32
година III специјално издание 2013 година Општина Центар www.centar.gov.mk Детско едукативно списание Бесплатен примерок [email protected] ДЕН НА ПОБЕЗБЕДЕН ИНТЕРНЕТ ИНТЕРНЕТ ФЕЈСБУК КРИЕЈТИВ КОМОНС НАШИ СОВЕТИ ИНФОРМАТИЧКА КНИГА НА ПИОНЕРИ ЗАБАВА ТОП ЛИСТА

Специјален број посветен на интернет

Embed Size (px)

DESCRIPTION

детско едукативно списание

Citation preview

Page 1: Специјален број посветен на интернет

година III специјално издание 2013 година

Општина Центар

www.centar.gov.mk

Детско едукативно списание

Бесплатен примерок

[email protected]

ДЕН НА ПОБЕЗБЕДЕН ИНТЕРНЕТ

ИНТЕРНЕТ

ФЕЈСБУК

КРИЕЈТИВКОМОНС

НАШИ СОВЕТИ

ИНФОРМАТИЧКАКНИГА НА ПИОНЕРИ

ЗАБАВА

ТОП ЛИСТА

Page 2: Специјален број посветен на интернет

СОДРЖИНА

Издавач: ОУ „11 Октомври“ Скопјеул.„Мирче Ацев“ бр.102 Издавачки совет:Глaвен и одговорен уредник: Ристо БојчевТехнички уредник: Ирина ИвановаУредник: м-р Билјана Лалчевска СерафимовскаУредник: Звонимир АтанасовЛектор: Ристо БојчевСоработници од општина Центар: Мирјана Симјановска - Раководител на Одделение за образование, спорт и култура, Лидија Неделковска - раководител на Одделение за односи со јавност, Вера Новакова - Одделение за односи со јавност, Тинка Маневска-Одделение за информатичко технички работиe mail: [email protected]Ова списание е финансиски поддржано од општина Центар. Тираж: 2100 Министерството за образование и наука на Република Македонија со решение број 11-6510/3, дава согласност за употреба на списанието „Центар 11“ во воспитно образовната работа во основните училишта.

КРИЕЈТИВ КОМОНС14-15

ПРОМОВИРАЊЕ НА

ИНФОРМАТИКАТА

ВО УЧИЛИШТАТА

25

WORDSEARCH

28ЕЛЕКТРОНСКО

НАСИЛСТВО6-7

ФЕЈСБУК12-13

КВИЗ10-11

ИНТЕРНЕТ4-5

СТРИП26

МОЕТО ПРАВОНА ПРИВАТНОСТ

24

ОД ОПШТИНАТА

20-24

БЕЗБЕДНО НАИНТЕРНЕТ

8-9 ДА СЕ НАСМЕЕМЕ30

КРСТОЗБОР

29

ТОП

ЛИСТА & ХОРОСКОП

31

ДЕН НА ПОБЕЗБЕДЕН ИНТЕРНЕТ

3

ИНФОРМАТИЧКА КНИГА НА ПИОНЕРИ18-19

Модерниот начин на живеење од сите нас бара редовно користење на достапната модерна технологија, пред сè компјутерот и интернет мрежите. Во секоја област колку и да е таа полезна, секогаш постојат опасности од кои мора да се заштитиме. Ако станува збор за сообраќајот, тогаш мора да бидеме внимателни и да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи. За таа цел секојдневно се среќаваме со предупредувања, совети и најразлични обуки од оваа област. Иако навидум безопасен, интернетот на свој начин претставува опасност од која мораме и можеме да се заштитиме. Под насловот „Безбедност на интернет“, 5-ти февруари е прогласен за меѓународен ден. Секако дека ние во текот на целата година треба да бидеме внимателни, исто како и во сообраќајот. Редакцијата на детското едукативно списание „Центар 11“ ја согледа опасноста од злоупотреба на информации пласирани на интернет и почувствува потреба овој број целосно да го посвети токму на оваа тема. Се надеваме дека преку содржините ќе помогнеме за поголема безбедност во овој вид сообраќај, интернет.

Page 3: Специјален број посветен на интернет

3

Наша темаДЕН НА ПОБЕЗБЕДЕН ИНТЕРНЕТ

Меѓународниот ден на побезбеден интернет оваа година се одбележува на 5 февруари. Овој настан се организира секоја година со цел да се промовира побезбедно и поодговорно користење на онлајн технологијата, особено меѓу децата и младите од целиот свет. Како иницијатива на проектот на Европската Унија, Безбедни граници, во 2004 година, денот на побезбеден интернет сега се одбележува во голем број на земји ширум целиот свет. Секоја година паралелно се организираат стотина јавни настани за да се подигне свеста на луѓето за проблемите и ризиците на кои се изложени децата на интернет. Оваа кампања се однесува подеднакво како на информирање на децата, така и информирање и на родителите и наставниците. Во својот фокус, Денот на побезбеден интернет има тема поврзана со интернет и онлајн безбедноста. Тема на овогодинешната прослава, десетта по ред, е „Онлајн права и одговорности“, а слоган на прославата е „Поврзи се со почит“.

Воведување на настанот Ден

на побезбедно користење на

интернет

6.02.2004 8.02.2005INSAFE мрежата

по прв пат организира

одбележување на Денот на побезбеден

интернет

7.02.2006Блогерски настан:

креирани 103 постовиод 34 земји за 24 часа

6.02.2007

Спогодба за заштита на децата од страна

на оператори од мобилна телефонија

во Брисел

12.02.2008За прв пат кампања

на одредена тема и видео спот

за Денот на побезбеден интернет

10.02.2009Креиран е заштитен

знак и маскота. Потпишан документ

за принципи забезбедно користење од големите социјални

мрежи во ЕУ

9.02.2010

Изложба на фотографии и

мултимедијални дела во Европскиот

парламент

8.02.2011 Учество на 73

земји со 685 онлајн регистрации

Подготвен е сет од активности за Денот

на побезбеден интернет наменет за

училиштата

7.02.2012 298 милиони луѓе

ги виделе подготвените

медиумски содржини за Денот на

побезбеден интернет преку интернет

5.02.2013 Јубилеј - десет

години одбележување на Денот на безбедно

користење на интернет

Page 4: Специјален број посветен на интернет

4

ИНТЕРНЕТ

Интернетот е глобална компјутерска мрежа која овозможува пристап до информации и други ресурси. Името Интернет е добиено како кратенка од INTERna-tional NETwork - INTERNET што во превод би значело меѓународна мрежа.

Не постои ниту една институција или држава која управува со работата на интернет. Како резултат на фактот дека во основа секој во светот може да се поврзе на интернет без било какви ограничувања, Интернетот се смета за јавен сервис.

Кога настанал Интернетот?Корените на Интернет се во 1969 година, кога е создадена ARPANET (Advanced Research Project Agency Network) - воена комуникациска мрежа користена од американското Министерство на одбрана. Цел на настанокот на оваа мрежа бил поврзување на одреден број компјутери во САД. Развојот на мрежата напредувал за време на Студената војна. Во почетокот на 70-тите Интернетот можеле да го употребуваат универзитетите, војската и некои други државни организации во САД. Бројот на вмрежени компјутери растел. Интернетот добил комерцијална употреба дури во 90-десетите години.

Што е тоа Интернет сервис?Интернет нуди голем број на услуги кои се викаат Интернет сервиси. Најчесто користени Интернет сервиси се:1. E-mail - сервис за примање и испраќање на електронска пошта.2. Интерактивно комуницирање - сервис за текстуално, звучно или видео комуницирање меѓу луѓето кои се во исто време на интернет.3. WWW (World Wide Web) - сервис за поставување на свои и разгледување на други веб сајтови.4.Search Engines (машини за пребарување) - сервис за пронаоѓање потребни информации на интернет.5. E-commerce - сервис за он-лајн купување и продавање различни производи и вршење на различни он-лајн услуги.

