30

Општи податоци за - macedonia holidaymacedoniaholiday.com/wp-content/uploads/2016/01/scouras1.pdf> Имаме часови за сите нивоа, од почетници

  • Upload
    others

  • View
    27

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Општи податоци за

кампот Камповите за спортови и јазици се лоцирани во селото Nees Fokies на

Халкидики, еден од најпознатите летни резорти во Северна Грција. Кампот е отворен од 1988 година и досега илјадници деца го имаат доживеано незаборавното искуство да не посетат. Нудиме незаборавни летни одмори за деца и тинејџери од 6-16 години во комбинација со едукација, спортови и забава со добро организирана програма која вклучува многу дневни активности, игри и спортови во кои децата уживаат. Сето тоа во прекрасна сончева област сред борова шума.

Комуникација со камперите

• Во нашиот камп има 4 телефони на претплата и центар за повици со 4 телефонски линии.

• Доколку родителите сакаат да им се јават на своите деца тие може да не контактираат од 12:00 – 14:00 и 18:00 – 20:00 (GMT+2)

• Исто така, родителите може да го посетат нашиот камп за време на викенди.

Локација

Визија и цел

Децата се водечка сила и наша обврска е да ги водиме и да им помагаме да го пронајдат својот пат. Токму поради ова, создадовме мала заедница во која ги искомбиниравме

спортските активности, образованието и забавата. На овој начин придонесуваме кон развојот на децата во здрави личности и да

негуваме атмосфера на соработка и пријателство.

Ние веруваме дека кампот не е само летен одмор: Нашата цел е да им понудиме на децата време исполнето со радост во прекрасна атмосфера и природа. Преку тимска работа, игри и организирана

дневна програма, создадовме мала, структурирана и организирана заедница. Додека играат и се забавуваат, децата учат да: ја

почитуваат и прифатат различноста, веруваат во еднаквост и да работат во тимови. Нашата програма се стреми да придонесе кон

развојот на телото и духот на децата преку спортови, забава и образование.

Сместување

Нашиот камп е поделен во 6 различни и автономни оддели.

Секој оддел има модерни бунгалови со двоспратни кревети

Секој бунгалов може да прими од 8 до 12 деца, комфорно и безбедно.

Има различни видови бунгалови кои може да примат од 8-12 деца, опремени со самостојно или заеднично купатило.

Ресторан Нашиот ресторан е

целосно опремен со најнова технологија. Квалификуван тим луѓе се грижи за кетеринг услугите и да има доволно залихи од храна во кампот. Тие ја надгледуваат подготовката и послужувањето на храната и гарантираат дека истата е секогаш свежа, вкусна и здрава.

Спортски објекти Во нашиот камп можете да

најдете целосни услови за тренирање на 24 различни спортски активности лоцирани во централниот дел на кампот за да се олесни пристапот од сите делови на кампот.

Објекти за забава

Објектите за забава или како што ние ги нарекуваме “Tеатарот” е еден од најинтересните искуства во овој камп. Програмата за забава се одвива токму таму: песни, едукативни игри, кино вечери и натпревари за теленти. Каква и да е темата на вечерта, секогаш завршува со огромна прослава со танцување, песни, или со други иновативни идеи за активности предложени од персоналот или децата.

Дневна програма 8:00 – 8:30 Будење

8:30 – 9:00 Појадок

9:00 – 9:30 Чистење на куќи и генерално чистење

9:30 – 10:00 Инспекција

10:00- 12:30 Морска програма* Секое дете добива тренинг по пливање и различлни водени спортови како што се: кајакарство, одбојка на плажа, ватерполо итн. Децата пливаат во морето надгледувани од нивниот тим лидер, спасувачи и тренери.

12:30 – 13:00 Топол туш после море

13:00 – 13:45 Ручек

14:00 – 17:00 Пладневен одмор или изборно, часови по англиски. Сите деца се внатре во куќите со нивниот тимски лидер. Во овој период играат игри или вежбаат различни активности од забавната програма (групно викање, песни, скечови или игри).

