49
ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА ИНСПЕКТОР ОБЛАСТИ: ОПШТА УПРАВНА ПОСТАПКА ИНСПЕКЦИСКА ПОСТАПКА И ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

  • Upload
    others

  • View
    13

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ

ЗА ИНСПЕКТОРОБЛАСТИ:

ОПШТА УПРАВНА ПОСТАПКАИНСПЕКЦИСКА ПОСТАПКА И

ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА

Page 2: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку
Page 3: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

Прирачник за полагање испит за инспекторОбласти: општа управна постапка,

инспекциска постапка и прекршочна постапка

Скопје, декември 2015 година

Page 4: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

Автор на прирачникот:Проф. д-р Ана Павловска Данева

Коавтор на прирачникот:Проф. д-р Борче Давитковски

Редакциски тим од Инспекцискиот совет на Република Македонија: Иринка Ќосева, в.д. претседател, Инспекциски совет

Љубица Лилиќ Тодоровска, советник за развој и организирање на обуки и испити за инспектори, Инспекциски совет

Даниела Јаќимовска, советник за правни прашања, Инспекциски совет

Редакциски тим од Програмата на УСАИД за подобрување на работењето на организациите:

М-р Валбона Морина Максут, директор на програма, Детра Центар

M-р Елизабета Марковска Спасеноска, заменик директор на програма, Детра Центар

Александра Симоска, виш програмски асистент, Детра Центар

ORGANIZATIONAL PERFORMANCE IMPROVEMENT PROGRAM

Овој документ е изготвен од страна на Програмата за подобрување на работењето на организациите која е поддржана од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

За содржината на овој документ е одговорна Програмата за подобрување на работењето на организа-циите, спроведена од Детра Центар, и таа содржина не секогаш ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

Page 5: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

Содржина:Предговор 7

1. ОПШТА УПРАВНА ПОСТАПКА .................................................................................................. 8

1.1 Предмет на Законот за општа управна постапка (ЗОУП) ...........................................................81.2 Примена на ЗОУП ........................................................................................................................................81.3 Основни начела ............................................................................................................................................81.4 Надлежност ..................................................................................................................................................141.5 Овластено службено лице ......................................................................................................................151.6. Странка во управна постапка .............................................................................................................151.7 Комуникација помеѓу јавните органи и странките......................................................................161.8 Рокови и враќање во поранешна состојба .....................................................................................161.9 Тек на постапка...........................................................................................................................................17 1.10 Известување и достава ....................................................................................................................... 181.11 Управни дејства ....................................................................................................................................... 181.12 Правни лекови ..........................................................................................................................................21

2. ИНСПЕКЦИСКА ПОСТАПКА .................................................................................................... 25

2.1 Општи одредби .......................................................................................................................................... 252.2 Основни начела на инспекцискиот надзор .................................................................................262.3 Инспекциски служби ...............................................................................................................................292.4 Статус на инспекторите ..........................................................................................................................312.5 Испит за инспектор .................................................................................................................................. 342.6 Успешност на инспекторите ................................................................................................................ 342.7 Права, обрски и овластувања на инспекторите .......................................................................... 352.8 Права на субјектот на надзорот ......................................................................................................... 36 2.9 Постапка за вршење на инспекциски надзор ............................................................................. 36 2.10 Заедничко вршење инспекциски надзор .................................................................................. 39 2.11 Прекршочни одредби .......................................................................................................................... 39

3. ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА ......................................................................................................40

3.1 Предмет на Законот за прекршоци (ЗП) и основни поими .....................................................403.2 Примена на нормите од други закони .............................................................................................403.3 Прекршок и прекршочна одговорност ............................................................................................413.4 Прекршочни санкции .............................................................................................................................. 423.5 Забрзани постапки ................................................................................................................................... 453.6 Одредби од значење за инспекторот за постапката за порамнување ............................. 453.7 Одредби од значење за инспекторот за постапката за спогодување ...............................463.8 Надлежност ................................................................................................................................................463.9 Прекршочна постапка пред прекршочен орган ........................................................................473.10 Жалбена постапка .................................................................................................................................47

Page 6: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку
Page 7: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

7

Предговор

Почитувани инспектори, Инспекцискиот совет на Република Македонија со поддршка на Проектот на УСАИД

за подобрување на работењето на организациите (ППРО), од април 2015 година започна да ги имплементира одредбите на Законот за инспекциски надзор кои се однесуваат на обезбедување на сите неопходни услови за реализација на испитите за инспектори. Во таа насока, се реализираше работилница за јакнење на капацитетите на Комисијата и на Работното тело за подготовка на испитните прашања и студиите на случај за испитот во текот на летниот период, со поддршка на експертите од ППРО се изврши ревизија и финализација на сите прашања и студии на случај кои беа изготвени, а веќе во периодот септември-ноември 2015 година, тие беа верификувани од страна на Комисијата.

Инспекциските служби тековно организираат обуки во рамки на материјалните про-писи кои ги применуваат, а со цел да ги подготват инспекторите за полагање на испи-тот. Со цел да ги зајакнеме знаењата на инспекторите во пресрет на првите објави за полагање на испитот за инспектори во согласност со Законот за инспекциски надзор, го подготвивме овој Прирачник во кој се опфатени теми поврзани со законите од општиот дел на испитот. Инспекцискиот совет формираше група обучувачи кои беа обучени за испорака на обуки за своите колеги, но со подготовката на овој Прирачник отидовме и чекор понатаму за на инспекторите да им обезбедиме ресурси за учење и успешно пола-гање на испитот.

Прирачникот конкретно ги обработува темите опфатени со испитните прашања од Законот за општа управна постапка (Службен весник бр. 124/15), Законот за инспекци-ски надзор (Службен весник бр.50/10, 162/10, 157/11, 143/13, 41/14, 33/15 и 193/15) и Законот за прекршоци (Службен весник бр.124/15). Во овој Прирачник се анализираат одредбите од трите закони кои се најзначајни за секојдневната работа на инспекторите при вршењето инспекциски надзор. Овој Прирачник и темите во него се релевантни сè до првата промена на испитните прашања и студии на случај, при што соодветно на тие измени ќе се направат и дополнувања и ревизија на овој Прирачник.

Се надеваме дека овој Прирачник ќе биде искористен од страна на инспекторите како алатка за успешно полагање на општиот дел на испитот.

Со почит,

Иринка Ќосевав.д.претседателИнспекциски совет

Page 8: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

8

1. ОПШТА УПРАВНА ПОСТАПКА

1.1 Предмет на Законот за општа управна постапка (ЗОУП)Предмет на уредување на ЗОУП е постапката (процедурата) за заштита на правата

и на правните интереси на граѓаните (физички лица, правни лица и други странки) и за заштита на јавниот интерес. Оваа постапка должни се да ја применуваат сите јавни ор-гани: министерствата, органите на државната управа, организациите утврдени со закон, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје (единиците на локалната самоуправа), кога вршејќи ги своите законски надлежности постапуваат, решаваат (носат поединечни управни акти) и преземаат други управни дејства во управни работи.

Управни работи се сите акти и дејства преку кои се изразуваат или се извршуваат надлежностите на јавните органи, а со кои се решава или се влијае на правата, обврските или на правните интереси на физичките и на правните лица или на другите странки во постапката, како и секоја друга работа којашто е одредена како управна со посебен закон.

Управни дејства значат донесување управни акти, склучување управни договори, заштита на корисниците на јавни услуги и услуги од општ интерес, како и преземање други управни дејства утврдени со закон.

1.2 Примена на ЗОУП

ЗОУП е задолжителен за сите управни дејства на јавните органи и на давателите на услуги. Даватели на услуги се сите правни лица кои врз основа на закон се овластени да даваат јавни услуги или услуги од општ интерес.

ЗОУП ја предвидува примената на начелото lex specialis derogat lex generalis, односно ЗОУП како општ пропис има субсидијарна примена, бидејќи со посебните закони одредени прашања можат да бидат уредени поинаку од ЗОУП, но не смеат да бидат во спротивност со основните начела и целта на ЗОУП, ниту, пак, со нив да се намали заштитата на правата и на правните интереси на странките, загарантирана со ЗОУП.

1.3 Основни начела

1.3.1 Начело на законитостНачелото на законитост (заедно со уставноста) ја изразува идејата за владеење на пра-

вото во општеството: подведување на сите поединци, органи и организации под правните норми. Ова начело ЗОУП го става на приоритетно место како прво начело во управната постапка.

Во најширока смисла, законитоста се одредува како согласност на сите материјални и правни акти со законот. Се разликува формална законитост (согласност со законот во поглед на формата на правните акти) и материјална законитост (согласност со законот во поглед на содржината на актот).

Page 9: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

9

Во согласност со ЗОУП, основа за постапување на јавните органи се различни правни акти: 1) Уставот на Република Македонија; 2) законите; 3) меѓународните договори рати-фикувани во согласност со Уставот.

Законито постапување значи дека јавниот орган е должен да постапува и според материјалните прописи и според формално-правните одредби. Почитувањето на мате-ријалниот закон се сведува на: 1) утврдување на материјалното право што во конкретни-от случај треба да се примени; и 2) на негова правилна примена врз утврдената фактичка состојба. Почитување на формалниот закон се состои во постапување според нормите на ЗОУП или според процесните норми на посебниот закон со кој е уредена управната област.

Јавниот орган е должен да се грижи за правната сигурност, односно да се грижи за еднаква примена на законите во управни работи кои се засновуваат на иста или на слич-на фактичка состојба. Значи, иако поранешните одлуки строго не го обврзуваат јавниот орган, тој е должен да води сметка за нив во текот на одлучувањето. Станува збор за еден вид оправдано очекување на странката, кое подразбира правна сигурност, предвидли-вост, забрана на арбитрарност и недискриминација во постапката на одлучување.

Кај управните акти донесени по т.н. слободна оцена кога јавниот орган во рамките на своите законски овластувања одлучува и цени каква одлука ќе донесе, прашањето на законитоста се покажува како посложено. Решавањето по слободна оцена подразби-ра ситуација во која надлежниот јавен орган со закон добил овластување на утврдената фактичка состојба да го примени соодветниот материјален пропис во онаа смисла во која тој ќе процени дека е оптимална, според околностите на конкретниот животен слу-чај. Притоа, прописот кој го применува за јавниот орган претставува одредена рамка. Ор-ганот може само да избере една од предвидените алтернативи во законот, а надвор од тоа не смее да одлучува. Значи, обврзан е да се движи во границите на овластувањата од законот. Покрај тоа, решението во кое е извршена слободна оцена мора да биде донесе-но во согласност со целта која законодавецот (изречно или премолчно) ја имал предвид доверувајќи го овластувањето.

1.3.2 Начело на пропорционалност Суштината на ова начело се состои во забраната прекумерно да се ограничуваат

правата на странката при преземањето на која било управна активност во секој конкре-тен случај одделно. Имено, видот, обликот, содржината и начинот на вршење на секоја управна активност мораат да бидат такви да со неа не само што ќе се постигне целта на законот во дадената ситуација туку управната активност по своите обем и зафат мора да биде сразмерна, ни помала, ни поголема, приспособена и соодветна на таа цел.

Кога на странката или на друг учесник во постапката, врз основа на закон ѝ се наложу-ваат извесни обврски, кон неа мора да се применат оние законски мерки кои се помалку тешки (поповолни) доколку и со тие мерки се постигнува законската цел. Овој принцип се однесува на сите дејства во постапката. Така, кога постои можност извршувањето на решението да се спроведе на повеќе начини и со примена на различни средства, тоа ќе се спроведе на оној начин и со употреба на она средство кое доведува до исполнување на целта, а кое е најблаго и најповолно за извршеникот. И, обратно, јавниот орган е овластен да го примени веднаш построгиот начин, односно средство за извршување на обврската, доколку оцени дека со најблагиот начин, односно средство не би се постигнала целта на извршувањето или законот.

Page 10: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

10

1.3.3 Начело на економичност и ефикасност на постапкатаНаместо поранешната раздвоеност како посебни принципи, во новиот ЗОУП еконо-

мичноста и ефикасноста се соединети под капата на едно исто начело. За разлика од судската постапка во која доминира распитното начело, управната постапка традицио-нално се смета за поекономична, поевтина и побрза. Законот ги обврзува јавните органи постапката да ја водат колку што е можно поедноставно, без непотребен формализам, „без одлагање и со што помалку трошоци“. Значи, при водењето на постапката да има што помалку материјални издатоци и трошење време за странката и за другите учесници во постапката. Се разбира, таквото постапување на јавниот орган не смее да биде на штета на начелата на законитост и на материјална вистина.

1.3.4 Начело на еднаквост, непристрасност и објективностОрганите во управната постапка се должни да обезбедат еднаква, непристрасна и

објективна примена на законите и на другите прописи во решавањето на управните рабо-ти. Тоа значи дека и централните и локалните органи на управа, како и давателите на јав-ни услуги, се должни сите свои активности и дејства да ги вршат така што, од една страна, нивните услуги ќе бидат еднакво достапни за сите граѓани, а, од друга страна, ќе вршат и еднаква примена на прописите при утврдување на обврските за странките и за другите учесници во постапката. Исто така, секој предмет одделно, службените лица овластени за водење управна попстапка, ќе го одлучуваат непристрасно и објективно, без мешање на личната позиција, статус, чувства и припадност во вршењето на работата. Ако за вакво по-стапување се појават пречки кои се утврдени во закон или се извесни за службеното лице или за странките, треба да се применат одредбите за изземање.

