелот кон струк-

турализмот е јазикот со кој се изразуваше. Чудната мешавина, исто-

времено и разбирлива и неразбирлива, со која успевал со саати да го-

вори, а ништо да не каже, според д-р Хамсун е оштетен сленг на пра-

јазикот со кој говореле градителите на Вавилонската кула. На тој јазик,

вели понатаму докторот, ќе се говори и пред крајот на светот. Но, да

ги оставиме лингвистиката и есхатологијата. Земјата со која владеел

Владетелот ја окупирале деконструктивистите. Не од користољубие,

туку за да ја уништат. За да посложи како експеримент кој треба да ре-

зултира со метод за уништување на остатокот од светот. Зарем за тоа

не сведочи целокупната псевдохералдика на нејзиниот никаков грб:

шест пламени кои го симболизираат огнот на шестиот круг од пеколот

во кој ќе горат добар број од нејзините поданици и лента со датумот

29.11.1943, која во себе ги содржи двата најзлокобни броја (види: Ше-

валие, Речник на симболи)?

* Тито го видов само еднаш. Тоа беше 1967 година во Ужице, кога поминуваше да ја отвори ХЕ „Bajina Bašta“. За момент го видов низ прозорецот на неговиот автомобил. Беше со бронзена боја и на големо почна да личи на многуте свои бисти распослани по цела Југославија. Во 1992 година се обидов со кабалистички метод да му вдахнам живот на неговиот бронзен споменик тргнат зад музејот во Ужице. Неуспешно.

Page 52: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

52

Интересна е и околноста што Владетелот умрел во Љубљана,

главниот град на републиката која ќе го зададе coup de grace на веќе

темелно деконструираната држава. Всушност, умрел е пресилен збор.

Исчезнал, избледел, испарил, а на смртната постела останала дамка,

што ги довело генералите, камардинерите и разните членови на раз-

ните одбори во незгодна ситуација. Најпрво заради тоа што таквата

појава била спротивна на нивниот марксистички поглед на свет, потоа

заради техничката невозможноста ништо да не може да се балсамира

и да се изложи во огромниот мавзолеј кој, во најголема тајност го про-

ектирал архитектот Б. Богдановиќ. Проблемот е решен така што во

ковчегот е ставена восочна фигура, верна копија на Владетелот, изра-

ботена во ателјеата на музејот Мадам Тисо.

На гробот на Владетелот, однадвор, нема никакви знаменитости.

Од внатрешната страна, пак, пишува д-р Хамсун, во мермерот е вре-

жан симбол за кој тој не знае ништо, а кој изгледа вака:

Page 53: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

53

11.

Но, што имам јас толку против структуралистите и државната би-

рократија? Дали, можеби, со тоа што го објавив Атласот на непо-

стоечки држави во кој, како значајна регионална сила, ја вброив СР

Југославија, сместувајќи ја да се граничи со Недојдија, Палестина,

Тлон Укбар, Утопија и Шангри-Ла. Тоа може да го знае само Готфрид

Розенкројц. А кој е Готфрид Розенкројц? На тоа прашање не е лесно

да се одговори. Особено не со обвинение за соучесништво во гнасно

убиство на глава. Можеби воопшто не е возможно да се одговори. Мо-

жеби воопшто не е можно да се говори за Розенкројц. Но, како да не

се говори кога тоа е модерно? За неговиот идентитет постојано се по-

лемизира во круговите на псевдоезотеричарите, структуралистите и

агентите на тајните служби. Досието со неговото име станува сè поде-

бело, а нејасностите и колебањата во врска со Розенкројц се сè пого-

леми и побезнадежни. Чудно, но неговите дела се лесно достапни, ду-

ри и популарни. Преведени се на многу јазици, но авторот никој не ус-

пеал да го види. Му завидувам на тоа. Оние малку податоци кои се до-

стапни, се измислици, што не значи дека во нив нема по некое зрнце

вистина. Сепак, тоа не значи ништо.

