16
СТО И ДЕСЕТ ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА АЛЕКСАНДАР РОСТКОВСКИ ВО БИТОЛА Рускиот конзул што сочувствуваше со Македонците Ништо добро за Хрватска во ЕУ Руската економија е прва во Европа стр. 6-7 „Сатаната“ го спасува светот стр. 9 стр. 4-5 Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“. САБОТА - НЕДЕЛА, 17-18 АВГУСТ 2013 ГОДИНА БРОЈ 8 „Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 26 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Зидојче цајтунг“ ПОГЛЕДИ СВЕТСКА БАНКА РАКЕТА ПРОТИВ ВСЕЛЕНСКИ ТЕЛА Повеќе теми на интернет -страницата на „Руска реч“ ruskarec.mk Само на RUSKAREC.MK стр. 2-3 Lori / Legion Media стр. 12-13 Волга најдолгата река во Европа

Руска реч Македонија #8

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Russia Beyond the Headlines, Macedonian Edition, distributed with Nova Makedonija

Citation preview

СТО И ДЕСЕТ ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА АЛЕКСАНДАР РОСТКОВСКИ ВО БИТОЛА

Рускиот конзул штосочувствуваше соМакедонците

Ништо доброза Хрватска во ЕУ

Рускатаекономија е прва воЕвропа

стр. 6-7

„Сатаната“ госпасува светот

стр. 9

стр. 4-5

Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорназа содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.

САБОТА - НЕДЕЛА, 17-18 АВГУСТ 2013 ГОДИНА БРОЈ 8

„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 26 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Зидојче цајтунг“

ПОГЛЕДИ

СВЕТСКА БАНКА

РАКЕТА ПРОТИВВСЕЛЕНСКИ ТЕЛА

Повеќе теми на интернет -страницата на „Руска реч“

ruskarec.mk

Само на RUSKAREC.MK

стр. 2-3

Lo

ri /

Leg

ion

Med

ia

стр. 12-13

Волганајдолгата река

во Европа

РУСКА РЕЧРУСИЈА - МАКЕДОНИЈА2 |

� Михаил Вашченко

Најпрво треба да се кажат неколку збораза историјата пред неговата работа на тери-торијата на современа Македонија. Првитедипломатски претставништва на Русија воМакедонија, која во тоа време била дел од От-оманската империја, започнале уште кон крајотна осумнаесеттиот век, откако Русија извојувапобеда во руско-турската војна 1768-1774 го-дина. Конзулатот во Битола (Манастир) билотворен нешто подоцна, во 1861 година. Безоглед на привремената промена на статусот(во периодот од 1881 до 1901 година бил ви-цеконзулат), тој се одржал неколку децении.Околу осум години како конзул во градот пре-стојувал и херојот на оваа наша сторија. И,значи, кој бил Александар Ростковски?

Роден во 1860 година, Ростковски го за-вршил Александровскиот императорски ли-цеј (во кој своевремено учел АлександарСергеевич Пушкин), по што почнал да ра-

боти во Азискиот департман на Министер-ството за надворешни работи на Русија. Напочетокот работел во Бугарија како втор сек-ретар на рускиот генерален конзулат, а по-тоа заминал на служба во конзулатот во Еру-салим. Од 1887 до 1890 година работел ка-ко секретар на руските конзулати во градотЈанина, а потоа и во Бејрут. До 1893 година,тој бил заменик на агентот на Министер-ството за надворешни работи на Русија воОдеса, по што од 1893 година станал вице-конзул во Бринѕи. Од 1895 година работелкако вицеконзул во Битола.

Во Македонија Ростовски се нашол воеден сложен период. Населението почнува-ло да го зафаќа револуционерно расположе-ние. Две години пред доаѓањето на рускиотконзул била организирана познатата Внат-решна македонска револуционерна органи-зација (ВМРО), се создавале и други рево-луционерни организации, кои имале за целподготовка на востание против Турците.Многумина сфатиле дека таквото востаниево тие услови ќе доведе до негово неминов-но задушување. Амбасадорот на Русија воИстанбул во телеграма до Ростовски му пред-ложил „да преземе мерки“ за „да му се ста-

ви до знаење на христијанското населениедека дејствувањето на комитетите строго сеосудува од страна на императорската влада“.Дури и самиот конзул со голема внимател-ност гледал на нивната дејност. Познато енеговото мислење искажано при еден при-ватен разговор во 1900 година: „Од срце мие жал за македонските Словени, но рускитеинтереси ми се поважни и по личното чувст-во, и по долгот на службата“. Сепак, тоа незначело дека Русија не се стремела да го ре-ши македонскиот проблем. Заедно со Авст-ро-Унгарија во 1903 година, таа на Истанбулму предложила проект-реформи, кои пред-видувале либерализација на политичкиот ре-жим на македонската територија. Ростковс-ки, кој на лице место ги следел тие „рефор-ми“, известил дека турските власти праватсè за во практика ништо да не се промени.

Ростковски не се однесувал кон Македо-нија само како кон привремено место на жи-веење. За време на своите патувања во земјата,која тој практично ја поминал во целост, Рост-ковски подробно го опишал животот на ло-калното христијанско население, кое страда-ло од Турците и со кое тој искрено сочувст-вувал. Во исто време тој продолжувал нега-тивно да се однесува кон претставниците намакедонските востанички организации, коисамо му ја усложнувале работата како конзул,уверувајќи го христијанското население декаРусија ги поддржува овие организации. Рост-ковски бил познат и по својата храброст какочовек. Познати се случаи кога тој самиот, безникаква помош од телохранители и без оружјеуспевал да разреши многу проблеми. На при-мер, во април 1903 година, по масовниот ко-леж на христијани во Битола, само со своетопојавување го успокоил и го одоброволил ло-калното население. Тој одел на места каде штотешко се доаѓа, кога тоа било потребно. Такове примерот кога требало да се сретне со гру-па православни Албанци за да ги премисли воврска со нивниот план за премин во унијатст-во. Ростковски учествувал во ширењето ин-

СТО И ДЕСЕТ ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА АЛЕКСАНДАР РОСТКОВСКИ ВО БИТОЛА

Во јануари 2014 година Русија и Македонија ќе одбележат 20години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу дветедржави. Сепак, историјата на меѓусебните односи помеѓудвете земји не е толку кратка, колку што се чини на првпоглед. Во август годинава се навршуваат 110 години од уштееден (иако тажен) настан, поврзан со историјата на нашитебилатерални односи - убиството на рускиот конзулАлександар Ростковски во градот Битола

Рускиот конзул што сочувс

Конзулот во август 1903 година загинал од куршумот на турски жандарм со албанско потекло

РУСКА РЕЧ | 3РУСИЈА - МАКЕДОНИЈА

формации за Македонија во Русија. Така, вопериодот помеѓу 1899 и 1900 година, тој воруските списанија печател статии во кои би-ле давани статистички податоци за македон-ското население. За овие статии тој добил на-града од Руската академија на науките.

Сепак, за време на својот престој во Ма-кедонија, Ростковски се здобил со многу не-пријатели. Претставниците на македонскитереволуционерни комитети биле непријател-ски расположени кон Ростковски поради од-бивањето на Русија да ги поддржи. Но, нега-тивен однос кон рускиот конзулат имало и ал-банското население во Македонија. И во 1903година Ростковски загинал од куршумот наеден турски жандарм со албанско потекло.Рускиот император Николај Втори побарал одтурскиот султан Абдула Хамид Втори да гиказни виновниците за убиството, што и билонаправено.

По десет години, во 1913 година, кога Вар-дарска Македонија со градот Битола била да-дена на Србија, во градот бил поставен пра-вославен крст во спомен на Ростковски. ПоВтората светска војна тој бил тргнат, и долгпериод во Битола не постоело ништо што биукажувало на работата на конзулот. Неодам-

на, во 2003 година, тој крст беше повторнопоставен. Сега тој е место на кое се спрове-дуваат различни свечени церемонии, органи-зирани од руските дипломати, „наследници“на Ростковски. И тоа е добар знак. Знак дека

денес руско-македонските односи не само штоуспешно се развиваат, туку и дека имаат дам-нешна историја, која, без оглед на трагични-те настани, ни дозволува со оптимизам да гле-даме кон иднината.

твуваше со Македонците

Ростковски во Русија објавувал статистички податоци за македонското население, за што добил и награда од Руската академија на науките:погребна поворка на убиениот руски конзул во Солун во 1903 година

РУСКА РЕЧЕКОНОМИЈА4 |

� Татјана Лисина

Русија е многу поуспешна во борбата сосветската економска криза отколку поголе-миот број развиени земји, покажуваат под-атоците на Светската банка што се објавениво јули. Русија со својот бруто-домашен про-извод (БДП) по жител според паритетот накуповната моќ (ПКМ) во 2012 година ги пре-стигнала сите земји во ЕУ, вклучувајќи ја иГерманија, која се наоѓа на шестото место восветот. Во првата петорка пред Русија се на-оѓаат САД, Кина, Индија и Јапонија. Требада се додаде дека податоците на Светскатабанка го потврдија кредитниот рејтинг штоМеѓународниот монетарен фонд го објавиуште кон крајот на 2012 година, иако, спореднего, Русија во определенa мера заостанува-ше зад Германија и го зазеде шестото место.

Јулскиот рејтинг на Светската банка во

однос на рускиот БДП според ПКМ е уштеедна потврда за завидното ниво на рускатаекономија, истакнуваат стручњаците. Спо-ред номиналниот БДП (податоците на ММФ)Русија напредувала од деветтото на осмотоместо. Освен тоа, Светската банка на поче-токот на јули ја премести Русија во групатаземји со висок национален приход жител (воизминативе десет години Русија беше во гру-пата земји со приход над просекот). Напред-окот во рејтингот секако ќе биде важна пред-ност за време на придружувањето на Русијана Организацијата за економска соработка иразвој (ОEЦД), кое е предвидено за 2015 го-дина. За уште поголем раст на БДП по жител,стручњаците на ОЕЦД препорачуваат да сезголеми продуктивноста, да се стимулираатиновациите, а потоа и да се усовршат финан-сиските и даночните регулативи.

За стручњаците, успесите на руската еко-

СВЕТСКА БАНКА

Според најновите податоцина Светската банка, рускатаекономија ги престигна ситеземји во Европа и го зазедепеттото место во светотспоред бруто-домашниотпроизвод (БДП). Експертите предвидуваат декаво иднина јазот меѓу РускатаФедерација и остатокот одСтариот континент ќепродолжи да се зголемува

Руската економија е прва во Европа

ИТА

Р-Т

АС

С

Русија со својот БДП по жител според паритетот на куповната моќ во 2012 година ги престигна сите земји на ЕУ, вклучувајќи ја и Германија

РУСКА РЕЧ | 5ЕКОНОМИЈА

номија не претставуваат изненадување. Спо-ред главниот економист на Дојче банк, Јарос-лав Лисоволик, рејтингот на БДП споредПКМ во целина во голема мера реално ја од-разува состојбата на потрошувачка на стокии услуги во економијата.

- Руската економија создава раст порадиповолните цени на нафтата, додека Европае во рецесија и изгледите за излезот од кри-зата не се извесни. Особено е сериозна си-туацијата во Јужна Европа, која, секако,влијае и на Германија и на другите земји. За-тоа Русија губи помалку во моменталнитеуслови на криза во однос на Европа. Освентоа, во последниве година и пол рубљата по-кажува добри резултати - додава Лисоволик.

Генералниот директор на Агенцијата заполитички и економски комуникации, Дми-триј Орлов, исто така смета дека местото наРусија на ранг-листите според БДП е сосе-ма соодветно.

- Во однос на нашиот бруто-домашен про-

извод (БДП) и на куповната моќ и со сите на-ши проблеми далеку сме од Кина, но сме мно-гу понапред од Европа - истакнува стручња-кот.

Што ја очекува руската економија во ид-нина? Ова е прашањето што посебно ги инте-ресира како жителите на Русија така и светс-

ките инвеститори,кои мошне внима-телно ги следат слу-чувањата во Русија.ММФ неодамна јанамали прогнозатаза рускиот раст за2013 година на 2,5отсто. Прогнозитена Светската банкасе само незначи-телно пониски - по-раст од 2,3 отсто.Но овие бројки сечинат сосема со-

лидни во однос на изгледите за пораст на аме-риканскиот БДП (1,7 отсто) и на европската ре-цесија (од -0,6 отсто). Динамиката на економ-скиот раст кај двата соседа од групата БРИК ипонатаму е повеќе од импресивна во однос наруската (Кина - 7,8 отсто, а Индија - 5,6 отсто).

