26
1 DCP-J4110DW MCD Верзија 0 Пред поставување на уредот прочитајте го Упатството за безбедност. Потоа прочитајте го ова Упатство за брзо инсталирање за правилно поставување и инсталација. 1 Распакувајте го уредот ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ За пакувањето на уредот се користени пластични кеси. За да избегнете опасност од задушување, чувајте ги овие пластични кеси подалеку од бебиња и деца. Пластичните кеси не се играчки. Отстранете ги заштитната лента и филмот со коишто се покриени уредот и екранот на допир. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ укажува на можна опасна ситуација којашто, доколку не се избегне, би можела да предизвика смрт или сериозни повреди. ВНИМАНИЕ ВНИМАНИЕ укажува на можна опасна ситуација којашто, доколку не се избегне, би можела да предизвика помали или лесни повреди. ВАЖНО ВАЖНО укажува на можна опасна ситуација којашто, доколку не се избегне, би можела да предизвика оштетување или намалување на функционалноста на производот. НАПОМЕНА Напомените ве упатуваат како треба да реагирате во одредена ситуација или даваат совети околу начинот на работа со другите функции. Започнете овде Упатство за брзо инсталирање DCP-J4110DW

Упатство DCP-J4110DW Започнете овде DCP-J4110DWdownload.brother.com/welcome/doc003087/dcp4110dw_mcd_qsg.pdfвонасока спротивна од стрелките

  • Upload
    others

  • View
    20

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Упатство DCP-J4110DW Започнете овде DCP-J4110DWdownload.brother.com/welcome/doc003087/dcp4110dw_mcd_qsg.pdfвонасока спротивна од стрелките

1

DCP-J4110DW

MCD Верзија 0

Пред поставување на уредот прочитајте го Упатството за безбедност. Потоа прочитајте го ова Упатство за брзо инсталирање за правилно поставување и инсталација.

1 Распакувајте го уредот

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕЗа пакувањето на уредот се користени пластични кеси. За да избегнете опасност од задушување, чувајте ги овие пластични кеси подалеку од бебиња и деца. Пластичните кеси не се играчки.

Отстранете ги заштитната лента и филмот со коишто се покриени уредот и екранот на допир.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ укажува на можна опасна ситуација којашто, доколку не се избегне, би можела да предизвика смрт или сериозни повреди.

ВНИМАНИЕ ВНИМАНИЕ укажува на можна опасна ситуација којашто, доколку не се избегне, би можела да предизвика помали или лесни повреди.

ВАЖНОВАЖНО укажува на можна опасна ситуација којашто, доколку не се избегне, би можела да предизвика оштетување или намалување на функционалноста на производот.

НАПОМЕНАНапомените ве упатуваат како треба да реагирате во одредена ситуација или даваат совети околу начинот на работа со другите функции.

Започнете овдеУпатство за брзо инсталирање DCP-J4110DW

Page 2: Упатство DCP-J4110DW Започнете овде DCP-J4110DWdownload.brother.com/welcome/doc003087/dcp4110dw_mcd_qsg.pdfвонасока спротивна од стрелките

2

2 Ставете обична хартија во A4 формат

ВНИМАНИЕНЕ носете го уредот држејќи го за капакот на скенерот, капакот за одглавување хартија, капакот за рачно вметнување хартија или контролната табла. На тој начин уредот може да ви падне од раце. Носете го уредот поставувајќи ги рацете во вдлабнатините за раце поставени на двете страни од уредот.За повеќе информации, видете во Упатство за безбедност.

а Целосно извлечете ја фиоката за хартија надвор од уредот.

б Отворете го капакот на фиоката за излез на отпечатената хартија.

в Нежно притиснете ги и придвижете ги водилките за хартија a за да одговараат на големината на хартијата. Проверете дали триаголната ознака b на водилката за хартија a е порамнета со ознаката за големината на хартија што ја користите.

г Добро поставете ги листовите хартија за да избегнете заглавување и погрешно внесување на хартијата.

д Внимателно поставете ја хартијата во фиоката за хартија со страната за печатење надолу и со нејзиниот горен раб свртен кон влезот на фиоката.

ѓ Нежно приспособете ги водилките на хартијата за да одговараат на хартијата. Проверете дали водилките за хартија ги допираат рабовите на хартијата.

е Проверете дали хартијата е рамно поставена во фиоката и под ознаката за максимално количество хартија. Затворете го капакот на фиоката за излез на хартија.

ж Внимателно турнете ја фиоката за хартија целосно во уредот.

НАПОМЕНАСекогаш проверувајте дали хартијата е извиткана или истуткана.

1

2

ВАЖНОНе туркајте ја хартијата премногу навнатре; таа може да се подигне во задниот дел од фиоката и да предизвика проблеми при влегувањето на листовите.

Page 3: Упатство DCP-J4110DW Започнете овде DCP-J4110DWdownload.brother.com/welcome/doc003087/dcp4110dw_mcd_qsg.pdfвонасока спротивна од стрелките

3

з Држејќи ја фиоката за хартија на место, извлечете го држачот за хартија додека не кликне, а потоа извлечете го дополнителниот држач за хартија. 3 Поврзете го кабелот за

напојување

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕУредот мора да биде опремен со заземјен приклучок.

Поврзете го кабелот за напојување.

4 Изберете го јазикот

а Притиснете на саканиот јазик.

б Притиснете Yes или No.

НАПОМЕНАЗа печатење и копирање врз специјални медиуми, отворете го лежиштето за рачно вметнување a на задниот дел од уредот. Вметнувајте еден по еден лист A3 Ledger, Legal, пликови или подебела хартија кога го користите лежиштето за рачно вметнување.За повеќе информации, видете „Loading paper in the manual feed slot“ во поглавје 2 од „Basic User’s Guide“ (Основно упатство за употреба).

1

ВАЖНОНЕ приклучувајте го USB-кабелот сè уште (доколку користите USB-кабел).

