68
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА 90 денари / БРОЈ 186 / ПЕТОК 29.06.2012 година VIII Зеленото е добро, но синото е подобро Холандија јован ивановсКи: ЗАХА ХАДИД СТАНА ДАМА Сентиментална архитектонска креација

Порта3, 186

  • Upload
    porta3

  • View
    264

  • Download
    7

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Списание за градежништво, архитектура и екологија

Citation preview

Page 1: Порта3, 186

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ 1

86 /

ПЕТ

ОК

29.0

6.20

12 го

дина

VIII

Зеленото е добро,

но синото е подобро

Холандија

јован ивановсКи:

ЗАХА ХАДИД СТАНА ДАМА

Сентиментална архитектонска

креација

Page 2: Порта3, 186

ПОРТА 29 јуни 201232

2

рубрика

Page 3: Порта3, 186

БРОЈ 186 ПЕТОК 29.06.2012 ГОДИНА VIII

Овогодишната награда на БИМАС за реализирана внатрешна архитектура - ентериер припадна на „Постојана изложбена поставка - Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија“. Реализацијата на проектот се должи на воспоставената соработка помеѓу индивидуи со три разнородни професии, израелскиот дизајнер Едвард Џејкобс, професорот д-р Мајкл Беренбаум и архитектот Јован Ивановски. По тој повод, разговаравме со Јован Ивановски за да ни го пренесе своето искуство во креирањето на едно вакво нетипично архитектонско остварување кај нас. Веќе традиционално, по шести пат, како што впрочем и во изминатите години е пишувано во нашето списание, група сродни факултети од земјите во регионот организираат заеднички собир под име ГЕОРЕКС, што е кратенка од ГЕОтехнолошки РЕгионален Конгрес на Студенти. Собирот се одржува еднаш годишно, а учесниците на конференцијата се студенти на геотехнолошките факултети кои ги презентираат своите авторски трудови напишани под менторство на своите професори и/или асистенти. На регионалниот настан учествуваа и студенти од

Градежниот факултет од Скопје. Неизбежното зголемување на морското ниво што доаѓа како последица од климатските промени и предизвикува катастрофални поплави, наместо „ниската“ Холандија да ја проколнува како своја судбина, таа ја размислува за иднината односно „зошто мора да се живее на копно?“. Холандските инженери и архитекти му покажуваат на остатокот на светот како непогодата може да се претвори во можност постанувајќи држава која лебди. На 16 јуни во Лондон се прослави официјалниот роденден на Кралицата Елизабета Втора. Традиционално, на овој ден се објавува и листата на одликувања за заслуги во различни области кои ги доделува кралицата. Во оваа пригода со високо британско признание се стекна и големата Заха Хадид. Таа ја доби титулата DBE (Dame Commander of the Most Exceelent Order of the British Empire) за својот придонес во служба на архитектурата, со што големата архитектка стана Дама Заха Хадид.

од редаКцијата

драги Читатели,

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ 1

86 /

ПЕТ

ОК

29.0

6.20

12 го

дина

VIII

Зеленото е добро,

но синото е подобро

ХОЛАНДИЈА

ЈОВАН ИВАНОВСКИ:

ЗАХА ХАДИД СТАНА ДАМА

Сентиментална архитектонска

креација

Насловна страница: минијатурна градина

Изработка: SIMPLY SUCCULENTS, ВИСКОНСИН, САД

Редакција:

главен и одговорен уредник:Дејан БУЃЕВАЦ

новинари:Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

надворешни соработници:Ангел СИТНОВСКИАлександар АНДОВСКИАлександар ЧЕРЕПНАЛКОСКИАлександра ШЕКУТКОВСКААнастасија НИКОЛОВСКААндреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌБојана ФИЛИПОВИЌВладимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА)Даниела МЛАДЕНОВСКАДраган РИСТОВЃорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА)Кире КИПРОСКИМихаил ТОКАРЕВНикола НЕШКОСКИСандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВАСашо КУЗМАНОВСКИТрајче СТОЈАНОВФилип ФИЛИПОСКИФранческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

графички уредник:Дејан ДАВИТКОВ

фоторепортер:Кире ПОПОВ

лектор:Костадинка СОЛЕВА

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседателпроф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА,дипл.град.инж.Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх.Александра ПЕТРОВСКАдипл.инж.арх.проф. д-р Катерина ДОНЕВСКАдипл.град.инж.

Издавач: „Биропрес“ ДОО СкопјеУл. Васил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924e-mail: [email protected]

Печати: Европа92 - Кочани

Маркетинг: Биро Проект[email protected]@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.

жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД СкопјеЕДБ: 4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.

22

38

СКОПЈЕ 08НА БАРАКИТЕ ИМ ПРОЈДЕ РОКОТ,

ВИСОКОКАТНИЦИ СЕ ВО МОДА

ГРАДЕЖНИШТВО 14ПОВТОРНА „ОКУПАЦИЈА“ НА

НИШ ОД МАКЕДОНЦИ

АРХИТЕКТУРА 22„ЗЕЛЕНОТО Е ДОБРО, НО

СИНОТО Е ПОДОБРО“

ИНТЕРВЈУ 26ЈОВАН ИВАНОВСКИ - СЕНТИМЕНТАЛНА

АРХИТЕКТОНСКА КРЕАЦИЈА

РЕПОРТАЖА 34ПОДЗЕМНИОТ ГРАД ДЕРИНКУЈУ

И ДЕВОЈЧЕТО СО КУКЛИТЕ

ТЕХНОЛОГИИ 38ТРИ ДЕЦЕНИИ ВО СЛУЖБА

НА ИНЖЕНЕРИТЕ

ЕКСПЕРТ 40ТИТУЛА ДАМА ЗА ЗАХА ХАДИД

ХОРТИКУЛТУРА 56МИНИЈАТУРНИ ГРАДИНИ 40

26

56

Page 4: Порта3, 186

ПОРТА 29 јуни 201234

4

рубрика

Page 5: Порта3, 186

29 јуни 2012 ПОРТА3 5

5

Page 6: Порта3, 186

инфо

ПОРТА 29 јуни 201236

6

Штедењето електрична енергија во нашата држава секогаш претставувало проблем. Можеби затоа што луѓето не

се доволно запознаени со тоа како да ја штедат. Поголемиот број од населението смета дека само со намалено вклучување на светилките или пак на болјерите ќе се заштеди нешто. На овие и други теми, се одржа семинар „Стандарди за одржливи проекти на енергетска ефикасност и употреба на обновливи извори на енергија“ во организација на Стопанската комора на мал бизнис на Македонија. На семинарот со свои презентации беа поканети двајца гости од Република Словенија, како и четворица наши претставници. По свеченото обраќање на претседателот на Стопанската комора Слободан Софески, најпрвин се претстави м-р Игор Ристовски од „Еко Груп“. Тој зборуваше за системите за менаџмент на енергија во согласност со стандардот ISO 5001:2011, и преку разни примери истакнуваше на овој стандард кој се стреми да постигне подобро искористување на енергијата и создавање на нови иновативни енергетски ефикасни технологии. Следен дискутант беше м-р Христина Оџаклиевска, која пред присутните зборуваше на тема „Одржлив развој - Зелена економија“, односно за инвестирањето во природниот

капитал. Според неа, зелената економија со тоа што ја препознава вредноста на природниот капитал инвестира во самата неа. Потоа следеше првиот претставник од Република Словенија д-р Марко Крајнц, директор на „Енергетика Вранско д.о.о.“, кој присутните ги запозна со малата општина Вранско. Тој истакна дека со самото тоа што 77% од општината е шума, свеста на луѓето е на мошне високо ниво кога е во прашање заштитата на околината. Основното училиште функционира како еко-школо. Системот на далечинско греење на биомаса во оваа словенечка општина претставува пример на модерното и ефикасно користење на биомасата за производство на енергија. Според Крајнц, домаќинствата се задоволни во врска со ваквото греење и во тек е приклучување на уште 78 станови на овој систем. Исто така, се планира изградба на девет екопасивни куки. Франц Песјак, директор на фирмата „Термотехника“, беше вториот претставник од Република Словенија. Тој зборуваше за проекти за употреба на топлотни пумпи во индустријата и туризмот. Според неговото искажување, оваа пумпа работи исто како фрижидерот. Ја одзема топлината од околината и ја става на поголемо температурно ниво за греење куќи или санитарни води. Топлинската пумпа го намалува трошокот за греење за 35-70%. Покрај тоа што ги загрева санитарните води овозможува и ладење на одбрани

простории. Понатаму, со презентација за фотоволтаиците и за нивната економска оправданост и примена на присутните се обрати м-р Петре Ристески. Тој зборуваше за фотоволтаичките ќелии, кои директно ги претвораат сончевите зраци во електрична енергија. Во однос на примената, според него, фотоволтаиците можат да се инсталираат на многу места. Како најосончени држави во светот се сметаат Македонија и Калифорнија. Како последен дискутант на овој семинар се претстави Васко Стевоски од скопската фирма „Винт“. Тој зборуваше за можноста за енергетски ефикасно јавно осветлување. Според него, со далечинското управување на уличната расвета се намалуваат трошоците за одржување и за електрична енергија. Се работи за систем кој е лесен за употреба и со кој се зголемува и јавната безбедност. Исто така, овозможува брзо отстранување на секаков проблем со осветлувањето. Учесниците на настанот, пред потенцијалните партнери и спонзори, ги промовираа своите проекти и идеи за кои можат да добијат евентуално поддршка од достапните фондови за енергетска ефикасност на Европската комисија – CIP - Competitiveness and Innovation Framework Programme. Настанот беше во координација со иницијативата Sustainable Energy Europe и претставува официјален EUSEW Energy Day 2012 Macedonia во рамките на годинашната Sustainable Energy Week 18-22 June 2012.

семинар

Ефикасно користење на природните ресурси

Page 7: Порта3, 186

инфо

29 јуни 2012 ПОРТА3 7

7

Сувоземниот транспорт придонесува кон глобалното затоплување

„Паркот на езерата“ во населба Аеродром

Лилјана Шекеринска, специјалист за транспорт при канцеларијата на Светска банка во Скопје

Сувоземниот транспорт - патниот и железничкиот придонесуваат значително кон глобалното затоплување, но исто така се ранливи на влијанијата на климатските

промени. На 14 јуни 2012 година во хотелот „Холидеј ин“ се одржа работилница со цел да се оцени постојната и потенцијалната идна ранливост на патиштата и железницата во Македонија на промените на климата, и

тоа за мерените промени на климатските параметри, како и за определени сценарија за климатски промени во иднина. Генерално, транспортниот систем може да се справи со големиот опсег на варијации на климата кои се случиле во Македонија. Но, постојат прашања поврзани со екстремно високите и ниските температури на определени локации, кои предизвикуваат оштетувања на инфраструктурата. Овие проблеми поврзани со поплавите и

одводнувањето, шумските пожари, како на пример во 2007 година, може исто така да предизвикаат проблеми во употребата на транспортната инфраструктура. Работилницата претставува клучен дел од програмата на Светската Банка „World Bank Green Growth and Climate Change Analytic and Advisory Support Program“, со цел изработка на акционен план за зголемување на адаптибилноста на транспортниот сектор кон климатските промени.

Во непосредна близина на спортската сала „Јане Сандански“, на кејот на реката Вардар, пуштен е во употреба новиот „Парк на езерата“. Се работи за еден од најголемите

паркови, распространет на околу 11 илјади квадратни метри, од кои околу 1.800 квадратни метри се водена површина со четири езерца. Во централниот простор на паркот на подигнато плато сместено е најголемото езерце, кое се простира на околу 900 квадратни метри, а содржи две фонтани во централниот дел, кои се прелеваат една во друга. Во средината на централната фонтана е поставена метална модерна скулптура со форма на симболот на Општина Аеродром. Во најмалото езерце има поставено украсно соларно дрво со светлечки ефекти, додека останатите две езерца содржат по два водопади, мост и гејзери. Зеленилото се простира на 5.420 метри квадратни, а за негово наводнување,

како и за полнење на езерата ќе се користат три бунари ископани за потребите на паркот. Пешачките патеки со површина од 3.795 метри квадратни се поплочени со различни типови гранит, базалтни коцки, кулир и бехатон.Паркот е збогатен со архитектонски, партерни и хортикултурно уредени површини, со жардиниери,

места за седење, 60-тина клупи, корпи за отпадоци и друга урбана опрема, осветлен со канделабри и рефлектори. Станува збор за еден од најголемите паркови во државата со автоматско наводнување. Изградбата на паркот на езерата, чини 60 милиони денари, обезбедени од буџетот на Општина Аеродром.

работилница

Page 8: Порта3, 186

скопје

ПОРТА 29 јуни 201238

8

општините ќе ги менуваат своите работни простории

Катните гаражи со поделена сопственост

На бараките им пројде рокот, висококатници се во мода

Државата и приватниците конкуренти за паркирање

Катните гаражи што се предвидени да никнат во централното градско подрачје ќе ги направат конкуренти државата и приватниците. Од колачот наречен „катни

гаражи“ пет се државни, а пет приватни. Централното градско подрачје ќе добие десетина катни гаражи кои ќе бидат распоредени во радиус од еден километар, а во нив ќе има место за околу 3.500 возила. Објектите, повеќето со барокна фасада, се поделени меѓу приватни инвеститори и државни институции. Најголем приватен инвеститор е фирмата „Макоил“, која ќе

биде газда на четири катни гаражи, а од пред еден месец во листата сопственици на ваков објект се запиша и „Никофон“. „Макоил“ веќе ги подготвува локациите кај НУБ „Св.Климент Охридски“, ТЦ Веро и две на плоштад кај МЕПСО и „Метропол“. „Никофон“, пак, станаа сопственици на просторот кај „Автомакедонија“, каде исто така ќе се гради катна гаража. Приватните инвестори ќе вложат над 20,5 милиони евра во бизнисот со катни гаражи за над 1.000 паркинг места. Најголема катна гаража која ќе ја градат приватни инвеститори е онаа кај МЕПСО на плоштадот Македонија, која ќе биде наменета за околу 300 возила. Оваа

гаража ќе биде автоматизирана и е најавена како една од најсовремените катни гаражи на Балканот. Вредна е речиси шест милиони евра, а главна карактеристика, освен автоматизираноста, и е фасадата во барок, поради потребата да се вклопи со останатите објекти од проектот „Скопје 2014“. Зафаќа површина од 8.229 квадрати. Државните и локалните власти, пак, ќе градат двојно повеќе паркинг места и за тоа ќе потрошат, исто така, двојно повеќе пари. Сумата што ќе ја потрошат државните и локалните органи се приближува до 50 милиони евра за бројка од околу 2.400 паркинг места. Околу 25 милиони

Најнова мода во наредната градежна сезона ќе биде изградба на административни објекти во кои ќе се сместат општинските администрации. Неколку „клучни“ општини

на чело со главните, Град Скопје, веќе бараат кој да им ги изгради објектите во кои ќе се сместат нивните вработени. Старите, руинирани бараки стари и по 50 години ќе се заменуваат со нови модерни решенија, некои стаклени, други барокни, а можеби ќе има и некоја трета варијанта.

Како и да е, општините Центар, Карпош, Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров и Кисела Вода ќе се натпреваруваат кој ќе има поубава и поголема општинска зграда. Но, повеќе од јасно е дека доколку нивните сегашни челници загубат на локалните избори идната година тогаш лезетот да уживаат во новоизградените објекти ќе го имаат идните градоначалници. Постапката за изградба на нова општинска зграда веќе ја почна Центар, но немаше ниту еден заинтересиран инвеститор на јавното наддавање за

продажбата на старите бараки каде што требаше да се изгради новиот објект. Почетната цена за парцелата од 7.580 квадрати беше 2.800 денари, а инвеститорот, освен општинска зграда, има можност да изгради и трговски, деловни, угостителски и објекти од областа на културата, на кои максималната дозволена висина им е 55 метри односно приземје и 15 ката. Направена е измена и во поделбата на земјиштето. Првиот пат за општината беше предвидено да има 60 отсто од целата парцела, а сега нејзиното

Page 9: Порта3, 186

скопје

29 јуни 2012 ПОРТА3 9

9

евра ќе потроши Градот Скопје, Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор околу 16 милиони евра, а општина Центар пет милиони евра. Она што последно како одлука го донесе општина Центар, е да се гради уште една катна гаража кај училиштето „Браќа Рибар“. Деталниот урбанистички план дозволува објектот да достигне висина до 12 метри, односно да има приземје плус три ката. Урбанистичкиот план и во овој случај го предвидува барокот како стил при оформување на фасадите на објектите. Според најголемиот инвеститор во катни гаражи меѓу институциите, Градот Скопје, новите катни гаражи нема да зјаат празни и не се планираат посебни мерки за да се санкционираат несовесните возачи. Паркинг простор во центарот недостасува веќе подолго време, а катните гаражи биле решение по експертски препораки.

к.с.Т.

учество е намалено на 51 процент. Ова беше втор обид да се најде инвеститор за оваа атрактивна локацијата, за што беше намалена и почетната цена од 100 евра на 2.800 денари по квадратен метар. Исто така, пропадна продажбата и на градежно земјиште во Реонскиот Центар Аеродром на кое приватен инвеститор ќе можеше да гради објект со комерцијални и деловни содржини, а воедно требаше да преземе обврска и за изградба на административна зграда за потребите на општина Аеродром. Новата општинска зграда треба да никне на соседната парцела, во согласност со проект изготвен

од страна на локалната самоуправа. За разлика од Центар и Аеродром на општина Карпош и се наместија коцките, па тамошните челници успеаа својот објект да го продадат за три милиони евра. Општината ќе има обврска да го отстапи објектот на новиот сопственик во почетокот на идната година, а во меѓувреме распиша тендер за изградба на нов административен објект на местото на некогашните бараки во Карпош 3. Според јавниот оглас, изведувачот најдоцна до 4 јули ќе треба да достави понуда за изградба на објект. Новата општинска зграда ќе се гради по проект изработен од архитектонските студија

„СКАрС“ и „Архитектри“, кои победија на конкурсот за избор на идејно решение за објектот спроведен пред две години.Општинската зграда ќе се простира на околу 7.500 метри квадратни и ќе има две подземни нивоа, приземје, три ката и поткровје. Покрај службениците од општина Карпош, во објектот ќе се смести и матичната служба, додека главниот влез е предвиден за простор кој ќе се користи како собиралиште од јавен карактер. По примерот на Центар, Аеродром и Карпош, и администрацијата на Гази Баба има намера да се спаси од старите бараки и да се всели во нова општинска зграда. Наесен планира да распише меѓународен тендер за приватно-јавно партнерство. Општината Ѓорче Петров дури по петтиот обид успеа да се договори за изградба на нова зграда заедно со приватен инвеститор. Објектот ќе се гради на 15 илјади квадратни метри спроти трговскиот „СП Планет“. Од вкупната површина на општинарите ќе им припаднат шест илјади квадратни метри. Од општината Кисела Вода најавија изградба на објект со приземје и два ката, за што поднеле иницијатива до Министерството за локална самоуправа да им се додели локација, по можност онаа на старото кино, кое не функционира со децении. Општини кои веќе неколку години се вселени во нови згради се Чаир и Бутел. Првите за нова зграда платија околу еден милион евра, а вторите два милиона евра. Градската куќа веќе неколку месеци е во изградба. Цената на градската инвестиција е 13,5 милиони евра.

к.с.Т.

Page 10: Порта3, 186

региони

ПОРТА 29 јуни 2012310

10

легенди

Штипските „баби“ добиваат туристички белег

Драган рисТов

Легендата вели дека баба излегла со овци во последната зимска ноќ и замрзнала. Како сведоштво за „вистинитоста“ на преданието, со децении постојат камени баби. Од запуштена отпадна локација просторот се претвора во потенцијал за туризам.

Постојат нешта во кои природата вмешала прсти, но заради човековата перцепција, приказните за различни митови и легенди, за луѓе и места, добиваат

поинаква перспектива. Не е чудно што на одредени формации им даваме човекова или животинска димензија, поврзувајќи ги со настани од минатото и сегашноста. Најчесто, тоа го правиме од суеверие, од верување во натприродноста на одредени појави, настани и предмети или пак едноставно, одредувајќи вредности кои треба да траат со генерации. Штип располага со културно-историски споменици, но кога се во прашање митовите и урбаните легенди, исто така постојат низа преданија и раскажувања.

