15
ГОДИШНО ГЛОБАЛНО ПЛАНИРАЊЕ ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ ЗА ОДДЕЛЕНСКИ ЧАС ЗА IX ОДДЕЛЕНИЕ Наставна година: Наставник: 2015/2016 год. Марија Петрова

Годишна-програма-за-жив-отни-вештини-9-одд.doc

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Годишна-програма-за-жив-отни-вештини-9-одд.doc

ГОДИШНО ГЛОБАЛНО ПЛАНИРАЊЕ

ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ ЗА ОДДЕЛЕНСКИ ЧАС

ЗА IX ОДДЕЛЕНИЕ

Наставна година: Наставник: 2015/2016 год. Марија Петрова

Page 2: Годишна-програма-за-жив-отни-вештини-9-одд.doc

ГОДИШНО ГЛОБАЛНО ПЛАНИРАЊЕ

Р.бр. ПРОГРАМСКИ ТЕМИСодржини -

работилницивреме на

реализација

1. ЈАС - ЛИЧЕН РАЗВОЈ 7 IX - X

2.ЈАС И ТИ -

ИНТЕРПЕРСОНАЛНИ ОДНОСИ7 X - XI

3.ЈАС И ДРУГИТЕ -

ОПШТЕСТВЕНИ ОДНОСИ12 XI - III

4.ЈАС И ЗДРАВЈЕТО - ЗДРАВО

ЖИВЕЕЊЕ5 IV - V

5.ЈАС И ОКОЛИНАТА - ОДНОСИ

СО НАДВОРЕШНАТА СРЕДИНА4 V - VI

ЗАБЕЛЕШКА:

Предвидените теми и содржини (работилници) кои што се дадени по

потреба на наставникот и на учениците може да бидат заменети во сооднос

на потребите, можностите и значајни дати.

Page 3: Годишна-програма-за-жив-отни-вештини-9-одд.doc

ТЕМАТСКО ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ

ТЕМА БР.1 ЈАС - ЛИЧЕН РАЗВОЈ

Р. бр. НАСТАВНИ СОДРЖИНИработилница -

активностивреме на реализац.

1.Запознавање на учениците со материјалот од животни вештини за 9 одд.

IX

2. Градење самодовербаКога ке пораснам сакам да бидам

IX

3.Препознавање и изразување на соптвените емоции

Стрес IX

4. Справување со загуба и жалење

Со кого да разговарам кога сум тажен/тажна

IX

Тагата во уметноста X

5. Искажување мислењеБели бубамари со зелени точки

X

6. Менаџирање на слободното времеСлободното време го користам, го трошам, го штедам

X

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ:

Ученикот/ученичката треба:- да го осознае концептот за себе и за сопствената единственост;- да се поттикнува да сфаќа дека е важно верувањето ЈАС можам да влијаам на промените;- да се запознава со различни начини на кои може да се придонесе во групната работа;- да се оспособува да ги истакне своите потенцијали и да соработува со другите во решавање на задачите;- да се поттикнува да прифаќа дека е важно да се одржува позитивно самопочитување базирано на јасно самоспознавање;- да се запознава со различни начини на изразување на способностите и капацитетите преку работа и слободни активности;- да се оспособува да се соочува со предизвици;- да ги осознае промените во односите со родителите кои настануваат во периодот на адолесценција;- да се поттикнува да сфаќа дека е важна подршката од родителите, соучениците и наставниците за градењето на позитивна слика за себе;- да се оспособува да го подобрува своето училишно постигнување;- да го осознава различни начини за активно учество во училишниот живот;- да се поттикнува да прифаќа дека учениците треба да се чувствуваат како дел од своето училиште;- да знае дека пубертетот доведува до промени во емоциите;- да се запознае со неколку начини за справување со стрес;- да се оспособува да го пронаоѓа проблемот/изворот на стресот и да понуди неколку решенија;

Page 4: Годишна-програма-за-жив-отни-вештини-9-одд.doc

- да осознае дека конструктивното изразување на емоции е начин на заштита од стрес;- да научи дека манифестацијата на жалење поради загуба е прифатливо за околината и не е срамно;- да се поттикнува да прифаќа дека е покорисно тагата да се изрази, отколку да се задржува и потиснува во себе;- да ги запознае концептите за надминување на неуспехот во учењето;- да се оспособи да направи план за надминување на неуспехот во учењето и навремено да побара помош;- да се поттикнува за прихаќање на неуспехот како дел/фаза од секојдневната работа и живот;- да ги проширува знаењата за формалните начини за изразување мислење;- да се поттикнува да ја сфаќа одговорноста за искажување на сопственото мислење;- да осознава кои начини на користење на слободното време се продуктивни, а кои се непродуктивни;- да се оспособува да направи баланс меѓу слободното и работното време;- да се оспособи да го организира слободното време;- да согледува дека слободното време е во функција на личниот развој и ефикасно извршување на работните обврски.

