5
1 3/2012 www.amsmklubmobili.mk МАРТ 2012 Бр. 48 И нтервју со г. Жан Тод, претседател на ФИА ФИА Е КАТАЛИЗАТОР НА ЗгОЛЕМувАњЕ НА БЕЗБЕДНОСТА Светско првенство во мотоциклизам ХОНДА И ЈАМАХА НАЈАвувААТ БОРБА ЗА ПРИМАТ чЛЕНСКО СПИСАНИЕ МАРТОВСКИ ЧЛЕНСКИ ПОПУСТИ

Интервју со Г. Жан Тод - Претседателот на ФИА

  • Upload
    -

  • View
    263

  • Download
    2

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Интервју со Г. Жан Тод - Претседателот на ФИА при гостувањето во Македонија

Citation preview

Page 1: Интервју со Г. Жан Тод - Претседателот на ФИА

13/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

МАРТ 2012 • Бр. 48

Интервју со г. Жан Тод, претседател на ФИА

ФИА Е КАТАЛИЗАТОРНА ЗгОЛЕМувАњЕНА БЕЗБЕДНОСТА

Светско првенство во мотоциклизам

ХОНДА И ЈАМАХА НАЈАвувААТ БОРБА ЗА ПРИМАТ

чЛЕНСКО СПИСАНИЕ

МАРТОВСКИ ЧЛЕНСКИПОПУСТИ

Page 2: Интервју со Г. Жан Тод - Претседателот на ФИА

8 3/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

АМСМ

• со доаѓањето на чело на ФИа вие воведовте неколку проме-ни во функционирањето на оваа организација. Решивте повеќе внима-ние да им се обрне на безбедноста на учесниците во автомото спортот, како и на сеопштата безбедност во сообраќајот, потоа на младите воза-чи, на нивната едукација итн. како би го сублимирале ова?жан Тод: ФИА секогаш настојувала да биде адвокат и катализатор на напредо-кот во областа на безбедноста. Многу од тоа потекнува од спортскиот стожер на организацијата, но ние, исто така, го ко-ристиме ова специјализирано познавање во корист на секојдневните корисници на патиштата секаде во светот. Во момен-тов сме соочени со голем глобален пре-дизвик - секоја година 1,3 милиони луѓе гинат на патиштата во светот, а дополни-

телни 50 милиони се повредени, некои од нив многу сериозно. Цел на ФИА е сите наши членови да им се посветат на про-ектите за подигнување на свесноста за значењето на намалувањето на трагични-те цифри на луѓе кои гинат на патиштата во цел свет.

• какви се вашите согледувања за сев-купната безбедност на патиштата во Европа, па и пошироко? жан Тод: Безбедноста на патиштата во Европа се разликува од една земја до друга. Направени се подобрувања во проектирањето и изградбата на па-тиштата и улиците и построги нивоа на испитување, како што Euro NCAP се при-менува за сите нови автомобили кои се пласираат на пазарот. Сепак, сметам дека мора да продолжиме да лобираме кај вла-дите во цела Европа, со цел да се увери-

ме дека не се безбедни само патиштата и возилата, туку и оние што ги користат. Може да се направи повеќе за да се еду-цираат сите корисници на патиштата за важноста на безбедноста на патиштата. Ние мора да продолжиме да работиме со владите, органите и нашите членови во Европската унија, со цел да се увериме дека растечките генерации на возачи ќе бидат безбедни и одговорни. Мора да истражуваме и да се обидеме да приме-ниме едукативни и обучувачки програми за возачите кои ќе им овозможат да ги разберат своите одговорности кон сите корисници на патиштата. Паралелно на тоа, мораме да ги поттикнеме властите и членовите на ФИА да спроведуваат кур-севи за обука на возачите кои се учат да возат, како и курсеви за освежување на знаењето за сите други носители на воза-чки дозволи.