Во поновата историја, постои една легенда поврзана со една од помладите населби во градот која е наречена „Баби“. Оваа легенда, наскоро ќе добие и свој уреден локалитет. Но, најнапред за легендата. Населбата „Баби“ датира од крајот на 70-тите години на минатиот век. Значителна експанзија доживува во 80-тите години, со новите урбанистички планови со кои најголем дел од индивидуалните куќи се лоцирани во оваа населба. Легендата за тоа како населбата „Баби“ го добила името, оди некако вака. Последната календарска зимска ноќ една баба тргнала со своите овци на пасење. Но, домашните ја предупредиле да не преноќува, бидејќи зимата сè уште трае и времето е студено. Бабата не послушала, и додека била под отворено небо со овците, налетала „баба

Марта“ и донела силен снег и виулица. Бабата и овците замрзнале на самото место, а како увид во ваквата легенда, до денес стојат обликувани камени склуптури кои потсетуваат на бабата и овците. По теркот на кратовските куклици (кои се побројни и директен резултат на геолошките промени), штипските „баби“ и ден-денес стојат на излезот од оваа населба кон Кочани. Евидентен е едниот камен кој наликува на склупчена жена со шамија на глава, околу која има други грамадни камења кои асоцираат на замрзнати или скаменети овци. Никој не знае како настанале камењата, но јасно е дека не се продукт на човечка рака. Најверојатно се производ на природните процеси, но тоа не спречило бројните асоцијации на илјадници луѓе да им втемелат „историска живост“ и

Page 11: Порта3, 186

региони

29 јуни 2012 ПОРТА3 11

11

од нив да направат поинакви експонати. Локацијата што со генерации се прераскажуваше и ги пречекуваше сите нови жители, со тек на времето беше претворена во шут и отпад. Дел од камењата беа потрупани со земја, дел затрупани со ѓубре, сè до пред неколку години кога од другата страна на патот, на само 100 метри, беше направена нова црква и фудбалски стадион на локалниот клуб. Посетеноста на црквата и на фудбалските натпревари ги врати камените „баби“ во живост, па сè почесто се забележуваа љубопитни граѓани како ја посетуваат локацијата и се обидуваат да пронајдат остатоци од камењата. Тоа беше причина и да се побараат средства за уредување на локалитетот и давање на туристички предизвик на оваа локација, која ја имаат посетено и

странци, но најчесто ја фотографираа како доказ за штипската (македонската) неспособност да направат туристичка понуда и атракција. Како што беше ветено, во програмата на ЈП „Штип проект“ за оваа година, влезе и обновата и реконструкцијата на оваа локација. Првично беше работено на тротоарот, кој е изграден до половина, а во меѓувреме додека се чека негово завршување, започнаа активностите за уредување на локацијата со камените „баби“. - Најнапред е расчистен локалитетот, отстранет е целиот отпад и се откопани запуштените камени баби. Сега сме во фаза кога локалитетот се оградува со природен камен и цемент, за да биде во согласност со локацијата. Ќе се направи и природна чешма, по примерот на старите

градски чешми, а ќе бидат поставени и клупи за да можат и жителите, но и заинтересираните посетители да се одморат и да дискутираат во соодветен амбиент за ова место – изјави Тони Јовев, директор на ова јавно претпријатие. На иницијатива и на барање на жителите, ќе бидат поставени и инфо-табли на кои ќе пишува сè за легендата за бабите, со цел и луѓе од други градови и краишта да знаат дека не станува збор за вообичаено место, туку за нешто кое сепак е поврзано со легенда која во себе има свој корен, своја традиција и своја иднина. Кој знае, можеби живите баби повторно ќе ги заспиваат внуците со легендата за непослушната баба, секогаш кога ќе сакаат да ги одвратат од доцни лутања и игри на снегот.

Page 12: Порта3, 186

ПОРТА 29 јуни 2012312

12

градежништво презентација на производите на тондаХ

Хармоничен и медитерански стилЌерамидите на ТОНДАХ се единствени кои нудат сигурност, заштита и благопријатност. Во мислите на секој човек треба да се разбуди сознанието дека ТОНДАХ е специјалист во својата дејност, сигурен и единствен во Македонија и пошироко. Во центарот на сите активности компанијата ги става купувачите, поаѓајќи од нивните потреби и желби.

Моника иЛиевска

Компанијата ТОНДАХ Македонија АД од Виница, единствениот производител на глинени ќерамиди во Македонија, неодамна во Охрид одржа презентација

на производи. На презентацијата зедоа учество претставници од општините Охрид и Струга, началници на урбанизам, претставници на Музеј и завод Охрид, голем број архитекти од регионот, градежни фирми и деловни партнери. Гости на овој настан беа и директорот за продажба на целата групација ТОНДАХ, г. Мартин Олбрих од

Австрија, координаторот за продажба на Југоисточна Европа, Јасмин Хошо од Босна и Херцеговина, како и колеги од ТОНДАХ Србија, ТОНДАХ Бугарија и Албанија.ТОНДАХ Македонија АД од Виница е членка на групацијата ТОНДАХ Глајнштетен АД од Австрија, која има околу 2.400 вработени и е застапена со 34 фабрики во 11 земји во централна и југоисточна Европа, специјализирана за производство на покривен материјал од печена глина - ќерамиди. Уживајќи ја убавината, што со посебна моќ зрачи од градот Охрид и околината, преку заедничкото дружење, ТОНДАХ

Македонија успеа на присутните да им ја презентира иновативноста како основна одлика на компанијата, развивајќи притоа производи за сечиј вкус и архитектонски стил. Новите производи на преден план ја ставаат користа на производите за секој поединец, без разлика дали тие ќе бидат наменети за покривање на нов објект или пак ќе бидат наменети за санација на покрив. Следејќи го современиот тренд, тие не ја ограничуваат слободата на архитектите во нивното проектирање. Презентацијата беше со цел да се истакне долгорочната вредност на природните материјали, меѓу кои спаѓа

Page 13: Порта3, 186

29 јуни 2012 ПОРТА3 13

13

градежништво

и ќерамидата како природен, еколошки и долговечен покривен производ од печена глина, која нуди сигурност, заштита и благопријатни услови за живеење. Затоа е неопходно и градот Охрид да го земе предвид овој аргумент, како многу важен сегмент во регулативата, објектите (фамилијарни куќи, станбени т.е. социјални или колективни згради, хотели, викендици, вили итн.) да се покриваат исклучиво со природни материјали од печена глина т.е. со ќерамиди, а не со лим или други видови на покривни материјали. ТОНДАХ Македонија, покрај домашните производи за кои не е потребно посебна реклама бидејќи сите добро ги знаат, пред јавноста ги претстави и производите што го истакнуваат тосканскиот, односно медитеранскиот стил во регионот, во кој припаѓа и градот Охрид со својот автентичен изглед. Бидејќи Охрид е град заштитен од УНЕСКО, тој не смее да ја изгуби убавината што ја има, во конкретениот случај тоа се однесува на стариот град. Затоа, ТОНДАХ Македонија искористи шанса да ги претстави производите што се произведуваат во ТОНДАХ Србија и ТОНДАХ Хрватска, кои ќе го сочуваат медитеранскиот изглед на градот Охрид и пошироко. А, тоа се ќерамидите Медитеран Плус, која се произведува во ТОНДАХ Србија и Венера која се произведува во ТОНДАХ Хрватска, ќерамиди облагородени во најразлични бои (енгоби и глазури). ТОНДАХ на градот Охрид му подари 3.000 парчиња Медитеран плус ќерамиди, за санација на објект со историско значење. Која е пораката што ТОНДАХ Македонија сака да ја пренесе до своите целни групи? Во мислите на секој човек треба да се разбуди сознанието дека ТОНДАХ е специјалист во својата дејност, сигурен и единствен во Македонија и пошироко. Во центарот на сите активности компанијата ги става купувачите, поаѓајќи од нивните потреби и желби. Сигурен во своите решенија кои имаат висока вредност, бидејќи секоја индивидуа може да се пронајде во широката палета на производи кои ги нуди. А сонот на секоја индивидуа е да изгради сигурен и топол дом за своето семејство. Дом кој ќе трае со генерации, а тоа е најголемата вредност која може да се даде на секоја индивидуа т.е. човек.На крај може да се каже дека ТОНДАХ се одликува со висококвалификувани кадри, има секогаш професионален настап пред своите купувачи, располага со висококвалитетни производи. Тоа се одлики кои ТОНДАХ го прават лидер на сите пазари кај што е присутен!

Page 14: Порта3, 186

ПОРТА 29 јуни 2012314

14

адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467e-mail: [email protected]/izgradba

ПАРКИНГ СИСТЕМИ

градежништво

ГЕОРЕКС 2012: ПОВТОРНА „ОКУПАЦИЈА“ НА НИШ ОД МАКЕДОНЦИВо организација на Градежно-архитектонскиот факултет во Ниш, веќе традиционално се одржа ГЕОРЕКС во период 21-23 јуни, а освен организаторот, учествуваа и студенти од Рударско-геолошко-градежен факултет во Тузла, Градежен факултет - Скопје, Градежен факултет - Подгорица, Градежен факултет - Осијек и Рударско-геолошки факултет - Белград ивана никоЛовска, Марија Доцевска, Борислав ЃоШевски,

студенти на Градежен Факултет при УКИМ, Скопје

Веќе традиционално, по шести пат, како што впрочем и во изминатите години е пишувано на овие страници, група сродни факултети од земјите во

регионот организираат заеднички собир под име ГЕОРЕКС, што е кратенка од ГЕОтехнолошки РЕгионален Конгрес на Студенти. Собирот се одржува еднаш годишно, а учесниците на конференцијата се студенти на геотехнолошките факултети кои ги презентираат своите авторски трудови напишани под менторство на своите професори и/или асистенти. На тој начин, освен развивање на истражувачки дух, се вежбаат и вербално изразување и презентациски способности. Оваа година, во организација на тамошниот Градежно-

архитектонски факултет, ГЕОРЕКС се одржа во Ниш во период 21-23 јуни, а освен од организаторот, учествуваа и студенти од Рударско-геолошко-градежен факултет во Тузла, Градежен факултет – Скопје, Градежен факултет – Подгорица, Градежен факултет – Осијек и Рударско-геолошки факултет – Белград. Во неговите рамки е издаден Зборник со 17 трудови изработени од страна на 44 студенти кои практично ги опфаќаат сите аспекти од геотехнологијата: градежништво, рударство и геологија. Конгресот беше отворен со обраќања на претставници од Министерството за наука и технологија и Организациониот одбор. По повиканата воведна презентација за текот на изградбата на Мост на Ада на реката Сава во Белград, следеа излагањата на научните

и стручните трудови на учесниците, меѓу кои и трите трудови изработени од студентите на Градежниот факултет – Скопје, а во кои беа разработени следниве теми: Геотехнички услови и фундирање на облакодери во Скопје, изработено од студентите Борислав Ѓошевски, Бојан Стрезовски и Ивана Николовска, а под менторство на асс. м-р Јован Бр. Папиќ, каде е разработена проблематиката на темелење на повеќекатници со големи висини кои, заради мала длабочина на вкопување, е предвидено да бидат темелени на колови конструкција. Сериозноста на објектот бара висококвалитетен третман од геотехнички аспект кој се огледува во комплексни теренски, лабораториски и канцелариски работи, што подразбира реализирање на геофизички истражувања, in-situ опити, пробни товарења, како и лабораториски испитувања. Со сите нив се констатирани поволни геотехнички услови за фундирање на колови со голема должина, во услови без подземна вода во градежната јама, а со напредни материјални модели е покажано дека на одредени нејзини делови нема потреба од подградување. Современи методи за изведба на подземни сообраќајници, изработено од студентите Бојан Јаневски, Лазо Лафазановски, Вера Тасева и Марија Доцевска, а под менторство на асс.м-р Златко Зафировски. Во трудот е опфатена методологија и механизација за градење на подземни сообраќајници. Притоа,

Page 15: Порта3, 186

29 јуни 2012 ПОРТА3 15

15

адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467e-mail: [email protected]/izgradba

ПАРКИНГ СИСТЕМИ

градежништво

даден е осврт на сите предности со нивна изградба, но и проблеми кои може да се јават при изведба. Прикажани се методи за иградба, а акцент е даден на современите технологии за изведба на истите: Cut-and-cover и Tunnel-boring-machine. Вториот дел од презентацијата го опишува решението за изведба на подземната сообраќајница во Скопје, со разгледани повеќе алтернативни решенија и акцент ставен на оптималното решение. Оценување на Еврокод 7 и 8, преку анализа на пример на широк темел, изработено од студентот Кирил Милошевски под менторство на доц.д-р Јосиф Јосифовски, при што е претставена студија и анализа на плочест темел товарен со наклонет товар со примена на ЕC 7 и 8. Анализата вклучува повеќе проектни постапки (DA) и преземање на соодветни парцијални коефициенти, како и некои предложени од EC. Исто така, темелот како пример е преземен од примерот даден од страна на Европски Технички комитет 10. Гранична состојба на лом (ULS) како и гранична состојба на употребливост (SLS) се изведени според Еврокод 7, а граничната состојба на оштетување во однос на Еврокод 8. Во овој труд е направена и анализа и споредба на проектните концепти од EN 1997-1 во однос на македонските

стандарди, како и преглед на асеизмичко проектирање, според EN1998-5. Второ повикано предавање, а кое се покажа ефектно и за понатамошно организирање на ГЕОРЕКС, беше и она на асистентот Златко Зафировски од Градежниот факултет во Скопје, во кое е прикажан развојот и напредокот на ГЕОРЕКС од 2007 до 2011 година. Помеѓу останатото, беше даден и осврт на основните начела на ГЕОРЕКС, а кои се потврдија и со овогодишниот:

• Овозможување на квалитетните студенти да се вклучат во научно-истражувачки дејности, да пишуваат и објавуваат трудови кои подоцна би им послужиле како референци; • Оспособување да работат како истражувачи на факултети, институти, лаборатории и слични институции во земјата, регионот и светот;• Поврзување на институции кои образуваат сличен профил на инженери, на ниво на студенти, професори, како и на меѓуинституционално ниво;• Размена на искуства, презентација на достигнувања, усогласување на планови и програми, размена на студенти, можности за соработка, стипендирање и сл.

Во завршниот дел од конгресот беа претставени научно-истражувачките

проекти кои се реализираат на Градежно-архитектонскиот факултет во Ниш, а и секој од присутните ментори даде сличен осврт за матичниот факултет. Покрај презентирањето на научните трудови, согласно програмата на конгресот, беа реализирани и посети на истакнати градежни претпријатија, каде студентите се запознаа со нивните искуства и актуелни активности, а патем посетија и повеќе објекти во изградба или реконструкција. Воедно, домаќините се потрудија да организираат и посета на културно-историски знаменитости на градот и околината, како што се Медијана, Ќеле кула и Тврдината, а патем и да ги запознаат гостите со Ниш. Секако, неодминлива беше и посетата на култната реновирана спортска сала Чаир, која денес и самите нишлии ја нарекуваат „македонска“. Учесниците на ГЕОРЕКС 2012 констатираа дека, покрај истражувањето и презентирањето на трудовите, е стекнато едно големо искуство и дека се проширени познанства со луѓе со кои во блиска иднина може да се оствари потесна соработка. Од таа причина, препорачливо е помладите колеги поинтензивно да работат и да ја продолжат оваа традиција на ГЕОРЕКС која освен од научен, е и од културно-забавен карактер.

Page 16: Порта3, 186

градежништво

ПОРТА 29 јуни 2012316

16

станбен КомплеКс „гранд престиж“ - лоКалитет алумина, сКопје

Првите станари до крајот на годинаваСтанбениот комплекс е архитектонско и дизајнерско решение на проектанскиот тим на ДПГ „Импексел 2“. Инвестицијата на станбениот комплекс „Гранд престиж“ чини 60 милиони евра, и е инвестиција на двете фирми партнери „Импексел 2“ и „Еуроактива“. Kомплексот содржи шест екслузивни станбени згради со висина - приземје, 8 ката и поткровје, секоја изградена на парцела од околу 4000 м2. Секој објект има по три влеза со 50-60 станови по влез. На продажба ќе се понудат речиси илјада станови со површина од 45 м2 до над 100 м2.

сашо сТојчески, дипл.инж.арх.

Станбениот комплекс „Гранд престиж“, сместен во општина Карпош, е врамен со улица „Прашка“ и булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“, како

негови главни поврзувачи со останатото градско ткаење и е пробиен со две новопроектирани улици, од каде преку помали станбени улици сообраќајот се дистрибуира до подземните паркиралишта на две нивоа и до паркинзите над земја

кои заедно со зеленилото, пешачките патеки, просторите за одмор, деловите со детски игралишта формираат комплетно независна урбана единица. Станбениот комплекс е архитектонско и дизајнерско решение на проектанскиот

Page 17: Порта3, 186

градежништво

29 јуни 2012 ПОРТА3 17

17

тим на ДПГ „Импексел 2“, градежна фирма со седиште во Скопје. Инвестицијата на станбениот комплекс „Гранд престиж“ чини 60 милиони евра, и е инвестиција на двете фирми партнери „Импексел 2“ и „Еуроактива“. Kомплексот содржи шест екслузивни станбени згради со висина - приземје, 8 ката и поткровје, секоја изградена на парцела од околу 4000 м2, со процент на изграденост Pi=36,45 %. Секој објект има по три влеза со 50-60 станови по влез. На продажба ќе се понудат речиси илјада станови со површина од 45 м2 до над 100 м2. Статичката со асеизмичката стабилност на објектот е изработена на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Градежен факултет, Катедра за бетонски и дрвени конструкции. Фундирањето е изведено на темелна армирано-бетонска плоча. Подземните паркинг нивоа се изолирани со ПВЦ изолација како заштита од продор на висока подземна вода. За изведба на објектите во станбениот комплекс е користена армирано-бетонска скелетна конструкција со модуларен распон во просек од 6,5 м, висина на подземните

паркинг катови е од 2,5 м и светла висина на станбените катови од 2,85 м. Покривањето на објектите е завршено како полусводеста армирано-бетонска плоча со употреба на завршно покривање со пластифициран фалцован челичен лим и соодветна термичка изолација. Внатрешните и надворешните ѕидови се изведени од блок тула со дебелина од 12 см за внатрешните, и 25 см за надворешните ѕидови. Објектите имаат комбинирана фасада. Дел е изведен со термоизолирана фасада, а дел со термоизолационен слој покриен завршно со композитен материјал. При изградбата на објектите се користени современи градежни материјали. Становите ќе бидат стандардно опремени, а сите материјали кои се вградуваат се со пропишан стандард и квалитет. Влезовите и ходниците како и комуникациските површини се поплочени со природни гранитни плочи.Лифтовите во зградите се со висок квалитет од брендот “DOPPLER” со погон MRL и електромотори “ALBERTO SASSI” со иноксни врати по катовите, обложени со гранитни первази.

Во однос на противпожарната заштита, преземени се сите потребни мерки за заштита на објектот. Подземните паркинг катови од противпожарен аспект се решени со спринклер систем, додека влезовите во објектите се заштитени по сектори со противпожарни заштитни врати кои го делат скалишниот дел со лифтовите, од делот на ходниците со станови. Сите станови имаат противпожарни влезни врати. Партерното уредување на заедничкиот простор помеѓу станбените блокови е решено со гранитни плочи на патеките за движење, високо и ниско зеленило, делови за детски игралишта, делови за одмор со клупи, партерно осветлување, карактеристично за ваков тип на комплекси, кое нуди квалитет и удобност од социјален и естетски аспект. Првите две згради со кои започна изградбата на комплексот се во поодмината фаза и градбата се одвива според предвидениот план, односно вселувањето на нивните станари ќе биде до крајот на 2012 година. Воедно се започнати сите подготовки на теренот за следните објекти, како и привршување на дизајнот и проектите за нив.