АКТИВНОСТИ И МЕТОДИ:

Работилници со учениците за сите наставни содржини:- Монолошка, дијалошка, работа во групи (парови, индивидуално), анализа на случај, демонстративен, симулација, глумење и игровни активности.

ФОРМИ НА РАБОТА:

- Заедничка, индивидуална, во парови, групна.

ПОИМИ:

- Единственост, самопочитување, позитивна слика за себе, унапредување во училишниот живот, припадност на своето училиште, пубертет, стрес, ослободување од стрес, конструктивни изразување на емоции, загуба, изразување и потиснување на тагата, план за надминување на неуспехот во учењето, соодветен начин на искажување на сопственото мислење, последици од грешки, поука, преземање

НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

- Учебник - Животни вештини?:- Листови за цртање, листови за запишување, тетратки, прибор за боење, работни листови, прибор за пишување, лепила, креда, табла, ножици, хамери и др.

ЗАБЕЛЕШКА:

Page 5: Годишна-програма-за-жив-отни-вештини-9-одд.doc

ТЕМАТСКО ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ

ТЕМА БР. 2. ЈАС И ТИ - ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ ОДНОСИ

Р.бр. НАСТАВНИ СОДРЖИНИработилници -

активностивреме на

реализација

1.Формирање, одржување,и прекинување врски

Збогум пријателство X

2.Справување со насилничко однесување

Ако не реагирам XI

3. Давање и примање помош Посебни потреби XI

4.Справување со емоции

Кога ми е тешко XI

Покажи ми љубов XI

5.Справување со насилничко однесување

Пасивно, агресивно или манипулативно

XII

6. Разрешување конфликти Соработка или натпревар XII

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ:

Ученикот/ученичката треба:- да се запознава со придобивките од другарувањето;- да осознава причините за прекинување на другарството;- да ги истакнуваат позитивните страни на своите другари;- да се оспособува да се справи со непријатните чувства кои се јавуваат при прекин на пријателството;- да се поттикнува да согледува дека придобивките од другарството и пријателството се обострани;- да осознава со кого и како да споделува „лоша” тајна;- да се оспособува да провери која тајна може да биде штетна;- да се поттикнува да прифаќа дека некои работи ако останат тајна може да наштети нему/неа или на другите;- да се запознава со начините на помагање дома, на училиште и во заедницата;- да се оспособи да понуди помош кога е некому потребно;- да се сензибилизира и да се поттикнува да прифаќа дека на старите луѓе треба да им се помага;- да осознае со кои потешкотии се соочуваат луѓето со посебни (потешкотии кои произлегуваат од луѓето и средината);- -да се поттикнува да согледува дека помагањето на луѓето со посебни потреби е вредност;- да осознава и знае што треба да се преземе кога ќе се направи грешка (со или без последици по луѓе или објекти);- да се охрабрува да ја преземе одговорноста за сопствените грешки наместо одговорноста да ја префла на другите;- да согледува дека не е проблемот во правењето грешки, туку во поторување на истите грешки;- да се запознава со начините на кои може да се манифестира љубов кон врсниците;- да се оспособува да се справи со различни животни ситуации кои предизвикуваат силни емоции - тага, љубов, љубомора;- да прифати дека љубовта кон своите врсници не мора секогаш да биде возвратена;- да се поттикнува да прифаќа дека загубата на близок е поврзана со непријатни чувства

Page 6: Годишна-програма-за-жив-отни-вештини-9-одд.doc

со кои секој треба да се справи;- да се запознава со начините на реагирање на насилничко однесување;- да научи како треба да се реагира за да се спречи насилничкото однесување;- да се оспособува да реагира на насилничкото однесување упатено кон него/неа;- да согледува негативните последици од нереагирањето во ситуации кога некој друг или нешто друго е жртва на насилничко однесување; -да осознава што значи да биде победничка, а што поразена страна во конфликтите и кои се последиците од тоа; -да се оспособува да умее да прави разлика меѓу позиции и потреби во конфликтот; -да се поттикнува да согледува дека конфликтот е проблем кој треба заеднички да се реши; -да се поттикнува да согледува дека конфликтот е трајно решен само кога и двете страни се чувствуваат како победници.

