20
Центар за развој на ромската заедница „БАИРСКА СВЕТЛИНА“ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРАВНАТА СОСТОЈБА НА РОМИТЕ ВО ОПШТИНА БИТОЛА Здружение за развој на ромската заедница „СУМНАЛ“

ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРАВНАТА СОСТОЈБА НА РОМИТЕ ВО …mbr-ds.gov.mk/sites/default/files/analizi/1.ANALIZA_MKD_CDR15.pdf · настава и дали во

  • Upload
    others

  • View
    23

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРАВНАТА СОСТОЈБА НА РОМИТЕ ВО …mbr-ds.gov.mk/sites/default/files/analizi/1.ANALIZA_MKD_CDR15.pdf · настава и дали во

Центар за развој на ромската заедница„БАИРСКА СВЕТЛИНА“

ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРАВНАТА

СОСТОЈБА НА РОМИТЕ

ВО ОПШТИНА БИТОЛА

Здружение за развој на ромската заедница„СУМНАЛ“

Page 2: ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРАВНАТА СОСТОЈБА НА РОМИТЕ ВО …mbr-ds.gov.mk/sites/default/files/analizi/1.ANALIZA_MKD_CDR15.pdf · настава и дали во
Page 3: ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРАВНАТА СОСТОЈБА НА РОМИТЕ ВО …mbr-ds.gov.mk/sites/default/files/analizi/1.ANALIZA_MKD_CDR15.pdf · настава и дали во

1

ПРЕГЛЕД

Ремзи Медик

Координатор на проектот

Целта на овој проект беше да овозможи мобилизација на припадниците на Ромската

заедница преку спорведување на програма за првна помош во Битола, Република Македонија

да ги разберат своите права и да ги решаваат идентификуваните проблеми.

Главна цел на проектот беше да се работи со ромската заедница да се зголеми нивната

самодоверба во остварувањето на нивните права преку правниот систем за да се справат со

прашањата со дискриминација со која се соочуваат во нивното секојдневно живеење.

Проектот вклучи фацилитаторски процес помеѓу припадниците на ромската заедница и

ангажираните адвокати за да се обезбеди бесплатна правна помош и бесплатни правни услуги

за времетраењето на проектот.

Следните активности беа спорведени во рамките на проектот:

Работилници. Согласно барањето и потребите на припадниците на ромската заедница,

следните работилници се реализирани:

1. Медиумите и човековите права;

2. Правото на здравствена заштита за припадниците на ромската заедница;

3. Уставот, законите, човековите права и политичкиот систем во Република Македонија;

4. Улога на жените ромки и правата на жените во современото општество;

5. Градење на капацитети на младите ромски активисти преку средби, советувања, обуки и

тренинг;

Семинар. Еден семинар за лобирање и застапување за човековите права е организиран со

учество на 20 млади припадници на ромската заедница.

Веб страна. Професионална веб страна е креирана како дел од стратегијата за видливост,

пристп до информации и комуникација со припадниците на ромската заедница.

Средби со претставници на институциите. Средбите се организирани со цел промоција на

проектот и промоција на нашата организација како партнер во остварувањето на правата на

припадниците на ромската заедница во различните сектори на општетвото.

Средби се организирани со претставници на Агенцијата за вработување на Република

Македонија - Центар за вработување Битола, Центарот за социјална работа, Општина Битола,

оддел за економски развој, Клиничка болница - Битола, директорите на основните училишта и

други граѓански организации кои работат на прашања за човекови права , малди и социјална и

економска интеграција.

1

Page 4: ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРАВНАТА СОСТОЈБА НА РОМИТЕ ВО …mbr-ds.gov.mk/sites/default/files/analizi/1.ANALIZA_MKD_CDR15.pdf · настава и дали во

2

Овој извештај за статусот со остварувањето на човековите права на Ромите во општина

Битола е почетна точка за зголемување на знаењето и капацитетот на ромската заедница за

нивните права и обврски но и комуникација со институциите на системот во намалување на

негативната перцепција и дискриминација кон ромите.

Се надеваме дека преку нашата работа ќе креираме нова практика на еднаквост и правда

за сите.

Сакам да изразам посебна благодарност до г. Тефик Махмут што овозможи овој процес да

започне во Битола во рамките на ромската заедница, за техничката поддршка и помош во

остварувањето на најдобрите резултати и влијание.

Page 5: ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРАВНАТА СОСТОЈБА НА РОМИТЕ ВО …mbr-ds.gov.mk/sites/default/files/analizi/1.ANALIZA_MKD_CDR15.pdf · настава и дали во

3

Во период подолг од пет века, Ромите се соочуваат со широко распространета и

трајна дискриминација, отфрлање и маргинализација низ цела Европа и во сите

области на животот.

Денес, ромското прашање е високо на агендата на ЕУ и нејзините институции,

кои имаат заедничка одговорност за подобрување на животните услови на Ромите во

Европа.

Постојат четири домени кои се приоритети за ЕУ, во врска со подобрувањето на

ситуацијата со Ромите. Овие четири домени се: образование, вработување, домување

и здравство.