Page 54: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

54

Спротивно на широко распространетото мислење, вистината не е

вистина. Таа е само вешто смислена лага. Слично како што е со луѓе-

то; на некои им се верува, на некои не. И самиот Розенкројц имал мис-

лење за тоа. Во делото „Теологија за атеисти“ на едно место ги напи-

шал овие зборови: „Единствената вистина е Бог. Значи ништо. Сè што

е нешто содржи во себе барем 95% лага“.

За даденото дело за малку не доби Нобелова награда. Се збору-

ва дека му избегала само затоа што конзервативците од Шведската

кралска академија не сакале да наградат личност со толку непровере-

но постоење. Чудни се критериумите на академиците. Толстој и тоа

како постоел, уште повеќе, многу му значеле и постоењето и награди-

те, па сепак останал со празни раце. Неправдата подеднакво е поде-

лена на двете страни на линијата која ги раздвојува проверените и не-

проверените личности.

Навистина, кој е Розенкројц? Псевдоним на вистински човек или

псевдочовек со вистинско име? Никогаш не би се впуштил во тоа ис-

тражување да не се обидев да престанам да пушам. Бидејќи тоа за

мене беше невозможно, морав да се занимавам со нешто невозмож-

но. Одев исцрпен низ собата и му диктирав на еден црнец кој го изнај-

мив за беден хонорар да ’рмба наместо мене. Онака нервозен, му се

дерев: „Каде, по ѓаволите, е Розенкројц?“ Можев да не викам, тоа не е

мој стил, но во тој случај не би ги нервирал левичарите и хуманистич-

ката интелигенција! Сега тоа ми се врати.

Значи, по кој знае кој пат. Кој беше Готфрид Розенкројц? Герма-

нец сигурно не е. Педантни, какви што се, Германците одамна би му

влегле во трагата или би го уништиле и најмалиот спомен на него до-

Page 55: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

55

колку се утврди дека не постои. Германската дисциплина не дозволу-

ва таква флексибилност по прашањето на идентитетот. Или си или не

си. А не како кај нас. И тоа е во ред. Всушност, никогаш не би ме заин-

тересирал тој талентиран, а неуловлив авантурист да не престанев да

пушам. И тогаш од нервоза одново пропушив.

За да биде иронијата поголема, изгледа дека и Розенкројц е

страстен пушач. Во една брошура наидов на податокот дека токму Ро-

зенкројц го пренел тутнот од Европа во Америка, каде стотина години

подоцна го пронашле конквистадорите и го вратиле назад. Хронолош-

ки, тоа не е издржано, но зарем Розенкројц е издржан? На крајот, ако

некој постои толку малку и одвај забележително, каква е разликата да-

ли тоа е сега или пред две илјади години? Неговата прва книга потек-

нува од тоа време. Носи наслов „За многу чудни билки кои растат во

Индија и нивното влијание врз здравјето на луѓето“. Името му се спом-

нува уште пред тоа. Дури во античка Грција. Најден е еден свиток (кој

се чува во Британскиот музеј) во кој, меѓу редовите на некој текст за

опојните дроги за време на дионизиските мистерии, убаво пишува

„...како што учеше Розенкројц“.

Во ред. Можам да донесам едноставен заклучок: Розенкројц е

псевдоним. Апсолутен псевдоним. Можеби тоа би можело и логички

да се одржи со помош на посланик од СПС. Колку само има луѓе кои

никогаш не напишале книга. Зошто не би имало неколку книги кои не

ги напишал никој, кои немаат автор и на кои само заради законот и

редот на печатење стои: Готфрид Розенкројц. Ама, по ѓаволите! Тој

ништо не сокрил. Постојат неговите писма, неговите работи, неговите

фотографии. Запишан е во книгата на родените, но него го нема и го

Page 56: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

56

нема. Или го има кога тоа е невозможно, неприфатливо, апсурдно. Да-

ли е прогонет? Малку веројатно. Ниедна негова книга не е забранета.

А сепак, кој знае?

