43

Отчет Општина Пехчево

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Отчет Општина Пехчево

Citation preview

Page 1: Отчет Општина Пехчево
Page 2: Отчет Општина Пехчево

Пехчево е град кој нема да ве остави рамнодушен, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите гостопримливи жители, градот кој ја има зачувано културата, традицијата и природната убавина. Спојот на природата и традицијата се предизвици на кои ретко кој може да им одолее.

Во Општина Пехчево во изминататите години се направија огромни пром-ени на целокупната слика на општината, и затоа сме општина која може да се пофали дека станува лидер во регионот со реализација на проекти, успешно раководење но и одговорност и посветеност на граѓаните.

Но пред нас овде во Општина Пехчево, во времето што доаѓа претсојат уште ангажирања, нови планови и проекти, Уште многу потреби и барања од граѓаните треба да бидат преточени во практика независно од пречките и тешкотиите, подготвени сме да истраеме на тој пат и на предизвиците на времето. Да се соочиме се со единствена цел, да го подобриме животниот стандард и кај граѓаните да се врати довербата дека општината постои за нив и за разрешување на нивните потреби.

Со почит,

Градоначалник на Општина Пехчево Д-р Јованчо Станоевски

Page 3: Отчет Општина Пехчево

Еден од приоритетите на градоначалникот на Општина Пехчево беше подобрување на комуналната и патната инфраструктура, односно поквалитетно водоснабдување, подобрување и проширување на локалната мрежа во општината, а вниманието беше насочено кон реконструкција и изградба на одделни улици во градот и населените места, изградба на пат до туристичката населба Равна река, изградба на пешачки улици, изградба на регионален водовод, изградба на мостови, пробиање на пристапни патишта во населените места.

Page 4: Отчет Општина Пехчево

Извршено е асфалтирање на локалниот пат Пехчево - Равна Река.Во должина од 13 километри, при што 5 км е нов асфалт, а на 8 км е извршена реконструкција. Комплетната инвестиција изнесува 250 илјади евра обезбедени од владата на Република Македонија. Овој пат е дел од проектите за регионални и локални патишта. Проектот е завршен во јуни 2011 година

Page 5: Отчет Општина Пехчево

Во рамките на овој зафат изграден е цевковод од 13 км, со разновидни цевководи до селата Робово, Чифлик, Умлена и Негрево, соодветни таложници, прочистителни станици во населбите. За изградба на овој капитален комунален објект се инвестирани од 46.000 000 денари и изградени се потстаници до сите населени места и во општината. Со тоа трајно е решено водоснабдувањето на Пехчево и селските населби за најмалку 50 години. Проектот е завршен во јуни 2011 година

Page 6: Отчет Општина Пехчево

Извршено е изградба на улицата ,, Буковик ,, во Општина Пехчево. Сретствата се обезбедени од буџетот на Општина Пехчево, во вредност од 1.200 000 денари. Проектот е завршен во ноември 2011 година.

Page 7: Отчет Општина Пехчево

Извршена е реконструкција на три помошни мостови на реката Писа, кои се од големо значање на граѓаните на овој дел од градот. Со сретства од буџетот на Општина Пехчево, во вредност од 150 000 денари.

Page 8: Отчет Општина Пехчево

Општина Пехчево во соработка со Агенцијата за млади и спорт работи на целосна реконструкција на игралиштето во склоп на ООУ. ,, Ванчо Китанов ,, - Пехчево. Со овој проект игралиштето ќе добие целосно нов изглед, со целосно уредување на просторот. Проектот е во тек, и е во вредност од 3.500 000 денари.

Page 9: Отчет Општина Пехчево

По иницијатива на граѓаните од овој дел ос селото извршено е пробивање на пристапен пат. Со ова пробивање ќе се намалат проблемите во овој дел од селото со кои се соочуваат граѓаните и ќе се создадат услови во иднина и оваа маало да добие асфалтен пат. Проектот е завршен во април 2011 година, средствата се од буџетот на Општина Пехчево во овредност од 1.500 000 денари.