ЖАН ТОД ЗАД СЕБЕ ИМА ИЗвОНРЕДНА КАРИЕРА вО МОТОСПОРТОТ. ПОД НЕгО-вО РАКОвОДСТвО ТИМОТ НА ФЕРАРИ, вО ТРКИТЕ НА ФОР-МуЛА ЕДЕН-ШАМПИОНАТОТ, ОСвОИ 13 ТИТуЛИ. НЕгОвОТО ЛИДЕРСТвО гИ НАДМИНувА гРАНИЦИТЕ НА МОТОСПОР-ТОТ, ПРЕД Сè, ПРЕКу НЕгО-вИТЕ ХуМАНИТАРНИ И ФИ-ЛАНТРОПСКИ АКТИвНОСТИ. ТОЈ Е чЛЕН НА ФРАНЦуСКАТА АКАДЕМИЈА ЗА ТЕХНОЛОШ-КИ НАуКИ, КАКО И ЕДЕН ОД ОСНОвАчИТЕ И ЗАМЕНИК-ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ИНСТИТуТОТ ЗА ИСТРАЖувАњЕ НА МОЗО-КОТ И НАРуШувАњАТА НА ‘РБЕТНИОТ МОЗОК.

Интервју со г. Жан Тод, Претседател на ФИА

ФИА Е КАТАЛИЗАТОРНА ЗГОЛЕМУВАЊЕНА БЕЗБЕДНОСТА

ФИА Е КАТАЛИЗАТОРНА ЗГОЛЕМУВАЊЕНА БЕЗБЕДНОСТА

Page 3: Интервју со Г. Жан Тод - Претседателот на ФИА

93/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

АМСМ

Интервју со г. Жан Тод, Претседател на ФИА• како клубовите-членки на ФИа во другите региони се вклучени во оваа кампања? Би можеле ли да издвоите водечки клуб во спроведувањето на кампањата? Што го одделува овој клуб од другите, односно дали тоа се дол-жи на законските регулативи, добро спроведената кампања, добрата ин-фраструктура, одлично спроведениот маркетинг, односот со медиумите...?жан Тод: Членките на ФИА се вклуче-ни во оваа кампања на различни начини. Од самиот почеток кампањата е верно поддржана од нашите спортски членки и членки за мобилност. Се организи-раа различни настани и активности - од изложување на опасностите, пишување текстуални пораки и возење со Михаел Шумахер и Фелипе Маса, организирано од Канадската автомобилска асоцијација, до кампањи со поддршка на властите на локално и национално ниво, организира-ни од Автомобилскиот клуб на Босна и Херцеговина, кои ја подигнаа свесноста за значењето на користењето безбеднос-ни ремени и правилно поставување на ограничувањата за деца во автомобилите, па до кампањата на Автоклубот на Репу-блика Чешка (Autoklub Ceské Republiky), чија цел беше справување со честите несреќи на неискусни возачи. Секој клуб или федерација, која е членка на ФИА е различна. Нивото и обемот на настаните и кампањите кои тие ги орга-низираат за промовирање на кампањата на ФИА за акцијата за безбедност во сообраќајот ја покажува нивната вер-ба, како и желба да ја поддржат. Значи, тешко е да се означи само еден клуб како лидер во промовирањето на кампањата. Преку заеднички заложби на сите членки кампањата продолжува да добива дина-мика и да се шири.

• Дали имате поддршка од други ин-ституции и организации, владини или невладини, во нејзиното спроведување?

жан Тод: Со проширувањето на кампањата на ФИА за акцијата за без-бедност во сообраќајот, организациите-членки лобираа кај своите влади и стек-наа голема поддршка за да ја испратат пораката за подобрување на безбедноста на патиштата понатаму. Кампањата има одлична поддршка од мо-тоспортот. Седумкратниот светски рели шампион Себастијан Лоеб рече: „Јас ја поддржувам оваа кампања и другите иницијативи за безбедност во сообраќајот: сообраќајните несреќи убиваат исто колку маларијата. Кампањата е значајна за дол-горочното дејствување на највисоко ниво, со цел патиштата да станат безбедни“. На Релито де Португал, Лоеб ги истакна опасностите од неносењето на заштитни шлемови при возење мотор, кои се особе-но доминантни во земјите во развој. Покрај тоа, многу ѕвезди на Формула 1 ја поддржуваат кампањата носејќи го логото на кампањата на ФИА за акцијата за без-бедност во сообраќајот пред камерите и учествувајќи во демонстрациите за без-бедност. Резимирајќи ја поддршката што Формула 1 ѝ ја даде на оваа кампања, Рубенс Баричело, најискусниот возач на Формула 1 и актуелен претседател на Град при асоцијацијата на возачи, рече:„Бројот на луѓето кои гинат и се повреде-ни на патиштата секоја година е причина за голема загриженост и јас ја поддржу-вам кампањата на ФИА. Со подигнувањето на свесноста за опас-ностите кои постојат на патиштата, подобрувањето на едукацијата на возачи-те и обезбедувањето на подобра обука, ние можеме значително да ја намалиме за-честеноста на несреќите. Зборувајќи како тркач, но и како татко, оваа криза е нешто за што сите имаме обврска да помогнеме да се разреши“.

