28
AMAK PRES OHRIDSKI NOVINI EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK Godina V - Broj 89 25 Мај 2008 www.amakpres.com.mk marketing 070 / 462-362 МЛАДИ И АМБИЦИОЗНИ СТОЈАН СТОЈАНОСКИ ИНТЕРВЈУ ТАНКО САРЕВСКИ СЕЗОНАТА ЗАПОЧНА Велигденските и првомајските празници беа добра најава за претстојната туристичка се- зона. За Велгиден во Охрид престојуваа околу 10 000 го- сти, а годинава се вратија и холанѓаните. Секој вторник од 60 до 100 холанѓани слетуваат со чартер летвои на охридскиот аеродром, а туристичките работ- ници најавуваат голема посете- ност од Србија, Албанија, Косово и Бугарија. Во викедите во градов веќе започнаа да престујуваат до- машните гости. фото: С.Стојаноски БИБЛИОТЕКАТА “ЗАВРШИ” ВО СТУДЕНЧИШТА СТР. 8 КОМУНАЛЕЦ САМ СИ ПЛАНИРА КОНКУРЕНЦИЈА СТР. 10 definitivno najevtino

АМАК ПРЕС 89

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар.

Citation preview

Page 1: АМАК ПРЕС 89

AMAK PRESOHRIDSKI NOVINI

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK

Godina V - Broj 89 25 Мај 2008

www.amakpres.com.mkmarketing 070 / 462-362

МЛАДИ И АМБИЦИОЗНИ

СТОЈАН СТОЈАНОСКИ

ИНТЕРВЈУ

МЛАДИ И АМБИЦИОЗНИ

ТАНКО САРЕВСКИ

СЕЗОНАТА ЗАПОЧНА

Велигденските и првомајските празници беа добра најава за претстојната туристичка се-зона. За Велгиден во Охрид

престојуваа околу 10 000 го-сти, а годинава се вратија и

холанѓаните. Секој вторник од 60 до 100 холанѓани слетуваат

со чартер летвои на охридскиот аеродром, а туристичките работ-

ници најавуваат голема посете-ност од Србија, Албанија, Косово и Бугарија. Во викедите во градов веќе започнаа да престујуваат до-

машните гости.

фото: С.Стојаноски

БИБЛИОТЕКАТА “ЗАВРШИ” ВО СТУДЕНЧИШТАСТР. 8 КОМУНАЛЕЦ

САМ СИ ПЛАНИРА КОНКУРЕНЦИЈА

СТР. 10

definitivno najevtino

Page 2: АМАК ПРЕС 89
Page 3: АМАК ПРЕС 89

3www.amac.com.mk/novini

Page 4: АМАК ПРЕС 89

Укинување на ви-зите, поголем еко-номски раст, по-

ловина милијарда евра за земјоделците до 2012 година, ново покачување на пензии-те и платите, намалување на придонесите за една третина, изградба на нови училишта и факултети. Ова се дел од ветувањата на коалицијата «За подобра Македонија» предво-дена од ВМРО-ДПМНЕ, која традиционално од Охрид ја за-почна изборната кампања. - Пред две години тргнавме со визијата за подобра Македонија и се обврзавме на преродба во секој сег-мент на живеењето. Во изминативе 20 месеци Македонија научи што значи посветеност, одговорност, отчетност. Затоа денес можеме да ги погледнеме граѓаните во очи и со чист образ да кажеме продолжуваме понатаму, се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Ни-кола Груевски, пред десетина илјади граѓани на плоштадот “Св. Климент Охридски“. - Зад нас се бројки и факти - истори-ски најдобрите резултати во растот на националниот доход, странски-те инвестиции, вратениот јавен долг,

субвенциите во земјоделието, инве-стициите во спортот и образованието. Настапивме силно против криминалот и корупцијата. Во Македонија нема повеќе партиска заштита за крими-налците, рече Груевски. Тој изрази сожалување кон противничкиот табор од каде наместо алтернатива нудат само навреди и лажни ветувања. - Додека ние зборуваме за програма и преродба нашите политички про-тивници ја открија Европа - немаат програма и не кажуваат што мислат да работат, рече Груевски. Тој ги от-фрли обвинувањата за изолација на земјата и порача дека заложбата на

оваа коалиција е влез во ЕУ и НАТО, но не по цена на иден-титетот. - Ние правиме се да го решиме проблемот со Грција, а од дру-гата страна има само празни ветувања дека тој спор ќе го решеле за шест месеци, а не го решија за 17 години, рече Груевски. Тој уште еднаш по-рача дека за секое евентуално решение за името, ќе биде прашан народот на референ-дум. Носителот во петтта изборна единица, Антонио Милошо-

ски упати благодарност до лидерот на НСДП Тито Петковски што ја напушти коалицијата. Според него, Петковски во изминативе 16 години е запаметен само по тоа што бил дел од власта, а од такви политичари не може да се очеку-ва да помогнат во преродбата. Претседателите на помалите партии од коалицијата “За подобра Македонија“ ја поддржаа надградената програма на ВМРО-ДПМНЕ. Големата коалиција очекува во новиот парламент да влезе со над 61 пратеник за успешно продолжување на рефор-мите.

4 AMAK PRES

ЛОКАЛ ПОЛИТИКА

ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОТИВНИЦИ ВО ИЗБОРНАТА БИТКА ТРЧААТ НЕУМОРНО

ГРУЕВСКИ ТРГНА ПО 61 ПРЕТЕНИК ЗА СТАБИЛНА И ЕВРОПСКА ВЛАДА

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ГО ТРЧААТ ПОСЛЕДНИОТ КРУГ ОД ИЗБОРНАТА БИТКА. ПРЕД ИЗБОРНА АТМОСФЕРА БИЛБОРДИ И ПЛАКАТИ, НАСМЕАНИ ЛИКОВИ И СЛОГАНИ, НА СЕКОЕ ЌОШЕ. ОХРИД Е ВО НОРМАЛНИОТ ПРЕДИЗБОРЕН ДЕКОР. ДВЕТЕ КОАЛИЦИИ НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ОДРЖАА МИТИНЗИ ОД КАДЕ ГИ ПОВИКАА ГРАЃАНИТЕ НА 1 ЈУНИ ДА ГЛАСААТ ЗА НИВНАТА ОПЦИЈА, ЕДНИТЕ СО ПОРАКА ДЕКА ЌЕ ЈА ПРОДОЛЖАТ ПРЕРОДБАТА ЗА ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА ДРУГИТЕ ДЕКА ЌЕ ЈА ВРАТАТ ЗЕМЈАВА НА ВИСТИНСКИОТ ЕВРОПСКИ ПАТ. ОСТАНАТОТО ШТО МОЖЕШЕ ДА СЕ СЛУШНЕ ОД БИНИТЕ ВОГЛАВНОМ БЕА ОБВИНУВАЊА И НАВРЕДИ ДО ПРОТИВНИЧКИОТ ТАБОР.

ОХРИДСКИТЕ ЛИБЕРАЛИ ОСТАНАА ВЕРНИ НА ВМРО ДПМНЕ

Раскол во Либералната партија по одлуката на лидерот Стојан Андов на парламентарните из-

бори да настапи во коалицијата “Сон-це“ предводена од СДСМ. Неколку општински организации, пред извесно време веќе му најавиле дека ќе преми-нат во ВМРО-ДПМНЕ.Охридските либерали први ја продолжија верноста кон ВМРО-ДПМНЕ. Општинските организации на двете партии потпишаа договор за соработка. Во двете партии велат дека се работи само за продолжување на трииполгодишната успешна соработка

- До последен момент Либералната партија требаше да оди сама на избори, но Стојан Андов одлучил да коалиции-ра со СДСМ, впрочем тоа оваа партија го прави во изминативе 16 години. Како лепенка постојано пред избори коали-цира со големите партии, вели Љупчо Нечкоски, лидерот на охридските ли-берали, тврдејќи дека Андов до пред истекот на рокот за составување на кан-дидатските листи стоел цврсто на ста-вот Либералната партија да оди сама на избори. Според Нечкоски, политич-ките заслуги на Андов се неспорни, но општинската ЛП во овој случај не

можела да застане зад неговата одлу-ка. Ваквите разединувања според него ќе се решаваат на демократски начин, внатре во партијата по завршувањето на изборите. 21 општинска организација на ЛП во Македонија застана зад парламентар-ните листи на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Инаку, и лидерот на ЛП, Стојан Андов во Охрид, се обидел да го разубеди охридското раководство на неговата партија, но не успеал во својата мисија С.В

Page 5: АМАК ПРЕС 89

ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОТИВНИЦИ ВО ИЗБОРНАТА БИТКА ТРЧААТ НЕУМОРНОПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ГО ТРЧААТ ПОСЛЕДНИОТ КРУГ ОД ИЗБОРНАТА БИТКА. ПРЕД ИЗБОРНА АТМОСФЕРА БИЛБОРДИ И ПЛАКАТИ, НАСМЕАНИ ЛИКОВИ И СЛОГАНИ, НА СЕКОЕ ЌОШЕ. ОХРИД Е ВО НОРМАЛНИОТ ПРЕДИЗБОРЕН ДЕКОР. ДВЕТЕ КОАЛИЦИИ НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ОДРЖАА МИТИНЗИ ОД КАДЕ ГИ ПОВИКАА ГРАЃАНИТЕ НА 1 ЈУНИ ДА ГЛАСААТ ЗА НИВНАТА ОПЦИЈА, ЕДНИТЕ СО ПОРАКА ДЕКА ЌЕ ЈА ПРОДОЛЖАТ ПРЕРОДБАТА ЗА ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА ДРУГИТЕ ДЕКА ЌЕ ЈА ВРАТАТ ЗЕМЈАВА НА ВИСТИНСКИОТ ЕВРОПСКИ ПАТ. ОСТАНАТОТО ШТО МОЖЕШЕ ДА СЕ СЛУШНЕ ОД БИНИТЕ ВОГЛАВНОМ БЕА ОБВИНУВАЊА И НАВРЕДИ ДО ПРОТИВНИЧКИОТ ТАБОР.

