1
Рокови РЕЗЕРВАЦИИ: До 19 во месецот ДОСТАВА ОГЛАСА: До 21 во месецот Брoj на издание 22 23 24 25 26 27 Во продажба 31.01.2017. 28.02.2017. 30.03.2017. 29.04.2017. 30.05.2017. 30.06.2017. Брoj на издание 28 29 30 31 32 33 Во продажба 29.07.2017. 30.08.2017. 30.09.2017. 31.10.2017. 30.11.2017. 30.12.2017. WWW.COLORMEDIA.COM.MK ЦЕНовНик ДимЕНзии ФоРмат НЕобРЕжаН ФоРмат обРЕжаН ЦЕНа 1/1 220x307 210x297 300 K4 220x307 210x297 500 K2 220x307 210x297 400 K3 220x307 210x297 350 К2+3 страна 430x307 420x297 600 2/1 430x307 420x297 550 1/2 (хориз.) - 185х127 180 1/2 (верт.) - 92х259 180 1/3 (хориз.) - 185х85 120 1/3 (верт.) - 59х259 120 1/4 (хориз.) - 185х62 100 1/4 (верт.) - 90х127 100 Маргина 5 mm 5 mm Формат обрежан Формат необрежан формат за подготовката: • TIFF, EPS, PDF (текст у кривама) • 300 dpi • CMYK Директор на компанијата: Дуле Миќиќ ([email protected]) Маркетинг-директор на компанијата: Александар Наков ([email protected]) Денарска жиро-сметка: Шпаркасе АД Скопје 250-0010003860-40 ДБМК-4030007002255 Девизна жиро-сметка: Шпаркасе АД Скопје МК07250001000386040 Swiſt kode: INSBMK22 Природна козметика Направете сами совршен тоник за лице Доколку остатоците од шминка и нечистотиите не се отстрануваат редовно и во целост, се создава подлога за акни и забрзано стареење на кожата т оникот за лице многу е битен во секојдневната нега на кожата. Наутро се користи за да се отстранат од површината на лицето продуктите на метаболизмот, а навечер, по вадењето на шминката, за да се отстранат остатоците од нечистотиите и водниот каменец и за да се врати природниот пХ на кожата. Покрај тоа, добар тоник би требало да ја навлажнува и омекнува кожата и да спречи нејзина дехидратација. Суштински, тоникот е воден или водено- алкохолен раствор, а концентрацијата на алкохол варира во зависност од типот на кожата за кој е наменети. Исто така од типот на кожата зависи и изборот на билките и другите суровини што ќе влезат во неговиот состав. За приготвување тоник за нега на нормална кожа можете да одберете некои од природните рецепти што се многу едноставни за изработка во домашни услови. тоник со хидролат од лаванда Хидролатот, т.е. цветната водичка од лаванда, е погоден за нега на сите типови кожа. Одлично ја хидрира, смирува и негува кожата. За да приготвите адекватен тоник за нега на нормална кожа од хидролат од лаванда, потребно е 100 мл од оваа цветна водичка да помешате со две лажици масло од авокадо. Во мешавината додајте и неколку капки етерично масло од лаванда за попријатен мирис и дополнително смирувачко дејство на кожата, но и на целиот организам. Маслото од авокадо исто така дополнително ја негува и ја враќа влажноста на кожата, а ги раствора и остатоците од нечистотии на неа. Вака приготвениот тоник чувајте го во стаклено шишенце, а секојпат пред употреба добро протресете го. Едноставно, натопете парче вата или тупфер со тоникот и темелно избришете го лицето. Потоа на лицето нанесете адекватен крем. Ваквиот тоник не содржи алкохол, па не постои опасност од исушување на кожата. тоник од краставица Потребни ви се две големи краставици, кои ќе ги излупите и изрендате и ќе го исцедите целиот сок од нив. Добиениот сок помешајте го со 2 дл млеко и со едно лажиче квалитетен мед. Потоа сето тоа пресипете го во тенџерче, загревајте го до вриење и варете го пет минути. Потоа оставете го да се олади сосема, пресипете го во стаклено шишенце и чувајте го во фрижидер. Користете го наутро и навечер, а пред секоја употреба добро протресете го. Сокот од краставица е познат по својот хидратантен ефект и спречување на исушувањето на површината на кожата, додека млекото содржи хранливи состојки што го забавуваат стареењето, создавањето брчки и исушувањето на кожата. Комбинацијата од млеко и мед ја користела во секојдневните бањи и египетската кралица Клеопатра, која надалеку била позната по својата негувана, мека и мазна кожа. Билен тоник Многу лесно можете да го приготвите овој освежителен тоник за лице, кој изобилува со витамини што ја хидрираат и негуваат кожата. Богатството со антиоксиданти го прави совршен во борбата со слободните радикали, одговорни за стареење на кожата. Редовната употреба ги елиминира негативните влијанија од надворешната средина и ја одржува кожата младолика и негувана. Бидејќи содржи камилица, дејствува смирувачки, па ќе спречи или ублажи евентуална иритација или црвенило на кожата. По една ќесичка чај од нане и камилица прелејте со половина шолја врела вода и оставете го поклопено да се олади. Во меѓувреме излупете и изрендајте ситно два моркова и една краставица, па исцедете го целиот сок. Добиениот сок помешајте го со оладен чај, сипете го во стаклено шишенце и во тоа додајте неколку капки сок од лимон. Шишенцето добро затворете го и чувајте го во фрижидер. Пред секоја употреба шишенцето добро протресете го, а потоа со тоникот наквасете парче вата, со кое ќе го пребришете целото лице, освен регијата околу очите. Тоникот користете го секојдневно, наутро и навечер. Ноќе употребувајте го по вадењето на шминката, а потоа на лицето нанесете витамински крем. антибактериски тоник Луѓето со нормална кожа на лицето најчесто можат да се пофалат со совршен тен, без несакани промени. Текстурата на лицето главно е совршена, без акни, митесери, вишок сјај или проширени пори. Но, и на совршениот тип кожа во текот на менструалниот циклус може да се појават промени во вид на несакани мозолчиња, проследени со црвенило. Во таквите ситуации можете да приготвите антибактериски тоник од сосема природни состојки, кој не ја суши кожата и влијае на ублажување на воспалените акни. За овој тоник потребно ви е 100 мл хидролат од жалфија, кој го регулира вишокот лачење маснотии, а наедно површината на кожата ја смирува и лади. Во хидролатот додајте една лажица масло од семки од грозје, познато по своето антиоксидативно дејство и способност да ја штити кожата од предвремено стареење. Во мешавината сипете и 15 капки етерично масло од чајна билка, кое дејствува антибактериски и ги сузбива постојните акни. Комбинацијата од билни состојки добро измешајте ја и чувајте ја во шишенце. Пред секоја употреба шишенцето добро протресете го за да се соединат состојките. Во текот на циклусот тоникот користете го секојдневно. тоник од зелен чај Тоник богат со антиоксиданти, кои штитат од негативните надворешни влијанија, можете да приготвите од зелен чај. Антиоксидантите од овој чај се стопати поактивни од витаминот Ц и 25 пати од витаминот Е во заштитата на клетките. Тоникот пригответе го така што две лажици сув зелен чај ќе прелеете со 2 дл врела (не зовриена) вода, а потоа ќе го поклопите и оставите настрана да се олади. Дали сте пробале хидролати? Хидролатите или билните водички се нуспродукти добиени при производство на етерични масла. Ги содржат сите активни пр инципи на билките од кои се прават, а