АКТИВНОСТИ И МЕТОДИ:

Работилници за одбраните содржини:- Монолошка, дијалошка, дискусија, работни групи, анализа на приказна, анализа на случај, демонстративен, симулација, глумење, игровни активности.

ФОРМИ НА РАБОТА:

- Заедничка, индивидуална, парови групна.

ПОИМИ:

- Придобивки од другарство, прекин на пријателство, доверба, “лоша” тајна, помагање дома (на училиште, заедница). Луѓе со посебни потреби, последици од грешки, поука, преземање одговорност, манифестација на силни емоции, невозвратена љубов, насилничко однесување, негативни последици од нереагирање на насилничко однесување, конфликтни ситуации, победничка и поразена страна, позиции и потреби во конфликти, правила на соработливо преговарање.

НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

- Уебник - Животни вештини:- Листови за цртање, прибор за боење, работни листови, хамери, прибор за пишување, лепила, ленири, табла, креда и др..

ЗАБЕЛЕШКИ:

ТЕМАТСКО ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ

Page 7: Годишна-програма-за-жив-отни-вештини-9-одд.doc

ТЕМА БР. 3. ЈАС И ТИ - ОПШТЕСТВЕНИ ОДНОСИ

Р.бр. НАСТАВНИ СОДРЖИНИработилници -

активностивреме на

реализација

1.Познавање на базичните човекови права

Човекови права - дали ги заслужувам

XII

2.Почитување на другите (недискриминација)

Автомеханичари XII

3. Меѓусебно поддржување и соработкаКако што е во мене - така е кај тебе

I

4. Познавање на структурата на групата Секој има своја функција

I

5.Донесување одлуки во групи и разбирање на демократијата

Кампување II

6. Одолевање на социјални притисоци Притисок II

7. Преземање одговорност за постапките Моите одговорности II

8.Градење позитивен однос кон својата земја

Македонија II

9.Градење чувство за општоцивилизациска припадност

Мир во светот III

10. Позитивни модели на идентификација Нобелова награда III

11.Развивање критички однос кон медиумите

Девојка и дечко од реклама

III

12.Користење на институциите за заштита и безбедност

Народен правобранител

III

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ:

Ученикот/ученичката треба:- да ги запознае различните видови исхрана: вегетаријанска, макробиотичка;- да се оспособува да умее да направи избор меѓу здрава и нездрава храна;- да умее да се противставува на понуда на штетна и нездрава храна;- да се оспособи како правилно се консумира храната ( распоред на оброците, редослед на храната);- да се запознае дека традиционалната храна не секогаш е добра за здравјето;- да ги осознае последиците од неправилна и неконтролирана диета (за слабеење, за обликување на телото);- да умее да проценува правилно да ја консумира храната во соодветен редослед и распоред на оброците;- да знае да ги проценува своите навики за здрава исхрана, во однос на квалитетот и количините;- да прифати дека во текот на денот треба да има повеќе оброци;- да се запознае со последиците од консумирање на енергетски стимуланси (во вид на напитоци, храна идр.);- да се запознае со опасноста од несоодветни козметички средства;- да ги запознае штетните последици од несоодветна гардероба по здравјето и развојот;- да умее да избере соодветна гардероба;- да ги научи симптомите на полово преносливите болести;- да научи како се пренесуваат половите болести;

Page 8: Годишна-програма-за-жив-отни-вештини-9-одд.doc

- да се оспособува да ги препознава условите во кои се шираат полово преносливите болести;- да се поттикнува да сфати дека постои лична одговорност за сопствена штета од заболување;- да се запознае со ризиците од трајно тетовитање и пирсинг;- да ја запознае разликата меѓу хив и сида;- да осознае со кои средства и постапки може да се превенира ширењето хив и сида;- да се навикнува да прифаќа дака заболените не смеат да бидат стигматизирани (етикетирани);- да ги осознае телесните и физиолошките промени што се резултат на сексуалното созревање;- да ги осознае поледиците од несакана бременост;- да осознае што е сексуална злоупотреба (силување, подведување на проституција, трговија со луѓе);- да може да препознава сексуално вознемирување во секојдневните ситуации;- да научи дека сексуалното вознемирување, сексуалната злоупотреба се кривични дела;- да научи да побара помош во случај на сексуална злоупотреба;- да ги прошири знаењата за видови контрацептивни средства и каде да ги најдат;- да се оспособи да става кондом;- да осознае дека постојат различни сексуални ориентации;- да се запознае со различните видови психотропни супстанции и кои се последиците од новно консумирање;- да ги проценува ризиците по здравјето во случај на употреба на тутун, алкохол, опојни дроги;- да се поттикнува да ја сфаќа потребата од активно спортување;- да се поттикнува да сфаќа дека е позитивно да се спротивставува на притисокот од другите кои промовираат или конзумираат психотропни супстанции.

