28
ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА И ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ

Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Петар Попо Арсов“

Embed Size (px)

DESCRIPTION

 

Citation preview

Page 1: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Петар Попо Арсов“

ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА И ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ

Page 2: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Петар Попо Арсов“

Ќе ја побарам енергијата од длабочините на нашата земја, ќе ја употребам силата на нашите реки и езера, ќе се подигнам во височините и ќе го скротам нашиот ветар, ќе ја свртам моќта на сонцето на наша страна. Сé со една цел – секој од нас, во секој момент од својот живот, да може да каже – Имам енергија, енергија за успех, за напредок, за победа.

Page 3: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Петар Попо Арсов“

● Енергијата е фундаментална величина што секој физички систем го поседува. Таа ни овозможува да предвидиме колку работа системот може да заврши или колку топлина може да размени.

● Побарувачката на енергија е во постојан пораст на светско, регионално и национално ниво.

● Ова се однесува како на електричната и топлинската енергија, така и на енергијата односно енергенсите употребени во транспортот.

Page 4: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Петар Попо Арсов“

На секој час од Сонцето стигнува доволно енергија за да ни ги задоволи глобалните енергетски потреби за една цела година. Соларна енергија се добива преку соодветна технологија со искористувањето на енергијата на Сонцето. Денес, во светот се искористува нешто помалку од 0,1% од соларната енергија за задоволување на глобалниот енергетски глад.

Page 5: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Петар Попо Арсов“

Многу луѓе се запознаени со фотоволтаични ќелии – популарно наречени соларни панели, кои денес ги има во вселенските летала, на покривите на многу згради и во малите калкулатори. Принципот на работа е едноставен – ќелиите имаат полуспроводници во нив, кога ќе ги огрее Сонце тие испуштаат електрони, кои пак прават струја.На големи размери, има цели електрани кои произведуваат струја со помош на сончевата енергија.. Во некои сончевата енергија се користи како извор на топлина за загревање на вода до пареа која пак произведува струја – слично како и јагленот во термоелектрана или нуклеарна електрана.

Page 6: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Петар Попо Арсов“

Соларната енергија е неисцрпен извор на енергија, и од неа нема никакво загадување и никаква врева. Оваа технологија е многу разновидна. На пример, соларни плочи прават струја за сателитите кои орбитираат околу Земјата.

Но соларната енергија не функционира ноќе без направа за складирање на енергијата како батерија, и облачното време ја прави оваа технологија многу несигурна.

Page 7: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Петар Попо Арсов“

Енергијата на ветерот (или еолската енергија) е една од првите форми на енергија која ја користел човекот. Уште старите Египќани ја користеле за задвижување на своите бродови и ветерни мелници. Ваквиот начин на искористување на ветерната енергија, подоцна вклучувајќи и пумпи за вода, се задржал до крајот на деветнаесеттиот век.

Page 8: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Петар Попо Арсов“

Првата ветерна турбина која е користена за производство на електрична енергија била направена во 1891 год. од Данецот Пул ла Ур. Интересно е да се забележи дека добиената електрична енергија ја користел за електролиза на водата, а на тој начин добиениот водород понатаму се користел за осветлување во локално училиште.

Помасовна употреба на енергијата на ветерот за добивање на електрична енергија започнала во триесеттите години од минатиот век, кога во руралните области на САД биле изградени илјадници мали ветерници.

Page 9: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Петар Попо Арсов“

Со развојот на големите хидро, термо и нуклеарни централи, ветерните централи, како економски и технички неконкурентни, паднале во заборав. Како и кај другите видови на обновливи извори, енергетскиот шок предизвикан од нафтената криза во седумдесеттите години од минатиот век, свесноста за ограничените резерви од фосилни горива и еколошките проблеми, повторно го вратија интересот за ветерната енергија. Денес таа е најбрзорастечкиот сегмент во индустријата на обновливи извори на електрична енергија.

Page 10: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Петар Попо Арсов“

Околу 70% од површината на земјата е покриена со вода. Таа отсекогаш претставувала централен ресурс во човековиот развој. Употребата на хидроенергијата бележи континуиран технички развој и во моментов претставува вториот најкористен извор на обновлива енергија во светот, веднаш зад цврстата биомаса. Од хидроенергијата се добива многу голем дел од обновливата енергија, со што се произведуваат 16.6% од светската потрошувачка и 92% од вкупната обновлива електрична енергија

Page 11: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Петар Попо Арсов“

Хидроелектричните централи се објекти чија основна намена е конверзија на кинетичката енергија на водата во електрична енергија погодна за транспорт низ далекуводна и дистрибутивна мрежа. Хидро електраните всушност се средство со кое се уловува дел од енергијата на сонцето. Основниот принцип на користење на хидроенергијата се базира на спроведување на водата од едно повисоко ниво кон пониско. Притоа резултирачкиот притисок со помош на хидротурбина се претвора во механичка сила која ја придвижува оската на генераторот на струја. Вака произведената електрична енергија со помош на трансформаторски блок се преобразува во облик погоден за транспорт на далечина.