дејствуваат слично како и етеричните масла, само што се поблаги. Не содржат конзерванси, мириси или алкохол, па потенцијалните иритации или алергии се сведени на минимум, а притоа се совршени за нега на сите типови кожа, бидејќи не предизвикуваат дехидратација. За мрсНа кожа Во стаклено шишенце сипете 80 мл хидролат од нероли, 10 мл хидролат од чајна болка и лажица билен глицерин, па добро протресете. користете го за чистење на лицето, вратот и деколтето наутро и навечер. Пред употреба протресете го. За суВа кожа Помешајте 90 мл хидролат од ружа со 10 мл хидролат од цимет и лажица билен глицерин. користете го за чистење на лицето, вратот и деколтето наутро и навечер. Пред употреба протресете го. За мешаНа кожа Двесте милилитри хидролат од рузмарин помешајте со две лажици масло од авокадо. користете го за чистење на лицето, вратот и деколтето наутро и навечер. Пред употреба протресете го. Потоа во чајот додајте две лажици масло од авокадо, кое интензивно ја хидрира кожата и го спречува нејзиното исушување. Покрај тоа, ова масло е богато и со голем број витамини, кои ја хранат кожата и го забавуваат нејзиното стареење. Во оваа мешавина на крајот додајте неколку капки етерично масло од геранија, за тоникот да има пријатен мирис. Освен убавата арома, ова масло дејствува на затегнување и регенерација на кожата. Со редовна употреба на тоникот со етерично масло од геранија се подобрува текстурата на кожата и се ублажуваат брчките. Тоникот треба да се чува во фрижидер, во добро затворено стаклено шишенце и да се протресе пред секоја употреба. Користете го секојдневно, наутро и навечер, а можете и почесто. тоник за регенерација на кожата Доколку имате нормална кожа, но во постудените месеци е склона на дехидратација, за секојдневно чистење е неопходно да се користи тоник што не содржи алкохол. Како најдобар се покажа тоникот од цвет од невен, бидејќи ја поттикнува регенерацијата, т.е. обновувањето на кожата. Осум лажици суви цветови од невен прелејте со половина литар врела вода и оставете го поклопен да отстои три часа. Потоа исцедете го и во добиениот чај додајте две лажици масло од невен, како и неколку капки етерично масло од бергамот (исто така ги поттикнува регенерацијата на кожата и нејзиното зацелување). Користете тоник исклучиво навечер. Ќе ги забрза регенерацијата и ревитализацијата на кожата, па по некое време таа ќе стане мека, мазна, еластична и негувана. По овој тоник најдобро е да се користи крем од невен, кој ќе го забрза процесот на обновување на кожата. марија Ѓокиќ 1/17 41 1/17 40 12/16 Промоција – ЧемПрес КРАЛСКО ДРВО!!! Ч емпресот е зимзелено растение и е раширено низ целиот свет. Има многу видови чемпрес, а ние ќе се задржиме на најкарактеристичните: АРИЗОНСКИ ЧЕМПРЕС Ова е вид чемпрес што најдобро се приспособува на временските услови во нашиот регион. Во природни услови достигнува до 20 метри во височина, додека во наши услови оваа висина е многу помала. Добро ги поднесува ниските температури и сушни периоди, а не е пребирлив ни во однос на земјиштето. Во однос на садењето може да се каже дека се сади претежно како поединечно дрво или во мали групи, со растојание помеѓу растенијата не помалку од 2,5-3 м. Аризонскиот чемпрес од видот Cupressus arizonica Fastigiata води потекло од Италија. Има конусен хабитус, со густи гранки, кои се многу блиску една до друга и го покриваат стеблото во целост. Може да достигне висина од 12 до 15 метри и ширина од 4 до 5 метри. Има ретки цветови и топчести плодови на еднодомното стебло. Многу лесно се адаптира на климатските услови. Толерантен е на сите типови почва, дури успева и на варовнички почви. Поднесува кроење и кастрење, но не премногу често. МЕДИТЕРАНСКИ ЧЕМПРЕС Медитеранскиот чемпрес расте најмногу покрај море (Cupressus sempervirens) и води потекло од источниот дел на Средоземјето. Спаѓа во групата четинари со доста висока и вита крошна. Достигнува висина од околу 30 метри, а ширина 2 метри. Расте многу брзо, особено додека растението е младо. Коренот на ова растение расте многу длабоко. Добро успева доколку се наоѓа на сончеви позиции. Не е пребирлив на земјиште, односно успева на сите типови почва. Отпорен е на температури и до -20ºС, но издржува и во нашата континентална Медитеранскиот чемпрес најубаво изгледа во двор, во комбинација со други медитерански растенија, оставајќи силен впечаток на некој владетел меѓу билките! зима. Единствен проблем му претставува снегот, кој ако не се отстрани навреме од гранките, може да доведе до сериозна деформација на самото растение. Тој проблем може да се реши со замотување на гранките со мрежа, но никако со најлон. Доколку станува збор за поголемо растение, гранките може да се врзат спирално со јаже околу целата крошна и така да се оневозможи задржувањето на снегот. Додека растението е младо потребно е да му се обезбеди потпора (околу стеблото се забива стап на кој се прицврстува), за да не дојде до кршење на стеблото при ветар и снег. Може да се размножува со семе или резници.Во дворот овој чемпрес изгледа величествено во комбинација со лаванда и рузмарин, а тоа се основите на медитеранската градина. Чемпрес или кипарис  (науч. Cupressus) -род во фамилијата чемпреси (Cupressaceae). Се смета за полифилетска група. Во согласност со генетските и морфолошките анализи ѝ припаѓа на потфамилијата чемпреси (Cupressoideae). Името му потекнува од старогрчкиот збор κυπάρισσος (кипарисос). Во Република Mакедонија се одгледуваат два вида чемпрес: обичен и аризонски. Повардарието е мошне успешно пошумено со овие дрвја. Автохтони се во расеана распределба низ умерените подрачја на северната полутопка, западот на Северна Америка, Средна Америка, северозападна Африка, Блискиот Исток, на Хималаите, во јужна Кина и во јужен Виетнам. Како и кај другите четинари, кои се одгледуваат веќе подолго време, чемпресите постојат во многу облици, големини и бои, присутни во паркови и градини низ светот. Ова се зимзелени дрвја или големи грмушки, високи од 5 до 40 м. Леторастите се лушпести, долги од 2 до 6 мм и распоредени во спротивни наизменични парови, со траење од три до пет години. Кај помладите растенија до старост од две години, листовите се иглести и долги по 5–15 мм. Шишарките се топчести или јајчести, долги по 8-40 мм и имаат од 4 до 14 лушпи распоредени во спротивни наизменични парови. Узреваат на 18–24 месеци со опрашување. Семките се мали (4–7 мм), со по едно тесно крилце од двете страни на семката. Доста видови се приспособени на шумски пожари, чувајќи ги семките во шишарките сè додека не изгори дрвото на кое се наоѓаат. Потоа топлината ги отвора и семињата го населуваат изгорениот простор. Кај други видови, шишарките се отвораат кога ќе узреат. Покрај украсната употреба, неколку вида чемпреси се одгледуваат и поради трајното дрво што го даваат. Кои се другите видови чемпрес? Жален чемпрес (C. funebris) Во родот се признаваат од 16 до 25 и повеќе вида, во зависност од истражувачот. Овој проблем се јавува бидејќи групите се мали и мошне изолирани, па, така ,не е секогаш јасно дали се работи за видови, подвидови или вариетети. Во најново време се работи на намалување на бројот на видовите. Старосветски видови Видовите од стариот свет имаат шишарки со повеќе лушпи (8–14, а ретко 6), шри што секоја има краток и широк срт, т.