20
БРОЈ 5 АПРИЛ 2013

Ш - Шепни ми што сакаш

  • Upload
    izlez

  • View
    244

  • Download
    4

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Fifth issue of the literary supplement "Sh" published in Skopje, Macedonia, together with the tenth issue of the independent student magazine "Izlez".

Citation preview

Page 1: Ш - Шепни ми што сакаш

БРОЈ 5 АПРИЛ 2013

Page 2: Ш - Шепни ми што сакаш

УРЕДНИЦИЗорица ПеткоскаАфродита НиколоваЈана КолеваАфродита Бојаџиева Васко Талевски

ГРафИчко УРЕДУвањЕ И ДИзајНИван Дургутовски

за ИзДавачотЗдружение “Студентска организација Излез“

коНтакт[email protected]

°содржина03» Без наслов/секаде

04» вовед од никола Маџиров/дневна квечерина/ Просторни граници од твојата Биографија 05» Без наслов/едно утро 06» БаБа/дедо 07» раМноденица/студената девојка 08» гоце/дрво со дрво/летаат Мисли/оБлекла шарен фустан/неочекуван гостин/јато лилјаци/МаМурно утро/дрвата тажат/Пред коБилата 09» ветар/БезуМна страст/несон 10» Маратон/занает/Ѕвезди/Мојот аПејрон 11» оглас/сиМеона и Поетот 12» старата улица „неМиновна“ 14» интервју со фиБи Пауар/МожеБи 15» Песнило/сé е ПродуПчено/ПатуваМ 16» џаБе Мачење/Хаику/Мачката 17» Мач-иМе/МачкоМатика 18» зошто ПишуваМ 19» Пишувачки финти/Bookworms

Page 3: Ш - Шепни ми што сакаш

ПИШУвачкИ МУДРУвања 03

° афродита николова

Драги читатели,

Секаде можеме да бараме во инсталации во музеи и компјутерски софтвери,

молекули, атоми, атомски бомби, бонбони и хемиски состави; равенки, теореми, корени и лековити

билки; дропки и бели дробови; мов, чудни школки и ретки животни; историски случки и детски

криенки; Крикови и искривени антени на покриви.

секаде можеме да бараме во футроли од очила и виолончела,

дамки на памучни кошули или шеќерни памуци; бројаници и непознати јазици, поштенски марки и

компири во ровка земја кревки коски градини клучалки и голи гради зад стакла и возови; продавачи

на аспарагуси во супермаркети и логички плочки под капачки клонови и кловнови;

секаде можеме да бараме во кругови од минерална вода и детски растопени сапунчиња,

зашрафени шкафови и порцелански ракавици: Ивица и Марица од мермер во „Бакнежот“, а Родин

во чоколадни фотелји и керамидни весници, борбени авиони и редовни вести за патници со стари

вретена и кожени актовки; законски акти и анатомски ликови, субвенции и скршени нокти, птици

грабливки и нуклеарни катастрофи;

секаде можеме да најдеме, во штек со три отвори или штеки со три цигари,

приспивни песни и заспани вулкани, криви кули и пресечени дрвја, осмози и градови од временски

непогоди или свечени пригоди, океански корали, снежно потрупани фоки, гладни бели мечки и

астронаутски ѕидови;

секаде можеме во зборови од свети книги или тоалетни графити да најдеме

грди зборови како ИНСПИРАЦИЈА за да откриеме зборови за во ПОЕЗИЈА.

> секаде

°зорица Петкоска

Драги читатели,

Главната цел на Ш е да се даде

книжевна ширина на вашите пишувања,

на сите ваши шарматни пишани

шизофрении, шеќерчиња во стихови,

шеметни зборовни камшици. Веќе ѝ

објавивме штрајк на тишината!

Време е да ми шепнете ШТО САКАТЕ!

Ви подарувам празен простор за да се

впишете себеси и да станете дел од

своето Ш.

Page 4: Ш - Шепни ми што сакаш

04 коНкУРСот

АПРИЛ 2013°никола Маџиров

Веќе напишаното е веќе избрано

– меѓу она што ќе се распрсне низ

воздухот полн со радиобранови

и тивките разговори на денот

и меѓу она што се одмолчува.

Затоа селектирањето на веќе

напишаното е повеќе тајно

берење на плодовите отколку

утринско избирање на семето.

Имаше зборови кои сјаеја со

својата посебност во ткивото

на поетската телесност на

текстовите: „Птицата, / станала

обетка. / Желбата, / затвореник

со два лика.“ („Безумна страст“);

„круната околу твојот папок / го

облагодарува животот скриен

/ меѓу цветовите и шаловите“

(„Страстите од вештицата“); „Сите

агли, изабени од стрелките на

нашите часовници, / оградени

со нашите јакни, книги, школски

прибор...“ („Вчера“); „Столот стои

потпрен в ќош / ослободен од

митарењата, / но и од утринските

/ топли и мижуркави предења.“

(„Стол“); „во собите кај што се

чуваат приказните / сега владеат

молитвени плетенки / изгубени

како едно денарче од твојот

џеб.“ („Места и ликови од твојата

биографија“); „Се караат стреите,

/ кавга помеѓу брановите / од

твојата коса“ („Ветар“). На свој

начин се издвои и оригами-

архитектурата на песната „Несон“.

Кога добив покана за читање на

поезијата, побарав стиховите

да ги добијам без имињата на

авторите, за да останам исправен

пред креативниот дух на сите

подеднакво важни пишувачи. Од

крштелницата до надгробната

плоча, нашите имиња ќе стојат

како споменици на просторноста

во туѓите повремени сеќавања.

Но, молкот и напишаното секогаш

остануваат над наметнатата

повременост и посакуваната

вечност.

> воведДенот кога останав

прикована на твоето стебло

беше квечерина

во која змејот го покажа своето лице.

Пладнето што ми остана

во бранување низ мисливе

беше полумесечина

во која птиците вечераа.

Ноќта што се прикотви

на моите гради

беше полна месечина

во која љубовта престанала

да има граници.

Мириса на свежа вишна.

Се слуша облачноста на небото.

Се гледа сосема кристално

ветрот што лебди помеѓу аурите.

Допрев тајно во тајните на лисјата.

> дневна квечерина

° катерина диМанова

° Мануела златкова

Се препнувам од играчките

наредени како точки од кружницата

што ја опишуваш

со твоите кратки растојанија

меѓу чекорите.

Леблебијата ја чуваш

во тегла без капаче.