„Интеграцијата на Ромите е важен елемент во процесот на проширување, а пред

пристапувањето, земјите ќе треба да докажат видлив напредок во областа на

образованието, вработувањето, здравството, домувањето и личните документи.

Декадата за вклучување на Ромите ја постави интеграцијата на Ромите на

политичката програма „Интеграција на Ромите 2020“, која што е потврда на

Декадата во земјите на проширување, каде што има за цел да постигне одржливи

резултати на теренот“. - Комесарот на ЕУ за политиката за соседството и

преговорите за проширување, Јоханес Хан.

1 Европска Комисија, Директорат за правда и внатрешни работи, https://ec.europa.eu/neighbourhood-enlargement/news_corner/news/2016/06/20160609_2_en

2 Говор на комесарот Хан на состанокот за лансирање на "Интеграцијата на Ромите 2020", повеќе на следниов линк: https://ec.europa.eu/neighbourhood-enlargement/news_corner/news/2016/06/20160609_2_bg

Page 6: ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРАВНАТА СОСТОЈБА НА РОМИТЕ ВО …mbr-ds.gov.mk/sites/default/files/analizi/1.ANALIZA_MKD_CDR15.pdf · настава и дали во

4

Во Европа, голем број од Ромската заедница продолжуваат да живеат на маргините

на општеството, каде што тие често се подложени на дискриминација, предрасуди и

омраза. Нивната ситуација останува длабока загриженост за меѓународните

институции како што се институциите на Европска Унија, Советот на Европа,

меѓународни институции од областа на човековите права , како и Светската Банка која

оперира на светско ниво.

Главна цел на сите горенаведени институции и организации кои се залагаат за

ромското прашање е да помогнат и придонесат во процесот на целосно вклучување на

Ромите во општеството, особено во локалните заедници, затоа што вистинското и

ефективно учество и вклученост на Ромите во едно општество е предуслов за успех за

секоја држава и регион кои се декларираат како држава или регион кој поддржува

мултиетичност и се залага за почитување на човековите права како и за еднаквост на

сите индивидуи без разлика на етничката припадност.

Со оглед дека во Скопје се наоѓа единствената општина на која еден од

официјалните јазици е и ромскиот јазик (општина Шуто Оризари), главен фокус за

истражување и подобрување на основните услови за живот на Ромската заедница, се

Ромите кои живеат во општина Шуто Оризари и во другите скопски населби.

Состојбата на Ромите во другите градови во Република Македонија, многу често

не е приоритет на проекти кои се спроведуваат само на територијата на главниот град

Скопје.

Во Битола (град во северо-западниот дел на РМ) живеат поголем број на Роми во

повеќе “Ромски“ населби.

Ромите во Битола за жал живеат во исто така неповолни услови за живот,

особено со оглед дека целокупната државна администрација (државни институции) се

наоѓаат во главниот град Скопје, е дополнителна тешка околност за жителите на град

Битола, од финансиски причини , поради што за да се обезбеди целокупна

документација за отстварување на било какво уставно и законско право постои потреба

од патување во главниот град Скопје.

Истражувањето за состојбата (животните услови) на Ромите кои живеат во

Битола, има за цел да установи дали и со кои најчести проблеми Ромите се соочуваат

во клучните области на вработување, лична документација, образование, здравство,

социјална заштита, домување и правна заштита.

ВОВЕД

3. ЕУ рамка за национални стратегии за интеграција на Ромите до 2020 година, http://ec.europa.eu/justice/policies/discrimination/docs/com_2011_173_en.pdf

4. Согласно член 2 од Договорот за основање на ЕУ, се наведува дека ЕУ е "заснована на вредностите

на почитување на човековото достоинство, слобода, демократија, еднаквост, владеење на правото и

почитување на човековите права, вклучувајќи ги и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата".

Page 7: ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРАВНАТА СОСТОЈБА НА РОМИТЕ ВО …mbr-ds.gov.mk/sites/default/files/analizi/1.ANALIZA_MKD_CDR15.pdf · настава и дали во

5

Резултатите од едно такво сеопфатно истражување би биле од голема корист и

влијание врз креирање на идни политики и решенија за унапредување на животната

благосостојба на Ромите со живеалиште во Битола, но исто така од корист за

изнаоѓање на ефективни решенија кои би допринеле за елиминирање на тешките

околности и проблеми на долг рок и создавање на идејни можности за помагање и

изнаоѓање на долготрајни решенија кои би допринеле за трајни резултати.

Фокусот на истражувањето е во сеопфатната положба под која се наоѓаат

Ромите во Битола, за подетални информации околу начинот на спроведување на

истражувањето и опфатените области е објаснето во секцијата за употребена

методологија на истражување.

МЕТОДОЛОГИЈА

Со цел спроведување на истражување за состојбата на Ромите во Битола (град

во југозападниот дел на Република Македонија), користен е методот на квалитативна

методологија, односно спроведување на директни интервјуа со припадници на

Ромската заедница кои што живеат во Битола, преку пополнување на анкетни

прашалници.