станбен комплекс „Гранд престиж“, скопје

Page 18: Порта3, 186

неим Хусеини

градежништво

ПОРТА 29 јуни 2012318

18

Господине Хусеини, дали можете да ни кажете нешто за самата компанија, за нејзиниот развоен пат, каде сè имате градено во Македонија, и кои се вашите планови? ДПГ „Импексел 2“ е градежна фирма со седиште во Скопје, основана во 1994 година од страна на Неим Хусеини. Под негово раководство, за само неколку години, оваа компанија прерасна во водечка градежна компанија во Република Македонија. Компанијата покрива широк спектар на дејности, од производство на бетон, механизација за испорака на бетон, проектирање и надзор, до изведба на големи објекти и станбени комплекси.

Поседува и сопствени бетонски бази, лоцирани во Гостивар, Тетово и Скопје. Бетонската база во Скопје е изградена во 2010 година, со капацитет од 150 м3/час. Бетонската база во Тетово е со капацитет од 150 м3/час, а во Гостивар со капацитет од 60-150 м3/час. Досегашната работа покажа дека бетонот произведен од „Импексел 2“ е со исклучително висок квалитет, докажан со сертификати, а сите материјали се атестирани од страна на овластени институти.Од механизацијата што служи за испорака на бетон, компанијата располага со: 15 миксери за готов

бетон, 3 авто-пумпи за бетон, една од пумпите е со дострел до 50 м, најголема од таков вид во Република Македонија, останатите две се со дострел до 35 м.Од неодамна работи и катната гаража лоцирана на улица Иван Милутиновиќ бб во близина на Универзалната сала. Катната гаража располага со деловен простор, хотелско сместување, ресторан и сали за конференции. Команијата има градено на многу локации низ цела Македонија. Голем дел од објектите се со делумно партиципирање при градење на училишта, верски објекти, изградени во соработка со реномирани

неим Хусеини:

Главна карактеристика на „Импексел 2“ е во нејзината способност да ги препознае, разбере и реализира актуелните потреби во областа на архитектурата и градежништвото, особено при дизајн, проектирање и изведба на објектите за колективно домување. Таа способност на препознавање и овозможува брзо и ефикасно излегување во пресрет на потребите со кои се соочуваат корисниците на нејзините услуги.

Создаваме стил препознатлив за нашата компанија

`

Page 19: Порта3, 186

29 јуни 2012 ПОРТА3 19

19

градежништво

компании и институции од Република Турција. Исто така, „Импексел 2“ е изведувач и коинвеститор на една од најубавите џамии градени во поново време на регионално ниво. Наша главна цел и обврска е завршување на компелксот „Гранд престиж“, а за идните планови во некое друго интервју.

според вас, по што се разликува вашата компанија во однос на другите што работат кај нас? „Импексел 2“ е професионално ориентирана фирма која ги покрива речиси сите гранки од областа на дизајнот, архитектурата и градежништвото. Компанијата е составена од тим на професионалци посветени на својата работа, ориентирани кон навремено исполнување на обврските кон клиентите. Главна карактеристика на „Импексел 2“ е во нејзината способност да ги препознае, разбере и реализира актуелните потреби во областа на архитектурата и градежништвото, особено при дизајн, проектирање и изведба на објектите за колективно домување. Таа способност на препознавање ѝ овозможува брзо и ефикасно излегување во пресрет

на потребите со кои се соочуваат корисниците на нејзините услуги.

Што вели вашето искуство за состојбата во градежништвото во Македонија, односно дали се развива во нагорна линија, и кои се неговите слабости а кои предности? Состојбата е тешка, конкуренцијата е голема, но сепак со добра организација, заштеди во режиските трошоци, компанијата го одржува чекорот што го наметнува севкупната ситуација во државата. Во поглед на економската нестабилност на пазарот со недвижнини неопходни се нови реформи во делот на прописите од областа на градежништвото, во делот на поттикнување на процесот на кредитирање на населението со поволни каматни стапки, изработка на стратегија за реалните потреби за станбен простор во државата, како и помош и стимулирање на потенцијалните домашни и странски инвеститори за нови градби.Градежништвото е гранка која не изумира, има свои нагорнини и падови, и е директно зависна од економскиот раст во државата. Слабостите се во неповолниот стандард на населението, кој наметнува луѓето да бараат оптимални

услови за живеење на новоформираните семејства, без потребниот комодитет и квалитет на урбано живеење, што од друга страна наметнува и ние како градители-инвеститори да градиме станови со намена колективно домување согласно куповната моќ на пазарот за недвижнини. Сепак, одиме понатаму и правиме напори со многу заштеди, квалитетот на живеење во нашите згради да го кренеме на повисоко ниво, создаваме нови дизајни со употреба на најнови материјали, односно создаваме нов стил (new style) препознатлив за нашата компанија.

Господине Хусеини, дали при влегувањето во проектот водевте сметка за економската исплатливост на овој проект, дотолку повеќе што во Македонија економската ситуација не е за пофалба? Со оглед на тоа што „Импексел 2“ е градежна фирма која е на пазарот во Македонија речиси 20 години, а и претходно има работено на станбени згради, секако дека се направени претходни испитувања на пазарот со недвижнини, како и финансиска конструкција за проектот и начините за обезбедување средстава за градба, како и динамички план за изведба.

„импеКсел 2“

Page 20: Порта3, 186

градежништво

ПОРТА 29 јуни 2012320

20

Влијание на бучавата врз менталното и физичкото здравјед-р Борка ковачевиќ, дипл.инж.технолог

кристина ПеТровска,дипл.инж.за жив.сред. и ресурси

Различни звуци постојано допираат до нас од опкружувањето и се дел од нашето секојдневие, посебно во урбана средина. Без разлика каде се

престојува, дома, на работно место или на прошетка, изложени сме на различни звуци односно бучава со одредено ниво, наречена амбиентална бучава. Слушањето звуци ни овозможува пријатно искуство, како слушањето музика, говорна комуникација со пријатели и семејство. Но во модерното општество одредени звуци се непријатни и несакани и можат

да не вознемират и да имаат сериозно влијание со последици и оштетувања на нашето ментално и физичко здравје. Таквите звуци се нарекуваат бучава. Звукот е дефиниран како секоја варијација на притисок во медиум како воздух, вода или некој друг медиум кој човечкото уво може да го детектира, односно звукот претставува форма на механичка енергија која се пренесува преку вибрација на молекули на кој било медиум низ кој поминува звукот. Карактеристики на звукoт односно бучавата се интензитет, фреквенција, периодичност (континуиран или со прекини) и времетраење. Звучниот бран од една

фреквенција има форма на синусоиден бран, и бројот на такви циклуси (синусоиди) во секунда е фреквенција на звукот. Звуците околу нас се комбинација од различни фреквенции. Брановата должина е растојание од еден до друг крај на синусоидниот звучен бран. Амплитудата односно гласноста на звучниот бран е изразена преку звучниот притисок. Звучниот притисок може да варира во многу широк опсег и затоа се изразува во логаритамска скала која е основа за децибелна скала и на тој начин нивото на бучава се изразува во скала од 0 dB до 150 dB, односно ранг во кој човечкото уво ги слуша звуците.

Извор на бучава Ниво на звучен притисок (dB)Граница на болка 120Гласна музика - дискотека 110Просечна бучава на улица 70Просечна бучава во канцеларија 60Тивка музика на радио 40Граница на слушање 0

Одредени примери на звук и негова силина се:

Page 21: Порта3, 186

градежништво

фреквенција има форма на синусоиден бран, и бројот на такви циклуси (синусоиди) во секунда е фреквенција на звукот. Звуците околу нас се комбинација од различни фреквенции. Брановата должина е растојание од еден до друг крај на синусоидниот звучен бран. Амплитудата односно гласноста на звучниот бран е изразена преку звучниот притисок. Звучниот притисок може да варира во многу широк опсег и затоа се изразува во логаритамска скала која е основа за децибелна скала и на тој начин нивото на бучава се изразува во скала од 0 dB до 150 dB, односно ранг во кој човечкото уво ги слуша звуците.

Утврдено е дека бучавата влијае на милиони луѓе ширум светот на дневна база, а популацијата во урбана средина е најпогодена од бучавата предизвикана од сообраќај. Бучавата е фактор кој влијае на здравјето на луѓето, преку директни и индиректни ефекти. Директните ефекти се поврзани со оштетување, намалување и губење на слухот, и тоа во случај на изложување на бучава од над 90 dB. Индиректни ефекти на бучавата се кардиоваскуларните заболувања како последица од зголемен крвен притисок. Исто така, бучавата е поврзана со негативни ефекти врз спиењето, начинот на комуникација и однесување, способност за меморирање и читање, како и на состојбата на ментално здравје и имунитет. Најчувствителни групи се повозрасната популација, деца, слепи лица и лица со ментален хендикеп. Истражувањата покажуваат дека повеќе луѓе се загрозени од изложеност на бучава во споредба со изложеност на останатите

стресови од загадена животна средина, но бидејќи ефектите не се директно по животот загрозувачки, бучавата не се разгледува како приоритетен параметар од областа на загадување на животна средина. Мерењето на звукот односно бучавата дава индикација кога звукот може да предизвика оштетување на слушниот орган и е потребно преземање на корективни мерки. Мерењето и анализата на бучавата е моќна алатка за дијагностика во плановите за намалување на бучава емитувана од сообраќај, домови, аеродром, фабрики и слично, и е начин кој помага во подобрување на квалитетот на живеење. Звукот се мери со различни инструменти, а еден од нив се и букомерите, инструменти со кои се мери нивото на звучниот притисок. Човечкото уво не е еднакво чуствително на сите нивоа на бучава. Повеќето инструменти за мерење бучава имаат вграден систем за одредување на фреквенции и да даде резултати еквивалентни на тоа како човечкото уво

слуша односно резулати во dB (A). Во суштина сите мерни инструменти содржат микрофон, дел за процесирање и дел за отчитување на добиените резултати. При мерењето на бучава се применуваат одредени интернационални стандарди кои се применуваат и кај нас, меѓу кои се МКС ISO 1996-2:2010 Акустика - Опис, мерење и проценување на бучавата од околината, МКС ISO 1999:2010 Акустика - Одредување на изложеност на бучава на работно место и процена од оштетување на слухот од бучава, МКС EN ISO 140-4:2010 Акустика - Мерење на звучна изолација на згради и градежни елементи - Дел 4: Теренски мерења на воздушна звучна изолација помеѓу простории. Проблемите поврзани со бучавата треба да се следат, а за таа цел се поставени и национални стандарди за гранични вредности на бучава заради нејзино контролирање, а со тоа и заштита на здравјето на луѓето и заштита на животната средина.

Page 22: Порта3, 186

ПОРТА 29 јуни 2012322

22

архитектура

Каталог со најголема дистрибуција во светот

„Зеленото е добро, но синото е подобро“ Биљана сТојановиќ,

дипл.град. инж.

Земјата на лалињата, Холандија, освен по дрвените налани, ветерниците и многубројните велосипеди, е позната уште и како една од „најниските“

земји на светот. Дури 25 % од земјата е под морското ниво и на таа територија живее 21% од популацијата во државата. Географијата на оваа држава ја сочинуваат голем број езера, реки и заливи, кои дополнително ја усложнуваат ситуацијата при појавата на долготрајни врнежи. Денес, поради климатските промени, поплавите во Холандија се сè почеста појава со катастрофални последици. Научниците предвидуваат повишување на морското ниво од 110 см до 2100 година, додека пак врнежите би се зголемиле за цели 25%. Како решенија за заштита на земјата и нејзините материјални добра од поплави се изградбата на брани и

насипи, како и одведување на вишокот вода со помош на пумпи и ветерници. Овие зафати претставуваат големи, капитални ивестиции кои Холандија ги вложува во борбата со природните хазарди. Во исто време, порастот на населението прави дополнителени усложнувања на проблемот, со проекција дека пола милион нови домови би требало да бидат изградени за наредните две декади. Изведбата и населувањето на нови живеалишта во оваа поморска земја е тема која отвора многубројни дискусии и полемики. Најголем дел од земјата погодна за конвенционална градба е веќе населена со што се наметнува потреба од потрага и експериментирање по нови решенија и можности. Неизбежното зголемување на морското ниво што доаѓа како последица од климатските промени и предизвикува катастрофални поплави, наместо

„ниската“ Холандија да ја проколнува како своја судбина, таа ја решава загатката „зошто мора да се живее на копно?“. Холандските инженери и архитекти му покажуваат на остатокот на светот како непогодата може да се претвори во можност постанувајќи држава која лебди. Од многубројните иницијативи, проектот на „Вотерстудио“ (Waterstudio) и aрхитектот Коен Олтуис (Koen Olthuis) се чини дека достигна светска слава, а посебно по ударот на ураганот Катрина во 2005 година, кога почнува да се преиспитува и целиот концепт на градење домови. Понесен од идејата за изградба на живеалишта отпорни на поплави, Олтиус заклучува „најбезбедно место е всушност самата вода“, па наместо да се градат бариери за заштита, потребно е да се работи со самата вода, создавајќи притоа архитектура која лебди (плови). Неговите убедувања се дека воопшто и не постои

Page 23: Порта3, 186

29 јуни 2012 ПОРТА3 23

23

архитектура

разлика помеѓу живеење на земја и на вода, единствена разлика е фундирањето. Овој концепт може да се развие во две насоки. Првата е дом кој перманентно плови. Во овој случај куќата што плови опфаќа можност за преместување на живеалиштата од едно на друго место, дали поради потрага по подобар живот или можеби во потрага по нови авантури. Со тоа се формира еден нов концепт на живеење кој се враќа кон оној стариот, номадскиот. Другата опција на куќата што лебди е кострукција која почнува да плови при надоаѓање на водата, додека при суши фундаментот е поставен на сува почва. Со тоа се добива амфибиска конструкција која при поплави работи на ист принцип како трупот на кој било брод, додека при нормални услови се темели на постулатите на статиката. Темелната конструкција се состои од бетонски калапи со јадро од полистиренска пена. Бетонот во овој случај најчесто е армиран со стаклени влакна со што се добива лесен бетон, со завидни јакосни карактеристики, а притоа за разлика од челично армираниот бетон нема маани во однос на заштитата и корозијата на арматурата. Врз ваквите фундаменти, како превенција од отпловување, се инкорпорирани обично по два широки, челични колови, кои служат за укотвување при мирни временски услови, а при поплави

како водилки за насочување на издигањето на самите куќи. Во случај на поплави и големи надоаѓања на вода, ваквата конструкција, со подигањето на нивото на водата, е во состојба да се подигне до максимални 4 метри и притоа целата инсталација, електрика и машинство, би останала функционална поради флексибилноста на цевките и каблите за поврзување. Тоа значи дека куќите што лебдат би „преживеале“ и големи поплави, зачувувајќи ги сите материјални добра во и на самата куќа, но пред сè, не доведувајќи ги во опасност луѓето. Како посебно обележје на куќите што пловат е и нивната еколошка вредност. Секој од новопроектираните домови е произведен со зелен пасош за еколошки чисти материјали, кои притоа се одржливи и претставуваат енергетски ефикасни објекти. Идеjата за домовите што пловат, како индивидуални објекти во Холандија, почна да добива глобални димензии. Климатските промени и природните несреќи што ги зафатија Малдивите, ја ставија оваа островска земја во центарот на светското внимание. Новиот претседател, поради подигнувањето на нивото на морето, беше принуден да откупи територија на Шри Ланка и да дислоцира дел од неговото население. Но, како помалку

безболно решение за новонастанатата ситуација, претседателот Мохамед Нашеед (Mohamed Nasheed) го пронајде во градењето објекти кои лебдат. Склучувајќи договор со холандската компанија „Дач Докландс“ (Dutch Docklands), Малдивите отвораат нов фронт за градба, и тоа на самата морска површина. Од 2010 па се до 2020 година се планираат да бидат изградени неколку вакви капитални објекти, од хотели и терени за голфови, па сè до цела композиција на острови и градови. Со ова не само што се решава проблемот од зголемувањето на морското ниво туку и се става акцент на социјален и економски развој. Кон глобализацијата на идеjата за домови кои лебдат, па и градови, се приклучува и еден од најдобрите технички факултети, техничкиот универзитет во Делфт - Холандија, кој ги истражува и проучува можностите на овие конструкции. Се цели кон изведба и поставување на големи платформи на кои заедниците би живееле на средина на океан, а при тоа би останале непогодени од брановите. Се верува дека до 2020 година и ова ќе биде возможно, а создавањето на цели градови кои лебдат би било реалност до 2050 година. До тогаш останува да се шири паролата „Зеленото е добро, но синото е подобро“ (Green is good, but blue is better).

Page 24: Порта3, 186

ПОРТА 29 јуни 2012324

24

архитектура

Дрвената коцка од Мелбурн

ангел сиТновски, дипл.инж.арх.

Желба на инвеститорот била архитектонското студио M.O.D.O (Michael Ong Design Office) на Мајкл Одинг да му

проектира куќа која ќе има активна улога во семејниот секојдневен живот, а да не биде неподвижна обвивка на просторот. Куќата има 350 м2, реалзирана е оваа година, и е лоцирана во австалискиот град Мелбурн. Идејата на архитектот Одинг била да направат проект, кој ќе ги ангажира ритуалите и растот на младото семејство што ќе живее во куќата; мешајќи ги притоа надворешните и внатрешните простори создавајќи движење во секојдневниот живот и опкружување. Куќата е сместена на агол од улица, во една приградска населба на Мелбурн, а парцелата е сместена помеѓу две куќи.

Типично за овие куќи во вакви приградски населби, сместени во еден низ, помеѓу други куќи, е што имаат главна фасада која гледа кон улицата, задна страна која е свртена кон внатрешниот двор и две странични фасади кои, поради близина на соседните куќи, практично не се ни гледаат. Обично, поради лошата ориентација и просторното планирање, задниот двор или градина е често потценета што резултира во пасивна врска со внатрешноста. Идејата на архитектите била во внатрешниот двор станарите да добијат чувство на заедништво и поврзување со природата, и ова овде е многу добро постигнато. Дворот се вовлекува во просторот, носејќи го пејзажот внатре, во центарот на куќата, со што се постигнува поголема поврзаност со природата. Во приземјето кон дворот се свртени работната соба како и дневната соба. Едниот ѕид на дневната

е целосно застаклен, со големи стаклени лизгачки врати, кои практично, по потреба го делат и растегнуваат просторот од дневната на внатрешен и надворешен. Во еден агол на дворот е предвидено место за поголеми семејни собири и таму се поставени маси и столици, со што се поттикнува движењето од внатре кон надвор и обратно. Куќата е ориентирана кон север и затоа се направени стреи кои служат како пасивни соларни колектори. Дебелите и тешки завеси врз стаклените ѕидови во дневната соба овозможуваат во зима да се задржи топлината во неа. Дел од дворот се вовлекува во куќата, создавајќи еден помал и поинтимен простор, наткриен со просториите од катот. Во лето, овој простор ги штити станарите од жешкото сонце, додека зиме ги штити од ладните ветрови, и истиот останува секогаш сув.

Page 25: Порта3, 186

29 јуни 2012 ПОРТА3 25

25

архитектура

Фасадата во приземјето према улицата е направена од тула, навлегува во внатрешноста, оформувајќи го влезот. Во кујната овој ѕид од тула се појавува во работниот дел, кој е поставен во просторот, движејќи се кон детските соби. Подовите се обложени со дрвен патос, а со дрво се обложени и фасадите на катот, оделувајќи го визуелно од приземјето. Ѕидовите во ентериерот се бели, има дел на ѕидовите и подовите обложени со тули и сиви керамички плочки, додека подовите и дел од плафонот се обложени со дрво, правејќи контраст на материјалот и бојата. Користејќи исти материјали во внатрешноста и надворешноста на

куќата, архитектите се обиделе да го прикријат визуелно преминот помеѓу екстериерот и ентериерот и да создадат поголема и подинамична врска меѓу внатрешноста и околината. Прозорците на западната страна се внимателно поставени заробувајќи го погледот кон дрвјата што прават сенка во летните денови. Главната фасада е свртена кон Мелбурн и неговите градби. Внатрешноста на куќата е грижливо проектирана со кујна и купатила свртени кон улицата и дневна и спални соби со поглед кон градот и океанот. Дневната соба, кујната и трпезаријата, како и работната соба се сместени во приземјето, додека спалните соби и бањите се распоредени по катовите.