е. не е зашилена. Типски вид на родот е обичниот чемпрес (C. sempervirens).Cupressus atlantica - марокански чемпрес, Cupressus austrotibetica - јужнотибетски чемпрес, Cupressus cashmeriana - бутански чемпрес, Cupressus chengiana - Ченгов чемпрес, Cupressus duclouxiana - јинански чемпрес, Cupressus dupreziana - сахарски чемпрес, Cupressus funebris - жален чемпрес, Cupressus gigantea - тибетски чемрес, Cupressus sempervirens - обичен чемпрес, Cupressus tonkinensis - тонкински чемпрес, Cupressus torulosa - хималајски чемпрес, Cupressus vietnamensis - виетнамски чемпрес Новосветски видови Оттука, некои од видовите може да се сметаат и за вариетети. Во загради се дадени прекласификуваните називи. Cupressus abramsiana (Cupressus goveniana var. abramsiana; Callitropsis abramsiana; Santa Cruz cypress), Cupressus arizonica (Callitropsis arizonica) - аронски чемпрес, Cupressus bakeri (Callitropsis bakeri) - модочки чемпрес, Cupressus benthamii (Callitropsis benthamii) - Бентамов чемпрес, Cupressus forbesii (Callitropsis forbesii) - текатски чемпрес, Cupressus glabra (Callitropsis glabra) - мазен аризонски чемпрес, Cupressus goveniana (Callitropsis goveniana) - Гауенов чемпрес, Cupressus guadalupensis (Callitropsis guadalupensis) - гвадалупски чемпрес, Cupressus lusitanica (Callitropsis lusitanica) - мексикански чемпрес, Cupressus macnabiana (Callitropsis macnabiana) - Макнабов чемпрес, Cupressus macrocarpa (Callitropsis macrocarpa) - монтерејски чемпрес, Cupressus montana (Callitropsis montana) - планински аризонски чемпрес, Cupressus nevadensis (Callitropsis nevadensis) - невадски чемпрес, Cupressus nootkatensis - нуткански чемпрес, Cupressus pigmaea (Cupressus goveniana var. pigmaea; Callitropsis pigmaea) - мендосински чемпрес, Cupressus revealiana - елринконски чемпрес, Cupressus sargentii (Callitropsis sargentii) - Сарџентов чемпрес, Cupressus stephensonii (Callitropsis stephensonii) - кујамачки чемпрес. Природните лекови од чемпресот, како и етеричните масла и ароматерапијата, може да ви помогнат за намалување на целулитот. Многумина се согласуваат дека дејствата на ароматерапијата се одлично решение за намалување на стресот. Но етеричните масла имаат и поголеми влијанија. Тие се одлични сојузници во борбата против целулитот. На пример, некои етерични масла имаат лековити својства што помагаат за регулација на хормоните. Други се одлични за кожата, а некои имаат директно дејство против задржувањето вода во организмот, проблем поради кој многумина имаат надуен стомак.Чемпресот е познат за регулирање на течностите во телото. Одличен е за подобрување на циркулацијата. Драган Јованов 1/17 11 1/17 10 Малигни заболувања Рак на желудникот: помагаат димарка и подубица Освен промената на режимот на исхрана и животните навики, за лекување на ова тешко заболување помагаат напивки на база на лековити билки п оради неспецифичноста на симптомите, ракот на желудникот главно се дијагностицира доцна, што ја намалува шансата за излекување. Неправилната исхрана и нездравите животни навики, како и генетичката предиспозиција, се клучни предизвикувачи на карцином на желудникот. Под зголемен ризик се и луѓето што имаат хеликобактерија, атрофичен гастритис, полипи на желудникот или чир на дванаесетпалечното црево, како и редовните консументи на алкохол и на цигари. Превенцијата подразбира правилна исхрана и промена на животните навики, а, освен исхраната и медицинските терапии, за лекување треба да им се даде шанса и на чаевите и мелемите од лековити билки. Кои се симптомите Најголем проблем со ракот на желудникот е тоа што во најраниот стадиум не дава никакви симптоми или тие се многу благи и потсетуваат на гастритис. Токму поради тоа овој облик на карцином има лоша прогноза. Затоа е многу важно сите тегоби со варењето што не поминуваат во краток рок да му ги пријавите на својот лекар за да се направат потребните прегледи. Некои од симптомите што може да бидат придружници на ракот на желудникот се чувство на полнотија по јадењето, надуеност и ждригање, болка во горниот дел од стомакот, запек, упорна мачнина и повраќање, губење на апетитот и гадење од храна, особено од месо, слабеење, слабокрвност, хроничен умор, крв во столицата... Исхраната како превенција И во превенцијата и во лекувањето на ракот на желудникот исхраната има исклучително значајна улога. Голем број истражувања покажале дека исхраната во која се застапени сувомесни производи го зголемува ризикот од настанување на рак на желудникот. Не е препорачливо да се претерува ни со употребата на месо, сол и презачинета храна, особено онаа зачинета со индустриски суви зачини. Месото и сувомесните производи се на листата на непожелни првенствено поради високата содржина нитрати. И пушењето и неумереното консумирање алкохол може да доведат до појава на овој карцином. Исхраната треба да се базира на свежо овошје и свеж и варен зеленчук, цедени сокови, интегрални житарки, семки, јаткасти плодови и ладно цедени масла. Храната треба да се јаде свежа, варена или динстана, а да се избегнуваат пржење, похување и печење на скара. Од зеленчук особено се препорачуваат карфиол, брокули и други зелјести растенија, морков, кромид и лук, соја и други мешунки, а на желудникот благотворно дејствуваат и лененото и маслиновото масло. Истражувања покажале и дека никулците од брокули може да бидат од голема помош за сузбивање хеликобактерија, па би требало да се јадат што почесто, и тоа во свежа состојба, како додаток во салати. И кељот е продукт што Сте пробале лИ чага? Се рендаат 200 г печурка чага, па се меша со 100 г ајдучка трева, 100 г борови пупки, 100 г шипка и 5 г пелин, сето тоа добро се меша, па се прелева со 3 л ладна вода и се остава да отстои два часа. Потоа се става да зоврие, па се вари на тивок оган два часа. Се остава да стои 24 часа, па се додаваат 200 мл сок од алое, 250 мл коњак и 500 г мед. Сето тоа добро се меша и се остава да стои уште четири часа. Првите шест дена се зема по едно лажиче трипати на ден два часа пред јадење. Потоа се зема по една супена лажица трипати на ден еден час пред јадење. лекувањето трае помеѓу две-три недели и два-три месеца. леКовИтата моќ на КромИдот И луКот Многумина од нас го избегнуваат свежиот лук поради непријатниот мирис, иако е познато дека тој е еден од најздравите продукти, а истражувањата покажале дека има и антиканцерогено дејство. Може да помогне за превенција