12

Изборна Програма - Драган Јовановски

  • Upload
    -

  • View
    259

  • Download
    5

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Изборна Програма на кандидатот за градоначалник за Демир Хисар

Citation preview

Page 1: Изборна Програма - Драган Јовановски
Page 2: Изборна Програма - Драган Јовановски

Почитувани сограѓани,

Нашиот град е мегдан на нашиот предизвик.

Во негова непосредна близина се наоѓа Слепчанскиот манастир "Св. Јован Претеча" - еден од најголемите и добро сочувани манастирски комплекси кој датира од почетокот на XI - тиот век и времето на Македонскиот цар Самоил, на неговата широка територија започнала брсјачката буна кон крајот на XIX - век, а во почетокот на XX - век, 1903-та година во славното Даме Груево Смилево, на Смилевскиот конгрес донесена е историска одлука за кревање на востание против османлиската тиранија. Во текот на народноослободителната борба голем број борци од овој крај ги положија своите животи на борбените барикади за слобода на татковината.

Во Демир Хисар во XIV - век живеле околу педесет илјади луѓе. Во 1967 година имало над дваесет илјади жители. Денес, Демир Хисар има околу осум илјади жители. За таа цел треба да се превземе одговорност да се задржат младите луѓе во Демир Хисар. Овој град располага со многу ресурси кои што треба рационално да се искористат. Затоа граѓаните треба одговорно, смелно и самостојно да ја земат во рацете својата, а со тоа и судбината на градот и на локалните избори ќе направат вистински избор.

Оние кои ме знаат, знаат дека јас и досега имам направено многу за Демир Хисар - учествував во реализација на проектот за асфалтирање на патот Мургашево - Суводол, во изработката на проектот за изградба и осветлување на манастирот "Успение на Пресвета Богородица", конакот од с.Суводол и ред други проекти.

Мојата професија е благородна, да му се помага на секој независно од партиска припадност, националност, пол, возраст. Како иден градоначалник ќе направам во Демир Хисар сите да се почувствуваат рамноправно.

Во вашите раце ја држите програмата за работа за идните четири години. Во неа се содржани реално остварливи проекти чија единствена цел е да обезбедат поквалитетен живот и економски развој за сите граѓани во општина Демир Хисар.

Page 3: Изборна Програма - Драган Јовановски

2

Активностите во мојот четири годишен мандат ќе ги насочам пред се кон остварување на услови за вработување, асфалтирање и реасфалтирање на патишта на цела територија на општина Демир Хисар, унапредување и изградба на водоводни и канализационе мрежи, регулирање на дивите депонии, рактивирање на системот за наводнување капка по капка, подобрување на условите за спорт, образование, здравство, култура и социјала, промоција на земјоделството и локалниот економски развој.

Главниот порив во подготовката на оваа програма беше да понудиме активности чија цел ќе биде да се задржат младите на подрачјето на општината Демир Хисар и да им се понудат можности да формираат семејство со цел да се спречи миграцијата од село- град и село-странство.

Ја барам вашата поддршка за остварување на оваа моја визија.

Искрено,

Драган Јовановски

Page 4: Изборна Програма - Драган Јовановски

3

Инфраструктура

Водовод и канализација

Проблем:

Во одделни населени места постои проблем со недостиг на вода како по квалитет така и по квантитет. Причини за тоа се намалената издашност на изворите и дотраеност на секундарната мрежа во населените места. Иако се повеќе од свесни за ваквите состојби, надлежните органи во изминатите години не сторија ништо за соодветно одржување на водоводните мрежи.

Решение:

Изработка на техничка документација за реконструкција и изградба на водоводни системи во населените места, како и нивно одржување од страна на јавно претпријатие основано од општината. Изработка на студија за централно водоснабдување на населените места во оптштината Демир Хисар со што ќе се обезбеди доволна количина на вода со подобар квалитет и пониска цена. Со оваа активност ќе се постигне по природен пат можност за водата да биди многу поефтина како и хемиски и физички исправна вода за пиење. Од друга страна ќе се овозможат услови за наводнување како и услови за изградба на капацитети за вработување.