НАПОМЕНАLED-сијаличката за предупредување на контролната табла ќе остане вклучена сè додека не ги вметнете кертриџите со мастило.

Page 4: Упатство DCP-J4110DW Започнете овде DCP-J4110DWdownload.brother.com/welcome/doc003087/dcp4110dw_mcd_qsg.pdfвонасока спротивна од стрелките

4

5 Вметнете ги касетите со мастило

ВНИМАНИЕВо случај мастило да дојде во контакт со вашите очи, измијте ги со вода веднаш, а ако сте загрижени, консултирајте се со доктор.

а Проверете дали напојувањето е вклучено.

б Отворете го капакот на касетата со мастило a.

в Отстранете го портокаловиот заштитен дел.

г Распакувајте ја касетата со мастило. Завртете го зелениот лост за отпуштање на портокаловиот заштитен материјал a во насока спротивна од стрелките на часовникот додека не кликне за да се ослободи вакумската изолација. Потоа, отстранете го портокаловиот заштитен материјал a како што е прикажано.

НАПОМЕНАНајпрво, задолжително вметнете ги почетните касети со мастило испорачани со уредот.

НАПОМЕНААголот на контролната табла може да го приспособувате со подигнување. Кога ја спуштате контролната табла, проверете дали е притиснато копчето за отпуштање a кое се наоѓа зад ознаката.

1

1

ВАЖНО• НЕ тресете ги касетите со мастило. Доколку ви капне мастило на кожата или облеката, веднаш измијте го со сапун или со детергент.

• НЕ допирајте ја касетата на покажаното место b, бидејќи така уредот може да не функционира со касетата.

1

2

1

2

Page 5: Упатство DCP-J4110DW Започнете овде DCP-J4110DWdownload.brother.com/welcome/doc003087/dcp4110dw_mcd_qsg.pdfвонасока спротивна од стрелките

5

д Проверете дали бојата на лепенката и бојата на касетата се совпаѓаат.Вметнете ја секоја касета со мастило во насока на стрелката на лепенката.

ѓ Нежно притиснете го задниот дел на касетата со мастило со ознаката „PUSH“ додека да се подигне лостот за касетата. Откако ќе ги вметнете сите касети со мастило затворете го капакот за касети со мастило.

6 Проверете го квалитетот на печатење

а Кога процесот на подготовка ќе заврши, на екранот на допир се прикажува Set Paper and Press Start.Притиснете Start.

б Проверете го квалитетот на четирите блокови боја на листот (црна/жолта/тиркизна/пурпурна).

в Ако сите линии се јасни и видливи, притиснете Yes за да ја завршите проверката на квалитетот и преминете на следниот чекор.Ако видите дека недостасуваат кратки линии, притиснете No и следете ги постапките на екранот на допир.

7 Изберете го јазикот (ако е потребно)

а Притиснете Settings.

б Притиснете s или t за да се прикаже Initial Setup. Притиснете Initial Setup.

в Притиснете s или t за да се прикаже Local Language. Притиснете Local Language.

г Притиснете на саканиот јазик.

д Притиснете .

8 Поставете го датумот и времето

а Притиснете Settings.

б Притиснете s или t за да се прикаже Initial Setup. Притиснете Initial Setup.

в Притиснете Date & Time.

г Притиснете Date & Time.Внесете ги последните две цифри од годината преку екранот на допир, а потоа притиснете OK. За да го придвижите курсорот кон лево, притиснете и внесете го бројот повторно.

д Повторете ја истата постапка за месец/ден/време во 24-часовен формат.

ѓ Притиснете .

НАПОМЕНАУредот ќе го подготви за печатење системот на цевката со мастило. Овој процес ќе трае околу четири минути. Не исклучувајте го уредот.

Page 6: Упатство DCP-J4110DW Започнете овде DCP-J4110DWdownload.brother.com/welcome/doc003087/dcp4110dw_mcd_qsg.pdfвонасока спротивна од стрелките

6

9 Поставете ја временската зона

Можете да ја поставите временската зона на уредот соодветно на вашата локација.

а Притиснете Settings.

б Притиснете s или t за да се прикаже Initial Setup. Притиснете Initial Setup.

в Притиснете Date & Time.

г Притиснете Time Zone.

д Внесете ја вашата временска зона.Притиснете OK.

ѓ Притиснете .

Page 7: Упатство DCP-J4110DW Започнете овде DCP-J4110DWdownload.brother.com/welcome/doc003087/dcp4110dw_mcd_qsg.pdfвонасока спротивна од стрелките

7

Window

Macintosh

Window

s ®M

acintoshU

SBЖична м

режа

Безж

ична мреж

а

10 Изберете го типот на вашата конекција

Овие упатства за инсталација се за Windows® XP Home, XP Professional, XP Professional x64 Edition, Windows Vista®, Windows® 7 и Mac OS X верзии 10.5.8, 10.6.x, 10.7.x.

НАПОМЕНА• За Windows Server® 2003/2008/2008 R2, двигатели може да најдете на страницата за преземање на вашиот модел на http://solutions.brother.com/

• Ако компјутерот нема погон за CD-ROM, можете да ги преземете најновите двигатели, упатства и алатки за вашиот модел од Brother Solutions Center на http://solutions.brother.com/. Некои од софтверските апликации што ги содржи CD-ROM-от може да не се достапни за преземање.

• За најнови двигатели и информации посетете го http://solutions.brother.com/

За USB кабел за поврзувањеЗа Windows®, одете на страница 8За Macintosh, одете на страница 10

За жична мрежаЗа Windows®, одете на страница 12За Macintosh, одете на страница 14

За безжична мрежаЗа Windows® и Macintosh, одете на страница 16

Page 8: Упатство DCP-J4110DW Започнете овде DCP-J4110DWdownload.brother.com/welcome/doc003087/dcp4110dw_mcd_qsg.pdfвонасока спротивна од стрелките

8

Windows®USB

За корисници на USB-поврзување (Windows® XP Home/XP Professional/Windows Vista®/Windows® 7)

11 Пред инсталацијата

Проверете дали компјутерот е ВКЛУЧЕН и дали сте најавени со администраторски права.