Под ситуација / состојба на Ромите, се подразбираат условите за живот на Ромите

во Битола, дали живеат во поволни услови за живеење или се наоѓаат во неповолна

положба, конкретно дали ги уживаат своите основни човекови права во областа на

вработувањето, здравството, социјалната заштита, образованието, домувањето,

правната заштита и пристапот до регистрација и лична документација.

Прашалниците соддржат прашања од областа на вработувањето, здравството,

социјалната заштита, образованието, домувањето, правната заштита и пристапот до

регистрација и лична документација, а беа пополнети од страна на 150 лица од

ромската заедница.

Целната група на истражувањето беа припадници на ромската заедница, без оглед

на нивната возраст, пол и брачен статус. Сите лица кои припаѓаат на ромската

заедница беа вклучени, освен деца. Просечното времетраење на интервју по лице

траело 20 минути.

Во делот на пристап до регистрација и лична документација, на

испитаниците им биле поставени прашања дали се запишани во матична книга на

родени, доколку не се дали тие се обиделе да се запишат воопшто и дали поседуваат

лични документи, доколку не поседуваат која е причината поради тоа.

Во делот на вработувањето, испитаниците одговориле на прашањата, колку

членови од нивното семејство се вработени, дали активно имаат побарано

вработување во последните 3 години и ако не можат да најдат работа, која е главната

причина според нивното мислење, односно зошто тие не можат да бидат вработени.

Page 8: ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРАВНАТА СОСТОЈБА НА РОМИТЕ ВО …mbr-ds.gov.mk/sites/default/files/analizi/1.ANALIZA_MKD_CDR15.pdf · настава и дали во

6

Во делот на социјалната заштита, на испитаниците им беа поставени две

прашања со понудени одговори и можност да се изберат повеќе од еден одговор. Двете

општи прашања беа дали во последните 3 години имаат побарано или добиено некоја

форма на социјална помош и дали се соочиле со било каков проблем при

остварувањето на правото на социјална заштита.

Делот за здравство беше опфатено со три прашања: дали испитаниците имаат

здравствено осигурување, доколку немаат, дали се обиделе да добијат здравствено

осигурување и да го остварат своето право на здравствено осигурување и дали се

соочиле со некој вид на проблем во овој домен во текот на последните три години (беа

понудени повеќе одговори со можност за избор на повеќе од еден одговор).

Во доменот на образованието, истражувањето, односно интервјуто беше

спроведено со три прашања: дали имаат деца, дали нивните деца посетуваат

училишна настава, дали се во услови да им дозволат на своите деца да посетуваат

настава и дали во последните три години се соочуваат некој вид на проблем (беа

понудени повеќе одговори со можност за избор на повеќе од еден одговор).

Областа од домен на домување беше опфатено со едно прашање (со каков вид

проблем испитаниците се соочуваат во оваа област во последните три години), беа

понудени тринаесет можни одговори со можност да се изберат повеќе од еден одговор.

Прашањето на правната заштита, на испитаниците им беа поставени шест

прашања (какви решенија испитаниците се обидувале да ги најдат додека се соочуваат

со проблемите во областа на здравството, образованието, домувањето,

вработувањето и социјалната заштита, ако не побараа никаква помош или правна

заштита зошто одлучија така ...), прашањата беа проследени со повеќе можни

одговори, со можност да се изберат повеќе од еден одговор.

ПРИСТАП ДО РЕГИСТРАЦИЈА И ЛИЧНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Поседувањето на лични документи е основен предуслов за уживање и

реализирање на сите права од доменот на секојдневното живеење, права од областа

на здравството ( без здравствена книшка не може да се користи лекарски преглед),

социјалната заштита ( Ромите се заедница која е со најголем процент на невработеност

од низа причини, без основен личен документ не може да се оствари правото на

користење на социјално финансиска помош) како и во доменот на образованието (без

личен документ децата Роми не можат да имаат пристап до образование).

Истражувањето во овој домен е направено со цел да се има една генерална слика

за овој проблем кај Ромите кои живеат во Битола, особено поради финансиски

неповолности, голем дел од Ромите не можат да обезбедат и превоз до главниот град

Скопје, меѓутоа она што е релеватно во овој домен е третманот на Ромите од страна на

државните службеници.

Page 9: ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРАВНАТА СОСТОЈБА НА РОМИТЕ ВО …mbr-ds.gov.mk/sites/default/files/analizi/1.ANALIZA_MKD_CDR15.pdf · настава и дали во

7

Дали им се објаснува на Ромите потребата и начинот, постапката за барање и

поседување на лична идентификација.

Колкумина од Ромите се запишани во матичната книга на родени и дали воопшто се

обиделе да се запишат во матична книга на родени.

Во однос на пристапот до регистрација и лична документација од страна на

ромската заедница во Битола, од вкупно 150 интервјуирани лица, осумдесет и седум

(87) изјавиле дека се запишани во матична книга на родени, четири (4) изјавиле дека не

се запишани во матична книга на родени, додека 59 испитаници не дадоа одговор.