од рак на желудник така што ја елиминира хемикалијата нитрозамин, која се внесува во организмот преку храната, а за која е познато дека го зголемува ризикот од овој карцином. лукот има и антибактериско дејство, па може да ја сузбие хеликобактеријата, која важи за еден од предизвикувачите на чир и рак на желудникот. неговиот роднина, кромидот е богат со биофлавоноиди, борци против рак на цревата, желудникот и простатата. најважен меѓу флавоноидите е кверцетинот, антиоксидант што ги спречува слободните радикали да направат штета во организмот. освен кромидот, со кверцетин се богати и црното грозје, боровинките, јаболката, магдоносот, црешите и зелениот чај. леКовИта терапИја првите 12 дена: Се меша по 1 лажица лист од тегавец, лист и корен од глуварче, лист и корен од сина млечка, лист и цвет од кантарион, лист и цвет од ајдучка трева, корен од пиреј, лист од коприва, лист од малина и лист од здравец, па сето тоа се прелева со 1,4 литар зовриена вода и се остава поклопено да отстои два часа. Се цеди и се пие во текот на денот. Во секоја шолја се сипува по 1/2 лажиче поленов прав. Во 10 ч. и во 16 ч. Се јадат по две печени јаболка засладени со мед. Следните 8 дена: Се мешаат 2 лажици надземен дел од димарка во цвет и по 1 лажица корен од сина млечка и корен од коприва, па сето тоа се прелева со 8 дл зовриена вода и се остава поклопено да отстои два часа. Се цеди и се пие по 2 дл пред појадок, ручек и вечера. Во секоја шолја се сипува по 1 лажиче поленов прав. Во 10 ч. и во 16 ч. се јаде по полна шолјичка зрели бобинки од бозел, засладени со лажица мед. наместо вода, во овие осум дена е пие следниот чај: се меша по 1 лажица надземен дел од троскот, листа од тегавец, лист и цвет од подбел, лист од капина, лист и цвет од кантарион и 2 лажици лист и цвет од подубица, па сето тоа се прелева со 1,2 л зовриена вода и се остава поклопено да отстои два часа. Се цеди и се пие во текот на денот. наредните 10 дена: Се составува по 1 лажица лист од здравец, лист и цвет од подубица, лист од тегавец и по 2 лажици лист и цвет од ајдучка трева и лист и цвет од кантарион, па сето тоа се прелева со 1,2 л зовриена вода и се остава поклопено да отстои два часа. Потоа се цеди и се пие по 2 дл пред и по појадок, ручек и вечера. Пред јадење се засладува со мед, а по јадење не. наместо вода, се пие следниот чај: се мешаат 2 лажици лист од тегавец и по 1 лажица лист и цвет од подбел и лист и цвет од подубица, па сето тоа се прелева со 8 дл зовриена вода и се остава поклопено да отстои два часа. Се цеди и се пие во текот на денот. последни 20 дена: Се прави мешавина од по 1 лажица корен од глуварче, ризом од целер, корен од сина млечка и по 2 лажици лист од коприва, ајдучка трева и кантарион, па сето тоа се прелева со 1,6 л зовриена вода и се остава поклопено да отстои два часа. Се цеди и се пие во текот на денот. Пред појадок, ручек и вечера се јаде по една лажица ситно мелено семе од пискавица. се препорачува за превенција од рак на желудникот, бидејќи е еден од најдобрите извори на антиоксиданти, особено бета-каротин и витамин Ц, кои силно се борат против ракот. Најдобро е да се јаде во свеж облику или да се блендира со друго овошје и зеленчук, па да се користи како сок или смуди. Што да се јаде во текот на лекувањето По операцијата желудникот треба да избегнува тешка храна – месо, јајца, млечни производи, мешунки, а поради чувството на мачнина, полнотија во стомакот, грчеви, па дури и несвестици, кои се јавуваат во текот на јадењето, треба да се јаде помалку и почесто. Некои лекари советуваат дури шест помали оброци дневно. Заболените од карцином на желудникот треба да се консултираат со стручно лице во врска со исхраната, но многу е важно од менито сосема да се елиминира целата преработена храна – шунка, сланина, салама, колбаси, виршли, паштети, лиснати печива, маргарин, рафинирани масла, шеќер и сите продукти што го содржат, кечап, мајонез, сенф, индустриски сосови, крекери, чипс и други солени грицки, да се избегнува месо, а предност да ѝсе даде на суровата билна храна. ЛекуваЊе со биЛки Билна мешавина Се мешаат еднакви делови од обично оригано, цвет од невен, корен од игирот и корен од чичка. Лажица од мешавината се прелева со шолја зовриена вода, па се остава да отстои на исклучена рингла половина часа. Се зема во текот на денот, поделено во три дози, половина час пред јадење. Камилица и руса Се мешаат по 50 г трева руса и камилица, па 2 лажици од смесата се прелеваат со половина литар зовриена вода и се остава поклопено да отстои половина час. Се цеди и се пие во текот на денот. Чај од игирот Полно лажиче корен од игирот се сипува во шолја ладна вода, се меша и се остава да отстои 12 часа. Наутро се подгрева, па повторно се цеди и се пие голтка по голтка чај. Се пие само една шолја чај дневно. Моќно трио Направете мешавина од еднакви количества коприва, невен и ајдучка трева, па 4 лажици од чајот се прелеваат со литар зовриена вода и се остава да отстои поклопено половина час. Се цеди и се пие во текот на денот. Цвет од компир Се составуваат еднакви количества цвет од компири, корен од игирот, цвет од невен и пелин. Три лажици од мешавината се прелеваат со 7 дл зовриена вода и се остава поклопено да отстои еден час. Се цеди и се пие по шолја чај трипати дневно пред јадење. Ленено семе Две лажици ленено семе се прелеваат со 2 дл зовриена вода и се остава поклопено да отстои четири часа. Потоа се цеди и се пие по една лажица на секој час. Терапијата трае еден месец, по што треба да се направи пауза. 1/17 13 1/17 12 Рабатна скала • 10% од 2 до 3 објави • 15% од 4 до 5 објави • 20% од 6 до 7 објави • 25% од 8 до 11 објави • 30% 12 и над 12 објави • Авансна уплата 5% екстра попуст наПОМЕнИ • Ценовникот е во евра, односно во денарска противвредност според средниот курс на НБРМ на денот на уплатата. Во цените не е вклучен ДДВ. • Огласите што се помали од цела страница (1/2, 1/3, 1/4 не се предвидени да одат без ибрежување – марго) • Ценовник на дополнителни услуги (Инсертација, пакување, лепење примероци, посебни барања...) се добива на барање. • Позиционирање на рекламите на одредени страници се наплаќа со 20% зголемување на основната цена. • Посебните услови на огласувањето ги одобрува исклучиво директорот. ДРугИтЕ ОПЦИИ РЕклаМа • Спонзорства на рубрики • Реклама во директориумот • Посебни услуги • Креирај реклама ПОДатОЦИ За МагаЗИнОт Година на излегување: 2015 Гл. и одг. уредник: Дуле Миќиќ [email protected] Целна група: мажи и жени од 30 до 70 години Динамика: месечник, 12 броја годишно Просечен тираж: 12.000 Покриеност: Македонија Број на страници: 48+4 кОлОР МЕДИа ДООЕл Ленинова 29 - 1/3, 1000 Скопје 00 389 2 3116 567 | 00 389 2 3223 064 КОЛОР МЕДИА ГИ ИЗДАВА СЛЕДНИТЕ МАГАЗИНИ: УБАВИНА и ЗДРАВЈЕ • ИСПРАТИ РЕЦЕПТ • ТОРТИ и КОЛАЧИ • ЛЕКОВИТИ БИЛКИ • БАБИНА КУЈНА • РУСКИ ДОКТОР