Анкетираните стручњаци веруваат декаследната година, поради стагнација во евро-зоната, предноста на Русија во однос на Ев-ропа ќе се зголемува сè повеќе, но и дека Ру-сија во голема мера ќе заостанува зад споме-натите азиски држави.

- Кина и Индија сè повеќе ќе ги зацврсту-ваат своите позиции на ранг-листите поврза-ни за БДП - уверен е Орлов.

Со него се согласува и Лисоволик, кој воисто време напомнува дека без оглед на на-предокот во рејтингот на Светската банка,проблемот со недоволниот економски раство Русија сè уште постои и сосема е сигур-но дека ваквата тенденција ќе продолжи ипонатаму.

Reu

ters

Некогашниот гувернер на Централната банка на Русија, Сергеј Игнатиев, и министерот за финансии на Руската Федерација, Антон Силуанов, на состанокот на министрите за финансии на земјите од Г20,

одржан во рамките на пролетниот самит на Меѓународниот монетарен фонд и на Светската банка во април 2013 година, во Вашингтон

Прватапеторка

1. САД2. Кина3. Индија4. Јапонија5. Русија

РУСКА РЕЧПОГЛЕДИ6 |

� Ана Филимонова, pravda.ru

Без оглед на оптимистичките очекувањана еден дел од хрватската политичка елита,Хрватска во Европската Унија (ЕУ) не ја оче-кува многу ведра иднина како што се оче-куваше. Постојат несреќни примери содржави од Источна Европа (Бугарија, Ро-манија, Унгарија и Полска), кои од 2004 го-дина почнаа да влегуваат во ЕУ. Врз нивни-от пример гледаме една иста тажна слика.Кај овие земји карактеристични се моќни-те деградациски процеси на општествен ина економски план. Основните показателиза квалитет на животот (нивото на надво-решниот долг, невработеноста, животниотвек, одливот на население) паѓаат и засегаовој тренд не запира. Дури не може ни да сенасети и неговата стагнација.

Во Хрватска истиве овие процеси се за-бележуваа и пред нејзиниот влез во ЕУ. Ог-ромниот раст на надворешниот долг ја над-минува сумата од 40 милијарди долари, а тоае катастрофална бројка за една толку маладржава. Унгарија има долг од 50 милијардидолари, а тоа е бројка што не може да се спо-реди со националниот буџет.

Многу е висока и невработеноста. ВоХрватска таа изнесува околу 20 отсто, но ме-ѓу младите оваа бројка е застрашувачка, 50отсто. Оваа зима беше направена социо-лошка анкета, која покажа дека само седумотсто од хрватската младина сака да останево државата. Од друга страна, 93 отсто сеподготвени да ја напуштат својата таткови-на и да заминат во Австрија, Италија, Гер-манија, САД или во Канада.

Забележано е целосно уништување нанационалниот банкарски систем. Сите на-ционални финансиски средишта се окупи-рани од страна на австриски и на италијан-ски банки, а сега, откако Хрватска влезе воЕвропската Унија, во целост ќе го изгубисвојот национален финансиски систем.

Лоша е ситуацијата во производството -

во овој сегмент се случува истата работа.Германија ги купува производствените ли-нии, тие стануваат германско производст-во, а сиот приход се извезува од Хрватска.Хрватското производство се затвора. Држа-вата живее на сметка на туризмот.

Во Германија јасно се гледа тенденцијатана незадоволство од влезот на Хрватска воЕУ. Делумно се слушаат тврдења дека тоа еуште една држава во која ќе пропаѓаат нив-ните милијарди.

Хрватска е на граница на економска ре-цесија, која се запира со потешкотии. Вла-дата е во сериозна криза, многумина ја сме-таат за една од најнеталентираните влади воизминативе 20 години, зашто слепо ги ис-полнува барањата на европската бирокра-тија. Сето ова доведува до заклучок дека предХрватска се наѕира грчко-кипарското сце-нарио. Ќе мора да се направат големи струк-турни реформи поради кои ќе се добијат уда-ри по националната, општествената и по еко-номската структура. Неодамна владата наХрватска донесе одлука дека ќе се плаќа по-викот на брза помош, кој нема да чини по-малку од 200 евра. Ваквата одлука беше ар-гументирана со тврдењето дека постојат го-лем број лажни повици. Но, во плаќањето сепресметува користењето на опремата за реа-нимација, односно ако таа се употребува, тоазначи дека повикот не бил лажен. Овој при-мер добро ја покажува состојбата во која сенаоѓа хрватското здравство.

Во текот на оваа година во Хрватска сеорганизираа големи демонстрации. Луѓетостануваат свесни дека влезот во Европска-та Унија нема да им ги реши економскитепроблеми, туку дека само ќе се влоши еко-номската ситуација во државата.

Авторката е научен соработник на

Центарот за проучување на современата балканска криза при

Руската академија на науките

Ништо добро за Хрватска во ЕУХрватска стана членка на Европската Унија (ЕУ). Кои ќебидат последиците за Хрватска од влезот во ЕУ за порталотpravda.ru зборува Ана Филимонова, научен соработник наЦентарот за проучување на современата балканска криза

Во текот на оваа година воХрватска се организирааголеми демонстрации. Луѓетостануваат свесни дека влезотво Европската Унија нема даим ги реши економскитепроблеми, туку дека само ќесе влоши економскатаситуација во државата

РУСКА РЕЧ | 7ПОГЛЕДИ

Имаше ли Хрватска друг пат освен влезот во ЕУ?

Филимонова: Наспроти оптимизмот на дел од хрватската политичка елита, Хрватска не ја очекува ведра иднина во Унијата

Reu

ters

Сите балкански држави размислуваатна следниов начин: што да правиме, ниегеографски припаѓаме во Европа, околунас е само Европската Унија и државите наНАТО. Како државата може да биде по-силна, ако им се потчинува на институциитена Европската Унија и на евроатланскитеинтеграции, ако ги исполнува нивните ба-рања, а со тоа уште повеќе ја слабее и јауништува сопствената национална држав-ност? Денес Европа повеќе не е она што бе-

ше во шеесеттите и во седумдесеттите го-дини од минатиот век, за време на нејзи-ниот процут, кога владееше определенаопштествена рамноправност и праведност.

Погледнете што се случи со Бугаријапо нејзиниот влез во ЕУ. Бројот на жи-тели во последниве десет години ка-тастрофално се намали. Државата ја на-рекуваат земја на европските пензионе-ри, кои ги изнајмуваат своите имоти воЕвропа, купуваат станови во Бугарија и

таму живеат од добиената разлика. Слич-ни процеси забележуваме и во Унгарија.Освен тоа, Унгарците во моментовштрајкуваат, се обидуваат да ја обноватнационалната економија.