Page 10: Отчет Општина Пехчево

Проектот реализиран согласно програмата за финансиска подршка на рурален развој. Извршено е поплочување со бехатон плочки на улицата Десни дол во с.Панчарево во должина од 760 метри, во вредност од 3.500.000 денари. Проектот е завршен во јуни 2010 година

Page 11: Отчет Општина Пехчево

Во вредност од 900 000 денари, обезбедени од буџетот на Општина Пехчево се изврши изградба на улицата Бел камен во Пехчево со Макадам плочи. Над 200 жители ќе ги користат благодетите од овој зафат.Проектот е завршен во октомври 2011 година.

Page 12: Отчет Општина Пехчево

До улиците Мирче Ацев и Илинденска извршено е изградба на пешачка патека со макадам, во вредност од околу 900 000 денари, средстава обезбедени од буџетот на Општина Пехчево. Проектот е завршен во октомври 2011 година.

Page 13: Отчет Општина Пехчево

Извршено е изградба на пешацка патека со макадам која ги поврзува улиците 29 Ноември и Вељко Влаховиќ . Околу 900 000 денари изнесува вредноста на изградбата на пешачката патека, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Пехчево. Проектот е завршен во ноември 2011 година.

Page 14: Отчет Општина Пехчево

Со средства обезбедени од буџетот на Општина Пехчево, извршена е изградба на два моста од дрвена конструкција на реката во село Црник, кои се од големо значење на жителите од овој дел од селото.

Page 15: Отчет Општина Пехчево
Page 16: Отчет Општина Пехчево

Отворена е подрачна канцеларии која е во склоп на Центарот за социјални работи Берово. Граѓаните можат секој ден да ги остварат услугите поврзани околу социјалната заштита на населението од Општината.

Page 17: Отчет Општина Пехчево

Агенцијата за катастер на недвижности Скопје во склоп на Одделението за катастер на недвижности во Берово, отвори Канцеларија за катастер на недвижности во Пехчево

Page 18: Отчет Општина Пехчево

Отворена е канцеларија во Пехчево која е во склоп на Фондот за здравство Берово, каде граѓаните можат да ги остваруваат своите услуги и истата работи секој ден

Page 19: Отчет Општина Пехчево

Општина Пехчево во поглед на подобрување на квалитетот на живот на своите граѓани, денеска отвори канцеларија на Агенцијата за врботување на Репблика Македонија

Page 20: Отчет Општина Пехчево

На почетокот на 2008 година по многу барања од страна на општината до МВР отворена е канцеларија за издавање на лични карти и пасоши.

Page 21: Отчет Општина Пехчево

Отворен е шалтер на Управата за јавни приходи со цел да се подобри достапноста на услугите на даночните обврзници граѓаните и нивните бизниси но и да се намали потребното време и трошоци за поднесување на даночните пријави и издавање на потребните документи од УЈП.

Page 22: Отчет Општина Пехчево

Подобрување на условите за наставата и престој на децата и наставниците, како и во училиштата, така и во предучилишните установи беше една од приоритетните задачи. Сите активности беа насочени кон реализација на конкретни зафати во училиштата кои придонесоа во обезбедувањето на поквалитетни услови за наставата. Покрај санација на одредени помали проблеми, беа реализирани и поголеми зафати како што е реконструкција на училиште, отворање на детстка градинка, замена на столарија и вградување на парно греење. Отворена е народна кујна во која оброк земаат 100 социјално најзагрозените семејства. Селекцијата е направена по претходни контроли во семејствата.

Page 23: Отчет Општина Пехчево

Детската градинка во Црник работи во склоп на детската градинка ,, 7 Септември ,, Пехчево ,, и во неа можат да престојуваат над 50 деца. Финансиран е Општина Пехчево и од ромскиот едукативен фонд од Будимпешта. Вредноста на проектот изнесува околу 8.000 илјади евра

Page 24: Отчет Општина Пехчево

Ова реновирање опфати целосна реконструкција на фасадата, целосна замена на подовите, променета е и старата дрвена столарија со нова алуминска столарија и изградба на ветробрани на двата влеза од училиштето. Проектот е финансиран од УСАИД во вредност од 1.400 000 денари.