• Дали ФИа е отворена за предлози и идеи од своите членки за подобро имплементирање на кампањата?

Главениот уредник на Клуб Мобилити г-ѓа Маргита Поповска, во разговор со г. Жан Тод, претседател на ФИА

ФИА Е КАТАЛИЗАТОРНА ЗГОЛЕМУВАЊЕНА БЕЗБЕДНОСТА

ФИА Е КАТАЛИЗАТОРНА ЗГОЛЕМУВАЊЕНА БЕЗБЕДНОСТА

• од кога започнува ФИа акцијата за безбедност во сообраќајот и која е нејзината цел? кои се плановите на ФИа во спроведувањето на акцијата?жан Тод: Обединетите нации ја определија 2011-2020 како декада на акцијата за безбедност во сообраќајот. На 11 март, како поддршка на иницијативата на Обединетите нации, ФИА ја започна својата кампања за акцијата за безбед-ност во сообраќајот. Цел на кампањата на ФИА е да ги поддржи Обединетите нации во подигнувањето на свесноста за значењето на безбедноста во сообраќајот и за спасување на пет милиони животи на патиштата во светот во текот на следниве десет години. ФИА ќе ја искористи својата позиција како управувачко тело на светскиот мо-тоспорт за да го мобилизира своето член-ство и да ја подигне свесноста за безбед-носта во сообраќајот.

• Дали поддршката на оваа кампања зазема глобални рамки?жан Тод: Членството на ФИА опфаќа 134 земји и претставува 232 спортски ор-ганизации и организации за мобилност. ФИА е правилно избрана за да се справи со клучните проблеми во однос на без-бедноста во сообраќајот на локално, на-ционално и на меѓународно ниво. Акцијата за безбедност во сообраќајот предвидува нашето глобално семејство да работи заедно со цел да се намалат смртните случаи и повредите кои се поврзани со сообраќајот на светско ниво. Таа ѝ дозволува на ФИА да пронаоѓа ав-томобилисти, ентузијасти во мотоспор-тот, млади луѓе и влади и ќе се погрижи секоја организација, која е членка на ФИА, да се обврзе дека ќе работи на про-блемот со безбедноста во сообраќајот кој е критичен за нивната земја. Нашата позиција како управувачко тело на некои од најмногу гледаните натпрева-ри на мотоспортови во светот ни обезбе-дува единствен пристап до ентузијастите во мотоспортот од сите возрасти, како и можност да ги информираме за фунда-ментално значајната порака за безбед-ност во сообраќајот.

Page 4: Интервју со Г. Жан Тод - Претседателот на ФИА

10 3/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

АМСМ

жан Тод: Ние сме секогаш отворени за предлози и идеи од нашите членови и го цениме нивниот придонес и мислења. Со цел да се увериме дека нашата кампања ќе допре до повеќе луѓе и ќе спаси колку што е можно повеќе животи, важно е на-шите членови да ни ги пренесуваат свои-те идеи како клучната порака за безбед-носта во сообраќајот може на најдобар начин да се рашири во различни делови од светот. • според вас, Декадата на акција на оН и ФИа акцијата за безбедност на патиштата претставуваат иста ак-тивност или има нешто по што тие се разликуваат?жан Тод: ФИА акцијата за безбедност во сообраќајот е глобална кампања, која ги насочува ресурсите на федерацијата во помагање на своите клубови-членки низ цел свет да едуцираат и да се зала-гаат за побезбедни патишта, возила и однесување. Декадата за акција е иницијатива која има цел да го стабилизира и потоа да го нама-ли бројот на смртни случаи на светски-те патишта до 2020 година. Кампањата на ФИА за акцијата за безбедност во сообраќајот беше лансирана за да ја до-полни оваа иницијатива на ОН. Како тело одговорно за регулирање на глобалниот мотоспорт, должност на ФИА е да ги на-правиме мототрките побезбедни како за натпреварувачите, така и за поширока-та јавност. Таа имаа моќ да спроведува кампањи за безбедност во сообраќајот локално во секоја земја-членка и на гло-бално ниво.