Образовна функција на ИнтернетотОд аспект на образованието можат да се истакнат многу предности кои ги дава користењето на интернетот:1. Подобрување на општата информираност.2. Следење на најновите достигнувања на полето на природните и општествените науки.3. Олеснета комуникација.4. Учење на странски јазици и запознавање на различни култури.5. Учење на најефикасни техники на пронаоѓање информации и извори на податоци.

Page 5: Специјален број посветен на интернет

5

Интернет сленгБазиран на европскиот јазик, а со цел да се забрза и поедностави текстуалната комуникација меѓу корисниците на интернет, создаден е неформален жаргон (и сè уште се развива) т.е. познат под името Интернет сленг. Презентираме неколку примери:

2 = to (за)LOL = laughing out loud (гласно смеење)TY/THX = thank you (благодарам)U2 =you too (и ти исто)GL = good luck (со среќа)SU = shut up (замолчи)DND = do not disturb (не вознемирувај)w8 = wait (почекај)NOYB = none of your business (не е твоја работа, не те засега)BTW = by the way (патем)m8 = mate (пријателе)HF = have fun (забавувај сè)EOD = еnd оf discussion (крај на дискусијата)TLK2UL8R = talk to you later (ќе зборуваме подоцна)F2F = face to face (лице во лице)FFAQ = frequently asked questions (најчесто поставувани прашања)W8ING4U = waiting for you (те чекам)IMO = in my opinion (според мое мислење)k = short for “OK” (кратенка за „во ред“)

Интернет кориснициСпоред последните информации на веб-страницата Интернет Ворлд Статс, бројот на интернет корисници изнесува околу две и пол милијарди.

Интернет занимливостиСекој месец се пребаруваат неверојатни 11 билиони поими од кои најголем дел се пребаруваат на google (околу 66 проценти)

На различни веб страници секој месец се остваруваат 15 билиони он-лајн гледања.

Во САД секоја 8-ма брачна двојка се пронашле или запознале по пат на интернет.

ТОП 10 најпопуларни сајтови(Според агенцијата Alexa базирано на

проучувањето во последните три месеци)

1. Facebook 2. Google 3. YouTube 4. Yahoo 5. Baidu 6. Wikipedia 7. Windows Live 8. Amazon 9. QQ 10. Twitter

ТОП 10 најпопуларни сајтови за деца и тинејџери

(Според агенцијата Alexa базирано на проучувањето во последните три месеци)

1. ESPN Cricinfo 2. Thesaurus.com 3. Weebly 4. BBC Sport Football 5. Battle.net 6. Y8 7. Universal Currency Converter 8. Time and Date 9. Xbox 10. GameSpot

Page 6: Специјален број посветен на интернет

6

ЕЛЕКТРОНСКО НАСИЛСТВО

ДЕЦАТА И ИНТЕРНЕТОТ

Големото и брзо зголемување на бројот на корисници на интернет како и на корисниците кои не се запознати со основните принципи за заштита на податоците и правилно користење на интернет, доведува до чести случаи на различни видови злоупотреба. Навидум безопасни прикачувања од e mail порака или давањето на лични податоци на некоја веб страна може да доведе до тешки последици.

Електронско насилство е кога лице или група на луѓе со помош на интернет, интерактивни и дигитални технологии или мобилни телефони се закануваат, задеваат, понижуваат, засрамуваат, вознемируваат или пак на некој друг начин нанесуваат неправда на друго лице. За некого, електронското насилство, може да изгледа безопасно, но овој вид на насилство е многу сериозен, бидејќи има најголем број на „публика“ до која лесно стигнуваат информации од секаков вид и на тој начин сè што е напишано останува засекогаш како болно сеќавање на некоја преживеана траума. Децата кои се малтретирани преку интернет или преку некој друг вид на електронска технологија, честопати се чувствуваат повредени и отфрлени од своите врсници. Ова може да доведе до мала самопочит и депресија. Затоа, електронското насилство не треба да се толерира и треба веднаш да се пријави кај соодветните одговорни лица или институции.

Многу деца наместо социјалните страни кои се наменети за нив, многу често ги користат социјалните страни кои се дизајнирани за возрасни. За жал, некои од информациите кои децата ги поставуваат на своите профили на социјалните мрежи, можат да ги направат мета на психолошка манипулација и електронско малтретирање Децата може - намерно или не намерно – да споделат лични информации, без да сфатат дека можат да бидат предмет на кражба на идентитет, или дека зад себе оставаат содржина која може не убаво да се одрази на нив во иднина. Децата имаат тенденција да бидат понаивни, верувајќи секому, ставајќи се себе си во ситуација да бидат во контакт со лица кои се претставуваат како нивни врсници.

Page 7: Специјален број посветен на интернет

7

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

ОНЛАЈН ПРЕДАТОРИ

ОПАСНОСТИ НА ИНТЕРНЕТ

ШТО СЕ ТОА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?

Голем број од интернет корисниците мислат дека нивните податоци воопшто не се важни и дека нема опасност по нивната физичка и психичка безбедност што претставува голема грешка.

Онлајн предатори се луѓе кои психички и физички малтретираат деца на Интернет. Тие ја користат анонимноста која ја дава интернетот и лажно се претставуваат се со цел да воспостават онлајн однос со дете и да го злоупотребат. Предаторите се претставуваат како многу срдечни и љубезни луѓе кои ги разбираат децата и нивните проблеми. Користејќи ги добиените информации тие се зближуваат со децата, а потоа постепено го наведуваат детето на разговор на теми кои всушност и биле цел на предаторот. Во потешките случаи, онлајн предаторите успеваат да го наговорат детето на средба „во живо“, што може да заврши со многу тешки последици за детето. Постојат бројни примери кога наивното дете завршува како жртва во трговија со луѓе или е сексуално или на некој друг начин злоупотребено.

Личен податок е кој било податок поврзан со некоја личност кој овозможува таа личност да биде идентификувана. Личен податок претставува името и презимето, датумот на раѓање, возраста, адресата, телефонскиот број, матичниот број.

СО ПОВРЗУВАЊЕ НА ТВОИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ СЛИКА ЗА ТЕБЕ !

Злоупотреба на лични податоци

Онлајн предатори

Малтретирање од врсници

Онлајн коцкањеи кладење

Финансиски опасностиХакери

Интернет зависност

Несоодветни содржини за деца

Компјутерски вируси и други штетни програми

Несакана електронска пошта (спам)

Page 8: Специјален број посветен на интернет

8

БЕЗБЕДНО

НА ИНТЕРНЕТ

ДОБРО РАЗМИСЛИ ПРЕД ДА ОТКРИЕШ

НА ИНТЕРНЕТ:

ДОКОЛКУ НЕКОЈ ТЕ ВОЗНЕМИРУВА НА ИНТЕРНЕТ ИЛИ ПРАВИ ДА СЕ ЧУВСТВУВАШ НЕПРИЈАТНО, КАЖИ ИМ НА РОДИТЕЛИТЕ,

НА НАСТАВНИКОТ ИЛИ НА НЕКОЈ ДРУГ ВОЗРАСЕН ВО КОЈ ИМАШ ДОВЕРБА!!!!