И' веруваш на гравитацијата

и сигурен во себе велиш оти нема

да ги изгубиш топчињата.

На воздухот

си назначил царинарници

кои мерат и царинат се',

дури и несетилото.

Сиромашен си,

од една магла-воздух двоиш,

од еден круг-линии вадиш.

Царинарниците воздухот

и тебе ти го царинат.

> Просторни граници од твојата Биографија

ИЗБОР: НИКОЛА МАЏИРОВ

Page 5: Ш - Шепни ми што сакаш

коНкУРСот 05

АПРИЛ 2013

коНкУРСот 05

Зимата тогаш и’ прилегаше на пролетта

и ракиите беа платени со ливчиња од кладилниците.

Немаше потопол студ од воздухот под недосушените ќебиња

ни погласни грла од пијаните цигани,

дење се продаваа носени чевли,

ноќе се кинеа нови кошули.

Од двете грла во штипките на жиците се цедеа гулаби

и не знаеа дека се’ што е живо трча кон смртта

како магла што се одбива од сончевина

и сончевина што се одбива од огледало.

Рацете од едното грло ги допираа облаците,

а облаците се грчеа во грч во другото грло,

сега ситно – сега широко,

се виткаа како печени пиперки пред лупење

и звучеа ко бескуќни полжави во врел котел,

но не беше важно, зашто сметките наскоро ќе беа платени,

а месото поделено.

Железото што го коваа, и тоа го коваа пијани.

И шишето немаше дно,

ни пак на дното имаше стакло,

но (ниеден разумен човек нема да признае)

штипките на жиците се познаваа

како што се познаваат јајцето и кокошката

и како што кокошката го испушта јајцето

така штипките ги испуштија грлата

недоцедени, неисушени, уште живи,

да пеат тажни цигански песни по улиците

и ги стегнаа уште повеќе празните гулаби,

зашто сметките никогаш не беа за малку платени.

Тогаш зимата и прилегаше на пролетта

како што никогаш пролета не му прилегна на летото,

а она годишно време на кое никој не се сеќаваше

ги покри грлата што лежеа пијани на дождот.

таа плаче

окото расте

таа плаче

окото расте

таа плаче

окото порасна толку многу

што го собира само во плакарот

каде го суши со фен

секое утро и пладне

за да си го носи меѓу обетките

а ако и понатаму продолжи да расте

ќе мора да го пушти во реката

па што,

таа си има уште едно око

совршено суво

совршено мало

неплакачко

Павлина атанасова

° радМила ванковска

едно утро

ИЗБОР: НИКОЛА МАЏИРОВ

Page 6: Ш - Шепни ми што сакаш

06 коНкУРСот ИЗБОР: НИКОЛА МАЏИРОВ

Свенати кринови под дланките на баба

преку устава кога имав пет години

и модринка на око ковчести зелени

брези суви на ридот дома под

јазик грутки горки лимони под черга

лита фотографија и две мртви врапчиња:

обетки подарок од баба:

две очи.

Клучот не е под чергата.

Клучот не е под чергата.

Дланката не е на устата

уште од тогаш

уште од тогаш,

клучот во грло ме глоѓа.

Под прагот светлина,

дома нема

никој.

БаБа

°аф

ро

ди

та ни

кол

ов

а

°аф

ро

ди

та ни

кол

ов

а

На балконот

магнолии во саксии

ја запишувале, кога

Дедо ја гаснел

цигарата од дрвените

штици:

историјата на неговата

лоза во бинарни кодови:

секоја единица

е жена

со крст

на чело:

Баба,

ги простираше

прстите кон небото

и алиштата:

црвениот чоен фустан

од мама што денес

го облеков.

Ја гаснам

цигарата од зглобот

на саксиите:

од диви крвави булки,

ги преџвакувам да го сокријам

тутунот: од нив

ластовици ќе се родат.

Мислам кога

да ги натопам дланките

во земјата

од саксиите на баба

и

дали дедо кога

зборувал сам со себе и пушел

она јунско лето

го слушал растењето на: тревата

бебето во стомакот на мама

и болеста.

дедо

АПРИЛ 2013

Page 7: Ш - Шепни ми што сакаш

Од реката излегува студена девојка.Со алги наместо коси

и усни од пијавици.

Покрај брегот светат нејзините бисерни зеници- очите и` се од школки,од корали и` се веѓите,а трепките - игли од водни ежови.

Од пресечениот врат се плазат назабени јазици;под забите крцка слој мраз.

Од лишаи и` е телото,а прсти и` се распаднатите гранки.

Излегува,доаѓа,со себе, од речното корито, повлекува

фустан од тињаод под кој се наѕираат лигавите пипала штоќе задушат во влажна и студена прегратка.

студената девојка

°зоран Бејковски

Скрши го лебот од осилото шепоти и на осата

утре

кога

ќе ја остави смртта на мојата лева дланка

во лебот

мовот

од твоите воздивнувања децата ќе го грешат

за мувла

зад прозорците

од трпезаријата немо ќе лечат кога заспиваат

осите

на прагот

наследени алергии и украдени спомени:

ти во црвен фустан бемка на левото

око

во моето

полињата каде го оставивме детството на

предците со мекото од лебот ги храневме

птиците

со мекото од телото и срцата децата лажејќи ги:

ова е моето тело

земете го.

Долго после тоа ќе ги спуштаат главите

и завесите

ќе го зајдуваат сонцето секогаш околу 5 часот

знаејќи

дека

во темнина сите ликови од семејните фотографии

не гледаат

а не склопуваат очи.

коНкУРСот 07ИЗБОР: НИКОЛА МАЏИРОВ

Page 8: Ш - Шепни ми што сакаш

08 коНкУРСот

Гавран ме демне

од глава на споменик.

Јас на клупа сам.

.

.

.

гоце

дарко ПоПовски°

Дрво со дрво

се тепаат да стават

корен во земја.

.

.

.

дрво со дрво

°стефан Петровски

Летаат мисли –

безброј ластовици

си се селат на Југ.

.

.

.

летаатМисли

Облекла шарен

фустан – го засенила

виножитото.

.

.

.

оБлекла шарен фустан

сиМона локвенец°

КОНКУРС ХАИКУ: ИЗБОР НА НИКОЛА МАЏИРОВ

Дрвата тажат

а паднатите лисја

шумолат долу.

.

.

.

дрвататажат

Пред кобилата

оросениот пастув

светна најсилно

.

.

.