12 Инсталирајте MFL-Pro Suite

а Вметнете го испорачаниот CD-ROM за инсталација во погонот за CD-ROM. Следете ги упатствата на екранот.

б Ќе се појави главното мени на CD-ROM-от.Кликнете Install MFL-Pro Suite и кликнете Yes ако ги прифаќате лиценцните договори. Следете ги упатствата на екранот.

в Изберете Local Connection (USB), а потоа кликнете Next. Инсталацијата продолжува.

г Кога ќе се појави овој екран, преминете на следниот чекор.

13 Приклучете го USB-кабелот

а

б

Page 9: Упатство DCP-J4110DW Започнете овде DCP-J4110DWdownload.brother.com/welcome/doc003087/dcp4110dw_mcd_qsg.pdfвонасока спротивна од стрелките

9

Windows®USBW

indows

®M

acintoshU

SB

в

г

д Инсталацијата ќе продолжи автоматски. Екраните на инсталацијата се појавуваат еден по друг.

ѓ Ако се појави екранот Environmental Advice for Imaging Equipment, кликнете Next.

е Кога ќе се прикаже екранот On-Line Registration, следете ги упатствата на екранот. Кликнете Next.

ж Ако не сакате да го поставите уредот како стандарден печатач, деселектирајте ја опцијата Set as Default Printer и кликнете Next.

14 Крај и рестартување

а Кликнете Finish за да го рестартувате компјутерот. Откако ќе го рестартувате компјутерот, мора да сте најавени со администраторски права.

б Ќе се појават следните екрани.• Кога ќе се појави екранот Software

Update Setting, изберете ја саканата поставка за ажурирање на софтверот и кликнете OK.

• Кога ќе се појави екранот Brother Product Research and Support Program, изберете ја претпочитаната опција и следете ги упатствата на екранот.

За да инсталирате изборни апликации:

Сега одете настраница 24

ВАЖНОПроверете дали кабелот не го попречува затворањето на капакот, во спротивно може да се јави грешка.

1

2

3

НАПОМЕНАЗа ажурирање на софтверот и за Brother Product Research & Support Program е потребен пристап до интернет.

Готово Инсталацијата е завршена.

НАПОМЕНАXML Paper Specification Printer Driver XML Paper Specification Printer Driver е најсоодветниот двигател за Windows Vista® и Windows® 7 кога печатите од апликации што користат документи со XML спецификација на хартијата. Преземете го најновиот двигател преку Brother Solutions Center на http://solutions.brother.com/

Page 10: Упатство DCP-J4110DW Започнете овде DCP-J4110DWdownload.brother.com/welcome/doc003087/dcp4110dw_mcd_qsg.pdfвонасока спротивна од стрелките

10

MacintoshUSB

За корисници на USB-поврзување (Mac OS X верзии 10.5.8, 10.6.x, 10.7.x)

11 Пред инсталацијата

Проверете дали уредот е приклучен во струја и дали вашиот Macintosh е ВКЛУЧЕН. Мора да сте најавени со администраторски права.

12 Приклучете го USB-кабелот

а

б

в

г

ВАЖНО• НЕ приклучувајте го уредот на USB-порта од тастатура или на USB-порта без електрично напојување.

• Поврзете го уредот директно со вашиот Macintosh.

ВАЖНОПроверете дали кабелот не го попречува затворањето на капакот, во спротивно може да се јави грешка.

1

2

3

Page 11: Упатство DCP-J4110DW Започнете овде DCP-J4110DWdownload.brother.com/welcome/doc003087/dcp4110dw_mcd_qsg.pdfвонасока спротивна од стрелките

11

MacintoshUSBW

indows

®M

acintoshU

SB

13 Инсталирајте MFL-Pro Suite

а Вметнете го испорачаниот CD-ROM за инсталација во погонот за CD-ROM.

б Кликнете двапати на иконата Start Here OSX за да инсталирате. Ако се појави екранот за име на моделот, изберете го вашиот уред.

в Изберете Local Connection (USB), а потоа кликнете Next. Следете ги упатствата на екранот.

г Почекајте да се инсталира софтверот. По инсталацијата, софтверот на Brother ќе го побара уредот Brother. Ќе требаат неколку секунди за завршување на инсталацијата.

д Изберете го вашиот уред од списокот, а потоа кликнете OK.

ѓ Кога ќе се појави овој екран, кликнете Add Printer.

Изберете го уредот од списокот. Кликнете Add, а потоа кликнете Next.

е Кога ќе се појави овој екран, кликнете Next.

Готово Инсталацијата е завршена.

Page 12: Упатство DCP-J4110DW Започнете овде DCP-J4110DWdownload.brother.com/welcome/doc003087/dcp4110dw_mcd_qsg.pdfвонасока спротивна од стрелките

12

Windows®Жична мрежа

За корисници на интерфејс со жична мрежа (Windows® XP Home/XP Professional/Windows Vista®/Windows® 7)

11 Пред инсталацијата

Проверете дали компјутерот е ВКЛУЧЕН и дали сте најавени со администраторски права.

12 Поврзете го мрежниот кабел

а

б

в

г

ВАЖНОПроверете дали кабелот не го попречува затворањето на капакот, во спротивно може да се јави грешка.

1

2

3

Page 13: Упатство DCP-J4110DW Започнете овде DCP-J4110DWdownload.brother.com/welcome/doc003087/dcp4110dw_mcd_qsg.pdfвонасока спротивна од стрелките

13

Windows®Жична мрежаW

indows ®

Macintosh

Жична м

режа

13 Инсталирајте MFL-Pro Suite

а Вметнете го испорачаниот CD-ROM за инсталација во погонот за CD-ROM. Следете ги упатствата на екранот.