Проблем:

Во повеќето населени места нема изградено систем за собирање и одведување на отпадните фекални води. Тие се собираат во непрописно изградени септички јами кои што ги пропуштаат тие води и ги загадуваат подземните води и водотеци со што се загадува животната средина со штетни последици за граѓаните особено кај помладата популација.

Page 5: Изборна Програма - Драган Јовановски

4

Решение:

Изградба на канализациони системи и прочистителни станици во населените места Демир Хисар и Слепче и ставање во функција на веќе изградените на канализациони системи и прочистителни станици во Сопотница, Суводол и Кутретино.

Сообраќај

Изградба, пробивање и асфалтирање на улици и патишта

Проблем:

Пристапот до населените места Церово, Боишта и Радово е преку земјен пат што ја отежнува комуникацијата на тие населени места со центарот на општината и претставува сериозен предизвик во пружањето услуги до граѓаните, особено во доменот на здравствената заштита.

Решение:

Изградба на локални патишта за населени места кои што досега не се изградени (Церово, Боишта, Радово) и реконструкција на веќе изградените. Со изградба на локален пат со асфалтен коловоз ќе се скрати времето за патување и ќе се овозможи заживување на селата, односно ќе се овозможи миграција ГРАД-СЕЛО.

Дополнително, ќе пристапиме и кон реасфалтирање на регионалниот пат Демир Хисар – с.Света и асфалтирање на регионалниот пат Демир Хисар – Ресен.

Page 6: Изборна Програма - Драган Јовановски

5

Наводнување

Проблем:

Последните години заради изменетите хидролошки услови, нивото на водата во речните корита е минимален, а повеќето од нив во текот на летниот период пресушуваат и не можат да се користат за наводнување.

Решение:

Изградба на акумулација на Боишка река (кое ќе ги акомулира водите во есенскиот и зимскиот период, а ќе се користат во летниот период) со каналски систем за наводнување на земјоделските површини, но и со можност за обезбедување на централно водоснабдување на населените места во општина Демир Хисар.

Реактивирање на системот за наводнување капка по капка во с.Суводол, Мургашево, Кутретино и Стругово. Системот капка по капка обезбедува користење на мала количина на вода но поголема ефикасност и ефективност во производството на земјоделските култури.

Page 7: Изборна Програма - Драган Јовановски

6

Инвестиции и

економски развоj

Активностите во мојот четири годишен мандат ќе ги насочам пред се кон остварување на услови за вработување. Претходно, во најкраток временски период ќе ја снимам целокупната ситуација во општината Демир-Хисар како во областа на стручниот кадар така и во областа на материјалните добра што ги поседува општината. Сите капацитети што ги поседува општината како што се фабрики, стручен кадар, расположливи ресурси во земјоделието, културата, шумите итн. ќе бидат детално анализирани и во кратки црти ќе се формира проект за целокупната состојба во општината.

Економски развој

Проблем:

Постојната индустриска зона за која постои детален урбанистички план, инфраструктурно не е уредена и на истата не може да се градат индустриски објекти.

Решение:

Експропријација на земјиштето и инфраструктурно уредување. Со ова ќе се овозможи остварување на услов за изградба на фабрики со што ќе се постигнат очекуваните резултати во областа на вработувањето.

Page 8: Изборна Програма - Драган Јовановски

7

Проблем:

Општина Демир Хисар располага со деловни објекти кои што не се функционални, а истите можат да се адаптираат и да се понудат на инвеститори.

Решение:

Веднаш по стапувањето на власт, објектите ќе ги дадеме на странски и домашни инвеститори кои ќе понудат специјално изработени проекти со цел намалување на невработеноста.