17:00 – 17: 15 Попладневна ужина

17: 15 – 19:00 Спортска програма* Спортската програма е поделена во два часа спорт. Секоја група е распределена на две различни спортски активности дневно (со цел да се осигураме дека сите деца ќе добијат шанса да ги користат сите спортски објекти). За секоја активност има тренер кој им посакува добредојде на децата и се грижи спортскиот тренинг да се одвива во најдобар ред.

19:00 – 19:40 Хоби – Децата бираат некоја активност за која се најмногу заинтересирани и учествуваат во тренинг програми надгледувани од тренерите. Дополнително, може да бираат сликање, рачни изработки, дизајн на накит, танцување, театар, tae kwon do, шах, модерни и традиционални танци.

20:00 – 20:45 Вечера

21:00 – 23:00 Забавна програма– Секој ден организираме забавни активности и различни активности околу кампот (театар, пеење, диско, маскембали, натпревари, игри итн.) Секој ден организираме екскурзии до најблиските села, преспивање на море, итн. Сите овие активности се изведуваат под раководство на тренери и тим лидери.

23: 15 Време за спиење (се разликуваат во согласност со возраста на камперите)

* Дневната програма може да се промени во согласност со посебните потреби на секоја група.

Летна школа за јазици

Училиште за јазици Skuras

Училиште за јазици Skuras е основана во 1976 година, со единствена цел да се обезбеди висок квалитет на образовна програма за студентите од сите возрасти. Досега имаме отвори 6 јазични центри во Северна Грција, кои обезбедуваат висок квалитет на образование за нашите студенти. Квалитетот на нашите услуги е причинаташто ние сме на врвот на успехот во нашата област. Нашите курсеви се спроведуваат со одлични наставни методологии, иновативни технологии, како и употреба на најдобрите книги на странски јазици за учениците од 4 години до возрасни групи.

Директор на настава

Skuras Христос е директор на наставата. Тој има 35 години искуство како професор и директор на училишта за странски јазици. Челосно одговорни за имплементација и администрирање на академски програми се Г-дин Skuras како и неговиот менаџерски тим за настава.

Едукатори

Нашата летна школа за англиски јазик користи модерен комуникативен приод кон учењето англиски, кој предвидува користење и учење на јазикот во различни ситуации (активности, игри, театар и др.) Овој пристап ги фокусира часовите кон студентот за тој да е интерактивен. Учениците исто така имаат можност за совладување на граматиката преку писмените задачи. Сите наши наставници се високо квалификувани и повеќето го зборуваат англискиот како мајчин јазик.

Летна школа за јазици Општи информации Летнит курс за англиски јазик

обезбедува 2 часа настава дневно преку часови и работилници (Пон-Пет). Големината на групите е во просек од 12 ученици.

> Имаме часови за сите нивоа, од почетници (А1) до најнапредно ниво според скалилото на Универзитетот Кембриџ(C2), под услов да има доволен број на студенти за одредено ниво.

> Способноста на студентите да зборуваат англиски јазик се тестираат преку усни и писмени тестови, кога студентите ќе дојдат во кампот.

Сертификати:

На крајот од нивниот престој, студентите добиваат сертификат за учество.

Забавна програма Забавната програма е најважниот

дел од нашите дневни активности. Ние се стремиме да им помогнеме на децата меѓусебно да соработуваат и да бидат покреативни. Тимот за забавна програма претставува модел за децата и се грижи сите деца активно да учествуваат во оваа програма. На овој начин децата ја развиваат својата самодоверба, и се забавуваат и радуваат истовремено.

Некои забавни активности:

>Интернационални ноќи

>Натпревари по пеење

>Лов на богатство

>Караоке вечер

>Маскембал покрај базен

>Натпревар за скечови

>Натпревар за таленти

>Сафари

>Спортски турнири

Спорт и спортски активностиБазен Водни спортови

Нашите објекти располагаат со два базени со Олимписки димензии и професионални спасувачи. На овој начин децата учат да пливаат безбедно. Двата базени имаат плиток дел за помали деца каде се одржуваат бесплатни часови за пливање. Исто така имаме целосна опрема за ватерполо. Секоја група деца влегува во базен заедно со нивниот тим лидер и после туширање тие може да влезат повторно во базен. Еднаш се одржува натпревар по пливање на кој може да учествуваат сите деца. Натпреварот е поделен по возраст и род. На крај ги наградуваме победниците.

