33
Република Македонија Влада на Република Македонија Национален координативен центар за гранично управување СОДРЖИНА 1-33 НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ИНТЕГРИРАНОТО ГРАНИЧНО УПРАВУВАЊЕ 2015 - 2019 септември 2015

Име и презиме на примателотigu.gov.mk/files/Strategija.doc · Web viewМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото,

  • Upload
    others

  • View
    32

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Име и презиме на примателотigu.gov.mk/files/Strategija.doc · Web viewМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото,

Република МакедонијаВлада на Република Македонија

Национален координативен центар за гранично управување

СОДРЖИНА

КРАТЕНКИ ............................................................................................................................................. 4

I.ВОВЕД .................................. ................................................................................................................ 5

1-28

НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈАЗА РАЗВОЈ НА ИНТЕГРИРАНОТО ГРАНИЧНО

УПРАВУВАЊЕ 2015 - 2019

септември 2015

СКОПЈЕ

Page 2: Име и презиме на примателотigu.gov.mk/files/Strategija.doc · Web viewМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото,

Република МакедонијаВлада на Република Македонија

Национален координативен центар за гранично управување

1.1. Карактеристики на границата на Република Македонија................................. 6 1.2. Oрганизациска структура .................................................................................................... 9 Национален координативен центар за гранично управување....................... 9 Министерство за внатрешни работи. ............................................................................. 11 Министерство за финансии – Царинска управа. .................................................... 12 Министерство за надворешни работи. ......................................................................... 15 Министерство за транспорт и врски. ............................................................................. 15 Министерство за одбрана..................................................................................................... 15 Министерство за животна средина и просторно планирање.......................... 16 Министерство за здравство................................................................................................. 16

Агенција за лекови и медицински средства.............................................................. 16

Државен санитарен и здравствен инспекторат...................................................... 17 Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство...................... 17

Државен инспекторат за земјоделство........................................................................ 17 Дирекција за радијациона сигурност. ......................................................................... 18 Агенција за храна и ветеринарство. ............................................................................. 181.3. Геополитичка положба и главни безбедносни закани ........................................ 19

I.3.1. Незаконски миграции............................................................................................ 19

I.3.2. Прекуграничен криминал ................................................................................... 20

I.3.3. Главни предизвици во областа на граничната контрола.................. 20

I.3.4. Главни закани при надзорот на државната граница .......................... 21

2-28

Page 3: Име и презиме на примателотigu.gov.mk/files/Strategija.doc · Web viewМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото,

Република МакедонијаВлада на Република Македонија

Национален координативен центар за гранично управување

II. РАЗВОЈНА ДИНАМИКА НА КОНЦЕПТОТ ИНТЕГРИРАНО ГРАНИЧНО УПРАВУВАЊЕ ......................................................................................................... ..... 21

2.1. Координативни механизми ................................................................................................... 23

2.2. Шенгенски акциски план ....................................................................................................... 24

2.3. Останати значајни документи ............................................................................................ 24

III. КОНЦЕПТ НА ИНТЕГРИРАНОТО ГРАНИЧНО УПРАВУВАЊЕ ВО ЕУ- OСНОВА ЗА ИДНИОТ РАЗВОЈ НА ИГУ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА............................................................................................................... 25

IV. ВИЗИИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА КОНЦЕПТОТ НА ИГУ ВО МАКЕДОНСКИ УСЛОВИ........................................................................................ 26

4.1.Гранична контрола ................................................................................................... 264.2.Борба против прекуграничниот криминал.................................................................. 26

4.3.Четирислоен модел на контрола на пристапот........................................................ 27

4.3.1.Мерки во трети држави ………………………………………....................................... 27

4.3.2.Соработка со соседни држави......................................................................... 27

4.3.3.Мерки во областа на слободното движење, вклучително и враќањето ................................................................................................................................................ 28

3-28

Page 4: Име и презиме на примателотigu.gov.mk/files/Strategija.doc · Web viewМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото,

Република МакедонијаВлада на Република Македонија

Национален координативен центар за гранично управување

4.4.Координација и кохерентност во делувањето на земјите членки, институциите и други тела на ЕУ (Фронтекс и др.).......................................................... 28 4.5.Шенгенски информациски систем и SIRENE биро...................................... 29

V. ЗАКЛУЧОК ................................................................................................................................ 29

КРАТЕНКИ

АХВ - Агенција за храна и ветеринарствоООН - Организација на обединети организацииНАТО (North Atlantic Treaty Organization) – Северно-атлантска воено-политичка алијанса ЕУ - Европска унијаОБСЕ - Организација за безбедност и соработка во Европа OIE - Светската организација за заштита на здравјето на животнитеЕФСА - Европската агенција за безбедност на храна DCAF - Женева Центар за демократска контрола на вооружените силиFRONTEX - Европска Агенција за управување на оперативната соработка на надворешните граници на земјите членки на Европската унија MARRI - Регионална иницијатива за миграции, азил и бегалци ИГУ - Интегрирано гранично управуавњеИСИГУ - Информатички систем за интегрирано гранично управуавњеIOM - Меѓународна организација за миграцииICMPD (International Centre for Migration Policy Development) - Меѓународен центар за развој на политики за имиграцијаМНР - Министерство за надворешни работиМВР - Министерство за внатрешни работи;МО - Министерство за одбрана;

4-28

Page 5: Име и презиме на примателотigu.gov.mk/files/Strategija.doc · Web viewМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото,

Република МакедонијаВлада на Република Македонија

Национален координативен центар за гранично управување

ДРС - Дирекција за радијациона сигурностМФ-ЦУ - Министерство за финансии – Царинска управаUN-OCHA (Office for coordination of humanitarian assistance) -Канцеларија на ОН за координација на хуманитарна помош;INSARAG (International search and rescue advisory group)-Меѓународна советодавна група за потраги и спасување.EAPC - Евро-атлански партнерски совет ШГК (EU Schengen Catalogue) - Шенгенски граничен кодекс КЗР - Конвенција за заштита на растенијата Plant Protection Convention (IPPC) ГП- Припадници на Секторот за гранични работи и миграции и четирите Регионални центри на граничната полиција

I. ВОВЕД

Една од приоритетните цели на Република Македонија, како и на земјите од Западен Балкан, е да станат дел од европското семејство, преку интеграција и членство во ЕУ. Во таа насока, Националната стратегија за развој на интегрираното гранично управување на Република Македонија 2015 – 2019, е изготвена согласно специфичните услови, општествено-политичкото уредување и правниот систем на Република Македонија, имајќи ги притоа предвид компаративните искуства со другите држави, корпусот на меѓународни инструменти и легислативата на државите членки (и кандидати за членство во ЕУ), како и препораките содржани во Шенгенскиот Каталог на најдобри практики.

Со цел интеграција и приближување кон Европските стандарди и одржување на нациионалниот и регионалниот мир и стабилност, Националната стратегија е креирана во согласност со препораките и обврските кои ги има преземено Република Македонија, а кои произлегуваат од:

- Потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација;- Извештајот на Европската Комисија за напредокот на РМ од

2013 година;- Стратегијата на ЕУ за проширување и гл. Предизвици за 2013-

2014 година; - Пристапувањето кон Европските и регионалните договори и

механизми за унапредување на граничното управување и - Потпишувањето на меѓународните конвенции.