Педесет и девет (59) интервјуирани лица се обиделе да се запишат во матичната

книга на родени, едно лице (1) воопшто не се обидело да се запише во матична книга на

родени, додека деведесет (90) од нив не дадоа одговор.

Осумдесет и осум (88) интервјуирани лица изјавиле дека имаат лични документи,

триесет и осум (38) изјавија дека немаат лични документи, додека дваесет и четири (24)

не дадоа одговор.

ВРАБОТУВАЊЕ

Вработувањето е најделикатниот предизвик од кое потекнуваат сите пoнатамошни

проблеми. Секој граѓанин има право на пристап до работа со цел за обезбедување на

основни средства за живот за себеси и за членовите на своето потесно семејство.

Областа од вработувањето е прироитет на ЕУ ниво и е делегирано во сите

национални стратегии.

Светската банка утврди дека стапките на вработување на Ромите (особено за

жените) значително заостануваат зад оние од не-ромското мнозинство. Согласно

спроведена анкета од страна на Европската агенција за основни човекови права во

седум земји-членки, исто така, се истакнуваат значителни празнини коишто укажуваат

на тоа дека Ромите сметаат дека се високо дискриминирани во областа на

вработувањето.

Стратегијата за национална интегација на РМ 2020 се залага за зголемена

вработливост на Ромите.

Она што е важно и цел на ова истражување е да се испита колку членови на едно

просечно ромско семејство е вработено , дали се активни баратели на работа и според

нивно лично мислење кои се најголемите причини за недобивање на работа. Откако ќе

има индикатори за причините за големата стапка на невработеност на Ромите полесно

е да се направат мерки и решенија за изнајдување на соодветни решенија.

5

6

5 World Bank, op.cit

6 Агенција на Европска Унија за основни човекови права, анкета за ЕУ малцинства и дискриминација, главни резултати, Извештај 2009 година.

Page 10: ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРАВНАТА СОСТОЈБА НА РОМИТЕ ВО …mbr-ds.gov.mk/sites/default/files/analizi/1.ANALIZA_MKD_CDR15.pdf · настава и дали во

8

Во однос на областа на вработување на ромската заедница во Битола, од 150

интервјуирани лица, сто и осумнаесет (118) испитаници изјавиле дека ниту еден член

(0) од нивното семејство не е вработено, дванаесет (12) интервјуирани лица изјавиле

дека само еден (1) член е вработен од нивното семејство, додека дваесет (20) не дадоа

одговор.

Педесет (50) од испитаниците изјавиле дека во последните три години биле активни

баратели на работа, дванаесет (12) испитаници изјавиле дека не барале активно

работа, додека осумдесет и осум (88) лица не дадоа одговор.

Како главна причина зошто не можат да најдат работа, четириесет и еден (41) од

интервјуираните лица изјавија дека недостатокот на образование е причина,

четириесет (40) лица изјавија дека се дискриминирани бидејќи се Роми и никој не е

подготвен да вработува Роми, осум (8) лица се изјаснија дека нема можности за

вработување, едно (1) лице изјавило дека на Ромите им се дава работа само како

хигиеничари, четири (4) лица изјавиле дека сè уште бараат работа, едно (1) лице

сеуште чека одговор, додека педесет и пет (55) луѓе не одговориле.

СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

Секоја држава е должна да обезбеди соодветен социјален пакет на социјална

заштита на своите граѓани. Вработувањето и социјалната заштита се домени од

секојдневното живеење кое одат “рака под рака“, односно доколку едно лице не е

вработено и не може да обезбеди соодветен степен на услови и средства за основна

животна егзистенција, тогаш како алтернативна мерка е користењето на правичен и

соодветен социјален пакет и финансиска поддршка од самата држава.

Ромите во овој домен се најбројни со оглед на претходно дискутираното во однос на

вработувањето. Меѓутоа, дискриминацијата во ова поле треба да биде во највисока

мера елиминирана. Правото на социјална заштита треба да биде искористено

максимално без никакви задоцнувања ниту во поле на исплатата ниту во поле на

одобрувањето и прием на барања за социјална заштита.

Дискриминацијата врз ромскиот народ дозволува нееднаков третман при

поднесување на барања во шалтерите на надлежните институции, а уште поголем

предизивик е немањето на соодветни процедурални информации во однос на постапка

и начини за поднесување на апликации по разни причини и отстварување на основното

економско и социјално право: користење на социјална заштита.

Со оглед на на значителноста на овој домен за подобрување на ромската ситуација,

со оглед дека Ромите се најзагрозена социјална категорија, овој домен е вклучен како

составен дел од спроведеното истражувањ односно еден основен преглед на

социјалната состојба на Ромите во Битола, со каков проблем најтежок досега се

соочиле во ова поле, со цел да се изнајде решение за истиот.

Page 11: ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРАВНАТА СОСТОЈБА НА РОМИТЕ ВО …mbr-ds.gov.mk/sites/default/files/analizi/1.ANALIZA_MKD_CDR15.pdf · настава и дали во

Со оглед на тешката ситуација (тешки финансиски животни услови) со која се

соочуваат Ромите пристапот до здравствени услуги им е отежнато. Нееднаквиот

третман и пристап до здравствена зашита претставува тешка повреда на основните

човекови права на заедниците од ромската нациналност, што резултира со

дискриминациија и покус животен век на Ромските поединци.

Во самата стратегија на РМ за интеграција на Ромите до 2020 година е наведено

следново:

“Како последица на неповолните социјално-економски услови на живеење,

отежнатиот пристап до услугите за здравствена заштита и нивниот квалитет,

како и отежнатиот пристап до правда, особено во однос на правата на здравствена

заштита, во споредба со мнозинската популација, Ромите во Република

Македонија, имаат неповолен здравствен статус и покус животен век.“

Во однос на спроведенот истражување, сто и шест (106) лица изјавиле дека имаат

здравствено осигурување, дваесет и едно (21) лица изјавија дека немаат здравствено

осигурување, додека дваесет и три (23) лица не одговориле.

Во областа на здравството, како проблеми со кои се соочиле Ромите во последните

три години, педесет (50) лица изјавија дека не им е издадено отпусна листа од болница

поради неплатен долг, дваесет (20) лица изјавиле дека биле повредени за време на

лекување или медицински преглед, осумнаесет (18) лица не биле примени во болница,

шеснаесет (16) лица изјавиле дека им било одбиено да им се даде медицинска помош,

четири (4) лица изјавија дека им биле наплатувани здравствени услуги кои инаку не

треба да се платат (бесплатно), пет (5) лица изјавиле дека им било наплатено за лек кој

бил на позитивната листа во аптеките, осум (8) лица одговориле дека им било

наплатено поскапо за здравствена услуга и два (2) лица одговориле дека не им било

издадено фискални сметки, десет (10) лица одговориле дека не им биле испратени

амбулантни возила иако побарале, девет (9) лица велат дека биле занемарени за

време на лекувањето и медицинската нега, осум (8) лица одговориле дека им било

оневозможено правото на сопствен избор на матичен лекар, додека четири (4) лица

одговориле дека не биле примени за лекување.

8 Стратегија за Ромите во Република Македонија 2014-2020 http://www.mtsp.gov.mk/content/word/Strategija_Romite_%202014-2020.doc

8

9

Page 12: ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРАВНАТА СОСТОЈБА НА РОМИТЕ ВО …mbr-ds.gov.mk/sites/default/files/analizi/1.ANALIZA_MKD_CDR15.pdf · настава и дали во

Во однос на прашањата од оделот на социјална заштита, како одговор на

прашањето: "Дали во последните три години сте побарале или сте добиле некаков вид

на социјална помош / заштита?", Седумдесет и пет (75) лица одговориле дека се

пријавени како корисници на социјална парична помош, дваесет и пет (25) лица се

приматели на родителски додаток за 3/4 дете, две (2) лица добиле еднократна парична

помош, едно (1) лице добило субвенции за електрична енергија, едно (1 ) лице е

примател на бенефиции за невработеност, три (3) лица се пријавени како приматели на

социјална помош за нега и помош на друго лице, едно (1) лице се изјасни како примател

на финансиска помош за старател/згрижувач, едно (1) лице е примател на финансиска

помош за грижа и нега на дете со физички или ментални пречки во развојот, четири (4)

лица се корисници на постојана парична помош, едно (1) лице е примател на

финансиски надоместок за социјално домување, едно лице (1) се изјасни како корисник

на социјален стан и едно (1) лице користело бесплатна правна заштита, додека 34 лица

не одговориле.

Во доменот на социјалната заштита, како проблеми со кои се соочуваат Ромите во

последните три години, педесет и две (52) лица изјавија дека им е одбиено барањето за

користење на социјална помош, иако ги исполниле сите критериуми за користење на

социјалната заштита, едно (1) лице изјавило дека е погрешно му бил пресметан

износот на пари што треба да му се исплати, четиринаесет (14) лица изјавиле дека

одобрувањето на нивното барање за социјална заштита било одложено односно

доцнело, дваесет и едно (21) лице изјавиле дека исплаќањето на финансиската помош

е со задоцнување, четири (4) лица имале проблем со обновување на документи за

користење на правото на социјална заштита, три (3) лица изјавиле дека нивното право

на користење на социјална помош е укинато, што не е фер, едно (1) лице изјавило дека

беше усно одбиен и неговото барање за социјална помош не било прифатено и земено

во предвид, додека педесет и четири (54) лица не одговориле.

ЗДРАВСТВО

Правото на пристап до здравствени услуги е универзално човеково право кое

секој поединец треба да го ужива безусловно. Во текот на извршување на медицински

прегледи строго треба да е забрането секаков облик на дискриминација.

