10
КАЛЦИУМ:НАОЃАЊЕ, ДОБИВАЊЕ, СВОЈСТВА И СОЕДИНЕНИЈА Изработил ученик: Професор по хемија: Богоеска Сара II 2 Ружа Ангелеска Наумоска

КАЛЦИУМ КАРБОНАТ CaCO3

Embed Size (px)

DESCRIPTION

КАЛЦИУМ КАРБОНАТ CaCO3

Citation preview

Page 1: КАЛЦИУМ КАРБОНАТ  CaCO3

КАЛЦИУМ:НАОЃАЊЕ, ДОБИВАЊЕ, СВОЈСТВА И СОЕДИНЕНИЈА

Изработил ученик: Професор по хемија:

Богоеска Сара II2 Ружа Ангелеска Наумоска

Page 2: КАЛЦИУМ КАРБОНАТ  CaCO3

СОДРЖИНА1 КАЛЦИУМ..............................................................................................................................2

1.1 Наоѓање............................................................................................................................2

1.2 Добивање.........................................................................................................................2

1.3 Историјат.........................................................................................................................2

1.4 Својства............................................................................................................................2

2 СОЕДИНЕНИЈА НА КАЛЦИУМ.........................................................................................3

3 КАЛЦИУМ КАРБОНАТ.......................................................................................................4

3.1 Калциум сулфат...............................................................................................................6

4 ЗАКЛУЧОК.............................................................................................................................6

2

Page 3: КАЛЦИУМ КАРБОНАТ  CaCO3

1 КАЛЦИУМ

1.1 Наоѓање

Калциумот е хемиски елемент со симбол Ca и атомски број 20. Калциумот е ѝ

петтиот најзастапен елемент а трет од металите, во Земјината кора. Во природата се

среќава само во сврзана состојба. Познати се неколку минерали. Варовникот и мермерот

од кои се изградени цели планини претставуваат Ca C O 3. Природните води содржат

калциум во форма на калциум карбонат Ca C O 3, калциум хидроген карбонат Ca(HCO3)2 и

калциум сулфат CaSO4. Исто така го има и во природните фосфати, но и како калциум

флуорид CaF. Во форма на фосфат го образува цврстиот дел од коските и емајлот на

забите. Калциумови соединенија има и во растенијата а скелетите и оклопите на морските

животни се изградени од калциум карбонат.

1.2 Добивање

Метален калциум се добива со електролиза на стопена смеса од калциум хлорид

CaCl2, калциум флуорид CaF и калиум хлорид KCl, на температура од околу 800◦C. Може

да се добие и по алуминотермиски пат, со редукција на калциум оксидот CaO со метален

алуминиум. Процесот се одвива на околу 1200◦C.

1.3 Историјат

Откриен е од Хемфри Дејви во 1808 година. Името го довбил од латинскиот зброт

“calx“, што значи вар. Калциумот во форма на вар бил познат уште кај старите народи.

1.4 Својства

Калциумот е мек, сребрено-бел земноалкален метал.

Лесно се кове, на воздух е нестабилен, бидејќи се сврзува со

кислородот и азотот од воздухот, и формира бела нитридна

покривка, поради што треба да се чува во петролеум или во

херметички затворени садови.

3

Page 4: КАЛЦИУМ КАРБОНАТ  CaCO3

Запален на воздух гори со жолтоцрвеникав пламен:

2Ca + O2=2CaO

Реагира со водата, притоа заменувајќи го водородот и формирајќи калциум

хидроксид:

Ca + 2H2O → Ca(OH)2+Н2

Се сврзува со голем број неметали градејќи соли.

2 СОЕДИНЕНИЈА НА КАЛЦИУМ

Калциум образува само еден оксид, CaO, познат уште и под името негасена вар. Toj се

добива при загревање на варовник во одсуство на воздух, при т.н процес пиролиза, во

специјални печки-варџилници. Овој оксид бурно реагира со вода градејќи калциум

хидроксид-гасена вар, при што се ослободува големо количество топлина. Растворот на

гасената вар се вика варна вода. Таа се сврзува со јаглерод диоксид и образува калциум

карбонат.