5-28

Page 6: Име и презиме на примателотigu.gov.mk/files/Strategija.doc · Web viewМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото,

Република МакедонијаВлада на Република Македонија

Национален координативен центар за гранично управување

Заедничкиот модел за управување со границата на ЕУ, се спроведува со цел зачувување на внатрешната безбедност на државите членки, за спречување и откривање на незаконски миграции и прекуграничен криминал. Во основа, интегрираното гранично управување ги опфаќа: надзорот на границата во согласност со Шенгенскиот кодекс за границите, релевантната анализа на ризик и оперативните служби за борба против криминалот; откривањето и водењето истраги за прекуграничниот криминал во соработка со сите надлежни институции за спроведување на законот; моделот на четири нивоа – мерки во трети држави, соработката со соседните држави, надзорот на границите, мерките за надзор во внатрешното подрачје за слободно движење вклучувајќи и враќање, меѓуагенциската соработка при управувањето со границите, меѓународната соработка и усогласеноста при дејствувањето на државите членки на ЕУ.

При изработката на оваа Стратегија, како појдовна основа, во предвид се земени следните референтни документи:

- Стратешките насоки за ИГУ на Советот на ЕУ, Брисел, 21.11.2006;- Шенгенскиот каталог за надзор на надворешните граници,

враќање и реадмисија- Препораки и најдобри практики (Ажурирана верзија од 2009 год.);

- Насоките за интегрирано гранично управување на ЕУ во надворешната соработка на ЕК, 2009;

- Насоките за интегрирано гранично управување на Европската Унија за Западен Балкан, 2007;

- Националната стратегија за развој на воспоставениот систем за интегрирано гранично управување и Акцискиот план од 2009 година;

- Националните стратегии на министерствата и институциите вклучени во ИГУ;

- Деловникот за работа на Националниот координативен центар за гранично управување;

- Досегашните искуства од работата на Националниот координативен центар за гранично управување и институциите вклучени во ИГУ.

Оваа Стратегија значи цврста решеност на Владата на Република Македонија и на нејзините органи и институции надлежни за граничното управување да продолжат со постојаното подобрување на ефикасноста на системот за граничната контрола и зголемувањето на протокот на луѓе, стоки и капитал. Ова, пак, уште повеќе ќе придонесе за зајакнување на партнерството, стабилноста и економскиот раст, но и намалување на безбедносните ризици, особено во насока на сузбивање на незаконските миграции и прекуграничниот криминал.

1.1. Карактеристики на границата на Република МакедонијаСместена во југоисточниот дел на Европа или во центарот на

Балканот, Република Македонија, иако нема излез на море има доста поволна географска положба, бидејќи таа претставува „мост“ преку кој се поврзуваат сите балкански држави, па така низ Македонија минуваат

6-28

Page 7: Име и презиме на примателотigu.gov.mk/files/Strategija.doc · Web viewМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото,

Република МакедонијаВлада на Република Македонија

Национален координативен центар за гранично управување

доста важни европски патишта со кои нашата држава е поврзана со останатите држави од Европа како и со блиските земји од Африка и Азија. Република Македонија, исто така, претставува голем транспортен коридор од Западна и Централна Европа до Егејското Море и од Југоисточна Европа до Западна Европа.

Република Македонија има површина од 25,713км2, со државна граница во должина од околу 894 км, од кои 24.856км2 се копно, а 477км2 се вода. Република Македонија се граничи со:

- Србија и Косово на север, со државна граница во должина од околу 263 км;

- Бугарија на исток, со државна граница во должина од околу 177км;- Грција на југ, со државна граница во должина од околу 262км и - Албанија на запад, со државна граница во должина од околу 192км.

Северната граница кон Република Србија и Република Косово, се протега во правец запад-исток. Нејзиниот правец на протегање пресекува 7 гранични премини, 6 планини, 1 клисура и 3 поголеми реки. Кон Република Србија се наоѓаат следните гранични премини: Табановце (патен и железнички), Пелинце и Голема Црцорија. Кон Косово се наоѓаат следните гранични премини: Блаце, Јажинце, Волково и Стрезимир. Источната граница кон Република Бугарија се протега во меридијански правец, со мал лачен облик. Нејзиниот правец на протегање, пресекува 3 гранични премини, 5 планини, 1 котлина и една поголема река (река Струмица). Кон Република Бугарија се наоѓаат следните гранични премини: Деве Баир, Делчево и Ново Село.

Јужната граница кон соседна Република Грција се протега во напореднички правец исток-запад. Нејзиниот правец на протегање пресекува 3 гранични премини, 5 планини, 4 котлини, 2 езера и најголемата македонска река Вардар. Кон Република Грција се наоѓаат следните гранични премини: Богородица, Меџитлија и Стар Дојран .

Западната граница кон соседна Република Албанија се протега во приближно меридијански правец југ-север. Нејзиниот правец на протегање пресекува 4 гранични премини, планини, 2 езера, 1 котлина и 1 поголема река, реката Црн Дрим.

Категоризацијата на граничните премини е направена врз основа на нивното значење имајќи го предвид комерцијалниот, социјалниот и домашниот проток на сообраќај, како и стратешките и трговските движења во функција на олеснување на трговијата низ правците на коридорите 8 и 10.

Категоризацијата е извршена врз основа на нивната стратешка местоположба, движењето на населението и комерцијалниот проток на материјални добра. Има три категории на гранични премини: 1 - ва категорија - Стратешки2 - ра категорија - Регионални3 - та категорија - Локални

7-28

Page 8: Име и презиме на примателотigu.gov.mk/files/Strategija.doc · Web viewМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото,

Република МакедонијаВлада на Република Македонија

Национален координативен центар за гранично управување

Стратешките гранични премини (1-ва категорија) се најголеми премини на Република Македонија со инфраструктура според најсовремените стандарди, материјално -технички средства и опрема, кои непрекинато се отворени за меѓународен сообраќај и со постојано присуство на персоналот од сите државни органи кои имаат надлежности на државната граница.

Стратешки гранични премини на територијата на Република Македонија се: Табановце - патен; Богородица - патен; Деве Баир - патен; Ќафасан-патен; Долно Блаце-патен; Меџитлија – патен; Аеродром „Александар Велики“-Скопје - воздушен ; Табановце – железнички и Гевгелија- железнички.

Регионалните гранични премини (2-ра категорија) на Република Македонија се отворени за меѓународен сообраќај за движење на лица, превозни средства и нематеријални добра со можност за определени ограничувања и/или забрани, што се огледа во преминувањето на само определени видови превозни средства.

Регионални гранични премини на територијата на Република Македонија се: Делчево - патен; Ново Село -патен; Јажинце - патен; Стар Дојран - патен; Блато - патен; Свети Наум -патен; Пелинце - патен; Стење - патен; Аеродром „Св. Апостол Павле“, Охрид – воздушен ; Волково- железнички и пристаниште Охрид - воден граничен премин.