ПредкоБилата

°донче Мишевски

Неочекуван

гостин отвори врата

ветер со заби.

.

.

.

неочекуван гостин

Јато лилјаци

од светлина избега

нечиста мисла.

.

.

.

јато лилјаци

Мамурно утро.

Ме расони мирисот

на топол симит.

.

.

.

МаМурноутро

АПРИЛ 2013

Page 9: Ш - Шепни ми што сакаш

коНкУРСот 09

Држи ми го ‘рбетов несвиен

не спиев оти немам катанец

За танците злокобни в ум.

Умора пиев во утрината

Остината перница без отпечаток

краток спој: некаде за некој

Секој ден е крај на светот

Сето сонување ми се озабува и ми ‘ржи.

*НЕСОН

Се караат стреите ,

кавга помеѓу брановите

од твојата коса, плачат гранките

и сонцето спие.

Послушај го зборот

нејзин ,

зборот на вистината.

ветар

°слаѓана атанасова

Денес,

се движат под моја кожа,

повторно.

Посилно.

Сами се судривме

разголени на снегот.

Во водата- сол.

Капката ме убива,

ме оживува.

Јакне слабеејќи ме.

Затворени врати.

клучалка без клуч,

само малку простор

едно око да се насити.

Птицата,

станала обетка.

Желбата,

затвореник со два лика.

Мелпомена по Талија,

тага по радост,

немоќност по желба,

Сонце по Месечина,

делување по реакција.

Свесноста на умот,

спроти

нашите најдлабоки потреби.

Бескрвна жртва во темнината

ја осветли Ерато.

БезуМна страст

°ивана атанасовска

°АмЕОННА

КОНКУРС ХАИКУ: ИЗБОР НА УРЕДНИШТВОТО

* „ОРИГАМИ“ поезија, каде крајот на секој стих се римува или прелева во почетокот на следниот стих, а првиот збор се поврзува/превиткува со последниот како крајното превиткување во оригамите пред да се добие саканата фигура.

АПРИЛ 2013

Page 10: Ш - Шепни ми што сакаш

10 коНкУРСот КОНКУРС ПРОЗА

КВАЛИТеТОТ НА РАСКАЗИТе шТО МИ БеА ПОНУДеНИ Беше НА ЗАВИДНО НИВО. МОжеБИ МАЛКУ НеПРАВеДНО, НО СО ПРАВОТО ИМ Се ПРИКЛОНИВ НА ПОКУСИТе. ВРеДАТ И ЗАВеДУВААТ, ПРеДИЗВИКУВААТ И ПОТВРДУВААТ ДеКА КНИжеВНИОТ ЗБОР СеКОгАш гО ИМАЛ И ќе гО ИМА СВОеТО МеСТО.

ВОВеД ОД СеЛеКТОРОТ

гОРДАНА ЈОВИќ - СТОЈКОВСКА

мАРАтОНРешив да го трчам маратонот. Најмногу за инает. На почетокот ги стегав рацете блиску до телото, онака свиткани

во тупаници. По извесно време се опуштив. Почнав послободно да ги мавтам наваму – натаму, со надеж дека ќе ме

забрзаат. Конечно се опуштив и не знам што правев со рацете. Само знам дека постоеше пат што го изминував.

Тогаш почнаа да се плеткаат помагателите. Еден ми подаде шише вода, за да се освежам. Веќе другиот ми ја тутна

душата, третиот ми ги додаде соништата. Во од ги дофаќав надежите, идеалите, смелоста, радоста, ведрината,

врелината, страста.... Тежев 300 кила. И стигнав прва. Кога ја поминав целта немаше со која рака да го примам пехарот.

ЗАНАЕтМојата пријателка која заврши педагошки, работи во продавница. Продава чорапи. Нaшата заедничка пријателка

која заврши педагошки, работи во трафика. Нејзината братучеда која заврши педагошки, насади тутун.

Соседите имаат ќерка која заврши педагошки. Таа не работи никаде.

Jас им давам часови на тие што сакаат да се запишат на педагошки. Секој мора од нешто да живее.

ЅвЕЗдИ

Го запознав пред години. Одвај да беше полнолетен. По 14 минути го послав на земја, да ги гледаме ѕвездите.

Другиот ден го однесов на ручек. Не водевме љубов. Не можеше или не сакаше.

Го сретнав пак..по годинии. Го послав на земја и пак гледавме ѕвзди. Почнавме често да ги гледаме.

Насекаде ги гледавме. Јас ги наоѓав дури и во нечистите алишта на детето. Тој ги наоѓал и во затнатиот мијалник

и под креветот на неговата „детска” соба. Ревносно ги собиравме се додека немаше веќе каде да ги прибираме.

Се понуди да ми ги донесе и месечината и сонцето. Тогаш решив дека треба да ме заборави.

Не можев да си дозволам таков судир на интереси.°др

аги

ца ј

ор

да

но

ск

а

ИНВЕНТИВНО СОЗДАДЕНИ ПРИКАЗНИ, КУСА ИГРА СО ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ, СОСЕМА МУДРО, ОПРЕДЕЛЕНИ ЗА КУС РАСКАЗ, ВО КОЈ Е ИЗНЕСЕНА СЕТА ДИЛЕМА, СЕТА НЕИНВЕНТНОСТ НА ВРЕМЕТО СО КОЕ АВТОРОТ И НЕ ПОСАКУВА ДА НАЈДЕ ДОПИРНИ ТОчКИ.

Мојот Апејрон*Околу овој агол имам пријател. Во овој голем град каде нема крај, каде деновите продолжуваат и неделите

одат се‘ побрзо. Од еден до друг агол изминува една година – нов пријател. Времето брза, тоа е жива смрт на

Земјата, која е долина на плачот. И тука сум фрлена во заборав како ѓаволска творба, како чамец на огнен

покрив. Но околу овој агол јас го имам мојот пријател – мојот Апејрон*. Мојот Апејрон секогаш доаѓа вчера и

вчера си оди. Околу овој агол имам изгубен пријател...

УМЕШНОСТА ДА СЕ НАПИШЕ КУСА ПРОЗА ИЗИСКУВА ДЛАБОКА МИСЛА, ЗАТСКРИЕНА ПРИКАЗНА КОЈА Е ВСУШНОСТ МАМКА ЗА ЗА чИТАТЕЛСКАТА МЕчТА И РАЗМИСЛА. МОЈОТ АПЕЈРОН НОСИ ТОКМУ ТАКВА ЗАГАТКА.

°марија конеска

*Апејрон – невозможно, недостижно, бесконечно

Page 11: Ш - Шепни ми што сакаш

коНкУРСот 11КОНКУРС ПРОЗА

ИСКРИчНО, ЕДНОСТАВНО И ПОЛНО ЗНАчЕњЕ. ТОКМУ КАКО ВРЕМЕТО ВО КОЕ КУСАТА-КУСА ПРОЗА СТАНУВА ЦЕНТРАЛЕН КНИЖЕВЕН ЖАНР.

чУДЕСНО ИЗБАЛАНСИРАНА НАРАЦИЈА. УШТЕ ЕДЕН КУС БИСЕР. МОЖЕБИ Е ТОА ОДЛИКА НА ГЕНЕРАЦИЈАТА, НА ВРЕМЕТО, НА ПОСТМОДЕРНАТА МИСЛА И НЕЈЗИНОТО ШИРЕњЕ ВО ПРОСТОРОТ. СЕЕДНО, ВИСТИНСКА ПОЛИЦА ЗА СОКРИЕНИ НАДЕЖИ НА ИРИТАНТНАТА љУБОПИТНОСТ НА ОНОЈ ОД ДРУГАТА СТРАНА, чИТАТЕЛОТ.

°Сл

АѓА

нА

Ат

Ан

АС

ов

А°М

Ар

ијА

пА

не

вА

ОгЛАСДенеска дадов оглас дека ја продавам мојата тага за неколку ситни парички. Ја пратив на еден многу познат и читан

весник па големи беа можностите да се пријави макар еден.

Огласот гласеше:

Дојде време да се одделам од мојата тага затоа што веќе остарев и таа почна да не ме поднесува оти ја заборавам.Таа е

млада силна и премногу тажна. Ги продадов сите мои чувства ми остана само уште таа. Ве молам купете ја по ваша цена.

По точно три недели ми се јави еден младич и ме праша во врска со огласот ,, Ја продавате ли уште вашата тага?”- ме

праша. ,,Да”. Kратко одговорив. Зеде воздух. ,,Ќе ја купам”, рече. ,,Сигурни сте?”,,Да, да.”

Таа седеше на моите плеќи, го слушаше разговорот, после тоа и ги спакував куферите и ја пратив кај новиот домаќин.

Се поздравивме до прагот од мојата куќа. Таа замина по патеката, а јас и довикував дека ќе и биде удобно. Замина.

Тагата сепак си е тага.

СИмЕОНА И ПОЕтОт"не сум роден поет, само цртам слики со буквите исфрени од бунарот на моето внатре"- со овие зборови го започна

говорот во Галерија 2. А таму, преполна сала и Симеона во сета таа згужваност. Беше еден од оние таканаречени

посетителите на промоцијата на прозно едно дело сочинето од кратки текстови овековечени врз белите листови

хартија низ кои пловеше дадаизмот. Стануваше збор за издание испишано од раката на човек од чии очи сјаеше

некаков чудесен блесок, блесок кој не те остава рамнодушен, нималку. Три часа и шеснаесет минути -убаво изминато

време. Слушаше внимателно, гледаше длабоко, мислеше широко. Тонеше, впивајќи ги зборовите изнесени од неговата

изговореност. Се топеше во неговата боја на гласот. Тивко и немо, со упорно вгнезден поглед во неговата зеница. И

безброј прашања наредени во испрекинувањето на погледнатоста. Всади чувства во себе. Проклето женско. Помисли. Се

вљубив помили. Тој продолжи да чита. Таа, ја купи неговата книга и замина, повторно така немо и тивко. ................

Page 12: Ш - Шепни ми што сакаш

ЈАНУАРИ 2013

Тоа не беше време на војни. Никакви револуции, никакви бунтови по улиците. Луѓето едвај и да разменеа

по некој збор помеѓу канделабрите на улицата “Неминовна”. Кафаните беа малку повеќе од празни.

чашите испиени, соништата остварени. Жените со првата темница ќе седнеа на отоманите пред високите

прозорци и молкум ќе ги чекаа мажите од работа. Нем. Градот беше нем.

Ниедно сивило не беше посиво од деновите во мојот град.

Едно попладне, њутн реши да се отсели од улицата “Неминовна” и да оздрави од треската на молкот.

Желбата за бегство е најстрашната болест што може да ја закаса душата. Одвнатре месото ти ги зарива

канџите и те влече некаде барајќи хоризонт. Не знаеш што ти се случило. Се препотуваш, се тресеш,

ситни солзи ти капат од очите, устата и носот. Ѕидовите се стеснуваат, воздухот во собата се згуснува

како тазе тесто за тврд леб.

Од сателитот Ио, оној до Јупитер, секојдневно се слушаше музика на вулкани, огнови кои вриштеа од стрв

да голтнат вселени.

њутн полека полудуваше. Луѓето се плашеа штом причуеа некаква шепотна мелодија, тој стар рефрен на

вулканите на Ио. Тој ноќум пееше со нив.

Секој клавиш по чиј тон се раѓаше нов пламен јазик, раѓаше и по некоја нова планета. Некаде таму,

високо над сивата калдрма на улицата “Неминовна”, клавишите раѓаа нови ѕвезди и галаксии.

Никој од нас не знаеше за Ио. Толку бевме потонати во сивото и немото, што се’ што знаевме е дека

нема што да се дознава. А тој, ококорен во очите, ќе се фатеше со едната рака за уличниот канделабар

и кружеше, вртеше околу, нозете и не ја допираа земјата. Можам да се заколнам, а ко вчера да беше,

се сеќавам, тој леташе над правта, па се отпушташе од фенерот и во грохотна смеа паѓаше на улицата

лепејќи ги врз себе вчудоневидените лица на минувачите. Понекогаш некоја стара баба ќе го удреше со

чадорот, молчи, аман, ќе речеше, го изместуваш воздухот, ја вжештуваш земјата. Па ќе станеше среќен и

помодрен во окото и знаев, со сигурност знаев дека нема уште долго да го гледам тука.

Во некој друг свет, чинам, полесно ќе си ја завршеше работата њутн. Во некој друг свет сигурно би

постоел некој кој би се нарекувал себе си Галилео. Во тој свет шумот на шепотот на музиката на Ио би

бил вистинска симфонија. Хор од усти гладни за бегство би ја претвориле “Неминовна” во музичка кутија,

сина со златнокружни драсканици по преклопот. Но во овој свет, стариот пријател во една ситна вреќа

стутка неколку јаболка, две книги и рака листови за пишување. Замина.

* * *

Понекогаш се присетувам на мојата стара улица.

Дедо ми покоен, тој имаше неверојатна дарба да создава нешта од суви дрва. Еднаш, ритмички

потпивнувајќи од посребреното пагурче, за неколку часа на баба ми и’ направи стол за лулање. Многу ја

сакаше, сешто и’ ветуваше. На крај сите ветувања завршуваа во кафените лажички шеќер за чајот што го

пиеја под ѕвездените лискавици над тремот. Се’ уште го чувам на таванот тоа парче дрво, иако мајка ми

сакаше да го спали за време на големата чума на улицата “Неминовна”. Едвај ме послуша да го сокриеме.

Во што се’ не ќе поверуваа луѓето тогаш! Запалете се’ што може да изгори! И ден-денес не знам што им

значеше тоа.

Но, ете, штом се присетам на старата улица, летам кон таванот и го грабнувам столот. Против сите закони

на Гравитација, клатејќи се нагоре, летам кон Ио. Оттаму се гледа целата Вселена. Оттаму ја гледам

“Неминовна”. Мажите пеат. Пијат по меаните, жените сешто довикуваат од прозорците. Луѓето, сите,

трчаат по улиците и извикуваат, бараат бои. Старите баби им ги подаваат двете раце, сосе чадори им

ги подаваат на испопаѓаните по правта лудаци и ги подаваат лицата нагоре. Музика. Се слушаат оди до

мојата ѕвезда.

Тогаш ја протнувам раката в џеб. Вадам една кутија цигари и ја палам првата.

Него не го видов оттогаш, откако замина. Не можам да го здогледам ни сега низ орбитите по неговите

чекори. Цигара за цигара, се’ си мислам, ако е таму долу, ќе ме помеша со некоја ѕвезда, ќе ме чуе и ќе

дојде самиот. И само внимавам да не треснам со пепелта по њутновата долга коса.

Кога живеев на улицата “Неминовна”, кришум се лепев за неговата музика. Ќе беше полесно ако се плашев

од грозоморноста на канџите на таа болест. Се’ ќе беше полесно. Тој беше луд, јас бев… залудена. Денес,

полудена на стариот стол, кружејќи околу огнените јазици на Ио, и самата пеам на сиот глас.

ПРЕДИЗВИКУВАчКИ ВПЛЕТЕНИ МИГОВИ, ДОЛОВЕНИ СО РЕМИНИСЦЕНЦИИ. ПРЕЦИЗНО СОЗДАДЕН ЦЕНТАР ЗА ЦИКЛИчНО ВПЛЕТУВАњЕ НА НАРАЦИЈАТА, КОЈА ГО МАМИ чИТАТЕЛОТ ПОТПОЛНО ДА СЕ ПОСВЕТИ.

Старата улица „Неминовна“

°радмила ванкоска

КОНКУРС ПРОЗА

Page 13: Ш - Шепни ми што сакаш

коНкУРСот 13

Како се создава еден расказ и какво прашање е ова? Па се знае како! Едноставно седнуваш, пишуваш

буква по буква, збор по збор, зборовите се нижат во реченици, речениците прераснуваат во целина и

оп, ете ти расказ! Ама не. Ова е многу едноставно, просто да не речам. Треба да се додаде попридавко-

метафорички зачин во супата на конфузниот расказ. Потоа се меша со кутлачата на апозицијата, се

цеди синестезичен лимон и се дегустира на словенско-антитезиски начин. Некому му е малку, па се

додава и компарациско-алегоричен зачин, нели нештата да се оксимороночат уште повеќе и добиваме

хиперболична смеса од парадоксалнo-еуфемизмични состојки. Дегустаторот, пробувајќи ја оваа

расказна супа, испушта ономатопејски звуци. Прекрасна симфонија! Но, не! Повторно е премногу

едноставно. Книжевниците би очекувале нешто покреативно, поубаво, поинтересно, политературно.

На пример зачетокот на еден расказ може да се спореди со четирите годишни времиња. Тој пополека

се раѓа во есента, додека испирацијата шушка како жолтозелен лист, а дрвјата се соголени како

што и самиот писател се соголува пред своето дело. Потоа, во зимата снегулките се приказна по

себе. Дел се придавкулки, метафорулки, синегдохулки, метонимијулки, литотулки, иронијулки и така

се до бесконечноста. Со леснотија го китат новото дело, исто како новогодишна елка. Е сега, некои

претеруваат со украсите и елката веќе ја губи својата убавина, исто како што авторите некогаш при

пишувањето бомбардираат со километарски реченици,стилски фигури, комплициран стил и смислата

на напишаното се губи низ сите тие испишани редови текст. Како и да е, потоа доаѓа пролетта. Тогаш

писателот пополека се доближува до крајот, го обликува како литературна скулптура. Расказот при

тоа пролетно просветлување чекор по чекор го добива и својот крај и е прилично готов. Остануваат

само некои финеси. Следува летото, кога читателот го држи во раце создадениот расказ и е огреан од

прочитаната приказна. Сончеви искрички му играат на лицето. И тоа е тоа. Секако, има и луѓе кои не и

се наклонети на литературата, бидејќи мислат дека во неа се пишува само за љубов, евтини патетики,

тажалки со употреба на бесмислени, клише и веќе видени реченици напишани на висок стил како

на пример: Расказ, таа елегична структурална имагинација! Симбол на силата на пишаниот збор која

вдахнува инспирационо-интелектуална мотивација и спосoбност за разбирање на пишаниот збор! Ах

тие некнижевници, појма си немаат што пропуштаат и не сфаќаат дека литературата е многу повеќе

од тоа. Можеби, литературата не им е наклонета ним, бидејќи за да ги воведе во нејзините тајни одаи

прво треба да постои заемна поврзаност и интерес. А на што треба да се темели тој интерес? Дали

луѓето пишуваат расказ што другите сакаат да го прочитаат или пишуваат бидејќи сакаат да раскажат

некоја приказна која како жарче се тлеела во нивните мозочни ќелии? А што ако се искажат себеси и

на луѓето не им се допадне прочитаното? Е, трагедија. На некој истомисленик или сличномисленик,

сигурно ќе му се допадне! И друго, дали добриот расказопишувач е способен да напише што било,

кога било, каде било, за кого било или може да си биде прибирлив и да си биде свој и најдобар на

некоја посебна тема? И најважното, дали е обвран со непишана литературна заклетва, секогаш да има

одредена доза на инпирација? Всушност интересно е како започнува таа писателска инспирација.