Во ЕУ рамката на националните стратегии за интеграција на Ромите 2020 е

нотиран следниот интересен факт:

“Еден просечен животен век во ЕУ е 76 години за мажи и 82 години за жени. За

Ромите е проценето на 10 години помалку. Дополнително, додека стапката на

смртност кај доенчињата во ЕУ изнесува 4,3 отсто по илјади живородени деца,

постојат докази дека стапката е многу повисока кај Ромите“.

7 ЕУ рамка за национални стратегии за интеграција на Ромите до 2020 година, http://ec.europa.eu/justice/policies/discrimination/docs/com_2011_173_en.pdf

7

10

Page 13: ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРАВНАТА СОСТОЈБА НА РОМИТЕ ВО …mbr-ds.gov.mk/sites/default/files/analizi/1.ANALIZA_MKD_CDR15.pdf · настава и дали во

ОБРАЗОВАНИЕ

Образованието е врвен приоритет на сите меѓународни институции и

организации кои се залагаат со ромските прашања, еден од врвните приоритети на ЕУ

но и на Република Македонија.

Образованието е клучната алатка за подобрување на ромската состојба и подигање

на свеста во однос на многу полиња и менталитети во секојдневната животна рутина.

Примарното образование е задолжително во земјите членки на ЕУ, со тоа

задолжително е и во Република Македонија , меѓутоа секоја држава треба да обезбеди

еднаков пристап до тоа образование и ресурси за посета на училишна настава.

Децата кои посетуваат училишна настава не смеат да бидат жртви на сегргација и

нееднаков третман и внимание споредно со другите деца кои не се дел од ромската

заедница.

Целта на ова истражување во овој домен е да се добијат податоци за мерата на

застапеност на ромските деца во училтата во Битола и со кои проблеми најчесто се

соочуваат нивните родители.

Во однос на образованието, четириесет и осум (48) интервјуирани лица изјавиле

дека нивните деца посетуваат училишна настава, дваесет и девет (29) изјавиле дека

нивните деца не посетуваат училишна настава, четириесет и едно (41) лице

одговориле дека немаат деца, додека триесет и две (32) лица не дадоа одговор.

Од интервјуираните, само триесет и три (33) лица рекоа дека имаат услови за да им

овозможат на нивните деца да посетуваат училишна настава, додека триесет и две

(32) лица одговориле дека немаат услови да им овозможат на своите деца да

посетуваат училишна настава.

Во областа на образованието, како проблеми со кои се соочуваат Ромите во

последните три години, дваесет и четири (24) лица се изјасниле дека се соочуваат со

проблеми при упис на нивните деца во матичната книга на родени, две (2) лица изјавија

дека имаат проблем со посвојување, старателство и згрижување, четири (4) лица

изјавија дека нивните деца биле одземени од нив во социјалниот центар за згрижување

на деца, две (2) лица изјавија дека имаат проблем со докажување на татковство, две (2)

лица изјавија дека се соочуваат со закани за одземање на нивното родителско право,

две (2) лица изјавија дека се соочуваат со проблем во однос на стапување во

малолетен брак од страна на нивните деца, едно (1) лице изјавило дека на нивното

дете му било оневозможен пристап во училиште, четири (4) лица изјавија дека нивните

деца биле малтретирани на училиште и одговорните лица не презеле никакви мерки

против тоа, едно (1) лице одговорило дека имало проблем со добивање на учебници од

училиштето, две (2) лица пријавиле дека на нивните деца им е одбиен пристап до

образование, додека сеедумдесет и седум (77) лица не сакаа да дадат одговор.

11

Page 14: ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРАВНАТА СОСТОЈБА НА РОМИТЕ ВО …mbr-ds.gov.mk/sites/default/files/analizi/1.ANALIZA_MKD_CDR15.pdf · настава и дали во

ДОМУВАЊЕ

Домувањето претставува основна егзистенцијална потреба и основен услов за

достоен живот. Поради таквата егзистенцијална природа, домувањето е еден од 4-те

областни приоритети на ЕУ, со тоа паралелно претставува и приоритетна област ,

според стратегијата за Ромите за 2014-2020, на Република Македонија.

Право на достоен живот е основно право на секоја човечка индивидуа, признато на

меѓународно ниво, со оглед на тоа дека домувањето претставува универзално

човеково право од кое произлегува како резултат целокупната благосостојба или во

најлош случај загрозена состојба на една индивидуа.

Според извештајот на ЕУ агенција за основни човекови права со седиште во Виена,

од 2009-та година, 70% од Ромите не се запознаени дека нивниот пристап до соодветно

домување е нивно законско право и секое оневозможување е дискриминаторски чин и

незаконски, сепак Ромите во ЕУ живеат во неформални живеалишта и гетоа без

основна инфраструктура, живеалишта кои не се погодни за живеење без никаква

можност да бидат легализирани. Многу често овие живеалишта имаат тежок или

воопшто никаков пристап до соодветно снабдување со бода и електрична енергија.