КОАЛИЦИЈАТА СОНЦЕ ЌЕ ЈА ВРАТИ МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ

Македонија ќе ја вратиме на Европскиот

пат, ќе направиме ев-ропско чудо а за 6 ме-сеци оваа држава ќе ја внесиме во НАТO, ќе ги започниме прегово-рите со ЕУ, а во 2009 година македонските граѓани ќе патуваат гордо со македонски-те пасоши, ова се по-раките од коалицијата Сонце од митингот во Охрид.Лидерката на СДСМ Радмила Шекеринска рече дека во 2008 година Македонија ќе биде подобро место за живеење. „Ќе ја извојуваме оваа битка за Mакедонија. Човек по човек ќе соби-раме пријатели низ целиот европски свет. Ние сме држава која сакаше и мо-раше да биде членка на НАТО, но од Букурешт се вративме без покана, рече Шеќеринска. Таа им порача на своите политички противници дека во европ-скиот НАТО натпревар успеваат само најуспешните.“Ова не се избори меѓу две парти и ова не се дури ни избори меѓу две големи коалиции, на овие избори носиме од-лука која во следните четири години ќе не следи како судбина од која нема

бегање, рече Шеќеринска“.Лидерот на ЛП Стојан Андов рече дека Македонија имала и ќе има патриоти но сите не се доволни да си ја обезбе-дат иднината без пријателите од светот. Јован Манасиевски лидерот на ЛДП порача дека после 1 јуни Македонија ќе се врати на европскиот пат, вети влез во НАТО за 6 месеци како и без-визен режим за граѓаните. Македонија, како што рече Манасиевски, од слепи-от балкански колосек ќе се врати на вистинскиот европски пат со што ќе се запре и економското и политичкото пропаѓање на државата.„Груевски се фали дека ќе го доградел Идризово, ќе направел ново крило. Само нека го гради, таму ќе го помине

наредниот мандат од 4 го-дини“, речеЃорѓи Оровчанец од Нова демократија. Тој пора-ча дека на Македонија и треба интеграција, а не изолација.Носителот на листата од 5-тата изборна единица од коалицијата Сонце, Јани Макрадули, вети дека на општините ќе им се врати градежното земјиште, во Охрид ќе никнат елитни хотели а дел од туристичката так-са ќе биде употребен за промоција и развој на ту-

ризмот. „ Централната власт ќе му по-могне на Охрид а не како досега да го казнува и изолира само затоа што гра-доначалникот е од редовите на СДСМ, рече Макрадули.Томе Чингоски. кандидат за пратеник на коалицијата „Сонце“ од Охрид,рече дека општината со сопствени средства ги реализирала проектите важни за развојот на туризмот и истовремено ги враќала милионските наследени долго-ви. “Пред две години кандидатите за пратеници на ВМРО ДПМНЕ од Охрид ветија преродба на Охрид, но ништо не направија“, рече Чингоски. Сузана Вренцовска

Page 6: АМАК ПРЕС 89

ЛОКАЛ ПОЛИТИКА

ЗА ВМРО ДПМНЕ ОВА Е ДЕЛО НА АКТИВИСТИТЕ ОД СДСМ Билбордите на коалицијата “За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ на потегот од “Билјанини извори“ до Го-рица во Охрид беа целосно уништени. Ваквиот вандал-ски чин според Општинска-та оганизиција на ВМРО-ДПМНЕ е дело на активистите од коалицијата“Сонце“ која, како што велат, ослободе-на од зборот Македонија во сопственото име сака да по-лета кон Европа. “Можеби Македонија нема да го дозна-еше политичкиот идентетит на сторителите да беа малку поинтелигентни па да не ја искористеа точно истата црна боја, со која се потпишуваат насекаде со заокружувње на бројот 4“, велат од општин-ската ВМРО-ДПМНЕ. От-таму упатија порака до, како што велат “сонцињата“ загле-дани во Европа дека живеат во цивилизирана европска држава со високоцивилизи-рани граѓани.- На сите ни се стемни од европското сонце. Она што го гледаме на униште-ните билборди јасно покажува дека се работи за бројот 4 од гласачкото ливче, ако скраја да е не е потпис на четирите јавачи на апокалипсата, истакна порт-паролот на општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид Јованчо

Секулоски. Најлошо од овој вандалски чин по-мина ликот на ДПА, Мендух Тачи, кој е потполно уништен. Според ВМРО-ДПМНЕ ваквата уметност не е својствена за писмени луѓе, европски ориентирани.Од општинската организција на СДСМ се оградуваат од ваквите обвинувања, велат приоритет во предизборието се

контактите со граѓаните, а не уништување на плакати. Во нивната реакција стои:„Изборниот штаб на ОО на СДСМ - Охрид најостро реа-гира против наведените ин-синуации и невистини дека нашите активисти имаат било каква врска со овој чин.“ОО на СДСМ - Охрид го осудува и се спротиставува на било какво уништување на рекламните материјали на изборните коалиции и поли-тички партии. Жалосно е што наместо да се занимаваат со сопствената изборна кампања, во ОК на ВМРО - ДПМНЕ од Охрид измислуваат невисти-ни и лаги, само за да го рушат авторитетот на Коалицијата СОНЦЕ.Во цивилизирана Ев-ропска држава, цивилизирана политичка партија не лифе-рува лажни соопштенија за јавноста, како што тоа го пра-ват наводните преродбеници од Охрид“.Инаку, според изборниот за-

коник предвидена е парична казна од 20.000 до 50.000 за физички лица кои вршат уништување на избор-ни плакати или лепење плакати преку други плакати.

Сузана Вренцовска

ВАНДАЛИ ГИ УНИШТУВААТ ИЗБОРНИТЕ БИЛБОРДИ

Page 7: АМАК ПРЕС 89

ЕКОНОМИЈА

РУСКИОТ КАПИТАЛ ЌЕ ДОЈДЕ ВО МАКЕДОНИЈААмбасадорт на Руската

Федерција Владимир Дмитриевич Соло-

циснки ја посети Комапниајта АМАК СП при што имаше средба со менаџерскот тим на компаниајта. Генералниот директор на АМАК СП, Венко Шапакр го информира амбасадорот за развојот на Компанијата, ак-туелните состојби и идните планови, со посебен осврт на соработката со компании од Русија, кои се традиционлни партнери на АМАК СП. На амбасадорот му беа презенти-рани развојните планови и но-вите производствени програ-ми на кои работи компанијата пред се во делот на топлински-те разменувачи и филтри.- АМАК СП работи на имплементирање на произ-водствената програма за то-плински разменувачи за што наскоро треба да стартува но-виот погон, кој ќе произведува разладни и топлински системи за простории и цели објкети- изјави Шапкар. Амбасадорот Дмитриевич Со-лоцински рече дека ваквите планови имаат перспектива и кажа дека во нивната поуспеш-на и поголема имплементација може да се планира поддршка од руски инвеститори кои би инвестирале кај нас во зголе-мено производство на овие си-стеми, а истите во тој случај би се извезувале во РусијаШапкар му посочи дека АМАК СП со своите партнери од Русија и Кина интензивно ра-боти на реализирање на плано-вите за инвестиции кои треба

да резултираат со производство на автомобили, на теротиријата на Русија, а кои би биле наме-нети за европскиот пазар.Амбасадорот потенцира дека владата преку своите планови за привлекување странски ин-вестиции е на добар пат да ги привлече и руските компании во Македонија, кои во регионов инвестираат милијарди евра, од кои најмногу во туризмот во Црна Гора и енергетиката во Србија .Во врска со долгонајавуваното инвеситрање на Лукоил во Охрид, амбасадорот рече дека тоа прашање се одолговлекува две години, и се надеваат дека градоначалникот на Охрид Александар Петрески ќе по-могне во решавањето на ова прашање.

ЉупчоТаневски

Page 8: АМАК ПРЕС 89

8 AMAK PRES

НЕГРИЖАТА НА ЧОВЕКОТ ГИ СОТРЕ ЕНДЕМИЧНИТЕ ВИДОВИ ОД БЛАТОТО

Купишта градежен шут повторно фрлени во Студенчишкото бла-то. Локалната пред еден месец

ги расчисти рушевините од Старата библиотека во центарот на градот но го затрупа блатото. Градежниот шут наместо во депонијата Мауцхер завр-ши на местото каде 20 години се фрла ваков отпад. Ваквата појава во целост го уништи ендемичниот вид на флора и фауна кој опстојувал на ова место. Сту-денчишкото блато веќе повеќе години

не е место каде се мрести крапот, а се доведува во прашање и опстојувањето на некои еднемични растенија. Од Хи-дробиолошкиот завод велат дека енде-мичните видови повеќе скоро и да ги нема во блатото.-Сите градоначалници во изминати-ве 20 години дозволуваат фрлање на градежниот шут во Студенчишкото блато па штетите и последиците сега се огромни. “Пред два месеци фор-мирана е комисија во Хидробиолош-

ки за да се направи програма за за-штита и ревитализација, а за ваквата деградација на блатото реагиравме до сите надлежни Министерства но досе-га ништо не е преземено“ вели Трајче Талевски виш научен соработник во Хидробиолошлоот завод. Според него со зартупувањето од градежниот шут се уништува се што се наоѓа под него, но се прави и една грда слика и се на-рушува природната убавина на овој дел.Охридскиот градоначалник Алексан-дар Петрески пак со став, „градежни-от шут не е фрлен во Студенчишкото блато туку само привремено оставен со цел да се селектира. Она што може да се искористи ќе се даде на градеж-ните фирми а останатото ќе се носи на депонијата Мауцхер.“ Петрески вети дека за десеттина дена Студенчишкото блато ќе биде исчистено од овој граде-жен шут.Проблемот со фрлање на градежен шут во Студенчишкото блато е стар повеќе децении, а надлежните сеуште не на-шле начин и не презеле мерки за да се спречи деградацијата и уништувањето на блатото. Со цел заштита на блатото Министерството за животна средина издвои 700 000 денари за заеднички-от проект на Лимнолошкото друштво и веб порталот ohridnews со кој ќе се исчисти блатото од цврстиот отпад и шут. -Проектот предвидува чистење и из-градба на ботаничка градина каде ќе бидат засадени примероци од ендем-ските видови растенија кои се срет-нуваат во охридското блато. Исто така ќе биде извршено премерување на границите на остатокот од некогаш-ното Студенчишко блато со цел да се добијат прецизни податоци за сегашна-та состојба на една од клучните алки на еко системот на Охридското Езеро, вели Горан Момироски од ohridnews. Според него, поради човечката не-грижа, дел од ендемичните видови на растителниот и животинскиот свет се исчезнати па сега се прават напори да се спаси тоа што е останато.