1.3.5 Начело на сервисна ориентација на јавните органиОсновната поента на ова начело е дека јавниот орган во текот на управната постапка

треба да се однесува кон странките и кон другите учесници во постапката како кон клиен-ти, корисници на услуги, кои ги плаќаат услугите (управните дејства) што јавниот орган ги нуди (водење и одлучување во управна постапка за законски утврдени права, обврски и правни интереси на граѓаните) во текот на своето работење. Или, со други зборови, јавни-те органи во текот на водењето на управните постапки иако имаат прерогативи на органи на власт, сепак, првенствено претставуваат сервис за нудење услуги на граѓаните (физич-ките и правните лица) како корисници на тие услуги.

1.3.6 Начело на утврдување на материјалната вистинаНачелото на материјална вистина се состои во барањето во управната постапка да се

установи објективната (реалната) вистина, вистинската состојба на работите. За тоа да се постигне, неопходно е да се утврдат сите правно-релевантни факти (оние кои се значајни за донесување на законито и правилно решение), без оглед на тоа дали се тие во прилог или на штета на странката. Ова е посебно важно кај управните акти кои се донесуваат по слободна оцена. Утврдената фактичка состојба претставува основа за донесување реше-ние за работата која е предмет на постапката. Начелото на материјална вистина е тесно поврзано со начелото на официјалност, посебно со истражното начело, односно со наче-лото на прибавување податоци по службена должност. Јавниот орган е должен по служ-бена должност да ги прибави, разгледа и да ги обработи информациите кои се чуваат во службената евиденција и регистрите, под услов пристапот до овие информации да не е забранет со посебен закон. Од друга страна, постои и должност за странката, точно, висти-нито и одредено да ја изнесе фактичката состојба на која го базира своето барање.

Page 11: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

11

Сепак, јавниот орган од странката може да ги бара само оние податоци или исправи кои се потребни за утврдување на фактите и на околностите, а за кои не се води службе-на евиденција.

Грешките во утврдувањето на фактичката состојба се сметаат за грешки на теренот на формалното, процесното право. Се појавуваат во два вида: како грешки на непотпол-но или погрешно утврдена фактичка состојба.

1.3.7 Начело на сослушување на странкитеОва начело му дава права на јавниот орган да донесе управен акт без изјаснување

на странката само во случаи пропишани со закон. На странката, пред да се донесе реше-нието, мора да ѝ биде понудена можноста да се изјасни за фактите и за околностите што се од значење за донесување на решението. Ова начело укажува на активната положба на странката во постапката, како субјект кој ги ужива сите процесни права. Тоа е прет-поставка за своевидна соработка помеѓу јавните органи и странките во решавањето на управните постапки и се наоѓа во непосредна врска со начелото на законитост, начелото на утврдување материјална вистина и начелото на активна помош на странката.

1.3.8 Начело на слободна оцена на доказитеСлободната оцена на доказите е посебен вид процесна самостојност на јавниот

орган што ја води постапката. Овластеното службено лице самото одлучува („по свое самостојно убедување“): прво, кои факти треба да се докажуваат, а кои не треба, со оглед на нивното можно влијание врз решавањето на управната работа; второ, да изврши избор на доказните средства, придавајќи им, според конкретните околности, поголемо или помало значење, и трето, по сопствено убедување одредени факти да ги смета за докажани, односно за недокажани, кои факти ќе ги смета за докажани, а кои не.

1.3.9 Начело на делегирање на надлежноста за решавањеПреку ова начело, ЗОУП создава основа, дури и еден вид правна обврска (заради

избегнување колизија на законите) за измени и во Законот за организација и работа на органите на државната управа. Имено, станува збор за намалување на овластувањата на политички именуваните функционери (министри, директори, градоначалници) да ре-шаваат во конкретни управни работи за правата, обврските и за правните интереси на граѓаните. ЗОУП содржи и одредби (чл. 24) со кои се конкретизира ова начело. Значи, наспроти досегашната практика, постапката да ја водат службени лица овластени од функционерот, тие де факто да одлучуваат и да ги носат решенијата, а нив само да ги потпишува министерот, директорот или градоначалникот, а сега веќе во секој јавен ор-ган ќе мора да постои посебна организациска единица (одделение или сектор) за водење одредени видови управни постапки, а раководителот на секторот, односно одделението или лице од него овластено (значи, стручни и компетентни службеници, а не носители на функции) ќе ги води управните постапки и ќе ги издава и ќе ги донесува решенијата.

1.3.10 Начело на правна заштитаНачелото на право на странката на правна заштита против секое управно дејство или

непреземање од страна на управата и против реалните акти, е пошироко од начелото на двостепеност утврдено во претходниот ЗОУП, бидејќи двостепеноста се врзува само со жалба за управното решавање. Правото на жалба е опфатено и во ова начело: правна заштита на странката. Жалбата е редовен правен лек предвиден во секој демократски правен систем. Со користењето на правото на жалба се овозможува покренување на механизмот на контрола (преиспитување) на одлуката од која подноситеот на жалбата не

Page 12: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

12

е задоволен, па бара нејзино отстранување од правниот промет, односно измена во своја корист. Правото на жалба е битен елемент за остварување на уставноста и на законитоста.

ЗОУП пропишува право на жалба против првостепените управни акти во случаите ут-врдени со закон. Од друга страна, ЗОУП утврдува општо право на жалба за сите граѓани кога јавниот орган не им одговорил на нивните барања во законски утврдениот рок. Зна-чи, ЗОУП повторно експлицитно го воведува начелото дека „молчењето на администра-цијата“ се смета за одбивање на барањето на странката.

ЗОУП покрај жалбата, како редовни правни средства ги нормира уштеи приговорот и обновата (или повторување) на постапката. Против реалните акти, како и дејствата на давателите на услуги од општ интерес, странката има право на приговор. Против управ-ните акти донесени во втор степен, како и против управните акти донесени во прв степен против кои не е дозволена жалба, странката може да поведе управен спор.

1.3.11 Конечен и правосилен управен актОва се две посебни основни начела утврдени со ЗОУП. Конечноста како својство на уп-

равниот акт или како начело на водење постапка, се сретнува само кај конкретните прав-ни акти во управната постапка. Актите кои се носат во судските постапки (граѓански и кри-вични), не препознаваат институт конечност. Конечно решение е акт против кој странката нема право на жалба, но има право со тужба да поведе управен спор. Во ваквите случаи, жалбата може да е исклучена со закон или, пак, да е веќе употребена и по неа да се произ-нел (да одлучил) второстепениот јавен орган. Конечното решение, по правило, е извршно, бидејќи тужбата не го спречува неговото извршување. Доколку странката го пропуштила рокот за изјавување жалба, решението не е конечно туку правосилно.

Правосилно е она решение против кое не може да се изјави жалба, ниту, пак, да се по-веде управен спор. Најчесто, решението станува правосилно со окончување на управниот спор поведен против тоа решение, односно со одлука на управното судство. Но, правосил-но може да биде и првостепеното решение против кое странката не вложила жалба во ут-врдениот рок (кога жалбата не е со закон исклучена) или второстепеното решение против кое не е поднесена тужба за поведување управен спор.

Правосилно решение

Конечно решение

• Нема право на жалба, ниту на управен спор

• Нема право на жалба (со закон исклучена, ис-користена) има право на тужба (управен спор)

Page 13: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

13

Пример:Просветен инспектор со решение задолжува високообразовна установа да пре-

земе определено дејство во утврден рок.

Прв случај:Високообразовната установа во законски утврдениот рок (рокот за изјаву-

вање жалба утврден со материјалниот пропис) го искористила своето право на жалба до второстепениот орган – Комисијата која одлучува по жалби против ре-шенија од инспекциски надзор и жалбата е одбиена, а РЕШЕНИЕТО СТАНУВА КОНЕЧ-НО.

Втор случај:Високообразовната установа не го искористила правото на жалба во законски

утврдениот рок, по истекот на тој рок, РЕШЕНИЕТО НА ИНСПЕКТОРОТ СТАНУВА ПРАВОСИЛНО (кога е пропуштено правото на жалба, автоматски странката го губи и правото на тужба).

Трет случај:Високообразовната установа вложила жалба и добила решение од второсте-

пениот орган (Комисијата) по жалбата. Таквото решение отанува конечно сè до моментот кога високообразовната установа ќе поднесе тужба за поведување уп-равен спор до Управниот суд. Против пресудата на Управниот суд со која се одбива тужбата, странката има право на жалба во рок од 15 дена, до Вишиот управен суд. Доколку странката не го искористи правото на жалба или, пак, Вишиот уп-равен суд ја одбие жалбата, решението на инспекторот станува ПРАВОСИЛНО.

Четврт случај:Доколку високообразовната установа не поднесе тужба за поведување упра-

вен спор против второстепеното решение на Комисијата во законски утврдени-от рок (30 дена), по истекот на тој рок, решението на инспекторот станува ПРА-ВОСИЛНО.

Начелото на активна помош на странката е всушност преименувано начело од поранешниот ЗОУП на помош на неуката странка. Ова начело е насочено кон корисникот на јавната услуга и во себе опфаќа давање квалитетни информации за управните услуги, временска достапност на услугите, едноставност, рационалност, укинување на административните препреки, отвореност, одговорност, професионалност, љубезност, дури и уредување на работните простории на јавниот орган.

Во ЗОУП е утврдено дека јавниот орган треба да ѝ овозможи на странката пристап до органот и по електронски пат. Незнаењето или неукоста на странката која учествува во постапката не треба да биде на штета на нејзините законски права и интереси.

Page 14: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

14

1.4 НадлежностНадлежноста е правна врска помеѓу јавниот орган со одреден вид или видови рабо-

ти, како и со одредена територија (подрачје). Оттука, надлежноста се јавува како право и должност на одреден орган да ги извршува само работите кои му се со закон доверени и тоа на определена територија.

Ако надлежноста се набљудува само од аспект на групата работи кои му припаѓаат на јавниот орган, тогаш станува збор за стварна надлежност. Доколку пак, надлежноста се анализира од аспект на територијата на која јавниот орган има право и обврска да врши одредени работи, тогаш, станува збор за месна надлежност.

ЗОУП на општ начин го уредува прашањето со кои прописи се уредува стварната на-длежност за решавање во управната постапка. Нормите на ЗОУП за стварната надлеж-ност имаат само рамковно-упатувачки карактер. Правило е дека стварната надлежност се утврдува со законот со кој се уредуваат поединечните управни области (материјални прописи).

Органите на државната управа, јавните агенции, регулаторните тела, јавните фондо-ви, јавните служби имаат месна надлежност на целата територија на Република Македо-нија. Органите на локалната самоуправа, локалните јавни претпријатија, локалните јавни служби имаат месна надлежност на територијата на единицата на локалната самоуправа.

Надлежноста е уредена со когентни (принудни) норми и како таква не смее да се ме-нува, освен по исклучок. Секој јавен орган во текот на целата постапка внимава на својата надлежност по службена должност.

Надлежност во управна постапкаПоим: право и должност на органот да решава определена управна работа на оп-

ределена територија:

Видови:

» Стварна (според природата на управната работа);

» Функционална (подвид на стварната надлежност, според функцијата на органот);

» Месна (според територија).

Page 15: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

15

1.5 Овластено службено лицеВо управната постапка, јавниот орган постапува преку овластеното службено лице.

Ако овластеното службено лице за постапување во управната постапка не е определе-но со посебен закон или подзаконски акт, функционерот кој раководи со јавниот орган, односно раководното лице е должно со актот за организација да определи организаци-ска единица (одделение или сектор) надлежна за секој вид управна работа во негова надлежност. Овластеното службено лице ја води и ја комплетира постапката. Преку оваа одредба, се конкретизира во ЗОУП претходно утврденото начело за делегирање на на-длежноста за решавање на управните предмети.

Забелешка: потребно е усогласување на сите материјални прописи во кои е пред-видена надлежност на функционерот на органот да одлучува за права, обврски и за правни интереси на граѓаните со овие одредби на ЗОУП, според кои САМО овластени лица (службеници или раководни службеници во јавниот орган кој води управна по-стапка, распоредени во одделението, секторот кој е утврден со актот за организација на органот како надлежен за водење одреден вид управни постапки) можат да ги водат и да ги окончаат управните постапки.

1.6. Странка во управна постапка

1.6.1 Поим на странкаСтранка во управна постапка е лицето на чие барање е поведена управната постапка

(активна странка) или лице против кое се води постапката (пасивна странка) или лице кое заради заштита на своите права и правни интереси има право да учествува во постапката (заинтересирано лице или интервент). Кога едно лице ќе се здобие со статус на странка во управна постапка, по правило, до крајот на постапката тоа својство не може да му биде одземено.

Во поимникот на ЗОУП стои дека „странка е секое физичко или правно лице, по чие барање е поведена управната постапка, против кое е поведена управната постапка, кое е вклучено во постапка поведена по службена должност, или кое заради заштита на своите права или правни интереси има право да учествува во управната постапка. Странка може да биде и јавен орган, подружница или друга деловна единица на трговско друштво, на-селба и слично или група лица, иако немаат својство на правно лице“.

