2
број 957 02.03.2018 www.kapital.mk ИНТЕРВЈУ СИВАКОВ: ПОГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД РАБОТЕЊЕТО НА УНИ Б ВОВЕДУВАЊЕТО НА НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ЌЕ ЈА ЗГОЛЕМИ ЕФИКАСНОСТА НА БАНКИТЕ ГОЦЕ СИВАКОВ Директор на Дирекција Информатичка технологија во УНИ Банка XКолку е работењето на Вашата банка дигитализирано и какви се придобивките од дигиталната трансформација? Поголемиот дел од работењето на УНИ Банка е дигитализирано, а насоките се кон понатамошно комплетирање и дигитализација на сите можни процеси. Дигиталната трансформација дава голем придонес за контрола во работењето и оптимизирање на банкарските процеси, како и зголемување на ефективноста на банката. Придонесот од истата може да се согледа од процесите на работењето на експозитурите, дигиталното процесирање на налозите на клиентите, обработката на кредитните досиеја, процесирање на документацијата во дигитален облик, евиденција на работното време, кои како елементи во комбинација со анализата на процесите во централата, во иднина ќе послужат за подобра контрола и анализа на процесите и можност за полесно согледување и отстранување на тесните грла во работењето на експозитурите и на банката во целост. Дигитализацијата на податоците и докумен- тацијата, дава можност за посигурно чување на истите, а истовремено и нивно побрзо обработување и користење за потребите на банката. XАко споредите со порано, што е променето во банките откако INTERVIEW Во контекст на сигурноста на користењето на електронските канали за банкарско работење, УНИ Банка од почетокот на март го воведе мобилниот токен за потпишување на електронските трансакции. УНИ Банка е меѓу првите банки во Македонија која го воведува мобилниот токен, кој е од втората генерација на мобилни софтверски токени. За разлика од првата генерација на софтверски токени кои го гарантираат само идентитетот на клиентот, втората генерација на мобилни софтверски токени, потпишуваат конкретна трансакција, т.е. освен идентитетот на клиентот се потврдува сметката на примачот и износот на трансакцијата. К

36 ИНТЕРВЈУunibank.mk/files/attachments/Intervju_Sivakov.pdf · банки во Македонија која го воведува мобилниот токен, кој е

  • Upload
    others

  • View
    5

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: 36 ИНТЕРВЈУunibank.mk/files/attachments/Intervju_Sivakov.pdf · банки во Македонија која го воведува мобилниот токен, кој е

Капитал број 957 02.03.2018

36www.kapital.mk

ИНТЕРВЈУ

СИВАКОВ: ПОГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД РАБОТЕЊЕТО НА УНИ БАНКА Е ДИГИТАЛИЗИРАНО

ВОВЕДУВАЊЕТО НА НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ЌЕ ЈА ЗГОЛЕМИ ЕФИКАСНОСТА НА БАНКИТЕ

ГОЦЕ СИВАКОВДиректор на Дирекција Информатичка технологија во УНИ Банка

XXКолку е работењето на Вашата банка дигитализирано и какви се придобивките од дигиталната трансформација?

Поголемиот дел од работењето на УНИ Банка е дигитализирано, а насоките се кон понатамошно комплетирање и дигитализација на сите можни процеси. Дигиталната трансформација дава голем придонес за контрола во работењето и оптимизирање на банкарските процеси, како и зголемување на ефективноста на банката. Придонесот од истата може да се согледа од процесите на работењето на експозитурите, дигиталното процесирање на налозите на клиентите, обработката на кредитните досиеја, процесирање на документацијата во дигитален облик, евиденција на работното време, кои како елементи во комбинација со анализата на процесите во централата, во иднина ќе послужат за подобра контрола и анализа на процесите и можност за полесно согледување и отстранување на тесните грла во работењето на експозитурите и на банката во целост. Дигитализацијата на податоците и докумен-тацијата, дава можност за посигурно чување на истите, а истовремено и нивно побрзо обработување и користење за потребите на банката.XXАко споредите со порано, што е променето во банките откако