Локалните гранични премини (3-та категорија) се отворени за пограничен сообраќај – движење на лица, превозни средства и материјални добра со можност за одредени ограничувања. Ограничувањата се огледаат во:

- Забрана за пренесување на материјални добра од комерцијален карактер во согласност со царинските и другите прописи;

- Можност за движење само пеш, со патнички возила;- Забрана за движење (пренесување) на животни, поедини видови

храна и- Ограничено време на работа во текот на денот или сезона во

годината.Локални гранични премини (3-та категорија) што се планира да

бидат отворени се:Кон Република Бугарија: Клепало – Симитли; Ајдучки кладенец–Симитли; Црна Скала – Невестино; Кон Република Србија: Огут – Трговиште; Танушевци – Дебалде; Лојане – Миратовац; Сопот–Стрезовце и Петровац – Славујевац; Локални гранични премини што се во функција се следниве: Кон Република Албанија: Џепчиште – Требиште; Кон Република Србија: Стрезимир – Растелица и Голема Црцорија- Голеш.

8-28

Page 9: Име и презиме на примателотigu.gov.mk/files/Strategija.doc · Web viewМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото,

Република МакедонијаВлада на Република Македонија

Национален координативен центар за гранично управување

1.2. Oрганизациска структураНационален координативен центар за гранично управувањеНационалниот координативен центар е формиран со Одлука на

Владата на Република Македонија од март 2007 година врз основа на Законот за надзор на државната граница (Службен весник на РМ бр.71/06 и 66/07), а потоа и со Законот за гранична контрола (Службен весник на РМ бр.171/2010). Националниот координативен центар за гранично управување е тело на Владата на РМ чија цел е воспоставување на ефикасна координација, размена на податоци и информации и воспоставување на повисоко ниво на интеграција во граничното управување. Во составот на НКЦГУ учествуваат повеќе министерства и институции. Тие се претставени преку свои претставници во својство на офицери и заменици офицери за врска и тоа: Министерство за внатрешни работи; Министерство за финансии-Царинска управа; Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство- Фитосанитарна управа и Државен инспекторат за земјоделство; Министерство за надворешни работи; Министерство за одбрана; Министерство за здравство – Агенција за лекови и медицински средства и Државен санитарен и здравствен инспекторат; Министерство за транспорт и врски; Министерство за животна средина и просторно планирање; Дирекција за радијациона сигурност и Агенција за храна и ветеринарство.

Офицерите за врска и нивните заменици од Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за здравство, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за транспорт и врски и Дирекцијата за радијациона сигурност се наоѓаат во составот на своите органи, додека претставниците на Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и Агенцијата за храна и ветеринарство постојано се лоцирани во координативниот Центар.

Во процесот на исполнување на своите основни надлежности НКЦГУ располага и управува со Информатичкиот систем за интегрирано гранично управување.

Исто така, во составот на НКЦГУ се наоѓа и Видео Мониторинг Систем, кој поседува модерна технологија и со чија помош (во текот на 24 часа) се врши увид на граничните премини.

9-28

Page 10: Име и презиме на примателотigu.gov.mk/files/Strategija.doc · Web viewМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото,

Република МакедонијаВлада на Република Македонија

Национален координативен центар за гранично управување

Функционална поставеност на НКЦГУ

Неговите основни задачи се следниве: - ги координира активностите во врска со граничното управување меѓу државните органи што имаат надлежности во граничното управување;

- врши активности во насока на олеснување на размената на податоци и информации меѓу државните органи што имаат надлежност во граничното управување;

- остварува поголема интеграција во граничното управување меѓу државните органи што имаат надлежности во граничното управување; - остварува координација во спроведувањето на заедничките планови и постапки за постапување во итни случаи и

- ги координира активностите во прекуграничната соработка во врска со граничното управување меѓу државните органи што имаат надлежности во граничното управување во согласност со ратификуван меѓународен договор.

Приоритетна активност на НКЦГУ е подобрување на координацијата и соработката помеѓу органите и институциите вклучени во управувањето со границата.

10-28

Page 11: Име и презиме на примателотigu.gov.mk/files/Strategija.doc · Web viewМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото,

Република МакедонијаВлада на Република Македонија

Национален координативен центар за гранично управување

Министерство за внатрешни работиСогласно Законот за полиција, граничната контрола во Република

Македонија е во надлежност на Министерството за внатрешни работи (во натамошниот текст - МВР). Со донесување на Законот за полиција (Службен весник на РМ, бр. 114/06 и 6/09) обезбедувањето на државната граница и граничната контрола (граничен надзор и граничните проверки) ги врши граничната полиција, како дел од МВР.

Со цел унапредување на работата на граничната полиција и усогласување со европските стандарди во овој домен, донесен е Законот за гранична контрола (Службен весник на РМ, бр. 171/2010). Тој ги уредува граничната контрола (гранични проверки и граничен надзор), надлежностите на полицијата во внатрешноста на државата, соработката меѓу државните органи што имаат надлежност во граничното управување и меѓународната полициска соработка. Законот е во најголема мерка усогласен со Шенгенскиот граничен кодекс1. Донесени се и предвидените подзаконски прописи, што произлегуваат од овој закон. Граничната контрола која ги опфаќа работите што се однесуваат на гранични проверки и на граничен надзор, како и анализа на опасностите по националната безбедност и анализа на заканите кои можат да влијаат на безбедноста на границата, се врши со цел за:

- спречување и откривање на кривични дела и прекршоци и откривање и фаќање на нивните сторители;

- спречување и откривање на илегалната миграција и трговија со луѓе;

- заштита на животот, здравјето на луѓето, личната сигурност, имотот, животната средина и природата и - спречување и откривање на други опасности по јавниот ред, правниот поредок, националната безбедност и меѓународните односи.

Граничниот надзор подразбира збир на мерки, активности и овластувања поврзани со надзор на државната граница меѓу граничните премини и надзор на граничните премини надвор од утврденото работно време, со цел да се спречи заобиколување, односно избегнување на граничните проверки.

Граничните проверки опфаќаат мерки и активности што се спроведуваат на граничните премини со цел да се провери дали да им се одобри на лицата и нивните превозни средства и предметите што ги поседуваат да влезат на територијата на Република Македонија или да им се одобри да излезат од неа.

Заради извршување на наведените работи во Секторот за гранични работи и миграции формирани се следните организациски единици и тоа:1 Регулатива (ЕЗ) бр. 562/2006 на Европскиот Парламент и на Советот, од 15.03.2006 година, зa основање на Кодексот на Заедницата за правилата за движење на лицата преку границите (Шенгенски граничен кодекс), (Службен весник на Европската унија, ОJL 105 од 13.04.2006 страни 1-32).

11-28

Page 12: Име и презиме на примателотigu.gov.mk/files/Strategija.doc · Web viewМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото,

Република МакедонијаВлада на Република Македонија

Национален координативен центар за гранично управување

- Регионален центар за гранични работи и миграции – Север;- Регионален центар за гранични работи и миграции – Запад;- Регионален центар за гранични работи и миграции – Исток;- Регионален центар за гранични работи и миграции – Југ.

Во секој Регионален центар постои Дежурен оперативен центар, Одделение за прекуграничен криминал, странци и реадмисија, Отсек за странци и реадмисија, Одделение за заеднички работи, Отсек за криминалистичко-разузнавачка анализа. Во рамките на РЦ за ГРМ – Север постои и Прифатен центар за странци. Исто така, во рамките на сите Регионални центри за гранични работи и миграции постојат повеќе полициски станици за гранични проверки и граничен надзор, како и полициски станици и одделенија за граничен надзор.