Уште поинтересно е како започнува запливувањето во водите на расказот. Едноставно е. Исто како

што се станува зависен од дрога. Ќе си речеш како мало љубопитно и неизживеано дете: „Само да

пробам!“. Други ќе речат: „Абе само еднаш!“. Трети ќе бидат принудени: „Ајде бе, сите го прават тоа,

што ќе ти се случи само од еднаш?!“ Е јас велам, се случува и од само еднаш. Само што пишувањето

е поинаква дрога и е порок кој го вади најдоброто од тебе. Не може секој да се навлече и да биде

писател исто како што не може секој да биде читател. Како и да е, од тој еден пат една буква станува

набрзо збор, зборот си бара свои сопатници, па ќе се здружи со повеќе. Набрзо таа група од зборови

ќе биде разделена од точки, запирки, извичници, наводници и слични интерпукциски делители, исто

како да се во гето. Потоа ќе се создадат речениците, кои ќе бидат споени во една целина, создавајќи

го врвното, маестрално дело – магичниот расказ. Tој расказ е инспирација за нареден, наредниот

пак, за цела колекција, понаредниот за цела книга! И пак се враќаме на првите неколку реченици.

Тоа е тоа. И додека драг читателу се обидувам да ти објаснам и доловам како се раѓа еден расказ,

ти ја имаше најголемата привилегија која еден читател и љубител на литературата можеше да ја има!

Ти имаше можност да го следиш создавањето од први редови, бидејќи јас во моето раскажување

напишав расказ за расказот, ваков или онаков.

СЕ СЛУчУВА И ОД САМО ЕДНАШ. И БЕГАњЕ НЕМА!

Како се раѓа еден расказ?

°симона локвенец

КОНКУРС ПРОЗА

АПРИЛ 2013

Page 14: Ш - Шепни ми што сакаш

14 ПРЕМEЃУвања

ПРеТСеДАТеЛ НА ПОеТСКОТО ДРУшТВО ПеМБРОК, КеМБРИЏ

ИНТЕРВЈУ СО Фиби пАуАр

Што е поетСкото друШтво пеМброк (пдп) и зоШто е единСтвено поетСко друШтво во универзитетот кеМбриџ?ПДП е група од поети од Универзитетот Кембриџ кои ја дискутираат својата поезија во Пемброк колеџ; ПДП организира работилници и поетски читања. Во Кембриџ има неколку помали литературни друштва, но ниту едно поетско, освен нашето. Пемброк има особено богата традиција на поети што студирале овде како Едмунд Спенсер и Тед Хјуз, па можеби затоа поезијата е посебно вреднувана тука.

СМетАШ ли декА денеС требА дА Се брАни МеСтото нА поезијАтА во опШтеСтвото?Иако многу луѓе не купуваат поетски збирки, многу пишуваат поезија-не мислам дека е уметност што полека умира. Но, тешко е да се каже што е поезија денес: сонети во книги, визуелни инсталации од текст, рап или хипертекст? Во ВБ, постои “авангарда“ наспроти популарната поезија; двете не добиваат многу финансиска поддршка од владата. Можеби затоа поезијата треба да си ја потврди (пак) вредноста.

Што МиСлиШ зА конкурСите Со виСокА пАричнА нАгрАдА зА еднА пеСнА?Конкурсиве бараат посебна лирична песна, редок дијамант, на сметка на другите. Песните добиваат поголема смисла кога ги читаме со други песни, а ова полесно открива нови таленти. Сепак, паричната награда е важна, зашто поетите ретко живеат само од пишување-поезијата бара дополнителна поддршка.

когА би МожелА дА покАниШ Мртов поет нА СредбА во пеМброк кого би го избрАлА?Едмунд Спенсер, зашто и тој студирал во Пемброк (сигурна сум дека ќе сака да си го види портретот закачен во холот). То би ни кажал за исцрпувачки проекти како „Самовилската кралица“, какви денес никој не се осмелува да пишува. Би научиле многу и од Елизабет Барет Браунинг, која ме потсетува на Шекспир со досетливоста и флуидноста; Аурора Ли е најинспиративниот лик создаден од поетеса.

во кеМбриџ иМА редовнА критикА зА поетСките читАњА; колку е овА вАжно?Каква било критика е добар публицитет за поетите. Критиките го оценуваат пишувањето, за читателите да одлучат дали нешто е вредно-ова може да биде опасно; сепак треба да се истакнат добрите дела. Ни требаат чувствителни, информирани критичари-најдобрите критичари се сериозни поети.

кој лик од твоите пеСни би САкАлА дА го СретнеШ и зоШто?Ликовите во моите песни се вербално нагласени, монохроматски верзии на луѓе од мојот живот или ликови како Дидона, Кралицата на Картагина или Богородица. Можеби би сакала да ги сретнам идеализираните момчиња во моите песни...

кАков Совет би иМ дАлА нА МлАдите поети?Би им советувала да ги следат конкурсите и списанијатa; не се разочарувајте ако ве одбијат, и не плашете се да учествувате во поголемите конкурси; веруваjте во својата способност, и пред сѐ, пишуваjте.

°ин

те

рв

ју и

Пр

еП

ев: а

фр

од

ит

а н

ик

ол

ов

а

Синото небо

е кружна мокра уста.

На клупа,

ги обликуваме зборовите искрено

како децата ракописот.

Ми кажуваш за твоите родители,

си ја црташ иднината на мојата дланка.

Урнатините од замокот се крути,

секој кафеав камен незавртен.

Се потпираме на ѕидините

свртени кон паркингот во изградба,

новата трева куса, влажна. Се обидуваш

да кажеш оти косата ми е огнено златна. Ти се

прилепувам.

Од боите на денот,

уште повеќе ти го засакувам лицето.

Ти ги сакам цртите, сините очи

какво прецизно Венецијанско стакло.

Твоето обландесто тело

како свила се лизга низ мене,

кревко како нашите соништа за Константинопол

што паѓаат низ црвени окна,

како бакнежот што се суши на усниве.