Домувањето е интегрирано како приоритет и во стратегијата за Ромите за 2014-

2020, на Република Македонија, во која е вклучено следното истражување:

“Во рамки на процесот за креирање на Националната стратегија за Роми 2005,

д-р. Наташа ГАБЕР-Дамјановска направи истражување во однос на домувањето на

ромската заедница во Република Македонија. Според неа, податоците говорат дека

најголем број на Роми во Македонија живеат во урбани населби (95%), при што,

побројно се концентрирани во посиромашните реони (гета) или во субурбани

области. Општа констатација е дека условите во кои тие живеат се мошне лоши,

често под нивото на прокламираните стандарди на соодветно домување и

постојано се перпетуираат. Често се работи за долгорочно населени населби со

нејасен сопственички статус надвор од урбаното планирање, немаат основна

инфраструктура и услугите на државниот систем се тешко достапни. Според

некои проценки, околу 70% од Ромите, немаат документи за сопственост на

нивното живеалиште.“

9 Стратегија за Ромите во Република Македонија 2014-2020 http://www.mtsp.gov.mk/content/word/Strategija_Romite_%202014-2020.doc

10 Извештај на Агенција на ЕУ за основни човекови права, во однос на домување на Ромите од 2009 година, http://fra.europa.eu/sites/default/files/fra_uploads/703-Roma_Housing_Comparative-final_en.pdf

11 Стратегија за Ромите во Република Македонија 2014-2020 http://www.mtsp.gov.mk/content/word/Strategija_Romite_%202014-2020.doc

12 Стратегија за Ромите во Република Македонија 2014-2020

9

10

11

12

12

Page 15: ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРАВНАТА СОСТОЈБА НА РОМИТЕ ВО …mbr-ds.gov.mk/sites/default/files/analizi/1.ANALIZA_MKD_CDR15.pdf · настава и дали во

Една од целите на ова истражување е и состојбата на Ромите во однос на

домувањето, колку ова универзално право е спроведено во Битола и каква е состојбата

на Ромите во Битола по однос на ова прашање и приоритет.

Според спроведеното истражување, во однос на проблемите во сферата на

домувањето, проблемите со кои се соочуваат повеќето од Ромите во однос на

домувањето, според прашалниците, како најголем проблем согласно изјаснувањето на

сто (100) испитаници, е исклучувањето на вода и електрична енергија (неможност за

плаќање на сметките) , триесет и шест (36) лица изјавиле дека живеењето во

руинирано односно импровизирано живеалиште им претставува вистински проблем,

девет (9) лица изјавија дека се соочуваат со притисок за иселување, едно (1) лице

изјави дека има проблем со хипотека, седум (7) лица одговориле дека се бездомници,

дваесет и две (22) лица имаат проблем со легализацијата на своите куќи, а четири (4)

лица изјавија дека се соочиле со пожари и поплави.

ПРАВНА ЗАШТИТА

Без пристап до правна заштита не можат да бидат отстварени ниту еден од

законските права.

Ромите генерално немаат информации во однос на адресатите каде да се обраќаат

и дали воопшто треба да се обраќаат доколку некое од нивните законски права е

нарушено, како и поуки како да се постапи во следната етапа.

Со цел да се набават податоци како Ромите се снаоѓаат во дадена ситуација и даден

проблем, дали воопшто преземаат некоја мерка или се оставаат во “рацете на

случајноста“ , како и до кого најчесто се обраќаат е направено истражување во овој

домен. Можеби се ображаат до погрешните лица, институции кои воопшто немаат

надлежности по исотото, ова истражување цели кон тоа да се пронајде “блокадата“

односно кочницата во отстварувањето на правото на правна заштита и да се охрабрат

Ромите во Битола да се обраќаат до надлежните институции и да се борат за своите

човекови права.

Испитаниците кои беа запрашани за правната заштита, односно како реагирале на

проблемите и кај кого се упатиле за правна помош, дадоа следно изјаснување:

Дваесет и три (23) од испитаниците се изјасниле дека веднаш побарале да склучат /

да преговараат за постигнување договор со другата страна, едно лице (1) се закани со

жалба, петнаесет (15) лица рекоа дека побарале совет од адвокат, едно (1) лице изјави

дека побара правна помош од судот, три (3) лица велат дека побарале помош од

роднини и пријатели, четириесет и пет (45) испитаници рекоа дека побарале помош од

невладина организација ( НВО), шест (6) интервјуирани лица изјавиле дека побарале

помош од полиција, тринаесет (13) побарале помош од социјален работник, а

останатите од испитаниците не дадоа одговор.

13

Page 16: ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРАВНАТА СОСТОЈБА НА РОМИТЕ ВО …mbr-ds.gov.mk/sites/default/files/analizi/1.ANALIZA_MKD_CDR15.pdf · настава и дали во

ЗАКЛУЧОК

Од спроведените истражувања и интервјуа, може да се заклучи една генерална

слика за состојбата на Ромите во Битола.

Ромите се наоѓаат во неповолна состојба, денес во време кога се пишуваат и

усвојуваат повеќе декларации и рамки за унапредување на состојбата на Ромите,

состојбата не е променета значително.

Во однос на личната документација, поголемиот дел од испитаниците (60%) се

запишани во матичната книга на родени и имаат лични документи.