Во управната постапка, наспроти јавниот орган, најчесто стои едно лице кое во уп-равната постапка остварува свое право или на кое му се наметнува обврска. Меѓутоа, понекогаш, наспроти јавниот орган можат да стојат и повеќе лица, односно странки. Во зависност од тоа дали наспроти јавниот орган се појавува едно лице, или, пак, повеќе лица (странки), во управната теорија се разликуваат еднострани од повеќестрани управ-ни работи.

Услови за стекнување на својство на странка се:

1. Лицето да има т.н. странечка способност (способност да биде носител на права-та и обврските за кои се одлучува во управната постапка);

2. Лицето да има т.н. процесна способност (способност самостојно да презема процесни дејства во постапката);

3. Лицето да има странечка легитимација (во конкретниот случај да станува збор за управна работа која се однесува на правата и на обврските на тоа лице).

Page 16: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

16

1.7 Комуникација помеѓу јавните органи и странките

1.7.1 Општи правилаЗОУП утврдува дека комуникацијата помеѓу јавните органи и странките може да се

одвива во писмена форма, усно или во електронска форма. Но, кога станува збор за ко-муникацијата помеѓу јавните органи, тогаш таа задолжително се одвива во електронска форма. Во оваа фаза од подготвеност на јавните органи, потребно е нивно техничко и ка-дровско доекипирање за да може доследно да се имплементира оваа законска норма од ЗОУП. Во поимникот на ЗОУП, известувањето е дефинирано како „службено обраќање на јавниот орган кон странка или кон друго лице кое учествува во управната постапка“.

1.8 Рокови и враќање во поранешна состојба

1.8.1 РоковиРокот претставува определен временски период кој е правно релевантен за некое по-

стапување (било да треба да се презема во тој период или дури по неговото истекување), односно за траењето или за отпочнувањето одредени правни дејства.

Роковите се определуваат со закон или со друг пропис. Ако тоа не е случај, нив ги определува овластеното службено лице кое треба да ги има предвид принципите на про-порционалност, економичност и ефикасност. Роковите определени од страна на овласте-ното службено лице не смеат да бидат подолги од роковите утврдени со ЗОУП.

Рокот што го определил овластеното службено лице или е определен со прописите за кои е предвидена можност за продолжување, може да се продолжи по молба од заин-тересираното лице поднесена пред истекот на рокот, ако постојат оправдани причини за продолжување.

Роковите се сметаат во денови, месеци и години, а, исто така, можат да се сметаат и во часови. Кога рокот е определен по денови, денот во кој паѓа настанот од кој треба да се смета траењето на рокот, не се засметува во рокот. Ако последниот ден на рокот паѓа во неработен ден или на државен празник, рокот истекува на првиот нареден работен ден.

1.8.2 Враќање во поранешна состојба Странката има право да побара враќање во поранешна состојба доколку го пропуштила

рокот за вршење на некое дејство во постапката, но не по своја вина, а поради тоа го изгубила правото на вршење на дејствието. Исто така, враќање во поранешна состојба може да се побара и кога странката од незнаење или од очигледен пропуст поднесокот навремено му го испратила или непосредно му го предала на јавен орган кој не е надлежен за работата. Враќање во поранешна состојба се бара со поднесување предлог за враќање во поранешна состојба во кој се образложени причините за тоа. Тој се поднесува до јавниот орган пред кој требало да се преземе пропуштеното дејство. Предлогот за враќање во поранешна состојба странката го поднесува во рок од осум дена од денот кога престанала причината што го предизвикала пропуштањето, а ако странката дури подоцна дознала за пропуштањето, тогаш од денот кога тоа го дознала (субјективен рок). По истекот на три месеца од денот на пропуштањето не може да се бара враќање во поранешна состојба, освен во случај на надворешна сила (објективен, апсолутен рок). Јавниот орган донесува решение за предлогот на странката најдоцна во рок од 10 дена по поднесувањето на предлогот.

Page 17: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

17

Против решението, дозволена е жалба. Кога јавниот орган ќе одобри враќање во поранешна состојба, постапката се враќа во онаа состојба во која се наоѓала пред пропуштањето, а се поништуваат сите управни акти што ги издал јавниот орган во врска со пропуштањето.

1.9 Тек на постапка

1.9.1 Поведување и почеток на постапкаУправната постапка ја поведува надлежниот јавен орган: 1) на барање од странката;

или 2) по службена должност. За поведувањето на постапката не се донесува никаков формален акт, туку таа се смета за започната:

» Со преземање на првото процесно дејство кога се поведува по службена должност;

» Со денот кога е поднесено барањето на странката ако таа се поведува на иницијатива на странката.

1.9.2 ДокажувањеДоказни средства во управната постапка се: исправи, сведочења на сведоци, изја-

ви на странките, вештачење и увид. ЗОУП предвидува дека не треба да се докажуваат општо познати факти, факти кои му се познати на јавниот орган и постоење факти кои законот ги претпоставува.

Новина во ЗОУП е тоа што службеното лице кое ја води постапката е должно по служ-бена должност по електронски пат да ги прибави доказите и податоците за фактите за кои службена евиденција води јавниот орган надлежен за решавање, како и кога евиден-цијата ја води друг јавен орган. Законот не остава можност, оваа обврска за јавниот орган да биде трансформирана преку пролонгирање на роковите за прибавување на докази-те по физички пат или да биде пренесена на странката доказите за таквите податоци и факти сама да ги прибавува. Уште повеќе, ЗОУП предвидува обврска за јавниот орган, односно субјектот кој води службена евиденција, бараните докази и податоци да ги дос-тави по електронски пат во исклучително кус рок од рок од три дена од денот на приемот на барањето на странката.

Page 18: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

18

1.10 Известување и достава

1.10.1 ИзвестувањеЗОУП предвидува два вида комуникација во управната постапка помеѓу јавниот орган

што ја води постапката и странката: известување и достава. Имено, од одредбите на ЗОУП може да се заклучи дека известувањето во текот на целата постапка претставува право на странката (да биде известена) и должност на јавниот орган (да ја известува странката). За начинот на известување слободно одлучува јавниот орган, но кога странката е присутна, известувањето се врши усно. Во исклучителни случаи, кога се работи за итни и за кратки прашања, известувањето се врши и телефонски, но пишаните управни акти задолжително треба да ѝ се достават на странката.

Во поимникот на ЗОУП, известувањето е дефинирано како „службено обраќање на јавниот орган кон странка или кон друго лице кое учествува во управната постапка“.

1.10.2 ДоставаДоставата се врши по пат на препорачано писмо, преку лично, посредно или јавно дос-

тавување, како и по електронски пат или со официјално објавување.

1.11 Управни дејства

1.11.1 Управен актВо согласност со ЗОУП од 2015 година, управен акт е поединечен акт на јавен орган

кој е донесен врз основа на закон и со кој се решава за правата, обврските и за правните интереси на странките. Управните акти се всушност решенија. Тие можат да бидат различно насловени, односно покрај назив решение, може да се нарекуваат, односно издаваат во форма на наредба, лиценца, дозвола, забрана, одобрение и друго. Според ЗОУП, називот на актот може да биде и „одлука“, иако во управно-правната теорија одлуката е општ поим кој во себе го содржи поимот решение, а според стариот ЗОУП и поимот заклучок, бидејќи тој предвидуваше дека во управната постапка се носат два вида одлуки: решенија и заклучоци. Овој ЗОУП, заклучокот како вид одлука во управна постапка не го препознава.

Управниот акт во зависност од барањето на странката може да се издаде во писмена, електронска или во друга форма, освен ако со законот не е пропишана или исклучена одредена форма. Заради преземање исклучително итни мерки, со цел обезбедување на јавниот мир и безбедност или заради отстранување на непосредна опасност за животот и здравјето на луѓето или за имотот, јавниот орган може да издаде устен акт и да нареди негово извршување без одлагање. Во таков случај, тој е должен на странката да и го издаде во писмена форма устното решение во рок од 8 дена од неговото донесување. Забелешка: во оваа одредба законодавецот иако станува збор за поглавје насловено како „управен акт“ и претходно наведува повеќе различни насловувања на управниот акт меѓу кои решението е само еден вид таков акт, сепак на крајот, изрично го употребува зборот „решение“, наместо општиот термин „управен акт“ од што се заклучува дека овие два термина, законодавецот ги поистоветува.

Page 19: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

19

ЗОУП од 2015 година предвидува максимален рок од 30 дена за издавање на управ-ниот акт од денот кога е постапката поведена, освен ако со друг закон не е поинаку опре-делено. Кога е постапката започната на барање на странката, рокот за носење решение тече од денот кога странката го поднела барањето со сите докази кои била должна да ги поднесе. Доколку е предметот сложен, јавниот орган може да го продолжи овој рок за најмногу 30 дена, доколку тоа со друг закон не е изречно забрането. Продолжувањето на рокот и причините за тоа на странката треба да ѝ се соопштат во рамките на првичниот рок.

Елементи на решение:

» Вовед;

» Диспозитив;

» Образложение;

» Правна поука;

» Потпис на овластено службено лице, печат.Решението не е потребно да содржи образложение кога со него целосно се

уважува барањето и тоа не влијае врз правата или правните интереси на трето лице и не е на штета на јавниот интерес доколку со закон е така утврдено.

1.11.2 Управен договорУправниот договор е новина во ЗОУП и тој претставува договор помеѓу јавен орган

и приватен субјект (странка) чиј предмет е вршење на јавна служба од надлежност на јавниот орган, кога тоа е пропишано со посебен закон, а е во јавен интерес и со него не се ограничуваат правата на трети лица. Во поимникот на ЗОУП, управниот договор е најопшто дефиниран како „договор кој јавниот орган го склучува со странката заради вршење јавни овластувања од надлежност на јавниот орган, кога тоа е утврдено со посебен закон“.

ЗОУП предвидува дека управниот договор може, ако за тоа се исполнети законските услови, да се поништи со тужба пред Управен суд, да се измени, или заради изменети околности еднострано да се раскине.

1.11.3 Реални актиСпоред поимникот на ЗОУП, реален акт е акт или дејство на јавниот орган што не

е управен акт или управен договор, што може да има правно дејство врз правата, обврските или правните интереси на некое лице, како што се јавните информации, примање изјави, водење евиденција, издавање уверенија, дејства на извршување и други фактички дејства“. Јавните органи треба да ги извршуваат реалните акти во согласност со начелата и со одредбите од ЗОУП. Странката има право на приговор против реален акт. Приговорот е ново, редовно правно средство според ЗОУП. Против реален акт или негово пропуштање, странката може да изјави управен приговор до јавниот орган кој го преземал или не го преземал реалниот акт дека со тоа се повредени нејзините права или правни интереси. Формата, содржината, рокот за изјавување и поднесување приговор се исти како и кај жалбата.

Page 20: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

20

1.11.4 Услуги од општ интересВо поимникот, услугите од општ интерес се дефинирани како „услуги кои на граѓаните

им ги даваат правните лица врз основа на јавно овластување издадено од јавен орган“. Понатаму, во текстот на ЗОУП е утврдено дека услугите од општ интерес се управни дејства со кои на граѓаните им се обезбедуваат општо достапни услуги за сите странки по пристапна цена и со соодветен квалитет на услугата, во континуитет, транспарентно, без дискриминација на корисникот на услугата. Доколку корисникот на услугата од општ интерес и покрај тоа што ги исполнил своите обврски, смета дека не добива услуга со соодветен квалитет, во континуитет, транспарентно и без дискриминација, може да поднесе приговор до надзорниот јавен орган утврден со закон, сè додека трае дејството или неизвршувањето одредено дејство од страна на давателот на услугите. Ако корисникот на јавна услуга од општ интерес смета дека давателот на услугите ги повредил неговите права или правни интереси, корисникот може да поднесе приговор до јавниот орган што издава дозволи, врши надзор или контрола над давателот на услугите сè додека трае дејството или неговото неизвршување.

Органот што издава дозволи, врши надзор или контрола над давателот на услугите е должен да ги испита изјавите на подносителот на приговорот и да преземе надзорни мерки во рамки на својата надлежност. Тој решава за приговорот со управен акт, без одлагање, а најдоцна во рок од 15 дена од поднесувањето на приговорот. Против овој управен акт може да се поведе управен спор пред надлежен суд.

Page 21: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

21

1.12

Пра

вни

леко

ви

Ред

овни

пра

вни

леко

ви

Вон

редн

и пр

авни

лек

ови

ЗОУП

200

5 ЗО

УП 2

015

ЗОУП

200

5ЗО

УП 2

015

Жал

баЖ

алба

Пов

тору

вањ

е на

упр

авна

та п

оста

пка

Пов

тору

вањ

е на

пос

тапк

ата

Мен

увањ

е и

пони

шту

вањ

е ре

шен

ие в

о вр

ска

со у

прав

ен с

пор

Мен

увањ

е и

пони

шту

вањ

е ре

шен

ие в

о вр

ска

со у

прав

ен с

пор

При

гово

рБа

рањ

е за

заш

тита

на

зако

нито

ста

П

ониш

тува

ње

и ук

инув

ање

по п

раво

на

надз

ор

Ук

инув

ање

и м

енув

ање

прав

осил

но

реш

ение

со

согл

асно

ст/п

о ба

рањ

е на

ст

ранк

ата

Укин

увањ

е и

мен

увањ

е пр

авос

илен

УА

со с

огла

снос

т/по

бар

ање

на с

тран

ката

Во

нред

но у

кину

вањ

еВо

нред

но у

кину

вањ

е

О

глас

увањ

е на

реш

ение

то з

а ни

што

вно

Огл

асув

ање

упра

вен

акт

за н

ишто

вен

Редо

вни

прав

ни л

еков

и во

упр

авна

пос

тапк

а се

: жал

ба, п

овто

рува

ње

на п

оста

пкат

а и

приг

овор

. Ко

га ж

алба

та, о

днос

но п

риго

воро

т не

е з

агар

анти

ран

со з

акон

, стр

анка

та и

ма

прав

о да

пов

еде

упра

вен

спор

.