Библиографијата на Розенкројц не е многу обемна. Неколку трак-

тати, статии, две-три книги, триесетина песни. Тешко и дека би може-

ла да биде пообемна. Розенкројц постојано бил во движење. Како ајку-

ла. Поточно: како дух на ајкула. Формално правно, тој е бесмислица и

затоа му оди толку добро. Не може да се подигнат обвиненија врз ос-

нова на кафеански трачеви и книжевни текстови. Тоа не го може дури

ни теренскиот судија Боровски.

Последна претпоставка: да не сум јас можеби Готфрид Розен-

кројц? Отфрлено. Тоа веќе е излитен факт. Доволно е истражувачот

да намине во кафе-барот БУМЕРАНГ или да ѕирне во тетратката ТИ-

БЕТАНСКА КНИГА НА МРТВИТЕ ПИЈАНИ, каде што под одредницата

Б ќе најде куп документи за тоа што сум пиел, што сум зборувал, со кој

сум седел и кога. Како и остатокот од таа магличава фактографија. Та-

ка се прави историја. Истражувачот убаво може да ја земе таа книга,

т.е. маслена свеќа, и да ја стави до Хелсиншкиот договор, ако постојат

какви било врски, а сигурно ги има, тврди науката, иако се сомневам

во таа можност: сè е хаос. И колку повеќе ред се обидуваме да внесе-

ме во таа конфузија, нередот станува сè поголем.

Но, како што доликува, за конфузијата да биде целосна, ќе се по-

каже дека еднаш Розенкројц (додека јас бев со Сандоз и пиев кафе во

предвечерието на убиствата) се појавил во кафе-барот БУМЕРАНГ.

Пиел: маскал, виски, вотка, вињак, бренди, ракија, калвадос, рум, ко-

њак, ракија, вино, пиво, ирско акфе, коктели, шампањско и ликер. И

Page 57: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

57

тоа на моја сметка. Тој ќе рече: „Јас сум Розенкројц“. Се претставил и

им покажал на присутните стап со позлатена дршка, подарок од

Салвадор Дали. Се потпишал под сметката. Неволји, бескрајни не-

волји со историјата. Колку е тешко да се напише веродостојна истори-

ја на една пијанка во мал кафе-бар на Балканот. Да не зборуваме за

нешто друго. Каде и да погледнеш – фалсификати. Недоверливи све-

доци. Кривоклетници.

Значи, Розенкројц се појавил, оставил впечаток и отишол. Го ис-

пратиле со погледите. Раздвојувајќи ја барата Црвено Море со стапот

на Дали како Мојсеј, отишол кон Ветената земја, во Ханаан на неав-

тентичноста, неуверливоста и непровереноста.

Page 58: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

58

12.

Дигресиите не ми помогнаа. Боровски беше неумолив. Пресуда-

та гласеше: смрт со стрелање. Адвокатот, да не е без ич, повторно се

спротистави. Сметаше дека казната е престрога. Судијата не се сло-

жи. Очигледно му беше доста од сè, Сакаше што побргу да си оди до-

ма и да се одмори. На крајот, се правдаше, не го пишувал тој кривич-

ниот законик, а ако господинот адвокат смета дека казната е престро-

га, има право на жалба. Излезе дека процедурата е следнава: треба-

ше истиот момент, по устен пат, да му ја изложи жалбата на Боровски.

Адвокатот така постапи. Бараше да ми се укине смртната казна и да

се замени со казна за прекршок.

- Во принцип – рече судијата – тоа не е невозможно, но жалбата

се одбива.

Адвокатот бараше образложение. Беше банално.

Казните за прекршоци се парични. Бидејќи инфлацијата е преви-

сока, во моментот кога ќе треба да се плати казната, таа ја губи секоја

вредност, а со тоа и воспитното влијание врз осудениот.

Судијата побара кафе. Но кој да направи кафе? Жената на Сан-

доз умре. Полицаецот – Валдемар или Казимир – ги понуди своите

Page 59: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

59

услуги. Отиде во кујната. Судијата нè посматраше, целиот надуен и

званичен.