Водните спортови ги вклучуваат сите спортови кои се одвиваат во базен или покрај море, како на пример кајакарство, одбојка на плажа, фудбал на плажа, ватерполо и многу други. Најважното правило е тоа дека додека ги вежбаат овие спортови, сите деца се придружени од тренер за да бидат безбедни. Дополнително, децата може да учествуваат во шампионатите за фудбал или одбојка на плажа.

Уметничка работилница

Нашата уметничка работилница е убаво декорирано и целосно опремено место каде децата ја користат својата фантазија за да прават рачни изработки. Инструкторот ги инспирира децата со различни теми и тие можат да цртаат или да прават рачно изработени предмети или белегзии за пријатели, родители или за нив самите!

Фудбал Кошарка

Во нашиот камп има на фудбалски игралишта со вистински димензии и со природна трева и две фудбалски игралишта со помали димензии со вештачка трева и осветлен терен. Најважниот спортски настан во нашиот камп е фудбалскиот шампионат каде децата се натпреваруваат според нивната возраст. Секој ден се организираат натпревари и ги објавуваме резултатите. Победниците на шампионатот се наградени со специјален подарок.Дополнително, во јуни организираме фудбалски турнир каде учествуваат многу тимови.

Имаме 3 кошаркарски игралишта од кои две се со регуларни димензии и ен мини терени за помлади деца. Ја започнуваме програмата со загревање и потоа децата или играат кошарка или ги учат основните движења, во зависност од нивната возраст. Исто така организираме кошаркарски шампионат и сме домаќини на кошаркарски турнир во август во соработка со кошаркарски тимови од Солун.

Тенис Пинг Понг

Во нашиот камп децата може да најдат две тениски игралишта каде квалификуван тренер ги учи на важни правила и движења н а играта. Организираме тениски шампионат каде децата учествуваат индивидуално.

Пинг понгот е еден од омилените спортови на децата во нашиот камп и затоа имаме и огромно учество на нашиот шампионат за пинг понг. Раполагаме со шест пинг понг маси каде тренерот ги учи децата се што треба да знаат во врска со оваа активност.

РакометОдбојка

Нашиот камп има две игралишта за ракомет каде децата ги учат основните движења и правила на спортот. По тренингот, децата играат ракомет во тимови.

Одбојката е еден од најпријатниот и најпопуларниот спорт во нашиот камп. Имаме четири игралишта за одбојка од кои две имаат регуларни димензии и други две помали игралишта за помали деца. Тренирани од нашите квалификувани тренери децата ги учат соодветните движења и правила на секој спорт и се подготвуваат за шампионатот во одбојка.

ШахСо упатстства од тренер и вовед во основните техники на играта, децата учат да играат шах на нашите десет шаховски табли. Откога ќе ја научат основата, децата играат меѓусебно за подобро да ја разберат филозофијата на играта

Стрелаштво

Вистина е дека децата не треба да си играат со оружје. Како и да е, Pistol Shooting е возбудлив спорт кој бара концентрација и стабилност додека се вежба со воздушни пушки додека се обидуваат да ја достигнат целта која е оддалечена 15 метри. Нашиот камп има терен за стрелаштво со 3 места, целосно заштитен. Тренерот ги учи децата да ја бараат целта и да пукаат откога ги запознаваат со спортот преку теоретски лекции. Тренерот ја олеснува цела процедура и ја обезбедува безбедноста на децата додека тие вежбаат.

Мини голф

Време е за мини голф, шармантна игра во која децата уживаат додека играјќи на траката која има 12 дупки. Асистентот ги запознава децата со теоретскиот дел на спортот и потоа тие може да вежбаат како да го држат стапот за голф како да ја удираат топката и како да постигнат да ја вметнуваат топката во голф дупката. Еднаш се организира шампионат во мини голф каде децата се натпреваруваат во групи или индивидуално врз основа на нивната возраст.

Велосипедизам Возење ролери

Во нашиот камп децата може да се забавуваат и со возење на велоспиед. Поседуваме 25 велосипеди. Тренерот ги тренира децата така прават долга и бавна тура на возење со велоспиед во кампот. Атлетските чевли и кацига, кои ги дава тренерот, се најважната опрема во спортот. Има деца кои не возеле велосипед претходно и за нив обезбедуваме бесплатни часови, во периодот предвиден за хоби активностите каде децата може да вежбаат со Јуниор BMX.