Сузана Вренцовска

СТУДЕНЧИШКОТО БЛАТО ПРЕТВОРЕНО ВО ДЕПОНИЈА ЗА ГРАДЕЖЕН ШУТ

ЛОКАЛ

Page 9: АМАК ПРЕС 89

9www.amakpres.com.mk

ТИГРИТЕ ТРЕНИРАА НА ГАЛЕБ

Припадниците на специјалната полициска единица Тигри два дена во Охрид вежбаа како од

бродот Галеб да извлечат и спасат ВИП личности. Оваа вежба специјалците ја изведоа со цел да постигнат поголе-ма подготвеност во случај на несакан развој на ситацијата доколку на бро-дот би биле државници, амбасаори или други ВИП личности. Вежбите опфаќале и превентивни проверки, за истражување и проверување на тере-нот и бродот.- Во состав на единицата Тигар е и нур-качкиот тим кој има за задача првично да врши пребарувње и истражување на теренот и осуетување на диверзантски операции. Кога велам пребарување мисалм на минскоекслозвни средства на бродот, под бродот, на палубата, на езерското дно и тн, а од аспект на диверзантскте актвности нашата нур-качка единица би била вклучена до-колку од копно и воздух не е можно да

се дејствува. Се разбира со соо-дветна опрема и оружје- вели Зо-ран Стевиќ, гла-вен инспектор за специјални операции во единциата за специјални зада-чи Тигри. Единцата Тигар исценирала сло-жена операција напад на бродот

со употреба на пиротехнички сдрества. Изминатите два дена користени се и шок бомби кои според стручњаците не се опасни за околината туку создаваат само голема бучава , а целта била да се одвлече вниманието на замислените терористи кои би се наоѓале во бро-дот, хеликоптерот од една страна им го привлекува внимамнието со фрлање на шок бомби, а од другаа страна приоѓаат специјалците од нур-качката единица со нивните патролни чамци.- Задоволни сме што луѓето од бродот Галеб го прифатија нашиот предлог и излегоа во пресрет, овој брод е најубав брод и има услови да прима делегации, што се потврди со ангажирањето на

претседателскито самит и токму за-тоа сега ја направивме оваа вежбавели СтевиќТој вели дека единцатаТигар е при-сутна во позадина на сите големи на-стани во Охрид, а на последниот самит на претседателите имале само пре-вентивни интервенции во смисла на расчистување на чамци и бродови кои биле во непсоредна близина на плажа-та кај хотелот Инекс Горица и Бродот Глаеб додека со него крстареа претсе-дателите.Овие проверки и вежби специјалните единици ги прават од какобродот Галеб започна да работи со државниот прото-кол и со протоколите на дипломатско-конзуларните претставништва во Македонија , кои во иднина при посети на високи гости и ВИП личности во Охрид ќе ги користат услугите на овој брод.

Љ.Т.

ГОСТИТЕ ОД ХОЛАНДИЈА СЕ ВРАЌААТ ВО ОХРИД

Со чартер лет Амстердам Охрид, неодамна на аеродромот „Св.Апостол Павле“ пристигна

првата група странски туристи од Холандија. Проектот што го реализи-ра авио-компанијата МАТ ќе трае до септември годинава, и до тогаш секој вторник во неделата во Охрид ќе при-стигнуваат од 60 до 100 холанѓани.“Ова е прв лет на авио компанијата МАТ од ваков карактер што секако по-зитивно ќе влијае врз развојот на ту-ризмот. Со тоа на некој начин ја возоб-новуваме традицијата од 80-те години

на минатиот век кога долж ривиерава бројни беа странските туристи. Не чека возобновуваење на традицијата со оглед на тоа што вакви проекти најверојатно ќе имаме и идната година, кога ќе до-несеме гости од Австрија, Гарманија и Израел“, изјави комерцијалниот дирек-тор на МАТ, Николас Кимерли.Холандските туристи на охридскиот аеродром беа пречекани на традицио-нален начин, со танц и песна од страна на охридските играорци а се кршеше и традиционалната македонска погача. Гостите и оние кои во наредните не-

дели ќе доаѓаат во Охрид ќе се сме-стуваат во хотелот “Дрим“ во Струга . Тие ќе шетаат со брод по Охридското Езеро, ќе ги посетат манастирите Св. Наум и Св. Јован Бигорски.Доаѓањето на холанѓаните во Охрид, и над околу 10 000 гости кои за првомајските празници беа во градов најаваат за богатата туристичка сезо-на. Ангела Белевска

ОЖИВУВА СТРАНСКИОТ ТУРИЗАМ

ЛОКАЛ

Page 10: АМАК ПРЕС 89

10 AMAK PRES

LOKAL

КОМУНАЛЕЦ САМ СИ ПЛАНИРА КОНКУРЕНЦИЈА

Комуналец во наредниот период ќе предложи измени во начинот на работење кои се однесува-

ат во делот на наплатата на парите од граѓаните, а во тоа ќе се примент некоји искуства кои ги имаат градовите оде за-пад, а успешно се имплементирале во Бугарија и Грција, така што јавното претпријатие ќе склучи договор со Ло-калната самоуправа со кој општината на Комуналец ќе му плаќа за собирањето на сметот, а таа сретствата ќе ги приби-ра на дург начин, преку други давачки или со напалта на ѓубретарина.- Комуналец најголем проблем има со наплатата на сметките, тоа се прави од разни причини , не само од неажур-ност, бројни граѓани се иселуваат од

градот, тоа не го пријавуваат а ние и на-таму печатиме сметки на кои плаќаме ДДВ, што е дополнитлено финансиско оптоварување за нас, па затоа мислам дека идејата Комуналец да склучи по-себен договор со Локаланта самоупра-ва е добра и треба да се размислува во тој правец. Тогаш облигационите односи ќе се со Локаланта самоуправа, која ќе плаќа за услугте на комунал-ното претпријтие, а средствата за тоа таа ќе ги обезбеди на некој друг начин – изјави В.Д. директорот на Ј.П Кому-налец, Боро Павлоски во емисиајта Соочување со Љупчо Таневски, на Ра-дио Охрид.Павлоски рече дека со ова практично Охрид ќе ја отвори вратата за приватен

сектор во сферата на јавната хигиена и подигање на сметот, па така ќе се овоз-можи создавање конкуренција и рабо-тата со отпад и чистењето на градот ќе станат бизнис. Тоа според Павлоски ќе резултира со подобар квалитет на услу-гите.- Приватизациајта на Комуналец е не-што неминовно, тоа е предвидено и со законска регуалтива за Јавно приватно партнерство и тоа ќе се случи, дали за време на мојот мандат или подоцна, конкуренцијата ќе дојде и работата с отпад ќе е бизнис како секаде во раз-виениот свет- рече Павлоски.

УНЕСКО ЈА ПОТВРДИ ПОДДРШКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДНОТО И КУЛТУРНО БОГАТСТВО

Неопходна е поголема под-дршка на УНЕСКО во поглед на развојот на визијата и во

поглед на поддршката на развојот и промоцијата на регионите кои се под заштита на Унеско, конкретно Охрид-киот регион, беше истакнато на ра-ботната средба меѓу претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање и делегатите од Унеско, што се одржа во Охрид.“Подршката на УНЕСКО за заштита на природните и културните богатства во Македонија беше апострофирана и прифатена и најверојатно ќе биде дел од планот на УНЕСКО за наредниот педриод. Разговаравме и за оние пози-ции кои Македонија ги има во време-ната листа на УНЕСКО и тоа се двата

локалитети, Маркови кули во Близи-на на Прилеп и Слатински извори во Поречјето. Токму тие два локалитети заслужуваат да се поработи на нивната афирмација и да се подготват нивни-те досиеа“, изјави Државниот секре-тар за животна средина и просторно планирање, Деан Пановски, додавајќи дека се очекува УНЕСКО да даде и фи-нансиска поддршка за Билатералниот комитет што работи на заштитата на Охридското Езеро и неговиот био свет од двете страни, македонската и албан-ската. “Свесни сме колкава потреба имаме и колку сме зависни од водата, затоа тре-ба да се грижиме за овој ресурс. Зашти-тата и менаџирањето на подземните води посебно на пограничните подзем-

ни води е неопходна , затоа на ова поле мора да се оствари тесна соработка со соседните земји, Албанија и Грција, со кои треба да се воспостави и соработка во сверата на заштитата на енргијата, зошто и таа како и водата е една од нашите најзначајни круцијални, при-родни извори“,истакна, директорот на Регионалната канцеларија на УНЕСКО во Венеција,Енгелберт Роус.Претставниците од УНЕСКО и од Ми-нистерството за животна средина и просторно планирање заклучија дека за Охрид и неговиот развој е потреб-на поголема промиоција и поддршка на меѓународен план. Ангела Белевска

ПОД КАПАТА НА УНЕСКО - МАРКОВИТЕ КУЛИ КАЈ ПРИЛЕП И СЛАТИНСКИТЕ ИЗВОРИ

Page 11: АМАК ПРЕС 89

www.amakpres.com.mk 11

НОВ ПОКРИВ ВО ЦК “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“Наскоро ќе започнат градежните активности за

реконструкција на покривот од Центарот за Кул-тура “Григор Прличев“. Проектот ќе чини околу

еден милион денари и е финансиран од Министерството за култура кое наскоро ќе издвои средства за реновирање и преуредување на канцелариите, ќе се менува теписонот стар над десет години,а ќе профункционира и пријавницата. Во тек е распишување на тендер по што ќе се одлучи која гра-дежна фирма ќе го даде новиот лик на културната установа.