- Господа, господа! Зошто таа намуртеност? Цело време зборува-

те дека животот е банален, здодевен, одвратен, апсурден, безвреден,

а сега се натаживте.

Факт е, животот е баш таков. Но, јас и Сандоз потајно се сомне-

вавме дека смртта не е многу подобра. Со право. Попот нè опомена

да побараме утеха во религијата. Но Сандоз, скептичен каков што е,

рече дека религијата е опиум за народот. Што има лошо во опиумот,

се запрашав на глас. Судијата се стресе среде летаргијата.

- Ве молам. Правото на вероисповед е загарантирано со устав, но

трговијата со опојни дроги е кривично дело.

Дали би нè стрелале два пати ако по некој случај се напиеме опи-

ум или испушиме луле-две за да си ги ублажиме маките? Тоа не. Но

законот предвидува на уживателите во опиум пред извршување на

казната да им се отсече десната рака. Затоа запаливме по една цига-

ра. Но не за долго, не за долго.

Следеше уште едно непријатно изненадување. Новинарот го пра-

ша судијата кога ќе бидат извршени казните. На сеопшто изненадува-

ње, Боровски покажа исклучитлна ефикасност: треба да бидеме стре-

лани штом ќе го испие пивото. Тоа беше последното шише пиво во за-

мрзнувачот на Сандоз. За да биде поинтересно, стрелањето требаше

да се изврши на лице место. Така е похумано, сметаше судијата. По-

мина времето на нехуманите погубувања по прашливите патишта, во

морничавите ентериери. Сега тоа се прави во домашна атмосфера.

Тоа е уште една од новините на нашето судство.

Page 60: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

60

- Но таа има и лоши страни – рече судијата.

- Денес, на пример, една вештерка ја осудив на клада. За време

на извршувањето на казната пожарот се прошири и на соседната згра-

да, па мораа да интервенираат и пожарникарите. Ми беше многу не-

пријатно. Мислев дека вештерките одамна не се спалуваат. Но, се

спалувале. Вистина, многу ретко. Последен пат, ако не ме лаже сеќа-

вањето, тоа е направено во 1973 година. Но, доказите против ова беа

несоборливи. Немав избор.

Полицаецот донесе кафе.

Распоредот беше ваков: откога ќе го испиеме кафето, ќе се пре-

мине на извршување на смртната казна. Стрелачкиот строј беше иден-

тификуван као полицаецот. Во случајов имавме среќни околности –

имаме и поп. Пред да нè стрелаат, имаме право на последна желба.

Сандоз побара металик сино „порше GT“. Тоа не доаѓало предвид; ме-

ѓу другото, и продавниците беа затворени. – Јас се послужив со

итроштина. Мојата последна желба беше судијата Боровски да ни рас-

каже еден особено интересен случај од својата практика.

Запали.

- Па, ако баш морам. Имам цела антологија, но се одлучив за

еден поучен случај кој ќе ви послужи како илустрација за сложеноста

на мојата работа. Вака, еден ден еден човек, кој сакал гласно да слу-

ша музика, излегол од станот заборавајќи да го исклучи грамофонот.

Тој човек имал сосед кој практикувал да спие попладне. Тоа попладне,

заради гласната музика, не можел да заспие, па и тој излегол од ста-

нот. Сè се тоа граѓански слободи. Точно, но соседот, оној кој не можел

да заспие, сретнал на улица еден пријател кој не го видел од триесет-

Page 61: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

61

годишнината од матурата. И, наместо да оди дома како што планирал,

влегува во автомобилот со пријателот, одат во една кафеана во пред-

градието. Таму си се раскомотуваат. Нарачуваат литар вино. Па уште

еден. Па уште еден... И така, нашиот пријател пие со школскиот, а за

тоа време неговата жена во состојба на растројство пушта плин. Ска-

поцените минути минуваат, а мажот не се појавува во вообичаеното

време. Веќе е доцна да се преземе што и да е. Зашеметена од плинот,

жената не успева да стане и да повика брза помош. Набргу умира. За-

ради еден неисклучен грамофон.