БИДИ ВНИМАТЕЛЕН КОГА НА ИНТЕРНЕТ НЕКОЈ НЕПОЗНАТ ЌЕ ТИ КАЖЕ:

- ВО КОЕ УЧИЛИШТЕ УЧИШ- КАДЕ ЖИВЕЕШ- КОЛКУ ГОДИНИ ИМАШ- ТВОИ ФОТОГРАФИИ

• ДА СЕ СРЕТНЕМЕ „ВО ЖИВО“• ВЕРУВАЈ МИ, НА НИКОГО НЕМА ДА ЈА

ОТКРИЈАМ ТВОЈАТА ТАЈНА• КОЈ Е БРОЈОТ НА ТВОЈОТ МОБИЛЕН• ЗНАМ НЕКОЈ ШТО МОЖЕ ДА ТИ ПОМОГНЕ• АКО НЕ НАПРАВИШ КАКО ШТО ТИ

КАЖУВАМ .....ИЛИ ТИ ИСПРАЌА НЕСООДВЕТЕН МАТЕРИЈАЛ И ЗБОРУВА НА ТЕМИ КОИ СЕ НЕПРИЈАТНИ ЗА

ТЕБЕ

НЕ ЗАБОРАВАЈ:1. НЕ СЕ СИТЕ ЛУЃЕ ОНАКВИ КАКО ШТО СЕ ПРЕТСТАВУВААТ НА

ИНТЕРНЕТ2. НА ИНТЕРНЕТ СЕКОЈ МОЖЕ ДА ОБЈАВИ ШТО САКА, ПА ЗАТОА НЕ

ВЕРУВАЈ ВО СЕ ШТО ЌЕ ПРОЧИТАШ3. НЕ МОЖЕШ ДА БИДЕШ СИГУРЕН/А КОЈА Е ЛИЧНОСТА ОД „ДРУГАТА

СТРАНА“4. НЕ Е ТВОЈА ВИНА ДОКОЛКУ ДОБИЕШ НАВРЕДЛИВА ИЛИ

НЕСООДВЕТНА ПОРАКА

Page 9: Специјален број посветен на интернет

9

НАШИ СОВЕТИ

Интернетот овозможува патување во непознати и бескрајни пространства, стекнување на нови знаења и пријатели, можност да се слуша музика, да се игра. Интернетот дава слобода и нуди многу предизвици на кои тешко може да се одолее. Има многу добри страни и од него не треба да се плашиме. Правилната едукација и правилното воведување на детето во светот на интернетот кај него развива чувство на одговорност и подготвеност за соочување со опасностите на кои може да наиде како и соодветно да реагира кога ќе наиде на несоодветна содржина. Ние ви презентираме неколку совети кои ќе ви овозможат поголема безбедност и сигурност во светот на интернетот.

6. НЕ ОДГОВАРАЈ НА НЕСООДВЕТНА ИЛИ НАВРЕДЛИВА ПОРАКА

7. НЕ ОТВАРАЈ ПОРАКИ КОИ ПРИСТИГНУВААТ ОД НЕПОЗНАТИ ЕЛЕКТРОНСКИ АДРЕСИ

8. НЕ КУПУВАЈ ПО ПАТ НА ИНТЕРНЕТ БЕЗ ДОЗВОЛА И ПРИСУТНОСТ НА РОДИТЕЛИТЕ

4. КОРИСТИ „СИЛНИ“ ЛОЗИНКИ КОИ СЕ КОМБИНАЦИЈА ОД МАЛИ И ГОЛЕМИ БУКВИ, БРОЕВИ И ИНТЕРПУНКЦИСКИ ЗНАЦИ

5. НА НИКОГО НЕ ГИ КАЖУВАЈ ТВОИТЕ ЛОЗИНКИ, ДУРИ НИ НА НАЈДОБРИОТ ПРИЈАТЕЛ

1. НЕ ОДИ НА СРЕДБА СО НЕКОГО КОГО ПРВ ПАТ СИ ГО ЗАПОЗНАЛ/А НА ИНТЕРНЕТ

2. НЕ ДАВАЈ НА ИНТЕРНЕТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ТЕБЕ, ТВОИТЕ РОДИТЕЛИ И ПРИЈАТЕЛИ

3. ПРЕД ДА ПОСТАВИШ ФОТОГРАФИИ НА ИНТЕРНЕТ НА КОИ ОСВЕН ТЕБЕ ИМА И ТВОИ ДРУГАРИ, ПОБАРАЈ СОГЛАСНОСТ ОД НИВ

Page 10: Специјален број посветен на интернет

10

1. Интернетот ни дава пристап до многу ресурси до кои инаку не можеме да дојдеме?

Точно Неточно

2. Информациите кои ги наоѓаме на интернет секогаш се вистинити. Не би биле ставени на интернет воопшто, доколку не се вистинити.

Точно Неточно

3. Се што испраќам од мојата приватна електронска пошта или чет, не може да се види од страна на други лица.

Точно Неточно

4. Веб страните мора да имаат моја дозвола за да публикуваат лични податоци за мене, како што се мојот телефонски број, адреса или датум на раѓање.

Точно Неточно

5. Доколку сакам да дознаам нешто за некое непознато лице кое ми испраќа инстант пораки, можам да го проверам неговиот профил и да и верувам на добиената информација.

Точно Неточно

6. Со инсталирање на антивирусна програма, мојот компјутер е безбеден.Точно Неточно

7. Со инсталирање на програми кои блокираат недобронамерни веб страни на мојот компјутер, јас ќе бидам безбеден/а.

Точно Неточно

8. Секогаш можам да им верувам на електронските пораки и прилози кои ги добивам од моите пријатели.

Точно Неточно

9. Луѓето кои на интернет најчесто бараат деца за да им наштетат, не можат да бидат фатени, додека не злоупотребат најмалку 30 деца.

Точно Неточно

К В И З

Page 11: Специјален број посветен на интернет

11

1. Интернетот ни дава пристап до многу ресурси до кои инаку не можеме да дојдеме? Тоа, најверојатно е и најдобрата работа за интернетот.... ни дава инстантен пристап до работите кои се далеку, кои се недостапни во нашата околина, кои сè уште не постојат. Тој е туристички агент, водич и забава со пријателите кои се далеку од нас!.

2. Информациите кои ги наоѓаме на интернет секогаш се вистинити. Не би биле ставени на интернет воопшто, доколку не се вистинити. Интернетот е еден отворен форум за секој што сака да биде информиран. Пристрасноста е повеќе правило отколку исклучок. Процени ги внимателно СИТЕ информации кои се наоѓаат на веб страните, без разлика дали станува збор за лични или јавни информации!

3. Се што испраќам од мојата приватна електронска пошта или чет, не може да се види од страна на други лица. Има луѓе и програми кои можат да ја „видат“ твојата лична коресподенција на интернет. НИКОГАШ не испраќајте лични информации, освен ако сте сигурни дека страната е безбедна.

4. Веб страните мора да имаат моја дозвола за да публикуваат лични податоци за мене, како што се мојот телефонски број, адреса или датум на раѓање. Некои веб страни бараат ваша дозвола за користење и публикување на вашите лични податоци, проценете дали се сигурни овие веб страни пред да продолжите. Но постојат и веб страни кои едноставно ги „крадат“ вашите податоци и бесправно ги користат.

5. Доколку сакате да дознаете нешто за некое непознато лице кое ми испраќа инстант пораки, можам да го проверам нивниот профил и да и верувам на добиената информација. Една од работите кои ги нуди интернетот е анонимноста... ова е и една од најстрашните работи. За разлика од реалниот свет, преку интернет не може да се провери и потврди возраста или локацијата на лицето. Затоа на овој начин е многу лесно да се излаже и да не се дознае за тоа.

6. Со инсталирање на програма за заштита и проверка од вируси, мојот компјутер е безбеден. Самото инсталирање на програмата, помага одредено време, но постојано се шират нови и неоткриени вируси. Најмалку еднаш месечно ажурирајте ја програмата за заштита и скенирајте го целиот компјутер.

7. Со инсталирање на програми кои блокираат веб страни на мојот компјутер, јас ќе бидам безбеден/а. Одредени програми кои блокираат веб страни не гарантираат дека вашите податоци нема да бидат пренесени преку интернет, а со тоа ве изложуваат на ризик.

8. Секогаш можам да им верувам на електронските пораки и прилози кои ги добивам од моите пријатели. Новите програми и вируси кои може да бидат дел од примената порака или прилог, откако ќе се отворат, без ваша дозвола испраќаат електронски пораки во ваше име до сите ваши контакти. Секогаш проверете дека пораката што сте ја добиле е од сигурен извор.

9. Луѓето кои на интернет најчесто бараат деца за да им наштетат, не можат да бидат фатени, додека не злоупотребат најмалку 30 деца. За жал, многу од педофилите се фатени дури откако ќе им наштетат на многу деца.

(Превземено и прилагодено од Kentucky Center for School Safety)

Page 12: Специјален број посветен на интернет

12

ФЕЈСБУК

ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА

Популарноста на социјалните мрежи постојано расте. Тие овозможуваат нов начин на комуникација како и употреба и размена на различни содржини. Најголема и најпопуларна виртуелна заедница од тој тип е секако Фејсбук. Создаден 2004 година од страна на тогаш 19-годишниот студент Марк Цукерберг, на почетокот Фејсбук бил наменет само за студентите од Хардверд. Подоцна на оваа мрежа и се приклучуваат и други универзитети, средни училишта, компании.

Ви презентираме дел од опциите кои можете да ги искористите за заштита на својата приватност на Фејсбук.

3. Подесувањата за тоа кој може да ги види вашите пријатели ќе ги пронајдете во „Пријатели -> Измени“.

4. Веднаш кога ќе објавите фотографија или албум со фотографии треба да подесите кој се може да ги гледа. Исто така кога некој ќе ве означи на фотографија („тагне“) доколку сакате можете да ја отстраните ознаката (го избирате копчето во горниот десен агол на фотографијата, одбирате Пријави/отстрани ознака, а потоа одбирате една од понудените опции: да ја отстраните ознаката или да ја тргнете сликата од Фејсбук.

2. Задолжително погледнете ја опцијата „Прилагодувања за времепловот и за означување“. Тука прилагодувате: кој може да објавува на вашиот времеплов, кој може да ги гледа работите на вашиот времеплов и како да управувате со означувањата кои ги додаваат луѓето и со предлозите за означување.

Иако за многумина Фејсбук претставува добра забава и место каде можете да ги пронајдете старите пријатели, да запознаете нови, да се информирате, важно е да се спомене и неговата негативна страна. На Фејсбук постојат различни начини на злоупотреба, а децата се најзагрозена целна група.

1. Основните поставки за приватност се подесуваат со избор на соодветното копче во горниот десен агол каде можете да подесите кој може да ги види вашите објави, кој може да контактира со вас и како да ги блокирате лицата кои ве вознемируваат.

Page 13: Специјален број посветен на интернет

13

Марк Цукерберг во една пригода изјавил дека додека е жив не би сакал некој да сними филм за него. Но со оглед на тоа што неговото име е поврзано со многу контраверзности и е еден од најмладите милијардери во светот, не е тешко да се претпостави дека неговата желба нема да се исполни. “The Social Network” (Социјална мрежа) е филм снимен 2010 година и говори за создавањето на најголемата социјална мрежа во светот - Фејсбук. Филмот има освоено три Оскари - за најдобро адаптирано сценарио, оргинална музика и најдобра монтажа.

Користи ги подесувањата за приватност!

За пријатели прифати ги само оние кои ги знаеш во реалниот живот!

Доколку имаш профил на Фејсбук или на било која друга социјална мрежа или блог каде луѓето можат да остават коментари, редовно проверувај ги!

Не одговарај на навредливи и вознемирувачки пораки. Блокирај го лицето кое ти ги праќа ваквите пораки!

Не пишувај во статусот кога со семејството заминуваш на одмор, тоа е исто како да ги каниш крадците во својот дом!

Пред било што да објавиш, размислете барем два пати. Секоја содржина не е секогаш примерна за објавување!

Избегнувајте ги страниците кои тврдат дека ќе ви покажат кој го гледа вашиот профил!

Никогаш не внесувајте корисничко име и лозинка пред убаво да проверите на која интернет адреса сте (доколку не сте на facebook.com можно е да сте на лажен фејсбук)!

Избегнувајте ги страниците кои ве тераат да ги лајкнете како би ја виделе нивната содржина!

Не ја давајте својата лозинка никому. На крајот не заборавајте да се одјавите!

НАШИ СОВЕТИ

ФЕЈСБУК НА ФИЛМСКО ПЛАТНО

Page 14: Специјален број посветен на интернет

14

КРИЕЈТИВ КОМОНС

КРИЕЈТИВ КОМОНС ЛИЦЕНЦИ

Криејтив Комонс лиценците му овозможуваат на сопственикот на авторското дело да ја заштити својата работа, но и воедно да овозможи користење на своето дело по сопствени услови. Се користат за лиценцирање на дела кои се заштитени со закон како што се: книги, блогови, фотографии, филмови, песни и сл. Криејтив Комонс лиценците дозволуваат сами да го одберете начинот на користење на своите авторски дела - копирањето, прикажувањето, адаптацијата, дистрибуцијата и комерцијалната употреба. Користењето на овие лиценци започна во декември 2002 година од страна на непрофитната американска организација Криејтив Комонс.

Со комбинирање на основните типови лиценци се добиваат 16 можни лиценци од кои 11 се валидни. Од нив, пет не содржат авторство кое го бараат најголемиот број на автори. Најчесто користени комбинации од лиценци се:

1. Наведи извор - Сподели под исти услови (дозволува комерцијална употреба на делото)

2. Наведи извор - Некомерцијално

3. Наведи извор - Без адаптирани дела (дозволува комерцијална употреба на делото)

4. Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови

5. Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела (лиценца која најмногу го ограничува корисникот)

Наведи извор (Attribution) BY

Сподели под исти услови (Share Alike) SA

Некомерцијално (Noncommercial) NC

Без адаптирани дела (No Derivative Works) ND

Дозволува копира-ње, дистрибуција,

прикажување и изведување на делото како и

негова адаптација под услов да се наведе името на

авторот.

Дозволува дистрибуција на адаптирани дела само под лиценца

идентична на онаа под која

е лиценцирано делото.

Дозволува копирање, дистрибуција,

прикажување и изведување на делото како и

негова адаптација, но само во

некомерцијални цели.

Дозволува копирање, дистрибуција,

прикажување и изведување на веродостојни

копии од делото (не и адаптирани

верзии).

Page 15: Специјален број посветен на интернет

15

КРИЕЈТИВ КОМОНС И МАКЕДОНИЈА

МОТО НА КРИЕЈТИВ КОМОНС

Од 2007 година и Македонија е земја-членка на семејството на Криејтив Комонс. Преку порталот www.cc.org.mk. сите автори на е-содржини ќе може да дознаат повеќе за лиценците како и да постават линкови до своите лиценцирани дела. Порталот на авторите кои немаат можност да ги објават делата на сопствени сајтови им овоможува и хостирање.

Лиценците „Криејтив комонс“ се наоѓаат помеѓу лиценците со кои сите права се задржани (C) и лиценците според кои делата можат да се користат без никакви ограничувања и услови (PD). Тоа е модел на отворен пристап во кој самиот автор ги одредува условите за користење на своето авторско дело. Мотото на Криејтив Комонс е „сподели, преработи, користи - легално“ (share, remix, reuse - legally).

Криејтив Комонс лиценците се достапни во три формати:

1. Основен облик (Commons Deed) - претставува лесно разбирлив опис на лиценцата.

2. Правен код (Legal Code layer) - содржи детален опис на права и обврски и обезбедува правна моќ на лиценцата. Ако некој ги прекрши условите пропишани во лиценцата на еден автор, за него можат да бидат применети соодветни мерки како што е предвидено во законот.

3. Дигитален код - овозможува веб пребарување на делата кои се заштитени со лиценца.

Криејтив Комон лиценцата можете да ја добиете и по електронски пат.