Вработените велат дека кофи со вода собирале и оваа и ми-натата зима по врнежите од дожд или снег по што неопходна била промената на покривниот дел. Покривот последен пат бил реконструиран пред 3-4 години. А.Б

БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ ЗА ОДРЕДЕНИ КАТЕГОРИИ ЛИЦА

На 29 мај, во периодот од 10 до 14 часот во про-сторииите на Основниот суд во Охрид група од 5-10 адвокати ќе даваат бесплатна правна помош

за одредени категории лица, хендикепирани, социјални случаи,самохрани мајки. Акцијата во исто време ќе отпочне и заврши во сите адвокатски заедници во земјава, таа е дел од Проектот за бесплатна правна помош со што се одбеле-

жува Отворениот ден на адвокатурата 29 мај.Одлуката за давање бесплатна правна помош на одредени категории лица беше донесена пред два месеци на седница-та на Управниот Одбор на адвокатската комора на Републи-ка Македонија. А. Белевска

НА 29 МАЈ

Во трите циклуси од примената на Проектот за самовработување од Охрид, се поднесени 150 барања од невработени лица, а 12 барања од самохрани ро-

дители.Од оработените податоци досега се одобрени 50 кредитни барања и 8 на самохрани родители.Лицата ќе добијат по 3000 евра за отпочнување на сопствен бизнис, со грејс пери-од од една година и рок на отплата од три години.Кандида-тите треба да се невработени поради стечај или технолошки вишок, или пак отпуштени од работа по други основи од

објективна природа.С“екој месец до крајот на годинава, од први до десети во ме-сецот невработените можат да аплицираат за добивање сред-ста од овој проект на Владата со кој до крајот на годинава се планираат да се вработат 2000 невработени од евиденцијата на Центрите за вработување, вели раководителот на Цента-рот за вработување од Охрид“, Јован Баткоски. К.С.

Во трите циклуси од примената на Проектот за објективна природа.

ОДОБРЕНИ 50 КРЕДИТИ ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ

ЛОКАЛ

ПОЧНА ДЕРАТИЗАЦИЈАТА НА ГЛОДАРИТЕ

По 15 години пауза, од овој месец ќе почне дератизацијата на глувците.За уништување на глода-рите локалната самоуправа од планиранир 350,000

досега има одобрено 150,000 илјади денари.Дератизацијат ќе почне од стариот дел на градот и“Булевар Туристичка“.Акцијата ќе ја изведуваат две екипи од Заводот за здравствена заштита во соработка со ЈП “Проаква“.Доколку се обезбедат дополнителни средства Дератизација ќе продолжи во другите реони на градот,бидејќи глодарите ги има во големи количини.Граѓаните секојдневно се жалат дека има масовна појава на глувци во градот.Од едеа двојка годишно може да се размножат до 2000 глодари.

Глодарите се уништуваат со специјални мамци кои се ставаат во канализациони шахти.Во градов има околу 2000 шахти.Глувците најмногу ги има во влажна и топла средина.Тие се пренесувачи на многу заболувања, а симптомите се висока темература, болки во коските,треска и други нела-годности.Дератизацијата е неминовен процес и треба да се практикува секоја година, а не на 15 години,колку што во Охрид не е спроведена.

К.С.

www.KRALEMARKO.ORG.MK e-mail: [email protected] tel: 070/775-025

Page 12: АМАК ПРЕС 89

12 AMAK PRES

МЛАДИ - АМБИЦИОЗНИ

СТОЈАН СТОЈАНОСКИ СТУДЕНТ И ВЕБ ДИЗАЈНЕР

Стојан Стојаноски е 20 годи-шен студент на студиите по информатика изработувач на

веб страници и пасиониран вљубеник во фотографијата, а овој млад и енергичен човек се занимава и со мултумедија, графички дизајн, марке-тинг, а астрономијата и планинарењето му се хоби. Стојан уште пред 6 годи-ни започнал да навлегува во тајните на изработката на веб страници и веб дизајнот, а од тогаш до сега изработил десетици веб страни, а последниве две години дејствува преку 2 С Дизајн Сту-дио кое го основал лично тој.

“ Пред 6 години започнав да се интере-сирам за изработката на веб страни и по цели денови седев во едно интернет кафе каде можам да речам го учев овој, ајде да речам занает. Во тој период сите имавме бавен и скап дајлап интернет, па дома не ми се исплаќаше да се мал-третирам и морав со денови да киснам во интернет кафе. Но, сите тие часови потрошени во невозможни услови на интернет кафеата, каде десетина деца врескаат и играат видео игри, доде-ка јас сам се трудев да научам, ми се исплатија и денес можам слободно да речам дека сум задоволен од тоа што

го знам и што, умеам да го работам, на моите години – вели Стојан и се при-сети на првиот сајт кој го направил самоиницијативно.- Првиот сајт кој го направив тогаш беше наменет за фановите на ТВ серијата “Млади бунтовници“ која во тоа време се емитуваше на ТВ. Сајтот беше посетен преку 10 000 пати, од сите страни на светот, што тогаш беше голем успех бидејќи интернетот во Македонија беше во зародиш – ни раскажа Стојан и се присети како про-должил со изработката на страница за едно локално радио и една туристичка

СТОЈАН СТОЈАНОСКИ ИЛИ КАКО ШТО САМИОТ СЕ НАРЕКУВА 2 С Е СТУДЕНТ НА ИНФОРМАТИКА, ПАСИОНИРАН ФОТОГРАФ, ВЉУБЕНИК ВО АСТРОНОМИЈАТА, АМБИЦИОЗЕН И ИАКО МЛАД ВЕЌЕ ДОКАЖАН ВЕБ ДИЗАЈНЕР И ИЗРАБОТУВАЧ НА САЈТОВИ. ОВОЈ МЛАД ЧОВЕК НА СОПСТВЕНА ИНИЦИЈАТИВА, СО СВОЈ ТРУД И СВОИ СРЕДСТВА ГО ИЗРАБОТИ ТУРИСТИЧКИОТ ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛ WWW.OHRIDINFO.COM КОЈ Е ВО НЕГОВА СОПСТВЕНОСТ И ЗА КОЈ ВЕЛИ ДЕКА ИМА АМБИЦИИ ДА ГО ЗАДРЖИ МЕСТОТО ВОДЕЧКИ ТУРИСТИЧКИ ВЕБ ПОРТАЛ ВО ОХРИД, А СО ТОА И ВО ЗЕМЈАВА.

Page 13: АМАК ПРЕС 89

13www.amakpres.com.mk

агенција, а потоа продолжил со изра-ботка и дизајн на веб страницата и учи-лишниот весник во средното училиште ЕМУЦ.- Прво почнав со изработака на веб страницата со помош на идеи од страна на еден професор, потоа го дизајнирав весникот на ЕМУЦ исто така со помош од професорите кои заедно со ученици-те пишуваа текстови, а јас ги склопив во весникот. Весникот не излезе таа година од некои причини но, следната беше испечатен Тогаш издадовме еден број од тој средношколски весник и за жал додека јас бев средношколец зара-ди финансиски причини не издадовме уште еден број, но, сепак се потрудив-ме да направиме училиштен весник – вели тој и продолжи да ни раскажува

за соработката со невладините органи-зации со кои соработувал, а тука го из-двои проектот Блу Скај.“До сега изработив десетици сајтови за хотели, приватни апартмани, компании, салони за мебел и ред други сајтови. Последно ги направив сајтовите за Радио Охрид и Мегастар и Дон марке-тите, а во моментов работам на повеќе поголеми проекти за кои ке дознаете наскоро“. Како средношколец Стојан помагал и обучувал ученик од основното училиш-те Христо Узунов да направи сајт на ова основно училиште,Во 2006 година истиот ученик го подучувал и помагал и монтирал филм со кој Гимназиајата Св. Климент Охридски настапи на

натпревар како и тридимензионална презентација која целосно е изработе-на од Стојан , како и основата за веб страницата и на Виртуелна библиоте-ка со која гимназијата освои награда н саем во Скопје.“Секогаш ми е задоволство да помог-нам на некого, прво со ученик од основ-ното училиште кој во училиштето каде што учев јас беше донесен од еден про-фесор за да му покажам и помогнам во изработка на веб страницата, а подоцна со истиот тој ученик како гимназијалец во Гимназијата Св. Климент Охридски му помагав и го обучував да настапи на натпревар со филм, тридимензионална презентација и програмриање основа за веб сајт, и денес повторно подучувам и работам со неколку години помлади,

но прво треба да имаат барем малку та-лент и интерес бидејќи знаењето не се пренесува на секого – вели Стојан. Тој додава дека иднината на комуникации-те и медиумите е на интернет, и дека никој не може да предвиди до која ваза ќе дојде развојот на глобалната мрежа, но , станува јасно дека полека но сигур-но интернетот ќе стане главен медиум во светот.“На интернет ќе се спојат сите медиу-ми, и телевизијата, радиото и весници-те. Сите гледаме дека се е на интернет и таму има се, од дневни информации, архиви, филмови, музика, енциклопе-дии. . .Се нуди бескрајно едуцирање и информирање. Јас мислам дека медиу-мите ќе станат целосно слободни ток-

му заради интернетот. Видовме сите како митингот за името во Скопје го иг-норираа телевизиите, но затоа на при-ватните сајтови статијата и видеото од митингот го видоа преку 250 000 луѓе. Значи никој никогаш нема да може да запре нешто да се објави, што е нешто ново – анализира овој млад студент и се присети на една нова американска поговорка за интернетот ,, Булдогот е пуштен од синџир,,Последните месеци во Охрид се пра-ват се повеќе сајтови, но како што вели Стојан најголем дел од нив се плагијати и копии на други сајтови.- Како да стана мода, да се отвораат сајтови за забава или за информирање. Па сега и во нашиот град дојде до на-плив на сајтови. Непосредно од како

беше отворен еден интернет протал за информриање, почнаа да се прават негови копии, истото се случи и од како се отвори портал со забавни сод-ржини, веднаш почнаа да го копираат. “Но, можам да кажам дека единстве-но оригинални и по идеја и содржина се неколкуте градски сајтови кои се појавија први. Тие не само што се ори-гинални како идеи туку се и оригинал-ни во својот дизајн, се друго е копија на копија, веб страници изработени без креативност и идеја и како такви се со многу мала вредност“- вели Стојан и додава дека не му е сфатливо како може некоја сериозна фирма која држи до своето реноме и углед, да има сајт кој е копија на сајтот на друга конкурент-

Page 14: АМАК ПРЕС 89

14 AMAK PRES

ска фирма и на основа на плагијат да го промовира својот бизнис во светот.