Сите потребни активности во управувањето, уредувањето и одржувањето на објектите на граничните премини за патен сообраќај се спроведуваат согласно Годишната програма за управување, уредување и одржување на објектите на граничните премини за патен сообраќај и усвоената категоризација на гранични премини. Донесена е посебна Уредба за стандардите и нормативите за планирање, изградба и уредување на објектите кои ги користи Министерството за внатрешни работи на граничните премини (Службен весник на РМ бр. 164/2011). Во октомври 2013 година, Владата на Република Македонија донесе Уредба за категоризација, обем на користење и работно време на граничните премини.

Во октомври 2013 година, во рамките на Секторот за гранични работи и миграција, формирана е Мобилната единица за прекуграничен криминал, за оперативна примена на анализа на ризик, откривање на илегални мигранти и други видови прекуграничен криминал.

Концептот на организација на граничната полиција постојано се усогласува со оперативните потреби и практиката од државите на Европската унија.

Министерство за финансии – Царинска управаЦаринската управа е орган на управа во составот на

Министерството за финансии. Таа е водечки орган за процесуирање на легалните стоки, откривање на нелегални стоки и за истраги поврзани со царински прекршоци и кривични дела од областа на царинското работење. Овластувањата и одговорностите на Царинската управа и царинските службеници се утврдени со прописите поврзани со организација на државната управа, царинските прописи и посебните прописи за уредување и овластување на царинските службеници.

Делокругот на работата на Царинската управа се извршува преку следниве основни организациски облици:

- Централна управа и- царинарници.

12-28

Page 13: Име и презиме на примателотigu.gov.mk/files/Strategija.doc · Web viewМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото,

Република МакедонијаВлада на Република Македонија

Национален координативен центар за гранично управување

Организациските единици во Управата се: Сектор за професионална одговорност, Сектор за царински систем, Сектор за акцизи и нетарифни мерки, Сектор за контрола и истраги, Сектор за управување со човечки ресурси, Сектор за сметководство и финансии, Сектор за административни и технички работи, Сектор за информатички и комуникациски технологии.

Подрачните единици во Управата се: Царинарница Битола, Царинарница Куманово, Царинарница Скопје, Царинарница Гевгелија, Царинарница Штип.

Основните задачи на царинската служба се: 1) спроведување на царински надзор; 2) спроведување на царинска контрола; 3) царинење на стока;

4) спроведување на царинска контрола, истражни и разузнавачки мерки сo цел спречување, oткривање и истражување на царински прекршоци и кривични дела; 5) поведување постапка по царински и други прекршоци, како и кривични дела утврдени со закон и наплата на мандатни казни; 6) вршење пресметка и наплата или враќање на извозни и увозни давачки, даноци и други јавни давачки и надоместоци при увоз, извоз или транзит на стока, како и спроведување на присилна наплата на истите во согласност со законот; 7) водење царинско-управна постапка во прв степен; 8) вршење на контрола на внесување и изнесување на ефективни домашни и странски пари, чекови и монетарно злато;

9) вршење контрола на извозот, увозот и транзитот на стока за која се пропишани посебни мерки од интерес за безбедноста и јавениот морал, зачувување на здравјето и живототот на луѓето, животните и растенијата, заштита на животната средина, заштита на националното наследство и предмети со историска, уметничка и археолошка вредност, заштита на авторските и другите сродни права и правата на индустриска сопственост, како и други мерки на трговската политика пропишани со закон; 10) организирање на царинскиот информациски систем и обезбедување податоци за увоз и извоз заради спроведување статистички истражувања;

11) организирање и спроведување на контрола на професионалната одговорност на вработените;

12) подготвување на нормативни акти од областа на царинското работење; 13) организирање и спроведување на обуки, проверка на знаење и стручни способности на царински службеници, како и управување со човечките ресурси; 14) давање на стручна помош за примена на царинските прописи за што организира семинари и јавни трибини со право на надомест; 15) спроведување сместување, чување и постапка на продажба на одземена, отстапена или пронајдена стока;

13-28

Page 14: Име и презиме на примателотigu.gov.mk/files/Strategija.doc · Web viewМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото,

Република МакедонијаВлада на Република Македонија

Национален координативен центар за гранично управување

16) вршење на следење на царинска стока со надомест на трошоци; 17) вршење на хемиско-технолошко испитување на стока; 18) соработка со други државни органи; 19) соработка со странски царински управи и меѓународни организации; 20) вршење на други дејности пропишани со Законот за царинска управа, други закони и прописи.

Според надлежностите што ги има Царинската управа, во изминатиот период, подобрена е организацијата на работата и континуирано се уредува извршувањето на новите надлежности во областа на спречувањето и сузбивањето на недозволената трговија и криумчарење на граничните премини и внатрешните царински испостави.

Во ова насока, уредена е контролата во примената на законите со правилно и ефикасно работење во разузнавачките активности, истражните активности, управувањето со ризик и работењето на мобилните тимови. Исто така, поставени се професионални стандарди кои придонесуваат за успешно справување со облиците на корупција и за јакнење на интегритетот на вработените и Царинската управа. Уредено е финансиското и материјалното работење со интерни процедури со цел нивно рационално и ефикасно користење при извршување на надлежностите. Воведен е континуиран развој на системи од областа на информатичките и на комуникациските технологии, а обезбедена е нивната сигурност и непрекинатост. Подобрена е соработката врз основа на претходно склучени меѓународни договори, а склучени се и нови меѓународни договори, но и активно учество во во сите меѓународни орга-низации што се однесуваат на царинското работење.

Министерство за надворешни работи

Министерството за надворешни работи има надлежности во делот на активностите поврзани со меѓународната соработка, склучувањето на меѓународните договори и претседавањето и учеството во работата на двете комисии за граници (Комисијата за чување, одржување, обновување и обележување на граничните линии и граничните ознаки на Република Македонија со Република Албанија, Република Бугарија, Република Грција, Република Косово и Република Србија и на Комисијата за гранични премини на Република Македонија со Република Албанија, Република Бугарија, Република Грција, Република Косово и Република Србија) формирани од Владата на Република Македонија. Министерството за надворешни работи раководи со Визниот центар и со Националниот виза информациски систем со којшто се обезбедува поврзаност на сите сегменти во процесот на издавање на виза за влез и престој во Република Македонија, а е надлежен и за натамошното

14-28

Page 15: Име и презиме на примателотigu.gov.mk/files/Strategija.doc · Web viewМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото,

Република МакедонијаВлада на Република Македонија

Национален координативен центар за гранично управување

хармонизирање на визната политика на Република Македонија со соодветната регулатива на Европската унија.

Министерство за транспорт и врскиМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото, има

надлежност во донесувањето на Правила за стандарди и нормативи за планирање и уредување на граничните премини. Целта на донесување на овие Правила е да се обезбеди основа за утврдување на стандардите во делот на просторното уредување на граничните премини.

Министерство за одбранаМинистерството за одбрана своите функции и надлежности ги

остварува согласно Уставот на Република Македонија, законите, подзаконските акти, како и други стратегиски документи од областа на одбраната.

Иако Министерството за одбрана нема директна надлежност на државната граница, сепак, според Законот за одбрана, меѓу другото, дава стручна помош на министерствата и другите органи на државна управа и управните организации во спроведување на подготовките за одбрана. Сето тоа е многу битно во исполнување на основната стратегиска мисија во системот за одбрана на Република Македонија и поддршка на националната безбедност, што се огледа во одбраната и заштитата на територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија.