Проблем:

Општина Демир Хисар се соочува со сериозен предизвик за економски развој кој произлегува од недостапноста на финансиски сретства и неможноста за користење на поволни кредити со што се намалува можноста за реализација на бизнис плановите кои шти ги имаат граѓаните

Решение:

Формирање на кластер за инвестициски кредити за кои како гарант ќе се јавува општината за поддршка на бизнис планови за почетни и постојни бизниси без камата.

Проблем:

Во општина Демир Хисар, заради непостоење на соодветна инфраструктура, не се искористени потенцијалите за развој на алтернативниот туризам (манастирски, селски, ловен, планински).

Решение:

Изградба на пристапи до културно-историските споменици и локалитети со соодветна сигнализација, поттикнување на приватни инвеститори во изградбата на соодветни објекти за сместување на туристите и поддршка на приватниот сектор (едукација, пропаганден материјал, поволни кредити за отпочнивање на таква дејност).

Page 9: Изборна Програма - Драган Јовановски

8

Подобри услуги за

граѓаните

Едношалтерски систем

Проблем:

Во општината за извршување на било каква административна услуга странките одат од една во друга канцеларија, не знаејќи кој може да им помогне и како и каде можат да го решат нивниот проблем.

Решение:

Формирање на едношалтерски систем каде што корисниците на едно место ќе ги добиваат сите информации и услуги од надлежност на општината.

Јавен превоз

Проблем:

Изминативе години јавниот превоз на општинско ниво не е на задоволително ниво од причини што јавен превоз нема до сите населени места во општината, а во летниот период тој практично и не постои.

Решение:

Доделување на дозволи за вршење на јавен превоз на соодветни компании кои што редовно ќе сообраќаат до населените места по однапред утврден возен ред.

Page 10: Изборна Програма - Драган Јовановски

9

Квалитетен живот

Екологија и зеленило

Проблем:

Во општина Демир Хисар има многу диви депонии, од тие причини можни се нарушувања на здравјето на луѓето како и на стоката.Во населените места на општина Демир Хисар, собирањето на комуналниот отпад не е организирано. Комуналниот отпад се депонира на несоодветни места (речни корита, патишта, улици) со што доаѓа до загадување на животната средина.

Решение:

Организирано собирање на отпадот од страна на новоформирано јавно претпријатие, набавка на соодветни возила и депонирање на отпадот, сметот и шутот во уредена депонија која ќе ги исполнува законски утврдените санитарно-технички стандарди.

Образование

Проблем:

Во основните училишта, особено во подрачните училишта, просторните услови за следење на наставниот процес не се на потребното ниво. Училиштата се со стара дограма, стари клупи, стари подови и нефункционална опрема без современи нагледни средства.

Решение:

Реконструкција на постојните подрачни училишта и набавка на соодветна опрема и нагледни средства за нормално следење на наставниот процес.

Page 11: Изборна Програма - Драган Јовановски

10

Спорт

Проблем:

Во повеќето населени места во општина Демир Хисар не постојат соодветни спортски објекти, но и недостасуваат форми за организирано спортско натпреварување (општински лиги за разни спортови).

Решение:

Реконструкција на постојни спортски објекти (фудбалски стадион Демир Хисар) и изградба на нови објекти во останатите населени места каде истите не постојат. Формирање на општински лиги за фудбал, ракомет, кошарка.

Култура

Проблем:

Во општина Демир Хисар не постојат културни манифестации кои што ќе го зачуваат и ќе ги презентираат традициите, фолклорот и културно историските вредности на Демир Хисар.

Решение:

Збогатување на содржините на манифестацијата Денови на Смилевски Конгрес, поддршка на манифестацијата Славење на Пирејот и други културни манифестации, како и востановување на нови културни манифестации (Златен Глас на Демир Хисар и др.)

Санирање и достоинствено одржување на спомениците од НОБ и Илинден.

Page 12: Изборна Програма - Драган Јовановски