Ова е нов спорт во нашиот камп кој неодамна го доопремивме со терен за ролање. Имаме два тренери кои им покажуваат на децата како да ја задржат рамнотежата и да се движат со ролери. Тренерите се одговорни за општата безбедност на децата и соодветната употреба на опрема.

Пинг Понг Аеробик-Јога

Пинг понгот е еден од омилените спортови на децата во нашиот камп и затоа имаме и огромно учество на нашиот шампионат за пинг понг. Раполагаме со шест пинг понг маси каде тренерот ги учи децата се што треба да знаат во

врска со оваа активност.

Аеробикот е еден од најпопуларните спортски активности на нашиот камп. Гласната музика и фасцинантните кореографии се она што ја прави оваа активност специјална и популарна. Еднаш се организира маратон за аеробик каде најголемото училиште за аеробик во Солун презентира 3-4 часа од својата програма. Часовите по јога беа неодамна додадени кон нашата програма. Во посебно опремена средина, овие часови се погодни за релаксирање на оние кои ги посетуваат.

Tae Kwon Do

Спорт кој не учи на техники за самоодбрана. Имаме посебно опремена соба за тренинг на Tae Kwon Do. По загревањето, тренерот им ги покажува на децата основните чекори додека сите носат специјална облека за да бидат побезбедни.

Паркоур

Паркоур е една од последните спортски активности додадена кон нашата програма. Монтиравме посебна метална конструкција за децата да може да ја вежбаат оваа активност и душеци да се осигураме дека ќе бидат безбедни. Тренерите доаѓаат од Академијата Hellenic Parkour. Децата ги учат основните движења и скокови. Нова активност во која децата уживаат најмногу!

Екстремни спортови

Најимпресивните од сите спортови! Нашиот камп има две кули за качување и 4 тибетски мостови со висина од 14 метри и 8 метри. Најпопуларниот спорт од екстремните спортови е “летечката лисица“(flying fox). Сите деца имаат можност да учествуваат во еден или сите од овие екстремни спортови. Не само што имаме квалификувани тренери кои ги тренираат децата туку ја имаме и целата потребна опрема за да осигураме безбедност за децата.

Трамполина

Еден од највозбудливите и најлесни спортови! Нашиот камп има 10 трамполини и еден квалификуван тренер. Во овој спорт нема правила ниту движења кои може да се научат но тренерот може да ги научи децата како да скокаат повисоко и да прават трикови.

Танц

Оваа категорија се состои од часови по латино танци, стрит денс и модерен танц. Гласната музика е главната карактеристика на различните специјално дизајнирани соби каде се случуваат сите активности. За време на овие активности носиме патики. Часот секогаш го започнуваме со загревање и лесни вежби и потоа тренерот ги покажува основните чекори и им ја покажува на децата кореографијата која требада ја научат. За време на претставата за нивните родители прикажуваме некои од овие кореографии.

Јавање

Нашите објекти вклучуваат и терен за јавање и во секое време децата може да јаваат на две или три траки. Имаме три коњи и три понија. Тренерот и неговите асистенти ги воведуваат децата во теорискиот дел на спортот и потоа може да почнат со пракса. Како и да е, има случаи кога децата веќе го знаат спортот па тренерот им помага да ја следат специфичната процедура за напредни спортисти.

Бадминтон

Имаме два терени за бадминтон каде тренерот им покажува на децата како дправилно да го тренираат овој спорт покажувајќи им ги правилата и основните чекори. Кога се одржува шампионатот за бадминтон децата може да учествуваат индивидуално.

Медицински центар и Безбедност

Медицински центар Безбедност

>Кампот има целосно опремен медицински центар кој е отворен 24 часа.>Персоналот се состои од два доктора, две медицински сестри и шофер за итни случаи.>Нашиот медицински центар е поддржан од два здравствени центри: Нашиот медицински центар е поддржан од нашите два здравствени центри: Cassandra (11 km оддалечен од кампот) и Moudania (15 km оддалечен од кампот). За посериозни случаи поврзани сме со Општата болница на Polugyros.>Нашиот камп обезбедува целосна медицинска грижа за сите деца.