INTERVIEW

Во контекст на сигурноста на користењето на електронските канали за банкарско работење, УНИ Банка од почетокот на март го воведе мобилниот токен за потпишување на електронските трансакции. УНИ Банка е меѓу првите банки во Македонија која го воведува мобилниот токен, кој е од втората генерација на мобилни софтверски токени. За разлика од првата генерација на софтверски токени кои го гарантираат само идентитетот на клиентот, втората генерација на мобилни софтверски токени, потпишуваат конкретна трансакција, т.е. освен идентитетот на клиентот се потврдува сметката на примачот и износот на трансакцијата.

К

Page 2: 36 ИНТЕРВЈУunibank.mk/files/attachments/Intervju_Sivakov.pdf · банки во Македонија која го воведува мобилниот токен, кој е

www.kapital.mkwww.kapital.mk Капитал број 957 02.03.2018

37

СИВАКОВ: ПОГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД РАБОТЕЊЕТО НА УНИ БАНКА Е ДИГИТАЛИЗИРАНО

се воведоа нови информатички технологии?

Банките со новите информатички технологии првенствено добија можност за подобра и побрза анализа, планирање и контрола на сопственото работење, а истовремено и анализа на потребите на сопствените клиенти. Следствено на резултатите од анализите, со новите информатички технологии можноста е неограничена за креирање на соодветни банкарски продукти според потребите на клиентите и потребите на банката. Искористувањето на новите информатички технологии првенствено ја зголеми брзината и го олесни работењето на банките во целост. Со новите банкарски системи, поедноставувањето на процесите за работа и контролите кои се воспоставени во истите, времето потребно за да се направи обука за нов вработен е сведено на минимум и нема потреба од напредно познавање на целокупното банкарско работење за работа со банкарските системи. XXКолку се зголемува интересот за електронското банкарство и од фирмите и од населението? Какви се најновите податоци за користење на електронското банкарство во УНИ Банка?

После воведувањето на електронското банкарство со новите можности и функцио-налности, интересот кај фирмите се зголемува од месец за месец. Моментално 41% од трансакциите на фирмите се процесираат преку електронското банкарство, а трендот на користење на новото електронско банкарство постојано е во пораст и кај физичките и кај правните лица. Со воведувањето на мобилната апликација за електронското банкарство веднаш се зголеми бројот на корисници од населението и тоа во две групи, корисници на пасивно и корисници на активно банкарство. Бројот на корисниците на активно банкарство се очекува да порасне со воведувањето на мобилниот софтверски токен, бидејќи цената за постоечките сертификати и хардверски токени е превисока за користење од страна на физичките лица.Во меѓувреме УНИ Банка се со цел да им излезе во пресрет на клиентите од населението преку мобилното банкарство воведе три пакети за плаќање само со лозинка, но до определени лимити, на ниво на трансакција, дневни и неделни лимити. Пакетите се воведени со цел на физичките лица да им се доближат поволностите од користењето на мобилното банкарство, задржувајќи се, со посебно внимание, кон едноставноста на плаќањата на режиските трошоци, кои во најголем дел ги опфаќаат трансакциите на физичките лица. Со воведувањето на мобилниот софтверски токен сите ограничувања на ниво на лимит ќе бидат отстранети, а со тоа се очекува зголемување на активните корисници на електронското и мобилното банкарство и кај фирмите и кај физичките лица.XXОчекувате ли електронското банкарство да ги одвикне клиентите

БАНКИТЕ & БИЗНИСОТод шалтерите а да ги навикне да ги користат компјутерите и мобилните телефони за банкарски работи?