Page 22: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

22

1.12.1 ЖалбаЖалбата во управната постапка е редовен правен лек кој странката има право да го

поднесе против управниот акт во рок од 15 дена од денот на неговото доставување, освен ако со посебен закон не е определен подолг рок.

Забелешка: ЗОУП како системски закон кој се носи со двотретинско мнозинство, ИЗРЕЧНО пропишува дека со другите закони не може да се утврди рок за жалба по-краток од 15 дена. Со други зборови, дури и да постои закон во кој е утврден рок за жалба пократок од 15 дена, странката, во согласност со одредбите на ЗОУП ќе може да го користи подолгиот рок (рокот од 15 дена) утврден со ЗОУП. И обратно, доколку со некој закон е утврден рок за жалба подолг од 15 дена, за странката во постапката ќе биде правно релевантна таа одредба од посебниот закон.

Според новиот ЗОУП, жалбата непосредно се поднесува на второстепениот орган, а тој, пак, е должен веднаш наредниот ден во електронска форма да ја достави до прво-степениот орган и да побара првостепениот орган во рок од седум дена да испита дали жалбата е допуштена, навремена и изјавена од овластено лице. Ова е новина, која соод-ветствува на одредбата дека комуникацијата меѓу јавните органи се одвива само по елек-тронски пат. Оттука, странката може жалбата да ја достави до второстепениот орган (оној кој е надлежен да одлучува по неа за да не се случи таа никогаш да не стигне до него) на кој било начин и во која било форма, но тој веднаш, односно наредниот ден мора исклучи-во по електронски пат да ја препрати до првостепениот орган (оној кој го донел обжале-ното решение) за тој да ги испита формалните елементи на жалбата: дали е поднесена од овластено лице (странечка способност и странечка легитимација), дали е допуштена (да е поднесена против управен акт донесен во управна постапка и да не е со закон исклучена) и дали е навремена (поднесена во рок од 15 дена, односно подолг рок ако е таков утврден со посебниот пропис). За испитување на овие формални елементи на жалбата, првостепе-ниот орган има рок од седум дена. Против управниот акт (решението) со кое е отфрлена жалбата како недозволена, ненавремена или недопуштена, странката има право на жалба.

Жалбата во управна постапка треба да е во писмена форма, но дури и ако поднесокот не е насловен како „жалба“, ќе се смета за таков, бидејќи битно е само од него да произле-гува намерата на странката да го оспори или да го добие бараниот управен акт.

Ако првостепениот орган оцени дека жалбата е допуштена и потполно оправдана, тој самиот ќе го замени управниот акт со нов акт и во рок од 7 дена ќе го достави во електрон-ска форма до второстепениот орган (Комисија). Странката има право на жалба и против тој управен акт. Кога првостепениот орган ќе процени дека е дозволена, а не е потполно оправдана, тој е должен да ја достави заедно со сите списи и со одговор на жалбата до второстепениот орган во електронска форма во рок од 7 дена.

Ако во случај на молчење на управата, првостепениот орган не го донесе управниот акт во рок од седум дена од приемот на жалбата, тој без одлагање во електронска форма ја испраќа жалбата до второстепениот орган заедно со сите списи и со писмено објасну-вање за причините поради коишто не го издал бараниот управен акт во рок од седум дена. Кога второстепениот орган ќе утврди дека причините поради коишто првостепениот уп-равен акт не бил донесен не се оправдани, тој самиот решава за барањето на странката во рок од 30 дена по приемот на жалбата, или ќе му наложи на првостепениот орган да го донесе бараниот управен акт во рок од 15 дена по приемот на налогот. Во случај на повторно молчење на првостепениот орган, второстепениот орган е должен самиот да ја реши работата, односно мериторно решавање на второстепен орган во случај на молчење на администрацијата.

Page 23: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

23

Забелешка: со оваа одредба, ЗОУП експлицитно го напушта правилото дека мол-чењето на управата претставува одобрување на барањето на странката. Имено, докол-ку управниот акт не е издаден од страна на првостепениот орган во законски утврдени-от рок, постои законска презумција дека барањето на странката е одбиено, со што таа се здобива со право на жалба. Првостепениот орган има дополнителен рок од 7 дена самиот да одлучи и да издаде управен акт, со што ќе заврши неговото „молчење“. Ако тој тоа не го стори, жалбата и списите заедно со образложение за неговото молчење ги испраќа на одлучување до второстепениот орган.

Жалбата има две дејства: одложно (суспензиво) и деволутивно. Деволутивноста на жалбата значи дека по неа одлучува повисок орган од оној кој го донел обжаленото ре-шение. Суспензивноста на жалбата значи дека таа го одлага извршувањето на обжале-ното решение, сè додека не биде донесен второстепениот управен акт, освен ако со за-кон не е поинаку утврдено. Исклучокот од суспензивното дејство на жалбата се состои во следново: првостепеното обжалено решение ќе биде извршено ако е потребно да се преземат итни мерки за јавниот интерес, или ако поради одлагање на извршувањето на странката би ѝ била нанесена штета што не би можела да се надомести. За укинување на одложното дејство на жалбата, се носи посебен управен акт против кој може да се покре-не управен спор.

Второстепениот орган по добивањето на жалбата и сите списи од предметот заедно со одговорот на жалбата од страна на првостепениот орган, проверува дали е жалбата допуштена, навремена, изјавена од овластено лице. Доколку е жалбата недопуштена, не-навремена или изјавена од неовластено лице, тој со решение ќе ја отфрли. Ако е жалбата неоснована или, пак, второстепениот орган најде дека во првостепената постапка имало недостатоци, но дека тие се такви што не можеле да имаат влијание врз решавањето на работата, тој ќе ја одбие жалбата.

Ако второстепениот орган утврди дека во првостепената постапка е сторена не-правилност која управниот акт го прави ништовен, ќе го огласи таквиот управен акт за ништовен. Ако второстепениот орган утврди дека првостепениот управен акт го донел ненадлежен орган, ќе го поништи тој управен акт по службена должност и предметот ќе му го достави на надлежниот орган на решавање.

Забелешка: ЗОУП во еден ист член користи два термина: огласување акт за ништовен и поништување управен акт без притоа да ги дефинира евентуалните раз-лики во правните последици од овие два институти!

Кога второстепениот орган ќе утврди дека во првостепената постапка фактите се не-

целосно или се погрешно утврдени дека во постапката не се водело сметка за правилата на постапката што би биле од влијание врз решавањето на работата, или дека диспози-тивот на побиваниот управен акт е нејасен или е во противречност со образложението, тој со свое решение ќе го поништи првостепениот управен акт и предметот ќе му го врати на првостепениот орган на повторна постапка. Во ваков случај, првостепениот орган е должен да донесе нов управен акт, во согласност со упатствата на второстепениот ор-ган, во рок од 30 дена од приемот на предметот. Странката има право на жалба и про-тив новиот управен акт. Кога второстепениот орган постапува по изјавена жалба против управен акт кој еднаш бил поништен и вратен на повторно решавање, постапувајќи по жалбата должен е самиот да го реши предметот. Тоа се нарекува мериторно решавање на предметот од страна на второстепен орган.

Page 24: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

24

Ако второстепениот орган утврди дека во првостепениот управен акт погрешно се оценети доказите, дека од утврдените факти е изведен погрешен заклучок во однос на фактичката состојба, дека погрешно е применет правниот пропис врз основа на кој се ре-шава работата, или ако најде дека врз основа на слободна оцена требало да се донесе по-инаков управен акт, тој со свој управен акт ќе го поништи првостепениот управен акт и сам ќе ја реши работата. Доколку второстепениот орган утврди дека управниот акт е правилен во однос на утврдените факти и во однос на примената на законот, но дека целта поради која е донесен управниот акт може да се постигне и со други средства поповолни за стран-ката, тогаш ќе го измени првостепениот управен акт во таа смисла. Доколку првостепени-от орган не постапи по насоките на второстепениот орган, во случај на повторна жалба, второстепениот орган е должен за непостапувањето да го извести органот кој врши ин-спекциски надзор над спроведување на ЗОУП, односно Државниот управен инспекторат.

Постапката по жалбата на второстепениот орган (второстепената постапка) треба да се заврши без одлагање, а најдоцна во рок од 60 дена од денот на предавање на жалбата и сите списи на предметот од првостепениот орган на второстепениот орган.

Page 25: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

25

2. ИНСПЕКЦИСКА ПОСТАПКА

2.1 Општи одредби

2.1.1 Предмет на Законот за инспекциски надзор (ЗИН)Предметот на уредување на Законот за инспекциски надзор ги опфаќа:

1. Условите и начинот на издавање и одземање лиценца за инспектор;2. Правата и должностите на инспекторите;3. Организацијата и работата (основни прашања) на инспекциските служби;4. Правата и обврските на субјектите на надзорот;5. Основањето, статусот и работата на Инспекцискиот совет;6. Начинот и постапката на вршење инспекциски надзор.

ЗИН се применува во сите постапки на вршење инспекциски надзор, освен во посеб-ните постапки на инспекциски надзор во областа на царинското, даночното и на финан-сиското работење.

2.1.2 ПоимникЗаконот за инспекциски надзор содржи поимник во кој е утврдено значењето нанај-

важните поими, односно изрази кои се употребуваат во Законот. Така:

Инспекциски служби се:1. Инспекторати;2. Организациски единици во другите органи на државната управа; и3. Организациски единици во единиците на локалната самоуправа и градот Скопје

кои имаат инспекциски надлежности утврдени со закон.Инспекциски надзор е надзор над примената на законите во работењето на држав-

ните органи, ЕЛС, јавните претпријатија, трговските друштва, установите и правните и физичките лица над кои се врши надзор, како и изрекување инспекциски мерки и санк-ции заради отстранување на утврдените неправилности.

Инспекциски акти се сите акти и дејствакоишто инспекторите ги донесуваат и ги пре-земаат во инспекциската постапка.

Page 26: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

26

2.2 Основни начела на инспекцискиот надзор 2.2.1 Начело на законитост

И во овој Закон, како и во сите други кои содржат принципи на постапување, начелото на законитост е на прво место, бидејќи тоа претставува непосредна имплементација на начелото на владеење на правото накое почива и се гради секое демократско општество. Начелото на законитост во ЗИН е насочено кон работењето на инспекторот, односно прет-ставува правна рамка за неговата работа: инспекторот во вршење на надзорот е должен да постапува во согласност со Уставот, законите, ратификуваните меѓународни договори и други прописи донесени врз основа на закон.1

2.2.2 Начело на заштита на јавниот интересЗИН пропишува дека целта заради којашто инспекторот врши надзоре првенствено

остварувањето и заштитата на јавниот интерес, а потоа и на интересите на физичките и на правните лица кога се тие во согласност со јавниот интерес. Постапката за водење ин-спекциски надзор секогаш започнува еx officio или по службена должност, а иницијатива за нејзино започнување може да поднесе секое лице. При толкувањето и примената на одредбите на ЗИН за основните начела, треба да се има предвид дека начелото на зашти-та на јавниот интерес е детерминирано и поврзано со другите начела, особено со начело-то на законитост, начелото на материјална вистина и начелото на пропорционалност.

2.2.3 Начело на еднаквост, непристрасност и објективностИнспекторот во вршењето на инспекцискиот надзор е должен да обезбеди еднаква,

законита, непристрасна и објективна примена на законите, така што својата работа ќе ја врши совесно, стручно, ефикасно, уредно, навремено и непристрасно.

Како службено лице кое води постапка (во согласност со ЗОУП), инспекторот кој спро-ведува и врши надзор, предметот треба да го реши непристрасно и објективно, без ме-шање на личната позиција, статус, чувства и припадност во вршењето на работата.

ЗИН содржи одредби за утврдување одговорност на инспектор кој своите надлежнос-ти ги извршува несовесно, нестручно или непристрасно. Инспекторите одговараат дисци-плински во согласност со Законот за административните службеници, одговараат во по-себна дисциплинска постапка за одземање на лиценцата за инспектор која се води пред комисија формирана од Инспекцискиот совет, одговараат пред директорот на инспекто-ратот, односно пред раководното лице на инспекциската служба во којашто се вработени, како и пред претседателот и членовите наИнспекцискиот совет, бидејќи сите тие со ЗИН се овластени да покренат постапка за одземање на лиценцата за инспектор.