Page 16: Специјален број посветен на интернет

ЕМОТИКОНИЕмотикон претставува приказ на фацијален израз со употреба на одредена група карактери (правописните знаци, бројки, букви). Се користи за искажување емотивна состојба или расположение со што можеме да доловиме емоции во инаку емоционално сув текст. Терминот емотикон (emoticon) настанал со спојување на двата збора emo-tion + icon. Емотиконите се карактеристични за интернет комуникацијата и се неизоставен дел на модерната комуникација. Често како за било кој емотикон се користи изразот смајли („smiley”).

ЈАПОНСКИ СМЕШКО

16

Доколку користите емотикони (смајли) во вашите текстови, ви презентираме примери кои ќе ви помогнат да ги вметнете саканите облици.

Јапонските компутерџии направиле свој стил на пишување на емотиконите кои ги нарекле вертикони. За разлика од емотиконите кои се „читаат“ од лево кон десно, вертиконите се „читаат“ од горе кон доле.

Емотикон Вертикон

Page 17: Специјален број посветен на интернет

Scott Fahlman

Scott Fahlman - татко на :-)

Смајли

На 19-ти септември 1982 година Scott Fahlman, професор на универзитетот Carnegie Mellon во Питсбург, пратил e mail порака во која предложил :-) да претставува индикатор за шега или шеговита порака. Идејата била лесно да се разликуваат формалните од неформалните пораки. Пораката гласела: Ја предлагам следната низа од знаци за означување на шега :-) Читајте го од страна. Всушност веројатно е многу поекономично да се означат работите кои НЕ се шеги со оглед на моменталните трендови. За тоа користете :-(

Оттогаш, тој е познат како татко на смајлито во интернет комуникацијата.Оргиналниот мејл е пронајден во 2002 година на Fahlman-овиот компјутер:

19-Sep-82 11:44 Scott E Fahlman :-)From: Scott E Fahlman <Fahlman at Cmu-20c> I propose that the following character sequence for joke markers: :-)Read it sideways. Actually, it is probably more economical to markthings that are NOT jokes, given current trends. For this, use:-(

17

Смајли (анг. smiley) претставува стилизирана слика на насмеано човечко лице. Вообичаено се претставува како жолт круг со две црни точки кои претставуваат очи и полукруг за уста. Често се користи и како израз за било кој емотикон. За автор на смајлито се смета дизајнерот Харви Бол (Harvey Ball) кој го нацртал овој лик во 1963 година.

Ликот на Смајли се прославил и на филмското платно и тоа во:Форест Гамп (1994) – главниот лик во текот на долгиот маратон се брише со маица на која се наоѓа Смајли, Виртуозност (1995), Еволуција (2001), Смајли фејс (2007). Смајли се наоѓа и на омотите на албумите на групите: Нирвана (во деведесетите), Блинк 182 (2003 година), Бон Џови (2005 година).

Смајли во филмската и музичката индустрија

Page 18: Специјален број посветен на интернет

1818

ИНФОРМАТИЧКА КНИГА НА ПИОНЕРИ

1. Првата QWERTY тастатура

Ја измислил Кристофер Шоулс во 1868 година. Зошто се вика QWERTY? Па, ако ги погледнете првите шест букви во првиот ред од тастатурата ќе ги видите буквите Q-W-E-R-T-Y. Во првиот обид тој ги наредил буквите по абецеден редослед, но поради „судирањето“ на држачите на буквите, морал да ги прераспредели.

2. Првото глувче

Било измислено од страна на Даг Енгелбарт во 1963 година и било изработено од дрво. Своето име го добива од сопствениот изглед налик на мало глувче чија опашка е всушност кабелот кој го поврзува до централната единица. По механичките глувчиња каде курсорот бил поместуван од страна на мало, гумено топче на долната страна од глувчето, следуваат оптичките кои работат значително побрзо и имаат подолг век на траење.

3. Првиот тврд диск

Го изработила екипа вработени во компанијата Сигејт во 1979 година. Неговиот „запрепастувачки“ капацитет биле тогаш „ невидени“ 5 MB. Иако е прилично „млад“, тврдиот диск трпи енормни промени во својот изглед и работа, така што веќе се во продажба тврдите дискови кои имаат различен принцип на работа и се многу попрактични.

Кој, кога, каде и со што го променил светот на информатиката

4. Првиот LCD екран

Откако во 1888 година, Фридрих Рајницер го открил својството холестеролот добиен од моркови да создава течни кристали, многу нешта се промениле. Некои останале во историјата засекогаш, други само привремено се истакнале, а трети целосно ја промениле иднината. Во 1972 година во САД, откако многу истражувања и експерименти биле вршени врз течните кристали, конечно Т. Питер Броди му ја покажал светлината на денот на првиот LCD монитор. Но, поминале неколку децении сé додека овие монитори не ја презеле предноста над своите предци. Во 2007 година, за прв пат во информатичката историја, LCD мониторите ја надминаа продажбата на CRT монитори.

Page 19: Специјален број посветен на интернет

1919

5. Првиот ласерски печатач

Ласерскиот печатач е измислен во 1969 година од страна на Гери Старкведер, инженер во компанијата Xerox, но прва комерцијална примена претставува моделот на IBM 3800 1976 година. Овој печатач можел да пополни добар дел од една соба.

6. Првиот микропроцесор

Компанијата Intel одиграла важна улога во информатичката историја со процесорот 4004 кој се смета за прв комерцијално достапен микропроцесор со цена од 60 долари. Ако процесорот 4004 обработувал околу 92 000 инструкции во секунда, денес Core i7 за исто време обработува околу 92 милијарди инструкции. По првичниот успех, Интел уште еднаш се издигнува со својот изум Интел „Пентиум“ и станува една од најпознатите светски компании во компјутерската индустрија.

7. Првиот Компакт-диск (CD)

Компактниот Диск, кој пред извесно време го прослави својот триесетти роденден, е всушност само еволуирана т.н. LaserDisc технологија. Првите прототипи биле дела на компаниите Филипс и Сони одделно, некаде кон средината и крајот на седумдесеттите години од минатиот век. Откако сфатиле дека работат на сличен проблем, двете компании соработувале и создале стандарден формат, кој станал достапен на пазарот во 1982 година.

8. Првиот USB Flash Drive

Патентиран е од страна на Амир Бан, Дов Моран и Орон Огдан – вработени во израелската компанија M-Systems, во април 1999 година. Компаниите Trek Technology и IBM започнале да ги продаваат првите уреди во 2000 година. Оттогаш, овие несомнено практични и незаменливи уреди имаат претрпено доста промени - врз основа на брзината, градбата и други карактеристики, се појавија USB 2.0 и USB 3.0, а во иднина, очигледно, ќе ги има повеќе. Во последно време се појавуваат со сé помали димензии, а поголем капацитет, како и променет, естетски изглед.

Детска редакција: Ема Димзова, VIIIв одд.