ЦЕНовНик - Color Press Group · Александар Наков ([email protected]) Денарска жиро-сметка: Шпаркасе АД Скопје

  • Upload
    others

  • View
    19

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: ЦЕНовНик - Color Press Group · Александар Наков (aleksandar.nakov@colormedia.com.mk) Денарска жиро-сметка: Шпаркасе АД Скопје

Рокови РЕЗЕРВАЦИИ: До 19 во месецотДОСТАВА ОГЛАСА: До 21 во месецот

Брoj на издание 22 23 24 25 26 27

Во продажба 31.01.2017. 28.02.2017. 30.03.2017. 29.04.2017. 30.05.2017. 30.06.2017.

Брoj на издание 28 29 30 31 32 33

Во продажба 29.07.2017. 30.08.2017. 30.09.2017. 31.10.2017. 30.11.2017. 30.12.2017.

www.colormedia.com.mkЦЕНовНик

ДимЕНзии ФоРмат НЕобРЕжаН

ФоРмат обРЕжаН ЦЕНа

1/1 220x307 210x297 300

K4 220x307 210x297 500

K2 220x307 210x297 400

K3 220x307 210x297 350

К2+3 страна 430x307 420x297 600

2/1 430x307 420x297 550

1/2 (хориз.) - 185х127 180

1/2 (верт.) - 92х259 180

1/3 (хориз.) - 185х85 120

1/3 (верт.) - 59х259 120

1/4 (хориз.) - 185х62 100

1/4 (верт.) - 90х127 100

Маргина

5 mm

5 mmФормат обрежан

Формат необрежан

формат за подготовката: • TIFF, EPS, PDF (текст у кривама) • 300 dpi• CMYK

Директор на компанијата:Дуле Миќиќ ([email protected])

Маркетинг-директор на компанијата:Александар Наков ([email protected])

Денарска жиро-сметка:Шпаркасе АД Скопје250-0010003860-40ДБМК-4030007002255

Девизна жиро-сметка:Шпаркасе АД СкопјеМК07250001000386040Swift kode: INSBMK22

фот

о: G

uliv

er/T

hink

stoc

k

Природна козметика

Направете сами совршен тоник за лице Доколку остатоците од шминка и нечистотиите не се отстрануваат редовно и во целост, се создава подлога за акни и забрзано стареење на кожата

тоникот за лице многу е битен во секојдневната нега на кожата. Наутро се

користи за да се отстранат од површината на лицето продуктите на метаболизмот, а навечер, по вадењето на шминката, за да се отстранат остатоците од нечистотиите и водниот каменец и за да се врати природниот пХ на кожата. Покрај тоа, добар тоник би требало да ја навлажнува и омекнува кожата и да спречи нејзина дехидратација. Суштински, тоникот е воден или водено-алкохолен раствор, а концентрацијата на алкохол варира во зависност од типот на кожата за кој е наменети. Исто така од типот на

кожата зависи и изборот на билките и другите суровини што ќе влезат во неговиот состав. За приготвување тоник за нега на нормална кожа можете да одберете некои од природните рецепти што се многу едноставни за изработка во домашни услови.

тоник со хидролат од лаванда Хидролатот, т.е. цветната водичка од лаванда, е погоден за нега на сите типови кожа. Одлично ја хидрира, смирува и негува кожата. За да приготвите адекватен тоник за нега на нормална кожа од хидролат од лаванда, потребно е 100 мл од оваа

цветна водичка да помешате со две лажици масло од авокадо. Во мешавината додајте и неколку капки етерично масло од лаванда за попријатен мирис и дополнително смирувачко дејство на кожата, но и на целиот организам. Маслото од авокадо исто така дополнително ја негува и ја враќа влажноста на кожата, а ги раствора и остатоците од нечистотии на неа. Вака приготвениот тоник чувајте го во стаклено шишенце, а секојпат пред употреба добро протресете го. Едноставно, натопете парче вата или тупфер со тоникот и темелно избришете го лицето. Потоа на лицето нанесете адекватен крем. Ваквиот тоник не содржи алкохол, па не постои опасност од исушување на кожата.

тоник од краставица Потребни ви се две големи краставици, кои ќе ги излупите и изрендате и ќе го исцедите целиот сок од нив. Добиениот сок помешајте го со 2 дл млеко и со едно лажиче квалитетен мед. Потоа сето тоа пресипете го во тенџерче, загревајте го до вриење и варете го пет минути. Потоа оставете го да се олади сосема, пресипете го во стаклено шишенце и чувајте го во фрижидер. Користете го наутро и навечер, а пред секоја употреба добро протресете го. Сокот од краставица е познат по својот хидратантен ефект и спречување на исушувањето на површината на кожата, додека млекото содржи хранливи состојки што го забавуваат стареењето, создавањето брчки и исушувањето на кожата. Комбинацијата од млеко и мед ја користела во секојдневните бањи и египетската кралица Клеопатра, која надалеку била позната по својата негувана, мека и мазна кожа.

Билен тоник Многу лесно можете да го приготвите овој освежителен тоник за лице, кој изобилува со витамини што ја хидрираат и негуваат кожата. Богатството со антиоксиданти го прави совршен во борбата со слободните радикали, одговорни за стареење на кожата. Редовната употреба

ги елиминира негативните влијанија од надворешната средина и ја одржува кожата младолика и негувана. Бидејќи содржи камилица, дејствува смирувачки, па ќе спречи или ублажи евентуална иритација или црвенило на кожата. По една ќесичка чај од нане и камилица прелејте со половина шолја врела вода и оставете го поклопено да се олади. Во меѓувреме излупете и изрендајте ситно два моркова и една краставица, па исцедете го целиот сок. Добиениот сок помешајте го со оладен чај, сипете го во стаклено шишенце и во тоа додајте неколку капки сок од лимон. Шишенцето добро затворете го и чувајте го во фрижидер. Пред секоја употреба шишенцето добро протресете го, а потоа со тоникот наквасете парче вата, со кое ќе го пребришете целото лице, освен регијата околу очите. Тоникот користете го секојдневно, наутро и навечер. Ноќе употребувајте го по вадењето на шминката, а потоа на лицето нанесете витамински крем.

антибактериски тоник Луѓето со нормална кожа на лицето најчесто можат да се пофалат со совршен тен, без несакани промени. Текстурата на лицето главно е совршена, без акни, митесери, вишок сјај или проширени пори. Но, и на совршениот тип кожа во текот на менструалниот циклус може да се појават промени во вид на несакани мозолчиња, проследени со црвенило. Во таквите ситуации можете да приготвите антибактериски тоник од сосема природни состојки, кој не ја суши кожата и влијае на ублажување на воспалените акни. За овој тоник потребно ви е 100 мл хидролат од жалфија, кој го регулира вишокот лачење маснотии, а наедно површината на кожата ја смирува и лади. Во хидролатот додајте една лажица масло од семки од грозје, познато по своето

антиоксидативно дејство и способност да ја штити кожата од предвремено стареење. Во мешавината сипете и 15 капки етерично масло од чајна билка, кое дејствува антибактериски и ги сузбива постојните акни. Комбинацијата од билни состојки добро измешајте ја и чувајте ја во шишенце. Пред секоја употреба шишенцето добро протресете го за да се соединат состојките. Во текот на циклусот тоникот користете го секојдневно.

тоник од зелен чај Тоник богат со антиоксиданти, кои штитат од негативните надворешни влијанија, можете да приготвите од зелен чај. Антиоксидантите од овој чај се стопати поактивни од витаминот Ц и 25 пати од витаминот Е во заштитата на клетките. Тоникот пригответе го така што две лажици сув зелен чај ќе прелеете со 2 дл врела (не зовриена) вода, а потоа ќе го поклопите и оставите настрана да се олади.