Она што недостига кај Ромите во Битола е информираноста за сериозноста од

непоседување на лична документација и за последиците кои би можеле да следат

после тоа во сите полиња.

Сериозен проблем со кој се соочуваат Ромите е невработеноста, односно 90%

од испитаниците се невработени, без ниту еден вработен член од семејството.

Од спроведеното интервју, може да се констатира дека 35% од интервјуираните

лица се активни баратели на работа, но мнозинството од нив не можат да најдат работа,

а како најсериозни причини ги наведуваат недостатокот од образование и

дискриминација против нив дека се припадници на Ромската заедница.

Треба да се изнаоѓаат механизми за спроведување на стратегијата на Ромите на РМ

за 2020 година, да се зголеми воопшто стапката на вработеност на Ромите преку

давање на можности за микро-кредити и формирање на сопствен бизниси и мали

претпријатија, меѓутоа микро кредити кои би биле достапни за секое просечно

семејство без дополнителни услови кои голем број не можат да ги исполнуваат.

Оваа мерка би се поклопила со доменот на образование, она што недостихга кај

Ромите кои живеат во Битола е навременото информирање.

Информирање во однос на постапките и начините за отстварување на основните права

кои законски им се следователни.

Дискримираноста според испитаниците е во висока мера застапена со оглед дека

апликациите на Ромите се земаат во предвид само за места како оддржувачи на

хигиена и од комунална природа со значителни мали плати. Додека нивните апликации

се земени скептично за работни места и позиции за кои следуваат повисоки плати.

За да се подобри вработеноста треба најпрвин да се зајакне образованите на

Ромите, особено на идната генерација и да се стимулираат дека после соодветно

образование би им следувало и соодветно вработување и работни позиции.

Според спроведеното истражување, 50% од Ромите се корисници на социјална

парична помош, проблемот е што поголемиот дел од испитаниците изјавиле дека како

најчести проблеми со кои се соочуваат во однос на социјалната заштита е

неостварувањето на нивното законско право за користење социјална помош и доцната

исплата на финансиската помош која ја добиваат.

8

14

Page 17: ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРАВНАТА СОСТОЈБА НА РОМИТЕ ВО …mbr-ds.gov.mk/sites/default/files/analizi/1.ANALIZA_MKD_CDR15.pdf · настава и дали во

Сериозен е фактот дека 90% од испитаниците изјавија дека немаат ниту едно

вработено лице во нивното семејство а само 50% се приматели на социјална парична

помош.

Што е со останатиот дел, кој се снаоѓа како умее?

Покрај тоа што износите на социјална парична помош се минијатурни и

незадоволителни за обезбедување на еден пристоен живот , испитаниците се изјаснија

дека постои и честа задоцнетост со исплатата.

Позитивен сигнал е дека скоро 80% од Ромите имаат здравствено осигурување, но

најголем проблем во овој домен е не-издавањето на отпусна листа од болница поради

неплатени долгови.

Во областа на образованието, повеќето деца посетуваат настава во училиштата, но

голем дел од испитаниците укажаа на проблеми во овој домен, многу Роми не можат да

ги запишат своите деца во матичната книга на родени, а со тоа и нивното запишување

во училиште.

Претставува предизвик за ромските семејства тоа што на некои од децата им е

попречен пристапот до образование.

Во однос на домувањето, Ромите во Битола се соочуваат со сериозен проблем со

исклучување на електричната енергија и вода, имајќи предвид дека не се во можност

да плаќаат електрична енергија и сметки за вода.

Околу 90% од испитаниците го посочиле овој проблем како сериозен проблем, а

како втор проблем е нивното живеење во импровизирано или разрушено живеалиште,

како трет сериозен проблем во овој домен е проблемот на легализација на нивните

куќи, односно мнозинството од Ромите поради недостаток на финансиски средства и

лични документи не се во можност да ги легализираат своите куќи.

Според интервјуата, поголемиот дел од Ромите во областа на правната заштита се

обратиле до другата страна за да постигнат договор, додека втората адреса за барање

помош им е невладиниот сектор и како трет избор барање совет од адвокат.

Испитаниците ги посочија невладините организации "Баирска светлина" и РИЦ како

невладини организации на кои најмногу се обратиле за правна помош.

15

Page 18: ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРАВНАТА СОСТОЈБА НА РОМИТЕ ВО …mbr-ds.gov.mk/sites/default/files/analizi/1.ANALIZA_MKD_CDR15.pdf · настава и дали во

ФОТО ГАЛЕРИЈА ОД СПРОВЕДЕНИ АКТИВНОСТИ

16

Page 19: ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРАВНАТА СОСТОЈБА НА РОМИТЕ ВО …mbr-ds.gov.mk/sites/default/files/analizi/1.ANALIZA_MKD_CDR15.pdf · настава и дали во
Page 20: ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРАВНАТА СОСТОЈБА НА РОМИТЕ ВО …mbr-ds.gov.mk/sites/default/files/analizi/1.ANALIZA_MKD_CDR15.pdf · настава и дали во