2.2.4 Начело на материјална вистинаИнспекторотпо службена должност ја утврдува фактичката состојба и изведува докази

во постапката.Субјектот на надзорот, во текот на постапката на инспекцискиот надзор, може да предлага и да поднесува докази.2

1 Пошироко за начелото на законитост е објаснето во делот од материјалот кој се однесува на начелото на законитост во ЗОУП.2 И за ова начело, пошироко во материјалот во кој се објаснети основните начела на ЗОУП.

Page 27: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

27

2.2.5 Начело на сослушување на субјектите на надзоротПред преземањето инспекциски мерки, инспекторот е должен да им даде можност на

субјектите на надзорот да се изјаснат за фактите и за околностите кои се утврдуваат при надзорот. Ова начело преставува операционализација во ЗИН на начелото на сослушу-вање на странките од ЗОУП.

2.2.6 Начело на самостојностНачелото на самостојност е начело кое е содржано во ЗИН, а кое не го содржи нови-

от ЗОУП. Имено, порано ова беше начело содржано во двата закона, но во новиот ЗОУП самостојноста како принцип, повеќе не опстојува. Ова начело значи дека инспекторот во вршењето на надзорот не е независен (инспекторите се дел од администрацијата која ја сочинува првенствено извршната власт и тие се спроведувачи, извршители на законот кои претставуваат дел од пирамидалната хиерархиска структура на извршната власт), но затоа, пак, кога носи одлуки во текот на спроведувањето на инспекцискиот надзор, тој е потполно самостоен во примената на соодветните законски норми. Поточно, ниту еден орган, ниту, пак, претпоставен, не може да бара од инспекторот да (не)спроведе надзор или, пак, да (не)донесе одредена одлука, доколку таквата дејност би била спротивна на неговите законски одлучувања.

Сепак, начелото на самостојност има свои одредени рамки. Теоретски, начелото на законитост е основната граница на самостојноста на инспекторите. Тие се самостојни во спроведувањето на надзорот сè додека тоа се движи во рамките на материјалната и на формалната законитост. Практично, пак, границите на самостојното дејствување на инспекторот се утврдени и во самиот ЗИН: од една страна, инспекторот е самостоен во одлучувањето кои дејства ќе ги преземе при вршењето на надзороти кои мерки ќе ги из-рече; од друга страна, инспекторот врши надзор според месечен план, писмена наредба на министер, директор, функционер на органот/градоначалник или по налог на претсе-дателот на Инспекцискиот совет.

2.2.7 Начело на јавностОва е уште едно начело содржано во ЗИН, а кое претставува посебно начело својстве-

но само за инспекцискиот надзор, бидејќи го нема предвидено во ЗОУП. Според ова на-чело, инспекцискиот надзор е јавен. Што тоа точно значи утврдува самиот законодавец: инспекциските служби во рамките на своите овластувања редовно ја информираат јав-носта за својата работа. Тие се должни да ја информираат јавноста за утврдените состој-би и неправилностите кај субјектите на надзорот при вршење на инспекцискиот надзор, како и за преземените инспекциски мерки доколку тоа е потребно заради заштита на животот и здравјето на луѓето или на имотот или заради потешки нарушувања на јавниот интерес.

2.2.8 Начело на пропорционалностИако целта на инспекцискиот надзор е заштита на јавни-

от интерес, сепак, ЗИН изречно, исто како и ЗОУП, го пропишува начело-то на пропорционалност како основно начело на инспекцискиот надзор.3

Тоа значи дека кога инспекторот ќе треба да одлучи која инспекциска мерка ќе ја изре-че, мора да се раководи и од тежината на недостатокот во работењето на субјектот на надзорот, од штетните последици по јавниот интерес и интересот на трети лица, како и од времето кое е потребно за субјектот на надзорот да ги отстрани штетните последици.

3 Подетално во делот во кој се објаснува ова начело во ЗОУП.

Page 28: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

28

Значи, целта на изрекувањето инспекциска мерка не е и не треба да биде репресијата, туку отстранувањето на настанатата штета за јавниот интерес или за трети лица, а притоа мерката да биде избрана сразмерно на незаконитоста во работењето на субјектот. При-тоа, инспекторот е особено должен да внимава да не се попречува ефикасното функцио-нирање на субјектот на надзорот.

2.2.9 Начело на превенцијаНачелото напревенција е во тесна корелација со начелото на пропорционалност. ЗИН

експлицитно пропишува дека инспекторот првенствено врши превентивна функција. От-тука, инспекцискиот надзор треба да биде сфатен и од страна на инспекторите, како и од страна на субјектите на надзорот како дејност на посебен вид државни органи (служби) чија цел е да придонесат со својата работа, па дури и со самото свое постоење кон зако-нито работење на сите субјекти на надзорот. Суштината на постоењето на инспекциските служби не е во казнувањето, не е во изрекувањето инспекциски мерки и санкции, туку во превентивното дејствување и влијание врз субјектите на надзорот да работат во соглас-ност со законите според кои ја вршат својата дејност. Доколку превентивното дејствување нема да ја оствари целта на надзорот, кога и покрај укажувањето субјектот нема да го усогласи своето работење со Законот, дури тогаш инспекторот треба да изрече инспекци-ска мерка или санкција и неуспешната превентивна функција на надзорот да ја претвори во репресивна.

2.2.10 Начело на субсидијарностОва начело секогаш подразбира примена на правилото дека посебниот закон го деро-

гира општиот. Во случајот на постапката за инспекциски надзор, општ закон е ЗОУП и тој се применува за сите прашања од инспекцискиот надзор, освен за оние кои се уредени со ЗИН или со посебен закон.4

2.2.11 Употреба на јазиците и писматаОдредбите од Законот за употреба на јазик што го зборуваат најмалку 20% од

граѓаните на Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа, соодветно се применува при инспекцискиот надзор.

4 Поопширно и за ова начело во делот каде што се објаснети основните начела на ЗОУП.

Page 29: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

29

2.3 Инспекциски служби

Инспекциските служби се организираат како:

» Инспекторати – органи во состав на министерствата со својство на правно лице со сопствена буџетска сметка како буџетски корисници од прва линија и со кој раководи директор што го именува и го разрешува Владата на Република Маке-донија; или

» Организациски единици во рамките на другите органи на државната управа, или во рамките на единиците на локалната самоуправа и градот Скопје. Со органи-зациската единица раководи службеник чие звање одговара на организацискиот облик на инспекциската служба, односно раководно лице на инспекциската служ-ба.

Постоењето посебен државен орган во областа на инспекцискиот надзор – Инспек-циски совет, формиран со изменитена ЗИН (Сл. весник бр. 147/13), претпоставува и вни-мателна анализа на односот помеѓу инспекциските служби и Инспекцискиот совет, од-носно прецизно и правилно дефинирање и разграничување на нивните надлежности.

Така, меѓу позначајните права и обврски на директорот на инспекторатот во однос на Инспекцискиот совет е изготвувањето предлог на годишна програма за работана ин-спекциската служба, која се доставува до Инспекцискиот совет најдоцна до 30 септем-ври во тековната година за наредната година. Понатаму, врз основа на донесената го-дишна програма за работа, директорот подготвува квартални планови за работана секој инспектор, кои збирно ги доставува на разгледување до Инспекцискиот совет, а најдоцна до 1 март во тековната година до Инспекцискиот совет доставува годишен извештај за работата на инспекциската служба за претходната година.

Функционерот на органот на државната управа за инспекциските служби организи-рани како организациски единици во органите на државната управа има исти надлеж-ности како и директорот на инспекторат. Сите тие надлежности за инспекциските служ-би организирани како организациски единици во општините и во градот Скопје ги врши градоначалникот самостојно.

Со свои надлежности (права и обврски), посебно утврдени во ЗИН, во однос на ин-спекциските служби располага и Инспекцискиот совет.

Претседателот на Инспекцискиот совет е должен да свика седница и да го стави на разгледување предлогот на годишната програма за работа на инспекциската служба и да даде мислењево насока на усогласување на годишната програма, најдоцна до 30 ноември во тековната година. Директорот на инспекторатот ќе ја донесе програмата најдоцна до 10 декември доколку не добие мислење од Инспекцискиот совет во пропишаниот рок. Тоа значи дека постои законска презумција дека доколку во предвидениот рок не е издадено мислење од страна на Инспекцискиот совет, ќе се смета дека е тоа позитивно и нема да претставува пречка за носење годишна програма на инспекциската служба. На функционерот на инспекциската служба му стојат на располагање десет дена од крајниот рок за издавање мислење за да ја донесе програмата.

Претседателот на Инспекцискиот совет е должен добиените квартални планови за работа да ги стави на разгледување, да подготви информација за работата на инспекциските служби и да ја достави до Владата најдоцна два месеца по истекот на кварталот.

На крајот, одредени надлежности во поглед на работата на инспекциските служби има и Министерството за информатичко општество и администрација, изразени преку обврската на министерот да ги утврди формата и содржината на програмата за работа,

Page 30: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

30

плановите и извештаите, а на предлог на Инспекцискиот совет.

Со ЗИН е утврден правниот статус, составот и делокругот на работа на Инспекциски-от совет. Инспекцискиот совет е самостоен државен орган со својство на правно лице. Неговиот состав го сочинуваатпретседател и шест члена кои функцијата ја извршуваат професионално. Претседателот и членовите на Инспекцискиот совет ги избира Владата на Република Македонија по пат на јавен конкурс и таа ги разрешува на мандат од 3 години со право на повторен избор.Критериуми за разрешување на членовите и на претседателот на Инспекцискиот совет не се пропишани со Законот. Претседателот и членовите на Инспекцискиот совет не можат да бидат членови во органи и во тела кои ги избира или ги именува Собранието или Владатa.

Инспекцискиот совет не само што има контролна и координативна улога во по-глед на работата на инспекциските служби туку овој орган, во согласност со ЗИН, има и непосредни овластувања во поглед на спроведувањето на инспекцискиот надзор. Имено, претседателот на Инспекцискиот совет е должен во рок од три дена да издаде налог до функционерот на инспекциската служба за вршење надзор над работата на определен субјект во три случаи:

» На барање на Државната комисија за одлучување во управна постапка и по-стапка од работен однос во втор степен како второстепен орган, кога е тоа по-требно за целосно утврдување на фактичката состојба на предметот по кој таа одлучува во втор степен;

» По пристигната иницијатива за надзор;

» По службена должност кога има потреба од спроведување координиран ин-спекциски надзор од страна на повеќе инспекциски служби.

Директорот на инспекторатот, односно раководното лице на организациската едини-ца има обврска да постапи по налогот на Инспекцискиот совет во рок од 3 работнидена. Доколку тоа не го стори, предвидени се сериозни овластувања на Инспекцискиот совет во насока на реализација на налогот - да го издаде налогот непосредно на инспекторот и истовремено да поведе постапка за разрешување на директорот на инспекторатот пред Владата на Република Македонија, односно да предложи покренување дисциплинска по-стапка против раководното лице на инспекциската служба која функционира како орга-низациската единица во рамките на органот на државната управа!

Во однос на обврската да се издаде налог за спроведување инспекциски надзор од страна на Инспекцискиот совет утврдена со ЗИН (во случаите објаснети во претходната рамка во текстот), потребно е да се истакне дека за нејзина реализација должни се да се грижат сите членови на Инспекцискиот совет еднакво. Така, ако таа обврска не биде ре-ализирана од страна на претседателот на Инспекцискиот совет (не биде издаден налог за вршење инспекциски надзор), членовите на Инспекцискиот совет се должни (немаат право, туку обврска) за тоа да ја известат Владата на Република Македонија во рок од три дена од денот на дознавањето. Од ова произлегува дека законодавецот предвидел, внатре во самиот Инспекциски совет, меѓу неговите членови и претседателот да постои однос на заемна контрола и баланс (check and balance).

Page 31: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

31

Понатаму, ЗИН предвидува право, но и обврска за Инспекцискиот совет, задолжително најмалку еднаш во месецот да одржи седница на која ќе расправа поединечно по сите претставки и поплаки поднесени од граѓаните и од правните лица за работата на инспекторите и на инспекциските служби и за секоја основана претставка и поплака да донесе одлука, најмногу во рок од 30 дена.

2.4 Статус на инспекторите

Инспектор може да биде лице кое: 

» Ги исполнува општите услови утврдени со законот со кој се регулираат правата и обврските на државните службеници или со друг закон; 

» Ги исполнува посебните услови утврдени со закон и со актот за систематизација на работните места во инспекциската служба; 

» Поседува меѓународно признат сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење, и тоа еден од следниве:

» Certiport: IC3 GS4 Key Applications – положен; 

» Microsoft: MOS Word или MOS Excel – положен; или 

» ECDL: Core – положен.

» Има добиено позитивно мислење за соодветност за работното место со полагање психолошки тест и тест за интегритет во Агенцијата за администрација; и 

» Има лиценца за инспектор од областа на надлежноста на инспекциската служба.Условите за стекнување лиценца за инспектор се лицето да има најмалку пет години

работен стаж во соодветната област на инспекциската служба по дипломирање и да има положен испит за инспектор. Инспекцискиот совет го спроведува испитот и ја издава лиценцата чија важност е шест години, а во текот на последната година од важноста, инспекторот е должен повторно да го полага испитот за инспектор. По три неуспешни обиди за полагање испит, на инспекторот му престанува работниот однос.