Дали сте пробале хидролати? Хидролатите или билните водички се нуспродукти добиени при производство на етерични масла. Ги содржат сите активни пр инципи на билките од кои се прават, а дејствуваат слично како и етеричните масла, само што се поблаги. Не содржат конзерванси,

мириси или алкохол, па потенцијалните иритации или алергии се сведени на минимум, а притоа се совршени за нега на сите типови кожа, бидејќи не предизвикуваат дехидратација. • За мрсНа кожа Во стаклено шишенце сипете 80 мл хидролат од нероли, 10 мл хидролат од чајна болка и лажица билен глицерин, па добро протресете. користете го за чистење на лицето, вратот и деколтето наутро и навечер. Пред употреба протресете го.

• За суВа кожа Помешајте 90 мл хидролат од ружа со 10

мл хидролат од цимет и лажица билен глицерин. користете го за чистење на

лицето, вратот и деколтето наутро и навечер. Пред употреба протресете го.

• За мешаНа кожа Двесте милилитри хидролат

од рузмарин помешајте со две лажици масло од авокадо.

користете го за чистење на лицето, вратот и деколтето наутро и навечер. Пред

употреба протресете го.

Потоа во чајот додајте две лажици масло од авокадо, кое интензивно ја хидрира кожата и го спречува нејзиното исушување. Покрај тоа, ова масло е богато и со голем број витамини, кои ја хранат кожата и го забавуваат нејзиното стареење. Во оваа мешавина на крајот додајте неколку капки етерично масло од геранија, за тоникот да има пријатен мирис. Освен убавата арома, ова масло дејствува на затегнување и регенерација на кожата. Со редовна употреба на тоникот со етерично масло од геранија се подобрува текстурата на кожата и се ублажуваат брчките. Тоникот треба да се чува во фрижидер, во добро затворено стаклено шишенце и да се протресе пред секоја употреба. Користете го секојдневно, наутро и навечер, а можете и почесто.

тоник за регенерација на кожата Доколку имате нормална кожа, но во постудените

месеци е склона на дехидратација, за секојдневно чистење е неопходно да се користи тоник што не содржи алкохол. Како најдобар се покажа тоникот од цвет од невен, бидејќи ја поттикнува регенерацијата, т.е. обновувањето на кожата. Осум лажици суви цветови од невен прелејте со половина литар врела вода и оставете го поклопен да отстои три часа. Потоа исцедете го и во добиениот чај додајте две лажици масло од невен, како и неколку капки етерично масло од бергамот (исто така ги поттикнува регенерацијата на кожата и нејзиното зацелување). Користете тоник исклучиво навечер. Ќе ги забрза регенерацијата и ревитализацијата на кожата, па по некое време таа ќе стане мека, мазна, еластична и негувана. По овој тоник најдобро е да се користи крем од невен, кој ќе го забрза процесот на обновување на кожата.

марија Ѓокиќ

1/17 411/1740 12/16

Промоција – ЧемПрес

КРАЛСКО ДРВО!!!

Фот

о: А

рхив

а на

ЛБ

Чемпресот е зимзелено растение и е раширено низ целиот свет. Има

многу видови чемпрес, а ние ќе се задржиме на најкарактеристичните:

АРИЗОНСКИ ЧЕМПРЕСОва е вид чемпрес што најдобро се приспособува на временските услови во нашиот регион. Во природни услови достигнува до 20 метри во височина, додека во наши услови оваа висина е многу помала. Добро ги поднесува ниските температури и сушни периоди, а не е пребирлив ни во однос на земјиштето. Во однос на садењето може да се каже дека се сади претежно како поединечно дрво или во мали групи, со растојание помеѓу растенијата не помалку од 2,5-3 м. Аризонскиот чемпрес од видот Cupressus arizonica Fastigiata води потекло од Италија. Има конусен хабитус, со густи гранки, кои се многу блиску една до друга и го покриваат стеблото во целост. Може да достигне

висина од 12 до 15 метри и ширина од 4 до 5 метри. Има ретки цветови и топчести плодови на еднодомното стебло. Многу лесно се адаптира на климатските услови. Толерантен е на сите типови почва, дури успева и на варовнички почви. Поднесува кроење и кастрење, но не премногу често.

МЕДИТЕРАНСКИ ЧЕМПРЕСМедитеранскиот чемпрес расте најмногу покрај море (Cupressus sempervirens) и води потекло од источниот дел на Средоземјето. Спаѓа во групата четинари со доста висока и вита крошна. Достигнува висина од околу 30 метри, а ширина 2 метри. Расте многу брзо, особено додека растението е младо. Коренот на ова растение расте многу длабоко. Добро успева доколку се наоѓа на сончеви позиции. Не е пребирлив на земјиште, односно успева на сите типови почва. Отпорен е на температури и до -20ºС, но издржува и во нашата континентална

Медитеранскиот чемпрес најубаво изгледа во двор, во комбинација со други медитерански растенија, оставајќи силен впечаток на некој

владетел меѓу билките!

зима. Единствен проблем му претставува снегот, кој ако не се отстрани навреме од гранките, може да доведе до сериозна деформација на самото растение. Тој проблем може да се реши со замотување на гранките со мрежа, но никако со најлон. Доколку станува збор за поголемо растение, гранките може да се врзат спирално со јаже околу целата крошна и така да се оневозможи задржувањето на снегот. Додека растението е младо потребно е да му се обезбеди потпора (околу стеблото се забива стап на кој се прицврстува), за да не дојде до кршење на стеблото

при ветар и снег. Може да се размножува со семе или резници.Во дворот овој чемпрес изгледа величествено во комбинација со лаванда и рузмарин, а тоа се основите на медитеранската градина.Чемпрес или кипарис  (науч. Cupressus)-род во фамилијата чемпреси (Cupressaceae). Се смета за полифилетска група. Во согласност со генетските и морфолошките анализи ѝ припаѓа на потфамилијата чемпреси (Cupressoideae). Името му потекнуваод старогрчкиот зборκυπάρισσος (кипарисос). Во Република Mакедонија

се одгледуваат два видачемпрес: обичен иаризонски. Повардарието е мошне успешно пошумено со овие дрвја. Автохтони се во расеана распределба низ умерените подрачја на северната полутопка, западот на Северна Америка, Средна Америка, северозападна Африка, Блискиот Исток, на Хималаите, во јужна Кина и во јужен Виетнам. Како и кај другите четинари, кои се одгледуваат веќе подолго време, чемпресите постојат во многу облици, големини и бои, присутни во паркови и градини низ светот. Ова се зимзелени дрвја или големи грмушки, високи од 5 до 40 м. Леторастите се лушпести, долги од 2 до 6 мм и распоредени во спротивни наизменични парови, со траење од три до пет години. Кај помладите растенија до старост од две години, листовите се иглести и долги по 5–15 мм. Шишарките се топчести или јајчести, долги по 8-40 мм и имаат од 4 до 14 лушпи распоредени во спротивни наизменични парови. Узреваат на 18–24 месеци со опрашување. Семките се мали (4–7 мм), со по едно тесно крилце од двете страни на семката. Доста видови се приспособени на шумски пожари, чувајќи ги семките во шишарките сè додека не изгори дрвото на кое се наоѓаат. Потоа топлината ги отвора и

семињата го населуваат изгорениот простор. Кај други видови, шишарките се отвораат кога ќе узреат.Покрај украсната употреба, неколку вида чемпреси се одгледуваат и поради трајното дрво што го даваат.

Кои се другите видови чемпрес?Жален чемпрес (C. funebris) Во родот се признаваат од 16 до 25 и повеќе вида, во зависност од истражувачот. Овој проблем се јавува бидејќи групите се мали и мошне изолирани, па, така ,не е секогаш јасно дали се работи за видови, подвидови или вариетети. Во најново време се работи на намалување на бројот на видовите.