• каква е улогата на познатите спор-тисти, особено на возачите на Ф1 (Шумахер, Фетел, алонсо и други) во спроведувањето на оваа кампања, знаејќи дека тие веќе се потписници и на Декадата за акција на безбедност 2020? жан Тод: Спортистите, како што се Шу-махер, Фетел, Алонсо и други, не се само познати личности во мотоспортот, туку се признати во цел свет. Тие ни даваат одлична можност да ја прошириме наша-та порака до пошироката публика. Преку користењето на спортисти од шампиона-тите, како што е Формула 1, можеме да ја истакнеме едноставната порака дека брзото возење и трките треба да се одви-ваат на затворена тркачка патека, нико-гаш на отворен пат.

• Дали вашата посета на аМсМ значи и поддршка за активностите што нашиот клуб ќе ги презема за спроведување на ФИа акцијата за без-бедност на патиштата?жан Тод: Бев охрабрен од поддршката на АМСМ за кампањата на ФИА за акцијата за безбедност во сообраќајот и бев воо-душевен што потпишав официјален Сер-тификат за заложување за кампањата со претседателот г. Јовковски. Во текот на посетата на Македонија се сретнав и со г-ѓа Гордана Јанкуловска (министерка за внатрешни работи) и г. Никола Ангеловски (претседател на

Проф. д-р Спасе Јовковски, претседател на АМСМ, г. Жан Тод, претседателна ФИА и г. Ѓорѓе Иванов, претседател на Република Македонија

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот во Македонија) и разгова-равме за моменталната состојба во без-бедноста на сообраќајот во Македонија. Бев заинтересиран да се запознаам со На-ционалната стратегија за безбедноста на сообраќајот за периодот 2009-2014 г. која беше создадена од македонската Влада и Советот за безбедност на сообраќајот на Република Македонија за намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи. Исто така, бев воодушевен да ги поддржам активностите на вашата Влада за охрабрување на младите луѓе да поч-нат да возат на 16 години, наместо на 18.

• вашата животна партнерка, Мишел Јео е актерка и амбасадорка на оН во кампањата „Make roads safe“ („Напра-вете ги патиштата безбедни“) и е во постојано движење низ светот. Дали сметате дека нејзиниот ангажман при-донесува за побрзо ширење на пораката и визијата што ФИа и оН сакаат да ја проследат до возачите низ цел свет? жан Тод: Таа беше од суштинско значење за воспоставување контакти со меѓународните органи и олеснување на разговорите со високо позиционирани луѓе кои го креираат јавното мислење во одредени поголеми земји во Азија.

• како би ја дефинирале вашата визија за иднината на ФИа?жан Тод: ФИА е силна заедница и ние мораме да се насочиме кон зголемување на нашето глобално присуство и реле-вантност. Добро сме етаблирани во спор-тот, но мораме да го зајакнеме нашето влијание во светот на мобилноста и да станеме референтна точка со владите и со институциите за сите прашања повр-зани со ФИА акцијата за безбедност во сообраќајот.

• Покрај службените обврски, веро-јатно ви останува малку слободно време. како го користите, дали имате некое хоби?жан Тод: За жал, се надевав дека ќе имам слободно време кога ја презедов се-гашната улога. Но, кога ме избраа сфатив колку суштинска и витална работа треба да се врши тука во ФИА и некако исчезна слободното време за хоби. Но, штом ќе се подобрат работите како што сакам, може-би, тогаш ќе имам повеќе време за мојата сопруга, синот и за моите пријатели. Со нетрпение го очекувам тоа. • Маргита Поповска

„верувам дека со осврнувањето кон проблемите со возење во алкохолизирана состојба, неносењето безбедносен ремен, како и важноста од почитувањето на сообраќајните прави-ла, аМсМ сигурно ќе има вистинско позитивно влијание на безбедноста на сообраќајот во Македонија“