мОжЕБИ

Фиби Пауар, 20 год., е поетеса од ВБ, Кумбрија. Студира Англиска книжевност,

Пемброк колеџ, Кембриџ. Во 2012та ја доби престижната награда Ерик Грегори;

во 2009та беше Фојл млад поет на годината. Објавувана е во списанијата

Магма и Орбис, Кадаверин, Помигренит и Аивеар. Учествувала на Поетскиот фестивал Ледбери и Фондацијата

Вордсворт; го уредуваше списанието за млади (бр.8) на Поетското друштво во ВБ. Фиби е претседател на ПДП во Кембриџ; уредник е на Мејз, антологија за уметност

од Оксфорд и Кембриџ. Повеќе: http://phoebepower.blogspot.co.uk/

Page 15: Ш - Шепни ми што сакаш

ПРЕМЕЃУвања15

„Песнило“ е поетско-театарски настан кој се одржа на 18-ти јануари за време на меѓународниот настан

„Роденден на Уметноста“ во Младинскиот културен центар во Скопје. Овој настан најдобро го опиша

организаторката Даниела Стоилкова со нејзината изјава:

„Целта на поетскиот перформанс „ПЕСНИЛО“ е да биде медиум за промоција на нови актери на

поетската, уметничката и кантавторската сцена кој на поетите им овозможува низ разни облици на

перформансот да ја преобликуваат својата поезија и истата да ја ангажираат на сцената .

Поддржувајќи ги младите автори, постигнуваме поголема мобилност кај книжевниците, анимација

на сите консументи на културата, збогатување на културното милје.

Поезијата претставена во овој облик, вон академските и литерарни текстови создава нова атмосфера

на неоткриени креативни излагања и подготвеност за акција и интерактивен однос со непосредните

консументи на пишаниот збор.“

Водител на Песнило беше Иван Шопов, а настапија Ана Голејшка, Мане Манушев, Нина Андова, Исток Улчар,

Анета Василева, Александра Спасеска, Даниел Карески, Александар Станојков, Небојша Стојаноски Мајор,

Гаврило Миловановиќ, Костадин Героски, Марта Маркоска, Цветанка Колева и Марија Конеска.

°мане манушев

°нина андова

Песнило

Патувам затоа што

ја надраснав замаглената шпиунка

од вратата на мојот дом

низ која ја мерев среќата на луѓето

според големината на нивните чекори.

Патувам затоа што

низ прозорците на старите вагони

со секој нов крик на шините

ја поседувам најголемата колекција

на слики кои никогаш не се исти,

патувам затоа што

мојот патнички багаж

го носат сите реки покрај кои поминав

додека се обидував да најдам

доволно широко речно корито

кое ќе ја собере радоста на мојата мисла,

патувам затоа што

сакам да ги нижам годините

како прегледани билети

на кои се потпишани сите мои спомени.

Патувам затоа што

не сакам илјадниците очи

што ѕиркаат од необраните

распукани калинки во мојот двор

секојдневно да ми ја мерат

среќата низ големината на моите чекори.

Тука сè е продупчено

небото што го ѕиркаме низ леќите на телескопите

и перфорираните папки на нашите канцелариски бироа

прозорчињата на кабините во бродовите кога патуваме

и масивните ѕидови во храмовите во кои се молиме

И ќебињата на тајните љубовници изгорени од цигара

се продупчени

и светот коj го гледаме низ прстените на предците

сеќавањата како тесто за колачиња кога ги обликуваме

метите во човечки облици на кои вежбаме пукање

сè, сè е продупчено

како окцата на вратите затворени за питачите

како земјата од растурените домови на мравките

како бог што го бараме низ кружните отвори на куполите

Сè Е ПРОдуПчЕНО ПАтувАм

Page 16: Ш - Шепни ми што сакаш

16 ПРЕвЕДУвачка ковачНИЦа

1.

こがれ猫恋気ちがいと見ゆる也

Затрескан мачор –

љубовно лудило е

Најверојатно.

2.

有明や家なし猫も恋を鳴

рано в зори

и бездомниот мачор

плаче за љубов

3.

闇より闇に入るや猫の恋

од мрак доаѓа

и пак во мрак си оди

мачор љубовник.

4.

寝て起て大欠して猫の恋

Спие, се буди,

Се тегне, се прозева –

Мачкина љубов.

Хаику

°кобајаши иса

Превод и ПреПев од јаПонски јазик: зорица Петкоска

°ерик кестнер

Превод и ПреПев од герМански јазик: Бјанка зафировска, елена Петровскаафродита Бојаџиева, Ментор: Проф. д-р зорица николовска

И кога ковачот коњот го кови,

и кога мисирот немирно сони,

и кога мајката јадење носи,

и кога дедото огнот го ложи,

и кога ветрот зад аголот фучи,

и кога во амбар љубовниот пар се љуби,

и кога девојчето алиштата ги пружи -

мачето секогаш мисли, да си поигра некој со него сака!

Ко` на мачето и на многумина им е вака.

џаБе Мачење

Беше една мачка, ничива и дробна,

и стара, таа имаше маче свое.

Така, една ноќ, бурата на Ное

загрми и на огништето тропна.

чув на излез молитва кобна.

Таа и до неа мачето, видов јас кое.

Нежно таа го турна кон сеништето мое

и исчезна во темнината злобна.

Ох таа црна ноќ, ноќ полна бол!

Плачови и икот, луда смеа и блуден рикот

од пустошините ветрот натрупуваше.

А дождот паѓаше со татнеж од пекол,

рушејќи ѕидови, тропајќи на прозори со пукот.

Задоволно, малото сега в раце предеше.

Мачката

°џовани пасколи

Превод и ПреПев од италијански јазик: Марко тоМиќ

Page 17: Ш - Шепни ми што сакаш

ПРЕвЕДУвачка ковачНИЦа 17

°ерик бич (eric beach)Превод и ПреПев од англиски јазик: анастасија Петревска, МуХаМед Мујовиќ, орнела сПироскаМентор: зорица Петкоска

имав мачор по име „ништо“

„те молам затвори ја вратата од балконот

за ништо да не може да влезе ни да излезе“

имав мачор по име „кауч“

еден ден си легна на не-

чија глава и сега е шешир

имав мачор по име „петко“

нѐ будеше во пет, порано

кога не бевме до толку незадоволни

имаме мачор „terra firma“

лови дожд ветар лисја сенки

бидејќи е мачор со нозете цврсто на земја

Мач-иМе

°рут берман

Превод и ПреПев од англиски јазик: даМјан лозаноски, дијана Бошкова, таМара трајкова, сиМона ширгоска, Ментор: зорица Петкоска

Собирање:

Колку мазења

Со вратот по вратата

Се доволни

За да се присвои територија?