Старосветски видовиВидовите од стариот свет имаат шишарки со повеќе лушпи (8–14, а ретко 6), шри што секоја има краток и широк срт, т.е. не е зашилена. Типски вид на родот е обичниот чемпрес (C. sempervirens).Cupressus atlantica - марокански чемпрес, Cupressus austrotibetica - јужнотибетски чемпрес, Cupressus cashmeriana - бутански чемпрес, Cupressus chengiana - Ченгов чемпрес, Cupressus duclouxiana - јинански чемпрес, Cupressus dupreziana - сахарски чемпрес, Cupressus funebris - жален

чемпрес, Cupressus gigantea - тибетски чемрес, Cupressus sempervirens - обичен чемпрес, Cupressus tonkinensis - тонкински чемпрес, Cupressus torulosa - хималајски чемпрес, Cupressus vietnamensis - виетнамски чемпрес

Новосветски видовиОттука, некои од видовите може да се сметаат и за вариетети. Во загради се дадени прекласификуваните називи. Cupressus abramsiana (Cupressusgoveniana var.abramsiana; Callitropsis abramsiana; Santa Cruz cypress), Cupressus arizonica (Callitropsis arizonica) - аронски чемпрес, Cupressus bakeri (Callitropsis bakeri) - модочки чемпрес, Cupressus benthamii (Callitropsis benthamii) - Бентамов чемпрес, Cupressus forbesii (Callitropsis forbesii) - текатски чемпрес, Cupressus glabra (Callitropsis glabra) - мазен аризонски чемпрес, Cupressus goveniana (Callitropsis goveniana) - Гауенов чемпрес, Cupressus guadalupensis (Callitropsis guadalupensis) - гвадалупски чемпрес, Cupressus lusitanica (Callitropsis lusitanica) - мексикански чемпрес, Cupressus macnabiana (Callitropsis macnabiana) - Макнабов чемпрес, Cupressus macrocarpa (Callitropsis macrocarpa) - монтерејски

чемпрес, Cupressus montana (Callitropsis montana) - планински аризонски чемпрес, Cupressus nevadensis (Callitropsis nevadensis) - невадски чемпрес, Cupressus nootkatensis - нуткански чемпрес, Cupressus pigmaea (Cupressus govenianavar. pigmaea; Callitropsis pigmaea) - мендосински чемпрес, Cupressus revealiana - елринконски чемпрес, Cupressus sargentii (Callitropsis sargentii) - Сарџентов чемпрес, Cupressus stephensonii (Callitropsis stephensonii) - кујамачки чемпрес.Природните лекови од чемпресот, како и етеричните масла и ароматерапијата, може да ви помогнат за намалување на целулитот. Многумина се согласуваат дека дејствата на ароматерапијата се одлично решение за намалување на стресот. Но етеричните масла имаат и поголеми влијанија. Тие се одлични сојузници во борбата против целулитот. На пример, некои етерични масла имаат лековити својства што помагаат за регулација на хормоните. Други се одлични за кожата, а некои имаат директно дејство против задржувањето вода во организмот, проблем поради кој многумина имаат надуен стомак.Чемпресот е познат за регулирање на течностите во телото. Одличен е за подобрување на циркулацијата.

Драган Јованов

1/17 111/1710

фот

о: G

uliv

er/T

hink

stoc

k

Малигни заболувања

Рак на желудникот: помагаат димарка и подубица Освен промената на режимот на исхрана и животните навики, за лекување

на ова тешко заболување помагаат напивки на база на лековити билки

поради неспецифичноста на симптомите, ракот на желудникот

главно се дијагностицира доцна, што ја намалува шансата за излекување. Неправилната исхрана и нездравите животни навики, како и генетичката предиспозиција, се клучни предизвикувачи на карцином на желудникот. Под зголемен ризик се и луѓето што имаат хеликобактерија, атрофичен гастритис, полипи на желудникот или чир на дванаесетпалечното црево, како и редовните консументи на алкохол и на цигари. Превенцијата подразбира правилна исхрана и промена на животните навики, а, освен исхраната и медицинските терапии, за лекување треба да им се даде шанса и на чаевите и мелемите од лековити билки.

Кои се симптомите Најголем проблем со ракот на желудникот е тоа што во

најраниот стадиум не дава никакви симптоми или тие се многу благи и потсетуваат на гастритис. Токму поради тоа овој облик на карцином има лоша прогноза. Затоа е многу

важно сите тегоби со варењето што не поминуваат во краток рок да му ги пријавите на својот лекар за да се направат потребните прегледи. Некои од симптомите што може да бидат

придружници на ракот на желудникот се чувство на полнотија по јадењето, надуеност и ждригање, болка во горниот дел од стомакот, запек, упорна мачнина и

повраќање, губење на апетитот и гадење од храна, особено од месо, слабеење, слабокрвност, хроничен умор, крв во столицата...

Исхраната како превенција И во превенцијата и во лекувањето на ракот на желудникот исхраната има исклучително значајна улога. Голем број истражувања покажале дека исхраната во која се застапени сувомесни производи го зголемува ризикот од настанување на рак на желудникот. Не е препорачливо да се претерува ни со употребата на месо, сол и презачинета храна, особено онаа зачинета со индустриски суви зачини. Месото и сувомесните производи се на листата на непожелни првенствено поради високата содржина нитрати. И пушењето и неумереното консумирање алкохол може да доведат до појава на овој карцином. Исхраната треба да се базира на свежо овошје и свеж и варен зеленчук, цедени сокови, интегрални житарки, семки, јаткасти плодови и ладно цедени масла. Храната треба да се јаде свежа, варена или динстана, а да се избегнуваат пржење, похување и печење на скара. Од зеленчук особено се препорачуваат карфиол, брокули и други зелјести растенија, морков, кромид и лук, соја и други мешунки, а на желудникот благотворно дејствуваат и лененото и маслиновото масло. Истражувања покажале и дека никулците од брокули може да бидат од голема помош за сузбивање хеликобактерија, па би требало да се јадат што почесто, и тоа во свежа состојба, како додаток во салати. И кељот е продукт што

Сте пробале лИ чага? Се рендаат 200 г печурка чага, па се меша со 100 г ајдучка трева, 100 г борови пупки, 100 г шипка и 5 г пелин, сето тоа добро се меша, па се прелева со 3 л ладна вода и се остава да отстои два часа. Потоа се става да зоврие, па се вари на тивок оган два часа. Се остава да стои 24 часа, па се додаваат 200 мл сок од алое, 250 мл коњак и 500 г мед. Сето тоа добро се меша и се остава да стои уште четири часа. Првите шест дена се зема по едно лажиче трипати на ден два часа пред јадење. Потоа се зема по една супена лажица трипати на ден еден час пред јадење. лекувањето трае помеѓу

две-три недели и два-три месеца.

леКовИтата моќ на КромИдот И луКот Многумина од нас го избегнуваат свежиот лук поради непријатниот мирис, иако е познато дека тој е еден од најздравите продукти, а истражувањата покажале дека има и антиканцерогено дејство. Може да помогне за превенција од рак на желудник така што ја елиминира хемикалијата нитрозамин, која се внесува во организмот преку храната, а за која е познато дека го зголемува ризикот од овој карцином. лукот има и антибактериско дејство, па може да ја сузбие хеликобактеријата, која важи за еден од предизвикувачите на чир и рак на желудникот. неговиот роднина, кромидот е богат со биофлавоноиди, борци против рак на цревата, желудникот и простатата. најважен меѓу флавоноидите е кверцетинот, антиоксидант што ги спречува слободните радикали да направат штета во организмот. освен кромидот, со кверцетин се богати и црното грозје, боровинките, јаболката, магдоносот,

црешите и зелениот чај.