АКТИВНОСТИ И МЕТОДИ:

Работилници кои што се избрани за реализација;- Монолошка, дијалошка, дискусија, работни групи, работа во двојки, анализа на приказни, глумење и игровни активности, анализа на случај, демонстративен, симулација.

ФОРМИ НА РАБОТА:

- индивидуална, паровна, групна, заедничка;

ПОИМИ:- Здрава храна, нездрава храна, традиционална исхрана, распоред и редослед на оброци, енергетски стимуланси, балансирани оброци, козметички средства, соодветна гардероба, полово преносливи болести, тетовирање и пирсинг, хив и сида, последици од сексуално општење, сексуална злоупотреба, контрацепција, сексуална ориентација, психотропни супстанции, законски норми, лична одговорност.

НАГЛЕДНИ СРЕДСТВА:

- Учебник - Животни вештини:- листови и хартија за цртање, прибор за цртање и прибор за боење, работни листови, прибор за пишување, лепила, ленири, табла, креда.

ЗАБЕЛЕШКА:

ТЕМАТСКО ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ

Page 9: Годишна-програма-за-жив-отни-вештини-9-одд.doc

ТЕМА БР. 4. ЈАС И ЗДРАВЈЕТО - ЗДРАВО ЖИВЕЕЊЕ

Р.бр. НАСТАВНИ СОДРЖИНИработилница -

активнстивреме на

реализација

1. Стекнување навики за здрава исхранаИсхрана за здравје IV

Мени IV

3. Превенција од болести и заболувања Хив-сида IV

4. Развивање свест за сексуалното здравје Квиз-пубертет V

5.Превенција од злоупотреба на психотропни супстанции

Хив- сида V

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ:

Ученикот/ученичката треба:- да ги проширува своите знаења за опасни постапки и ситуации со кои може да се соочи на одделни места (кафулиња, дискотеки, стадиони, концерти, игралишта) и во одредено време;- да се запознава со опасностите од оружјето по себе и околината; -да прифаќа дека во одредени места и во одредени ситуации може да бидат опасни; -да се запознава со правилата на однесување во конкретни ситуации и на конкретни места;- да ги осознае последиците од сопственото однесување врз безбедноста на другите;- да ја сфаќа и прифаќа потребата од прилагодување на сопственото однесување врз безбедноста лична и на другите;- да ја сфаќа потребата од постоење безбедносни правила, забрани и казни;- да се запознае со целите и активностите на еколошките здруженија и организации;- да се поттикнува активно да учествува во активностите на училиштата и еко-здруженијата;- да се оспособува да влијае на другите да не ја оштетуваат околината;- да се оспособува на последиците од несовесното однесување кон растенијата и животните;- да ги прошири знаењата за загрозените животни и растенија во Македонија;- да се запознае со последиците од исчезнувањето на дрвјата и шумите;- да се спротивставува на врсниците за малтретирање животни;- да се однесува хумано кон луѓето, растенијата и животните;- да осознава дека постојат здруженија за заштита на живиот свет на локално ниво;- да се запознае дека постојат движења за еколошка заштита на светот;- да ја сфаќа личната одговорност за заштита на животната средина;- да се поттикнува да сфаќа дека треба да се ограничи употребата на загадувачки технологии;- да се поттикнува да ја сфаќа потребата од активно вклучување во еколошка заштита.

АКТИВНОСТИ И МЕТОДИ:

Работилници за одбрани наставни содржини:- Монолошка, работни групи, дијалошка, анализа на приказна, анализа на случај, демонстративен, симулација, глумење и игровни активности.

ПОИМИ:

Page 10: Годишна-програма-за-жив-отни-вештини-9-одд.doc

- Опасни постапки и ситуации, правила на однесување, безбедносни правила и забрани, еколошки здруженија и организации, заштита на растенија и животни, загрозени видови растенија и животни во Македонија, хуман однос кон живиот свет, друштва за заштита на живиот свет и околината, глобално затоплување, еко-заштита, алтернативни извори на енергија, загадувачки технологии.

ФОРМИ НА РАБОТА:

- Заедничка индивидуална, групна, парови.

НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

- Учебник - Животни вештини:- Хартија и листови за цртање и пишување, прибор за пишување, прибор за цртање, работни листови, хамер, лепила, ленири, табла.

ЗАБЕЛЕШКА:

ТЕМАТСКО ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ

Page 11: Годишна-програма-за-жив-отни-вештини-9-одд.doc

ТЕМА БР. 5. ЈАС И ОКОЛИНАТА - ОДНОС СО НАДВОРЕШНАТА СРЕДИНА

Р.бр. НАСТАВНИ СОДРЖИНИработилнициактивности

време на реализација

1.Безбедно однесување Во средината

Интервенции за доброто на сите

V

2. Грижа за хигиената во околинатаЗаштита на виолетовите црви

V

3.Градење позитивен однос кон растенијата и животните

Човекот што садеше надеж

VI

4. Заштита на планетата земја Еволуција VI

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ:

-да се запознае со базичните права и слободи на луѓето;- да се запознае со концептот за базичните права и слободи на човекот;- да се запознае со Универзалната декларација за човекови права;- да се оспособи да дискутира за различнте права и одговорности;- да прифаќа дека правата на човекот треба да се почитуваат и практикуваат;- да се запознае со Европската конвенција за човекови права;- да осознае дека постојат разлики меѓу луѓето (расна, полова, етничка, религиска, политичка, социјална, статусна и др.);- да се запознае со некои стериотипи;- да се запознае со некои предрасуди;- да се запознае со различни можни основи на дискриминација,- да сфаќа какви последици може да има дискриминацијата на луѓето; - да ги прошири знаењата за последиците од дискриминацијата врз поединците и заедницата;- да поттикнува и да се спротивставува на дискриминацијата;- да се запознае со силните страни на своите соученици;- да се запознае за постоење ранливи групи;- да препознае кога на другите им е потребна поддршка и помош;- да го запознае своето место во групата;- да ја поттикнува и прифаќа вредноста на групата;- да посакува да е дел од групата;- да се поттикнува да прифаќа постоење на различни група (поширока заедница, држава, општина, невладина организација);- да ги осознае демократските процедури;- да ги проширува знаењата за демократките процедури во донесување одлуки;- да се оспособи самостојно да најде информации кои се корисни и потребни за донесување одлуки;- да ги осознава културните норми во општеството;- да размислува и оспособува на вредноста на спротивставување со искажување сопствен став и мислење;- да согледа дека е потребна самодоверба за енергично конфронтирање со социјалниот притисок како социјално неприфатлив;- да знае критички да анализира зборови и однесување на луѓето независно од нивниот статус;- да ги запознае своите одговорности и должности;- да ја запознае сопствената улога и улогата на другите во заедницата;- да ги прошири знаењата за постигањата на својата земја;

Page 12: Годишна-програма-за-жив-отни-вештини-9-одд.doc

- да се поттикнува да се прифаќа себе си како дел од својата земја;- да се оспособува да ги стави информациите во контекст на правата на луѓето;- да ги провери информациите што ги добива преку медиумите,- да се оспособи да гради сопствен став врз основа на информациите;- да се поттикнува да ги препознае луѓето кои придонеле за развојот на човештвото (Нобелови награди и др,); -да сознава што се тоа бранители на човекови права;- да ја сфаќа важноста на делувањето на луѓето за подобрување на животот на голем број луѓе; да ги запознае институциите за заштита и безбедност;- да ги запознае процедурите за поставување пред одредени институции.

АКТИВНОСТИ И МЕТОДИ:

Работилница за издвоени наставни содржини:- Учебник - Животни вештини:- Монолошка, дијалошка, деминстративен, дискусија, работни групи, анализа на приказна, анализа на случај, симулација, глумење и игровни активности.

ПОИМИ:

- Базични права и слободи, Универзална декларација за човекови права, Европска конвенција за човекови права, активно реагирање, разлики меѓу луѓето, стереотипи предрасуди, дискриминација, силни страни ранливи групи, поддршка и помош, вредност на групата, држава, општина невладина организација, демократски процедури и одлуки, културни норми, социјален притисок, критичко анализирање одговорности за сопствени постапки, културен, етнички, религиски состав, национален идентитет, градење сопствен став, Нобелова награда, бранители на човекови права, институции за заштита и безбедност.

ФОРМИ НА РАБОТА:

- Заедничка, индивидуална, групна, парови.

НАСТАВНИ СРЕДСТВА:

- Листови хартија, хамер, прибор за цртање, прибор за боење, листови, прибор за пишување, креда, табла, ленир, лепила и др.

ЗАБЕЛЕШКА: