36
1 Александар Прокопиев

Голманот Риско

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Сликовницата е дел од образовниот проект „Сите сме еднакви“, поддржан од Амбасадата на Велика Британија и Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Citation preview

Page 1: Голманот Риско

1

Александар Прокопиев

Page 2: Голманот Риско
Page 3: Голманот Риско
Page 4: Голманот Риско

Сликовницата е дел од образовниот проект „Сите сме еднакви“, поддржан од Амбасадата на Велика Британија и Министерството за образование и наука на Република Македонија.

www.sitesmeednakvi.org.mk

Page 5: Голманот Риско

Автор: АлекСАндАР ПРокоПиеВилустрација: МАРјАн диМиќ

Page 6: Голманот Риско

6

И таа недела претпладне, Бојан и уште четири деца: Чомбе, Лиле, Бранко и Тоше, се

собраа да играат фудбал на мали голчиња на ливадата зад нивната зграда.

Page 7: Голманот Риско

7

Page 8: Голманот Риско

8

Од другата страна на ливадата се наоѓаа неколку постари куќи со оградени дворови. Некогаш, овие

куќи беа меѓу последните од градот. Денес, откако градот почна да се шири на сите страни, никнаа згради,

булевари, автомобили, а меѓу нив остана некоја од старите куќи.

Page 9: Голманот Риско

9

Page 10: Голманот Риско

10

Неделниот фудбалски натпревар им беше важен на децата. Тие беа облечени како вистински фудбалери, половина од нив носеа сини маички, а другата половина црвени. Пред почетокот

на натпреварот Чомбе, по обичај, почна да жонглира со топката, и се трудеше цело време таа да биде кај него. Им ја земаше на другите и покажуваше дека знае да ја префрла од лево на десно колено, па на глава, како што прават професионалните фудбалери. На другите не им се

допаѓаше тоа, но сепак го оставаа да се прави важен.

Page 11: Голманот Риско

11

Page 12: Голманот Риско

12

Одеднаш се појави Риско. - Кој е овој? - праша Чомбе, сѐ уште жонглирајќи со топката. Риско им пријде и ги праша дали може да си игра со нив. Чомбе повторно праша: - Кој е овој? Бојан, остана со зината уста, обидувајќи се

да одговори, но не кажа ништо.

Page 13: Голманот Риско

13

Page 14: Голманот Риско

14

- Јас сум Риско. - Епа кој и да си, не може да се играш со нас - рече Чомбе.

- Е зошто не може? - праша Лиле.- Па нели гледаш, тој има жолт дрес, а ние имаме сини и црвени - рече Чомбе.

- Ааа - почна Риско, со намера да објасни.- Овој не знае да зборува, види го, одговара со аааа - рече Чомбе.

- Ама - рече пак Риско, но Чомбе го прекина.- Леле не знае да зборува, само нешто ааа амааа - рече Чомбе.

Page 15: Голманот Риско

15

Сите деца, освен Лиле, почнаа да се смеат. Бојан погледна во Лиле, па се замеша:

- Па ако го пуштите да се доискаже, може и ќе каже нешто.

Page 16: Голманот Риско

16

Риско се охрабрува и конечно вели:- Ние Рисковците, носиме жолт дрес затоа што сме рисови.- Епа оди играј си со рисови, што да ти кажам - му се потсмева Чомбе. - Чекај чекај, го прекинува Бојан, нека игра со нас, зошто да не игра. На пример, може да биде голман. Сум видел на телевизија дека тие носат различни дресови. - Да, да, така е - се замешуваат и други деца - голманите носат различни дресови.

Page 17: Голманот Риско

17

- Ајде нека биде голман- рече Чомбе.

Page 18: Голманот Риско

18

Почнуваат да играат и се покажува дека Риско е многу брз и добар голман. Уште не ја фрлиле топката, тој скока и тоа точно

во правецот каде што шутираат. Се фрла на тревата и успева да го одбрани шутот на Чомбе.

Page 19: Голманот Риско

19

Чомбе се нервира и ја фрла топката многу силно над голот, зад ѕидот, во бавчата на соседната куќа и топката се губи. - Каде е топката, каде е топката,

каде ја фрли? - викаат децата. Се качуваат на оградата од дворот и ја бараат, но никаде ја нема.

Page 20: Голманот Риско

20

- Ене ја - рече Риско. - Еј овој Риско ем е брз, ем добро гледа - вели Бојан. - Навистина е таков - вели Лиле и му се насмевнува.

- Такви сме ние Рисовите - срамежливо и задоволно се смешка Риско. - Ако си таков, влези во дворот и земи ја - вели Чомбе.

- Ама дворот е на чичко Ставре. Тој е многу лош и не дава да влегуваме внатре - вели Бојан. - Па нека влезе овој што се прави важен - дофрла Чомбе.

Сите гледаат во Риско. - Ќе влезам - воздивнувајќи вели Риско.- Ќе дојдам и јас со тебе - вели Лиле.

- И јас ќе дојдам - вели Бојан.- Тогаш и јас - мрмори Чомбе.

Page 21: Голманот Риско

21

Сите го прескокнуваат ѕитчето. А во дворот стои чичко Ставре и се обидува да види што ќе направат. - Чичко Ставре, извинете - вели Лиле. Но чичко Ставре ја прекинува.

- Што извинете! Не му давате на човек да се одмори во недела. Дечишта! По цел ден да се скокало, да се врескало - налутено вели чичко Ставре.

- Се извинуваме - одговараат сите во еден глас.

Page 22: Голманот Риско

22

- Не може топка во мојот двор, тоа јасно да ви е. Ќе ви ја дупнам! - Чичко Ставре знаеме дека сме здодевни - вели Чомбе.

- Па здодевни сте, затоа морам да ве казнам - вели чичко Ставре. - Оставете ја топката, ве молам.

Ако треба, само мене казнете ме - вели Чомбе. - Зошто само тебе - прашува Лиле.

- И мене - вели Риско. А по него и сите деца.

Page 23: Голманот Риско

23

- Јас веќе ја смислив казната - вели чичко Ставре.- Како ќе нѐ казниш - сите подзинати го гледаат.

- Ги гледате овие дрвја? Еве ви торби и качувајте се - вели чичко Ставре.- Леле, не на дрво, ќе си ги извалкам панталоните - вели Бојан уплашено.- А да скокаш преку ограда можеш. Еве ви торби и на дрво - налутено им

одговара чичко Ставре.

Page 24: Голманот Риско

24

Децата сфатија дека работата е сериозна и почнаа да се качуваат на дрвјата со торби во раце.

- Е сега сакам да ги оберете јаболката и крушите.И однесете дома, да видат и соседите колку се

убави годинава - вели чичко Ставре.

Page 25: Голманот Риско

25

Page 26: Голманот Риско

26

Иако казната изгледа како награда, децата молчат и берат, а потоа почнуваат да се смеат.

Page 27: Голманот Риско

27

Page 28: Голманот Риско

28

Почитувани наставници и ученици,

Сликовницата „Голманот Риско“ е дел од образовниот проект Сите сме еднакви кој е наменет за ученици од основни училишта, а е поддржан од Амбасадата на Велика Британија и Министерството за образование и наука на Република Македонија. Сликовницата е дидактички материјал кој Ви нуди методолошки пристап за примена во наставата. Сликовницата е наменета за учениците од одделенска настава при реализацијата на наставните содржини од предметите „Запознавање на околината“ и „Општество“. Содржините во сликовницата и дадената методологија се согласно целите од наставната програма интегрирани со темата Тимска работа и фер игра.

Page 29: Голманот Риско

29

МеТодолоШки ПРиСТАПи ПРи ПРиМенАТА нА СликоВниЦАТА„ГолМАноТ РиСко“

Тема: Тимска работа и фер играЦели: - Тимска работа и фер игра (децата кога играат во група, треба да сфатат дека треба да ги делат работите, но и да бидат координирани кога играат како тим)- Кога се играат друштвените игри, треба да се почитуваат правилата на игра- Да играат сите заедно, без разлика дали се разликуваат еден од друг (без разлика по која основа: етничка, физички изглед и сл.)одделение наставен предмет наставни цели наставна тема/содржина

I (прво одд.)

Запознавање на околината*Македонски јазик*(меѓупредметна и содржинска интеграција)

Општа цел: да учествува во донесување и применување на правилата во училницата и училиштетонапомена: се реализира процесот на целна интеграција

Моето училиште/Моето училиште

Активности

Воведување на учениците: мотивација со игра. Наставникот им кажува дека ќе играат игра Грабни стапче.1 Главен делМакедонски јазикТехника: наставникот ја чита сликовницата на глас.2 Со цел учениците целосно да ја разберат и доживеат содржината на сликовницата, се објаснуваат нови зборови и поими, кои учениците ги претставуваат со цртеж. Зо: учествува во донесувањето на правилата за однесување во училницата, црта пораки за правилно однесување, учествува во нивното истакнување на видно место и почитување во секојдневниот живот. Разговор за тоа што ќе биде ако не се почитуваат правилата.Завршен дел: техника Сложувалка.3Учениците го вреднуваат часот со техниката Семафор.4

1Игра:Грабни стапче. Наставникот претходно треба да го ограничи местото во дворот каде ќе се игра играта. На средината на обележаното место треба да се постават десет стапчиња. Потоа, наставникот им ја објаснува играта. Учениците се делат во две групи, групите се договараат кој ќе трча прв, кој втор, и сè така до последното дете од групата. На знак на наставникот учениците треба да исрчаат до стапчињата (трча по еден ученик од двете групи) и да го земат стапчето. Но, додека го земаат стапчето не треба да се допрат. Ако се допрат, тоа е негативен поен, а ако другиот ученик успее да го земе стапчето без да го допре другиот ученик, тоа значи еден поен за таа група. Играта завршува кога учениците ќе успеат да ги земат сите стапчиња без да се допрат. Победник е групата со повеќе стапчиња.2Чекор 1. Замолете ги учениците да седнат блиску до вас за да можат да ја видат сликовницата што ќе ја читате. Направете пријатна атмосфера и покажете им ја сликовницата.Чекор 2. Прочитајте го насловот и покажете им ги илустрациите на учениците. Разговарајте дали ја препознаваат содржината на сликовницата уште пред да го прочитате текстот.Чекор 3. Почнете со читање на сликовницата и покажувајте им ги илустрациите на учениците за соодветниот текст. Исто така, објаснувајте им ги непознатите зборови со соодветни примери.Чекор 4. Правете паузи додека читате и дискутирајте за тоа што мислат учениците дека ќе се случи или како тие би постапиле во слична ситуација. Чекор 5. Дискутирајте за прочитаното. Поттикнете ги учениците со прашања да размислуваат за дејството во сликовницата и за настани што се поврзани со темата.

3Групна активност Сложувалка. Секоја група добива измешани слики од сликовницата. Учениците треба добро да ги разгледаат и да се обидат да ги подредат по хронолошки редослед.

4Техника Семафор. Наставникот на секој ученик му дава три листа со црвена, жолта и зелена боја. Црвената боја значи дека ученикот малку научил, жолтата боја значи дека нешто научил и зелената значи дека научил. Потоа наставникот им поставува прашања, а учениците даваат одговор за секое прашање со подигање на листовите.

Page 30: Голманот Риско

30

одделение наставен предмет наставни цели наставна тема/содржина

II (второ одд.)

Запознавање на околината*Македонски јазик*(меѓупредметна и содржинска интеграција)

Општа цел:да развива чувство за меѓусебно почитување, помагање, соработка;напомена: се реализира процесот на целна интеграција

Животот и работата во училиштето/ Животот и работата во училиштето

Активности

Воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче.Главен делМакедонски јазик: техника Квадранти (Прилог 1).Зо: Работа во групи. Секоја група добива задачи: да изработи правила за чување на опремата во училницата за одржување на хигиената во училницата; за полевање на цвеќињата итн. Групите водат дневник: Што направивме денес?Завршен дел - брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката Семафор.

одделение наставен предмет наставни цели наставна тема/содржина

III (трето одд.)

Запознавање на околината*Македонски јазик*(меѓупредметна и содржинска интеграција)

Општа цел: да развива способности за тимска работанапомена: се реализира процесот на целна интеграција

Училиштето и знаењето / Како е организирано моето одделение?

Активности

Воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче.Главен дел Македонски јазик: се чита приказната, по што следи самостојна активност на учениците преку техниката „Ленти со приказната (реченици/дијалози)“.5 За да можат учениците целосно ја разберат и доживеат содржината на сликовницата, се објаснуваат нови поими со техниката Вокабулар во четири агли (Прилог 2).Зо: правење книга „Животот и работата во училиштето“.Завршен дел - брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката Семафор.

5Техника: „Ленти со приказната (реченици)“

Чекор 1 - учениците работаат индивидуално или се делат во групи и секоја група добива по еден плик ленти со реченициЧекор 2 - учениците ги редат лентите по редоследЧекор 3 - откако ученикот или групата ќе ги подреди лентите, побарајте да ги прочитаат на глас, ако сакаат да го поправат редоследот дозволете им да го направат тоа.

Page 31: Голманот Риско

31

одделение наставен предмет наставни цели наставна тема/содржина

IV (четврто одд.)

Општество*Македонски јазик *(меѓупредметна и содржинска интеграција)

Општа цел: да се поттикнува да ги сфати улогата, значењето и функциите на домаќинството и активностите што се извршуваат во негонапомена: се реализира процесот на целна интеграција

Семејство, домаќинство, општество/ Животот во домаќинството

Активности

Воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче.Главен дел: Македонски јазик: се чита сликовницата. Потоа следи самостојна активност на учениците преку техниката „Постер ѕвезда на приказната“ (Прилог 3). За да можат учениците целосно ја разберат и доживеат содржината на сликовницата, се објаснуваат нови поими со техниката Вокабулар во четири агли .општество: техника Венов дијаграм. Завршен дел - брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката ЗСН (Прилог 4).