б Ќе се појави главното мени на CD-ROM-от.Кликнете Install MFL-Pro Suite и кликнете Yes ако ги прифаќате лиценцните договори. Следете ги упатствата на екранот.

в Изберете Wired Network Connection (Ethernet), а потоа кликнете Next.

г Кога ќе се појави екранот Firewall/AntiVirus detected, изберете Change the Firewall port settings to enable network connection and continue with the installation. (Recommended) и кликнете Next.Ако не користите Windows® Огнен ѕид, погледнете во прирачникот за корисници за вашиот огнен ѕид за да најдете информации околу тоа како да ги додадете следните мрежни порти.

За мрежно скенирање додадете UDP порта 54925.Ако и понатаму имате потешкотии со мрежната врска, додадете ги UDP-портите 137 и 161.

д Инсталацијата на двигателите за Brother ќе започне автоматски. Екраните на инсталацијата се појавуваат еден по друг.

ѓ Ако се појави екранот Environmental Advice for Imaging Equipment, кликнете Next.

е Кога ќе се прикаже екранот On-Line Registration, следете ги упатствата на екранот. Кликнете Next.

ж Ако не сакате да го поставите уредот како стандарден печатач, деселектирајте ја опцијата Set as Default Printer и кликнете Next.

14 Крај и рестартување

а Кликнете Finish за да го рестартувате компјутерот. Откако ќе го рестартувате компјутерот, мора да сте најавени со администраторски права.

б Ќе се појават следните екрани.• Кога ќе се појави екранот Software

Update Setting, изберете ја саканата поставка за ажурирање на софтверот и кликнете OK.

• Кога ќе се појави екранот Brother Product Research and Support Program, изберете ја претпочитаната опција и следете ги упатствата на екранот.

За да инсталирате изборни апликации:

Сега одете настраница 24

НАПОМЕНА• Ако на мрежата има поврзано повеќе уреди, изберете го вашиот уред од списокот, а потоа кликнете Next.

• Ако вашиот уред не се пронајде на мрежата, потврдете ги вашите поставки следејќи ги упатствата на екранот.

НАПОМЕНАЗа ажурирање на софтверот и за Brother Product Research & Support Program е потребен пристап до интернет.

Готово Инсталацијата е завршена.

НАПОМЕНАXML Paper Specification Printer Driver XML Paper Specification Printer Driver е најсоодветниот двигател за Windows Vista® и Windows® 7 кога печатите од апликации што користат документи со XML спецификација на хартијата. Преземете го најновиот двигател преку Brother Solutions Center на http://solutions.brother.com/

Page 14: Упатство DCP-J4110DW Започнете овде DCP-J4110DWdownload.brother.com/welcome/doc003087/dcp4110dw_mcd_qsg.pdfвонасока спротивна од стрелките

14

MacintoshЖична мрежа

За корисници на поврзување со жична мрежа (Mac OS X верзии 10.5.8, 10.6.x, 10.7.x)

11 Пред инсталацијата

Проверете дали уредот е приклучен во струја и дали вашиот Macintosh е ВКЛУЧЕН. Мора да сте најавени со администраторски права.

12 Поврзете го мрежниот кабел

а

б

в

г1

2

3

Page 15: Упатство DCP-J4110DW Започнете овде DCP-J4110DWdownload.brother.com/welcome/doc003087/dcp4110dw_mcd_qsg.pdfвонасока спротивна од стрелките

15

MacintoshЖична мрежаW

indows ®

Macintosh

Жична м

режа

13 Инсталирајте MFL-Pro Suite

а Вметнете го испорачаниот CD-ROM за инсталација во погонот за CD-ROM.

б Кликнете двапати на иконата Start Here OSX за да инсталирате. Ако се појави екранот за име на моделот, изберете го вашиот уред.

в Изберете Wired Network Connection (Ethernet), а потоа кликнете Next. Следете ги упатствата на екранот.

г Почекајте да се инсталира софтверот. По инсталацијата, софтверот на Brother ќе го побара уредот Brother. Ќе требаат неколку секунди за завршување на инсталацијата.

д Ако уредот е конфигуриран за вашата мрежа, изберете го уредот од списокот, а потоа кликнете OK.

ѓ Кога ќе се појави овој екран, кликнете Add Printer.

Изберете го уредот од списокот. Кликнете Add, а потоа кликнете Next.

е Кога ќе се појави овој екран, кликнете Next.

Готово Инсталацијата е завршена.

Page 16: Упатство DCP-J4110DW Започнете овде DCP-J4110DWdownload.brother.com/welcome/doc003087/dcp4110dw_mcd_qsg.pdfвонасока спротивна од стрелките

16

За корисници на безжична мрежа

За корисници на поврзување со безжична мрежа

11 Пред за започнете

Иако уредот Brother може да се користи и во жична и во безжична мрежа, само еден од начините на поврзување може да се користи во даден момент.

12 Изберете го начинот на безжично поставување

Следните упатства нудат три начини за поставување на уредот Brother во безжична мрежа. Изберете го претпочитаниот начин во зависност од околината.

НАПОМЕНААко претходно сте ги конфигурирале поставките за безжична мрежа на уредот, мора да ги ресетирате мрежните поставки пред да можете да ги конфигурирате поставките за безжична мрежа повторно. Притиснете Settings на уредот. Притиснете s или t за да се прикаже Network. Притиснете Network. Притиснете s или t за да се прикаже Network Reset. Притиснете Network Reset. Притиснете Yes за да прифатите. Задржете Yes 2 секунди за да потврдите.

НАПОМЕНАУпатства како да го поставите уредот во ад-хок режим (поврзан за компјутер способен за безжично поврзување без точка за пристап/рутер) има во „Network User’s Guide“ (Упатство за вмрежување) на CD-ROM-от.„Network User’s Guide“ (Упатство за вмрежување) можете да го разгледувате следејќи ги упатствата подолу.1 Вклучете го компјутерот. Вметнете го CD-ROM-от во погонот за CD-ROM.За Windows®:2 Изберете ги вашиот модел и јазик. Ќе се појави главното мени на CD-ROM-от.3 Кликнете User’s Guides, а потоа кликнете PDF documents.4 Кликнете Network User’s Guide.За Macintosh:2 Кликнете двапати на User’s Guides. Изберете ги вашиот модел и јазик.3 Кликнете User’s Guides, а потоа кликнете Network User’s Guide.

а Поставување со помош на CD-ROM-от за инсталација и USB-кабел (Windows® и Macintosh)За време на конфигурирањето треба привремено да користите USB-кабел (кабелот не е испорачан со производот).За овој начин се препорачува да користите компјутер што е безжично поврзан на вашата мрежа.

Ако користите Windows® XP или моментално користите компјутер поврзан со точка за пристап/рутер преку мрежен кабел, треба да ги знаете поставките за безжичната мрежа. Запишете ги поставките за безжичната мрежа во просторот на страница 17.

Сега одете на страница 18

Page 17: Упатство DCP-J4110DW Започнете овде DCP-J4110DWdownload.brother.com/welcome/doc003087/dcp4110dw_mcd_qsg.pdfвонасока спротивна од стрелките

17

За корисници на безжична мрежаБезж

ична мреж

а

За начинот б, започнете го безжичното поставување со притискање на копчето Wi-Fi на екранот на допир.

SSID (Име на мрежа) / Мрежен клуч

Ве молиме не контактирајте со службата за корисници на Brother барајќи поддршка ако ги немате безбедносните информации за безжичната мрежа. Не можеме да ви помогнеме во наоѓањето на вашите безбедносни поставки за мрежата.

Ставка Снимете ги тековните поставки за безжичната мрежаSSID (Име на мрежа)Мрежен клуч

* Мрежниот клуч може да се опише и како лозинка, безбедносен клуч или клуч за шифрирање.

НАПОМЕНААко не ги знаете овие информации (SSID и мрежен клуч), не можете да продолжите со безжично поставување.Како да ги најдам овие информации?1) Треба да ја прегледате документацијата што ја имате добиено со точката за безжичен пристап/рутерот.

2) Почетното SSID име на мрежата може да биде името на производителот или името на моделот.

3) Ако не ги знаете безбедносните информации, консултирајте се со производителот на рутерот, системскиот администратор или интернет провајдерот.

б Рачно поставување преку контролната табла со помош на Волшебникот за поставување (Windows®, Macintosh и мобилни уреди)Ако точката за безжичен пристап/рутер не поддржува WPS (Wi-Fi Protected Setup™) или AOSS™, запишете ги поставките за безжична мрежа на вашата точка за безжичен пристап/рутер во просторот даден погоре.

Сега одете на страница 20

в Поставување со еден допир, со помош на WPS или AOSS™ (Windows®, Macintosh и мобилни уреди)Ако точката за безжичен пристап/рутерот поддржува автоматско безжично поставување со едно притискање (WPS или AOSS™), упатствата може да ги најдете во „Network User’s Guide“ (Упатство за вмрежување) на CD-ROM-от. Упатства за поставување на уредот во која било друга безжична околина (ад-хок режим) можете да најдете во „Network User’s Guide“ (Упатство за вмрежување) на CD-ROM-от.

Page 18: Упатство DCP-J4110DW Започнете овде DCP-J4110DWdownload.brother.com/welcome/doc003087/dcp4110dw_mcd_qsg.pdfвонасока спротивна од стрелките

18

За корисници на безжична мрежа

13 Поставување со помош на CD-ROM-от за инсталација и USB-кабел (Windows® и Macintosh)

а Вметнете го испорачаниот CD-ROM за инсталација во погонот за CD-ROM. Следете ги упатствата на екранот.

б Ќе се појави главното мени на CD-ROM-от.Кликнете Install MFL-Pro Suite и кликнете Yes ако ги прифаќате лиценцните договори. Следете ги упатствата на екранот.

в Изберете Wireless Network Connection, а потоа кликнете Next.

г Кога ќе се појави екранот Firewall/AntiVirus detected, изберете Change the Firewall port settings to enable network connection and continue with the installation. (Recommended) и кликнете Next.Ако не користите Windows® Огнен ѕид, погледнете во прирачникот за корисници за вашиот огнен ѕид за да најдете информации околу тоа како да ги додадете следните мрежни порти.

За мрежно скенирање додадете UDP порта 54925.Ако и понатаму имате потешкотии со мрежната врска, додадете ги UDP-портите 137 и 161.

д Изберете Yes, I have a USB cable to use for installation. а потоа притиснете Next.

ѓ Привремено поврзете го USB-кабелот (не е испорачан со производот) директно со компјутерот и уредот.Ако се појави екранот за потврдување, селектирајте го полето и кликнете Next, одете на е. Во спротивно, одете на ж.

е Кога ќе се појави следниот екран, селектирајте Yes ако сакате да се поврзете на наведената SSID-мрежа. Кликнете Next и одете на s.

ж Кога ќе се прикаже следниот екран, волшебникот ќе побара дали има достапни безжични мрежи за вашиот уред. Изберете ја SSID-мрежата што сте ја запишале на страница 16, а потоа кликнете Next.

Овие чекори се наменети за инсталација со Windows®. За инсталација со Macintosh, вметнете го CD-ROM-от за инсталација во единицата за CD-ROM и кликнете двапати на Start Here OSX за инсталирање. Изберете Wireless installation и следете ги упатствата на екранот на компјутерот за поставување безжичен уред.

НАПОМЕНА• За упатства околу поврзувањето на

USB-кабелот со USB-портата на уредот, видете Приклучете го USB-кабелот на страница 8.

• Ако се појави Important Notice селектирајте го полето откако ќе го потврдите клучот за SSID и мрежниот клуч, а потоа кликнете Next.

НАПОМЕНА• Ако не се прикаже список со SSID-мрежи, проверете дали точката за пристап е вклучена и поставена да емитува SSID. Проверете дали уредот и точката за пристап се во досег за меѓусебна комуникација, а потоа кликнете Refresh.