Дури околу полноќ начуканите пријатели излегуваат од кафеана-

та. На една раскрсница, онака пијани, налетуваат со автомобилот на

еден машиновозач, кој ништо не насетувајќи, оди на работа. Машино-

возачот, доживотен инвалид, со скршен ’рбет, оди во во болница. Свр-

шеницата подоцна го напушта. Таа ноќ сè уште не, но еден брак, нај-

малку три сина, три војника на нашата армија – сето тоа оди по ѓаво-

лите заради неисклучениот грамофон. Но, тука не е крајот на несреќи-

те. Наместо тој машиновозач доаѓа друг; возот тргнува со задоцнува-

ње и заради тоа задоцнување во поаѓање се судира со товарен воз.

Биланс: 87 мртви, 250 полесно и потешко повредени.

На несреќите никогаш им нема крај. Еден патник кој заради задоц-

нувањето на возот се откажал од патувањето полудува од среќа што

не бил во возот, зема пушка, се качува на кровот на облакодер и поч-

нува да пука по минувачите. Притоа убива 25 луѓе. Полицијата ја опко-

лува зградата. Во конфликтот со манијакот животот го губат четворица

полицајци. Дури тогаш снајперист го погодува лудакот.

Page 62: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

62

И тоа не е сè. Бидејќи бил сензибилна личност, сфаќајќи дека

убил човек, снајперистот ја напушта работата, се предава на дрога и

почнува да препродава хероин пред едно средно училиште. Несреќа-

та секогаш покажува тенденција да се зголемува. Сплет на околности,

во оние 25 убиени се нашле осуммина Арапи. Арапските терористи,

мислејќи дека тоа е местенка на Мосад, го возвраќаат ударот што не

им беше зададен. Поставуваат бомба во зградата на аеродромот. Би-

ланс: 80 мртви. И што, Бог се налутува и за да го казни ширењето на

космичкиот неред, предизвикува земјотрес во Иран. Сите знаете: има-

ше околу 50.000 мртви. И сето тоа заради тоа што еден неодговорен

граѓанин не го исклучил грамофонот.

- Дали барем беше казнет? – праша попот. Судијата воздивна.

- За жал, не. Сè уште се наоѓа во бегство.

Page 63: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

63

13.

Полицаецот почна да го проверува пиштолот. Судијата Боровски

побара аспирин. Имал тежок ден. Како и сите ние, всушност. И попот и

новинарот чувствуваа страшни болки во главата. Полицаецот исто та-

ка доби главоболка. Од солидарност со претставникот на извршната

власт. Фала богу, аспирин имаше доволно. Затоа проголтаа по два од-

еднаш.

И Сандоз имаше главоболка. И тогаш се случи нешто интересно.

Наеднаш сите побледеа. На челата им се појавија крупни капки пот.

Рацете почнаа да им се тресат. Сандоз ме погледна. Немав претстава

што се случува. Тогаш погледот ми падна на кутијата со лекови. На-

место Aspirin пишуваше Strihnin. Значи, полицаецот, по грешка, купил

отров. Или аптекарката згрешила? Тоа ќе утври некој друг судија и ќе

им раскаже на некои идни осуденици пред извршувањето на пресуда-

та, кога Сандоз и јас ќе бидеме во бегство.

Морам да признаам, сцената беше мрачна. Толку се превиткуваа

и урлаа по подот, што моравме да го пуштиме грамофонот најгласно

што се може за да не ги вознемириме соседите. Можеби некои петнае-

сет минути. Тогаш сè се смири.

Page 64: 49813998 Светислав Басара de Bello Civili

64

Кога судиите умираат, пресудите застаруваат. Тоа барем е позна-

то. Можевме да издивнеме со олеснување. Но не.

Од темината, црни, крвави и испокинати се појавија болничари со

носилки. Попот, судијата, новинарот и полицаецот ја исполниле днев-

ната бројка од околу 2500 мртви, колку што е предвидено за оваа вој-

стемнина.

Конечно можеше да се стемни.