Геометрија:

Колку празен простор

Е прифатливо да светка

На дното на чиничето?

И како ќе им ги докажеш негативните вредности

На луѓето?

Калкулус:

Скокни преблиску,

И параболата се’ уште ќе расте

Шепите под површината

Каде нивната тангента

Треба да биде изедначена

Приземјување без подем или пад.

Скокни предалеку,

И параболата ќе опаѓа

Шепите под површината.

Шепите не треба да се грепчат за добивка

Мачкоматиката зависи од достоинството.

Отстапката треба да е нула

Измеркана пред да се впуштиш

Во квадратните функции.

МачкоМатика

АПРИЛ 2013

Page 18: Ш - Шепни ми што сакаш

18 заткУЛИСјЕ

АПРИЛ 2013

Се сеќавам, кога бев многу малечка, мислев дека сите луѓе што ги гледам на

телевизија, живеат во телевизорот. Еден ден телевизорот се расипа, дедо ми

го отвори да го поправа, а јас демнев околу и чекав да излезат сите тие мали

суштества, да не избегаат случајно некаде, или пак мачката да не ги фати,

па да можам навреме да реагирам и да ги спасам. Долго време не можев да

разберам зошто ги немаше и каде ми се сокрија.

Истото го правам и ден денес. Постојано се „фаќам“ себе си како демнам

наоколу и чекам, следам, забележувам... мислам дека јас воопшто не ги

барам сите нив, но моите ликови ги пронаоѓам насекаде. Потоа постојано ми

„зујат“ во главата и морам да им најдам некое место и да ги сместам некаде

за да можат да продолжат да живеат. Со еден збор, си „играм“ Господ. Ако

размислам зошто го правам тоа, или зошто сакам да го правам, ми се чини дека

никогаш нема да го најдам одговорот, претпоставувам затоа што сето тоа ме

боли на некој начин, сакам сите да ги спасам, затоа што сакам да ставам ред

или пак затоа што не го сакам хаосот во кој живееме. Којзнае?

Знам само дека литературата не ја избрав јас како своја професија. Дури не

се ни чувствувам како писател, што многумина би сакале да бидат.Јас сакам

да бидам се’ и мислам дека сум тоа се’, но ете, изгледа не е лесно да се биде

се’, некој друг го има последниот збор, па мене единствено што ми останува во

случајот е само да се ослободам од сета таа „бучава“ што ми „тежи“ во главата.

Поезијата за мене не е свесен избор, туку внатрешен порив, потреба. Не е

определба, но е нешто кое ме определува, ме дефинира, ме прави тоа што сум.

Пишувам затоа што во себе има глас кој не сака да се смири дур не биде

запишан.

„Не, Јас не би пишувала, воопшто

во оние денови во кои би можела да издржам

ништо да не запишам.“

Најверојатно затоа што имам во мене еден надмоќен глас кој неможам да го

задржам, па не би можела да живеам без да го споделам. Ако дозволам да

исчезне тоа што е во мене, без да му обезбедам место за постоење, тоа ќе

ја пресече мојата мисла и би дозволила себе-уништување. Кога пишувам се

поднаместувам за пишување без да го забележам тоа без да сватам дека сум

сместена така удобно и времето поминало толку бргу , бргу што помислувам

дека часовникот ми се расипал. Пишувам за да разоткријам нови светови кои

спијат во мојата свест и се хранат од мојот внатрешен свет. Бидејќи дури не

фрлиш семе во нивата , не никнува, а трње никнуваат и несеани.

°АнетА вАСилевА

ЗОШТО ПИШУВАМ?

°СнежАнА СтојчевСкА

°СлАѓАнА АтАнАСовА

Page 19: Ш - Шепни ми што сакаш

заткУЛИСјЕ/BOOKWORMS 19

Незрелите поети имитираат – зрелите крадат. – т. С. елиот

Вдиши искуство, издиши поезија. – Мјуриел рукајзер

Фикцијата е лага, а добрата фикција е вистината внатре во лагата. – Стивен кинг

Добрата фикција се прави од реалното, а реалното тешко се наоѓа. – ралф елисон

Никогаш не мора да измениш нешто за кое си се разбудил на сред ноќ за да го напишеш. – Сол бело

Пишувај за без пари сѐ додека некој не понуди да ти плати – ако никој не се најде во тек од три години,

тогаш најверојатно пишано ти било да си дрвосечач. – Марк твен

пиШувАчки Финти

Превод: зорица Петкоска

Три жени се носители на насловот, но (не) и на дејствието во новелите: селанката Гриџа, португалската аристокатка и полската продавачка Тонка. Три сосема различни приказни раскажани од три мажи, со видна насоченост да лебдат меѓу реалноста и иреалноста и да ја претвораат емпириската стварност во знаци. Конструкција на една нова стварност, каде јазикот е заменет со немост, олицетворена во жената и нејзината загадочност и мистичност. Голема отуѓеност лежи меѓу половите, а токму во сликањето на оваа напнатост се покажува умешноста на Музил за талкање низ емоционалните лавиринти.

јАзикот нА љубовтА кАј Музил

„три жени“ – роберт Музил ИЗДАНИЕ НА МАГОР [ПРЕВОД ОД ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК ЗОРИЦА НИКОЛОВСКА] ТЕКСТ: АФРОДИТА БОЈАЏИЕВА

„Пеперуткарот“ од Драги Михајловски е збирка раскази која ќе ве зароби во својата мрежа секојдневија

и несекојдневија. Каде на друго место сте чуле за стариот што барал зефирна душа или за еден серт и

задрт комшија? Уште од самите наслови натежнати од јазичен опиум знаете дека ве очекуваат приказни

раскажани со ролеркостер од зборови. Авторот во предговорт сака да е начисто со читателот: „...

пишуваното е курнаски, ликовите и собитијата личат како да се, ама и како да не се стварни, нема многу

извај-приклај таквајнци, ниту ефтини марифетлуци и други непотребни онаквајнци!“

Збирката е полна свежина и од теми и од лексика, живи и возбудливи какви што треба да се сите пишувања.

збороМрежјето нА пеперуткАрот

* ИЗДАНИЕ НА КАПРИКОРНУС, 2010 Г.

МОЖЕ ДА СЕ НАЈДЕ ВО КНИЖАРНИЦИТЕ

НА МАТИЦА. ТЕКСТ: ЗОРИЦА ПЕТКОСКА

Page 20: Ш - Шепни ми што сакаш