Хрватите отсекогаш се одликувале создрав прагматизам. Токму затоа за хрватс-ката елита е јасно дека во овие околностипримерите на источноевропски држави збо-руваат за мошне мрачната перспектива. И,засега, таква иднина ја очекува Хрватска.

РУСКА РЕЧПОГЛЕДИ8 |

� Евгениј Шестаков

Несогласувањата што постојат во аме-риканската политичка елита и во различни-те ресори во врска со патиштата за решава-ње на сирискиот конфликт веќе не се тајна.

Белата куќа, како и во времето на карипскатакриза, се колеба меѓу воинствениот и миро-љубивиот табор.

Во екипата „јастреби“ игра државниотсекретар на САД, Џон Кери, кој предлага дасе бомбардираат позициите на армијата наБашар ал Асад, додека на чело на „гулаби-те“ е Мартин Демпси, началник на Здруже-ниот генералштаб на вооружените сили наСАД. Тој, за разлика од шефот на американ-ската дипломатија, ги предупредува поли-тичарите за последиците од непромислени-те потези во Сирија.

Полемиката околу Сирија меѓу шефови-те на американскиот цивилен и воен ресорсе распламтија зад кулисите на самиттот наГ8 во Ирска одржан неодамна, а сега Пен-тагон го поткрепи својот став со конкретницифри. Воздушната операција секој месецби ги чинела американските даночни об-врзници една милијарда долари, и тоа битраело најмалку една година. А, ако се пре-сметаат и копнените операции, тогаш тро-шоците би биле значително повисоки.

Нема смисла да се набројуваат сите ком-пликации поврзани со непосредното учест-во на САД во сирискиот конфликт за кои збо-рува еден висок американски офицер. Ос-новната идеја на писмото е очигледна: Пен-тагон е убеден дека операцијата против Си-рија по обемот и по трошоците може да сеспореди со трошоците од војната во Авга-

нистан. Според тоа, за време на донесува-њето на одлуката за непосредно учество наземјата во нов конфликт, Белата куќа не тре-ба да се занимава со хипотетички, туку со ре-ални последици од ваквиот чекор. Без раз-лика колку бомбардирањето на сириската те-риторија е примамливо за Америка од глед-на точка на меѓународната политика, Ми-нистерството за одбрана на САД докажувадека со тоа војната нема да заврши, и цивил-ните власти треба да го сфатат тоа.

Расколот во американскиот естаблиш-мент околу мерките што треба да се презе-мат врз Дамаск не настана само по партискатуку и по ресорна линија. По долготрајнитедебати со Белата куќа, специјалните разуз-навачки комитети на обата дома во Конгре-сот го одобрија коригираниот план за доста-вување оружје на сириската опозиција, којпретходно беше одбиен. Одлуката за поче-ток на испорака на оружјето за администра-цијата на Барак Обама имаше политичко зна-чење, зашто тоа е главниот адут на САД наразни меѓународни конференции на коиучествува сириската опозиција. Затоа, за Ке-ри беше прашање на честа дали во овој слу-чај ќе успее да изврши притисок врз Кон-гресот. Веднаш следуваше одговор од Пен-тагон, така што во медиумите беа објавениосновните ставови од извештајот на Демпси.

Министерот за надворешни работи на Ру-сија, Сергеј Лавров, ги посети САД во прва-та половина на август, при што повеќепати сесретна со својот американски колега. На дне-вен ред, меѓу другото, беше и Сирија, како иможноста за закажување втора меѓународнаконференција за регулирањето на состојбатаво оваа земја. Белата куќа смета дека сирис-ката опозиција во блиска иднина ќе добие до-волно американско оружје за да ја запре офан-зивата на владините сили и повторно да зазе-ме дел од изгубените позиции. Во спротивно,нејзините претставници одбиваат да учест-вуваат на конференција за Сирија, зашто мо-жат да се најдат во неповолна позиција какострана што губи.

Зошто Пентагон не сака да војува во Сирија?Да се бомбардира војската наАсад во Сирија или да не себомбардира? Белата куќа,како и во времето накарипската криза, се колебамеѓу воинствениот имирољубивиот табор. Но, овојпат Пентагон својот став го поткрепи соконкретни цифри. А, бизнис-сметката изгледавели дека бомбардирањето е неисплатливо. Кои се непознатите во оваа крвава равенка?

1.000.000.000

Ни

јаз

Кар

им

долари месечно би ги чинелаАмериканците воздушната

операција во Сирија

РУСКА РЕЧ | 9ВОЈСКА

Интерконтиненталнатабалистичка ракета

од типот „Војвода“, со нуклеарна боева глава

(рус. „Воевода“, „Сатана“по класификацијата на

НАТО), доколку бидеопремена со дополнителен

трет степен, би можела да сеупотребува и за уништување

ненадејно воочени помаливселенски тела чии

димензии се до 100 метри икои за Земјата би можеле да

претставуваат опасност

РАКЕТА ПРОТИВ ВСЕЛЕНСКИ ТЕЛА

„Сатаната“ госпасува светот

� РИА Новости

Интерконтинентална балистичка раке-та, каква што е, на пример, „Војвода“ („Са-тана“ по класификацијата на НАТО), би мо-жела да се употребува и за уништување наненадејно воочени помали вселенски тела,чии димензии се до 100 метри и кои за Земјатаби можеле да претставуваат опасност, до-колку на оваа ракета ѝ се додаде дополните-лен погонски блок, вели Сабит Саитгараев,водечки научен соработник во Државниотракетен центар „Академик В.П. Макеев“, воградот Миас, во Челјабинската област.

- За борба против ненадејно вооченитеобјекти со мали размери успешно можат дасе применат ракетите-носачи, кои се праватна база на интерконтиненталните балистич-ки ракети на течно гориво (на база на хидраз-ин) од типот „Војвода“, кои по извесна дора-ботка можат десет и повеќе години да бидатподготвени за лансирање - вели Саитгараев.

Тој нагласува дека криогеното гориво сокое се полнат вселенските ракети-носачи одтешка класа од типот „Сојуз“, „Ангара“ идруги, не може долго да се чува, тие мораатда се наполнат со гориво пред самото лан-сирање. Подготовката на ваквите ракети залансирање трае неколку дена, поради штотие не се погодни за уништување мали не-бесни тела што можат да се воочат само не-колку часа пред судирот со Земјата.