Во ЗИН се утврдени основите за одземање на лиценцата за инспектор и доколку на-стане некоја од тие околности, Инспекцискиот совет има обврска да донесе решение за одземање на лиценцата на инспекторот:

» Губење работна способност која се засметува со денот на доставувањето пра-восилно решение за утврдување загубена работна способност;

» Престанок на државјанството на Република Македонија, што се засметува со де-нот на доставувањето на решението за отпуст од државјанство; 

» Осуденост за кривично дело во врска со службената должност кое го прави не-достоен за инспектор,што се засметува со денот на правосилноста на пресудата;

» Изрекување казна за забрана за вршење професија, дејност или должност, што се засметува со денот на правосилноста на пресудата;

» Издржување казна затвор во траење подолго од шест месеци, со денот на започ-нувањето на издржување на казната; и

» Навршување 64 години старост.За претходно наведените случаи, директорот на инспекторатот, функционерот кој

раководи со органот, односно раководното лице на инспекциската служба е должно да го извести Инспекцискиот совет, во рок од седум дена од денот на осознавањето дека се случиле.

Page 32: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

32

ЗИН пропишува и основи за поведување дисциплинска постапка од страна на Инспек-цискиот совет против инспектор, при што со самото поведување на дисциплинската по-стапка, Инспекцискиот совет е должен на инспекторот за одреден временски период да му ја одземе лиценцата за времетраењето на постапката. Тие основи се следниве:

» Нестручно и несовесно вршење на работата;

» Годишна оцена „не задоволува“;

» Непристојно, навредливо или насилничко однесување при вршење на работата;

» Одбивање да даде или да дава неточни податоци на ИС,инспекциските служби или на странките;

» Незаконито располагање со материјалните средства на инспекциската служба;

» Одбивање да постапи по налог од ИС за вршење надзор;

» Непочитување наетичкиот кодекс за инспекторите;

» Злоупотреба на статусот на инспектор заради лична или материјална корист;

» Злоупотреба на личните податоци на субјектот на надзор или оддавање класифицирана информација;

» Работа под дејство на алкохол или наркотични средства.Во погоре наведените случаи, претседателот, членот на Инспекцискиот совет, дирек-

торот на инспекторатот, функционерот кој раководи со органот, односно раководното лице на инспекциската служба, се должни да побараат поведување дисциплинска постап-ка до Инспекцискиот совет во рок од шест месеци од денот на осознавањето на сторената повреда, но не подолго од три години од денот кога е сторена повредата.

Граѓаните и правните лица поднесуваат претставки и поплаки за работата на инспек-торите и на инспекциските служби. Инспекцискиот совет задолжително најмалку еднаш во месецот одржува седница на која расправа поединечно по сите претставки и поплаки поднесени од граѓаните и од правните лица за работата на инспекторите и на инспекци-ските служби и за секоја основана претставка и поплака донесува одлука, најмногу во рок од 30 дена(член 16-а).

Претседателот, членот на Инспекцискиот совет, директорот на инспекторатот, функ-ционерот кој раководи со органот, односно раководното лице на инспекциската служба, се тие кои поднесуваат барање за поведување дисциплинска постапка до Инспекцискиот совет (член 19-а).

Откако ќе биде доставено барањето (чии елементи се точно утврдени во Законот за инспекциски надзор), дисциплинската постапка се одвива на тој начин што Инспекцискиот совет со решение формира дисциплинска комисија. Таа комисија е со однапред определен состав, и тоа:

» Еден претставник од Агенцијата за администрација;

» Еден член од вработените во инспекциската служба во која е вработен инспекто-рот;

» Еден член од редот на раководните инспектори во која било друга инспекциска служба.

Дисциплинската комисија го доставува барањето и доказите лично до инспекторот против кој е поднесено. Инспекторот во тој случај има две можности. Писмено да одго-вори на наводите во барањето и да ги достави своите докази или да даде усна изјава на записник во рок од пет дена од добивањето на барањето.

Page 33: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

33

Потоа, доколку оцени дека се потребни, дисциплинската комисија со барање при-бавува податоци и докази кои се од интерес за утврдување на состојбата во врска со утврдување на дисциплинската одговорност. Рокот за донесување одлука по поведената дисциплинска постапка е 20 дена од нејзиното поведување.

Дисциплинската комисија може да утврди дека постои дисциплинска одговорност и да изрече дисциплинска мерка. Во овој случај, инспекторот има право на приговор до Инспекцискиот совет. Овој приговор, во согласност со Законот, му нуди на Инспекторот второстепена заштита во однос на одлуката донесена во првостепената дисциплинска постапка. Рокот за одлучување од страна на Инспекцискиот совет е три дена. Во случај Инспекцискиот совет да ја потврди одлуката, носи две решенија. Едно со кое ја потврду-ва самата одлука, а друго со кое ја одзема лиценцата на инспекторот. Со тоа, работниот однос на Инспекторот престанува. Инспекторот во ваков случај има можност да се обра-ти со тужба до Управниот суд.

Законот, сепак, нуди можност инспекторот кому еднаш му е одземена лиценцата од страна на Инспекцискиот совет повторно да ја стекне. Имено, инспекторот може да по-лага инспекциски испит и повторно да ја стекне лиценцата, откако ќе изминат три години од денот на престанувањето на работниот однос.

Барање до ИС со

докази

ИС за одреден временски период ја одзема лиценца-та за инспектор и формира

комисија

Го доставува барањето со

доказите

Дисциплинската комисија носи одлу-ка во рок од 20 дена

Ако ја потврдува мерката, ја одзема лиценцата со

решение и работниот однос на инспекторот престанува

ИС носи одлука во рок од 3 денаИнспекторот одговара

писмено или дава усна изјава во рок од 5 дена

Комисијата му го дос-тавува барањето и дока-

зите на инспекторот

Ако е изречена мерка, инспекторот има право на

приговор до ИС

Покрај другото, ЗИН содржи и одредби во однос на категориите на работни места на инспекторите. Имено, работните места на инспекторите се класифицираат во две кате-гории:

» Категорија Б – раководни инспектори; и

» Категорија В – инспектори.Во рамките на овие две категории се утврдуваат повеќе нивоа на работни места на

инспекторите. Така, во категоријата Б – раководни инспектори има:

» Б1 – раководни инспектори од прво ниво;

» Б2 – раководни инспектори од второ ниво;

» Б3 – раководни инспектори од трето ниво;

» Б4 – раководни инспектори од четврто ниво.Четири нивоа на работни места се, исто така, предвидени и во рамки на категоријата В.

Page 34: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

34

2.5 Испит за инспекторКако новина во областа на инспекцискиот надзор се предвидува испитот за инспек-

тори. Во согласност со Законот, овој испит се полага заради проверка на стручната оспо-собеност на кандидатите за самостојно вршење инспекциски надзор, како и познавање и примена на прописите од делокругот на работа на инспекциската служба. Оттаму, во согласност со наведените цели на испитот, тој се состои од два дела, теоретски дел и студија на случај.

Во првиот, теоретски дел, инспекторите се испитуваат за четири области, и тоа:

» Општата управна постапка;

» Инспекциската постапка;

» Прекршочната постапка;

» Посебната постапка од областа на инспекциската служба за која се издава лицен-цата за инспектор.

Во овој дел од испитот, секој инспектор добива најмалку 60 прашања со пет алтер-нативни одговори. Од нив, само еден е целосно точен, два одговори се слични на точниот, еден е неточен во мал обем, а еден е неточен во голем обем.Вовториот дел од испитот, ин-спекторот добива две студии на случај од областа за која се издава лиценца за работа. За овие две студии се изготвени прашања кои содржат по десет алтернативни одговори. Од овие одговори еден е точен, пет се слични на точниот, четири се различни од точниот. За време на полагањето на овој дел е дозволено да се употребуваат закони (без коментари и објаснувања).

Законот содржи и низа технички одредби, во врска со спроведувањето на инспек-цискиот испит. Предвидено е дека испитот го спроведува Инспекцискиот совет во прос-торија за полагање испит, посебно опремена со материјално-техничка и информатичка опрема, интернет-врска и опрема за снимање на полагањето. Опремата за снимање на полагањето е потребна, бидејќи постои законска обврска полагањето да се снима и да се емитува на веб-страницата на Инспекцискиот совет, во живо.

Се смета дека инспекторот го положил испитот доколку од вкупниот број поени освоил над 70%.

2.6 Успешност на инспекторитеВо ЗИН се предвидува обврска за следење на успешноста на инспекторите. Оваа об-

врска ја имаат Инспекцискиот совет, директорот, односно раководното лице на инспекци-ската служба. Станува збор за законска обврска предвидена со неколку цели:

» Јакнење на личната мотивација на инспекторот;

» Зајакнување на ефикасноста и на професионалноста при вршењето инспекциски надзор;

» Професионално напредување во службата.Како составен дел од следењето на успешноста на инспекторите, директорот на ин-

спекторатот, односно раководното лице на инспекциската служба, најдоцна до крајот на јануари во тековната година врши годишно оценување на успешноста на инспекторите за претходната година. Станува збор за оценување кое се врши врз основа на квантитативни и квалитативни критериуми.

Page 35: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

35

Во согласност со ЗИН, квантитативните критериуми за успешност на инспекторите се податоците од кварталниот план за работа и кварталниот извештај за работата на инспекторот во однос на вредноста на планираните надзори и вредноста на извршени надзори за секој квартал. Споменатите поими преку кои се дефинираат квантитативните критериуми се објаснети во натамошните одредби од ЗИН.

Квалитативните критериуми, пак, се податоците добиени преку електронскиот сис-тем за инспекциски служби или преку друга евиденција за:

» Почитувањето на законските рокови за подготвување на записниците и донесување на решенијата;

» Односот меѓу бројот на потврдени или на укинати решенија со вкупниот број решенија; и

» Водењето записници и решенија во електронски формат, уредноста во водењето на предметите кои се во работа кај инспекторот и квалитетот на писменото изразување на инспекторот.

Врз основа на вака поставените критериуми, се врши бодување, од што понатаму се оформува годишната оцена за успешност на инспекторот. Притоа, во согласност со ЗИН, годишната оцена за успешност на инспекторот може да биде:

» Особено се истакнува – над 600 бода;

» Се истакнува – од 500 до 600 бода;

» Задоволува – од 400 до 500 бода;

» Делумно задоволува – од 300 до 400 бода;

» Не задоволува – под 300 бодови.

Максимален број бодови, пак, е 660 бодови.

2.7 Права, обрски и овластувања на инспекторитеПри вршењето на инспекцискиот надзор, во согласност со Законот, инспекторот има

неколку обврски:

» Да постапува по иницијативи за поведување инспекциска постапка и за тоа да го извести подносителот на иницијативата;

» Да го известува одговорното лице на субјектот на надзорот за почетокот на вр-шењето на инспекцискиот надзор, освен ако со закон поинаку не е утврдено или ако со таквото известување се намали ефикасноста на надзорот, или заради заштита на јавниот интерес, животот и здравјето на луѓето и на имотот;

» Да се легитимира пред субјектот на надзорот, односно пред одговорното или дру-го овластено лице на субјектот на надзорот;

» Да состави записник за извршениот инспекциски надзор;

» Да ја чува тајноста на класифицираните податоци;

» Да постапува законито, навремено и во согласност со етичкиот кодекс на држав-ните службеници и етичкиот кодекс на инспекциската служба; и

» Да го извести одговорното лице на субјектот на надзорот за законската основа за вршење надзор.

Page 36: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

36

Законот, предвидува и права и обврски на инспекторот за отстранување на неправил-ностите утврдени при спроведувањето на надзорот:

» Да му укаже на субјектот на утврдените неправилности и да определи рок за нивно отстранување;

» Да му нареди да преземе мерки и активности во рок кој ќе го определи инспекто-рот;

» Привремено да му забрани вршење дејност, професија или должност;

» Привремено да му одземе предмети и средства со кои е сторено кривично дело или прекршок;

» Да поднесе барање за поведување прекршочна постапка; и

» Да поднесе кривична пријава или да поведе друга соодветна постапка.Освен обврски, Законот предвидува и овластувања за инспекторот. Станува збор за

низа овластувања кои соодветствуваат на целта на инспекцискиот надзор и се неопходни од аспект на извршувањето на должностите на инспекторот.

2.8 Права на субјектот на надзоротВо постапката за инспекциски надзор, права нема само инспекторот туку и субјектот

на надзорот. Тие права се стипулирани со цел заштита на субјектот на надзорот при вр-шењето на инспекцискиот надзор. Субјектот на надзорот има две права:

Да дава изјави на записник и забелешки во однос на законитоста на постапката на инспекцискиот надзор; и

Да одбие да го потпише записникот ако не се согласува со фактите кои му се наве-дени во записникот или ако му е оневозможено правото да даде изјава;

2.9 Постапка за вршење на инспекциски надзор

2.9.1 Видови инспекциски надзор Во согласност со нашето законодавство, постојат три вида инспекциски надзор.