Page 12: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Петар Попо Арсов“

Првата направа придвижувана од водена енергија била часовник и за тоа постојат записи кои датираат од 250 г.п.н.е. Оттогаш луѓето ја користат енергијата на водата во многу прилики: мелници, лифтови итн. Сепак првата употреба на водената енергија за производство на електрична енергија е изградбата на водено тркало на реката Фокс во Висконсин, Соединетите Американски Држави, во 1882 година, 2 години откако Томас Едисон ја вовел во употреба трајножаречката светилка. Набрзо потоа била завршена и првата од повеќето хидроцентрали изградени на Нијагарините водопади чија замисла била на пионерот на хидропотенцијалот – Тесла.

Page 13: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Петар Попо Арсов“

Енергија од плима и осека

● Во подрачјата каде што е голема разликата помеѓу плимата и осеката

● Водата подигната со плимата се заградува со брана- Кога водата се повлекува ја врти турбината - Турбината го задвижува генераторот и настанува електрична

енергија

Page 14: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Петар Попо Арсов“

ВОДОРОД И ЕТАНОЛ● Во поново време се појавуваат автомобили во кои како погонско

гориво се употребуваат водород и етанол● Водородот е погоден како гориво бидејќи со согорувањето

настанува вода → не ја загадува средината

 

 

Page 15: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Петар Попо Арсов“

Геотермалната енергија, по хидроенергијата и биомасите како класични обновливи извори, од сите нови и обновливи извори на енергија, претставува најзначаен произведувач на топлина и електрична енергија во светски размери.Во научната и стручната литература се посветува големо внимание на геотермалната енергија, односно изучувањето на природата и генезата на геотермалната енергија.

Page 16: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Петар Попо Арсов“

Земјата претставува огромен топлински „мотор“ кој милиони години произведува огромни количества на топлинска енергија. Најголем дел на таа топлинска енергија се наоѓа на длабочината, така што мал дел се манифестира на површината по пат на гејзери, фумароли и термални извори .

Геотермалните енергетски технологии ја користат топлината на земјата за директна употреба, геотермални пумпи и производство на електрична енергија. Истражувањето на развојот на геотермалните технологии оди во правец на намалување на трошоците и зголемување на нивната употреба.

Page 17: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Петар Попо Арсов“

Македонија располага со голема количина на термални и термоминерални води кои до пред неколку години се користреле исклучиво за здравстевно-балнеолошки цели, а во последно време дел од овие води се користат за оранжериско стопанство.

Современите хидрогеотермални манифестации како термални води се присутни најмногу во Вардарската зона. Само геотермалните води во Косоврасти и Бањиште близу Дебар се надвор од оваа единица. Во Македонија има главни геотермални полиња со 19 локалитети со термални води. Има повеќе од 50 појави како извори и бунари (дупнатини) со појава на термална енергија. Најголемиот дел од геотермалните води може да се најдат на височина од 400 м надморска висина. Само изворите на планината Кожуф и Бањиште се на надморска височина од 600 м.

Page 18: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Петар Попо Арсов“

Биомасата (органска материја) може да се употребува за производство на топлина, горива и струја. Ова е наречено биоенергија. Дрвото, најголемиот извор на биоенергија, било користено со илјадници години за производство на топлина. Но, постојат многу други видови на биомаса, како на пример дрва, растенија, отпадоци при земјоделството или шумарството, како и органските состојки на индустриските отпадоци кои сега можат да се користат како извор на енергија. Денес, многу биоенергетски извори се добиваат преку култивацијата на растенија богати со енергија, како што се брзо-растечки треви или дрва, наречени биоенергетски магацини.