Саитгараев дополнително објаснува де-ка ракетите од типот „Војвода“ можат да секористат за уништување на ненадејно воо-чени помали вселенски објекти со димен-зии до 100 метри, кои можат да бидат опас-ни за Земјата, доколку ваквата ракета би сеопремила со дополнителен трет степен (илисо погонски блок). Ракетата што би биламодификувана на ваков начин би можелада ликвидира објекти што се забележанипет до шест часа пред моментот на пре-тпоставениот судир со Земјата.

Според него, овие ракети би можеле дабидат лансирани за 10 до 20 минути отка-ко ќе биде добиена наредбата за старт. Воследните два часа ракетата би требала дадојде до целта, уште два часа за прецизи-рање на патот на небесното тело и околуеден час за усогласување на лансирањетосо претседателите на другите земји.

Тој додава дека ракетите на течно го-риво се попогодни за овие цели отколку ра-кетите на цврсто гориво, токму поради нив-ниот поголем енергетски потенцијал.

Според проценките на Саитгараев, сокористење на научно-техничкиот потен-цијал за соработка на претпријатијата начело со Државниот ракетен центар „Ака-демик В.П. Макејв“, ракетно-космичкиотсегмент за борба со астероиди може да би-де реализиран во текот на пет-шест годи-ни со прифатливи трошоци. Но, тој, сепак,се воздржува од прецизирање конкретнасума.

РИ

А Н

ов

ост

и

Ракетите „Војвода“ би можеле да се

лансираат за 10-20 минути по добивањето на

наредбата за старт

� Борис Егоров

Заедничката воена вежба на Русија и Бе-лорусија со назив „Запад-2013“ ќе се одржиод 10 до 16 септември 2013 година. Споредпретставникот на Министерството за одбра-на на Руската Федерација, Вјачеслав Усик,вооружените сили на Русија ќе учествуваат со2.500 војници, додека Белорусија ќе испрати10.400 лица. Во вежбата ќе бидат користениоколу 60 авиони и хеликоптери и до 250 бор-бени возила од едната и од другата земја, до-дава Усик. Овие маневри ќе се изведуваат воБелорусија и на територијата на рускиот За-паден воен округ, како и во Баренцово и воБалтичко Море.

„Запад-2013“ веќе предизвика загриже-ност кај соседите, поранешните републики наСССР и на Варшавскиот пакт, кои денес сечленки на ЕУ и на НАТО. И покрај изјавитена Министерството за одбрана на Руската Фе-дерација дека оваа заедничка вежба е насоче-на кон одбрана на Државниот сојуз на Русијаи Белорусија, некои западни политичари и ана-литичари тврдат дека таа во својата суштинае агресивна.

Нивната загриженост ја зголеми и прво-битната одлука на учесниците во вежбата „За-пад-2013“ да не дозволат присуство на пре-тставници на НАТО за време на нејзиното одр-жување. Министерот за одбрана на Летонија,

Артис Пабрикс, на 19 јули изјави: „Сакаме Ру-сија да нѐ повика да присуствуваме на оваавежба за да можеме да ја следиме и да дадемесвоја проценка“. Споменатиот министер ве-рува дека на маневрите ќе се симулираат на-пади врз балтичките држави.

- Не верувам дека ова сценарио ќе се раз-ликува од претходното („Запад-2009“), освенво некои поединости. Во секој случај, цел наоваа вежба е нашиот регион - изјави Пабрикс.Министерот за одбрана додаде дека е загри-

РУСКА РЕЧГЕОПОЛИТИКА10 |

Заедничката воена вежба на Русија и Белорусија, со назив „Запад-2013“, ќе се одржи во септемвригодинава. „Запад-2013“ веќепредизвика загриженост кај соседите, поранешнитерепублики на СССР и наВаршавскиот пакт, кои денессе членки на ЕУ и на НАТО.Балтичките медиуми веруваатдека и покрај декларираниотодбранбен карактер навежбите, всушност, се симулира напад врз нивните земји

ВОЕНА ВЕЖБА „ЗАПАД-2013“

Русија и Белорусија ги

2.500војници од Русија ќе учествуваат во

„Запад-2013“

Москва соопшти оти во вежбата ќе

жен поради активностите на руската војска,како и поради нејзиното присуство во бал-тичкиот регион.

Слична загриженост покажува и Литва-нија. Според извештајот од 2012 година, којго направи Второто истражно одделение наМинистерството за национална одбрана наЛитванија, постои можност воената вежба „За-пад-2013“ да вклучува не само одбранбени ту-ку и офанзивни операции, како и намерни иненамерни нарушувања на територијалниот

интегритет и на воздушниот простор на Лит-ванија. Активностите на руските воени сили,насочени во правец на запад, литванскатавојска ги смета за демонстрација на сила.

Претставниците на полската војска ја де-лат својата загриженост со споменатите бал-тички земји во врска со маневрите на Русијаи на Белорусија, како и со севкупната геопо-литичка ситуација во оваа област. Генерал Ро-ман Полко, поранешен заповедник на пол-ските единици за специјални операции ГРОМи заменик-началник на државното Биро за на-ционална безбедност, на 10 јуни за телеви-зијата „Полсат“ изјави дека Русија им се за-канува и на Полска и на Белорусија и дека „За-пад-2013“ ќе покаже „агресивен карактер“ консоседните држави на НАТО. На почетокот наоваа година полскиот министер за одбрана,Томаш Сијемонијак, изјави дека Варшава по-веќе би сакала да се врати „добриот стар НА-ТО“ и дека одлуката на САД да се откаже одчетвртата фаза од европскиот противракетенштит е одраз на „нерешителноста“ на Ва-шингтон во Европа.

Политичарите во Русија и во Белорусијавеќе изјавија дека изведувањето стратегискавоена вежба на Русија и Белорусија не пре-тставува закана за никого. Белорускиот пре-тседател Александар Лукашенко во февруа-ри го искажа своето мислење за изјавите наземјите од Западот, како и за нивните шпеку-лации за вежбите што претставуваат „заканаод Истокот“.

- Би сакал да истакнам дека немаме наме-ра никому да му се закануваме. Ниту една земјане ја сметаме за непријателска. Имаме одб-ранбена доктрина и закон што јасно го кажу-ва тоа. Не ја прифаќаме политиката на заканаи на двострани стандарди. Тоа е силата и де-финицијата на нашата надворешна политика.Ние сме отворени и доследни, и се опред-еливме за заедничка одбрана - изјави претсе-дателот на Белорусија за Белоруската телег-рафска агенција.