Министерство за животна средина

Министерството за животна средина и просторно планирање е надлежно за издавање на дозволи за увоз/извоз и е дел од поширокиот систем на интегрираното гранично управување.

Својата улога, во координацијата со останатите органи на државна управа, ја има во давањето согласност при:

- прометот (извоз, увоз и транзит) на загрозени диви животински и растителни видови, нивни делови и деривати;

- прометот со опасен отпад и- прометот со одредени групи на опасни супстанции што ја

осиромашуваат озонската обвивка.

Министерство за здравство Агенција за лекови и медицински средства

15-28

Page 16: Име и презиме на примателотigu.gov.mk/files/Strategija.doc · Web viewМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото,

Република МакедонијаВлада на Република Македонија

Национален координативен центар за гранично управување

Агенцијата за лекови и медицински средства издава одобрувања за увоз или извоз преку едношалтерскиот систем ЕXIM согласно Законската регулатива за лекови, медицински средства, хемикалии и опојни дроги и психотропни супстанци и постапките пропишани согласно правилниците кои произлегуваат од него.

Работите поврзани со надлежностите на граничните премини ги вршат Царинските служби со претходно добиено одобрение на Агенцијата за лекови и медицински средства, преку едношалтерскиот систем.

Согласно надлежностите и функциите, како и природата на работните задачи што ги извршува, се формира Агенција за лекови и медицински средства што произлегува од директивите на ЕУ. Според тоа, а врз основа на најновите измени на Законот за лекови и медицински средства, Агенцијата за лекови и медицински средства ќе ги зајакне своите персонални капацитети за потребите на граничните премини, нивно усовршување и едукација.

Државен санитарен и здравствен инспекторат

Државниот санитарен и здравствен инспекторат своите надлежности и функции ги извршува согласно Законот за санитарна и здравствена инспекција, Законот за исправноста на животните намирници и предметите за општа употреба, како и Законот за безбедност на козметички производи, Законот за безбедност на производите, како и Законот за заштита на населението од заразни болести и Правилникот и мерките за заштита од внесување и сузбивање на заразни болести и Меѓународниот здравствен Правилник. Согласно тоа, Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши контрола над здравствената безбедност на производите при увоз (козметички производи, детски играчки, и предмети за општа употреба) на внатрешните терминали во Република Македонија, како и контрола на патници во меѓународниот сообраќај кои патуваат во земји каде постои опасност од пренесување на заразни болести, а со цел заштита на здравјето на населението на Република Македонија.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Државен инспекторат за земјоделство

Државниот инспекторат за земјоделство преку државните фитосанитарни инспектори на граничните премини своите надлежности и функции ги извршуваат согласно Законот за здравјето на растенијата (Сл.весник на Република Македонија, бр. 29/2005, бр. 81/2008, бр. 20/2009, бр. 57/2010 и 17/2011), Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (Сл.весник на Република Македонија, бр.

16-28

Page 17: Име и презиме на примателотigu.gov.mk/files/Strategija.doc · Web viewМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото,

Република МакедонијаВлада на Република Македонија

Национален координативен центар за гранично управување

39/2006), Законот за квалитет и безбедност на ѓубрива, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата (Сл.весник на Република Македонија, бр. 110/2007, бр. 20/2009 и бр. 17/2011) и Законот за производи за заштита на растенијата (Сл.весник на Република Македонија, бр. 110/2007, бр. 20/2009, бр. 17/2011, и бр. 53/2011) и подзаконските прописи што произлегуваат од истите, со коишто подетално се уредени мерките и активностите што се преземаат заради спречување на внесувањето и ширењето на штетни организми кај растенијата и растителните производи и други објекти и предмети во државата. Фитосанитарната инспекција на граничните премини врши инспекциски надзор на пратките од растително потекло и тоа при увоз, извоз, транзит и реекспорт во насока дали истите ги исполнуваат фитосанитарните барања согласно законските одредби.

Дирекција за радијациона сигурностДирекцијата за радијациона сигурност во системот на

интегрирано гранично управување е надлежна во воспоставување на систем за контрола над увоз, извоз и транзит на извори на јонизирачко зрачење на територијата на Република Македонија со цел спречување на нелегална трговија со истите и заштита на населението и животната средината од штетното влијание на јонизирачкото зрачење.

Во процесот на приближување и зачленување на Република Македонија во Европската унија, ратификувана е Заедничката конвенција за сигурност при управувањето со искористено нуклеарно гориво и сигурност при управувањето со радиоактивен отпад (Службен весник на Република Македонија, бр. 113/09). Дирекцијата за радијациона сигурност, како надлежна институција, номинираше лице за контакт, а во 2010 година го поднесе првиот извештај до МААЕ (Меѓународна агенција за атомска енергија) за исполнување на обврските од конвенцијата.

Агенција за храна и ветеринарствоОбврската на Република Македонија е да организира официјална

контрола на храна, материјали кои доаѓаат во контакт со храната, храна за животни и живи животни на граничните премини која произлегува од Законот за ветеринарното здравство и Законот за безбедност на храна, Кодексот на Меѓународната канцеларија за епизоотии (ОИЕ) со седиште во Париз чиј член е и Република Македонија, Кодекс алиментариус (СЗО), меѓународните билатерални договори за соработка во областа на ветеринарството и безбедност на храна и меѓународните конвенции за контрола на стоки на границите.

Агенцијата за храна и ветеринарство води постојана грижа за заштита на здравјето на луѓето од болести кои се пренесуваат преку храната, заштита на потрошувачите од заблуда и нивно отворено, чесно и навремено информирање за можни опасности од храната, заштита на здравјето на животните и нивната благосостојба, како и заштита на животната средина од загадување со отпад од животинско потекло,

17-28

Page 18: Име и презиме на примателотigu.gov.mk/files/Strategija.doc · Web viewМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото,

Република МакедонијаВлада на Република Македонија

Национален координативен центар за гранично управување

преку контрола на спроведување на прописи усогласени со високите стандарди на ЕУ, како и меѓународните стандарди ратификувани од Република Македонија.

Исто така, врши работи од областа на безбедноста на храна и храна за животни, спроведување контрола, надзор и следење на ветеринарните активности од областа на здравствената заштита на животните, нивна благосостојба, ветеринарно јавно здравство, како и контрола на националните референтни и овластени лаборатории кои даваат поддршка на работата на Агенцијата.

1.3. Геополитичка положба и главни безбедносни закани Република Македонија е млада европска држава која настана во

процесот на дезинтеграција на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Создавањето на македонската држава е резултат на волјата на македонскиот народ и на македонските граѓани да имаат своја држава. Од аспект на националната безбедност, овој процес би можеле да го означиме со неколку елементи: прво, борба за добивање сувереност, независност и меѓународно признавање; второ, влез во меѓународните институции и мирна реинтеграција; трето, развивање на односи со своите соседи и приближување кон евро-атланските организации, со нагласување на економското поврзување со светот и потребата за зајакнување на внатрешниот политички развој и националната безбедност.

Република Македонија станува модерна држава, но, се разбира, ваквиот процес продолжува и понатаму. Геостратегиски гледано, Македонија на својот север и запад нема баш стабилно соседство. Ова особено е карактеристично за северот каде што се присутни латентни, но понекогаш и отворени етнички судири. Вака геостратешки распространета Република Македонија претставува крстосница на различни култури и цивилизации.

Како држава која е при крај со транзициските процеси, Република Македонија на внатрешен политички план продолжува да ги доработува и да ги применува глобалните универзални стандарди на демократијата, човековите права и економско- социјалниот развој (слободен пазар, развој на претприемаштвото, социјална благосостојба и сл.). На надворешен план Р.Македонија гради кооперативни и партнерски односи со соседните држави (решавање на граничните проблеми, слободен проток на стоки и услуги и сл.).

Земајќи ја предвид геполитичката положба, досегашните анализи на ризик и сл., можат да се идентификуваат следните главни безбедносни закани: - Незаконски миграции; - Прекуграничен криминал;

18-28

Page 19: Име и презиме на примателотigu.gov.mk/files/Strategija.doc · Web viewМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото,

Република МакедонијаВлада на Република Македонија

Национален координативен центар за гранично управување

- Главни предизвици во областа на граничната контрола; - Главни закани при надзорот на државната граница.

1.3.1.Незаконски миграцииРепублика Македонија, за поголемиот број на илегални минувачи,

воглавно, е транзитна земја за оние кои имаат цел на патување во други земји, преку т.н. западнобалканска рута. Имајќи предвид дека линијата на источната граница во поголема мерка се протега преку планински венци и помалку населени места, откривањето на илегалните мигранти подразбира соодветна опременост на граничната полиција при откривањето и сузбивањето на овој вид прекуграничен криминал.

Исто така, евидентен феномен со кој Р. Македонија се соочува последните години, е бројот на лица кои бараат азил.

1.3.2.Прекуграничен криминалПокрај наведените миграциски текови, треба да се нагласи дека

т.н. балканска рута и понатаму е актуелна, преку која се врши криумчарење на дрога, украдени возила и оружје и која ги поврзува земјите од Европската унија со Блискиот и Далечниот исток, што претставува предизвик за сите органи кои се вклучени во управувањето со границата.

Криумчарењето на акцизна и друга стока претставува дополнителен предизвик, не само за Царинската управа на Република Македонија, туку и за останатите органи кои имаат одговорност во сузбивањето на прекуграничниот криминал.

1.3.3.Главни предизвици во областа на граничната контролаПросечната стапка на патници во прекуграничниот промет во

последните пет години проценета е околу 15 милиони годишно со тренд на раст од 3% до 6,3%. Вкупниот проток на патници (странски и домашни) во последниот петгодишен период е 76.119.484. Странските државјани сочинуваат 62% од вкупните преминувања на државната граница, додека македонските сочинуваат 38% од вкупниот промет на патници.

Најголем процент на проток на патници се на македонско-грчката граница и тој се движи од 36,3% до 29,3%, а најмал е на македонско – албанската граница и тој процент се движи од 9,0% до 11%.

Во споредба со претходните години, податоците покажуваат зголемена бројка на патници на воздушните гранични премини, што го следи актуелниот тренд на зголемена мобилност на ниво на Европската унија.

19-28

Page 20: Име и презиме на примателотigu.gov.mk/files/Strategija.doc · Web viewМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото,

Република МакедонијаВлада на Република Македонија

Национален координативен центар за гранично управување

Анализата на ризик, извршена од страна на релевантните органи на Европската унија, покажува различни модели на техники за фалсификување на откриените патни документи кај државјаните на различни земји, што ја наметнува потребата од постојана едукација во откривањето и сузбивањето на овој вид фалсификати.

Имајќи го предвид зголемениот промет, кој во значајна мерка е условен од зголемениот проток во туристичката сезона и во текот на празниците, потенцијален предизвик за ефикасно управување со границата претставува обидот за незаконско преминување на државната граница со фалсификувани патни исправи.

1.3.4. Главни закани при надзорот на државната границаНадзорот на државната граница е клучен елемент при граничната

контрола и доста значаен сегмент од делокругот на работа на Граничната полиција.

Имајќи ја предвид конфигурацијата на теренот (планински венци, реки, патишта кои ја сечат границата), патните правци на нелегалните мигранти и прекуграничниот криминал на зелената граница во континуитет се спроведува засилен надзор на најзагрозените правци кои се погодни за незаконско преминување на државната граница со цел развивање на технички решенија за постојан надзор на надворешните граници.

Политичката и хуманитарна криза во трети земји, во претходниот период имаа за последица раселување на поголем број на луѓе, притоа барајќи меѓународна заштита во земјите од Европската унија.

Заради ваквите наведени закани, уште повеќе потребна е меѓусебна поврзаност на сите државни органи кои имаат одговорност во граничното управување и тоа: Граничната полиција, Царината, Дирекцијата за радијациона сигурност, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за земјоделство, Агенцијата за лекови и медицински средства и др.

2. РАЗВОЈНА ДИНАМИКА НА КОНЦЕПТОТ ИНТЕГРИРАНО ГРАНИЧНО УПРАВУВАЊЕ

Причината за воспоставување на цивилен надзор над границата на РМ во периодот од 2003-2005 година и системот на ИГУ произлегуваше од потребата за поуспешно спроведување на Договорот за стабилизација и асоцијација заради примена на општо прифатените стандарди и најдобрите практики на ЕУ во ова област, а со тоа и остварување на стратешката цел, полноправно членство на РМ во Европската унија. Во овој период надлежностите поврзани со обезбедување на д/г од Армијата на Република Македонија преминаа во надлежност на Министерството за внатрешни работи- Граничната полиција.

20-28

Page 21: Име и презиме на примателотigu.gov.mk/files/Strategija.doc · Web viewМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото,

Република МакедонијаВлада на Република Македонија

Национален координативен центар за гранично управување

Исто така, во овој период изградени се Центар за баратели на азил и Прифатен центар за странци.

Приоритетните активности во периодот од 2009-2014 година беа во насока остварување на динамиката за реализација на Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за ИГУ, а, пред сé, за изградба и усовршување на системот за гранична безбедност како дел од вкупниот безбедносен систем на РМ, донесувањето на правни акти од одбласта на границата, на странците, на азилот и визите и усогласувањето на законодавството со прописите на ЕУ, унапредувањето на соработката во рамките на институциите, меѓуресорската и меѓународната соработка, подготовки за склучување на меѓународните договори поврзани со државната граница и граничните премини со соседните држави, прекуграничната полициска соработка и заедничките патроли долж границата, што придонесе за развојот на добрососедските односи, стабилноста во регионот и почитување на територијалниот интегритет на РМ.

Исто така, како приоритетни активности во овој период беа и склучувањата и имплементацијата на Меморандумите за соработка и нивната адекватна примена поврзани со полициски, царински, ветеринарни, фитосанитарни прашања, донесувањето на подзаконски акти за спроведување на законите од оваа област, продолжувањето и реализацијата на програмите за обуки, етички и антикорупциски кодекс, усогласувањето на процедури, реализацијата на проектот поврзан со електронски надзор на државната граница, воспоставувањето на Информатички систем за интегрирано гранично управување и сл.

Како приоритет, исто така, беше и понатамошното усогласување на законодавството поврзано со безбедноста на границите со правото на ЕУ. Во ова насока, потребно е и понатамошно усогласување на Законот за гранична контрола со Шенгенскиот кодекс за границите, Шенгенската конвенција и Шенгенскиот прирачник. Ова ќе придонесе и за поквалитетна подготовка поврзана со преземање на одговорноста за надзор на надворешните граници на ЕУ.