одделение наставен предмет наставни цели наставна тема/содржина

V(петто одд.)

Општество*Македонски јазик *(меѓупредметна и содржинска интеграција)

Општа цел:- да го сфати значењето на живеењето во група- да се воспитува за негување на солидарност со другите - да се осознава себеси како дел од групата, со свои можности, идеи, потреби, желби - да сфати дека заедничките напори даваат успех

напомена: се реализира процесот на целна интеграција

Личноста во групата и во општеството/ Личниот и групниот живот Социјализација на личноста во групата

Активности

Воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче.Главен делМакедонски јазик: се чита сликовницата, по што следи самостојна активност на учениците преку техниката „Дневник со двојни белешки“.6 За да можат учениците целосно ја разберат и доживеат содржината на сликовницата, се објаснуваат нови поими и зборови со техниката Вокабулар во четири агли.општество: техниката Грозд.Завршен дел - брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката ЗСН.

6Техника ,,Дневник со двојни белешки“

- На ,,Дневникот со двојни белешки” се запишува насловот, авторот - Поединечниот лист или листовите во тетратката се делат вертикално на половина- На левата страница од листот се пишува цитат од текстот што на ученикот му оставил најсилен впечаток, а на десната страница ги запишуваат нивните коментари/ даваат свое видување за цитатот (порака на авторот)

Page 32: Голманот Риско

32

ПРилоЗи

Прилог 1. квадранти

Цртеж Чувства

Звуци Врска со живототот

Прилог 2. Вокабулар во четири агли

нов збор Препиши ја реченицата во која се наоѓа новиот збор

Примени го новиот збор во друга реченица илустрација на зборот

Page 33: Голманот Риско

33

ПРилоЗи

Прилог 1. квадранти

Цртеж Чувства

Звуци Врска со живототот

Прилог 2. Вокабулар во четири агли

нов збор Препиши ја реченицата во која се наоѓа новиот збор

Примени го новиот збор во друга реченица илустрација на зборот

Прилог 3. Постер ѕвезда на приказната „Голманот Риско“

кој беше твојот омилен/ неомилен дел од приказната?

Главен лик во приказната:каде се одвива приказната?

Што важно научив од приказната?

Прилог 4. Прилог за вреднување на часот: Техника ЗСУ

Знам (Што мислам дека знам?)

Сакам да знам (Што сакам да знам?)

Учам (Што научив?)

дали имаше проблем? кој беше проблемот? како се реши?

Page 34: Голманот Риско

издавач: OXOилинденска 43/10 Скопјетел: 02 3222303www.oxo.org.mke-mail: [email protected]

За издавачот:Пеце Талески

Автор на текст: Александар Прокопиев

илустрации: Марјан димиќ

лектура: Билјана Петревска Малинова

Автор на методолошки дел:Снежана Мирасчиева

Рецензент:Весна Хорватовиќ

Уредник:Ана дескова

Техничка подготовка:катерина николовска

Поддржано од:

Сите права за издавањето на оваа сликовница ги задржува © ОХО 2014

CIP - Каталогизација во публикацијаНационална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје

821.163.3-93-34(084.11)

316.62(084.11)

ПРОКОПИЕВ, Александар Голманот Риско / автор Александар Прокопиев ; илустрација Марјан

Димиќ ; [автор на методолошки дел Снежана Мирасчиева]. - Скопје : ОХО, 2014. - 33 стр. : илустр. ; 21 см

Публикацијата е во рамките на проектот: "Сите сме еднакви"

ISBN 978-608-4645-27-6

1. Мирасчиева, Снежана [автор]а) Општествена култура - Сликовници

COBISS.MK-ID 96416010

Page 35: Голманот Риско

„БендоТ нА ПеТко” Автор: илина јакимовскаилустрација: Тхе Мичо

„ВолШеБнАТА коМеТА” Автор: николина Андова Шоповаилустрација: катерина николовска

„ГолМАноТ РиСко” Автор: Александар Прокопиевилустрација: Марјан димиќ

„ПРикАЗнАТА ЗА оТо, оТо и оТо” Автор: Бистра Георгиеваилустрација: Моника каретеро

„кАко ПеТко не Си Ги ЗАВРШи оБВРСкиТе?“Автор: Билјана Петревска Малиноваилустрација: Тхе Мичо

други сликовници од проектот:

Page 36: Голманот Риско

36