Page 20: Специјален број посветен на интернет

20

Од општината

Од почетокот на оваа година во сите седум основни училишта во општина Центар, започнаа да се одржуваат предавања наменети за наставниците во рамки на проектот „Поголема интеграција за подобра иднина“ во кој што е предвидено да се опфатат серијал на активности кои вклучуваат едукативни предавања и креативни работилници. Предавањата беа спроведени на иницијатива и во организација на раководителот на Oдделението за образование од Општина Центар, Мирјана Симјановска. За реализацијата на проектот „Поголема интеграција за подобра иднина“, освен наставници, во следните фази ќе земат учество и ученици од сите училишта од општината, родители, дефектолози, педагози, психолози, а ќе биде воспоставена соработка и со други релевантни институции. Проектот има за цел да се имплементира стратегија за подобра организација и вклучување на сите ученици во наставата, одржување на нивната концетрација, а воеднo и зголемување на ефикасноста при одржување на часовите. Првата фаза на проектот се однесува на информативни предавања за ученици со АДХД – синдром на недостаток на внимание и хиперактивност кои се наменети за наставниците. На предавањето беше потенцирано дека со ученикот со хиперактивно однесување кој има недостаток на внимание, наставниците секогаш треба да бидат позитивни и да се однесуваат кон него, како кон нивни сојузник; да најдат добро однесување кај таквиот ученик и веднаш да го наградат; никогаш да не зборуваат со него со сарказам, да не обвинуваат и критикуваат; да создадат кодиран јазик (сигнал со рака, допир по рамо, самолепливи ливчиња на клупа) и секогаш да разговараат со ученикот насамо; наставниците треба да игнорираат умерена недисциплина, особено кога не е намерна и ако не го попречува учењето на другите ученици; наставниците секогаш треба редовно да комуницираат со родителите, итн. Постојат три главни компоненти во приодот и справувањето со учениците со хиперактивно однесување: приспособување кое што може да им го олесни учењето, инструкции кои што се употребуваат во предавањето и интервенција (награди и казни) кога е одземена концентрацијата на ученикот и на неговите соученици. На крајот на наставниците им беше порачано да бидат флексибилни и да уживаат во работата со учениците, бидејќи тие имаат најголемо влијание врз нивната иднина, отколку било кој друг. Следните фази од овој проект ќе се однесуваат и за оние ученици кои имаат проблеми да го совладаат наставното градиво, како и оние кои манифестираат интровертно однесување. Во наредната фаза ќе се потенцираат следните чекори за инклузија на сите ученици во образовниот процес, а ќе бидат вклучени нивните родители со цел стекнување на подобри организациски вештини. Ќе бидат организирани работилници со родителите со цел да ги запознаат стратегиите кои треба да ги применат дома. Бидејќи учениците треба да манифестираат правилно однесување не само на училиште, туку и понатаму да се адаптираат во општествените процеси. Во третата фаза се предвидуваат предавања и креативни работилници кои ќе бидат наменети за ученици, за да можат да го согледаат своето однесување и да користат стратегии како да се справат во конкретни ситуации. При тоа ќе може да се постигне подобра ефикасност и организација во наставата на училиште, а и подобра адаптација вон училишните услови.Во четвртата фаза е планирано следење и евалуација на постигнатите резултати во определен временски рок и давање позитивен фидбек од страна на сите учесници во проектот.

СТАРТУВАШЕ ПРОЕКТОТ „ПОГОЛЕМА ИНТЕГРАЦИЈА ЗА ПОДОБРА ИДНИНА“

Page 21: Специјален број посветен на интернет

21

Од општината

На 25 јануари 2013 година, во трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ се одржа промоцијата на прогласување на најуспешните основци-екологисти, како една од активностите на проектот “Собери ПЕТ за да добиеш (5)” – проект за намалување на стакленичките и токсичните гасови преку собирање и рециклирање на ПЕТ пластика и други видови на пластична амбалажа. На овој еко-хепенинг беа доделени награди за оние училишта кои собрале најмногу пластика и учествувале во новогодишниот конкурс за скулптури од пластика.

Од страна на здружението ОРТ со мисија за обука за одржлив развој на Македонија, овој проект се спроведува во 30 основни училишта на територија на градот Скопје, со поддршка на партнерите - општините Центар, Аеродром, Карпош, Чаир и ЈП „Комунална хигиена“-Скопје. Половина од средствата за истиот се обезбедени од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), а останатите се сопствено учество на општините, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и ОРТ.

Собери ПЕТ за да добиеш (5) е синоним за учеството на учениците во заштита на природата од која што тие ја добија благодарноста, добивајќи ја оценката (5). На настанот, меѓу првонаградените беше и ОУ „Кочо Рацин“ од Центар. Учениците од ова училиште, во изминатиот период се потрудија да соберат најмногу пластична амбалажа од учениците од останатите училишта, за што беа прогласени и за најуспешни екологисти.

Учениците од основното училиште „Кочо Рацин“ ќе продолжат да собираат пластика за да заработат поголеми средства. При тоа, за својот труд ќе бидат наградени со косилка за трева, со која што ќе можат да си го уредуваат сопствениот двор.

ПРОМОЦИЈА НА НАЈУСПЕШНИТЕ ВО ПРОЕКТОТ „СОБЕРИ ПЕТ ЗА ДА ДОБИЕШ (5)“

Воедно за активното учество во овој проект, здружението ОРТ и за другите училишта, обезбеди соодветни награди, и тоа училишен прибор, пластични корпи за отпадоци, ЦД-плеери, маички, спортски топки и реквизити. Од Општина Центар, училиштето „Димитар Миладинов“, како второнаградено во оваа акција доби девет пластични корпи за отпадоци, училиштата „Св. Кирил и Методиј“ и „Гоце Делчев“ добија ЦД-плеери, додека пак „11 Октомври“ и „Ј.Х. Песталоци“ беа наградени со училишен прибор.

Целта на проектот е едукација на младите луѓе за штетноста на пластичниот отпад, како и зголемување на хигиената со примарна селекција и собирање на ПЕТ амбалажа во домаќинствата и училиштата. Општина Центар, веќе втора година по ред учествува во проектот “Собери ПЕТ за да добиеш (5)” и активно ќе продолжи да учествува и понатаму во сите еколошки активности и настани.

Page 22: Специјален број посветен на интернет

22

Од општината

Руската компанија ЛУКОИЛ со поддршка на амбасадата на Руската Федерација во Македонија донираше 500.000 денари на ОУ „Димитар Миладинов“. Станува збор за донација со која се изврши комплетно реновирање на кабинетот за изучување на рускиот јазик. Реновирани се: прозорците, подот, таванот, училишниот мебел (столчиња и маси), извршено е бојадисување на училницата. Во истата се поставани технички апарати (телевизор, принтер и лаптоп). Покрај официјални претставници од Компанијата ЛУКОИЛ на настанот присуствуваше и Рускиот амбасадор во Република Македонија Олег Шчербак и Градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ. Градоначалникот на Општина Центар на свеченото пуштање во употреба на реновираниот кабинет се заблагодари за донацијата, која ќе им овозможи на учениците од ова училиште непречено и според највисоките стандарди да го совладуваат рускиот јазик. Исто така, истакна дека општина Центар посветува посебно внимание на младите граѓани на општината и во тој правец извршени се реновирања на скоро сите училишта и градинки кои се под ингеренции на општината. За посветеноста на општината токму во овој правец говорат и статистичките податоци, според кои центарските училишта и градинки се најбарани од страна на родителите кои не припаѓаат на оваа општина.

ОУ „ДИМИТАР МИЛАДИНОВ“ ДОБИ НОВ КАБИНЕТ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА РУСКИОТ ЈАЗИК

Донација од компанијата ЛУКОИЛ вредна 500.000 денари

Учениците и наставниците од ОУ „Гоце Делчев“ на 4 февруари го одбележаа роденденот на својот патрон Гоце Делчев, македонскиот револуционер и идеолог, положувајќи свежо цвеќе на неговиот гроб во црквата „Св. Спас“, на споменикот на плоштад Македонија и на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк.