Натамошниот развој во управувањето со границата ќе се развива во согласност со Стратегиите и плановите и тоа:

1. Стратегијата за ИГУ;

2. Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за ИГУ и

3. Годишните акциски планови.

2.1. Координативни механизми

Централна точка во извршувањето на координативните активности е Националниот координативен центар за гранично

21-28

Page 22: Име и презиме на примателотigu.gov.mk/files/Strategija.doc · Web viewМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото,

Република МакедонијаВлада на Република Македонија

Национален координативен центар за гранично управување

управување. Тој, помеѓу другото, е надлежен за спроведување на Стратегијата за развој на интегрираното гранично управување, а спроведувањето на конкретните мерки и надлежности е на органите вклучени во системот на ИГУ, во согласност со нивните надлежности. Со формирањето на Националниот координативен центар за гранично управување, подобрена е координацијата помеѓу институциите кои имаат надлежности во системот на Интегрираното гранично управување. Со тоа се постигна поголема координација, олеснување и размена на податоци и информации и поголема интеграција во граничното управување. Задачите на НКЦГУ поврзани со спроведување на Стратегијата за интегрираното гранично управување и Акцискиот план за нејзино спроведување се следните:

- координација, организација и снхронизација на органите на државната управа, кои имаат надлежност во спроведувањето на Стратегијата и Акцискиот план во ова област;

- утврдување на приоритетот, динамиката и роковите за реализација на активностите и постигнатите резултати од спроведувањето на Стратегијата;

- вршење на надзор во врска со спроведувањето на Стратегијата и Спогодбите за меѓусебната соработка во интегрираното гранично управување и отстранување на воочените недостатоци во спроведување на Стратегијата;

- координација на активностите при изработка на прописите во областа на интегрираното гранично управување и меѓусебната соработка помеѓу граничните служби;

- координација и организација на заеднички акции на органите на државната управа коишто управуваат со границата;

- соработка со соодветните меѓународни организации и со државните органи и органи на локалната самоуправа во врска со интегрираното гранично управување;

- предлагање на мерки за ефикасно решавање на проблемите кои настануваат при движење на луѓето, стоката и превозните средства преку границата;

- учествување во реализација на постигнатите договори, поврзани со изградба на заеднички објеки и предлагање приоритетни мерки во модернизација на граничните премини и развивање на единствениот информатички систем за видео надзор на граничните премини;

- усогласување на прометот и процедурата на граничната контрола со граничните служби на соседните држави;

- предлагање на мерки за отстранување на воочените недостатоци во спроведување на Стратегијата.

НКЦГУ заради остварување на своите задачи, може да формира постојани или повремени стручни работни тимови, со цел реализација на своите задачи од концептот интегрирано гранично управување, како

22-28

Page 23: Име и презиме на примателотigu.gov.mk/files/Strategija.doc · Web viewМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото,

Република МакедонијаВлада на Република Македонија

Национален координативен центар за гранично управување

што се, изработка на Стратегија, следење и усогласување на правната и регулативната рамка со правните текови на ЕУ, унапредување на граничните и други процедури, изработка на заедничка анализа на ризик, користење на инфраструктурните објекти и техничка опрема, организирање на заеднички обуки и вежби, изработка на прирачници и сл. Едно од таквите тела е Советодавното тело одговорно за: соработка, координација, креирање политики, давање насоки и предлог мерки за унапредување на системот за координација и спречување на криминални активности и сл.

2.2.Шенгенски акциски план

Шенгенскиот акциски план предвидува сеопфатни мерки и активности за усвојување на шенгенското правно наследство и унапредување на административните капацитети на граничната полиција во областа на управување со границата, во областа на азилот, миграцијата, визната политика, полициската соработка, борбата против организираниот криминал и тероризмот, соработката и сузбивањето на криминалот со наркотици, соработката со царинските служби и соработката со правосудните органи во областа на кривичните и граѓанските прашања.

2.3. Останати значајни документи

Покрај Стратегијата за интегрирано гранично управување, постојат и други значајни документи кои го сочинуваат правниот и регулаторниот систем за ефикасна контрола на државната граница и спроведувањето на најдобрите практики на ЕУ, како на пример, Антикорупциската програма на Министерството за внатрешни работи.

Во областа на управување со миграциските текови, Р.Македонија ја има донесено Резолуцијата за миграционата политика на Р.Македонија и Стратегијата за борба против трговијата со луѓе и илегални миграции, во која се инкорпорирани ЕУ стандардите. Исто така и оваа Стратегија е земена предвид во процесот на спроведувањето на интегрираното гранично управување.

III. КОНЦЕПТОТ НА ИНТЕГРИРАНО ГРАНИЧНО УПРАВУВАЊЕ ВО ЕУ- OСНОВА ЗА ИДНИОТ РАЗВОЈ НА ИГУ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Концептот за интегрирано гранично управување на ЕУ, донесен од страна на Советот на ЕУ, на 21 ноември 2006 година во Брисел, односно Заклучоците на Советот за правда и внатрешни работи донесени на состанокот одржан на 4 и 5 декември 2006 година, ги опфаќа следните сегменти:

23-28

Page 24: Име и презиме на примателотigu.gov.mk/files/Strategija.doc · Web viewМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото,

Република МакедонијаВлада на Република Македонија

Национален координативен центар за гранично управување

- Гранична контрола (проверки и надзор), согласно дефиницијата во Шенгенскиот граничен кодекс, вклучувајќи ја анализата на ризик и криминалистичкото разузнавање;

- Откривање и истрага на прекуграничниот криминал во координација со сите надлежни служби за спроведување на законот;

- Четирислоен контролен модел за пристап, кој опфаќа мерки во трети држави, соработка со соседните земји, гранична контрола и контролни мерки во областа на слободното движење, вклучувајќи го и враќањето;

- Меѓуагенциска соработка за гранично управување (гранична полиција, царина, и други релевантни органи и служби) и меѓународна соработка и

- Координација и поврзување на активностите на земјите - членки, институциите и други тела на Заедницата и на Унијата.

Комплементарноста и хармонизираноста меѓу наведените сегменти, што воедно ќе се одрази на успешната имплементација на овој концепт, имаат есенцијално значење за севкупниот успех во вградувањето и спроведувањето на наведениот концепт во националниот систем на една држава. Имајќи ги предвид одредбите од Шенгенскиот каталог, и не занемарувајќи ги останатите елементи, посебен акцент ќе биде ставен на имплементација на четири слојниот контролен модел на пристап, којшто согласно Шенгенскиот каталог, претставува основа на интегрираното гранично управување. Конкретните активности подетално ќе бидат разработени во Акциски план за спроведување на оваа Стратегија.

Република Македонија ќе ги земе предвид, како наведените акти на ЕУ, така и одредбите пропишани со Шенгенскиот граничен кодекс од 2006 година (со сите последователни измени и дополнувања) и со Шенгенскиот каталог за контрола на надворешните граници, враќање и реадмисија (препораки и најдобри практики) – ажурирана верзија од 2009 година. Паралелно, континуирано ќе се имаат предвид прописите и насоките произлезени од Фронтекс, како најзначајна ЕУ агенција во доменот на интегрираното гранично управување.