ВЉУБЕНИК ВО ФОТОГРАФИАЈТАСтојан е пасиониран вљубеник во фотографијата. Како средношколец бил фоторепортер за дневниот вес-ник Дневник, каде низ соработката со фото уредниците стекнал познавања и искуства од фотографијата, а денес е меѓу најдобрите фотографи на ин-тернет сајтовите кои се занимаваат со фотографија. - Во фотографирањето навлегов со позајмен апарат од 2 мега пиксели. Прво го сликав градот, цркви-те и првенството во ракомет што се одржуваше тоа лето, па потоа ми стана интересно се решив да купам апарат за кој ми помогнаа дечките од една пе-чатница во Охрид на кој им сум благо-дарен не само заради тоа, туку и може да се рече дека од таму почнав да се интересирам за компјутерскиот дизајн итн – вели Стојан и се наврати на сер-дношколките денови кога бил фоторе-портер.“Додека бев средно соработував со Дневник. Тоа беше едно одлично ис-куство за мене. Посебно ми е мило што соработував со Чедомир Ненковиќ кој е уредник на фотографија на овој вес-ник и не знам колку јавноста знае, но, тој е и официјален фотограф на прет-седателот на републиката од како е осамостоена Македонија. Покрај хоно-рарот кој го добивав во тој период, по-себна сатисфакција ми беше кога ќе се објавеше моја фотографија. Најмногу се радував ако фотографиите излегуваа на насловна страница, а имав неколку такви кои ги чувам во мојата архива. – вели Стојан и се присети кога бил во посета на редакција на Дневник во Скопје.- Јас тогаш бев практично дете од 16 години. Кога стигнав во Дневник во Скопје тие останаа зачудени бидејќи

до тогаш во живо не бевме видени со никој, а со сите одговорни комуни-цирав само преку телефон. Тоа беше една чудна средба, тие се чудеа како не знаеле дека фоторепротерот кој една година им фотографира во Охрид е малолетно дете, а јас останав зачуден од големината на редакцијата, канце-лариите, компјутерите и целата опрема која ја имаа. Посебно се фасцинирав од фото архивата, која во тој период брое-ше над 1 милион архивирани фотогра-фии, навистина се воодушевив но и се мотивирав од сето тоа. Во сеќавање ми остана кога во канцеларија ме прими тогашната Главна и одговорна уред-ничка на Дневник, Катерина Блажеска, која испланирала состанок со мене, а кога влегов во канцеларијата виде дека сум мал и остана шокирана. Не знаеше што да зборува со мене. Се сеќавам на сите моменти од таа наша средба. Таа кога виде колку години имам буквал-но не знаеше што да ми каже и какви разговори да води со фоторепортер на нејзин весник кој дотогаш не го срет-нала и само ми порача едно сокче – ни раскажа Стојан за неговиот прв престој во редакцијата на Дневник.

ОСНОВАЛ АМАТЕРСКО АСТРОНОМСКО ДРУШТВОСтојан го основал и првото аматерско астрономско друштво во Охрид, и на-бавил телескоп со кој ја набљудува вселената и со помош на него фото-графирал помрачување на сонцето во 2006 година и на месечината во 2006 година, а фотографиите кои ги на-правил Стојан се најдоа на светски најпопуларниот сајт www.space.com каде две негови фотографии се најдоа во избраните 15 од подрачјата на Евро-па, Азија и Африка кои беа зафатени со ова помрачување.“ Посебна сатисфакција ми е тоа што моите две фотографии, беа ставени во

состав на објавените 15 , а неколку од нив беа направени од НАСА. Ако некој не верува нека појде на сајтот и ќе види“ – вели Стојан. “Интересот кон астрономијата го имав уште од мал, тогаш со двоглед го фото-графирав затемнувањето на месечина-та во 2005 па испратив слики до скоп-ското астрономско друшто, тие беа објавени на нивниот сајт и во списа-нието Емитер, потоа се консултирав со нив околу тоа каков телескоп да купам, па татко ми ми даде пари за телескоп, кој не беше воопшто ефтин за што јас секогаш ќе сум благодарен на татко ми – вели Стојан.Пред крајот на разговорот со Стојан, се обидовме да поразговараме за теми кое се поврзани со животот на младите, па го прашавме што сака да прави во слободно време, како се рекреира, дали спортува. “Сакам да планинарам, редов-но сум на Галичица и на околните пла-нини. Сакам да влегувам во пештери и сум бил во неколку, претежно во на-шата охридска околина. Имам голема архива со фотографии од природните богатства што ги имаме, а сега наско-ро планирам да ја посетам пештерата Пешна во Македонски Брод, за која сум слушал многу, дека во неа внатре има извори и водопади и тврдини од времето на Крале Марко. Планирам да ја посетам и да ја презентирам на некој од моте интернет сајтови, за светот да види какви скриени богат-ства има нашата Македонија“ – ни рече на крај Стојан и ни кажа дека и во иднина планира неговиот сајт www.ohridinfo.com да остане водечки сајт во информирањето за туризмот и дека со тимот ќе продолжи да го развива 2С Дизајн Студиото во кое планира да гради кариера по завршувањето на сту-диите. Љупчо Таневски

Page 15: АМАК ПРЕС 89

15www.amakpres.com.mk

МЛАДИТЕ ВО АКЦИЈА ЗА ПОМОШ НА БОЛНИТЕ И НЕМОЌНИТЕНа 17-ти мај, во Цента-

рот за Култура “Григор Прличев“,Младинскиот Совет

од Охрид организираше добротворен концерт на кој настапија учениците од ОУ “Методи Патчев“, ДУО Богдан и Иво, “ICY LULLABY“, “FLASH 5“, Симона Попоска, како и КУД “Отекс“ и Балетската група при Центарот за кул-тура. Беа собрани околу 40.000 денари кои ќе бидат наменети за доопремување и набавка на материјали за работа на дневниот центар што во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо“ отворен пред дваесетти-на дена.

“Овој дневен центар ќе работи во рам-ките на програмата за ангажман на мла-дите во заедницата “Млади во акција“, ентериерно и технички е опремен со работен дел и дел за дневен престој кој е донација од локалниот бизнис сек-тор.Во оваа програма младите волонтери на МСО ќе поминуваат дел од своето работно слободно време со хоспитали-зираните врсници со цел да им го при-ближат секојдневниот живот на мла-дите при што два пати во месецот, 10 волонтери низ интерактивни работил-ници ќе ги едуцираат своите врсници за ненасилна комуникација , животни

и социјални вештини, создавање на ин-теркултурно општество и надминување на предрасудите. Овие средби еднаш во месецот ќе се одржуваат надвор од болницата во посета на знаменитости и институции во градот и еднаш месечно ќе биде организирано дружење со мла-дите приспособено на нивните желби и потреби“, изјави координаторот на проектот “Млади во акција“при Мла-динскиот Совет, Даниела Кузманоска.Програмата во дневниот центар ќе се реализира секоја сабота, а преку недела во него ќе се одвива редовна настава. Ангела Белевска

ДОБРОТВОРЕН КОНЦЕРТ ЗА ДООПРЕМУВАЊЕ НА ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ВО БОЛНИЦАТА “СВ ЕРАЗМО“

ДЕВЕТТО ФЕСТИВАЛСКО ИЗДАНИЕ НА “РАСПЕАНО РИБАРЧЕ“

Неодамна во Охрид се одржа девттото по ред издание на дет-скиот музички фестивал “Рас-

пеано Рибарче“. Во трката за најдобра песна учествуваа 20-ина млади музич-ки таленти кои подеднакво со аплауз беа наградени од бројната публика.Фестивалот кој има ревијален карак-тер со својот квалитет полека но си-гурно чука на меѓународните порти. Тоа го потврдува настапот на мина-тогодишниот учесник на “Распеано Рибарче“, Маја Каралиева, која годи-нава ја претставуваше Македонија на меѓународниот детски фестивал во Каиро- Египет.Фестивалот “Распеано Рибарче“ ста-нува бренд по кој на музичката сцена претпознатлив станува Охрид. Охрид-ски композитори се творци на сите песнички кои се снимени по охридски-те студија. А.Б.

СТАРАТА БИБЛИОТЕКА КОНЕЧНО Е УРНАТА

Page 16: АМАК ПРЕС 89

16 AMAK PRES

СМЕШНИ СЕ НАШИТЕ МЕДИУМИ, ГИ ФОРСИРААТ ИСКРИВЕНИТЕ А НЕ ВИСТИНСКИ ВРЕДНОСТИ

“По иницијатива на татко ми се запишав на Машински-от факултет во Скоје,иако

навреме ги положив испитите од првата и втората студиска година, зна-ев дека тоа не тоа и дека од мене не бидува инжињер, туку нешто сосема друго-уметник,сликар. Завршив Виша уметничка школа во Скопје, а потоа се запишав и дипломирав на Ликовната академија во Приштина. Не сакав во моето уметничко изградување влијание да има само правецот експоресиони-зам како и уметникот Перо Мазев, кои тогаш се сметаа како најдобри. Затоа се дообразував во Србија и Босна и Хер-цеговина. А точно е дека талентот и гените го прават своето.Јас од мал сли-кам, го гледав мојот стрико, Живко Са-рески кој беше познат и признат сликар

во тогашна Југославија, неговата рабо-та ме поттикнуваше и мене уште како мал да работам и да сработам нешто квалитетно. Стојам на тоа дека уште како дете ги научив почетоците, тој влез на вратата на уметноста го прече-корив одамна“, вели Танко Саревски. -Кој ќе посака станува умет-ник? Постои ли ова правило во умет-нничката професија кое повеќе од очигледно се негува во многу други?“ По завршувањето на академијата , тука кај нас како и во секоја друга Репу-блика на бивша Југославија владееше комунистичкиот режим. Низ призмата на политиката, уметниците минуваа низ едена клапа а форсираните уметни-ци стануваа професори на факултет кои се почитуваа независно од резултатите на нивниот труд. Народот не попусто

ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ- ТАНКО САРЕВСКИ, ДОБИТНИК НА ЗЛАТНА МЕДАЉА ЗА ПРИМЕНЕТА РОТАЦИЈА ВО УМЕТНИЧКИТЕ ДЕЛА

ИНТЕРВЈУ

УМЕТНИЧКИТЕ ПРЕДИСПОЗИЦИИ МУ СЕ ВО ГЕНИТЕ,А ВРОДЕНИОТ БУНТОВНИЧКИОТ ДУХ ЈА НАВЕСТУВА НЕГОВАТА ЖИВОТНА “ГОЛГОТА“ ЗА КОЈА НИКОГАШ НЕ ЗАЖАЛИЛ, ТУКУ НАПРОТИВ И ОД ДЕНЕШЕН АСПЕКТ ГИ КОМЕНТИРА НЕКОГАШНИТЕ СВОИ ПОСТАПКИ КАКО ОПРАВДАНИ И РЕАЛНИ, ЗОШТО И ДЕНЕС НЕ НАОЃА НИКАКВА ВРСКА МЕЃУ ПОЛИТИКАТА И УМЕТНОСТА, А ОВАА ВТОРАВА Е ДЕФИНИТИВНО НЕГОВИОТ ЖИВОТ ЗОШТО ТОЛКУ ЈА САКА И ГО БРАНИ ВИСТИНСКОТО УМЕТНИЧКО ВО НЕА ШТО ВО 70-ТЕ ГОДИНИ ОД МИНАТИОТ ВЕК, РИЗИКУВА ПРЕОСТАНАТИОТ ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ ДА ГО МИНЕ ВО ЗАТВОРСКА ЌЕЛИЈА.ТАНКО САРЕВСКИ ВО 2000 ГОДИНА СТАНА ДОБИТНИК НА ЗЛАТНАТА МЕДАЉА ЗА ЗАСТАПЕНА РОТАЦИЈА ВО УМЕТНИЧКИТЕ ДЕЛА КОИ ПРИ РОТАЦИЈАТА СЕ УПРАВУВААТ СО ДАЛЕЧИНСКО. МЕДАЉАТА МУ БЕШЕ ДОДЕЛЕНА ПРЕД ВРВНИ СВЕТСКИ УМЕТНИЦИ ВО БРИСЕЛ.ОВОЈ СЛОБОДЕН УМЕТНИК КОЈ ГО НЕГУВА СТАВОТ ДЕКА ВИСТИНСКИОТ СЛИКАР Е ВО ПОСТОЈАНО ДВИЖЕЊЕ ЗА ДА ГИ ОСОЗНАВА НОВОСТИТЕ ВО ОВАА ПРОФЕСИЈА, Е КРАЈНО НЕЗАДОВОЛЕН ОД ОДНОСОТ НА МЕДИУМИТЕ КОН УМЕТРНОСТА И УМЕТНИЦИТЕ.

Page 17: АМАК ПРЕС 89

www.amakpres.com.mk 17

СМЕШНИ СЕ НАШИТЕ МЕДИУМИ, ГИ ФОРСИРААТ ИСКРИВЕНИТЕ А НЕ ВИСТИНСКИ ВРЕДНОСТИ

рекол дека “ две работи не се држат под иста мишка“, што значи дека и вистин-скиот уметник истовремено не може да биде квалитетен професор по ликовна уметност и реално способен сликар.Но таквите професори за жал беа “јаките“ уметници на кои јавноста им се покло-нуваше зошто тоа го налагаше полити-ката.На запад во се се има критериум се знае кој е уметник а кој не, се почитува-ат и признаваат вистинските квалитети. И кај нас полека но сигурно работите почнуваат да се менуваат и да доаѓаат вистинските вредности на површина. Во еден момент слабиот уметник може да се откаже од својот пат посбно кога влегува во кругот да организира селек-тивни изложби.Не се согласувам так-ви изложби да се прават за академски сликари поради тоа сум давал отпор

пред критичарите. Умствената способ-ност кај уметникот мора да се осознава и почитува. Идејата е најбитната мапа кај уметникот а не имитацијата, да би-деш свој и само свој, тоа е најбитното. Тоа е она духовното, дадено од господ.Едноставно, таков се раѓате. -Јавноста делеше позитивни и негативни критики за вашата хра-брост кога во 70-те години на мина-тиот век , на југословенското биеале во Тузла, гордо ја поставивте слика-та на која сте нацртале магаре со ме-дал.“Магарето е нацртано во две психолош-ки ситуации,од една страна се смее а од дуга е повредено . Всушност животно-то со медал во мојата фантазија па и на платното беше синоним на народните херои, тие се само искривена слика за

реалноста. Но оние кои ја почитуваат мојата работа и ги препознаваат квали-тетите на мојот труд ја симнале медал од магерето пред јас тоа да го осознаам. Намерата им била да не го минам оста-натиот дел од животот во затворска ќелија, зошто насликаното предизви-кало бурни, негативни реакции кај по-литичарите што ја виделе. Мене не ме плашеа последиците по изложувањето, и од никогаш од ништо не сум се пла-шел посебно не од политичките стеги, зошто вистинскиот уметник на платно-то ја слика реалноста таква каква што е и никаква поинаку. Всушност поли-тиката и уметноста немаат допирни точки, а тоа значи дека и нивните из-вршитли не треба да иимаат ништо за-едничко или слично.“ -Вие сте уметник кој буквал-но не знае да стои во место, посојано патувате во други земји? Како во другите земји се гледа на уметноста. “Вистина е дека јас постојано пату-вам затоа што сакам, но и морам. Ви-стинскиот уметник мора да биде во постојано движење, тој не смее да се затвора и изолира. Преку патувањето и посетувањето изложби надвор, осо-знавате низа новини во уметноста кои несвесно но сигурно почнувате да ги применувате во своите трудо-ви. Подолг временски период живеев во Цирих- Швајцарија каде органи-зирав самостојни изложби, потоа бев во Италија. Иако кај нас се вели дека тамошниот народ е ладен не е висти-на. Кога по улица ќе те здогледаат со мапи и други сликарски алатки веднаш ти пристапуваат и те прашуваат за она што го работиш, се интересираат. Кај нив уметничката култура е на далеку повисоко ниво од кај нас. И изложбени-те салони се секогаш полони со луѓе.“ -Во 2000 година во Брисел ви беше доделена златен медал за застапена ротација во уметничките дела. Вашите колеги беа во изнена-дувачки шок пред вашето откритие, уметничката слика ја управував-те со далечинско, а при тоа таа од секоја страна звртена има смисла и значење. Ротација во направена творба не е тоа малку збунувачки или невозможно? “Се е можно ако се сака и ако се има волја да се научи саканото. Сликите со применета ротација ги сликам од четри

ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ- ТАНКО САРЕВСКИ, ДОБИТНИК НА ЗЛАТНА МЕДАЉА ЗА ПРИМЕНЕТА РОТАЦИЈА ВО УМЕТНИЧКИТЕ ДЕЛА

Page 18: АМАК ПРЕС 89

18 AMAK PRES

страни наизменично, готовата слика при ротација ја управувам со дале-чинско. Пример, сум насликал јајце, тоа јајце ротира од едната страна има око а од другата се гледа портрет, по-тоа човек со капа на главата а јасно се гледа и неговото тело. Како што роти-ра телото ја менува позицијата. Важно ми е тие слики да не наликуваат една со друга, секоја слика да си има своја идеја која го претставува уметникот . Мора нешто да се направи по што ќе бидете претпознатлив и само свој. Сигурно по применетата ротација во моите трудови сум препознатлив но никогаш не сум задоволен со она што сум го постигнал туку напротив тоа ме тера да посегнам и да достигнам по нови височини.“

-Светот ви “симнува капа“ пред вашите уметнички достигнувања, вашите слики од да-леку се препознатливи, специфични и фасцинантни со својата убавина. Каков е односот на медиумите кон вас и вашето дело?“Можеби е чудно но реално, ова е прво интервју што сум го дал во Македонија. Додека во западно ев-ропските земји, буквално те рас-тргнуваат на сите страни и те опсипу-ваат со стотици прашања, кај нас тоа е реткост - чест на исклучоците. На-шите новинари и кога се одлучуваат да и оддадат минимално внимание на уметноста, тоа го прават на нависти-на глупав начин. Нивното најчесто прашање гласи вака: “Од каде црпите идеа за сликање?“ Ова ме револтира, па мора да објаснувам дека идејата не е вода или друг вид течност за да се црпи со бокал,шише или не знам што. Творечката идеја се создава сама по себе таа е склоп на ментална и физичка состојба која пак е резул-тат на она што ве опкружува. Пример ме инспирира, овој разговор, овој мо-мент ,случувањата во овој ден. Пре-глуапаво е да се рече дека инспирација за сликање ви е езерото, сонцето или не знам што, тие се само придружени елементи во оформувањето на идејата. Медиумите кај нас се и повеќе од смешни, за нив не се интересни убави-те нешта туку само политиката и дет-ските расправии на политичарите кои во глобала се исти, жедни за власт која им нуди финансиска моќ и стабилност. Повторувам разочаран сум од односот на нашите медиуми кон уметноста. Кога пред 8 години во Брисел го добив златниот медал за применета ротација во сликите, бев опкружен со странски

но не и домашни новинари. Замислете колку жално, пристигнале во Германија не за поводот- доделувањето на медал со кој на културен план се издигнува Македонија, туку дошле да му постават по некое прашање на тогашниот пре-миер на Владата, Љупчо Георгиоски, со кого тука кај нас имаа секојдневни средби, жално навистина жално.“ -На втори мај во куќата на Робевци беше отворена вашата чи-нам прва изложба во Охрид. Зошто одлучивте да се претставите пред почетокот на уметничката сезона во градов, не ве плашеше можноста од

мала посетеност?“Точно,тоа беше моја прва самостојна изложба во Охрид и втора во Македонија, додека на групни изложби сум учествувал повеќе пати. Намерно одлучив мојата изложба во Охрид да биде пред почетокот на уметничката и туристичка сезона, сакав да видам како уметнички дише мојот роден град и колку охриѓани се интересираат за уметност. Пријатно сум изненаден,тие неколку дена куќата на Робевци беше полна со луѓе, на кои не им беа испра-тени покани туку за изложбата дознале преку билбордите поставени на некол-ку места во Охрид и неговата околи-на.Известувањето за културен настан преку билборди за мене е најдобар, па како таков се применува низ Европа, зашто не ги обврзува луѓето туку ги кани на оние кои вистински ја сакаат уметноста. -Што во иднина, дали на уметничкото платно веќе нанесува-те бои за некоја наредна изложба?“Уметникот секогаш твори,умствено или физички -со придвижување на четката по платното. Едно е најважно секогаш да постои некоја движечка по-зитивна енергија која ве турка напред како волјата за живот која и кога сте во затворен темен тунел ви дава сила да трагате по светлината, зошто на човека секогаш треба да го води мислата дека по секое зло, арно доаѓа.“ Ангела Белевска

ИНТЕРВЈУ

Page 19: АМАК ПРЕС 89

www.amakpres.com.mk 19

1

Page 20: АМАК ПРЕС 89

20 AMAK PRES

КУЛТУРА

ОХРИДСКО ЛЕТО СЕ ЗБОГУВА СО ФИНАНСИСКИТЕ ПРОБЛЕМИ

Претставници од фестивалот Охридско лето, учествуваа на генералното собрание на Ев-

ропската Федерација на фестивали што од 24 до 27 април се одржуваше во Анталија, Република Турција.“За нас ова учество значи многу, го проширивме кругот на пријатели што дирекно се инволвирани во светска-та култура, а се отвори и пришањето финансиски да се поддржи нашиот фестивал. Охридско лето, воспоста-ви контакти со скоро сите фестивали од Европа, за нас широко се отворија културните врати со оглед на тоа што на собранието на најреномираната ев-ропска фестивалска асоцијација уче-ствуваа 130 фестивали, а околу 10-ина фестивали од Турција пристапија кон

неа“, изјави директорот на Охридско лето, Тони Симоновски.Музичките и драмски претстави на го-динешното издание на Охридско лето ќе ги проследат првите луѓе и делега-циите од најпознатите европски фести-вали, а своето присуство веќе го пот-врдиле директорите на најпрестижните фестивали од Индонезија и Јужна Аф-рика.“Слободното време од нашиот престој во Турција го искористивме за разгледување на културно историските знаменитости, бевме на концерти, на балет, ја посетивме операта “Цар Му-рат“, а кога бевме во еден од музеите пријатно бевме изненадени од тамош-ниот кустос кој пред бистата на Алек-сандар Македонски, пред бројните

делегати гласно говореше, дека Алек-сандар е Македонец и таков ќе остане засекогаш, тој е македонец кој војувал против и ги поразувал грците“,вели Симоновски,додавајќи дека по изјавата на турскиот кустос сите делегати кон нив- македонските учесници гледале со восхит и почит. Иако, Симоновски не сакаше да ја открие цифрата на финансиска помош што Охридско лето ја доби од Европската федерација на фестивали, јасно потврди дека се надминати сите финансиски потешкотии и долгови.“ Финансиската конструкција е заокру-жена немаме финансиски потешко-тии“, истакна тој. Ангела Белевска

ОВОГОДИНЕШНОТО ФЕСТИВАЛСКО ИЗДАНИЕ ЌЕ ГО ПРОСЛЕДАТ ДИРЕКТОРИ НА НАЈПООЗНАТИТЕ ФЕСТИВАЛИ ОД ЕВРОПА КАКО И ОД ИНДОНЕЗИЈА И ЈУЖНА АФРИКА. ДЕЛЕГАТИТЕ НА НАЈПРЕСТИЖНИТЕ ЕВРОПСКИ ФЕСТИВАЛИ, ЗНААТ ДЕКА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ БИЛ МАКЕДОНЕЦ А НЕ ГРК

Page 21: АМАК ПРЕС 89

www.amakpres.com.mk 21

ОХРИДСКО ЛЕТО СЕ ЗБОГУВА СО ФИНАНСИСКИТЕ ПРОБЛЕМИ

САРА ЧЕНГ НА ОХРИДСКО ЛЕТО

Богата културна програма за годи-нешното издание за најголемата музичко сценска манифестација,

Охридско лето, најави директорот на Фестивалот, Тони Симоновски. На не-колкуте сцени предвидени за одржување на оваа престижна манифестација, ќе бидат прикажани над 50 музички и театарски приредби во однос 70:30 и неколку ликовни изложби. Едно од најзвучните имиња кое доаѓа во Охрид е виолинистката Сара Ченг од САД, првата виолина во светот. - Потпишаната декларација за интер-културниот дијалог на уметничките

фестивали од редот на европското семејство, на елитните фестивали, каде се наоѓа и фестивалот Охридско лето, е од огромно значење за македонска-та култура, а со тоа Охридско лето не само што го потврдува своето високо меѓународно реноме, туку прави чеко-ри за уште поголеми и позначајни до-стрели. Годинава не очекува Фестивал со богата културна програма, вели Си-моновски. Според најавите, иако не се открива, се уште името кое ќе го отвори Охридско лето, и годинава не очекува спектаку-ларно издание на овој фестивал. Не се

откриваат ни средствата кои се обезбе-дени, но од Дирекцијата на Охридско лето велат дека по неколку години Сто-панска банка повторно се враќа како златен спонзор на Охридско лето. Дел од трошоците ќе ги покрие Министер-ството за култура, а останатите сред-ства се обезбедени преку донатори. Охрид по 48 пат од 12 јули до 20 август ќе биде центар каде ќе бидат собрани најдобрите и најстручните уметнички имиња.

Сузана Вренцовска

ЕДНО ОД НАЈЗВУЧНИТЕ ИМИЊА ЗА ГОДИНАШНОТО ИЗДАНИЕ НА РЕНОМИРАНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА Е ВИОЛИНИСТКАТА САРА ЧЕНГ, А ДИРЕКТОРОТ ТОНИ СИМОНОВСКИ НАЈАВУВА ДЕКА ЌЕ ИМАМЕ БОГАТА МУЗИЧКА И ТЕАТАРСКА ПОНУДА

Музејот на вода во Градиште ќе претставува туристичка атракција за нас и странците

кои ќе можат да ја видат цивилизацијата на овие простори од илјадници години наназад, рече премиерот Никола Гру-евски, во Охрид на поставувањето на камен-темелникот на Наколната на-селба од бронзеното време која датира од 1200 до 600 година пне. Груевски истакна дека Владата работи на идни-ната, но сепак, како што рече, нашата сила и моќ е во минатото и тоа мора да се негува затоа што така расте нашата вредност. “Македонија е древна земја и

има што да покаже пред светот“, рече Груевски. Според директорот на Дирекцијата за заштита на културното наследство, Па-ско Кузман ова претставува враќање на праисторијата во денешно време. Тој рече дека во изминативе осум години се вршени истражувања на дното на Охридското Езеро, а во чест на претсе-дателот на нуркачкиот клуб од Охрид, Милутин Секулоски Мичо, ова место е наречено Мичов град. - Граѓаните ќе имаат прилика да шета-ат низ времињата од праисториско до римско време, од Музејот на вода до

римскиот логор откриен во непосредна близина, рече Кузман. Инаку, предвидена е изградба на при-стапен објект каде ќе се продаваат би-лети и сувенири, а Музејот на вода ќе биде поставен на платформа поврзана со мост во должина од 15 метри. Пред-видено е на платформата, која ќе стои на 900 дрвени колци, да се изградат 7-8 куќарки. Целиот проект се планира да заврши до 8 декември, а ќе чини око-лу два милиони евра, обезбедени од буџетот на Република Македонија. Сузана Вренцовска

Музејот на вода во Градиште ќе претставува туристичка

има што да покаже пред светот“, рече Груевски.

римскиот логор откриен во непосредна близина, рече Кузман.

ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА МУЗЕЈОТ НА ВОДА

Охриѓаните Алек-сандар Кова-чески и Љупчо

Танески , со свои фото-графии ќе учествуваат на меѓунасродната изложба за избор на фотографија на годината, што во средината на месец јуни ќе се одржи во Белград, соседна Србија. Ковачески кој е фоторепор-тер на новинската инфор-мативна агенција “МИА“ и на дневниот весник “Утрин-ски Весник“, ќе се прет-стави со три фотографии. Љупчо Танески на излож-бата ќе учествува со една фотографија “Пребирлив питач“, фотографирана во

Њујорк-САД. Учесниците од бивши-те Југословенски републики како и од

балканските земји се актив-ни фото репортери кои ќе учествуваат со најмногу три фотографии кои се сликани во период од март 2007 го-дина до 21 април, годинава.Меѓународно стручно жири ќе одлучува кои три фото-графии се најдобри и како такви парично ќе бидат на-градени. Минатата година првата награда ја понесе фото репортерот на дневни-от весник “Дневник“, Сло-бодан Ѓуриќ.