Page 26: Порта3, 186

ПОРТА 29 јуни 2012326

26

интервју јован ивановсКи

Сентиментална архитектонска креацијаандреа јаМакоска, анастасија никоЛовска

Овогодишната награда на БИМАС за реализирана внатрешна архитектура - ентериер припадна на „Постојана изложбена поставка - Меморијален

центар на холокаустот на Евреите од Македонија“. Проектот за изложбената поставка е изготвен во 2010 година, додека неговата реализација е остварена во текот на 2011 година. Реализацијата на проектот се должи на воспоставената соработка помеѓу индивидуи со три разнородни професии, израелскиот дизајнер Едвард Џејкобс, професорот д-р Мајкл Беренбаум и архитектот Јован Ивановски.Како автори на програмскиот концепт на Меморијалниот центар се јавуваат Мајкл Беренбаум и Мајкл Џејкобс, додека пак обликувањето на изложбената поставка е работено од страна на Мајкл Џејкобс и Јован Ивановски. По тој повод, разговаравме со архитектот Јован Ивановски, за да ни ја пренесе и објасни

реализацијата на едно вакво нетипично архитектонско остварување кај нас. како дојде до соработка меѓу вас тројцата и на кој начин ја воспоставивте симбиозата помеѓу вашите разнородни професии кон остварување на конечната продукција? Професорот д-р Мајкл Беренбаум е врвен светски авторитет во доменот на студиите за холокаустот. Тој е директор на Институтот за истражување на етичките и на верските последици од холокаустот, професор по еврејски студии при Американскиот еврејски институт во Лос Анџелес, како и главен извршен директор на фондацијата за визуелна историја на преживеаните. Од страна на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија тој беше назначен да биде програмски директор и клучен експерт во осмислувањето на изложбената поставка на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Покрај Едвард Џејкобс кој е негов постојан долгогодишен соработник одговорен за креативно обликување, во авторскиот тим се најдов

и јас благодарение на моето претходно искуство во обликување и реализација на неколку музејски и изложбени поставки. На делот од прашањето кој се однесува на „воспоставувањето симбиоза помеѓу нашите разнородни професии“, сметам дека тоа во овој проект беше апсолутен императив, пред сè заради комплексноста и специфичноста на проектната задача која подразбираше интеграција на многу разнородни знаења.

имајќи предвид дека израелскиот дизајнер едвард Џејкобс и професорот д-р Мајкл Беренбаум се директно инволвирани во овој проект за холокаустот на сметка на своите етички и религиозни импликации, како вие од страна успеавте да се вклопите и да ја имплементирате својата архитектонска креација кон отелотворувањето на една толку чувствителна приказна? Јас немав никаков проблем да се вклопам во тимот, бидејќи во извршувањето на секоја од своите работни задачи пристапувам професионално, па според

Page 27: Порта3, 186

29 јуни 2012 ПОРТА3 27

27

интервју

Сентиментална архитектонска креацијатоа не гледам никаква причина зошто моето „нееврејско“ потекло би ме ставило во позиција да се доживувам себеси некомпетентно или во која било форма подредено. Покрај професионалниот предизвик како архитект, овој проект за мене претставуваше и можност продлабочено да се запознаам со еврејската историја и традиции кои и биле и ќе продолжат да бидат составен дел од драгоцениот македонски мозаик на култури.

со што се одликуваат примарниот концепт и идејата на реализираната изложбена поставка, и на кој начин ја постигнуваат симбиозата помеѓу посакуваното моќно семантичко искуство на доживување на поставката и дефинирањето на просторната целовитост во една јасна, прочистена димензија?

Генерално, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се занимава со (ко)меморирање на деструктивноста на човековото поведение. Реализираната изложбена поставка зафаќа еден дел од приземјето на Меморијалниот центар и таа претставува фрагмент од целокупната приказна која дополнително треба да биде раскажана преку постојаната поставка. Реализираната изложбена поставка се однесува на конкретните жртви на холокаустот во Македонија, 7.144 македонски Евреи, кои во серија депортации кои започнале на 22 март 1943 година биле натоварени на возови и упатени кон логорот Треблинка, каде при самото пристигнување биле брутално убиени во гасни комори. Еврејската заедница во Македонија поседува фотографии на скоро половината од нив. Во таа смисла, основна цел на комеморативната поставка е да им го врати на жртвите дел од нивниот идентитет и реално постоење односно да ги заштити од анонимноста.

создавајќи дело, реализација на внатрешна архитектура која јасно се издвојува со сопствената појавност, што ја дефинира

примарната цел за создавањето на оваа креација, на кој начин таа се имплицира во однос на духот и топлината на просторот и какви чувства треба да пробуди кај нејзините посетители? Во контекст на холокаустот, заборавот исто така претставува форма на злочин. Во таа смисла, скулптуралната поставка во која се изложени сочувани фотографии од животот на македонската еврејска заедница претставува повеќе од само збирка на слики. Сликите на мртвите високо ги држат мноштво на раце што создаваат трогателен, евокативен и опсесивен впечаток кој значи протест, молитва, солидарност, сведочење, и највеќе од сè, глас кој вели: запаметете! Некои од рамките се празни бидејќи идентитетот на дел од жртвите е непознат. Во некои рамки има огледала кои наведуваат на размислување и го јован ивановски

Page 28: Порта3, 186

ПОРТА 29 јуни 2012328

28

тераат посетителот да се прашува за неговата врска со жртвите, во директна односно преносна смисла на зборот.

Моќното воспримање на изложбената поставка создава чувство на длабоко доживување на една сентиментална приказна која останува во нашите сеќавања. Дали сметате дека со реализацијата на ова дело, дојдовте до достигнување на посакуваната цел? Мислам дека изложбената поставка ја постигнува својата цел. Можеби ова мое тврдење звучи премногу самоуверено, но него можам да го поткрепам многу едноставно. Имено, при секоја посета на Меморијалниот центар на холокаустот јас редовно одвојувам малку време за читање на книгата во која дел од посетителите ги запишуваат своите впечатоци. Можам да ви кажам дека голем дел од тие пораки се напишани со толкаво емотивно треперење, што ми дава за право да тврдам дека во мигот кога се пишувани, нивните автори со сигурност не ги обземала рамнодушност. За мене лично, тоа претставува достигнување на посакуваната цел!

со оглед на фактот што со години сте директно и индиректно поврзани со БиМас, какви импресии понесовте од овогодишната програмска и организациска зрелост на настанот? Биеналето на македонската архитектура е единствената смотра на која професионалните архитекти од целата земја имаат можност пред пошироката јавност да го претстават она што го работеле во последните две години од своето творештво. Во таа смисла, секој БИМАС претставува своевиден барометар за степенот на развој на современата македонска архитектура, не само во квантитативна смисла (има работа/нема работа), туку пред сè како едно рефлективно согледување на општествената рамка во која се создава и реализира нашата архитектонска продукција. На овогодишниот БИМАС, покрај востановената практика на изложување на паноата со проекти и искажувањата на гости предавачи од странство, особено ми се допадна идејата програмата да биде надополнета со кратки предавања на повеќе македонски архитекти од различни генерации чии искази директно се допираа до темата на биеналето „Архитектурата на секојдневниот живот“. Во таа смисла, овогодишното биенале промовираше одреден степен на самосвесност која ја сметам за неопходна и која треба да продолжи да се негува.

интервју

Page 29: Порта3, 186

29 јуни 2012 ПОРТА3 29

29

www.evonik.comTel: 02/3230 453; 02 3177 715Mob: 070/277 060; 070/399 [email protected]

интервју

Page 30: Порта3, 186

ПОРТА 29 јуни 2012330

30

архитектура

Психоделична форма крај патот

Ретко невообичаена бензинска станица во градот Галанта во Словачка беше изградена минатата година. Визија на архитектите од Atelier SAD, составена од три колони

со облик на инка кои се споени во три кружни хоризонтални форми. Сервисниот дел изгледа како модерна структура која отскокнува од остатокот на градбите во регионот што се инспирирани од 50-тите и 60-тите години на минатиот век.

Масивните печуркасти форми се осветлени со неонски ламби од сводот на истите. Така тие перфектно ги истакнуваат контурите на дизајнираните простори за возилата што застануваат на пумпите, и во исто време прават и станицата да

Page 31: Порта3, 186

29 јуни 2012 ПОРТА3 31

31

архитектура

биде видлива оддалеку на автопатот. Комбинацијата на овие естетски форми и тивкото светло речиси создаваат психоделична слика, која единствено добива на контраст од заднината во која постои кубичен киоск, изработен од дрвени панели,

кој и дава топлина на целата конструкција. Присутни на местото на изградба на проектот, од првиот цртеж до последниот клинец, архитектите од Atelier SAD и нивните партнери успеаја да ја модернизираат на единствен начин оваа бензинска

станица на површина од 3000 м2. Во исто време тие го изработија и ентериерот. Сигурно, резултатот е видлив, станицата е атрактивна и привлекува внимание. Осветлен објект, налик на НЛО, опкружен од ретро конструкции и километри асфалт.

Page 32: Порта3, 186

ПОРТА 29 јуни 2012332

32

хотели

Ексклузивен „Булгари“ во Лондон

Точно на време за летните Олимписки игри 2012, во Лондон неодамна е отворен

луксузен хотел на светскиот бренд „Булгари“. Како што е познато, „Булгари“ е глобално познат синоним за современ стил, одлична услуга и исклучителен дизајн. Сместен во елегантната и престижна област Knightsbridge, овој хотел е трет од ваков вид на самата компанија - по Bulgari Resort во Бали (2006) и Bulgari Hotel во Милано (2004). Хотелот е дело на познатата архитектонска фирма „Antonio Citterio, Patricia Viel & Partners“, заедно со „Squire and Partners“ како локални архитекти за проектот. Со своите 16 катови, 85 соби и апартмани, на посетителите им овозможува вистински

Page 33: Порта3, 186

29 јуни 2012 ПОРТА3 33

33

хотели

ексклузивен комфор и уживање. На секој чекор се чувствува совршениот израз на естетскиот и безвременски „Булгари“ гламур. Хотелот содржи голема сала за танц, приватна киносала, спа и фитнес просторија со површина од 2.000 квадратни метри и 25 метри затворен базен за пливање. Мебелот на хотелот претставува луксуз од највисок ранг, и е направен од материјали со највисок квалитет, односно од најдобро дрво, елегантна кожа и најфин метал. Тука е и иновативната декоративност и раскошна употреба на

скапоцени мермери... Сребрениот метал е доминантна тема во целиот внатрешен дизајн. Овој скапоцен и вонвременски материјал се користи уште од античките времиња. Затоа и е интегриран како почит кон основачот на компанијата Сотирио Булгари, кој првично започнал како филигранист, традиционален британски ковачки занает. Вниманието посветено на дизајнот и водењето сметка за секој детаљ, секако придонесуваат за врвниот ентериер, а голема заслуга за тоа има и престижната компанија „Lema“, основана во 1970 година.

Хотелот уште од самото свое отворање важи за еден од најлуксузните и најкомфорните во Лондон, што е вистинска чест ако се земе предвид бројката на најдобрите хотели во британската метропола. Во однос на својата локација и соседството, хотелот заедно со ресторанот и барот се издвојува со новиот благороднички изглед. Хотелот заради Олимписките игри е веќе во целост резервиран, па така оние што ќе сакаат да уживаат во бескомпромисната смисла на хотелска совршеност, ќе мора да почекаат до завршувањето на игрите.

Page 34: Порта3, 186

ПОРТА 29 јуни 2012334

34

репортажа

Подземниот град Деринкују и девојчето со куклитеОвој град во Кападокија, кој се наоѓа 56 метри под земја, служел како скривница во време на непријателски напади и собирал десет илијади жителикате анТевска, историчарка на уметност

„Се молат оние што се клаустрофобични, астматичари и срцеболни да не влегуваат во овој подземен град“. Вака

пишуваше на таблата на влезот во можеби најголемиот град во светот под земја сместен во Деринкују, гратче во областа Невшехир во Кападокија. За момент те обзема страв од помислата дека треба да се симнеш 56 метри под земја, низ тесни ходници, без можност од половина пат да се вратиш назад, но потоа сфаќаш дека ова можеби ти е единствена шанса и го прифаќаш предизвикот. На чекор од портата на градот има бунар длабок колку што е и самиот град, оттука луѓето се довикувале во време на опасност. За кратко време и ние ќе се најдеме на дното, помислуваме и продолжуваме понатаму. Овој подземен град, кој е формиран од камен и распослан на осум нивоа, случајно е откриен во 60-тите години на минатиот век кога еден од локалните жители на Деринкују пронашол тунел во својата куќа, кој водел токму до градот. Подоцна се откриени многу такви канали кои всушност биле излез и влез од подземјето, а преку кои се комуницирало

со надземните живеалишта. Овие канали биле затворани со масивни камења, тешки стотици килограми. Причината да се направи цел еден град под земја, кој ќе функционира беспрекорно, била

да се заштитат жителите од постојаните напади на непријателските народи. Првите траги на живот потекнуваат уште од 5. век пред нашата ера. Тука можеле да се засолнат и да живет околу десет илијади

градот Деринкују во Кападокија

внатрешноста на подземниот град

тесните ходници ги поврзуваат висинските

нивоа на градот

Page 35: Порта3, 186

29 јуни 2012 ПОРТА3 35

35

репортажа

Подземниот град Деринкују и девојчето со куклитеОвој град во Кападокија, кој се наоѓа 56 метри под земја, служел како скривница во време на непријателски напади и собирал десет илијади жители

жители, раскажува нашиот водич кој специјализарал на оваа проблематика. Се протнуваме низ тесен тунел и одиме надолу. Камените, пештерни ходници се ниски и тесни, но за кратко време се наоѓаме на првиот кат и застануваме. Тука е сместена коњушницата, местото каде што се чувале животните, една поголема просторија за седење, малечка црква и винарница. Црквата е изградена во првите векови од нашата ера кога христијанството сè уште не било официјална вера, па луѓето морале да се кријат. И на вториот кат има винарница и поголема соба за одмор и спални, додека на третиот кат археолошките остатоци покажале дека тука било сместено складиштето за храна и еден канал, налик на оџак кој служел за вентилација. Интересно е тоа што за време низ одењето низ овој град, кој наликува на подземен лавиринт, не добивме чувство дека сме длабоко под земја. Луѓето од минатото се погрижиле да направат добра вентилација. Морале да мислат и на тоа, бидејќи понекогаш тие престојувале тука и со месеци, во зависност од тоа колку време траеле нападите на нивните непријатели. Едноставно, запрепастувачка е сликата на илјадници луѓе кои со месеци преживуваат

десетици метри под земја. Продолжуваме со симнување и стигнуваме до претпоследниот, седми кат. Многу е поширок и поголем од останатите, има и црква со крстовидна основа со три столбови. Во нејзина близина се наоѓа и една соба во која било вршено погребување и поголем аудиториум. Веројатно, жителите од овој град тука се собирале кога требало да донесуваат важни одлуки или пак во христијанско време се вршеле религиозни служби. Осмиот, последен кат и прилично мал. Тука завршува бунарот што на почетокот го видовме горе, пред влезот во градот. Оттука се довикувале и си пренесувале пораки. Глетката низ тунелот нагоре, кон небото, е неповторлива. Полека се враќаме назад кон излезот, молчешкум, иако во себе сме полни со прашања за овој неверојатен простор. Малку подоцна дознаваме дека тоа што го видовме е само мал дел од некогашниот град. Се претпоставува дека неговата длабочина изнесувала 85 метри, а големината околу три километри. Истражено е многу малку. Идните археолози имаат вистински предизвик пред себе. Чудно е што досега не е откриена ниту една бања во овој град. Научниците сметаат дека коњушниците биле користени

како тоалети, а постои и претпоставка дека луѓето ваквите потреби ги вршеле во нивните надземни куќи. Се протнувале преку тунелите, што е помалку веројатно. Деринкују не е единственото подземно наоѓалиште во Кападокија. Тој е најголем град од ваков вид, но откриени се уште 200 наоѓалишта слични на него. Внатрешниот распоред кај овие „пештерни“ градови е сличен. Тие биле во употреба голем временски период, од различни луѓе и за различни потреби. Несомнено е дека нивната првенствена намена била скривалишта, и тоа не какви било, туку скривалишта со лик на цел град. Денес тие се вистинска атракција во турската област Кападокија. Сите градови во Кападокија, вклучувајќи го и Деринкују, имаат надреална визура, која тешко се објаснува со зборови. Од подземје, се враќаме во земната реалност. А таму горе не пречекуваат локалните жители. Продаваат сувенири, рачно изработени предмети, килими и керамика, каква што може да се види единствено во овој крај. Готват под отворено небо и не канат на турски чај. Едно мало девојче со голема торба во рацете ги нуди своите рачно направени кукли. Купувам една, за спомен, за нив, за нас, за Турција.

внатрешноста на подземниот град

девојче продава рачно-изработени кукли

Page 36: Порта3, 186

ПОРТА 29 јуни 2012336

36

рубрика

Б

Покрив кој трае со генерации.ТОНДАХ Македонија АДИГМ Пролетер бр. 1МК- 2310 Виницае-маил: offi [email protected] www.tondach.com.mk

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152Факс: ++389 / (0)33 361 780

Друштво за инжинеринг и

изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Тел.+389 2 2460 458, [email protected]Факс.+389 2 2460 459 www.rehau.com.mk

Lexan* поликарбонатни плочи и системи;Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА;Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

Архитектонска подготовка и изведба

+389 2 3114 360

www.liting.mk

Page 37: Порта3, 186

29 јуни 2012 ПОРТА3 37

37

рубрика

Б

Покрив кој трае со генерации.ТОНДАХ Македонија АДИГМ Пролетер бр. 1МК- 2310 Виницае-маил: offi [email protected] www.tondach.com.mk

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152Факс: ++389 / (0)33 361 780

Друштво за инжинеринг и

изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Тел.+389 2 2460 458, [email protected]Факс.+389 2 2460 459 www.rehau.com.mk

Lexan* поликарбонатни плочи и системи;Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА;Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

Архитектонска подготовка и изведба

+389 2 3114 360

www.liting.mk

Page 38: Порта3, 186

ПОРТА 29 јуни 2012338

38

технологии 30 години „аутодесК“

Три децении во служба на инженерите„Аутодеск“ го држи петтото место на листата на најголеми софтверски компании во светот. Меѓу другите признанија, „Аутодеск“ беше прогласена за 25-та од 50-те најиновативни компании во светот. Моментно се води на 52 место како најпосакувана компанија за работа во светот. Во компанијата се вработени над 7.500 лица, и има над 12 милиони корисници на професионалните продукти и над 50 милиони корисници на производите за „широка потрошувачка“.

Трајче сТојанов, дипл.инж.арх.

Аутодеск“слави 30 години. Она што во далечната 1982 година започна како старт-ап бизнис, денес е водечка софтверска компанија од областа на 3Д дизајнот,

инженерингот и шоу бизнисот во светот. Компанијата бележи постојан раст, а бруто приходите во 2011 година достигнаа рекордни 2,2 милијарди долари. „Аутодеск“ го држи петтото место на листата на најголеми софтверски компании во светот. Меѓу другите признанија, „Аутодеск“ беше прогласена за 25-та од 50-те најиновативни компании во светот. Моментно се води на 52 место како најпосакувана компанија за работа во светот. Во компанијата се вработени над 7.500 лица, и има над 12 милиони корисници на професионалните продукти и над 50 милиони корисници на производите за „широка потрошувачка“. Портфолиото на „Аутодеск“ содржи над 100 софтверски апликации, преведени на 17 јазици. По повод 30-годишнината од постоењето, Карл Бас, извршниот директор

на „Аутодеск“, се осврна на историјата и на важноста што ја има компанијата денес: „Првата ера на компанијата подразбираше еден единствен продукт и тој продукт е Аутокад. Тука е и вториот период во кој дивергиравме во неколку индустрии: медиа и забава, машински инженеринг, градежни конструкции и сега е навистина овој трет период каде сме во фаза на проширување на нашата корисничка база“. Бас се наврати на големите можности што стојат исправени пред „Аутодеск“, а се однесуваат на пазарот на мобилни уреди. Тој вели: „Ако погледнете на пристапот, во 30-годишното постоење во бизнисот, ние имавме 12 милиони корисници. Со работите што ги правиме за корисниците на мобилни технологии, оваа година ќе имаме веројатно помеѓу 80 до 100 милиони нови корисници. Тоа е драматично поинаков тип на пристап во споредба како беше претходно“. Кога ќе се анализира „Аутодеск“под Карл Бас, се гледа дека тој некако лесно ја надмина границата од 1 милијарда во годишни приходи, и тоа во првата година од неговото

назначување како извршен директор во 1996 година. Сепак, стартот не бил така едноставен. Почетоците на компанијата се навистина скромни. Информациите на Интернет во врска со првите години на „Аутодеск“ се штури и недоволни. Сепак, на хоби веб страницата на Џон Вокер (www.fourmilab.ch), еден од основачите на „Аутодеск“, може да се најде The Autodesk File, книга во која тој на 889 страници ги изнесува деталите околу основањето и водењето на компанијата во првите десет години постоење на компанијата. „Аутодеск“ е зародиш на идејата на Џон Вокер, американски програмер и претприемач, за евтин CAD (Computer Aided Design - Компјутерски поддржано проектирање) софтвер кој ќе работи на персоналниот компјутер на ИБМ. Имено, во 70-тите години на минатиот век, на ИТ пазарот во САД доминирале скапи инженеринг софтвери кои работеле на скапи компјутери. Впрочем, корисници на ваквите системи биле големите корпорации кои можеле да си дозволат

Page 39: Порта3, 186

29 јуни 2012 ПОРТА3 39

39

технологии

над 125.000 долари за една работна станица со инсталиран софтвер. Но, со појавата на ИБМ ПЦ во август 1981 година (чинел 1.565 долари), се создале услови за создавање на софтверски апликации на ИБМ платформа, наменети за широка потрошувачка. Во јануари 1982 година, Вокер повикува дванаесетина програмери да му се приклучат нему и на неговиот бизнис партнер Ден Дрејк во создавање на компанија која исклучиво ќе создава софтвер. На самиот почеток, компанијата обезбедува почетен капитал од околу 60.000 долари. Партнерите во компанијата во прво време работеле во други компании, додека развивањето на софтверите го правеле во преостанатото време и најчесто од дома. На 26 април 1982 година, компанијата официјално се регистрира како Autodesk Inc. Всушност, Вокер на ум имал друго име - Marin Software Partners, за набрзо да се одлучи за Desktop Solutions. Но ова име не било дозволено од властите во Калифорнија, па Вокер се одлучува да го искористи името на еден од нивните софтверски пакети наменет за канцелариско работење - Autodesk. Од самиот старт, компанијата развила неколку софтвери. Еден од нив бил и Аутокад, софтвер настанат со приспособување на т.н MicroCAD. Мајк Ридл, еден од основачите на компанијата, програмер и креатор на Microcad, се согласил да го продаде на

Autodesk во замена за финансиска отштета. Токму Microcad, претходно познат како Interact, бил и првиот ПЦ-базиран софтвер. Сепак, „Аутодеск“ решила да изврши сериозни интервенции на овој софтвер, пред се да го препише во програмските јазици Ц и ПЛ/1 за да биде достапен за повеќе хардверски платформи. Првиот Autocad, Autocad 1.0 се појавил во ноември 1982 година по цена од 1.000 долари. Работел на 8 и 16 битни микрокомпјутери (тогашен назив за персоналните компјутери). Поради релативно добриот раст на продажбата, конечно во јуни 1983 година, „Аутодеск“ добива вработени: 5 постојано и 2 со скратено работно време. Понатаму бројот на вработени, како и нивниот квалитет ќе расте со забрзано темпо. Во 1985 година, „Аутодеск“ излегува на берза на климави нозе, за во наредните две години да биде прогласена за компанија со најбрз раст во САД. Во април 1982 година, вредноста на компанијата изнесувала околу 60.000 долари. Година подоцна, „Аутодеск“ вредел 200.000 долари. Во 1987 година (по пет години постоење) „Аутодеск“ вреди 500 милиони долари, додека во 1991 година веќе 1,4 милијарди долари. Навистина импресивно. Особено интересни се податоците од периодот од 1996 до денес. „Аутодеск“ бележи огромен успех. Но тој успех е сепак резултат на посветеноста во креирањето на квалитетни апликации. Од

претставувањето на Аутокад на COMDEX во 1982 година до 1985 година, Аутокад се продал во над 17000 копии, станувајќи најпродаван CAD софтвер во светот. Успехот на Аутокад можел да се предвиди многу рано. До јуни 1983 година, „Аутодеск“ ги напушта останатите софтвери и решила да се посвети на Аутокад и софтверите околу него. Практично втор софтвер издаден по Аутокад е AutoCAD Symbol Libraries (Библиотеките со симболи наменети за Аутокад). До 1987 година, „Аутодеск“ објавил 9 верзии на популарниот CAD софтвер. Десетата верзија објавена во 1988 година е означена како битен момент, бидејќи во таа верзија Аутокад доби одлични 3Д алатки. Досега се објавени 27 изданија на Аутокад вклучително и најновото „Аутокад 2013“. Зад успехот на „Аутодеск“ стојат искусни менаџери и врвни лидери. Џон Вокер, Ал Грин, Керол Барц, Карл Бас. Се се тоа исклучително успешни менаџери. Џон Вокер може мирно да гледа отстрана како неговото „чедо“, неговата идеја од енергија се претвора во софтверски титан, ценета, влијатена и финансиски моќна компанија. Практично „Аутодеск“, само по неколку години постоење, ги надмина можностите на основачите на компанијата. Од 1991 година, Вокер живее повлечено од јавноста, во мало гратче во Швајцарија.Среќен роденден „Аутодеск“.

Џон вокер

Page 40: Порта3, 186

ПОРТА 29 јуни 2012340

40

експерт

ТИТУЛА ДАМА ЗА ЗАХА ХАДИДУште едно врвно признание за „кралицата на флуидната форма“, која е и автор на олимпискиот Аква центар во Лондон

д-р владимир Б. ЛаДински, дипл.инж.арх. (Велика Британија)

На 16 јуни со воена парада во Лондон се прослави официјалниот роденден на Кралицата Елизабета Втора. Традиционално, на овој ден се објавува

и листата на одликувања за заслуги во различни области (Queen's Birthday Honours), кои ги доделува кралицата. Во оваа пригода со високо британско признание се стекна и Заха Хадид, која на своето претходно признание ЦБЕ (CBE – Commander of the Most Excellent Order of the Britsih Empire) стекнато во 2002 година го додаде и повисокото ДБЕ (DBE - Dame Commander of the Most Exceelent Order of the British Empire) за својот придонес во служба на архитектурата, а со кое ќе стане Дама Заха Хадид (Dame Zaha Hadid). Оваа титула е еквивалентна на витешка/рицарска титула за мажите КБЕ (KBE – Knight Commander of the Most Excellent Order of the British Empire) со која тие се стекнуваат со титулата Сер (Sir). Според правилата, титулите Дама и Сер се додаваат на името на добитникот, а сопругата на добитникот на титулата Сер може да ја додаде титулата Лејди (Lady) на своето презиме, но не постои слично правило за сопрузите на добитничките на титулата Дама. По повод најновото признание за своето творештво од страна на Кралицата Елизабета Втора, Дама Заха Хадид изјавила: „Ова е огромна чест за мене да ја примам оваа награда. Јас би сакала да им се заблагодарам на сите мои колеги и клиенти за нивната напорна работа и поддршка. Јас сум воодушевена што архитектурата е призната на овој начин. Мојот татко отиде во Лондонската школа за економија (London School of Economics - LSE) во 30-тите години на минатиот век, и сето она што тој го научил тогаш е причината што јас отсекогаш сум била наклонета кон Обединетото Кралство“. Заха Хадид е родена во 1950 година во Багдад, Ирак, каде што живеела до својата 17-годишна возраст, пред да го продолжи своето образование во странство. Таа посетувала верско училиште во рамките на самостан за калуѓерки, најпрвин во Багдад, а потоа во Швајцарија. По завршувањето на средното образование, таа се запишала на студии по математика

на Американскиот универзитет во Бејрут каде и дипломирала, за во 1972 година да се запише на престижната приватна школа на Архитектонската асоцијација во Лондон, каде дипломирала во 1977 година како добитник на Наградата за дипломски труд. По завршувањето на студиите нејзиниот тутор од школата на Архитектонската асоцијација, Рем Колхас, и понудил работа како партнер во бирото ОМА (Office for Metropolitan Architecture) што го имал заедно со Елија Зенгелис. По само неколку години во ОМА, Дама Заха Хадид отворила свое архитектонско проектантско биро „Заха Хадид Архитектс“

(Zaha Hadid Architects) во Лондон во 1980 година, кое денес е прераснато во големо глобално архитектонско биро со 350 вработени од 55 националности и со околу 950 проекти во 44 земји на светот. Заха Хадид има дадено голем придонес во оформувањето и образованието на идните архитекти преку својата едукативна дејност, почнувајќи од школата на Архитектонската асоцијација во Лондон во чии рамки имала свое студио до 1987 година. Од тогаш па до сега, таа била вклучена во наставата по архитектура на најпрестижните универзитети во светот како носител на Кензо Танге; професура

Page 41: Порта3, 186

29 јуни 2012 ПОРТА3 41

41

експерт

на Факултетот за постдипломски студии по дизајн при универзитетот Харвард и носител на Саливан; професура на Факултетот за архитектура при универзитетот на Илиноис во Чикаго; визитинг професор на Високата школа за уметности во Хамбург; визитинг професор на Кнолтон факултетот за архитектура во Охајо; визитинг професор на Магистерското студиo при универзитетот Колумбија во Њујорк и носител на Еро Саринен; визитинг професурата по архитектонско проектирање на универзитетот Јел во Њу Хевен, Конектикат. Во моментов таа е визитинг професор на Универзитетот за применети уметности во Виена. За својот исклучителен придонес во доменот на архитектурата, Дама Заха Хадид е добитник на бројни меѓународни признанија, меѓу кои веројатно најзначајни се: почесен член на Германската комора на архитекти во 1998 година; почесен

(дописен) член на Американската академија за уметности и литература и почесен заслужен член на Американскиот институт за архитектура во 2000 година; член на Кралската академија за уметности и прогласена за Дизајнер на годината од „Дизајн Мајами“ во 2005 година; добитник на Медал (RIBA Medal) и Џенкс наградата на Кралскиот институт на британските архитекти (RIBА), добитник на награда на Американскиот институт на архитекти во Обединетото Кралство во 2006 година; добитник на награда на Американскиот институт на архитекти во Обединетото Кралство, Mедал за архитектура на Фондацијата на Томас Џеферсон и Шкотска награда за дизајн во 2006 година. Добитник на престижната награда на Јапонската асоцијација за уметности „Премијум импријал“ во 2009 година, добитник на Стрелинговата награда за архитектура на Кралскиот институт на британските

архитекти во 2010 година. Истата година, Република Франција ја именувала Дама Заха Хадид за „Командант на редот за уметности и литература“ (‘Commandeur de l’Ordre des Arts et des Lettres) како одраз на признание за нејзиниот придонес во доменот на архитектурата, а американскиот магазин „Тајм“ ја вклучил во нивната листа „Тајм 100“ на 100 највлијателни луѓе во светот при што Дама Заха Хадид била прва во категоријата Мислители. Другите три категории биле Водачи, Уметници и Херои. Таа, исто така, била именувана за „Уметник за мирот“ од страна на УНЕСКО во 2011 година. Веројатно, најголемо архитектонско признание за Дама Заха Хадид е доделувањето на Прицкеровата награда за архитектура во 2004 година која се смета за еквивалентна на Нобеловата награда, со што таа станала прва жена добитник на оваа награда.

London Aquatics Centre

Page 42: Порта3, 186

ПОРТА 29 јуни 2012342

42

геологија

ГЕОТЕРМАЛНА ЕНЕРГИЈАИнтенција на развиените земји е во што поголем процент користење на геотермалната енергија, а намалување на употребата на фосилните горива, како големи загадувачи на животната средина. Интерес за користење на енергијата на Земјата пројавува и Македонија преку изработка на Проекти за детални геолошки истражувања за реонот на Кратовско-Злетовската вулканска област и реонот на Дојран. Изработиле:

м-р стојанче никоЛов, дипл.инж.геологалександар Буов, дипл.инж.геолог

сеад аБази, дипл.инж.геот.

Природните извори на енергија кои денес се користат, се фосилни од органска природа, необновливи и големи загадувачи на животната средина, поради што неминовна е потребата од пронаоѓање на други алтернативни извори на енергија, кои се неоргански, обновливи и кои не ја загадуваат животната средина. Со досегашното користење, како и користењето во иднина на органските фосилни горива сè повеќе се придонесува кон зголемување на опасноста од глобалното загадување и пореметување на нормалните услови за живеење и нарушување на еколошката состојба на планетата Земја. Сето напред споменато, побудува сè поголем интерес за пронаоѓање алтернативни извори за

добивање на енергија од обновливи, еколошки оправдани и релативно евтини извори на енергија. Интенција на развиените земји е во што поголем процент користење на геотермалната енергија, а намалување на употребата на фосилните горива, како големи загадувачи на животната средина. Интерес за користење на енергијата на Земјата пројавува и Р. Македонија преку изработка на Проекти за детални геолошки истражувања за реонот на Кратовско-Злетовската вулканска област и реонот на Дојран.

геотермална енергија на земјата Како што е познато, енергијата на Земјата датира од нејзиниот постанок од прашина и гасови пред повеќе од четири милијарди години, а радиоактивното распаѓање на елементите во карпестите маси континуирано ја обновуваат топлината, поради што геотермалната енергија е обновлив извор на енергија. Зборот геотермална води потекло од грчките зборови gео (земја) и therme (топлина), што значи топлина на земјата, па од тука и геотермална енергија на Земјата. Самата земја е поделена на земјина кора, мантија и јадро (сл.1).

слика 1. Пресек на Земјата

Page 43: Порта3, 186

29 јуни 2012 ПОРТА3 43

43

геологија

Како што е познато, топлината на планетата Земја е сконцентрирана во нејзината внатрешност односно во нејзиното јадро. Се смета дека температурата во центарот на Земјата изнесува околу 6000º С. Меѓутоа, дифузијата на внатрешната топлина е многу бавна и пре-дизвикува среден температурен градиент од 10º С/km и тоа за првите 100 km од површината, према центарот на Земјата. Енергијата што се доведува до површината на Земјата во просек изнесува околу 5,4 kJ/m2 дневно. Се претпоставува дека топлината што се наоѓа до 100 km длабочина во земјината кора, за да стигне до површината на Земјата со нејзино кондуктивно спроведување, се потребни 100 милиони години. Кога се зборува за геотермална енергија, се мисли на енергијата што е акумулирана во карпите од Земјината кора, а не на кондуктивно спроведуваната. Изворите на геотермална енергија се делат на следните групи:

• Хидрогеотермална енергија со извори на врела вода• Хидрогеотермална енергија со извори на водена пареа• Хидрогеотермална енергија на врела вода во внатрешноста на земјата• Петротермална енергија - енергија на врели суви карпи

Преносник на топлината од внатрешноста на земјата на нејзината површина е водата или пареата, што се обновуваат преку инфилтрирањето на атмосферските врнежи длабоко во подземјето, долж постојните пукнатини и раседни структури. Пристигнатата вода во длабина на контакт со врели карпи, се загрева до одредена температура и како таква низ постојни тектонски структури избива на површината на Земјата во вид на топли извори и гејзери. Во Земјината кора на одредени нивоа постојат карпи кои се хидротермални изолатори во кои не може да се акумулира подземна вода, ниту пак таа да биде инфилтрирана во подлабоките делови од земјината кора каде владеат повисоки температури. Генерално со длабочината се намалува порозноста на карпите, но темературата се зголемува. Во длабочината на Земјата постои огромна количина на енергија која е акумулирана во сувите карпи. На големите длабочини водата се наоѓа под голем притисок, а во некои од нив има растворено и метан. Такви наоѓалишта на врела вода кои во себе содржат метан постојат во Мекси-канскиот залив каде притисокот е 760 бари. Младите субвулкански интрузии и непосредните околни карпи во кои тие се имаат интрудирано во вид на батолити,

лаколити, лополити, силови, дајкови и слично, кои сè уште се во фаза на ладење и кај кои моменталната температура може да изнесува од 700-800º С, па дури и до 1000-1200º С, ги претставуваат врелите суви карпи, во кои има акумулирано огромна количина на топлинска енергија. Овие карпи можат да бидат продукт на директни интрузии кои водат потекло од втората обвивка на Земјата (мантијата), преку планетарни или регионални длабоки тектонски структури. Од причина што при сегашната технологија за дупчење може да се дупчи до 10-ина km, предмет на интерес би била само геотермалната енергија која се наоѓа до таа длабочина. Вкупната енергија во тие карпи е пресметано дека е неколку илјадници пати поголема од енергијата во вкупните постојни светски резерви на јаглен. Во досегашното искуство поголемиот дел од искористувањето на геотермалната енергија бил преку експлоатацијата на топлите води и водена пареа, отколку користење на енергијата од врелите суви карпи. Ако се компарира само акумулираната топлотна енергија која се наоѓа во земјината кора на длабочина до 3 km, таа е за околу 2.000 пати поголема од енергијата во вкупните светски резерви на јаглен. Најголем дел од носителите на топлина се со температура помала од

слика 2. Перспективни зони каде е присутна геотермална енергија (според USGS)

Page 44: Порта3, 186

ПОРТА 29 јуни 2012344

44

100ºС (околу 88 %), а преостанатиот дел се со температура над 150ºС (околу 12 %). Геотермалната енергија денес се добива од различни длабински нивоа на Земјината кора. Во зависност од длабинската локација на грејните тела (субвулкански или интрузивни магматски карпи), тие можат да бидат плитки и длабоки чија длабочина може да биде и повеќе километри. Појавата на овие грејни тела во хоризонтален правец е нерамномерна. Во некои области ги има, а во некои ги нема. Поради тоа некои области се мошне потенцијални за постоење на вакви грејни тела и во плитките делови на Земјината кора, додека други делови на Земјината кора таков геотермален потенцијал немаат. (сл. 2) Според научните сознанија, најперспективните места каде се појавува геотермалната енергија во плитките нивоа на Земјината кора се контактите на тектонските плочи каде постои раздвојување или судирање на истите и каде постои изразен вулканизам и тектонска активност. Други потенцијални простори, каде може да се појави геотермалната енергија и да биде интересен предизвик за искористување, се младите неотектонски грабени ограничени со длабоки раседи, каде како грејни тела можат да се јават субвулкански интрузивни магматски тела, или пак локалитети каде Земјината кора не е многу дебела (не повеќе од 20 km), па може да дојде до акумулација во топлински аквифери по пат на кондуктивниот пренос на топлината од мантијата што се појавува како основно грејно тело. Во последните 100 години интересот за искористување на геотермалната енергија е зголемен, особено за оние ресурси во кои водата од топлотните басени е со висока температура или е во вид на пареа. Од ваквите топлотни извори на енергија, на едноставен и евтин начин може да се произведува електрична енергија. Покрај овие топлотни извори, во последно време предмет на интерес се и врелите суви карпи, кај кои во еден цикличен затворен систем се впумпува флуид на загревање, а преку доводна цевка се носи до турбина за производство на електрична енергија.Таква термоцентрала за првпат е направена во италијанскиот град Larderello (1904) каде денес постои централа која на овој начин произведува 5.000 GWh електрична енергија годишно и снабдува еден милион домаќинства со оваа енергија. Централи во светот од ваков тип постојат на многу места, а тенденција е да се градат уште повеќе. Лидери за производство на електрична енергија од вакви извори во светот се:

Италија, САД, Јапонија, Мексико, Исланд. Искуството на Македонија во искористувањето на геотермалната енергија која ја поседува е многу мало. Во Македонија постојат неколку термални извори кои, пред сè, се користат во балнеолошки цели (Катлановска бања, Негорска бања, Кежовица, Бања Банско, Дебарска бања). Единствен геотермален потенцијал кој се користи за потребите во земјоделието е Подлог (Кочанско). Сите останати појави на термална вода се недоволно искористени и недоволно проучени. Искуството со истражување на геотермална енергија во плутонски суви врели карпи во Македонија е на самиот почеток и се надеваме дека вложувањата во овие истражувања ќе имаат свој подем и успех.

методологија на истражуваЊе на геотермалната енергијаЗа успешно спроведување на истражувањата за пронаоѓање на гетротермална енергија, сконцентрирана во врелите суви карпи, најпрво е потребно добро проучување на геолошкиот склоп на теренот т.е. проучување на односите помеѓу одделните литолошки единици, проучување на инженерскогеолошките и хидрогеолошките карактеристики на карпестите маси и структурно-тектонскиот склоп на теренот т.е. издвојување на главните раседни структури од регионален и локален карактер. Овие истражувања треба да овозможат попрецизно и поточно лоцирање на геофизичките истражни методи кои ќе бидат применети во следната фаза на истражувањето, како главни методи за ваков тип на истражување. После успешна реализација на истражувањата од првата фаза и добивање на потребните информации за истражниот терен, регистрирање на хидрогеотермални извори на врела вода или пареа и на млади вулкански карпи, може да се помине на наредната фаза, проектирање на геофизичките методи на истражување кои се основни за вакви видови на истражувања. Со примената на геофизичките методи на истражување треба да се утврди термичка аномалија, а истата со завршната фаза на истражување, преку истражното дупчење треба да се потврди. Со овие истражувања може приближно точно да се одреди длабината на термичката аномалија, но не и температурниот градиент.Геофизичките методи треба да укажат на:

- перспективни простори за постоење на примарни грејни тела со акумулирана енергија,

- да ги дефинираат термичките својства на карпестите маси, - да ја определат кондуктивната топлинска проводливост (KTP) за секоја литолошка единица, - одредување на специфичната топлина и температурната проводливост на литолошките единици, - регистрирање и издвојување на термички изолатори и - определување на локален геотермален градиент.

Геофизичките истражувања кои се насочени кон пронаоѓање на геотермална енергија во прво време се состојат од набљудување и определување на физичките параметри на длабоките геолошки формации од површината на теренот, а во покасните фази се оди со директно испитување и истражување во дупнатините-каротаж. Во овие физички параметри се вклучуват:

• Температура - термални истражувања• Брзина на простирањето на еластични бранови - сеизмички истражувања• Густина - гравиметриски истражувања• Мaгнетен сусцептибилитет - магнетни истражувања• Електрична проводливост - електрични и електромагнетни методи вклучувајќи ја и магнетнотелурската метода

Целта на геофизичките истражувања во пронаоѓањето на геотермална енергија, врз основа на физичките карактеристики на застапените карпести маси, е да се добијат корисни информации за обликот, големината и длабочината на геолошките структури кои го прават геотермалниот извор, а понекогаш и самиот изворот на топлина. Од тие причини, потребно е да се применат повеќе геофизички методи кои меѓусебно се суплементни. Потребно е да се напомене дека секоја геофизичка метода има свои предности, но и свои недостатоци, на кои во фазата на истражување потребно е да им се посвети поголемо внимание. Фазното изведување на геофизичките методи е потребно за приспособување на истражувањата од наредните фази кон поперспективните локации и исфрлање на помалку перспективните (скратување на истражниот простор во наредните фази на истражување). Постои широк спектар на електрични и електромагнетски методи кои се осетливи на геотермални флуиди во однос на други геофизички методи. За испитување и добивање на информација во поглед на постоење геотермални флуиди во геолошки структури кои го создаваат и формираат аквиферот на поголеми длабочини во земјината кора, најчесто се применува

геологија

Page 45: Порта3, 186

29 јуни 2012 ПОРТА3 45

45

електромагнетска–магнетнотелурска метода. Магнетнотелурската метода спаѓа во групата пасивни геофизички методи кои ја користат природната временска варијација на земјиното магнетно и електрично поле за да може да се одреди електричната отпорност на подземјето. Електричната отпорност на карпите и застапените минерали во нив е многу важна физичка карактеристика. Овие карактеристики на карпите овозможуваат да се сфатат геолошките односи и процеси на литолошки застапените карпести маси во истражуваниот простор, кои зависат од составот на карпата, порозноста, нивната пермеабилнос, како и составот на во нив присутниот флуид и постоечката температура. Длабочината на испитувањето

се добива со мерење на временските варијации во опсегот на нивната фреквенца. Високите фреквенции продираат плитко во земјината кора. За разлика од нив, ниските фреквенции продират многу подлабоко и тоа од неколку стотици метри па дури и повеќе од десет километри длабочина. Аудиомагнетскотелурската метода АМТ е дел од магнетнотелурските сондирања за аудио фреквенции во опсегот помеѓу 1 Hz и 20 KHz. Оваа метода има подобра вертикална резолуција за помали длабочини (до околу 2.000 m) и истата е корисна доколку изворот на енергија би се наоѓал до таа длабочина. Од причина што сувите врели карпи се очекуваат во подлабоките нивоа на Земјината кора, се предлагаат комбинирани магнетскотелурни испитувања

(МТ и АМТ), но исто така од голема важност за успешно осознавање за евентуално постоење на длабоки субвулкански или интрузивни магматски карпи кои можат да бидат главни носители на топлотна енергија, неминовно е да се применат и методите како што се гравиметрија и геомагнетизам. Магнетнотелурски испитувања (магнетнотелурска МТ и аудиомагнетнотелурска АМТ метода) се изведуваат долж зададени профили кои се на меѓусебно растојание од по 1.000 m, односно со просечна густина 1 точка/km2. При овие испитувања се мерат компоненти на хоризонталното електрично поле и компоненти на земјиното магнетното поле.За изведба на теренските магнетски испитувања потребно е да се користи современа 24–bit апаратура со 5(пет) канали, како што се V5 Sistem 2000MTU series, чие производство е на реномираниот производител PHOENIX Geophysics Canada или ADU - 07 од реномираниот производител Metronix Geophysics, од Германија чиј опсег на фреквентна осетливост е од 0,001 Hz - 50 KHz. Кај овие мерења потребно е да се знае дека во периодот на мобилизација треба да се обезбеди логистика за секоја магнетскотелурска точка (сонда) во смисла на обезбедување базна станица, тестирање и калибрирање на опремата.За да се добие квалитетна контрола на резултатите и евентуална корекција на проектот потребно е обработката и интерпретацијата да почне уште на самиот терен. Добиените резултати се прикажуваат во облик на профили, контурни мапи на геоелектричен отпор на различни длабочини (хоризонти) и финална интерпретација во 3D форма. Гравиметриски испитувања се вршат по должина на зададени профили или по зададена мрежа. Профилите е потребно да се постават приближно нормално на протегањето на геолошките структури како би можело да се добие вертикален пресек на разместените карпести густини кои се во врска со набљудуваните гравитациони аномалии. Мрежните гравиметриски испитувања се вршат за да се добијат карти со гравиметриски аномалии. Предвидената мрежа за такви испитувања треба да биде 300 х 300 m или се изведуваат мерења на 16 точки по квадратен километар. Опремата со која ќе се изведуваат мерењата треба да биде современа и со висока осетливост и точност ± 0,01mgal од некои познати марки, како што се La Coste & Romberg Model D, USA или Scintrex CG - 5 Canada. При изведувањето на гравиметриските мерења потребно е локациите на мерните станици

слика 3. Основен принцип како се искористува топлинската енергија за производство на електрична енергија од интрузивни врели суви карпи

геологија

Page 46: Порта3, 186

ПОРТА 29 јуни 2012346

46

геологија

да бидат дефинирани со координати при што посебно Z-координатата треба да биде со степен на точност која не преминува ±2 cm. Обработката и интерпретацијата на резултатите е потребно да се изведат со примена на современи софтвери како што се Micro-g, Geosoft, Interpex, Encom. По можност, добиените резултати да се прикажат во 3D. Геомагнетни испитувања исто така можат да дадат добри информации за состојбата во подземјето, а се изведуваат и на копно и на вода. Распоредот на мерните места треба да биде изведено по истражна мрежа со 25 точки на km2. Растојанието помеѓу профилите во мрежата треба да биде 250 m и растојанието помеѓу мерните точки исто така на 250 m, односно се предвидуваат 5 точки на km. За геомагнетските теренски мерења, препорачливо е да се користат современи магнетометри со вграден JPS и висока осетливост. Еден од таквите магнетометри е G–859 Cesium Vapor Magnetometar, чиј производител е Geometrix, USA. Обработката и интерпретацијата на добиените резултати треба да се изведат со примена на современи софтвери како што е на пример Geosoft со прикажување на добиените резултати во вид на пресеци и карти во 2D и 3D проекции.

предности и недостатоци Кај геотермалната енергијаКако што другите извори на енергија имаат свои предности и недостатоци така и геотермалната енергија има свои предности и недостатоци. Кои се предностите на геотермалната енергија?

• Најголемата предност на геотермалната енергија е тоа што е чиста и сигурна за околината (не ја загадува).• При нејзиното користење за производство на електрична енергија не се создава емисија на

штетни материи за околината. • Се намалува употребата на фосилните горива кои се големи загадувачи на околината.• Резервите на геотермална енергија се практично неисцрпни и обновливи, за разлика од фосилните што се необновливи.• Геотермалните електрани зафаќаат мала површина во однос на хидроелектраните чии брани предизвикуваат потопување на големи површини.• Геотермалните електрани се градат директно на местото каде што е изворот на енергијата и лесно ги снабдуваат околните подрачја со топлотна и електрична енергија. • Геотермалната енергија не зависи од метеоролошките услови, што не е случај со хидроелектраните, ветерниците и соларните системи кои се зависни од метеоролошките услови. Оваа енергија може да се произведува 24 часа на ден.• Средствата што се вложуваат во истражувањата кај овој тип на енергија во однос на вложувањата кај другите типови се доста помали, а бенефитот е многу поголем, практично неспоредлив со другите.

Кои се недостатоците? • Најголем недостаток е што нема многу поволни локации за искористување на геотермалната енергија и изградба на геотермални електрани. Најдобри локации се оние што имаат доволно топли карпи на погодна длабина за дупчење. • Геотермалниот извор на енергија не може да се транспортира и тој единствено може да се користи за производство на електрична енергија и за снабдување на околината со топлинска енергија.• Проблем при користењето на геотермалната енергија претставува испуштањето на материи и гасови кои

можат да бидат штетни кога ќе избијат на површината. Најопасен е водородниот сулфид кој е доста корозивен и тешко е правилно да се складира.• Статистиката покажала дека на местата каде се експлоатира геотермална енергија има зголемена сеизмичка активност.

заКлуЧоКВо време кога во светот се чувствува сè поголем недостаток на енергија, кога употребата на фосилни горива почнува да создава глобален светски проблем (стаклена бавча), кога резервите на фосилно гориво се ограничени, кога и покрај преземањето на сите безбедносни мерки при експлоатацијата на нуклеарна електрана повторно постои ризик за можна хаварија, кога нуклеарниот отпад кој е продукт при работењето на нуклеарните електрани претставува опасен еколошки отпад, и кога постои голем проблем за негово безбедно складирање, светски тренд е да се бараат безбедни, еколошки оправдани, обновливи и сигурни извори на енергија. Еден од повеќето алтернативни извори на енергија кој се смета за обновлив, еколошки оправдан, сигурен и практично неисцрплив, е геотермалната енергија од врели суви карпи кои постојат во утробата на Земјата. Тенденција и определеност на сите високоразвиени земји во светот е до 2030 година, 20% од нивното вкупно производство на електрична енергија да биде од алтернативни, обновливи и еколошки оправдани извори на енергија. Од причина што и Македонија тежнее кон аспирација за членство во Европската Унија, која се обврзува дека нивното производство на електрична енергија до 2030 година ќе биде барем 20% од обновливи и еколошки оправдани извори, се наметнува потребата и кај нас да се изнајдат соодветни извори на таква енергија, која ќе го следи светскиот тренд за производство на електрична енергија.

Page 47: Порта3, 186

29 јуни 2012 ПОРТА3 47

47

спортски храмови

Стариот Миејски стадион во Познањ, кој имаше капацитет од само 17.500 места, со најновата реконструкција прерасна во супер-модерна спортска

арена со нов капацитет од 42.004 места за седење. Полска по Гдањск, Варшава и Вроцлав, аплицираше и со Познањ за организацијата на ЕП 2012, а проект-планот на дизајнерите од Modern construction systems sp.z.o.o. успеа да ја добие поддршката од Европската фудбалска централа.За разлика од останатите три града каде се изградија комплетно нови стадиони, Познањ е единствениот кој доби осовременување на веќе постоечкиот стадион. Доградбата почна во 2008 година, а опфаќаше комплетна изградба на три

нови трибини и затворање на трибинскиот простор според највисоките стандарди. Арената „Мунисипал” е исклучиво наменета за фудбалски натпревари. Овој објект ја чини полската Влада 132,2 милиони евра, а се претстави како арена со неколку особености. Прво, покривот се состои од три дела кои можат да се движат засебно по системот на хармоника. Овој дел се верува дека е најскапиот и најтешкиот при извршената модернизација на стадионот. Рамката од целата покривна конструкција е направена од челик, а трибинскиот простор е покриен со мембрана изработена од природна свила. Покрај тоа, стадионот е граден според ЕКО стандардите за заштита на животната средина и рационално искористување на ресурсите. Дизајнот на стадионот овозможува складирање на дождовницата

во посебни резервоари, за подоцна да се користи за наводнување на тревниот терен. Арената може да се пофали и со двата најголеми екрани, секој составен од 120 мали ЛЕД екрани. За да нема проблеми со електричното напојување, изведувачите на новиот објект поставиле и две независни струјни линии кои водат до стадионот, но исто така има и два нови генератори на електрична енергија на самиот стадион. Во рамките на стадионот има сауни, соби за масажа, цел кат за техничка поддршка, медиа центар, две лобија за ВИП гости, два медицински центри, две конференциски сали, фото студио, 222 места за лица со хендикеп, 142 седишта за лица со инвалидски колички, два ресторани, бар, кафе-бар, како и 27 угостителски штандови. Паркингот располага со 2.000 места за автомобили.

Стариот Миејски покриен со природна свила сашо кузМановски

арена „мунисипал“ - познаЊ

ФакТи за АРЕНА „МУНИСИПАЛ” - Познањседишта: 42.004 Површина за градба: 250.000 м2

височина на стадионот: 56 метривредност на реконструкција: 132,2 милиони евра Проектант: Modern construction systems sp.z.o.o.

Page 48: Порта3, 186

ПОРТА 29 јуни 2012348

48

еко инфо

мосКва

Конечно старт на јужен потокВо декември 2012 година Русија ќе започне со изградбата на гасоводот Јужен поток, со два од планираните четири цевководи, изјави првиот човек на „Газпром“. Секој од четирите цевководи ќе има капацитет од 15,5 милијарди m3 годишно, додека вкупниот планиран капацитет ќе изнесува 63 милијарди m3 годишно. Со овој гасовод, кој од рускиот брег ќе минува под Црно Море и ќе излезе на бугарскиот брег, планирано е да се заобиколи Украина преку која денес минува најголемиот дел од рускиот гас за европскиот пазар.

(Voice of Russia)

берлин

рекордно производство на електрична енергија од сонцетоНа 25 и 26 мај 2012 година Германија оствари рекордно производство од 22 GWh електрична енергија од соларните централи, што е еквивалент на производството од 20 нуклеарни електрани во полн капацитет. Никогаш ниту една земја не успеала да произведе толку енергија од соларни централи. Во овие два дена, соларните централи задоволиле 50% од финалната потрошувачка на електрична енергија во земјата.

(Reuters)

брисел

полско вето на европската енергетска директиваМинистрите за енергетика од земјите членки на Европската Унија, не ја изгласаа новата директива за енергетска ефикасност, која предвидува намалување на емисиите на јаглероден диоксид за 80% до 2050 година. Послка го искористи правото на вето, со оглед на фактот што нејзината економија сериозно зависи од јагленот. Како сопственик на најголемата европска термоелектрана на јаглен - Belchatow, Полска инсистира на решение кое нема значително да ги погоди јагленот и гасот од шкрилци.

(Oil and Gas Eurasia)

Page 49: Порта3, 186

29 јуни 2012 ПОРТА3 49

49

еко инфо

подготви: Даниела МЛаДеновска

софија

дилеми околу доградбата на не КозлодујСедмиот блок во нуклеарната електрана Козлодуј може да биде изграден за најмалку 12 години, и ќе чини колку изградбата на два блока за НЕ Белене. Притоа, самата изградба би траела најдолго 6 години, 3-4 години одобрувањето на проектот, а дополнителни 2-3 години ќе бара процесот за добивање овластување од Европската комисија. Ова го изјави експертот Рајко Давчев на меѓународната конференција за нуклеарна енергетика во Варна. Варијантата за изградба на седми и осми блок во оваа електрана е разгледувана уште во 1978 година, но истата била одбиена со образложение дека толкава концентрација на капацитетите на едно место е ризик по сигурноста на електроенергетскиот систем.

(Energyobserver)

мадрид

од мадрид до мароко на соларен погонНа 5 јуни авионот на соларен погон „Solar Impulse” по 19-часовен лет, се спушти во Мароко. Авионот полета од Мадрид, а неговата крајна дестинација не е случајно избрана, туку во тоа има одредена симболика. Мароко забрзано ги зголемува своите капацитети на полето на обновливите енергетски извори (сонце и ветер), со амбиција до 2050 година да обезбедува 15% од побарувачката на енергија на европскиот пазар.

(Green optimistic)

брисел

рециклирање на 85% од електронскиот отпадПравилното постапување со електричниот и електронски отпад е од исклучителна важност за спречување на негативни последици по човековото здравје и животната средина. Во моментот во ЕУ соодветно се собира и третира само една третина од овој отпад, односно 4 килограми по жител на годишно ниво. Со новата европска директива се предвидува собирање и рециклирање на дури 85% од произведениот електричен и електронски отпад до 2020 година. Со бесплатното складирање, земјите членки би добиле средства за сузбивање на илегалниот извоз на отпад. Илегалните пратки најчесто се кријат под името „извоз на користена опрема“, избегнувајќи ги на тој начин европските правила за постапување со отпадот.

(Lider)

Page 50: Порта3, 186

ПОРТА 29 јуни 2012350

50

екологија земјоделсКо производство

Можен ли е баланс помеѓу земјоделскиот развој и заштитата на животната средина?Постојат многу примери во светот, каде што едуцираните фармери прифаќаат одредено намалување на профитот заради заштитата на животната средина, свесни дека здравите и функционални екосистеми генерираат бројни позитивни ефекти, како за нив самите така и за идните генерации

м-р Димитрија сековски, дипл.инж.на жив.средина

предизвици на современото земјоделсКо производство и КонфлиКтот со целите на заштитата на животната срединаЗемјоделското производство денес е исправено пред огромниот предизвик да обезбеди доволно храна за рапидно растечката глобална популација. Над 40% од копнената површина во светот се наоѓа под некаков вид на земјоделско производство, кое исто така учествува со над 70% во вкупната потрошувачка на вода за потребите на човекот. Континуирано растат површините на природни живеалишта со висока биолошка разновидност, кои се предмет на конверзија заради зголемување на земјоделското производство. Оваа

антропогена трансформација на намената на земјиштето генерира силни промени врз природните екосистеми, пред сè нивната хидрологија и еколошки статус. Со нарушување на еволутивно воспоставените функции на екосистемите, значително се намалува нивната отпорност и способност за „амортизација“ на притисоците од природните и антропогените влијанија. Дополнително, растечката потреба од храна и ограниченоста на висококвалитетни почвени ресурси, ја наметнува потребата од зголемување на продуктивноста по единица површина. Ваквиот пристап може да има позитивни ефекти врз средината, доколку на тој начин се намали конверзијата на нови природни површини. Сепак, зголемената производност, често подразбира поинтензивна примена на агрохемикалии, зголемено користење на вода, но и генерирање на поголеми

количини на земјоделски отпад. Главните извори на притисок врз медиумите на животната средина (особено водите и почвата), поврзани со земјоделското производство се:

- Ѓубрива (пред сè минерални);- Средства за заштита (пестициди);- Вода за наводнување со несоодветен квалитет;- Други хемиски средства кои се користат во земјоделското производство (пр. средства за подмачкување, горива и сл., кои често и инцидентно може да се испуштат во животната средина);- Земјоделски отпад (органски и амбалажа од пестициди).

Влијанијата од употребата на ѓубривата се особено проблематични кога нивната примена не е базирана на претходни сознанија од концентрацијата на нутриентите во почвата и очекуваните

Page 51: Порта3, 186

29 јуни 2012 ПОРТА3 51

51

екологија

Можен ли е баланс помеѓу земјоделскиот развој и заштитата на животната средина?приноси. Во тој случај, доаѓа до неправилна и често прекумерна употреба на одредени нутриенти, при што тие остануваат неискористени од страна на растението. Овие вишоци по пат на измивање (азотот) или ерозивните процеси (фосфорот), завршуваат во водните тела. Кај површинските водни тела, тие се главната причина за појава на процесите на еутрофикација. Загадувањето предзвикано од пестицидите најчесто е поврзано со нивната прекумерна или неправилна употреба (вклучително и неправилно складирање). Непознавањето на екологијата на болестите и штетниците и неследењето на релевантните метеоролошки услови, може да резултира со неефикасна примена на пестицидите (непотребно голем број на третирања за постигнување на посакуваниот ефект). Исто така, проблематична е појавата на резистентност поради користење на исти типови пестицидни формулации во подолг период, поради што постои тенденција за зголемување на концентрациите на растворите за третман.

КаКо до ублажуваЊе на влијанијата?Суштинската причина што го прави ублажувањето на влијанијата на земјоделството врз животната средина особено комплексен проблем, е дифузниот карактер на загадувањето што го предизвикува. За разлика од другите типични загадувачи (пр. индустриските капацитети), кај кои многу полесно може да се утврди локацијата и количините на емитирани загадувачи (т.е. точкести извори), кај дифузните извори, не постои можност од точно лоцирање на изворот. Токму по тие дифузни „патишта“ во средината се внесуваат огромни количини на нутриенти (примарно азот и фосфор) и серија на т.н. приоритетни супстанции кои произлегуваат од мноштвото на пестицидни формулации. Во практика се користат неколку производствени системи кои покрај ефектите врз производството, имаат потенцијално позитивни влијанија и врз животната средина. Такви се на пример Добрата земјоделска практика (ДЗП) и агроеколошките мерки. Додека ДЗП е задолжителен производстсвен пристап во земјите на ЕУ, користењето на агроеколошките мерки сè уште е на доброволна основа. Сепак, вториве се далеку поприфатливи и значително ги

надминуваат мерките на ДЗП по однос на целите на заштита на животната средина. Примената на некои од агроеколошките мерки може да резултира со намалувањето на приносот или зголемувањето на производствените трошоци, поради што во светот често се воведуваат финансиски механизми за компензација. Во таа насока и кај нас отпочнува финансиска поддршка за спроведување на агроеколошките мерки во рамките на ИПАРД програмата. Во најчест број случаи, земјоделските производители не се свесни дека со своите активности придонесуваат кон нарушување на квалитетот на животната средина. Но, постои растечки број на примери во светот, каде што едуцираните фармери дури прифаќаат и одредено намалување на профитот заради заштитата на животната средина, свесни дека здравите и функционални екосистеми генерираат бројни позитивни ефекти, како за нив самите така и за идните генерации. Генерално, целта на агроеколошките мерки е да се намалат ризиците врз животната средина од процесите на земјоделско производство (пр. преку намалување на внесот на агрохемикалии) и зачувување на природните пределски елементи (особено оние одговорни за одржување на интегритетот на екосистемите како што се блатни екосистеми, крајбрежни заштитни појаси и сл.).

специфиЧни мерКи Мерките за намалување на ризикот од загадување од примената на пестицидите може да се сместат во три главни групи: а) Примена на нехемиски мерки за спречување појава на болести и штетници (пр. механичко собирање на штетниците, примена на биолошки методи, т.е. борба со

користење на природните непријатели на штетниците, избор на отпорни сорти, плодоред и сл.); б) Правилна примена на пестицидите (пр. намалување на бројот на третирања, контрола на количините и концентрациите и сл.). в) Соодветно складирање на средствата за заштита.

слика 1. Агрометеоролошка станица која се користи за контрола на употребата на средства за заштита (поставена во овошен насад во Преспа).

Системот обезбедува автоматски трансфер и обработка на најважните метеоролошки податоци и обезбедува навремено предупредување за точното време на користење средства за заштита против одредени групи на болести и штетници. Целта е да се постигнат максимални ефекти на заштита со минимален број на третирања (пр. во преспанскиот регион, во рамките на проект на УНДП, воспоставен е систем од агрометеоролошки станици, кој на јаболкопроизводителите им помага да намалат во просек до 30% од пестицидите на годишно ниво).

Page 52: Порта3, 186

ПОРТА 29 јуни 2012352

52

екологија

Дополнително, при користењето на пестицидите треба да се води сметка да не се користат во непосредна близина на водните тела (мин. растојание од 10 метра), а вишокот на пестицидите и отпадната вода од миењето на опремата за третирање да не се истураат на едно место или во вода (потребно е распространување на поголема површина која на се наводнува). По однос на намалувањето на ризикот од примената на ѓубривата, особена важност има внесувањето на точни дози на хранливи материи, согласно нивната концентрација во почвата и потребите на растението (тоа се постигнува со периодични агрохемиски анализи на почвата, повремени анализи на концентрациите на хранливите материи во самото растение и сл.). Помеѓу карактеристичните агроеколошки мерки се вбројува и одржувањето на земјоделските површини со затревување и мулчирање. Природното или вештачкото затревување дава бројни позитивни ефекти, како за самото производство така и за спречувањето на внесот на загадувачки

материи во површинските и подземните води. Најкарактеристични вакви ефекти се: подобрување на својствата на почвата, збогатување со органска маса, подобрување на микробиолошката активност, намалување на површинското истекување, намалување на процесите на ерозија. Внесот на органска материја на земјоделските површини преку мулчирање дава слични еколошки ефекти, што крајно

резултира и со намалување на внесот на агрохемикалиите во водните тела. Една од причините за големината на влијанието на земјоделското производство врз животната средина е близината на земјоделските површини до водните текови. Имено, под притисокот на земјоделскиот развој, континуирано се губат големи површини на еколошки значајни пределски елементи. Такви се на пример поплавните рамнини на реките, појасите на крајбрежна вегетација, блатните површини (wetlands) и сл. Тоа се всушност оние пределски елементи во кои се случуваат најинтензивните биогеохемиски процеси со кои, меѓу другото, се задржуваат, филтрираат и трансформираат и агрохемикалиите што доаѓаат од земјоделските површини. На тој начин овие природни системи претставуваат природна бариера на антропогените влијанија. Нивното губење значи понепосреден и интензивен притисок врз водните екосистеми. Токму од овие причини, во светот

постои сè поголема тендеција за заштита и реставрација на овие елементи, особено во подрачјата со интензивно земјоделско производство. Со само неколку метри широк појас на крајбрежна вегетација од двете страни на речното корито, ќе се задржат најголемиот дел на нутриенти и пестицидни резидуи кои по пат на истекување или површинска ерозија би завршиле во водниот систем (Слика

2). Поради тоа воспоставувањето на ваквите природни заштитни механизми е од огромна корист во одржувањето на задоволително ниво на функцонирање на природните екосистеми. Дополнително, овие елементи го подобруваат и хидролошкиот режим во сливовите и обезбедуваат поголем пределски диверзитет, што директно придонесува кон квалитетот на живеалиштата, а со тоа и биолошката разновидност.

можен ли е баланс?Со внимателен избор на површините на кои ќе се случува земјоделското производство (пр. што е можно подалеку од водните тела) и ненарушувањето на природните елементи кои имаат улога на биогеохемиски бариери за агрохемикалиите, во значителна мерка ќе се намали влијанието на земјоделството врз водните екосистеми и животната средина во целост. Од друга страна, контролата на примената на ѓубривата и пестицидите, на минимално потребно ниво, дополнително

ќе го намали притисокот. На тој начин, потенцијално опасните материи (нутриенти, пестициди) во голема мера ќе бидат задржани во рамките на земјоделските површини, при што ќе се спречи нивно неконтролирано испуштање во ранливите екосистеми (пр. реки, езера). Ако покрај овие мерки, при планирањето на земјоделскиот развој се земат предвид и природната отпорност и капацитет за амортизација на притисоците на засегнати елементи на специфичното место (екосистем), тогаш се создаваат услови за поодржлив земјоделски развој. Динамичкото приспособување на земјоделските активности кон природната варијабилност и осетливоста на екосистемите, преку контрола на внесот на агрохемикалиите и користењето на водата за наводнување, отвора можности за изнаоѓање на баланс помеѓу целите на

развојот и целите на заштитата. Сепак, потребни се бројни истражувања, пред да се издиференцира оперативна рамка за практично спроведување на овие концепти, базирани на принципите на одржливиот развој. Досегашното искуство укажува на тоа дека овие концепциски насоки се реални, релевантни и обезбедуваат алтернатива на неодржливите практики кои сè уште доминираат во светот.

слика 2. Задржувањето на нутриентите од страна на зачуваните крајбрежни вегетациски појаси може да достигне и над 90%.

Page 53: Порта3, 186

29 јуни 2012 ПОРТА3 53

53

еко инфо

Page 54: Порта3, 186

ПОРТА 29 јуни 2012354

54

екологија одбележан светсКиот ден на ветер 2012

Може ли енергијата на ветерот да го напојува светот?

Енергијата од ветер во моментов обезбедува околу 2,5 отсто од глобалната потрошувачка на електрична енергија. Проекциите во индустријата покажуваат дека со правилни политики, енергијата од ветерот двојно ќе го зголеми својот капацитет до 2015 година и уште еднаш до крајот на оваа деценија.

На копно или во вода. Во светот денес вртат околу 199.100 турбини на ветер, во повеќе од 75 земји, создавајќи енергија од чист и обновлив извор. Во производството на

енергија од ветер работат илјадници луѓе, но за многумина во светот енергијата на ветерот е непозната. Затоа, светскиот Ден на ветер кој се одбележува на 15 јуни во многу земји отвора можност луѓето да ги посетат фармите со ветерници, да се запознаат со експерти, да учествуваат во конкурси и работилници и да дознаат сè за ветерот и за неговата енергија. Светскиот Ден на ветер го координираат Европската асоцијација за

енергија од ветер (EWEA) и Светскиот совет за енергија од ветер (GWEC) преку своите партнери. Денот почна да се одбележува во Европа во 2007 година, за две години подоцна да се прошири во светски рамки. Енергијата од ветер во моментов обезбедува околу 2,5 отсто од глобалната потрошувачка на електрична енергија. Проекциите во индустријата покажуваат дека со правилни политики, енергијата од ветерот двојно ќе го зголеми својот капацитет до 2015 година и уште еднаш до крајот на оваа деценија. Со тоа ќе се покријат од 8 до 12 отсто од снабдувањето со енергија. Ветерот обезбедува дури 26 проценти од електричната енергија во Данска, а 16 отсто во Португалија и во

сашо кузМановски

Page 55: Порта3, 186

29 јуни 2012 ПОРТА3 55

55

екологија

Шпанија. Енергијата од ветер придонесува со 40 отсто од годишната потрошувачка на електрична енергија во три германски покраини, и 20 отсто од струјата во јужна Австралија, покажуваат податоците од организаторите на светскиот Ден на ветер. Според последните пресметки објавени од Светскиот совет за енергија од ветер (GWEC), енергијата од ветер во глобални рамки достигнала 238.000.000 киловат-часови кон крајот на 2011 година, што е пораст за 10 пати во 10 години. Трите земји со најголемо производство на енергија од ветер во светот се: Кина - 62.730.000 киловат-часови, САД - 46.910.000 киловат-часови и Германија - 29.910.000 киловат-часови. Фармите со ветерници претставуваат група од турбини на ветер на иста локација наменети за проиводство на електрична енергија. Една голема фарма може да се состои од неколку стотини турбини и да покрива област од стотици квадратни километри. Земјиштето околу турбините може да се користи за земјоделство. Фармите со ветерници може да бидат лоцирани и офшор, во морето, во плитки води.Ова се деветте фарми со ветерници во светот со најголем инсталиран капацитет (киловат-часови), до 2011 година:

- Wild Horse Wind Farm,US (230 MW)- Tehachapi Pass Wind Farm(562 MW)- "Trojan Horse" Wind Power, Texas, US (735 MW)- Baron Wind Farm, UK (90 MW) - Roscoe Wind Farm, Texas, US (335,5 MW)- Middelgrunden Offshore Wind Farm, Denmark (40 MW)- Maple Ridge Wind farm, New York, US(320 MW)- Altamont Pass Wind Farm, California, US (576 MW)- San Gorgonio Pass Wind Farm, California, US (359 MW)

пријатели на рибите?Магазинот ScienceDaily неодамна објави студија според која офшор фармите со ветерници и рибите може успешно да живеат во заедништво, а некои видови риби дури и ја зголемиле бројноста на полулацијата. Данскиот парк со ветерници Хорнс Рев 1, една од најголемите офшор фарми со ветерници во светот, е лоциран на запад од Данска, во плитки води, не подлабоки од 20 метри, во област која врие од риба. Осумдесетте огромни турбини за една година ќе го прослават десеттиот роденден. Пред да биде изградена оваа фарма, истражувачите од националниот Институт за водни ресурси од Данска го истражиле рибниот свет во областа и ги споредиле тогашните податоци со денешната ситуација. Офшор турбините во Хорнс Рев се набиени длабоко во морското дно и се опколени со купишта камења кои ги заштитуваат од водните струи. Данската студија посочува дека овие структури изгледаат како вештачки гребени кои обезбедуваат одлични услови за рибите, со доволни количества храна и засолниште. Така, турбините не само што не ја нарушиле постојната популација на риби туку создале дом и за неколку нови видови.

Page 56: Порта3, 186

ПОРТА 29 јуни 2012356

56

хортикултура

Минијатурни градини

Многумина мечтаат да имаат сопствена градина која би ја одгледувале. За жал, повеќето од жителите на урбаните

населби во градовите, ова особено важи за оние што живеат во згради, не може да си ја задоволат својата желба. За сите тие љубители на природата постои едно интересно и нетипично решение, а тоа се вика минијатурна градина. Минијатурната градина, поставена на специјално одредено место за неа во домот или канцеларијата, дава шанса да се радуваме и грижиме во секое време, а исто така и да си го

намалуваме стресот и нерасположението од секојдневните случувања. Кога станува збор за минијатурна градина, не е добро да ја мешаме со бонсаи. Тоа претставува вековно искуство, во кое одгледувачот влијае врз животот на растението, за да постигне одредена цел. Меѓу другото, не е убаво бонсаито да биде злоупотребено како декорација на минијатурна градина, бидејќи самото претставува приказна за себе. При изборот на растенија за минијатурни градини треба да се користат оние со минијатурни димензии, а според потребите тие може да бидат лиснодекоративни, цветнодекоративни, сукуленти, папрати и слично. Секој

индивидуално одлучува што ќе засади, тоа што ќе му причини најголемо задоволство. Садот во кој би се одгледувала минијатурната градина се одредува според местото со кое располагаме и според индивидуалната желба. Важно е садовите да се плитки, за да не ја нарушува целокупната композиција со својата габаритност, ставајќи ја градината во втор план. Во поглед на материјалите од кои се направени садовите погодни за ваков тип на градини, ги има многу. Најдобри ефекти се постигнуваат ако се изберат садови од природни материлјали. Растенијата што се предвидени за минијатурна градина може да ги насадиме на неколку начини. Може да се засадат

Филип ФиЛиПоски, дипл.шум.инж.,Биро Проект ДОО, Скопје

Page 57: Порта3, 186

29 јуни 2012 ПОРТА3 57

57

хортикултура

сите заедно во големиот сад, предвиден за минијатурната градина, а исто така може да се засадат индивидуално секое растение посебно во малечка саксија, заедно во големата саксија. Обично се практикува, растенијата да се засадуваат во посебни саксии, само ако има видови кои имаат потреба од различни услови. Покрај растенијата, како дополнителни декоративни елементи во овие градини се користат камчиња, песок, скулптури, детски играчки со минијатурни

димензии и други предмети кои би придонеле за пореално прикажување на некој пејзаж или дел од градина. Во поново време се користи и водата како детаљ од минијатурните градини, така што во самите садови се вградуваат т.н. Tabletop фонтани. Како и сите градини, и кај минијатурните градини може да се применуваат најразлични стилови. Така, градините тука може да бидат од најобични пустински предели подигнати

од песок, камчиња и неколку сукуленти, до најразгранети дождовни шуми. Како и сите градини, така и минијатурните градини се живи организми кои непрекинато се менуваат, поради што треба постојано да се негуваат. Редовно треба да се кројат и отстрануваат исушените делови, да се полеваат редовно со помали количини вода. Најважно е да се одржува хигиената во почвата и да не се дозволи појава на инсекти, затоа што борбата со нив на оваа ограничена површина е многу тешка.

Page 58: Порта3, 186

ПОРТА 29 јуни 2012358

58

совети

Место за детска соба во двособен стан

Во „Порта 3“ видов некои совети за уредување на домот и навистина ми се допаднаа. Јас би сакала дел од дневната соба да преуредам во детска, но потребен ми е вашиот совет. Проблем ми е осветлувањето на собата. Станот има 64 м2 во кои се сместени дневната соба, кујната, терасата, бањата и спалната соба.

Албулена Абази, Скопје

Неколку елементи ќе бидат пресудни за идниот изглед на дневната соба. На прво место, потребно е да се задржи многу светлина и да не се наруши просторноста

на станот, а воедно да се исполнат сите функции. Кујната, трпезаријата, дневната и детската соба се во еден отворен простор. Централниот дел на дневниот престој се состои од две целини: дел за одмор и детска соба. Нискиот параван ја дели

дневната од детската соба и овозможува таа да добива доволно дневна светлина. Иако во ист простор, двете соби се разделени. Во детската соба има кревет, работна маса со столче и голем плакар кој се гледа од дневната соба, а пред него има доволно простор за игра. На параванот се монтираат полици за книги и играчки. Трпезаријата е во продолжение на кујната покрај прозорецот. Белата боја како основа на дневниот простор создава основа за сите колорни интервенции. Доколку лево од влезот постои издвоена спална соба, можеби би било подобро таа да биде детска, а во просторот на дневната да се издвои дел за спалната соба.

Билјана сТевковска-савиќ, дипл.инж.арх., [email protected]

пред

потоа

Page 59: Порта3, 186

29 јуни 2012 ПОРТА3 59

59

најчудни градби

КУЌА - ПОЛЖАВ Драган рисТов

Можеби ќе изгледа чудно, ама има две причини за прилогот во овој број на „Порта 3“. Прво, затоа што сакам да покажам дека животинскиот свет

останува инспирација во архитектурата, мала или голема, со оглед на тоа што до сега претставивме и куќа-куче, и куќа-слон, и куќа-риба. А второ, затоа што се наоѓа во нашето соседство, поточно во Бугарија. Симеон Симеонов, бугарски архитект, успеал во Софија да направи уникатна градба која заслужено влегува во листата на најчудни градби. Ви ја претставуваме куќата-полжав, која е вистинско ремек-дело. Според одредени интернет сајтови, дури и на листата на 100-те најчудни градби, посетителите ја изгласале и како поубава од музејот

„Гугенхајм“ во Билбао и од катедралата „Саграда фамилија“ во Барселона.Куќата-полжав во Софија, авторот Симеонов ја градел цели десет години. Официјално е промовирана во 2009 година. Објектот е петкатна семејна куќа која има форма на полжав, со фасада во мошне живи бои, а самата внатрешност е вкомпонирана со одличен конзервативен или би рекле антички дизајн на мебелот. Дека не пишуваме напразно, доволно е да се каже дека во куќата-полжав има радијатор во форма на жаба. Ваквата идеја доминира и на надворешноста, бидејќи на кровот (куќарката) на полжавот се поставени бубамара и пчела, кои илустрираат природна состојба на полжавот. Самиот архитект вели дека бил опседнат со идејата да направи баланс на градбата со природата или со заштитата на животната

средина, па иако објектот е голем, создава илузија како да се работи за вистински полжав кој ползи по тротоарот. Објектот нема остри агли, туку има потполна заобленост и идентична илустрација на полжав, па дури и очите што се испакнати содржат светилки кои се своевидна замена за очи. Самата влезна врата има улога на уста, со што сите елементи на градба од типот на куќи, одлично се вклопени во градежната слика на полжавот.Интересно е да се додаде дека оваа куќа која е сопственост на Симеонов, наскоро се очекува да стане детска градинка, а градските власти позитивно изненадени од посетите на софиските туристи, имаат намера до самиот објект да изградат уште две куќи со животински мотиви. Првата ќе биде во форма на џиновска желка, а втората во форма на диносаурус.

Page 60: Порта3, 186

ПОРТА 29 јуни 2012360

60

арт инфо

10 слики вредни 900 милиони

Сликата „Крик“ од Едвард Мунк е продадена на 2 мај во Њујорк за нешто помалку од 120 милиони долари, достигнувајќи така на врвот на листата на уметнички дела кои со продажба на

аукциите достигнале рекордни цени. Неодамнешната продажба на една од верзиите на Мунковите слики предизвика незапамтено интересирање. Во преполната сала на аукциската куќа „Сотебис“, седум купувачи се натпреваруваа за сликата „Крик“, чија прва вредност е проценета на осумдесет милиони долари. Продажбата траела само дванаесет минути, а ценатa понекогаш скокала и по 10 милиони долари за минута. Сликата на крај е продадена за 119,92 милиони долари и со тоа станала слика со највисока цена постигната на аукција. Листата на овие скапоцени дела ја составил британскиот „Гардијан“, и нивната заедничка вредност изнесува околу 930 милиони долари. На второ место се најде сликата на Пабло Пикасо „Акт, зелено лисје и биста“. Ова дело е продадено на 30 април 2010 година за 106,48 милиони долари. Интересно е што половина од делата на оваа листа се продадени во Њујорк, а другата половина е продадена во Лондон. Трето дело со највисока цена постигната на аукција е „Човек кој оди“ од Алберто Џакомети, единствена скулптура на листата. Делото е продадено на аукција во Лондон, во јануари 2010 година, за 105,18 милиони долари.

Извор: Б92

Френсис Бејкон - Триптих (1976)

Page 61: Порта3, 186

29 јуни 2012 ПОРТА3 61

61

арт инфоАлберто Џакомети - Човек кој оди I (1961)

Кинеска порцеланска ваза од 18 век од Кианлонг династијата

Пикасо - Дора Мар со мачка (1941)

Винс

ент

ван

Гог -

Пор

тре

т н

а до

ктор

Гаш

е (1

890)

Page 62: Порта3, 186

ПОРТА 29 јуни 2012362

62

арт инфоЕд

вард

Мун

к -

Крик

(189

5)

Густ

ав К

лим

т -

Пор

тре

т н

а Ад

ел Б

лох-

Бауе

р II

(191

2)

Пикасо - Акт, зелено лисје и биста (1932) Клод Моне - Лилјани (1919)

Page 63: Порта3, 186

29 јуни 2012 ПОРТА3 63

63

арт инфо

Апсолутен шампион кога е во прашање висока цена на слики, е Пикасо кој на оваа листа зазема три места. Неговата слика „Момче со лула“ се најде на четвртото место откако на њујоршката аукциска куќа „Сотебис“ во мај 2004 година е продадена за 104,16 милиони долари. Во ноември 2006 година сликата на Густав Климт „Портрет на Адел Блох-Бауер II“ е понудена на аукција во куќата „Кристис“ во Њујорк. Достигнувајќи цена од 87,93 милиони долари, Климтовото дело заслужено се најде на петтото место од оваа листа. За шестото место се погрижи олигархот Роман Абрамович. Тој во април 2008 година на аукција на „Сотебис“ во Лондон издвоил 86,3 милиони долари за сликата „Триптих (1976)“ од Френсис Бејкон. Уште едно дело кое не е слика се најде на листата, и тоа на седмо место. Се работи за порцеланска вазна од 18 век која припаѓала на кинеската династија Кјанлонг. Пронајдена сосема случајно на таванот на една куќа во Пинера, вазната е продадена за 85,92 милиони долари во ноември 2010 година. Пикасо го зазема и осмото место на листата,

и тоа благодарејќи на портретот на својата љубовница Дора Мар. Сликата „Дора Мар со мачка“ е продадена во Лондон во март 2006 година за 83,42 милиони долари. Деветото место и припадна на сликата „Портрет на доктор Гаше“ од Винсент ван Гог, што во почетокот на 1990 година е продадена во Њујорк за 82,5 милиони долари. Десетото место му припадна на пејзажот „Лилјани“ од Клод Моне од 1919 година. Оваа слика е продадена во јуни 2008 година за 40,92 милиони долари. Сепак, оваа листа може да биде доведена до прашање. Имено, стручњаците за уметност на „Гардијан“ не го земале предвид фактот што вредноста на доларот се менувала во текот на сите овие години. Доколку и варирањето на доларот се земе предвид, листата би била значително поразлична. Во тој случај, најскапа слика продадена на аукција би била „Портрет на доктор Гаше“ која се наоѓа на самото дно на оваа листа. Со оглед на тоа што во 1990 година е продадена за 82,5 милиони долари, нејзината денешна вредност во долари би изнесувала рекордни 147 милиони.

Пик

асо

- Мом

че со

лул

а (1

905)

Page 64: Порта3, 186

ПОРТА 29 јуни 2012364

64

излог

1

2

Page 65: Порта3, 186

29 јуни 2012 ПОРТА3 65

65

излог

подготви: сандра Дончева ТеоХарова, дипл.инж.арх.

1. Италијанскиот архитект Angelo Tomaiuolo ги дизајнирал овие модуларни полици за италијанската фирма Tonin Casa. Изработени се од сјаен медијапан во комбинација со вертикални полици од стакло.

2. Karim Rashid е дизајнерот на оваа колкеција софи за шпанскиот бренд SANCAL.

3. Дрвени кружни полици кои се рачна изработка претставени од италијанскиот бренд Villa.

4. Германската компанија Dedon го претставува дизајнот на французинот Daniel Pouzet - висечка фотелја наменета за надворешни простори.

3

4

Page 66: Порта3, 186

ПОРТА 29 јуни 2012366

66

јавни набавки

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 68/2012

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА

ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА

ОДОБРУВАЊЕ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО СПА ЦЕНТАР – ПРОБИШТИП, СПОРТСКО РЕКРЕАТИВЕН И БАЊСКИ ЦЕНТАР КО ЗЛЕТОВО И КО

ДРЕВЕНО, ОПШТИНА ПРОБИШТИП

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА

ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ

УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО, ЗА ИЗГРАДБА “ЛЕСНА

НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА Б1, Б2 И Г2“ КО ТАРИНЦИ, ОПШТИНА КАРБИНЦИ

ОБЈАВА БРОЈ 26-758ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА БУТЕЛ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 73/2012

ОБЈАВА БРОЈ 1(5.6.2012)ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

ЗА ИЗГРАДБА НА СЕМЕЈНИ КУЌИ ВО ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 31/2012Назив на договорниот орган:Министерство за образование и наука, ул. “Мито Хаџи Василев Јасмин“ бб., 1000 Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на проекти за реконструкција на основни и средни училишта во Република Македонија.Контакт тел/факс: 02 3220-113, 02 3118-414, лице за контакт: Игор Николоски.Јавно отворање на понудите на ден: 23.07.2012 год.

БРОЈ: 32/2012Назив на договорниот орган:Министерство за образование и наука, ул. “Мито Хаџи Василев Јасмин“ бб., 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Ревизија на проекти за реконструкција на основни и средни училишта во Република Македонија.Контакт тел/факс: 02 3220-113, 02 3118-414, лице за контакт: Игор Николоски.Јавно отворање на понудите на ден 03.07.2012 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 74/2012

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ

НА ЗАКОНОТ ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

ОБЈАВА БРОЈ 61 (7.6.2012)ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

ВО ОПШТИНА ВАСИЛЕВО

ОБЈАВА 03/2012ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

ВО ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ШТИП

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 75/2012

ОДЛУКАЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПЕРИОДОТ НА

ЗАКУП НА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ ВО ТЕХНОЛОШКО ИНДУСТРИСКАТА

РАЗВОЈНА ЗОНА СКОПЈЕ 2 И ЗА ВИСИНАТА НА ЗАКУПНИНАТА

ПРАВИЛНИКЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ

ЗА СТЕПЕНОТ НА УРЕДУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СО ОБЈЕКТИ НА КОМУНАЛНА ИНФРАСТРУКТУРА

И НАЧИНОТ НА УТВРДУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА ТРОШОЦИТЕ ЗА УРЕДУВАЊЕТО ВО ЗАВИСНОСТ ОД СТЕПЕНОТ НА УРЕДЕНОСТ

ОГЛАСЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА

ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

БРОЈ: 01/2012Назив на договорниот орган:АД Градски Трговски Центар, кеј 13-Ноември, кула 2/4, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на идеен проект за изградба (изградба на терасата – петта фасада) и фасадно обликување на Г.Т.Ц.Контакт тел/факс: 3135-130, 3223-681, лице за контакт: Горан Ивановски.Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 18.10.2012 во 16.00 часот.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 76/2012

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА

ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ОДОБРУВАЊЕ

ДРЖАВНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ЗА ИЗГРАДБА

“БЕНЗИНСКА ПУМПНА СТАНИЦА И УСЛУЖНИ ЦЕНТРИ СО ПРИДРУЖНИ

СОДРЖИНИ НА АВТОПАТОТ – СЕВЕРНА ОБИКОЛНИЦА“ КО

СКОПЈЕ, ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА

ДАВАЊЕ ПОД ДОЛГОТРАЕН ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ

НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА НЕПОСРЕДНА СПОГОДБА НА

ДРУШТВО ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЕМК ДООЕЛ МАЛИ ХИДРОЕЛЕКТРАНИ СКОПЈЕ

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА

ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА НА

ЛОКАЛНАТА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА СТОПАНСКА ЗОНА “ЕВЛА“, ВО КО

ЕВЛА, ОПШТИНА ЦЕНТАР ЖУПА

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА

ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА НА

УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО ЗА ИЗГРАДБА НА КОМПЛЕКС-МИНИ ПОДРУМ СО УГОСТИТЕЛСКИ

(РЕСТОРАНСКИ И МОТЕЛСКИ) УСЛУГИ

КО ГРАДСКО, ОПШТИНА ГРАДСКО

ИСПРАВКА НА ОБЈАВА 02/2012ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

ВО ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 39/2012Назив на договорниот орган:Министерство за образовани и наука, ул. “Мито Хаџи Василев Јасмин“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на техничка документација – Основен проект со сите фази за изградба на Факултет за физичка култура при Универзитет Кирил и Методиј.Контакт тел/факс: 02 3220-113, 02 3118-414, лице за контакт: Игор Николоски.Јавно отворање на понудите на ден 05.07.2012. год.

БРОЈ: 54/2012Назив на договорниот орган:Министерство за транспорт и врски, ул. “Црвена скопска општина“ 4, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изградба на секундарна водоводна мрежа во село Волково, општина Ѓорче Петров, по принципот “клуч во раце“.Контакт тел/факс: 02 3145-445, 3226-392, лице за контакт: Борче Размоски.Јавно отворање на понудите на ден 09.07.2012 год.

БРОЈ: 05/2012Назив на договорниот орган:Општина Босилово, с. Босилово бб, 2431, Струмица.ПРЕДМЕТ:Изградба на повеќенаменски објект во населено место Штука и реконструкција/замена на кровна конструкција и кровен покривач во ООУ “Св. Кирил и Методиј“ Турново.Контакт тел/факс: 034 371-600, лице за контакт: Милан Андонов.Јавно отворање на понудите на ден 05.07.2012 год.

БРОЈ: 11/2012Назив на договорниот орган:Општина Куманово, ул. “11 Октомври“ бб, 1300, Куманово.ПРЕДМЕТ:Изведба на градежни работи за реконструкција на спортска сала и помошни објекти на ОУ “Вук Караџиќ“ и ОУ “Наим Фрашери“ во општина Куманово.Контакт тел/факс: 031 475-832, лице за контакт: Дарко Станојковски.Јавно отворање на понудите на ден 04.07.2012 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 77/2012

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА

ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА

НА ДРЖАВНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА

ФАБРИКА ЗА СОБИРАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ОБРАБОТКА НА ОПАСЕН ОТПАД И ПРОИЗВОДСТВО НА ДИЗЕЛ ГОРИВО,

КО ОРИЗАРИ, ОПШТИНА ВЕЛЕС

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА

ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА

ОДОБРУВАЊЕ ДРЖАВНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ЗА

ИЗГРАДБА “БЕНЗИНСКА ПУМПНА СТАНИЦА И УСЛУЖНИ ЦЕНТРИ

СО ПРИДРУЖНИ СОДРЖИНИ НА АВТОПАТОТ- СЕВЕРНА ОБИКОЛНИЦА“

КО СКОПЈЕ, ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА

ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ

ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ЗА ИЗГРАДБА НА “ОБЈЕКТИ ЗА КОМЕРЦИЈАЛНИ

И ДЕЛОВНИ НАМЕНИ“ КО МИСЛЕШЕВО, ОПШТИНА СТРУГА

ОБЈАВА БР. 1 (12.6.2012 ГОДИНА)ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО

ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА,

СЕРВИСИ И СТОВАРИШТА Г2, Г3 И Г4 И КОМЕРЦИЈАЛНИ ОБЈЕКТИ Б1

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 30/2012Назив на договорниот орган:Министерство за здравство, ул. “50 Дивизија“ бр. 6, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Ревизија на проектна документација за изградба на објект за позитронска емисиона томографија – ПЕТ Центар во Република Македонија.Контакт тел/факс: 3176-076, 02 3113-014, лице за контакт: Емилија Белопета.Јавно отворање на понудите на ден 09.07.2012 год.

БРОЈ: 07-06/2012Назив на договорниот орган:Агенција за државни патишта, ул. “Даме Груев“ бр. 14, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изградба на Магистрален пат А4 (М-6) Штип – Струмица, делница Сурдулци – Радичево, од км. 42+700 до км. 52+700.Контакт тел/факс: 3118-044, 3220-535, лице за контакт: Жаклина Стефановска Богдановска.Јавно отворање на понудите на ден 10.07.2012 год.

БРОЈ: 08-495/2/2012Назив на договорниот орган:ЕЛС Општина Демир Хисар, ул. “Битолска“ бб, 7240, Демир Хисар.ПРЕДМЕТ:Изработка на партер за плоштад-прва фаза, со фонтана, во Демир Хисар.Контакт тел/факс: 075 628-461, 047 203-055, лице за контакт: Влатко Станковски.Јавно отворање на понудите на ден 09.07.2012 год.

БРОЈ: 07/2012Назив на договорниот орган:Општина Неготино, ул. “Ацо Аџи Илов“ 2, 1440, Неготино.ПРЕДМЕТ:Изработка на урбанистички планови, ревизија на планови и локална урбанистичка планска документација за период од една година.Контакт тел/факс: 043 361-045, 043 361-933, лице за контакт: Зоран Лазов.Јавно отворање на понудите на ден 10.07.2012 год.

БРОЈ: 87/2012Назив на договорниот орган:АД МЕПСО, ул. “Орце Николов“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на основни проекти за замена на класично заштитно јаже со заштитно јаже со интегрирани оптички влакна (OPGW) на далноводи од 110 кV напонско ниво.Контакт тел/факс: 3149-085, 3111-160, лице за контакт: Ванчо Јанковски.Јавно отворање на понудите на ден 26.07.2012 год.

Page 67: Порта3, 186

29 јуни 2012 ПОРТА3 67

67

рубрика

IZIIS SAGA-BРешение за Европа

EUROCODE 2&8

Софтвер за анализа и проектирање на армиранобетноски објекти од високоградба

IZIIS SAGA-B е софтверски пакет за 3Д анализа и проектирање на армиранобетонски згради. Со овој софтвер, кој се користи во Австралија повеќе од 15 години, успешно се проектирани повеќе од 10,000 згради.

Неодамна, IZIIS SAGA-B е надополнет со Еврокодовите 2 и 8. Затоа, веруваме дека тој неминовно ќе стане составен дел од софтверските пакети кои Вие ќе ги користите во Вашeтo проектанско биро.

Прецизно моделирање со AutoCAD import

• БРЗО МОДЕЛИРАЊЕ НА ГЕОМЕТРИЈА НА ПЛАТФОРМА

СО БИЛО КАКВА ФОРМА • ЛЕСЕН И ФЛЕКСИБИЛЕН AutoCAD И REVIT Import/Export • 3Д АНАЛИЗА, ПРОЕКТИРАЊЕ И ГРАФИЧКИ И

НУМЕРИЧКИ ИЗВЕШТАИ • БРЗА ПОДДРШКА • БЕСПЛАТНА ОБУКА • ОПТИМАЛНА ЦЕНА • МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОД Made in Macedonia

Симнете ја trial-верзијата и туторијалот на веб-странaтa:

www.iziis.ukim.edu.mk/saga-b e-mail: [email protected]

www.iziis.ukim.edu.mk/saga-b

Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Салвадор Аљенде 73, Скопје

Тел. 02 3107 721

Факс 02 3112 163

Page 68: Порта3, 186

Адора Инженеринг, Орце Николов 182 А, Карпош, Скопје Скопје 02 3093 200, 02 5215 215, 072 204 024, 070 365 738, 075 240 003 Охрид 075 244 244Струмица 034 523 335, 072 228 026

СКОПЈЕ - Под Водно – Лист за предбележување на градба бр. 55295 КО Центар 2 Станови : 53, 70, 77, 81, 90, 110, 114, 127 м2 Деловен простор: 73, 80, 96, 144, 162, 300, 620 м2

СТРУМИЦА - Парк - Имотен лист бр. 16815 КО Струмица Станови : 52, 73, 83, 91, 95, 125 м2 Деловен простор : 59, 104, 143, 247 м2

ОХРИД - Билјанини Извори - Лист за предбележување на градба бр. 90014 КО Охрид 4 Станови : 50, 55, 59, 63, 73, 81, 86, 126 м2 приземје со дворно место

ОБЕЗБЕДЕТЕ СИ НОВ КВАЛИТЕТЕН ДОМ во СКОПЈЕ, ОХРИД и СТРУМИЦА

СКОПЈЕ -Карпош СКОПЈЕ- 50 Дивизија СКОПЈЕ- Ново Лисиче

Дел

овни

про

стор

ии -

Им

отен

лис

т

[email protected]@adora.com.mk

КУПЕТЕ ЕЛИТЕН СТАН ШТО ВИ ШТЕДИ ПАРИ!

СКОПЈЕ - Аеродром СКОПЈЕ -50 Дивизија СКОПЈЕ-Црниче Резиденција со 8 (осум ) елитни станови (83 м2)

www.adora.com.mk

- АДОРА Инженеринг-Скопје според пропишаните услови на проектот “КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“, Ви овозможува да бидете сопственик на високо-квалитетен функционален стан изграден по светските стандарди за квалитет и животна средина, со енергетска ефикасност и сеизмичка стабилност.

- АДОРА Инженеринг е лидер на градежништвото на овие простори. Нуди најквалитетна опрема, што штити од студ и сонце, фотоволтажен систем за производство на струја, сопствен паркинг простор и препознатливост по примена на најсовремените технологии и стандарди во градежништвото.

- АДОРА Инженеринг со енергетската ефикасност на објектите Ви заштедува пари секој месец.

- АДОРА Инженеринг Ви нуди СÈ на едно место: проектирање, изведба и продажба.

- АДОРА Инженеринг Ви овозможува среќен, топол, современ и сигурен ДОМ. Во ова кризно време донесете паметна одлука за траен влог за Вашата безгрижна иднина!

ен л

иен

лис

т

- Ауусслови на проелови на проеВи овозмвипо свсредина, стаб

- А

Преку проектот “КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“СКОПЈЕ -Ново Лисиче

ја Сја Сја Сја Сја Сја Сја СККОПЈЕ- Ново ЛисичеОПЈЕ- Ново Лисиче

ООХРИД - БХРИД - БХРИД - БХРИД - Бииллјанини јанини ИИзворизвори