IV. ВИЗИИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА КОНЦЕПТОТ НА ИГУ ВО МАКЕДОНСКИ УСЛОВИ

За идниот развој на ИГУ во Р.Македонија предвид ќе биде земен концептот за ИГУ во ЕУ, односно одредбите и заложбите на ЕУ за развојот и унапредувањето на системот интегрирано гранично управување.

Согласно наведеното, идните визии ќе се движат во следниве насоки:

4.1. Гранична контрола

24-28

Page 25: Име и презиме на примателотigu.gov.mk/files/Strategija.doc · Web viewМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото,

Република МакедонијаВлада на Република Македонија

Национален координативен центар за гранично управување

Имајки ја предвид геополитичката положба на земјата, безбедносните ризици и заканите, во контекст на усвојување на Шенгенските стандарди на идните надворешни шенгенски граници, граничната контрола ќе се остварува со цел:

- заштита на внатрешната безбедност и спречување на илегалната миграција и прекуграничниот криминал преку системски проверки на границите базирани на анализа на ризикот според Шенгенскиот код, спречување на незаконски преминувања на зелената граница, на сината граница и на граничните премини, сузбивање на криминалот со дрога, борба против тероризмот и придонес кон безбедноста при меѓународни спортски настани;

-унапредување на активностите на граничната полиција во областите на надзор на државната граница и граничните проверки, согласно Законот за гранична контрола со цел подобрување на ефикасноста на системот на гранична контрола и зголемување на протокот на лица и стоки;

-спроведување на граничните процедури и натамошна надградба на системот за надзор на државната граница во склад со шенгенските стандарди;

-изградба на потребната инфраструктура;-зајакнување на системот за анализа на ризик и криминалистичка

оперативна анализа и двонасочна размена на информации;- унапредување на соработката со Царинската управа и

инспекциските служби.

4.2. Борба против прекуграничниот криминал

Оваа компонента опфаќа откривање и сузбивање на прекуграничниот криминал. При нејзиното спроведување ќе се имаат предвид специфичните облици на прекуграничниот криминал идентификувани како главни закани, а со цел:

- унапредување на прекуграничната полициска соработка во сузбивањето на прекуграничниот криминал;

- зајакнување на прекуграничната полициска и царинска соработка во борбата против криумчарењето и фалсификувањето;

- превенција и сузбивање на трговијата со луѓе и криумчарењето илегални мигранти;

- сузбивање на криумчарењето и злоупотребата на недозволени дроги и нивни прекурсори;

- придонес во безбедноста на меѓународни спортски натпревари;- борба против тероризмот.

4.3. Четирислоен модел на контрола на пристапот

4.3.1. Мерки во трети држави

25-28

Page 26: Име и презиме на примателотigu.gov.mk/files/Strategija.doc · Web viewМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото,

Република МакедонијаВлада на Република Македонија

Национален координативен центар за гранично управување

Најголемиот број на дипломатските и конзуларните претставништва на Република Македонија се поврзани со Националниот виза информациски систем. Согласно укажаните потреби се врши поврзување на новоотворените ДКП, одржување и натамошно унапредување на системот.Сите вработени упатени на работа во дипломатските и конзуларните преставништва на Република Македонија во странство минуваат низ претходна обука за работа на Националниот виза информациски систем, во зависност од земјата во којашто се упатуваат.

4.3.2. Соработка со соседни држави

Соработката со соседните држави ќе се развива во насока на одржување и натамошно зајакнување на воспоставеното ниво на соработка. За таа цел, ќе се преземат следните мерки:

- понатамошна практична имплементација на постоечките договори со соседните земји;

- склучување и спроведување на нови Договори со Р. Албанија, Р. Бугарија, Р. Грција. Р. Косово и Р. Србија;

- зајакнување на мрежата на Заеднички контакт центри за полициска и царинска соработка;

- отворање на нови гранични премини; - учество во регионални проекти и иницијативи.

IV.3.3. Мерки во областа на слободното движење, вклучително и враќањето

Како најзначајни мерки коишто ќе се преземаат во областа на слободното движење, вклучително и враќањето би можеле да ги посочиме следниве:

-контрола на движење и престој на странци;-спроведување на мерките кои се однесуваат на реадмисијата;-воспоставување на прекугранична соработка со соседните

држави; -соработка на органите во областа на азилот и воспоставување на

EURODAC.

4.4. Координација и кохерентност во делувањето на земјите членки, институциите и други тела на ЕУ (Фронтекс и др.)

Концептот за Интегрирано гранично управување, кој Република Македонија повеќе години го развива, предвидува блиска соработка со земјите – членки на ЕУ и со релевантните агенции и тела на ЕУ. Во таа насока, ќе се работи на исполнување на следните цели:

- унапредување на постоечката соработка со Фронтекс;

26-28

Page 27: Име и презиме на примателотigu.gov.mk/files/Strategija.doc · Web viewМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото,

Република МакедонијаВлада на Република Македонија

Национален координативен центар за гранично управување

- унапредување на соработката со ОЛАФ;- активно учество во работата на работните и експертските групи

на меѓународно ниво;- активно учество во регионални иницијативи и проекти од областа

на граничното управување;- учество во заеднички и координирани оперативни активности на

внатрешните и надворешните ЕУ граници.

Истите, ќе бидат остварени преку реализација на повеќе мерки и активности, притоа имајќи ги предвид следните аспекти:

- потребата од хармонизација на правната рамка;- натамошен развој на постоечките процедури;- човечките и технички капацитети; - потребната инфраструктура и техничка поддршка;- неопходните мерки за ефикасно управување и организација;- обезбедување на соодветен систем за комуникации и размена на

информации.

Временската рамка за реализација на активностите е дефинирана согласно целите содржани во Стратегијата и Националниот акциски план.

4.5. Шенгенски информациски систем и SIRENE биро

Со цел подготовка за пристапување кон Шенгенската зона, во наредниот период ќе се изработи Акциски план за воспоставување на ИТ платформа за приклучување кон SIS 2 и ИТ поддршка на националното SIRENE биро. Оваа активност ќе се реализира во рамките на билатералниот Проект меѓу МВР на Република Македонија и МВР на Република Словенија, за зајакнување на националните капацитети во областа на полициска соработка.

V. ЗАКЛУЧОК

Стратегијата за развој на интегрираното гранично управување, како стратешки производ има особена важност за сите учесници и институции кои се вклучени во интегрирано гранично управување. Таа, дава можност за подобро менаџирање, особено кога се работи за кризни ситуации, креирање на добра кадровска политика и соодветно опремување на граничната служба, подобрување на оперативната соработка меѓу државните органи и институции вклучени во граничното управување како и подобрување на билатералната и мултилатералната соработка. Согледувањата засновани врз оваа Стратегија и Акцискиот план за интегрирано гранично управување, треба да претставуваат основна алатка за годишните планови поврзани со натамошните активности и развој на интегрираното гранично управување во Република Македонија.

27-28

Page 28: Име и презиме на примателотigu.gov.mk/files/Strategija.doc · Web viewМинистерството за транспорт и врски, помеѓу другото,

Република МакедонијаВлада на Република Македонија

Национален координативен центар за гранично управување

Стратегијата и Акцискиот план за интегрирано гранично управување, во целост го одразуваат концептот за интегрирано гранично управување во Европската Унија.

Стратегијата и Акцискиот план се изработени и со поддршка на експерт од Република Словенија, а истите ќе бидат усвоени во согласност со утврдената процедура.

28-28