• Ако вашата точка за пристап е поставена така што не емитува SSID, можете рачно да ја додадете кликнувајќи на копчето Advanced. Следете ги упатствата на екранот за да внесете Name (SSID), а потоа кликнете Next.

Page 19: Упатство DCP-J4110DW Започнете овде DCP-J4110DWdownload.brother.com/welcome/doc003087/dcp4110dw_mcd_qsg.pdfвонасока спротивна од стрелките

19

За корисници на безжична мрежаБезж

ична мреж

а

з Внесете го Network Key што го запишавте на страница 16, а потоа кликнете Next.

s Кликнете Next. Поставките ќе се испратат до уредот.

и Исклучете го USB-кабелот што ги поврзува компјутерот и уредот.

j Кликнете Next за да продолжите со инсталација на MFL-Pro Suite.

Безжичното поставување е завршено. Копчето Wi-Fi во горниот десен дел на екранот на допир се претвора во показател со четири нивоа кој ја покажува јачината на безжичниот сигнал на вашата точка за пристап/рутер. LED-сијаличката за Wi-Fi на контролната табла се пали, покажувајќи дека Network I/F на уредот е поставена на WLAN.

За да инсталирате MFL-Pro Suite

За корисници на Windows®:

Сега одете начекор 15-д на страница 21

За корисници на Macintosh:

Сега одете начекор 15-г на страница 23

НАПОМЕНААко мрежата не е конфигурирана за автентикација и шифрирање, ќе се појави следниот екран. За да продолжите со конфигурирање, кликнете OK и одете на s.

НАПОМЕНА• Поставките ќе останат непроменети ако кликнете Cancel.

• Ако сакате рачно да ги внесете поставките за IP-адреса на уредот, кликнете Change IP Address и внесете ги потребните поставки за IP-адреса за вашата мрежа.

• Ако се појави екранот за неуспешно безжично поставување, кликнете Retry.

Page 20: Упатство DCP-J4110DW Започнете овде DCP-J4110DWdownload.brother.com/welcome/doc003087/dcp4110dw_mcd_qsg.pdfвонасока спротивна од стрелките

20

За корисници на безжична мрежа

13 Рачно поставување преку контролната табла со помош на Волшебникот за поставување (Windows®, Macintosh и мобилни уреди)

а Притиснете . Притиснете Setup Wizard.

Кога ќе се прикаже Network I/F switched to Wireless., притиснете Yes за да прифатите.Така ќе го стартувате волшебникот за безжично поставување. За да откажете, притиснете No.

б Уредот ќе побара достапни SSID-мрежи. Ќе требаат неколку секунди за да се прикаже списокот со достапни SSID-мрежи. Ако се прикаже список со SSID-мрежи, притиснете s или t за да ја изберете SSID-мрежата што сте ја запишале на страница 17. Изберете ја SSID-мрежата на којашто сакате да се поврзете.

Ако точката за безжичен пристап/рутерот од избраната SSID-мрежа поддржува WPS и уредот бара да користите WPS, одете на в. Ако уредот бара да внесете мрежен клуч, одете на г. Во спротивно, одете на д.

в Притиснете Yes за да го поврзете уредот со помош на WPS. (Ако изберете No за да продолжите со рачна конфигурација, одете на г за да внесете мрежен клуч.)Кога на екранот на допир е прикажано дека треба да стартувате WPS, притиснете го копчето WPS на точката за безжичен пристап/рутерот, а потоа притиснете Next за да продолжите. Одете на д.

г Внесете го мрежниот клуч што сте го запишале на страница 17 користејќи го екранот на допир.Буквите се појавуваат според следниот редослед: мала буква, па голема буква. Притиснете за избор на букви, броеви и специјални знаци. (Достапните знаци може да се разликуваат во зависност од државата.) За да го придвижите покажувачот кон десно, притиснете c.(За повеќе информации, видете Внесување текст за безжични поставки на страница 25.) Притиснете OK кога ќе ги внесете сите знаци, а потоа притиснете Yes за да ги примените поставките.

д Уредот сега ќе се обиде да се поврзе на вашата безжична мрежа. Може да бидат потребни неколку минути.

ѓ На екранот на допир се појавува порака за резултатот од поврзувањето за 60 секунди и извештајот за WLAN ќе се отпечати автоматски.

Безжичното поставување е завршено. Копчето Wi-Fi во горниот десен дел на екранот на допир се претвора во показател со четири нивоа кој ја покажува јачината на безжичниот сигнал на вашата точка за пристап/рутер. LED-сијаличката за Wi-Fi на контролната табла се пали, покажувајќи дека Network I/F на уредот е поставена на WLAN.

За инсталација на MFL-Pro Suite, продолжете со чекор 14.За корисници на Windows®:

Сега одете настраница 21За корисници на Macintosh:

Сега одете настраница 23

НАПОМЕНА• Ако не се прикаже список со SSID-мрежи, проверете дали точката за пристап е вклучена. Поставете го уредот поблиску до точката за пристап и обидете се да започнете повторно од а.

• Ако вашата точка за пристап е поставена така што не емитува SSID-мрежа, ќе мора рачно да го додадете името на SSID-мрежата. За повеќе информации видете во „Network User’s Guide“ (Упатство за вмрежување).

НАПОМЕНАКорисници на мобилни уреди, погледнете во упатство за употреба за апликацијата што ја користите (на пр. AirPrint, Brother iPrint&Scan или други апликации) за повеќе информации околу тоа како да го користите уредот со апликацијата. За да го преземете упатство за употреба за апликацијата што ја користите, посетете го делот за преземање упатства на почетната страница за вашиот модел на Brother Solutions Center на http://solutions.brother.com/

Page 21: Упатство DCP-J4110DW Започнете овде DCP-J4110DWdownload.brother.com/welcome/doc003087/dcp4110dw_mcd_qsg.pdfвонасока спротивна од стрелките

21

Windows®Безжична мрежаW

indows ®

Macintosh

Безж

ична мреж

а

Инсталирајте ги двигателите и софтверот (Windows® XP Home/XP Professional/Windows Vista®/Windows® 7)

14 Пред инсталацијата

Проверете дали компјутерот е ВКЛУЧЕН и дали сте најавени со администраторски права.