Ангела Белевска

Охриѓаните Алек- балканските земји се актив-

КОВАЧЕСКИ И ТАНЕСКИ НА МЕЃУНАРОДНА ИЗЛОЖБА ВО БЕЛГРАД

Page 22: АМАК ПРЕС 89

22 AMAK PRES

ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ

Page 23: АМАК ПРЕС 89

„БИЛЈАНИНИ“ ПОДГОТВЕНА ЗА ЕПДелегацијата од ЕХФ даде пози-

тивна оценка за спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид

за одржување на Европското првенство во ракомет за жени. При претпоследна-та посета на инспекторите на ЕХФ кон-статирано е дека 90% од работите се завршени а останатите зафати ќе бидат финиширани до почетокот на Светско-то јуниорско првенство за жени одно-сно до месец јуни.Јан Таик кој ја предводеше инспекцијата на ЕХФ изрази оптимизам дека салата навремено ќе биде подготвена, иако во Охрид беше сведок на се уште незавр-шени работи, посебно салата за прес конференции, една од најголемите за-белешки на ЕХФ.-Завршната верзија не е постигната, но

се договоривме за понатамошните ак-тивности и нема сомнение дека до по-четокот на првенството ќе имаме ком-плетно подготвена сала, рече Таик.За генералниот секретар на Македон-ската ракометна федерација, Марјан Начески, ЕП ќе биде најголемиот спортски настан одржан во Македонија кој ќе го следат милијарда и пол гледа-чи.Охридскиот градоначалник Александар Петрески ненавременото завршување на активностите во салата го оправда со големиот број спортски активно-сти кои се одржаа во изминатиот пе-риод, како и Самитот на претседатели, најголемиот настан одржан во Охрид, но вети дека работите навремено ќе би-дат завршени.

-Поголемиот дел од забелешките се отстранети, а на некои се работи во моментов. Близината на аеродромот, Охридското Езеро и хотелите ќе допри-несат Охрид да биде успешен домаќин како што беше на СП за младинци во машка конкуренција минатата година, рече Петрески.Инаку ЕП во ракомет за жени кое ќе се одржи од 2 до 14 декември на Македонија и е дадено во конкуренција на Данска и Португалија. Оваа голема спортска манифестација се очекува да биде следена од 500 новинари и затоа прес центарот беше една од најголемите забелешки на инспекторите на ЕХФ.

Сузана Вренцовска

ЕХФ ЈА СКЕНИРАШЕ ОХРИДСКАТА САЛА

ПЛАСМАН НА ОХРИДСКИТЕ АТЛЕТИЧАРИ ВО ФИНАЛЕТО НА КУПОТНа квалификациите за финалето на купот на

Македонија, охридските атлетичари во конкуренција од 12 Атлeтски клубови од нашата држава успеаа во

четири дисциплини да се пласираат во финалето на купот.Селман Реџеп во финалето ќе учествува во дисциплините

скок во далечина и трискок, додека Славчо Мирчевски само во трискок. Штафетата 4 x 100 во состав Цветковиќ, Павлов-ски, Кафтановски, Селман исто така ќе трча во финалето .Кај девојките Јулијана Велјановска во финалето ќе се нат-преварува во категоријата фрлање диск.

СПОРТ

Page 24: АМАК ПРЕС 89

20 AMAK PRES

CRNA HRONIKA

Page 25: АМАК ПРЕС 89

21www.amakpres.com.mk

Петчлената македонската репрезентација во едрење се врати од Пaлиќ, Србија каде зеде учество на Прве-неството на Југоисточна Европа во класата „Опти-

мист“ што се одржуваше во деновите од 14-18 мај 2008.Во силна конкуренција на претставници на националните едриличарски тимови од Словачка, Алжир, Кипар, Унгрија, Црна Гора , Ерменија и домаќинот Србија, нашите “оптими-сти“ ги зазедоа следните места:

-Едрал Љушо од ЕК„ Снегар“- Струга 19-то место

-Димитар Поп- Стефанија од ЕК„ Амак СП - Бофор“ - Охрид 25-то место-Добре Трпоски од ЕК„ Амак СП - Бофор“ - Охрид 32-ро место-Мартина Каневче од ЕК„ Амак СП - Бофор“ - Охрид 34-то место (7-мо ж.)-Елена Ставреска од ЕК „ Стрмец“ - Охрид 40- место (10-то ж.)

Петчлената македонската репрезентација во едрење се -Димитар Поп- Стефанија од ЕК„ Амак СП - Бофор“ - Охрид

НАШИТЕ ЕДРИЛИЧАРИ СО ДОБАР ПЛАСМАН ВО ПАЛИЌ

ЕДРИЛИЧАРИТЕ ЌЕ ЕДРАТ ПО ШВЕДСКИ!!!Младите едриличари од Охрид

и Струга неодамна имаа при-лика да бидат дел од еду-

кативниот камп кој под палката на шведските инструктори се одржа во едриличарскиот центар во Охрид. Ор-ганизатори на овој тренинг камп беа ЕК АМАК СП БОФОР и ЕК Стрмец а учество зедоа и едриличари од ЕК Сне-гар од Струга. Од ЕК АМАК СП БО-ФОР велат дека ова е одлична прили-ка за едукација и размена на искуства како за младите кои ги прават првите чекори во едрењето така и за оние кои работат со нив.Шведските инструкторки Ана Бертсе

и Лин Џонсон велат дека Македонија има потенцијал и млади таленти за едрењето да прерасне во еден од водеч-ките спортови.Инаку Шведска е веле сила во едрење, спорт кој уште се нарекува и фамилијарен а секој член од семејството има и своја едрилица. Македонската едриличарска федерација, со цел развој на едрењето, во иднина ќе ги користи нивните искуства за начините на кој се станува инструктор по едрење.-Кај нас досега немаше кампови за ин-структори. Обично поискусните едри-личари стануваа инструктори. Сега на ниво на Федерација ќе направиме пра-

вилник за тоа како и на кој начин ќе се станува инструктор по едрење. Швед-скиот начин е дефинитивно прифатлив за нас, вели претседателот на Едрили-чарската федерација на Македонија Љупчо Поп Стефанија.Четиричлена посада од ЕК АМАК СП БОФОР од 14 до 18 јуни ќе отпатува во Упсала, Шведска на тренинг камп ре-гата каде ќе присуствува на курс за ин-структори, ќе се одржат и натпревари но најважно од се е што ќе се стекнат нови искуства. С.В

И покрај слабите резултати на последното ЕП во од-ржано во Милано, Италија од експедицијата која не преставуваше таму не информираа дека две вајлд

карти ќе им бидат доделни на нашите преставници.-Самиот пласман во полуфиналето на натпреварувањето, без оглед на постигнатите резултати во него преставува огромен

успех за нас - вели Раде Поповски селектор на македонската репрезентација. Деновиве очекуваме позитевен одговор од Лозана, Швајцарија, со што би добиле две вајлд карти .Евентуалните вајлд карти би ги добиле кајакарите Тодоров-ски и Казиу.

И покрај слабите резултати на последното ЕП во од- успех за нас - вели Раде Поповски селектор на македонската

ОХРИДСКИТЕ КАЈАКАРИ СЕПАК ДЕЛ ОД ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ

СПОРТ

Page 26: АМАК ПРЕС 89

22 AMAK PRES

KULTURAPISMA OGLASI

АМАК Прес бесплатно ги пренесува огласите кои граѓаните ги даваат во емисијата Радио берза која се емитува на Радио Охрид. Доколку оставете оглас со СМС на телефоните 070/141-279 и 075/141-284 огласот ќе Ви биде објавен и во на-шиот весник. Цената на СМС е 23,6 ден. со ДДВ.

Се продава фиќо во одлична состојба.Информации на тел. 046/250-007

Професорка по македонски јазик дава часови на матуранти, пишува есеи, состави, писмено прераска-жува, лектири, пишува проектни задачи за матуранти (освен математика, информатика и физика) , пишува семинарски теми за студенти.- час 60 мин.----------------------------------- 300 ден.- проектни задачи -----------------------------1.000 ден.- есеи ------------------------------------------- 400 ден.- состави за писмена--------------------------300 ден.- писмено прераскажување на лектири---500 ден.- семинарска задача---------------------------1.000 ден.

моб.тел. 070/615 485

Овластен судски преведувач Михајло Влаќески и врши превод секаков вид од германски на македонски јазик и обратно. тел. 071/601-310 емаил: [email protected]

Продавам комплет опрема за бербер-ница. Хидраулик столици-3. Про-давам сталажи од ковано железо, излог сталажи за ѕид и подвижни тел. 075/984-592

Се продава лежај,добро сочуван.Цена по договор.тел:046/ 267 - 993

Се продава место во с. Велгошти по-годно за градба. Телефони: 288 - 592 и 070/ 525 - 524

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д.Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - ОхридИзлегува на 10 и 25 во месецотТел:046/263-781 факс 046/263-784E-mail: [email protected]

За издавачот:Венко Шапкар - Генерален директорГлавен и одговорен уредник: Љупчо Таневски [email protected]Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска Крсте Спасески Техничка редакција: Бранислав Сиљаноски Велимир Џамтоски Лектор: Милчо ЈованоскиМаркетинг менаџер: Славица СтевоскаДистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

Page 27: АМАК ПРЕС 89
Page 28: АМАК ПРЕС 89

M A K E D O N I J A - MOJATA DR@AVA

Testovi na znaewe za: osnovni {koli, sredni {koli, matura, fakulteti, vozrasni,... Testovi: pedago{ki. psiholo{ki, za inteligencija, e-testing,...

Nastava: podgotvitelna, tutorska, priemni ispiti, matura, za vozrasni, e-u~ewe,...

www.pisi.com.mk e-mail: [email protected] ++ 46 230-560; 46 230-561; 46 230-562 ++ 32 380-418

M A T U R A

MAKEDONSKI JAZIK MATEMATIKA ANGLISKI JAZIK INFORMATIKA FIZIKA HEMIJA BIOLOGIJA PROEKTNA ZADA^A ISTORIJA GEOGRAFIJA MUZI^KA UMETNOST LIKOVNA UMETNOST

U^ILI{NA NASTAVNA PROGRAMA

1. M A T E M A T I K A

2. A N G L I S K I J A Z I K

3. I N F O R M A T I K A

4. M A K E D O N S K I J A Z I K

5. P R O G R A M I R A W E

6. F I Z I KA

7. H E M I J A

8. B I O L O G I J A

Obrazoven centar, Ohrid, {tip Do 31.05 REZERVACII NA MESTA: OD 4-TO ODD. OSNOVNO DO 1-VA GOD. SREDNO