Page 19: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Петар Попо Арсов“

За разлика од другите обновливи енергетски извори, биомасата може да се конвертира директно во течност при потребата за пренос. Најпознатите биогорива се етанолот и биодизелот. Етанолот (алкохол) се добива со ферментација на било која биомаса богата со јаглехидрати, како пченката, преку процес сличен со правењето пиво. Најмногу се користи како додаток (адитив) на горивото за да ги намали емисиите на гасовите кои предизвикуваат смог (како јаглерод моноксидот). Биодизелот (естер) се прави од растително масло, животински масти, алги или дури и рециклирани масти за готвење. Може да се употребува како додаток на дизелот за намалување на емисиите на штетни гасови или во својата оригинална форма, директно во возилото.

Page 20: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Петар Попо Арсов“

Дури и гасот може да се произведе од биомасата со цел производство на струја. Системите за гас користат високи температури да ја преведат биомасата во гас (мешавина на водород, јаглерод моноксид и метан). Гасот оди во турбина која наликува на моторот од авион, само што истата придвижува електричен генератор наместо авион. Остатокот од биомасата во полињата исто така произведува гас - метан што може да се согорува во печка за да произведе пареа за создавање струја или за индустриски процеси.

Page 21: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Петар Попо Арсов“

ЕНЕРГИЈАТА КАКО БИОДИЗЕЛСКИ ГОРИВА

● Како суровини служат маслодајната репка, сончоглед и соја

● Предности на биодизелот- поефтин е од нафтата- се меша со класично гориво- не е лесно запаллив- се распаѓа после 28 дена - обновлив извор на енергија е

Page 22: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Петар Попо Арсов“

БИЛКИ КАКО ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

● Зелените билки се произведувачи во секоја хранителна мрежа

● Тие се најголем обновлив извор на енергија за целокупниот живот на земјата

Page 23: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Петар Попо Арсов“

● Вештачко езеро Ветерна електрана● Недостаток – нарушување Ветерна пумпана убавината на околината● Маслена репка Енергија од море● Комбинација на бензински Хидроелектрана и електромотор● Енергија добиена со моќноста Биодизел горивона морските струи ● Црпи вода Енергија од биомаса ● Уран како гориво Нуклеарна енергија● Гејзери (подземни води) Геотермална енергија● Генератор на метан Хибриден погон

Page 24: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Петар Попо Арсов“

СОВЕТИ ЗА ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА

• Греење

Секој степен е заштеда од 5% при пресметување на струјата.

- Намалете ја температурата на термостатот за греење кога одите на спиење или сте отсутни од домот.- Користите тајмери за вклучување во време кога струјата е најефтина и сензори за светло кои се палат само кога е некој присутен.Затворете ги вратата, прозорците и секаде поставете гумени дихтунзи за изолација, а тоа ќе ви исплати уште со првата сметка за струја.- Спуштете ги ролетните или навлечете ги завесите за да го намалите одлевањето на топлината во текот на ноќта, а отворете ги во текот на денот за да ја искористите сончевата топлина.- Загревајте ги само просториите во кои престојувате.- Инвестирајте во прозори со вакум, со дупло стакло.- Ако е премногу ладно размислувајте и за ставање на стиропор или картон преку прозорското стакло- Изолираниот ѕид штеди 30% од енергијата- Садете дрвја како штити од прегревање или од ладните ветрови. Ползавците во текот на летото ладат, а во текот на зимата ја загреваат куќата

Page 25: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Петар Попо Арсов“

СОВЕТИ ЗА ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА

• Осветлување- Изгасете го светлото во споредните простории.- Користете сијалици со различна јачина за различни потреби.-Користете сијалици со економична потрошувачка (мини-флуоресцентни, електро-луминесцентни), бидејќи трошат 3 до 4 пати помалку, а траат 15 пати подолго.- За надворешното осветлување користите фотоќелии кои се палат само кога ќе се појави некој.

Page 26: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Петар Попо Арсов“

СОВЕТИ ЗА ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА

• Фрижидер - Не ставајте топли јадења во фрижидерот.- Не го отварајте премногу често.- Чистете го фрижидерот од мраз и ако е потребно променете ја гумата на вратата.- Проверете го термостатот: фрижидерот најефикасно работи ако температурата е подесена помеѓу 3от и 5от степен, а замрзнувачот на 0 степени целзиусови.- Избришете ги водените капки од шишињата и садовите пред да ги ставите во фрижидер.- Не го поставувајте фрижидерот пред радијатор, шпорет и други извори на топлина бидејќи на фрижидерот ќе му биде потребно многу повеќе време за да ја постигне потребната температура.

Page 27: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Петар Попо Арсов“

Чувајќи ја енергијата ние се

заштитуваме себе, природата,

животните и растенијата.

Page 28: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Петар Попо Арсов“

Благодариме !