15 Инсталирајте MFL-Pro Suite

а Вметнете го испорачаниот CD-ROM за инсталација во погонот за CD-ROM. Следете ги упатствата на екранот.

б Ќе се појави главното мени на CD-ROM-от.Кликнете Install MFL-Pro Suite и кликнете Yes ако ги прифаќате лиценцните договори. Следете ги упатствата на екранот.

в Изберете Wireless Network Connection, а потоа кликнете Next.

г Кога ќе се појави екранот Firewall/AntiVirus detected, изберете Change the Firewall port settings to enable network connection and continue with the installation. (Recommended) и кликнете Next.Ако не користите Windows® Огнен ѕид, погледнете во прирачникот за корисници за вашиот огнен ѕид за да најдете информации околу тоа како да ги додадете следните мрежни порти.

За мрежно скенирање додадете UDP порта 54925.Ако и понатаму имате потешкотии со мрежната врска, додадете ги UDP-портите 137 и 161.

д Изберете го вашиот уред од списокот, а потоа кликнете Next.

ѓ Инсталацијата на двигателите за Brother ќе започне автоматски. Екраните на инсталацијата се појавуваат еден по друг.

е Ако се појави екранот Environmental Advice for Imaging Equipment, кликнете Next.

ж Кога ќе се прикаже екранот On-Line Registration, следете ги упатствата на екранот. Кликнете Next.

з Ако не сакате да го поставите уредот како стандарден печатач, деселектирајте ја опцијата Set as Default Printer и кликнете Next.

НАПОМЕНА• Ако вашиот уред не се пронајде на мрежата, потврдете ги вашите поставки следејќи ги упатствата на екранот. Доколку се случи ова, одете на чекор 12-б на страница 17 и повторно извршете го поставувањето на безжичната врска.

• Ако користите WEP и екранот на допир прикажува Connected но уредот не се наоѓа на мрежата, проверете дали го имате внесено WEP-клучот правилно. WEP клучот разликува мали и големи букви.

Page 22: Упатство DCP-J4110DW Започнете овде DCP-J4110DWdownload.brother.com/welcome/doc003087/dcp4110dw_mcd_qsg.pdfвонасока спротивна од стрелките

22

Windows®Безжична мрежа

16 Крај и рестартување

а Кликнете Finish за да го рестартувате компјутерот. Откако ќе го рестартувате компјутерот, мора да сте најавени со администраторски права.

б Ќе се појават следните екрани.• Кога ќе се појави екранот Software

Update Setting, изберете ја саканата поставка за ажурирање на софтверот и кликнете OK.

• Кога ќе се појави екранот Brother Product Research and Support Program, изберете ја претпочитаната опција и следете ги упатствата на екранот.

За да инсталирате изборни апликации:

Сега одете настраница 24

НАПОМЕНАЗа ажурирање на софтверот и за Brother Product Research & Support Program е потребен пристап до интернет.

Готово Инсталацијата е завршена.

НАПОМЕНАXML Paper Specification Printer Driver XML Paper Specification Printer Driver е најсоодветниот двигател за Windows Vista® и Windows® 7 кога печатите од апликации што користат документи со XML спецификација на хартијата. Преземете го најновиот двигател преку Brother Solutions Center на http://solutions.brother.com/

Page 23: Упатство DCP-J4110DW Започнете овде DCP-J4110DWdownload.brother.com/welcome/doc003087/dcp4110dw_mcd_qsg.pdfвонасока спротивна од стрелките

23

MacintoshБезжична мрежаW

indows ®

Macintosh

Безж

ична мреж

а

Инсталирајте ги двигателите и софтверот (Mac OS X верзии 10.5.8, 10.6.x, 10.7.x)

14 Пред инсталацијата

Проверете дали уредот е приклучен во струја и дали вашиот Macintosh е ВКЛУЧЕН. Мора да сте најавени со администраторски права.

15 Инсталирајте MFL-Pro Suite

а Вметнете го испорачаниот CD-ROM за инсталација во погонот за CD-ROM.

б Кликнете двапати на иконата Start Here OSX за да инсталирате. Ако се појави екранот за име на моделот, изберете го вашиот уред.

в Изберете Wireless Network Connection, а потоа кликнете Next.

г Изберете го вашиот уред од списокот, а потоа кликнете Next.

д Изберете го вашиот уред од списокот, а потоа кликнете OK.

ѓ Инсталацијата на двигателите за Brother ќе започне автоматски. Почекајте да се инсталира софтверот.

е Кога ќе се појави овој екран, кликнете Add Printer.

Изберете го уредот од списокот. Кликнете Add, а потоа кликнете Next.

ж Кога ќе се појави овој екран, кликнете Next.

НАПОМЕНААко поставките за безжична мрежа не функционираат, ќе се појави екранот Wireless Device Setup Wizard. Следете ги упатствата на екранот за да го завршите конфигурирањето на безжичната мрежа.

Готово Инсталацијата е завршена.

Page 24: Упатство DCP-J4110DW Започнете овде DCP-J4110DWdownload.brother.com/welcome/doc003087/dcp4110dw_mcd_qsg.pdfвонасока спротивна од стрелките

24

Windows®Инсталирајте опционални апликации

1 Инсталирајте опционални апликации

Можете да ги инсталирате следниве апликации.FaceFilter Studio и BookScan & Whiteboard Suite поддржани од Reallusion, Inc.

а Повторно отворете го главното мени со вадење и повторно вметнување на CD-ROM-от или со двојно кликнување на програмата start.exe во основната папка.

б Ќе се појави главното мени на CD-ROM-от. Изберете го својот јазик, а потоа кликнете Additional Applications.