Page 25: Отчет Општина Пехчево

Успешно е завршен проектот за вградување на централно парно греење со набавка на парен котел во подрачното училиште во селото Црник

Page 26: Отчет Општина Пехчево

Отворена е народна кујна во с.Црник која оброк ќе земаат 100 социјално најзагрозените семејства. Селекцијата е направена по претходни контроли во семејствата.

Page 27: Отчет Општина Пехчево
Page 28: Отчет Општина Пехчево

Под покровителство на Општина Пехчево се организира културна манифестација Фестивал на дувачки оркестри.Со организирање на оваа манифестација се подигна културниот живот во општината.На фестивалот настапуваат дувачки оркести, естрадни уметници од поп и фолк музиката и дувачки оркестар и мажоретен состав од Р.Бугарија.

Page 29: Отчет Општина Пехчево

Во организација на Општина Пехчево, заедно со културниот дом ,, Јане Сандански ,, - Пехчево, а во соработка со Министерството за култура,традиционално секоја година се организира Пехчевско културно лето.

Page 30: Отчет Општина Пехчево

По повот верскиот празник Павловден, празник на градот Пехчево,кој со векови се слави масовно под покровителство на Општина Пехчево се организира традиционално саем на традиционални производи

Page 31: Отчет Општина Пехчево
Page 32: Отчет Општина Пехчево

За подобрување на комуналните услуги кон граѓаните Општина Пехчево доби под-заем преку Проектот МЦИП на Светска банка и Министерство за финансии. Проктот е релизиран во јуни 2011 година, и изнесува 4.900 000 денари.

Page 33: Отчет Општина Пехчево

Општина Пехчево доби училишен автобус, донација на НР Кина

Page 34: Отчет Општина Пехчево

Донација на два камиони за Општина Пехчево за подобрување на услугите кон граѓаните за комуналната хигиена во општината,и еден скипер за одржување на уличното осветлување. Ками-оните се за потребите за побрза и поефикасна работа на јавните претпријатија од општината ,,Комуналец,, и ,,Равен,,.

Page 35: Отчет Општина Пехчево
Page 36: Отчет Општина Пехчево

Набавени се 1200 канти и 100 контејнери. Проектот е финансиран од Општина Пехчево во соработка со Влада на Република Македонија во вредност од 360 000 денари.

Page 37: Отчет Општина Пехчево

Уредување на пешачки патеки до водопади на реката Брегалница и Црни дол и изградба на летниковци.

Page 38: Отчет Општина Пехчево
Page 39: Отчет Општина Пехчево

Проширување на генерален урбанистички план за индустриски зони - Изработка на проширување и измени на ГУП за зони изменети за мало стопанство и угостителско туристички објекти.

Page 40: Отчет Општина Пехчево
Page 41: Отчет Општина Пехчево

Изградба на фекална канализација с.Чифлик (1 фаза) со подршка од Бирото за рамномерен развој. Во износ од 5.800 000 денари.

Проект за Примена на напредни информатички методи во зачувување на животната средина—Преку ИПА програмата за прекугранична соработка со Р.Бугарија. Проектот е во износ од 99.500 евра, во партнерство со општина Симитли.

Проект Форуми во заедницата учество на граѓаните во одредување на приоритети и нивна реализација. Донатор –SDS имплементатор - АЛКА - Скопје. Проектниот фонд е 4.800 000 денари, од кои 50% е сопствено

Изградба на 8 пешачки патеки и една улица во Општина Пехчево. Средствата се обезбедени од буџетот на општината во вредност од 3.774 435 денари.

Page 42: Отчет Општина Пехчево

Регионален едукативен ЕКО центар ( реконструкција и надградба на караула Ченгино Кале )

Уредување на локацијата Езерце со рекреативни содржини и туристичка инфраструктура

Реконструкција на градски плоштад во Пехчево

Изградба на капацитетите за претприемништво кај Ромите и зголемување на можностите за самовработување.

Page 43: Отчет Општина Пехчево

1. Подршка на здружението на пензионери 2. Награда за најукрасено велигденско јајце 3. Награда за водици 4. Промоција на општината на разни саеми во Република Македонија 5. Подршка на фестивалот на деттски песни ,, Распеано Малешевче ,, 6. Меѓугранична соработка 7. Организирање на новогодишна програма и огномет