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ ВО ЧЕСТ НА РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Page 23: Специјален број посветен на интернет

23

Од општината

62% од родителите не ги носат децата на контролен преглед на ‘рбетот

Сколиозата е се позачестено заболување меѓу најмладите. Во исто време, постои само делумна свесност за причините и последиците од сколиозата, покажаа резултатите од спроведеното истражување меѓу родителите.Општина Центар во соработка со општата болница Ремедика во текот на декември 2012 година, спроведоа истражување во седумте основни училишта на територија на Општината. Целта на истражувањето беше да се дојде до точни и релеватни информациите за знаењето, информираноста и свесноста на родителите за сколиозата. Резултатите од истражувањето покажаа дека родителите

знаат за сколиозата, имаат познавања но, сепак тие се мали и недоволни. Загрижувачки податок е дека само 38 отсто од испитаниците го однеле своето дете на преглед за утврдување на состојбата на ‘рбетот. Дури 37 отсто одговориле дека во своето опкружување имаат некој што страда од сколиоза.- Ова истражување го инициравме со цел да добиеме точна слика и прецизни бројки за перцепцијата на ова заболување, колку се запознаени родителите и колку можат да откријат самите дали нивното дете има сколиоза. Практиката кај нас во Ремедика покажува дека родителите не знаат и не можат самите да ја детектираат сколиозата. Промените ги забележуваат дури кога болеста и искривувањето ќе влезе во посериозна фаза. Овие резултати заедно со заклучоците од нашата секојдневна пракса ќе не насочат кон креирање и преземање на конкретни чекори за сузбивање на честиот проблем со искривување на ‘рбетниот столб кај најмладите - изјави д-р Иванка Стефановска, шеф на одделението за ортопедија во Ремедика.Истражувањето беше спроведено со анкетни прашалници на 1618 испитаници. На прашалниците одговараа родителите на децата од прво до осмо одделение.-Резултатите и бројките од ова истражување се доволно сериозни за да нè алармираат сите нас. Загриженост треба да оди понатаму од нашиот дом и нашиот двор. Потребно е заедничко здружување и реагирање, родителите, здравствените и образовните институции и секако општината. Само со таква заедничка реакција можеме да бидеме сигурни дека ќе израснеме здраво и право поколение. Ова е само почеток на активностите што заедно ќе ги спроведеме - изјави Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на општина Центар.Општата болница Ремедика и Оштина Центар во скоро време најавуваат започнување на кампања за едукација и зголемување на свеста кај родителите за причините, начините и симптомите на сколиозата.

ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА СВЕСНОСТА ЗА СКОЛИОЗАТА

Page 24: Специјален број посветен на интернет

SIGN IN-SIGN OUT МОЕТО ПРАВО НА ПРИВАТНОСТ

24

Граѓанското образование е дизајнирано да им овозможи на учениците да бидат активни, совесни и одговорни граѓани во општеството. Да ги афирмираат, почитуваат или согледуваат прекршувањата на човековите права и слободи се едни од целите на овој интересен предмет. Да ги респектираат различните по вероисповед, нација, мислење и да го развиваваат чувството на толеранција. Почитувањето на приватноста е едно од основните човекови права, а предизвикува особен интерес и провокација за дебатирање со моите ученици. Што подразбирате под поимот приватност? Да се има приватност - значи да сакаш да бидеш сам! - одговорија скоро едногласно.Илина, Ивана; Александар, Никола.......Каде најчесто да ви се нарушува приватноста? Моите родители ми го прекршуваат ова право, вели Илина, ми пребаруваат по мобилниот и ги читаат моите смс пораки! Мене , пак ми ја проверуваат фејсбук страната, кој ми е пријател, со кого сум на чет...Сестра ми пак, сака да ми го чита дневникот, а таму? Си пишувам за моите емоции, симпатијата, секојднвните случки во училиштето.....па , се е мое, мојата душа е таму! Не, не сакам да ми ги знаат моите тајни кои никого не повредуваат.Драги мои, вашите родители треба да ви ја почитуваат приватноста, но и вие треба да ги разберете зошто го прават тоа, сакаат да ве заштитат од злоупотреба. А, дали знаете каква се опасност ве демне кликајќи на страниците на интернет? Кој таму ќе ве заштити?Злоупотребата на младите во времето на Интернет технологијата се секојдневие. Имајќи во предвид дека тие живеат онлајн 24 часа ни се наметнува обврската и одговорноста како наставници, родители, училиште, држава навремено да реагираме со превенција и едукација.Се обидовме на учениците со поставувањето на прашањата барем да ги поттикнеме на размислување. Колку неинформираноста за правото на приватност и заштита, може да предизвика опасност за нарушување на психичкото, ментално здравје на младите, спокојот, чувството на среќа и безбедност?Тие одговараа на прашањата Дали знаеш што е твој личен податок? Каде најчесто ги оставаш? Познаваш ли некое твое другарче кому му бил злоупотребен личен податок? Дали знаеш каде треба да се обратиш доколку забележиш дека некој ги злоупотребил твоите податоци? Како треба да се однесуваш на социјалните мрежи? Интервјуирани беа и наставници кои сметаа дека има потреба да се имплементираат содржини, информации, искуства од оваа тема затоа што само на таков начин свеста кај младата популација ќе биде на повисоко ниво.Од интервјуата заклучивме дека децата не знаат доволно што се лични податоци, како и што оставаат на ФБ и другите социјални мрежи, слушнале за злоупотреба на податоците, но освен на своите родители не знаат кому да се обратат. Еве сега соопштуваме дека во Република Македонија постои „Дирекција за заштита на личните податоци" која има за цел да го заштитува човековото право на приватност, како и да се справува со сите поплаки кои ги упатуваат граѓани чија приватност била нарушена и злоупотребена.Се надеваме на искрена соработка и добивање стручни и професионални совети.Благодарарност до учениците Мија Јовчевска, Тања Крстевска, Викторија Веселинова и Тамара Андоновска од седмо и осмо одд. од ООУ „11 Октомври“-Центар, кои помогнаа во реализацијата на интервјуата. Наде Молеровиќ - професор по историја

Page 25: Специјален број посветен на интернет

ПРОМОВИРАЊЕ НА ИНФОРМАТИКАТА ВО УЧИЛИШТАТА

25

Оваа година за прв пат се организира „Недела на информатиката“ во основните училишта со цел: промовирање на информатиката помеѓу учениците во училиштата, зголемување на интересот на учениците за изучување на информатиката, зголемување на знаењата на учениците за компјутерските апликации, зголемување на интересот на учениците за изучување на програмирањето.

Темата на „Недела на информатиката“ оваа година е „Безбедноста на Интернет“. Во рамките на неделата ќе се одбележи и меѓународниот ден за побезбеден интернет кој оваа година по 10-ти пат се одбележува во светот под мотото „Поврзи се со почит“. Училишта кои учествуваат се: ООУ „11 Октомври“ - Скопје, ОУ„Страшо Пинџур“ – Неготино, ОУ „Крсте Мисирков“ – Скопје, ОУ „Братство Единство“ – ОхридОУ „Дане Крапчев“ – Скопје, ОУ „Гоце Делчев“ – Неготино, ООУ „Димче Ангелов Габерот“ – Демир Капија, ОУ „Панајот Гиновски“ – Скопје, ОУ „Кирил и Методиј“ – с. Стајковци, ООУ „Наум Наумовси Борче“ – Скопје, ОУ,,Крум Тошев,,-Трубарево (Скопје), ОУ,,Григор Прличев,,- Скопје. Исто така е вклучено и средното училиште за ученици со оштетен слух – ДУЦОР „Партенија Зографски“ – Скопје.

Сите материјали, работилници, прашалници, како и фотографии од изведените активности можете да проследите на блогот: http://nedela-nainformatikata.wordpress.com и на фејсбук страницата: http://www.facebook.com/Nedela-NaInformatikata.

Page 26: Специјален број посветен на интернет

26

БЕЗБЕДНО НА ИНТЕРНЕТ - СТРИП

БЕЗБЕДНО НА ИНТЕРНЕТ - СТРИП

Наставничке сакам да отворам профил на некоја социјална

мрежа

Наставничке сакам да отворам профил на некоја социјална

мрежа

Прво мораш да се запознаеш

со правилата на однесување на

Интернет

Наставничката ми ја препорача веб

страната www.crisp.org.mk. Да видам

какви информации ќе најдам...

Супер, овде научив многу

корисни работи.

http://www.crisp.org.mk

Мила вчера открив супер интересен македонски

сајт.

