21
Функционирање на човековото битие како целина Предавач: Др. Биљана Ѓуроска Сертифициран хомеопат

Функционирање на човековото битие како целина

  • Upload
    fedora

  • View
    89

  • Download
    0

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Функционирање на човековото битие како целина. Предавач: Др. Биљана Ѓуроска Сертифициран хомеопат. Дијаграмот ги претставува трите слоја на човековата егзистенција во три димензии. Емотивното ниво е прикажано со средната обвивка, а физичкото со надворешната. - PowerPoint PPT Presentation

Citation preview

Page 1: Функционирање на човековото битие како целина

Функционирање на човековото битие како целина

Предавач:Др. Биљана ЃуроскаСертифициран хомеопат

Page 2: Функционирање на човековото битие како целина

Дијаграмот ги претставува трите слоја на човековата егзистенција во три димензии. Емотивното ниво е прикажано со средната обвивка, а физичкото со надворешната.

Врвовите и дната на секоја од обвивките не се во иста рамнина.

Во секој одреден миг гравитациониот центар ќе има тенденција да се воспостави на одредена локација. Во текот на времето, и продолженото штетно влијание или третман (супресивен или корисен) може да го помести гравитациониот центар. Гравитациониот центар може да се движи нагоре или надолу на исто ниво, или може да се поместува или поцентрално или периферно на некоe повисоко или пониско ниво. Др. Биљана Ѓуроска

http://www.homeopatija.com.mk

Page 3: Функционирање на човековото битие како целина

Овој дијаграм е илустрација на поместување на гравитациониот центар на пореметувањето помеѓу емотивното и физичкото ниво.

1. Во оваа точка пациентот на терапевтот му ги претставува збирот на симптомите со гравитационен центар на емотивно ниво. По третманот гравитациониот центар се поместува на физичко ниво на точка

2. Со понатамошен третман гравитациониот центар повторно се враќа на емотивно ниво на точка

3. Односно пониско на истото ниво.Со понатамошниот третман гравитациониот центар се поместува кон периферијата на точка

4. И со дополнување на третманот на

5. Момент пред потполно оздравување на пациентот

Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

Page 4: Функционирање на човековото битие како целина

Случај бр.1:Психотичен пациент се жали на:- Многу стравови и суицидна депресија. (Гравитациониот

центар е поместен на емотивно ниво).- При земање на анамнеза дознаваме дека постојат и други

симптоми на физичко ниво, но со многу понизок степен. - По успешна терапија пациентот се жали на неуролошки

симптоми како диплопија, трзаи и слабост на мускулите, трнење на некои делови.

- Со понатамошна терапија пациентот веќе не е психотичен, но е многу иритабилен, симптом кој повторно е на емотивно ниво но според хиерархијата е на понизок степен.

- Терапијата продолжува, колку е таа поуспешна толку симптомите се поместуваат кон периферијата, но доаѓа до кожна ерупција во текот на неколку месеци, која се повлекува. По ваквиот начин на помината терапија практичарот може да очекува дека пациентот еден подолг период ќе остане здрав.

Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

Page 5: Функционирање на човековото битие како целина

Како во исто време се активираат сите три нивоа на човековото постоење е објаснето со :

- модерните технологии како ЕЕГ и bio-feedback, ЕКГ. Со ове методи се мери фрекфенцијата на работа на мозокот и срцето.

1. Интензивната концентрација или медитација ја зголемуваат циркулацијата кон мозокот и истовремено предизвикуваат опуштање на мускулатурата и го намалуваат крвниот притисок.

2. Стравот предизвикува палпитации, сува уста, потење на дланките, ширење на зениците и успорена перисталтика...

Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

Page 6: Функционирање на човековото битие како целина

Клинички се најочигледни врските кои се однесуваат на конкретни органи и специфичните емотивни состојби. Секоја мисла или чувство имаат склоност кон одредено место на физичкото тело, кое може да биде притоа погодено позитивно или негативно, а тоа зависи од природата на соодветните мисли или чувства.

- Пр. Човек кој доживеал стрес поради прекинување на долгогодишна љубовна врска доживува симптом на ниво на срце.

- Пр. Човек кој доживеал потешкотии во работата може да доживее пептичен улцер.

- Негативните мисили или чувства може да ја ослабат функцијата на соодветниот орган или систем, додека позитивните мисли или чувства ќе ја зајакнат.

Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

Page 7: Функционирање на човековото битие како целина

За да може да ја илустрираме интеракцијата на соодветното ниво во организмот ќе споменам неколку примери од клиничката пракса:

Случај бр.2: Жена, има многу религиозни родители кои ја воспитале дека сексот е

нешто многу страшно, нешто што по секоја цена треба да го избие од глава. Доаѓа кај доктор и се жали дека со зголемен интензитет и растат влакна на невообичаени делови на нејзиното тело, како што се гради, стомак и грб, додека пак на главата нема доволно коса односно дека е скоро ќелава.