Тие се разликуваат меѓу себе во неколку обележја. Најнапред, го имаме редовниот ин-спекциски надзор. Станува збор за најавен надзор кој се врши врз основа на програма-та за работа на инспекциската служба. Вториот вид е вонредниот инспекциски надзор. Овој, за разлика од првиот, е ненајавен и се врши врз основа на иницијатива од држав-ни органи, физички или правни лица, како и во случај на сомневање на инспекторот (по службена должност).Последниот вид инспекциски надзор е контролниот. Се врши по истекот на рокот определен во инспекцискиот акт донесен од страна на инспекто-рот. Оттаму, овој вид инспекциски надзор се врши со цел утврдување дали субјектот на надзорот постапил по инспекцискиот акт во целост, постапил делумно или, пак, во-општо не постапил. Непостапувањето, односно делумното постапување по инспекци-скиот акт, претставува основа за примена на инспекциските мерки во согласност со Законот.

Page 37: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

37

2.9.2 ЗаписникПри вршењето на инспекцискиот надзор, инспекторот, по правило, составува запис-

ник на местото на вршење на надзорот. Меѓутоа, Законот предвидува и исклучок од ова правило. Така, во случаите кога поради обемот и сложеноста на надзорот или поради по-стоењето околности поради кои не е возможно составување записник во текот на надзо-рот, записникот ќе се состави во службените простории на инспекциската служба во рок од три дена од денот на надзорот. Притоа, мора да биде образложена причината поради која записникот се составил во службените простории.

Записникот, составен од страна на инспекторот на местото на извршувањето на ин-спекцискиот надзор, се потпишува од страна на инспекторот и субјектот на надзорот. Сепак, субјектот на надзорот има право да го одбие потпишувањето на записникот од спроведениот надзор. Во ваков случај, инспекторот во записникот ги наведува причи-ните за одбивањето. Доколку, пак, записникот се составува во службените простории на инспекциската служба, тој му се доставува на субјектот на надзорот. Субјектот има рок од 8 дена од приемот да се произнесе по него. Ако тој не се произнесе, односно не го врати потпишан, се смета дека е согласен со неговата содржина, што значи дека Законот пред-видува претпоставена согласност на субјектот на надзорот.

Записникот во согласност со Законот има строго утврдена содржина. Во него мора да се содржани следниве елементи:

» Називот на инспекциската служба која го врши надзорот;

» Местото на надзорот, денот и часот кога се врши надзорот;

» Предметот на надзорот;

» Имињата на инспекторите, на присутните лица и на нивните застапници и полно-мошници.

Записникот мора да биде составен јасно и разбирливо. Формата и задолжителните елементи на записникот од извршениот инспекциски надзор ги пропишува министерот за информатичко општество и администрација.

Субјектот на надзорот има право да бара да му биде доставен записникот од спроведениот надзор по електронска пошта. Инспекторот тогаш е должен да го достави записникот во електронска форма во рок од пет дена.

2.9.3 ОдлукиВо согласност со Законот за инспекциски надзор, постојат две одлуки кои инспек-

торот ги донесува во постапката за инспекцискиот надзор. Тука влегуваат заклучокот и решението.

Заклучок се донесува во случаите кога се решава за процедурални прашања, однос-но прашања од аспект на постапката на надзорот. Писмен заклучок се донесува само во случаите кога на заклучокот е дозволена жалба. Законот предвидува една ситуација во која инспекторот е должен да донесе заклучок. Тоа е ситуацијата во која при инспекци-скиот надзор не се утврдени недостатоци, односно недостатоците се отстранети во текот на инспекцискиот надзор. Тогаш инспекторот задолжително донесува заклучок за запи-рање на постапката.

Решението, пак, се носи во случаите кога при вршењето на инспекцискиот надзор инспекторот ќе утврди дека е повреден закон или друг пропис. Решението се носи без одлагање, а најдоцна во рок од 8 дена од завршувањето на надзорот. Со решението се предвидува рок за отстранување на недостатоците, а во случаите кога тоа е предвидено со закон и со инспекциска мерка. Решението се донесува во писмена форма. Во Законот

Page 38: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

38

е предвидена можност инспекторот да изрече инспекциски мерки и со усно решение на записник, но само во случаите кога тој ќе оцени дека тоа е неопходно за отстранување на непосредна опасност по животот и по здравјето на луѓето, имотот од поголема вредност или кога е во прашање заштита на друг вид јавен интерес. Сепак, дури и во овој случај, инспекторот има рок од 3 дена по изрекувањето на усното да донесе писмено решение.

Забелешка: иако Законот за инспекциски надзор го предвидува заклучокот како одлука, новиот Закон за општа управна постапка не го препознава овој вид правен акт, односно одлука во управната постапка. Оттука, овие одредби на ЗИН имаат суб-сидијарно важење во однос на одредбите за видовите одлуки во управна постапка содржани во ЗОУП.

2.9.4 Правно средство Против решението на инспекторот може да се изјави жалба во рок од осум дена од

денот на приемот на решението ако со закон не е предвиден пократок рок. По жалбата против решението на инспекторот одлучува Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и на прекршочната постапка.За жалбата се плаќа такса. Комисијата одлучува на седници на кои мора да присуствуваат најмалку 5 члена, а седниците се тајни. Рокот за одлучување на Комисијата изнесува два месеца од денот на поднесување на жалбата. Против решението на Државната комисија дозволена е тужба за поведување управен спор пред Управниот суд.

2.9.5 Трошоци во инспекциската постапкаНа чиј товар ќе паднат трошоците од спроведената постапка по инспекциски надзор

зависи од исходот на постапката. Имено, трошоците за инспекциска постапка завршена без изрекување инспекциска мерка паѓаат на товар на инспекциската служба чиј инспек-тор ја спровел постапката. Доколку, пак, инспекцискиот надзор резултирал со изрекување инспекциска мерка, трошоците од спроведената постапка ги сноси субјектот на надзорот кому му е изречена мерката.

Page 39: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

39

2.10 Заедничко вршење инспекциски надзор ЗИН предвидува задолжително вршење заеднички или координиран инспекциски

надзор во следниве случаи:

» Ако тоа е неопходно за отстранување непосредна опасност по животот или по здравјето на луѓето или на имотот од поголема вредност; 

» Ако тоа е неопходно за преземање итни мерки кои не трпат одлагање; 

» Ако тоа е неопходно заради сложеноста на надзорот;

» Ако тоа е неопходно за контрола на објекти од посебно значење за туризмот, трго-вијата, угостителството, сообраќајот и друго, заради земање примерок од стока и други предмети чија контрола е во надлежност на повеќе инспекции; 

» Ако се оцени дека надзорот на тој начин може да се изврши побрзо и со помалку трошоци и губење време; 

» Ако тоа е неопходно за разгледување наводи во иницијатива или во поплака, а тоа е во надлежност на два или на повеќе органи на државната управа.

2.11 Прекршочни одредбиИнтересен е фактот што ЗИН е еден од ретките закони кој предвидува сериозно ви-

соки глоби за непочитување на своите законски надлежности на класичните државни органи, како што е Инспекцискиот совет, покрај тоа што предвидува глоба за правните и за физичките лица како субјекти на надзорот. Така, за неизвршување на законски пропи-шаните обврски (неизвршување наредба, недавање податоци, необезбедување пристап и сл.) во текот на инспекцискиот надзор, на субјектот на надзорот му се изрекува глоба за прекршок:

» Од 2000 до 3000 евра за правно лице;

» Од 1000 до 1500 евра на одговорното лице во правното лице;

» Од 1000 до 1500 евра на физичко лице.Истовремено, законодавецот пропишал и исклучително високи глоби занепочиту-

вање и за неизвршување на обврските пропишани со ЗИН на инспекторите што го спро-ведуваат надзорот, па дури и за самиот Инспекциски совет како контролен орган, и тоа како за претседателот на Инспекцискиот совет така и за неговите членови:

» Од 1500 до 3000 евра за претседателот на Инспекцискиот совет; или

» Од 7500 до 15000 евра за претседателот на Инспекцискиот совет, како и за ди-ректорот на инспекторатот;

» Од 1500 до 3000 евра на член на Инспекцискиот совет.

Page 40: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

40

3. ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА

3.1 Предмет на Законот за прекршоци (ЗП) и основни поимиВо согласност со Законот за прекршоците од 2015 година (во натамошниот текст: ЗП

или Законот), предмет на уредување се општите услови за:

» Пропишување на прекршоците и на прекршочните санкции;

» Утврдување прекршочна одговорност;

» Изрекување и извршување прекршочни санкции; и

» Забрзаните прекршочни постапки.Освен тоа, со ЗП се пропишува и посебна прекршочна постапка што ја водат судовите,

односно прекршочните органи. Заклучокот на кој упатува оваа формулација од Законот за прекршоците е дека прекршочната постапка може да се води пред:

» Судовите; односно

» Прекршочните органи.Прекршочни органи во согласност со поимникот од Законот се државните органи, ор-

ганите на државната управа или организациите и другите органи што вршат јавни овлас-тувања надлежни за изрекување прекршочни санкции.

3.2 Примена на нормите од други закониОсвен ЗП за прекршокот и прекршочната одговорност, соодветно се применуваат

одредбите од општиот дел на Кривичниот законик. Во поглед на постапката, пак, ако со одредбите од ЗП не е поинаку определено, судовите ги применуваат одредбите од Законот за кривичната постапка. Државните органи, од друга страна, во поглед на постапката (кога поинаку не е утврдено со ЗП) ги применуваат одредбите од Законот за општата управна постапка. Тука најнапред би ги споменале одредбите во поглед на основните начела, месната надлежност, судирот на надлежности, изземањето, записниците и така натаму.

3.2.1 Основни начелаВо согласност со ЗП, основно начело во поглед на определувањето на прекршоците и

пропишувањето на прекршочните санкции е начелото на законитост. Според ова начело, никому не може да му биде изречена прекршочна санкција за прекршок кој, пред да биде сторен, не бил со закон определен како прекршок и за кој со закон не била пропишана санкција.

Page 41: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

41

Останатите начела се пропишани во Законот за кривичната постапка, во согласност со споменатата супсидијарна примена. Тука би се вброиле начелото на пресумција на невиност, начелото на законитост и пропорционалност, начелото на објективност, наче-лото на слободна оцена на доказите и на останатите начела пропишани во Законот за кривичната постапка.

3.2.2 Општи одредбиЗП содржи мал број одредби кои се класифицирани во општите одредби. Во овој дел

од ЗП се предвидени санкциите кои се изрекуваат за сторен прекршок:

» Прекршочна санкција за полнолетен сторител;

» Прекршочна санкција за деца;

» Прекршочна санкција за правни лица; и

» Посебни прекршочни мерки.

3.3 Прекршок и прекршочна одговорност

3.3.1 Дефиниција на прекршокотДефиницијата на прекршокот е предмет на самиот ЗП. Во согласност со определу-

вањето на прекршокот од формална страна, без навлегување во материјалните аспекти, тој се дефинира со формулацијата приложена во рамката:

Против правно дело кое со закон е определено како прекршок, чии обележја се предвидени со закон и за кое е пропишана прекршочна санкција.

3.3.2. Oдговорност на физички лица

Во согласност со поимникот на ЗП, под физичко лице се опфаќа и одговорно лице во правно лице, трговец-поединец, службено лице, воени лица и лице кое самостојно врши дејност.

ЗП предвидува дека физичкото лице одговара и во случаите кога има небрежност, освен доколку со материјалниот закон не е пропишано барањето за умисла. Оттаму, за-клучокот е дека физичкото лице во секој случај одговара при постоењето умисла. При постоењето небрежност, пак, физичкото лице одговара во сите случаи освен во оние во кои самите прекршочни одредби за конкретен прекршок бараат умисла. Сепак, мате-ријални закони во кои е пропишано дека за извесен прекршок ќе се одговара само при постоење умисла, речиси нема.

Како физички лица кои одговараат за сторен прекршок, ЗП ги предвидува и одговор-ното лице во правно лице или одговорното лице во трговец-поединец. Тие одговараат за прекршок кога до прекршок дошло поради нивно дејство, пропуштање дејство и про-пуштање должен надзор.

Page 42: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

42

3.3.3 Одговорност на правно лице

Во согласност со поимникот на ЗП, како правно лице се опфаќаат Република Македонија, државни органи, единици на локалната самоуправа, политички партии, јавни претпријатија, трговски друштва, установи, здруженија, фондации, сојузи и ор-ганизациски облици на странски организации, спортски здруженија и други правни лица од областа на спортот и други правни лица.

Сите правни лица се одговорни, кога тоа е пропишано со законот со кој е пропишан прекршокот (материјалниот закон). Правното лице е одговорно кога до извршувањето на прекршокот дошло со:

» Дејство;

» Пропуштање дејство;

» Пропуштање должен надзор од страна на надлежниот орган или на одговорното лице во правното лице; или

» Дејство или пропуштање дејство од страна на друго лице кое било овластено да постапува во името на правното лице, во рамките на својот надзор, или кога ги пре-чекорило своите овластувања заради остварување корист за правното лице.

Прекршочната одговорност на правното лице не ја исклучува одговорноста на стори-телот на прекршокот.

Законот содржи одредби со кои од одговорност се изземаат Република Македонија, државните органи и советите на единиците на локалната самоуправа.

Правните лица кои, пак, се во стечај, одговараат за прекршоците извршени пред отпо-чнувањето на стечајната постапка. Може да им се изречат само посебни мерки конфиска-ција на имот, имотна корист и одземање предмети.

Во Република Македонија, прекршочно одговараат и странските правни лица доколку прекршокот е сторен на територијата на Република Македонија или, пак, предизвикува последици на таа територија.