Постојат правила за побезбедно на Интернет. Ќе ги напишам на табла

за да ги видат сите.

Стрипот е направен со помош на www.bitstrip.comДетска редакција: Елена Божиновска VI-2 одд.

1. Не ги давај личните податоци.2.Твоите лозинки се твоја тајна.3. Никогаш не оди на средба со некој што си го запознал на Интернет.4. Не одговарај на навредливи пораки.

Ииии?

Ова треба да го знаете.

Page 27: Специјален број посветен на интернет

27

ШТО Е ИНТЕРНЕТ ЗА МЕНЕ?

Како мал, бев многу радознало дете. Кога гледав цртани филмови, секогаш се замислував дека јас сум дел од нив. Шарените слики кои се вртеа низ екранот, беа светот во кој јас буден сонував. Како растев, во своите мисли си создавав магичен свет, за кој верував дека еден ден ќе стане стварност. Моите родители често ме изненадуваа со разгледници купени од различни места, книги со историски настани, атлас со планети, енциклопедии, знаејќи дека само така ќе можам да ги исполнам своите мечти. Поминуваа ден по ден, јас растев, а со мене растеше и желбата за откривање на нови нешта. Дојде и денот кога првпат се запознав со интернетот. Магија која можев да ја држам во дланките. Талкав од страна на страна, слика на слика, песна со песна. Еден миг бев на север, гледајќи ги поларните мечки и чувствувајќи го ладниот воздух на ледените санти. За миг бев гостин на небескиот свод гледајќи ги планетите како се движат и ми велат: „Отвори нова страна, дојди кај нас, запознај сè и види што имаме ние“. За момент се вратив во минатото, присутен на убавиот виенски валцер, влезен во возот на првата парна локомотива и член на публиката која гледаше како се лансираше првиот вселенски брод. Возбудата во мене растеше кога за првпат ги видов чудата на земјата за кои претходно многу читав. За миг се најдов на Кинескиот зид, кој длабоко во себе ги криеше тајните од минатото, ги почувствував капките на водопадите на Нијагара, допрев од песокот на Кеопсовата пирамида, го помирисав воздухот од Амазонските шуми, ги слушав гласовите од битките во големиот Колосеум и бев дел од небеската широчина, високо качен на Статуата на слободата. Секој ден беше нов момент за мене. Интернетот во мене откри една нова желба да го запознам виртуелниот свет на електронската музика. На сликите од природните убавини на земјата, океаните, морињата, езерата, реките и шумите ги додавав звуците од омилените песни и со нив често заспивав доцна во ноќта. Мојата желба за збогатување на знаењето и прошетка низ државите во светот ме натера да се запознам со обичаите на различните народи, нивните култури,верувања и навики. Пријателството и другарството беа најголемото богатство кое го стекнав со интернетот. Затоа, сега знам дека Интернетот е мојата најголема книга, најшарена сказна, најголем албум исполнет со разни слики, големо богатство и добар пријател.

Детска редакција: Кристијан Анѓелковски VI-2одд.

ПОВРЗИ СЕ СО ПОЧИТ

Детска редакција: Елена Божиновска VI-2 одд.

Детска редакција: Николија Пехчевска VI-2 одд.

Детска редакција: Томислав Јовановски VI-1 одд.

Не давај ги личните

податоци. Така ќе се заштитиш од

непознати.

Page 28: Специјален број посветен на интернет

28

H Y P E R L I N K M R E T U P M O CI C U V O A N T E M A N E R E E E OS R B I S U D O Y O S T O M T T S NN E L T S N E O I O U T O F U S A VO R I C E C N B N A O R T W P Y R EI A C A C H T E N C Y E R O T S E RS W F R O O T R O N L I N E U R T TN H I E R U E L D L G N I D O C N EE S L T P T I E T A R H S E R F E RT A E N N N U X N I B E L C Y C E RX R I I L E D O M E T I R W R E V OE T I R P S O F T W A R E T O M E R

Find the words in the word bank in the word search below. Words can appear horizontally, vertically, backwards, or diagonally. Write the letters that are left in the

wordsearch grid to find the solutions.

HYPERLINK MEMORY RECYCLE BIN KEY IN COMPUTER PROTOCOL REFRESH RATE INDENT INTERACTIVE CONVERTER ENTER DEL INTERNAUT ERROR ENCODING OVERWRITE MODE INPUT REMOTE ONLINE PUBLIC FILE LAUNCH OUTPUT STORE PROCESSOR SPRITE ERASE SYSTEM EXTENSIONS REBOOT SOFTWARE TRASHWARE RENAME

WORD SEARCH

ЗАБАВА ЕНИГМАТИКА ЗАГАТКА КРСТОЗБОР

Page 29: Специјален број посветен на интернет

29

1. Вид јужно овопје (мн.)

2. Главен град на Ерменија

3. Занимање; струка; професија

4. Држава во Африка

5. Издавач, уредник

6. Главен град на Ирска

7. Вид цветно растение

8. Земјите на Исток од Европа

1

2

3

4

5

6

7

8

ЗАБАВА ЕНИГМАТИКА ЗАГАТКА КРСТОЗБОР

WORD SEARCH

АЗБУЧЕН ЛАВИРИНТ

СТАРТ

ЗАБАВА ЕНИГМАТИКА ЗАГАТКА КРСТОЗБОР

17 21 17 7 11 7

Т

ОР И

ЕН

П

О В

Р З

И

И

С

Е

СОЧ

Р

Њ

О Л

А

К

О

Ч

П

Т

Page 30: Специјален број посветен на интернет

30

-Жена ми свири на клавир, постариот син на труба, а помладиот на кларинет.

-А ти?-Јас седам и трпам.

Малиот Трпе го прашува татко му: - Тато знаеш ли кој воз

доцни најмногу?- Кој?

- Оној што ми го вети лани дека ќе ми го купиш на Нова година.

Како се вика египетскиот бог на

студот?- Ѕив Ра.

Наставничката го прашува Трпе:

- Трпе кога се берат јаболките?- Кога комшијата не е дома,

наставничке.

Малиот Трпе го прашува својот татко:

- Тато што е тоа училиште?- Тоа ти е сине како да одиш на гости, но да

подучуваш нешто...Дошло ден Трпе да оди на училиште. Отишол и се

вратил. Утредента татко му го гледа Трпе и му вели:- Ти бре, нели одиш на училиште??

- Не бе тато, секој ден не се оди на гости, ќе станам досаден.

Наставничката: Кажи ми две заменки?

Малиот Трпе: Кој? Јас?-Комшија дали би сакале да ми ја позајмите вашата труба?

-Опа и вие сакате да научите да свирите?

-Не, туку би сакал барем една ноќ мирно да се наспијам.

Да се насмееме . . .

Page 31: Специјален број посветен на интернет

31

ОВЕН

БИК

БЛИЗНАЦИ

РАК

ЛАВ

ДЕВИЦА

ВАГА

СКОРПИЈА

СТРЕЛЕЦ

ЈАРЕЦ

ВОДОЛИЈА

РИБИ

подготви се за

испрашување

дружи се содругарите

внимавај на здравјето

не ризикувај не заборавај домашна

слушај музика

внимавај на однесувањето

среќа слушај гиродителите

нова љубов

спортувај

те озборуваат

телефонскиповик

ТОП ЛИСТА

1. Thrift Shop -Macklemore / Ryan lewis2. I Knew You Were Trouble -Taylor Swift3. Scream And Shout -Will.I.Am4. Love Me -Lil Wayne5. Ho Hey -The Lumineers6. Gangnam Style -PSY7. Locked Out Of Heaven -Bruno Mars8. Suit & Tie -Justin Timberlake9. Don’t You Worry Child -Swedish House Mafia10. Beauty And A Beat -Justin Bieber

ХОРОСКОП

Page 32: Специјален број посветен на интернет

32ISSN 1857- 7849 MEGAN FOX