> Нашите искусни тим лидери се достапни 24 часа и се секогаш подготвени да се грижат за децата.> Квалификувани спасувачи и тренери ги придружуваат децата до базенот и морето и внимаваат на нив за време на сите спортски активности.> Секој оддел има свој чувар од обезбедување кој заедно со поголем тим на обезбедување будно ги чуваат камперите 24 часа на ден.

Дневно мениПојадок

Млеко, чај, путер, џем или мед, леб, пита со сирење или слатка пита (bougatsa) итн.

Попладневна ужинаПопладневната ужина вклучува нешто специјално секој ден како на пример кроасан, сладолед, овошно желе, кремови, торта и различни закуски.

ПонеделникРучекПилешко со ориз, грашок и шеф салатаВечера Шпагети болоњезе, фета сирење и салата

ВторникРучек пилешки прсти, пржени компири или леќа, салата.Вечера Калцоне и џус

СредаРучек “Soutzoukakia” (ќофтиња од мелено месо) со томато сос, пире, салатаВечера Пилешки нагетс, макарони, салата

ЧетвртокРучекПечени тестенини со сос и месо или боранија, фета сирење и сос од јогурт (tzatziki)Вечера Пица

ПетокРучек Стек, пржени компири и Цезар салатаВечера Макарони со томато сос и фета сирење

СаботаРучек Свинско месо, ориз со печурки и пченка, салата.Вечера Хот дог

НеделаРучек Шницла со печени компири, салатаВечера Хамбургер

Оброците се служат заедно со свеж леб и овошје.Менито во кампот е составено од квалификуван тим нутриционисти за да се обезбедат соодветните диететски потреби на децата. Овој тим го контролира процесот на подготовка на оброците и распределбата на состојките кои се користат со цел да се понудат висококвалитетни оброци секој ден.Персоналот на кампот има овластување да го смени менито доколку има сериозни причини за тоа.Водата во кампот е филтрирана со специјални филтри.

ОпремаПотребна опрема

Вреќа за спиење или ќебе - 2 пара чаршави -2 навлаки за перници -долна облека -крпи за туширање- капи костими за капење -сандали -чорапи -спортска облека -четка за заби -паста за заби -чешел -шампон -сунѓер -палто -јакна -торба за екскурзии -крема против убоди од инсекти- пластични кеси за валкана облека - патики маици.

Дополнителна опремаОпрема за цртање- книги-костими-музички инструменти-спортска опрема (фудбалска топка, голмански ракавици итн.).

Не се дозволени:Остри- опасни или прескапи предмети, како што се видео игри, mp3 плеери, камера итн.

*Нашиот камп не презема одговорност доколку се изгуби некој предмет. .

Термини: 28.05-03.06 (7 ноќевања) 03.06-10.06 (7 ноќевања) 10.06 – 17.06 (7 ноќевања) 17.06 - 23.06 (6 ноќевања) 23.06 - 30.06 (7 ноќевања) 30.06 - 07.07 (7 ноќевања) 07.07 - 15.07 (8 ноќевања) 15.07 - 22.07 (7 ноќевања) 22.07 - 29.07 (7 ноќевања) 29.07 - 06.08 (8 ноќевања) 06.08 - 13.08 (7 ноќевања) 13.08 - 20.08 (7 ноќевања) 20.08 - 27.08 (7 ноќевања)

Потребни документи: Валиден пасош

Потпишана согласност од родителите заверена во полиција или на нотар.

Потпишани изјави од родителите.

Договор помеѓу родителите на малолетните деца и Туристичка Агенција ,,Холидејс,,.

Ви благодариме на вниманието! Друштво за туризам и угостителство

‘’Пине Холидејс” Ул. Миле Поп Јорданов 1б

Тел: +389 2 30 600 41

Факс: +389 2 3082 032

Моб 1: 00389 70 29 59 86

Моб 2: 00389 70 383 749

www.macedoniaholidays.com.mk

E-Mail:[email protected]

Во соработка со националните спортски федерации на Република Македонија!