в Кликнете го копчето за апликацијата што сакате да ја инсталирате.

г Вратете се на екранот Additional Applications за да инсталирате други апликации.

2 Инсталирајте го FaceFilter Studio Help

а За да го стартувате FaceFilter Studio, одете во Старт/Сите програми/Reallusion/FaceFilter Studio на вашиот компјутер.

б Кликнете Check for Updates на екранот.

в Кликнете на копчето Download и изберете папка во којашто ќе ја зачувате датотеката.

г Затворете го FaceFilter Studio пред да ја стартувате програмата за инсталација на FaceFilter Studio Help. Во папката што сте ја одредиле, кликнете двапати на преземената датотека и следете ги упатствата за инсталација на екранот.

НАПОМЕНА• Уредот мора да биде ВКЛУЧЕН и поврзан со компјутерот.

• За некои апликации е потребен пристап до интернет.

• Проверете дали сте најавени со администраторски права.

• Оваа апликација не е достапна за сериите Windows Server® 2003/2008.

НАПОМЕНАМожете да ја посетите и интернет-страницата за ажурирање Reallusion со кликнување на копчето во горниот десен агол на овој екран.

НАПОМЕНАЗа да го погледнете целосниот FaceFilter Studio Help, одете на Старт/Сите програми/Reallusion/FaceFilter Studio/FaceFilter Studio Help на вашиот компјутер.

Page 25: Упатство DCP-J4110DW Започнете овде DCP-J4110DWdownload.brother.com/welcome/doc003087/dcp4110dw_mcd_qsg.pdfвонасока спротивна од стрелките

25

За корисници на мрежа

Ресетирајте ги мрежните поставки на фабрички стандардЗа да ги вратите сите мрежни поставки на интерниот опслужувач за печатење/скенирање на фабричкиот стандард, следете ги чекорите дадени подолу.

а Проверете дали уредот е исклучен, а потоа отстранете ги сите кабли од уредот (освен кабелот за напојување).

б Притиснете Settings.

в Притиснете s или t за да се прикаже Network, а потоа притиснете Network.

г Притиснете s или t за да се прикаже Network Reset, а потоа притиснете Network Reset.

д Притиснете Yes.

ѓ Задржете Yes 2 секунди за да потврдите.

е Уредот ќе се рестартува, штом ќе заврши, поврзете ги каблите повторно.

Внесување текст за безжични поставкиНа секое копче за букви на екранот на допир му се назначени најмногу четири букви. Со постојано притискање на соодветното копче можете да пристапите до саканиот знак.Притиснете за избор на букви, броеви и специјални знаци. (Достапните знаци може да се разликуваат во зависност од државата.)

Внесување празни местаЗа да внесете празно место, притиснете а потоа притиснете го копчето за празно место или .

Повторување на знациАко сакате да внесете знак што се наоѓа на истото копче како и последниот внесен знак, притиснете c за да го придвижите покажувачот кон десно.

КоригирањеАко внесете погрешен знак и сакате да го промените, притиснете за да го избришете и внесете го точниот знак.

Page 26: Упатство DCP-J4110DW Започнете овде DCP-J4110DWdownload.brother.com/welcome/doc003087/dcp4110dw_mcd_qsg.pdfвонасока спротивна од стрелките

www.brotherearth.com

Заштитни знациЛогото на Brother е регистриран заштитен знак на Brother Industries, Ltd.Brother е заштитен знак на Brother Industries, Ltd.Windows, Windows Vista и Windows Server се или регистрирани заштитни знаци или заштитни знаци на Microsoft Corporation во САД и/или во други земји.Macintosh и Mac OS се заштитни знаци на Apple Inc., регистрирани во САД и други земји.Nuance, логото на Nuance, PaperPort и ScanSoft се заштитни знаци или регистрирани заштитни знаци на Nuance Communications, Inc. или нејзини партнери во САД и/или други земји.FaceFilter Studio е заштитен знак на Reallusion, Inc.AOSS е заштитен знак на Buffalo Inc.Wi-Fi и Wi-Fi Protected Access (WPA) се регистрирани заштитни знаци на Wi-Fi Alliance.Wi-Fi Protected Setup и Wi-Fi Protected Access 2 (WPA2) се заштитни знаци на Wi-Fi Alliance.Секоја компанија чијшто софтвер се спомнува во овој прирачник има лиценцен договор за софтверот соодветно за нејзините заштитени програми.Сите трговски имиња и имиња на производи на компании што се појавуваат на производите на Brother, поврзани документи и какви било други материјали се заштитни знаци или регистрирани заштитни знаци на тие компании.Подготовка и објавувањеОвој прирачник е подготвен и објавен под надзор на Brother Industries, Ltd. и ги опфаќа најновите описи и спецификации на производи.Содржината на овој прирачник и спецификациите на овој производ подлежат на промена без претходно известување.Brother го задржува правото да врши промени без известување во спецификациите и материјалите содржани овде и нема да сноси одговорност за какви било штети (вклучително и индиректни штети) предизвикани поради зависење од материјалите, вклучувајќи но не ограничувајќи се на типографски и други грешки во публикацијата.Авторски права и лиценца© 2012 Brother Industries, Ltd. Сите права се задржани.Овој производ содржи софтвер развиен од следните добавувачи:© 1983-1998 PACIFIC SOFTWORKS, INC. СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ.© 2008 Devicescape Software, Inc. Сите права се задржани.Овој производ го содржи софтверот „KASAGO TCP/IP“ развиен од компанијата ZUKEN ELMIC, Inc.

Инспирирајте се. Ако користите Windows®, кликнете двапати на иконата Brother CreativeCenter на работната површина за да пристапите до нашата БЕСПЛАТНА веб-локација со многу идеи и ресурси за лична и професионална употреба.

Корисниците на Macintosh можат да пристапат до Brother CreativeCenter на оваа интернет-адреса: http://www.brother.com/creativecenter/