Page 5: Интервју со Г. Жан Тод - Претседателот на ФИА

113/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

БЕЗБЕДНОСТА НА ПРВО МЕСТО

АМСМ

Неодамна, АМСМ, во соработ-ка со АФМ (Aвтомобилска федерација на Македонија),

како членки на ФИА (Светска автомо-билска федерација), беа домаќини на претседателот на ФИА, г. Жан Тод, кој беше во дводневна посета на нашата земја.На 9.2.2012 година се одржа прес-конференција на која присуствуваше и министерката за внатрешни работи, г-ѓа Гордана Јанкулоска, која заедно со претседателот на ФИА, г. Жан Тод, и претседателот на АМСМ, проф.д-р. Спасе Јовковски, го потпиша Меморан-думот за соработка меѓу АМСМ, ФИА и МВР.На прес-конференцијата, г. Тод го по-здрави предлог-законот за обука намлади возачи. „Младите возачи треба да се едуцираат, да се обучуваат да воз-ат уште пред 16-годишна возраст, колку што е можно порано. Ова претставува значаен фактор за зголемувањето на безбедноста во сообраќајот, пример кој го има во многу држави“, изјави г. Тод.Во рамките на својата посета, г. Жан Тод имаше директна можност да се запознае со безбедносната ситуација во сообраќајот во Р. Македонија и со активностите за нејзино подобрување, кои ги презема Автомото сојузот на Македонија, во соработка со другите надлежни институции (МВР, РСБСП).Автомото сојузот на Македонија, во со-

ЕДНА ОД ЦЕЛИТЕ ПОРАДИ КОИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФИА, г. ЖАН ТОД БЕШЕ вО МАКЕДОНИЈА Е ЗАПОЗНАвАњЕ И ДАвАњЕ ПОДДРШКА НА НА-ЦИОНАЛНАТА СТРАТЕгИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ вО СООБРАќАЈОТ И АКТИвНО учЕСТвО вО ТРИТЕ СТОЛБА НА БЕЗБЕДНОСНИОТ ПАТЕН СИСТЕМ

Претседателот на ФИА, г. Жан Тод, во посета на АМСМ

гласност со своите статутарни обврски и со Националната стратегија за без-бедност во сообраќајот, активно пар-тиципира во трите основни столба на безбедносниот патен систем (безбедни возачи, безбедни возила и безбедна патна инфраструктура), меѓу другото, и преку:

• Редовна едукација на најмладите и најранливите категории учесници во сообраќајот, професионална обука и усовршување на идните и на про-фесионалните возачи, како и редовна организација на кампањи посветени на зголемувањето на безбедноста во сообраќајот.

• Оценување на техничката ис-правност и сообразност на возилата за нивно безбедно учество во сообраќајот, но и редовно информирање на потро-шувачите за најновите тестови и оце-

Г. Тод, со министерката Јанкулоска и претседателот на АМСМ проф. д-р Спасе Јовковски потпишаа Меморандум за Соработка помеѓу АМСМ, Акција на ФИА за безбедност на патиштата и МВР.

БЕЗБЕДНОСТА НА ПРВО МЕСТО

На прес-конференцијата покрај г. Жан Тод, присуствуваa, Министерот за Внатреш-ни Работи на РМ, г-ѓа Гордана Јанкулоска, претседателот на РСБСП м-р Никола Ан-геловски, претседателот на АМСМ,проф. д-р Спасе Јовковски и домаќините кои заедно со г.Тод имаа можност да одговорат на прашањата кои ја засегаат маке-донскта јавност

ни за безбедноста на новите модели возила преку учество во програмата EuroNCAP.

• Преземање активности поврзани со имплементацијата на програмата EuroRAP за процена и подобрување на безбедноста на патната инфраструктура во Р. Македонија.

Посетата на г. Жан Тод беше значајна за нас, а воедно претставу-ваше и потврда за успехот на нашите настојувања максимум да придонесеме за безбедноста во сообраќајот со своите активности. • Росана Јанков

Благодарница од г. Жан Тод до претседателот на АМСМ проф. д-р Спасе Јовковски