Трендот на користење на компјутерите и мобилните телефони за банкарските работи оди во нагорна линија, но не очекувам дека за краток период комплетно ќе се одвикнат клиентите од користење на шалтерите. Сеуште нивото на информатичкото образование кај населението во Македонија и довербата во сигурноста на компјутерите и мобилните телефони за извршување на банкарски трансакции е доста ниско. Но работите се менуваат постојано, почнувајќи од помладите генерации кои своето секојдневие, работа и комуникација не можат да го замислат без мобилен телефон или компјутер. Трендот во западните земји е до 2020 година најголемиот дел од Retail работењето да биде преку електронските канали за користење на банкарските услуги. Истиот тренд се прифаќа и во Македонија, но со малку поспоро темпо. Улогата на банките во сегментот на едукација и анимирање на клиентите треба да биде поголема, а посебно да се насочи кон едукација на клиентите за користење на електронските канали на банкарските услуги, нивната предност, како и да се даде поголем осврт за сигурноста која ја имаат електронските канали доколку правилно се следат и почитуваат основните насоки за сигурност за користење на истите.XXКакви нови технологии планирате да воведете во банкарското работење, што ќе значи тоа за Вашите клиенти?

Во контекст на сигурноста на користењето на електронските канали за банкарско работење, УНИ Банка од почетокот на март го воведе мобилниот токен за потпишување на електронските трансакции. УНИ Банка е меѓу првите банки во Македонија која го воведува мобилниот токен, кој е од втората генерација на мобилни софтверски токени. За разлика од првата генерација на софтверски токени кои го гарантираат само идентитетот на клиентот, втората генерација на мобилни софтверски токени, потпишуваат конкретна трансакција, т.е. освен идентитетот на клиентот се потврдува сметката на примачот и износот на трансакцијата. Воведувањето на мобилниот софтверски токен е во насока на добивање на поголема сигурност за клиентите, полесно користење и надминување на проблемите на клиентите

со користењето на постоечките сертификати и хардверски токени. УНИ Банка овој мобилен софтверски токен ќе го нуди бесплатно за своите клиенти, се со цел клиентите да имаат побрз и посигурен пристап до електронските услуги на банката.Со овој потег УНИ Банка се надоврзува кон претходните активности на

проширување на електронските услуги кои им се понудија на клиентите преку електронското банкарство, како што е процесирањето на девизните дознаки преку електронското банкарство.Следните активности на УНИ Банка ќе бидат насочени кон нудење на можноста за отворање и затворање на трансакциски и депозитни сметки преку електронското банкарство. Истовремено УНИ Банка започнува со процесот на усовршување на банкарската апликација која се користи во експозитурите, со единствена цел за оптимизирање на постоечките процеси и побрзо опслужување на клиентите, но и добивање можност новата апликација да се користи за развој на B2B соработката на банката со компаниите на кои им се потребни банкарски услуги и сервиси, а за кои самите немаат можност да ги користат и да ги нудат на трети лица.

XXКолку македонските банки ги следат современите трендови во воведување на нови технологии во работењето?

Македонските банки во целост се трудат да ги следат современите трендови во воведување на нови технологии во работењето, но некои банки повеќе, а некои помалку, во зависност од условите кои ги имаат. Без воведувањето на новите технологии нема можност за поедноставување и оптимизирање на процесите, а со тоа и нема можност за зголемување на ефективноста во работењето на банките. Затоа целта на македонските банки во најголема мерка е да ги следи и воведува современите и нови технологии во работењето.Во тој контекст УНИ Банка започнува со процесот за надоградување на постоечката банкарска апликација Oracle FLEXCUBE 7, со новата Oracle FLEXCUBE 12, со што УНИ Банка ќе има можност побрзо и поедноставно на клиентите да им понуди нови, различни и поатрактивни продукти, а воедно ќе има можност за подетална анализа и оптимизирање на ефективноста на работењето на банката во целост. nnn

УНИ Банка започнува со процесот за надоградување на постоечката банкарска апликација Oracle FLEXCUBE 7, со новата Oracle FLEXCUBE 12, со што УНИ Банка ќе има можност побрзо и поедноставно на клиентите да им понуди нови, различни и поатрактивни продукти, а воедно ќе има можност за подетална анализа и оптимизирање на ефективноста на работењето на банката.