CaO + H2O = Ca(OH)2+T

CaCO3 = CaO +CO2

4

Page 5: КАЛЦИУМ КАРБОНАТ  CaCO3

3 КАЛЦИУМ КАРБОНАТ

Калциум карбонатот Ca C O 3, е едно од најраспространетите и најважните

соединанија на калциумот. Во приридата се среќава како варовник, мермер и креда. Се

јавува во повеќе кристални форми. Најпознати се калцитот и арагонитот. Овој кристал

наоѓа широка примена во оптиката. Арагонитот не е стабилен во стандардни услови. На

исланд се среќава проѕирен калцит кој двојно ја прекршува светлината и е познат под

името ИСЛАНДСКИ КАЛЦИТ. Варовникот е седиментна карпа составена од кристали на

калцит и мали количини на други минерали: глина, железо, манган, магнезиум, зрнца

песок и др. Се користи како градежен материјал и за производство на вар.

КАЛЦИТ АРАГОНИТ ИСЛАНДСКИ КАЛЦИТ

Мермер или мрамор е метаморфна карпа настаната со повторна кристализација на

варовник и доломити. Името му доаѓа од грчкиот збор μάρμαρον (mármaron) или

μάρμαρος (mármaros) што значи “кристална карпа“ или “светликав камен“. Мемрерот е

изграден од мали сраснати кристали на калцит. Тој може да биде различно обоен, заради

различните примеси, најчесто железото и глината. Ониксот е обоен и ишаран мермер и е

многу декоративен како и травертинот. Мемерот има широка примена во вајарството и

архитектурата, се користи од памтивек затоа што многу лесно се сечи, обработува и

полира. Во ликовната уметност е ценет заради својата млечна боја, полупроѕирноста и

топлината што потсетува на човечки допир. Најпознати наоѓалишта за мермер во светот се

наоѓаат на островите Брач во Хрватска и Парос во Грција. Истотака во ренесансата доста

бил ценет мермерот од италијанскиот град Карара. Прилепскиот мермер “Сивец“ е еден од

најквалитетните и е многу баран во светот. Исто така во околината на Прилеп има и

наоѓалишта на оникс и травертин.

5

Page 6: КАЛЦИУМ КАРБОНАТ  CaCO3

Прилепски: Сивец, Травертин и Оникс

Кредата е градбен материјал на скелетите и оклопите на разни морски организми,

полжавите, бисрите и лушпите од јајцата. Кредата е мек, бел, порозен облик на варовник

кој се состои од калцит. Тој истотака е седиментна карпа и е реалтивно отпорен на

ерозија. Кредата се создаласо акумулација на скелетите на морските микроорганизми во

геолошката епоха што го носи нејзиното име Креда. Чистата креда традиционално се

користи како материјал за пишување (школски табли, кројачки рабптилници). За сликање

може да се користи чиста или креда помешана со масти (мрсни боички). Калциум

карбонат Ca C O 3

Калциум карбонатот во вода е тешко растворлив, но се сврзува со воден раствор на CO2 и

преминува во растворлива сол калциум хидрогенкарбонат Ca(HCO3).

Ca C O 3 + H2O + CO2 = Ca(HCO3)

При подолготраен процес од калциум хидрогенкарбонатот се ослободува повторно

калциум карбонат. На ваков начин во варовничките пештери се создаваат сталгмитите и

сталактитите.

Ca(HCO3)--Ca C O 3 + H2O + CO2

6

Page 7: КАЛЦИУМ КАРБОНАТ  CaCO3

3.1 Калциум сулфат

Калциум сулфатот во природата се среќава како гипс CaSO4x2H2O.Најфиниот ситнозрнест

гипс се вика алабастер. Тој е слабо растворлив во вода и неговата присутност во водата ја

дава во најголем дел нејзината постојана тврдина. Гипсот се користи во градежништвото,

вајарството, во индустријата за производство на хартија, во медицината при скршеници на

коски и др.

4 ЗАКЛУЧОК

Калциумот е неопходен елемент за човекот и растенијата. Кај растенијата со хлорофил,

недостатокот на калциум доведува до намалување на кореновиот систем и влијае врз

растот. Недостатокот на калциум кај децата доведува до појава на рахитис(меки коски што

се искривуваат). Дневните потреби на човекот, за калциум се оклу 1г и тие се

задоволуваат преку храната (млеко и млечни производи, зеленчук).

7