Исто така поради задоцнетета менарха, има болен и нередовен менструален циклус, која често доцни. Кога се омажила се појавиле тепки главоболки. Во нејзиниот случај потиснувањето на сексуалниот нагон (ментално ниво) довело до хормонална неурамнотеженост, кое резултирало со распределба на влакната како кај маж. На крајот ова потиснување на сексот довело до друг ментален симптом-аверзија кон секс. Бракот неминовно предизвикал понатамошен стрес, кој понатака предизвикал промени на емотивно и на физичко ниво – чувсвтво на незадоволство во бракот, старшни главоболки и опаѓање на косата. На почетокот одбрамбениот систем бил во состојба со тоа што ги ограничил симптомите на ендокрино ниво, овозможил враќање во рамнотежа, но бракот ја скршил таа одбрана и го прислил имунолошкиот систем да воспостави симптоми на подлабоко ниво, кое повеќе го осакатува човекот.

Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

Page 8: Функционирање на човековото битие како целина

Случај бр.3: Исто жена, која е воспитувана многу строго, има проблем

на паѓање на косата. На 22 години се вљубила и развила многу здрава емотивна врска во бракот. Откако стапила во таа врска паѓањето на косата се намалило и пациентката почнала да чувствува големо задоволство во животот, но и понатака косата и е ретка и густината не се вратила. Во овој случај како и во претходното истото ниво на ментално потиснување предизвикало слична ендокрина нерамнотежа, но здравиот емотивен стимул бил доволно силен за да го зајакне нејзиниот одбрамбен систем со што била и во можност да се врати во доволна рамнотежа. Пореметувањата кои биле со помал интензитет (со помала важност)повеќе не влијаеле на нејзиниот живот и таа можела да продолжи да живее среќно и креативно. Во овој случај несмееме да интервенираме.

Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

Page 9: Функционирање на човековото битие како целина

Патолошки фактори

Патолошките фактори кои влијаат на тоа каде ќе се формира или пак премести гравитациониот центар на пореметувањето:

1. Наследни фактори:- На прво место се наследните фактори или слабост

на одбрамбениот систем. Ако одбрамбениот систем е слаб, гравитациониот центар на симптомите има тенденација сосема лесно да ги зафаќа и најдлабоките слоеви на ментално и емотивно ниво; ако системот е силен, симптомите ќе бидат задржани на најмалку виталните органи на периферијата.

Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

Page 10: Функционирање на човековото битие како целина

2. Интензитет на штетното дејство:- Ако интензитетот е многу голем без

разлика колку е добар одбрамбениот систем ќе ги зафати и најдлабоките и највисоките центри во хиерархијата. Или спротивно на тоа, ако штетното дејство е некој вирус со слабо дејство дури и тие со слаб одбрамбен систем лесно се урамнотежуваат.

Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

Page 11: Функционирање на човековото битие како целина

3. Терапија:

Влијанието на терапевтскиот третман може или да го ослаби или да го засили одбрамбениот систем, а со тоа ќе влијае и на самиот процес на здравје.

Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

Page 12: Функционирање на човековото битие како целина

Правци на развојот на патологијата

1. Гравитациониот центар може да се поместува линеарно на едно ниво, и при тоа да има многу малку соодветни одговори на другите нивоа. Ако на пр. симптомите се поместуваат на едно ниво, на физичко ниво, може да кажеме дека одбрамбениот систем бил доволно добар за да го заштити менталното и емотивното ниво.

2. Ако симптомите се поместуваат од периферијата кон централната обвивка или ниво. Се случува кога одбрамбениот систем е слаб, ако се преживее некој многу силен шок или пак се примени многу потискувачка терапија.

Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

Page 13: Функционирање на човековото битие како целина

Како општо правило може да се зема дека напредувањето кон централното ниво има полоша прогноза отколку линеарното напредување на делот на едно ниво.

Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

Page 14: Функционирање на човековото битие како целина

Случај бр.5:Жена која пати од егзема веќе неколку години, во терапија

добила кортизонска крема која редовно ја користи 3 години. Додека ја употребувала кремата егземата била под контрола, но кај пациентката се приметило дека постепено се зголемила мрзоволноста и рздразливоста и желбата да ги намали своите друштвени контакти на само неколку пријатели. Гравитациониот центар се поместил од физичко кон емотивно ниво благодарение на супресивната терапија. На крајот жената добила вистинска исцелителна терапија, но по неколку месеци добила алергиски ринитис. Овој симптом е напредување на терапијата бидејќи го поместува гравитационит центар кон периферија. Мрзоволноста и раздразливоста се намалени, но пациетката сега пати од иритабилен алергиски ринитис со повремени акутни епизоди на синузитис. Алергискиот ринитис се поттискува со антихистаминици, алергиски инекции, антибиотици дури и топични кортикостероиди со што пациентката добива влошување на ниво на емотивно ниво, или пак добива бронхиална астма.

Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

Page 15: Функционирање на човековото битие како целина

Случај бр. 6:Жена има егзема во текот на неколку години, палијативните третмани и биле сомнителни и ја одбила кортизонската крема. Егземот бил перзистентен но не се влошувал. По силен емотивен стрес: го изгубила сопругот во сообраќајна несреќа, на емотивно ниво многу ослабела, егземата исчезнала, но се појавил нов симптом анксиозност, нервоза, страв и делузија. Кога на овој пациент би му се дало средтво за смирување, за намалување на емотивните симптоми (ако тоа е правилно направено) тогаш од емотивно ниво симптомите повторно ќе се поместат кон периферија и ќе се појави егземата. Ако средството за смирување би делувало супресивно, зависно од нејзиниот конституциски одбрамбен систем, ако е доволно силен симптомите ќе се движат кон периферија, ако не ќе се појават силни симптоми на емотивно или ментално ниво.

Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

Page 16: Функционирање на човековото битие како целина

Случај бр.7: Пациент со долготрајна егзема,

третиран со помош на хомеопатија, терапијата е препишана на ниво на збир на сите симптоми егземот се префрлил на лицето и на трупот, потоа на екстремитетите, и при тоа потполно исчезнале

Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

Page 17: Функционирање на човековото битие како целина

Врска помеѓу емотивната состојба и физичките заболувања

Меланхолијата е поврзана со дисфункција на црниот дроб,

Потисната раздразливост е поврзана со пептичен улкус,

Анално-ретенционите типови на личноста имаат тенденција да патат од констипација и хемороиди,

Конпулсивните личности со потискување на бесот стануваат склони кон карцином.

Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

Page 18: Функционирање на човековото битие како целина

Слоеви на развој на ембрионот

Секое битие го започнува својот живот како една клетка. Таа клетка постепено низ клеточна делба, се развива, на потполно уреден начин во енормен број на клетки. Во овој процес се формираат три слоја на клетки кои претставуваат основна структура од која се развива организмот. Овие три слоја се викаат: ектодерм, мезодерм, ендодерм. Од секој слој се развиваат специфични органи и системи како што се следните:

Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

Page 19: Функционирање на човековото битие како целина

Ектодерм

Кожата и нејзините додатоци (епител, коса, нокти, епителот на потните и лојните жлезди и млечните жлезди).

Епителот на почетокот и крајот на гастроинтестиналниот тракт (епител и жлезди на усните, образите, гингивите, дел на дното на усната и непцето, слузокожата на носот, шуплините или параназалните синуси, како и епителот на долниот дел на аналниот канал и терминалниот дел на гастроинтестиналниот и уринарниот тракт).

Ткива на нервниот систем (целиот нервен систем, вклучувајќи ја и ретината; периферниот нервен систем, симпатичките нервни клетки и влакна, медулата на надбубрежната жлезда, сензорниот епител на органите за мирис и слух.)

Предниот дел на хипофизата. Очната леќа, предниот дел на епителот на рожницата...

Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

Page 20: Функционирање на човековото битие како целина

Ендодерм Епителот на гастроинтестиналниот тракт, со исклучок

на терминалните делови и паренхималните делови излезени од него (хепар, панкреас, тиреоидеа, паратиреоидеа и тимус).

Внатрешниот епител на Еустахиевите туби и шуплината на средното уво, вклучително и внатрешниот слој на mambrana timpany и слојот кој ја обложува мастоидеата.

Обложниот епител на ларинксот, трахеата, бронхите и алвеолите.

Епител на мочниот меур, најголемиот дел на женската уретра и дел од машката уретра, плус жлездите кои се изведени од нив (пр. Простата) и долниот дел од вагината. Др. Биљана Ѓуроска

http://www.homeopatija.com.mk

Page 21: Функционирање на човековото битие како целина

Мезодерм

Епителните деривати: Висцералните и париеталните обвивки на перитонеумот, плеурата и перикардијалната шуплина.

Кората на надбубрежната жлезда. Мезенхималните деривати: сврзните ткива, ’рскавици и

коски, вклучително и дентинот. Миокардот и висцералните мускули, вклучително и крвните садови. Ендокардот и ендотелот на крвните садови.

Лимфните жлезди, лимфните садови и слезенката. Крвните клетки Обвивката на мускулите од сврзното ткиво, тетивите и

нервните завршетоци и синовијалните обвивки на зглобовите и бубрезите.

Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk