102
1 УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ – КИЧЕВО Дисперзирани студии: Битола КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (магистерски труд) Ментор Изработил Проф. д-р Саша Дукоски Виолета Стојаноска БИТОЛА,2018 ГОДИНА

КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

  • Upload
    others

  • View
    18

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

1

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ – КИЧЕВО

Дисперзирани студии: Битола

КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И

НЕФОРМАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО РЕПУБЛИКА

МАКЕДОНИЈА

(магистерски труд)

Ментор Изработил

Проф. д-р Саша Дукоски Виолета Стојаноска

БИТОЛА,2018 ГОДИНА

Page 2: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

2

-

Ментор:

Проф. д-р Саша Дукоски

Членови на комисија:

1. Проф. д-р / Доц. д-р Име Презиме,

2. Проф. д-р / Доц. д-р Име Презиме,

НАУЧНА ОБЛАСТ: ПРАВО НА КОНКУРЕНЦИЈА

Page 3: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

3

ИЗЈАВА

од кандидатот

Изјавувам дека при изработката на магистерскиот труд ги почитував позитивните

законски прописи на Република Македонија од областа на заштитата на интелектуалната

сопственост и не користев реченици или делови од трудови на други автори без да ги

почитувам методолошките стандарди и соодветниот стил на цитирање. Изјавата ја давам под

полна морална, материјална и кривична одговорност.

Изјавил:

Page 4: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

4

КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

ОБРАЗОВАНИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АПСТРАКТ

Правото на образование е фундаментално човеково право. Сопствениот идентитет

човекот го гради преку образованието. Доброто образование и добро образованото

население претставуваат најдобра основа за развојот на една држава. Поради тоа секоја

држава треба да се стреми кон создавање на подобри и конкурентни услови за равој на

образованието, првенствено формалното па потоа и во неформалното образование.

Со законските промени и во нашата држава се дава можност за основање приватни

образовни установи од најниско до највисоко образовно ниво. Со отворањето на

приватните образовни установи се појави конкуренција во образованието. Ако во

изминатиот период до крајот на XX век стануваше збор само за конурентноста на

одредени установи како престижни и немаше нивна алтернатива, во почетокот на XXI

век и во Република Македонија се отворија можностите и се појави конкуренција во

понудата на исти образовни профили од различни понудувачи (сепак не постии

конкуренција во сите области). Средношколците и студентите можат да направат избор

дали своето образование ќе го стекнат во приватни или држвни образовни установи.

Приватните средни училишта и високообразовни установи во текот на завршните години

од основното односно од средното образование прават свои промоции и организираат

тестирање со цел регрутирање и привлекување на најдобрите ученици на кои им даваат и

стипендии со целосно или делумно ослободување од финансирањето.

Се зголеми и понудата на провајдери за неформално образование кое се нарекува и

образование за возрасни и доживотно учење. Неформалното исто како и формалното

образование игра важна улога за развојот и професионалното усовршување.

Неформалното образование го надополнува формалното, нуди можност со посета на

обуки и курсеви, стекнување со вештини и компетенции за полесно вклучување на

пазарот на трудот на лица кои не се стекнале со формално образование како и на лица кои

Page 5: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

5

со формалното неможат да бидат конкурентни на пазарот на трудот па одлучуваат да ја

сменат својата професија.

Клучни зборови: конкуренција, формално образование, неформално образование,

доживотно учење, образование на возрасни .

Page 6: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

6

СОДРЖИНА

Вовед...............................................................................................................................................8

1. Формулација на проблемот на формалното образование.............................................10

1.1 Позитивни страни................................................................................................................13

1.2 Негативни страни................................................................................................................13

1.3 Предмет на истражувањето...............................................................................................13

1.4 Сектор за управување со човечки ресурси.....................................................................14

1.5 Одделение за управување со човечки ресурси...............................................................14

1.6 Опис на истражување.........................................................................................................15

1.7 Анкетен прашалник............................................................................................................15

1.8 Агенција за вработување....................................................................................................18

1.9 Цели на истражувањето......................................................................................................19

1.10 Корисници на резултатите од истражувањето............................................................20

2. Основање високообразовна установа во Р.М...................................................................20

2.1 Приватни наспроти државни универзитети...................................................................21

2.2 Студија на случај- Разочаран од државен се префрлил на приватен .......................22

2.3 Анализа на состојбата - поврзување на формалното образование и пазарот на

труд...............................................................................................................................................2

2.4 Висина на школарини.........................................................................................................26

2.5 Доминантни студиски области..........................................................................................27

2.6 Студија на случај – На приватен факултет поради недостаток на посакуваната

студиска програма на државните универзитети.................................................................29

2.7Субјективни/квалитативни индикатори – доминантни методи на

настава.........................................................................................................................................30

2.8 Однос на студентите со наставниот кадар......................................................................31

2.9 Преземање на одговорност за (не)успесите на студентите...........................................32

3. Критериуми на успешност...................................................................................................34

3.1 Можности за корупција......................................................................................................35

3.2 Контрола на квалитетот.....................................................................................................36

Page 7: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

7

4. S W O T анализа.....................................................................................................................39

5. Како до поквалитетно високо образование ?...................................................................42

5.1 Препораки до институциите за евалуација и акредитација ......................................44

5.2 Правна рамка за основање на државна и приватна високообразовна

институција.................................................................................................................................44

5.3 Приватно наспроти државно образование – компаративни искуства ....................46

6. Понуда на универзитети и распределба на студенти во Р. Македонија......................49

ГЛАВА 2. Неформално образование и образование на возрасни во Р.

Македонија..................................................................................................................................50

1. Развој на неформално образование и образование за возрасни...................................52

2. Обезбедување контрола на квалитет на образование....................................................53

3. Закон за образование за возрасни.......................................................................................56

4. Перспективи и развој на неформалното образование (НФО).......................................66

4.1 Европски контекст..............................................................................................................66

4.2 ЕУ- дефиниции и заднински информации......................................................................67

4.3 Лисабонската агенда и инструменти за нејзино постигнување во доменот на

образованието и обуката...........................................................................................................68

4.4 Европска квалификациска рамка....................................................................................70

4.5 Признавање, афирмација и валидност на неформалното образование

........................................................................................................................................................71

4.6 Невладини организации (НВО) и неформалното образование во ЕУ.......................73

5. Неформално образование во Република Македонија.....................................................75

5.1 Основни информации.........................................................................................................75

5.2 Анализи на тековните состојби.........................................................................................76

5.3 Законски контекст...............................................................................................................79

5.4 Стратегија за доживотно учење........................................................................................82

6. Наоди од истражувањето .....................................................................................................82

Заклучоци....................................................................................................................................96

Користена литература.............................................................................................................101

Page 8: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

8

ВОВЕД

Со ова истражување се настојува на мошне експлицитен начин да ја објасни

конкуренцијата во формалното и неформалното образование и потребата за

надополнување на формалното со неформално образование. За да се објасни поимот на

неформално образование, прво треба да се дефинира поимот на формално образование.

Формалното образвоание спаѓа во оние облици на образование кои се појавија воглавно во

училишните институции и тоа е пропишано со правни акти. Знаењата и вештините се

здобиваат според планот и програмата кои се однапред предодредени и кои во помал

степен обрнуваат внимание на индивидуалноста на поединците. Знаењето се освојува

постепено во согласност со возраста и поради тоа е поделено на одделенија и степени

(основно, средно, факултет). Формалното образование поспоро се менува во согласност со

потребите на општествените текови и тоа е негова основна мана.

Истражувањето опфаќа две области: првата област е конкуренцијата во

формалното образование, додека пак втората област се однесува на развојот и

конкуренцијата на неформалното образование кое важи како образование кое е наменето

за возрасни и има за цел афирмација на доживотното учење.

Ова истражување има за цел да открие дали со воведувањето на приватното

образование конкретно приватно високо образование се зголемила конкурентноста на

пазарот на трудот, дали квалитетот на образованието оди во нагорна линија, дали

високиот успех значи и постручен кадар, дали постои баланс на понуда и побарувачка на

стручниот кадар со потребите на стопанството,дали има предрасуди кај работодавачите за

видот на образование (приватно-државно). Воедно да ја истражи и важноста на

доживотното учење, образованието на возрасните како и конкуренцијата на понудувачите

на обуки за возрасни кои се вбројуваат во делот неформално обраование.

Во последните години, поголем дел од организациите сватија дека секаков вид на

учење е вредно и затоа го признаваат и неформалното образование како важно за

Page 9: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

9

континуриран професионален развој. Повеќето од нив посветуваат внимание и вложуваат

во постојана едукација на своите тимови со постојана соработка со понудувачи на обуки

за образование за возрасни и неформално образование.

Комбинацијата на правилен избор на формално образование надополнето со

компетенции и вештини стекнати во неформалното образование се клуч за поголема

конкурентност и поголем успех на секој поединец.

За XXI век се вели дека претставува нов период во историјата на човекот во кој

период доминира конкуренцијата во знаење и учење. Оштоприфатениот став за знаењето

како основна производсвена сила е најважниот предуслов за успех на една земја ,

Европските земји и земјите од другите континенти образованието за возрасни го

промовираат како многу важна компонента во образовните системи на една земја.

Препознавањето на големото значење на образованието за возрасните и неговата улога во

современиот живот е присутно во стратегиите за развој на сите земји членки на

Европската унија по препорака од Договорот од Лисабон и документите на Европската

унија.

Page 10: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

10

1. Формулација на проблемот на формалното образование

Еден од најважните фактори за развојот на една држава е доброто образование,

поради што секоја држава треба да се стреми кон создравање на подобри услови за равој

на образованието што го нуди на своето население, првенствено формалното па потоа и

во неформалното образование. По осамостојувањето нашата земја ја зафатија бран на

промени. Од сите промени кои се случија промените во образовниот систем на државата

беа последни. Долг период обазованието функционираше по стари бившојугословенски

закони (за жал некои образовни установи сеуште функционираат со верификација

добиена осумдесетите и девеесетиите години на минатиот век во времето на СФРЈ) .

Конкуренција во формалното образовнието во Република Македонија непостоеше. Во

1995 година со Законот за Средно образование се даде можност за основање на првите

приватни средни училишта , а со Законот за Високо образование во 2000 година се даде

можност и високообразовни установи да бидат основани не само од државата туку и од

домашни странски физички и правни лица. (чл.4 од Закон за високо образование

Службен весник 64/2000). Со овие законски промени требаше да дојде со подобрување на

квалитетот на образованието и зголемување на конкуренцијата во формалниот образовен

систем во Република Македонија. Во неформалниот образовен систем тоа се случува

после 2008 година со донесувањето на Законот за образование на возрасни (7/2008) каде

неформалното и информалното образование одделно се дефинираат и може да го вршат

јавни и приватни установи. ( Во претходниот период главни понудавачи за неформално

образование беа Работничките универзитети и Центрите за странски јазици кои тогашната

држава ги оснивала во 1954 година).

Образованието е најважниот столб во секое општество и затоа од клучна важност е

спроведување квалитетна реформа во насока на создавaње едно образование од кое ќе

произлезат среќни и успешни ученици кои воедно се свесни за своите вредности и

можности, ќе усвојат знаења и вештини и вредности кои ќе ги поседуваат како личности и

европски граѓани кои ќе ги интрегрираат во себе трите клучни фактори на една личност да

се биде, да се знае и да се прави.

Во денешното современо и модерно општество постојат три видови на образование:

Page 11: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

11

1. Формално образование - институционално образование во јасно определен и

дефиниран образовен систем законски определене со крајна цел стекнување на

диплома за определени знаења и способности.

2. Неформално образование – образовен процес кој опфаќа образовни активности

надвор од формалното образование , со кој се стекнуваат знаења и вештини но се

на доброволна основа , се учи затоа што се сака и

3. Информално образование – претставува стекнување со знаења и вештини на

самоиницијативни и спонтани облици наобразование во секојдневниот живот и

најчесто несвесно преку пренесување на знаење вештини и ставови.

Формалното образование претставува формален облик на учење во определена

образовна установа со дефиниран наставен план и програма, во определен временски

период , како и со определена возраст при што во зависност од успехот на ученикот и од

постигнатите резултати и на крајот се добива Диплома.

Со глобализацијата и промената на жвотните потреби, развојот на научните

достигнувања и современите комуникациски и информатички технологии доаѓа до израз

потреба од воспоставување на нови методи и облици на учење како што е неформалното

учење.

Во никој случај не смее да се занемари фактот дека голем дел од знаењата и

компетенциите ги стекнуваме надвор од наставата односно надвор од формалното

образование во воншколски активности , секојдневно па дури и несвесно информално – во

семејството, во слободно време, во општествените активности кои ги имаме во нашето

непосредно животно искуство.

Формалното и информалното образование има за цел да ги задоволи потребите на

учениците но и целите за надополнување и надградување на формалното учење. Основна

задача на еден образовен процес треба да биде корисниците да се стекнат со трајно

применливо знаење, компетенции и вештини за делотворна работа во современото

опкружување како и оспособување на учениците за новите потреби за живот согласно

европскиот пазар на труд.

Page 12: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

12

Сите три форми на учење заедно го прават целина на доживотното учење со трајно

и применливо знаење за личен напредок и развој (Меморандум за доживотно учење ,

Европска комисија, 2000)

Образованието како систем во Република Македонија е поделено четири главни

категории, од кои две се задолжително и две се во категоријата незадолжително

образование . Во задолжителното образоване се основното и средното образование, додека

пак предучилишното и високото образование се незадолжителни.

Основното и средното образование како задолжителни, воедно се и бесплатни. Во

1995 година со Законот за Средно образование се даде можност за основање на првите

приватни средни училишта во кои учениците сами ги финансираат трошоците за

образование. Во 2018 година според податоците во Стратегијата за развој на

образованието во РМ 2018-2015 постојат 124 средни училишта од кои само 16 се приватни

а 108 се јавни односно финансирани од државен буџет.

Постојат шест државни универзитети од кои два се на албански јазик и 10

приватни универзитети.

Во однос на давателите на услуги за обуки од областа на неформалното

образование според податоците со кои располага Центарот за образование за возрасни во

Република Македонија има вкупно 53 верифицирани понудувачи на обуки . Работата на

овие понудувачи на обуки е во согласност со Законот за образование за возрасни од 2008 и

Законот за отворени граѓански универзитети за доживотно учење.

Се поставува прашањето дали со зголемувањето на бројот на образовни установи

се зголемува и конкуренцијата и квалитетот на образованите или во трката по поголем

број на ученици и студенти квалитетот заостанува некаде по пат. Дали се прави разлика

во диплома стекнати по завршувањето на образованието приватно-државно и дали со

отворањето на приватни образовни установи само се намалија критериумите за упис како

и критериумите за полагање испити со што очигледно е зголемен бројот на студенти кои

завршуваат со висок просек во средното и високото образование.

Page 13: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

13

1.1 Позитивни страни

- Зголемена конкуренција

- Можност за избор

- Континуирани обуки на наставниот кадар

- Поголема достапност на информации

- Подобрени услови

1.2 Негативни страни

- Запишување на ученици со послаб успех (државната матура како услов за упис

на факултет на некои високообразовни установи не се зема предвид)

- Трчање по профит

- Намалени критериуми за оценување на сите образовни нивоа

- Предрасуди при вработување

- Бавни промени (крутост) во образовниот систем

Првиот дел на трудот треба да одговори дали постои доволна поврзаност на

формалното образование и пазарот на трудот односно дали задоволува потребите на

пазарот на трудот, дали има разлика во студирањето на државен и приватен универзитет,

дали има предрасуди кај работодавачите, дали се зголемува конкурентноста на

дипломираните и дали со зголемувањето на понудата се добива поквалитетно

образование, и на крај какво е значењето на просекот од успех.

1.3 Предмет на истражувањето

Предмет на истражување ќе биде:

- Приватни наспроти државни универзитети

- Дали постои поврзување на образованието со пазарот на трудот

- Која е висината на школарината на приватните и државните факултети

- Кои се доминантни методи на настава

- Каков е односот студент – професор

- Кои се критериуми заh успешност

- Дали има можности за корупција

- Како до поквалитетно образование

- Какви се состојбите во неформалното образование

- Колку е потребно неформалното образование

- Конкуренција во неформалното образование

-

Page 14: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

14

Предмет на истражувањето ќе бидат студентите од приватни и државни

универзитети, секторите за управување со човечки ресурси во поголемите приватни

компании во Битола, Агенциите за вработување во Битола и родители на студенти и

средношколци, корисници на обуки од неформалното образование кај понудувачи на

вакви обуки во Битола, понудувачи на обуки како и фирми корисници на обуки за своите

вработени.

1.4 Сектор за управување со човечки ресурси

Во Секторот за управување со човечки ресурси, стратешко планирање и креирање

на политики се вршат работи од делокругот на управувањето со човечките ресурси,

остварувањето на правата обврските и одговорностите на вработените, стратешкото

планирање и годишната програма за работа на Министерството и следењето на нивната

реализација.

Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку:

Одделение за управување со човечки ресурси;

Одделение за стратешко планирање.

1.5 Одделение за управување со човечки ресурси

Во Одделението за управување со човечки ресурси се вршат следните работи и задачи :

проучување и единствена примена на законите и подзаконските акти во врска со

остварувањето на правата, обврските и одговорностите на вработените;

изготвување поединечни акти во врска со остварувањето на правата, обврските и

одговорностите на државните службеници и другите вработени и давање мислења

и упатства по истите;

изготвување на акти за внатрешна организација и систематизација на работните

места;

организирање и спроведување на постапката за вработување;

организирање и спроведување на постапката за оценување на вработените;

планирање, евиденција и следење на обуката, стручното оспособување и

усовршување на државните службеници, вработени во Министерството;

Page 15: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

15

подготвување и стручна и аналитичка обработка на податоци заради градење на

стратегија и концепт за вработувањето во Министерството за правда;

прибирање на анкетните листови за пријавување на имотната состојба и изјавите за

судир на интереси на вработени;

водење и ажурирање на евиденција на анкетните листови за пријавување на

имотната состојба и изјавите за судир на интереси на вработени.

1.6 Oпис на истражување

Истражувањето го сочинуваат 30 испитаници, на кои им беше поделени

анкетен прашалник од приватната компанија за печатење АД Киро Дандаро-

Битола. Изборот беше направен од според припадност во различни служби и

работни обврски:

- Производна дејност

- Служба за техничка поддршка

- Правна дејност

- ИТ дејност

- Економска дејност

- Служба за финансиско работење

На испитаниците им беше поделен Анкетен прашалник со тдест прашања. За

прашањата кандидатите можеа да одговараат со ДА, НЕ и НЕЗНАМ.

1.7 Анкетен прашалник

Анкетниот прашалник е анонимен и податоците и резултатите од него ќе се

користат исклучиво за Научно истражувачки цели.

Ве молиме на поставените прашања да се одлучите за едно од понудените одговори

што најблиску го претставуваат Вашето гледиштеи да дадете објективни одговори.

Ви благодариме на одвоеното време и соработката.

Page 16: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

16

Ред. бр. Прашање Оценување

1. Дали Вашата компанија вложува доволно

финансиски средства за обука на

вработените?

Да 10 Не 7 Незнам

17

2. Дали Вашата компанија вложува доволно

финансиски средства за обука на

вработените?

Да 16 Не 4 Незнам

10

3. Дали Вашата организација води сметка за

квалитетно и континуирано планирање на

човечките ресурси?

Да 20 Не 3 Незнам

7

4. Дали за Вас финансиското наградување

претставува фактор за мотивација и

поефикасно работење?

Да 23 Не 2 Незнам

5

5. Дали во Вашата организација се

придонесува за обезбедување на добри и

фер односи во контекст на платите и

условите за работа?

Да 20 Не 5 Незнам

5

6. Дали планирањето на обуките, посетите

на семинари, развој на кариерата

претставува главна цел за човечките

ресурси во организавијата?

Да 17 Не 6 Незнам

7

7. Дали Вашата организација води сметка за

квалитетно и континуирано планирање на

човечките ресурси?

Да 14 Не 2 Незнам

14

8. Дали во Вашата организација се вршат

планови насочени на обуки и развој на

човечките ресурси?

Да 18 Не 2 Незнам

10

9. Дали во Вашата организација се врши

тестирање со кое ќе се одреди нивното

знаење, неговата мотивација, став и

Да 10 Не 3 Незнам

17

Page 17: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

17

вредност?

10. Дали за успешно реализирање на

поставените задачи на нововработените

им се достапни сите потребни

информации?

Да 19 Не 3 Незнам

8

Податоци за испитаниците

Бизнис сектор: услужна дејност 10, производна дејност 10 испитаници;

Пол: женски 11 испитаници, машки 9 испитаници;

Работно искуство: до 5 години 13 испитаници, до 10 години 7 испитаници.

Како резултат на истражувањето, развојот на организацијата за биде

поефикасен и поефективен во остварувањето на работните задачи мора да биде

потпомогнато од менаџментот на човечки ресурси.Менаџментот на човечки

ресурси како израз на нова филозофија и пракса на менаџментот е резултат на

забрзаните промени во современиот свет и значењето кое им се придава на луѓето и

нивните потенцијали.Човечките ресурси не се само најзначаен ресурс на една

организација, туку и најскап и најпроблематичен ресурс и затоа за нив треба да се

покажува највисок степен на внимание и интерес. Луѓето, т.е. кадрите во

организацијата, нивната регрутација и селекција, развој, можности како и начинот

на кој се управува со нив претставува одлучувачки фактор на конкуретската

способност и успехот на организацијата.

Управувањето со човечките ресурси отсекогаш било предмет на посебен

интерес на науката и секојдневна човечка пракса како израз на неопходноста која

произлегува од потребата за групен начин на живот и работа. Сепак, употребата на

поимот човечки ресурси е изложена на бројни критики. Дел од критичарите

сметаат дека самото користење на овој поим е понижувачко за луѓето, бидејќи тие

се најголемото богатство за организациите и е неприфатливо да се сведуваат на

исто ниво со останатите ресурси (пари, машини, информации и др.). Управувањето

со вработените, како најзначаен ресурс на организацијата, е мошне сложен и

повеќедимензионален процес.

Page 18: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

18

Истовремено, вложувањето во човечки ресурси е најдобра инвестиција за

човечките ресурси. Значењето на човечкиот капитал е директно поврзано со

перформансите на организацијата и ефективното управување со овие ресурси и е

од голем интерес на организациите кои на овој начин можат да обезбедат

конкурентска предност. Без човечкиот капитал и неговиот потенцијал нема да

постои ниту организацијата, ниту нејзиниот успех.

1.8 Агенциите за вработување

Агенцијата претставува линк помеѓу оние кои бараат и оние кои нудат работа.

Обврските на невработените лица да се пријавуваат во агенцијата на одреден период,

помагаат во тоа да се направи база на податоци во истата со каков кадар располага

еден град или една поширока околина со што на одредени инвеститори ќе му се даде

до знаење дали тука можат да инвестираат соодветни производствени погони и да

најдат посакувана работна сила. Покрај тоа повратно компаниите можат да

организираат промоција и, презентација во Агенциите за да ги запознаат

невработените со работните обврски во компанијата и можноста за нивно ангажирање

во работен однос. Се разбира тој линк кој се прави преку Агенцијата се прави и преку

огласните табли, телефонски контакти,одредени обуки и насочувања на невработените

лица и други форми.

Образовните институции се првиот чекор на последното скалило од секој формален

образовен процес. Неформалното надградување на секоја личност е доживотен процес

но формалниот никогаш не треба да се свати само како период од животот којтреба

физички да се помини. Доколку се свати како обврска за почеток за креирање на

својата професионална кариера, таа ангажира но стсигурно ќе биде препознаена од

наставниот кадар и таа личност ќе биде прва препорачана на стопанството. Имено сите

раководни лица и на компаниите на стопанството имаат меѓусебна соработка со што

бараат од образовните институции да се препорачаат најдобрите ученици или студенти

со што уште пред завршување нанивниот формален образовен процес да ги

регрутираат во нивните компании. Тоа го прават со некои формални договори за

тековно стипендирање на идниот кадар, привлекување на отворени денови во

Page 19: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

19

компанијата, обавување на пракса во нивните простории и.т.н. Квалитетот во

образовниот процес не може да не биде забележан од стопанството.

1.9 Цели на истражувањето

Ова истражување има за цел да ни покажи јасна слика за состојбите во

формалното и неформалното образование во нашата земја, конкуренцијата и

конкурентноста на понудата при вработување.

Очекувани резултати од истражувањето

- Осознавање дали со воведувањето на приватните образовни установи се

подобрува квалитетот на образованието

- Осознавање дали со воведувањето на приватните образовни установи

има зголемена конкуренција при упис

- Осознавање дали со воведувањето на приватните образовни установи

има зголемена конкурентност при вработување

- Осознавање дали со воведувањето на приватните образовни установи со

подобрува квалитетот на наставните програми

- Осознавање дали моменталната понуда ја задоволува побарувачката на

образовни профили во формалното и неформалното образование

- Осознавање дали постои корупција во образованието

- Осознавање каква е контролата во образовните установи како во

формалното така и во неформалното образование

- Осознавање дали постои партиско влијание во образованието

- Осознавање на состојбата на образованието за возрасни во Р.Македонија

- Осознавање на потребите за континурано доживотно учење

- Осознавање на важноста на неформалното образование за подобра

конкурентност

Корисници на резултатите од истражувањето

Page 20: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

20

Сознанијата добиени од ова истражување се значајни за идните студенти и за

корисниците – фирмите кои работно ги ангажираат и за понудувачите на формално и

неформално образование . Институциите за формално и неформално образование би

имале интерес од овие резултати од повеќе аспекти, може да се увидат резултатите од

своето работење и да ги корегираат наставните планови и активности во согласност со

современите текови и соодветната побарувачка на пазарот на трудот, а од анализата на

регулативата може да одреди дали се потребни одредени измени или прилагодувања со

цел да се подобри квалитеот во образованието.

2. Оснoвање на високообразовни установи во Р.Македонија

Процедурата за основање на универзитет во Република Македонија е пропишана во

глава пет од Законот за високо образование од 3 август 2000 година. Согласно законот се

бараат одредени документи и бизнис план за одредување на деталите на

инфраструктурата, персонал опрема, наставен план и програма , средства на финансирање

и др. Апликацијата се поднесува до одборот за акредитација кој пак решението треба да

го донесе во рок од 60 дена. Одборот брои 15 членови кои се претставници на веќе

акредитирани високообразовни установи во нашата земја. Решението кое го донесува

Одборот за акредитација се базира врз оцена на тоа дали потенцијалните

високообразовни установи се во согласност со пропишаните стандарди во Законот за

високо образованиеи Правилникот на одборот за акредитација . Одборот за акредитација

донесува решение кое го предава во Министерството за образование , најчесто

Министерот ја потврдува одлуката донесена од Одборот. Треба да се забележи дека

добиената акредитација е привремена , потоа на секои 5 години Агенцијата за евалуација

решава дали акредитацијата продолжува или се одзема. Во досегашното практикување на

законот и правилникот неколку акредитации се одбиени по разни основи, меѓу нив е и

Еуро колеџот и Факултетот односно катедрата за модерни Европски студии . Дел од

решенијата за одбивање се со препораки за создавање на академски програми кои не се

нудат на постојните високообразовни установи, како на пр. Апликацијата на битолскиот

педагошки факултет за отварање на магистерски студии по педагогија е одбиена со

препорака за отварање на магистерски студии од друга област бидејќи бараната веќе

постои . Ова како критериум не е наведено во Законот и Правилникот за акредитации но

Page 21: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

21

сепак како неформално правило влијае врз донесувањето на одлуката и врз

конкуренцијата во високото образование. Во недостаток на конкуренција не постои

можност за вистински избор за продолжување на образованието.

Но сепак во нашата држава бележи и случаи кога и без добивање на акредитации

установите работат , така Европскиот универзотет и Њујорк колеџот својата работа ја

започнаа пред да ја добијат акредитацијата .Њујорк колеџот започна во 2003година, а

акредитацијата ја доби есента 2006 година. Исто така и Еуроколеџот со одбиена

апликација за акредитација продолжи да ги рекламира програмите што ги нуди.

По однос на акредитацијата на приватните високообразовни установи постојат две

дијаметрално спротивни ставови. Едниот е на Одборот за аакредитација , а другиот став е

на оснивачите на приватните универзитети. Петрушевски сопственик на Еуро колеџот

вели дека причина за одбивањето на неговата акредитација е стравот од конкуренцијата,

присутен на постоечките универзитети. Според него членовите на одборот за акредитација

кои се од државните универзитети користејќи ја својата моќ ја оневозможуваат

акредитацијата на новите образовни установи. Секогаш постои ставот на приватниците

дека тие нудат подобри услови за студентите, подобри библиотеки, простор и

административни услуги од тие на државните универзитети .

Според некои истакнати професори на државните универзитети констатацијата

дека тие се плашат од постоењето на приватните е смешна , но сепак забележани се кај

нив одредени модернизирања со цел зголемување на конкурентноста.

2.1 Приватни наспроти државни универзитети

Прашањето на квалитетот на приватните и јавните високообразовни институции се

покренува секоја академска година и резултира со бројни расправи во јавноста, кои често

водат кон стереотипизирање на поединечни институции. Можностите за ‘провлекување’

на несоодветни информации се големи, особено поради фактот што проблемот сеуште не

е објективно анализиран од страна на академските кругови. Ова истражување нуди

компаративен преглед на состојбите во приватното и јавното високо образование преку

анализа на квалитативни и квантитативни индикатори врз основа на кои се прави споредба

помеѓу двата типа на високообразовни институции. Анализата не ги исцрпува елементите

Page 22: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

22

за споредба, туку отвара прашања и нуди препораки кои се очекува да бидат

дополнително обработени. Намерата е таа да претставува поттик за понатамошна

континуирана евалуација со цел подобрување на квалитетот на високото образование.

Maкедонската јавност е многу подлена во поглед на понудата на приватните и

јавните високообразовни институции. Поделените ставови помалку се однесуваат на

разликите во поглед на висината на школарините помеѓу двата типа универзитети, а

повеќе на квалитетот на образованието кое се нуди. Најголемиот број од овие ставови се

базирани на претпоставки и се развиваат како резултат на стереотипизирање и

генерализација на поединечни случаи.

Досега не е направена сеопфатна анализа на разликите помеѓу двата типа на

универзитети заснована на реални индикатори. Ова истражување има за цел да даде

преглед на сличностите и разликите помеѓу приватните и јавните високообразовни

институции во Македонија преку анализа на повеќе статистички показатели, како и

субјективни искуства на студенти и наставен кадар. Идеата е да се надмине стереотипното

гледање и генерализирање на двата вида универзитети и реално да се согледаат нивните

силни аспекти и слабости. Крајната цел е размена на добри практики помеѓу

универзитетите со цел понатамошен развој и континуирано подобрување на квалитетот на

образованието.

2.2 Студија на случај - Разочаран од државен се префрлил на приватен

универзитет

Марко по завршување на средното училиште немал дилеми дека сака да студира

економија. Особено го привлекувал финансискиот менаџмент. Се запишал на УКИМ и без

поголеми проблеми ги поминал првите 2 студиски години, се додека не ‘заглавил’ со еден

испит кој го полагал 10 пати. Не се сомевал во своите способности да го положи испитот,

меѓутоа се сомневал во фактот дека неговиот тест воопшто бил прегледуван. Поради тоа

решил да се префрли на ист смер на приватен факултет, каде му ги признале положените

испити. Смета дека постојат неколку главни аспекти по кои двата факултети се

разликуваат. Како прво, во времето кога тој студирал на УКИМ сеуште учеле според

Page 23: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

23

застарена литература а и голем дел од професорите воопшто не се појавувале на

предавањата.

Што ако професорите се стручњаци во одредено поле кога некои воопшто не

држат предавања. Подобро да ми предава некој со помалку искуство, ама барем редовно

да држи предавања.

За разлика од тоа, на приватниот факултет учел од современи книги, предавањата

се одржувале редовно а оценувањето во голем дел се одвивало преку изработка на

семинарски (задолжителни за секој предмет). Смета дека и на двата факултети немало

доволно интерактивна настава, што е резулатат на навиките на наставниот кадар кој

произлегол од ист систем. Сепак, бидејќи на приватниот факултет студиските групи се

помали, можноста за комуникација и дискусија со наставниците е поголема. Исто така,

кадарот е постојано достапен за студентите и може да се контактира секојдневно лично,

како и по телефон или електронска пошта. И покрај тоа, Марко смета дека на двата

факултети нема голема разлика во поглед на квалитетот на знаењето кој се бара, со тоа

што секаде се бара репродукција.

Во поглед на тврдењата дека нивото на знаења кое се нуди на приватните

факултети е пониско тој вели дека знаењето зависи од тоа колку некој сака да научи и не

се разликува на приватните и јавните универзитети. Се разбира дека има некои мамини и

татини синови/ќерки кои не ги интересира многу образованието, меѓутоа доколку имаш

желба да научиш, имаш можност и тоа да го оствариш. Марко смета дека парите кои ги

дал за студирање на приватниот факултет му се исплатиле, а додава и дека

дополнителните трошоци за посети на различни семинари и работилници исто така не се

залудни и многу му го збогатиле знаењето и секако професионалното резиме.

Единствениот проблем со кој се соочил се однесува на периодот додека барал работа, кога

работодавците искажувале сомнеж кон квалитетот на неговата диплома. „Кога ќе им

кажеш каде си завршил, редовно добиваш едно – аха. Ама за среќа доколку компанијата

прави тестирање на знаењата тогаш можеме да се докажеме колку знаеме.“

Page 24: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

24

2.3 Анализа на состојбата- поврзување на формалното образование и пазарот

на труд

Два главни фактори влијаат на тоа како младите високо образовани кадри ќе се

вклопат на пазарот на труд. Најпрво - потребите на пазарот кои првенствено зависат од

развојот на економијата и следствено - потребите од вработување на високообразован

кадар, струките кои се дефицитарни и суфицитарни, знаењата и вештините кои се бараат

од високообразованиот кадар итн. Потоа – состојбите во високото образование,

првенствено – стручните профили кои се нудат, интересот за одредени профили од страна

на студентите, флексибилноста на образовните институции, насоченоста кон развивање на

одредени знаења и вештини и сл. Постојаната анализа на соодносот помеѓу двата

индикатори би требало да резултира со насоки за оформување и прилагодување на

образовните и пазарните политики.

Состојбата на висока невработеност во Македонија е карактеристична за сите

возрасни групи. Иако стапката на невработеност (15-64 години) е благо намалена од 28,0

во 2013 на 22,4 во 2017 година, таа сеуште е многу висока (Табела 1).

15-64 години 2013 2014 2015 2016 2017

Стапка на активност 57,3 57,3 57,0 56,5 56,8

Вработени 40,9 41,2 42,1 43,1 44,1

Невработени 28,0 28,0 26,1 23,7 22,4

Извор: анкета на работна сила – завод за статистика

Ситуацијата е особено загрижувачка кај младото население (15-24 години), чија

активност благо се зголемува, меѓутоа невработеноста останува висока (околу 54%)

(Табела 2). Значи, повеќето од половината млади во Македонија кои активно бараат

работа имаат потешкотии во наоѓање. За споредба, на светско ниво, невработеност помеѓу

младите (15-24 години) е 47%, а во рамки на развиените земји – 16%. Она што е

карактеристично е дека невработеноста по правило се намалува со зголемување на

образовното ниво.

Page 25: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

25

Во споредба со останатите земји од Централна и Источна Европа, ситуацијата во

Македонија е најнеповолна. Македонија е најблиску до Србија, каде стапката на

невработеост помеѓу младите е нешто под 50%. Кај другите држави, таа е значително

пониска: Околу 30% во Хрватска, 15% во Словенија, околу 25% во Грција; а најниска е во

Швајцарија, Ирска и Норвешка каде се движи под 10%.

Значаен дел од младите во Македонија со цел да ги редуцираат (или одложат)

можностите за невработеност се запишуваат на факултет. Во текот на 2008, со

раширувањето на програмите на неколку приватни универзитети и отворањето на

дисперзирани студии низ целата земја, отворени се повеќе места на факултет од вкупниот

број на матуранти . Сепак, и покрај се поголемата достапност на високото образование,

повеќе од половината невработени граѓани со високо образование се млади (20-34

години), а речиси 40% од нив спаѓаат во групата од 25-29 години.

Реален е ризикот тие воопшто да не се вклучат на пазарот на труд, или пак доколку

тоа се случи да мораат да се задоволат со позиции за кои не е заадолжително

поседувањето на високо образование. Опасноста ја зголемува и фактот што додека

нивната возраст се зголемува, компаниите, особено за почетничките позиции, бараат

млади кадри. Поради овие фактори, влогот кој бил вложен во образование на овие кадри

останува залуден.

Вработувањето на овие кадри во најголема мера зависи од потребата од нови

вработувања и од усогласеноста на постоечките профили со професиите кои се бараат на

пазарот на труд. Од проценките на АВРМ се гледа дека пазарот нема капацитет да ги

вклучи сите високообразовани кадри, особено оние со профили од општествените науки,

кои иако помалку барани се помногубројни. Она што недостасува е континуирано

опсежно испитување на потребите на пазарот на труд и споделување на сознанијата со цел

усогласување на образовните политики. Во спротивно, резултатите нема да имаат ефект

на поправање, туку само на дијагностицирање на состојбите.

Речиси сите компании чии претставници беа интервјуирани примаат кадар кој

тукушто завршил факултет, вообичаено како приправници, помошници и сл. Овој тренд е

особено забалежителен помеѓу техничките струки, каде поради дефицитот на кадри

Page 26: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

26

компаниите прават регрутација уште за време на студирањето. Во поглед на

квалификациите, најголемиот дел констатираат дека иако тукушто дипломираните

кандидати имаат солидно теоретско знаење, немаат речиси никакво практично искуство.

Како резултат на тоа, според еден директор на маркетинг агенција, „потребен е подолг

период на тренинг (најмалку 6 месеци). Помладите генерации се побунтовни и посуетни,

така што процесот на тренинг некогаш не покажува резултати.“ Општиот впечаток на

експертите за човечки ресурси е дека во Македонија нема свест за „вработливост“

(employability). Кадрите се програмирани да бидат вработени, а не да бидат спремни да се

вработат во секој момент.

2.4 Висина на школарини

Школарините на приватните универзитети се движат од 900 до 3.000 ЕУР, во

зависност од универзитетот и поединечните факултети во негови рамки (Табела 1).

Вообичаено, школарината за техничките факултети е повисока.1 Школарината на јавните

факултети е доста варијабилна во зависност од типот на студирање (во државна квота или

со кофинансирање) и видот на факултетот. Најниска сума за студирање во државна квота

на јавните универзитети е 100 ЕУР, а највисока 400 ЕУР. Студирањето со кофинансирање

е најниско на Филозофскиот факултет (група класични студии) – 250 ЕУР, а највисокот на

медицинските факултети (1200 ЕУР на УКИМ и 1000 ЕУР на Тетовскиот универзитет),

како и на студиите за безбедност, финансиска контрола, Факултетот за туризам во Охрид

и Полициската академија во Скопје (1000 ЕУР).

1 Отворен саемот на образование и кариера: ЕУ-факултети бараат наши студенти, Дневник, 9.04.2009

Page 27: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

27

Табела 1. Висина на школарина за една година (во ЕУР)

Јавни

универзитети

УЈИЕ ФОН ЕВРОПСКИ

УНИВЕРЗИТЕТ

UCAS NYUS БАЛКАНСКИ

УНИВЕРЗИТЕТ

МИТ ЕСРА

100-400(државна

квота)

250-1200(со

кофинансирање)

900-

2000

1500 1500 1500-

2000

1500-

2200

1500-2000 2000 2500

Сеуште највисоките школарини кои се бараат на јавните факултети се однесуваат

на области кои не се покриени од приватните (како на пример: медицински,

електротехнички, машински области и сл.), поради што сеуште можат да ги одржуваат

високите школарини. Во поглед на подрачјата кои се застепани на двата вида

универзитети (на пр. економија, право, информатика и сл.), сумите за школување се

најмалку два пати повисоки на приватните институции. Покрај овие „официјални“

трошоци, голем број на факултети имаат листа на задолжителни „скриени“ трошоци (на

пр. студентски гласила, студентски сојуз, спортски и културни активности, индекс,

униформа и сл.) кои ја подигнуваат целосната сума на студиите за од околу 2.000 денари

на јавните универзитети до 30.000 денари на дел од приватните.2

2.5 Доминантни студиски области

Покриеноста на научни области значајно се разликува помеѓу приватните и јавните

универзитети. Првите воглавно равиваат програми за потесно специјализирани подрачја

од одредена научна област и насочени се кон подготовка за профили кои во моментов се

најбарани од страна на студентите и/или пазарот. Убедливо најзастапени области се оние

од полето на економијата (бизнис администрација, менаџмент и сл.) и информатичко-

комуникациските науки кои се застапени на 8 од вкупно 9-те акредитирани приватни

универзитети. Следуваат: правните науки (застапени на 6 универзитети) и политичките и

филолошките науки (застапени на 5 приватни универзитети). Исто така актуелни се и

студиите за дизајн и комуникациските науки, кои се нудат на 4 универзитети. Понудата на

2 Земете си повеќе пари за на факултет, за школарина башка!, Нова Македонија, бр. 21750, 29.07.2009

Page 28: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

28

студиски области е слична со најголемиот дел од приватните високообразовни

институции во Европа, поради високата побарувачка за овие струки и ниските трошоци за

реализирање на наставата. За разлика од нив, приватното образование многу слабо ги

покрива областите за кои се потребни значајни инвестиции во техничка опрема и

инфраструктура за истражувања.3

Најголемиот дел од програмите на приватните универзитети, во зависност од

факултетот се или превземени и прилагодени од странски универзитети, или пак се работи

според доста слични (иако редуцирани) програми како оние на државните факултети, со

тоа што се внимава повеќе време да се посвети на практична работа. Нивната

иновативност најмногу се рефлектира во понудата на одредени современи

интердисциплинарни подрачја (на пр. комуникации и односи со јавност, меѓународни

односи, спортски менаџмент, менаџмент на еколошки ресурси и сл.) за кои сеуште не

постојат развиени додипломски програми на јавните универзитети. Сепак, постојат голем

број на области, особено од техничките и природните науки (технички, технолошки,

земјоделски, градежни, медицински) кои не се застапени како програми на приватните

универзитети. За разлика од нив, државните универзитети нудат и програми кои не се

толку популарни помеѓу студентите меѓутоа се значајни за рамномерен развој на науката

и индустријата. Сепак, она што најмногу им се замерува на државните универзитети е

недоволната флексибилност во иновирање на постоечките наставни програми и креирање

на нови програмски подрачја кои би биле во тек со потребите на пазарот на труд и

современите научни текови.4

За жал, ниту приватните универзитети не успеаа целосно да го надминат овој јаз. И

покрај неколкуте иницијативи за развивање на поголем број интердисциплинарни

програми кои не се застапени на државните универзитети, тие воглавно продолжуваат со

отворање на студиски програми од областите кои се најзастапени на јавните универзитети

3 A.Amaral, M.JoaoRosa, D.AmadoTavares, Portugal; and D.Supitsin, The Russian Federation; in The Rising Role

and Relevance of Private Higher Education in Europe; P. J. Wells, J. Sadlak and L. Vlăsceanu (Eds); UNESCO-

CEPES, 2007

4 Aнализа на флексибилноста на наставните планови и програми вo високото образование и решавање на

судирот на интереси во високообразовниот систем во Република Македонија, Институт за Демократiја

‘Societas Civilis’, 2007 Невработени 2.250 правници, а се отвораат нови факултети, Утрински весник, бр.

2459, 14.08.2007

Page 29: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

29

(на пр. економија, право) и од кои веќе има голем број на дипломци кои не можат да се

вклопат на пазарот на труд.5 Ова, проследено со ‘позајмување’ и превземање на наставен

кадар од државните универзитети ја намалува нивната можност за иновативност и во

многу аспекти ги прави ‘клонови’ на државните универзитети. Сепак, разлики постојат, а

дел од нив ќе бидат разгледани потанатаму во анализата.

2.6 Студија на случај – На приватен факултет поради недостаток на

посакуваната студиска програма на државните универзитети

Иван се одлучил да студира коминикации на еден од приватните универзитети од

неколку причини. Прво, на ниту еден од државните универзитети не се нуделе студиите

кои го интересирале, а не планирал да студира надвор од земјата. Потоа, забележал дека

програмата на факултетот е доста современа, ниту еден од предметите не делувал

излишен во поглед на тоа што би му било потребно во праксата. Му изгледало дека има

добар сооднос помеѓу теоријата и праксата и професорите кои биле прикажани на веб

страната делувале како искусни и добро образовани (најголемиот дел во странство).

Смета дека образованието кое го добива вреди за парите кои ги дава. На неговиот

факултет порај школарината немаат други трошоци (освен оние за копирање на книги, кои

не влегуваат во касата на универзитетот). Првенствено му се допаѓа фактот што најголем

дел од работата се базира на самостајни истражувачки проекти, преку кои ја запознава

практиката а истовремено учи да мисли критички. Методите на настава се такви што

студентот мора да научи да ја применува теоријата која ја научил при решавање на

одредени практични задачи/задолженија. Иван е потполно задоволен од наставниот кадар

и нивниот однос со студентите, кој претставува добар баланс помеѓу професионализам и

човечност.

Тие не те гледаат одозгора и можеш да се поврзеш со нив, но не се премногу

пријателски настроени за да престанеш да ги сфаќаш сериозно.

Можеби ова во одредена мера се должи на малиот број студенти, но тоа не е

главниот фактор. Факултетот има стандарди за квалитет и се прават евалуации на крајот

Page 30: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

30

на секоја година, преку што студентите можат многу јасно да искажат доколку не се

задоволни од одреден професор. Во поглед на тврдењата дека приватните универзитети

имаат политика да ги пуштаат студентите на испит без доволно знаење вели дека тоа

најмногу зависи од наставниците, кои доколку имаат интегритет и критериуми, нема да

подлегнат на ‘непишаните правила на факултетот’. Знае за повеќе студенти кои паднале

на испит, што според него значи дека не се пушта секој и по секоја цена да положи.

2.7 Субјективни/квалитативни индикатори – доминантни методи на настава

Современите образовни текови подразбираат реализирање на настава во која

ученикот/студентот е во центарот на наставниот процес, т.е. тој не е само ‘примател’ на

наставниот материјал, туку учествува во неговата разработка, презентација и усвојување

базирано на разбирање. Тоа подразбира постепено напуштање на традиционалнитеметоди

на ех-катедра предавање, во кое наставникот го креира и пренесува материјалот, додека од

учениците се бара пасивно да го следат и потоа да го репродуцираат презентираното.

Водени од принципите на Болоњската Декларација, практиката на интерактивност во

наставата декларативно е промовирана на ниво на сите универзитети. Сепак нејзината

примена како и разбирањето на суштинските принципи е сеуште во развој.

На јавните факултети интерактивната настава започнува поинтензивно да се

имплементира по воведувањето на ЕКТС, пред 4-5 години. Нејзината реализацијата

сеуште се одвива бавно поради веќе долгогодишно усвоените практики на класична

настава од страна на наставниот кадар. За разлика од нив, на приватните факултети

работата според ЕКТ системот е поувежбана, поради тоа што овој систем се развивал од

самиот почеток на функционирање на универзитетот. Тој претставувал основа за

креирање на наставните планови и програми што делумно се рефлектира во начинот на

реализација на наставата.

Сепак, и покрај напорите за осовременување на методите на настава, разговорите

со студентите укажуваат дека и на двата вида универзитети сеуште е доминантен

класичниот начин на работа, преку теоретски ех-катедра предавања. Во случаи кога се

практикува интерактивна настава, според искуствата на студентите (и од приватните и од

јавните факултети) таа не е секогаш комплетно разбрана. Интерактивноста често се

Page 31: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

31

симплифицира преку форми како: презентација на напишана семинарска работа,

предавање на дел од лекција од страна на студентите и сл., додека најважните аспекти,

како: развивање на критичко мислење (преку дискусии, дебати, анализи на проблем/тема,

истражувачки проекти), практична примена на теоретското знаење преку симулации и

решавање на реални проблеми од областа се занемаруваат. Ова се рефлектира и во

оценувањето, кое во најголема мера се базира на писмени задачи и тестови на знаење, со

кои се проверува знаењето на ниво на репродукција.

И покрај сé, охрабрува фактот што и на двата типа универзитети постои одреден

број кадри кои интерактивните методи ги применуваат на соодветен начин. Поголемиот

број интервјуирани студенти ги посочија помладите професори/асистенти кои дел од

образованието го минале во странство и имале лично искуство како студенти со

интерактивна настава како поспремни во справување со современите наставни методи.

2.8 Однос на студентите со наставниот кадар

Една од главните разлики помеѓу двата вида универзитети е односот на студентите

со наставниот кадар. Студентите од приватните универзитети се особено задоволни од

односот со професорите и асистентите. Ова најмногу се однесува на универзитетите каде

наставниот кадар има обврска да биде на факултетот во текот на целото работно време со

цел да им бидат достапни на студентите. Задоволството на студентите не е ограничено

само на достапноста на кадарот, туку првенствено на неговата отвореност за помош пред,

па дури и во текот на испитот.

Овде професорот може и да ти помогне, потсети, разјасни за време на испитот.

Студент по Информатика на ФОН

На најстариот приватен универзитет – ЈИЕ, студентите иако генерално се

задоволни од достапноста на кадарот, сепак дел од нив не можат во секое време да ги

најдат на факултетот, па комуникацијата најчесто се одвива преку електронска пошта.

Покрај тоа, студентите од приватните универзитети се особено задоволни што имаат

можност да ги евалуираат професорите и да го искажат своето мислење во поглед на

нивниот однос и начин на работа. Сепак, дел од нив (од Бизнис администрација и Правен

Page 32: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

32

факултет на ЈИЕ) нагласија дека не очекуваат секогаш дека нивната евалуација ќе има

значајни ефекти.

Студентите од УКИМ се делумно задоволни од достапноста на кадарот, што во

голема мера зависи од факултетот од кој доаѓаат. Па така, додека студентите од ФЕИТ

искажаа најголемо задоволство од достапноста на кадарот, оние од Педагошки, Правен и

ПМФ се најнезадоволни. Сите се согласуваат дека има одреден број на професори и

асистенти кои никогаш не се достапни, а за оваа ситуација не можат да се пожалат на

повисоки инстанци на факултетот/универзитетот. Генералниот став е дека

традиционалниот однос е сеуште доминантен, особено на факултетите каде групите се

прилично големи; иако дел од кадарот е оценет како доста приемчив за студентите.

2.9 Преземање на одговорност за (не)успесите на студентите

Постојат значајни разлики помеѓу кадарот на различните универзитети/ факултети

во поглед на нивниот став за одговорноста за не(успесите) на студентите. Конкретно,

професорите на ФОН се изјаснија дека превземаат голема одговорност на себе доколку

одреден студент постигнува неуспех во студирањето. Тие сметаат дека се тука за

студентите и неуспехот на студентот воедно значи неуспех за професорот.

„Јас секој неуспех на студентот го чуствувам како свој личен неуспех. Ние ги

мотивираме и повеќе да учат и да не се откажуваат. Дури и мал интерес да има, може

да ја научи материјата.“

Професор од Економски факултет-ФОН

За разлика од нив, интервјуираните професори од ЈИЕ најчесто сметаат дека

неуспехот на мал број студенти не може да биде показател на работата на професорот;

сепак доколку тоа се случи кај поголем дел, може да биде индикација дека професорот е

несоодветен. Дел од нив сметаат дека поради фактот што значаен дел од студентите се

имаат запишано со доста слаби резултати од средно училиште, наставниот кадар не може

да биде одговорен за нивното несовладување на материјата. Најголем дел од

интервјуираните наставници на УКИМ неуспесите на студентот по нивниот предмет ги

Page 33: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

33

сметаат за лична одговорност на студентот, особено доколку се работи за изолирани

случаи кои не посетувале настава и/или не доаѓале на консултации.

Студентот е одговорен затоа што не се заинтересирал да ги отстрани пречките

за совладување на материјалот (да доаѓа на консултации).

Професор од Правен факултет-УКИМ

Од анкетираните на УКИМ, само наставниците на ПФСКО сметаат дека

одговорноста е подеднакво распределена кај професорот/асистентот и студентот. Се

забележува дека односот е поавторитарен на УКИМ, каде повеќе се потенцира личната

одговорност на студентот за своите академски постигнувања, додека улогата на

наставникот е подистанцирана. Од друга страна, на приватните универзитети, каде

студентите плаќаат повисоки школарини, се смета дека услугата за која се плаќа треба да

вклучува и елемент на менторство, кој подразбира поддршка и водење на студентот низ

процесот на учење.

Поголемиот дел од студентите на приватните факултети сметаат дека им се дава

слобода да искажат мислење во поглед на наставната програма и евентуално да предложат

измени. Тоа се случило во неколку наврати каде програмата доживеала минимални

измени. Сепак, неколку од студентите нагласија дека иако нивните предлози се бараат и

начелно се сметаат за добредојдени, недостасува имплементација. За разлика од нив,

студентите од јавните факултети се многу порезервирани во поглед на нивните можности

да иницираат и предизвикаат промени во наставните програми. Интересно, најголемиот

број од нив не ни помислиле да предложат измени, бидејќи не веруваат дека тие би се

прифатиле.

Немаат волја, ама нема ни никој право да им го каже тоа на професорите... Некој

кој пишувал устав на СФРЈ ти предава, и ти не можеш да му кажеш – смени го твоето

мислење и начинот на работа.

Page 34: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

34

Студент на Правен факултет-УКИМ

Иако можноста за интервенција во наставата им се дава на студентите преку

пристство на наставните совети, нивното присуство најчесто се користи за отворање на

други погорливи теми (на пр. студентски стандард, услови за работа, незадоволство од

кадарот). Во овој контекст, и во Извештајот за евалуација на УКИМ се потенцира дека6

‘студентите не биле доволно вклучени во развивање на нови студиски програми’.

3. Критериуми на успешност

Една од главните причини поради која образованието на приватните универзитети

се смета за помалку квалитетно се наводните пониски критериуми кои се поставуваат

пред студентите за положување на испит и/или добивање на оцена. Овој индикатор, иако

особено значаен не беше самостојно истражуван, поради неговата комплексност и

проблематичноста да се добијат валидни резултати преку методот на интервју.

Имајќи предвид дека во најголемиот број наставни програми не се дефинирани

стандардите за успешност и критериумите за одредена оцена, најсоодветен метод би билa

анализа на испитни прашања и одговорени тестови. Сепак, бидејќи испитните тестови не

се јавно достапен материјал, нивната анализа во ова истражување изостана. Податоците

кои се прибрани врз база на субјективни сведоштва укажуваат дека еден дел од

професорите кои предаваат и на јавните и nа приватните универзитети изјавуваат дека ги

модифицираат критериумите за успешност во зависност од универзитетот (и факултетот)

на кој предаваат. Тоа понекогаш се должи на неформалните (т.е. ‘непишани’) критериуми

кои ги наложува универзитетот, а понекогаш на личната проценка на кадарот дека на

различните универзитети има студенти со различни предзнаења и поради тоа е се

потребни поинакви критериуми при евалуација на постигнувањата. Овој став не се

однесува само на разграничување помеѓу јавните и приватните универзитети, туку и

помеѓу различни јавни и различни приватни универзитети.

Една професорка која предава и кај нас и на ФОН и УКИМ ни кажа дека најмногу

бара знаење од студентите на УКИМ, потоа од нас, а најмалку од оние на ФОН 6 Ss. Cyril and Mathodius University EUA Follow up report, UKIM, 2008, p7

Page 35: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

35

Студент на ЈИЕ

Проблемот кој може да се јави, а го лоцираат некои од професорите е

потенцијалното општо намалување на критериумите во високото образование, како

резултат на борбата за придобивање и задржување на студенти. Стандардитесемногу

спуштени. Наместоприватнитефакултетидаовозможат поголема конкуренција, во

Македонија доаѓа до обратна насока. Конкуренцијата ги спушти стандардите далеку под

нивото присутно во западна Европа.7

3.1 Можности за корупција

Проблемот на корупција во високото образование иако особено значаен е најтежок

за истражување. Последното истражување спроведено во 2012 година укажува дека

Македонија е четврторангирана во Источна Европа според индексот на корупција во

високото образование. Конкретно, околу 30% од испитаниците се изјасниле дека им бил

побаран поткуп, а половината од анкетираните студенти на УКИМ одговориле дека биле

принудени да купат учебник. Генералниот став на студентите од различните универзитети

е дека корупцијата е сеуште практика која е доминантна на јавните универзитети, додека

на приватните се само-регулира преку високите плати на наставниот кадар.

На приватниот ќе платам еднаш-два пати во годината и знам дека тоа е се, а на

јавниот доколку некој од професорите бара пари, ќе ми се собере уште повеќе.

Студент префрлен од јавен на приватен факултет

Ако се земе во предвид дека платите на наставниот кадар на јавните универзитети

се барем два пати пониски од оние на јавните , реално е да се очекува дека таа средина е

‘поплодна’ за развивање на коруптивни практики. Од друга страна, ангажираноста со

настава на кадарот на јавните универзитети, според тврдењата на студентите, е помала а

истовремено слободата за предавање на други универзитети, надвор од матичниот, е

поголема. Овие ‘поволности’ би требало да претставуваат безбедносни мерки за

ограничување на можностите за корупција, иако не се доволни за нејзино спречување. Од

7 Изјава на професор Илија Ацевски (Институт за социологија – УКИМ) на Радио Слободна Европа,

20.06.2009; достапно на: http://www.makdenes.org/content/article/1758440.html

Page 36: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

36

информациите пласирани преку медиумите, засега има само четири случаи на професори

од јавни универзитети кои биле суспендирани и/или законски гонети заради коруптивни

практики. Сепак, додека не се направат компаративни истражувања на ниво на различни

факултети/универзитети, тврдењата за повисоко ниво на корупција на јавните

универзитети остануваат на ниво на претпоставки.

3.2 Контрола на квалитетот

Постојаната евалуација и контрола е неопходна за постигнување на стандардите на

квалитет кон кои се стремат сите високообразовни институции. Покрај континуираните

интерни евалуации, неопходни се и надворешни проценки на квалитетот од независни

странски институции (најчесто EUA). Додека јавните универзитети редовно се

подложуваат на екстерна евалуација , интерната евалуација не е континуирана, и

нејзините ефекти речиси и да не се чувствуваат. Особено недостасуваат континуирани

интерни евалуации во кои би биле вклучени сите студенти и би послужиле како процена и

патоказ за работата на наставниот кадар. Друг значаен недостаток е и непостоењето на

централен систем за анализа на податоци, што ја намалува можноста за стратешко

планирање на активностите врз основа на анализа на реалната ситуација.8

Наспроти тоа, приватните образовни институции од своето оформување го

практицираат системот на интегриран универзитет, каде сите релевантни податоци се

обработуваат низ еден систем, што ја олеснува можноста за нивна анализа и планирање.

Тие исто така се прилично агилни во спроведувањето контрола на квалитетот на

наставниот кадар. Ваквите видови евалуација, во кои главниот збор го имат студентите, се

спроведуваат секоја година и имаат влијание на понатамошната работа на кадарот. Сепак,

неопходен е и поглед од страна на независни експерти кои би дале непристрасен суд за

квалитетот на образованието. Досега, само УЈИЕ има побарано и добиено две екстерни

евалуации од EUA.9

8 УКИМ има побарано и добиено две екстерни евалуации од EUA, додека УКЛО една (податок од Виолета

Атанасова – претставник на EUA, 22.04.2009 9 На некои универзитети е во фаза на оформување

Page 37: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

37

Приватни наспроти државни универзитети - Која е разликата?

Генерално, анализата покажа дека иако постои дискрепанца во поглед на одредени

индикатори помеѓу различните типови на универзитети, во одредени аспекти има повеќе

разлики помеѓу различни факултети/катедри на еден ист универзитет отколку помеѓу

различните универзитети. Разликите се особено евидентни во случајот на УКИМ каде и

покрај неодамна започнатата интеграција на универзитетот, индивидуалните факултети

сеуште се прилично автономни во поглед на реализација на наставата и останатите

активности. Исто така, имајќи предвид дека УЈИЕ од 2008 година е јавно-приватен

непрофитен универзитет неговите карактеристики во моментов се наоѓаат помеѓу оние на

приватните и јавните универзитети, во поглед на висината на школарината, како и во

поглед на преостанатите индикатори.

Истражувањето не ги опфати сите универзитети, поради што заклучоците не би

требало да се генерализираат и се однесуваат само на универзитетите и факултетите кои

беа вклучени во истражувањето. Целта е заклучоците да претставуваат иницијатива за

понатамошно континуирано следење на темата – квалитет во високото образование. Во

основа, позитивни и негативни аспекти можат да се забелажат на двата вида универзитети

(види SWOT анализа), што претставува добра основа за размена на успешни практики.

Јавните универзитети располагаат со поразвиени наставни програми и поголем број

на стручен наставен кадар. Како и да е, бирократските процедури и потешкотиите при

стапување во контакт со професорите се доста фрустрирачки за студентите. Односот

студент-наставник е поавторитарен и одговорноста за академските постигнувања речиси

секогаш се става на студентот, делумно и поради фактот што најголемиот дел од

студентите се смета дека имаат солиден потенцијал за учење (ако се земат во предвид

нивните средношколски постигања).

Општиот заклучок е дека јавните универзитети нудат добри теоретски знаења,

додека развојот на практиката кај голем дел е запоставен, поради што студентите во

најголем дел не се чувствуваат спермни за вклучување на пазарот на труд. Исто така,

недостасува флексибилност во поглед на развој на нови наставни групи и програми,

делумно поради недоволната автономија а делумно порад гломазноста на универзитетите

и потешкотиите при интегрирање на поединечните факултети/катедри. Поради тоа,

Page 38: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

38

политиките за дисперзирање на студиите можат да резултираат со уште поголеми

бирократски потешкотии во намерата за трансформирање во современи универзитетски

центри.

Приватните универзитети нудат подобри технички услови, но редуцирани се во

поглед на понудата на програми и предмети. Проблемот кај дел од нив е во развивањето

на нови програми без комплетно подготвен кадар и материјали за учење. Повеќе се

фокусираат на развивање на бизнис вештините на студентите и имаат тенденција на

излегување надвор од академските рамки во ‘реалниот свет’. Релативно брзо ги

модифицираат наставните програми и планови, но тоа не резултира секогаш со квалитетна

програма, честопати поради недостатокот на соодветен наставен кадар и редуцираното

професионално усовршување на постоечкиот кадар.

Студентите се чувствуваат полојални кон универзитетот, но истовремено и

поограничени во изразувањето критики кон истиот.

На приватните факултети постои тенденција на мотивација на студентите за учење,

преку воспоставување на менторски систем, кој подразбира наставникот да му биде

достапен на студентот во секое време и да го насочува неговото учење. Иако постојат

уверувања дека академските критериуми се пониски во споредба со јавните универзитети,

општиот став е дека ако студентот има мотивација – има поголеми шанси да се стекне со

соодветни знаења и компетенции. Сепак, треба да се работи на менување на практиките

(или само перцепциите) дека критериумите се намалуваат со цел да им се овозможи

поминување на послабите студенти (на пример на некои факултети присутноста на часови

и пишувањето на семинарски се речиси сигурна карта за положување на испитот).

За жал, и двата типа универзитети сеуште не го применуваат комплетно концептот

на ‘настава центрирана околу ученикот’ (Student-Centered Learning). Иако постојат

зачетоци на ваков вид настава, традиционалните методи се сеуште доминантни кога

станува збор за наставата, а уште повеќе во оценувањето.

Работодавците се помалку прават разлики во поглед на универзитетот од кој

доаѓаат студентите. Големите компании редовно спроведуваат тестирања кои, според нив,

не укажуваат на значајни разлики во постигнувањата од страна на студентите од различни

Page 39: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

39

универзитети. Иако голем дел од компаниите сеуште немале искуство со дипломците од

приватните универзитети, во зависност од дејноста, едните или другите дипломци се

сметаат како поспремни. Конкретно, дипломците на бизнис/економија од приватните

универзитети се смета дека имаат поразвиени практични вештини, додека дипломците по

информатика од јавните универзитети се сметаат за ‘поупотреблив’ кадар од страна на ИТ

компаниите.

4. S W O T анализа

Силни страни Слаби страни

Приватни Јавни Приватни Јавни

Понуда на

интердисциплинирани

наставни подрачја, кои

се нови и дефицитарни

на пазарот

Долгогодишна традиција

на високо образование

Недостаток од соодветен

наставен кадар - дел од

професорите се

приучени

Недоволна

флексибилност

нанаставните програми

Тенденција за

вработување накадар кој

завршил во странство

Понуда на

катедри/факултетикои ги

нема на приватните

универзитети (особено

од природните и

техничките науки)

Преголема насоченост

кон промоција на

техничките и

просторните услови

наспроти академските

Сеуште доминантен

авторитарен однос на

кадарот

Контакти со пазарот

(Центри за кариера и сл.)

Понуда на поголем број

(изборни) наставни

предмети

Наставни програми

превземени од други

институции,

недоразвиени или

неприлагодени

Релативно високи

школарини за студентите

кои не се во државната

квота

Современи услови за

студирање

Развиена соработка со

странски

високообразовни

институции

Доста тесно фокусирани

наставни програми

(специјалистички)

Слаба вклученост на

студентите во

научноистражувачката

работа

Page 40: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

40

Силни страни Слаби страни

Приватни Јавни Приватни Јавни

Насоченост кон

практична настава

(посети на

институции,побврзување

на студентите

сокомпании за пракса)

Долгогодишнанаучноистражувачка

дејност

Понекогаш од

страна најавноста се

доживуваат како

приватни компании

Нерамномерен

интерес на

студентите за

различни студиски

програми

Организирање на голем

број воннаставни

активности (форуми,

конференции, семинари)

во рамките на

универзитетот

Запишани студенти со соодветни

предзнаења

Послаба понуда на

изборни предмети

Недоволна

достапност на

наставниот и

административниот

кадар

Наставниот кадар е

лесно достапен и

отворен за соработкасо

студентите

Голем интерес за студирање Недоволно развиен

систем на ‘Student-

Centered Learning’

Недоволна

вклученост на

студентите во

донесувањето

одлуки

Редуцирани можности

за корупција

Достапна школарина за студентите

во државната квота

Мал број на

програми

одприродните и

техничките науки

Фокусираност на

знаења,наспроти

компетенции

Поедноставно

бирократско функциони-

рање

Развиени постдипломски(особено

докторски) студии

Недоволна

фокусираност на

научноистражувачка

работа

Непостоење или

недоволнаконтрола

на студентската

пракса

Солидно

функционирање наЕКТС

Постоење на т.н. Центри на

одличност (кои сеиздвојуваат по

академските и истражувачките

постигнувања)

Недостаток на

евиденција

зауспехот на

студентите на

пазарот на труд

Page 41: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

41

Можности Закани

Приватни Јавни Приватни Јавни

Понатамошно развивање

и продлабочување на

соработката со пазарот

на труд

Одржување на добриот

углед на пазарот на труд

Недоверба во квалитетот

од страна на пошироката

јавност

Бавна прилагодливост

кон условите на пазарот

на труд

Флексибилност во

поглед на можноста за

прилагодување на

наставните програми

Одржување на

солидниот углед помеѓу

странските

високообразовни

институции

Запишување на студенти

со послаб

средношколски

успех(потенцијално -

послабипредзнаења

Одлив на студенти и

кадар на приватни

факултети

Можност за добивање на

лиценци од странски

универзитети

Давање на можност за

студии на квалитетни

студенти со неповолна

социо економска

положба

Релативно високи

школарини, некои бараат

и дополнителни трошоци

Недоволна

искористеност

нанаставничките

потенцијали

Доволно средства

заобезбедување на

современи услови за

студирање (збогатување

на богата библиотеките,

странски предавачи

Активирање на

истражувачките

потенцијали на кадарот

Недоволна доверба од

страна на дел од

претставницитенапазарот

на труд во поглед на

квалификациите

надипломците

Слаба автономија при

одлучувањето -

финансисканестабилност

и слабо планирање

Се поголема елита на

граѓани кои се

подготвени да платат за

високо образование

Отворање на позиции за

нов млад наставен кадар

Сомневања за ниски

критериуми во погледна

нивото на знаење

настудентите

Голема оптовареност на

студентите

Потенцијален наплив

одстуденти кои ги

напуштаатјавните

универзитети за да се

запишат на привате

Потврдување и зајакну-

вање на истражувачките

капацитети преку отво-

рање на истражувачки

центри

Недостаток на селекција

на кандидатите при упис

Слаба соработливост

нанаставниот кадар со

студентите

Page 42: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

42

5. Како до поквалитетно високо образование ?

Препораки за јавните универзитети

Имајќи во предвид дека една од главните забелешки на јавните универзитети е

недоволната грижа за студентите – неопходно е посветување на поголемо внимание на

односот со студентите, конкретно:

Достапност за време на термините предвидени за консултации

Обезбедување на студентите со електронски адреси на кадарот и воспоставување

на пракса на комуникација преку e-mail

Воспоставување на менторски однос и превземање поголема одговорност за

напредокот на студентите. За постигнување на оваа цел неопходно е вработување

на дополнителен наставен кадар на факултетите каде соодносот наставник-студент

е неповолен

Поголемо учесто на студентите при одлучување за аспектите како: методи на

настава, теми во наставната програма, учебни помагала и сл.

Во поглед на достапноста на кадарот особено опасна може да биде политиката на

дисперзирани студии, доколку не се води грижа за регрутирање на нов наставен кадар и

обезбедување на соодветни услови за студирање (библиотеки, училници и сл.) на

дисперзираните студии. Според тоа, за успешно реализирање на оваа политика е

неопходно да се обезбеди наставен кадар кој би бил постојано присутен во институцијата,

а не само еднаш неделно. Намалувањето на трошоците за студирање не смее да биде на

штета на намалување на квалитетот на студиите.

Општиот впечаток е дека овие универзитети бавно се прилагодуваат на потребите

на пазарот на труд, поради што неопходно е континуирано следење на потребите на

локалниот и глобалниот пазар и пофлексибилно реагирање на нив преку:

Зајакнување на контактите со пазарот на пример преку поголемо вклучување на

практичари како предавачи, ангажирање во наоѓање и следење на студентската

пракса, вклучување на практичарите при креирањето на наставните програми и сл.

Континуирано следење на успехот на дипломираните студенти на пазарот на труд.

Page 43: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

43

Воспоставување на пофлексибилни механизми за менување на наставните

програми.

Неефикасната администрација е уште еден од факторите кои ги одвлекуваат

студентите од студирање на јавен универзитет. Скорововедените системи на електронско

водење на податоци не функционираат секаде, а на некои факултети функционираат со

големи потешкотии. Неопходна е соодветна обука на администрацијата за работа со

новите системи, а доколку е потребно – вработување на дополнителен административен и

технички кадар со цел достапност до студентите во секое време. Иако дел од факултетите

спроведуваат евалуација која го опфаќа наставниот кадар и програми, таа честопати се

сведува на формалност без реална употреба на резултатите за анализа на состојбата и

соодветно реагирање за надминување на недостатоците.

Континуираната евалуација со која ќе бидат опфатени поголем број од студентите,

наставниот кадар и администрацијата може да биде неисцрпен извор на информации за

подобрување. Нејзиното реализирање не чини многу, а за да се намалат трошоците дел од

студентите можат да се вклучат како истражувачи/ помошници.

Препораки за приватните универзитети

Асоцијациите кои се јавуваат во јавноста за приватните универзитети се дека тие

често ја поставуваат заработката пред образованието. Поради тоа, овие институциии

добиваат најмногу критики за квалитетот на знаењата и компетенциите со кои се

стекнуваат нивните студенти. Со цел надминување на овие сомнежи, потребно е да

превземат активности за:

Подложување на екстерна евалуација (од надворешна независна институција) со

цел добивање и/или потврдување на кредибилитетот како образовна институција

Инвестирање во научно-истражувачка работа (особено од меѓународен карактер) со

цел зајакување на академските позиции на универзитетот

Инвестирање во професионално доусовршување на постоечкиот наставен кадар

Збогатување на наставниот кадар (на пр. со кадри кои се одлеале во странство,

практичари и сл.)

Page 44: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

44

Збогатување на понудата на изборни предмети

Редовни активности за привлекување на студенти со подобар средношколски успех

(на пр. преку стипендии), и докажување на компетенциите на постоечките студенти

(преку учество на натпревари,дебати и сл.)

Стални вработувања на кадарот со цел идентификување со институцијата и

посветување на студентите

Внимателно планирање на растот на институцијата, со грижа за одржување на

квалитетот.

5.1 Препораки за институциите за евалуација и акредитација

Обезбедување на високообразовните институции со воедначени системи за

прибирање и обработка на податоците (т.е. индикаторите кои се користат за

евалуација на квалитетот) со цел поефикасно спроведување на евалуацијата

Поставување на стандарди на знаења и вештини за поединечни струки со цел

попрецизно дефинирање на компетенциите на дипломците

Поголем акцент на ‘излезните’ индикатори за евалуација (стекнати компетенции на

дипломираните студенти, успех на пазарот на труд и сл.)

Воспоставување на регионална агенција за рангирање на високообразовните

институции (на ниво на Западен Балкан, Југоисточна Европа или сл.), со што би се

поставиле јасни регионални стандарди за квалитет и би се поттикнал натпревар на

пошироко регионално ниво.

5.2 Правна рамка за основање на јавна и приватна високообразовна

институција

Според Законот за високо образование,10

високообразовните установи можат да

бидат јавни, приватно-јавнинепрофитниустановииприватни (профитни или непрофитни)

установи. Проектот за основање на јавна високообразовна институција го отпочнува

Владата на РМ, додека проектот за основање на приватна институција го подготвува

основачот (домашно и странско правно и приватно лице). Предвидено е приватната

10

Закон за високото образование, Службен весник на Република Македонија, бр.35/08, член 16

Повеќе информации за Одборот за акредитација на следниов линк: http://www.board.edu.mk

Page 45: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

45

образовна институција да достави финансиска гаранција за основање како и финансиски

план за одржливо ниво на финансирање во текот на наредните четири години.

Одлуката за бројот на студенти на јавните високообразовни институции ја донесува

Владата на Република Македонија на предлог на јавен универзитет и по претходно

мислење на Советот за развој и финансирање на високото образование. Бројот на студенти

на приватната високообразовна институција на предлог на наставно-научниот совет,

односно наставничкиот совет, донесува органот на управување на приватна

високообразовна установа. Сепак, бројот на студентите не може да биде поголем од бројот

утврден според капацитетот со решение за акредитација на високообразовната установа.

Откога ќе се исполнат условите да се избрани и вработени најмалку половината од

вкупниот број наставници одделно за секоја студиска програма и ако се исполнети и

другите услови утврдени со решението за акредитација, Министерот за образование

донесува решение за почеток со работа на високообразовната установа.

Акредитацијата на Универзитетите ја врши Одборот за Акредитација. Во рамките

на своите права и обврски Одборот: утврдува дали со проектот за основање на

високообразовна установа и поднесената документација се исполнети условите за вршење

на високообразовна дејност (како на пр. утврдено студиско и научно-истражувачко

подрачје, обезбедени соодветни простории и опрема за остварување на високообразовна

дејност, обезбеден потребен број лица кои ги исполнуваат условите утврдени за избор во

наставно-научни, научни, наставни и соработнички звања и сл.); дали високообразовната

установа ги исполнува условите за организирање на студии за нови студиски програми и

го утврдува капацитетот за студирање на високообразовната установа; дава акредитација

на студиски програми; води евиденција на високообразовните установи за кои одлучил да

бидат акредитирани и за другите акредитации и сл..

Контролен механизам на Одборот за акредитација е Агенцијата за евалуација, која

започна да фаункционира во реформиран формат од 1 јануари 2009. Функцијата на

Агенцијате е спроведување на континуирани длабински контроли на работата на

високообразовните институции врз основа на извештаите на комисиите за самоевалуација

и надворешна евалуација во поглед на квалитетот на образовната дејност, на академскиот

Page 46: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

46

кадар и наставните програми. Доколку извршената евалуација укажува на слаби

резултати, можно е и одземање на акредитацијата на институцијата, што досега не беше

случај. Агенцијатагикористиприфатенитепостапкиистандардииводичот (насоките) кои се

применуваат од Европската асоцијација за евалуација во високото образование (European

Association for Quality Assurance in Higher Education) и од други институции, организации

и асоцијации кои ги воспоставуваат и применуваат европските стандарди и упатства за

евалуација за вршење на надворешна евалуација.

Во поглед на финансирањето, јавните универзитети се првенствено финансирани

од државата, иако им е дадена и можност за самофинансирање. Приватните пак

функционираат преку самофинансирање (првенствено од школарините), иако е дадена

законска можност за владино финансирање доколку се утврди дека ‘има интерес за

задоволување на јавни потреби во остварувањето на високообразовната дејност што ја

вршат приватните високообразовни установи’ (член 79). Исто така, на одреден број на

студенти од приватните универзитети (одреден на државно ниво) им се дава можност да

добијат стипендија или кредит од страна на МОН.

На крај, може да се заклучи дека иако приватните универзитети начелно имаат

статус на независни институции, сепак постои одреден степен на ‘државно’ влијание врз

нивното функционирање.

5.3 Приватно наспроти државно образование- компаративни искуства

Приватното образование има дијаметрално различен статус во различни држави.

Додека во земјите со Англо-Американска традиција приватното образование се смета за

престижно и поквалитетно од она на државните универзитети, во пост-социјалистичките

источноевропски држави на него сеуште се гледа со недоверба и сомневањата за квалитет

се редовна појава.

Политичките промени во Бугарија од 1989 година имаат донесено поволни услови

за основање на приватно високо образование, како одговор на растечката побарувачка за

високо образование. Од овој период до денес перцепцијата на јавноста за приватните

универзитети се има значајно подобрено. Од перцепција на приватниот сектор како

инфериорен на јавниот, со слаба регулација, акредитација и низок квалитет; бугарското

Page 47: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

47

општество се повеќе им дава шанси на приватните институции. За оваа состојба делумно

придонесува и системот на акредитација, според кој институцијата може да биде оценета

со четири различни нивоа на акредитација, според кои се утврдува должината на

акредитацијата (на пр. многу добра или добра оцена – акредитација за шест години;

задоволителна – три години). Ова ги поттикнува институциите на континуирано

подобрување.11

Во Германија иако приватните високообразовни институции покриваат најголем

дел од трошоците преку сопствени средства, голем дел од нив (кои имаат статус на

непрофитни организации) се истовремено финансиски подржани и од државата. Степенот

на ‘пазарно функционирање’ (marketization) на високообразовниот сектор е ограничен со

нивната обврска до одредена мера да користат кадар и простор обезбедени од јавниот

сектор (на пр. државни службеници со договор на неполно работно време на приватните

универзитети).12

Приватното високо образование во Австрија е доста нова појава (од 1999), поради

што аналитичарите сеуште не извлекуваат генерални заклучоци во врска со неговиот

квалитет. Најевидентната разлика е во поглед на односот кон студентите. Додека на

јавните универзитети се смета дека студентите треба да бидат индивидуалци кои немаат

потреба од насочување и надгледување од страна на професорите, приватните

универзитети се повеќе насочени кон англо-американската култура на учење, која е

посензитивна кон потребите на студентите и вклучува одговорност за нивниот напредок.

Политиките за добивање акредитација за приватен универзитет вклучуваат строги

критериуми за регрутација на кадарот, при што освен академски квалификации се бараат и

истражувачки капацитети. Имајќи ги предвид овие критериуми, честа е појавата

професори од јавните универзитети истовремено да предаваат и на приватните, ситуација

која се очекува да се промени со законските измени донесени во 2002, според кои

11

S.Slantcheva, Bulgaria, in The Rising Role and Relevance of Private Higher Education in Europe; P. J. Wells, J.

Sadlak and L. Vlăsceanu (Eds); UNESCO-CEPES, 2007, p.53-100

12

A. Stannek, F.Ziegel, Germaly, in The Rising Role and Relevance of Private Higher Education in Europe; P. J.

Wells, J.Sadlak and L. Vlăsceanu (Eds); UNESCO-CEPES, 2007, p. 131-212

Page 48: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

48

нововработениот кадар не може да има статус на државни службеници, туку треба

исклучиво да е вработен врз основа на приватен договор.13

Во Италија, бројот на приватни високообразовни институции се нема променето во

текот на последниве неколку декади. Законот донесен во 2000 на приватните институции

кои се придржуваат на стандардите на јавните им доделува ист статус, како и државно

финансирање. Поради тоа, приватните универзитети во поглед на формата (содржините

кои се предаваат и квалитетот на кадарот) се прилично изедначени со јавните. Она по што

се разликуваат се: подобро организирана настава, подобри техички услови, подобри

можности за меѓународна соработка и сл.14

Квалитетот на приватното високо образование во Романија е многу варијабилен,

што резултура со висок степен на недоверба кон овие институции. Иако процесот на

акредитација има доведено до затворање на голем дел приватни високообразовни

институции, сеуште повеќето од половината од приватните институции кои

функционираат не се акредитирани. Приватното високо образование сеуште се перцепира

како ориентирано кон профит, помалку квалитетно и атрактивно само за студентите со

пониски способности, поради што се повеќе го губи својот углед на пазарот на труд.15

Во Русија најголемиот дел од приватните високообразовни институции се

претприменички насочени и ориентирани кон пазарот. Сепак, неколку институции кои се

поддржани од меѓународни фондациии странски универзитети имаат завземено улога на

елитни академски центри (најмногу од областа на економијата), преку вработувањето на

странски професори, спроведување на настава на англиски јазик и западен стил на

настава. Оние институции кои се издвојуваат со иновативноста во наставата и одличните

резултати на студентите е можно да добијат и финансиска поддршка од страна на

државата. Иако не постојат сериозни истражувања за прифатеноста на дипломците од

13

H.Pechar, E.Firioli, J.Thomas, Austria, in The Rising Role and Relevance of Private Higher Education in Europe;

P. J. Wells, J. Sadlak and L. Vlăsceanu (Eds); UNESCO-CEPES, 2007,p. 33-62

14

P.Trivellato, Italy, in The Rising Role and Relevance of Private Higher Education in Europe; P. J. Wells, J. Sadlak

and L. Vlăsceanu (Eds); UNESCO-CEPES, 2007, p. 213-256

15

Lumina Nicolescu, Private versus Public in Romania: Consequences for the market (available at:

http://www.bc.edu/ bc_org/avp/soe/cihe/newsletter/News39/text007.htm

Page 49: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

49

приватните универзитети на пазарот на труд, тврдењата се дека 80-90% од нив се

вработуваат, за што се потпомогнати од центрите за кариера.16

6. Понуда на универзитети и распределба на студенти во Р.Македонија

Постојат шест државни универзитети од кои два се на албански јазик и 10

приватни универзитети . Најстар универзитет е Свети Кирил и Методиј и тој сеуште нуди

најголем број студиски програми со најголеми квоти за упис. Од податоците со кои

располага Заводот за статистика може да се види дека нема официјални податоци за

бројот на запишани студенти во прва година на приватните факултети , единсвтени

податоци кои може да ни покажат сооднос на приватните и државните факултети се за

бројот на дипломирани студенти . Од табеларниот приказ може да се види дека сепак

бројот на дипломирани студенти на државните факултети се намалил во последните три

години а на приватните со исклучок на 2016 година кога имало 400 помалку дипломци ,

бројот на дипломирани студенти горе – долу е еднаков. На државните факултети

споредено со 2012 година бројот на дипломирани студенти е намален за повеќе од 1800

студенти. И покрај што приватните факултети не даваат официјални податоци со

конкретни бројки, слободно може да се каже дека бројот на запишани студенти кај нив

расте . Расте и процентот на ученици кои во средно образование имале послаб успех па

дури и на тие што немаат полагано државна матура а се запишале на факултет.

година Дипломирани

студенти

Државни

факултети

Приватни

факултети

2012 10392 8213 2172

2013 9480 7307 2144

2014 9863 7746 2094

2015 8458 6385 2069

2016 8247 6589 1640

2017 8545 6460 2045

16

D.Supstin, The Russian Federation, in The Rising Role and Relevance of Private Higher Education in Europe; P.

J. Wells, J. Sadlak and L. Vlăsceanu (Eds); UNESCO-CEPES, 2007, p. 399-428

Page 50: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

50

„Целта на едукацијата е да го замени празниот ум со отворен.“ – Малколм Форбс

„Образование е она што ќе опстане кога наученото ќе се заборави.“ – Б. Ф. Скинер

II. НЕФОРМАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИ

ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Во минантото неформалното образование во Република Македонија се

поистоветуваше со образование на возрасни и најчесто се мислеше на обуките и

преквалификациите што се реализираа во Работничките универзитети и Центрите за

странски јазици кои беа основани во пеесеттите година на XX век. Работничките

универзитети беа главни носители и на описменувањето на возрасното население и на

сите други обуки за вклучување на пазарот на трудот . Со развојот на општеството се

менуваа и потребите на работниците, се појави и потреба од изучување на странски јазици

и компјутерски вештини. Во девеесеттите години изучувањето на странските јазици и

комјутерските вештини важеа за квалификација која беше неопходна само за одредени

работни места, па работните организации и институциите организирано ги упатуваа

своите вработени на овие обуки. Во тој период започнаа да работат и првите приватни

училишта за странски јазици кои на одреден начин нудеа неформално образование од

областа на странските јазици , но сепак во фирми на кои не им беше основна дејност –

образование и обука ( Трговски друштва и ДООЕЛ). Се до 2008 година единствени

установи регистрирани со шифра на дејност образование и обука на млади и возрасни беа

Работничките универзитети. Законот за образование на возрасни усвоен во 2008 година

по кој следеше и донесување на под-законски акт за уредување на постапките за

верификација на програмите за образование на возрасни ( неформално образование) , како

и за стандардите, просториите опремата и персоналот кој треба да го имаат установите за

образование за возрасни. Во Член 5 од Законот за образование на возрасни пропишано е

кој се може да биде понудувач на услуги за образование за возрасни. „Образованието за

возрасни ,можат да го вршат јавните и приватните установи за образование на возрасните,

институциите за образование на возрасните, центрите за усовршување, работодавачите и

социјалните партнери. Здруженијата или индивидуалните обучувачи кои ги исполнуваат

Page 51: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

51

условите пропишани со овој закон .“ Во 2008 беше основан Центарот за образование за

возрасни. Истиот профункционира во јуни 2009 година со мисија – промовирање на

систем за функционално неформално учење и учење за возрасни согласно стандардите на

ЕУ кое овозможува висококвалитетно учење за стекнување на квалификации,

зголемување на вработеноста и развивање на претприемништвото, исполнување на

потребите на пазарот на работна сила, придонесување кон економскиот, општествениот и

личниот развој на поединците. Во 2011 година донесен е и Закон за отворените граѓански

универзитети за доживотно учење. Во 2012 година започна процесот на верификација на

посебни програми за образование за возрасни- програми за неформално учење за

квалификација или вештина. Во последните години како земја кадидат за членство во

Европската унија Република Македонија постојано и значајно напредува во

усогласувањето на своето образование со европските образовни политики и стандарди.

Министерството за образование и наука покажува јасна посветеност на процесот за

валидација на неформалното и информалното учење управувајќи и активно учествувајќи

во бројни поврзани законодавни, оперативни и стратешки иницијативи.

Во последните 15 години голем дел од неформалното образование и обуки се

реализираат преку Здруженијата на граѓани ( порано се користеше поимот невладини

организации) , стопанските комори па дури и компании. Сите си имаат посебна улога во

неформалното образование и неговата афирмација и валидација.

Неформалното образование е условено со забрзаниот развој на науки и

технологии. Земајќи ја во предвид природата на формалното образование и правилата на

организирање во процесот на учењето, тоа не може секогаш да биде во чекор со развојот

на новите знаења, а настанувањето на неформалното образование се темели токму на овие

недостатоци. Тоа значи дека нефромалното образование служи да го дополни формалното

образование и да даде прилика, да се пристапи со сите оние содржини кои во формалното

образование се недостапни или тука спаѓаат разни курсеви на специфични вештини,

практични работни знаења, лични усовршувања, итн. Во некои случаи поради недостаток

на доволно ефикасен модел на флексибилното формално образование, неформалната

едукација е носилка на намалениот јазол помеѓу постоечкото и потребното образование,

научните дисциплини и желбите на младите луѓе. Неформалното образование се

Page 52: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

52

спроведува низ активности како што се курсеви, семинари, предавања, конференции,

работилници, различни типови на тренинг, како и волонтирање.

Токму заради диференцијацијата со едукативна содржина, неформалното

образование мора да биде флексибилно за да им одговара на сите ученици. Она што е

типично неформалното образовние е дека постои доброволно учество на учениците на тие

курсеви и семинари, често независно од возраста, искуството и претходното образование.

Оној што предава мора да биде обучен и компетентен и неговата улога не е само да им

предава на учениците, туку помеѓу нив мора да постои размена на искуства и вештини и

учење низ практична работа, за да можат оние кои учат да станат активни фактори во

процесот на учење.

1. Развој на неформалното образование и образованието за возрасни

Образованието за возрасни може да обезбеди одреден број на вештини и искуства

на учење кои имаат многу бенефити и цели: од основни вештини, до учењето јазци, од

курсеви за слободни активности, до професионална обука, од учење за семејството, до

обезбедување на здравјео, образованието за возрасните може да обезбеди бројни начини

кои ќе ги поддржат индивидуачците во целокупниот тек на нивните кариери и животи.

Но не само директните излези од учењето важни за луѓето: истражувањето

покажува дека учеството во неформалното образование за возрасните има бројни

бенефити. Образованието за возрасните може да ги трансформира животите и обезбедува

нови можности. Тоа може да понуди нови можности за вработување, да го отвори патот

кон формалното образование, да им помогне на оние кои го напуштиле училиштето да се

вратат во образованието, да им помогне на родителите во нивните улоги, да ги активира

уметничките и културните пасии на луѓето и да води кон поздрави животни стилови. Овие

придобивки се наведени од страна на учениците во курсевите во сите области, од

јазичните и уметничките до оние за граѓанско образование. 17

Образованието за возрасните може да го компензира недостатокот на образование

претходно во животот и овозможува општествена мобилност. Од обука за основни

вештини до училишта за втора шанса и учење јазици за мигранти, образованието за

17

www.bell-project.eu

Page 53: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

53

возрасни обезбедува многу можности за подобрување на индивидуалните животи но исто

така и за изедначување на општествата на повисоко ниво и создавање на фер општетсва

како и поголем економски раст. Со цел да се постигне поголемо социјално вклучување,

неопходен е опфат на групите кои не учествуваат во учењето. Со соодветни методологии,

луѓето можат да учествуваат повеќе во општетсвото, демократијата, економијата и

културата.

Квалитетното образование е еден од најзначајните фактори за развојот на секоја

индивидуа, а со тоа и на општеството во целина. Квалитетот на образованието е еден од

најважните приоритети на членките на Европската унија. Високото ниво на знаење,

компетенциите и вештините се прифатени како базични услови за активно граѓанство,

вработување и социјана кохезија. Квалитетот на образованието е есенцијален од аспект на

потребите на пазарот на трудот и слободното движење на работната сила надвор од

рамките на државата.

2. Обезбедување контрола на квалитетот на образованието

Единствен показател за квалитетот на образовниот процес кај нас, на училишно, но

и на државно ниво, се оценките на учениците, иако во последно време како да е присутно

неподелено мислење дека на училишните оценки не можеме многу да им веруваме,

бидејќи не се доволно објективни. Главна карактеристика на оценувањето на учениците од

страна на наставниците е традиционалниот пристап во вреднувањето на нивните усни или

писмени одговори при што најчесто од нив се бара да ги репродуцираат фактите што се

дадени во учебниците. Ваквиот начин на проверување на знаењата не го одразува

квалитето, туку способноста на ученикот да меморизира и репродуцира факти.

Непостоењето на стандарди на постигања и критериуми, врз основа на кои наставникот ќе

ги оценува постигањата на учениците го прави процесот на оценување нејасен и со голема

доза на субјективност. Причина повеќе што не може да се цени квалитетот на нашето

образование преку училишните оценки е тенденција на се поизразеното зголемување на

процентот на одлични ученици во последните дестина години.

Page 54: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

54

Доказ дека овие констатации не се базирани на импресии се резултатите што

учениците ги постигнаа на екстерните мерења, изведени во нашата земја во последните 5

години, на кои основните стандарди на постигнувања ги постигнуваа 60-70% наместо

очекуваните 90% од учениците. Недостатоците на постојаниот систем на оценување на

учениците во училиштата на јавноста и се познати многу одамна и биле предмет на

анализа во повеќе стручни трудови но досега многу малку е направено овој систем да се

осовремени и да се дополни со други видови на следење и оценување на постигнувањата

на учениците во процесот на нивното школување.

Во нашата држава не постојат утврдени постапки и процедури за самовреднување

на работата на училиштата чија основна функција е да се идентификува квалитетот на

работата на училиштето во целина и да овозможи ефективно развојно планирање на

неговата понатамошна работа. Постојана практика кај нас е училиштата да изготвуваат

годишна програма за работа и извештаи за реализација на програмата. И двата вида

документи се изготвуваат да дадат опис на работата и постигнувањата на училиштата без

аналитичен пристап во вреднувањето и отсуство на развојната компонента во

планирањето. Позитивни движења во овој домен има во рамките на повеќе проекти, но

бездруго овие почетни чекори потребно е да се стават во систем кој ќе биде променлив во

практиката и кој ќе има поддршка од институциите на локално и на државно ниво.

Една од причините за неефикасно функционирање на системот за обезбедување и

контрола на квалитетот е и недоволно јасната поделба на одговорностите во овој домен на

постоечките институции, како и непостоењето на институција чија примарна задача ќе

биде да ги следи трендовите во постигнувањето на стандардите на државно ниво.

Државната просветна инспеција изготвува записници по извршените увиди во кои

освен констатираните состојби, предлага и мерки за надминување на воочените законски

недостатоци, а во извештаите од Бирото се даваат препораки за унапредување на работата.

Главна слабост на двата постоечки механизми за надзор и воеднување на квалитетот е што

тие не се вршат систематски и што не постои доволно јасна методологија за вреднување

на квалитетот на работата на училиштата. Постојаните слабости произлегуваат и од

недоволниот број на советници во Бирото за развој на образованието, како и до големиот

број на одговорности кои ги имаат советниците.

Page 55: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

55

Третиот механизам за вреднување на квалитетот преку екстерни оценувања го

врши специјализирана единица во рамките за Бирото за развој на образовнието. Овој

механизам се уште е во фаза на воспоставување иако досега се веќе изведени 4

национални оценувања на постигнувањата на учениците на крајот од одделенската

настава, како и преттестирања на решенијата од Концепцијата за матура и завршни испити

во јавното средно образование.

Идните напори за обезбедување и контрола на квалитетот треба да се насочат кон

дефинирање на системот и изготвување на соодветна легислатива која ќе ги регулира

односите и надлежностите во остварувањето на крајната цел на системот – подигање на

квалитетот на образованието и образовните услуги.

Дипломите, сертификатите и квалификациите претставуваат значајна референца,

како за работодавците така и за поединците и тоа како на пазарот на трудот така и во

организациите. За најголемиот дел од луѓето, од раната возраст па се до староста, учењето

се случува на локално ниво.

Имајќи го сето ова во вид, Министерството за образование и наука на Република

Македонија донесе значајна одлука, а тоа беше да се изготви Национална програма за

развој на образованието, како стратешки документ што треба да ги утврди насоките на

развој на образованието до 2015 година. Овој значаен проект на Министерството се

реализира со финансиска поддршка на Институтот отворено општество- Македонија и она

што е најзначајно за истиот е дека се обезбеди транспарентен начин на создавање на

Програмата, со учество на сите заинтересирани субјекти во државата.

Page 56: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

56

3. Закон за образование на возрасните

Консолиридан текст

(службен весник на Р. Македонија бр. 7/2008, 17/2011, 51/2011, 74/2012, 41/2014, 144/2014,

146/2015, и 30/2016)

I.Oпшти одредби

Член 1

Со овој закон се уредуваат организирањето, структурата, финансирањето и управувањето

на системот на образование на возрасните. Образованието на возрасните е дел од

единствениот систем на образованието на Република Македонија.

Дефиниции

Член 2

Одделни поими употребени во овој закон го имаат следново значење:

1. Образование на возрасните е дел од системот на образованието кој обезбедува

образование, усовршување, оспособување и учење за возрасните лица;

2. Понудувачи на услуги за образование на возрасните се:

а) установа за образование на возрасните е училиште, високообразовна установа, како и

специјализирани установи за образование на возрасните и

б) институција за образование на возрасните е правно или физичко лице кое има

регистрирано дејност за образование на возрасните;

3. Работодавачи се трговско друштво, установа, или занаетчија кај кои се изведува

практична обука за образование на возрасните според тековните услови на нивната

активност, при што оваа обука не претставува нивна претежна дејност;

4. Социјални партнери се здруженија (мнозинскиот синдикат и коморите) кои ги

претставуваат интересите на работниците и на работодавачите кои во соработка со

Page 57: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

57

органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа го

реализираатсистемот на образованието на возрасните;

5. Стандард на занимање е определување на видот на занимањето, нивото и барањата на

работата и потребните компетенции, знаења и вештини;

6. Модул означува независна единица на учење која, како програмска целина, овозможува

стекнување со компетенции, знаења и вештини од одредена област;

7. Јавно признати програми за образование на возрасните се програми за формално

образование кои ги донесува или одобрува надлежниот државен орган;

8. Посебни програми се програми за неформално образование за стекнување на знаења,

вештини и компетенции;

9. Диплома, свидетелство и уверение се јавни исправи со кои се потврдува завршувањето

на одредена јавно призната програма за образование на возрасните;

10. Сертификат е исправа со која се потврдува завршувањето на одредена посебна

програма за образование на возрасните и

11. Учесник е лице кое се вклучува во образовните програми за возрасните и претходно ги

исполнил условите во поглед на претходното задолжително образование и други лица кои

се образуваат, а немаат статус на ученик.

Видови на образование за возрасните

Член 3

Образованието за возрасни опфаќа формално, неформално и информално учење:

1. Формално образование на возрасните означува дејност која се изведува согласно

законите кои ја регулираат дејноста основно, средно и високо образование, доколку со

овој закон поинаку не е уредено. Формалното образование на возрасните е

институционализирано образование кое се спроведува во државни и приватни установи и

институции како редовно и вонредно образование, според соодветни наставни планови и

програми. Формалното образование на возрасните опфаќа:

Page 58: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

58

- основно образование на возрасни,

- средно образование за возрасни, стручно оспособување, стручно образование

зазанимање, техничко образование и постсредно образование за возрасни, како

ипреквалификација и доквалификација и

- високо образование на возрасни.

Формално образование на возрасните се спроведува во согласност со законите кои ја

уредуваат оваа дејност, доколку со овој закон поинаку не е уредено и

2. Неформално образование на возрасните означува организирани процеси на учење

насочени за оспособување на возрасните за работа, за различни социјални активности или

личен развој.

3. Информално учење на возрасните означува активности во кои возрасните ги

прифаќаат ставовите и позитивните вредности, вештините и знаењата од секојдневните

искуства и други влијанија од својата околина.

Цели и задачи на образованието за возрасни

Член 4

Цел на образованието на возрасните е да се обезбеди можност за стекнување на соодветно

образовно ниво за секого и за сите возрасни групи и да овозможи истите дастекнат

знаења, вештини и ставови кои ќе бидат во согласност со барањата на општеството и

пазарот на трудот. Задачи на образованието на возрасните се:

- завршување на најмалку задолжително образование,

- оспособување за вработување на возрасните кои не завршиле образование за прво ниво

на стручни квалификации,

- преквалификација и доквалификација, оспособување и обука на вработени и

невработени возрасни лица,

Page 59: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

59

- овозможување образование и стекнување знаеања и вештини кои одговараат на личните

способности и возраста на поединците и

- стекнување со основни вештини и компетенции со кои се обезбедуваат основи

задоживотно учење.

Понудувачи на услуги за образование на возрасни

Член 5

Образованието за возрасните, согласно со овој закон, можат да го вршат јавните и

приватните установи за образование на возрасните, институциите за образование на

возрасните, центрите за усовршување, работодавачите и социјалните партнери,

здруженијата или индивидуалните обучувачи кои ги исполнуваат условите пропишани со

овој закон.

II.Надлежности на образоваљнието за возрасни

Надлежности за образованието на возрасните

Член 6

Надлежни за образование на возрасните се министерството надлежно за образование (во

натамошниот текст: министерството), министерството надлежно за труд, Советот за

образование на возрасните, единиците на локалната самоуправа и социјалните партнери.

Надлежности на министерството во областа на образованието на возрасните

Член 7

Министерството има надлежност да:

- донесе стратегија за образование на возрасните и годишни акциони планови за нејзина

реализација, врз основа на предлози од Советот за образование на возрасните,

- предлага на Владата на Република Македонија мрежа на установи за образование на

возрасните,

Page 60: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

60

- дава мислење до Владата на Република Македонија за престанокот со работа на

установите за образование на возрасните, на начин утврден со закон,

- врши верификација на установите и институциите за образование на возрасните, наначин

утврден со закон,

- води регистар на верифицирани установи и институции за образование на возрасните,

- донесува национални рамковни наставни планови и програми за образование на

возрасните,

- донесува наставен план и програми за основното, гимназиското и стручното образование

на возрасните по предлог на Центарот за образование на возрасните (во натамошниот

текст: Центарот),

- обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија за финансирање на

образованието на возрасните врз основа на утврдените потреби на државата,

- обезбеди средства за истражување и развој за потребите на образованието на возрасните,

во согласност со државните и потребите на Европската унија и

- врши други работи согласно со закон.

Надлежности на министерството надлежно за труд во областа на образованието на

возрасните

Член 8

Министерството надлежно за труд има надлежност да:

- учествува во спроведувањето на државната политика во областа на образованието на

возрасните, согласно со овој закон,

- ги согледува потребите за преквалификација и доквалификација на кадарот преку

анализа на пазарот на трудот и да доставува мислење до Советот,

- учествува во подготвувањето и усогласувањето на стручните квалификации по

стандарди,

Page 61: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

61

- во соработка со Центарот да иницира потреби од изготвување на нови стручни

квалификации по стандарди,

- учествува во изготвувањето на Листата на стандарди на занимања и

- учествува во организирањето на професионалното ориентирање на учесниците.

Совет за образование на возрасните

Член 9

Владата на Република Македонија со одлука основа Совет за образование на

возрасните (во натамошниот текст: Советот), како советодавно тело кое предлага

стратешки прашања кои се однесуваат на политиката на развој на образованието на

возрасните. Советот е составен од 13 члена од кои претседател и 12 члена, и тоа: два члена

од редот на експертите за образование на возрасните, по еден член од министерството,

Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука,

министерството надлежно за финансии, мнозинскиот синдикат, Заедницата на единиците

на локалната самоуправа, Агенцијата за вработување на Република Македонија и

Агенцијата за развој на мали и средни претпријатија, како и по еден член од Стопанската

комора на Македонија, Сојузот на коморите на Македонија и Комората на занаетчиите на

Македонија (во натамошниот текст: коморите).

При именувањето на членовите на Советот се применува начелото на соодветна и

правична застапеност на заедниците во Република Македонија, имајќи ги предвид

јазиците на кои се изведува наставата во установите за образование, без да се нарушат

критериумите пропишани со овој закон. Во работата на Советот учествува и директорот

на Центарот, без право на глас во одлучувањето.

Советот избира претседател од редот на своите членови. Мандатот на членовите на

Советот трае четири години. Советот ја уредува својата работа со деловник. За својата

работа Советот изготвува годишен план и годишен извештај и го доставува до Владата на

Република Македонија идо министерството до крајот на февруари наредната година.

Стручно-административните работи за Советот ги врши Центарот за образование на

возрасните.

Page 62: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

62

Надлежности на Советот

Член 10

Надлежностите на Советот се да:

- предлага стратегија за развој на образованието на возрасните во контекст

надоживотното учење до министерството,

- предлага годишни акциони планови за имплементација на Стратегијата за

образование на возрасните,

- ја следи реализацијата на годишните акциони планови за реализација на

стратегијата за развој на образованието на возрасните,

- му предлага на министерството национални квалификации и стандарди на

занимања,

- предлага финансирање на програмите за образование на возрасните за кои се

обезбедени средства во Буџетот на Република Македонија и

- во соработка со општините до Министерството доставува предлог за развој на

мрежата на установите за образование на возрасните.

Надлежности на единиците на локалната самоуправа во областа на

образованието на возрасните

Член 11

Советот на општината, односно на градот Скопје:

- врши анализа на потребите на пазарот на трудот на локално ниво и ги искажува

согледувањата за потребите до Центарот, установите за образование на возрасните

иинституциите за образование на возрасните,

- може да основа установи за образование на возрасните, согласно со одредбите на

овој закон,

Page 63: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

63

- може да основа општински, односно центар на градот Скопје за развој на

човечкитересурси,

- доставува предлози до министерството и до Центарот за потребите за развој на

програмите за образование на возрасните,

- донесува програми за образование на возрасните кои се финансираат од средстват

на локалната самоуправа и ги доставува на верификација до Центарот

- обезбедува средства за установите за образование на возрасните на кои им е

основач и

- доставува предлози за уписната политика во образованието на возрасните до

министерството.

- води општински регистар за установи и институции кои реализираат јавно

признати програми.

III. ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПОНУДУВАЧИТЕ НА УСЛУГИ ЗА

ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИТЕ

Права и обврски на понудувачите на услугите за образование на возрасните

Член 14

Понудувачите на услугите за образование на возрасните имаат право да:

- организираат и остваруваат образование на возрасните според одредбите на овој закон и

предлагаат измени и дополнувања на постоечките или да предлагаат нови програми.

Понудувачите на услугите за образование на возрасните имаат обврска:

- квалитетно да ја реализираат програмата за образование на возрасните,

- да обезбедат безбедни работни услови во рамките на процесот на образованието на

возрасните,

- да ги исполнуваат обврските од договорите со учесници и

Page 64: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

64

- да доставуваат до Центарот годишни извештаи за наставните планови и програми кои

гиреализираат, бројот на учесниците, ангажираниот кадар во наставата и друго.

Склучување договори

Член 15

За време на следењето на програмата за образование на возрасните се склучува договор

меѓу установата и институцијата за образование на возрасните и учесникот. Во договорот

од ставот 1 на овој член се уредуваат условите за следење на образованието на возрасните

(место на образованието, времетраењето на образованието, надоместокот и слично). Пред

започнувањето на реализацијата на програмата за образование на возрасните договорот

треба да биде потпишан.

Член 16

Содржината, формата и постапката на потпишувањето на договорот се утврдува од

Центарот.

Програми за образование на возрасните

Член 17

Возрасните стекнуваат образование по програмите за основно, средно и

високообразование прилагодени на потребите и можностите на возрасните (јавно

признати програми).

Возрасните можат да се образуваат и усовршуваат, специјализираат и да ги

дополнуваат своите знаења и вештини согласно со програмите од ставот 1 на овој член во

формалното образование, кои можат да се организираат кај образовните установи кои се

верифицирани за овие програми. Возрасните можат да се образуваат и усовршуваат,

специјализираат и да ги дополнуваат своите знаења, вештини и компетенции согласно со

посебни програми за стекнување на знаења и вештини кои се организираат кај

верифицирани образовни установи и институции.

Page 65: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

65

Член 18

Посебните програми за образование на возрасните од членот 17 став 3 на овој закон

се за:

- описменување на населението,

- мајчин јазик и странски јазици,

- преквалификација,

- доквалификација,

- претприемништво и менаџмент,

- информациско-комуникациски технологии,

- креативно изразување и учество во културни и уметнички настани,

- зачувување и заштита на околината,

- посебни социјални вештини,

- активно граѓанство,

- основни познавања од науката и технологијата и

- други знаења вештини и способности.

Програми од ставот 1 на овој член се прилагодени на возраста, претходното

стекнато образование, знаење, вештини и способности на возрасните. Програмите од

ставот 1 на овој член ги донесува установата, односно институцијата за образование на

возрасните а ги верифицира Центарот, освен ако поинаку не е уредено со овој и со друг

закон.

Член 19

Програмата за образование на возрасните содржи:

- назив на програмата,

Page 66: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

66

- знаења, вештини и способности кои се стекнуваат со завршувањето на програмата,

- услови за запишување, напредување и завршување на програмата,

- траење на програмата и облиците за изведување,

- кадровски, дидактички, просторни и други услови за изведување на програмата и

- начин на евалуацијата на програмата и постигнатите резултати од учењето.

Член 20

Програмите за образование на возрасните можат да се изведувааат преку: редовна

настава, консултативно-инструктивна настава, дописно-консултативна настава, отворена

настава, теленастава, настава на далечина, мултимедиски и на друг соодветен начин.

Програмата може да има и модулирана структура.

Член 21

Програмите ги реализираат наставници, професори, инструктори за практична

настава и стручни соработници. Кадарот од ставот 1 на овој член треба да стекне посебна

подготовка за работа со возрасни, која се организира во Центарот, како и во соодветни

установи и институции.

Кадарот од ставот 1 на овој член има право и обврска на постојано стручно

усовршување, како и усовршување за работа со возрасни. Во програмата се наведува

видот на кадарот кој може да ја реализира програмата.

4. Перспективи и развој на неформално образование (НФО)

“Доживотното учење е неопходност, а не луксуз”- Јан Фигел

4.1 Европски контекст

Во самата ЕУ преку нејзините институции, се прави обид да се зачуваат најдобрите

од разнородното мноштво образовни искуства од Европа, при што во исто време, се става

акцент на издигнување на стандардите, надминување на пречките за можностите за учење

и исполнување на условите и барањата на 21-от век. Имајќи предвид дека сферата на

Page 67: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

67

образованието не е во целост хармонизирано во ЕУ, основните политики кои ја

формулираат и обликуваат состојбата на неформалното образование (НФО) се

Лисабонската стратегија за раст и вработувања, или уште попозната под името

Лисабонска агенда и во нејзини рамки, концептот и посветеноста на доживотното учење

(Life Long Learning – LLL). Ова, од друга страна, посочува дека се работи за приод кој е

влечен и инспириран од интересите, потребите и влијанието на економијата,

компетитивноста во рамки на ЕУ, но и во светски рамки, пазарот на трудот, како и

потребите изразени во рамки на концептот активно граѓанство.

4.2 ЕУ- дефиниции и заднински информации

Дефиницијата која најчесто ќе се средне за неформалното образование на ниво на

ЕУ е дека неформалното образование е образование и обука кое ги вклучува сите видови

на активности за предавање и учење, а кои не се дел од формалниот систем на

образование. Европскиот младински форум дава една од најсеопфатните дефиниции за

неформалното образование која се користи во рамкина ЕУ денес:

„... организиран процес кој им овозможува на (младите) луѓе можност за развој на

нивните вредности, вештини и компетенции, различни од оние равиени во рамки на

формалното образование. Тие вештини – исто така, наречени и „меки вештини“ –

вклучуваат голем опфат на компетенции, како што се интерперсонално, тимско и

организациско управување и управување со конфликти, интеркултурна свесност,

лидерство, планирање, организирање, координација и вештини за практично решавање

проблеми, тимска работа, самодоверба, дисциплина и одговорност.“18

Имајќи предвид дека постои различна генеза и традиција во рамки на ЕУ 27 за

НФО - како концепт и практика тоа живее повеќе од 100 години во скандинавските земји

и Холандија, а во англо-француската култура јасно се дефинира некаде кон средината на

20-тиот век. Кај новите земји членки, вклучувајќи ги и аспирантите за влез во ЕУ, НФО

доживува колапс во периодот на транзиција, затоа повторното заживување – градење на

унифицирано разбирање, приод и над сè, прифаќање на практиката на редовна примена на

НФО е навистина тешка работа. Овде клучна улога во афирмацијата и насочувањето на

18

http://www.projects.aegee.org/educationunlimited/files/Non-formal_Education_brief.pdf

Page 68: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

68

фокусот кон универзално релеватни прашања за европскиот континент одиграле

граѓанскиот сектор и извесни научници и истражувачи.

Меѓутоа, покрај постоењето разновидни дефинции за НФО, кои во

фундаменталното разбирање на НФО не се разликуваат, постојат отворени прашања на

кои сè уште не се дадени конкретни одговори, што пак доведува до збрка. Имено,

дефинициите за неформално образование кај сите наведени организации се разликуваат.

Покрај тоа, се разликува и фокусот. На пример, кај организациите од системот на ООН,

главна претпоставка е исполнувањето на Милениумските развојни цели, и оттаму

неформалното образование многу често е врзано за стапките на описменување. Кај ЕУ,

пак, повеќе се инсистира на основните, поточно „клучните компетенции“ во процесот на

доживотното учење, неопходни за општество темелено на знаење (знаење, вештини и

ставови кои доведуваат до тоа луѓето повеќе да се вклучени во градење одржлив развој и

демократско граѓанство).

Второто прашање околу НФО е неговото безрезервно врзување за младинските

политики, или, од друга страна, пак, исклучивото врзување за образованието на возрасни.

И, секако, можеби, најголемата опасност е дискурсот на стандардизирање на НФО под

премисите на обезбедување квалитет, неговата гаранција, како и тесното врзување за

резултатите/исходите од образованието (learning based outcomes), што во суштина води до

формализирање на сферата на НФО, со што тоа ја губи својaта смисла на постоење.

4.3 Лисабонската агенда и инструменти за нејзино постигнување во доменот

на образованието и обуката

Неформалното образовние се третира и во делот на политиките и acquis

communautaire на ЕУ за доживотно учење, чиј развој, како концепт, политика и стратегија

добива големо внимание и финансиски поткрепа на ниво на Унијата. Корелацијата на

доживотното учење, обединувањето на формалното, неформалното и информалното

образование, со идејата за постигнување на општество темелено на знаење (knowledge-

based society), и следствено, компетитивна економија на глобалната сцена во 21 век, во

самата ЕУ е утврдена, формализирана и институционализирана. Овде, повторно треба да

се напомне дека овие стратешки определби на ЕУ се рефлектираат и во документите кои

Page 69: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

69

го обединуваат високото образование и пазарот на трудот: Болоња процесот за создавање

европска област за високо образование (Bologna Process), и признавањето на

квалификациите преку Европската рамка на квaлификации (European Qualification

Framework).

Со донесување на Лисабонската декларација во март 2000 година, новата

стратешка цел за ЕУ е да стане „најкомпетитивната и динамична економија темелена на

знаење во светот, способна да го одржи економскиот раст со повеќе и подобри работни

места и поголема социјална кохезија.“ Суштината на ова залагање е образованието и

обуката на самитите во Стокхолм (2001) и Барселона (2002), каде што се усвоени

стратешките цели и деталната работна програма за постигнување на лисабонската цел до

2010 година. Истата година утврдена е и рамката со 8-те клучни компетенции и

европската димензија во образованието. Оваа работна програма позната под името

Образование и обука 2010, исто така, во себе ги обединува Копенхагенскиот и

Болоњскиот процес. Како работна програма која има синергетски и кохерентен приод кон

образованието и обуката, таа е клучна за успехот на Лисабонскиот процес. Клучни

комптенеции за доживотно учење, т.е. европската референтна рамка се следните:

1. Комуникација на мајчин јазик;

2. Комуникација на странски јазици;

3. Математичка компетенција и основни компетенции од природните науки и

технологијата;

4. Дигитална компетенција;

5. Учење како да се учи;

6. Интерперсонални, општествени и социјални компетенции и граѓански

компетенции;

7. Претпреимништво, и

8. Изразување на/за културата.

Page 70: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

70

Сите овие компетенции имаат за цел да го помогнат личното исполнување и развој

во текот на целиот живот на поединецот (што претставува културен капитал), да

овозможи активно учество на граѓанинот во општеството, т.е. да овозможи инклузија

(социјален капитал) и да овозможи секој поединец да добие квалитетно работно место

(човечки капитал). Документот Образование и обука 2010 иако не е обврзувачки по

карактер, токму тој поставува високи одредници и цели за успехот на Лисабонската

агенда, па вели дека до 2010 година во ЕУ:

Просечната стапка на деца што рано го напуштиле образованието ќе биде помала

од 10%;

Вкупниот број на дипломци во математика, природните науки и технологија треба

да се зголеми за најмалку 15%, додека пак, родовиот дисбаланс во овие

предмети/области треба да се намали;

85% од лицата на 22-годишна возраст треба да бидат со завршено средно

обвразование;

Бројот меѓу 15-годишниците со послаб успех во читање, математика и природни

науки, треба да се преполови; и

Просечното учество на возрасните лица кои се вработени во процесот на

доживотно учење треба да се искачи на барем 12,5%.

Очигледно, вака високо поставените цели, тешко ќе можат да се постигнат во секоја

земја членка, а можеби тоа ќе биде уште потешко за земјите кои аспирираат да влезат во

ЕУ, бидејќи ваквата забрзана ангажираност е единствен сигурен билет за развој на

економијата, подобрување на стандардот и исполнување на условите за влез во ЕУ.

4.4 Европска квалификациска рамка

За иста цел, намера и насока, по голем број дебати, особено поттикнати од

можноста за спроведување на една од четирите фундаметални слободи – слободата на

движење на луѓе, односно на работна сила, произлегува и дискусијата за заемно

признавање на дипломи, но и на професии. Оваа комплексна и многу чувствителна

материја често пати е користена за дневно политички цели, а доживеа и период во кој

беше и стандард за дискриминација (со новото источно проширување). Токму од

Page 71: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

71

потребата за унифицирање и полесно разбирање на образовните системи и нивоата на

стекнато образование и квалификации, како и потребата да се одговори на барањата на

пазарот на труд и најважно за поттикнување на мобилноста на работната сила, на 24

октомври 2007 година, Европскиот парламент ја изгласа Препораката за вопоставување на

Европска квалификациска рамка за доживотно учење (ЕКР). Со тој документ им се

препорачува на земјите членки да донесат Национални квалификациски рамки (НКР) до

2012 година. Со тоа ќе им се овозможи на работодавачите и на поединците да ја користат

ЕКР како референтна алатка за споредба на квалификациите во различни земји и низ

различни образовни системи и системи на обука.

ЕКР ги опфаќа сите видови и нивоа на образование и обука и се однесува на сите

видови квалификации. Во основа ЕКР дефинира 8 референтни нивоа за тоа што

пеодинецот во процесот на учење знае, разбира и е во состојба да направи

(резултати/исходи од учењето, без оглед на конкретната квалификација што ја стекнал).

Односно, со ЕКР се поместува фокусот од традиционалниот приод со акцент на инпутот

во учењето, на резултатите/исходите од учењето и тоа:

Го поддржува подоброто спојување на потребите на пазарот на трудот (од знаење,

вештини и компетенции) и понуденото образование и обука;

Ја помага валидацијата на неформалното и информалното учење;

Го помага трансферот и користењето на квалификациите во различни земји,

образовни системи и системи на обука.

Во спроведувањето на ЕКР, активно придонесува ЕКР работна група и 8 кластери. Во

рамки на работата на еден од кластерите внесена е и валидацијата на неформалното и

формалното образование.

4.5 Признавање, афирмација и валидност на неформалното образование во ЕУ

Во рамки на ЕУ, клучните дискусии околу НФО се водат во однос на неговото

признавање/афирмација, во однос на обезбедувањето квалитет врз основа на

резултатите/исходите темелени на учење и негова валидација. Признавањето на НФО

може да биде политичко, општествено и индивидуално. Комисијата веќе има направено

некои чекори во тој поглед:

Page 72: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

72

Афирмативен пристап кон признавањето – што во суштина е политичко

признавање, отелотворено во серија обврзувачки и необврзувачки документи за

земјите членки на ЕУ;

Политичкото кое се надоврзува на социјалното, преку поставувањето на

Европската рамка на квалификации и инсистирањето на создавање на национални

рамки на квалификации, како директна мерка во поддршка на Лисабонската агенда,

и

Во делот на формалното образование – имајќи предвид дека тие се

комплементарни едно со друго, преку воведување методи и приоди во областите на

учење каде е вреден влогот од неформалното образование. Преку ова партнерство и

комплементарност се подигнува свеста кај населението, особено на оние што се во

рамките на формалниот образовен процес, за волонтирањето, доживотното учење и

повеќестраноста во учењето, стимулирањето на натамошното учење и надградба,

значењето на оспособениот и флексибилен човечки капитал за една земја и за

Унијата.

За спроведување на сите овие политики врзани за сите видови образование и

начелото на доживотно учење, на ниво на ЕУ обезбедени се механизми, и тоа програмите

на ЕУ за финансирање на образованието, обуката и младите. Во рамките на самата ЕУ,

преку синергичен пристап од институциите на ЕУ, националните институции и над сè,

невладините организации, се прават големи напори во насока на признавањето и

валидацијата на неформалното образование, обука и учење, или патот до неа. Работата на

валидација е толку напредната што се прават пописи на валидација, или пак се зборува за

два чекора или ниво во НФО, еден кој се однесува на основни и елементарни квлификации

и втор заснован на компетенции. Веќе се изнесени предлози за начинот на сертифицирање

и кога тоа би требало да се случува. При зборувањето за квалитетот на валидацијата,

дискурсот на работодавачите како крајни корисници на НФО и оној на испорачувачите на

обуки не секогаш се преклопува, а често знае и да се надоврзува. Првите зборуваат за

потреба од валидација на комптенции во однос на задачи и стратешки потреби, вторите

пак, зборуваат за валидација во врска со наставните програми и плановите на работа.

Притоа особено се води сметка да не се дојде до терминологија и практика на

стандардизација, што автоматски го прави НФО многу ригидно и тешко подложно на

Page 73: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

73

адаптибилни промени. Во ЕУ, во рамките на сите горенаведени политики за доживотно

учење, постигнувањето на лисабон-

ските цели, и јакнењето на улогата на НФО во градењето на човечкиот капитал, направено

е поместување и создадена е една единствена транспарентна рамка позната под името

Еуропас (Euro pass). Таа во себе содржи 5 инструменти: ЕУ биографија, еуропас

мобилност, додаток кон диплома, додаток кон сертификат, и јазичниот пасош/портфолио.

Дел од нив се темелат на самооценка, дел од нив се институционализирани.

4.6 Невладини организации (НВО) и неформалното образование во ЕУ

Она што треба да се нагласи е фактот дека улогата на невладиниот сектор во

неформалното образование, на ниво на ЕУ веќе го има доживеано своето признавање,

како политичко, така општествено и уште повеќе на индивидуално ниво. НВО секторот е

клучен и инструментален во водењето и насочувањето на дикусиите за сите политики

врзани за НВО – овде особено треба да се издвојат младинските. НВО се јавуваат и како

креатори на политика, и како предлагачи, и како провајдери на НФО, а често пати, се

јавуваат и како „регулатори“ во оваа нерегулирана и неформална сфера. Впрочем, и

насоченоста на дел од финансиските инструменти на ЕУ (програмите на заедницата и

програмите за структурни реформи и институционалното јакнење) за НФО, кои исклучиво

и во најголем дел се насочени кон НВО, ја покажува и докажува свесноста и признаеноста

на улогата на НВО во НФО.

Динамичниот развој на оваа проблематика наметнува потреба од промена на

културата на однесувањето и на матрицата на размислување кај сите чинители во НФО.

Посебно е важен ставот и улогата на работодавците кои се грижат за квалитетот на

човечките ресурси во своите компании, со неопходна меѓусебна активна соработка, т.е.

посебно е важно на ниво на ЕУ да се обезбеди исто и соодветно разбирање и однос кон

НФО. Имено, работодавците го признаваат НФО и постојано се грижат за надградба на

вештините и компетенциите на своите вработени преку обука за работа, дури и преку

обезбедување на висока сертифицираност на работната рака. Но, од друга страна, пак,

отсуствува современо и отворено размислување и визија за иднината на работната сила,

што со последната економска и финасиска криза од светски размери стана апсолутно

Page 74: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

74

неопходно. Работодавците се клучни за добивање, но и за одржување на легитимитетот и

кредибилноста на НФО. Во време на чешкото претседателство од првата половина на 2009

година, донесени се заклучоци за НФО, кои ја одразуваат единственоста на политичките

експоненти на земјите членки на ЕУ, како и волјата за негова поддршка. Во заклучоците

децидно и експлицитно се вели:

Признавање на НВО како главни испорачувачи на НФО и промоција/афирмација на

НФО на сите нивоа;

Развивање на рамка за обезбедување/осигурување квалитет за испорачувачите на

НФО на ниво на ЕУ и на национално ниво;

Младите луѓе треба да бидат вклучени во сите процеси во врска со нивното

образование

.На крајот најсоодветна завршница за овој европски светски контекст е

парафразираната мисла на Патрик Верквин од ОЕЦД дека сите видови образование и

обука, или сите видови учење треба да бидат признаени, а само дел од нив треба да биде

формализиран (сертифициран).

Политиките на ЕУ во најчест случај се резултат на предвидување и визионирање. А

обидот да се предвиди иднината е исплатлив на долги патеки, имајќи предвид дека целите

секогаш се поставуваат компетитивно и во светски рамки. Оттаму, триаголникот на

знаење (образование, истражување и иновација) како и „ажурираната рамка за европската

соработка во периодот по 2010 година ќе постави 4 стратешки цели:

Доживотното учење и мобилноста да станат реалност, а не исклучок.

Да се подобри квалитетот и ефективноста на понудата/обезбедувањето и на

исходите/резултатите

Да се промовира еднаквоста и активното граѓанство

Да се зајакне иновацијата и креативноста преку образованието и обуката.“ (Јан

Фигел, 29.10.2008, Париз)

Република Македонија треба да ги координира, синхронизира, да се стреми и да ги

следи тие трендови, да ги постави како свои, и да прави сè за да се постигнат.

Page 75: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

75

Неформалното образование е апсолутен чинител во тој процес, а улогата на невладиниот

сектор во општеството, и секако во НФО е многу битен фактор за постигнување на

посакуваните резултати, ниво на социо-економски развој и создавање на квалитетен и

компетитивен човечки капитал во земјата.

5. Неформално образование во Република Македонија

Анализа на правната рамка и институционалните решенија во Република Македонија за

неформалното образование и процесот на доживотно учење.

5.1 Основни информации

Првиот стратешки приоритет на Република Македонија е зачленување и

интеграција во Евроатлантските структури (ЕУ и НАТО). Оттаму, сите домашни

политики, нивните ориентации, стратегии и законска рамка се усогласуваат примарно во

согласност со условите за приклучување и влез во тие организации.

Република Македонија, е земја кандидат за придружување во ЕУ, членка на

Советот на Европа, членка на Обединетите нации, и гради активни и продуктивни односи

со останатите меѓународни организации (ОЕЦД, Светска Банка, ММФ, Франкофонија и

др.). Оттаму, политиките, стратешките определби, одредниците, индикаторите,

формалните и неформалните рамки во кои овие меѓународни сојузи и организации

делуваат, претставуваат предмет на работа и активна примена во периодот во кој

егзистираме. Холистички пристап би била претпочитаната ориентација, со која ќе се

обезбеди усогласеност и навременост во обликувањето, формулирањето на активниот

социо-економски дијалог во земјата, со инспирација и аспирација да станеме стабилна

демократија со развиена економија темелена на знаење и силен човечки и социјален

капитал.

Република Македонија е потписник и страна во најголем број на меѓународните

инструменти, особено оние на системот на Обединетите нации (ОН) и на Советот на

Европа. Тие се потпишани и ратификувани и претстатуваат дел од домашното

законодавство со супремација. Од друга страна, кандидатскиот статус за придружување

кон Европската унија (ЕУ) подразбира скоро постојан процес на усогласување,

Page 76: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

76

хармонизација и транспозиција на корпусот на европскотo право - acquis communautaire.

Оттаму, сферата на образованието, во својата целокупност: формално, неформално и

информално, законодавството и применетите политики во јавниот сектор во Република

Македонија се предмет на усогласување, менување, реформирање и прифаќање на нови

решенија, стандарди и практики. Важноста да се истражат, увидат, поврзат и сублимираат

формализираните и неформалните, а сепак признати и прифатени облици на делување на

меѓународните актери, и обединувањето на засегнатите страни и чинителите во сферата на

НФО, во земјите во светот и на ниво на меѓународните организации, се огледа во веќе

профилираните исцртани рамки/граници и досегнувања во НФО. Токму тие сознанија ќе

имаат директно влијание и удел на она што претставува обврска, но, исто така и

предизвик за сите актери во Република Македонија.

Треба да се посочи дека Република Македонија, пред осамостојувањето, имаше

дефинирана активна политика во доменот на НФО. Иако во тој систем, државата била таа

која го обезбедувала спроведувањето на НФО во примарното, секундарното и

терцијарното образование, фокусот на НФО не бил занемарлив. Тој се однесувал и на

елементарните процеси, како описменување и создавање можности за заокружување на

основното и средното образование кај возрасните, така и можности за лична надградба во

извесен број вештини (јазици, занаети) и можност за помладата популација да реализира

дел од своите интереси преку разни видови организирани активности надвор од

формалниот систем. Во тој период забележително е постоењето и работата на

андрагошкиот институт, кој во периодот на раната транзиција на земајта замира. Од тој

момент до денес, научната работа, истражувањата, прилозите и учеството во креирањето

на политиките од страна на стручната јавност се одвива на неорганизиран начин,

повремено, без обезбедена можност за континуитет и институционална меморија за

процесите на трансформација на општеството.

5.2 Анализи на тековните состојби

Најголем дел од информациите за развојот на политките во образованието, и секако

во доменот на НФО, може да се добијат од анализите и извештаите на Република

Македонија до меѓународните организации каде сме членки. Преку нив се согледува и

мери нашиот напредок во реформите и воведувањето на нови облици на работа, а особено

Page 77: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

77

во однос на капацитетот - законски, институционален, буџетски, експертски - да се

спроведат тие реформи и политики. Овде треба да се споменат нашите редовни извештаи

до институциите на ЕУ, редовниот дијалог од Спогодбата за стабилизација и асоцијација и

Пристапното партнерство; годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на

Република Македонија, Извештаите и укажувањата од Европската фондација за обука

(ЕТФ); извештаите од инструментите на ОН; националниот извештај како прилог кон

извештајот CONFITEA VI (како можеби, најопсежна самоанализа на состојбите во сите

видови образование во Република Македонија), извештаите до Советот на Европа под

респективните инструменти, и секако укажувањата токму од телата на Советот на Европа;

извештаите од Светската банка и др. Треба да се додаде дека меѓународните организации

во кои членуваме или кон чие членство се стремиме, сликата за напредокот на реформите

и примената на усогласените политики во Република Македонија во најголем дел ја

формираат преку извештаите за спроведувањето, капацитетот на институциите и

реформскиот капацитет и волја во земјата, но и од проектите кои билатерално или

мултилатерално се поддржани како поткрепа на спроведувањето на структурните и

институционалните реформи.

Националниот извештај на Република Македонија од април 2008 година, како

прилог кон CONFITEA VI е навистина еден многу вреден, сеопфатен и реалистичен

документ, во кој отворено се нотираат сите процеси и недостатоци. Во однос на НФО, или

како што е таму наведено, во образованието за возрасни, забележани се хаотичните

состојби како во институциите, така и кај испорачувачите, како и перцепцијата и

признаеноста на неформалното образование во сите сфери во општеството. Редовното

известување и дијалог на техничко и политичко ниво со службите на ЕК, а во рамки на

Процесот на стабилизција и асоцијација, и редовниот годишен Извештај на ЕК за

напредокот на Република Македонија во ПСА, јасно ги бележи, како напредокот во

реформите, така и недостатоците во однос на конкретни политики и усогласеноста, т.е.

ориентираноста и фаќањето чекор со тековните и актуелните политики на ЕУ. Така,

забележани се бавните заживувања на Законите за средно образование и за образование на

возрасни во воспоставувањето на соодветната институционална рамка, забележано е

отсуството на соодветно прибирање податоци и нивна статистичка обработка и

презентација, отсуството на создавање политики засновани на докази (evidence based

Page 78: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

78

policy creation), и слабиот напредок во доменот на доживотното учење и во сферата на

неформалното образование. Овие сознанија заедно со анализите на тековните состојби и

препораки за нивно надминување може да се најдат во Извештјаот на ЕТФ (European

Training Foundation) за македонските политики и приоритети во светло на насоките од

политиките на ЕУ, од ноември 2008 година, кој е документ што ја дава најопсежната

рентген снимка на состојбите во Македонија во сферата на образованието. Од друга

страна пак, вреди да се напомне дека ЕУ, како најголем донатор, секогаш ги поддржува

процесите на приспособување со соодветни финансиски инструменти за да ја помогне

побрзата транзиција.

Во доменот на НФО, засега, единствената анализа на состојбите е изработена од

НВО Триаголник – Центар за неформално образование, во документот Неформалното

образование како можност – механизам и средство за намалување на невработеноста во

РМ (октомври 2008). Иако овој документ има ограничена мисија - анализа на улогата и

ефектот на неформалното образование во Република Македонија, во смисла на изградба

на капцитетите на индивидуално ниво, но и на ниво на општеството, како и неговото

влијание врз проблемот на невработеноста во општеството, сепак, тој дава одличен пресек

на состојбите во НФО како кај НВО секторот, така и кај институциите. Документот исто

така содржи и податоци за нивото на информираност и свесност кај граѓаните за

можностите во рамките на НФО и за можностите за личен развој. Спроведеното

истражување става посебен акцент на поврзаноста и можностите од НФО за надминување

на невработеноста. Во јуни 2009 е објавен извештајот Долг е патот до општество

базирано на знаење – Македонското образование во светло на реперите и индикаторите за

„Образование и обука 2010“, програма за работа на ЕК, во издание на ФИООМ.

Документот ги анализира политките во доменот на образованието во Република

Македонија посебно во светло на Лисабонската агенда и документот на ЕК “Образование

и обука 2010“, во смисла на постигнување и позиционирање на Македонија наспроти

поставените цели. Овој извештај, преку призмата на „Образование и обука 2010“ ги

бележи недостатоците во македонското образование, забележани и во претходно

наведените извештаи, повикува на конкретно преземање активности и мерки од страна на

Владата за надминување на дел од состојбите, но и повикува на ревидирање на начинот на

Page 79: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

79

донесување политки во јавниот сектор кои треба да го поткрепат трансформирањето на

образованието во согласност со европските практики, приоритети и перспективи.

5.3 Законски контекст

Законската рамка за формалното образование во Република Македонија е во голема

мерка заокружена и усогласена, но недоволна. Поновите решенија, заради нивната голема

медиумска покриеност и се добро познати на широката јавност: воведување деветолетка,

задолжително средно образование,воведување нови наставни содржини, Болоња

процес/декларација, систем на трансфер на кредити, матура и слично. Усогласувањето со

законодавството, или подробро кажано, препораките и политките на ЕУ, исто така

добиваат своја покриеност во информирањето на јавноста. Новина во овој домен е

донесувањето и стапувањето во сила на повеќе стратешки документи и закони:

Национална стратегија за развој на образованието во Република Македонија 2005-2015,

Националната стратегија за вработување, Стратегијата за млади, Стратегија за

информатичко општество, други секторски стратегии, Законот за волонтерство, Законот за

воспоставување на Националната агенција за европски младински програми и мобилност,

Законот за образование на возрасни, Иницијативата и акцискиот план за Декадата на

вклучување на Ромите, Законот за еднакви можности и Националниот акциски план за

еднакви можности, како и политиките на инклузија на маргинализираните и ранливите

групи, и последниот документ пред усвојување - Националната стратегија за одржлив

развој.

Со истата законска рамка се регулира имплицитно и во поголема мерка

индиректно, доменот на неформалното образование. Активната дебата, особено

иницирана од невладиниоот сектор за уредување на политиките во оваа област е присутна,

но не е широко позната – особено кај НВО секторот. Законот во кој најексплицитно се

обработува неформалното и информалното образование е Законот за образование на

возрасни (јануари 2008), со што автоматски се исклучува примарното и претпримарното

образование. Дури и во заживувањето на овој Закон сè се случуваше со големи застои. За

илустрација, на крајот од скоро едногодишниот период на валидност на Законот, се донесе

првата мерка - се избра директор на Центарот за образование на возрасни. До овој момент,

Законот во суштина е во една фаза на етаблирање на институционалниот аранжман за

Page 80: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

80

негова примена, а во последните 6 месеци се работи на донесување акти за регистрација и

работење на Центарот, мал број вработувања и размена на искуства со земјите од регионот

каде што процесот е во напредна фаза.

Соработката со НВО секторот, како една од засегнатите страни во доменот на

НФО, е многу повремена и недоволно развиена, што се должи не само на бавниот почеток

во примената на Законот, туку и на состојбите во НВО секторот. Активниот дијалог по

однос на акредитациите, идниот начин на регулирање на просторот и одбраниот модел кој

ќе се применува, самиот процес на валидација, проверка и следење на испорачувачите на

НФО програми во облик кој ќе обезбеди партнерски однос, широка запознаеност и

транспарентност во работењето, во овој момент отсуствува (за волја на вистината, тој

дијалог и учество во овој момент е обезбедено со учество на поединци од НВО секторот).

Самиот Закон за образование на возрасни има за цел да иницира и одржува

позитивен и активен приод за образованието на населението од сите возрасни групи во

текот на целиот нивен живот; да создаде услови за образовна мобилност; да создаде

динамична соработка на образовните институции со потребите на пазарот на трудот, со

јавниот, приватниот и невладиниот сектор; да ја зајакне соработката меѓу институциите на

формалното и неформалното образование и да воспостави ефикасна соработка со НВО

секторот; да помогне во создавање широка мрежа провајдери на НФО итн.

Законот треба да поттикне активности кои ќе придонесат кон:

Намалување на процентот на неписмено население

Да го прошири основното образование кај возрасните

Да создаде можности за зголемување на знаењето, вештините за учење и вредносен

систем за подобар квалитет на животот

Да ги зголеми можностите и опциите за образование

Да ја подобри социјалната кохезија

Да создаде можности за образование и обука за потребите на пазарот на трудот

Да го образова и обучи возрасното население во согланост со современите текови

Page 81: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

81

Во суштина, обврските кои произлегуваат од Законот се навистина големи и

комплексни. Гледано од перспективата на НВО секторот како партнер, но и испорачувач

на НФО, сите активности кои произлегуваат од Законот се од интерес, но најголем

интерес во моментот побудуваат две прашања: кога и како ќе се вопостави дијалогот со

НВО испорачувачите на НФО програми како партнери и засегнати страни и, начинот на

кој ќе се доделуваат акредитациите за испорачувачите, како ќе се доаѓа до сертификација,

кој е приодот и процесот во валидацијата и колкави ќе бидат неговите способности да се

приспособи на тие процеси.

Законот за образование на возрасни опфаќа и регулира еден сегмент од

доживотното образовние и не претставува решение за обмислена, севкупна и кохерентна

политика за доживотно образование. За илустрација, овој Закон не го опфаќа доменот на

НФО во претшколска возраст и во примарното образование. Овој Закон го нема мандатот

да го обезбеди признавањето на претходното образование и обука на работната сила (тие

податоци, и покрај дигитализирањето на Агенциите за вработување, не се бележат бидејќи

за нив не може да се најде законска основа). Законот за образование на возрасни, не е

надлежен за организирање систем и развивање меотодологија за прибирање податоци и

нивна статистичка обработка. Но, овој Закон може да му овозможи на Центарот за

образовние на возрасни да иницира решавање на сите овие прашања во соработка со

ресорното министерство и релеватните институции, и конечно, да го ревитализира

проектот Стратегија за доживотно образование, со кој ќе се профилираат политиките и

приодот на државата во создавањето, негувањето и инвестирањето во сопствениот

човечки и интелектуален капитал. Со донесување на Законот за воспоставување на

Националната агенција за европски младински програми и мобилност, и со

воспоставувањето на самата институција, нејзината екипираност и интензивна работа на

процесот на сопствена акредитација при реленвантните институции на ЕУ, Република

Македонија доби пристап до финансиските инструметни кои ги обезбедува Унијата за

целосна примена на концептот за доживотно образование. Имено, Националната агенција

ја има улогата на овозможувач на граѓаните и правните ентитети и НВО-а од Република

Македонија активно да земат учество во Програмите на Заедницата за доживотно учење

во периодот до 2013 година (Grundtvig, Comenius, Erasmus, Leanardo da Vinci, Jean Monet и

Трансверзалната програма), како и програмата Млади во акција. Во таа смисла, гледано од

Page 82: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

82

перспектива на НВО активни во доменот на НФО, работата на Националната агенција и

обезбедениот пристап до Програмите на заедницата за доживотно учење и Млади во

акција, во голема мерка ќе обезбеди можности за одржливо работење, и над сè, размена и

прифаќање искуства и добри практики од останатите земји кои земаат учество во овие

програми години наназад.

5.4 Стратегија за доживотно учење

Во Република Македонија, до овој момент, не е донесена Стратегија за доживотно

учење или некаков друг стратешки или законски документ. Доживотното учење, сфатено

како сенаменска активност на учење, која се презема во текот на целиот живот на

поединецот со цел да се подобрат знаењата, вештините и компетенциите, во рамките на

личната, граѓанската, општествената и/или перспективата на вработување (дефиниција на

ЕК), е во иста смисла сфатено и во Република Македонија. Поднесена е иницијатива за

донесување Стратегија, а од надлежното министерство освен прифаќањето на

иницијативата, афирмативниот став и иницијално спроведениот прашалник во рамки на

самото министерство, нема преземање на дејствија кои би подразбирале активна,

партиципативна и инклузивна работа по неа. Национална стратегија за доживотно учење

во суштина е документ кој ќе обезбеди интегрален однос на институциите и целосен

опфат на сите процеси на образование во Република Македонија, од раѓање па до крајот

на еден животен век. Во класична смисла, со неа би се опфатиле примарното,

секундарното, пост-секундарното и терцијарното образование, иако сите овие сегменти се

веќе опфатени со поединечни закони и национални планови кои се усогласени со ЕУ

acquis и европските практики. Сепак, овие поединечни политики, законски и

институционални поставености, неопходно е да се поврзат со стратегија на земјата за

доживотно учење која ќе ги обедини, поврзе и во нив ќе ја насочи европската перспектива,

ќе ги вклучи домените кои низ практиката се увидело дека не се опфатени или се

пропуштени, ќе обезбеди единствен и унифициран пристап, особено кон неформалното и

информалното образование.

Она што можеби и најмногу се очекува од таквиот приод е да ги приспособи

постојните системи кон одржлива стратегија за доживотно учење, да го поврзе процесот

на образование со пазарот на трудот, со посебен акцент на вештините, доживотното учење

Page 83: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

83

и мобилноста на населението, поврзување со научниот развој, овозможување разните

облици на доживотно учење да заживеат, да се понудат и од образовниот сектор и од

други испорачувачи и чинители во образованието како и тие да се валидизираат, т.е. да се

дадат можности за образување и доживотно дообразовање надвор од постојните облици на

формално образование, со што секој поединец ќе има и разновидни опции за сопствено

образование, надградба и раст. Таквата стратегија ќе предвиди законски и

административни решенија, институции и соодветни механизми за нејзино креирање,

спроведување и надзор, и сето тоа ставено во изводлива временска рамка која ќе биде

соодветно и реалистично буџетски поткрепена. Во однос на неформалното образование,

Стратегијата ќе обезбеди и ќе насочи кохерентен приод од најраните периоди во животот

на човекот и ќе понуди опфатеност на сферите и можностите кои во овој момент не се

опфатени, експлицитно наведени или поддржани со постојните закони и планови.

6. Наоди од истражувањето

Клучна компонента на истражувањето беше спроведувањето на анкетата, односно

прашалниците со помош на кои ќе се направи анализа на тековните состојби кај

засегнатите страни/чинители во доменот на НФО во однос на информираност, валидација,

акредитација, познавање на ЕУ политиките, познавање на домашните состојби и слично.

Со оглед на тоа дека невалдиниот сектор брои околу 6000 здруженија на граѓани, а

помалку од половина од нив се активни, бројот на НВО кои работат во сферата на НФО е

значително помал по број, но нивната улога во општеството е неминовно голема. Треба да

се нагласи дека прашалникот беше испратен до организациите и им беше оставено

доволно време за да го одговорат. Не е зачудувачки фактот дека најголем дел од НВО

доаѓаат од двете најголеми агломерации во државата, Скопје и Битола, што, пак, од друга

страна, зборува и за нерамномерниот развој на НВО секторот во Република Македонија.

Изненадува податокот дека доминатен дел од организациите се формирани во последните

6-8 години. Најголем број од организациите дејствуваат на полето на активното

граѓанство, работата со млади и образование/обука, а повеќе од половината организации

се мали по обем и не работат со бројно членство.

Page 84: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

84

Интересен и за поздравување е податокот дека над 90 проценти од испитаниците и

натаму посетуваат обука за своја надградба дека поголем дел од организациите

издвојуваат средства за обука, што зборува за развиената култура и нивото на свест кај

организациите од потреба за вложување во сопствениот човечки капитал. Податокот од

скоро 70% дека имаат потреба од нов обучувачки кадар, пак, зборува за побарувачката на

пазарот и за квалитетот на обуката која се нуди. Над 60% од организациите обезбедуваат

повремено средства за нов кадар.

41%

47%

11%

1%

1. Дали вашите обучувачи ги завршиле обуките преку курсеви и

семинари ?

да

делумно

не

не ми е познато

70%

30%

0% 0%

2. Дали имате потреба од нов обучувачки кадар?

да

не

Page 85: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

85

Скоро 43% од организациите доделуваат дипломи за спроведените обуки, а 46% го

прават тоа повремено. Од друга страна, на прашањето дали доделените сертификати и

дипломи се признати во Република Македонија, процентот на позитивни и негативни

одговори е приближен. Кај најголем дел од испитаниците постои уверување дека

дипломите и сертификатите кои ги доделуваат не се признати во формалниот образовен

систем.

На прашањето во кој период е прифатено НФО во земјата, најголем дел од

испитаниците одговориле дека тоа се случило во последните 2-3 односно 5-8 години. Кога

овој податок ќе се стави во сооднос со податокот за старост на организациите т.е. за бројот

14%

64%

22%

0%

3. Дали во рамки на редовното работење и планирање

издвојувате средства за нов кадар?

редовно

повремено

не

14%

64%

22%

0%

4. Дали за обуките кои давате, издавате сертификат, дипломи или

потврди?

редовно

понекогаш

не издаваме

Page 86: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

86

на години на нивно дејствување, говори за појавата и растечката потреба од обуки, но и

растот на свеста кај оние што имаат потреба од ваква обука. Со други зборови,

прифаќањето на НФО од страна на широката јавност и професионалната јавност во

последнава декада е во нагорен/позитивен тренд.

Најголем дел од организациите сметаат дека обуките кои ги изведуваат се признати

или делумно признати во општеството, но повеќе од 50% од испитаниците немаат

познавања за состојбата во регионот или во ЕУ, што од своја страна зборува за нивото на

интерес на организациите за состојбите надвор од границите на Република Македонија, но

и за визијата, поточно за нејзината ограниченоста. Од друга страна, пак, на прашањето

дали таквите обуки се прифатени во ЕУ, дури 70% одговориле позитивно.

13%

38%38%

3%8%

5. Дали обучувањето кое го вршите во поголем дел е прифатено?

во последната година

во после. 2-3 год

после. 5-8 год

пред 8 год

пред 10 год

28%

15%57%

0%

6. Дали обучувањето кое го вршите е признаено во земјите

членки на ЕУ?

да

не

не ми е познато

Page 87: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

87

На прашањето дали им е познато дали постои унифицирана рамка за признавање на

НФО во Европа, дури 61% одговориле дека не им е познато. На прашањето дали работат

во согласност со европските инструметни: ЕУ портфолио, Јутпас, Еуропас, ЕКР,

Болоњската декларација, дури 53,3% одговориле негативно, а на висок процент - на 28,3%,

тоа не им е познато. Кај оние 18,3% кои работат во согласност со некоја од алатките, тоа

најчесто се европското портфолио и Еуропас. Она што во најголема мерка интригира во

однос на оваа серија прашања и што постојано се потврдува, е големиот јаз и

неиформираност на НВО секторот за тековните политики и донесени инструменти на

ниво на ЕУ.

На прашањата за состојбите во Република Македонија, се добија многу интересни

одговори. Дури 74,2% сметаат дека Република Македонија треба да ги прифати и признае

европските иснтрументи, додека на прашањето дали постои законска регулатива во

Република Македонија која го регулира НФО, 38% дале дециден негативен одговор, а на

41% тоа не им е познато. Оние 21% кои одговориле позитивно и сметаат дека постои з

акон кој го регулира НФО во Македонија, на прашањето дали таа регулатива се

применува, во идентичен број, 43%, одговориле дека не се применува и дека не им е

познато. Кај организациите кои работат во доменот на НФО постои позитивно мислење за

фаќањето чекор со европските состојби, но од друга страна, постојат слаби познавања на

28%

11%61%

0%

7. Дали постои унивицирана рамка за признавање на НФО во

Европа?

да

не

не ми е познато

Page 88: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

88

домашната сцена: најголем дел од нив не знаат за законските уредувања и дали воопшто

тие постојат, а скоро идентичен е процентот на оние што не знаат дали тие се

применуваат.

На прашањето за свесноста дека доколку се донесе таква регулатива, тие ќе

треба да се лиценцираат 66% одговориле по зитивно, но повторно е висок

процентот (23%) на оние што не се информирани и не знаат. Соодветно на тоа,

одговорот на прашањето дали вашата организација ќе може да биде акреди-

тирана, 56% одговориле позитивно, но дури 35% не знаат.

21%

38%

41%

0%

8. Дали постои законска регулатива во Р Македонија која го

регулира НФО?

да

не

не ми е познато

97%

1%2%0%

9. Дали сметате дека Р. Македонијта треба да донесе регулатива

за оваа област?

да

не

не знам

Page 89: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

89

Од друга страна, пак, позитивен е односот и подготвеноста кон прашањето „дали

сте подготвени да го поминете процесот на акредитација“, каде што 81% одговориле

позитивно.

Според возрасната структура, најголем број клиенти во НФО се на возраст меѓу 15

и 45 години, што зборува дека во тие години работната сила е високо заинтересирана за

надградба на свотие знаења и вештини. Но, исто така, и фактот дека возрасната структура

над 46 години е анимирана и покажува интересирање во многу мал процент, а притоа

имајќи го предвид податокот дека во Македонија стапката на невработеност е над 35% и

најголем дел од невработнеите се долгорочно невработени во 4-тата и 5-тата декада од

животот, зборува за културата, за дискриминацијата по основ на возраста и недоволните

активни мерки за опфаќање на оваа популација и нејзино вклучување.

81%

6%

13%

0%

10. Доколку се усови таква регулатива, дали сте подготвени да

го поминете процесот на акредитација?

да

не

не знам

11%

21%

26%

32%

9%

1%

11. Според возраста, на која возрасна група пропаѓаат

слушателите на кои им ги испорачувате вашите обуки?

7-14год

15-18 год

19-30 год

31-45 год

46-64 год

над 65 год

Page 90: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

90

Кога станува збор за тоа од каде доаѓаат клиентите за обуките, податоците

укажуваат на рамномерна застапеност на секторите - јавен, приватен и невладин. Додека

пак на прашањето за општествна категорија, резултатите се совпаѓаат со оние за

старосните категории: најголем дел од слушателите се вработени, студенти, ученици и

невработени, а најнизок процент на опфатени општествени категории се домаќинките,

пензионерите, земјоделците, лицата со посебни потреби и т.н. Најголем дел од

испитаниците како причини поради кои најчесто следат обуки ги навеле: проширување на

сопственото знаење (26%) и за полесно да дојдат до работа (22%). Најголем борј од

слушателите се поединци (43%), а потоа следат организациите (37%), што пак од друга

страна зборува и за интересот на организациите да вложуваат во својот кадар.

НФО организациите кои зедоа учество во оваа анкета понекогаш ги објавуваат

своите обуки (47%), а 31% од нив тоа редовно го прават. На прашањето дали ги

испорачуваат обуките на јавни тендери и огласи, одговорите да, не и понекогаш се скоро

поеднакво присутни. Организациите најчесто се јавуваат на тендери огласени од други

НВО или од меѓународни организации. Ова пак укажува на фактот дека многу помал број

од огласите доаѓаат од јавниот и приватниот сектор. (Кога е јавниот сектор во прашање,

сè уште постои зависност од странските донации и фондови, што во суштина е

скриен податок за тоа за кого се наменети обуките).

25%

38%

30%

7%

12. На кои тендери или огласи најчесто се јавувате?

објавени од приватен сектор

објавени од јавен сектор

објавени од градански сектор

објавени од медуградански организации

Page 91: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

91

На прашањето дали наплаќате за спроведените обуки, 54,8% одговориле негативно,

а 21 % позитивно, што упатува на заклучок дека испорачувачите на НФО сè уште во

голема мерка се субвениционирани, т.е. работат со средства кои ги добиле на огласи или

преку проекти.

На прашањето дали образовните институции го прифаќаат НФО, одговорите се во

голема мерка амбивалентни, при што најголем дел од анкетираните (39,7%) одговориеле

негативно. Воедно, анкетираните во висок процент, 53,7% сметаат дека образовните

организации сè уште не го признаваат НФО.

21%

55%

24%

0%

13. Дали наплаќате за спроведените обуки?

да

не

понекогаш

56%26%

18%

0%

14. Дали образовните институции го признаваат НФО кое се

изведува денес?

да

не

не знам

Page 92: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

92

На крајот од анкетата, на прашањето во каква состојба е НФО во Република

Македонија, 65,6% одговиреле дека е многу добра. На прашањето дали јавноста го

разбира НФО добивме мошне контроверзен индикатор, имено 62,5% од анкетираните

сметаат дека тоа не е случај. Оние 17,2% што сметале дека јавноста го разбира НФО,

натаму одговориле дека јавноста го прифаќа НФО.

Односот и видот на комуникација меѓу НФО испорачувачите и

академските/образовните институции е видлив и во следното прашање, каде што дури

63,5% од анкетираните не знаат дали образовните институции се подготвени да ги вклучат

НФО програмите во во нивната редовна работа. Воедно, постојат несигурности во

познавањето дали дел од НФО курсевите се воведувааат во редовните наставни програми.

Од друга страна, пак, на прашањето дали соработуваат со образовните иснтитуции во

испорачувањето на обуките, две третини од анкетираните тврди дека го прави тоа, и тоа

37,1% редовно, а 33,9% повремено. Од тексуталните одговори, се гледа дека соработката е

присутна во сите нивоа и степени на образование и со сите образовни институции, што

зборува за разнообразноста на соработката и за можноста тоа да се направи во секој домен

од формалното образование. Исто така, соработката со образовните институции е високо

ценета.

13%

66%

2%

3%

16%

15. Каква е состојбата со НФО во Р. Македонија според вас?

одлична

мн добра

задоволителна

незадоволителна

не ми е познато

Page 93: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

93

37%

34%

29%

0%

16. Дали соработувате со образовните институции во

испорачување на обуките?

да

понекогаш

не

52%

13%

35%

0%

17. Дали програмите по кои ја изведувате обуката се:

вашпроизвод

лиценциран производ

преземен производ од друг извор

Page 94: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

94

51%

17%

32%

0%

18. дали сметате дека вашата организација може да биде

акредитирана?

да

не

незнам

50%

40%

10%

0%

19. Дали при верификација и стандардизација на НФО

соработката на НВО и со образовниот и и приватниот сектор:

значително ќе се подобри

умерено ќе се подобри

ќе остане ист

Page 95: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

95

Како заклучок, оваа анкета навистина ја отслика состојбата со перцепцијата на

НВО секторот за целиот концепт на НФО, за состојбите во однос на законската рамка и

политиките на Република Македонија, за самите себеси и за недостатоците во

информираноста и познавањето на конкретните политки во НФО во ЕУ, кои би требало да

бидат транспонирани во Република Македонија. Оставен е широк простор за работа и

консутлација, за анимирање, информирање и обука на испорачувачите на НФО и на нивно

кохерентно делување. Ова се само дел, или подобро кажано, ова се почетни предизвици за

НВО во НФО во непосредниот период што доаѓа.

17%

20%

63%

0% 0%

20. Според Вас дали во овој момент јавноста во Р. Македонија

го разбира НФО?

да

не

не знам

Page 96: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

96

Заклучоци

Од анализите на состојбите во ЕУ и во Република Македонија воочливо е дека

состојбите во Македонија во однос на НФО се навистина на самиот почеток од развојот.

Видливо е губењето врска, т.е. губењето на нишката што го поврзува пред-транзицискиот

период и продолжената транзиција, со што е создаден вакуум, а со губењето на

институциите надлежни за областа, се изгубила и институционалнта меморија за дел од

НФО.

Човечкиот капитал во Република Македонија е во опаѓање, за што сведочат

студиите на неколку меѓународни организации (најголем дел од семејството на ОН),

статистичките податоци, стапката на невработеност и опаѓањето на квалитетот на

образованието на кадарот во периодот на чекање вработување. Воведувањето мерки како

обврзното средно образование и засилениот фокус на развој на терцијарното образование

финансирано од јавниот сектор, ја потврдува таа состојба и свесноста за неа. Во дадениот

момент, не е утврдена методологија по која се прибираат или обработуваат податоците за

НФО и инвестирањето во човечкиот и интелектуалниот капитал на земјата, како

комплементарна мерка и образование, и соодветно на тоа, не постојат бази на податоци и

статистички податоци за оваа проблематика. Да се работи на развивање база на податоци,

и/или информатички систем и методологија за прибирање податоци, нивна статистичка

обработка и ставање во сооднос со останатите податоци за образованието, животниот

стандард и човечкиот капитал на земјата во согласност со утврдените методологии кои

постојат на меѓународно ниво, е една од примарните неопходни мерки кои треба да се

преземат.

Во врска со планирањето и стратегиите од кои неминовно произлегуваат најголем

дел од законските решенија, очигледно е отсуството на отворена дебата, дискусија или

планови за развивање на холистички пристап во однос на доживотното образование.

Имајќи ја предвид високата стапка на невработеност во земјата и стратификацијата на

образовната структура на населението, ова се наметнува како императив. Ова подразбира

развој на Национална стратегија за доживотно образование, којa на синергичен начин ќе

се осврне на побарувачката, пазарот на трудот, современите и идните трендови во

технологиите и економските функции, проследена со соодветни реформи во примарното,

Page 97: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

97

секундар ното и терцијарното образование, неформалното и информалното образование, и

институционален капацитет за спроведување на донесената легислатива. Со други зборови

кажано, Република Македонија треба да развие холистички приод и интегрално решение

за доживотното образование како концепт од понов датум и динамика соодветна за

современието и европските определби. Во моментот, постои иницијатива за создавање

Национална стратегија за доживотно учење, но таа е заборавена во институционалните

лавиринти.

Втор крупен проект, во светло на Националната стратегија за интеграција во ЕУ, и

во светло на сите образовни и реформски процеси кои се во тек, како и позитивното

национално законодавство, е итната посветеност на државните структури на создавање на

Националната квалификациска рамка по примерот и укажувањата на Европската

квалификациска рамка. Ова ќе овозможи координирање, усогласување и забрзување на

сите процеси на реформи во доменот на формалното, неформалното, и информалното

образование и развојот на економијата во согласност со Лисабонската агенда, Процесот на

стабилизација и асоцијација и со конечното придружување на Македонија кон ЕУ. Во

моментот, донесена е стратешка одлука и е формиран Националниот совет, но неговата

активност и функционирање е дискутабилна, имајќи предвид дека роковите кои се

поставени се нереалистично кратки (2011).

Се наметнува потребата од активен однос и внимание насочено кон развојот на

најновите политики и современиот дискурс во ЕУ, заради постигнување усогласеност со

трендовите на политиките кои ќе треба да се прифатат и донесат. Лисабонската агенда,

Образование и обука 2010, Попис на валидација на НФО, Болоњскиот процес и т.н. се

само дел од трендовите и политиките.

Законот за образование на возрасни нуди можности за партнерство и дијалог со

сите три столба на општеството, нуди можности и простор за продуктивни решенија. Сето

ова треба да се стави во функција преку позитивен однос на партнерите и сериозно

заживување на институционалните аранжмани кои ќе го обезбедат спроведување на

Законот. Законот за образование за возрасни, во согласност со својот назив, го третира

образованието на возрасни, но не и на другите категории граѓани. Поточно, не го покрива

Page 98: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

98

работењето во основните и средните училишта, самиот образовен процес, а уште помалку

се осврнува на сферата на претшколското (неформално) образование.

Општи заклучоци:

Неопходно е обезбедување целосно спроведување на Законот за образование за

возрасни и обезбедување институционална структура која ќе ја даде соодветната

поддршка во тој процес.

Во однос на тековните состојби со НФО, неопходно е да се зајакнат и омасоват

активностите за подигнување на нивото на свеста за НФО, потребата и можностите

кои произлегуваат од аткивно учество и негово користење. Овде апсолутно се

мисли на активности кои ќе бидат насочени кон широката јавност, со посебен

акцент на економско-социјалните партнери. Ова претставува иделна можност за

соработка и партнерство на владниот, невладиниот и приватниот сектор.

Ширење на информациите и застанување зад концептот на доживотното

образование и зад концептот на општество темелено на знаење, особено од Владата

и од НВО секторот. Во таа смисла, не би било идеално да се оди и чекор понатаму

– да се премине од концептот на оштество темелено на знаење, кон новата

динамика и реалност, а тоа е општеството на учење, како континуум и прифатена

состојба.

Подигнување на нивото на свеста и негување на проактивниот однос особено кај

НВО организациите кои се посветени на неформалното образование, неговото

одржување, развивање, диверзифицирање, препознавање и признавање, кон себе и

кон другите.

Запознавање на пошироката НВО јавност со концептот на доживотно образование

и учење, придобивките од него и можноста за активно учество и придонес.

Запознавање на пошироката НВО јавност со концептот на неформално

образование, придобивките од него и неговата комплементарност на формалното

образование, и можноста за активно учество и придонес.

Запознавање на пошироката НВО јавност со потребата од изедначен приод и

разбирање, од потребата за градење мрежи и партнерства, коалиции и алијанси, со

Page 99: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

99

цел афирмација, признавање и препознавање на активностите и придонесот на

НФО.

Прифаќањето, приспособувањето и примената на европските принципи во

валидацијата на НФО треба да биде императив и водилка во создавањето на

македонскиот контекст на неформалното образование.

Запознавање на широката јавност, НФО и НВО јавноста и фокус на

резултатите/исходите од учењето (learning outcomes).

Правење напори да се создадат индикатори за НФО и поставување соодветни

методологии за прибирање и обработка на статистички податоци за неформалното

образование претставуваат дел од предизвиците и работата која треба да се заврши

во следните неколку години.

Синергетско, координирано и над сè, комплементарно делување по пат на

партнерства и продуктивни соработки со институциите надлежни за неформалното

образование. Таквиот приод ќе овозможи рационализирање на ресурсите и

ефикасност, но ако се воспостават партнерства со кои ќе се воведе определена

култура и практики кои гарантираат професионализам и висок квалитет во НФО,

како и можност за директен и активен инпут на НВО секторот во креирањето на

политиките во овој домен. Воспоставувањето на таков однос меѓу испорачувачите

и актерите во НФО и јавниот сектор ќе доведе до навремена и соодветна

запознатост и информираност, со можност за конструктивен дијалог и влог, без

страв и црни сценарија.

Во таа смисла, треба да се внимава да не се дојде до идеја, став или дискурс за

преголемо формализирање, што би довело до опасност од високо издигната пречка

во однос на критериуми те и условите, со наметната ригидна стандардизација.

Неформалното образование, сепак е неформално и е комплементарно на

формалното образование.

Се наметнува потребата од активен и продуктивен однос на НВО секторот во

однос на валидацијата, акредитацијата и признавањето на НФО, а во одредени

случаи и примена на саморегулацијата како еден од поуспешните модели на

валидација, афирмација и признавање.

Page 100: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

100

Неопходна е што побрза информираност, запознатост и апсолутна вклученост на

локалните самоуправи, со отворање на можностите за развој на НФО како директен

придонес во економско социјалниот развој на локално ниво.

Неопходна е поддршката од државата, донаторите и секако проактивен однос кон

искористување на сите европски програми и инструменти за промоција,

информирање, подигнување на нивото на свеста за НФО, јакнење на коалициите и

соработките и вмрежување во регионот и во ЕУ.

Како неминовна се наметнува потребата од воведување култура на размислување

со која ќе се прифатат искуствата на сите актери кои вовеле позитивни практики, го

препознале и признале поттикот и вредноста на НФО и кои можат да служат како

мултипликатори или пренесувачи на тие добри практики.

На крајот, неопходно е стремежот за влез во ЕУ да значи не какво било

придружување, туку информирано и подготвено, креативно ориентирано

подготвување, со што ќе се овозможи Република Македонија да додаде вредност и

да црпи идеи од веќе воспоставените автохтони процеси и успешни проекти, добри

практики и домашни решенија.

Како резултат на тоа овај труд беше дизајниран да обезбедува остварување на целите

преку имплементација на определен број мерки (и постигнување на соодветни исходи)

поврзани со приоритетрите воспоставени за секој подсектор (столб) на образовниот

систем и условени од најитните специфични потреби на секој столб. Овој пристап

придонесува и за практичноста на Стратегијата, а особено на Акцискиот план, го олеснува

спроведувањето како и мониторирањето и евалуацијата.

Истовремено, ако се земе предвид ограничениот временски период кој го покрива

Стратегијата, нема да биде можно да се завршат сите задачи до крајот на 2020 година.

Поради тоа, во Стратегијата се земени само оние кои реалистично можат да се остварат.

Сепак, Акцискиот план вклучува и определен број на активности кои имаат за цел да

воспостават цврста основа за да се постигне група на понатамошни цели за време на 5-

годишниот период, или барем да се забележи значителен напредок во оваа насока.

Page 101: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

101

Користена литература

1. 2nd dialogue on the Recognition of non-formal education, www.esn.lv/2nd-dialogue-

recognition-nonformal-education A European Inventory of Validation of non-formal and

informal learning, Norway, Odd Bjoern Ure. www.ecotec.com

2. Validation of non-formal and informal learning, Conclusion of the Council and of the

representatives of the Governments of the Member States meeting with the Council on

Common European Principles for the identification and validation of non-formal and

informal learning (May 2004) http://ec.europa.eu/

education/policies/2010/doc/validation2004_en.pdf

3. Долг е патот до општество базирано на знаење, Македонското образование во

светло на реперите и индикаторите за “Образование и обука 2010“ – Програма за

работа на Европската комисија, Сузана Пецаковска и Споменка Лазаровска,

ФОСИМ, Скопје 2009

4. Decision No 1720/2006/EC of the European parliament and of the Council of 15th of

November 2006 establishing an action programme in the field of lifelong learning,

Official Journal of the EU L 327/45-46 of 24.11.2006

5. European Qualifications Framework for lifelong learning – Implementing the

Community Lisbon Programme, proposal for Recommendation of the European

Parliament and the Council (September 2006)

http://ec.europa.eu/education/policies/edu/eqf/com_2006_0479_en.pdf

6. Закон за средно образование (пречистен текст), Сл. Весник на РМ бр. 52/2002

7. Закон за средно стручно образование, Сл. Весник на РМ бр. 71/2006

8. Закон за изменување и дополнување на законот за средно стручно образование, Сл.

Весник на РМ бр.117/2008

9. Закон за високото образование, Сл. Весник на РМ бр. 35/2008

10. Закон за образование на возрасни (пречистен текст), Сл. Весник на РМ бр. 7/2008

11. Закон за основање на националната агенција за европски образовни програми и

мобилност, Сл. Весник на РМ бр. 113/07

12. Закон за волонтерство, Сл. Весник на РМ бр. 85/2007

13. Национална програма за развој на образованието 2005-2015, Министерство за

образование и наука на Република Македонија, 2006

Page 102: КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/...4 КОНКУРЕНЦИЈА ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО

102

14. Национална програма за усвојување на правото на ЕУ, Секретаријат за европски

прашања, http://www.sep.gov.mk/Default.aspx?ContentID=23

15. National Report of the Republic of Macedonia, Development and state of the Adult

Learning and Education (ALE), Ministry of Education and Science, April 2008

(contribution to CONFITEA VI), http://www.unesco.

16. Исто така, беа посетени и користени интернет страниците на:

17. www.mon.gov.mk

18. www.bro.gov.mk

19. www.sep.gov.mk

20. www.stat.gov.mk

21. www.na.org.mk

22. www.etf.europa.eu

23. www.cedefop.europa.eu

24. http://ec.europa.eu/education/

25. http://ec.europa.eu/commission_barroso/figel/index_en.htm

26. www.coe.int

27. www.oecd.org

28. www.worldbank.org

29. www.undp.org.mk

30. www.unesco.org

31. www.hajdeda.org.rs