3.3.4 Одговорност за прекршок на другВо случаите определени со закон, родителот или старателот е одговорен за прекр-

шок на дете и ќе биде санкциониран ако до извршувањето на прекршокот дошло со про-пуштање на должниот надзор.

Одговорното лице во правно лице или трговец-поединец, во случаите предвидени со закон, одговара за прекршок сторен од вработен во тоа правно лице или кај трговец-пое-динец, ако до извршување на прекршокот дошло со пропуштање на должниот надзор врз работењето.

Одговорноста на одговорното лице во правното лице или трговецот-поединец не ја исклучува одговорноста на сторителот.

3.3.5 Останати релевантни одредби во поглед на одговорностаВо согласност со ЗП, не постои одговорност за обид за прекршок, освен кога тоа е оп-

ределено со закон. Нема одговорност ниту за поттикнување и помагање прекршок, докол-ку тоа не е предвидено со закон.

Page 43: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

43

3.4 Прекршочни санкции

3.4.1 Прекршочни санкции за полнолетни сторителиНа полнотелни сторители на прекршок им се изрекува:

» Опомена;

» Глоба;

» Престанок на важење возачка дозвола;

» Забрана за управување со моторно возило;

» Забрана за вршење дејност, професија или должност;

» Протерување странец од земјата;

» Задолжително лекување алкохоличари и наркомани (лица со болести на завис-ности);

» Задолжително психијатриско лекување на слобода; и

» Забрана за влез и присуство на спортски натпревари.Од наведените санкции, единствените кои се нови во согласност со ЗП од 2015 годи-

на се задолжително психијатриско лекување на слобода и забрана за влез и присуство на спортски натпревари.

3.4.2 ГлобаГлобата се пропишува и изрекува како главна санкција. 5

Станува збор за извесен паричен износ кој сторителот на прекршокот мора да го пла-ти, како санкција за сторениот прекршок. Минималните и максималните износи на глоби-те се предвидени со ЗП. Сепак, со материјалните закони со кои се пропишува прекршокот може да се пропише и повисок износ на глобата. Таквата можност која ја воспоставува ЗП често се користи од страна на законодавецот, односно повисоки износи на глобите се предвидуваат речиси во секој материјален закон каде се пропишани прекршоци.

Глобата за физичко лице, според ЗП, не може да биде износ помал од 15 евра во де-нарска противвредност, ниту поголем од 1000 евра во денарска противвредност. Кога станува збор за одговорно лице во правно лице и трговец-поединец, глобата е 30% од одмерената глоба за правното лице, односно трговецот-поединец. Глобата за службе-ното лице не може да биде помала од 50 евра, ниту поголема од 2000 евра во денарска противвредност. Сепак, споменатата можност за пропишување повисоки глоби со мате-ријалните закони ги доведува овие правила за висината на глобата на степен на исклу-чок.

Кога ќе се изрече санкција, глоба на физичко лице, во одлуката за прекршокот се определува рокот за плаќање на глобата. Тој рок не може да биде пократок од осум дена, ниту подолг од 30 дена од денот на правосилноста, односно конечноста на одлуката. Само во извесни случаи предвидени со Законот, рокот може да се продолжи, но не за повеќе од шест месеци. Присилното извршување се спроведува во согласност со Законот за даночната постапка. Овие одредби се новини внесени со ЗП.

Освен глобата, и останатите санкции се детално уредени со ЗП.

5 Опомена може да се изрече за прекршок сторен под такви олеснителни околности кои го прават особено лесен. Опомената може да се изрече и ако прекршокот се состои од неисполнување на пропишаната обврска, или со прекр-шокот е нанесена штета, а сторителот пред донесувањето на одлуката за прекршок ја исполнил пропишаната обврска, односно ја отстранил или ја надоместил нанесената штета.

Page 44: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

44

3.4.3 Прекршочни санкции за правни лица и трговец-поединецНа правно лице се изрекува:

» Опомена;

» Глоба;

» Привремена забрана за вршење одделна дејност.Опомената претставува нова санкција во согласност со ЗП. Од друга страна, глобата е

санкција која отсекогаш се предвидувала за прекршоците. Максималните и минималните односи се повторно, како и кај физичките лица, предвидени во ЗП. Минималниот износ на глобата за правно лице е 200 евра во денарска противвредност. Максималниот пак, е 5000 евра во денарска противвредност. Кај трговецот-поединец сумите се помали, од-носно минималниот однос е 50 евра, а максималниот 2000 евра во денарска противвред-ност. Сепак, исто како и кај глобата за физичките лица, ЗП дозволува со материјалните закони да се предвиди и повисока глоба за правните лица.

ЗП дозволува за одделни прекршоци (од областа на заштита на конкуренцијата, областа на животната средина, како и во други области утврдени со закон) да може да се пропише глоба во процентуален износ кој изнесува до 2% од вкупните приходи на правното лице во претходната финансиска година.

Во однос на одделни прекршоци од областа на електронските комуникации, пак, може да се пропише глоба во процентуален износ до 10% од вкупните приходи на правното лице во претходната финансиска година.

ЗП предвидува дека глобата за правно лице и за трговец-поединец се одмерува спо-ред неколку критериуми:

» Вкупен приход остварен во претходната фискална година;

» Просечен број вработени врз основа на состојбата на крајот на претходниот месец во однос на месецот во кој е сторен прекршокот;

» Претходно поведение на сторителот.Врз основа на овие критериуми, глобата се одмерува на начините предвидени во ЗП.

3.4.4 ЗастареностВо ЗП е предвиден рок, по чие истекување прекршочната постапка не може да се по-

веде ниту да се води. Поинаку речено, постои преклузивен законски рок,6 кој оневозможу-ва поведување и водење прекршочна постапка. Имено, тој рок е три години од денот кога е сторен прекршокот.

Рок на застареност постои не само во однос на поведувањето и водењето на постапка-та туку и во поглед на извршувањето на прекршочната санкција. Така, санкцијата не може да се изврши доколку од денот на правосилноста на одлуката поминат три години.

6 Преклузивен рок се нарекува оној рок по чие истекување се губи правото, односно по чие истекување некое дејство не може да се преземе.

Page 45: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

45

3.5 Забрзани постапкиВо ЗП се предвидени две забрзани постапки. Тука влегуваат постапката за порамну-

вање и постапката за спогодување. Треба да се нагласи дека станува збор за постапки кои се познати во македонското законодавство, меѓутоа досега тие не беа дефинирани како забрзани постапки.

Постапки за порамнување:

» Мандатна постапка со издавање мандатен платен налог;

» Постапка за издавање прекршочен платен налог.

Постапки за спогодување:

» Постапка за спогодување со физички и правни лица;

» Постапка за спогодување со деца.

Целта на забрзаните прекршочните постапки е да се постигне согласност помеѓу сто-рителот на прекршокот и надлежниот орган. Согласноста се однесува на отстранување-то на штетните последици на сторениот прекршок. Доколку таа согласност се постигне, тогаш се избегнува водењето на прекршочната постапка пред надлежниот суд, односно прекршочен орган. Надлежните државни органи кои се овластени за поведување прекр-шочна постапка се должни да му предложат на сторителот на прекршокот една од забр-заните постапки кога тоа е утврдено со закон.

3.6 Одредби од значење за инспекторот за постапката за порамнување

Кога овластениот орган за поведување прекршочна постапка (инспекторот) ќе кон-статира прекршок, тој составува записник. Во тој записник се забележуваат:

» Битните елементи на дејството од кое произлегува правното обележје на прекршокот;

» Времето и местото на правење на прекршокот;

» Начинот на правење на прекршокот;

» Опис на дејствието и лицата затекнати на самото место.Освен тоа, овластениот орган (инспекторот) дава и предлог за порамнување со

издавање мандатен, односно прекршочен платен налог.

Ако сторителот го признае делото што му се става на товар или ако овластеното службено лице прекршокот го утврди лично или го утврди со употреба на соодветни тех-нички средства и направи, службеното лице веднаш ќе издаде прекршочен платен налог.

Постапката за порамнување се смета за започната со врачувањето прекршочен пла-тен налог (во кој се утврдува изосот на глобата). За ова дејство се составува записник.

По приемот и по потпишувањето на прекршочниот платен налог, сторителот е должен да ја плати глобата во рок од осум дена од приемот на прекршочниот платен налог на сметката означена во платниот налог. Сторителот кој ќе ја плати глобата во пропишаниот рок (8 дена) ќе плати половина од изречената глоба, а за ова право се поучува во прав-ната поука.

Page 46: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

46

Ако сторителот не ја плати глобата во законскиот рок од 8 дена, службеното лице по-днесува барање за поведување прекршочна постапка до надлежниот суд, односно прекр-шочен орган.

3.7 Одредби од значење за инспекторот за постапката за спогодувањеПостапката за спогодување, како што веќе се спомена, се спроведува заради постигну-

вање согласност сторителот на прекршокот да ја плати глобата, да ги отстрани последи-ците од сторениот прекршок или да исполни некоја обврска. Таа се води пред посебна Ко-мисија за спогодување во рамки на надлежните органи. Доколку оваа постапка е успешна, се потпишува спогодба помеѓу Комисијата за спогодување во рамки на надлежните орга-ни и сторителот.

3.8 НадлежностНадлежноста подразбира овластување и должност, односно право и должност на еден

орган или суд да решава определена работа на определена територија.

Прекршочна постапка можат да водат и прекршочна санкција можат да изречат само надлежните судови. Со закон може да се препише дека за одделни прекршоци, санкција може да изрече прекршочен орган. Прекршочни органи, како што веќе беше споменато, се државните органи, органите на државната управа или организациите и другите орга-ни што вршат јавни овластувања надлежни за изрекување прекршочни санкции. Тие по-стапуваат, односно водат прекршочна постапка кога со закон е пропишана исклучива на-длежност за нивно постапување.

Сепак, ЗП содржи одредба со која на граѓаните им се гарантира судската заштита во прекршочната постапка. Имено, против конечна одлука за прекршок се гарантира судска заштита. Во секој случај, поведувањето постапка пред судот не доведува до запирање на извршувањето на одлуката на прекршочниот орган.

Во случај на судир на надлежности помеѓу судовите и прекршочните органи, спорот го решава Врховниот суд на Република Македонија.

3.8.1 Надлежност на судовитеКога се работи за судската надлежност, односно надлежноста воопшто, таа се набљу-

дува од два аспекти, како:

» Месна; и

» Стварна надлежност.Месната надлежнот подразбира право и должност на извесен суд да ги врши работите

од своја надлежност на одредено подрачје. Станува збор за територијално разграничу-вање на судовите кои имаат иста стварна надлежност. Во областа на прекршоците, мес-ната надлежност на судовите се определува според одредбите на Законот за кривичната постапка.

Стварната надлежност подразбира право и должност на еден суд да одлучува за из-весни исти или истородни работи. Стварната надлежност во областа на прекршоците е уредена со ЗП. Прекршочната постапка, во согласност со ЗП, во прв степен ја води су-дија-поединец во основниот суд, а постапката по правни лекови ја води совет од тројца судии.

Page 47: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку

47

3.9 Прекршочна постапка пред прекршочен орган Постапката пред прекршочниот орган ја води Комисија за одлучување по прекршок

утврдена со закон или со друг пропис. Нејзини членови се овластени службени лица со соодветни степен и вид стручна подготовка и потребно работно искуство, определени со закон, од кои најмалку еден од членовите е дипломиран правник со положен правосуден испит.

Прекршочниот орган поведува прекршочна постапка по службена должност, по ба-рање од овластено службено лице или по барање од органите на државната управа, јавниот обвинител, органите на единиците на локалната самоуправа и другите органи и организации што вршат јавни овластувања, во чија надлежност спаѓа непосредното из-вршување или надзор над извршувањето на законите во кои се предвидени прекршоци. Барањето се поднесува до надлежниот прекршочен орган. Ако барањето е поднесено до друг орган, тој веднаш ќе го отстапи до надлежниот прекршочен орган и за тоа ќе го извести подносителот на барањето.

Ако прекршочниот орган утврди дека постојат законски услови за спроведување прекршочна постапка, должен е да ја спроведе и да донесе одлука за прекршок.

Одлуката за прекршок мора да има увод, диспозитив и образложение.

3.10 Жалбена постапкаВо прекршочната постапка, против одлуката за прекршок што ја донел прекршоч-

ниот орган, може да се поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка (во натамошниот текст: Државна комисија). Станува збор за новоформирана Државна комисија, кога се формира со посебен Закон.

Жалбата се поднесува во рок од осум дена од приемот на одлуката. Таа се поднесува преку прекршочниот орган до споменатата Државна комисија. Причината поради која се предвидува вакво решение е тоа што прекршочниот орган, при приемот на жалбата, може да увиди дека таа е основана. Во тој случај, органот може да одлучи поинаку и со ново решение да го замени решението што се побива со жалбата.

Против одлуката која ја донела Државната комисија, може да се поднесе тужба за поведување управен спор. Ова е предвидено како во ЗП така и во посебниот Закон со кој се формира Државната комисија.

Page 48: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку
Page 49: ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА …is.gov.mk/content/docs/Priracnik ispit za inspektor.pdfпрашања можат да бидат уредени поинаку