леКовИта терапИја првите 12 дена: Се меша по 1 лажица лист од тегавец, лист и корен од глуварче, лист и корен од сина млечка, лист и цвет од кантарион, лист и цвет од ајдучка трева, корен од пиреј, лист од коприва, лист од малина и лист од здравец, па сето тоа се прелева со 1,4 литар зовриена вода и се остава поклопено да отстои два часа. Се цеди и се пие во текот на денот. Во секоја шолја се сипува по 1/2 лажиче поленов прав. Во 10 ч. и во 16 ч. Се јадат по две печени јаболка засладени со мед.

Следните 8 дена: Се мешаат 2 лажици надземен дел од димарка во цвет и по 1 лажица корен од сина млечка и корен од коприва, па сето тоа се прелева со 8 дл зовриена вода и се остава поклопено да отстои два часа. Се цеди и се пие по 2 дл пред појадок, ручек и вечера. Во секоја шолја се сипува по 1 лажиче поленов прав. Во 10 ч. и во 16 ч. се јаде по полна шолјичка зрели бобинки од бозел, засладени со лажица мед. наместо вода, во овие осум дена е пие следниот чај: се меша по 1 лажица надземен дел од троскот, листа од тегавец, лист и цвет од подбел, лист од капина, лист и цвет од кантарион и 2 лажици лист и цвет од подубица, па сето тоа се прелева со 1,2 л зовриена вода и се остава поклопено да отстои два часа. Се цеди и се пие во текот на денот.

наредните 10 дена: Се составува по 1 лажица лист од здравец, лист и цвет од подубица, лист од тегавец и по 2 лажици лист и цвет од ајдучка трева и лист и цвет од кантарион, па сето тоа се прелева со 1,2 л зовриена вода и се остава поклопено да отстои два часа. Потоа се цеди и се пие по 2 дл пред и по појадок, ручек и вечера. Пред јадење се засладува со мед, а по јадење не. наместо вода, се пие следниот чај: се мешаат 2 лажици лист од тегавец и по 1 лажица лист и цвет од подбел и лист и цвет од подубица, па сето тоа се прелева со 8 дл зовриена вода и се остава поклопено да отстои два часа. Се цеди и се пие во текот на денот.

последни 20 дена: Се прави мешавина од по 1 лажица корен од глуварче, ризом од целер, корен од сина млечка и по 2 лажици лист од коприва, ајдучка трева и кантарион, па сето тоа се прелева со 1,6 л зовриена вода и се остава поклопено да отстои два часа. Се цеди и се пие во текот на денот. Пред појадок, ручек и вечера се јаде по

една лажица ситно мелено семе од пискавица.

се препорачува за превенција од рак на желудникот, бидејќи е еден од најдобрите извори на антиоксиданти, особено бета-каротин и витамин Ц, кои силно се борат против ракот. Најдобро е да се јаде во свеж облику или да се блендира со друго овошје и зеленчук, па да се користи како сок или смуди.

Што да се јаде во текот на лекувањето По операцијата желудникот треба да избегнува тешка храна – месо, јајца, млечни производи, мешунки, а поради чувството на мачнина, полнотија во стомакот, грчеви, па дури и несвестици, кои се јавуваат во текот на јадењето, треба да се јаде помалку и почесто. Некои лекари советуваат дури шест помали оброци дневно. Заболените од карцином на желудникот треба да се консултираат со стручно лице во врска со исхраната, но многу е важно од менито сосема да се елиминира целата преработена храна – шунка, сланина, салама, колбаси, виршли, паштети, лиснати печива, маргарин, рафинирани масла, шеќер и сите продукти што го содржат, кечап, мајонез, сенф, индустриски

сосови, крекери, чипс и други солени грицки, да се избегнува месо, а предност да ѝ се даде на суровата билна храна.

ЛекуваЊе со биЛки • Билна мешавина Се мешаат еднакви делови од обично оригано, цвет од невен, корен од игирот и корен од чичка. Лажица од мешавината се прелева со шолја зовриена вода, па се остава да отстои на исклучена рингла половина часа. Се зема во текот на денот, поделено во три дози, половина час пред јадење. • Камилица и руса Се мешаат по 50 г трева руса и камилица, па 2 лажици од смесата се прелеваат со половина литар зовриена вода и се остава поклопено да отстои половина час. Се цеди и се пие во текот на денот. • Чај од игирот Полно лажиче корен од игирот се сипува во шолја ладна вода, се меша и се остава да отстои 12 часа. Наутро се подгрева, па повторно се цеди и се пие голтка по голтка чај. Се пие само една шолја чај дневно. • Моќно трио Направете мешавина од еднакви количества коприва, невен и ајдучка трева, па 4

лажици од чајот се прелеваат со литар зовриена вода и се остава да отстои поклопено половина час. Се цеди и се пие во текот на денот. • Цвет од компир Се составуваат еднакви количества цвет од компири, корен од игирот, цвет од невен и пелин. Три лажици од мешавината се прелеваат со 7 дл зовриена вода и се остава

поклопено да отстои еден час. Се цеди и се пие по шолја чај трипати дневно пред јадење. • Ленено семе Две лажици ленено семе се прелеваат со 2 дл зовриена вода и се остава поклопено да отстои четири часа. Потоа се цеди и се пие по една лажица на секој час. Терапијата трае еден месец, по што треба да се направи пауза.

1/17 131/1712

Рабатна скала• 10% од 2 до 3 објави• 15% од 4 до 5 објави• 20% од 6 до 7 објави

• 25% од 8 до 11 објави• 30% 12 и над 12 објави

• Авансна уплата 5%екстра попуст

наПОМЕнИ• Ценовникот е во евра, односно во денарска

противвредност според средниот курс на НБРМ на денот на уплатата. Во цените не е вклучен ДДВ.

• Огласите што се помали од цела страница (1/2, 1/3, 1/4 не се предвидени да одат без ибрежување – марго)• Ценовник на дополнителни услуги (Инсертација,

пакување, лепење примероци, посебни барања...) се добива на барање.

• Позиционирање на рекламите на одредени страници се наплаќа со 20% зголемување на основната цена.

• Посебните услови на огласувањето ги одобрува исклучиво директорот.

ДРугИтЕ ОПЦИИ РЕклаМа

• Спонзорства на рубрики• Реклама во директориумот

• Посебни услуги• Креирај реклама

ПОДатОЦИ За МагаЗИнОт Година на излегување: 2015 Гл. и одг. уредник: Дуле Миќиќ [email protected] Целна група: мажи и жени од 30 до 70 години Динамика: месечник, 12 броја годишно Просечен тираж: 12.000 Покриеност: Македонија Број на страници: 48+4

кОлОР МЕДИа ДООЕлЛенинова 29 - 1/3, 1000 Скопје

00 389 2 3116 567 | 00 389 2 3223 064

КОЛОР МЕДИА ГИ ИЗДАВА СЛЕДНИТЕ МАГАЗИНИ: УБАВИНА и ЗДРАВЈЕ • ИСПРАТИ РЕЦЕПТ • ТОРТИ и КОЛАЧИ •

ЛЕКОВИТИ БИЛКИ • БАБИНА КУЈНА • РУСКИ ДОКТОР