РУСКА РЕЧ | 11ГЕОПОЛИТИКА

загрижија соседитеНАТО сепакповикан?

Како што пренесува ИТАР-ТАСС,земјите на НАТО, сепак, ќе бидат „пока-нети да ги набљудуваат“ маневрите наруската и на белоруската војска, „Запад-2013“. Ова на 23 јули го изјави заменик-министерот за одбрана на РФ, АнатолијАнтонов, на маргините на министерскиотсамит Русија-НАТО, одржан на 24 јуливо Брисел.

Ко

нст

анти

н З

авр

ажи

н, „

Ро

сијс

каја

газ

ета“

10.400лица ќе испрати

Белорусија во воената вежба

бидат користени околу 60 авиони и хеликоптери и до 250 борбени возила од Русија и од Белорусија

� Дарја Гонзалес, Илја Дашковски

Манастири што тонат во црните брановина тајгите; рибарски населби со дрвени куќии големи бетонски хидроцентрали; Волга -сребрени Валдајски кампанули и Астрахан-ски лубеници, првата атомска бомба и беско-нечни степи со овчари и овци; пустини, соле-ни езера, десетици поплавени села и стотициспасени животи; лотоси што цутат налето ириби што се ловат со мрежи. Волга е Русија -бесконечна, безгранична, спокојна и бурна, соилјада лица што се огледуваат во нејзинитебранови, полни со остатоци од историјата.

Древните Римјани ја нарекувале Волга„Ра“ - штедра, Маријците ја нарекуваат „Јул“- пат. Балтичките племиња, кои живеат на

нејзиниот извор, го користат називот „Илга“- долга, а во арапските извори од деветтиотвек таа се споменува под името „Атил“ - рекана реките. Првото писмено споменување заВолга во старословенските извори е во „По-вест на нашите времиња“, најраните зачува-ни литературни дела од дванаесеттиот век.

Сега на Волга се наоѓаат 22 православни ма-настири и престолнината на муслиманскиот Та-тарстан, милионскиот град Казањ. Во средина-та на 16 век, Казањ, престолнината на ханство-то, била непристапна крепост. Иван Грозни на-редил да се изгради дрвен град-тврдина на па-дот на реката Свијага во Волга. Свијажск станалбаза на руската војска при опсадата на Казањ.Својата кулминација Свијажск ја доживеал сосоздавањето на Кујбишевскиот резервоар и, след-

ствено, со поплавувањето на околните земјиш-та и на дел од населените места во 1957 година.Историскиот центар на Свијажск е сочуван бла-годарение на тоа што тврдината била изграденана стратешка височина. Така Свијажск се нашолна остров, отсечен од надворешниот свет, опк-ружен со водите на Волга. На територијата наостровот има 37 споменици на културното на-следство, меѓу кои два манастира и седум цркви.Сега на ова место живеат околу 200 луѓе.

Волга била сведок на Селската буна наЕмелјан Пугачов и на востанието на Козаците,кои ги предводел Степан Разин во 17-18 век.По соединувањето на базените на Волга и наНева, во деветнаесеттиот век на реката започ-нале да работат 300.000 бурлаци, кои напролети наесен „по големата вода“ ги влечеле бродо-

РУСКА РЕЧПАТУВАЊА12 |

Волга најдолгата река во Европа

Волга е Русија - бесконечна, безгранична, спокојна и бурна, со илјада лица што се огледуваат во нејзините бранови, полни со остатоци од историјатаG

etty

Imag

es /

Fo

tob

ank

РУСКА РЕЧ | 13ПАТУВАЊА

вите наспроти течението. Престолнина на бур-лаците бил градот Рибинск, кој се наоѓа на Гор-на Волга. Без оглед на фактот што Народниоткомесаријат за транспорт на СССР во 1929 го-дина ја забранил работата на бурлаците, тиепродолжиле да работат на притоките на Волгадури до времето на Големата татковинска војна.Хидроцентралите биле изградени на Волга предВтората светска војна, а во воените години тиеги снабдувале со електрична енергија фабри-

ките за производство на оружје што се наоѓа-ле во европскиот дел на СССР.

По течението на реката Волга има четириграда што имаат повеќе од еден милион жите-ли - Нижни Новгород, Казањ, Самара и Вол-гоград. По течението на Волга има 300 насе-лени точки, на нејзиниот брег живеат пре-тставници на 20 различни националности: одфино-угорските народи до јужните номади.Астраханските степи на брегот на Волга се сме-

таат за остатоци од Големата Степа, која неко-гаш се протегала по цела Евроазија, од Па-мирските планини на границата со Кина и соАвганистан до реката Дунав. Во дамнина Го-лемата Степа била место каде што живееле но-мадските народи. Во Астраханските степи исега живеат потомци на древните номади: Ка-захасите, Татарите, Ногајците и Туркмените.

Бесконечни рамнини, овчари со стада од10.000 грла и песочни дини. Времето што семенува од час на час, стапки од камили, сло-бодниот ветар што крева песочни бури се сим-боли на слободата на номадските народи. НаВолга се наоѓа и престолнината на Златната ор-да - градот Сарај-Бату. По неколку века отто-гаш тука се појавил полигонот Капустин Јар,од каде што во советско време биле лансиранисателити и биле одржувани воени обуки. А,илјада километри посеверно, на изворот наВолга, се наоѓа градот Вољск, кој уште во 1780година станал еден од центрите на руското ста-рообредништво. Селата на старообредницитесе преплетуваат со рибарските населби, а мус-лиманските градови суштествуваат заедно собелокамените манастири, кои балансираат нависоките брегови, кои час се приближуваат, чассе оддалечуваат еден од друг, што човек можеда вика колку сака, а никој нема да го чуе.

Волга е една од најголемите реки на Земјата и најдолгата во Европа. Таа е толку долга што нејзината утока и нејзиниот извор се на различни места. Нејзиниот текзапочнува на Валдајската висорамнина, која се наоѓа по должината на Данска и на Северно Море. Утоката, пак, се наоѓа кај езерото Комо и централна Франција. Кога кон крајот на јуни во делтата на Волга почнуваат да цутат лотосите, жителите на Волговерховје, село што се наоѓа на самиот нејзин извор, го пречекуваат летото

Волга го живее својот нов живот како туристичка дестинација

Lo

ri /

Leg

ion

Med

ia

РУСКА РЕЧКУЛТУРА14 |

� Лидија Шушина, gazeta.ru

Со вашиот сопруг, Андреј Кибирик,бевте на експедиција на Алјаска во село-то Ниниљчик. Можете ли да ни раскаже-те нешто повеќе за тоа?

- Не беше само една експедиција, стану-ва збор за цел проект во кој ние учествува-ме. Имено, во 1997 година со својот сопруготидов на Алјаска. Во тоа време Андреј ве-ќе долго време ги имаше проучувано ата-баските јазици на Алјаска и долго време пре-стојуваше таму како Фулбрајтов стипендист,со цел да забележи еден од најнедостапни-те атабски јазици на централна Алјаска - гор-нокускоквимскиот.

Таму го повика директорот на Нацио-налниот центар за проучување на јазицитена Алјаска, Мајкл Краус. За време на наши-от престој на Алјаска Мајкл спомена декауште од времето на Руска Америка и на Рус-ката американска компанија (1799-1867), наАлјаска, на Кенајскиот полуостров, се зачу-вани населби во кои отсекогаш се зборува-ло на руски јазик.

Во истиот момент ни светнаа очите: „Ка-ко е можно на тие места да се зачувал рус-киот јазик од 18 век!?“

Потоа, кога бевме во еден друг дел вовнатрешноста на Алјаска, во селото Нико-лај, каде што живеат Атабасите (кои, истотака, се православни христијани од она вре-

ме, затоа и селото се вика Николај), каде штоАндреј се занимаваше со опис на горнокус-коквимскиот јазик, се сретнавме со акти-висти од селото Ниниљчик - потомци на ра-ните доселеници.

Станува збор за луѓе што се постари однас и не зборуваат на руски, но се сеќаваатдека во детството во нивните семејства сезборувало на руски. За нив самиот јазик исите обичаи што се поврзани со Русија пре-тставуваат културно наследство. А, со ог-лед на тоа дека сега во многу краишта наАмерика расте интересот на локалните из-ворни жители за сопствените корени и заминатото, и тие би сакале да го зачуваат свое-то наследство.

Овие луѓе навистина сакаа на некаков на-чин да го забележат својот јазик, зашто им бе-ше јасно дека тој полека исчезнува. Нѐ замо-лија да составиме речник на нивниот јазик.Најпрво започнавме од составување речникна имиња и називи, оти тие ги одржуваат јази-кот и обичаите на еден народ во дадена сре-дина. Особено се посветивме на собирање наназивите на предмети и појави од материјал-на природа (реалии), кои се особен признакна определена етничка група. Но, не е можнода се постигне што било сѐ дури не се сфатикако да се забележи звучната специфика најазикот. Секако, станува збор за руски јазик,односно за еден негов дијалект, за кој се ка-рактеристични определени (фонетски, н.з.)

разлики во однос на современиот руски јазик.Беше потребно да се решиме за погоден

систем на транскрипција, со оглед на фактотдека станува збор за дијалект што никогашне бил запишуван: оние луѓе што имавме мож-ност да ги сретнеме никогаш не пишувале наруски, зашто како мали веќе оделе во англис-ко училиште, кое било отворено во триесет-тите години од минатиот век, наместо руска-та парохиска школа, која била затворена во1917 година.

Ним рускиот јазик им е мајчин, односно тоае првиот јазик што го научиле во детството.

Андреј состави фонетски опис на регу-ларните разлики во однос на стандардниотруски, кој потоа го изложивме во неколку на-учни трудови во врска со проектот за речни-кот. Исто така, ја опишуваме и граматиката идруги одлики. Главната разлика е промена воструктурата на родовите.

Тоа беше првата експедиција, а потоа се-та работа долги години беше оставена во вторплан. Некаде околу 2005 година активистотза зачувување на културното наследство наНиниљчик, Вејн Лиман, стручњак по шаен-ски јазик, продолжи да ги собира руските збо-рови во тој крај. Но, бидејќи не знае руски,му беше тешко да ги забележува на слух и се-како беше неопходно тој материјал да бидепроверен од носители на јазикот.

Како резултат на тоа се создадоа големброј прашања и затоа минатата година кон-куриравме за финансиски средства за експе-диција и од Рускиот фонд за општествени на-уки (РГНФ), кои и ги добивме. Во октомври2012 година повторно бевме во Ниниљчик иуспеавме да го провериме речиси целиот реч-ник. Кога во иднина би имале можност уштенекое време да поминеме на терен, би успеа-ле да го завршиме целиот проект со речникот.Тоа би бил мултимедијален речник, зашто ќесодржи фотографии и звучен запис.

Дали се забележуваат некакви проме-ни во дијалектот од 1997 година до перио-дот на вашата втора експедиција?

- Сѐ споредуваме со податоците што гисобравме од Леонтиј Квасников, нашиот пре-красен информатор (носител на дијалектоти учесник во истражувањето), кој, за жал, по-чина уште во 1997 година.

Проблемот е во тоа што ниниљчишкиотговор се користи на многу ограничено под-рачје - станува збор само за едно село, кое од1867 година, кога е продадена Алјаска, па во

Уште од времето на Руска Америка (18 век) на Алјаска сезачувани населби во кои отсекогаш се зборувало на рускијазик. По продажбата на оваа територија, некои од овие селадолго време биле во целосна изолација. Затоа потомците напрвите жители до денешен ден го имаат зачуванонајнеобичниот дијалект на рускиот јазик во светот, вистинска филолошка скапоценост: рускиот јазик од 18 век со уникатни особености, кои настанале порадиизолираниот развој и малата говорна заедница.

Мира Бергелсон, професорка на московскиот државен универзитет „Ломоносов“, во интервју зборува за истражувањатаи за запишувањата на овие дијалекти од Алјаска

Алјаска е ризница нанајнеобичните јазици

РУСКА РЕЧ | 15КУЛТУРА

следните дваесет години било практично из-олирано - во Куковиот залив не наминувалниту еден брод, а бројот на жителите што збо-рувале на тој јазик никогаш не преминувал200-300, што е многу малку. Затоа индиви-дуалните разлики што постојат се исклучи-телно важни: во овој јазик има многу идио-лектни нешта - определени називи станалелични имиња, а зад секое име се крие некојаприказна што е дел од културното наслед-ство, нормативите во изговорот кај едно се-мејство може да се разликуваат од друго, за-тоа што, на пример, во едното мажот што гоосновал семејството со локална жена е одеден крај на Русија, додека во друго семејствое од сосема друг. Големо влијание своевре-мено имале и двојазичните припадници наескимскиот етнос Аљутик (Сухпијак).

Но, јазикот на староседелците на Ни-ниљчик - првиот и единствен и тоа повеќе одосумдесет години (до појавата на англиско-то училиште) - бил рускиот. Тој, независноод својата матица, се развивал според сопст-вени правила.

Во 2012 година имавме можност да срет-неме и други носители на овој јазик (ин-форматори), кои имаат свои фонетски осо-

бености, но сѐ се вклопи во системот штовеќе го имавме опишано.

Потребна ни е уште една експедиција за даја завршиме започната работа и мораме да побр-заме, зашто сите наши информатори имаат подеведесет години. Тоа се постари, но совреме-ни Американци, кои знаат за Скајп, но новитетехнологии во нашиов случај не можат многу

да помогнат, зашто е потребно да се слушне се-кој детаљ, повторно да се поставуваат праша-ња, така што мошне важна улога има непос-редната комуникација во која до израз доаѓаатлексичките и културните контексти.

Се разбира дека тие не владеат со тој јазикна напредно ниво, често преминуваат на ан-глиски, но се присетуваат на руски изрази, анашата задача е ниту едно од тие зрна да не сеизгуби, туку да забележиме сѐ. И тоа е исклу-чително важно, зашто тоа е дел од разноли-коста и од целокупното богатство на рускиотјазик. Уникатноста на овој дијалект се огледаво тоа што живее веќе подолго време неза-висно од својата матица, и во тоа што најпрвобил опкружен со ескимска, а потоа со англискасредина. Од примерите на тамошниот рускијазик можат да се воочат многу процеси наеволуција на јазичниот идиом низ историјата,потоа социолингвистички проблеми, а сека-ко и културното наследство: може да се доз-нае каков живот воделе овие луѓе.

Тие сега себеси се сметаат за староседелцина Америка, но кон крајот на 19 век оние штозборувале на руски се чувствувале како крео-ли, сметајќи се себеси за носители на домо-родната култура на Алјаска.

Ala

my

/ Leg

ion

Med

ia

Во внатрешноста на Алјаска,во селото Николај, живеатАтабасите кои се православнихристијани од времето наРуска Америка

Мира Бергелсон

Во некои села на Алјаска се зборува дијалект на рускиот јазик што се развивал независно од времето на Руска Америка во 18 век: Сузи Панеак зборува на еден од најнеобичните дијалекти на рускиот јазик

РУСКА РЕЧКАЛЕИДОСКОП16 |ИМПРЕСУМ

Јур

иј Б

ели

нск

и /

ИТА

Р-Т

АС

С

АP

Ко

нст

анти

н З

авр

ажи

н /

РГ

Писмата на читателите, колумните иилустрациите означени како „мислење“,како и текстовите од рубриката „погле-ди“ во овој додаток се избрани за да прет -стават различни гледишта и не го изра-зуваат нужно гледиштето на уредникотна проектот „Russia Beyond the Headli-nes“ или на весникот „Росијскаја газета“.Ве молиме вашите писма и коментарида му ги испраќате на уредникот на [email protected]

Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“(Москва, Русија).

� Интернет-страница: ruskarec.mk � Еmail: [email protected] � Телефон: +7 (495) 775 3114 � Факс: +7 (495) 988 9213 � Адреса: ул. Правды 24, д. 2,Москва 125993, Россия.

ЕВГЕНИЈ АБОВиздавач и директор на RBTHПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на дода-тоците на RBTH � ВЈАЧЕСЛАВ ЧАР-СКИ извршен уредник за Јужна и заСредна Европа � ЕМИЛ НИАМИ пре-вод, лектура, веб, гостин-уредник на до-датокот „Руска реч на македонски“�ЈАНЕ ЈОВАНОВ, ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВпревод, лектура, веб �ЕКАТЕРИНА ТУ-РИШЕВА, ИВАН НИКОЛАЕВ асистен-ција, веб � НИКОЛА ЛЕЧИЌ, ИРИНАРЕШЕТОВА ко-уредници � АНДРЕЈЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илуст-рации � За огласување во овој додаток,ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈАГОЛИКОВА, директор на одделот за од-носи со јавност: [email protected].

� ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на„Руска реч“ во „Нова Македонија“� МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн� САША БЕЛЕВСКА технички уредник

© 2013 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседателна редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор,ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник.

Забрането е копирање, дистрибуцијаили преземање на содржините од овојдодаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“.Ве молиме за дозвола да се обратитена телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот [email protected].„Russia Beyond the Headlines“ не сносиодговорност за ненарачаните текстови и фотографии.

Специјалните додатоци за Русија восветските дневни весници ги уредува иги издава „Russia Beyond the Headlines“,во организација на „Росијскаја газета“ одМосква. Во моментов додатоци сеобјавуваат во следниве весници: Le Fi-garo, Франција • The Daily Telegraph,Велика Британија • Süddeutsche Zei-tung, Германија • Еl País, Шпанија • LaRepubblica, Италија • Le Soir и Europe-an Voice, Белгија • Дума, Бугарија • По-литика и Геополитика, Србија • Eleut-heros typhos, Грција • The Washington Post, The New York Ti-mes и The Wall Street Journal, САД •Navbharat Times и The EconomicTimes, Индија • Mainichi Shimbun, Јапо-нија • China Business News, Кина • So-uth China Morning Post, Кина (Хонгконг)• La Nacion, Аргентина • Folha De S.Paulo, Бразил • El Observador, Уругвај • Today, Сингапур • Joongang Ilbo, Јужна Кореја • SydneyMorning Herald и The Age, Австралија •Gulf News, Обединети Арапски Емирати

Електронска пошта на редакцијата„Руска реч“: [email protected]. Повеќе информации на http://ruska-rec.mk

Млади војници даваат заклетва набродот-крстосувач„Аурора“ на 22 јули

2013 година

Свечено отворање на 14-то Светско првенство во атлетика на стадионот „Лужники“ во Москва на 11 август 2013 г.

Богослужба во црквата

„Исус ХристосСпасителот“ во

Москва на 25 јули2013 година,

по повод прославата на

1.025-годишнина-та од христијан-

ството во Русија.Во средината нацрквата се наоѓа

крстот на светиАндреј, кој заоваа пригода

беше донесен од градот Патрас,

Грција.